Здравствен код

Page 1

10 Коронарен систем бр. 5, година 1

Издава PRIME INFO LTD. Во соработка со Фила-Фарм ДООЕЛ

Генерален директор Цветанка Ласкова

Управник: Весна Мајковска

Главен и одговорен уредник Ана Брајовиќ Гапо

Редакција/соработници Катерина Трајановска Александар Трајковски Акадимик д-р. Жан Митрев Д-р. Тања Анѓушева Фросина Ризов Емилија Стоилкова Бојана Филиповска Д-р. Снежана Туфекциоска Гурсока Илија Дојчиновски Љубица Наумоска Тања Турунџиева Д-р. Елена Амбаркова Виларова Дарио Софраниоски Коца Митевска Д-р. Јован Мирчевски Д-р. Лидија Вељановска Д-р. Бошко Ставрески Александра Црвенпанова Александра Димитровска

Дизајн на списанието Beacon Publishing

Фотографија: Слободан Христовски Даниел Велјановски

Јазична редакција В. Димитровски

Маркетинг Катерина Бобевска

Фотолити и печатење ИНК

Дистрибуција МПМ- Скопје

Адреса на редакцијата Ул. Луј Пастер бр. 5/2 Скопје Тел. 02/ 31 36 069 e-mail: magazin@on.net.mk

Срцеви последици од пореметување на тироидната жлезда

14 Абдомен Акутен панкреатит

18 Рефлексологија Историја на рефлексиологијата

20 Микробиологија Разумна употреба на антибиотиците

22 Фармација Helicobacter pylori – бактерија која не сакате да ја имате

28

24 Трансфузиологија Наследување на крвногрупните системи АБО и Рх

26 Крвни групи и нивната застапеност 28 Истражување Холестерол

31 Плацебо 33 Хемиски оружја во домаќинството 36 Дневник на еден пациент

31

38 Клуб на пациенти 40 Психологија Спиењето кај кардиохирушки пациенти

42 Дерматологија Белег од раѓање

46 Репортажа- Лисабон Град на седумте ридови

50 Лајф Другарство, песна, натпревар, но и здрав живот

50

52 Др. Сашко Кедев Менталната кондиција е основа за физичкото здравје

56 Исхрана Семејната храна, одлика на вашето дете

58 Диета Како слабеат богатите

61 Фитнес на мозокот 64 Вицотека 65 Приказни за големи деца

52


б е с п л ат н и п р е гл е д и ВО „Филип ВтОри“ ПРЕГЛЕДИ НА ДЕЦА ДО 18 ГОД.

ИНТЕРНИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД - ЕХО АБДОМЕН

ИНТЕРНИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД - ЕХО НА ДОЈКА

АБДОМИНАЛНИ ХИРУРШКИ ПРЕГЛЕДИ

Закажување за прегледи на 3091-484 или на e-mail: ambulanta@cardiosurgery.com.mk Специјална болница по хируршки б олес т и

НОВО

„Филип Втори“

ВО Д И Ј А Г Н О СТ И Ч К И Ц Е Н ТА Р

„ФИЛИП ВТОРИ“

НАЈБРЗА ИЗРАБОТКА НА КРВНИ ГРУПИ ЗА ТРУДНИЦИ, НОВОРОДЕНЧИЊА И ВОЗАЧИ

Информации на 3091- 484 или на ambulanta@cardiosurgery.com.mk

Спец и ј ал н а бол н и ц а по хи рур ш ки б ол е с т и

„Филип Втори“


з б о р ... д в а ...

Академик Др Жан Митрев

начењето на зборот е нешто што нема никаква допирна точка со медицината. Всушност претставува медицина која е штетна и опасна по животот и здравјето на пациентите. И самиот збор е составен од два, пара што би значело паралелно на медицината. Но кај нас парамедицината значи сосема нешто друго. Тоа е сватено буквално. Во неа се двете групи, пациент и медицинар дијаметрално спротиставени. Едните се и те како заинтересирани само за првиот дел од зборот т.е. за ПАРАТА... за медицината се заинтересирани само пациентите. Па како и во секоја организација и во ПАРАмедицината дефилират разни реформатори, организатори, големи доктори, директори... ПАРАмедицината кај нас е на висок степен на организација. Тоа го докажаа сите овие години. Сè се менува, но системот на ПАРАмедицина не. Наизглед постои голема борба на државата да ја сотре оваа страшна појава. Но, всушност постои само голема интерна борба внатре во тој систем. Првите се оние кои ја контролираат ПАРАТА, а се мешаат во медицината само толку додека си ги најдат своите сојузници. Другите пак, од страната на медицината, силно

се борат да дојдат до местата каде што е парата, за медицината одамна престанале да се борат. Штом се „најдат“ двете спротиставени групи, ПАРАмедицината продолжува со својата функција. Од ПАРАмедицината, граѓаните на една држава немат фајде. ПАРА-та завршува кај оние што најмалку се бават со медицина. Звучи чудно, но така е – има многу пари во ПАРАмедицината, нема пари во медицината. Па така, на пациентите, на оние на кои им треба најмногу МЕДИЦИНА, не ја добиваат. Не ја добиваат затоа што и ПАРАТА што треба да ја добијат оние кои ја прават медицината ( докторите, сестрите...) исто така не ја добиваат. За да се реши, овој навидум нерешлив проблем, потребна е една многу едноставна работа. Зборот ПАРАмедицина да се подели на неговите основи. Секоја медицинска услуга која се прави од медицинарите, да си добие своја ПАРА. Така, парите ќе одат кај МЕДИЦИНАта и со тоа ќе се изгуби системот на ПАРАмедицина. Но, што ќе добијат тогаш реформаторите, директорите... ќе добијат МЕДИЦИНА... затоа што сите ние, пред сè сме само обични луѓе, а со тоа и пациенти.

5


и н ф о - н о в о с т и

Нова ласерска операција на тумор на мозок без отварање на черепот Француските научници успеале да ги уништат метастазите на туморот на мозокот со помош на ласер, без отварање на черепот контролирајќи го текот на операцијата со помош на магнетна резонанца.

“П Откриена можна заштита од ХИВ Швајцарски научници соопштиле дека откриле вагинални гел кој може да се користи како успешна заштита од ХИВ вирусот

С

е работи за супстанција која не е многу скапа,едноставна за употреба, но уште не е пронајдена фармацевтска куќа која ќе ги спроведе неопходните клинички тестирања, кажуваат научниците од универзитетот во Женева. ,,Потенцијални корисници на овој лек

против ХИВ вирусот се сиромашните луѓе со многу ниска платежна моќ и вероватно поради тоа никој не е заинтересиран,,рече Оливер Хартли еден од женевските научници. Станува збор за супстанцата 5P-12RANTES, која може да се користи како гел, а која жените би ја користеле како активна заштита, независно од мажите. Според проценките од програмата на обединетите нации за борба против AIDS, во светот во 2007 год. се заразиле од ХИВ вирусот 2,5 милиони луѓе. Околу 95% од заразените се од земјите во развој.

Ракот метастазира порано Она што најчесто е пресудно за заболените од рак, ширењето на болеста на останатите органи, почнува многу порано отколку што до сега се претпоставуваше.Станиците на ракот се шират по крвотокот до органите.

Н

аучниците дојдоа до уште едно решавачко откритие во третирањето на заболените од рак, ги осознаа скриените патишта на метастазите. До неодамна се мислеше дека метастазите настануваат во подоцнежната фаза на болеста, бидејки во организмот не можеа да се прочитаат онкогени, гени кои го забрзуваат растот и множењето на клетките па поттикнуваат формирање на тумор. Се мислеше дека овие клетки мируваат

6

на место додека не настане генетска мутација. Но, со експерименти на глувци, со имлантирани клетки од ткиво на дојка, откриено е дека клетките со така ,,темпиран,, рак патуваат по крвотокот и влегуваат во белите дробови каде можат да престојуваат и до 16 недели без онкогено ширење. ,,Откритието дека метастазирана болест може да се пренесе од нетрансформираните клетки на цицачот во крвотокот, ги насочува нашите сознанија за прогресијата на ракот,,напишала водителката на истражувањето др. Катрина Подсупанина во новиот број на весникот Science.

рви ја употребивме техниката на ласер на затворен череп, со помош на магнетната резонанса како контрола, за да избегнеме евентуални компликации, - рече Александар Карпентие, неврохирургот кој беше на чело на тимот во текот на интервенцијата направена во Париз. Хируршката интервенција е направена под локална анестезија, а на черепот е направен отвор од три милиметри преку кој може да се провлече ласерот. Досега операцијата е спроведена на осум пациенти кои биле будни и свесни во текот на интервенцијата. ,,Пациентите имаа церебрални метастази, кои потекнуваа од различни видови на рак на белите дробови или дојка, и повеќето од нив беа отпорни на терапијата,,- изјави неврохирургот. Опишувајќи ја интервенцијата, тој рече дека кога туморот ќе се локализира, до него се спроведува ласер, кој го ,,пржи две до три минути,, до неговото исчезнување. ,,Топлината која ја испушта ласерот, се проверува на секои три секунди за да не го помине 90-девеесетиот степен,,- рече лекарот и додаде дека пациентите не чувствуваат ништо - од болница може да се излезе 14 часа по операцијата.


и н ф о - н о в о с т и

Нов тест за откривање на папилома вирусот Кер-ХПВ, едноставен тест за откривање на папилома вирусот, причинител на ракот на грлото на матката, се покажал точен во 90 проценти случаи кај жените во источната кинеска провинција шанси

Т

ој тест овозможува откривање на 14 различни високоризични видови на папилома вируси за два и пол часа, а во селските средини тоа можат да го прават и немедицински екипи, после кратка обука, пренесуваат светските новински агенции. Испитувањето е направено на 2388 жени на возраст од 30 до 54 години, со точност од 90 одсто кај жени зафатени со папилома вирусот и 84,2 проценти меѓу жени без тој вирус. Доколку жените на возраст над 30 години би можеле да бидат истрестирани со новиот тест најмалку еднаш во својот живот и ако се покаже дека е потребно, да добијат соодветна терапија, бројот на смртни случаи од рак на грлото на матката би бил намален за третина. Ракот на грлото матката е втор вид на рак по број на жени кои од него заболуваат со повеќе од 500.000 нови случаи на заболување и 300.000 смртни случаи, меѓу кои 85.000 во земјите во развој. Досегашните тестови за откривање на папилома вирусот се спроведуваат во специјални лабаратории во развиените земји, а тешко се спроведуваат во неразвиените земји. Вакцината против рак на грлото на матката, со кој се опфатени два вида на папилома вирус кои се предизвикувачи на 70 проценти случаи на ова заболување, во принцип е делотворна само ако се дава на млади девојки пред стапување во сексуални односи.

Ботоксот лекува мигрена?

И

нјекциите на токсинот ботолинум, попознат како ботокс, можат да ја спречат мигрената, особено кај оние личности кои од време, на време имаат напади на мигрена, а на кои класичната медицина не им помага. Во студијата на стручњаците од Центарот за главоболки во Спрингфилд, во американската држава Мисури, утврдено е дека инјекциите на ботокс можат да бидат ефикасни и безбедни за пациентите во спречувањето на мигренозниот напад. Научниците кажуваат дека ботоксот може да биде поефикасен во превенцијата, но не и во ублажувањето на веќе постоечката болка. Во истражувањата се наведува дека ботоксот влијае врз подобрувањето на квалитетот на животот на луѓето кои имаат напади на мигрена од време на време, така што тие пациенти чувствуваат помал замор, подобрени им се когнитивните способности и намален им е стресот.

7


и н ф о - н о в о с т и

КАКО СЕ ЛЕКУВА РАКОТ НА ПАНКРЕАСОТ?

Рекоа за списанието “Здравствен Код”...

Постојат три начини на лечење на болните со рак на панкреасот и тоа по пат на операција, радиациона терапија и хемиотерапија. Оперативно лекување може да биде делумно или целосно отстранување на туморот. Операбилноста на туморот се проценува уште со самото откривање на болеста, дефинитивна одлука за радикалноста се донесува за време на самиот оперативен зафат откога прецизно се одреди состојбата на туморот и неговите односи со околните органи и важни структури, при што воедно се утврдува и дефинитивниот стадиум на туморот важен за конзервативното долекување. Радициона терапија се прави ако туморот е осетлив на силно рентгенско зрачење или со друг тип на радијација кој ги убива малигните ќелии. Има два типа на радијациона терапија: надворешна радициона терапија при која се употребува специјален апарат за зрачење од надвор и внатрешна радициона терапија при која се употребуваат радиоактивни супстанци пласирани со игла или други начини во самиот тумор или во негова близина. Типот на радиционата терапија што се дава зависи од типот и стадиумот на туморот што се третира. Хемотерапијам претставува третирање на туморот со лекови кои го стопираат растот на туморозните клетки, или ги убиваат или го стопираат нивното размножување. Хемотерапијата може да биде системска во колку лекот се прима преку уста, венски или мускулно, а доколку лекот се пласира директно во туморот или во неговата најблиска околина хемотерапијата се вика регионална. Патот на хемотерапијата која се дава зависи од типот и стадиумот на туморот кој што се третира. Можат да се применуваат заедно двата типа на хемотерапија. Биолошка терапија Постои така наречена биолошка терапија кога кај болниот се подобрува имунолошкиот систем кој што се бори против сaмата болест. Тоа уште се нарекува биотерапија или имунотерапија. Посебно е важен третманот на болката кај болните со рак на панкреас. Болката настанува кога туморот ги притиска околните нерви и органи блиску до панкреасот. Доколку аналгетиците не се доволни постои третман блокирање на нервите околу панкреасот со внесување на специјални супстанци или со зрачење директно на туморот и околината при што може да дојде до делумна регресија на туморот и со тоа и на болките. Др. Јован Мирчевски

8

С

писанието “Здравствен Код” ме одушеви комплетно, ја зафаќа психофизичката конституција на човекот, болестите, лекувањето и здравата исхрана. Од презентираните истразувања страв ме фаќа колку малку знаеме за себе. Тука е рамнотежата во вицотеката. Уводиниците се феноменални со еден мек стил и афористичен потсетник, како што потсетуваш дека организациите произлегуваат од органите и потребата да се усосогласуваат или “болката што ќе боли додека не се сфати целината од сите три милиони луѓе со слично заболување”. Така содржинската етимологија се подзаскрива зад едукацијата за да се делува посилно врз осознавањето. И “Одиисеј” зборува во приказните со вистинска содржина за настаните што се прелеваат од песните до битките и од таму до прослави на победите со исто оружје умот да царува со помирување, без убивање и сонцето да ни биде сојузник. Се работи за Македонците и децата тоа ќе го разберат. Честитки за сите, за здржаниот висок стил на списанието. Ангелина Маркус


и н ф о - н о в о с т и

Зелката го јакне имунитетот зеленчукот кој е богат со витамин Ц, влакна и фитохемикалии кои го спречуваат развитокот на заболувањата. Овој вкусен зеленчук содржи многу малку калории, а има многу белковини, јаглени хидрати, витамини и минерали. Идеален е и како лек против гастритис, ја спречува појавата на чирот на желудникот и дванаесетпалачното црево. Доколку сте им наклонети на настинките и грипот, еве еден мал “трик” со зелката која може да ви помогне: две лажици ситно сецкана зелка, прелијте ја со 1,5 л. вода и варите на пареа 15-ет минути. Два дена пијте пола чаша од овој напиток, на неколку саати. За подобар вкус овој “еликсир” разблажете го со вода и додадете малку сок од лимон.

Што е КТ коронарографија?

С

НАГРАДНО ПРАШАЊЕ!!!

- конзервативен третман: медикаментозна терапија - нехируршки третман: ангиопластика (проширување на стеснетиот дел од крвниот сад, имплантација на стент ) - хируршки третман бајпас – операција Др.Лидија Вељановска

овремена неинвазивна дијагностичка метода која овозможува компјутерското снимање на главните снабдувачи со крв на срцето или срцевите артерии т.е. коронарните артерии. Со нивно снимање се потврдува или елиминира присуството на коронарна болест. По завршената анализа на прегледот во зависност од наодот, односно степенот на коронарното заболување пациентот добива соодветна препорака за следен чекор:

Г

олемото истражување на белгиските лекари покажа дека гледањето на медицинските ТВ серии, кои последниве години и кај нас се многу популарни, просечниот гледач го претвораат во хипохондар. Планетарните хит серии “Др. Хаус”, “Итна служба”, ”Вовед во анатомија”... предизвикуваат нереален страв од заболувања, а најмногу се погодени тинејџерите. Тригодишното истражување покажа дека после секоја епизода, стравот од болестите се зголемува за околу 10 %, особено кај припадничките на понежниот пол. Причината е тоа што медицинските серии најчесто ги опишуваат заболувањата кои недоволно им се познати на обичните луѓе, а симптомите главно се нереално прикажани, за да гледачите можат подобро да ги разберат.

Кардиохирургија „ФИЛИП ВТОРИ“ Ви овозможува 40 бесплатни трансторакални прегледи и 10 скенирања на 64 слоен компјутерски томограф, доколку одговорите на НАГРАДНОТО ПРАШАЊЕ Која година е отворена кардиохирургија „Филип Втори“? A. 1999-та година Б. 2000-та година В. 2001-ва година Заокружете ја годината за која мислите дека е вистинската, внесете ги Вашите податоци и исечете го купонот и пратете го на нашата адреса: Кардиохирургија „Филип Втори“ За НАГРАДНА ИГРА ул.Илинденска б.б. 1000 Скопје Име и презиме: ___________________________________________ Адреса: __________________________________________________ Град: __________________ телефон: _________________________

9

П

роменливите временски прилики со кои моментно се соочуваме, идеални се за развиток на вирусите и настинките. Поради тоа стручњаците и лекарите советуваат да го зајакнете имунитетот. Еден од најприродните и најефикасните начини е во исхраната задолжително да ја вклучите зелката,

Медицинските серии создаваат хипохондрици


к о р о н а р е н

с и с т е м

Тироидната жлезда е мала жлезда во пределот на вратот, која влијае на многу функции, вклучувајќи го растот, срцевата фрекфенција и крвниот притисок | Текст: Д-р Тања Анѓушева |

ореметувањата на работата на тироидната жлезда даваат сериозни последици на телото, вклучувајќи го и срцето. На пример: Хипотиреоидизам (намалена функција на штитната жлезда) го зголемува ризикот на проблемите со холестерол, срцев удар, зголемено срце (кардиомегалија)

10

и срцева слабост. Хипертиреоидизам (зголемена функција) го зголемува ризикот од забрзана срцева работа, атријална фибрилација и престанок на работата на срцето. Знаците и симптомите на пореметувањето на функцијата на штитната жлезда се варијабилни и зависат од типот на пореметувањето.

Понекогаш пациентите немаат воопшто симптоми. Чести срцеви симптоми при заболување на штитната жлезда се брадикардија (спора срцева работа), тахикардија (забрзана срцева работа), краток здив, висок крвен притисок и ангина (градна болка). Дијагнозата на тироидното заболување вклучува и физички тестови, медицинска историја и анализа на


крвта. Кај некои луѓе, неопходен е и скен на штитната жлезда, биопсија, РТГ снимка и ЕКГ. Третманот зависи од типот на заболувањето. Цел на терапијата е да се обезбеди нормално ниво на хормони на штитната жлезда во крвта. Најчесто ова се постигнува со медикаменти, ретко е потребна хируршка интервенција.

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ЗАБОЛУВАЊАТА НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА И СРЦЕТО Тироидеата е мала жлезда со форма на пеперутка, сместена во пределот на вратот, пред душникот. Здрава штитна жлезда обично не се забележува над нивото на кожата од вратот. Тироидната жлезда учествува во контролата на многу функции во човековиот организам, како што се метаболизмот, крвниот притисок, срцевата фрекфенција, варењето на храната, телесната температура, растот, репродуктивните функции и развојот на централниот нервен систем. Ова го реализира преку два хормона- тироксин (познат како Т4) и тријодтиронин (Т3). Овие тироидни хормони се изградени од јод- минерал, кој го има во морските риби и во некои земјоделски продукти кои растат на плодна почва богата со јодни соли. Бидејќи јодта е важна за функционирање на телото, јодизираната сол е воведена во исхраната во повеќе земји во светот, па и во нашата. Заболувањата на штитната жлезда се чести. Две најчести заболувања се – хипотиреоидизам (намалена функција) и хипертиреоидизам (зголемена функција). Нетретирани заболувања на штитната жлезда доведуваат до сериозни последици на срцевата функција. Некои заболувања, како што е Хашимото тиреоидитот (автоимун воспалителен процес на тироидната жлезда што резултира со хипотиреоза) се поврзани со повисоко ниво на холестерол (хиперхолестеролемија) висок крвен притисок, стеснување на крвните садови (атероскелроза), срцеви заболувања, срцев удар,

мозочен удар. Атријалната фибрилација, исто така, се јавува доста често. Дури и суптилни варијации на тироидните хормони може да резултираат со нарушување на срцевата работа. Хипотиреоидизмот дава успорување на многу процеси во човековото тело, вклучувајќи го и срцето. Обично го слабее срцевиот мускул во процесот на контракциите (систола) и релаксационата фаза (дијастола). Исто така, ги прави крвните садови крути. Како резултат на ова се намалува пумпната снага на срцето. Кога срцето не се релаксира меѓу два удари, се јавува дијастолна дисфункција. Ова е сериозна состојба која доведува крвта да се имбибира во човековите органи – предизвикувајќи конгестија (застој) – пред се, се мисли на белодробна конгестија. Други кардијални компликации на хипотиреоидизмот вклучуваат кардиомегалија, каде срцевиот мускул нема соодветен одговор на стресот на кој е изложен. Ова, со тек на време води до срцева слабост. Како дополнителна компликација, може да настане перикарден излив (вода во срцевата кеса) зголемено ниво на хомоцистеин – што доведува до зголемен ризик до срцев удар. Хипертиреоидизмот дава појаки контракции од нормалните и ја зголемува срцевата фрекфенција. Срцевиот мускул мора да работи понапорно, што резултира со поголеми проблеми за луѓе што имаат срцеви заболувања. Обично се покачува крвниот притисок, и настанува зголемување на срцевиот оттур на крв. Друга кардијална компликација на хипертиреоидизмот е атријалната фибрилација- тип на пореметување на нормалниот срцев ритам. Ова може да го зголеми ризикот од згрутчување на крвта и да доведе до зголемена можност за белодробен емболизам и мозочен удар. Ненадејна срцева смрт, исто така може да настане при зголемена срцева работа при хипертиреоидизам. Како дополнителни компликации е настанување на пролапс на митралниот залисток, или пак покачен

крвен притисок во белодробната циркулација. Како најтежок степен на тироиодно пореметување е тиреотоксикозата (наречена уште како тироидна криза или тироидна бура), кога кај пациентот настануваат нагло сите претходно споменати тегоби, но со многу изразен интензитет. Обично може да се појави болка во стомакот, конфузност, агитираност, висока температура, кома. Заболувањата на штитната жлезда доведуваат и до намалена способност за оплодување, може да го оштетат плодот.

Видови на заболувања на штитната жлезда Постојат различни видови на заболувања на штитната жлезда. Главни категории се: Хипотиреоидизам (хипофункција на штитната жлезда). Редуцирана продукција на тироидни хормони. Обично е комбинирано со намален метаболизам и потрошувачка на енергија. Хипертиреоидизам (зголемена функција на штитната жлезда). Зголемена продукција на хормони на штитната жлезда пратено со хиперметаболизам и зголемена потрошувачка на енергија. Тиреоидитис – инфламација на тироидната жлезда. Воспалителниот процес може да го уништи ткивото на штитната жлезда и да предизвика хипофункција. Постојат повеќе видови на тиреоидитис. Хашимото тиреоидитот е автоимуно заболување, каде авто антитела го напаѓаат сопственото ткиво на штитната жлезда. Хашимото тиреоидитот е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања. Струма – зголемена штитна жлезда. Изразено зголемена штитна жлезда со средно тешко намалена функција. Може да биде пропратена и со нормално ниво на хормони. Струмата дава чувство на пореметен акт на голтање. Обично е бенигна, и е поврзана најчесто со

11


к о р о н а р е н

с и с т е м

хипотиреоидизам, ретко и со хипертиреоидизам. Тироидни чворови. Состојба каде се пратат колекции на абнормални тироидни клетки во форма на чворови во самата штитна жлезда. Најчесто се бенигни, а ретко може да се и од малигна етиологија. Ретко овие чворови се активни со продукција на тироидни хормони и доведуваат до хипертироидизам. Големите чворови даваат пореметување на актот на голтање или го пореметуваат дишењето. Карцином на штитната жлезда. Малигнен тумор на штитната жлезда, кој оди со нормално, ретко со пореметено ниво на тироидни хормони.

