Page 1

БИЛТЕН БРОЈ 10

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


ДЕБАТАТА ЗА НОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО ПОСЛЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Дијалог по расчис на инцидентот соно ЗНМ ќе се воздржи од какви било разговори со владините претставници за новото законодавство за медиумите, се додека институциите не го расчистат и не ја утврдат одговорноста за инцидентот од 24 декември со новинарите Izdava: Zdru`enie na novinarite na Makedonija, Gradski yid blok 13, 1000 Skopje; Tel: (+3892) 3298-139; Faks: (+3892) 3116-447, E-mail: contact@znm.org.mk

2

З

дружението на новинарите во изминатите два месеца ги искористи сите домашни правни механизми за расчистување на иницидентот од 24 демември со новинарите во Собранието. Кон крајот на февруари, ЗНМ во својство на правно лице и од името на неколку новинари кои беа инволвирани во инцидентот, поднесе барање до Уставниот суд за заштита на слободата и правото на јавно изразување и мисла. Претходно, Здружението поднесе претставка до Министерството за внатрешни работи, во која се бараше Секторот за внарешна контрола и професионални стандарди да ја утврди одговорноста за исфрлањето на новинарите од собраниското обезбедување и барање до Собранието на Република Македонија во кое бараше објаснување по чија наредба новинарите беа спречени да ја следат седницата за буџетот. Исто така, слична иницијатива беше доставена и до Народниот правобранител Иџет Мехмети. Зависно од одговорот на Уставниот суд, предметот ќе биде проследен до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во овој период ЗНМ имаше интензивна комуникација со претставниците на меѓународниот фактор во Македонија во обид да се расчисти инцидентот во Собранието и да се врати дијалогот со Владата за справување со предизвиците на слобо-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

стувањето овинарите

дата на изразувањето и слободата на медиумите. Во контактите со претставниците на ОБСЕ, на Европската комисија и со претставниците на неколку амбасадори на европски земји во Скопје, беше прифатена аргументацијата на раководството на ЗНМ дека дијалогот може да продолжи штом одговорните институции ќе го расчистат инцидентот од 24 декември и ќе ја утврдат одговорноста на оној што наредил без никаква правна основа да се спречат новинарите во извршувањето на нивните професионални обврски. Освен тоа, претставниците на ЗНМ, во овој период сугеририраа дека за нив не е прифатливо да се отвори каква било дебата за намерата на Владата да усвои ново законодавство за медиуми пред да се расчисти иницидентот со новинарите. Исто така, беше побарано таа расправа да се одложи после локалните избори, откако Анкетната комисија, формирана под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, ќе го предаде извештајот за случувањата во Собранието. Прв аргумент за одлагање на дебатата за новото законодавство после изборите беше дека ЗНМ не може да учестува во расправата без да се расчисти инцидентот во Собранието. Второ, дека таква дебата пред локалните избори во тек на изборна кампања ќе биде контрапродуктивна поради високиот ризик таа да се политизира, и трето, дека времето е прекратко за да може Здружението да организира јавна дебата со членството и со сите заинтересирани страни. На крај, позицијата на ЗНМ во врска со дијалогот и новото законодавство е дека ние сме подготвени да се вратиме на дијалогот откако ќе се расчисти инцидентот. Расправата за новото законодавство да се одвива во рамките на Работната група составена од претставници на Владата и на ЗНМ. После локалните избори Министерството за јавна администрација и информатичко општество може да го објави концептот на новиот закон, а ЗНМ, додека не се објави извештајот на Анкетната комисија, ќе се воздржи од директни контакти со владините претставници за концептот, но ќе има интерни комуникации со членството и новинарите. По објавувањето на извештајот и откако ќе се утврди одговорноста за иницидентите, претставниците на ЗНМ ќе се вратат на дијалогот во рамките на Работната група. На првата средба, Здружението ќе ги претстави забелешките на новинарите за концептот на новото законодатвство и откако ќе се постигне согласност за потребата за донесување на таков закон, тој може да помине на Влада и ќе се проследи во собраниска процедура, по што ќе следува јавна дебата со сите заинтересирани страни.

3


ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА ИНЦИДЕНТОТ

Санино во ЗНМ за инцид

Г

4

енералниот директор за проширување на Европската комисија Стефано Санино, заедно со своите соработници, кон средината на јануари во Скопје, се сретна со претставници на Здружението на новинарите на Македонија, при што се разговараше за инцидентот со новинарите во Собранието и за начините за расветлување на инцидентот и за нормализација на односите. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги објасни околностите во кои се случи инцидентот со новинарите и го повтори ставот на Управниот одбор дека за надминување на оваа ситуација потребно е надлежните институции да го расветлат инцидентот и одговорните лица да понесат одговорност. Тоа ќе покаже дека Уставот не е само декор, дека институциите

Заеднички беше заклучено дека надлежните институции ќе најдат начин да го расветлат случајот и ќе ја утврдат одговорноста за исфрлањето на новинарите од собраниската галерија


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ОД 24 ДЕКЕМВРИ

дентот со новинарите функционираат и дека попречувањето на работата на новинарите не се толерира. „Понесувањето на одговорноста е најдобра превенција за слични инциденти во иднина”, рече Селмани. За ЗНМ не е битна формата како институциите ќе го расветлат инцидентот, битно е декларативното изразување на жалење од страна на државниот врв да биде проследено со конкретни чекори за утврдување на одговорноста. Според Селмани, разочарувачки ќе биде ако нема политичка волја да се расветли инцидентот и со тоа ќе се компромитира една инцијатива која имаше за цел на европски начин, низ дијалог да се решаваат прашањата на медиумите. Генералниот директор за проширување на Ев-

ропската комисија Стефано Санино изрази надеж дека ситуацијата ќе се надмине брзо и ЗНМ, како важен чинител во овој процес, ќе се врати на разговорите со Владата и ќе учествува во решавањето на идните предизвици во медиумскиот простор.Санино верува дека за надминување на сегашната ситуација ќе биде потребна политичка волја од надлежните институции, кои ќе најдат начин да го расветлат инцидентот и да ја утврдат одговорноста. Беше заклучено дека консултациите помеѓу ЗНМ и Европската комисија ќе продолжат во интерес на надминување на сегашната ситуација и за продолжување на европската агенда за унапредување на слободата на изразувањето во Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ.

