Page 1

БИЛТЕН број 15

на Здружението на новинарите на Македонија


Издава: Здружение на новинарите на Македонија, Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје;

Содржина Новинарите спречени да протестираат пред музејот на ВМРО Шокантна пресуда!

Тел: (+3892) 3298-139;

Ужасна одлука!

Факс: (+3892) 3116-447,

Не може да браните неправосилна пресуда

E-mail: contact@znm.org.mk

Селмани: Судбината на Кежаровски e во рацете на Груевски

Мијатовиќ: Ужасната сум од пресудата за Кежаровски

Груевски да го помилува Кежаровски

Да се укине притворот за Кежаровски Човечки услови во затвор за Кежаровски

6 8 10 12 14 16 18 20

Посетете го Кежаровски во затвор

21

ЗНМ: Притворот прераснува во казна

22

Во ЕУ само со владење на правото и слободни медуми

24

Селмани: Владата ги корумпира медиумите со јавни пари

26

Поздравени оценките на ЕУ за слободата на изразувањето

27

Назадува слободата на изразувањето во Македонија

28

Политиката потикнува говор на омраза во медиумите

30

Новинарите бараат поотворени институции

31

Осуда за уредникот на порталот Мактел

32

Да се замени мерката притвор за Кежаровски

33

Oпции за корекција на медиумските закони

34

Подршка за зајакнување на капацитетите на ЗНМ

2

3

35

ЗНМ учествува на Седмиот форум на медиумите од југоисточна Европа

36

ЗНМ организира настан на тема „Саморегулација на информативните веб портали“

37


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ПРЕСУДАТА ЗА КЕЖАРОВСКИ

Новинарите спречени

т а а р и т с е т о р п да пред музејот на ВМРО

фото: civil.org.mk

3


С

4

пецијални полициски сили ги спречија новинарите да протестираат против судската одлука за новинарот Томислав Кежаровски, пред зградата на музејот на револуционерната борна, каде во исто време се одржуваше свеченоста по повод 23 октомри, Денот на ВМРО. Полицискиот кордон поставен на околу стотина метри пред Музејот, без никакво објаснување им забрани на новинарите да се доближат до местото предвидено за протест. Кога насобраните новинари се обидоа да се приближат до зградата на музејот, полицијата ги спречлија во намерата. Во обид да го пробијат полицискиот кордон, беа повикани

Специјални полициски сили спречија новинари да протестираат пред зградата на музејот на ВМРО против казната од четири и пол години затвор за новинарот Томислав Кежаровски

специјални полициски сили и новинарите беа истиснати. Освен буткање и вербални дофрлувања, немаше поголеми инциденти. На протестот имаше пароли на кои што пишуваше „Бидете неселективни и не ги делете луѓето“, „Гоце, Даме, Шутка е нашето беаскуле“, „Пусто судско“. Сепак, новинарите го одржаа протестот и го кренаа својот глас против казната од четири и пол затвор за Кежаровсски поради наводно откривање на името на заштитен сведок во случајот Орашје. Новинарите сметаат дека ваквата пресуда претставува ограничување на слободата на изразување и загрозување на слободата на медиумите.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

фото: civil.org.mk Главниот и одговрен уредник на „Нова Македонија“, Зоран Димитровски, како еден од организаторите на протестот, изјави дека иако новинарите дојдоа да протестираат мирно, тоа не им беше дозволено. „Не се плашиме од волку полицајци. Идејата беше протестот да биде мирен без инциденти, но полицијат предизвика да има мали кошкања. Останува нашата заложба Кежаровски да биде ослободен“, рече Димитровски. Тој сметаше дека реакцијата на судот,во кое на новинарите им се држи лекција е срамно. „Судот премногу си презема ингеренции затоа што новинарите и медиумите се во заштита на јавниот интерес и тие се паралелна четврта власт. Тие се на исто рамниште со судот и тие се коректив на судот. Не се судиите тие кои може да ги учат новинарите што да прават и како да постапуваат во својата професионална работа“, истакна Димитровски.

Сопругата на новинарот Кежаровски, Марина сведочеше за тешките услови во кои е принуден да живее нејзиниот сопруг во притворот и при издржување на казната во затворот. „Томче невино скапува во најстариот дел во Шутка. Облеката што ми ја дава да му ја исперам мириса на влага, на кал, во такви услови тој поминува 23 часа. На оние 20-минутни средби што ги имаме, успеав да му пренесам дека го поддржувате. Убиец да бев немаше да добијам толкава казна, ми порача сопругот“, рече Марина Кежаровска. Протестот заврши со палење свеќи кои симболизираат згаснувањето на слободата на изразување. Истовремено, снимателите и фоторепортерите ги спуштија камерите пред полициските чизми, во знак на протест за нивното несоодветно однесување кон протестот на новинарите.

5


КЕЖАРОВСКИ ОСУДЕН СО ЧЕТРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР

З

6

дружението на новинарите на Македонија реагираше против шокантната одлука на Основниот суд Скопје 1, со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор, за објавување на текст, со кој наводно бил откриен идентитетот на заштитен сведок во случајот Ораше. „ЗНМ смета дека оваа одлука не го осуди само новинарот Кежаровски, туку е вперена против слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Со тоа Македонија стана единствена земја во Југоситочна Европа со осдуен новинар со казна затвор заради напишан текст за злоупотреба на институтот заштитен сведок“, изјави претстедателот на ЗНМ, Насер Селмани. Селмани сметаше дека судот место да го заштити јавниот интерес, застана на страната на злоупотребата, која после ова пресуда доби и судска заштита. „Пораката е многу застрашувачка, секој новинар што во иднина ќе открие злоупотреба на институциите, ќе заврши во затвор. Ваквото заплашување нема да успее затоа што секој добар новинар во Македонија би го направил тоа што го направи Кежаровски. Сите ние сме Кежаровски“, порача тој. Според него, одлуката е во спротивност со судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кое македонското судство е обврзано да го почитува затоа што Македонија е потписничка на Европската конвенција. „Евидентно е дека судот не направи обид да го примени тестот на пропорционалност. Кога се одлучува за предмети поврзани со слободата на изразувањето треба да се направи баланс и освен правната регулатива да го земе во предвид и правото на јавноста да знае за злоупотребите на институциите, што претставува највисок јавен интерес. Ваквата одлука на судот не може да се смета за неопходна во демократско општество затоа што не може да има поголем интерес од правото на јавноста да знае за злоупотребите на власта“, потенцираше Селмани. Тој најави дека пресудата ќе биде обжалена и изрази надеж дека Апелацискиот суд ќе има поголемо разбирање за слободата на изразувањето и заштитата на јавниот интерес.

ЗНМ порачува дека сите новинари се Кежаровски затоа што заплашување нема да успее, секој добар новинар би објавил информација за злоупотреба на власта, како што постапи Кежаровски

Шока пре


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

антна есуда!

7


Ужасна одлука!

ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА НОВИНАРИ ПРОТИВ КАЗНАТА ЗА

ЕФН побара пресудата веднаш да се обжали затоа што е во целосна спротивност со европските стандарди за слобода на изразување

Е

8

вропската Федерација на Новинари во октомври ја осуди одлуката на македонскиот суд да го осуди истражувачкиот новинар Томислав Кежаровски на 4 и пол години затвор. „Одлуката и нејзината брутална имплементација се тотално неприфатливи и ужасни,“ изјави Генералниот Секретар на Европската Федерација на Новинари Рикардо Гутиерез. „Кежаровски не стори ништо погрешно освен што си ја извршуваше својата улога како новинар, кој известува за прашања од интерес на јавноста.“

ЕФН потсетува дека Кежаровски беше обвинет за откривање на идентитетот на заштитен сведок во текст што го напиша во 2008-ма година за магазинот Репортер 92. Сведокот за кој известуваше подоцна излезе дека лажно сведочел под полициска закана. За време на истрагата, судијата побара од Кежаровски да го открие идентитетот на својот извор, но тој одби. Веднаш беше ставен во затвор и покрај барањето на неговиот адвокат за имотна гаранција за тој да не е во затвор за време на судењето.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

А КЕЖАРОВСКИ

„Бараме веднаш да се обжали пресудата, која е во целосна спротивност со европските закони за слобода на изразување,“ изјави Гутиерез. „На новинарите треба да им биде дозволено да извршуваат истражувачко новинарство ослободени од заканата за затвор и без да бидат принудувани да ги откриваат своите извори.“ Од апсењето на Кежаровски во мај, ЕФН и нејзините членки во Македонија – Здружение-

то на Новинари на Македонија (ЗНМ) и Синдикатот на Новинари и Медиумски Работници (ССНМ) на неколку наврати повикуваа Кежаровски да биде ослободен. Други организации за граѓанско општество, вклучувајќи го и ОБСЕ, исто така се придружија кон повиците за ослободување на Кежаровски. Во прогрес извештај за медиумската слобода објавен неодамна, Европската Комисија го потенцираше случајот „Кежаровски“ и побара негово ослободување.

9


РЕАКЦИЈА НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА ОБСЕ ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Мијатовиќ: Ужасната сум од пресудата за Кежаровски

10

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовоќ, изрази длабока загриженост за пресудата за новинарот на весникот Нова Македонија, Томислав Кежаровски кој денеска беше осуден на 4 години и шест месеци затвор. „Јас сум ужасната од денешната пресуда. Оваа претерано строга осуда е загрижувачки развој и праќа јасна порака за цензура до другите новинари во земјата“, стоеше во писмената изјава на Мијатовиќ. Во изјавата се потсетува дека Кежаровски е единствениот новинар во притвор во цела југоисточна Европа. Според неа, оваа пресуда има сериозни последици за слободното изразување и медиумските слободи во Македонија. „Кривичниот прогон на репортери за нивните новинарски активности го прекршува основното човеково право за слободно изразување и обврските на земјата кон ОБСЕ за развој и заштита на слободни медиуми“, вели Мијатовиќ. Таа ги повика властите во Македонија да го ослободат Кежаровски и уште еднаш побара да го посети новинарот во притвор.

ЗНМ СО ОДГОВОР НА СООПШТЕНИЈ ЗНМ порачува дека сите новинари се Кежаровски затоа што заплашување нема да успее, секој добар новинар би објавил информација за злоупотреба на власта, како што постапи Кежаровски

З

дружението на новинарите на Македонија ги оцени како скандалозни соопштенијата на Канцеларијата за јавност на Основниот суд Скопје 1, по осудителната пресуда за новинарот Томислав Кежаровски, каде се подучуваат новинарите место да се жалат, да се едуцираат. „Стана јасно дека со соопштенија потпишани од канцеларијата за јавност не може да се брани пресуда која не е правосилна и подложна на ревизија во понатамошната судска постапка пред повисоките судски инстанции. Со прејудицирање на вината судот директно го прекрши начелото на пресумпција на невиност“, реагираше ЗНМ. ЗНМ смета дека судот не смее да се крие зад канцеларијата за јавност кога полемизира во јавноста со соопштенија каде не е нејасно кој говори, Претседателот на судот, судијката што го води предметот „Ликвидација“ или тоа е став на сите судии од Основниот суд Скопје 1. „Чудно е што судот се почувствува повикан да одговори на јавните критики во јавноста кога тие беа насочени конкретно кон судијката што го осуди новинарот Томислав Кежаровски на четири и пол години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок во текст објавен пред пет години. „Критичното набљудување на работењето на власта вклучувајќи и судската не може да се смета како мешање во независноста на институциите, туку тоа е основна обврска на новинарството“, се истакнува во реакцијата на ЗНМ. Во неа се појаснува дека новинарите во нивните извештаи не полемизираа со целото судство, туку пренесуваа изјави од правни експерти и ставови од


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЈАТА НА СКОПСКИОТ СУД

Не може да браните неправосилна пресуда домашни и меѓународни организации, кои изразуваа загриженост дека при донесувањето на одлуката, не е водена сметка за судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. „Не треба да сте правен експерт да разберете дека Кежаровски е единствениот новинар во Европа осуден на казна затвор за откривање на идентитет на заштитен сведок. Судската пракса од Европскиот суд за човекови права во Стразбур покажува дека максималната изречена казна за ова дело е условна казна затвор“, тврди ЗНМ.

Здружението потсетува дека судовите во Македонија судат врз основа на Уставот и законите и меѓунатодните договори ратификувани во согласност со Уставо и според тоа судовите треба да ја почитуваат Европската конвенција за човекови права која е ратификувана уште во 1997 година. „Судот во Стразбур применувајќи ја Конвенцијата, кога одлучува за предмети поврзани со слободата на изразување секогаш води сметка за јавниот интерес и внимава казните да бидат пропорционални“, се подвлекува во реакцијата.

11


ИНИЦИЈАТИВА НА ЗНМ

Груевски да го помилува ЗНМ во писмото до премиерот Никола Груевски бара да направи се што е во негова моќ да влијае на министерот за правда да покрене постапка за аболиција на Кежаровски

З

12

дружението на новинарите на Македонија, на почетокот крајот на октомври испрати писмо до премиерот Никола Груевски, во кое го повикува да направи се што е во неговата моќ владата да расправа и да го аболира новинарот Томислав Кежаровски, кој на почетокот на септември беше осуден на четири и пол години затвор за откривање на заштитен сведок во случајот Орашје. Во писмото ЗНМ објаснува дека аболицијата на Кежаровски е во интереси на Македонија, бидејќи осудителната пресуда, предизивика лавина реакции во домашната и меѓунардоната јавност, со што сериозно е нарушен угледот на земјата. ЗНМ објаснува дека ослободување на Кежаровски ќе ја демострира посветеноста на Владата за слободата на изразување и слободата на медиумите. „ Сметаме дека аболицијата ќе ги омекне и критиките кои доааѓаат од релевантни фактори во земјата и во светот дека слободата на изразување е сериозен проблем во Македонија. Потсетуваме дека проблемот со слободата на изразување и слободата на медиумите во Македонија е нотиран во сите релевантни извештаи на владини странски институции и невладини

меѓунардони организации“, убедува ЗНМ. Во писмото се известува премиерот дека ЗНМ на втори септември 2013 година до Министерството за правда доставила иницијатива за помилување на Кежаровски, но и после месец и пол од доставувањето, министерот за Правда, Блерим Беџети не одговорил на барањето. Иницијативата е покрената врз основа на член 84 од Уставот на РМ и членот 1-а и 3 од Законот за помилување и за неа се известени и заменик премиерот Фатмир Бесими, како одговорен министер во Владата за евроинтеграции и претседателот Ѓорге Иванов. Здружението го потсетува Груевски дека пре-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Кежаровски

судата против Кежаровски претставува кршење на членот 10 од Европската конвенвија за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права. „Ослобдувањето на Кежаровски го побараа и специјалниот претставник на Обеденитите нации за слободата на изразувањето, Франк Ла Ру и Високиот претставник на ОБСЕ за слободата на медиуми, Дуња Мијатовиќ, а ЕУ и САД изразија сериозна загриженост за случајот“, пишува ЗНМ до Груевски. Според Здружението, ако не се ослободи Кежаровски неговиот случај ќе падне пред Европскиот суд за човекови права, но дотогаш невин човек ќе лежи во затвор.