Ризик фактори и причини за заболувања на штитната жлезда Многу фактори влијаат на структурата и функција на штитната жлезда. На пример, пореметен баланс на внесот на јод во исхраната води до појава на струма, хипотиреоидизам или пак хипертиреоидизам. Вирусните инфекции доведуваат до тиреоидитс. Постојат поедини автоимуни заболувања, како што е Хашимото тиреоидитис кој дава хипотиреоза, или пак Грејвс-овата болест која дава хипертиреоза. Употребата на некои медикаменти може да предизвика пореметување на функцијата на штитната жлезда. Овде најчесто се вклучени амиодаронот (лек против аритмии), литиум-от (лек за психоза), интерферон алфа и интерлеукин 2 (лекови при канцер). Хируршкото отстранување на штитната жлезда целосно или пак делумно се применува при струма, појава на чворови на штитната жлезда или пак при докажан канцер. Се применува најчесто во комбинација на послеоперативен третман со радиоактивен јод. После самиот хируршки третман настанува состојба на хипотиреоза. Жените во тек на бременост може да створат антитела против сопствената штитна жлезда, може

12

да добијат хипотиреоидизам, и да имаат зголемен ризик од спонтан абортус, предвремено породување, прееклампсија (висок крвен притисок и отоци по телото со губиток на протеини во урината). После породувањето, кај жената е можен привремен воспалителен процес на тироидната жлезда познат како постпартален тиреоидит. Најчесто причината за тироидните заболувања е непозната. Можни ризик фактори се: Пол: жените се посклони кон заболувања на штитната жлезда отколку мажите Возраст: најчест период на појавување е над 40-та година. Хипотиреоидизмот се јавува почесто над 60-тата година. Фамилијарна историја Down синдром: хипотиреоидизам со зголемена штитна жлезда и интелектуална инфериорност.

Знаци и симптоми на заболување на штитната жлезда При заболување на штитната жлезда, знаците и симптомите се варијабилни кај различни личности. Исто така, зависат и од типот на самото пореметување. На пр. хипотиреоидизмот дава замор, брадикардија, зголемување на телесната тежина, чувство на студ, грчеви, менструални болки, тврда столица. Спротивно на ова, хипертиреоидзмот доведува до забрзана срцева работа, губиток на телесна тежина, зголемено потење, мускулна слабост, чести менструални крварења, зголемена перисталтика на цревата. При струма, чворорви на штитната жлезда, или тироиден канцер, симптомите вклучуваат отежнато голтање, болки во грбот и вратот, зарипнат глас. Но најчесто, пациентите се без симптоми. Симптомите на тироидит се варијабилни зависно од типот. На пример, Хашимото тиреоидите со слични симптоми, како при хипотиреоидизмот. Пореметувањата на штитната жлезда влијаат и на срцевата работа, предизвикувајќи зголемен крвен

притисок и зголемено ниво на холестерол во крвта. Во некои случаи се јавува и атријална фибрилација. Срцевите симптоми се различни при различни заболувања на штитната жлезда. Најчести срцеви симптоми при заболувања на штитната жлезда се: Брадикардија (забавена срцева работа). Тироидните хормони помагаат во регулација на срцевата фрекфенција. Кога нема доволно тироидни хормони срцевата работа се успорува за 10-20 удари помалку од нормала. Краток здив при физичка активност. Кога овој симптом се јавува кај пациенти со срцева слабост, настанува мускулна слабост и влошување на срцевата слабост. Дијастолна хипертензија (покачен мал крвен притисок). Иако хипотироеидизмот го успорува човековиот метаболизам, настанува покачен мал крвен притисок (дијастола) поради зголемување на крутоста на артериските крвни садови. Ја влошува срцевата слабост. Често доведува до новонастаната срцева слабост. Кај луѓе со добро контролирана срцева слабост, може да ја влошат срцевата слабост. Доведува до влошување на коронарната артериска болест (КАБ). Хипотиреодизмот доведува до ангина (градна болка) поради зголемено ниво на холестерол и Ц реактивен протеин. Овие елементи ја забрзуваат КАБ. Најчести срцеви симптоми на хипертиреоидизам се: Тахикардија (забрзана срцева работа). Пациентите се со забрзана срцева работа во мир и при минимално физичко оптоварување, исто така добиваат и други аритмии, вклучувајќи ја и атријалната фибрилација и прематурните вентрикуларни контракции (ПВЦ) Ангина. Се јавува после настанување на хипертиреоидизам, или пак при


постоечки хипертиреоидизам кај пациенти со срцево заболување. Индивидуите со КАБ имаат зголемен ризик од чести ангини или пак од срцев удар. Краток здив. Како и кај хипотиреоидозата, тешкотиите со дишењето се знак за мускулна слабост или влошување на срцевата слабост. Систолна хипертензија. Појаките срцеви контракции предизвикуваат пораст на систолниот крвен притисок, иако релаксираните крвни садови го редуцираат дијастолниот крвен притисок. Луѓето кои ги пројавуваат овие симптоми треба задолжително да го посетат нивниот матичен лекар. Некои луѓе немаат никакви симптоми. Според американското здружение за заболување на штитната жлезда, главна препорака е дека луѓето над 35 години на секои 5 години треба да прават рутинска контрола на штитната жлезда.

чворови или пак карцином на штитната жлезда. Тироидниот скен може да се направи со или без примена на радиоактивен јод. Биопсија. Примерок од ткиво на тироидната жлезда, обично земен со тенка игла, даден за патохистолошка дијагноза. РТГ снимка на гради. На оваа снимка може да се дијагностицира дали постои зголемување на срцевата силуета. Електрокардиограм (ЕКГ). Ако пациентот има срцеви тегоби како што се палпитации или градна болка, задолжително е да се примени ЕКГ. Тој дава запис на електричната срцева активност. Ги прикажува сите неправилности во срцевиот ритам. Пациентите со пореметување на функцијата на штитната жлезда мора да се упатат кај ендокринолог (лекар специјалист за заболувања на жлездите со внатрешно лачење, меѓу кои се вбројува и штитната жлезда).

Дијагноза

Превенција и третман на заболувањата на штитната жлезда

Поставувањето на дијагноза започнува со внимателен преглед од страна на матичниот лекар, со посебен осврт кон локалниот наод на вратот. Потоа е неопходна детална анамнеза, која опфаќа прашања за симптомите, како и податоци за фамилијарна оптовареност за заболувања на штитната жлезда. Тестови кои се применуваат: Крвни тестови на тиреоидните хормони. Овие тестови го мерат нивото на тироидните хормони, како и на тироидниот стимулирачки хормон (ТСХ) кој се лачи од хипофизата. Тестот се применува за поставување на дијагноза или пак за следење на веќе дијагностицираните пациенти. Тироидни имиџинг тестови. Процедурите, како што е тироидниот скен, може да идентифицираат дали постои тиреоидит или наголемување од типот на струма. Може да се идентифицира постоење на

Со благовремено поставување на дијагнозата и правилен третман, повеќето пациенти со заболување на штитната жлезда може да имаат долг и квалитетен живот. Раната дијагноза и третман на тироидните заболувања, дава контрола на состојбата, дури и пред да се развијат симптомите. Третманот ќе зависи од типот на тироидното заболување. На пример, целта на третманот на хипотиреоидизмот и хипертиреоидизмот е да се обезбеди нормално ниво на хормони во човековото тело. Во најголемиот број случаи, регулирањето на нивото на хормони се постигнува со употреба на медикаменти. Типот на медикаменти зависи од типот на пореметување на тироидната жлезда, како и од здравјето на пациентот, возраста, тежината на симптомите. Пациентите обично го земаат пропишаниот медикамент до крајот на својот живот, со повремени лекарски контроли. При некои заболувања на штитната

жлезда на пр. струма – заболувањето ќе се повлече без било каков третман. Но, при опструктивна струма (што притиска на душникот) или пак при карцином на штитната жлезда, мора да се примени хируршко отстранување на дел од жлездата или пак на целата. Радиоактивната јод терапија е честа во третманот на тироидните заболувања. Радиоактивниот јод емитира радијација која ги оштетува тироидните клетки. Овој тип на третман опфаќа и орална администрација на јод, која споро се апсорбира од штитната жлезда и евентуално ги оштетува тироидните клетки кои продуцираат тироидни хормони. Со ова настанува намалување на тироидните хормони во крвта. Радиоактивниот јод може да се користи за третман на хипертиреоидизам при поедини случаи на струма. Поголеми дози на Јод 131 може да ги уништи клетките на канцер после хируршко отстранување на тироидната жлезда или на тироидниот канцер. Со овој третман може да се направи превенција на релапсните епизоди на канцерот. Често хируршкиот третман или пак третманот со радиоактивен јод доведуваат до хипотиреоза, која бара супституција со медикаментозен третман. Способноста за превенција на тироидните заболувања зависи од типот на заболувањето. На пример, некои пациенти со струма која е предизвикана од дефицит на јод, со доволен внос на јод во исхраната може да се намали струмата. Многу е важно, пациентите да го консултираат лекарот за правилното ниво на јод, бидејќи со преголем внес на овој минерал може пак да настане пореметување во функцијата на штитната жлезда. Функционалните проблеми на штитната жлезда (хипо и хипертиреозата)не се во состојба да се превенираат, симптомите може да се менаџираат, а компликациите да се надминат со соодветен третман и мониторинг.

13


а б д о м е н дел од гранчиња на артеријата на слезенката. Неговите вени ги следат соодветните артерии, а исто така и лимфната дренажа. Нервите за панкреасот доаѓаат од целиачниот плексус.

Физиологија на панкреасот

ПАНКРЕАТИТИС- дефиниција: Болест со воспалителна компонента, но пред се болест предизвикана поради пореметување на биохемиската рамнотежа на панкреасот | Текст: Др Бошко СТАВРЕСКИ | кутното воспаление на панкреасот може да се разгледува како епидемиолошки, интернистички и како хируршки проблем. Секоја болест или болна состојба е резултат на еден динамичен процес. Тој настанува од сложени причинители кои делуваат на интеракција на домаќинот и агенсот на болеста и средината во која реакцијата се одвива.

Анатомија на панкреасот Панкреасот е тенок елиптичен орган кој лежи во рестроперитонеумот, во горниот дел на стомачната празнина.

14

Сместен е во конкавитетот на дванаестпалачното црево , каде и се изливаат продуктите на неговата егзокрина функција. Тој претставува една генетска и анатомофизиолошка целина со дванаестпалачното црево, од каде произлегува и синонимот во хирургијата - дуоденопанкреас - или панкреатодуоденална регија. Составен е од глава-caput, телоcorpus и опашка-cauda. Панкреасот е ретроперитонеален орган, а само неговата предна страна е покриена со перитонеум. Васкуларизиран од гастродуоденалната артерија, дел од горната мезентерична артерија и еден

Панкреасот е жлезда со егзокрина и ендокрина функција. Егзокрината функција ја вршат неговите ацинуси од каде се излачуваат ферментите на панкреасниот сок: Протеолитички,Л иполитички,Амилолитички,АлкалииБикарбонати. Додека пак за ендокрината функција се одговорни Langer-Hans-овите островца со нивните клетки: Алфа клетките го излачуваат глукагонот кој доведува до гликогенеза на ниво на шеќерите во крвта. Бета клетките го лачат инсулинот, Нон Бета клетките го излачуваат гастринот, ПП клетките го лачат панкреасниот полипептид, Делта клетките го лачат соматостатинот. По класификацијата на Марсеј од 1984.год.панкреатитот е поделен во три основни групи, според патогенетските процеси кои се одвиваат на ниво на панкреасот: 1. Акутен панкреатит Блага едематознаинтерстициелна форма- околу 80% од акутните панкреатити, Тешка - Хеморагичнонекротична форма – каде смртноста е до 20%. 2. Хроничен панкреатит- со фокална некроза, сегментална фиброза или дифузна фиброза со или без калцификација. 3. Хроничен обструктивен панкреатит.

ЗАЧЕСТЕНОСТ На секои 500-600 болни интернистички или хируршки еден е акутен панкреатит. Во САД еден болен со тежок облик на


акутен панкреатит се очекува неделно. Пол- Почесто заболуваат жените на средни години и гојазни. Наследната предиспозиција исто така игра улога во појава на ова заболување. Алкохолизмот и неговата зачестеност во современиот свет игра огромна улога во појава на акутниот панкреатит. 20-50% од заболените во акутната фаза завршуваат фатално.

ЕТИОЛОГИЈА Главна улога во настанување на акутниот панкреатит кај нас имаат 80% болестите на билијарниот систем, додека Алкохолизмот е главна причина за настанување на хроничниот панкреатит. Во Америка тоа е обратно, односно алкохолизмот доведува до појава на акутен панкреатит во најголем број од случаите. Многу други причински фактори можат да доведат до појава на панкреатит, но во помал процент.

ПАТОГЕНЕЗА И кај акутниот и кај хроничниот облик, доаѓа до интрадуктална активација на ензимите на панкреасот, како иницијален - откочувачки фактор на процесот на автодигестија. Во панкреасниот сок се наоѓаат: трипсин, химотрипсин А и Б, панкреатопептидаза Е (Еластаза), каликреин, карбоксипептидаза, колагеназа, липаза, фосфолипаза. Кај акутниот панкреатит, се чини дека регургитација на дуоденалниот сок низ Ватеровата папила, предизвикува откочување на активацијата на ензимите во каналниот систем на панкреасот. Во дуоденалниот сок се најдува ентерокиназа која има способност да ги активира панкреасните ензими, првенствено трипсиногенот во трипсин. Таков дуодено-панкреатичен рефлукс може да биде овозможен при поминување на камче низ папилата, посебно ако настане силна контракција на дванаестопалачното црево поради дразбата од каменот. Активираниот трипсин делува

како катализатор за активирање на останатите протеази кои започнуваат процес на протеолиза на панкреасот. Во тој процес активираниот каликреин доведува до ослободување на кининБрадикинин. Резултат на тоа е: Вазодилатација со хипотензија, зголемена осетливост на болка, токсичнни оштетувања на паренхимот на белите дробови, и бубрезите и постепен развој на шок. Во тек на протеолизата се ослободува плазмин, супстанција слична на трипсинот, кој го пореметува коагулациониот механизам, делува фибринолитички, и фибриногенолитички, што го надополнува синдромот на шокот, со хеморагича компонента. Естеразите интраканаликуларно се наоѓаат во активна форма, меѓутоа не се способни да потикнат процес на разградба на мастите. За да дојде до тоа потребно е присуство на жолчни соли.Со нив активираните липази веќе се во состојба да го разградуваат масното ткиво на панкреасот и неговата поблиска и подалечна околина.На тој начин настанува стеатонекрозата.

ПАТОАНАТОМСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Рековме дека постојат две форми на акутен панкреатит, Интерстициелнаедематозна и тежок облик, хеморагично некротична форма. Кај благата форма или Интерстициелно-едематозната форма, панкреасот е натечен, хиперемичен,перитонеумот над него исто така е натечен, сукулентен, а во бурза оменталис (малата абдоминална празнина ) има воспалителен изливексудат. Ваков облик обично постепено регредира и на панкреасот не остава некои потешки последици. Но понекогаш може да поприми поинаков тек и да настане т.н. акутен рецидивирачки панкреатит. Кај него се јавуваат помали или поголеми ограничени некротични жаришта во паренхимот на панкреасот и околу него со создавање на постнекортични

псеудоцисти ( лажни цисти ) или инкапсулиран ексудат.Тоа е слика на премин на интерстициелниот облик во хеморагично-некротичен. При Хеморагично-некротичната форма на акутен панкреатит, доаѓа до некроза на панкреасното ткиво најнапред на периферија, перипанкреасното масно ткиво, масното ткиво на перитонеумот, ретроперитонеално, па дури и до мала карлица, зависно од екстензивноста на процесот. Вирсунговиот канал ( главниот панкреасен канал ) и централните делови на жлездата остануваат повеќе или помалку поштедени. Од наведениот патогенетски механизам доаѓа до оштетување на крвните садови, јака ексудација во ретроперитонеумот и перитонеалната празнина развој на панкреатоген шок. Доаѓа до оштетување на паренхимните органи заради масовно ослободување на токсични пептиди, срце, бубрези, бели дробови, излив во плеура и перикард. Се формираат некротични жаришта кои со коликвација поминуваат во шуплини со секвестри од некротично ткиво. Тие често се инфицираат и доведуваат до создавање на абсцеси, ретроперитонеални флегмони и тромбози.

ДИЈАГНОЗА НА АКУТНИОТ ПАНКРЕАТИТ Симптоматологија:Четири водечки симптоми на акутен панкреатит, абдоминална болка, мачнина, повраќање, температура. Болка – лево субкостално, епигастрично, зрачи во грбот. Зголемена телесна температура При асептична воспалителна реакција – ослободување на пиретични материи. Инфекција на некротичните подрачја. При тешките форми на некротичниот панкреатит постои и асцит, а ако ексудатот се собере во bursa omentalis, тогаш се покажува како ”акутна псеудоциста” која се пипа

15


а б д о м е н како тумур во епигастриумот. Освен тоа може да дојде до воспалителна компресија на дуоденумот со отежнато празнење на желудникот, пратено со повраќање, а во одредени ретки случаи и да настане комплетна опструкција со знаци на илеус.

ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА Од лабораториските испитувања најголема вредност има одредување на дијастазата во серумот и урината како и липазата во серумот. Само петкратно и повисоко зголемување на вредностите на дијастазата во серумот и урината, може да биде од важност за дијагнозата на акутниот панкреатит. Вредностите на дијастазата во серумот даваат увид само во моменталната состојба на панкреасот, додека одредување на дијастазата во урината одговара на повеќечасовен просек на вредностите од серумот. Липазата е специфичен ензим на панкреасот и во нормални услови него го нема во серумот. Неговата појава во серумот покажува патолошки процес на панкреасот. Треба да се спомне дека не постои секогаш корелација на тежината на болеста и вредностите на ензимите. Пореметување на вредностите на калциумот и шеќерот во крвта Вредностите на калциумот < од 3 mmol/h зборуваат за опсежна некроза со steato kalcinoza. Пораста на glikemijata za > 50% од нормалните вредности, зборува во прилог на тешка афекција на панкреасот, од хеморагично некротичен тип, заедно со 5 – кратно зголемување на амилазата ( dijastaza). Плеурална пункција – во exudatot се докажува amilaza, присуство на met hemoglobin – некротизирачки панкреатит. Перитонеална дијагностичка лаважа Неспецифични лабораториски тестови: алкална фосф. LDH, билирубин, трансаминази, уреа, креатинин, леукоцитоза. Промени во ЕКG со слика на акутен инфаркт. Rtg дијагностика – висока положба

16

на лева дијафрагма , излив во левиот френикокстален синус, паретични јејунални вијуги, метеористичен колон трансверзум. ERC-a ERCP Ultrasonografija CT и магнетна резонанца Diferencijalna dg: - Перфориран улкус на желудник или duodenumot - Висок илеус - Мезентеријална тромбоза - Infarct на myocardot - Appendicitis ac - Деснострана уретeролитијаза

ЛЕЧЕЊЕ НА АКУТНИОТ ПАНКРЕАТИТ Лечењето на acutniot pancreatit сеуште претставува тешка тераписка дилема. Причините за тоа се следните: етиологијата на болеста не е единствена патогенезата не е сеуште доволно разјаснета по правило непостои причинска терапија Примарната терапија на acutniot pancreatit е конзервативна, за тоа се задолжени единиците за интензивна интернистичка и хируршка нега ( шок соба). Хируршката терапија е индицирана само во случај кога ќе настанат компликациите,односно такви патолошки промени кои понатамошното конзервативно лечење неможе да ги спречи,а веќе го загрозува животот на пациентот. Конзервативната терапија опфаќа низ тераписки постапки, кои треба доследно да се спроведуваат: Имобилизација на секреторната панкреасна активност Сузбивање на процесот на автодигестија Отклонување на токсичните материи од крвта и перитонеалниот ексудат Контрола на болката и шокот Парентерална хипералиментација Сузбивање и лечење на септичните компликации

Секреторна имобилазација се постигнува со следните постапки : апликација на назогастрична сонда со континуирана активна сукција примена на Н2 блокатори низ сонда можат да се пласираат антицидни средства Сузбивање на процесот на автодигестијата.За оваа цел се користи Апротинин(Trasilol) применет во првите 3 дена во дози до 1.000.000 т.е. за 24h. Во последно време се користат и инхибитори на фосфолипаза-А,но сеуште не е тој начин во масовна примена. Во борбата против болката и шокот се оди со spasmolitica,analgetica(Pentaz ocin-fortral). Надокнада на циркулирачката течност со осигурување на ацидобазната рамнотежа. Парентерална хипералиментација да се обезбедат дневно од 2.5003.000cal. Со цел да се елиминираат токсичните материиод крвта и перитонеалниот ексудат,успешно се користи перитонеална терапијска лаважа, по принцип на перитонеална дијализа. Конзервативното лечење е потребно најмалку во тек на 07 дена. Во лечењето на акутниот панкреатит од билијарно потекло, денес голема улога игра Ендоскопската сфинктеротомија. Светските испитувања покажуваат дека дури 70% од случаите со акутниот панкреатит од билијарно потекло, може да се разреши со оваа метода, затоа што кај 70-80% од овие пациенти имаат choledocholitiasa. Билијарната етиологија ја покажуваат: претходна билијарна-анамнеза клиничка слика лабораториски наоди во смисол на cholostaza US, EHO во прилог на cholelithiasis


Активните се решаваат со: евакуација и интерна дранажа со воспоставување на анастомоза на pseudocystata со еден од околните шупливи органи: желудник, јејунум или дуоденум. Така да се формираат : pseudocysto-gastromii или pseudocystogastroanastomosi, pseudocysto-jejunostamii и pseudocysto-duodenostomii. Хируршки третман кај pseudocystite се превзама доколку во тек на 4-6 недели од настанувањето не покажува тенденција на regresija.

ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА БОЛЕСТА ХИРУРШКО ЛЕЧЕЊЕ НА АКУТНИОТ ПАНКРЕАТИТ Хируршкото лечење на acutniot pancreatit пред 7 дена од почетокот на болеста, не би требало да се спроведува освен во следниве случаи: несигурна dg. на acuten abdomen изостанување на ефектот од интензивно конзервативна терапија развој на локални септични компликации акутен билијарен панкреатит со знаци за билијарна опструкција која неможе да се разреши со ERCP и сфинктеротомија. Факт е дека пред 7-от ден од почетокот на болеста, невозможно е со сигурност да се разликува некротичното ткиво на панкреасот, од здравото. Докажано е дека во 25% од болните со acuten pancreatit кои во раната фаза покажале навидум “тотална некроза” на панкреасот, останува очуван Wirsungовиот канал со соодветните централни делови од жлездата, кои гарантираат негова задоволителна функција.

ХИРУРШКА ТАКТИКА И ТЕХНИКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА АКУТНИОТ ПАНКРЕАТИТ 1. Acuten pancreatit затечен при laparotomia, кој непокажува некротични промени на панкреасот, хируршки не се атакира. Се експлорира bursa omentalis, и се овозможува нејзина билатерална дренажа, со нејзина комплетна

реконструкција. 2. Ако операцијата се индицира поради изостанување на ефектот од конзервативното лечење, тогаш се експлоатира bursa omentalis,се прави некректомија и секвестректомија,се врши билатерална дренажа на bursata и нејзина реконструкција со комплетно сошивање на gastrocolicniot ligament . 3. Во случаи на билијарен acuten pancreatit со манифестна билијарна опструкција, се врши: cholecystectomia, choledochotomia и choledocholitotomia, а потоа Т-дренажа и дренажа на bursata. Зафат на pancreas е контраиндициран, бидејќи е во раната фаза на болеста. 4. Септичките компликации кои се развиваат како последица на секундарна инфекција на некротичните жаришта, се манифестира како abscessi и phlegmoni во retroperitoneumot. Хируршкото лечење овде се состои од евакуација и широка дранажа на септичките жаришта. 5. Pseudocysti na pancreas После haemoragicno-necroticniot pancreatit многу често се формираат големи експанзивни цистични творби т.н. pseudocysti. Тие можат да комуницираат со изводните канали на pancreasot и тогаш се активни pseudocysti, или таква комуникација да непостои, тогаш се инактивни pseudocysti. Инактивните се решаваат хируршки со евакуација и екстерна контакт дранажа.

1. Акутниот панкреатит е проблем на современиот начин на живот исполнет со бројни ризик фактори: Ненавремена и неадекватна исхрана Користење на голем број и големи количини на алкохолни пијалоци, кафе, цигари. Бројни и секојдневни стресни состојби Динамика на одвивање на сите животни активности Неконтролирано користење на медикаменти Корекцијата на сето тоа во голема мера ќе го спречи и уништува појавувањето на болеста. 2. Нaвремена дијагноза и добивање на адекватен начин на третман.

ЗАКЛУЧОК Развојниот процес на болеста во многу случаи може да се прекине или ограничи неговото понатамошно напредување. Бидејќи болеста го опфаќа феноменот на интеракција помеѓу домаќинот, агенсот и средината, превенцијата може да се постигне со менување на еден или повеќе од овие три елементи, да не дојде до интеракција. Рано откривање на почетните симптоми на болеста или превземање на превентивни мерки за нејзино спречување.

