Здравствен код - јуни 2010

Page 1

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА „ФИЛИП

[ Збор... два... ]

ВТОРИ“

години

ЗАШТИТА www.cardiosurgery.com.mk

Академик д-р Жан Митрев

1 МАРТ 2001

1 МАРТ 2000

Д Е С Е Т г оД и н и

Здравствен код ] [ Март 2010

ФИЛИП ВТОРИ

3


[ Во овој број... ]

10 Интервју

бр. 8, година 3, цена 100,00 ден.

Др. Јован Мирчевски, абдоменален хирург

Издава

Хирургијата не трпи импровизации

Генерален директор

Филип Втори Консалтинг ДООЕЛ, Скопје Aкадемик д-р Жан Митрев

Главен и одговорен уредник

10

15 Микробиологија

Искра Ребац

Технички уредник

Историја на болничките инфекции Слободан Костовски Редакција/соработници

17 Лабараторија Нарушување на тироидна жлезда

Повеќеслојна компјутерска 20 томографија Компјутерска дијагностика на каротидна артериска болест

20

22 КТ на мозок и крвни садови 26 Ортопедија Крив врат - тортиколис

Академик д-р Жан Митрев Дипл. инжинер по биохемија Александра Црвенпанова Д-р Ѕвонко Атанасов Д-р Снежана Туфекчиевска – Ѓуроска Д-р Биљана Божиновска Д-р Лидија Вељановска Д-р Александра Димова Весна Наумовска - одговорна медицинска сестра Анета Манасиева - одговорен физиотерапевт Љупчо Агелоски м.с.Димишковска Сузана Емилија Стоилкова Искра Ребац

Дизајн на списанието Кома

Фотографија:

33 Истражување Маснотија - терорист во нашето тело

Слободан Костовски Даниел Велјановски

Јазична редакција Јасмина Ѓоргиева

Маркетинг

22 44 Ангиографија Транскатетер емболизација на варикоцела

Ирена Димитрова Ирена Стојановска

Печати Европа 92, Кочани

Дистрибуција

52 Исхрана

МПМ, Скопје

Адреса на редакцијата

Како да се јаде здраво во Македонија

62 Репортажа

52 4

Гармиш - Партенкирхен

Ул. Вељко Влаховиќ 1а, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел. +389 (0)2/ 3 111 411 zdravstvenkod@cardiosurgery.com.mk


[ Збор... два... ]

Академик д-р Жан Митрев

Д

олапче

Се присеќавам на зборовите на мојата баба која живееше 96 години. Во тоа време, како млада научила дека мора да има долапче. Во тоа долапче цел живот се штедело за здравје, за лоши денови. А биле лоши времиња, турско ропство, војни, нови држави, пак војни... Но, за здравје во долапчето морало да има. Сега е ново време, не е ропство, туку демократија, нема војни, туку човекови права. Но, и сега луѓето работат и пак штедат за лоши денови. Но, сега не се вика долапче, туку Фонд за здравство. Цел живот одвојуваат за тие лоши денови кои никој не посакува да дојдат, ама доаѓаат. И...... кога ќе им е најпотребно да им се најде сето она што го штеделе, им се кажува дека фондот нема пари. Долапчето е празно .... Но, и ова наше современо време ќе стане минато. Како ли идните генерации ќе гледаат на него?

Здравствен код ] [ Март 2010

Секое едно време во кое живееме е она современото, додека минатото е нешто заостанато, неразвиено, нецивилизирано .... нехумано.

5


[ НОВИТЕТИ ] [ технологија ] [ медицина ] [ здравје ] [ живот ]

Здравствен код ] [ Март 2010

2000-та година отваеање

6

На 1-ви март 2000-та година започна со работа специјалната болница по хируршки болести Филип Втори. Беше извршена првата операција во Македонија, бајпас на отворено срце. Од тогаш па наваму, континуирано и непрекинато болницата се развива. Почнувајќи со 20-тина вработени, во 2006 година да се надмине бројот од над 100 вработени, така да денес во Филип Втори се вработени повеќе од 210 луѓе. Располага со повеќе специјалистички гранки, и повеќе специјалистички одделенија и вкупно има над 40 специјалисти, кои работат од различни области. Доминира и со најголема фрекфенција е секако кардиоваскуларната патологија, каде во 2000-та година се направија околу 220 операции, за во минатата година да се направат 1800 операции. Со тоа Филип Втори не само што го зголеми бројот на операции, туку воведе нови технологии и дијагностички помагала, нови техники на оперирање, нов пристап во медицината во однос на минимално инвазивните техники, како во хирургијата, така и во анестезијата. Ја осовремени и разви до највисок степен предоперативната подготовка,

1 Март 2000 г. - Првиот опериран пациент

како и раната постоперативна терапија и нега и со компјутеризираното следење на пациентите, драстично ја намали болничката смртност. Во минатите години со една вкупна смртност од околу 5%, во последните две години, таа вкупна смртност е намалена под 1 %. Ова претставува врвен резултат во светски рамки. Вкупно за овие 10 години се направени над 7000 кардиоваскуларни операции, од кои само во последните 2 години се направени над 3000 операции. Покрај високиот квалитет Филип Втори прерасна и во водечки центар во целиот регион. За споредба во Клиничкиот центар во Љубљана минатата година се направени околу 1000 операции, на универзитетската клиника Ребро во Загреб се направени 800 операции, на клиниката за кардиохирургија во Сремска Каменица се направени 1200 операции, во Екатерина во Софија се направени 1100 операции. Значи со 1800 кардиоваскуларни операции, Филип Втори го зазема сигурно едно од водечките места пошироко во регионот.


[ Инфо ]

За овие години во специјалната болница по хируршки болести Филип Втори се направени сите можни видови на хируршки операции на срце и големите крвни садови, како што се бајпас операции на срце 5020 , од кои во минимално инвазивна техника се направени 682 , каде што над 56% од сите бајпас-операции на срце не е користена вена, туку срцето комплетно артериски е реваскуларизирано. Понатаму, направени се сите видови на комбинирани операции на најтешко болни пациенти, поради повеќе инфаркти и развој на аневризма на срцето, 722 такви оперирани случаи. Потоа, бајпас-хирургија со валвуларна хирургија 768 пациенти. Митрална валвуларна хирургија, каде што се заменети и реконструирани повеќе од 518 пациенти, додека аортна валвуларна хирургија се 587 пациенти. Корекција на конгенитални дефекти има 259 пациенти. Операции заради акутна аортна дисекција се 121 пациент, други аортни аневризми се 98 пациенти. Во 2003 год единствени и први во светот направивме бајпас на буден пациент, кој стана од операциониот стол и сам си дојде до креветот на интензивна нега. Болницата води интензивна академска активност. Повеке од 300 научни презентации на сопствени трудови ширум целиот свет. Повеке десетици публицирани трудови со оригинални методи во најпознатите медицински часописи. Неколку меѓународни награди и признанија за посебни заслуги во медицината. Филип Втори е првата приватна болница регистрирана во Македонија. Но и првпат во Македонија, уште од самиот почеток во 2000 год. се воведе и нов систем на економско работење. Се воведе реален економски систем на функционирање во здравството, т.н. ДРГ систем, плакање по извршена медицинска услуга. На тој начин Филип Втори функционира економски и е прва институција воопшто во регионот, која

18 Октомври 2002 г. - Отварање на оделение

воведе таков начин на економско работење. Сето тоа наместо да биде пропратено позитивно, имаше огромна реакција, за жал со изразена негативна конотација, која полека стивнува. Меѓутоа со позитивниот пристап во работењето, а посебно со резултатите и задоволстовото на пациентите, Филип Втори како институција успеа да докаже дека тоа е единствениот начин, независно дали сопственоста е приватна или државна, мора така да се функционира во здравството. Систем кој државата сега, после 10 години пробува да го воведе и во јавните здравствени установи. Постигнувањата на Филип Втори беа пример за да почнат да се формират и други приватни болници по нашиот углед. Покрај тоа што Филип Втори е опремен со најмодерна медицинска опрема, воведени се и најмодерни компјутерски технологии во следење на пациентите, медицинската документацијата и архивирањето. Сите постапки, како медицински така и административни се стандардизирани и на тој начин сме институција која поседува ИСО сертификација и како таква е единствена на овие простори. Високиот квалитет и доверба на пациентите надалеку се слуша. Така да Филип Втори во овој момент во регионот претставува една од ретките здравствени институции, каде од високо развиените земји на Европа и Америка, пациенти за операција на срце доаѓаат во Македонија. Тоа никогаш порано не било и сега првпат на таков начин се случува во Македонија и е еден растечки континуитет. Во Филип Втори континуирано се работи на унапредување на мегучовечките односи. Покрај интензивната интерна медицинска едукација, посебно внимание се посветува во спроведување на етичкиот кодекс на болницата. Градење на високо морален и етички однос спрема пациентот

Здравствен код ] [ Март 2010

Инаугурација на академик др. Жан Митрев

7


Здравствен код ] [ Март 2010

[ Инфо ]

8

заснован на човечки, демократски и рамноправен однос, независно на која религија и вероисповест припаѓаат. Во оваа едукација се опфатени сите вработени, независно од кој стручен профил се и на кое хиерархиско ниво на организацијата се наоѓаат. Со ова сме и единствена институција која ги има превземено сите мерки во однос на пациентите со посебни побарувања, како на пример Јеховините сведоци. Тие се со убедување дека не треба да примаат трансфузија, туѓа крв, кога се работи и за витално загрозување. И ова се почитува. Ние сме една од ретките институции воопшто, која оперира тешко болни пациенти со големи операции, каде се обезбедени сите услови за земање и зачувување на нивната сопствена крв со повеќе методи. Први сме и единствени засега во Македонија која ја работи техниката на автотрансфузија, зачувување на нивната крв комплетно и враќање после операцијата. А исто така за време на самата операција со посебна метода со испирање и повторно враќање назад, се спречува губитокот, а со тоа и потребата од туѓа крв. Филип Втори е приватна институција на која центарот на вниманието не е профитот, тука пациентот како човек. Имаме огромен социјален ангажман. Тоа го докажуваме со тоа што и најтешко болните и најризични пациенти, кои се со висок ризик и поврзани со енормни трошкови за лекување, не се одбиват. Послеоперативното згрижување и опоравување на тие пациенти, кое некогаш може да трае 2,3 па и 6 месеци, е на терет на болницата. Тие се лекуват бесплатно сè до нивното отпуштање. Превземени се многу бесплатни акции во однос на превенцијата на кардиоваскуларните заболувања. Акции за спречување на мозочниот удар и гангрена на нозете. Овие акции се наменети за најсиромашните слоеви на пациенти, кои се тешко болни, а немаат парични средства да ги платат скапите испитувања во приватните, а ниту пак можност да добијат таква услуга во јавното здравство. За сите пациенти, кои се животно загрозени, се наоѓаат во тешка состојба, а не се доволно испитани или немаат дефинитивна дијагноза, веќе две години по ред Филип Втори континуирано спроведува акции на бесплатни прегледи, бесплатни компјутерски иследувања, бесплатни коронарографии. Целта е тие пациенти да ја добијат конечната и неопходна дијагноза. Со тоа овие пациенти го добиваат адекватниот начин на лекување. На овој начин , само за минатата година во Филип Втори од економска гледна точка, не се наплатени такви услуги во вредност од 1 милион евра.

Едукативни предавања на академик др. Жан Митрев

2007 г. - Отворање на новиот дијагностички центар

13 Август 2008 г. - новата операциона сала

Академик др. Жан Митрев со своите пациенти


Здравствен код ] [ Март 2010

[ Физикална терапија ]

9


Х [ Интервју ]

Пишува Искра Ребац

ИРУРГИЈАТА

Здравствен код ] [ Март 2010

НЕ ТРПИ ИМПРОВИЗАЦИИ

10


[ Интервју ]

Прим. др. Јован Мирчевски општ и абдоменален хирург

Додека студирав медицина бев воен стипендист на бившата ЈНА и првото мое вработување како лекар беше во воздухопловната база Петровец, крај Скопје, каде што бев референт на санитетот, управник во амбулантата и воедно пилотски лекар. Го засакав воздухопловството, работата ја работев со голема љубов и посветеност, а другарството и искреноста беа огромни, сите бевме како една нераскинлива целина и одлично функциониравме. Сакав и јас да летам и често го правев тоа кога беше потребно или можно. Другарувавме и дење и ноќе, бевме млади и полни со амбиции и живот. Се леташе многу, дење и ноќе, под секакви услови. Но, тоа не можеше вечно да трае. По некое време добив специјализација по општа хирургија . Уште за време на специјализацијата бев предодреден за абдоменалната хирургија која постепено ја засакав и таа беше најзастапена во нашата патологија. Работевме упорно, напорно, со многу голема волја и ентузијазам да се постигне врвот во таа хирургија. Имав одлични услови за работа - мојот претпоставен колега хирург беше меѓу најдобрите во земјата, од него научив најмногу. Честопати престојуваше во големите светски медицински центри и секогаш ќе донесеше и ќе воведеше нешто ново и интересно во нашата хирургија. Почнавме да работиме и сложени операции на панкреас кои дотогаш кај нас и не се работеа (дуодениопанкреатектомии) или се работеа со многу лоши резултати. Се развиваше хирургијата на дебелото црево и црниот дроб, резултатите веќе беа добри и се стремевме да бидат совршени. Имавме и добра материјална поддршка, современи апарати и средства. Значи, уште од самиот почеток почнав да се занимавам со абдоменална хирургија која подоцна речиси спонтано се издиференцира како посебна и јас почнав да размислувам за усовршување и надградување. Најнапред заминав во Загреб кај професор Штулхофер кој беше експерт за панкреасната хирургија. Подоцна завршив супспецијализација по абдоменална хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје каде што поминав две години. Потоа, усовршувањето беше индивидуално, со повремени престои во врвни центри надвор од државата.

