Анализата на истражување „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ е издадена во јануари 2018. Анализата го опфаќа периодот на работа на Агенцијата 2014 - 2016 година. Публикацијата е изработена на македонски и албански јазик.
Автори:
Мартина Илиевска,
Александра Филипова,
Петар Барлаковски
Истражувањето и публикацијата се креирани во рамки на проектот „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ реализиран од страна на Младински образовен форум. Проектот е поддржан од проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од “Фондација Отворено општество – Македонија” (ФООМ) и “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии”, и е финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.