Page 1

БИЛТЕН БРОЈ 6

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


ТРИБИНА ЗА УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ ВО СМИРУВАЊЕТО НА Izdava: Zdru`enie na novinarite na Makedonija, Gradski yid blok 13, 1000 Skopje; Tel: (+3892) 3298-139; Faks: (+3892) 3116-447, E-mail: contact@znm.org.mk

Uredni~ki tim: Tamara Grn~aroska Kristina Ma~ki} Sne`ana Lupevska Novinari: Jovanka Caruleska Sawa Trajkovska Nevena Popovska Илија Стефановски

2

Новинарите да масло на огнот Македонија стана земја со две медиумски вистини - се поочигледна е длабоката етничка поделеност меѓу македонските и албанските медиуми


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ТЕНЗИИ

не долеваат Пишува: Јованка Царулеска

И

звестувањето на македонските медиуми за меѓуетничките прашања не е на ниво на професионалните стандарди. И покрај апелите на Здружението на новинарите на Македонија, Советот за радиодифузија, странските дипломати, медиумите во земјава покажаа дека се поделени. Нецелосни информации, делумни вистини, стимулирање тензии ја уништија основната задача на медиумите при известувањето за чувствителни прашања - смирување на тензиите. Денес, Македонија стана земја со две медиумски вистини. Во секојдневното известување се поочигледна е длабоката етничка поделеност меѓу македонските и албанските медиуми. Откако започнаа тензиите, ЗНМ неколкупати повика на внимателно и објективно известување за настаните, бидејќи тоа е единствениот успешен начин за спречување на меѓуетничките и меѓурелигиските тензии. Но, и покрај апелите, признаваат новинарите, во медиумите повеќе се известува за својата група отколку за другите, а се уште има и стереотипи. Можеби медиумите не можеа да ги смират тензиите што произлегоа од последните случувања, но барем можеа да не долеваат масло на огнот, ценат експертите. Одредени медиуми, не само што не се обидуваат да ја смират ситуацијата, туку отворено користат говор на омраза кон припадниците на другата етничка заедница. Ваквата ситуација и не е толку чудна ако се има предвид фактот дека се почесто се истакнува националноста на актерите во настаните, се мешаат коментарите со веста, се дава значење на маргинални појави. Според претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани, има два фактори за необјективното и непрофесионално известување на новинарите. „Македонија е поделено општество, во кое системот гради такви вредности. По логика на нештата и медиумите ни се поделени. Прашањето е дали медиумите можат да опонираат на поставеноста на овој систем или полесно е да се приспособат на околината“, вели Селмани. Според него, има колеги, и уредници и новинари, коишто точно

знаат дека не треба да го прават тоа што го прават, но така настапуваат зашто така им чини. „Од кои причини, ние можеме само да претпоставуваме“, додава тој. Другиот момент, за Селмани, е што имаме помлади колеги новинари кои не се доволно обучени од своите редакции кога следат такви настани да можат одговорно и професионално да ја извршуваат нивната задача. Тој уште еднаш упати повик до новинарите професионално да ги извршуваат своите обврски и по никоја цена да не прифаќаат нивните текстови да поттикнуваат нетолеранција и поделба на општеството, бидејќи, како што рече, „така ќе потпалат оган во кој може да изгориме сите“. Медиумите имаат преклопувачка улога. Од една страна, тие се местото каде што се одвива демократската дебата, каде што се разменуваат информациите и каде што се манифестира културниот израз. Од друга страна, пак,

самите медиуми се општествен играч, актер, дејствувајќи како критички набљудувач на моќните институции, јавни и приватни, и како фактор кој бара отчет од властите. Како општествен фактор, тие, исто така, може да бидат еднострана, пристрасна сила и инструмент за конфликт, е ставот на експертите. Новинарите често не се свесни дека шират говор на омраза, мислат дека работат професионално, а всушност, дискриминираат, и тоа што го пласираат во медиумите сметаат дека е дел од слободата на изразување. Директорот на Центарот за развој на медиумите Роберто Беличанец предупредува дека говорот на омраза е само подготовка за насилството кое следува потоа.

3


4

„Непотребно се истакнува националноста на актерите на настанот, на некого му се појавува име, а на некого само инцијали, и постои свесна тенденција одредени малцинства да се претстават како криминогени и тоа се прави во последниве 20 години. Имаме ние македонски специјалитети во тој контекст на говор на омраза, групи кои се издвоија во последниве три - четири години - омраза врз основа на партиска припадност, омраза кон припадници на цивилното општество и омраза кон новинари. Кај одредени медиуми има константна тенденциозност, едностраност и стереотипизација“, вели Беличанец. Постојат, вели тој, три категории говор на омраза - расна, верска и национална и во тој контекст, неутралната информација може несвесно да се обои. Мислејќи дека се врши професионална задача, да се постигне спротивен ефект, зголемена тензија. Учесниците на конференцијата посветена токму на тоа: како известуваат и каква е улогата на медиумите кога се известува за сензитивни меѓуетнички прашања, која се одржа на 22 март во Скопје, се согласуваат дека проблемот не е целосно во незнаењето и во непрофесионалноста, туку во злата намера за потпалување тензии и ширење омраза. Македонското законодавство предвидува казни за поттикнување верска, национална или полова омраза. Советот за радиодифузија до сега нема изречено драстични казни, кои предвидуваат забрана за емитување програма во времетраење од еден ден до три месеци. Сепак, од Советот не ја исклучуваат можноста да бидат казнети оние коишто тенденциозно информираат. Бранко Радовановиќ од Советот за радиодифузија цени дека денес повеќе се зборува за пропаганда отколку за информирање на јавноста. „Во нашите медиуми не станува збор за говор на омраза, туку за најпримитивна пизма. Се мразат луѓето меѓу себе, колегите се мразат меѓу себе. Не може повеќе да се игра со деформирање на вестите, не може повеќе да се игра со нецелосни вистини и половни уредници“, вели Радовановиќ. Секојдневно сме сведоци на сензационалистички наслови и текстови, кои кај читателот наместо информација, даваат искривена и погрешна слика за случувањата. Новинарите во дел од македонските медиуми, етничките групи ги претставуваат како луѓе што се „надвор од општеството“ , и не ретко, во своите новинарски производи активностите на поединци ги поврзуваат со целата етничка група. Ова што се случува сега, за жал, е само лет во место. Во недостиг на комуникација, дебата и конкретни решенија како да се известува за сензитивни теми, сето ова ќе има многу лоши последици за новинарството како професија, но и за самото општество. На крај, залудни ќе бидат трибините и конференциите кои ќе се организираат и во иднина, залудно ќе се трошат парите на странските донатори, кога во новинарскиот еснаф недостига волја за исклучување на сопствените предрасуди.