Здравствен код ] [ Март 2010

За своите почетоци како лекар зборува Примариус др. Јован Мирчевски. Зошто се одлучи да специјализира абдоменална хирургија. Каде се усовршуваше и надградуваше.

11


[ Интервју ]

Во вашата професионална кариера како абдоменален хирург, ќе одвоите ли операција на која со гордост се сеќавате ?

Здравствен код ] [ Март 2010

Многу е тешко да се селектира само една операција, без разлика колку е таа сложена или заслужува посебно внимание. Можам да издвојам, на пример, кога ја направив првата цефалична дуоденопанкреатектомија (Whipple операција), една од најсложените воопшто во абдоменалната хирургија, потоа кога го отстранивме првиот инсулином (ендокрин тумор) од главата на панкреасот, првата речиси тотална панкреатектомија, првата проктоколектомија и ред други значително „полесни“ оперативни зафати. Првата лапароскопска холецистектомија, исто така, добро ја паметам. Во последно време направивме многу сложени оперативни зафати. За првпат изведовме дистален, спленоренален (Warren) шант кај портална хипертензија заради фокална цироза на црниот дроб. Кај еден пациент отстранивме 4 инсулиноми од главата и телото на панкреасот што е многу ретко, обично тие се солитарни. Успешно згриживме тешка ретроперитонеална тапа повреда на дванаесетпалачното црево кај сложена политраума. Која операција да се издвои ? Имаме одлични услови за работа, добар оперативен тим од

12

повеќе специјалности и добра интензивна реанимација и постоперативна нега. Сам, операторот многу малку може да направи, хирургијата е тимска работа и за конечниот успех се важни сите алки во синџирот. Во „Филип Втори“ постојат такви услови и тимови, бидејќи хирургијата не трпи импровизации.

Во болницата „Филип Втори“ работите како абдоменален хирург од мај 2007 година. Оттогаш до денес направивте 270 операции, а неколку од операциите беа за првпат изведени во Македонија. Не се сеќавам дека некаде во медиумите, пишани и електронски, слушнав таква вест или можеби грешам? Ни јас не сум сосема сигурен во некои работи, но со сигурност знам дека првата лапароскопска спленектомија во Македонија е направена во „Филип Втори“, прво од израелски и наш тим, а подоцна од страна на матичните хирурзи. Потоа е направена и првата лапароскопска адреналектомија. По 2007 година направивме повеќе сложени отворени интервенции од кои можам да ја издвојам енуклеацијата на четирите инсулиноми од панкреасот кај еден пациент и, секако, дисталниот спленоренален(Warren) шант кај порталната хипертензија (тим од васкуларни и абдоменални хирурзи). Тоа се ретки оперативни зафати.


[ Интервју ]

Лапароскопскиот начин на хирургија во однос на класичниот? Лапароскопскиот начин на оперирање е релативно нов тренд во абдоменалната хирургија и воопшто во хирургијата и уште се нарекува и миниинвазивна хирургија. Во светот таа е толку многу застапена што класичната хирургија во некои подрачја веќе го има загубено речиси целиот кредибилитет. Но, сепак, болеста и индикациите за операција се пресудни, како и опременоста и искуството на оперативниот тим итн. Тоа е модерна и многу добра хирургија. Ние ја работиме. Сепак, според мене, онколошката хирургија (карциномите), посебно на желудникот, панкреасот, билијарното стебло, тешките перитонити, акутни и тешки состојби во абдоменот, се проблеми кои треба да се решаваат со отворена, класична - екстензивна хирургија.

Дали имате некои други интереси надвор од професија како хирург? Многу порано, уште пред да се зафатам посериозно со хирургијата, сакав да сликам со темпера и масни бои. Имав и некои предиспозиции за тоа и повремено сликав, доста успешно. Потоа бев преокупиран со хирургијата и сѐ што работев покрај неа ми беше споредно. Малку спортував, свирев гитара, а ја сакам природата, таа ме одмара. Не сакам посебно да го насочувам животот, живеам повеќе спонтано, без напрегања, освен на професионален план. Понекогаш добивам желба повторно да сликам и да цртам, некогаш да свирам ...

Да го поминат патот што го поминав јас досега, бидејќи сум задоволен од тоа што сум и што работам. Да ја сакаат хирургијата и да бидат упорни - работите сами по себе ќе се наредат- само треба работа и трпение. Мораат да имаат ментор со кој заедно ќе ги совладуваат сите потешкотии и кој ќе ги насочува и учи. Уште на почетокот да се насочуваат на одредени подрачја од хирургијата. Времето на општата хирургија веќе замина, потребно е навреме да се дефинираат на која хирургија ќе се посветат и во што можат во догледно време да се најдат себеси. Напорот и времето вложени во хирургијата еден ден ќе се исплатат, ќе бидат задоволни и ценети како добри хирурзи.

Здравствен код ] [ Март 2010

Каков совет ќе им дадете на вашите помлади колеги?

13


[ Физикална терапија ] Пишува Д-р Име и Презиме

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА „ФИЛИП

ВТОРИ“

Здравствен код ] [ Март 2010

НАЈСОВРЕМЕНА ДИЈАГНОЗА за превенција на населението од срцев инфаркт, мозочен инфаркт и гангрена.

14

Тел.02/ 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk


[ Микробиологија ] Пишува др. Снежана Туфекчиеска Ѓуроска

Исшорија Секогаш низ историјата имало некој кој се грижел за болните и немоќните. Во старите пишани документи и ископини е врежан целиот човечки напор за стекнување на знаење, хуманост и соработка за да им се помогне на оние кои страдале духовно или телесно. Траги од медицина се најдени уште во асирските и вавилонски храмови 3000 години п.н.е. Хируршките интервенции датираат уште од тоа далечно време. Во ископините на египетската цивилизација се најдени цели операциони сали со инструменти и правила за изведување на операции. Заразните заболувања пустошеле, но старите цивилизации применувале изолација на заразните болни, туберкулозните, лепрозните и други. Во еврејските синагоги имало болници за згрижување на патници, трудници и други болни луѓе. Има потврда дека индиската цивилизација имала многу богато разгранета мрежа на лекари кои му помагале на болното население. За кинеската медицина има многу сведоштва кои се применливи до ден денес. Грчката историја е најбогата со докази од областа на медицината, бидејќи таму работел Хипокрит кој е основоположник на клиничката медицина и најголем учител кој всушност дал најголем придонес и правец во развивањето на дијагностиката и лечењето, вклучувајќи и хируршки методи. Како во Грција, така и во Рим војните овозможиле најдобра обука за хирурзи. Христијанството и неговата вера во спасението на душата одиграло најголема улога во градењето на болници и згрижувањето на деца, бездомници, стари и болни лица. Арапските владетели, исто така, граделе болници со бесплатно лекување и го поставиле темелот на мухамеданската медицина.

Многу добротворци граделе болници и донирале средства, а грижата за човекот добивала сè поголемо значење, но потребен бил напредок на науката. .Во XIX век смртноста во хируршките оддели на болниците била над 90%, а главна причина биле инфекциите и незнаењето дека се пренесуваат со нечисти раце. Подоцна е забележан виден напредок и препород во медицината, а луѓето станале посвесни за присуството на микроорганизмите и нивното огромно значење за здравјето и болестите кои можат да ги предизвикаат. Болничките инфекции постојат уште откако постојат болниците. Ги има во развиените земји (5-10%), а во земјите во развој во поголем процент (25%). Тие не можат да се избегнат, туку само да се намалат и сведат на минимум. Од болнички инфекции секојдневно во светот умираат илјадници луѓе. Покрај останатите штети што ги предизвикуваат, трошоците за нивното лекување се огромни. Денес можеме по сопствено убедување да избереме во која болница сакаме да престојуваме, болница во која постои контрола на инфекциите кои се стекнуваат за време на престојот на пациентот. Болницата „Филип Втори“ е прва и единствена од ваков тип, искалена, подготвена и една од најсовремените болници на овие простори, црпејќи искуства од земји во кои болничкиот субјективитет доживеал прогресивен развој. Поседувањето на сопствена клиничка микробиологија прави пациентите да се чувствуваат спокојно, а сите посетители безбедно. Болничките инфекции се под 1%. Директорот на болницата, академик д-р Жан Митрев, во тесна соработка со Комисијата за болнички инфекции која функционира во установата, одобрува огромни средства за одржување на хигиената, процесите на чистење, дезинфекција и стерилизација, набавка на опрема, едукација на персоналот и сè што

Здравствен код ] [ Март 2010

на болниците и болничките инфекции

15


[ Микробиологија ]

Здравствен код ] [ Март 2010

е потребно за непречено спроведување на превенција и контрола на болничките инфекции. Со оглед на сите безбедносни мерки кои се спроведуваат, причина за инфекција може да биде самиот пациент, а превенцијата, во овој случај, е покомплексна и врзана со имуниот одговор на пациентот, антибиотската стратегија и многу други познати и непознати фактори. Целта на контролата на болничките инфекции е да се обезбеди континуирана и квалитетна нега на болниот, како и грижа за сите идни пациенти и лица во контакт со болницата. Пациентот, лекарот и останатиот медицински персонал денес се партнери во болничкото работење кое бара соработка, трпение, залагање и извршување на обврските. Пациентот е секогаш во центарот на вниманието и дејствувањето, со недвосмислено почитување на неговите индивидуални потреби и желби. Постојаниот стремеж за подобрување на квалитетот на работењето ја прави болницата „Филип Втори“ болница на XXI век, болница на иднината.

16


[ Лабораторија ] Пишува дипл. инженер Александра Црвенпанова

НАРУШУВАЊА НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА

ХИПОТИРЕОЗА

Што е хипотиреоза:

Тоа претставува нарушување на метаболизмот предизвикано при состојба на недоволно создавање на хормони на штитната жлезда, а се манифестира со голем број симптоми. При оваа состојба постои намалено производство на хормоните FТ3 и FТ4, а аналогно на тоа, хипофизата произведува поголема количина на TSH настојувајќи да ја стимулира штитната жлезда на зголемена работа. Ако штитната жлезда тоа не може да го направи, тогаш нивото на TSH од хипофизата се зголемува и може да дојде до гушавост – зголемена штитна жлезда.

Кои се симптомите според кои можете да се посомневате на хипотиреоза?

Имено, симптомите се развиваат постепено и често се дискретни и неспецифични. Сите тие се последица на намалениот метаболизам на организмот: 1.Лицето е бледо, гласот зарипнат, а говорот забавен. 2.Косата е сува, ретка, често паѓа, кожата е груба и склона е на акни и егземи. 3.Се зголемува задржувањето на течности во ткивата поради што лицето е подуено, а очните капаци отечени. 4.Општа слабост и малаксаност на организмот, константен замор и исцрпеност. 5.Нетолерирање на студ. 6.Постојано зголемување на телесната тежина без притоа да е зголемен апетитот. 8.Знаци на интелектуално пропаѓање, заборавеност, психомоторна забавеност и депресивност. 9.Честа промена на расположението 10.Намалена телесна температура и намалено потење. 11.Појава на гушавост. 12.Нарушена работа на срцето. 13.Зголемено ниво на холестерол, LDL и триглицериди во крвта. 14.Зголемен крвен притисок,опстипација. 15.Нарушување на менструалниот циклус, неплодност. 16.Анемија, мускулна слабост, грчеви, трнење и болки во мускулите и зглобовите.

Здравствен код ] [ Март 2010

Штитната жлезда е мал паренхиматозен орган сместен во предниот дел на долната половина на вратот. Спаѓа во групата на жлезди со внатрешно лачење-односно хормоните ги излачува директно во крвта. Основни хормона на хипофизата се FТ3, FТ4 и тријодтироксинот. Тие дејствуваат на сите метаболички процеси во човечкиот организам: работата на срцето, перисталтиката на цревата, мускулите и менталната состојба. Дејствуваат на брзината на разградувањето на мастите и јаглехидратите во организмот, го регулираат создавањето на протеините и ја регулираат телесната температура. Нивното производство, пак, го регулира хормонот на хипофизата – тиреостимулирачки хормон (TSH).

17


[ Лабораторија ]

Меѓутоа треба да се напомене дека голем број од пациентите воопшто немаат некои изразени тегоби, па кај нив хипотиреозата тешко, доцна и случајно се открива.

Лабораториски испитувања

Основен тест за дијагностицирање и лекување на хипотиреозата е испитувањето на хормонот TSH во серумот, како и нивото на FT3 и FT4. При нивното контролирање, значителното зголемување на нивото на хормонот TSH од хипофизата е најважен показател на хипотиреоза. За разлика од примарната хипотиреоза каде што нивото на TSH е зголемено, кај секундарната, обично е намалено, а може и да е нормално, а нивото на FT4 (слободен тироксин) во крвта е со ниски вредности.

Здравствен код ] [ Март 2010

Лекување

18

Повеќето од болните имаат хронична долготрајна хипотиреоза и бараат доживотно лекување. Целта е да се воспостави нормално ниво на TSH и FT4 во крвта и да се ублажат симптомите. Терапијата подразбира надоместување на хормонот на тироидеата најчесто со синтетички облик на тироиден хормон (во облик на таблети). Терапијата се воведува постепено, а целта е постигнување и одржување на TSH во границите на нормалните вредности. Во текот на терапијата редовно се контролираат хормоните TSH и FT4, а кога ќе се постигнат нормалните вредности, тие се проверуваат на 6 месеци. Важно е лекарот да се информира за сите други лекови кои болниот ги зема за да се избегнат потенцијално опасните комбинации на лекови. Треба да се напомене дека препорачливо и најдобро е таблетите-хормони на штитната жлезда секогаш да се земаат наутро. Лекарот може да ја зголеми дозата на хормони во одредени ситуации, на пр., ако болеста се влоши, ако пациентот се здебели, ако пациентката забремени или ако одредени проблеми со варењето го нарушат искористувањето на хормоните. Исхраната со голем процент на влакна, лековите со вишок желудочна киселина и таблетите со железо може да влијаат на искористувањето на тироксинот.


