Здравствен код

Page 33

и с т р а ж у в а њ e материи за нитроглицерин или ТАТП ( triacetone triperoxide ) кој особено е омилен кај терористите. Кога на 7-ми јули 2005 год. експлодираа бомби во Лондон во подземна железница и во еден автобус, терористите на Алкаеда го направиле ТАТП во една лабораторија. „Со правилен рецепт и малку искуство на секого може да му успее „ вели Томас Клапетке, експерт за експлозивни материи на универзитетот Лудвиг-Максимилијан во Минхен. Но не само терористите произведуваат експлозивни направи на овој начин. Околу 1000 пати во текот на една година мора да интервенира германската полиција и противпожарната служба, за да не експлодираат бомбите конструирани од споменатите материи. „Не можеме секогаш да речеме дека се работи за намера на терористите, понекогаш се работи за незнаење на младите луѓе„. коментираат од службата за борба против криминалот врз основа на еден од таквите случаи: двајца млади во близина на градот Кил запалиле бомба тешка 5 кг и со тоа направиле кратер од 2 метри во коритото на една река. Упатства и рецепти производство на бомби и сл. младите и терористите наоѓаат на интернет. На форумите има размена на искуства, а на видео-порталот YouTube маскирани лица ги покажуваат сите чекори за производство на експлозиви од хемикалиите кои се користат во домаќинството.

ДАЛИ БАТЕРИЈАТА ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН МОЖЕ ДА БИДЕ СМРТОНОСНА БОМБА ? Литиум-ионските батерии можат да акумулираат многу енергија - и понекогаш да ја ослободат во облик на експлозија Јуни 2006 год. Осака, Јапонија. Конференцијата за технологија во еден модерен хотел во метрополата

Опасно по здравјеСмртоносна боја Составните делови на некои бои се сами по себе опасни. Но кога испаруваат и доколку дојдат во контакт со запалена свеќа, тогаш настанува смртоносниот гас-фосген.

некако бавно се одвивала. Некои учесници речиси и да не ги слушаат внимателно излагањата на експертите и повеќе сакаат да ги разгледуваат шарите од ориенталниот тепих додека размислуваат. Одеднаш еден од учесниците извикува во паника и за да се заштити, скока над масата. Од неговиот лаптоп, марка Dell почнаа да излегуваат искри, за потоа да уследи една силна експлозија, и низа мали пукотници. Персоналот кој ги служеше присутните во салата се растрча со апарати за гаснење пожар. Сепак останаа немоќни, ништо не можеше да го згасне огинот. Компјутерот продолжи да гори уште извесно време. Испадот во Јапонија беше причина, да се заклучи дека милиони батерии за лаптоп во светот мора да се заменат. А поголемиот дел од корисниците на овие уреди воопшто или ретко размислуваат дека секојдневно носат со себе хемиски реактор, кој понекогаш може да предизвика голема несреќа - дури и батеријата во мобилен телефон или лаптоп. Акумулирањето на електрицитет во батериите не е исто како кога се собира вода во шише. Понатаму, во нивната внатрешност постојано се одвиваат т.н. електрохемиски реакции. Батеријата сама ја создава струјата, при што се одвиваат хемиски промени на нејзините составни материи. Откако сите составни материи ќе ја извршат нивната реакција, тогаш батеријата е празна. Сепак реакцијата може да се одвива и во спротивна насока, при што се дотура нова електрична енергија од надвор и батеријата повторно се полни. Ова е особено карактеристично за батериите од најновата генерација, т.н.

Убиец во одводот Речиси најопасното средство кое се користи во секое домаќинство е средството за чистење одводи. Во контакт со вода се создава каустична сода. И амонијакот станува смртоносен, кога ќе биде присутен со 0,5% во воздухот. литиум-јонски батерии. Доколку во нивната внатрешност доаѓа до краток спој, н.пр. од нечистотии, тогаш одеднаш се ослободува целокупната акумулирана енергија: една силна експлозија. Ова се случува и доколку се обидуваме насилно да ја отвориме батеријата. Со настанување на експлозијата компонентите од батеријата доаѓаат во контакт со кислород. Покрај соединенијата на литиумот овде би се вбројал и графитот. Заедно, обете материи создаваат една комбинација која добро гори, која ќе се запали од експлозијата. Поголемите батерии, н.пр. во прибележник, се состојат од повеќе поединечни ќелии. Кога првата ќелија ќе ја зафати оган, тогаш таа ги загрева другите соседни ќелии, кои потоа за многу кратко време ќе експлодираат. Тогаш доаѓа до една силна последователна реакција. Сепак, производителите на батерии навистина се трудат да вградат колку што може повеќе осигурувања во нивните производи. „кога ќе се размисли дека ширум светот се користат милијарди литиум-јонски батерии, многу ретко се случуваат експлозии. “Во принцип овие батерии се сигурни „, вели експертот за батерии г-дин Норм Енгланд. Но понекогаш откажуваат и осигурувањата и има известување за смртни случаи во Азија. Жртвите носеле мобилни телефони во џебовите на предниот дел од градите и најверојатно користеле евтини батерии без осигурувања кои не биле од оригиналниот произведувач. Опасноста од експлозија на батериите со литиумски јони се уште е најголема пречка во воведувањето на новите хибридни и електроавтомобили.

35


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.