17


р е ф л е к с о л о г и ј а Како функционира? Рефлексологијата е холистичка техника на лекување која го третира човекот во целост неговото тело, разум и дух. Претставува метод на стимулација на механизмите на превенција и лекување на самиот организам преку масажа на определени рефлексни точки на стопалата, рацете или ушите. Терапијата се базира на идејата дека органите од телото се пресликуваат на стапалата, рацете и ушите правејќи на нив витална мапа на телото. Десното стопало кореспондира со десната страна на телото и левото стопало кореспондира со левата страна на телото. Иако рефлексологијата на ушите била позната уште во древен Египет, повторно е откриена од страна на францускиот доктор Ногиер и претставува најнов развој на рефлексологијата. Техниките кои се користат кај ушната рефлексологија се разликуваат од оние кај рацете и стопалата поради големината на ушите. Со нежен притисок со раце на рефлексните точки се активира сигнал на периферниот нервен систем. Од таму сигналот се пренесува во централниот нервен систем каде се процесира во различни делови на мозокот. Потоа се ослободува како соодветен сигнал во внатрешните органи. Рефлексологијата претставува комплемент на стандардната медицинска грижа и не треба да се смета како нејзина замена. По масажата може да реагирате на различни начини. Најчесто луѓето се релаксирани, други чувствуваат гадливост (од ослободување на токсините) или малку слабост. После се за време на терапијата повеќе од 7000 нервни завршетоци се стимулирани!

Постојат многу идеи за потеклото на рефлексологијата. Некои сметаат дека таа се појавила во Кина пред 5000 години претставена преку слики кои датираат од 2500-2350 п.н.е.

остојат исто така докази за практикување рефлексологија во Египет во 2330 п.н.е., 2704 г.п.н.е. се појавува во кинеската култура, 690 г.н.е. во Јапонија итн. На запад концептот на рефлексологијата започнал да се појавува во 19тиот век, и воглавно се базирал на истражувањата на нервниот систем и рефлексите.

Што е рефлексологија? Рефлексологија е наука која ги проучува принципите на постоењето на рефлексни области-точки на стопалата и рацете кои кореспондираат со сите жлезди, органи и делови од телото. Со соодветна стимулација на овие точки може да се помогне во многу здравствени проблеми на природен начин, еден вид превентивно одржување на доброто здравје. Рефлексологијата претставува сериозна предност во здравството и не треба да се меша со масажата.

18

Научни студии? Постојат многу студии за рефлексологијата. Неопходноста е да се тестира ефектот на определени заболувања. Спроведени се повеќе од 170 студии за ефектите од рефлексологијата со 95 контролни студии. 90 % од студиите покажале позитивен резултат. Истражувањата покажале дека рефлексологијата влијае на: Разни заболувања во правец на подобрување Го подобрува квалитетот на живот Специфично влијае врз функционирањето на целиот организам. Дава брза реакција и промена Директно го афектира органот кој се пресликува на дадените точки Целта на рефлексологијата е да го намали стресот, да ја зголеми длабоката релаксираност, подобри циркулацијата, да го прочисти организмот од токсини, и балансира целиот систем како и да ја зголеми енергијата. Скоро сите поголеми земји во светот имаат своја асоцијација на рефлексолози која работи на организирање, едукација, истражувања и докази за резултатите и ефектот на рефлексологијата како неинвазивна техника врз подобрување на здравјето на луѓето.


www.studiorum.org.mk

На 18-ти ноември во Клубот на пратениците во Скопје беше одбележан Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците, кој и на европско ниво се одбележува за прв пат, на иницијатива и под логото на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Во Република Македонија настанот заеднички го организираа владиниот и невладиниот сектор – Министерството за здравство на РМ и Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум” | Текст: М-р Неда МИЛЕВСКА-КОСТОВА, Програмски директор на Центар за регионални истражувања и соработка “Студиорум”| ационалната употреба на антибиотици е голем глобален предизвик. И во 21-от век, Европа се уште се судира со заразните болести, кои иако со помал замав отколку во минатото, одземаат човечки животи и претставуваат голем товар за здравствените системи. И Македонија не е исклучена од овие глобални текови – во секојдневната борба со други горливи прашања, понекогаш забораваме на проблемите кои се тука и кои го чекаат својот момент, за кој ние треба да бидеме подготвени. Обележувањето на овој ден имаше една заедничка цел – прашањето на антимикробната резистенција да се стави високо на политичката агенда, но и на знаење на јавноста, како еден од посериозните проблеми на здравствените системи, особено во посиромашните земји каде што и употребата на антибиотици е значително поголема отколку во развиените земји. Оваа година, Денот беше посветен на потребата сите, во рамките на своите надлежности како здравствени работници и здравствена политика и на своите можности како пациенти и активни учесници во грижата за сопственото здравје, да ја намалиме нерационалната употреба на антибиотиците. Настанот го отвори министерот за здравство на РМ, Д-р Бујар Османи, кој потенцираше дека Министерството за здравство ќе продолжи да ги спроведува мерките на доследно почитување на законодавството за лекови; јакнење на свесноста и обезбедување на информации за општата популација; и особено контролата и следењето на пропишувањето антибиотици и

контролата на маркетиншката пракса за антибиотиците. Инфекциите кои се предизвикани од микроорганизми резистентни на антибиотици се тешки и скапи за лекување, и резултираат со непотребно оптоварување на здравјето на пациентот и непотребно високи трошоци за здравствениот систем. Препознавањето на проблемот е првиот предуслов за негово решавање, за што е неопходен мулти-секторски пристап особено во здравството, ветерината и фитосанитарната заштита, каде се применуваат антибиотиците во третманот. Науката и праксата укажаа особено на неопходноста од: едукација на пациентите и општата јавност, во врска со превенирањето на инфекциите, при кои инфекции и како треба да се земаат антибиотиците, како и за одговорното земање на истите; едукација на здравствените работници за разумна употреба на антибиотици во сите нивоа на здравствена заштита и зајакнување на односот и меѓусебната доверба меѓу пациентите и здравствените работници, како еден од предусловите за координирано делување на индивидуално ниво. Во програмата на настанот, покрај обраќањето на владиниот и невладиниот сектор и професионалните здруженија кои ја искажаа големата посветеност и заложба за адресирање и решавање на овој проблем, беа направени и три интересни стручни презентации. М-р Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови на Министерството за здравство на РМ, истакна рационалната употреба на антибиотици во Македонија бара брзо но систематско решавање,

поради големиот удел на антибиотиците во здравствениот буџет (со дури 20 проценти од вкупните трошоци за лекови, односно околу 20 милиони евра), но уште повеќе поради резистенцијата која неминовно се јавува, а која може да настапи за 24 часа. Презентацијата на Проф. Д-р Лидија Петрушевска-Този, претседател на Фармацевтската комора на Македонија и Билјана Целевска, помошник-раководител на Секторот за европски интеграции во Министерството за здравство на РМ, даде преглед на улогата и задачите на фармацевтската професија во борбата со антимикробната резистенција. Третата презентација, на Д-р Голубинка Бошевска од Републичкиот завод за здравствена заштита и Д-р Жаклина Цековска од Институтот за микробиологија даде преглед на сите резистентни видови и нивниот одговор, нагласувајќи го фактот што во скора иднина, очекувано е дека резистенцијата ќе оневозможи лекување дури и на некои полесни инфективни заболувања. Нерационалното “консумирање” на антибиотици во нашата држава, а слична е состојбата и во другите земји во регионот, бара многукратни чекори – некои од нив и во насока на менување на менталитетот на пациентот и здравствениот работник, или менување на квалитетот и довербата на односот лекар-пациент, фармацевт-пациент, па дури и односот лекар-фармацевт. Овие активности подразбираат материјални и човечки ресурси, но, исто така и посветен пристап со мултислојност и паралелно адресирање на различните стејкхолдери, каде покрај политичката волја потребни се и активно учество, едуцирање и ангажирање на пациентите и професионалната заедница.

19


м и к р о б и о л о г и ј а

Денес терминот антибиотици се користи за сите антибактериски лекови, без оглед на начинот на нивното добивање. | Текст: Д-р Снежана ТУФЕКЧИЕВСКА ЃУРОСКА, спец. микробиолог и паразитолог |

ден дел од нив се природни и ги произведуваат микроорганизми, други се само структурно променети природни супстанци, хемиски модифицирани антибиотици (полусинтетски лекови), а третите се синтетски добиени (хемиотерапевтици). Нивното делување може да ги убие бактериите или да го попречува нивниот раст (бактериостатско делување), а притоа да не го оштети домаќинот, што се постигнува со нивната селективна токсичност, делуваат на структури на бактеријата кои не ги поседува човечката клетка. Не делуваат на вируси и делотворни се само за бактериски инфекции. Древните народи знаеле искуствено за нивното дејство, додека науката многу подоцна се вклучила во разјаснувањето на некои појави.

20

Едeн ден, 1928. година во својата мала и скромна лабораторија во стилот на Марија Кири шкотскиот микробиолог Александар Флеминг ја остварува својата визија, го открива пеницилинот. Неколку години подоцна, во 1941 година применет е на луѓе и од тој момент почнува “антибиотската ера”. Антибиотиците се лекови кои го одбележаа 20. век и спасија безброј животи. Секоја чест за тоа, но од нив почна да се очекува повеќе отколку што е потребно и нивната примена почна да се злоупотребува. Антибиотиците, некогаш моќно оружје во борбата со инфекциите, заради претераната употреба, денес почнаа да ги губат битките. Неинформираноста на обичните луѓе, како и немањето храброст на лекарите да му се спротивстават на притисокот на лаичката јавност за ординирање на антибиотици го доведоа во

опасност опстанокот на овие лекови. Премногу оптимистичкиот став дека инфективните заболувања ќе бидат победени за сите времиња денес е заменет со повнимателен, помалку ентузијастички пристап, па дури и песимистичко верување дека ќе се најдеме во ќорсокак ако се продолжи со ова темпо.

Што се случи со нив? Бактериите одговорија со посебна стратегија на одбрана - го амортизираат ударот со создавање на разни механизми на спротивставување на дејството на лекот и таквите отпорни облици ја продолжуваат борбата. За среќа човекот е скоро секогаш победник заради мобилизација на неговите природни одбрамбени сили. Покрај резистенцијата постојат и


други несакани дејства од антибиотскиот третман: токсични дејства, преосетливост, односно алергии, прекин на природната имунизација, недостаток на витамини, инфекции со габички и друго. Антибиотиците не ги разликуваат патогените бактерии кои предизвикуваат инфекции од непатогените бактерии на нормалната флора, па резистенцијата ги зафаќа и бактериите кои се постојани жители и тие стануваат резервоар на гени за резистенција во природата. На секој антибиотик со текот на времето се создава резистенција, што е директно врзано со опсегот на неговата експлоатираност. Некогаш пак, резистенцијата се создава откако лекот ќе биде применет (индуцибилна резистенција). Резистенцијата оди со побрзо темпо отколку што се произведуваат нови лекови. Таа варира од подрачје до подрачје дури и во една држава, а да не зборуваме за светот. Агресивната и сугестивна пропаганда од производителите, особено за должината на третманот, што е за жал погрешно, ја прават нивната потрошувачка енормно голема, а со тоа и резистенцијата. Во последните 25 години е исфрлен на пазарот само еден по својата хемиска структура нов антибактериски агенс, а се појавиле повеќе нови механизми на резистенција. Ако злоупотребата на антибиотици продолжи со ова темпо, брзината на појава на резистенција ќе ја надмине брзината на развој на нови лекови. Затоа во иднина може да се случи обично воспаление на грло, пневмонија и др. да станат смртоносни болести. Најмногу антибиотици се земаат заради проблеми со дишните патишта, поточно настинки. А голем процент од нив се предизвикани од вируси за кои антибиотикот е неделотворен или се предизвикани од некои бактерии чија инфекција е самоограничувачка и не е потребна антибиотска терапија туку само симптоматска заради полесна подносливост на симптомите до нивното стивнување. Најголемата злоупотреба на антибиотици се случува заради непотребно лечење на вирусни инфекции на горни дишни патишта кај деца. Најчестата дилема во секојдневната пракса на современата медицина е да се примени или да не се примени антибиотик при акутно воспаление на горни дишни патишта. Затоа тука е помошта на микробиологијата која ќе потврди или исклучи присуство на патоген микроорганизам и со помош на антибиограм ќе одреди целна терапија. Но заради долготрајност на постапката, зголемени трошоци, недостапност на лаборатории и др. во секојдневната пракса се задоволуваме само со клиничка дијагноза и тука е проблемот во несигурноста и грешките во примената на антибиотици. Ако ја вклучиме и недоволната информираност на лекарите за бактериската резистенција на поднебјето, проблемот за правилна примена на антибиотска терапија се усложнува уште повеќе и можноста од “нетрефнат” лек е уште поголема. Да бидеме искрени, ретко кога докторот може да биде сигурен за каква инфекција се работи без микробиолошка потврда, бидејќи симптомите и кај различни причинители се многу слични или идентични. Пациентите треба да бидат лечени на еднаков и засега

најдобро докажан начин. Антибиотици треба да бидат употребени единствено само кога е можно научно да се докаже значителна полза од третманот. Секогаш треба да важи правилото: користа од примената да биде поголема од штетата. Не постојат подобри или полоши антибиотици, туку само добра и правилна проценка на лекарот дали да се ординираат. Не постои универзален антибиотик. Никогаш не го споредувајте вашиот случај со друг, затоа што може да извлечете погрешен заклучок. Не земајте антибиотик на своја рака. Многу земји од соседството се одѕваа на иницијативата и подршката на Светската Здравствена Организација и издадоа прирачници за лекарите за примена на антибиотска терапија. Антибиотиците, за разлика од другите лекови, покрај индивидуалната штета можат да штетат и глобално, да прават штета и за останатите потенцијални пациенти, за општеството и на крај за Земјата како планета и да го загрозат опстанокот на човештвото. Само разумната употреба на старите и новите антибиотици ќе не врати во старите добри времиња кога моќниот пеницилин правеше чуда.

21


ф а р м а ц и ј а

Во светот повеќе од три билиони луѓе се заразени од оваа бактерија, а инфекцијата е почеста во земјите со понизок стандард на живот | Текст: Александра ДИМИТРОВСКА, дипл. фарм |

обеловата награда за физиологија во 2005 година на австралиските лекари Robin Warren и Berry Marshal за објаснувањето на улогата на бактеријата Helicobacter pylori во заболувањето гастритис и пептичен улкус, ја подигна свеста на здравствената јавност ширум светот. Пред да се докаже влијанието на оваа бактерија во предизвикувањето на гастритис и улкус, се верувало дека пептичниот улкус бил предизвикан од стрес или зачинета храна и дека треба да се лекува со лекови кои го намалуваат лачењето на желудечната киселина. Овие лекови предизвикувале само привремено олеснување на симптомите. Оваа ситуација е сменета со откритието дека гастритис и пептичен улкус се заболувања предизвикани од бактерија (подоцна именувана како Helicobacter pylori). Некои пептични улкуси се предизвикани од долготрајна употреба на нестероидни анти-инфламаторни лекови како што се аспирин и

22

ибупрофен. Пептичните улкуси кои се предизвикани од Helicobacter pylori можат трајно да бидат излечени со антибактериска терапија. Светската Здравствена Организација ја класифицира бактеријата Helicobacter pylori во групата на најјаки карционогени - I ниво - Група на докажани предизвикувачи на рак на желудник.

Што е Helicobacter pylori? Helicobacter pylori е грам негативна спирална бактерија која може да живее на слузокожата на желудникот. Стара е колку и човековиот вид, а најстарите примероци се откриени кај египетските мумии. Може да преживее во силната кисела средина на желудникот. Освен на желудечната слузокожа, Helicobacter pylori е откриена на раните на слузокожата во усната празнина, на забните наслаги, во плунката и во столицата на инфициран човек.

Како можам да се заразам со Helicobacter pylori? Инфекцијата се пренесува на три главни начини: Желудник-уста, кога повратена содржина од желудник на заразен човек ќе дојде во допир со уста на здрав човек; Уста - уста, кога од устата на инфициран човек бактеријата ќе дојде во устата на здрав човек; Столица-уста кога бактеријата од столицата на заразен човек со нечисти раце ќе се пренесе до устата на здрав човек. Постои можност за друг пат на пренос на пример преку загадена вода со Helicobacter pylori.

Кои се симптомите? Инфекцијата со Helicobacter pylori не зависи единствено од личната хигиена, ниту пак од социо-економскиот статус, туку зависи од колективните услови на живот. Во САД и Канада децата во првите пет години од своjот живот немаат Helicobacter pylori, додека дури 20% од децата од земјите во развоj се инфицирани во првите 5 години од својот живот. Инфекцијата го


ф а р м а ц и j а напаѓа младиот организам на детето уште пред истиот да има изграден силен имунитет. Симптомите се акутен гастритис ( мачнина, болки во стомакот, губење на апетит, надуеност ), кои вообичаено не се препознаваат. Гастритис претставува воспаление на желудечната слузокожа. Пептичен улкус ( Peptic ulcer disease ) претставува улцерација на желудечната слузокожа или дванаесетпалечното црево. Колку често инфекцијата со Helicobacter pylori предизвикува улкус и рак на желудник? По инфекцијата со Helicobacter pylori кај 90%-100% од болните се јавува гастритис, кај 20% се развива улкус на дванаесетпалечното црево, и улкус на желудник, а кај 2% рак на желудник. Докажано е дека 95% од пациентите кои имаат развиен улкус ( меѓу народот познат и како чир) на дванаесетпалечното црево се заразени со Helicobacter pylori.

Како да проверам дали ја имам оваа бактерија? Дијагностичката постапкa за откривање на инфекција со Helicobacter pylori може да биде инвазивнa ( испитување со ендоскоп) / ендоскопски преглед со целно земање на примерок (биопсија), и неинвазивнa - преглед без сонда. Неинвазивните методи можат да бидат: 1. Со издишување - се докажува активноста на бактеријата со уреа тестот на издишување 2. Преглед на крвта или плунката - се докажува присутност на бактеријата преку специфични антитела во серумот и/или плунката на заразениот човек (овој метод не е добар доколку пациентот земал терапија) 3. Преглед на столицата - бактеријата се докажува преку антигените на оваа бактерија кај заразениот пациент. Најдобар метод е оној со издишувањето, затоа што ја користи особината на бактеријата да ја разложи уреата. Постапката се одвива на следниот начин: Се пие мала количина на уреа со обележан изотоп C13 или C14 кој се распаѓа од бактеријата Helicobacter pylori за да ослободи јаглероден диоксид ( CO2 )

земјите со лоши хигиенски услови каде честотата на Helicobacter pylori инфекцијата е голема пр. Алжир 96%, Нигерија 85%, Индија 81% каде најголем број од децата до својата петта година се заразени. Вториот облик е карактеристичен за западните развиени земји каде процентот на заразени деца до петтата година е занемарлив но кај возрасната популација се забeлежува пораст на инфекцијата. По инфекцијата кај 100% од пациентите ќе се развие гастритис, кај 20% ќе се развие улкус на дванаесетпалечно црево и улкус на желудник,а кај 2% од пациентите ќе се развие рак на желудник

во издишаниот воздух. Се споредува содржината од кесата од првото издишување и второто и доколку количината на CO2 е зголемена за 1/3 во второто издишување, резултатот е позитивен. Овој метод е 90% сигурен и не е штетен. Дијагностиката преку крв, се користи најчесто како прв тест за испитување но не и за следење на пациетите кои биле на терапија за ерадикација на бактеријата.

Каде можам да прочитам повеќе за последиците од инфекцијата со оваа бактерија? Helicobacter pylori Фондацијата е оформена од нобеловецот Berry Marshall во 1994год. Целта на оваа фондација е да им обезбеди информации на луѓето за сериозната инфекција од Helicobacter pylori. Сите информации од оваа фондација можат да се најдат на нејзината интернет страна со адреса: www.helico.com

Колку луѓе во светот се заразени со Helicobacter pylori? Половина од луѓето во целиот свет ја имаат оваа бактерија која не е сапрофитна. Карактеристично е што оваа бактерија е распространета во

Со кои лекови се лечи инфекцијата? Според европскиот консензус за лечење на инфекцијата со Helicobacter pylori лекувањето трае една седмица а според американскиот 10 денови. Терапијата за третман на оваа бактерија може да биде двојна, тројна или четворна. Според голем број на студии докажано е дека тројната терапија е оптимална. Тројната терапија е прифатена и кај нас, во Р. Македонија, во протоколот за лекување на оваа бактерија. Препорачана терпија за ерадикација на Helicobacter pylori според Упатството за пракатикување на медицина базирана на докази во Р. Македонија издадено од Министерство за здравство на Р. Макадеонија: Примарен третман Инхибитор на протонска пумпа, стандардна доза1) + кларитромицин 500mg + амоксицилин 1g, сите лекови два пати дневно, 7 денови

Повторен третман по еден неуспешен третман Ранитидин бизмут цитрат 400mg x 2 + метронидазол 400mg x 3 + тетрациклин 500mg x 4, 7денови ИЛИ

Ранитидин бизмут цитрат 400mg + кларитромицин 500mg + амоксицилин 1g, сите лекови два пати дневно, 7 денови

Процентот на резистентни хеликобактер пилори бактерии е мал. Такви пациенти има на 100 пациенти три до пет болни. Добра Вест: Појавата на рак на желудник има тенденција на опаѓање кај општата популација. 1) Омепразол 20g, Езомепразол 40mg, Ланзопразол 30mg, Пантопразол 40mg, Рабепразол 20mg или Езомепразол 20mg

23


т р а н с ф у з и о л о г и ј а

| Текст: Д-р Елена АМБАРКОВА ВИЛАРОВА, Спец.трансфузиолог | овечкиот ген за крвната група од АБ0 крвногрупниот систем, има три различни варијанти кои се нарекуваат алели: алел А, алел Б и алел 0. Алелот А е одговорен за продукција на една јаглехидратна честичка (антиген) која се наоѓа на површината на крвните клетки на луѓе со крвна група А. Алелот Б е одговорен за продукција на антигенот Б и тие луѓе имаат крвна група Б. Луѓето кои на површината на крвните клетки немаат ниту антиген А, ниту антиген Б, имаат крвна група 0 и го носат алелот 0 во својот генетски состав. Сите ние имаме по два гена за крвната група, еден од мајката еден од таткото. Ако двата од нив се А алели, тогаш генетскиот состав на детето кој се нарекува генотип, е АА и крвната група (фенотип) ќе биде А. Ако едниот наследен алел е А, а другиот 0, тогаш генотипот на детето е А0 и неговата крвна група е повторно А. Тоа е од причина што алелот А е доминантен во однос на алелот 0 кој е рецесивен (недоминантен). Значи, се додека индивидуата носи доминантен алел (доминантни се и алелот А и алелот Б), тој ќе се изрази како особина (во случајов крвна група). За разлика од нив, рецесивниот (недоминантен алел) кој индивидуата го носи (алелот 0), додека е во комбинација со доминантен алел не се изразува како крвна група, но индивидуата може да го пренесе на нејзините потомци. Кога тој рецесивен алел кај некои од потомците ќе се најде во пар со друг рецесивен алел (00), само во тој случај ќе се изрази и таа индивидуа ќе има

Модерната генетика своите почетоци ги има во навидум едноставните експерименти на Грегор Мендел (средината на деветнаесетиот век), кои покажале како особините се наследуваат од генерација на генерација. Тој дошол до заклучок дека секој потомок добива две честички наследен материјал, по една од секој родител за секоја негова особина. Овие честички се нарекуваат гени. Особината која е видлива, пр. боја на очи или коса или може лабораториски да се докаже, како што е крвната група, е резултат од взаемното дејство меѓу овие два гена. Така наследената особина се нарекува фенотип

24


т р а н с ф у з и о л о г и ј а состав е +-, нивните потенцијални потомци можат да бидат и РхД позитивни и РхД негативни. Спротивно, децата кои се РхД негативни можат да имаат и РхД позитивни и РхД негативни родители. Меѓутоа двајца родители кои се РхД негативни, не може да имаат РхД позитивно дете.

РАЗЛИЧНИ КРВНИ ГРУПИ КАЈ ЕДЕН ЧОВЕК?

крвна група 0. Индивидуите кои имаат генетски состав АА или А0 имаат секогаш крвна група А. Луѓето со генетски состав ББ или Б0 имаат крвна група Б, а оние со генетски состав 00 крвна група 0. Во случај на комбинација на алел А со алел Б, бидејќи и двата се доминантни тие се изразуваат заеднички како крвна група АБ (кодоминантно). Ова заначи дека дете со крвна група 0 може да има родители со крвна група А, Б и 0 но не и родител со крвна група АБ (освен во исклучително ретки случаи на т. н. цис АБ крвна група која го одбегнала Менделевото правило на наследување. Спротивно од тоа, ако двата родители имаат крвна група 0 (значи и двата имаат генетски состав 00) сите нивни деца ќе имаа 0 крвна група.