Селмани: Судбината на Кежаровски e во рацете на Груевски Претставници на ЗНМ предводени од претседателот Насер Селмани по доставување во архивата на владата на писмото упатено до премиерот Никола Груевски, со кое се бара помилување на Кежаровски даде изјава за медиумите. Селмани рече дека во писмото се бара Премиерот прашањето за аболиција на Кежаровски да го постави на дневен ред на наредната седница на Владата. „Сега се е во рацете на Премиерот Груевски, кој реално може да го искористи неговиот неспорен авторитет во Владата и да му наложи на министерот Беџети да ја покрене постапката за аболиција кај Претседателот Ѓорге Иванов. Се надеваме дека премиерот Груевски нема да ја испушти ова можност и да покаже пред светот дека македонската владата води сметка за слободата на изразување и дека реагира на загриженоста на нашите партнери од светот“, изјави Селмани за медиумите. Според него, аболицијата на Кежаровски е од интерес на Македонија затоа што овој случај сериозно го нарушува угледот на Македонија во светот. Тој изрази надеж дека Владата ќе ја искористи ова законска можност и да спречи невин човек да остане во затвор. „Ние веруваме во девизата, подобро сто виновни на слобода, отколку еден невин во затвор“, објасни тој.

13


СРЕДБА СО ИЗВЕСТУВАЧОТ ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛА

Да се укине

притворот 14

за kежаровски


П

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

АМЕНТ

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара од европратеникот Ричард Ховит да се заложи кај македонската влада да се укине притворот за новинарот Томислав Кежаровски

ретставници на Здружението на новинарите на Македонија, претседателот Насер Селмани и извршниот директор Драган Секуловски, кон крајот на октомври во Скопје се сретнаа со известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, со кого разговараа за состојбата со слободата на изразувањето и слободата на медиумите, како клучен предуслов за напредокот на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ. Претставниците на ЗНМ го информираа известувачот Ховит со последните случувања во медиумската сфера и изрази длабока загриженост за случајот на новинарот Томислав Кежаровски, кој e осуден на казна затвор од 4 и пол години за објавен текст во 2008 година. На состанокот беше констатирано дека случајот на Кежаровски негативно се одразува на слободата на изразувањето и ги отежнува напорите на Ховит, кој е докажан пријател на нашата земја, да ги убеди членките на ЕУ дека Македонија е подготвена да ги започне преговорите за членство. Претседателот на ЗНМ Селмани на средбата истакнаа дека најдобро времено решение за Кежаровски е да му се даде можност да се брани од слобода додека не заврши судската постапка. „Јавниот обвинител во секое време може да побара укинување на мерката притвор или нејзина замена со поблага мерка, со кое ќе се обезбеди присуството на Кежаровски во текот на судскиот процес. Уште повеќе што правниот застапник на новинарот ја има обжалено мерката притвор пред Апелациониот суд“, рече Селмани. Освен тоа, објасни тој, обвинителството секогаш треба да ја земе во предвид праксата од Европскиот суд за човекови права кога бара изрекување на мерка притвор против новинар, како што беше нотирано и во извештајот на Европската комисија за 2013 година: „Потребни се поголеми напори и да се обезбеди дека сите налози за притвор пред судење и продолжување на истото се во согласност со ЕКЧП и судската пракса на ЕСЧП за член 5 (право на слобода и безбедност).“ На средбата се разговараше и за медиумските закони, кои се на последно читање во Собранието, а за кои Европската комисија смета дека клучните разлики меѓу Владата и новинарите не се решени. Претставниците на ЗНМ сметаат дека најдобро решение е владата да ги повлече законите, со цел во нив да се вградат забелешките на Европската комисија, како што се решенијата кои недовлно обезбедуваат независност на регулаторот тело, Агенцијата за медиуми и на јавниот сервис, владините реклами и самоцензурата во медиумите.

15


ЗНМ КАЈ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Човечки услови во затвор за Кежаровски

Д

16

елегација на ЗНМ предводено од претседателот Насер Селмани, членот на Управниот одбор Ердем Ахмети и Извршниот директор Драган Секуловски, кон крајот на октомври се сретнаа со Народниот правобранител Иџет Мехмети од кого побара лично да го посети во затворот новинарот Томислав Кежаровски и да се увери во какви услови е сместен во затворот. Селмани на правобранителот му ја пренесе загриженоста на ЗНМ за тешката психичка

состојба на новинарот Кежаровски, но и за тешките затворски услови за што сведочат и јавните изјави на неговата сопруга. „Стравуваме дека условите на кои е изложен Кежаровски се одразуваат лошо на неговото здравје. Од овие причини бараме Народниот правобранител да го искористи неговиот авторитет, но и функцијата која ја застапувате и во најитно време да го посети Кежаровски со цел да се увери дали условите во кои е сместен се пред се човечки. Доколку навистина тој


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара од Народниот правобранител Иџет Мехмети во најитно време да го посети Кежаровски и да помогне да се подобрат условите за престој во затворот

е сместен во најлошиот дел од затворот каде нема пристојни услови Ве замолуваме да направи се што е во ваша моќ, Кежаровски да биде преместен во дел каде што има нормални услови за престој и на тој начин да се обидеме да ја одржиме неговата психо-физичка состојба“, побара Селмани. Тој смета дека со тој гест Народниот правобранител ќе покаже на јавноста дека не само што се грижи за новинарот, кој е во затвор поради напишан текст, туку и воопшто дека по-

кажува грижа за слободата на медиумите во нашата земја. „ЗНМ во јавните настапи го застапува ставот дека во случајот на Кежаровски не се прекршуваат само неговите слободи и права, туку тоа е и грубо кршење на слободата на изразувањето и слободата на медиумите воопшто. Ваквите случаи ги одвраќаат новинарите да истражуваат за прашања од јавен интерес и имаат застрашувачки ефект во проширувањето на присутната само-цензура меѓу новинари-

17


18

те“, му пренесе Селмани на правобранителот Мехмети. Во мај 2013 година е притворен новинарот на Нова Македонија Томислав Кежаровски под обвинение дека во 2008 година објавил текст во магазинот „Репортер 92“ со кој го открива идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство. При тоа истражниот судија му одредува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката притвор на 28 август е продолжена со нови 30 дена под објаснување дека Кежаровски може да ја напушти земјата. Мерката притвор на Кежаровски и покрај сите повици од светски и домашни владини и граѓански институции беше невообичаено долга и после речиси пет месеци заврши со судска пресуда според која Кежаровски е осуден на 4.5 години затвор. Оваа судска одлука несомнено предизвикува сериозна штета на угледот на земјата во светот и ја прави Македонија да биде единствена земја со новинар во затвор поради напишан текст. По средбата правобранителот Иџет Мехмети вети дека наредниот ден ќе го посети Кежаровски и дека ќе преземе мерки за подобрување на условите во кои тој престојува во затворот.

