Содржина:
Анализата, врамена во контекстот на националните образовни системи и стратегии, открива дали дебатата има позитивно дејство од аспектот на подобрување на информираноста за тековни настани, критичкото размислување и толеранцијата кај селектираните примероци на ученици дебатери и недебатери. Во истиот период се спроведени и интервјуа со предавачи преку чие искуство се стремеше да се добие квалитативен увид во квантитативните резултати. Теренското истражување е спроведено паралелно во неколку земји во периодот од мај до јуни 2013, со употреба на погоден примерок. Македонскиот примерок содржи 267 респоденти, од кои 132 се дебатери, а 135 недебатери. Дебатерите се членови на дебатните клубови во МОФ со повеќе од 1 година дебатно искуство, додека примерокот на недебатери содржи средношколци од неколку средни школи од повеќе градови во земјата.
Автори:
Роберто Беличанец, Ана Медарска, Бојан Маричиќ
Издадено со поддршка на НВО инфо центар.