Една последна компликација... За да биде животот дотолку поинтересен, постои уште една група антигени (Рх систем) т.н. Резус факторот. Рх системот е многу посложен од АБО системот и во негов состав има околу 50 антигени, но оној кој е најзначаен и спрема кој индивидуата ја определуваме како позитивна или негативна е антигенот Д. Антигенот Д е протеинска честичка која се наоѓа на површината на крвните клетки на Рх Д позитивните луѓе. Во овој систем позитивното Д е доминантно во однос на негативното д кое е рецесивно. Според тоа ако генетскиот состав на индивидуате е ++ или +- , РхД факторот е позитивен. Само ако генетскиот состав е --, тогаш индивидуата е РхД негативна (значи нема Д антиген на површината од крвните клетки). Ова значи дека ако двата родитела имаат РхД позитивен фактор но генетски

Мал број луѓе имаат две различни крвни групи од АБО системот. Овие индивидуи имаат т. н. крвногрупен химеризам. Тие ја делат крвта со својот неидентичен близнак пред раѓањето. Во повеќето случаи овие луѓе не се ни свесни дека имале близнак, кој умрел во тек на раната бременост и бил спонтано абортиран. Овој феномен го имаат дури 8% од неидентичните близнаци.

МЕНУВАЊЕ НА КРВНИТЕ ГРУПИ? Крвните групи се неменлива карактеристика која ја носиме цел живот. Но во исклучителни случаи, на пример кај одредени малигни заболувања, можна е времена промена на крвната група кај заболеното лице, што може да предизвика големи проблеми доколку е потребна терапија со крвни компоненти. Во Копенхаген, Данска во 2007 година откриен е бактериски ензим кој ги “јаде” антигените А и Б од површината на крвните клетки со крвни групи А, Б и АБ и ги претвора во крвна група 0. Ова откритие, во иднина ќе има големо клиничко значење!

ЗНАЧЕЊЕ НА КРВНИТЕ ГРУПИ Крвногрупниот систем АБО е значаен и по тоа што е откриена негова поврзаност со појава на одредени болести. Така луѓето со крвна група 0 повеќе заболуваат од чир на желудник и дванаесетпалечно црево. За разлика од нив, крвната група А заедно со останатите ризик фактори, во поголем процент ја имаат луѓе заболени од рак на желудник, панкреас и јајници, како и тромботични заболувања. До сега се откриени повеќе од дванаесет комплетни крвногрупни системи надвор од АБО и Рх системите. Тие ни овозможуваат да гледаме долг период наназад во наследувањето на фамилијарното стебло со голема прецизност. Исто така крвногрупните системи се од големо значење и во судско медицинска експертиза, на пример во случаи на чедоморство, убиства и исклучување на татковство.

25


т р а н с ф у з и о л о г и ј а

Поделбата на крвта на крвни групи е важна од многу медицински аспекти. Ако човекот изгуби многу крв, може да се случи да му треба трансфузија за да се надополнат дел од загубените црвени крвни клетки | Текст: Коца МИТЕВСКА, Дарио СОФРАНИОСКИ, лаборанти |

ога биле извршени првите трансфузии на крв се забележало дека во некoи случаи доаѓало до хемолиза (разградување) на трансфундираните црвени крвни клетки кај болниот. Набргу се приметило дека крвта (црвени крвни клетки) на различни личности имаат различни имуни својства. Крвните клетки кај човекот, особено црвените крвни клетки, имаат огромен број антигени на површината на

26

својата клеточна мембрана со кои се карактеризира секој човек посебно. Некои од нив се слабо изразени, но триесетина антигени се толку изразени и карактеристични за секој поединец, што можат да предизвикаат реакции и разградување на црвени крвни клетки при трансфузија на крв. Во 1900-1902 год. Карл Ландштајнер прв је открил оваа физиолошка


т р а н с ф у з и о л о г и ј а карактеристика кај луѓето, таканаречена изоаглутинација (30 години подоцна, со задоцнување ја примил Нобеловата награда за ова откритие). Тој врз основа на добиените резултати луѓето ги поделил во три групи и одтука потекнува името “крвна група“. - Првата група по Ландштајнер, сега крвната група 0, има својство најзиниот серум да ги аглутинира (згрутчи) црвените крвни клетки (еритроцитите) на останатите групи, а еритроцитите на особите од таа крвна група не се аглутинираат од серумите на другите крвни групи. - Втората група по Ландштајнер, сега крвната група А, има својство нејзиниот серум да ги аглутинира (згрутчи) еритроцитите на особите од третата група, сегашната група В. Серумот на третата група В ги аглутинира (згрутчува) еритроцитите на втората група, крвната група А. Соработниците на Ландштајнер, Декастиљо и Штурли 1902 год., а независно од нив Јански 1906 г. и Мосс 1910 г. ја опишале крвната група АВ. Серумот на крвната група АВ не аглутинира (згрутчува) еритроцити од ниедна крвна група, додека еритроцитите од таа група се аглутинираат од серумите на сите останати групи. Во 1928 година Хигиенската Комисија на Друштвото на народите ја прифати номенклатурата на крвните групи која 1910 година беше предложена од вон Дунгерн и Хирсзфелд, а која се базира на аглутиногените содржани на површината на еритроцитите, крвните групи 0, А, В, АВ. Застапеноста и фреквенцијата на крвните групи во одредени народи и региони бара долготрајни (со генерации) испитувања. Со овие истражувања се дошло до податок дека: Kај европските народи најзастапена е крвната група А, а како се оди по на исток е позастапена крвната група В. Максимално е застапена во централна Азија и северна Америка. Индијанците во Централна и Јужна Америка имаат скоро исклучиво крвната група 0. Низ целиот свет Б претставува најретка ABO крвна алела само 16% од човечкиот род ја има. A крвната алела е почесто застапена отколку B, со околу 21% од целата светска популација. Најчесто А алелата ја има кај мали популации неповрзани роднински, посебно кај Црноногите Индијанци од Монтана (30-35%), Австралиските Абориџини (40-53%), Лапите или Сами народите од Северна Скандинавија (50-90%). A алелата е очигледно отсутна кај Индијанците во централна и јужна Америка. O-тата крвна група (која резултира како отсуство на А и Б алелите) е најзастапена во светот. Околу 63% од луѓето ја имаат, посебно во централна и јужна Америка каде достигнува и до 100%. Релативно често се јваува и кај Австралиските Абориџини и во западна Европа (посебно кај популациите со Келтски предци). Најмалку застапена О групата е во Источна Европа и Централна Азија каде е честа Б групата.

За распоредот на крвните групи во нашата земја, со оглед на малиот број на жителите, постојат малку податоци, но застапеноста на крвните групи изгледа вака: најзастапена е крвната група А со 40-45 %, следи крвната група 0 со 30-35 %, крвната група В со 15-20% и крвната група АВ со 5-10%. Ландштајнер и Виенер, поаѓајќи од фактот дека човековите еритроцити имаат и други антигени, а кои со дотогаш познатите серуми не се аглутинирале, во 1939 год. почнале да користат животински серуми. Така, користејќи го серумот на мајмуните maccacus rhesus откриле дека 85% од еритроцитите на луѓето, без разлика на крвната група од АВО системот, коагулираат со овој серум, а останатите 15% не. Така првата група е наречена Rh позитивна, а втората Rh негативна. Потоа, се покажало дека овој крвногрупен систем (Rh позитив и Rh негатив) е еднакво важен како и АВО системот.

27


и с т р а ж у в а њ e Заблуди и вистини ДЛ го носи холестеролот во крвните садови и создава атероматозни плаки кои предизвикуваат срцеви заболувања,а пак ХДЛ ја создава еластичноста на крвните садови и неговиот недостаток ги прави крвните садови шкрти и нееластични. Скоро 2/3 од холестеролот се синтетизира во црниот дроб (800-900 мг), а 1/3 се внесува со храна.

Холестеролот е стероидно соединение кое настанува од деградација на мастите, а бидејќи учествува во создавање на жолчна киселина, полови хормони и хормонот на надбубрежната жлезда неговото присуство е од есенцијално значење за организмот | Текст: Александра ЦРВЕНПАНОВА, дипл. инж по биохемија |

Што е атеросклероза Таложење на мастите во внатрешниот зид на големите и средни артерии во почетокот како ситни кристали на холестерол кои постепено создаваат плаки, го стеснуваат луменот на крвниот сад потоа следи фиброзирање па стврднување на ѕидот кој поради дегенеративните промени е подложен на прскање.Овие промени во внатрешноста на крвниот сад доведуваат до згрудување на крвта-тромбоза. Причини за атериосклероза се: зголемена концентрација на холестерол во облик на липопротеини со мала густина (ЛДЛ); дијабет, пушење, пол (машки полови хормони ја зголемуваат концентрацијата на ЛДЛ) генетски фактори.

Што е зголемена доза на холестерол во крвта? За здрави лица во чие семејство нема коронарни заболувања нивото на вкупен холестерол не би требало да е поголем од 5 mmol/l при што HDL да е поголем од 1 mmol/l,а LDL да е помал од 3 mmol/l. Секое зголемено ниво на холестерол од референтните(посебно на LDL холестерол)ја зголемува опасноста од срцеви заболувања.

Кога треба да го провериме нивото на холестеролот во крвта Ако пациентот немал здравствени проблеми како дијабет, болест на бубрези или заболувања на тироидна жлезда потребно е над 40 година еднаш годишно да го проверат нивото на холестеролот во крвта.

28

Холестеролот се разнесува во крвта носен од протеините во плазмата градејќи комплекс т.н. липопротеини. Постојат два типа : Липипротеини со мала густина т.н. лош холестерол (ЛДЛ) кои во себе носат голема концентрација на холестерол,и добар холестерол (ХДЛ)-липипротеини што носат мала концентрација на холестерол.


и с т р а ж у в а њ e Ако пациентот потекнува од семејство со предиспозиција за срцеви заболувања и мозочен удар, ако пуши и има зголемен крвен притисок треба барем два пати годишно после 20 година од животот да го контролира холестеролот.

Дали жените и мажите подеднакво се во опасност од висок холестерол? Благодарение на влијанието на женските полови хормони (естрогени) жените имаат помала опасност од заболување на срцето и крвните садови, но само до менопаузата. Потоа им се заканува ист ризик како и кај мажите а понекогаш ризикот е и поголем. Мажите се позагрозени од жените бидејќи машкиот хормон тестостерон го намалува нивото на HDL холестеролот кој пак ги делува заштитно спречувајќи ги наталожувањата на слоеви на зидовите на крвните садови.

на 180 грама а за срцевите болни до 150 грама. мозок: содржи 2000 mg. холестерол на 100 gr. месо црн дроб: содржи 270 mg.холестерол на 100gr. месо

Што се тоа статини? Ако со правилен режим на исхрана и диети не успеете да го намалите нивото на холестеролот до саканите вредности тогаш лекарот ќе ви ординира лекови за намалување на нивото на холестерол т.н. статини (анти-хиперлипидемици) Тие ја забавуваат синтезата на холестеролот во црниот дроб и со тоа го зголемуваат отстранувањето на холестеролот во крвта.

Дали може зголеменото ниво на холестерол во крвта да предизвика инфаркт? Зголемениот холестерол е најважниот причинител за срцев инфаркт, заедно со цигарите и зголемениот крвен притисок. Затоа кај лица со срцеви заболувања како и други ризични пациенти нивото на LDL холестеролот не смее да надмине 2.5 mmmol/l. Затоа физичките вежби треба да бидат составен дел од секојдневниот живот и тоа барем половина час од денот.

Дали дебелината е знак на зголемено ниво на холестерол во крв? Зголеменото ниво на холестерол не е секогаш поврзан со зголемена телесна тежина на организмот. Голема заблуда е дека само дебелите луѓе имаат зголемен холестерол. Повеќето луѓе најчесто имаат зголемен холестерол условен од генетско-наследна предиспозиција иако имаат нормална тежина или се дури и слаби. Сепак најчесто дебелите луѓе поради вишокот на масно ткиво имаат зголемен холестерол во крвта бидејќи мастите собрани во масното ткиво лесно одат во црниот дроб и го зголемуваат нивото на HDL холестеролот.

Кои намирници треба да се користат за нормален холестерол? Кај половина од пациентите со хиперхолестеролемија причина е неправилната исхрана а кај половина генетската предиспозиција. Сите продукти од животински потекло: јајца (жолчка), внатрешни органи (џигер, мозок), путер, павлака, црвено месо, сувомеснати производи, полномасни сирења содржат заситени масни киселини кои го зголемуваат LDL холестеролот. Значи неопходна е здрава исхрана богата со риба, разни овошја и зеленчук, потоа маслиново масло. Еве неколку вредности на холестерол на 10гр. намирници: јогурт: содржи 13 mg холестерол на100 gr. јогурт путер: содржи 225 mg холестерол на 100 gr. путер мајонез: содржи 105 mg холестерол на 100 gr. мајонез месо: содржи 70 mg холестерол на 100 gr. месо. Затоа дневните порции на посно месо треба да се ограничат

29


и с х р а н а

Храната не е само задоволство во животот, таа е исто така важен фактор за нашето здравје. Човековата исхрана претставува мешавина од хранливи материи, кои се единствен извор на енергија потребна за опстојување. Енергетски сиромашната исхрана загрозува многу животни функции, а пред се работната способност. Храната е незаменлив услов за оптимален развој, здравје, добро расположение, значи дел од животот на човекот. Во светот значењето на исхраната е многу сериозно, па од таму и барањата за рационална, здрава и безбедна исхрана се се поголеми овековата исхрана содржи заситени, моно незаситени и повеќепати незаситени масни киселини. Линолната, линоленската и арахидонска масна киселина, како претставници на повеќепати незаситени масни киселини, се есенцијални материи и организамот не може да ги синтетизира, поради што е потребно постојано да се внесуваат. Во мастите на луѓето и животните преовладуваат омега-6 масни киселини, а во рибиното масло омега-3 масни киселини. Некои растенија особено, зелените, содржат и омега-3 и омега-6 масни киселини. Често пати во диететската исхрана се препорачува два пати во текот на неделата да се внесуваат риби или производи од риби, бидејки во рибиното мало има многу омега-3. Треба да се напомене дека постои голема разлика меѓу слатководните и морските риби. Слатководните риби, кои се користат кај нас заради начинот на нивната исхрана (вештачки се хранат во рибници), содржат мононезаситена палмитолеинска киселина, додека морските риби се богати со повеќепати назаситени масни киселини.

Зошто е потребно да се внесуваат омега масните киселини? Тие штитат од развивање на коронарни срцеви заболувања, бидејки содржат незаситени масни киселини. Тоа е важно особено кога постојат ризични фактори како што се: староста, покачен крвен притисок, холестеролемија. Во неколку научни истражувања споредени се Ескими и Данци и зачестеноста на појава на артериосклероза и заболувања на срцевите садови. Ескимите, кои претежно се хранат со разни видови морски животни и покрај многу суровите услови за живеење во споредба со Данците имаат помалку болни од артериосклероза и срцеви заболувања. Омега масните киселини се наоѓаат и во некои зелени растенија и семиња и тоа омега-3 во семе од лен, репка и конола,

омега-6 може да се добие од јаглика и црна рибизла, во помали количини од масло од пченка, соја, сончоглед и шафраника, омега -9 од маслиново масло, кикирики и авокадо. Научно е докажано дека омега масните киселини ја смалуваат содржината на арахноидонската киселина во мембраните на тромбоцитите и леукоцитите, а го зголемуваат еукозапентуатот, кој го кочи натрупувањето на тромбоцитите во крвните садови. Омега масните киселини влијаат на контракцијата на срцевиот мускул, тие ја смалуваат силата на срцевата контракција (инотропниот одговор) на т.н. алфа-адренергични стимулации, а со тоа го смалуваат оштетувањето на исхемичното срце. Омега-3 покрај ова допринесува и за одржување на нормалното ниво на триглицеридите и холестеролот во крвта. Омега-6 како поспецифично дејство има силно влијание на имуната функција така што ослободува лимфокинини кои ги активираат клетките на имуниот систем за одбрана на организамот. Омега-6 есенцијалната масна киселина учествува во создавањето и излачувањето на некои хормони од хипофизата, тироидеата и од адреналните жлезди и така директно или индиректно учествува во градењето на имуниот систем во организамот. Освен тоа учествува во создавањето и прифаќањето на некои неуротрансмитери кои учествуваат во одржувањето на расположението и сонот. Омега-9 е олеинска масна киселина која не спаѓа во есенцијалните масни киселини, но преставува добар партнер на предходните две омега масни киселини. Според научните сознанија учествува во намалување на артериосклеротичните промени, го подобрува имуниот систем и има заштитна улога во спречување на развивање на некои канцерогени заболувања. Најновите испитувања покажуваат дека омега масните киселини имаат најдобар

ефект кога се земаат во комбинација 3-69, отколку кога се земаат поединечно. Омега масните киселини треба да се внесуваат костантно, бидејки, како што веќе рековме, организамот не може да ги синтетизира. Уште нешто што е исто така многу важно: омега масните киселини осигуруваат создавање на простагландини. Простагландините се соединенија слични на хормоните кои имаат функција во регулирање на болката и отоците, помагаат во одржувањето на нормалниот крвен притисок, на нивото на холестеролот и учествуваат во преносот на нервните импулси. Фактори кои ја намалуваат ресорбцијата на омега масните киселини се: возраста, лошо компонираната исхрана, храна богата со транс масни киселини (брзи и пржени храни во прегорени масла), консумирање на алкохол, недоволен внес на некои витамини и минерали и одредени лекови. Знаци за недостаток на омега масни киселини се: брзо заморување, сува кожа, опаѓање на косата, репродуктивни проблеми, слаба меморија, чести имунолошки нарушувања, слаба периферна циркулација, менување на расположението и депресија. Кај бремените жени се препорачува консумирање на соодветна храна (риба) или земање на суплементација на готови препарати од омега масните киселини, бидејки тие допринесуваат за нормалниот развиток на мозокот, нервниот систем и видот кај плодот. Невнесувањето на доволни количини на овие киселини, според научните сознанија, може да предизвика скратено време на бременост и предвремени раѓања. Од таму во текот на бременоста, а особено во текот на доењето, треба да се внeсуваат омега масни киселини. Внесувањето омега масни киселини допринесува за правилен раст и развиток на децата, особено во зимскиот период, како и заштита од настинки и други болести како на пр. рахитисот (заради недоволна количина на витаминот Д).

ТРИМЕКС | тел.: 02 / 243 43 71 | info@trimeks.com.mk | www.trimeks.com.mk |

30


и с т р а ж у в а њ e

“Истражувачите од Научниот центар за здравје при универзитетот во Тексас ги објавија нивните наоди во кои стои дека луѓето кои страдаат од депресија, кога ќе им се даде плацебо, покажуваат промени во функционирањето на мозокот скоро идентични со оние кои ги предизвикува вистинскиот антидепресив” уѓето на кои им е даден “лажен лек”, а не знаат за тоа но мислат дека е вистински и дека ќе им ги намали болките, имаат намалена активност во деловите на мозокот за кои се знае дека се вклучени во чувствувањето на болката – изјавија истражувачите од Принстон и Мичиген универзитетите”.

Во последниве неклоку децении сè повеќе расте интересот меѓу научниците да го проучуваат влијанието на умот врз функционирањето на мозокот и телото, и како резултат на спроведените истражувања сè почесто можеме да прочитаме заклучоци слични на оние со кои го започнавме овој текст. Се работи за т.н плацебо ефект или само плацебо.

Иако навидум едноставно, дефинирањето на овој поим не е лесно. Една од повеќето дефиниции е следната: плацебо е форма на психолошка или медицинска терапија (или интервенција) дизајнирана да симулира психолошка или медицинска терапија, која кога се користи се верува дека не е специфична терапија за здравствената состојба и се користи заради психолошки ефект (или пак за да се елиминира пристрасноста на истражувачот во некоја студија).

Зборот placebo на латински значи ќе угодам, ќе удоволам. 31


и с т р а ж у в а њ e Плацебо ефектот не е откритие на современата наука. За него знаеле лекарите уште пред многу векови, па на своите пациенти им давале ‘шеќерчиња’ кога веќе не знаеле што друго да им дадат. Во 20. век се пронајдоа начини овој ефект подетално да се истражи и денес веќе точно се знае дека тој не е процес кој се случува само во умот, туку дека прави промени и на материјално ниво (во мозочните структури и телесните функции).

(опкружувањето) или меѓучовечките итеракции кои помагаат пациентот да ја перципира ситуацијата како лечебна за него и како резултат на тоа во неговото тело да се ослободат некои биоактивни материи вклучени во процесот на оздравување или олеснување на здравствените потешкотии. Денес, со користењето на т.н ‘brain imaging’ техники, веќе станува јасно дека плацебо терапијата во мозокот може да побуди слични или идентични процеси како и активната

Некои студии заклучуваат дека ако на пациентот му се даде таблетка со инертна (неактивна) супстанца, а му се каже дека му е даден лек, постојат изгледи од 30 до 40 проценти да му се подобри здравствената состојба (барем кога се во прашање симптомите). супстанца. Ова е случај со плацебодопаминот кај паркинсоновата болест, плацебо-аналгетиците и плацебо-антидепресивите. Останува да се разјасни како условувањето и очекувањата ги активираат мемориските спреги во умот/мозокот кои би произвеле некаков очекуван биолошки одговор.

Науката допрва почнува да ги разбира механизмите кои стојат во основа на плацебо ефектот, но ќе бидат потребни уште многу студии за да се разбере врската помеѓу умот, мозокот и телото за која научниците генерално се согласуваат дека постои и е нераскинлива. На биохемиско ниво, плацебо ефектот може да индуцира промени во функционирањето на органите преку ослободување на катехоламините, ендорфините и имуноактивните клетки за кои е потврдено дека се многу остеливи на пациентовата емоционална и воопшто психолошка состојба. На психосоцијално ниво особено е важно да се идентификуваат аспектите на средината

32

Досегашните искуства од праксата потврдуваат дека плацебо ефектот е нестабилен и е под влијание на многу фактори. Забележано е дека некои пациенти одлично реагираат на плацебо третманот, а некои слабо. Понатаму, во една друга студија добиен е интересен резултат - цената на плацебо лекот (во истражувањето се работело за плацебо аналгетик) е влијае на неговата ефикасност (односно испитаниците велеле дека поскапиот аналгетик повеќе им ја намалил болката – иако се работело за иста супстанца и згора на тоа плацебо). Феноменот плацебо во последно време помеѓу научната јавност покренува и доста етички прашања, што особено се одразува врз креирањето истражувачки студии и избор на ефикасен третман при одреден здравствен проблем. Тој и понатаму останува само уште една од големите мистерии на нашиот ум со неговата моќ да делува на материјално рамниште и да прави промени во функционирањето на нашиот мозок и нашето тело. Претстои долг пат кон нивно разоткривање – пат на кој сме биле, сме и понатаму ќе бидеме сведоци на изненадувања и парадокси.

Како што постои плацебо ефектот, така постои и антиплацебо, односно ноцебо-ефект (на латински значи: ќе наштетам). Ако на пациентот му се даде вистинскиот лек а тој не знае за тоа, делотворноста на лекот ќе биде помала само затоа што пациентот не знае дека добил лекарство од кое ќе му биде подобро. Или пак, пациентот ќе манифестира непожелни физиолошки реакции ако му се каже дека супстанцата што му е дадена на пример, на него негативно ќе делува. Секој учесник во процесот на лечењето (медицинскиот персонал, блиските на пациентот) мора да бидат свесни дека давањето психолошка поддршка ја зголемува делотворноста на терапијата без обѕир на тоа за каква болест станува збор.


и с т р а ж у в а њ e

Отровен гас во подрумот, експлозив во кујната, напалм во гаражата, електробомби во ташната-без да се претпоставува, ние сме опкружени со опасна хемија. Со малку зафати едно средство за чистење лесно се претвора во смртоносен гас ријатен пролетен ден во едно белгиско место: неколку облаци на небото, ветерот дува од исток. Таму се наоѓа непријателот. Околу 16000 француски, алжирски и марокански војници веќе претчувствуваат дека на овој 22-ри април 1915 год. нешто ќе се случува. Сосема очигледно нешто подготвуваат германските војници на исток. Но сепак никој не може да си претстави што им се заканува.

гасот ќе дојде во контакт со вода, се создава киселина. Токму тоа се случува во очите, носот, устата и белите дробови на војниците. Илјадници луѓе ослепеа, повеќе од 5000 се задушија на најужасен начин, бидејќи од хлорот им се уништија белите дробови. Многу други починаа, но сепак овој напад од аспект на германската војска беше чист неуспех, бидејќи иницијаторите на оваа стратегија не очекуваа дека гасот така ќе делуваи немаа подготвено доволно војници за да го заземат освоениот дел од фронтот.