5


ОБСЕ ЗАГРИЖЕНА ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО НОВИНАРИТЕ

Брет нуди помош за враќање на дијалогот Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет е подготвен, заедно со специјалниот претставник за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ, да помогнат да се врати дијалогот за решавање на предизвиците со слободата на изразувањето

П

6

ретставници на Здружението на новинарите на Македонија во почетокот на февруари во Скопје се сретнаа со амбасадорот на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа Ралф Брет, кој покажа посебен интерес за инцидентот во Собранието, каде што на 24 декември тие беа спречени да ја следат седницата за буџетот. Се разговараше и за напорите за расветлување на овој инцидент, со цел да се создават предуслови за продолжување на дијалогот со Владата за решавање на постојните проблеми со слободата на изразувањето и на медиумите. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани го информираше амбасадорот Брет за околностите на инцидентот во Собранието и го повтори ставот на Управниот одбор на ЗНМ дека за да се нормализираат односите потребно е да се сноси одговорност за инцидентот. Со тоа македонските институции ќе демонстрираат политичка волја да го расветлат инцидентот и заложба дека слични инциденти во иднина нема да се толерираат. Освен тоа, институциите со ваквиот сериозен пристап ќе покажат дека имаат капацитет да се справат со вакви предизвици и ќе покажат демократска зрелост. Амбасадорот Брет изрази загриженост за ин-

цидентот со новинарите во Собранието и искажа спремност заедно со специјалниот претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ, да направат се што е во нивна моќ за да помогнат за решавање на проблемите. Соговорниците разговраа и за последниот извештај на Репортери без граници, каде Македонија бележи пад за 22 места. Двете страни се согласија дека се потребни брзи и енергични мерки од владините институции за брзо надминување на проблемите, за да се подобрат условите за работа на новинарите и на медиумите. Претставниците на ЗНМ ги информираа претставниците на ОБСЕ и за активностите на Здружението за саморегулацијата во медиумите, за што амбасадорот Брет изрази подготвеност да го помогне процесот. Тој рече дека ОБСЕ силно го поддржува тој процес, како многу битен за слободата на изразувањето и за почитување на професионалните стандарди и етика во новинарството. Беше разговарано и за актуелни прашања во сферата на медумите и на новинарите во пресрет на локалните избори, а беше изразена и подготвеност од двете страни да продолжи досегашната добра соработка за справување со идните предизвици.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЕВРОПСКИ АМБАСАДОРИ НА СРЕДБА ВО ЗНМ

Европски дипломати заинтересирани за состојбата со медиумите

В

о првите два месеца од годинава, европски дипломати во Скопје покажаа интерес да се сретнат со претставници на Здружението на новинарите на Македонија. Одвоени средби раководството на ЗНМ имаше со амбасадорот на Холандија во Скопје Мирјам Шруман, со амбасадорот на Кралството Белгија во Република Бугарија Аник ван Калстер, со првиот секретар на британската амбасада во Скопје Кристин Винтербурн и со првиот советник на шведскиот амбасадор во Скопје Аша Петерсон. Во фокусот на разговороите беше последниот инцидент со новинарите во Собранието и воопшто состојата со слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија. Амбасадорот Шруман изрази загриженост за инцидентот со новинарите и воопшто за политичка-

Холаднскиот амбасадор во Скопје Мирјам Шруман и белгискиот амбасадор во Софија Аник ван Калстер, на средбата со претставници на ЗНМ, се интересираа за инцидентот со новинарите и за слободата на медиумите во Македонија

7


та криза во Македонија, која, ако не се надмине, може сериозно да ги загрози евроатлантските перспективи на Македонија. Шруман покажа разбирање за ставовите на ЗНМ во врска со инцидентот со новинарите, како и за пристапот на Здружението за расветлување на случајот, како предуслов за нормализација на односите и за продолжување на дијалогот, како европски начин за справување со предизвиците. Шруман покажа посебен интерес за законот за медиуми најавен од Владата. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека дебатата за законот треба да се одложи за после локалните избори, откако владините институции ќе го расчистат и ќе ја утврдат одговорноста за инцидентот со новинарите.

8

Беше разговарано и за извештајот на Репортери без граници, кој, според претставниците на ЗНМ, е објективен. Селмани рече дека лошиот имиџ на Македонија во светот во врска со слободата на изразувањето и на медиумите може да се поправи со храбри и брзи чекори од владините институции и без импровизации. Двете страни изразија задоволство од досегашната плодна соработка и се заложија во иднина да продолжи во обостран интерес. Претставниците на ЗНМ изразија благодарност за силната поддршка на холандската амбасада во остварување на целите на Здружението преку обезбедување техничка и експертска помош. Холандската амбасада како поддржувач и партнер на ЗНМ и во иднина ќе продолжи да се координира со останатите претставници на странските дипломатски претставништва и со институциите по прашањата кои се битни за новинарите и медиумите. На средбата со белгискиот амбасадор Калстер, претседателот Селмани информаираше за последните инциденти со новинарите, инсистирањето на ЗНМ да се расветли тоа и некој да понесе одговорност, како и за напорите на Здружението за зајакнување на слободата на медиумите. Освен тоа, двајцата соговорници разговараа и за причините за влошувањето на состојбата со слободата на изразувањето во Македонија, како и за начините за надминување на таа неповолна состојба. На одвоените средби со првиот секретар на британската амбасада Кристин Винтербурн и со советникот на шведскиот амбасадор Петерсон, директорот на ЗНМ Драган Секуловски зборуваше за актуелни прашања во медиумската сфера, како и за целите на ЗНМ предвидени во програмата за работа за 2013 година. Тие беа информирани и за акцискиот план за подобрување на состојбата со медиумите, подобрувањето на медиумското законодавство, владините кампањи, реформата на МРТВ и унапредувањето на професионалните стандарди. Во врска со последните случувања во медиумската заедница, соговорниците се согласија дека е потребно институциите да покажат одговорност и да пристапат кон решавање на проблемите, бидејќи тие негативно се одразуваат врз демократскиот развој на земјата и нејзиниот углед во светот. Претставниците на шведската амбасада во Скопје покажаа интерес активно и координирано да учествуваат во следењето на состојбата на медиумите и решавање на проблемите. Беа разгледани и можностите за конкретна соработка помеѓу ЗНМ и амбасадата за реализиација на некоја од целите на ЗНМ за оваа година.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЗНМ на средба со Ричард Ховит

