Наша препознатлива традиција во „Антолог“ е годишниот каталог на изданија. Неговата намена е одблиску да ја запознаете книжевната година што ни претстои – оние 365 дена дружба со книги за сите читатели.
Како што можете да видите, секогаш се трудиме да ве опкружиме со најактуелните и најчитаните романи, но и со извонредни книги за деца, класици, популарна психологија, биографии, контроверзни дела и наградувани автори што ја одбележуваат македонската, европската и светската литература.
Неуморно работиме на тоа да ви понудиме книги што вреди да се прочитаат и препрочитаат, книги што се паметат и прераскажуваат, книги што ќе станат дел од вашите домашни библиотеки и што со возбуда ќе ги препорачувате на своите драги пријатели...
Сега веќе можете да ги подготвите вашите списоци на омилени приказни. Бидејќи најубаво време е времето поминато со книга. Затоа и – 365 ДЕНА СО АНТОЛОГ!