„Постојано сме во контакт со семејството и со Кежаровски. Досега сме го посетиле десетина пати. По наши препораки и укажувања бил преместен и на подобар начин здравствено згрижен“, рече Мехмети. Мехмети: Нема минамални услови во затворот Шутка Народниот правобранител Иџет Мехмети по барање на ЗНМ кон крајот на октомври го посети новинарот Томислав Кежаровски и утврдил дека во притворското одделение во скопскиот затвор во Шутка е пренатрупано. Народниот правобранител Мемети вели дека не се исполнети минималните стандарди, има влага и мувла и затоа веќе издале препораки и сугестии за подобрување на состојбите. Најави нова посета на затворот со цел да се провери дали се прифатени сугестиите. „Долго разговаравме со Кежаровски и дадовме свое мислење за условите во кои престојува. Случајот не е затворен, ќе продолжиме да го следиме со внимание и многу брзо ќе направиме уште една контрола. Апелирам до сите, особено до оние судии што одлучуваат за мерката притвор, да направат сe што е можно


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЗНМ СО АПЕЛ ДО ДИПЛОМАТИТЕ ВО СКОПЈЕ

Посетете го Кежаровски дипломатите го во затвор Ако посетат во затворот Здружението на новинарите на Македонија кон крајот на октомври испрати писмо до сите дипломатски претставништва во Скопје, во кое изразува загриженост за случајот на новинарот Томислав Кежаровски, осуден на 4 и пол години затвор за наводно откривање на заштитен сведок. Во писмото ЗНМ ги замолува странските дипломати во Скопје да ја искористат можноста дадена според македонските закони да го посетат новинарот Кежаровски во затвор со цел да се запознаат со условите во кои тој е сместен во затворот. Освен тоа, посетата на Кежаровски ќе им овозможи од прва рака да се запознаат со неговиот случај. „Вашиот интерес да го посетите новинарот Кежаровски ќе ги поттикне националните власти да ги подобрат условите за престој на прит-

новинарот Томислав Кежаровски ќе помогнат да се подобрат условите во затворот и повеќе ќе знаат за случајот

ворениците во затворот. Освен тоа сметаме дека вашата информираност од прва рака ќе придонесе овој случај да се реши на позитивен начин“, се наведува во писмото на ЗНМ. Според ЗНМ, ангажманот на дипломатите ќе ја зголеми одговорноста на властите да имаат поголемо разбирање за важната улога на медиумите во едно демократско општество.

19


ЗНМ ЈА ОСУДИ ОДЛУКАТА НА СКОПСКИ СУД ЗА КЕЖАРОВСКИ

ЗНМ: Притворот прераснува

во казна

З

20

дружението на новинарите на Македонија најостро ја осуди одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје, кој по пети пат го продолжи притворот за новинарот Томислав Кежаровски, обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок. „Постојаното продолжување на притворот повеќе не служи за непречено водење на судската постапка, туку прераснува во казна. Ова одлука на некој начин ја навестува конечната пресуда, со што се крши основното начело во една правна држава дека секој е невин додека не се докаже спротивното. Нејасно е зошто судот е убеден дека притворот е нужен, кога на располагање има и други поблаги мерки за обезбедување на присуство, како што се куќен притвор, забрана за напуштање на живеалиште, обврска на обвинетиот да се јави повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на пасош и друго“, вели во реакцијата ЗНМ. Здружението смета дека Кежаровски ги исполнува условите да се брани од слобода и потсетува дека македонското законодавство и меѓународните стандарди за изрекување на мерката притвор, инсистираат мерката да се сведе на најкратко нужно време и да има убедливо образложение. „Зачудува фактот што судот ги игнорира сите повици од домашните и меѓународните организации, кои се загрижени дека судот изрекува непропорционална мерка за целта што сака да ја постигне. Со тоа се прекршува слободата на изразувањето, се заплашуваат новинарите и медиумите и се поттикнува самоцензура“, предупреди ЗНМ.

За ЗНМ е нејасно зошто притворот е нужен, кога судот на располагање има и други поблаги мерки за обезбедување на присуство на судењето

Во реакцијата се потсетува дека на втори септември до Министерството за правда доставено е Иницијатива за ослободување од гонење на новинарот Томислав Кежаровски, за која сеуште нема одговор. „Го охрабруваме Министерството за правда сериозно да ја разгледа нашата иницијатива бидејќи со тоа власта ќе покаже дека со посебна чувствителност постапува кон прашања поврзани со слободата на изразувањето“, повика ЗНМ. Барањето за ослободување од гонење на новинарот Кежаровски беше доставено до Министерството за правда, вицепремиерот за европрски интеграции и до претседателот Ѓорге Иванов.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

АМБАСАДАТА НА САД ВО СКОПЈЕ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА КЕЖАРОВСКИ

Во ЕУ само со владење на правото и слободни медуми САД ги поддржуваат евро-атлантски аспирации на Македонија, за што е потребно непристрасна примена на законот и постоењето на слободни и независни медиуми

А

мбасадата на САД во Скопје не ја коментираше директно пресудата за новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски, кој беше осуден на четири и пол години казна затвор, но ја потенцираат конзистентната политика за поддршка на Македонија во евро-атлантските аспирации. „Двете примарни цели на било која земја со евро-атлантски аспирации се почитување на владеењето на правото, односно непристрасна примена на законот, како и постоењето на слободни и независни медиуми. Ние продолжуваме со ангажманот во спроведувањето на законот во Македонија, како и судството во поглед на нашата заедничка цел на зајакнување на владеењето на правото, и обезбедување на слободни и независни медиуми“, потенцираше Амриканската амбасада во Скопје.

Според нив, случајот на Кежаровски покренал загриженост во врска со владеењето на правото и слободата на медиумите и затоа тие ветуваат дека одблиску ќе ги следат настаните и со тоа ќе продолжат да ја поддржат Македонија на патот кон евро-атлантската интеграција. Со коментар за реакциите од домашните и на странските новинарски здруженија за пресудата на новинарот Кежаровски, се јави и Основниот суд Скопје 1. „За судот, конечно останува посебно нејасна и загрижувачка реакцијата на ОБСЕ дека преголемата казна за Кежаровски е загрижувачки развој кој испраќа јасна порака за цензура на другите новинари, при што нејасно останува како од кои причини и на што судот врши цензура при спроведувањето на законот во една демократска држава“, реагираше Судот.

