Публикацијата Пакет за прва помош - Студентски прирачник за истажување на корупцијата во високото образование е водич за студентските организации, невладините организации,студентските активисти и сите оние кои се заинтересирани за проблемите во високото образование и таа образложува различни методи за истражување и мониторинг на високото образование.
Публикацијата е производ на работата на повеќе организации: YSPDB - Бугарија, Monitor Statistica - Хрватска, NCTHR - Молдавија, BOS - Србија и МОФ - Македонија.
Автори од Македонија на публикацијата се: Лазар Поп Иванов, Петар Димитров, Марија Мирчевска, Иван Мицковски и Мартин Алексоски.