ДАЛИ МОЖЕ СЕКОЈ ДА НАПРАВИ ОТРОВЕН ГАС ВО ПОДРУМОТ?

Доцна попладне, кратко пред 18:00 часот долж линијата од еден фронт долга 6,5 километри германските специјалисти отвориле 5700 канти, кои што содржеле вкупно 168 тони хлор. Во овие моменти почнува една нова ера на војната: за прв пат се употребува хемиско оружје во голем размер. Ветерот го разнесува хлорот како жолт облак кон позицијата на француската војска. Гасот е потежок од воздухот и се разлева надолу во рововите. За французите започнува кошмар. Штом

Во домаќинството се наоѓаат многу опасни материи, кои можат секого да го направат воен злосторник. Употребата на хлор како оружје не само што беше грев од аспект на морални вредности, туку беше вистинско воено злосторство. Уште тогаш со хашката воена конвенција беше забранета употребата на отров. Сепак, она што малкумина го знаат: речиси секој може да изврши вакво воено злосторство. Во речиси секое домаќинство ги има сите неопходни материи за напад со отровен гас, но и понатаму се произведуваат смртоносните гасови. Сепак тоа најчесто се случува ненамерно и е со трагични последици. Речиси во секој подрум се наоѓаат средства за белење кои содржат хлор и средства за чистење на база на оцет. Средствата за белење ја содржат материјата натриумхипохлорит. Тоа е екстремно агресивна материја и може да ги уништи бактериите или да ги уништи боите. Оттаму и го добила своето име средство за белење. Но

кога материјата натриумхипохлорит ќе дојде во контакт со киселина, тогаш се создава смртоносниот гас- хлор - и тоа во огромни количини. Како киселина со која може да дојде во контакт хлорот, може да послужат средствата за чистење на база на оцет, лимонов екстракт или исто така и средствата за отстранување на ’рѓа. Кога ќе се измешаат поголеми количини од овие материи, тогаш е многу опасно. Доволно е хлорот да е присутен во воздухот во концентрација од само 0,5 проценти, и веќе е опасен по животот на луѓето. Тој е опасен и во концентрација од 0,001 процент. Исто така, кога средствата за белење доаѓаат во контакт со амонијак, може да се добијат отровни гасови: таканаречените хлорамини. Сепак хлорамините се помалку опасни од самиот хлор. Поради тоа војниците во првата светска војна беа советувани да се заштитуваат со ткаенина намокрена со урина, се додека не почнаа да се произведуваат гас-маски. Урината го неутрализира хлорот. Исто така, имаше и случаи во кои аматерите беа жртви на уште посилниот отровен гас-фозген . Гасотфозген беше откриен, исто така, за време на првата светска војна, кога се сметаше дека хлорот не делува доволно. Во помала концентрација гасот-фозген мириса како ливада во пролет, но кога ќе се вдише малку повеќе, се уништуваат белите дробови. Кога во едно домаќинство се ослободува хлор или фозген, тогаш речиси секогаш има несреќни случаи. Сепак ако се гледа правилно, загрозените се виновни според параграф 330- а од правилникот за казни. Тој ги третира „ сериозното загрозување со ослободување на отрови „ и според истиот следи казна од 10 години затвор за секој оној кој распространува материи кои содржат или може да предизвикаат отрови. Така според овој закон, заедничката продажба на средства за белење кои содржат хлор и средства за чистење на база на оцет би можело да се смета за антитерористичко дејствување. Сепак до сега, никој не е уапсен на каса во супермаркет поради тоа ???

33


и с т р а ж у в а њ e ОТРОВЕН ГАС, ЕКСПЛОЗИВНИ МАТЕРИИ, НАПАЛМ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ ЗА ЛУЃЕТО КОИ ГИ КОМБИНИРААТ ОВИЕ МАТЕРИИ ОД ХОБИ Рецепти и упатства има на интернет; секој кој барем малку се разбира од хемија, може се да комбинира во кујната Во суштина нашите кујни се полни со супстанции, од кои со минимални познавање од хемијата може да се комбинираат и да се добијат најопасните воени оружја. Крупна сол и шеќер кога би се измешале во правилен сооднос, тогаш се добива основната материја за димна бомба. Од одредени сапуни и бензин се добива напалм- течна маса која во состав на бомба може да уништи цели предели. Напалм гори со оган од 1200 степени, тешко се гасне со вода и се залепува за секоја површина, со која доаѓа во Производ

контакт. Наједноставни експлозивни материи се брашното, какаото или пченкарен скроб. Доколку со сламка се дува брашно во пламен од свеќа, тогаш пламенот видно ќе се зголеми. Сепак има и уште поопасни работи: сепак и на лаиците воопшто не им е тешко да обезбедат потребни

Е отровен кога ....

Средство за чистење Дури и најмали количини се штетни одводи за телото. Средството содржи натриумхидроксид, кој што во комбинација со вода станува база. Таа може се да разјаде. Освен тоа се создава отровен амонијак.

Лесно запаливо Запалива бомба од сапун Напалм - со тоа американската војска го запали Виетнам. Материјата во секоја кујна се комбинира, со мешање на сапун или стиропор и бензин.

Е опасен кога ....

Станува оружје кога ...

Натриумхидроксид е многу штетен за устата или очите доколку дојде во нив. Освен тоа го содржи гранулатот алуминиум. Металот плус базата резултира со појава на експлодирачки гас. Во одредени услови може дури и да експлодира. Штом дихлорметан ќе стапи во контакт со оган, настанува гасот фозген. Во Првата Светска војна со овој гас беа убиени 90 000 луѓе.

Некои средства за чистење содржат соединенија на хлор. Доколку истите се измешаат со оцет, тогаш настанува смртоносен отровен гас.

Средства за отстранување боја

Многу вакви средства содржат дихлорметан. Само што ќе дојде во контакт со кожата, веднаш предизвикува сериозни труења со главоболка и несвестица. Освен тоа може дури да предизвика и рак.

Средства за миење, средства за чистење на подови, средства за перење, шампон

Речиси сите средства за чистење содржат синтетички тензиди, кои многу наликуваат на сапун и на ист начин делуваат. Се смета дека тенсидите се штетни по здравјето и дека се отровни

Брашно, какао, пченкарен скроб

Кога ќе се распрска малку прашок, малку скроб така што ќе дојдат во контакт со кислородот во воздухот, тогаш настанува екстемно запалив и експлозивен облак од прашина. Доволна е само една искра... Литиум-ионските батерии содржат повеќе Доволен е краток спој, и целата материи кои се опасни за здравјето на енергија од батеријата да луѓето. Доколку навлезе вода во батеријата, експлодира. Потоа лесно горат тогаш се создава екстремно силната и другите составни делови на хидрофлуорна киселина акумулаторот на енергија. Многу од овие средства содржат материи Нитрогените соединенија од кои се штетни по здравјето на луѓето. Може ѓубривата може да се користат да се ослободува особено отровниот како основа за правење на амонијак. експлозивни средства. Особено опасен е амониумнитрат. Активна состојка на најголемиот Доколку натриумхипохлорит е број средства за побелување е предолго изложен на сонце, тогаш натриумхипохлорит. Оваа материја е многу се создава смртоносниот гасотровна. хлор. Додека пак мешавината на натриумхипохлорит со алкохол е експлозивна.

Батерии ( мобилни телефони, лаптоп )

Ѓубрива

Средства за отстранување на флеки, средства за побелување кои содржат хлор

34

Постојано се случуваат смртни случаи, бидејќи пред се старите луѓе пијат поголеми количини на средства за чистење со тенсиди.

Исто така е можно да се создаде отровен гас од овие средства, и често се случуваат несреќни случаи. Сепак овие средства содржат минимални количини на дихлорметан за да може да се користат како оружје. Од одредени сапуни во комбинација со бензин се добива напалм, основната состојка на многу бомби.

Експлозиите од прашина може да бидат многу силни и да разрушат цела зграда. На овој принцип функционираат аеросолните бомби, но тие распрскуваат запалива течност.

Комбинацијата од 95% чист амониумнитрат и 5% дизел создава исклучиво опасна експлозивна материја, која е користена и при терористичкиот напад во Оклахома. Натриумхипохлорит ослободува големи количини на отровен гас-хлор, кога доаѓа во контакт со киселина. Тоа може да се случи доколку се измешаат средство за белење и средство за чистење на база на оцет.


и с т р а ж у в а њ e материи за нитроглицерин или ТАТП ( triacetone triperoxide ) кој особено е омилен кај терористите. Кога на 7-ми јули 2005 год. експлодираа бомби во Лондон во подземна железница и во еден автобус, терористите на Алкаеда го направиле ТАТП во една лабораторија. „Со правилен рецепт и малку искуство на секого може да му успее „ вели Томас Клапетке, експерт за експлозивни материи на универзитетот Лудвиг-Максимилијан во Минхен. Но не само терористите произведуваат експлозивни направи на овој начин. Околу 1000 пати во текот на една година мора да интервенира германската полиција и противпожарната служба, за да не експлодираат бомбите конструирани од споменатите материи. „Не можеме секогаш да речеме дека се работи за намера на терористите, понекогаш се работи за незнаење на младите луѓе„. коментираат од службата за борба против криминалот врз основа на еден од таквите случаи: двајца млади во близина на градот Кил запалиле бомба тешка 5 кг и со тоа направиле кратер од 2 метри во коритото на една река. Упатства и рецепти производство на бомби и сл. младите и терористите наоѓаат на интернет. На форумите има размена на искуства, а на видео-порталот YouTube маскирани лица ги покажуваат сите чекори за производство на експлозиви од хемикалиите кои се користат во домаќинството.

ДАЛИ БАТЕРИЈАТА ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН МОЖЕ ДА БИДЕ СМРТОНОСНА БОМБА ? Литиум-ионските батерии можат да акумулираат многу енергија - и понекогаш да ја ослободат во облик на експлозија Јуни 2006 год. Осака, Јапонија. Конференцијата за технологија во еден модерен хотел во метрополата

Опасно по здравјеСмртоносна боја Составните делови на некои бои се сами по себе опасни. Но кога испаруваат и доколку дојдат во контакт со запалена свеќа, тогаш настанува смртоносниот гас-фосген.

некако бавно се одвивала. Некои учесници речиси и да не ги слушаат внимателно излагањата на експертите и повеќе сакаат да ги разгледуваат шарите од ориенталниот тепих додека размислуваат. Одеднаш еден од учесниците извикува во паника и за да се заштити, скока над масата. Од неговиот лаптоп, марка Dell почнаа да излегуваат искри, за потоа да уследи една силна експлозија, и низа мали пукотници. Персоналот кој ги служеше присутните во салата се растрча со апарати за гаснење пожар. Сепак останаа немоќни, ништо не можеше да го згасне огинот. Компјутерот продолжи да гори уште извесно време. Испадот во Јапонија беше причина, да се заклучи дека милиони батерии за лаптоп во светот мора да се заменат. А поголемиот дел од корисниците на овие уреди воопшто или ретко размислуваат дека секојдневно носат со себе хемиски реактор, кој понекогаш може да предизвика голема несреќа - дури и батеријата во мобилен телефон или лаптоп. Акумулирањето на електрицитет во батериите не е исто како кога се собира вода во шише. Понатаму, во нивната внатрешност постојано се одвиваат т.н. електрохемиски реакции. Батеријата сама ја создава струјата, при што се одвиваат хемиски промени на нејзините составни материи. Откако сите составни материи ќе ја извршат нивната реакција, тогаш батеријата е празна. Сепак реакцијата може да се одвива и во спротивна насока, при што се дотура нова електрична енергија од надвор и батеријата повторно се полни. Ова е особено карактеристично за батериите од најновата генерација, т.н.

Убиец во одводот Речиси најопасното средство кое се користи во секое домаќинство е средството за чистење одводи. Во контакт со вода се создава каустична сода. И амонијакот станува смртоносен, кога ќе биде присутен со 0,5% во воздухот. литиум-јонски батерии. Доколку во нивната внатрешност доаѓа до краток спој, н.пр. од нечистотии, тогаш одеднаш се ослободува целокупната акумулирана енергија: една силна експлозија. Ова се случува и доколку се обидуваме насилно да ја отвориме батеријата. Со настанување на експлозијата компонентите од батеријата доаѓаат во контакт со кислород. Покрај соединенијата на литиумот овде би се вбројал и графитот. Заедно, обете материи создаваат една комбинација која добро гори, која ќе се запали од експлозијата. Поголемите батерии, н.пр. во прибележник, се состојат од повеќе поединечни ќелии. Кога првата ќелија ќе ја зафати оган, тогаш таа ги загрева другите соседни ќелии, кои потоа за многу кратко време ќе експлодираат. Тогаш доаѓа до една силна последователна реакција. Сепак, производителите на батерии навистина се трудат да вградат колку што може повеќе осигурувања во нивните производи. „кога ќе се размисли дека ширум светот се користат милијарди литиум-јонски батерии, многу ретко се случуваат експлозии. “Во принцип овие батерии се сигурни „, вели експертот за батерии г-дин Норм Енгланд. Но понекогаш откажуваат и осигурувањата и има известување за смртни случаи во Азија. Жртвите носеле мобилни телефони во џебовите на предниот дел од градите и најверојатно користеле евтини батерии без осигурувања кои не биле од оригиналниот произведувач. Опасноста од експлозија на батериите со литиумски јони се уште е најголема пречка во воведувањето на новите хибридни и електроавтомобили.

35


н a

e д е н

п а ц и е н т

Османи Намик, 50 години, работник од Битуше, Ростуше

Имав закажано за денес наутро, во 8.30 часот. Тогаш ми рекоа да дојдам и јас уредно си го почитував кажаното и си дојдов на време. Дојдов со брат ми. Тој ме донесе и со него бев на прием тука. Најпрво, кога дојдов утринава, отидов кај психологот. На муабет, да поразговараме... Опуштено, релаксирано, разговаравме за повеќе теми. Ме прашуваше од каде сум, за семејството, за фамилијарните односи, за евентуалниte претходни болести, специфични ситуации и слично. Јас се си кажав, ја опишав мојата ситуација, кажав од што претходно боледував и како всушност дојдов до операција. И, да си кажам право, убаво ми годеше тој муабет... Ми беше пријатно... Од таму, ме однесоа на одделение. Кога дојдов на одделение, прво ме однесоа во купатило на капење, каде што се истуширав и потоа, си отидов во соба. Ме сместија во една убава соба, каде што веќе имаше и други луѓе. Чисто, педантно, уредно... Ми дадоа пижами, ми направија комплетни анализи и откако легнав во креветот, почнаа да ми даваат терапија. На два часа ги примав потребните лекови, а во времето предвидено за оброк, ми дадоа и ручек, специјално донесен од “Александар Палас”. Во пакување, чисто, вкусно... Операцијата ми е закажана за утре. Ми рекоа дека утре наутро ќе ме земат и ќе ме носат на операционата маса. Се е подготвено, само треба да се изврши и тоа. Добро... Подготвен сум и чекам. Утрото ќе дојде побрзо од што се надевам.

Денес требаше да биде операцијата.

36

Но, ми кажаа дека има некои други операции, кои се поитни и посложени, кои морале да бидат завршени утрово, а траеле многу подолго, па за да не ме оперираат во попладневните часови, ќе ме оперираат утре. Добро, не е проблем воопшто. Нормално, некогаш има некои луѓе кои имаат многу поголеми проблеми, па и треба да се направи и отстапка. Ако, само да биде и со нив како што треба. Инаку, јас бев комплетно испитан и подготвен за операција. Исто така и денес се искапив, и откако се вратив повторно во кревет, дојде да ме посети анестезиологот. Ми рече дека сe е како што треба. Да не се секирам за тоа што ме очекува, дека сите тие се уиграна екипа, која што супер функционира и која ќе направи се за операцијата биде повеќе од успешна. Пред да си оди анестезиологот, ми ја дадоа и потребната терапија, а еве сега пред малку, ми дадоа и да јадам супа. Ми рекоа дека и моите дома ги информирале дека операцијата е одложена за утре, за да не се секираат и да не бидат во исчекување. Јас не комуницирав со моите, но тука си има служба која што комуницира со домашните, така што тие се комплетно информирани за се што се случува. Во меѓу време, со другите пациенти си правевме муабет. Секој си кажува за своите проблеми, за своите искуства и времето поминува... Јас порано, пред скоро дваесет години бев во Државната болница заради истиов случај заради кој што сум и сега тука - затната артерија. Тогаш бев опериран и навистина бев задоволен од таа операција. Минатата година пак, повторно ми се случи истото, но на другата нога, на левата. Повторно ми се затна артерија. И, отидов во Државната болница, но искрен да бидам, не бев

задоволен, зошто после неколку месеци од операцијата, артеријата повторно беше затната. На истата нога... Кога ги прашав докторите, зошто е тоа така, ми одговорија дека ете, така мора да биде... Е па, јас не мислам дека така мора да биде. Мислам дека треба да има решение, а и затоа и сум отишол на лекар. За да ми биде отстрането она што ми го попречува здравјето. И, решив да одам кај друг доктор. Отидов и ме оперираше. Но, што да кажам? Повторно истото! После само два месеца, ногата повторно ми се затна. Исто, како и да не сум правел операција... Па, што е ова, се прашував? Дали не знаат како да ме оперираат, дали не сакаат да го направат тоа како што треба или пак, кај мене е толку нешто искомплiцирано? Многу прашања, за кои требаше да се најде одговор со едно нешто - успешна операција. И, после се, откако сфатив дека сите се корумпирани и несовесни, една моја пријателка ми предложи да појдам во “Филип Втори”, кај Д-р Жан Митрев, Вели, тој сигурно ќе ти помогне. И, ја послушав. Уште во август се јавив тука, и веднаш ми закажаа и прегледи и испитувања. Кон средината на август ми направија и коронарографија, а на крајот од месецот ми вградија и стент. Ми рекоа дека вака, со стентот ќе можам да си функционирам и два месеца, но дека сепак, за моето добро е што поскоро да се решам на операција. И, јас се решив. Си дојдов и си закажав операција. И еве, таа е утре... Дојде и ноќта... Ни дадоа вечера и потребни лекарства, а уште малку и ќе спиеме...

Се разбудив утрово... Немам страв.


н a Знаем дека сум во сигурни раце и дека овде ги има сите услови. И, на телевизија имам следено, и во весници... Секаде сум слушал само најдобри работи, така што знаев дека се ќе биде добро. Згора на тоа, како што кажав, во август два пати имав тука интервенции, па и врз своето искуство, знаев дека се ќе биде најдобро завршено. Па, Д-р. Жан Митрев е познат светски лекар! А, како може да излезе нешто од таков човек? Па, само најдобро! Ме зедоа околу 10 минути до 9 часот и со количка ме однесоа во операционата сала. Еден час ме испитуваа - притисок, едно, друго, за да биде се подготвено. Со нивните апарати, инструменти... Техниката со која што располага болницата е восхитувачка. Тоа е чудо - невидено. Не сум видел до сега такво нешто. Бев и Државна болница, но таму, вакви апаратури немаат. Тоа можам да го потврдам со сигурност. Потоа, ме зедоа во салата и ме

оперираа со локална анестезија. Јас лежев на креветот, ми дадоа да слушам музика и да се опуштам. Во делот каде што ја правеа операцијата бев покриен и нормално, таму не гледав ништо. После тоа, откако се се заврши, ме однесоа на интензивна нега и бидејќи се беше добро, после половина час ме симнаа доле, на одделение. Сега се одмарам и си размислувам за поминатото. А, си размислувам и за утре...

Денес си одам дома. На моите им е јавено и ќе си одам. Операцијата е успешно направена, денес е само еден ден после неа и јас сум подготвен да си заминам дома. Сега го чекам брат ми да дојде и да ме земе и да ме однесе. Ќерките и сопругата ме чекаат дома, а и јас сакам да ги видам. Јас сум многу задоволен од она што ми се направи во “Филип Втори”.овде има толку многу пријатни доктори.

e д е н

п а ц и е н т

Прекрасни... Срдечни, љубезни, културни... Со секого да се поздрават, на секого да му обрнат внимание, да го прашаат како е, дали нешто му треба, дали нешто му недостасува... А, што може да му треба, кога и без да се побара, овде има се! Што да му недостасува, кога со самото доаѓање се добиваат сите неопходни работи! Едноставно, се гледа дека сакаат да ги решат маките на тие што дошле тука. А, без мака, никој не доаѓа, тоа е јасно. Му благодарам на Д-р. Жан Митрев што ја отвори оваа болница и што дојде тука. Ваков човек ни требаше овде. Да не беше тој, што ќе правев? Ништо! Ќе си ги трпев маките и ќе се мачев со по три пати неуспешно оперирана нога. Да не беше тој, каде ќе одев? Никаде! Во никого верба, без пари, без ништо... Овде ме примија како што треба и сега си одам како што треба. Забележал: Александар ТРАЈКОВСКИ

37


к л у б

н а

п а ц и е н т и

Академик Др Жан Митрев одговори на прaшања

Што се подразбира под терминот периферна васкуларна хирургија, кои заболувања може да се третираат, кој и каде може да се изведуваат овие процедури

Целта на оваа хирургија е да се обнови циркулацијата на местото каде е запушена, да го ослободи пациентот од тегобите на студ, трнење и бол во предел на нозете (под запушувањето), и да помогне да се избегнат опасните последици како што е ампутација на екстремитетите.

Одговор

Прашање

Прашање

Периферна васкуларна хирургија опфаќа хируршки техники со кои се овозможува обновување на протокот на крвта во екстремитетите, поточно во нозете и стопалата, рацете, главата т.е. мозокот, другите висцерални органи како што се бубрезите, црниот дроб, белите дробови, цревата итн. низ запушениот артеријски крвен сад. Оваа хирургија се спроведува кога масните депозити (т.н.р.плаки) во артеријата, го блокираат нормалниот проток на крвта која носи кислород и хранливи продукти во екстремитетите и висцералните органи. Најчести се следниве три вида на периферен бајпас васкуларни процедури, на пример за долните екстремитети: Аортобифеморален бајпас, кој го овозможува протокот на крвта од абдоминалната аорта до двете феморални артерии – кои ја снабдуваат со крв до нозете Феморопоплитеален бајпас, кој го обновува крвотокот од феморалната артерија до поплитеалните артерии по коленото Феморотибијален бајпас, кој го обновува крвотокот меѓу феморалната артерија и тибијалната артерија Најчесто ова премостување се врши со помош на специјално подготвени графтови или пак со сафенската вена како автологен графт ( вена што нормално ја има секој човек).

38

Кои се најчести причини и симптоми на васкуларните заболувања? Одговор Најчеста причина е атеросклерозата. Развојот на атеросклерозата е наследно условен, а се модифицира со начинот на живот на единката, како што се навиките на исхрана и физичката активност. Најчести ризик фактори се високо ниво на холестерол и триглицериди висок крвен притисок активно или пасивно пушење дијабет тип 1 и 2 дебелина физичка неактивност фамилијарна предиспозиција за рани срцеви заболувања Симптомите кај пациентите обично се јавуваат при повеќе од 70% стеноза на крвниот сад. Појавата на колатерална циркулација понекогаш возможува да пациентот долго време нема симптоми. Со возраста најчесто се зголемува ризикот. Промените на циркулацијата предизвикуваат јаки болки и грчеви при одење, кои се повлекуваат во мирување. Пациентот може да има болки во стопалата и во тек на мирување и во тек на ноќта. Кога стеснувањето на крвниот сад настанува постепено, симптомите не се изразени. Наглиот прекин на циркулацијата, доведува до силни

болки, грчеви, замор во нозете, ладни нозе, темно плава пребоеност на кожата поради недостаток на кислород и не се чувствуваат пулсации. При тешки стенози настанува пропаѓање на кожата и мускулот со настанување на локална инфекција и гангрена, дури може да настане и парализа. Постепеното стеснување на крвните садови доведува до појава на грчеви, бледи и ладни стопала, без пулсации. Стопалата се болно осетливи, со можна појава на гангренозни промени. Стопалта може да станат и пурпурно црвени, што е обично условено од тешки стенози на крвните садови. Болка во мирување кај пациентот е абсолутна индикација за бајпас хирургија, зошто циркулацијата е сведена на животно загрозувачко ниво. Прашање Како да се дојде до навремена и права дијагноза ? Одговор При контакт на пациентот со лекар неопходно е да пациентот даде детален опис на сите свои тегоби. Лекарот е задолжен да примени некои од следниве тестови Доплер сонографија- дирекно мерење на крвниот проток со ултразвук Ангиографија метода со вбризгување на контраст во крвните садови и снимање на местото каде е запушувањето Крвните тестови како што се холестерол, глукоза, параметри на инфламација, прават пресек на биохуморалниот стадиум на заболувањето. 64 Мултислајс компјутер томографијата (ЦТ ангиографија) е помалку инвазивна форма на ангиографија која дава детален


к л у б

н а

п а ц и е н т и

64 Мултислајс компјутерска томографија- која за сега е најегзактна метода за дијагностицирање на проемните со тродимензионален просторен приказ на мозочните крвнисадови. Прашање Кој е третманот на овој вид заболување? Одговор

приказ во три димензии на крвните садови со точно определување на местото на запушувањето. Прашање Како се изведува бајпас хирургијата? Одговор Бајпас хирургијата е оперативна техника која може да се изведе во општа анестезија или пак во спинална анестезија (со боцкање во предел на кичмениот столб). Обично после направениот рез на кожата се наоѓа артерискиот крвен сад и со помош на графт (простетичен материјал) или вена (автологен графт) се прави премостување на запушениот дел од крвниот сад. Прашање Што е каротидна артериска болест, кои се симптомите, како се дијагностицира? Одговор Каротидна артериска болест е состојба која настанува со стеснување на каротидните крвни садови. Каротидните артерии се два големи крвни сада од двете страни на вратот, кои го снабдуваат мозокот со крв

богата со кислород и со хранливи продукти. Стеснувањето на овие крвни садови доведува до главоболки, слабост, вртоглавица, губиток на свест. Додека комплетнто запушување доведува до мозочен удар со тешки парализи или со можен смртен исход. Главна причина за ова заболување е атеросклерозата, тромбогените ефекти, хиперлипидемијата (покачени маснотии во крвта), покачен артеријски крвен притисок. После миокардниот инфаркт како најчеста причина за смрт е мозочниот инфаркт кој најчесто е условен од стеснување на вратните(каротидните) артерии. Кај запушување на помали артерии во мозокот обично настанува парализа на екстремитетите, одземеност на говор, можна е дезориентираност. Најчести тестови за дијагностицирање на ова заболување се Доплер на каротидни крвни садовикаде се прикажува надолжен и попречен пресек и протоците на крв низ каротидните крвни садови. церебрален артериограм- каде со контрасно средство се прикажува мозочното крвно стебло.