Д

иректорот на ЗНМ Драган Секуловски, кон средината на февруари во Скопје, учествуваше на состанокот што новинарските и медиумските организации го имаа со Ричард Ховит, известувачот за Македонија за Европскиот парламент. Освен директорот Секуловски, на средбата присуствуваа и претставници на МИМ, ССНМ, МДЦ, МТВ и на СРД. Целта на средбата беше Ховит од релевантни организации да се информира за состојбата со слободата на медиумите во Македонија, коишто ќе му помогнат да го изготви извештајот пред Европскиот парламент за вкупната состојба во Македонија. Учесниците на состанокот ги презентираа своите ставови за проблемите на новинарите и медиумите и предлагаа решенија за нивно надминување. Ховит беше запознаен во детали и за инцидентот од 24 декември во Собранието, каде што новинарите беа исфрлени од собраниската галерија. Директорот Секуловски го повтори ставот на ЗНМ дека дијалогот со Владата може да продолжи откако институциите ќе го расветлат и ќе утврдат

одговорност за инцидентот. Во ЗНМ нема дилема дека сите предизвици со слободата на медиумите треба да се решат низ дијалог, но дека во текот на дијалогот нема да се толерира какво било прекршување на слободата на изразувањето. Секуловски потенцира дека е потребно сите страни да се однесуваат одговорно со цел да се врати довербата. На средбата беше разговарано и за Извештајот на Репортери без граници, каде Македонија забележува пад од 22 места во споредба со претходната година.Учесниците истакнаа дека треба сериозно да се работи во иднина на подобрување на условите за работа на новинарите со цел овозможување поголема слобода на медиумите. Посебна тема на разговор беше и Акцискиот план за подобрување на состојбата во медиумите, каде што се дефинирани јасни мерки, како што се подобрување на медиумската легислатива, реформа на МТВ, владините кампањи и подобрување на професионалните стандарди и етика во новинарството, за што придонесува ЗНМ.

9


ЗНМ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ИНЦИДЕНТОТ

Се бара заштита што н беа спречени да извес

З

10

дружението на новнарите на Македонија, кон крајот на февруари, до Уставниот суд поднесе барање за заштита на слободата и правото на јавно изразување и мисла во врска со инцидентот со новинарите во Собранието. Во барањето, изготвено од правниот тим на ЗНМ, се бара Уставниот суд да одржи јавна седница и врз основа на позитивните прописи да утврди дека со актот за исфрлање на новинарите од собраниската галерија е сторена повреда на слободата на изразувањето и истата да ја укине. Правниот тим смета дека Уставниот суд има надлежност да ги штити индивидуалните права и слободи на граѓаните согласно членот 110 од Уставот на Република Македонија и членот 51 од Деловникот на Уставниот суд. Во апликацијата се аргументира дека со насилното исфрлање на новинарите од галеријата е прекршен членот 16 од Уставот на Македонија и членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Уставот ја гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, како и слободата на основање институции за јавно информирање, а

ЗНМ бара од Уставниот суд да утврди дека со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија е повредена слободата на изразувањето, гарантирана со Уставот на РМ и Европската конвенција за човекови права

Европската конвенција гарантира дека секој има право на слобода на изразување, што вклучува слобода на сопствено мислење и примање и пренесување на информации и идеи, без какво било мешање на јавната власт. Во прилог на барањето, тимот цитира уште четири пресуди од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, во кои се потврдува дека улогата на медиумите како куче чувар во јавноста е витална за демо-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ОД 24 ДЕКЕМВРИ

новинарите овинарите стуваат кратскиот политички процес. Со две други пресуди Судот ја истакнува и функцијата на медиумите како заштитник на демократијата во однос на правото на јавноста да добива информации и идеи од јавен интерес. Според барањето, интервенцијата на државата во конкретниот случај со инцидентот со новинарите не исполнува ниту еден од условите предвидени во Европската конвенција, ограничувањето да е предвидено со закон, да е неопходно во едно демократско општество и да има за цел да заштити точно определени вредности. Правниот тим го отфрла аргументот дека одлуката за отстранување на новинарите од галеријата била донесена врз основа на членот 43 од Законот за Собранието, во кој се уредува одржувањето на редот во собраниската зграда. Интервенцијата на собраниското обезбедување не може да се оправда, бидејќи новнарите во ниту еден момент не го нарушија редот во галеријата. Освен тоа, интервенцијата е во спротивност и со одредбите на Деловникот на Собранието и со Уставот, во кои се обезбедува јавност на седниците на Собранието. Во чле-

нот 77 од Уставот јасно е прецизирано во кој случај може да се исклучи јавноста од седниците. За тоа е потребна одлука на Собранието, за која ќе гласаат две третини од пратениците. Поради сите овие причини правниот тим заклучува дека интервенцијата на државата во конкретниот случај не го задоволува тестот на неопходност и пропорционалност во едно демократско општество. Освен аргументацијата, во апликацијата во детали се опишува инцидентот во Собранието, користењето на физичка сила за исфрлање на новинарите од галеријата без да добијат какво било објаснување. Со тоа новинарите беа спречени да ја извршат својата професионална должност, да известуваат од овој настан, за кој постоеше огромен јавен интерес. Во дел од барањето се пренесуваат и наводи од одговорите на Министерството за внатрешни работи и на Собранието на Република Македонија. Исто така, се напоменува дека целиот државен врв, тргнувајќи од Претседателот на државата, премиерот и спикерот на Собранието, изразиле жалење за инцидентот со новинарите.