[ Физикална терапија ]

FRI@IDERI ZA ^UVAWE KRV

CENTRIFUGI ZA KESI SO KRV

Здравствен код ] [ Март 2010

reklama

19


[ Повеќеслојна компјутерска томографија ] Пишува др. Лидија Вељановска, спец. по радиодијагностика

КОМПЈУТЕРСКА ДИЈАГНОСТИКА НА КАРОТИДНА АРТЕРИСКА БОЛЕСТ

Каротидна артериска болест:

Стеснување или зачепување на еден или повеќе артериски крвни садови за главата и вратот од различни причини: автоимуни заболувања, после зрачна терапија, но најчесто како резултат на таложење на масни наслаги што е последица на атеросклероза. По направен консултативен амбулантски преглед и доплер на крвните садови на вратот, следен чекор или прецизен метод од избор е:

Здравствен код ] [ Март 2010

Компјутеризирана томографија :

20

Современа, прецизна дијагностичка процедура која овозможува компјутерско снимање на главните снабдувачи со крв на главата и вратот. Со нивно снимање се потврдува или елиминира присуството на каротидна артериска болест. Самиот метод е неинвазивен, комфорен и со добра подготвеност на пациентот трае кратко. По обработката на добиените податоци од снимањето од страна на лекар-радиолог, се добиваат многу информации за состојбата на крвните садови: анатомска поставеност на крвните садови, присуство на анатомски варијации, вродени маани, присуство на стеснувања и степен на стеснувањата, присуство на калцификати и/ или масни наслаги, зачепување на крвните садови. Воедно, бидејќи прегледот содржи снимање од горната третина на градниот кош до врвот на главата, во интерпретацијата на наодот се анализираат и крвните садови на главата, како и сите структури во снимената регија. Честопати случајно се детектираат таканаречени аневризматски проширувања на малите крвни садови на мозокот, но и болести на другите снимени структури (мозокот, вратот, горен дел од белодробието итн.) за


[ Повеќеслојна компјутерска томографија ]

кои пациентот можеби и не знае што претставува голема предност за рана дијагностика и навремено третирање. По завршената анализа на прегледот и во зависност од резултатот, пациентот добива соодветна препорака за следен чекор : - медикаментозен третман и следење ( ехо-доплер прегледи); - нехируршки третман: ангиопластика - имплантација на стент; - хируршки третман.

Како се изведува методот: РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната Методот овозможува : Прецизна евалуација на поставеноста и проодноста

на артериските крвни садови со што се потврдува или елиминира стеснување или зачепување.

Методот се изведува кај : Симптоматски пациенти

со семеен кардиоваскуларен ризик, шеќерна болест, висок крвен притисок, високи вредности на масти, пушачи и други кои веќе имаат позитивен наод за стеснување или зачепување на ехо-доплер преглед; Пациенти со прележана ТИА (транзиторна исхемична атака) или состојба на краткотрајно губење на свест и невролошки испади кои се повлекуваат за 24 часа; Пациенти со веќе прележан мозочен удар; Постoперативни контроли; Контроли после ангиопластика – поставен стент.

Здравствен код ] [ Март 2010

лежечка положба; добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови; Самиот преглед со сите подготовки и снимање трае околу 5 – 10 минути, а самото снимање 5-8 секунди.

Интравенски

21


[ Повеќеслојна компјутерска томографија ] Пишува др. Биљана Божиновска, спец. по радиодијагностика

ПОВЕЌЕСЛОЈНА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА НА МОЗОК И НЕГОВИТЕ КРВНИ САДОВИ - ЦЕРЕБРАЛНА АНГИОГРАФИЈА

Што преставува церебрална ангиографија на мозок?

Преглед на мозочното ткиво со рендген зраци и неговата морфологија изразена во дензитет или, поточно, во различни нијанси на сивата боја со приказ на неговата површина и коморниот систем, како и приказ на крвните садови на мозокот со давање на интравенски контраст кој ги исполнува и ја прикажува нивната анатомија или патологија, доколку постои. Овој преглед уште се нарекува церебрална ангиографија.

Здравствен код ] [ Март 2010

Кога и зошто ?

22

Главоболката е многу чест симптом што се јавува кај луѓето, особено во ова стресно време на брзо живеење и континуирано балансирање на професионалниот со приватниот живот. Главоболката може да се појави од повеќе причини, но доколку е долготрајна, отпорна на терапија и придружена со гадење, нагон за повраќање и вртоглавица, секако заслужува внимание од страна на медицинско лице и тоа во овој случај невролог. Понекогаш главоболката не се појавува како примарен симптом. Трнењето на раката и ногата од иста страна со нивна намалена сила или затегнување на крајот на устата, промени во видот или птоза на очниот капак ( спуштање на очниот капак) секако претставуваат рефлексија на некоја состојба или промена во организмот. Нападите со грчење на раката или целото тело, познати кај народот како падавица, или медицински кажано епилепсија која се појавува наеднаш и се повторува, исто така заслужуваат внимание.


[ Повеќеслојна компјутерска томографија ]

Како се изведува самиот преглед?

Пред секоја дијагностичка процедура задолжителен е клинички преглед од невролог при што би се утврдиле евентуалните невролошки испади. Компјутерската томографија е едноставен, брз, сигурен и комотен метод за самиот пациент. Единствена подготовка е тоа што пациентот треба да биде гладен, најмалку 5 часа, и доколку зема редовна таблетарна терапија, да ја прими. Потоа се зема крв за изработка на крвна слика и за одредување на концентрацијата на уреа и креатинин во крвта кои се индиректни показатели за функционалноста на бубрезите.

Зошто е тоа важно?

Јодните контрастни средства се супстанции кои се лачат преку бубрезите и се исфрлаат преку урината, па при намалена функција на бубрезите потребна е соодветна подготовка на пациентот за да се овозможи поефикасно и побрзо исфрлање на контрастот. Прегледот трае најмногу три минути. Пациентот ќе почувствува само мала топлина во градите , а понекогаш и метален вкус во устата.

Што понатаму?

Податоците од самиот преглед се реконструираат и се анализираат во повеќе програми и пост-процесинг анализи каде што се добиваат 3Д-проекции на коскените структури и крвните садови на мозокот.

Што се прикажува ?

Здравствен код ] [ Март 2010

Церебралната ангиографија најчесто се користи при сомневање за присуство на аневризма ( проширување на крвен сад), артерио-венски малформации , Моја- Моја заболување или присуство на васкуларизирани тумори како што се менингеоми. По откривањето на некои патолошки состојби , присуство на крв во просторите околу мозокот, во мозочниот паренхим – мозочен хематом , едем на мозокот или присуство на некоја инфилтративна промена во самото мозочно ткиво, се пристапува кон анализа на крвните садови на мозокот. По секоја откриена промена на мозочните крвни садови и мозокот потребно е да се консултира неврохирург или невролог за понатамошен третман. Доколку повеќеслојната компјутерска томографија нè наведе уште подлабоко да анализираме во мозочното ткиво и неговата структура, се прави магнетна резонанца на мозокот која, пак, од своја страна дава податоци на ниво на ткиво и структура на мозочниот паренхим . Но, сепак, за приказ на крвните садови на мозокот, како најсовремен и компетентен метод се смета повеќеслојната компјутерска церебрална ангиографија.

23


Здравствен код ] [ Март 2010

[ Повеќеслојна компјутерска томографија ]

24


СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ФИЛИП

ВТОРИ

[ Физикална терапија ]

24 часовна работа во

Ургентниот Дијагностички центар

ПОЧНА СО 24 ЧАСОВНА РАБОТА ДИЈАГНОСТИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД БРЗИ ДИЈАГНОСТИЧКИ ИСПИТУВАЊА.

►Ехо интернистички и кардиолошки прегледи

►Компјутерска томографска дијагностика

►Интервентни кардиолошки процедури коронарографија и стентирање

►Биохемиска лабораторија ►Трансфузиологија Информации на телефон 02/ 3091- 484; www.cardiosurgery.com.mk

Здравствен код ] [ Март 2010

►Абдоминални хируршки и ортопедски прегледи

25


[ Ортопедија ] Пишува др. Александра Димова, ортопедски хирург

КРИВ ВРАТ -

Здравствен код ] [ Март 2010

ТОРТИКОЛИС

26


[ Ортопедија ]

или стврднување кое некогаш може да се види или почувствува на зафатената страна од вратот. Тортиколисот уште може да се јави и како резултат на скратување на стерноклеидомастоидниот мускул со негово фиброзирање како последица на нарушеното снабдување со крв во текот на феталниот развој. Уште една причина е положбата на главата на бебето во матката која, исто така, може да доведе до скратување на вратните мускули.

Кои се симптомите? Главата на бебето е навалена на едната страна, а брад­ата е свртена кон спротивната страна. Во 75% од случаите е зафатена десната страна. Присутно е ограничување во движењето на вратот и може да се напипа стврднување или задебелување во мускулот на зафатената страна. Едната страна од лицето или главата може да биде лесно сплесната бидејќи бебето спие секогаш на едната страна - така се развива лицева асиметрија. Оваа состојба е реверзибилна и се повлекува ако тортиколисот се коригира пред првата година од животот. После тоа асиметријата на лицето може да остане трајна.

Како се дијагностицира? Најчесто е доволен само клинички преглед со кој ќе се види карактеристичното навалување на главата и ќе се напипа задебелувањето на мускулот на вратот. За комплетна дијагноза може да биде потребно рендгенско снимање на вратот ( за да се откријат евентуални абнормалности на коските на вратот и рамењата), како и ултрасонографски (ЕХО) преглед за да се види состојбата на мускулот околу задебелувањето.

Што е тортиколис?

Каков е третманот?

Тортиколис (познат и како вроден мускулен тортиколис или вроден крив врат) е состојба при која главата на бебето е навалена на едната страна и тешко се врти на спротивната страна.Се забележува или веднаш после раѓањето или во текот на првите два месеца од животот. Се јавува кај 2 процента од новороденчињата, при што на поголем ризик се изложени првородените деца, а 8% од нив имаат и придружна дисплазија на колкот.

Ако состојбата не се коригира, бебето нема да може соодветно да ја движи главата. Перзистирањето на тортиколисот може да доведе до асиметрија (нееднаков развој) на лицето и главата - таканаречена плагицефалија.

Честа причина претставува повреда на мускулите на вратот при породувањето, особено ако бебето е големо и карлично поставено.При породувањето, стерноклеиодомастоидниот мускул (вратен мускул кој се протега од виличната коска до клучната и градната коска) се тегне или влече и може делумно да се скине, при што се јавува крварење во самиот мускул. Во повредениот мускул се создава фиброза (ожилно ткиво) која предизвикува скратување и затегнување на мускулот, влечејќи ја главата на бебето на едната страна. Фиброзата формира задебелување

Програма на вежби за истегнување - во 80% од случаите ова е доволен третман за потполно лекување на состојбата без никакви последици. Станува збор за вежби при кои се навалува главата на страната спротивна од деформитетот, доближувајќи го увото да раменцето, и се ротира лицето на спротивната страна. Овие вежби ги изведува физиотерапевт, како и самите родители, 15-20 пати, неколку пати на ден. Понекогаш, покрај вежбите е потребно извесно време носење на специјална ортоза (околувратник), но не кај бебиња помали од 4 месеци. Исто така, може да се употреби и ботулинска инјекција (ботокс) за попуштање на затегањето на мускулот на вратот. Специјална стимулација на бебето - бебето се стим­ улира да се врти на страната спротивна од онаа на која е деформитетот така што од таа страна му се

Здравствен код ] [ Март 2010

Што го предизвикува вродениот мускулен тортиколис?

Третманот на кривиот врат вклучува:

27


[ Ортопедија ]

приоѓа и се поставуваат играчките, светлината и звуците. Бебето се носи во раце и се поставува во креветчето така што мора да се врти кон спротивната страна од засегнатата. Кога е будно, детето треба повеќе пати во денот да се поставува на стомак, за да си ги развива вратните мускули.

Здравствен код ] [ Март 2010

Хируршки третман - кај 15% од беб­ ињ­­ата вежбите не даваат резултат и неопходно е хируршко решавање на деформитетот, обично ако конзерв­ат­ ивниот третман не е успешен до истекот на првата година, година и пол од животот. Хируршкиот третман се состои во ослободување и издолжување на стерн­­оклеидомастоидниот мускул.

28

Заклучок Тортиколисот е деформитет на вратот кој лесно се открива при раѓањето или во текот на првите недели од животот. Важно е неговото рано откривање и навремено започнување со вежби, со што ќе се дојде до целосно лекување во првите месеци и ќе се избегне потребата од оперативно лекување подоцна.


С П Е Ц И ЈА Л Н А Б ОЛ Н И Ц А

[ Физикална терапија ]

„ФИ Л ИП ВТОРИ“ www.cardiosurgery.com.mk; тел. 02/ 3091- 484

ОДДЕЛ ЗА НЕИНвАЗИвНО РЕНТГЕН СНИМАњЕ СО КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАф За само неколку секунди се изведува скенирање на внатрешни структури на човековото тело по системи (срце и крвни садови, овозможува статично снимање на срцето како движечки орган, бели дробови, органите во стомачната празнина, коски, глава итн).