Во медиумите нема подготвеност за промени Поделеноста на општеството и двете медиумски вистини во земјава ги докажа и последната трибина за улогата на медиумите во смирувањето на меѓуетничките тензии. Празните столчиња за уредниците во полупразната сала уште еднаш потврдија дека кризата во македонските медиуми е сериозна. Дел од присутните новинари се сомневаат дека работите ќе тргнат на подобро. „Вака поделени не можеме ништо да направиме. Празните столчиња тука, неприсуството на моите колеги, главни и одговорни уредници од повеќето национални медиуми и весници, за мене покажува дека нема подготвеност нешто да промениме.Тоа е најголемиот проблем. Првото што треба да се направи е да се собереме и да седнеме сите на заедничка маса, да се погледнеме меѓу себе и да си ги кажеме едни на други грешките кои сме ги правеле за да може да ги поправиме. Вака разделени, да разговараме сами со себе, никогаш ништо нема да направиме“, изјави Мухамед Зекири, главен и одговорен уредник на телевизија „Алсат М“. Ј. Ц.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ПРОЕКТ НА УНЕСКО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ И СОРАБОТКАТА МЕЃУ МЕДИУМИТЕ

Чувствителните теми, сепак, можат и да ги зближат новинарите Пишува: Невена Поповска

З

а подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработката меѓу медиумите, Здружението на новинарите на Македонија, во соработка со Канцеларијата на УНЕСКО во земјава, реализира проект за поттикнување на дијалогот во медиумската заедница, под заедничката програма на Обединетите нации. Станува збор за нова активност, односно заедничка работа на колаборативни новинарски проекти, на кои работат новинари, членови на Здружението на новинарите на Македонија, поделени во две групи од по четворица новинари.

Ова може да биде пракса преку која новинарите од различни етнички заедници и религии во земјава ќе работат на теми кои во последно време ја поделија јавноста

5


6

Одговорни во проектниот тим од ЗНМ беа Љубинка Брашнарска и Драган Секуловски, кои појаснуваат дека „целта на оваа активност е да се придонесе кон подигањето на свеста кај новинарите и уредниците во Македонија за неутрално известување за етнички и верски чувствителни прашања“. Тимовите кои работат на проектот се сочинети од новинари од различни редакции и етничка припадност и со реализацијата на овој проект Здружението се надева дека ќе придонесе кон уште поизбалансирано известување, кое ќе исползува мноштво извори и ќе покаже почит кон сентиментите на различните заедници кои живеат во Република Македонија. Првиот новинарски тим направи радиоприлог сметајќи дека тоа е најизводливо, особено што во него учествуваше и новинарот од „Diversitymadia.mk“ Душко Арсовски, според кој, за такво нешто тие имале техничка поддршка која можела да се користи. Темата која тие ја избрале, продолжува Арсовски, била дали и зошто политиката влијае врз религијата или работата е обратна. „Зошто верските заедници се ставаат во функција на една или друга политичка опција. Јавна тајна е дека поглаварот на Исламската верска заедница е избран со амин на ДПА, партија која во тоа време беше на власт. Нешто слично се случи и со г.г. Стефан. Наше беше да провериме дали тоа навистина е така. Ги консултиравме и двете заедници, како најдоминантни, прашавме политиколози и експерти за религии, како и верници, пратеници... Снимавме анкета и со верници во црква и во џамија, да видиме што мислат тие за овие дилеми. Колешката Фољана Кока ги снимаше верниците во џамија на нивниот мајчин, албански јазик, а нивните изјави потоа се преведоа на македонски. Прилогот е направен двојазично, и на албански и на македонски јазик, во функција на соживотот“, објаснува Арсовски. Членовите на проект тимот беа заинтересирани за темата и начинот на кој таа ќе биде реализирана. Сметаа дека станува збор за интересна тема, иако, како што рече Љубинка Брашнарска, веќе претпоставувала какви одговори ќе дадат челниците на верските заедници, т.е. „дека не се поврзани со политиката, дека политичарите не им помагаат во нивниот избор за верски лидери, но не можеме однапред да знаеме додека не се истражи целосно. Со нетрпение чекам да видам дали ќе изненадат“. Вториот тим работеше на темата колку промената на имињата на улиците во Скопје ги почитуваше интересите и на помалите етнички заедници во Македонија и какви се реакциите на тоа. Од членовите на проект тимот и ова беше оценето, исто така, како интересна тема. За членот на вториот новинарски тим Назим Рашиди, темата има сензитивитет, а покрај тоа ја отвора и темата за тоа колку, всушност, граѓаните на Република Македонија знаат за историјата и културата на другите заедници. „Нашата идеја беше да отидеме во една улица за која се знае дека ќе и биде сменето името и да се направи анкета со граѓаните што мислат за тоа. Се разбира, анкетираните се од различна етничка, верска, родова и статусна припадност. Исто така, како соговорници беа повикани и политичари кои ги носат одлуките за промена на имињата на улиците. Сметаме дека станува збор за интересна и актуелна тема за која

направивме и телевизиска верзија“, вели Рашиди. Весна Колоска, член на вториот тим, вели дека „анализирањето на предлозите и нивната прифатливост кај различните етнички заедници и особено нагласувањето на улогата или занемарувањето на малите заедници, кои главно немаат понудено свои предлози, се покажа како мошне сензитивно. Некои се побунија и побараа и нивните предлози да се разгледуваат. Ги анкетиравме граѓаните кои треба да живеат, на пример, на улица Охридски договор или