11


NARODNIOT PRAVOBRANITEL NENADLE@EN ZA BRKAWETO NA NOVINARITE OD SOBRANISKATA GАLЕRIJA

Mehmeti nemo}en protiv Sobranieto

N

12

arodniot pravobranitel Ixet Mehmeti se proglasi za nenadle`en da postapuva po pretstavkata na Zdru`enieto na novinarite na Makedonija zaradi spre~uvaweto na novinarite da ja sledat sednicata za buxetot, so {to bea povredeni ustavnite i zakonskite prava na novinarite za sloboda na izrazuvawe i informirawe. Sobraniskoto obezbeduvawe na 24 dekemvri bez nikakvvo objasnuvawe nasilno gi isfrli od sobraniskata galerija sobraniskite izvestuvaчи, so {to vovede cenzura na sledewe i prenesuvawe na informacii. Narodniot prаvobranitel Mehmeti vakvata odluka deka e nenadle`en ja bazira врз Ustavot na Republika Makedonija, Zakonot za Narоdniot prаvobranitel i Zakonot za Sobranieто. Vo ~lenot 77 od Ustavot i ~lenot 2 od Зakonot za Narodniot pravobranitel, vo koi se definiraат negovite nadle`nosti, stoi deka Pravobranitelot gi {titi ustavnite i zakonskite prava na gra|anite koga im se povredeni so akti, dejstva i propu{tawa na dejstvа od organite na dr`avnata uprava i od drugi organi i organizacii {to imaat javni ovlastuvawa. Osven toa, Narodniot pravobranitel ima obvrska da spre~uva diskriminacija i da se zalaga za pravi~na zastapenost na etni~kite zaednici vo organite na dr`avnata vlast, op{tinite i

Narodniot pravobranitel veli deka ima nadle`nost da gi {titi ustavnite i zakonskite prava na gra|anite koga im se povredeni od organite na dr`avnata uprava, no ne i od Sobranieto

javnite ustanovi i slu`bi. Vo pismeniot dopis Narodniot pravobranitel tvrdi deka se proglasil za nenadle`en da postapuva po pretstavkata na ZNM zatoa {to odlukata za isfrlawe na novinarite od galerijata e donesena od spikerot na Sobranieto povikuvaj}i se na ~lenot 43 od Зakonot za Sobranieто. Spored toa, Narodniot pravobranitel ne mo`el da postapuva protiv organot {to go izbira. Mehmeti za incidentot baral objasnuvawe i od Ministerstvoto za vnatre{ni работи, od kade dobil odgovor deka merkata bila prezemena “zaradi odrжuvawe na redot vo Sobranieto, pri шto od novinarite bilo pobarano da ja napuшtat galerijata i sednicata da ja sledat od pres- centarot”. Vo dopisot Нarodniot pravobranitel ja povtoruva negovata reakcija za incidentot so novinarite, vo koјa toj izrazil zagri`enost za nastanot. “Slobodata na informiraweto e fundament na sekoe demokrаtsko opшtestvo bez што ne mo`e da ima napredok. Пrеkrшuvaweto na toa pravo ne moжe da bide vо interes na gra|anite i op{testvoto”, stoi vo dopisot. Mehmeti smetal deka novinarite ne smeat da se popre~at vo vr{eweto na svojata profesijа i deka treba da im se ovozmo`i sloboden pristap do informaciite so cel objektivno da ja informiraat javnosta.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ГО ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ ВО СВЕТОТ

Последни сме на Балканот по слобода на медиумите Репортери без граници, кон крајот на јануари, го објави индексот за слободата на медиумите во светот за 2012 година, во кој Македонија е рангирана на 116. место, што споредено со претходната година забележува пад од 22 места. „Здружението на новинарите на Македонија со жалење констатира дека оваа оценка реално ги отсликува состојбите во македонските медиуми. Идентично видување на состојбите има и ЗНМ за што постојано сме алармирале изминатата година“, реагираше ЗНМ по објавувањето на извештајот. Според ЗНМ, загрижувачки е фактот што Македонија во индексот е најниско рангирана по слободата на медиумите од сите земји на Балканот. „Во извештајот Македонија посебно се споменува во негативен контекст како земја која забележала пад од 22 места поради арбитрарното одземање на дозволи за работа на медиуми и поради влошување на условите за работа на новинарите“, стоеше во реакцијата на Здружението. За споредба, Македонија во рангирањето се наоѓа под Нигерија и пред Венецуела. Само четири европски земји-Украина, Русија, Турција и Белорусија, се подолу рангирани од Македонија. Здружението потсети дека само пред четири години Македонија беше на високото 34. место на оваа листа на Репортери без граници.

ЗНМ годишниот извештај на РБГ, во кој Македонија бележи пад од 22 места, го оцени како објективен поради арбитрарно одземање на дозволи за работа на медиуми и влошување на условите за работа на новинарите „Крајно време е владините институции, но и политичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите. Потребна е силна политичка волја да се ослободи просторот за да можат медиумите да ја остварат мисијата што ја имаат во секое демократско општество како ‘watchdog‘ и како отворена платформа за дебата за прашања од јавен интерес“, оцени ЗНМ. Освен тоа, во реакцијата на ЗНМ се потенцира дека лошиот имиџ во светот за слободата на медиумите во Македонија нема да се смени се додека Владата и политичките партии ги третираат медиумите како средство за манипулација со јавноста и како средство за политичка пресметка со противниците.