ОДДЕЛ ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА НА ЛОКОМОТОРНИОТ СИСТЕМ Одделот за ортопедија и трауматологија на локoмоторниот систем овозможува најсовремена дијагностика и лекување на болести и повреди на локомоторниот систем и тоа: • Ран скрининг со ултрасонографија, • Превенција и лекување на болести на детски колк, • Превенција и третман на развојни заболувања на `рбетниот столб,

Здравствен код ] [ Март 2010

Oвозможува брза и егзактна неинвазивна дијагностика на човечкиот организам и сите органи по системи. Најновата генерација на компјутеризирана спирална 64 слојна томографија е првиот и единствен од ваков вид во Македонија .

• Оперативно и конзервативно лекување на скршеници и дислокации на зглобови, • Артроскопска дијагностика со реконструктивна хирургија и • Оперативно лекување со вградување на ендопротези на колк, колено и рамо. 29


[ Интезивна нега ] Пишува Весна Наумовска, одговорна медицинска сестра на интезивна нега

ВОСПАЛЕНИЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ПРЕДИЗВИКАНО ОД АСПИРАТОР (ВЕНТИЛАТОР АСОЦИРАНА ПНЕВМОНИЈА)

Здравствен код ] [ Март 2010

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ЗДРАВСТВЕНАТА НЕГА

30

Пневмониите предизвикани од аспиратор се инфекции на долните дишни патишта кои настануваат во текот на 48 часа после интубацијата. ВАП во интензивната медицина е најчеста носна инфекција која независно од другите ризик-фактори ја зголемува смртноста до 30%. Кај 25-50% од сите пациенти со механичка вентилација, доаѓа до вентилатор асоцирана пневмонија. ВАП во споредба со другите инфекции во интензивната нега има највисока смртност. ВАП го продолжува траењето на механичката вентилација, времето на лекување во одделението за интензивна нега, а со тоа го зголемува и финансискиот трошок.

Фактори на ризик кои се појавуваат при прием во интензивна нега се хронична слабост, голема органска дисфункција, нарушување на свеста, хемодијализа, намалена концентрација на албумин во крвта и зголемена концентрација на уреа во крвта, продолжена и повторна интубација, колонизација на орофарингсот и слузницата со микроорганизми, бронхоскопија и трахеотомија, назогастрична сонда, ентерална исхрана, долготрајна седација, претходно лекување со антибиотици, трансфузија.


[ Интезивна нега ]

Главен причинител за настанување на ВАП се бактериите од фарингсот кои се симнуваат до долните дишни патишта. Тие се населуваат во усната и носната шуплина кога пациентот престанува да се храни преку уста и да дише преку нос. Исто така, потенцијално инфективниот секрет се искачува низ назогастричната сонда од желудникот до фарингсот (регургитација). Секрети од желудникот и од усната шуплина се собираат над балончето на ендотрахеалниот тубус и во минимални количини проаѓаат покрај него во трахеата и стасуваат до бронхиите. Оваа појава се нарекува микроаспирација и се смета како главен предизвикувач на ВАП. За превенцијата на ВАП е клучна редукцијата на инфективниот секрет над балончето на тубусот, како и спречувањето на регургитација. Во ПЗУ „Филип Втори“ се имплементирани актуелните светски протоколи во дневната пракса на медицинските сестри техничари на Одделот за интензивна нега.

Здравствен код ] [ Март 2010

Со рутинско спроведување на следните мерки е постигната драстична редукција на инциденцата на ВАП:

31


[ Интезивна нега ]

Притисокот во балонот на тубусот или трахеалната канила редовно се контролира со манометар за заштита на трахеалната слузница од исхемични лезии кои би ја зголемиле микроаспирацијата. Положба на болниот: Поткренат горен дел од телото е наједноставна и ефикасна превентивна мерка и докажано ја намалува појавата на ВАП. Се препорачува горниот дел од телото на болните кои механички се вентилираат, да биде поткренат за 30 – 45 %. Ендотрахеални аспирации се вршат строго по индикација. Се користат стерилни катетри за аспирација, ракавици и маски. Од аспект на превенцијата од инфекции, нема разлика помеѓу отворена аспирација и затворен систем за аспирација. Нега на уста: Негата на устата има клучно значење при превенцијата на ВАП. На пр., колонизацијата на наслагите на забите со аеробни патогени бактерии се поврзува со значајно зголемување на појавата на ВАП. Негата на устата се состои од комплетна инспекција на усната шуплина, навлажнување на слузницата, стимулација на паротидните жлезди со нежен стисок или дразба за вкус, отстранување на наслагите од забите и јазикот и, после сето тоа, длабока аспирација на оро/назофарингсот. Негата на устата се врши на 4 часа и по потреба. Нега на нос: Поради тоа што носот на интубираниот пациент не се вентилира, т.е. не се навлажнува со влажен експираторен воздух, се сушат носните слузници. Назалниот тубус и назогастричната сонда ги оклудираат одводите на синусите и може да провоцираат синузит. Затоа, носните слузници редовно, на 4 часа, се чистат и навлажнуваат, а при назална интубација, едемите на слузницата мора да се спречуваат со капки за нос. Рана екстубација: Најраната можна екстубација го прекинува каузалниот синџир за настанување на ВАП. Целиот интердисциплинарен тим тежнее кон кратко времетраење на механичката вентилација.

Здравствен код ] [ Март 2010

Ентералното хранење преку гастрична сонда ја зголемува можноста за аспирација. Во рамките на алгоритамот за ентерална исхрана редовно се мери резидуалниот волумен кој според интерниот стандард не треба да изнесува повеќе од 150 ml.

32

Иако појавата на ВАП не може во потполност да се спречи, сепак, со континуирана едукација на здравствениот персонал, со имплементација на стандардите за нега, со мониторинг на инфекциите и постојана контрола на квалитетот, тимот на ПЗУ „Филип Втори“ успева да ја редуцира оваа појава на минимум.

Рано отстранување на назогастричната сонда (после трахеотомија): За да се исклучи качувањето на рефлуксниот секрет покрај назогастричната сонда, колку што е можно порано се почнува со тренинг за голтање и со орална исхрана со цел рано отстранување на назогастричната сонда. Со приборот за вентилација (црева, HME-филтри, инхалатори) стерилно се ракува и редовно се менува според актуелните препораки на CDC.


[ Истражување ]

МАСНОТИЈА терорист во нашето тело Ништо на оваа планета не убива толк у луѓе како маснотијата во нашето тело. Затоа, биохемичарит е, невролозите и нутриционистите ширум светот преземаа мерки против мегаубиецот.

Масните хормони ја поттикнуваат храброста Висококомплексниот хормон Neuropeptid Y, кoj се создава во стомачната маснотија, го блокира нашето чувство за страв и може да предизвика епилептични грчеви, вели проф. д-р Peter King од универзитетот Ливерпул. Маснотијата предизвикува рак Gastrin Releasing Peptide ( GRP ) e едно хемиско соединение кое, пред сè, се создава во желудникот. Во меѓувреме, научниците открија GRP и во масното ткиво. Поради сигналите кои соединението ги прима во телото, научниците претпоставуваат дека во GRP го содржи предизвикувачот на рак на дојка и на простата. Премногу маснотија спречува да се биде

сит ...

Маснотијата создава топлина од ништо ... Кафеавото масно ткиво е остаток од минатото на човекот. Кај возрасните е наталожено само на вратот и околу срцето. Тоа поседува способност да произведува топлина без активност на мускулот.

Професор Рудолф Цехнер

Здравствен код ] [ Март 2010

Масниот хормон Leptin, под нормални услови, му пренесува на мозокот чувс тво на ситост. Кај луѓето со прекумерна тежи на, нивото на маснотија во крвта е толк у зголемено што лептинот не може да ја надмине потребната граница, па така не може да создаде чувство на ситост.

33


[ Истражување ]

,, Масните киселини делуваат како отров на нашето срце ’’ Заедно со единаесет тимови, Одделот за молекуларна биологија на Универзитетот во Грац истражува кога масните киселини делуваат токсично и ги оштетуваат органите сè до нивно целосно откажување. Напад на нашето срце Нашето срце цел живот не смее да си дозволи ниту една пауза. Тоа мора секогаш да работи и за тоа му е потребно сигурно снабдување со енергија. За тоа да се гарантира, срцевите клетки истовремено складираат масни киселини. Професорот Рудолф Цехнер откри дека во клетките, ензимот ATGL (adipose triglyceride lipase ) се грижи за тоа масните киселини да се претворат во енергија. Кога премногу клетки со складирани масти во телото даваат премногу масни киселини на располагање, системот на срцето се оптоварува. Од црвените крвни зрнца на срцевиот мускул се создаваат бели масни клетки. Доколку, со месеци, премногу масни клетки се движат во крвта, срцето се претвора во „бела пустина“ и прекинува да работи. ТРИГЛИЦЕРИДИ Вишокот калории во телото се претвораат во крвни маснотии (триглицериди) и се транспортираат во масните клетки. Таму, тие се таложат. ХОЛЕСТЕРИН За крвните маснотии да не се поврзат директно со крвните елементи, холестеринот -супстанција слична на восок - ја обвива маснотијата и овозможува одделување на маснотијата од крвта. ФОСФОЛИПИДИ Овие составни делови на клетката се состојат од хидрофилна надворешна страна и од хидрофобна внатрешна страна. Фосфолипидите ја создаваат надворешната заштитна обвивка на липопротеините. AПОЛИПОПРОТЕИНИ

Здравствен код ] [ Март 2010

Заедно со растворливите и нерастворливите маснотии тие ги создаваат липопротеините. Липопротеините ги транспортираат во крвта маснотиите кои тешко се раствораат во вода.

34

Оној човек кој не реагира брзо за своето здравје, ја губи битката. Ако една артерија е зачепена со маснотија, инфарктот е само прашање на секунди. Мртов убиец Во услови на прилив на маснотии, масните киселини систематски ги убиваат одбранбените клетки на телото. Мртвите убиствени клетки се наталожуваат во крвните садови.


[ Истражување ]

Оливер Нојролес од институтот Пастер во Париз не можеше да поверува: скриена во масните клетки, бактеријата Mycobacterium tuberculosis го преживеа секој одбранбен обид во телото и секоја терапија со антибиотик. „ Најдовме смртен предизвикувач на туберкулоза во една навидум апсолутна здрава зона“, објаснува научникот. „ Неверојатно“ ! Маснотијата како заштитник на заразните болести ширум светот? Маснотијата е навлезена и во циркулацијата на активните супстанции од лековите. На тој начин бактериите можат да преживеат со години. Ова објаснува зошто туберкулозата повторно се појавува, иако заразениот изгледа како да е здрав. “ Меѓу другото, научниците претпоставуваат дека можеби има и други бактерии, скриени во крвта“.

Балон на артериите Доколку на една артерија постои стеснување поради масни наслаги, таа може да се прошири со оперативен метод кој се нарекува перкутана транслуминарна ангиопластика. Еден балонкатетер се внесува во близина на стеснувањето во артеријата и потоа се шири. На тој начин се притискаат наслагите на ѕидовите на крвните садови. Рецептот за перфектниот бомбен напад е многу едноставен. 200 гр. шеќер, 50 гр. путер, 300 гр. бело брашно, 2 јајца, прашок за печиво и еден литар зејтин за пржење. Резултат е едно од најопасните оружја кое воопшто е откриено. Крофна-убиец од 400 калории. Ниту една заразна болест, ниту војна, ниту глад или, пак, сообраќајна несреќа, не убиваат толку луѓе како крофните, чајните печива и брзата храна. Секој шести смртен случај оди на сметка на оваа мешавина на маснотии и јаглени хидрати. „Дали маснотијата е новиот тутун“ гласеше едно прашање што неодамна беше упатено до Обединетите нации за здравствените ризици од погрешна исхрана. Одговорот се содржи во една неодамна објавена студија од универзитетот Оксфорд. Долгорочно истражување кај речиси еден милион лица. Одговорот гласи вака: „Да, маснотиите се толку опасни колку и пушењето“. Зголемената тежина влијае на скратувањето на животот до 10 години, во просек. Иста вредност како и кај тутунот. Што е уште повознемирувачки, денешните последици се само дел од тоа што нè очекува во следните децении. Дебелите генерации допрва доаѓаат. Во Германија, процентот на млади луѓе со прекумерна тежина изнесува речиси 20 %, во Грција и Италија преку 30%, а „најдебелите“ држави од Европската унија, Велика Британија и Полска, го достигаат нивото на САД. Тука секое второ дете е премногу дебело. Социолозите велат дека генерациите што доаѓаат јадат толку многу нездрава храна што, на крај, не можат да се предвидат ниту финансиските ниту, пак, здравствените последици. Тоа се милион темпирани бомби.

Здравствен код ] [ Март 2010

ОЛКУ ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПРЕДИЗВИКУВАЧИ ДЕМНЕАТ ВО МАСНОТИЈАТА

35


[ Истражување ]

ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД СОНЧОГЛЕДОВО СЕМЕ

ФИЛА

ИСЦЕДЕНО ОД ПРИРОДАТА ШТИТИ ОД ХОЛЕСТЕРОЛ, ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ, ГО ШТИТИ СРЦЕТО И ЦРНИОТ ДРОБ, ГО ЗАДРЖУВА КАЛЦИУМОТ ВО ЗАБИТЕ И КОСКИТЕ Производител: АГРОФИЛА ДОО Штип 2000 П.Фах 148, Тел. 032/ 393-680; Факс: 032/ 393-681

Здравствен код ] [ Март 2010

ДАЛИ МОЖЕ МАСНОТИЈАТА ДА ГО ПРОГРАМИРА НАШЕТО ТЕЛО НА СМРТ?

