Насилството станува реалност и во виртуелниот свет. Ова е појава
која може да остави последици кај жртвата за цел живот, а влијае и на
општеството како целина.
Целта на ова истражување е да ги испита степенот на свесност за
појавата, фреквенцијата, карактеристиките и механизмите за справување
токму со насилството на интернет, и тоа, кај средношколската популација во
нашата држава.