13


ПРОДОЛЖУВААТ КОНСУЛТАЦИИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА СОВЕТОТ З

Новинарите за поголема етика во медиумите

З

14

дружението на новинарите на Македонија и Македонскиот иститут за медиуми, во текот на јануари и февруари, ги продолжија консултациите со новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите за потребата од воспоставување механизам за саморегулација во медиумите, со кој ќе се зајакне примената на професионалните стандарди и етиката во медиумите. Во рамките на овие консултации, Работната група за саморегулација, составена од претставници на ЗНМ, МИМ и медиумски експерти, се сретна со сопствениците, менаџерите и уредниците на неколку национални медиуми во Скопје, како и со сопствениците на највлијателните медиуми од локалните медиуми и новинарите од Регионалниот центар во Куманово. На овие средби со новинари, уредници и со претставници на сопствениците на медиуми, уште еднаш беше потврдена поддршката за саморегулација преку која ќе се врати довербата на граѓаните во медиумите. Освен тоа, на овие состаноци беа истакнати и придобивките од овој систем, кој со години се применува во медиумите од земјите-членки на ЕУ и во сите земји од балканскиот регион. На средбата со сопствениците и менаџерите на Медиа Принт Македонија, на која присуствуваа и главните и одговорните уредници на трите дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, беше изразена подготвеност активно да учествуваат во про-

Во пoследните два месеца, Работната група за саморегулација се сретна со менаџментот на неколку национални медиуми од Скопје, меѓу кои и со менаџментот на МПМ и на МРТВ, кои ја потврдија поддршката за формирање тело за саморегулација во медиумите цесот на формирање на македонскиот совет за етика во медиумите. Претседателот на Управниот одбор на МПМ д-р Срѓан Керим истакна дека за нивната компанија саморегулацијата не е новина затоа што тие со години имаат воспоставено внатрешни механизми на саморегулација. Идејата за саморегулација има силна поддршка и од македонскиот јавен сервис, Македонската радиотелвизија, кој треба да биде столб на македонскиот медиумски систем и пример за воспоставување и примена на високи професионални и етички стандарди. На средбата со директорот Марјан Цветковски и неговиот заменик Харум Ибрахими и со сите одговиорни уредници на телевизијата и радиото, беше изразена сестрана поддршка за намерата на Здру-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Т ЗА ЕТИКА

жението за формирање на совет за етика во кој со свои претставници ќе учествува и јавниот сервис. Директорот Цветковски ги запозна претставниците на Работната група за саморегулација дека подготвуваат етички кодекст за новинарите на МРТВ, кој е комплементарен со саморегулацијата на ниво на македонски медиуми. Претставниците на ЗНМ се заблагодарија на поддршката за воспоставување на систем на медиумска саморегулација, кој воспоставува професионални и етички стандарди, без кои не може да се замисли слободата на медиумите. Освен тоа, ЗНМ и дава силна поддршка на МРТВ во напорите да се издигне во вистински јавен сервис на граѓаните. Во овој период Работната група се сретна и со менаџментот на националните телевизии Алфа и Телма. На одвоените средби со генералниот директор на Алфа Младен Дамев и директорот на Телма Ристо Лазаров, беше повторена поддршката на сопствениците н а двете телевизии за вклучување во систем на саморегулација. Иста поддршка за саморегулација беше потврдена и на средбите со сопствениците на трите локални телевизии во Куманово, КРТ, Хана и Феста, како и од новинарите од овој регионален центар. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека медиумите и новинарите мора да демонстрираат зрелост и да воспостават систем за саморегулација, бидејќи

слободата на медиумите претпоставува и одговорност за почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството. Според него, ако медиумите и новинарите не се саморегулираат постои голема опасност нивната работа да биде регулирана со закон. Во рамките на консултациите со медиумите за саморегулацијата, претставници на Работната група се сретнаа и со Сашо Митановски, претставник на Здружението на локалните радиодифузери, каде членуваат стотина локални телевизии и радија. На средбата, Митановски изрази подготвеност да уествува во процесот на консултации за формирање на советот. Во месец март Работната група треба да се сретне и со преостанатите национални медиуми од Скопје и со претставниците на медиумите и новинарите од регионалниот центар во Тетово. Процесот на консултации треба да заврши кон крајот на март, а финалната конференција, на која ќе се сумираат резултатите од консултативниот процес и ќе се промовираат нацрт-статутот и правилниците за работа на органите на советот за етика, се очекува да се одржи кон средината на април. На конференцијата треба да се договорат идните активности, пред се, консултациите околу анимирањето на членовите на органите на советот, како и подготвувањето на основачкото собрание, кое треба да се одржи најдоцна до крајот на годината.

15


ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОСОВСКИОТ СОВЕТ ЗА ПЕЧАТ ВО ПОСЕТА НА З

Регионални искуства з во македонските мед

Д

16

елегацијата на Советот за печат на Косово, составена од извршниот директор Нехат Ислами, координаторот за жалби Нора Бехлули и советникот за односи со јавност Керим Ондози, на покана на Здружението на новинарите на Македонија, на 30 и 31 јануари престојуваше во Скопје. Целта на посетата беше размена на искуствата со косовскиот Совет за печат, за подготовките на ЗНМ и партнерот Македонскиот институт за медиуми, за формирање на тело за саморегулација во македонските ??? медиуми на македонски. Во текот на престојот во Скопје, гостите од Косово имаа одделни состаноци со членовите на Работната група за саморегулација, на кои ги споделија нивните искуства околу формирањето и работењето на Советот, кој со помош на ОБСЕ е формиран пред седум години. Овој Совет важи за успешна приказна

Советот за печат на Косово им се става на располагање на ЗНМ и МИМ со нивното искуство и експертиза во напорите да се формира совет за етика во македонските медиуми за саморегулацијата во регионот, кој е поддржан од сите медиумски актери, новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите. Во овие дискусии, директорот Нехат Ислами одговори на многу прашања и дилеми од членовите на