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија Тодор Александров што мислат за тоа, и оценките беа поделени. Аголот на нашиот проект е, всушност, зошто толку бурно се реагира и дали прашањето на промените на имињата на улиците е толку сензитивно и дали воопшто е можно да се води јавна дебата за тоа“, вели Коловска. Проектот се покажа како одличен начин за соработка меѓу колегите. Обврските беа поделени, заедно се склопуваа прилозите и моментот на соработка се покажа како добар почеток за подобрување на меѓусебните односи меѓу новинарите, избалансираното известување за сензитивни прашања, како и почит кон сентиментите на различните заедници кои живеат во Република Македонија. Реализацијата и работата на проектите предизвика задоволство и кај проект менаџерите и кај новинарите кои работеа на проектите. Подготовката на заеднички прилог со неколку колеги, вели Душко Арсовски, не било ново искуство за него. „Ново е што обработуваме чувствителна тема за меѓуетничките и меѓурелигиските релации во Македонија. Секој од нас четворицата во тимот доби своја задача и иако досега не сме соработувале меѓу себе, мислам дека завршивме добра работа зашто функциониравме беспрекорно. Ова може да биде пракса преку која новинарите од различни етнички заедници и религии во земјава ќе работат на теми кои во последно време ја поделија јавноста, но и самата фела, токму врз таа основа“, додава Арсовски. Според него, добро е што и прилогот го изработиле на два јазика, на македонски и на албански. „На тој начин, пораките кои доаѓаат од претставниците на двете доминантни заедници без погрешна интерпретација ќе стигнат до граѓаните кои ги следат медиумите само на албански, односно само на македонски јазик“, вели тој. Откако беа изработени проектите кои се изведени во печатена, телевизиска и радиоверзија, новинарите своите трудови, во текот на април, ќе ги презентираат на форум со уредници од Македонската радио-телевизија, со што ќе дадат пример за квалитетни новинарски продукти кои се резултат на соработка на новинари во мешани тимови. Заради подобра изведба на проектот, учесниците од двата тима соработуваа и со Милица Пешиќ, извршен директор на „Media Diversity Institute“ од Лондон, која со своите забелешки и дополнителни совети, како и искуството кое го презентираше на неформалната средба која се одржа во Клубот на новинарите, даде поддршка на целокупната реализација на проектот. Новинарскиот тим број еден го сочинуваа: Душко Арсовски, Јована Царулеска, Невена Поповска и Фиљана Кока, додека во новинарскиот тим број два беа: Назим Рашиди, Тамара Грнчароска, Един Хајдерпашиќ и Весна Коловска. Освен проектот за поттикнување дијалог во медиумската заедница, во рамките на програмата на УНЕСКО под заедничката програма на ОН за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработката, се спроведува и обука на Советот на честа на ЗНМ, како и студентска пракса во медиумите.

7


ЗАМИРА РАДИСКОТО НОВИНАРСТВО ВО МАКЕДОНИЈА?

Радијата треба самите да си ја пронајдат функцијата

Пишува: Илија Стефановски

О

8

пшт е впечатокот и кај публиката и кај новинарите дека информацијата се помалку ја има на програмата на радијата. Информативна програма е вистинска реткост, особено на локалните и на регионалните радија. За жал, главна „информативна“ програма се повеќе се т.н. честитки, кои ги нарачуваат и плаќаат за нивно емитување претежно вработените во конфекциите. Секој на секого му честита роденден, новороденче, стапување во брак, пријатно расположение... Таква состојба доминира барем во радијата во источниот дел од државата. Две, најмногу три локални радија од Штип до Берово и Пехчево имаат програма што може да се нарече информативна, со новинарски прилози, дебатни емисии, интервјуа, радиски приказни. Она што зачудува е и отсуството на водителството. Има многу малку креирање, автентични, сопствени забавни емисии, што е поевтина варијанта отколку продукцијата на вести. Забавната функција радијата ја исполнуваат само со пуштање

Информативна програма е вистинска реткост, особено на локалните и на регионалните радија музика и читање занимливи содржини преземени од Интернет порталите. „Воведувањето на Интернетот, неговата се поголема достапност и употреба придонесе за поголема размена на информации. Се поголем број електронски и печатени медиуми ја емитуваат својата програма преку глобалната мрежа, што претставува вистински наплив од содржини проверени и непроверени, и сега секој може да се стави во улога на новинар и да глуми медиум“, смета Илчо Лазаровски, сопственик на локалното радио Радио Кочани,


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

дипломиран новинар, со новинарско искуство во повеќе локални и национални електронски медиуми. Според него, вистинските медиуми лиценцирани од државата, особено локалните, се препуштени сами на себе, да пливаат во море од конкуренција, со таа разлика што се принудени навреме да ги плаќаат давачките. „Ако не, следуваат камати, забрани и ограничувања што дополнително го обременуваат тековното работење, а тоа во најголем дел се сведува на трка по пари. Маркетинг содржини има се помалку, а проекти и помош од институциите задолжени за регулација воопшти нема“, вели Лазаровски. Тој смета дека радијата се препуштени сами на себе, да се снаоѓаат како што знаат и умеат. „Продуцирај вести, направи забавна програма и контактни емисии. Исполни го терминот 24 часа во денот - седум дена во неделата. А, од понеделник пак исто. Самостојната продукција чини многу, поради што на сопствениците најлесно им е да се откажат од новинарите. Па, не можеме да се откажеме од самите себеси“, вели Лазаровски.

Опремата за еден електронски медиум, вели тој, ги следи европските трендови. На почетокот кога ја купуваш е премногу скапа, а за две-три години не вреди ни пет пари. Според него, навлегуваме во ерата на тотална дигитализација, а некои од колегите се уште не ни знаат што значи тоа. „Со новите инвестиции во медиумско пазарните услови што ги споменав претходно, повеќето ќе стават клуч на врата. Е дури тогаш ќе видиме кој ќе ги плаќа се поголемиот број давачки“, дециден е Лазаровски, кој смета дека во интерес на поширокиот аудиториум и демократијата е што поскоро да се изнајде организирана форма на дејствување, која колку толку ќе ги ажурира правилата на игра, што ќе носат напредок и квалитет, со враќање на примарната улога на медиумите, да бидат позитивни коректори на секојдневното живеење во заедницата. Многу слична е состојбата и во радијата што зрачат на територијата на целата држава. Вистинска информативна програма имаат само Канал 77 и Македонското радио. Таму еден новинар може да ја работи својата про-