21


МЕЃУНАРДОНА КОНФЕРЕЦНИЈА НА ОБСЕ ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТ

Селмани: Владат медиумите со јав П

22

ретседателот на ЗНМ Насер Селмани, кон крајот на септември учествуваше на Меѓународната конферецнија за слободата на медиумите во Југоситочна Европа, организаирана од ОБСЕ во Тирана, каде учествуваа над 180 новинари, претставници на невладини медиумски организации и експерти. Селмани збореше во панелот посветено на државното рекламирање во медиумите, каде пред присутните истакна дека слободата на медиумите Македонија е уценето со јавни пари бидејќи владата преку владините кампањи троши огромни јавни средства на нетранспарентен начин и без никакви критериуми со цел да влијае на уредувачката политика на медиумите. „Никој не знае колку пари од буџетот владата троши на владини кампањи, но ЕУ и САД во нивните извештаи тврдат дека владата е најголем огласувач во земјата. Европската комисија тврди дека владата троши најмалку 20 милиони евра на рекламирање, што е речиси еден процент од националнит буџет на земјата“, истакна Селмани. Тој повикувајќи се на внатрешно истражување на ЗНМ за владиното рекламирање во медиумите спроведно во 2012 година, твдеше дека постои јасна тенденција, владините реклами владата да ги насочи кон медиумите што ја поддржуваат нејзината политика. Според тоа истражување, најмалку две тритини од владините кампањи одат во провладините медиуми. Селмани збореше и за профилот на сопствениците на медиумите во Македонија, кои претежно се бивши социјалистилки директори, кои се збогатија за време на приватизацијата. „Сопствениците на медиумите најчесто се и лидери на мали политилчки партии, менуваат страна на секои избори, имаат разни бизниси и силно се борат да ги сочуват монопилите, а медиумите им се спореден бизнис и ги користат само како инструмент за лична заштита и за заштита на нивните бизиниси“, потенцираше тој.

Селмани објасни дека слободата на медиумите е заложник на корупциските врски меѓу политиката и бизнисот. „Медиумите се најголеми донатори на политичките партии од власта за време на изборната кампањи, кои речиси безплатно и често со големи попусти ја покриваат изборната политичка пропаганда, кои после изборите ги претставуваат како донација за партиите“, рече претстедателот на ЗНМ. Ваквото корупциско однесување на владата и медиумите се одразува на квалитетот на медиумската содржина затоа што има ниско ниво на почитување на професионалните стандарди и етика во медиумите. Тие не ја играат


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ТЕ ВО ТИРАНА

та ги корумпира вни пари

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани во панелот на Конференцијата посветена на улогата на владиното рекламирање во медиумите предложи забрана на политичко рекламирање Мијатовиќ: Се влошува слободата на медиумите во Југоситочна Европа

улогата на куче чувар, не критикуваат и не отварат дебати за прашања од јавен интерес. „Владата ги користи медиумите како пропагандно средства да ја сочува власта и да води медиумски кампањи против политичките противници и маргинализираните групи“, истакна Селмани. Според него, најдобро решение да се прекине ваквата корупциска врска меѓу власта и медиумите е да се забрани политичката реклама во медиумите, по примерот на Велика Британија. „Друга опција е да остане владиното рекламирање, но тоа да се направи транспаретно и врз основа на јасни критериуми“, заклучи тој.

Слободата на медиумите во регионот на Југоситочна Европа се влошува, предупреди Високиот претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, на завршувањето на Меѓунардоната конференцијата посвентена на слободата на медиумите во Тирана. „Многу проблеми не се решени, многу прашања остануваат неодговорени. Јавните сервиси сеуште не се реформирани целосно, незавинсота на регулаторните тела е загорзено или негарантирано, дигитализацијата на електорнските медиуи доцни, загрозувајчи го плурализмот на медиуми, а новинарите се небезбедни“, истакна Мијатовиќ. Таа смета дека ако состојбата не се подобрува постои попасност да се загрози слободата и демократијата. „Насилството, вознемирувањето и заплашувањата на новинарите претставуваат напад врз самата демократија“, посочи Мијатовиќ. Според неа, владиното рекламирање и огласувањето на јавните претпријатија во медиумите треба да се регулира за да не се дозволи да се изврши финансиски притисок врз медиумите. Учесниците на конференцијата заклулија дека интернетот треба да остане јавен форум за слободната мисла и властите треба да се воздржат од регулација и забрана на содржините на интернетот. Препораките од конференцијата специјланиот Претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите ќе ги пренесе до сите земји члени на органзиацијата.

23


ЗНМ УПАТИ ПИСМО ДО ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ШТЕФАН Ф

Поздравени оценките на ЕУ за слободата на изразувањето

П

24

ретседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кон крајот на октомври, упати писмо на Европкомесарот за проширување Штефан Филе, во кое му изразува благодарност за неговите напори за подобрување на состојбата со слободата на медиумите и незавинсота на медиумите во Македонија. Селмани му честита на комесарот Фуле за изјавите во кои ја

охрабрува македонската влада да влезе во сеопфатен дијалог со Здружението на новинарите. „Многу значајно е што Евроската комисија ја подвлекува ова прашање како и дека на медиумските предизвици им дава приоритет во извештајот“, пишува Селамни. Како посебно значајен напредок Селмани го смета фактот дека Комисијата ја истакнува важноста за владините кампањи во медиуми-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ФИЛЕ

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани му се заблагодари на Еврокемсарот Штефан Филе за неговиот придонес за слободата на медиумите во Македонија и за оценките во годишниот извештај

те. „Тоа прашање е клучно за да се ослободат медиумите од политичкото влијание. Неговото решевање ќе овозможи слободен медиумски пазар и предуслови за независни и плурани медиуми, што ќе и помогне на земјата да ги исполни реформите потребни за интеграцијата во ЕУ“, се вели во писмото. Тој вели дека Европската комисија имала клучна улога за одлагањето на дебатата за ме-

диумските закони , но за жал во новата верзија на законите владата вградила уште полоши решенија, кои не се во линија со препораките на Советот на Европа и ОБСЕ. „И покрај се, ние ја изразуваме нашата подготвеност да им помогнеме на властите да го подобрат текстот на законите, кои предизвикуваат загриженост кај сите новинарите и јавноста“, заклучува Селмани во писмото.

25


ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО 20

Назадува слободата во Македонија

Е

26

вропската комисија во годишниот извештај за напредокот на Македонија во 2013 година упатува сериозни критики на адреса на македонската влада во врска со состојбата со слободата на изразување во земјата. Комисијата констатира дека и покрај напредокот во законодавството, репутацијата на земјата во врска со слободата на медиумите продолжил да опаѓа, како во домашната така и во меѓународната сцена. Во извештајот се потенцира дека довербата помеѓу владата и претставниците на медиумите е сериозно нарушен од настаните на 24 декември 2012, кога новинарите во контраверзни околности беа насилно избркани од собраниската галерија. „Диалогот со медиумите, кој служеше како позитивен пример за целиот регион кој беше покренат од 2011 година, беше прекинат“, се подвлекува во извештајот. Во врска со медиумските закони Комисијата вели дека за нивното изготвување одржани се широки консултации со меѓунардони експерти и домашни чинители, иако клучните разлики меѓу владата и новинарската заедница останале нерешени. „Медиумските закони од разни актери се гледаат како потенциална опансост за злоупотреби. Дел од актерите продолжуваат да ја истакнуваат загриженоста дека предложените закони може да се користат да се ограничи слободата на медиумите“, стои во извештајот. За прв пат во извештајот Комисијата е загрижена за трошоците за владините реклами, за што многумина во земјата сметале дека се насочени само кон провладините медиуми, давајќи им значајна финансиска предност. „Присутна е постојана загриженост за остуство на транспарентост на владиното рекламирање и на самоцензурата како и економскиот притисок врз сопствениците и новинарите“, се истакнува во извештајот.