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ЗНМ

за саморегулација иуми македонската Работна група за саморегулација во врска со почетоците на нивниот совет, орагнизационата структура и процедурите за работа, системот на прием и разгледување на жалбите, односот на медиумите кон одлуките на Советот, финансирањето и идните планови за работа. Ислами ја поздрави идејата за формирање совет за етика на медиумите во Македонија, бидејќи нивното искуство говори дека механизмот помага да се зајакне примената на професионалните стандарди и етиката во медиумите и ги штити медиумите и новинарите од разни политички и економски притисоци. Тој изрази подготвеност да се стави на располагање на Работната група со нивните искуства и експертиза, статутот и сите други правилници за да се помогне формирањето на македонскиот совет за етика. Здружението на новинарите на Македонија го

ангажира Ислами како надворешен експерт, со цел да се обезбеди помош со совети и застапеност во процесот на воспоставување механизам за саморегулација на медиумите во Македонија. Посетата беше ораганизирана во рамките на проектот за поддршка на саморегулацијата во медиумите од британската амбасада во Скопје, која се спроведува од ЗНМ и МИМ. Следната посета на косовскиот Совет е предвидена кон крајот на април кога се предвидени средби со македонските новинари и уредници, како и со претставниците на македонските медиуми. Од досегашните напори за воспоставување на систем за саморегулација во медиумите, ЗНМ, освен директни средби со новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите, користело и експертска помош од претставници на босанскиот, норвешкиот и британскиот Прес совет.

17


ЗНМ ГИ ДОДЕЛИ НОВИНАРСКИТЕ НАГРАДИ ЗА 2012 ГОДИНА

24 Вести и Телма наградени за професионализмот на 24 декември

З

18

дружението на новинарите на Македонија на 26 февруари на неговиот 67-ми роденден ги додели наградите за истражувачко новинарство и за едногодишно остварување во печатените и во електронските медиуми за 2012 година, „Јашар Еребара“ и „Крсте Петков Мисирков“. Добитници на наградата „Јашар Еребара“ се телевизиите 24 Вести и Телма поради професионалното известување за инцидентите на 24 декември, а наградата „Крсте Петков Мисирков“ беше доделенa на сите собраниски известувачи заради нивното професионално однесување во текот на тие настани. Членот на Управниот одбор на ЗНМ Тамара Грнчаровска рече дека Комисијата за доделување на наградите годинава, поради инцидентот со новинарите во Собранието, решила овие признанија да ги додели на медиумите и новинарите кои оставија трага како позитивен пример на висок професионализам. Според Грнчаровска, инцидентите покажаа дека новинарите, и покрај притисоците на кои се изложени во секојдневната работа, покажуваат дека се подготвени да ја бранат новинарската кауза. Наградите од името на добитниците ги примија главниот и одговорен уредник на 24 Вести Боби

Христов и директорот на Телма Ристо Лазаров, а од името на собраниските известувачи наградата ја прими искусната новинарка од Македонското радио Мира Костиќ. Одговорниот уредник Христов рече дека наградата посебно им значи затоа што доаѓа од колегите, но дека новинарите на телевизијата не направиле ништо посебно, освен што само си ја вршеле својата професионална обврска да ја информираат јавноста за настаните на 24 декември. И директорот на Телма Ристо Лазаров се заблагодари за наградата и рече дека Телма со години има воспоставено еден новинарски стандард на известување. Колешката Мира Костиќ, која ја прими нагардата за едногодишно остварување во печатените и во електронските медиуми за 2012 година од името на собраниските известувачи, рече дека е почестена што ја прима оваа награда од името на колегите. Костиќ рече дека оваа награда ќе сведочи како позитивен пример за времето низ кое поминувало македонското новинарство. На настанот учествуваа новинари, претставници на новинарски и медиумски организации, како и претставници на дипломатскиот кор, а присутните ги забавуваше и музички бенд. Настанот беше поддржан од Фондацијата Конрад Аденхауер во Македонија.

Наградата за едногодишно остварување во печатените и во електронските медиуми за 2012 година „Крсте Петков Мисирков“ ја добија собраниските известувачи поради отпорот кога беа исфрлени од собраниската галерија


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија СРД СО НАЦРТ-СТРАТЕГИЈА ЗА РАДИОДИФУЗНАТА ДЕЈНОСТ

ЗНМ со решенија за проблемите на радиодифузерите ЗНМ ја пофали намерата на СРД да усвои Стратегија за развој на радиодифузната дејност во следните пет години, но даде коментари во кои ги детектира изворите на проблемите и предлага мерки за нивно надминување

З

дружението на новинарите на Македонија во почетокот на јануари достави забелешки на работната верзија на Стратегијата за развој на радиодифузната дејност во Република Македонија за периодот 2013-2017 година изготвена од Советот за радиодифузија. Во коментарите по Нацрт-стратегијата, ЗНМ ги пофали напорите на СРД да изготви стратегија за развојот на радиодифузниот систем во наредните пет години, но сепак има потреба за појасно дефи-

нирање на проблемите и предлагање конкретни мерки за нивно надминување. ЗНМ даде конретни сугестии за осум прашања содржани во стратегијата, како што се Македонската радиотелевизија и Собранискиот канал, владини кампањи, комерцијалниот сектор, медиумскиот пазар, говорот на омраза, саморегулацијата, плурализам на медиуми и медиумска концентрација. Во врска со МРТВ, ЗНМ смета дека главен проблем на јавниот сервис е обезбедувањето на неза-

19


висен и стабилен извор на финанисирање. „Ако преовладува ставот дека главен извор на финансирање треба да биде радиодифузната такса, тогаш потребно е да се предвидат механизми со кои ќе се гарантира целосна наплата на истата“, стои во забелешките на Здружението. Освен тоа, се предлага комбиниран систем на финансирање преку радиодифузна такса и од буџетот на РМ. Собранискиот канал, според ЗНМ, треба да биде под контрола на Собранието. Тоа значи дека за финансирањето на каналот и уредувачката политика е одговорно Собранието. Во Нацрт-стратегијата отсуствува потребата за законско регулирање на владините кампањи во медиумите. Затоа, ЗНМ инсистира средствата за таа намена да бидат транспарентно назначени во буџетот на државата и да се утврдат неутрални и јасни критериуми за начинот на распределба на кампањите во