9


10

фесија, но само тие радија со информативна програма и со негување радиско новинарство во целата држава, сепак, е премалку. Според Весна Коловска, сега дел од екипата на Диверзити медиа, претходно новинар во Би-Би-Си и уредник во Канал 77, радијата барем засега не успеваат да се вклопат во новонастанатата состојба во напливот на нови медиуми. „Честопати се слуша оценка дека традиционалните медиуми не успеале да фатат чекор со новите медиуми или не успеале да ги стават во својата функција. Радиото се приспособи колку што можеше, меѓутоа, сметам дека тоа не е доволно. Радијата се на Интернет, ги има на социјалните мрежи. Делумно со свои информации, но во еден поголем дел со пренесени содржини“, е ставот на Коловска. Се појавија и Интернет радија, но дали успеаја да станат влијателни, дали направија одредена општествена промена, дали влијаеја врз развојот на демократијата, прашува таа. Дали тие им отстапија простор на прогресивните луѓе кои можат да ги раздвижат општествените текови? „Со мали исклучоци, како што е МОФ радио, останатите не успеаја во тоа“, смета Коловска. Игор Стојанов, новинар во Студентското радио на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, пак, вели дека радиото мора да пронајде форма преку која ќе ја остварува својата функција на информатор. „Функцијата на сите традиционални медиуми, не само на радиото, е ставена под знак прашалник, секаде во светот, не само кај нас. Прашањето е дали во оваа доминација на Интернетот останатите медиуми ќе успеат да си ја пронајдат вистинската функција. Од друга страна, тоа е меч со две сечила. Ако информирањето, како функција, се остави само на Интернетот како медиум, може слободно да се постави прашањето колку корисниците ќе одат кон информативните содржини“, смета Стојанов. Под претпоставка дека луѓето, а особено младите, преку информирањето добиваат и одредени знаења, со Интернетот имаат можност да избираат дали да се информираат или да се забавуваат. Стојанов вели дека веројатно во иднина се повеќе ќе се избира забавата наместо информацијата и затоа функцијата на информатор или образовната функција радијата не треба така лесно да ја занемарат. „Веројатно е многу тешко да се натпреваруваат со Интернетот или со граѓанското новинарство, но радиото мора да пронајде форма преку која ќе ја остварува својата функција на информатор. Сметам дека, пред се, е потребна силна едукација на радиските новинари со цел да најдат начин истовремено да бидат забавни и да ги информираат граѓаните. Сите го имаа стравот дека еден медиум ќе згасне со појавувањето на нов медиум, но секој ја има својата функција, радиото, барем во Македонија, треба само да си ја пронајде

функцијата“, додава тој. Осврнувајќи се на она што се случува во радиското новинарство, вклучувајќи ги економските состојби како фактор, Коловска квалитетот и изборот на програмата ги поврзува, меѓу другото, и со амбициите на сопствениците. Таа не е оптимист дека радиото ќе ја задржи својата публика. „Во консумерското општество постои едно правило - колку поголема понуда, толку поголема побарувачка. Во случајот со радиото во Македонија - новинарство значи колку повеќе квалитетни продукти, толку поголема слушаност. Информативната програма отсекогаш била најголемата ставка во буџетот на комерцијалните радиостаници, но во исто време им носи и влијание, рејтинг, а со тоа и пари во маркетингот“, тврди Коловска. Според неа, во првиот налет на економската криза, логично, сопствениците одлучија да скратат токму на информативната програма. Во духот на консумерското општество, публиката се сврте кон Интернетот и телевизијата. Ако во Велика Британија се случува нов феномен, каде што се зголемува бројот на слушатели на радиото од групата до 16 години, во Македонија радиото ја губи публиката. „Обучени, образовани и квалитетни новинарски тимови може да бидат новиот бран што ќе го придвижи македонското радио, кое наместо агенциски вести, ќе продуцира квалитетни радиски приказни. Најпосле, квалитетот и изборот на програмата се предмет на амбицијата на сопствениците на радијата“, вели таа. Според Коловска, тие имаа повеќе од две децении да докажат дали сакаат да бидат сериозен фактор во општеството или ќе се задоволат со познатата „само нека свири радиото“. Традиционалниот македонски слушател е навикнат на радио да слушне добро новинарство, дебати и слушливи радиоприказни. „Но се плашам дека во нивно отсуство, овие нови генерации ќе го напуштат радиото како медиум“. Но освен ставот на новинарите и сопствениците на радијата за новото време кое доаѓа за радијата, се чини дека и преголемата концетрација на елктронски медиуми го „руши“ радиото кое сака да емитува информативна програма. Послабо е од телевизиите, каде оди најголемиот дел од рекламниот колач од фирмите. Владините реклами, исто така, се насочени кон телевизиите. За радијата останува многу малку, за локалните речиси ништо. Во еден град со едвај педесетина илјади жители, на пример, има две телевизии и четири радија. Со кои пари ќе бидат платени новинарите? Зар за 100 евра месечно новинар на радио ќе прави информативна програма? Затоа, барем на локално ниво, на радијата, информативната програма ќе ја има „во траги“, а новинарите ќе мораат да работат за тричетири медиуми, за локални и за националните како дописници, доколку сакаат да опстанат.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СНИМАТЕЛИТЕ И ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ

Објективот и камерата ловат настани и во бистро и во матно Пишува: Сања Трајковска

О

бјективите на фоторепортерите и камерите на снимателите во Македонија ги бележат настаните и покрај секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Каменувања, кршење на опрема и закани се само мал дел од секојдневието на овие медиумски работници, кои велат дека притисокот понекогаш е само мотив за подобра фотографија или снимка. Вербата дека соочувањето со помал, а не ретко и со поголем ризик, придонесува за слободно општество, претставува водилка за овие медиумски работници. Речиси сите поискусни сниматели и фоторепортери кои ги консултиравме, едногласни се дека во Македонија, освен во инцидентите во 2001 година, не постојат огромни ризици при извршувањето на работата. Сепак, непријатностите, вербалните закани и провокации се секојдневна појава со која тие се соочени. „Ако порано луѓето не обрнуваа внимание на фоторепортерите, денес тие се главни ’виновници’ за сите проблеми во државата. Вербалните закани на јавни места се секојдневие. Тие се случуваат дури

Вербални закани, притисоци, како и физички напади се секојдневие на фоторепортерите и снимателите, но и покрај тоа, тие не престануваат со својата работа

и на Градскиот плоштад, со закани од типот: ’Ќе ти го скршам апаратот, ќе ти го земам, ќе те претепам’“, вели фоторепортерот Радован Вујовиќ. Понекогаш и физичките напади не се ретки, како влечење, туркање, одземање на фотоапаратите, бришење на фотографии и слично. „Кога станува збор за справување со ваквите проблеми, се останува на искуството на фоторепортерот и на проценка на ситуацијата. За жал, искуството во фоторепортерството секогаш се стекнува на потешкиот начин, и нема фотограф кој немал ’огнено крштавање’“, вели Вујовиќ. Според него, голем проблем се јавува при фотографирање на полициски работници или обезбедувачи кои понекогаш се однесуваат дрско и насилно.