Дијалогот со медиумите, кој служеше како позитивен пример за целиот регион покренат во 2011 година, беше прекинат“ подвлекува Европската комисија во годишниот извештај И во 2013 година Комисијата има заблешки на квалитетот на македонското новинарство, поради ниското ниво на почитување на професионалните стандарди, поларизацијата и отсуството на точни и различни информации, со што се ограничува можноста на јавноста да се информира соодветно. „Потребно е да се зајакне квалитетното истражувачко новинарство како и пристапот на јавноста до балансирано известување и плурализам на мислења. Системот на саморегулација во медиумите и професионалната стратегија за зајакнување на професионалните стандарди, треба сеуште да се развива“, смета Комисијата и препорачува дополнително напори со цел да се подобри медиумското опкружување. Комисијата е загрижена што медиуското опркужување останува високо поларизирано. Во текот на локалните избори во март 2012 година, Советот за радиодифузија и ОБСЕ/ОДИХР известиле за отсуство на балансирано известување од неколоку радиодифузери, вклучувајчи го и јавниот радиодифузен сервис, МРТ. „Медиумите


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

013 ГОДИНА

на изразувањето

широко ја покрија изборната кампања, но неколку радиодифузери, вклучувајќи го и јавниот радиодифузен сервис не понуди блансирано покривање на кампањата“, се истакнува во извештајот. Советот за радиодифузија изготвила водич за промоција на плурализам во медиумите и го зајкнал мотиронгот на програмите на радиодифузерите, но потребни се други напори. „Загриженоста за неговата независност останува“, оценува ЕК.

Како единствен резултат од дијалогот на високо ниво, од петте области, напредок Комисијата забележал во областа за заштита на слободата на изразување во медиумите со декриминализацијата на клеветата и навредата. За соодветна примена на законот оддржани се обуки за судии, адвокати и новинари и преведени 70 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стрзбург поврзани со членот 10, кои се достапни на веб страната на Министерството за правда и на Академијата за судии и обвинители.

27


ЗНМ НА ТРИБИНА ВО СТРУМИЦА

Политиката потикнува говор на омраза во медиумите

П

28

ретставници на Здружението на новонарите на Македнија на почетокот на октомври учествуваа на јавната трибина во Струмица на тема „Улогата на медиумите во борбата против говорот на омраза“, организирана од невладината организација „Новус“. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани пред присутните струмичани рече дека во Македонија има погрешна перцепција за слободата на изразување, која се врзува само за работата на новинарите. Селмани појасни дека оворот на омраза во медиумите и на социјалните мрежи не е етичко, туку прашање на законот и неговата примена. „Во Европа говорот на омраза не е слобода на изразување туку е тешко кривично дело за кое одговарате. Говорот на омраза е забранет во една демократска земја, посебно во европска земја. Слична е и состојбата во Македонија. Во нашиот кривичен законик и во други закони тоа дело е казниво, меѓутоа прашањето е колку нашето законодавство е хармонизирано со европските стандарди и колку нашите институции, пред се обвинителството, па и другите институции, реагираат, го препознаваат и покренуваат соодветни постапки да го санкционираат “, рече Селмани.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека говорот на омраза во медиумите не ужива заштита како слобода на изразување, туку е казниво со закон, но обвинителството молчи Според него, обвинителството и Советот за радиодифузија по службена должност треба да реагира кога има примери на говор на омраза во медиумите, но дека тие досега немале одговорен однос кон ова прашање. Селмани потенцираше дека во македонските медиуми има говор на омраза, но дилемата е дали тие можат да се обвинат за тоа кога не се слободни да ја креираат независно уредувачката политика. „Не може некој да биде одговорен за некое право кое не го има или е ограничено. Медиумите во Македонија не се слободни и се под силен политички и економски притисок. Првин треба да ги ослободиме медиумите од притисокот за да имаат поволен амбиент за работа, после да бараме одговорност од нив“ рече Селмани.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

РАБОТНА СРЕДБА НА НОВИНАРИТЕ ОД БИТОЛА И ОХРИД СО ПОРТПАРОЛИТЕ

Новинарите бараат поотворени институции

П

ретставници на Здружението на новинарите на Македонија во соработка со координаторите од Регионалните центри кон крајот на септември организираа одвоени средби на новинарите со портпаролите на општините Охрид и Битола и други битни институции од овие градови, каде се разговараше за подобрување на меѓусебната комуникација, која е од обостран интерес за објективно и навремено информирање на јавноста. На средбата во Битола, новинарите од овој крај се пожалија дека тешко се добиваат навремени информации од локалните јавни институции каде нема портпароли или каде нема обучени лица за односи со јавност. Новинарите велат дека општо мислење е дека некои портпароли се поуспешни во навременоста и нивото на транспарентност, а некои не. Сепак, сите сметаат дека соработката може да биде подобра.

Членовите на ЗНМ од Битола и Охрид бараат поголема транспаретност на институциите, а портпаролите ветуваат дека ќе работат на подобрување на соработката со новинарите Тие се жалат дека немаат добра соработка со битолската полиција и РЕК Битола. „Сметавме дека со именувањето и назначувањето на потртпароли во разни институции полесно ќе доаѓаме до информации. Сепак, искуството ни зборува дека портпаролите уште повеќе ги затворија ин-

29


30

ституциите“, се пожали Менде Младеновски, уредник во „Битолски весник“. „Во услови на децентрализација, имаме многу централизирани институции“, сметаше Жанета Здравковска, дописник на „Дневник“, а за Дивна Грдановска Караџовска најчесто проблемот е во брзината на добивањето на било каков одговор. Портпаролите на општина Битола и од Основниот суд во Битола сметаат дека соработката со новинарите е добра. „Комуникацијата на Општината Битола и новинарите е на исклучително големо ниво, меѓутоа и со

на штета на професионалните медиуми. Новинарите имаа забелешки и на затвореноста на дел од подрачните единици на министерствата во Охрид и Струга. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, рече дека службата за односи со јавност во согласност со овластувањата се труди секогаш навремено да ги сервисира медиумите со потребните информации и дека комуникацијата засега е на задоволително ниво, со одредени исклучоци. Портпаролот на Националната установа „Охридско лето“, Сузана Вренцоска рече дека соработката со медиумите е добра за што придонела отворенос-

граѓаните“, рече на средбата Цветанка Ристевска, портпарол на Општината Битола. „Со воведувањето на Архус- програмата и со новиот систем на работа, веќе самите судовите станаа отворени“ рече протпаролката на Основниот суд во Битола, Милка Бизевска. На средбата на новинарите и портпаролите во Охрид беше констатирано дека соработката помеѓу медиумите и портпаролите од институциите на локално ниво во Охрид и Струга, генерално е задоволителна, но постојат и проблеми во комуникацијата, кои треба да се надминат. На состанокот присуствуваа претставници на медиумите од Охрид и Струга, портпароли и лица за односи со јавност во институции од двете општини, како и раководството на Синдикатот на медиумските работници. Новинарите се пожалија на затвореност на дел од институциите и недоволна комуникација, како и на слективно сервисирање на информации и фаворизирање на одредени медиуми со одредена цел, а