Најдобро е да се направи хируршки третман на ова заболување. Се прави васкуларниот хирург прави премостување на запушениот дел т.е. одзатнување, од каротидниот артеријски крвен сад. Во послеоперативниот период пациентите е пожелно да земаат Аспирин и Синетра/Друг тип на третман е со помош на стентирање. Досегашните иследувања за кост бенефитот од хируршкиот третман и стентирањето покажаа бенефит во однос на хируршкиот третман. Прашање Како да се намали опасноста од атеросклерозата? Одговор Во превенција на атеросклерозата неопходно е да ги следите следниве препораки: Јадете храна сиромашна со маснотии и холестерол Изгубите на тежина ако сте дебели Вежбајте редовно, во координација со Вашиот лекар. Регулирајте го крвниот притисок Не пушете Обидете се да го редуцирате стресот Редуцирајте ја употребата на шеќер Ако имате дијабет неопходно е да го регулирате нивото на шеќер во крвта.

ПЗУ Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ | ул. Илинденска бб., 1000 Скопје | тел: 02/ 3091-500 | Факс: 02 3091-499 | klub@cardiosurgery.com.mk |

39


п с и х о л о г и ј а

Општо е познато дека човекот во просек спие околу осум часа во текот на едно деноноќие. Aко направиме едноставна пресметка ќе заклучиме дека една третина од нашиот живот ние ја поминуваме во спиење. Како на шега, за ова ќе прокоментираме дека е тоа залудно потрошено време, но вистината е дека без квалитетен сон не е можен квалитетен начин на живеење | Текст: Илија ДОЈЧИНОВСКИ, психолог | перативните зафати воопшто, a особено оние поголемите (како што е операцијата на срце) се несeкoјдневни настани во животот на еден човек. Па нормално е и природно на нив организмот да реагира несекојдневно и различно. Што се случува со спиењето кај пациенти по операција на срце? Ако спиењето предоперативно кај некој пациент било добро и квалитетно, дали постоперативно тоа се менува? А што се случува со оние пациенти кои и предоперативно имале симптоми на несоница или неквалитетно и испрекинато спиење? Ова се дел од прашањата врзани за оваа проблематика кои овде ќе се обидеме да ги разгледаме.

40

Kај пациентите кои имале операција на срце често се присутни несоници, намален квантитет и квалитет на спиењето, како и неговата зголемена испрекинатост. Спиењето кај кардиохируршките пациенти се менува под влијание на бројни чинители: внатрешни (личноста, возраста, полот, некаква болест, веќе присутни растројства на спиењето...) и надворешни фактори (средината, медицинскиот третман, персоналот, блиските...). Како што веќе споменавме и самиот феномен на спиење е недоволно истражен, и уште поспецифичен e кај кардиохируршките пациенти. Но, од досегашните студии можеме да го

пренесеме следново: Внатрешните - индивидуалните карактеристики на спиењето предоперативно (квалитетот на спиењето, ефикасноста на спиењето и времетраењето на дневното спиење) помага да се предвидат карактеристиките на спиењето за време на првата, четвртата и осмата постоперативна недела; Срединските влијанија на пр. болничкиот амбиент (осветлувањето, вревата и честите интеракции помеѓу пациентите и медицинскиот персонал) влијаат врз појава на проблеми со спиењето. Кај кардиохируршките пациенти често е присутен емоционалниот дисбаланс вклучително и анксиозност и


депресија. Овие потешкотии веројатно одат рака за рака со нарушеното спиење, што впрочем важи и за останатата популација. Она што е потврдено од некои студии е дека спиењето е поврзано со анксиозноста, но не со постоперативното севкупно нарушување на расположението. Сеуште се испитува до кој степен е поврзана пред или постоперативната клинички дијагностицирана депресија (или депресивната симптоматологија) со спиењето, од предоперативниот па сè до постоперативниот период. Ако се земе во предвид влијанието на нетретираната депресија врз физиолошките и функционалните исходи кај кардиолошките пациенти, како и добро докуменираната поврзаност помеѓу депресивните симптоми и инсомнијата, тогаш без двоумење може да се каже дека депресијата заслужува големо внимание при разгледување на проблемите со спиењето кај овие пациенти.

Спиењето во раниот постоперативен период, особено во првите неколку постоперативни дена, кај кардиохируршките пациенти се карактеризира со слаб квалитет на ноќно и нагласено дневно спиење, краткотрајни епизоди на спиење, и негова честа испрекинатост. Се покажало дека во овој период овие пациенти половина од вкупното време на спиење го поминуваат преку ден.

На крај, врз основа на досегашните истражувања и нашите искуства од работата со пациентите во ФИЛИП ВТОРИ, можеме да го заклучиме следното: кај многу пациенти оперирани од срце се забележува нарушен квалитет на спиењето што се манифестира со чести будења во текот на ноќта, слаб квалитет и краткотрајни фази на спиење, а за сметка на тоа нагласено дневно предремување; внимателната проценка на пациенти со предоперативно примарно растројство во спиењето може да помогне во идентификувањето на пациенти кои се со највисок ризик на пројавување тегоби со спиењето постоперативно. во текот на раниот постоперативен период, справувањето со срединските дразби, намалување на бучавата, осветлувањето и зачестеноста на прекините во спиењето заради медицински

интервенции може да го подобрат спиењето. спиењето е најотежнато во раниот постоперативен период. спиењето се подобрува со текот на опоравувањето и продолжува да се подобрува по првите неколку постоперативни недели кога се редуцираат болката и другите непријатности; подобрувањето на спиењето се должи и на подобрување на кардиоваскуларната функција. Иако проблемите со спиењето се намалуваат во текот на опоравувањето, нивното продолжено присуство кај пациентите укажува на потребата за континуирано следење и третман

на истите. Со оглед на фактот што растројствата на спиење често се коморбидитетни со психолошки растројства, пациентите со депресија и анксиозност се со поголем ризик да страдаат од несоница (инсоминиа). Оттука и заклучокот за следење на квалитетот на спиењето кај кардиохируршките пациенти како пред така и постоперативно за да може навреме да се дијагностицира и соодветно да се третира. Специјалната болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ преку својот Оддел за психологија и психотерапија нуди анти-стрес програма, која меѓу другото ја третира и оваа проблематика.

41


д е р м а т о л о г и ј а

Белегот од раѓање е обоен белег кој се наоѓа на или под кожата и се појавува веднаш по раѓањето или многу брзо по раѓањето. Некои белези исчезнуваат со текот на времето, додека други стануваат поизразени. Знаците од раѓање може да бидат предизвикани од зголемена пигментација на кожата или од крвни садови кои не раснат нормално. ајголемиот број на белези се безболни и безопасни. Во ретки случаи тие може да предизвикаат компликации или се поврзуваат со други состојби на органзизмот. Сите белези би требало да се прегледаат од страна на доктор.

Salmon Patches Salmon patches претставуваат мали гнезда на крвни садови кои се појавуваат како мали, розеви рамни белези на кожата. Се појавуваат кај

42

1/3 од новороденчињата. Овие белези може да се појават на задната страна на вратот т.н. „штрков загриз“, помеѓу очите „ангелски бакнеж“, или на челото, носот, над усните, образите очните капаци. Некои од нив избледуваат со растење на бебето, но белезите на задниот дел на вратот обично остануваат. Овие белези не треба да се третираат.

Белези како од црвено вино Овие белези се појавуваат како рамни, розево-црвени белези при раѓањето и постепено со тек на времето и стареењето потемнуваат и стануваат црвено-пурпурни. Повеќето стануваат поголеми и поцврсти. Белезите како од вино се настанати од дилатирани крвни садови – капилари. Ако ги има на очните капаци може да го зголемат ризикот од глауком. Овие белези


исто може да бидат знак на други пореметувања, но не секогаш. Во терапија на овие белези кои зафаќаат поголеми површини вклучена е ласер терапијата, замена на кожата и маскирање со козметички средства.

Монголиски точки

и потемнат со тек на времето, но воглавно не се сметаат како проблем. Како и да е доколку детето има неколку вакви белези поголеми од четврт тогаш нивната појава е поврзана со неурофиброматоза и реткиот синдром McCune-Albright. Консултирајте лекар доколку вашето дете има повеќе вакви белези.

Хемангиоми како јаготка

на возраст од околу 9 години. На место на белегот може да остане само слабо обојување или набор. Не е потребен третман за овој вид на белези но доколку се бара лековите и ласер терапијата се ефективни.

Кавернозен хемангиом Присутни при раѓањето, подлабоки кавернозни хемангиоми се наоѓаат под кожата и се појавуваат како синкава сунѓереста маса на ткиво исполнета со крв. Доколку се доволно длабоки, кожата може да изгледа нормално. Кавернозните хемангиоми типично се појавуваат на главата или вратот. Најмногу од нив исчезнуваат до пубертетот. Може истовремено да се појават кавернозна и хемангиома во вид на јаготка.

Монголиските точки се рамни, мазни белези кои се присутни од раѓањето. Најчесто се наоѓаат на бутовите или долниот дел на грбот, тие се типично сини, но исто така може да бидат сиво-сини, сиво-црни или кафени. Може да потсетуваат на модринка. Монголиските точки се најчести кај бебињата со темна кожа. Тие најчесто исчезнуваат до школска возраст на децата, но може и никогаш да не исчезнат во потполност. За овие белези не е потребен никаков третман.

Белези со боја на „кафе со млеко“ Овие белези се мазни и овални и со боја од светло до средно кафена по што го добиле името „Cafe-au-lait spots“. Типично се појавуваат на торзото, бутовите и нозете. Може да се зголемат Хемангиомите претставуваат збир на мали густо распоредени крвни садови. Хемангиомите во вид на јаготка се појавуваат на површината на кожата, вообичаено на лицето, главата, грбот или градите. Може да бидат црвени или пурпурни, може да бидат рамни или малку подигнати со остри граници. Хемангиомите во вид на јаготка вообичаено се јавува неколку недели по раѓањето. Тие растат брзо за време на првата година пред да се повлечат

Венска малформација Венските малформации се предизвикани од абнормално формирани, дилатирани вени. Иако присутни на раѓањето, може да не бидат видливи се до детството или до повозрасен човек. Венските малформации се јавуваат кај 1% до 4% од бебињата. Тие вообичаено се појавуваат на вилицата, образите, јазикот и усните. Исто така може да се појават на рацете и нозете, трупот

43


д е р м а т о л о г и ј а на канцер на кожата. Бемките мора да се прегледаат од страна на лекар доколку: Ја менуваат големината и обликот Изгледаат поразлично од другите бемки Се појавуваат на возраст по 20 години

Вродени белези – (nevi)

новороденчињата. Најголемиот број од бемките не се опасни, но вродените посебно оние поголемите секогаш треба да бидат евалуирани од страна на лекар бидејќи претставуваат ризик место за развој на рак на кожата.

Диспластични белези (nevi)атипични бемки

Вродените белези се бемки кои се појавуваат при раѓањето. Текстурата на кожата може да варира од нормална

Атипичните бемки се воглавно поголеми (една четвртина инч или повеќе) од вообичаените бемки и имаат неправилни и неопределени граници. Може да потсеќаат на канцерогени бемки. Може да имаат мешавина од бои вклучувајќи розева, црвена, тенирана или кафена. Овие

до подигната, груба или неправилна.

бемки се наследни. Атипичните бемки имаат зголемен ризик за појава на меланом рак на кожата. Мора да бидат прегледани и евалуирани од доктор сите бемки што изгледаат невообичаено, растат поголеми или се менуваат на некој начин.

и внатрешните органи, вклучувајќи го и мозокот. Овие малформации продолжуваат да растат споро и не се повлекуваат со тек а време. Третманот е најчесто склеротерапија или операција која може да е неопходна ако пациентот трпи болка или има пореметена функција на органите.

Пигментирани бемки Бемките се појавуваат кога клетките на кожата растат во грст наместо да се распределат на кожата. Може да се појават насекаде на телото, поединечни или во група. Бемките се вообичаено со боја на месо, кафени или црни. Можат да потемнат под влијание на сонцето и за време на бременоста. Кај возрасни луѓе може да ја изгубат бојата и да исчезнат кај стари лица. Најголемиот број бемки не се причина за аларм. Како и да е бемките може да претставуваат ризик точки за појава

44

Овие белези може да се појават насекаде на телото и да варираат во големината, од мали до гигантски вродени белези кои го покриваат половина од телото и повеќе. Мали вродени белези се појавуваат кај 1% од



р е п о р т а ж а Лисабон

Есенва Лисабон беше центар на збиднувањата за здравствените работници. Таму се случија неколку поголеми конгреси, изложувања, состаноци и семинари на поголем број различни специјалности од здравствената област | Текст: Бојана Филиповска | удно е како некои места кои ќе ги посетиш за прв пат во животот и за краток период, чиниш како само дел од секундата дека си бил таму, а тие ти се вгнездиле во мислите и срцето како да биле таму отсекогаш. Посебно е незаменливо искуството и доживувањето кога сам ќе ѕирнеш во душата на еден град опипувајќи го неговиот пулс и минато. Овде во Лисабон како самиот град да ти ја раскажува својата приказна. Својот дневник го води на секој свој квадратен метар, сликовито прикажан преку безброј споменици, зданија, културни објекти, стари транспортни средства. Имав среќа да бидам една од оние кои стигнаа едно претпладне, порано од закажаниот термин за почеток на едукативниот состанок на стручна тема... Едно цело претпладне, ќе се изненадите колку долг филм може да произлезе за тоа кратко време. Не очекував ниту да го разгледам

46

градот или да крстосувам по неговата река! Градот отворен кон Атлантикот излегува на река. Лисабон есенва беше центар на збиднувањата за здравствените работници. Таму се случија неколку поголеми конгреси, изложувања, состаноци и семинари на поголем број различни специјалности од здравствената област, што беше одлична можност и за производителите на медицинска опрема да ги презентираат своите најсовремени производи како резултат на нивниот развој и истражувања. Замислете си ја само можноста да бидете дел од светските збидувања од областа во која работите, сигурно не ќе ви е важно и на Марс да се случува тоа, само да можете барем за миг да учествувате во нив. Во Лисабон пристигнав доцна навечер, слетавме во срцето на градот, како среде бескрајно поле од светулки. Не знам други градови каде аеродромот е во самиот град- ретко. Имав доволно

време за одмор и планирање за следниот работен ден. А плус пред мене имав цело претпладне до почетокот на состанокот. Следниот ден како да знаеше за моето време и беше подготвен на кратко да ми ги покаже убавините и карактеристични моменти на овој волшебен град. Утрото ме воведе во спецификите на земјата со звуците на меланхоличното, длабоко а нежно, носталгично Фадо. Мелодија која не се опишува туку само се доживува. Дури само таа беше доволна за да се доживее Лисабон. Бидејќи Фадо е Лисабон. Фадо се нерамните стари делови од градот, Фадо се луѓето на Лисабон... минатото, сегашноста и иднината... Можеби оваа фотографија ќе ве потсети на деновите кога и Скопје ја имаше можноста да ужива во меланхоличните звуци „скоро брутално моќни, како звук на неверојатен човечки плач.” -песните на португалската ѕвезда Марица.


р е п о р т а ж а Иако беше тешко да се напушти тој амбиент, сонцето и ведрината на денот го мамеа секој љубопитен поглед низ бескрајните стрмни калдрмести улички кои ја раскажуваа својата богата историја. ...Лисабон град на седумте ридови, град кој се издигнал од пепелта, раскажуваше гордо споменикот кој се исправи високо пред мене на само неколку метра од хотелот. Тоа беше споменик на Маркус Помбал, градоначалникот на Лисабон дамнешната 1755 година. Таа година се случил најцрниот момент на Лисабон, кога на првиот ден на ноември земјотрес го срамнил со земја, за набргу потоа земјотресот да предизвика цунами кое ја довршило незавршената штета од земјотресот. И како сето тоа да не било доволно, предизвикан од несреќите избил пожар кој неконтролирано се ширел наредните три дена. Несреќите земале “данок” од околу 60000 жртви, и тоа само од Лисабон, а уште илјадници загинале во другите делови. Земјотресот бил толку силен што се

47


р е п о р т а ж а почуствувал во Западна Европа и Северозападна Африка. Благодарејќи на детермираноста и практичноста на Маркус Помбал градот се издигнал за кусо време, поубав од кога и да е. Во спомен на овој човек кој му го вратил животот на својот град во центарот на градот на истоимениот плоштад т.н. Маркус Помбал се наоѓа и неговиот споменик на врвот од една кула каде тој со раката се потпира на лав (симбол на моќта) и со поглед насочен кон своето ремек дело-стариот град на Лисабон. Тоа беше знак со кој градот сам ве води низ својата приказна. За појасна слика на времето основата на споменикот е декорирана со алегорични слики и фигури кои ги отсликуваат политичките, едукативните и земјоделски реформи кои ги спроведувал Помбал. Додека пак скршените и брановидни блокови на камења ги симболизираат ефектите на земјотресот, остро предупредувајќи ги минувачите за големата болка преживеана во тоа време. Движејќи се по линијата на погледот на споменикот, тргнав низ најпознатата Авенија во градот (Avenida da Liberdade), авенија која знаете дека сте ја виделе некаде порано, авенија направена во XIX-тиот век во стилот на „Champs-Elysees” во Париз. Авенија на слободата, најголемата пулсирачка артерија на градот. И така водејќи те низ минатото, сегашноста, културата, модата, иднината, видов колку градот е поврзан со безброј детали, карактеристики и заеднички црти со некои други светски метрополи. Слегувајќи кон стариот град уште едно монументално здание изградено од ученикот на Густаф Ајфел потсеќаше на градот на светлината. Железниот лифт направен кон крајот на XIX век „Santa Justa Elevator”, е единствениот објект направен по моделот на Ајфеловата кула, само од железо висок 45 м, со цел да го поврзува стариот град со „високото соседство” и отвара прекрасен видик кон реката и градот Лисабон. Преку стариот град и историските споменици стигнавме до

48

пристаништето каде занемено застанавме пред достигнувањето на современата архитектура кое се протега на 17.2 километри од кои само 10 километри над реката Тагус. Мостот “VASCO DE GAMA” е најдолгиот мост во Европа. Мост кој по својата архитектура личи на мостот во Сан Франциско. Сите овие импресии врежани во меморијата за само 2 часа беа зачинети со милион мали детали од локалниот туристички водич при вечерното крстосување низ стариот град, кое заврши со долго крстосување низ реката Тагус во амбиент на португалски џез интерпретиран во живо. Пловејќи низ реката и правејќи

безброј мали сликички кои треба да го сложат подоцна грандиозниот мост од спротивната страна на реката ја забележавме и следнава фигура. Статуа на жена со раширени раце- пандан на оригиналот во Рио... Патувајќи низ времето и просторот за тие кратки 2-3 часа ми го доближија овој град и направија да се чувствувам одомаќено и пријатно, како дома. Стручните предавања беа дотолку поинтересни и примамливи, особено зошто се одржаа во пријатен амбиент на пола пат меѓу земјите учеснички. Обземена од тоа чувство, патот кон мојата земја и мојот град беше пат кон уште едно такво прекрасно место каде е мојот дом.


ЗИН во ново ГА А М Н ЕЕ М СЕ во ст еј на Вашето сем данија Докажаниот пријател а повеќе да не ги пропуштате најновите из остори руво. Уште една причинното и најатрактивното списание на овие пр уз на екслузивното, лукс


л а ј ф Поглед кон реалното шоу “Операција Триумф”

На едно место, собрани претставници од сите поранешни ју простори. Пеат, се дружат и се натпреваруваат... Зарем има нешто поубаво? Понекогаш и се караат, ама и се сакаат. Заедно јадат, заедно вежбаат... Се бодрат и се храбрат... Сето ова, во реалното шоу “Операција Триумф”, кое на фрекфенцијата на А1 телевизија, имаме можност да го следиме секојдневно | Текст: Текст: Александар ТРАЈКОВСКИ | “Операција Триумф” е единственото планетарно шоу кое што е попопуларно од “Големиот брат”. ОТ е негов музички роднина и истиот на гледачите им овозможува единствена прилика да дознаат како изгледа да се стане вистинска музичка ѕвезда! Студенти од пет држави: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, повеќе од 100 дена

50

заедно живеат на Музичката Академија и учат како да станат светски музички ѕвезди. Секое нивно движење е следено од будното око на камерите кои се наоѓаат во куќата, а на гледачите им се овозможува да ѕирнат зад сцената и да дознаат како изгледа подготовката за станување вистинска ѕвезда. Таму, во куќата, го следиме секое нивно

движење, секоја нивна навика, караница, смеа... Гледаме како живеат и како се однесуваат. Инаку, веќе поминаа повеќе од два месеца, како шоуто е секојдневно на малите екрани и истото како да стана составен дел од животите на луѓето ширум поранешните ЈУ-простори, вклучувајќи ја и Македонија. Скоро и да нема некој кој не е запознаен со случувањата во куќата на Академијата и со случувањата на сцената секој понеделник на Гала вечерта. Сите си имаат свој миленик или миленичка и горе - долу фаворит за првото место. Останува да се види кој навистина ќе ги преживее номинирањата и кој ќе ги добие гласовите на публиката. Сега за сега, нашиот Александар е тој кој што царува во очите на публиката, а да се надеваме дека така ќе биде и до самиот крај! А, за што поуспешно совладување на пречките на патот кон ѕвездите, се грижи тим од професори, кои пак се предводени од неизбежниот шармантен директор, Саша Драгиќ. Нормално, натпревар, не би бил натпревар, доколку во него ни би имало и жири. А, токму тоа, жирито е тоа кое е “трн” во окото на натпреварувачите. Сите студенти, стравуваат од судот на Тончи Хуљич, Марина Туцаковиќ и Исмета Крвавац, а заедно со нив, и нивните фанови. И, сите тие заедно, ни го “пакуваат” она што во понеделник навечер го гледаме на фреквенцијата на А1, под водство на Ана, Милан, Маријана, Николина, Сања и “најоткаченот” меѓу нив, Маца.

Здрава кујна и вежби за здраво тело Интересен дел од нивното секојдневие е секако и периодот поминат во кујната. Тие, како вистински домаќини и станари на една куќа, самите си се задолжени за својата исхрана. Еднаш во неделата, луѓето од организацијата им ги доставуваат прехрамбените продукти и тие, самите си готват. Секој по својот вкус и желба... Но, секако, понекогаш имаат и исти вкусови и заеднички желби. Преку ТВ камерите, имаме видено интересни кулинарски експерименти, некои обични, но и


необични јадење. Соња е мајстор за палачинки, кои пак, сите останати ги јадат во еден миг. Нејзината вештина, сите ги остава без здив, па токму и затоа, таа се прослави со тоа. Но, иако палачинките се доста калорични и мрсни, сепак, во куќата на Академијата не значи дека здравата исхрана е исфрлена од употреба. Напротив, студентите во своите оброци комбинираат доста зеленчук и овошје, подготвено на најразлични начини. Исто така и природните сокови го имаат приматот, пред газираните и кофеинските, што секако, освен за нивната физичка и здравствена кондиција, од голема важност се и а нивните грла кои пак, таму, се најважни од се. А, кога сме веќе кај физичката кондиција... Студентите на Академијата, големо внимание посветуваат и на тој чин. Професорот кој што е задолжен за тоа, Саша Плешевиќ, не ги остава “на мира” ни едно утро. Мора да ги извежбаат вежбите кои што тој им ги задава, а тие потоа се надградуваат со часовите по танци, што пак, се заедно претставува одлична “инекција” за нивното здраво тело и секако, здрав дух.