11


Проблем е и ограничувањето на движењето во Собранието, каде што фоторепортерите буквално се третираат како директна закана за пратениците и институцијата. Според камерманите кои работат на терен, соочувањето со вербални закани, притисоци, како и физички напади е дел од работата и секој камерман во текот на својата кариера наидува на вакви проблеми. „Протести, инциденти, убиства, самоубиства, снимателите секојдневно се првите инволвирани во ваквите случувања. До сега имало натепани сниматели, одземање на камери, но и покрај сето тоа никој не одговара за нашата безбедност. Немаме никакво додатно осигурување за ризична работа, а мислам дека вакво нешто мора да има секој што е изложен на инциденти. Сум бил нападнат во 2001 година кога пукале во мене, а ме нападнале и на протести. Тоа не е ништо ново и мислам дека му се случило на секој снимател со искуство. Можеби такво нешто не доживеале само оние кои се почетници“, вели снимателот Дејан Божиновски од Македонската радио-телевизија. Поголеми непријатности се случуваат и поради непрофесионалноста на портпаролите, како и на службите за протокол. Според Тони Кузмановски, снимател во „Алсат М“, вината треба да се бара во институциите и вработените во службите за протокол. „Не ретко се случува да не сме известени навреме за одредени настани, нема професионален протокол. Недостига професионален однос, јас не можам да си ја извршам работата ако не ми е одредено подолго време и простор за да ја снимам изјавата или настанот. Треба да има некаков ред. Во такви случаи не е виновен ниту новинарот, ниту јас, ниту пак обезбедувањето. Сите сакаме да си ја завршиме работата, а поради непрофесионалноста на службите за протокол настанува хаос“, вели Кузмановски. Кога станува збор за ризикот, според него, со ризик е соочен скоро секој работник. „И мајсторот од невнимателност може да падне од скеле“, споредува Кузмановски. НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ Е „КРАДЕЊЕТО“ ФОТОГРАФИИ

12

Работата на фоторепортерите била и ќе биде едно од најважните сведоштва за идните генерации. Фоторепортерите повеќе му веруваат на објективот отколку на окото и само преку него можат прецизно да го уловат она што не може да се опише ниту со илјада зборови. Фотографираат по цел ден - понекогаш правејќи стотици фотографии за да изберат на крајот само една, која можеби ќе се најде на насловната страница на весникот или неделникот. Ако една слика придонесе едно лице да го промени начинот на размислување, тогаш целата работа, според фоторепортерите, вредела. Како што на новинарите им е важно да и раскажат на публиката, а на снимателите да пренесат видео од настанот, така на фоторепортерите им e значајно да го уловат моментот. Но не ги разбираат сите важноста и значењето на фотографијата. Фоторепортерите велат дека нивната работа не е доволно ценета во медиумите, а најголемиот проблем со кој се соочени е т.н. „крадење“ на фотографии.

Конзервативните граѓани реагираат агресивно Некои од фоторепортерите причината за непријатностите кои се дел од нивното секојдневие ја бараат во конзервативноста и затвореноста на луѓето во нашата околина. Вакво мислење дели и фоторепортерот Димитар Петровски, кој смета дека решението за овој проблем е во развојот на културата кај луѓето, прифаќањето на медиумите и разбирањето на работата на фотографите - процес што постојано се одвива, но со многу бавно темпо. „ Многу често луѓето гледаат со мала доза на страв и со сомнеж кон фотографите, па се случува да реагираат бурно, па дури и да се закануваат, да прашуваат зошто се фотографира и слично. Со малку појаснување, тие ситуации може лесно да се надминат, но во секој случај се непријатни, особено кога задачата за фотографирање е некој протест, или некоја слична ситуација што лесно може да излезе од контрола“, вели Димитар Петровски. С. Т. „Не се почитува авторското право. Едноставно се земаат фотографиите без да се наведе авторот (или медиумот), со што се крши Законот за авторски права. Исто така, фоторепортерите во повеќето редакции не се ценети како новинарите, односно неправедно се потценети. Иако и нивното дело е авторско, креативно, и понекогаш само од себе е доволно за да пренесе вест или информација, поголемиот дел од македонските уредници и новинари не го разбираат тоа. Сметаат дека фотографијата служи само за пополнување ’дупка’ во весникот или секунди во вестите“, вели Вујовиќ.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Освен овој проблем, кој фоторепортерите го ставаат помеѓу првите работи кои во иднина треба да бидат решени, е и, како што велат, нефункцирањето на Здржението на фоторепортерите. Од таму, пак, не ни беше одговорено дали и колку Здружението помага во решавањето на проблемите. „Еден од проблемите со кои се соочуваме е нефункционирањето на Здружението на фоторепортерите. Ние самите (фоторепортерите) можеме, но никој не сака да се нафати да биде претседател на Здружението и да направи нешто во врска со истото, поради што сметам дека губиме некој вид заштита, бидејќи заедно сме посилни, а ние не можеме да се собереме“, е ставот на фоторепортерот Звонко Плавевски. НЕ ФУНКЦИОНИРА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СНИМАТЕЛИ И КАМЕРМАНИ Сличен проблем имаат и снимателите кои тврдат дека се уште постои Здружението на камермани и сниматели кое е формирано во 2009 година, но истото не е во функција поради нејасни причини. Снимателите сметаат дека дури и Синдикатот на новинари и медиумски работници е повеќе концентриран на новинарите, а помалку значење им придава на останатите медиумски работници. „Ние снимателите секогаш сме зад камерите, но сите го запоставуваат фактот дека без нас не би можела да функционира ниту една телевизија.Треба да се формира и здружение кое би функционирало како што треба. Заедно сите камермани би можеле да постигнеме нешто, а вака сите посебно, никој не не забележува зад камерите“, вели Кристијан Паскоски. Поголем број камермани сметаат дека огромен

проблем за нив е и немањето соодветни услови. Пред да се приватизираат медиумите, камерманите што снимаат на терен имале и асистенти кои им помагале во работата. Но за да се намалат трошоците, мадиумите не вработуваат ниту тон мајстори, ниту помошници, кои би работеле на терен. Наместо нови вработени, надлежните во сите медиуми бараат од снимателите истовремено да бидат и камермани и возачи, сами да ги регулираат светлото и тонот, како и да ги носат камерите и стативите, кои не се воопшто лесни. „Состојбата на снимателите, камерманите, па можам да кажам и на целиот технички кадар во медиумите (мислам на сите медиуми) е катастрофална. Еве накусо зошто така мислам. Светло, тон, асистент на камера, па и возач недостига. Преостанува само на оној што е со камера в рака да му кажат и уште две-три реченици да напише, па да стане и новинар. Најкратко кажано: ’One man shоw’ за под просечна плата“, вели Божиновски. И снимателите и фоторепортерите сметаат дека постојат решенија за дел од проблемите со кои се соочуваат. Велат, би помогнала: едукација на претпоставените во изборот и пласирање на новинска фотографија, одржување трибини на кои ќе бидат поканети главните уредници, уредници на фотографија и новинари, на кои ќе се разговара на тема-новинска фотографија, погласни и поефикасни реакции на Здружението на новинарите на Македонија и на останатите здруженија кои треба да функционираат, разговори со сопствениците на медиумите, како и поголемо инволвирање на раководството на јавниот сектор. Решенија за нивните проблеми нудат и фоторепортерите и камерманите, но и едните и другите без верба дека ќе се има волја од сите инволвирани страни тоа да се реализира.