36

Во секој човек се таложи огромна армија од масни клетки - вкупно 50 до 140 милијарди. Во раното време на човештвото, оваа армија го осигурувала преживувањето како депо за лоши времиња, како дарител на енергија при лов. Повеќе милиони години секоја од клетките, исто така наречени адипоцити, му служела верно на својот носител - примала маснотии, сè додека не станала видлива со голо око. Тоа функционираше сè додека храната не се претвори во индустриски производ. Што се случува кога маснотијата станува терорист во нашето тело и го преплавува нашето тело? Барањето одговор на ова прашање спаѓа во доменот на најважните области на истражување во медицината бидејќи нападите на масните киселини имаат огромни последици: колку нашите депоа на маснотии се пополни, толку покритична станува ситуацијата, сè повеќе масни киселини се присутни во крвотокот и стигнуваат до срцето. За кратко време се таложат во клетките на срцевиот мускул и веднаш се пренесуваат на друго место. Преку ова срцето константно

се снабдува со енергија. При долготрајно „цунами“ на маснотии, дури и најздравите клетки на срцето немаат никаква шанса бидејќи нападот се одвива на три фронта. „Најнапред се таложат сè повеќе маснотии во црвените крвни зрнца на срцевиот мускул и се трансформираат во депоа на маснотии со млечнобела боја“ – објаснува Рудолф Цехнер од Универзитетот во Грац. „Истовремено, сигурносниот систем на телото формално е прегазен“. Сите клетки, т.н. макрофаги, кои треба да нè заштитат од непријателските напади, се дават во масните киселини и се таложат како артеросклероза во крвните садови на срцето. Непосредно потоа се создаваат специјални маснотии во клетките на срцето кои се исфилтрирани, т.н. церамиди, кои клетката ја водат кон смрт. Понатамошниот тек може да се споредува со граѓанска војна без победник. Благодарение на постојаното хранење со крофни и слично, секоја секунда умираат клетки на срцето во овој огромен напад - сè додека не откаже органот. Од директните последици на ова т.н. цунами, според Светската здравствена организација, годишно, ширум светот умираат 20 милиони луѓе.


[ Истражување ] ДАЛИ НÈ ПРОГРАМИРААТ НА МАСНОТИИ ?

Здравствен код ] [ Март 2010

Сара Лајвиц од институтот Рокфелер во Њујорк го испитуваше мозокот на бебиња чии мајки за време на бременоста консумирале заситени масни киселини. Тие нездрави маснотии во исхраната на мајката водат кон тоа во мозокот на фетусот да се создаваат медијатори кои го поттикнуваат апетитот, објаснува невробиологот. Тоа не е ништо невообичаено и се случува и кај возрасни. Проблемот е што начинот на исхрана за време на бременоста очигледно води кон тоа прекумерно да се создаваат овие медијатори во текот на целиот живот. Чувството на „ситост“ е таканаречено речиси избришано од мозокот на бебето.

37


[ Истражување ]

ДАЛИ МАСНАТА КЛЕТКА МОЖЕ ДА РАЗМИСЛУВА? Теоретски, одбраната од убиствената маснотија всушност е многу едноставна: без крофни, без брза храна, без слатки работи, без алкохол – масните бомби веќе ја губат моќта. Бидејќи секој што пробал диета, знае колку е тешка реалноста. Успешните диети се апсолутен исклучок. Војната против теророт на маснотиите речиси и да не може да се добие. Но, зошто? „Во истражувањето, масното ткиво беше потценето“. Претпоставката дека маснотиите се само едноставно депо е минато - вели професорот Каипинг Јанг од Универзитетот во Онтарио. „Маснотијата не е глупава. Масните клетки имаат одредена форма на интелегенција – и дури имаат моќ да се пробиваат “. Во секоја масна клетка се наоѓа мала, но сепак значајна хемиска фабрика која постојано создава повеќе од дваесет протеини и повеќе од сто различни медијатори, хормони и ензими. Овие медијатори, хормони и ензими, имаат единствена цел: да делуваат на хипоталамусот, оној мал дел од нашиот мозок во кој настануваат нашите нагони и потреби. Моќта на масните клетки преку нашите мисли е речиси неограничена. Масната клетка знае како да ги користи за себе гладта, фрустрацијата, тешењето и стресот.

Здравствен код ] [ Март 2010

САКАШ ДА ОСЛАБНЕШ ? ТОГАШ ИМАШ 50 МИЛИЈАРДИ КЛЕТКИ ПРОТИВ СЕБЕ ...

38

Катрин Стоун од Државниот универзитет во Охајо во една студија открива дека не постои друг предизвикувач на стрес во организмот во толкава мера како што тоа го предизвикува еден прескокнат оброк или диета. „Вие имате мозок и најмалку 50 милијарди масни клетки кои постојано огладнуваат“, вели психологот. „ Штом ќе одлучите да не јадете крофна, тие подготвуваат противнапад преку медијаторите. “ Првиот степен го чувствуваме како голем глад. Хормонот, неуропептид Y, го загрева хипоталамусот, го блокира нашето чувство за страв, ја управува контракцијата на нашите крвни садови, предизвикува чувство на глад, го зголемува лачењето на инсулин што, пак, од своја страна е причина енергијата што се прима да се складира во телото. „ Поголемиот дел, најчесто, кога-тогаш се откажуваат“, вели Кетрин Стоун. „Но, за оние кои и понатаму пружаат отпор, маснотијата подготвува толку масни бомби , така што тие луѓе понатаму и не мислат на нешто друго освен на јадење “. Најпосле, ние сме фатени во еден пакосен круг од психички стрес и маснотија, под целосна контрола на медијаторите. „При стрес организмот лачи хормони кои од една страна го зголемуваат чувството на глад, но, од друга страна, се грижат прекумерната енергија да се таложи како маснотија во стомакот“ - вели Кетрин Стоун. „Стресот во комбинација со намалено движење води кон особено брзо формирање на т.н. појаси за спасување “. Токму овие масни клетки се елитата на оваа армија на маснотии. Тие ги создаваат најопасните медијатори и хормони: адипозин, интерлеукин-6, фактор за туморнекроза, а списокот е исто толку долг како и нивното негативно влијание на нашиот организам“, објаснува психологот.


[ Истражување ]

Тоа е доволно за зголемување на ризиците почнувајќи од висок крвен притисок, , до развивање на рак на простата. „ Но, зошто организмот создал такви клетки кои го уништуваат?“. Секој од овие медијатори има, пред сè, позитивна цел, го управува чувството за глад или подготвувањето на енергија. Но, исто така, има и несакани дејства. “ ДАЛИ липосукција НА МАСНОТИИ НАВИСТИНА СЕ СЛАБЕЕ ?

Здравствен код ] [ Март 2010

Една од решавачките цели на армијата на маснотии е еден синџир на наредби во рамките на трупата. „И овде комуникацијата преку медијаторите функционира перфектно “, велат специјалистите по молекуларна биологија, Џонатан Граф и Веи Танг од Универзитетот во Тексас. „ Благодарение на овие хемиски сигнали, секоја од клетките ја следи целта, всушност она што има најмногу смисла . И токму тоа ги прави толку ефикасни“. На пример, кога масните клетки не може повеќе да примаат маснотии, тие бараат помош од медијаторите. Со други зборови, доколку трупата од 140 милијарди клетки не е доволна, тогаш таа го прави она што би го направила секоја армија во светот – таа се грижи за засилување. Биолозите открија дека во масното ткиво се складирани милијарди „несозреани клетки прекурсори”. „ Доколку подолго време некој зема премногу калории , на тој начин се создаваат овие масни клетки“, објаснува Граф. Но, дали во нашите гени е утврдено колку масни клетки има во нашиот организам? „Не. Нашето однесување има решавачка улога за присуството на маснотии во нашиот организам. Маснотија може да се задржи насекаде, дури и онаму каде што еднаш веќе е по пат нна липосукција.

39


[ Истражување ]

КОЛКУ ДЕБЕЛЕЕ СТРАВОТ ОД МАСНОТИИ ?

С

Здравствен код ] [ Март 2010

поред Гинисовата книга на рекорди, во 2006 година, најдебелиот човек на светот имал 560 кг, а тоа е г. Мануел Урибе од Мексико. Овој господин можеби е најекстремниот пример за нездрава исхрана, но, кои грешки ги правел ? Што навистина е здрава исхрана? Доколку $ веруваме на индустријата, тогаш под терминот „здрава храна “ се подразбира исхрана колку што може повеќе без маснотии. Збунувачки е тоа што и покрај опседнувањето со диети и двојното зголемување на количината на производи со ниска вредност на масленост на пазарот, сепак, Американците и во последните десет години во голема мера се дебелеат. Ова го докажаа и статистичарите од една здравствената установа на Америка. Избегнувањето на маснотии, сепак, беше причина видно да се здебелат милиони луѓе. Наизглед, парадокс во областа на нутриционизмот чиешто решение во тој момент требаше да им е познато на експертите: „ Секој оној кој избегнува маснотии најчесто ги надоместува со јаглени хидрати“, објаснува нутриционистот Гери Таубес. „При консумирање на јаглени хидрати, организмот реагира со лачење на инсулин. Бидејќи јаглените хидрати не може лесно да се трансформираат во енергија, инсулинот се грижи за тоа храната која ја јадеме да се таложи како маснотија“. Колкава количина на маснотија спаѓа во групата на здрава исхрана? „40 проценти од калориите кои ги примаме би требало да содржат маснотија“, вели Гари Таубес. „Но, кај најголем број Американци, сепак, овој број изнесува максимум 25 проценти. Но, додека ја избегнуваат маснотијата, количината на храна останува непроменета. А оној кој истовремено пие и алкохол - еден од пијалаците воопшто кој содржи најмногу енергија - практично може да види како му се зголемува обемот на стомакот. “Истовремено, исхраната со ниско ниво на масленост или без масленост значи дека добрите маснотии, како на пр., незаситените масни киселини ( омега 3 итн. ), свесно се избегнуваат. „Овие масни киселини, сепак, се од животно значење, бидејќи самиот организам не може да ги создава“ , вели нутриционистот.

40


[ Истражување ]

КАКО МАСНОТИЈАТА ЈА УПРАВУВА НАШАТА ПОТРЕБА ЗА СЕКС ?

Превземено од Светот на чудата, превел Емилија Стоилкова

Здравствен код ] [ Март 2010

Таканаречените појаси за спасување, дебели колкови, целулит – негативните последици од нашата исхрана - во иста мера се манифестираат и кај мажите и кај жените. „Точно. Погрешната исхрана се манифестира во ист облик и кај мажите и кај жените“, потврдува Томас Л. Хорват од универзитетот Јеил. „ Дејството на наталожените маснотии во телото во основа е различно. “ Невробиологот ја истражува поврзаноста помеѓу масните клетки и половите хормони. „Во основа, медијаторите на масните клетки, како и на половите органи, се стремат кон истата област од нашиот мозок: хипоталамусот - потеклото на нашите чувства. И иако и двете групи на хормони се концентрираат на различни групи на неврони во рамките на хипоталамусот, сепак, ги користат истите патишта за размена на материите и со тоа доведуваат до слични резултати. “ Бидејќи машките сексуални хормони сепак посилно делуваат на нивото на стрес, како и врз крвните садови на срцето, во основа, мажите многу повеќе таложат нездрава маснотија од стрес која најмногу се собира во делот на стомакот. Покрај тоа, мажите повеќе страдаат од артеросклероза и поради тоа полесно добиваат инфаркт. Но, сепак, мажите се поотпорни на маснотии во споредба со жените кај кои маснотијата уште посилно влијае на хормоните и предизвикува долготрајни психички и физички промени. „Масните хормони не само што комуницираат со центарот за чувства во мозокот, туку и со половите органи на жената“ - вели професорот Хорват. „Плодноста, менопаузата, половата зрелост - сè се менува. Дури би можела да постои поврзаност помеѓу прекумерната тежина и ракот токму на овие органи. Сепак, истражувањата во оваа област сè уште не се завршени.“ Маснотијата најмногу влијае кај младите девојчиња. Џојс Ли, ендокринолог на универзитетот во Мичиген, преку низа истражувања докажа дека прекумерната тежина директно влијае на започнувањето на пубертетот. „Пубертетот не само што започнува порано, туку се одвива и побрзо, така што сè почесто се создава голема празнина во развојот помеѓу емотивната и телесната зрелост.“ Дали бременоста кај тинејџерите е последица од маснотиите? „Овде дефинитивно постои поврзаност“, вели др. Ли. „Студиите покажуваат дека повеќе од 15% од девојчињата со прекумерна тежина кои рано се развиваат, забремениле на 16 години - независно од нивото на образование и економскиот слој. Со тоа тие видно се над просечните вредности .“ Покрај тоа, овие девојчиња покажуваат склоност кон зависност од алкохол, депресии, нарушено однесување, неразвиеност на организмот во стадиум на возрасен и поголема веројатност да заболат од рак. Воедно, децата во оваа психичка лабилна фаза речиси и да не можат да ја избегнат лакомоста за повеќе шеќер, маснотија и, секако, алкохол. Џојс Ли вели: „ Ниедна друга група од населението не е толку беспомошно изложена на опасностите од маснотиите.“

41


[ Истражување ]

МОНОНЕЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ Мононезаситените масни киселини го забрзуваат транспортот на холестерин и со тоа го намалуваат ризикот од заболувања на крвотокот во срцето и ги стабилизираат маснотиите во крвта. Овде спаѓаат растителните масла: маслиново масло, кикиритки, авокадо, маслинки, семиња.

ПОЛИНЕЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ

Здравствен код ] [ Март 2010

Организмот сам не може да ги создава полинезаситените масни киселини, па затоа тие мора да се внесуваат преку исхраната. Бидејќи организмот многу брзо ги преработува, тие ги намалуваат вредностите на мастите во крвта. Тие го намалуваат ризикот од инфаркт, го намалуваат крвниот притисок. Во оваа група спаѓаат омега-3-, Оомега-6- и омега-9-масните киселини, кои се особено здрави. Овде спаѓаат: масло од ленено семе, масло од ореви, сончогледово масло, соино масло, масло од јадрото на пченичните зрна, харинга, скуша, лосос, зелен зеленчук, житарки.