20

медиумите. „Без законско регулирање на овие кампањи и се остава простор на Владата да влијае врз медиумскиот пазар и да ја поткопува независноста на уредувачката политика во медиумите“, стои во коментарите на ЗНМ. Здружението се согласува со оценката на СРД дека комерцијалните медиуми не обезбедуваат приходи од продажба на сопствена програма, но смета дека во стратегијата треба јасно да се истакне дека медиумскиот систем во Македонија е презаситен и неодржлив. „Една од мерките за подобрување на програмската понуда треба да биде и преку збогатување на форматот и модернизација со опрема. Советот треба да се залага со дел од радиодифузната такса или од посебни фондови да се финансираат програми од јавен интерес во комерцијалните медиуми“, предлага

ЗНМ. Здружението нуди и мерки за заштита на медиумскиот пазар од нелојална конкуренција од најмоќните радиодифузери преку дампинг цени на рекламирањето, кои предизвикуваат негативни последици по останатите субјекти. Советот треба да ги открие и да ги санкционира ваквите појави, дури да може да изрекува ригорозни мерки кога ќе утврди такво нешто. „Нужно е СРД да го штити медиумскиот пазар, без што не може да има слободни и независни медиуми“, заклучува ЗНМ. Во врска со говорот на омраза еснафското здружение смета дека тоа прашање не може да се реши само преку саморегулација, туку треба да се регулира со закон преку утврдување кривична одговорност согласно европските стандарди. „СРД потребно е да се заложи за усвојување на такво законодавство“, смета ЗНМ. Точна е проценката дека има ниско ниво на почитување на професионалните стандарди во медиумите, но СРД не објаснува кои се причините и изворот на таа појава. Решение за тоа е саморегулација во медиумите, за која активно работи Здружението на новинарите заедно со уредниците и сопствениците на медиумите. Предвидено е до крајот на 2013 да се формира совет за етика кој ќе ја зајакне примената на професионалните стандарди и етиката во медиумите. ЗНМ смета дека во стратегијата треба да се предвидат мерки со кои ќе се намали политичкото влијание врз медиумите, бидејќи само така тие ќе придонесат кон развојот на политичкиот плурализам, преку продукција на непристрасни вести и ќе пренесуваат разновидни ставови. Една од мерките е утврдувањето на јасни законски критериуми за распределба на владините кампањи, како и укинувањето на законската можност медиумите да донираат за изборните кампањи на политичките партии. Според ЗНМ, таквата законска можност е извор на корупција меѓу политиката и медиумите. Добро е што СРД детектира дека во медиумскиот простор постојат медиуми со скриена медиумска поврзаност, но не веруваме дека таа состојба ќе се надмине само со прецизирањето на Меморандумот за соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата. Потребно е Советот да бара јасни законски ингеренции во соработка со други институции да ги открие и санкционира ваквите појави.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО

Состојбата со слободата на изразувањето ескалира

З

дружението на новинарите на Македонија во соработка со Институтот „Прогрес” и Фондацијата Фридрих Еберт, на 20 февруари (понеделник) во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, орагнизираше стручна конференција на тема: „Што се случува со слободата на изразување и медиумската слобода во Република Македонија?”. На конференцијата учествуваа новинари, експерти, претставници на медиумите, на невладиниот сектор и на професионалните здруженија. Во првиот панел насловен како „Слободата на изразување и медиумската слобода во Република Македонија”, излагање имаше директорот на ЗНМ Драган Секуловски, директорката на МИМ Билјана Петковска и потпретседателот на ССНМ Драган Антоновски. Тројцата излагачи констатираа дека во последните години постојано се влошуваат условите за работа на новинарите и на медиуите. Инцидентот со новинарите во Собранието од 24 декември покажува дека состојбата ескалира. Директорот Секуловски го повтори ставот на ЗНМ дека дијалогот со Владата ќе биде замрзнат се додека одговорните институции не го расветлат инцидентот со новинарите во Собранието и додека некој не понесе одговорност за тоа. Во вториот панел се дебатираше за слободата на изразување и медиумските слободи од аспект на правната рамка и судската пракса во Република Македонија и Европскиот суд за човекови права

Експертите констатираа дека досегашната судска практика е несоодветна и затоа е потребна едукација на судиите за правилна примена на законите

во Стразбур. На оваа тема излагање имаа судијката Цаца Николовска и адвокатот Филип Медарски. Експертите констатираа дека законите не се применуваат или селективно се применуваат. Освен тоа, досегашната судска практика покажува бројни слабости и затоа е потребно да се работи на едукација на судиите за соодветна примена на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

21


СТРУЧНА КОНФЕРЕЦИЈА ЗА УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ НА ИЗБОРИ

Професионално извест

З

22

дружението на новинарите на Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и други партнерски организации, кон крајот на февруари, организраше стручна конфереција, на која се разговараше за улогата на медиумите за одржување на фер и демократски избори. На конференцијата учествуваа претставици на ОБСЕ, Советот за радиодифузија, Државната изборна комисија, Граѓанската асоцијација Мост, Центарот за развој на медиумите и други новинарски и медиумски организации. Сите учесници, зависно од нивната надлежност, зборуваа за влијанието на професионалното известување на медиумите за одржување на фер и демократски избори. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани во уводното излагање рече дека идејата на конференцијата е уште еднаш да се потсетиме за важната улога што ја имаат медиумите за одржување на фер избори, преку почитување на законските и етичките норми. Селмани рече дека сите актери кои имаат надлежност во сле-

Заеднички беше заклучено дека медиумите во текот на известувањето за изборната кампања треба да ги почитуваат законските и етичките норми со што ќе придонесат за одржување на фер избори