13


КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ОН-ЛАЈН НОВИНАРСТВОТО ВО РЕГИОНОТ

Еден клик за слобода без граници Пишува: Кристина Мачкиќ

Н

овинарите да си ги заштитат текстовите на он-лајн медиумите, е краткиот заклучок од конференцијата со долг наслов: Он-лајн медиумите и заштитата на професионалните, етичките стандарди, заштитата на авторските права и развојот на медиумската саморегулација во регионот. Дали за он-лајн медиумите е потребна саморегулација, беше темата за која два дена

14

Европската пракса покажува дека и самото изразување на идеја е заштитено со закон за авторски права


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија новинари, уредници, сопственици на медиуми и експерти дебатираа на регионална конференција во Сараево, Босна и Херцеговина. Конференцијата, организирана Прес - советот на Босна, беше идеално место да се чуе како е во регионот, но и да се „украде“ некоја идеја која, можеби, ќе придонесе за регулирање и средување на хаосот во македонскиот медиумски простор. РЕГИОНАЛНИ ИСКУСТВА Вториот заклучок од конференцијата е дека истите проблеми ги делат медиумите од целиот Балкан - општа, безобразна, кражба на авторски дела објавени и на Интернет и во медиуми кои информациите ги споделуваат со читателите он-лајн. Прв сајт кој ги помрдна медиумите на Интернет во Србија е Б92. По дури неколку години почнаа да се развиваат, и во он-лајн бизнисот да се приклучуваат други медиуми. „Авторските права и борбата против говорот на омраза на ол-лајн медиумите се главните проблеми кои не мачат и нас, а и целот регион. Кај нас основната борба е да се спречат и читателите преку коментарите да не се наметнува говор на омраза, а он-лајн медиумите тоа да не го дозволат”, вели поранешниот главен и одговорен уредник на Б92 Владимир Новаковиќ. Според него, српскиот Интернет пазар годишно врти шест до седум милиони евра и нема раст, а телевизиите и весниците во Србија се уште имаат примат во медиумскиот простор. „Телевизијата е апсолутен владетел”, појаснува Новаковиќ.

„Наш најголем конкурент е ’Блиц’, но сепак и наш најблизок пријател по проблемите“, додава тој, подвлекувајќи дека кај нив печатениот медиум има целосен примат. „Додека нема пари во бизнисот, нема да има ни пазар, тоа е нашиот основен проблем. На пазарот се појавуваат многу аматерски и опасни тенденции. Во Србија, како и во регионот, не постои правна регулатива. Сите политички фактори во Србија ветуваат и зборуваат како ќе се регулира правно оваа материја, но до сега никој не го сторил тоа. Без правна регулатива апсолутно нема напредок“, е ставот на Новаковиќ. Неговото искуство кажува дека Б92 изгубиле неколку проекти токму поради непостоењето на правна регулатива. „Едноставно ние можевме да вложиме огромни пари во проект кој потоа некој друг на Интернет едноставно само ќе го преземеше и копираше и ќе го искористеше. Се додека овој пазар не стане доволно голем и да биде интересн за политичарите, нема ни да има правна регулатива”, заклучи на конференцијата Новаковиќ. Слични се искуствата и во Република Српска и во Босна и Херцеговина, каде што Интернетот и он-лајн медиумите започнале како локални градски гласила. Искуствата за тоа ги пренесоа неколкумина новинари. Според нивните кажувања, кај нив првите он-лјн медиуми се од пред шест - седум години, оние кои во доменот го имаа името на градот. Тоа биле локални медиуми во кои главно не работеле новинари, туку веб-новинарството го покренале техничари, луѓе кои знаеле да направат сајт, ама не знаеле да се занимаваат со новинарство.

15


16

Некои од нив прераснале во солидна презентација на својот град. На сите нив покровител им е општината, што значи таму не можат да се најдат информации за јавноста, односно проблеми со кои се соочува општината. Таквите локални медиуми, бидејќи немаат човечки ресурси, повлекуваат вести од други медиуми и не нашле начин како да ги почитуваат вестите на другите, па дури и да напишат од кого е преземена веста. Од тие причини, проблем е што никако не може да се реши, да се наведе или барем да се знае кој е првиот кој ја објавил веста. Затоа само со законска регулатива треба да се уреди оваа материја, побараа претставниците од Босна и Херцеговина и Република Српска. Таму, како што наведуваат тие, се уште живеат весниците, бидејќи сопствениците велат дека имаат реаклами, додека на Интернет тешко е да се наплатат рекламите, а и да создадат претплатници. Интернет новинарството, сепак, не може да биде копи-пејст како она во весниците. На ваквите дискусии се надоврза Новаковиќ, кој дополни дека Б92 многу повеќе луѓе го читаат на Интернет отколку што гледаат поставено видео. „Полесно е да се гледа видео, но искуството, сепак, вели дека апсолутно читањето е примарно”, изјави Новаковиќ за истражувањата во Србија. Како најразвиени во целокупниот медиумски простор се претставија новинарите од Хрватска, кои презентираа дека по европските теркови ги раководат и домашните медиуми формирајќи ги сите потребни тела за спроведување саморегулација во медиумите. За разлика од нив, колегите од Црна Гора, пак, се пожалија дека домашните медиуми многу се зависни и од политиката. Дури побараа и почести средби на високо ниво на регионалните новинарски организации кои би испратиле заеднички апел до властите во Црна Гора да се почитуваат новинарските и авторските права. Во Босна и Херцеговина основно регулаторно тело е Советот за печат чиј директор е Лилјана Зуровац. „Понекогаш се мислам како ќе ги платам сметките. Парите кои ги добиваме од странски донации се толку мали што едвај преживуваме, но борбата за подобро новинарство, за заштита на новинарската работа не не остава да се откажеме”, вели Зуровац. Советот за печат во Босна и Херцеговина е саморегулаторно, невладино тело за печатени и он-лајн медиуми кое им овозможува на граѓаните да поднесат приговор за непрофесионално пишување во медиумите, регулирано со Кодексот за медиуми на БиХ. Ова тело е едно од ретките кои дејствуваат на целата територија на државата. Телото го сочинуваат многу медиуми, а работи независно и непрофитабилно и е член на независниот Совет за печат на Европа. „Улогата на Советот за печат е да се јакне цивилниот сектор на тој начин што ќе се заштитат човековите права и ќе има можност да се поднесат пријави и приговори против текстови кои имаат лажна содржина или

