Секој поединец во својот живот барем два пати се соочува со кариерни
oдлуки. Избирањето кариера е тежок процес и не може секој сам да
одлучи или да се запознае со можностите на пазарот на трудот. Центрите
за кариера на факултетите, заедно со кариерните советници, треба да
им помогнат на студентите во целосната животно-кариерна интеграција.
Потребно е да ги има на сите факултети бидејќи областа, можностите и
побарувачката на пазарот на трудот се различни.