42


[ Истражување ]

ЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ Овие киселини ја зголемуваат вредноста на холестеринот и побрзо се таложат во крвните садови. Тие водат кон срцев удар и инфаркт и најмногу се застапени во мастите од животинско потекло. Овде спаѓаат: месо, колбаси, павлака, сирење, путер, кокосово масло, маснотии во готови производи, јајца, слатки производи, торти и пица.

ТРАНСМАСНОТИИ

Здравствен код ] [ Март 2010

Ова се хемиски променети маснотии кои се создаваат при индустриско стврднување и загревање на полинезаситените масни киселини. Тие ги зголемуваат вредностите на мастите во крвта и предизвикуваат гоење. Овде спаѓаат: помфрит, пржени јадења, крофни, чипс, кроасани, маргарин, пуканки и печени лешници.

43


[ Ангиографија ]

44

ТРАНСКАТЕТЕРСКА ЕМБОЛИЗАЦИЈА НА ВАРИКОЦЕЛА

Здравствен код ] [ Март 2010

Пишува др. Ѕвонко Атанасов, спец по радиодијагностика

ШТО Е ВАРИКОЦЕЛА?

Варикоцела е проширување на сперматичната (тестикуларна) вена како резултат на инсуфициенција на нејзините клапи (ист механизам како кај варикозитетите на нозете), при што вената се издолжува формирајќи варикоцела.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?

Најчести симптоми на варикоцела се: || тапа болка во тестисите, најчесто на левата страна поради несоодветниот анатомски влив на левата сперматична вена во левата бубрежна вена (под прав агол); || чувство на „тегнење“; || оток на палпација („како вреќа од црви“); || ретко може да дојде и до намалување на тестисот. Симптомите обично се влошуваат при напор и подолго стоење, а исчезнуваат во лежечка положба.

СТАТИСТИЧКА ЗАСТАПЕНОСТ НА ВАРИКОЦЕЛА.

Околу 20% од мажите на возраст меѓу 15 и 25 година имаат варикоцела, а околу 40% од мажите со стерилитет. Се смета дека варикоцелата може да биде причина за стерилитет на тој начин што со задршката на крв доаѓа до локално зголемување на температурата на скротумот што, пак, неповолно влијае на сперматогенезата.

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА?

Дијагнозата ја поставува уролог со клинички преглед и ехо преглед со доплер.

КАКО СЕ ЛЕКУВА?

1. Досега единствен начин кај нас беше хируршки, со операција - лигатура на сперматичната вена која се изведува од страна на хирург - уролог, во општа анестезија, при што заздравувањето трае подолго време. 2. Отсега, во Специјалната болница „Филип Втори“ се применува нов, минимално инвазивен метод – транскатетерска емболизација на сперматичната вена што се изведува од страна на интервентен радиолог, во локална анестезија, амбулантски (пациентот си оди дома истиот ден).

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА? || Четири часа пред интервенцијата пациентот не треба да јаде.

|| Се стерилизира препонската регија. || Се дава локална анестезија. || Се боцка само препонската вена. || Се катетеризира сперматичната вена. || Се вбризгува емболизацискиот материјал. || Се прави преврска. || Пациентот си оди дома после неколку часа.


Сл.3 Катетеризација и емболизација на варикоцела

Сл.2 Ангиографска сала каде што се изведува интервенцијата

Здравствен код ] [ Март 2010

Сл.1 Надворешен и внатрешен изглед на варикоцела

[ Ангиографија ]

45


[ Дневник

пациент ]

Благодарница на Жаклина Богатиновска од Куманово

Благодар Здравствен код ] [ Март 2010

ПЗУ СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦ „ФИЛИП ВТОРИ “

46

Благодарност и за др. Борјанка Георгиева и др. Иван Милев со неговиот тим кој оперираше на 20.11.2009 и успешно ја заврши операцијата на затворање на АСД тип секундум со ендоваскуларна протеза. Маката која ја чувствував со месеци веќе не се поднесуваше. Морав да се обратам за помош. Денес, утре, и на одложувањето му дојде крај. По моја претпоставка, а поради генетските предиспозиции, закажав преглед на тироидната жлезда. Се одлучив за болницата „Филип Втори“ бидејќи предходно имав слушнато за нивната професионална подготвеност. Кај др. Георгиева се јавив во закажаниот термин за преглед на тироидната жлезда. Првпат одев на ваков сериозен преглед и бев мошне вознемирена. Пријатно бев изненадена од приемот и смирувачкиот разговор со др. Георгиева. А за професионалноста, воопшто и не треба да


[ Дневник

пациент ]

рница до се зборува. Откако и ги образложив тегобите што ги чувствував, др. Георгиева ми направи ехо на срцето и притоа ми откри срцева маана што сум ја имала цели 42 години. Со увид на аномалијата и по консултацијата со др. Милев беше поставена дијагнозата АСД тип секундум. По направената ТЕЕ дијагностика, прецизно се утврди големината и местоположбата на отворот и за ноември ми закажаа операција. Деновите станаа долги, тешки и неизвесни. Времето, кое по препорака требаше да го поминувам спокојно и во одмор, за мене стана темнина во која единствената светла точка беа др. Георгиева и др. Милев и моите две мили чеда. Четврток навечер, чекор во неизвесност. Немирот што го чувствував сигурно ми се гледаше во очите. Вработените ме пречекаа со насмевка уште на вратата. Ме сместија во соба, беспрекорно чиста, која наликуваше на хотелска соба. Персоналот не ме остави сама со своите мисли и немир. Опуштената атмосфера во болницата и смирувачкиот разговор што го имав со дежурниот лекар и сестрата, ми

ги оттргнаа црните мисли и немирот што го чувствував и лесно заспав. Изутрината во 7.30 ме внесоа во салата. Тивката музика и насмевките од сите страни ми влеваа доверба. Пристигна др. Милев кој повторно ми објасни дека нема потреба од страв. Во салата имаше неколку сестри и лекари. Интервенцијата започна. Имав локална анестезија, па интервенцијата ја следев свесна. Сè одеше во најдобар ред. Лекарот ми го објаснуваше текот на интервенцијата. По еден час ме вратија во соба. Мојата неизвесност помина. Сè заврши, се чини толку лесно! Зарем во нашата мала земја има толку ГОЛЕМИ ЛУЃЕ?! Љубезноста и професионалната подготвеност на целиот персонал, не можат да се опишат со зборови. За неполни 48 часа поминати во болница ме вратија во живот, ми го олеснија и продолжија патот наречен живот. Уште едно големо БЛАГОДАРАМ, Жаклина Богатиновска од Куманово

Здравствен код ] [ Март 2010

ЦА ПО ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ

47


[ Дневник

пациент ]

Пишува Стеван Јовановски од Тетово

18.12.2009 година Тешово

Здравствен код ] [ Март 2010

Уважуван др. Жан Мишрев,

48

Со особено задоволство Ви ги пишувам овие редови со кои сакам да Ви ја искажам мојата бескрајна благодарност за операциите што ги извршивте врз мене – првата на 07.10.2009 година со која направивте две аортно-коронарни премостувања и на 24.11.2009 година ТЕА на десната каротидна артерија. Во Вашата специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ бев примен на 05.10.2009 година, а веќе вториот ден по приемот уследи првата операција. Таквата Ваша брза интервенција ми укажува (ако сум во право), дека мојата здравствена положба во тие мигови била критична. Затоа ќе речам, со божја помош, Вие со Вашата врвна стручност и умеење, интервениравте во

вистинско време и ми го спасивте животот. Звучи парадоксално, но јас со нетрпение и со радување чекав час поскоро да бидам повикан од Вас и да бидам опериран, оти знаев дека ќе бидам во сигурни раце, дека и двете операции ќе бидат успешни, а со тоа ќе се ослободам од опасноста и злото. Сега сум среќен, лесно се чувствувам, а и контролите покажуваат дека сè се одвива во најдобар ред и дека брзо закрепнувам. За сето ова уште еднаш едно големо благодарам. Ќе кажам уште тоа дека имате прекрасен персонал, стручен, внимателен, љубезен, услужлив, така што не почувствував никакви тешкотии за време на мојот престој таму. Господ нека Ве чува од секакво зло и нека Ви подари крепко здравје и


[ Дневник

Вашиот благодарен пациент Стеван Јовановски – Тетово Попладнето кога го пишував ова писмо, сеќавајќи се на сето погоре кажано, ми навреа стиховите кои веднаш ги запишав, а Ви ги посветувам Вам. Не помислувајте дека се занимавам со поезија. Ете така, понекогаш ми доаѓа.

Докшорош! Но сполај му на Господ Што под македонското небо Кај Исар негде таму , човек се роди Радосна вест, што секако годи. Велик стана тој, наш е нели? Секому помага никого не дели. Вешти раце и силен ум има и хумана душа и топла љубов има маките сечии ги слуша Сјајно сонце тој е И блескотен изгрев, Слушаш ли народот како вели? Тоа е нашиот доктор Жан Митрев Со љубов, стихови, Стеван Јовановски - Тетово

Здравствен код ] [ Март 2010

уште многу години живот, како и успеси и радост во животот. Среќна Нова година и Божиќ.

пациент ]

49


[ Клуб на пациенти ]

[одговори и прашања]

АКАДЕМИК Д-Р ЖАН МИТРЕВ

Прашање

Прашање

Имам 56 години во последно време чувствувам замор кога се качувам по скали, повремено имам неправилна срцева работа, стегање во предел на долната вилица. Притисокот обично ми е нормален. Кажете ми за што се работи

Т.К. на 67годишна возраст. Подолго време боледувам од покачен крвен притисок. Три месеци наназад имам трнење на рацете, повремено слабост во десната шака, трнење во десната нога, заборавност и конфузност.Иако редовно одам на преглед, до сега не ми е кажано дали треба да направам дополнителни иследувања. Наведувам дека лековите за крвен притисок редовно ги земам.

Здравствен код ] [ Март 2010

Одговор

Пациенти после 35 – тата година кога чувствуваат замор и стегање во градите задолжитњелно треба да се јават на преглед кај кардиолог.Обично тоа се знаци на коронарна болест и неопходном е навреме да се направи правилна дијагностика и третман. Задолжително треба да се направи добар ехокардиографски преглед и да се види дали кај Ва с е неопходна коронарнографија. Можете да направите и 64 мулти слајс снимање и добиете приказ на Вашите коронарни крвни садови. Доколку има запушување на истите ке добиете или стент или бајпас операција

Одговор Тегобите кои ги наведувате упатуваат дека нешто се случува со Вашата мозочна циркулација, затоа морате да се јавите на преглед да Ви се направи Доплер на Вашите каротидни крвни садови, и компјутерско снимање на каротидите за да се види дали има некакво запушување на истите или пак постојат аневризматски проширувања на крвните садови во главата. Со оперативен третман во нашата установа може да си помогнете доколку постојат стенотичмни промени


[ Клуб на пациенти ]

на акротидите, а со тоа да спречите да настане мозочен удар и одземеност на екстремитетите. Тегобите што ги наведувате се однесубваат на така наречената категорија позната како транзиторна исхемична атака.

Прашање П.Т 69г. Последнава година дена додека пешачам чувствувам болки во потколениците, стопалата ми се ладни и ми помодруваат. Имам покачен крвемн притисок, прекумерна телесна тежина и пушач сум 20 години наназад

Одговор

Прашање Имам 30 години и чувствувам изразени пристапи на срцебиење. Во детсвото ми е кажано дека имам шум на срце. Рацете ми се ладни и при поголем физички анпор приметувам дека помодрувам За какваболест се работи?

Одговор За секоја млада особа на која во детсвото и е кажано дека има шум на срце,неопходно е да направи добар ерхокардиографски

преглед , за да се исклучи било кој вид на вродена срцева мана, почнувајки од дефект на пре3ткоморите па се до послеоженитње срцеви мани. Тоа што наведоте дека имате ритам промени задолжително е да нљаправите 24-часовен ЕКГ Холтер мониторинг за да се види за кој тип на ритам промени станува збор и далие потребно да земате било каков вид на терапија. Според она што го кажавте кај Вас највероватно се работи за дефект на преткоморите , ке треба да се јавите во нашиот дијагностички центар за да може да Ви дадеме точни детали каико треба да живеете понатаму

ПЗУ Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ | ул. Илинденска бб, 1000 Скопје | тел: 02/ 30 91 500 | Факс: 02/ 30 91 499 | klub@cardiosurgery.com.mk |

Здравствен код ] [ Март 2010

Одговор Самиот си дадовте дел од договорот што треба да направите, под хитно морате да ја регулирате Вашата телесна тежина и да прекратите со пушењето. Морате да се јавите на преглед да ги проверите маснотиите во крвта и да направите Доплер преглед на Вашите долни екстремитети.Доколку има промени задолжителное комплутерско снимање, за да се лоцираат промените и да се предвиди на каков начин може да Ви се помогне, т.е. доколку има стенози на крвните садови на долчните ектремитети да се види дали постои можност да Ви се помогне сос тент или пак е неопходна операција

51


[[ Исхрана исхрана ]

Здравствен код ] [ Март 2010

Пишува Искра Ребац

52

Како да се јаде здраво во Македонија


[ Исхрана ]

Разговор со Маике Ерлихман нутриционист

Д

Специјалната болница по хируршки болести „ФИЛИП ВТОРИ“ ја започна соработката со г-ца Маике Ерлихман, нутриционист од Герм­анија. Ерлихман раскажува која беше нејзината главна задача во оваа болница Според доста прогресивниот пристап кон медицината во Специјалната болн­ица по хируршки болести „ФИЛИП ВТОРИ“, др. Митрев сакаше да ја обнови и исхраната на пациентите. Идеjата беше да се имплементираат герм­анските стандарди за храна и исхрана. Исто така, сакавме да го презентираме начинот на јадење на пациентите од „ФИЛИП ВТОРИ“ и, всушност, мојата цел е да им го претставиме тој лесен, здрав и вкусен животен стил на сите Македонци и да им се помогне на луѓ­ето да ја подобрат својата исхрана. Сега, моја обврска е да го адаптирам квалитетот и квантитетот на храната на пациентите на „ФИЛИП ВТОРИ“ според стандардите на Германското здруж­ ение за исхрана. Сакав да направам повеќе од текст, па затоа стандардите ги надополнив со графички приказ за веднаш да се види од која храна може да се јаде повеќе и која храна треба да се јаде во помали количини. Сето тоа го сработивме во соработка со лекарите и психолозите на Болницата.