та на институцијата кон јавноста. Општина Струга во досегашната систематизација нема портпарол, ниту служба за односи со јавност. Албри Хоџа, одговорен за комуникација со медиумите во општина Струга, рече дека во тек е нова систематизација со која ќе се поправи ваквиот пропуст. На средбата стана збор и за синдикалните права на вработените во медиумите. Притоа беше истакнато дека иако медиумските работници се соочуваат со проблеми и им се ускратуваат работничките права, недостига посериозна синдикална организираност. Работниот состанок во Битола и Охрид, е дел од активностите на Здружението на новинари на Македонија предвидени со Годишната програма за работа. Вакви средби ќе се одржат во сите шест регионални центри на ЗНМ, по барање на новинарите од регионалните центри со цел да се подобри комуникацијата меѓу медиумите и институциите од овие градови за да може јавноста да добие навремени и релевантни информации.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

СОВЕТ НА ЧЕСТА НА ЗНМ

Осуда за уредникот на порталот Мактел Советот на честа смета дека текстот на уредникот на порталот Мактел, Саше Ивановски против актерот Игор Џамбазов, е неновинарски, нецивилизиран и го нарушува угледот и достоинството на новинарството Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија кон средината на октомври го осуди уредникот на порталот Мактел,Саше Ивановски, кој користеше несоодветен речник против актерот Игор Џамбазов. „Текстот објавен на 15. 10. 2013 година на порталот Мактел, во кој авторот му посакува смрт на актерот Игор Џамбазов е неновинарски, нецивилизиран и дека до максимум ги нарушува угледот и достоинството на новинарската професија, без оглед на мотивите што ги имал авторот“, стои во реакцијата на Советот на честа. Според Советот, уредникот Ивановски постапил нечовечки оти му посакувал смрт на актерот Џамбазов. „Ништо етичко и професионално нема во тек-

стот на Саше Ивановски со наслов „Игор Џамбазов – Трајче Дрварчето кое никогаш не порасна и не стана човек, туку се претвори во најсилната реклама за алкохол и промашен живот. Изнесени се низа грди квалификации, навреди и осуди во обидот да се направи анализа на начинот на живеење на актерот. Прекршени се повеќе одредби од Кодексот на новинарите, најдиректно одредбите 10, 11, 15 и 16. “, стои во реакцијата. Ваквата осуда Советот на честа на ЗНМ ја усвои врз основа на одредбата од Правилникот за избор и работа на Советот на честа на ЗНМ, од каде произлегува можноста за самостојно јавно реагирање и изнесување вредносни мислења/судови во случај на повреда на начелата и одредбите од Кодексот на новинарите на Македонија.

31


СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗНМ СО БРИТАНСКИОТ А

Да се замени мерката п Британскиот амбасадор Кристофер Ивон вели дека сеуште ја разгледува можноста да побара од властите да го посети новинарот Томислав Кежаровски во затвор

Д

32

елегација на Здружението на новинарите на Македонија, составена од претседателот Насер Селмани и Извршниот директор, Драган Секуловски, кон крајот на октомври 2013 година, се сретнаа со Британскиот амбасадор во Скопје, Кристофер Ивон, со кого разговараа за состојбата со медиумите во Македонија и напорите што ги прави ЗНМ да се обезбеди слободата на изразувањето и да се заштитат правата на новинарите. Главни теми на разговорот на претставниците на ЗНМ со амбасадорот Ивон беа случајот на новинарот Томислав Кежаровски, кој од Оснвниот суд Скопје 1 е осуден на казна затвор од четири и пол години за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок, како и постапката за донесување на медиумските закони. На почеток амбасадорот се заблагодари за писмото на ЗНМ со кое се повикуваат дипломатите во Скопје да го посетат во затвор Кежаровски за да се уверат во условите во кој престојува како и да се запознават подобро со случајот. Тој рече дека сеуште ја разгледува можноста да побара од властите да го посети Кежаровски во затвор и дека на тој случај во иднина ќе посвети посебно внимание. Претстедателот на ЗНМ Селмани исткана дека начинот како судските органи и обвинителството постапуваат во случајот на Кежаровски не само што ги кршат неговите индивидуални права и слободи, туку ќе имаат застрашувачки ефект врз слободата на изразувањето и слободата на медиумите воопшто. Тој смета дека случајот е политички мотивориан за да се застрашуваат новинарите со

цел да ги одвраќат да не пишуваат за евентуалните злоупотреби на власта. Според него, ЗНМ инсистира на аболиција на Кежаровски затоа што е убедено дека судските органи не можат да го решат случајот бидејќи тие работат под силен политички притисок. Селмани објасни дека според македонските закони, Јавниот обвинител во секое време може да побара од судот да ја укине мерката притвор затоа што нема потреба за тоа или затворскиот притвор да го замени со некоја друга помека мерка, како што е домашниот притвор. Селмани рече дека ЗНМ побара помош од премиерот Груевски за Кежаровски затоа што е убедено дека тој


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

АМБАСАДОР

притвор за Кежаровски

може да влијае на одлуките на Обвинителот и на судовите да се ослободи новинарот. Амбасадорот Ивон се интересираше и за ставовите на ЗНМ во врска со медиумските закони, кои се во собраниска процедура. Селмани објасни дека позициите на ЗНМ не се само желби на новинарите, туку тие се градат врз основа на постојните европски стандардите за слобода на изразување што ги има воспоставено Советот на Европа. Освен тоа, истите забелешки на ЗНМ за законите ги имаат и експертите на Советот на Европа и ОБСЕ, кои ги анализираа законите, потсети Селмани.

Амбасадорот Ивон се согласи дека има разни коментари за законите и ги охрабри претставниците на ЗНМ да не ја испуштат можноста да се вклучат во дебтата за законите и да се обидат да најдат начин да работат на враќање на довербата со владата со цел да може да се обнови комуникацијата и законите да се корегираат согласно барањата на новинарите. Тој потсети дека Европската унија и Еврокомесарот Штефан Филе постојано пренесуваат пораки до владата дека медиумските закони треба да бидат донесени во консултација со новинарите и дека нивните забелешки треба сериозно да се разгледат.

33


ЗНМ СЕ СРЕТНАА СО ЗАМЕНИК АМАБАСАДОРОТ НА САД ВО СКОПЈЕ

Oпции за корекција на медиумските закони

П

34

ретстедателот на ЗНМ Насер Селмани и Извршниот директор, Драган Секуловски кон средината на октомври се сретнаа со заменик американскиот амбасадор во Скопје, Берт Путни, со кого разговара за случувањата околу донесување на медиумските закони. Претстеателот на ЗНМ Насер Селмани објасни дека Здружението го условува дијалогот со владата со повлекување на медиумските закони и со аболицира на новинарот Томислав Кежаровски. Селмани рече дека без повлекување на законите нема да биде можна нивната корекција ако се има предвид дека тие се во напредна фаза во собраниска процедура. Според Селмани, аболицијата на Кежаровски, ќе демострира подготвеност на власта да го менува непријателскиот однос кон новинарите и слободата на медиумите и ќе се врати изгубената доверба. Заменик амбасадорот Путни рече дека тие ги разбираат барањата на ЗНМ и се обидуваат да ја пренесат порака до владата дека за медиумските закони важно е да се постигне договор со новинарите, но дека досега владата не покажала подготвеност да ги повлече законите од собраниска процедура и да го оболираат Кежаровски. Тој сугерираше ЗНМ да го прошири кругот на консултации со сите можни актери во власта, кои можат да влијат на менување на позициите. Според него, Здружението треба да се фокусира на клучни забелешки за законите и тие јасно да ги артикулира.