непрофесионално сработени тенденциозни текстови“, вели Зуровац. Советот не казнува, појаснува таа, туку ги решава споровите на тој начин што може да издејствува исправка, одговор, извинување или демант. „За сите останати тешки и сериозни прекршувања на медиумската слобода во Босна се одговара на суд за клевета со кој се опфатени и двата ентитета“, рече Зуровац, појаснувајќи како во Босна се развива процесот на саморегулација и контрола на медиумите.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

КАКО ТОА ГО ПРАВАТ ВО ЕВРОПА Авторските права и он-лајн медиумите и праксата во европските земји, на конференцијата во Сараево детално ги опиша Барт ван Бесиен, истражувач од Белгија. „Авторските права поминаа низ бројни усогласувања на законите и договори. Во Западна Европа има директива за авторските права кој е и најважниот закон во Европа. Исто така, во Европа е регулирано дали некои текстови

може да се третираат како база на податоци, а не како авторски дела со тоа и подлежат на посебна регулатива“, информираше Ван Бесиен. Во моментов таму се работи на хармонизација на националните закони, но сепак националните се пред европските. „Во пракса тоа значи дека заштитата на авторските права постојано се зголемува“, појасни тој. Проблемите со авторските права и со практичната примена на законите и правата, особено во Интернетот, се разликуваат од земја до земја, па дури и внатре во самите земји. Кога се зборува за авторските права има и услови кои треба да се исполнат, а тоа е, пред се, идејата. Само изразувањето на идеја е заштитено со закон за авторски права. На пример, ако ги изразите своите идеи во текст, тогаш стапува во сила заштитата. „Многу логично, но сепак тоа не значи дека во праксата нема тешкотии”, појасни истражувачот Ван Бесиен. Тој даде и неколку примери како во одредена ситуација се врши регулација на авторството и како локалните судови ги решаваат овие спорови. „На пример, дали треба да се заштитат правата на насловите на новинарските текстови, исто така, и големите наслови за кои на суд еден судија ќе даде едно решение, друг друго. Магичниот збор, сепак, е оригиналност. Мора да се трудите да имате оригинален текст“, е ставот на белгискиот експерт. Според него, судовите покажуваат тенденција да прифаќаат некое ниво на оригиналност за да биде вашиот текст заштитен според законот. Ако насловот има некој вид оригиналност, тогаш ќе биде заштитен. „Но доколку имате дескриптивен наслов, заснован врз факти, како што се спортските наслови, тогаш нема оригиналност и постои можност тоа да не биде заштитено и ќе може да го користат и други медиуми. Значи, судската пракса е многу значајна“, вели Ван Бесиен. Европскиот суд на правдата укажува дека текстовите се заштитени со авторски права, но сепак судовите треба да одлучуваат дали некои треба да се заштитат или не. „Во државите на Западна Европа често судовите треба да дадат своја интерпретација на законите што значи дека може да има различни одлуки. Таквото законодавство овозможува некое ниво на флексибилност“, заклучи тој. Она што произлезе од конференцијата, организирана од Прес - советот на БиХ, помогнато од фондацијата „Конрад Аденауер“, е дека медиумите во регионот мора ревносно да работат на зголемувањето на етиката и професионалноста кај новинарите, но и на законската регулатива на медиумите, која пожелно е самите новинари да ја создадат, а не државата да им ја наметне, иако таа можеби може побрзо да го регулира медиумскиот простор. Но ако државата го регулира, постои опасност медиумите да паднат во стапица на невидлива државна контрола. Сепак, новинарите на конференцијата ја појаснија Интернет кражбата и зошто таа треба да се санкционира со зборовите: „Ако некој од продавница украде кифла или пак од улица автомобил одговара. Зошто, доколку се украде авторски текст кој содржи истражувачка работа, макар да се работи и за три реда сторија, да не се одговара?”.

17


Јакнење на капацитетите на ЗНМ Раководење Р аководење ссо оп ро е к т е н ц ик лу с проектен циклус Во ссклоп Во скл клоп кл оп н на а пр проектот рое оект ктот кт от зза а по подд поддршка ддрш дд р ка н рш на а ка капа капацитетипаци па ците ци тети те тити те на на ЗН ЗНМ ЗНМ, М, за за чл член членовите енов ен овит ов ите ит е на ууправните пр рав авни ните ни те тел ттела ела ел а на ЗНМ ЗНМ беше организирана обука за раководење со проектен циклус. Целта на обуката беше учесниците да можат да го разберат значењето на доброто управување и раководење ководе дење ње со со проекти, прое пр оект кти и, да ги и научат нау н уча чатт чекорите чеко че корите на проектно планирање насочено кон целите. Исто така, обуката треба да помогне во иднина тие да можат да користат алатки за полесно разбирање на проблемите, дефинирање на целите за решавање на тие проблеми, како и да го разберат значењето на употребата на логиката на интервенција, особено во европските проекти. Учесниците се здобија и со практично искуство во подготовката на логичка рамка за проект релевантен за нивната работа, да знаат да дефинираат добри показатели за планирање и да ја разбираат нивната употреба во набљудувањето. Суштината на обуката е членовите на телата на ЗНМ да се стекнат со знаење за основните елементи за оценка на проектите.

УУправување правување ссо ок конфликти онфликти Да ссе Да е ра р разберат азб збер бер рат ккон конфликтите онфл он ф ик фл икти тите ти те ккак како ако ак о не н неразделен ераздделлен ен ддел ел ел од м меѓусебната еѓу еѓ ѓус усеб ебна ната та и инт интеракција нтер нт ерак ер акци ак цијја ци ја и ддек дека ека ек ка тти тие ие не ие не ттреба ре р еба ба дда а се е избегнуваат, тук туку ку да ссе справу справуваш вуува ваш ш со он нив, ив, е це ив ив, целт целта лта лт ан на а обук обуката у атта за м мирно ирно спр справување равув у ање е ссо о ккон конфликти, онфл он фликкти фл флик ти, и, чи чија ија цел цел е ја јакн јакнење кнењ ење е на кап капацитетите апац цит итет етит ите е н на а З ЗНМ ЗНМ. НМ. Ед Е Еднодневниот н дн но днев евнио ев от от трен тр тренинг енин инг треб тр треба реб еба а да д обе обезбеди безб збед еди ра разб разбирање збир ирањ ање е де ддека ка ддоколку окол ок олку куу конф ко конфликтите нфли ликт ктит ите е се ем менаџираат енаџ ен аџир ираа аатт со соод соодветно, одве ветн но, ттие ие м можат ожат ож ат дда а ги подобрат релациите, наместо да ги влошат. Исто така, обуката е наменета за учење на елементите на процесот на преговарање и реформулација на конфликтите, од навидум нерешливи ситуации во решливи, но и да се стекнат базични вештини во реформулацијата на интерперсоналните конфликти.