Никола Сариќ Неговото име е Никола, но сите го викаат Сајко. Девојчињата лудуваат по него. Го сакаат, го обожаваат, а пред неколку емисии, една наша Македонка, дури го побара и за маж. Дали прифати, не знаеме, но сепак, понудата е се уште отворена. Инаку, Сајко е од Белград и моментално има девојка, која што едвај чека да заврши шоуто и тој да и се врати. Негова желба е ако има можност да пее во дует со Џибони, Владо Георгиев и Дадо Топиќ, а како песна напишана за него, ја издвојува “Кад сам био млад” од “Рибља Чорба”.

Даниел Павловиќ Можеби најконтроверзната личност во целото шоу. Некои ги нервира, а некои го сакаат. Брз е на јазик, често избувлив, но тоа не му пречи да биде омилен. Не е тајна дека Марина Туцаковиќ навива за него и дека тој и е фаворит од самиот почеток. Брат и е на Марија Шерифовиќ, а син на Верица. Значи, талентот го има, но сепак, тука е скромен и вели дека другите треба да кажат за тоа.

51


л а ј ф

Вукашин Брајиќ Или, Вуки, нагалено... Бунтовник со (без) причина!? Секогаш спремен за предлози, идеи. Нервозен ако нешто не е како што треба, но конструктивен. Тој беше најгласниот во убедувањето на Аднан, кога овој сакаше да се откаже од понатамошната трка. Доаѓа од република Српска и нема девојка. Повеќе го влечат странските нумери, каде што навистина се покажува како свој.

Соња Бакиќ Нејзина желба е да успее на интернационалната музичка сцена и вели дека токму затоа и е потребна ОТ. Доаѓа од Сомбор, каде што и го има стекнато основното музичко образование. Вели дека има дечко, дека во дует би сакала да запее со Ивана од “Негатив”.

Нина Петковиќ Црногорка по потекло... Дечкото ја чека надвор, но вели дека и се заколнал на верност. Ја влече попот и рокот, а најмногу од се му се воодоошевува на Оливер Мандиќ. Една

е од трите девојки кои што се уште останаа во Академијата.

Аднан Бабајиќ Да, тоа е тој... “Елвис” што се расплака... Некои тоа му го замерија премногу, но некои и не. Емоциите се затоа за да се искажуваат, а нему тие му беа премногу набиени во тој момент. Не го владее баш англискиот, ама затоа за српскиот е тип - топ! Сака да има мноооогу настапи, кои што ќе бидат на завидно ниво и ќе му донесат успех!

Ана Бебиќ Таа е од Хрватска и пред три години настапувала на хрватскиот “Идол”. Има голема желба да пее во некој поп - рок бенд, а за успех смета дека е потребно да се биде сосема поинаков од другите. Машките најмногу се возбудуваат на неа, и можеби сето тоа придонесува таа да биде нивниот фаворит од целото шоу.

Никола Пауновиќ Го викаат Пиџа. Доаѓа од Србија и како прав србин, по природа е борец, што се гледа и од неговиот избор

Се заедно претставува одлична “инекција” за нивното здраво тело и секако, здрав дух. 52

за најомилена песна, која што би го окарактеризирала. Вели, тоа е “Само најсилните остануваат”. А тој е силен, тоа е факт! Еден е од двајцата кои што во Академијата се викаат Никола. Но, за разлика од другиот, него го викаат по име.

Ѓорѓе Гогов Ѓорѓе е србин, кој шти ги сака попот, рокот, фанкот, металот и ‘rnb-то. Сака да издава многу албум ии да достигне голема популарност, а за тоа, како што самиот вели, потребни се многу голема волја и уште поголема упорност. Смета дека е харизматичен и дека го има сето она што треба да го поседува една јавна личност.

Игор Цукров Со Ана Бебиќ, ги врзува родната земја, Хрватска, но и настапите на поголеми манифестиции. Имено, Игор до сега има настапувано на Сплитскиот фестивал, што секако е за поздрав, бидејќи од таму излегол со титулата - најдобарт дебитант. Исто така, тој е тенор и во најпознатата кала во Хрватска - Клапа CAMBI, а знае да свири на гитара, клавир, труба и кларинет.


л и ч н о с т

интервентен к а р д и о л о г, директор на Универзитетска Клиника за кардиологија

Како врвен кардиолог ги има речиси сите титули од областа на медицината, а еден е и од помладите визитинг професори во Северна Каролина на тамошниот универзитет. Поборник на здрав живот, вљубеник во планинарењето кој со својата упорност за кусо време се искачил на највисоките светски планински врвови. И потенцира дека планинарењето за него е најсилен ментален тренинг | Текст: Ана ГАПО |

53


л и ч н о с т Сите звања што ги имате се и голема обврска и бараат соодветно третирање. Како успевате да ги контролирате професионалните обврски, а воедно и надвор од Клиниката да го живеете својот живот? Несомнено дека е многу деликатно да се раководи со една ваква институција како што е Универзитетската клиника за кардиологија и во исто време да се одржува континуитет со медицинската пракса. Во административно - правниот и финансискиот дел од работењето на Клиниката се вклуцени вториот директор (согласно законот за два директора на здравствените институции), економист и стручниот тим. Тоа за мене претставува големо олеснување, заради што можам повеќe да се насочен кон инвазивните, интервентните кардиоваскуларни процедури, кои се за жал во постојан подем. Тоа е мојот секојдневен ангажман, но мојот работен ден трае минимум 10-тина саати. Хуманото обележје на дејноста со која се бавам бара да бидам ангажиран и повикан за интервенција и во моето слободно време. За време на викендите или пак во текот на ноќта, без разлика дали се станува збор за непознат пациент или некој близок. Инфарктот не одбира време и затоа секогаш кога има потреба.

Бевте пратеник. Колку тој Ваш излет во политиката бил успешен и дали повторни би се впуштиле во тие води? Воопшто не сметам дека беше излет. На мојот ангажман како пратеник гледам како на исклучително позитивно искуство. Сметам дека секој интелектуалец во државава треба да го даде својот придонес во изградбата и демократизацијата на општеството. Во таа смисла, сметам дека јас го дадов својот придонес. Иако, во тој период имаше ти долги и исцрпувачки седници во Собранието на РМ, а јас воопшто не престанав со мојата медицинска пракса, слободно можам кажам дека не беше ниту едноставно, ниту пак, лесно. Напротив, напорно и исцрпувачки. Во тој период интервенирав на Клиниката за Кардиологија, а потоа преминав во “Филип Втори” и среќен сум што токму во тој период, а во интерес на граѓаните е направена една конкретна, коректна и продуктивна соработка меѓу овие два кардиолошки центри. И денес, од оваа соработка која е на високо професионално ниво, бенефит имаат не само граѓаните на Македонија, туку и пациетите во регинот. Кардиологијата и кардиохирургијата се функционално поврзани и затоа треба да бидеме среќни што во државава ги имаме овие комплементарни гранки.

Што мислите за бесплатните кардиоваскуларни прегледи кои се правеа и ќе се прават во иднина во “Филип Втори”? Иницијативата на “Филип Втори” за ваков вид на прегледи е за поздравување, затоа што тоа е начин тие да се доближат до сите пациенти во државата, особено поради фактичката состојба дека за нивните прегледи и интервенции, Фондот за здравство не партиципира и тие се плаќаат. Со високо софистицираните дијагностички постапки кои ги нема во јавното здравство, а ги има во “Филип Втори” треба да се запознаат сите граѓани во државата, затоа што тие се во интерес на нивното здравје.

Каков ритам на живеење имате покрај секојдневните професионални обврски? На прво место настојувам секој ден да имам физичка активност. Тоа во насока на моите заложби здраво да живеам, што го практикувам дури од моето детство. Редовно спортувам и формите

54

на таа физичка активност се различни: 2-3 пати неделно имам аеробен тренинг и исто толку време во неделата минувам во теретана. Противник сум на сите пороци и нездравиот начин на живеење, особено пушењето. Затоа го поздравувам новиот Закон за пушење кој сите треба да го подржиме и максимално да учествуваме во неговото имплементирање. За жал, Македонија припаѓа во земјите со виок процент на зависници од никотин, поради што кардиоваскуларните заболувања бележат постојан пораст. Еднаш до два пати неделно планинарам на Водно или некоја од нашиве поголеми планини: Шар Планина, Љуботен, Солунска Глава... Македонија е земја која има ретко убави планини и планински врвови кои се лесно достапни и привилегија е кога можеме директно од дома да се искачиме на планина или пак за еден ден да се искачиме на некој од планинските врвови. Тоа е голема предност на мала, но планинска земја. Инаку, со планинарењето поинтензивно се бавам во последниве десет години. Од 2006 година, се впуштив во освојувањето на големите планини ширум светот. Па така, бев на Алпите, на Мон Блан... На овој врв се искачив два пати во рок од три дена. Потоа бев на Брајтхорн во Швајцарија. Наредната година се качив и на Матерхорн- нациналниот симбол на Швајцарија и е еден од најимпресивните врвови во светот. Тука се вбројува и качувањето на Дуфур шпиц на Монте Росо, кој е втор врв по височина во западна Европа. Следува освојувањето на


л и ч н о с т Андите, поточно врвот Аконкагва висок речиси 7.000 метри (6.962 метри надморска висина). Потоа Мек Кинли во Аљаска, или. највисокиот врв во Северна Америка (6.170 метри), каде температурата се спушта до - 50 степени. Па така, во шаторот, во кој спиевме на 1 јули, температурата беше - 30 степени. Секако, не можам а да не го споменам и Килиманџаро, највисокиот врв во Африка. Во некоја прилика се надевам дека ќе се искачам и на Хималаите. Знаете како велат, големи планини и големи предизвици. Дури сега го разбирам чувството што знaчи да се оди и да се освојуваат големи планини. Всушност чувството воопшто и не може да се објасни. Тоа може само да се доживее. Искуството пак со ниската концентрација на кислородот на овие височини - кога всушност и доаѓа до состојба на хипоскија-и тешко дишење. – ми овозможува да сочуствувам со моите пациенти, кои заради оштетениот кардиоваскуларен систем, имаат ист проблем.

Што е најбитно за планинарење? Најважна е физичката кондиција, но пресудна улога има менталниот подготвеност и издржлиост. Тоа најмногу се гледа во миговите кога е потребен уште мал напор да се искачи врвот, да се направи напор за совладување на последните 100-тина метри. Голема е разликата помеѓу тоа е дали ќе стасате на врвот или пак, поради недостиг токму на таа ментална кондиција, ќе се откажете пред целта. Планинарењето е исклучително здрав спорт, орвенствено затоа што се практикува во чиста и здрава средина. Но, истовремено, планинарењето бара целосна физичка и ментална подготвеност, како и издржливост.

Колку планинарењето Ви помага во одржувањето на менталната кондиција? Сите овие активности, особено планинарењето, ми помагаат во однос на трпеливоста при долги интервенции, бидејќи некогаш се случува интервенцијата да трае 3-4 саати. Планирањето ми помага во однос на перзистентноста, конзистентноста и максимална истрајност..

Како се справувате со стресот? Јас и моите колеги секојдневно се соочуваме со ивицата меѓу животот и смртта. Никој од нас не е рамнодушен од исходот на интервенциите и борбата за животот на секој пациент. Затоа се наоѓаме под постојан стрес. Во планинарењето го најдов мојот вентил за ослободување од тој континуиран стрес.

Има ли нешто друго освен планирањето што во одреден миг може да ве релаксира? Музиката. Сакам да ги слушам Пинк Флојд. Од друга страна, сите патувања кои ми овозможуваат запознавање со други култури, за мене е вистинско и неповторливо доживување..

Животно мото... Биди свој. Има работи кои се учат или не се учат. Некои работи се постигнуваат со обука и пракса. Но тоа не секогаш е доволно. Во животот и во работата ќе се соочите со ситуации кога мора не само да го дадете својот максимум, туку и да се надминете себеси. Се разбира, доколку сакате да успеете. Суштината е во тоа секој да го најде сопствениот потенцијал и да го надградува истиот. Оттука и потенцирам дека секој од нас треба да работи на сопственото ментално зајакнување. Колку повеќе луѓето се ментално силни, толку се и здрави, од причина што овие две работи одат паралено (и без физичко здравје, нема ниту

ментално). Во Македонија има вистинска епидемија на кардиоваскуларни заболувања. Освен што на овие простори се присутни конвенционалните ризични фактори: пушењето, несоодветниот начин на исхрана, недоволната физичка активност. За жал, енормно е висок и социјалниот стрес, кој дополнително предизвикува нервоза и депресија кај луѓето. Депресијата обично е причина за зголемен апетит, со тоа и зголемена телесна тежина, која пак не се контролира со физичка активност.. Оттука, здравиот начин на исхрана и редовната физичка активност, на кои толку многу инсистирам и ја потенцирам нивната важност, претставуваат најдобра превенција при справувањето со кардиоваскуларните заболувања., на ниво на поединци, но и на национално ниво.

55


В и т а - д и е т а

к л у б

Исхрана кај деца од 3 до 6 години

екое дете на оваа возрсат си има свој дневен биоритам и свој систем на исхрана. Научниците со многу научни тези покажале и докажале дека децата во периодот од 3 години до предшколска возраст, чинат својствена аверзија кон храната и одредени нутритиви. Сето тоа го гледаат и сондираат од сопствените родители, кои на трпезата форсираат или исклучуваат одредена исхрана и одредени продукти. На пример: ако некоја мајка има аверзија кон пречурки, на менито на секојдневната исхрана, несвесно или намерно ги исклучува од исхраната печурките. Катастрофална грешка! Печурките се идеална замена за месото и се растителен протеин. Дефинитивно се идеална замена за месото кои што ги содржат сите масти како и месото, но сепак се многу поздрави! Децата својата култура околу исхраната ја добиваат токму на оваа возраст. Нивниот имунолошки систем се гради и се оформува токму на оваа возраст. Несвесно нашите навики, околу исхраната им ги пренесуваме токму на нив.

Како треба да изгледа исхраната на едно дете?

Секое дете ќе се храни онака, како ние, родителите, ќе му сервираме храна. Нашите деца се мали човечиња, кои ја консумираат нашата кујна, која секојдневно им ја сервираме. Тие, ќе се хранат, како ќе се храниме и ние. Затоа потрудете се да пренесете здрави и правилни навики околу исхраната. Тоа ќе биде столб на здравјето на вашето дете! | Текст: Тања ТУРУНЏИЕВА, Нутриционист |

56

Најдобро е секое утро исхраната на едно дете да започнува, со природно цеден сок од овошје и зеленчук, секогаш разблажен со вода и една лажица мед или малтекс. Дајте му на своето дете намалку 4 разноврсни овошки кои што се сезонски. Нема да погрешите. Потоа дајте му житарка во која што ќе има сушено овошје или дајте му го неговиот омилен доручек. Но тоа НИКАКО не смеат да бидат конзервирани продукти од типот на конзервирани и концентрирани продукти, од типот на паштети, виршли, маргарин, пржени јајца, салами, мајонези, еурокрем ... . Во секој случај доручекот треба да биде немасна и непржена храна. Може да


биде лепче со маслинов путер и мед, домашен џем, свежа салата ... . Наместо напиток од млеко форсирајте јогурт АБ култура, односно БИО јогурт. За ужина треба да има нешто лесно, кое што нема да го преплави неговиот желудник за да биде сит и неподготвен, за неговиот оброк наречен ручек.

А што за ручек? Ручекот е всушност главниот оброк на вашето дете. Македонската кујна, изобилува со богата трпеза. Ако вие секојдневно направите неделно мени на исхрана, ќе заклучите дека 30 дена од месецот, нема ниту едно приготвено јадење да ви се повторува. Тоа значи дека на вашето мени мора да бидат застапени риба, квалитетно месо, печурки, леќа, грав, грашок, соја, боранија, ориз, компир, пченка, палента, пита, просо, јачмен ... . Било каков ручек и да приготвите секогаш треба да биде застапена СВЕЖАТА САЛАТА. Салатите треба да бидат свежи, што побогати и што поразноврсни. Немојте да ги заборавите корењата кои извор на енергија и живот. Учете ги децата да јадат цвекло, дајкон, целер, бела трупка, ротква, пашканат ... се што е корен ! Салатата не мора да е само домат, краставица и пиперка. Детската кујна не мора да изобилува со пржени работи, брза храна и јако зачинета манџа. Пригответе

им варива и научете ги да јадат варива. Столбот на исхраната е токму во оваа возраст. Аверзијата кон грашокот, боранијата, леќата е токму во оваа возраст. Не потклекнувајте на хировите и елиминирање на одредени нутритиви. Бидете упорни и истрајни во форсирањето на одредени нутритиви кои не ги сакаат или пак не ги засакале. Учете ги наместо да грицкаат смоки или чипс, да грицкаат свежи бадеми, ореви, лешници, семки од тиква, сончоглед ... . Верувајте ефектот е многу подобар и поздрав. Немојте после ручек своите деца да ги наградувате со колач или торта. Ако имаат соодветен оброк, правилно искомбиниран, од десерт и нема потреба. Десертот може да им биде и некој природно цеден сок од овошје и зеленчук. Комбинацијата и замислата е ваша. Кога би се прашале дали на детето треба со ручекот да му се даде и лепче, одговорот е да. Ако има потреба од тоа ! Лебот треба да биде интегрален, од житарки, никако бел и само во комбинација со мешунка (леќа, грав, грашок, боранија). Значи конбинација со јаглехидрати, никако со протеини (риба, месо, јајца, млечни производи). Тоа значи, дека дефинитивнотреба да се почитува разделнето нутритивно хранење, на немешање јаглехидрати и протеини во еден оборк. Потрудете се ручекот да биде обилен и разановрстен и секогаш збогатен со свежа салата.

Што за вечера? Вечерата секогаш треба да биде комбинирана различно од ручекот. На пример ако за ручек било протеин (риба или месо) за вечера да биде јаглехидрат или скроб и обратно. Вечерата секогаш треба да биде обилна и богата со свежа салата. Не треба да биде пренатрупана со многу тешка храна затоа што и детето со лесна храна има многу лесен сон. Потрудете се да тие нутритиви му овозможат мирен сон на вашето дете. Каква препорака и да ви дадам Вие најдобро си го познавате вашето дете. Како родители сите си ги воспитуваме децата на правилен начин на живот и храна. Минералите и витамините треба да ги примаат преку свежа форма секојдневно во вид на вошје и зелнчук и природно цедени сокови. Избегнувајте конзервирана, концентрирана, храна богата со нитрите, конзерванси, концетрати, вештачки бои, емулгатори ... Внесувајте им секојдневно здрава и правилна исхрана, на тој начин ќе бидат здрави и посреќни. Имунолошкиот систем ќе им биде јак и здрав, а и неподложен на разни вируси, заболувања и бактерии. Научете ги храната да им биде задоволство и уживање, а не опсесија и оптоварување. Задолжително со здрават храна оди и спорт затоа што во здраво тело имаме и здрав дух. Трасата кон здравиот живот ја пласира здравиот начин на исхрана и спортот. Едуцирајте ги, дружете ги, уживајте во секој миг со нив затоа што тоа ке ги прави среќни. Хранат е поврзана и со љубовта, а децата се љубители на убават и здрава храна и љубов. За се во животот патоказ сте им Вие.

57


и с х р а н а

Повеќето веруваат дека богатите Њујорчани живеат само на еспресо и неколку листови марула дневно, но тоа не е така. Неодамна објавената книга на д-р Џејн Клауер ја открива вистината - богаташите се луди по исхрана на база на сирење и јогурт

о заблуда е оној што мисли дека убавите и богати Њујорчанки се прегладнуваат. Богатите клиенти на д-р Џејн Клауер со години ги следат нејзините упаствата за исхрана која се заснова на млечни производи. Во нејзината луксузна канцеларија на Менхетан доаѓа њујоршката елита: звучни манекенкси имиња, модни дизајнери, филмски ѕвезди, директори на угледни деловни компании. Книгата предизвика голем интерес бидејќи покажа дека за вита линија не е потребно прегладнување ниту избегнување на вечерата кога сте на гости кај пријателите. Единствено е важно да се придржувате на неколку темелни правила за исхрана. Диетата стана толку славна што многумина ја прифатија како животен стил.

58

Како д-р Клауер успеала да ги наговори богатите да го сменат начинот на исхрана? Одговорот е едноставен. Таа ги советува следново: истата волја што ја применуваат во планирање на работата и која им овозможила да станат богати, да ја применат и во исхраната со која ќе се лишат од вишокот маснотии. “Моите клиенти знаат да го испланираат секој аспект на својот живот”, од остварување на животните цели до деталите како на пример, на кои настани ќе се појават, со кого ќе разговаат, што ќе облечат... “Затоа се богати. Со иста страст се мотивирани и за намалување на килограмите. Нивниот ментален склоп е таков што се во состојба да постигнат сè што ќе постават за цел,” објаснува Клауер.


и с х р а н а

Вистински намирници и вежбање

Намалете го конфекцискиот број во рок од три дена Доктор Клауер вели дека е доволно да се придржувате кон неколку правила во исхраната со што ќе успеете во само три дена да симнете еден и пол килограм. Доручек: Варено или пржено јајце, 25 грама немастен јогурт, шолја зелен чај, чаша вода.

Доволна количина на калциум од млечни производи и зелен зеленчук. Д-р Клауер е уверена дека калциумот го забрзува метаболизмот, па маснотите побрзо се топат, а мускулите се зацврстуваат. Нејзин совет: една чаша обезмастено млеко, 100 грама свежо сирење и две порции зелен зеленчук дневно. Во секој оброк нека има намирница која содржи висококвалитетни протеини. “Секоја намирница не содржи иста количина аминокиселини”, објаснува Клаутер, туку само некои. Во тој поглед најквалитетна е белката, таа содржи Омега-3, односно “добра” маснотија. Следна на пописот е рибата, потоа пилешкото месо, додека црвеното е на крај. Подобро зеленчук отколку јаглехидрати. Совет е да се јаде што е можно повеќе свеж зеленчук со што ќе успеете да го “скршите” апетитот, а чинијата нема да биде празна. Препорака: земете половина од она што инаку би го изеле. Од исхраната исрфлете ја преработената и таканаречената брза храна. Истото важи и за алкохолот, една чашка повремено е дозволено. Секојдневно вежбајте по 45 минути. Брзо одење, трчање или пливање, не е нужно секој ден да се потите во теретана.

Меѓуоброк: 60 гр. кашкавал и неколку чаши вода. Ручек: 400 гр. туна или лосос од конзерва (исцедете го маслото), со неколку капки лимон и свежа пиперка. Чаша вода. Меѓуоброк: 200 гр. нискокалорично свежо сирење, со неколку листови марула. Неколку чаши вода до вечерата. Вечера: 500 гр. зелена салата и една лажичка прелив од ѓумбир и соја (измешајте 30 мл. вински оцет, 1/4 тајландски чили прелив, 2 лажички толчен лук, едно мало лукче иситнето на крукчиња, 2 лажици мелен ѓумбир, 250 мл. сок од портокал, една лажичка шеќер). На салатата додадете и 100 гр. риба од скара или школки, 225 гр. брокули, спанаќ или шпароги подготвени на пареа, и неколку капки лимонов сок. Една голема чаша вода. Пред спиење: Немастен јогурт богат со калциум.

59


и с х р а н а

Диета по Монтињак Основата на диетата не е намалување на количината храна туку воспоставување на рамнотежа меѓу намирниците со што се постигнува правилна работа на организмот. Се слабее во две фази: Во првата се губи телесната маса, а во втората се одржува телесната тежина. Јаглехидратите се делат на: “добри” и “лоши” (зависно од гликемискиот состав), а подоцна треба да се исфрлат од исхраната. Истово важи и за мастите. Билните и рибинито масло се сметаат за “позитивци”, “негативци” се шеќерот, медот, алкохолните пијалаци и кафето. Продукти кои треба да ги избегнувате се се пиво, глукоза, печен компир и бело брашно.

Живот во Зона Сара Џесика Паркер е една од многуте славни личности кои се хранат исклучиво според Зона. Оваа диета не признава шеќер ни рафинирани продукти како леб, тестенини, компир и ориз. Се базира на три оброка и два меѓуоброка дневно, со низок степен на протеини, јаглехидрати и маснотии. Така се регулира нивото на шеќер и маснотии, со што се придонесува во губење на килограми и зголемување на енергија. Според оваа диета допуштени се овошјето и оревчињата. Главниот оброк би требало да содржи 40% на јаглехидрати, 30% протеини и 30% маснотии.

