BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

Page 20

висен и стабилен извор на финанисирање. „Ако преовладува ставот дека главен извор на финансирање треба да биде радиодифузната такса, тогаш потребно е да се предвидат механизми со кои ќе се гарантира целосна наплата на истата“, стои во забелешките на Здружението. Освен тоа, се предлага комбиниран систем на финансирање преку радиодифузна такса и од буџетот на РМ. Собранискиот канал, според ЗНМ, треба да биде под контрола на Собранието. Тоа значи дека за финансирањето на каналот и уредувачката политика е одговорно Собранието. Во Нацрт-стратегијата отсуствува потребата за законско регулирање на владините кампањи во медиумите. Затоа, ЗНМ инсистира средствата за таа намена да бидат транспарентно назначени во буџетот на државата и да се утврдат неутрални и јасни критериуми за начинот на распределба на кампањите во

20

медиумите. „Без законско регулирање на овие кампањи и се остава простор на Владата да влијае врз медиумскиот пазар и да ја поткопува независноста на уредувачката политика во медиумите“, стои во коментарите на ЗНМ. Здружението се согласува со оценката на СРД дека комерцијалните медиуми не обезбедуваат приходи од продажба на сопствена програма, но смета дека во стратегијата треба јасно да се истакне дека медиумскиот систем во Македонија е презаситен и неодржлив. „Една од мерките за подобрување на програмската понуда треба да биде и преку збогатување на форматот и модернизација со опрема. Советот треба да се залага со дел од радиодифузната такса или од посебни фондови да се финансираат програми од јавен интерес во комерцијалните медиуми“, предлага

ЗНМ. Здружението нуди и мерки за заштита на медиумскиот пазар од нелојална конкуренција од најмоќните радиодифузери преку дампинг цени на рекламирањето, кои предизвикуваат негативни последици по останатите субјекти. Советот треба да ги открие и да ги санкционира ваквите појави, дури да може да изрекува ригорозни мерки кога ќе утврди такво нешто. „Нужно е СРД да го штити медиумскиот пазар, без што не може да има слободни и независни медиуми“, заклучува ЗНМ. Во врска со говорот на омраза еснафското здружение смета дека тоа прашање не може да се реши само преку саморегулација, туку треба да се регулира со закон преку утврдување кривична одговорност согласно европските стандарди. „СРД потребно е да се заложи за усвојување на такво законодавство“, смета ЗНМ. Точна е проценката дека има ниско ниво на почитување на професионалните стандарди во медиумите, но СРД не објаснува кои се причините и изворот на таа појава. Решение за тоа е саморегулација во медиумите, за која активно работи Здружението на новинарите заедно со уредниците и сопствениците на медиумите. Предвидено е до крајот на 2013 да се формира совет за етика кој ќе ја зајакне примената на професионалните стандарди и етиката во медиумите. ЗНМ смета дека во стратегијата треба да се предвидат мерки со кои ќе се намали политичкото влијание врз медиумите, бидејќи само така тие ќе придонесат кон развојот на политичкиот плурализам, преку продукција на непристрасни вести и ќе пренесуваат разновидни ставови. Една од мерките е утврдувањето на јасни законски критериуми за распределба на владините кампањи, како и укинувањето на законската можност медиумите да донираат за изборните кампањи на политичките партии. Според ЗНМ, таквата законска можност е извор на корупција меѓу политиката и медиумите. Добро е што СРД детектира дека во медиумскиот простор постојат медиуми со скриена медиумска поврзаност, но не веруваме дека таа состојба ќе се надмине само со прецизирањето на Меморандумот за соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата. Потребно е Советот да бара јасни законски ингеренции во соработка со други институции да ги открие и санкционира ваквите појави.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.