Преговори П реговори со со и институции нституции

18

Под покровителство Под По покр по покр кров овит ител ит елст ел ство ст во на во на Холандската Холла Хо анд анд ндск сккат ата а амбасада ам амб мб ба аса садда да во во Скоп Ск опје ј , организирана ор ргани гани га низи изи зира р на на е дводневна дводн д ев евна на обука о об бука бу ка за за водење воде воде во д ње ен на а Скопје, ди ијал јалого готт со со н ацио ац иона нал алнитте инст титуц ции. Ко К нсул нс улта тан нтит ите дијалогот националните институции. Консултантите Роб Ро б Хеук Х еук уке елс и Роб Фреијсен, елс ел Фреијс ј ен, во о соработка сор о аб абот о ка а со с локален лока ален Хеукелс експ ек сп перт, ер одржаа а обука за преговори пре его ово вори на вор на лицата лиц цата та од од ЗНМ ЗНМ експерт, пр роц цессот от на на разговори со македонската макед едонската а вклучени во процесот Владда. Влада.

Соработката помеѓу редакциите во јавниот сервис На 2 април во Клубот на новинарите на Македонија се одржа конференција на тема: „Соработката помеѓу редакциите во јавниот сервис - важен предуслов за неутрално известување“. Конференцијата се одржа во рамките на проектот за меѓуетнички дијалог во медиумската заедница, поддржан од УНЕСКО. На конференцијата учествуваа и претставници од Советот на честа на ЗНМ, од Советот за радиодифузија, главните и одговорни уредници на двете програми на МТВ, како и Милица Пешиќ, извршен директор на Институтот за медиумски диверзитет од Лондон, Велика Британија. Пред присутните беа презентирани и новинарските производи за две сензитивни меѓуетнички теми, изработени специјално за овој проект од две групи новинари.

Обука за известување во случај на меѓуетнички спор Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје, во соработка со ЗНМ, во текот на април, ќе спроведе уште една специјализирана обука за известување во случај на меѓуетнички спор од страна на новинарите. Новинарите и уредниците коишто ќе ја поминат оваа обука, ќе станат дел од базата на податоци на структурата за унапредување на алтернативен систем за решавање спорови насочен кон олеснување и медијација кои ќе поддржат меѓуетнички дијалог и соработка и на локално и на национално ниво. Како дел од оваа структура, во тек е создавање мрежа на олеснувачи составена од претставници од областа на образованието, локалната самоуправа, омбудсманот, полицијата, како и невладини организации што работат на разрешување на меѓуетнички конфликти од општините Куманово, Кичево и Струга. Овие лица се обучени и поседуваат вештини за активно вклучување во процесот на разрешување на меѓуетничките спорови на локално ниво. Клучни елементи на структурата инаку се: формирање Центар за поддршка на олеснување на меѓуетничките спорови, воспоставување база на податоци и информации поврзани со разрешувањето на споровите со етничка димензија, создавање и одржување мрежа на олеснувачи, како и изработка на протокол за комуникација и координација и формирање Координативно тело. Заинтересираните новинари треба да се обратат кај м-р Дијана Стојановиќ - Ѓорѓевиќ на адреса: stojanovic@ isppi.ukim.edu.mk или на телефон 070/699-148.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија МАНИФЕСТАЦИЈА „НОВИНАРИТЕ ПЕАТ“

Новинарите се фатија за микрофон

М

аријана Пешиќ од РТ Кавадарци со песната „Tu solo tu“ е победник на првиот фестивал Новинарите пеат. На 30 март пред перполната Универзална сала се одржа првиот музички фестивал со натпреварувачки карактер, на кој главни на сцената беа новинарите. Четиринаесет новинари од различни редакции од цела Македонија влегоа во потесниот круг од избраните кои имаа можност да ги покажат своите музички афинитети на сцената на Универзална сала, во придружба на Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“. Директен пренос од целиот настан вршеше МРТ. Љубиша Цветковски од македонската новинска Интернет агенција „Без пардон“, еден од организаторите на настанот, вели дека успеале во она што им било и основна цел, да ги обединат новинарите, пред се, на едно место и со песна. „Токму затоа ’Новинарите пеат’, манифестација којашто за првпат се организира кај нас, претендира да стане и регионална, што значи в година планираме и колеги од соседството кои пројавиија интерес и за оваа година, но поради временскиот теснец, овојпат се избрани 14 новинари од цела Македонија“, вели Цветковски. Преку песна пред колегите и пошироката јавност се претставија Ване Маркоски („Екстра ексклузив“ - Канал 5) со „223-305“, Катерина Групче (МТВ) со „Sway“, Ана Тодевска (Скај радио) со „Еден бакнеж“, Маја Томиќ („Утрински весник“) со „Не допирај ме“, Маријана Пешиќ (РТ Кавадарци) со „Tu solo tu“, Мирјана Василева (МТВ) со „Џелем, џелем“, Илија Кикиритков (ТВ Стар, Штип) со „Сонце за три света“, Валентина Ѓорѓиевска (Шило) со „Лиду ду“, Христина Мицковска (ТВ Пинк) со „Магла“, Габриела Точко (МИА) со „Галеб тажен“, Ивана Колева („Капитал“) со „I will survive“, Катерина Апостолоска („Без пардон“) со „La isla Bonita“, Милена Антовска (Канал 5) со „Шила“ и Огнен Јанески (24 вести) со „Rolling in The Deep“.

Настанот претендира од идната година да стане регионален, поради пројавениот интерес за учество и на колеги од соседството

19


Ovoj proekt e delumno poddr`an od Ambasadata na SAD. Mislewata, otkritijata, i zaklu~ocite, ili preporakite izneseni ovde se na avtorot(ite), i ne gi odrazuvaat onie na Stejt Departmentot na SAD.

ZNM mesecen bilten mart 2012  

Mesecen bilten na Zdruzenieto na novinarite mart 2012

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you