Саут бич диета Никол Кидман и Џесика Симпсон се хранат според оваа диета која се потпира на “исправни” јаглехидрати и “добри” масти. На менито можат да се најдат риби, шкампи и школки, но и зеленчук, јајца, свежа салата, маслиново масло. Допуштено е кафе без кофеин, чај без теин и многу вода. Но, знакот стоп се наоѓа пред белото брашно и лебот, рафинираниот шеќер, преработениот ориз, печениот компир, тестенините, овошјето, посебно егзотичното, виното и пивото, но само во првиот месец. А потоа со бавно темпо забранетото враќајте го во менито.

60

Доктор Џејн Клауер советува Не воздржувајте се од чоколадо. Буквално. Едно мало чоколадо или колаче секогаш нека ви биде при рака или во чантата. Подгответе тактика на избегнување. Ако сте на гости или дома подготвувате вечера, важно е да јадете полека, долго да ја џвакате храната и секој залак да го залевате со вода. Наградете се, но не со храна! Оној ден кога ќе почнете со диета почестете се со одење во кино или на концерт, во секој случај нешто што ве весели. Пешачете што е можно повеќе! Дури и по скали. Заборавете го автомобилот. Своето време прилагодете го така што ќе стигнете да завршите повеќе работи одејќи, а не возејќи се низ градот. Најважно правило: Бидете заинтересирани за својот изглед, слабејте според планот. После три дена може да направите “варијација на темата”, повторно водејќи се од советите на д-р Клауер.

“Моите клиенти знаат да го испланираат секој аспект на својот живот. Затоа се богати. Со иста страст се мотивирани и во слабеењето,” објаснува д-р Клауер.


с п о р т

р е к р е а ц и ј а

Знаете ли каков начин на живот и одговара на чудесната “машина” во вашата глава и како треба да изгледа менталната гимнастика за органот кој не трпи здодевност?

наеме сè, или скоро сè, за тоа како треба да го негуваме телотот со цел тоа да остане младо и здраво. Но често забораваме дека и на мозокот му е потребно внимание, во спротивно тој ќе закржлави. Годините немаат никаква врска со тоа. Или барем не секогаш. Најновите истражувања заборавеноста, расејаноста и “дупките” во меморија повеќе не ја поврзуваат со поодминатите години, туку со вишокот на удобност кој денес го

опкружува нашиот мозок. Премногу нешта направени без размислување, премногу автомати, премногу задачи кој ги извршува нашиот компјутер наместо нашиот мозок. Резултат: мозочната кора, од која се очекува да прима, толкува, складира, обработува податоци кои доаѓаат однадвор, на крајот станува мрзелива. Лек? Невролозите се едногласни: на нашиот мозок потребен му е тренинг! Гимнастиката за мозок е родена во Америка, се нарекува неуробик, а се

базира на 80-тина вежби кои секој од нас може да ги прави во текот на денот. Целта е да се активираат, дури и по пат на чулата, мозочните патишта кои се разликуваат од вообичаените. Ништо не е компликувано, доволно е, на пример, да се смени распоредот на предметите на работната маса за да се прекине автоматизмот на повеќето наши постапки.

И читањето е вежба На сите ни е јасно дека секојдневниот

61


с п о р т

р е к р е а ц и ј а

Само со спојувањето на миризбите и боите, допирот и сликата, движењата и вкусот, мозокот останува млад и активен. Креаторот на гимнастиката на мозок Лоренс Кац тврди дека за секојдневниот живот е идеална теретана. И во книгата “Да живее нашиот мозок” се предлагаат следниве неуробик вежби:

Боси нозе Шетајте (најдобро навечер) боси низ соба, потпирајќи се на цело стапало. Обидете се да го почувствувате паркетот, плочките или тепихот.

живот стана премногу комотен не само за телото туку и за умот. “Нашите денови се исполнети со десетина движења кои ги повторуваме на сосема ист начин. Минутите ни поминуваат без некакви “задолженија” за мозокот. Се разбира, дел од вината сноси технологијата,” вели Муро Манча, доцент по неврофизиологија на Универзитетот во Милано. “Дали некој во денешно време пресметува без дигитрон? Или се напрега да запомни телефонски број кога веќе знае дека го има во архивата на мобилниот телефон?” Треба да напоменеме дека за мозокот добри се и оние класични вежби како решавање на крстозборки, одење во продавница без напишан список или собирање без дигитрон (на пример, додека купувате повеќе намирници во пекара сметката пресметајте ја напамет). “Сепак, најважно е да читате колку што е можно повеќе,” вели професор Манча. “Читањето е теретана за мозокот, му наметнува разни “справи”: го тера да мисли, да донесува заклучоци, да ја развива фантазијата, да смислува метафори, да нуди испирација.” Допирот, видот, слухот, мирисот, вкусот - сите чула им помагаат на невроните да останат во форма. Да потсетиме, мозокот е составен од големи количини на неврони. “Повеќето луѓе, поточно 60%, имаат добра визуелна

Кој бара, ќе најде Извадете ги клучевите од станот од вашата чанта не гледајќи што има во неа туку погодувајќи по допир. Истото правете го и со облеката од плакарот - замижете и барајте.

Другата рака Мијте ги забите со лева рака (или десна доколку сте леворак). Оваа едноставна замена со спротивната рака од онаа со која се служите поттикнува низа на невронски активности во мозочната хемисфера.

Нешто ново на работната маса Сменете го распоредот на предмети на вашата работна маса. Ако телефонот е на десна страна, префрлете го на лева. Истото направете го и со корпата за отпадоци, агендата, лампата и екранот на компјутерот, менувајќи го распоредот на иконите.

Шопинг-шоу Во супермаркет избегнувајте ја истата патека, секој нареден пат поминувајте по нова патека меѓу полиците. Ќе откриете производи кои порано не сте ги забележувале (доволно е да ги гледате, не паѓајте во искушение да ги купите ако не ви требаат). Дали погледот ви е секогаш на иста висина? Направете напор и повремено дигнете го или спуштете. Задржете се на непознатите марки на намирници и читајте ги налепниците на производите кои предходно не ве интересирале.

62

меморија која може да се подобри,” објаснува Алберто Оливиери, доцент по психобиологија на римскиот универзитет “Ла сапиенца”. Како? Загледајте се во слика, поделете ја на четири дела, потоа затворете ги очите и обидете се да се сетите на секој “исечок” до детали. Или направете список на зборови (на пример: сок од лимон, чаша, вода) и составете интерактивни слики: турете вода во чаша, исцедете лимон, замислете кисело-горчлив вкус во устата. Ако сакаме да го запамтиме местото на кое сме ставиле некој важен предмет, потребно е да изведеме акција во која учествуваат сите чула. Внимателно го набљудуваме местото на кое ќе го оставиме предметот


с п о р т

(вид), го допираме (допир), мрдаме лево-десно за да произведеме звук (слух), итн. И чувствата, особено кога се пријатни, влијаат на памтењето. “Позитивната емоција, како што е радост, ја освежува меморијата; негат ивната (страв) ја блокира,” вели професор Манча. Тоа може да влијае и на учењето. Некои истражувачи откриле дека учењето на јазици зависи токму од емотивните фактори, бидејќи ако на првата средба со странскиот јазик се појави лик на строг професор кој ги казнува грешките, нашиот мозок тоа ќе го памти со години.

предвремена “старост” на мозокот, а најважни се цинкот (интегрални житарки, месо, масни семки) и селенот (лук, кромид, пченични клици, житарки). На мозокот и се потребни и антиоксиданси кои го пролонгираат старењето, на прво место витамин Ц (овошје и зеленчук, посебно агруми, киви, пиперка и магданос) и бетакаротен, предходник на витаминот А. Го има во зеленчукот и овошјето со темнозелена и портокалова боја (спанаќ, морков, тиква). Дневната потребна доза е 600 мцг или еден морков. -Ни витамините од групата Б не смеат

р е к р е а ц и ј а да изостанат од секојдневната исхрана. Посебно е важен Б1 или тиаминот со чија помош мозокот полесно го користи своето главно гориво: глукозата. Го има во пивскиот квасец, интегралните житарки и месото. И витаминот Б12 (месо, црн дроб) игра важна улога во заштитата на клеточната мембрана. -Мозокот треба и да го напоите, со вода се разбира. Потребно е постојано “наводнување” за да можат без застој да се одвиваат мозочните процеси, посебно пренесувањето на импулсите од еден до друг неврон. Препорачана доза: литар и пол дневно.

Храна за неврони -”Од добро нахранетиот мозок може да очекуваме поголема способност за концентрација, памтење, интуиција и лесно разбирање на нештата,” пишува Ева Кампо во книгата “Нахранете го мозокот”. Што треба да изнесеме на трпезата за да го задоволиме мозокот? -За време на секој напор, мозокот согорува шеќер. Се разбира дека тоа не значи дека треба да се прејадуваме со колачи. Подобро решение се сложените јагленохидрати: интегрален леб, тестенини, ориз, овошје, мешунки. Добар појадок е идеален начин веднаш после будењето организмот да го снабдиме со ова важно гориво. -Железото задплжително мора да биде присутно во вашата исхрана. Проверени ризници на железо се: црвено месо, мешунки, суво овошје, јајца и какао. -И минералите ја спречуваат

63


в и ц о т е к а ***

***

Патнички авион влегува во силна бура.

Професорот на испит го испрашува студентот:

Силни врнежи, молњи, громови, опаѓање на воздушниот притисок......Една жена почнаа да ја издаваат нервите, и ненадејно скокајќи извикнува:

- сакате да ви дадам едно тешко прашање или две лесни?

- Ние ќе погинеме! Дали има во авионот маж кој ќе направи за последен пат да се почувствувам како посакувана жена?! Висок, строен млад човек станал од своето место и пришол прегрнувајќи ја со Мускулетсиот торс, ја соблекол блузата и ја притиснал кон себе, нежно велејќи и : - Мила, на, испери ја. *** Интервјуираат милионер и го прашуваат: - Во што е тајната на Вашиот успех? - Трпение, мој пријателе, трпение. - Но, јас можам да набројам илјада работи каде што не е возможно да имаш трпение! - На пример? - Да носиш вода во решетка... - Вие не сте во право, едноставно треба да земеш решето и да ја почекаш зимата.

64

- Едно тешко-одговара студентот - Тогаш вака: Каде за првпат на земјата се појавиле мајмуните? - На „Рекорд“ - Зошто? - Е тоа е веќе второ прашање. *** Оди жена на доктор и му вели: Докторе, по мене син ми е наркоман. Зошто вие така сте заклучиле? Во последно време воопшто не оди на училиште. И цело време носи џемпер со долги ракави. Разбирливо. Еве ви таблети. За синот? Не, за Вас! ? Сега е зимски распуст! *** Судија го испрашува обвинетиот: “Зошто го истепавте соседот?” “Зошто пред три години ми кажа дека сум како нилски коњ”! “Па зошто тогаш дури завчера го истепавте”? “Затоа што дури тогаш видов како изгледа тоа животно”!

Празнична здравица - Господа, потребна ми е само тишина!....и така, ја кревам оваа чаша....и поплека ја испивам!.... Ви благодарам на вниманието, тоа е од мене сè. Психолог-гешталтист го отвора фрижидерот. Гледа, таму седи неговиот тригодишен син. - Што е сине, да не ти е студено? - Стуууууууудееееееенооооооо, тато. - Поседи си таму. Го затвора фрижидерот. - Дајте ми Ве молам килограм млеко. - Ние не продаваме млеко во килограми. - Тогаш Ве молам дајте ми поламетар. Како работи кај вас мојата ќерка? Таа сеуште не е искусна. Веројатно прави многу грешки? Не многу. И не може да направи толку многу грешки само за половина час, во кои навистина таа нешто и работи. Оди маж на лекар. Лекарот го прегледал и му вели: У-у-у-у, брат, ќе го вадиме десниот бубрег! Мажот исплашен му вели: Што ви е вам, докторе, кај мене бубрезите секогаш биле во ред. Докторот му одговара: - Да бубрзите и да се во ред, но еве црниот дрoб сеуште не се померува!


п р и к а з н и

з а

д е ц а

Автор: Одиисеј о едно старо време во Македонија си бил еден многу силен цар кој бил многу прочуен. Бил голем војсководач а за неговите подвизи се зборувало на сите страни на светот. Луѓето го сметале како да е вистински Бог, а не човек. За сите проблеми во секое време и на секое место наоѓал адекватни одговори и решенија. Меѓутоа, тој секогаш кога се наоѓал пред било каква одлука, која била од суштинско значење, секогаш во мислите си го повикувал татко си и во себе секогаш си поставувал прашање: како тој би го решил овој проблем. Можеби и затоа бил толку моќен, оти не бил самобендисан. И така мудриот македонски цар, освојувајќи го целиот свет и извојувајќи големи победи, со неговата војска стигнал дури до Индија. Во тоа време се сметало дека Индија е крајот на светот. Македонската војска минувајќи по тој далечен пат видела многу чудни народи, култури, невообичаени плодови и храна со чудни вкусови и мириси. Сето тоа претставувало огромно искуство за сите нив. Меѓутоа за нив Индија значела крајот на светот, и мислеле дека повеќе од таму не постои ништо. Во Индија се сретнале и со многу чудни животни. Но, најчудно од сè им било кога за првпат виделе слон. Така големо и силно животно никогаш ни не претпоставиле дека може да има. Биле зачудени и од начинот како го користат слонот, затоа што на сличен начин во Македонија луѓето ги користеле магарињата: за транспорт, за кревање, за домашни работи... Се шалеле мегу себе, кога македонското магаре би било толку големо како индискиот слон, ќе вршеле многу работа ама што ќе правеле кога ќе се заинатело, како ќе го мрднеле... Кога навлегла македонската војска на територијата на Индија, на сите страни се прочуло дека Индија била нападната од странец кој сакал да стане цар на Индија а со тоа и на целиот тогаш познат свет. За силата и храброста на војската, како и за подвизите на македонскиот цар веќе знаеле сите во Индија. Но, царот индиски и целокупната држава воопшто не биле уплашени, дури ни малку вознемирени. Биле многу самоуверени дека не постои некој жив во тој свет што би можел да ја победи царската индијска војска. Затоа, тие само ја собрале сета војска и сите борбени

слонови кои биле специјално дресирани како слонови - убијци, со заврзани ножеви на сурлите и обете нозе. Слоновите така дресирани и опремени, биле смртоносно оружје за секоја војска. Иако разно-разни напаѓачи се обидувале да ја освојат Индија поради големото богатство, никогаш не успевале, затоа што секогаш кога ќе дошол моментот за борба со царската војска на Индија, непријателите биле молскавично погазувани и уништувани, благодарение на специјално дресираните слонови - убијци. Кога требало да се одреди местото за борба, стигнале гласини до македонската војска и почнале да се шират разни приказни. Македонците биле познати како многу храбри војници кои без поговор го слушале својот омилен цар, но овојпат биле затечени и збунети од за нив новата ситуација. Ги чуле сите приказни за слоновите – убијци, за тоа како во огромен број стојат на чело на борбената линија и како биле вооружени со специјални сабји кои се фиксирани на нивните сурли и нозе, така што во однос на нив македонската коњаница и борбени коњи изгледале како играчка.За првпат во редовите на Македонската војска се појавил страв. Генералите се собрале и почнале да го убедуваат македонскиот цар да се повлече од борбата со индиската војска, затоа што очигледно ќе биле поразени. Тоа размислување македонскиот цар не можел никако да го прифати, затоа што и самиот тој, за првпат по многу години борби доаѓа пред еден проблем кој и за него бил во тој момент нерешлив. Но ниту во еден случај не можел да ја прифати мислата дека треба и македонската војска да се повлече. Тоа за него би бил најголемиот срам и пораз. Но, кога му кажале дека слоновите се во огромен број и се распределени на првата борбена линија, и буквално сè газат пред себе, а во позадина оди нивната пешадија, па нивната коњаница, тој незнаел што да прави. Неговите генерали го убедувале за повлекување. Откако се нашол во така безизлезна ситуација, влегол во неговиот шатор, се разоружал од мечот, заштитницте, шлемовите и војничаката облека и наредил да му донесат искинати алишта и шамија. Се преправил во индиски селанец со турбан на главата, им кажал на генералите дека ќе оди на неколкудневна прошетка и запознавање на околните села,

само со еден индиец како преведувач. Така што не треба никој да го прати со војската, ниту да го бара. Генералите се зачудиле на одлуката на царот, та дури и си помислиле дека царот се исплашил и троа скренал со умот. Во редовите на македонската војска почналe да кружат разни приказни околу постапката на царот, други зборувале дека едноставно избегал и ги оставил на цедило пред огромната индијска војска. Со сето тоа, се повеќе се зголемувала неизвесноста и стравот кај македонските војници. И така, македонскиот цар, преоблечен како индиски селанец го започнал своето патешествиние низ индиските села, далеку од опкружувањето на неговите уплашени војници и уште поуплашени генерали. Така во мир, се надевал во своите мисли да најде решение за борбата за која никако не можел да ја прифати како изгубена. Одејќи така, се навраќаше на многуте минати борби и на многуте нерешливи ситуации, за кои сепак изнашол начин да го победи непријателот. Се навраќаше сè до неговата младост, се потсетил на неговиот татко - најголемиот македонски цар - кој со таква леснотија ги решаваше сите проблеми, дури и на најсилните непријатели успевал да им го најде слабото место. И, пак се сетил на татковите зборови... Да, така го учеше неговиот татко. Секој има слабо место, слаба точка. Дури и најсилната војска има своја слабост, дури и она што е најголема предност кај нив, може да се претвори во

65


п р и к а з н и

з а

најголема слабост. Но дури сега, ова му изгледаше баш фраза... нерешлив проблем што сигурно и неговиот непобедив татко ке мораше да го признае поразот и да се повлече назад, пред слоновите- убици. Сето тоа македонскиот цар добро го знаеше и многупати го имаше вртено низ главата, но сеуште не знаеше како тоа да го направи, кога сета таа огромна војска, со така моќни и силни животни кои дотогаш никогаш не ги беше видел, наредени еден до еден, дресирани да убиваат сè пред себе? Како може на една таква војска да и се најде слабата страна? Обвиен со такви мисли чувствуваше како да оди со последната сила во неговите нози. Кога би се препнал и паднал, тешко би можел да се исправи. Толку го беше совладала малодушноста, како тогаш одамна пред неговата прва битка... но тогаш беше дете. А сега е најсилниот цар на целиот свет... а се чувствуваше толку немоќен. И така, преоблечениот македонски цар во индиски селанец, талкал низ селата како питач и одејќи по патот разгледувал, размислувал..... Гледал како луѓето чуваат невообичаено многу добиток. Па го прашал својот сопатник кој му преведувал: зошто луѓето чуваат толку крави? Сопатникот му ја објаснил традицијата во Индија и култот за кравата како „свето животно“ и најголем пријател на човекот. Токму затоа никој не смеел да убие „свето животно“, туку ги чувале сè додека да дојде момент на природна смрт. Сопатникот му појаснил на царот дека од млекото што го даваат кравите, селаните можеле да ја исхранат својата многубројна фамилија, а продуктите што ги правеле од млекото, ги разменувале со другите селани за продукти коишто тие ги немале. И така, сите тие секојдневни работи и видувања на индиските селани му биле интересни но и го одалечувале од тешките мисли. Прв пат почнал да сваќа колку е убаво да се биде обичен човек, искрено посакал да биде индиски селанец опкружен со многу доброчуден добиток наместо цар со исплашени војници. Сопатникот бил мудар индиец. Додека седеле на една височинка и биле загледани во далечината на прекрасната природа и зелениоло околу нив, го прашал: добро царе, толку си умен и толку си учен, зошто ти треба сето ова, зошто дојде овде толку далеку од дома? Царот му одговорил отсутно, како да говори некој друг за него а не самиот тој: за да се надживеам себеси... за да остане името на Македонија и името мое неизбришливо... И така, царот го минал со својот придружник и вториот и третиот ден во талкање по индиските села. Се чудел на многуте разни обичаи, ги гледал селаните и нивниот начин на живот, чудните животни и култот што го имаат кон добитокот.... Речиси и престанал да размислува за проблемот

66

д е ц а што го мачел. Третиот ден во една прилика седеле на една полјана да одморат. Во нивна близина мирно паселе дваесетина крави. Од другата страна на полјаната се појавиле неколку селани качени на огромни слонови кој полека иделе према нив. И, во сета таа идилична мирноќа, одеднаш едно мало кученце се стрчало лаејки према една од кравите. Исплашената крава ги исплашила и другите па сите крави безглаво потрчале стварајки голем топот и галама. Рипнал и царот изненаден да види што се случува. Видел како исплашените крави се упатиле директо према слоновите наспроти нив... Слоновите се уплашиле од безглавото трчање на кравите, се свртеле, ги истесле селаните кој и седеле на вратовите и почнале да бега пред кравите. Македонскиот цар бил видно возбуден од молскавичната случка. Оденднаш му светнала идеја како молња. Веднаш силно се стрчал кон своите војници. Сопатникот му се чудел на реакцијата на царот и брзината со која се затрчал. Кога наближил, македонските стражари за малку ќе го прободеле со копјата, мислејќи дека е некој непријател кој се упатил со молскавична брзина кон нив. Задишан извикувал: знам како ќе победиме, знам како ќе победиме... рипал од радост кога влегувал во својот шатор како мало дете. Веднаш сите генерали се собрале околу него да видат од каде таа детска радост. Чудејќи се така, генералите го зграпчиле за врат задишаниот преведувач, индиецот кој трчал по царот. Го треселе и прашувале да не му дал на царот да јаде некоја невообичаена храна или да не пиел нешто чудно, штом така се однесува нивниот цар. Откако се смирил малку царот, им наредил на генералите да ја соберат целата војска. Се собрале генералите, се собрала војската и македонскиот цар им рекол: за сето злато што го има како воен плен да се купат сите крави од околните села од селаните... што може повеќе крави да се купат... колку повеќе толку подобро, им рекол. И генералите а уште повеќе војниците не можеле да се изначудат на ваквата наредба на царот? Генералите виделе дека царот е сериозен во своите намери, се разоружале, облекле индиска селанска облека и тргнале да купуваат крави и добиток од селата. Кравите како што ги купувале, ги складирале на една широка полјана. За десетина дена собрале огромен број на крави и бикови. Тогаш македонскиот цар и наредил на војската да се спремаат за најжестоката борба која треба да се случи многу скоро... најголемата битка која што човештвото никогаш нема да ја повтори. Војниците биле збунети. Меѓутоа имајќи го искуството до тогаш, гледајки го тој посебен сјај во очите што го имал пред секоја голема

битка, предосеќале и знаеле дека зад сето ова стои некој голем план на нивниот цар. Борбата била веќе закажана, а на денот на борбата, на огромното поле била наредена непрегледна индиска војска. Македонската војка спрема нив изгледала дури и смешно. Македонскиот цар им објаснил на генералите што сака да направи. Тогаш тие уште повеќе станале скептични, бидејќи мислеле дека нивниот цар од тежината и големината на борбата која што му претстоела, буквално му издишал и паметот. Но сепак наредбите морале да ги извшуват. По наредба на македонскиот цар, војската прво ја потерале стоката во огромен број да оди пред нив, а тие биле во позадина. Откако пристигнале на бојното поле, во далечината ги виделе како се наѕиралаат копјата и слоновите во првиот ред, построени еден до еден, спремни за јуриш. Тогаш македонскиот цар наредил да се подбуцнат кравите и стоката и да почнат да ја гонат. Говедата исплашени од бодежите на копјата почнале да трчат бесно и безглаво во правецот на слоновите. Големиот број на крави и говеда го претвориле целиот простор во огромен облак со прашина која се дигала до небото, а страшното стампедо со голема брзина се приближувало директо накај слоновите. За разлика од порано, македонската пешадија сега не била во првите борбени редови, туку македонската коњаница. И тие трчале и ги гонеле говеда во фуриозно стампедо. Кога наближиле говедата спрема слоновите со таков топот и брзина, слоновите се исплашиле, се свртиле назад и почнале безглаво да трчаат, да ја газат и убиваат сопствената војска. Настанал тотален ужас во непријателската војска, а дополнително разулавените крави , буквално ја газеле пешадијата, која покрај тоа што била прегазувана од сопстевниете слонови, била догазувана и од говедата. Кога слоновите ја разбиле сопствената војска, македонската коњаница со јуриш ги освоила и заробила преживеаните војници и коњаници. Сето тоа се случило многу брзо и молскавично. Македонската фаланга не можела да свати како победиле кога тие воопшто и не се помрднале од својата зазамена борбена позиција. Прв пат македонскиот цар не бил на чело на војската туку надгледувал од позадина. Откако се намалила буката од огромно стампедо на добиток и откако прашинтата стивнала, се слушнал одек на македонската гајда и тапан - предвесник за големата веселба што требала да се случи за победа во најголемата битка во историјата на човештвото, во која не загинал ниту еден македонски војник. Оваа битка и по 2.500 илјади години сеуште се раскажува во Индија.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.