Ова германско здружение ги собира и евалуира меѓународните научни факти за целосната исхрана и помага да се „преведат“ во разбирливи совети за популацијата. Исто така, ги референтните вредности за внес на хранливи состојки се адаптираат според препораките за храна во Германија. Дури и во ова Здружение, од бирократски причини, потребно е време за да стигнат резултатите од најновите студии и да се имплементираат во стандардите. Тоа се случува на секои пет години. Од друга страна, пак, науката е малку побрза. Во овој случај, ние ги земавме предвид најновите истражувања од 2008 и 2009 година. Бидејќи „ФИЛИП ВТОРИ“ сè уште се концентрира на пациенти со срцеви заб­ол­увања, препораките ги адаптирав специјално за потребите на таа група на пациенти. Развивме диета која е соодветна за примарна и сек­унд­арна превенција на срцевите заболувања и со тоа ќе им помогне на сите да останат здрави. Моја задача беше да се покорам на научните факти и да ги префрлам на македонската диета за да создадам препораки „Како да се јаде здраво во Македонија“. Сега веќе тие препораки им ги нудиме на пациентите. Работ­ата беше мошне интересна поради различните навики за исхрана овде во споредба со Германија. На пример, тука многу се користи пржена храна и печено месо, а помалку се користат „добри“ масла и леб со интегрални житарици. Од друга страна, одлично сте снабдени со намирници, свежо овошје, зеленчук, ореви, грав, природен ориз, сирења и добро месо. Многу ми се допаднаа вашите зелени пазари.

Здравствен код ] [ Март 2010

енес кога веќе се препознава фундаменталната важност на храната и исхраната потребна за живот и задоволство, се зголемуваат потребите од обучени професионалци за јавно здравство, нутриционисти, менаџери и професионалци за храна, полни со знаење. Голем број на унив­ерз­ итети во светот обучуваат студенти за широк спектар на предмети поврзани со храната, исхран­ата и здравјето во модерното општество.

53


[ Исхрана ]

Здравствен код ] [ Март 2010

Насекаде низ светот голем број универзитети обучуваат студенти за голем број различни работни места поврзани со храната, исхраната и здравјето во модерното општество, култ­ур­ ата и бизнисот. Ова е релативно непозната проф­есија во нашата земја и немаме слична дипломска програма на нашиот Универзитет. Кажете ни, Ве молам, зошто е толку важно што јадеме?

54

Храната е основа на животот. Тоа е вашата енергија за секое движење. Буквално за секое движење, дури и кога ги користите мускулите на лицето за насмевка. Тоа е нешто како гориво на организмот. Но, не само тоа. Храната е исто како маслото во машината: голем број на супстанции како што се специјалните секундарни супстанции од растенијата, витамините или многу важните есенцијални масни киселини овозможуваат беспрекорна работа на „моторот“ на нашиот организам. Тие дејствуваат како катализатори на метаболизмот или заштитуваат од споредните ефекти кои се случуваат за време на дневните комплексни процеси во организмот кои може да предизвикаат голем број на заболувања. Во последниве години истражувањата покажаа дека голем број на заболувања се поврзани со исхраната. Главно, тоа се метаболни заболувања како што се дијабетесот, хипертензијата, хиперхолестеролемијата, атер­­осклерозата и многу други, но, исто така, и појавата на тумори се смета дека е поврзана со исхраната. Во Германија 30 проценти од трошоците во здравствениот систем одат на заболувања поврзани со исхраната. Се тврди дека околу 60 проценти од смртните случаи се

директно или индиректно поврзани со лошата исхрана. Треба да се има предвид дека половина од нашата поп­ ул­ација има прекумерна тежина и не е сè околу тежината: Јас лично верувам дека дури многу повеќе луѓе не ги внесуваат во организмот есенцијалните хранливи материи неопходни за здрав и енергетски живот.

Кој дел од храната не е здравa колку што се мисли? За сојата се смета дека е здрава, но, сепак, некои научници тврдат дека може да предизвика рак? Сè зависи од тоа кој ќе ви каже дека нешто е здраво. На пример, од индустријата за маргарин може да ви кажат дека маргаринот е здрав. Тогаш ќе знаете зошто го кажуваат тоа. Производите со ниска количина на масти се познати како многу здрави. Но, некогаш луѓето веруваат дека нешто што го рекламира индустријата (производителот) задолжително е здраво. Секоја година научниците развиваат и промовираат нешто ново, некоја нова храна која, се разбира, со помош на медиумите и новинарите се фаворизира како нешто здраво и корисно и станува популарна и луѓето мислат дека е здрава. Некои растенија произведуваат фитохормони коишто можат да предизвикаат промени во организмот на чов­ ек­от ако се внесуваат неконтролирано, а верувам дека може да предизвикаат и хормонален канцер. Едно од тие е сојата. Кинезите, Јапонците и главно луѓето во Азија користат соја бидејќи таа вирее на тоа поднебје. Јас силно верувам дека луѓето треба да јадат храна која вирее во поднебјето каде што живеат.


[ Исхрана ] СПЕЦИЈАЛ Н А БОЛ Н И Ц А Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

ХРАНЕТЕ СЕ ЗДРАВО СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА

СПОРЕД ПРЕПОРАКИТЕ НА

„ФИЛИП ВТОРИ“

203

СЕЗОНСКИ И СВЕЖО, ДОБРО ПОДГОТВЕНО: Секогаш купувајте свежи производи што ви ги нуди регионот. Избегнувајте ги производите што индустриски дополнително се обработуваат, како на пример, топено сирење, паштети и слатки производи. Производите не ги варете долго и на висока температура. Варете ги со малку вода и малку маснотија – на овој начин храната го задржува

ТЕЧНОСТИ: Организмот ги пренесува пораките помеѓу органите преку крвта и другите течности. На еден здрав организам му е потребно многу вода: најмалку 1,5 л. вода на ден! Пијте вода или чаеви со малку шеќер или без шеќер.

свежиот вкус, ги чува витамините и другите хранливи материи. Помфрит, пирошки, стекови и сл., подготвени со пржење во голема количина врел зејтин, можат да бидат исклучок, само за исклучителни пригоди. Употребувајте малку сол и користете многу свежи зачини.

Избегнувајте да пиете сè што е обоено, а особено овошните сокови и газираните напитоци ( кока-кола, фанта и сл. ), бидејќи содржат многу шеќер и ништо друго и затоа повеќе се пијат поради вкусот, а не поради жед!

ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ КОФЕИН: Црниот или зелениот чај не се вбројуваат во течности, но го штитат срцето. Дневно се дозволени три филџани со напитоци кои содржат кофеин -

пред сè зелениот, но и црниот чај се подобри отколку кафето.

Како што ни покажува пазарот: зеленчук и овошје од нашата земја, во сите бои, во сите форми, чека да се претвори во вкусна салата, динстани или варени јадења. Шопска салата, супи, турли-тава или грозје за десерт. Нашиот организам најдобро функционира само со помош на сите витамини, минерали, диететски влакна и специјалните заштитни материи од растението.

Дневно јадете пет порции овошје и зеленчук. Една порција значи една полна шака, т.е. едно јаболко, еден домат, 10 цм краставица, мала чинија салата или една црпалка турли-тава. Тие го јакнат организмот, имунолошкиот систем и ги штитат клетките. Но, исто така, ја штитат нашата кожа од стареење. Употребувајте многу кромид, лук, свежи салати и миризливи зачини.

Здравствен код ] [ Март 2010

ОСНОВА:

55


[ Исхрана ]

ОНА ШТО НÈ ПРАВИ СИТИ: Лебот и јадењата од брашно, компирите, но, исто така, и грашокот, гравот, боранијата, леќата, нè прават сити и среќни. Дневно би требало да се внесуваат 3 до 5 порции. За оние кои се движат многу, како на пример, спортистите, потребни се 5 порции, а за луѓе кои се движат просечно, потребни се 3 порции. Една порција значи една полна шака, на пример, едно парче леб и еден компир, една полна шака

ориз или тестенини (макарони и сл.). Интегралните производи се подобри, имаат поинаков вкус, и полека навикнувајте се на нив. Гравот, боранијата, грашокот, леќата или бамјите може да го заменат интегралниот леб, а нивните диететски влакна го штитат срцето: јадете тавче-гравче, турли-тава, грав, боранија или јадења од леќа најмалку 3 пати неделно.

Здравствен код ] [ Март 2010

ПРОМЕНА НА МАСЛОТО ДОБРИ И ЛОШИ МАСЛА:

56

Здравото масло мора да биде ладно цедено и свежо. Ладно цеденото масло се произведува на тој начин што семињата (на пример, сончоглед или ленено семе) не се загреваат туку се пресуваат, се филтрираат и добиеното масло се полни во шишиња. На овој начин, во маслото се задржуваат здравите масни киселини, витаминот Е кој ги штити клетките и, пред сè, биоактивните растителни материи. Овие масла се препознаваат според ознаката „ладно цедено“ и според вкусот со силна арома. Ладно цедените масла се користат ладни во салати или може кратко да се загреат или со нив да се готват различни јадења. Многу од маслата во Македонија се рафинирани: пред да се пресуваат, семињата се ситнат и се загреваат на висока температура, па на овој начин од семињата се добива поголема количина на масло и маслото е поевтино. Со употреба на хемиски материи, маслото се избелува, потоа следи процес на сушење и потоа се подложува на дополнителни процедури кои го продолжуваат рокот на траење на маслото и се збогатува со вештачки бои, ароми и витамини.

Рафинираното масло технички лесно се обработува при производството на кондиторски производи кои содржат масти, како на пример, кекси, слатки, како и колбаси или бурек. Во рафинираните масла се уништени аромата и бојата, витамините и заштитните материи, а се создадени материи кои се опасни за крвните садови. Дневно внесувајте 2-3 супени лажици ладно цедено масло и една полна шака ореви, бадеми, ленено семе, маслинки и други слични производи! Овие производи, како и рибата, содржат многу здрави маснотии кои безусловно му се потребни на организмот, а воедно и го заштитуваат срцето. Многу малку треба да се консумираат маснотии од месо, колбаси, сирење и млечни производи. Штетни се заситените и скриени маснотии во кексите, тортите, слатките, разните намази, брзата храна ( Fast-Food ), готовите супи или сосови, колбасите и паштетите. Опасни материи се создаваат особено при пржење во голема количина на врел зејтин избегнувајте ги таквите производи!


[ Исхрана ]

МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ: Една чаша млеко или една чаша јогурт и едно парче кашкавал, т.е. 60 г сирење, се доволни за задоволување на потребата од калциум. Млечните

производи даваат многу енергија. Доколку сакате да ја задржите својата тежината, не треба да јадете поголеми количини од нив.

МЕСО И КОЛБАСИ: На телото му се потребни многу малку месо или колбаси, и не секојдневно. За тоа се доволни 300-600 г месо или колбаси неделно. Тоа значи 40-80 г дневно или парче големо колку половина дланка. Наместо дневно да се јаде мала порција, 3 пати неделно може да се јаде просечна порција. Месото и колбасите се многу вкусни, но содржат и многу калории. Подобро

е пилешко, телешко или јагнешко месо како динстани јадења, отколку месо на скара или свинско мелено месо. Во колбасите и паштетите често се додаваат штетни материи, засилувачи на вкус, вештачки ароми и други дополнителни материи. Подобро изберете шунка, отколку мортадела или паштети.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРОИЗВОДИ:

Здравствен код ] [ Март 2010

На организмот не му се потребни чоколади, слатки, кекси, сладоледи и други слатки производи, бурек и други печива кои содржат многу маснотии, ѓеврек и други печива од бело брашно, јадења подготвени со пржење во голема количина на врел зејтин и, исто така, алкохол. Јадете ги овие работи само во одредени ситуации, кога сакате да уживате или кога славите нешто. Една чаша црвено вино е добра за срцето, но за време на јадење. Колку помалку консумирате дополнителни работи, толку е подобро.

57


[ Психологија ] Пишува Љупка Наумоска, психолог

ПСИХОДИНАМИКА НА СТРЕС КАЈ КАРДИОХИРУРШКИ ПАЦИЕНТИ

Здравствен код ] [ Март 2010

И 58

(Перцепција на стрес кај кардиохируршки пациенти како ризик-фактор во развојот на кардиоваскуларно заболување)

нтегритетот на нашето здравје ни е природно даден, како што е и природно него да го негуваме и чуваме. Иако е природно даденa, способноста да го чуваме станува сѐ помала поради стресот во секојдневието. Секојдневно присутните стресови влијаат и на емотивниот живот, а со тоа и врз срцето и васкуларниот систем, особено кога репресивно или негирачки се однесуваме кон нив, посветувајќи си многу малку време на себе и неадекватно третирајќи го стресот во нашиот живот. И додека сме во трка со времето, нашето психофизичко здравје е на сигурен пат да биде запоставено, а со тоа и загрозено.