Претстеателот на ЗНМ Насер Селмани на американскиот дипломат му објасни дека дијалогот со владата е можен само ако се повлечат медиумските закони и се аболира новинарот Томислав Кежаровски Селмани објасни дека ЗНМ има јасни забелешки, но дека најзагрижувачко е што во новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги владата ќе има можност со пари од буџетот да ја финансира продукцијата за играна и документарна програма на приватните национални телевизии. Тој изрази соменж дека со тоа ќе се отвори уште една можност за владата, освен владините реклами, преку јавни фондови да влијае на уредувачката политика на медиумите.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

СРЕДБА СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ВО СКОПЈЕ

Подршка за зајакнување на капацитетите на ЗНМ

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани посебно се збалагодари на холандската амбасадорка Марија Шурман, за нивната експертска помош за медиумските закони Претставници на Здружението на новинарите на Македонија, кон крајот на септември се сретнаа со холаднската амбасадорка во Скопје, Марија Шурман, со која разговараа за соработката меѓу ЗНМ и Холандската амбасада во промивирањето на слободата на изразувањето и заштитата на новинарите. Од двете страни беше изразено задоволство од досегашната соработка и се изрази подготвеност заедно да се работи и во иднина. Беше потенцирано улогата на двајцата холандски конуслтанти, кои во изминатиот двегодишен период им помогна на раководството на ЗНМ за стратешко позиционирање за актуелни прашања од интерес за заедницата како и за обука на новинарите. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани посебно се заблагодари на холандската амбасадорка за ангажирање од нивна страна на британскиот експерт Петер Норландер, кој за потребите на ЗНМ направи експертска анализа за двата медиумски закони. Селмани рече дека експертизата на Норландер беше прва анализа пред објавување на екпертизите на Советот на Европа и ОБСЕ. Анализата на Норландер беше многу корисна за ЗНМ, кое служеше како добра основа за градење на ставови кон законите за медиуми, подвлече Селмани. Тој, исто така се заблагодари за ангажманот на холандскиот амбасадорка Шурман, која како еден од најактивните дипломати во Скопје, помогнаа да се одложи рокот за дебатата за медиумските закони за три месеци. Првичната намера на владата беше законите

да ги усвои во април 2013 година во рок д еден месец без да се побара експертиза од Советот на Европа и ОБСЕ и без да се даде доволно време на новинарите да ги разгледаат законите и да дадат забелешки. Селмани кратко ги изнесе забелешките на ЗНМ за законите и предупреди дека ако тие се донесат во предложената форма може негативно да се одрази врз слободата на изразвањето во текот на имплементацијата. Амбасадорката Шурман изрази разбирање за позициите на ЗНМ во врска со медиумските закони и за случајот на новинарот Томислав Кежаровски и објасни дека меѓунардниот фактор јасно пренел порака до владата да го одложи донесувањето на законите до декемврискиот самит на Европскиот совет и дека нема потреба да се брза со донесување на законите. Шурман рече дека земјите на Европската унија се обидуваат да и објаснат на владата да не вгради лоши практики во медиумските закони, кои во иднина можат да се одразат негатвино на демократијата во земјата. Таа сугерираше ЗНМ да се фокусира на најбитните делови на законот, а меѓународниот фактор ќе го искористи нивното влијание да ја убеди владата да ги разгледа сериозно овие забелешки на новинарите. Двете страни се согласија блиску до соработуваат со цел Македонија да има медиумско законодавство, кое ќе гарантира слободата на изразување и слободата на медиуми и ќе и помогне на земјата побрзо да се интегрира во ЕУ.

35


ЗНМ учествува на Седмиот форум на медиумите од југоисточна Европа

36

Околу 200 учесници се собраа во Сараево на 7-8 октомври 2013 на Седмиот форум на медиумите од југоисточна Европа( SEEMF ), најголемиот медиумски настан во Југоисточна Европа. Форумот беше организиран од страна на Европата Медиумската организација на Југоисточна Европа ( СЕЕМО ), во соработка со Централната европска иницијатива (ЦЕИ) фондацијатаКонрадАденауерШтифтунг (КАС) . Овогодинешниот настан беше на тема „Новинарството во Југоисточна Европа: монополи, бизнис модели и борбата за квалитет“. Понатаму теми на панели и дискусии беа транспарентноста на пазарите на медиумите и медиумскиот плурализам во регионот. Еден од панелистите беше Драган Секуловски, Директор на ЗНМ кој го претставуваше Здружението на овој регионален настан. Форумот беше отворен од страна на Жељко Комшиќ, Претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, кој , исто така, одржа јавно интервју со неколку познати новинари. Дел од дискутантите беа и Дуња Мијатовиќ, Претставник за слобода на медиуми на ОБСЕ, и АндрисКестерис , Главен советник за граѓанско општество и медиуми при ЕК од Генералниот директорат за проширување.Мијатович во својот говор со загриженост го нотираше и случајот за Томислав Кежаровски кој е првиот новинар

притворен за новинарски текст во овој дел на Европа. МаргитВаестфелт, Амбасадорна Централната европска иницијатива, истакна посветеност за унапредување на слободата на изразување и медиумскиот плурализам , и стремеж кон поголема транспарентност и независност. Поточно, таа потврди дека ЦЕИ уште повеќе ќе ја прошири својата акција , особено за поддршка на своите земји кои не се членки на ЕУ, со цел да се приближат до стандардите на ЕУ во однос на законодавството за медиуми , дигитализацијата , јавниот радиодифузен сервис , слободното движење на новинарите и квалитетно новинарство.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЗНМ организира настан на тема „Саморегулација на информативните веб портали“

Н

а 10 септември 2013 во Клубот на новинари ЗНМ организираше работен состанок на тема „Саморегулација на информативните веб портали“ на која присуствуваа петнаесетина претставници на влијателни информативни веб портали, членови на ЗНМ, на МИМ, Новинарскиот синдикат и Фондацијата Метаморфозис. Земајќи го во предвид се поголемото влијание на информативните веб портали како и трендот влијателните портали од регионот да бидат дел од функционалните веб саморегулативни тела заедно со другите видови медиуми, важно беше да се одржи ваков настан. Присутните разговараа за кои се евентуалните придобивки на саморегулацијата за веб порталите наспроти законско решение но и за мерките кои треба да се преземат со цел да се забрза процесот. Состанокот е дел од три-годишниот Стратешки план на ЗНМ каде саморегулацијата во медиумите е една од приоритетните точки на која интензивно се работи во последните две ипол години. Во изминатиот период беа спроведени повеќе настани и широки консултации во Скопје и шесте регионални центри на ЗНМ со учество на над 300 новинари, уредници и сопственици на национални, регионални и локални традиционални електронски и печатени медиуми.

37


Оваа публикација беше овозможенa во рамките на програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на ЦИРа и SDC

Bilten znm sep okt 2013  

Билтен на ЗНМ септември - октомври 2013

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you