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

тување за фер избори дењето на известувањето на медиумите, да ги преземат сите неопходни мерки да се обезбеди професионало медиумско покривање на изборите и да се спречат евентуалните злоупотреби. ЗНМ ќе ги повика новинарите во текот на изборната кампања да ги почитуваат професионалните и етичките стандарди, а Советот за радиодифузија да го санкционира секое прекршување на изброните правила. Претставникот на ОБСЕ Мауро Килво рече дека нема демократија без избори, а фер избори не може да има без слободни медиуми. Тања Поповска од Граѓанската асоцијација Мост рече дека медиумите играат голема улога во креирањето на вкупната слика за изборите, а директорот на ЦРМ Роберто Беличанец зборуваше за законската рамка што го уредува начинот на медиумското покривање на изборите. Според него, има потреба од промена на законодавството, бидејќи одредени делови, како што е можноста медиумите да даваат донации за партиите, поттикнуваат корупција во медиумите, а правилникот

за однесувањето на медиумите пред изборната кампања ја органичува дебатата во медиумите. Тој побара медиумите да ја означат бесплатната политичка реклама за партиите. Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи зборуваше за решенијата од Изборниот законик, кои ја регулираат улогата на медиумите во избори. Претседателот на СРД Зоран Трајчевски рече дека од досегашното набљудување на известувањето на медиумите за изборите забележале помали прекршувања на законските прописи во споредба со претходните избори. Трајчевски смета дека ваквата состојба е резултат од обуките што Советот ги одржувал со претставниците на медиумите околу нивните законски обврски во следењето на изборите. Професорката на Високата школа за новинарство Снежана Трпевска рече дека медиумите имаат обврска во текот на изборната кампања да организираат дебата со сите учесници на изборите. Трпевска забележа дека во предизборното известување на медиумите е забележан скриен говор на омраза.

23


ДВОДНЕВНА НОВИНАРСКА РАБОТИЛНИЦА

Германски искуства за лустрацијата

Т

24

риесетина новинари од електронски и печатени медиуми, како и студенти од земјава, кон крајот на ноември лани во Скопје, беа дел од проектот „Во потрага по вистинити информации - лустрација и дијалог“, кој го организираа Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Во рамките на проектот за време на дводневната работилница на 23 и 24 ноември беа присутни и германските новинари со огромно искуство во сферата на лустрацијата Питер Грим и Јоханес Белајтес, кои своите истражувања им ги пренесоа на македонските колеги. Грим и Белајтес одговараа на десетиците прашања кои им ги поставија новинарите и студентите со што преку нивните искуства се обидоа да се решат некои од дилемите поврзани со процесот на лустрацијата во земјава.

Проектот на Здружението на новинарите на Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер придонесе за доближување на неколку, навидум неспоиви светови и обид за презентирање на поинакво видување на процесот на лустрација и компарација на новинарската работа во Македонија и во Германија. Македонските новинари имаа можност да добијат исцрпна анализа на новинарската пракса и на правната рамка за лустрацијата во Германија која ја презентираа нивните германски колеги. Големиот број прашања и отворената и неисцрпна дискусија придонесоа за приближување и меѓусебно запознавање со проблемите и со предизвиците со кои се соочуваат новинарите кои пишуваат за лустрацијата, како во Македонија така и во Германија. Македонските новинари, кои беа од различни медиуми, како електронски така и пишани, ја увидоа


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија На работилницата, организирана од ЗНМ и Фондацијата Конрад Аденауер, двајца германски експерти пред триесетина македонски новинари говореа дека известувањето за лустрацијата е сериозен предизвик за секој новинар

ОБУКА ЗА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Нови познавања за трошењето на јавните пари

потребата од попрофесионален пристап , макотрпна и трпелива работа и, пред се, потребата од поинаков пристап и гледање на проблемот на лустрацијата. Проектот им помогна на поискусните новинари да бараат нови агли за истражување, а на помладите им даде увид и различни гледишта за македонскиот и за германскиот модел на лустрација и справување со минатото. На крајот од работилницата беа формирани четири групи на новинарски тимови од по тројца новинари и уредници со различно искуство. Со тимовите раководеа новинарите Драган Антоновски и Александар Манасиев. Тимовите имаа задача да истражат по една тема од сферата на лустрацијата која или не била воопшто застапена во медиумите или пак недоволно била обработена. Дел од приказните беа објавени и во познати македонски медиуми, како што се Радио Слободна Европа и неделникот „Република“.

Здружението на новинарите на Македонија и Центарот за економски анализи, кон крајот на јануари, организираа дводневна обука на новинари кои следат економски настани. Целта на обуката беше да се зголеми познавањето на новинарите околу начинот на подготвувањето на еден буџет, да стекнат нови вештини во новинарските истражувања од економски теми и со тоа да се зголеми фискалната транспарентност. Новинарите низ теоретски предавања и практични вежби беа запознаени со сите аспекти поврзани со централниот буџет и буџетите на општините. Во текот на обуката беше презентирана веб страница за буџетот (www.mkbudget.org) на која новинарите можат да најдат корисни информации, како да ги следат институциите во трошењето на јавните пари. Претставниците на ЦЕА ги презентираа резултатите од анкетата во која голем број новинари имаат општи познавања за начинот на донесување на буџетот, меѓутоа, немаат специфични познавања за буџетските дефицити, буџетскиот циклус, класификацијата на буџетот на економска, функционална и програмска. Во анкетата најголем дел од новинарите се изјасниле дека имаат потреба за информации за буџетот, но дека тие се неквалитетни и тешко достапни.

25


Ovoj proekt e delumno poddr`an od Ambasadata na SAD. Mislewata, otkritijata, i zaklu~ocite, ili preporakite izneseni ovde se na avtorot(ite), i ne gi odrazuvaat onie na Stejt Departmentot na SAD.

BIlten 2 jan i fev ZNM 2013  

BIlten 2 jan i fev ZNM 2013 2

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you