Истражувајќи го влијанието на стресот врз развојот на кардиоваскуларните заболувања во рамките на нашата институција, стигнавме до поимот на стресни фактори или стресори кои се обидовме да ги детектираме и категоризираме во една приоритетна листа. Инструмент кој одговараше на овие потреби е Тестот за животен стрес кој ги рангира стресно доживеаните настани според претходно бодирање. Тестот беше комплетиран во две години: во 2006 година (во месеците јуни, јули и август) со 238 хоспитализирани пациенти индицирани за кардиохируршки зафат во нашата институција и во 2009 година (во месеците октомври, ноември и декември) со 396 хоспитализирани пациенти индицирани за кардиохируршки зафат.


[ Психологија ]

Овде накусо ќе бидат прикажани резултатите од истражувањето со цел да се анализира проспективната психодинамика кај нашите пациенти кои се третираат во рамките на хоспитализацијата во „ФИЛИП ВТОРИ“ и антистрес програмата. Графиконот бр.1 ја прикажува процентуалната распределеност на пациентите според степенот на стресоген настан кој тие го бележат како ризик-фактор за развој на кардиоваскуларни заболувања. Добиените резултати се разликуваат од очекуваното: првичната претпоставка беше дека пациентите кај кои има индикација за кардиохируршки зафат се пациенти кои бележат високо ниво на стресоген настан (тоа значи стрес кој се случил неодамна, се карактеризира со сериозност, ненадејност и неможност да се контролира). Спротивно од очекуваното, дескриптивната анализа (Графикон бр. 1) укажува на најмал број пациенти (10,08 % во 2006, а 3,2% во 2009) кои бележат високо ниво на стресоген настан. За оваа мала група на пациенти постои највисока препорака за консултација со психотерапевт, вклучување во антистрес програма и/или психотерапија, со цел долгорочно превентивно третирање на стресот во иднина. Стресот кај нив е акутен, а итноста во третманот е неопходна за да може да се добијат долгорочни ефекти.

Висок Среден Низок Степен на стресоген настан како ризик-фактор з а развој на кардиоваскуларно заболување

Од друга страна, најголем дел од пациентите (61,76 % во 2006 и 37,8% во 2009 година) бележат средно ниво на стресогени настани, односно, најголем дел од пациентите како стресогени настани кои влијаеле во развојот на нивното заболување бележат настани кои се случиле пред три или повеќе години и биле со средно ниво на интензитет (според категоризацијата од Тестот за животен стрес). Овде се важни два момента кои ја објаснуваат ваквата распределеност на пациентите: пролонгиран хроничен стрес и еволутивен момент кај кардиваскуларните заболувања. Пролонгираниот стрес трае подолг временски период, има умерен, но континуиран интензитет, неговото влијание најчесто се негира, а неговиот третман се одложува. Ненавремениот и неадекватен третман на ваквиот стрес има далекусежни последици во развојот на кардиоваскуларните заболувања. Во прилог на ова е самата природа на кардиоваскуларните заболувања каде што еволутивниот момент е особено значаен. Развојот на кардиоваскуларните заболувања има повеќегодишна динамика, што значи од лоцирањето на стресогениот настан (или настани) потребно е да измине подолг временски период (во нашиот случај пред три или повеќе од три години) сѐ додека болеста не се манифестира и на соматски план. Во повеќе од 70% (во 2006 година) и 60% (во 2009 година) од случаите, пациентите наведуваат симптоми дури по дијагностицирањето и индицираноста за

Здравствен код ] [ Март 2010

Графикон бр. 1 Процентуална распределеност на пациенти според степенот на стресоген настан како фактор за развој на кардиоваскуларно заболување (за 2006 и 2009 год.)

59


[ Психологија ]

коронарографија. Ова зборува за една латентна симптоматологија која своето место на значење го добива дури по дијагностицирањето и индицираноста за коронарографија. Кога болката на одреден орган е дијагностицирана, пациентите како да добиваат дозвола да ги изразат и психичките компоненти на физичките симптоми (вознемиреност, страв, лутина, незадоволство, тага, чувство на неспособност, немоќ итн.), односно да ја изразат својата емоционална реалност која во голема мерка го диктира темпото на здравствената хомеостаза. Кај овие пациенти се препорачува континуирана психотерапија во насока на препознавање, прифаќање и изразување на емоционалната реалност, психоедукација и вклучување во антистрес програмата.

Здравствен код ] [ Март 2010

Во ова истражување, повеќе од 100 пациенти (29,8% од испитаниците во 2009 година) негираат стресогени настан во развојот на нивното заболување. Тука би ги додале и оние 28,5% кои се изјасниле дека имале ниско ниво на стресогени настани. Тоа е значаен процент на пациенти кои дури и откако болката на одредениот орган е дијагностицирана, одбиваат да зборуваат за стресните настани и својата емоционална реалност, ги негираат стресорите или не ги препознаваат своите емоции. Сите овие реакции се „под капата“ на неадекватното артикулирање на емоциите врзани за негативни животни искуства. Секако, свое влијание има и културолошката и социјалната атмосфера која не поддржува изразување и артикулирање на „неубавите“ или „негативните“ настани, емоции и чувства. Ниската свесност за емоциите, едукациската и културолошката неохрабреност тие да се истражуваат, изразуваат и артикулираат, придонесува нашите пациенти да ги затвораат очите пред своите внатрешни случувања, да ги потиснуваат своите емоции и да регресираат во болест, а притоа, како единствен важен и значаен фактор да го признаваат генетскиот.

60

Во текот на истражувањето овој резултат отвори нова парадигма на размислување: зошто нашите пациенти не зборуваат и не ги изразуваат своите емоции? Дали тие ги препознаваат своите емоции? Непрепознавањето на емоциите манифестирано низ неизразување и незборување за нив, е црта на личноста позната како алекситимија (а – lexi – thimia, во превод значи дефицит да се разберат, обработат или опишат емоциите). Клиничката слика вклучува потешкотии да се опишат чувствата, т.е. недостасува основната вештина на емоционалната интелигенција: разликувањето на чувствата, емоциите и сетилните сензации. Погрешно е мислењето дека алекситимичарите не чувствуваат; повеќе би се рекло дека тие не знаат точно какви се нивните чувства, особено кога се во прашање зборовите. Кога една


[ Психологија ] Низ интроспекција, континуирана психотерапевтска работа и антистрес програма се обидуваме да ги приближиме нашите пациенти до себе, да бидат во контакт со своите потреби, со цел самите да ја воспостават психофизичката хомеостаза и да избегнат евентуално понатамошно регресирање и психосоматизирање во болест. Третманот е долготраен и сложен, но промената која настанува е благороден резултат за кој секоја личност вреди да вложи напор.

Здравствен код ] [ Март 2010

личност се жали на неодредени здравствени проблеми, а всушност има емоционално нарушување – велиме дека таа соматизира, т.е. ја заменува емоционалната болка со физичка (за разлика од ова, психосоматско заболување е кога емоционалните проблеми предизвикуваат вистински здравствени проблеми). Емоционалните проблеми (непрепознавање на емоциите и чувствата, нивно неманифестирање, потиснување, негирање итн.) се реален и голем проблем на човекот, тие го бараат своето место на значење и адекватен третман (и притоа под третман не подразбираме само лекарски и медикаментозен, туку и психолошки, а особено психотерапевтски третман). Избегнувањето на справување со нив значи избегнување на сопствената емоционална реалност која е дел од природата на секој човек и отфрлање на еден есенцијален дел од себе, кој нас, како луѓе, нѐ издвојува од животинскиот свет.

61


[ Репортажа ] Пишува др. Ѕвонко Атанасов, спец по радиодијагностика

Здравствен код ] [ Март 2010

ГАРМИШПАРТЕНКИРХЕНЗИМСКА ИДИЛА

62

Во Гармиш – Партенкирхен, Германија, од 27.01.2010 до 30.01.2010, во организација на германското здружение на радиолози, под претседателство на проф. др. М. Рајзер, се одржа 6. Интернационален симпозиум за мултислајсна компјутерска томографија


[ Репортажа ]

Гармиш за првпат се споменува во 748 година како германска населба, додека “Partanum” - денешен Партенкирхен го оформуваат Римјаните. Зимските олимписки игри во 1936 година ја поттикнуваат федерацијата на двете населени места Гармиш и Партенкирхен да се спојат во една заедница. Покрај периодите на процут на местото кога богатите трговци се населуваат во регионот и местото се нарекува Златно земјиште, ова место памети и многу тешки периоди како на пример периодот на триесетгодишната војна во 17. век.

Од крајот на векот, со развојот на туризмот, заедницата на Гармиш - Партенкирхен се претвора во прекрасно спортско - туристичко место кое им овозможува на гостите мир, удобност, а со модерните локали и ресторани претставува интересно место за забава и престој. Тоа станува врвна локација за зимски спортови во Германија, бањско одморалиште на највисоката класа, историски центар, а овде се наоѓа и најмодерната ски-скокалница во светот. Не може да не се споменат претстојните спортски манифестации како што се алпското ски-првенство во 2011 година и можноста за домаќин (град – кандидат) на Олимписките игри во 2018 година. Заради тоа, многумина денес се одлучуваат да го поминат своето слободно време, празници и годишен одмор во ова исклучително место. Гармиш-Партенкирхен нуди многу природна убавина, германска култура испреплетена со баварската традиција.

Здравствен код ] [ Март 2010

С

о грандиозна поставеност под Алпите, на 700 м надморска височина, со својата привлечност и убавина лежи олимпискиот град Гармиш-Партенкирхен. На височина од 2962 м, како ореол над градот се надвиснува Zugspitze – највисокиот планински врв во Германија. Тоа мало градче е климатско одморалиште, идеално место за зимски спортови, но, во исто време, и реномирана локација за конференции и семинари, од една страна понесено од модерното време, а од друга страна завиткано во длабоките традиции на Баварија.

63


[ Приказни за деца ] Пишува Љупчо Агелоски

КОПАНИЧАРСТВОТО

Здравствен код ] [ Март 2010

УМЕТНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ

64

В

елат, дрвото кое веќе не е дел од природата, само по себе е мртво. Копаничарот е тој кој му внесува душа. Се раѓа идеја, слика, која од мислите вешто преминува на хартија, за да оживее врз дрвото кое под длетото добива живот. А сликарот на животот е оревот. Преданијата велат дека наспроти сончевите зраци тој ги „фаќа“ и сенките на децата кои играат околу него, сликајќи ги врз својата шаренолика текстура. Оттука не е чудо што старите резбари своите вечни дела ги изработувале токму на ореово дрво.

Најстарите податоци за копаничарството во Македонија датираат од 9. век, кога овој занает се негувал во Слепчанско-прилепската, а подоцна и во Дебарската и Костурската школа. Изработките се најзастапени во црквите и џамиите, во турските беговски куќи, како и во поимотните чорбаџиски фамилии. Мотивите зборуваат дека религијата многу влијаела врз развојот на копаничарството во 18. век. Резбарите како да работеле под Божја рака и со Божји благослов кој успеал да ги зачува уметничките творби на иконостасите. Восхитот предизвикан кај секој кој ќе се приближел, со добра или зла намера, не дозволил тие да бидат уништени.


[ Приказни за големи деца ]

Здравствен код ] [ Март 2010

Низ времето копаничарството се развива како мошне суптилна, по малку таинствена, и фамилијарна уметност, која вообичаено се пренесувала како семејно наследство, од колено на колено, поради што можеби и замрело. Дека светот не може да остане рамнодушен кон совршената уметност на резбите, зборува и податокот дека денес, делата на копаничарите од Македонија ги красат сите континенти, отсликувајќи ја македонската култура. Речиси и да нема држава која не го почувствувала духот на македонските копаници, втиснат во резбите кои не без причина Македонија ја презентираат како колевка на врвното копаничарство во светот. Македонија е прва држава во Европа од каде што уште во 9. век, како извор на просветата, книжевноста и културата во словенскиот свет, прозрачи Охридскиот универзитет. Македонија стана колевка на книжевници, сликари, архитекти, но, својот уметнички зенит го достигна низ делата на копаничарите, низ неповторливите уникатни резби како дел од светската уметничка ризница. Во моментов недостига една обемна студија за сегашноста и перспективните маркетиншки активности во областа на копаничарството, односно, стратегија со која копаничарските дела би се приближиле до потрошувачите задоволувајќи ги нивните потреби од аспект на асортиман, цени, дизајн и продажна мрежа, што сè заедно би придонело за афирмација и развој на оваа уметност. Голем недостаток е што денес не постои организиран настап на копаничарите – автори на пазарот. Доминираат

65


[ Приказни за големи деца ]

Здравствен код ] [ Март 2010

изолирани појави на копаничари поединци кои работат по нарачка, неколку скромни недоволно познати ателјеа. Ако покрај сето ова се земе предвид немањето на продажна мрежа за копаничарските дела, а помошта од државата е симболична, јасно е зошто резултатите се на мошне ниско ниво. Сепак, можности постојат. Вековната копаничарска традиција го јакне неуништливиот уметнички ген кај кадровскиот потенцијал кој не е мал. Иако, поради ограничените можности, на повеќемина од нив копаничарството им е хоби, има и професионалци кои помагаат во едукацијата на младите копаничарски кадри. Затоа, не е погрешна процената дека Македонија сè уште може да си го поврати стариот копаничарски сјај и во светски рамки да стане препознатлива по уникатните рачно изработени резби – копаници, а копаничарството да се развие во високопрофитабилна извозно ориентирана гранка. Врвот на македонската копаничарска презентација се експонатите кои заслужено го најдоа своето место на саемот ЕКСПО 2000 во Хановер. Сè она што е вредно, но, изумира, она што е национално обележје на еден народ, на еден простор, и понатаму треба да се негува за сите времиња, да се почитува и да се поттикнува. Да се оформи еден начин на размислување со кој сето тоа ќе се издигне на ниво на совршена уметност, бидејќи копаничарството е дел од националната душа на Македонија.

66


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.