topic of the month
Убавината на годишните времиња Во разни делови од светот се среќаваат четири годишни времиња: секое од нив се одликува со посебни карактеристики и пејзажи, со бои и со климатските тенденции. Тоа се: пролетта, летото, есента и зимата. Ние во Европа ги среќаваме сите нив во различни периоди од годината, но не сите земји имаат годишни времиња. Зошто тие се среќаваат кај нас?
Н
АСА има одговор на ова прашање. Краткото објаснување се состои во тоа дека оската на ротацијата на Земјата не стои вертикално. Оската е замислена линија што минува низ центарот на Земјата од „врвот“ до „дното“. Во текот на една година, различни делови од Земјата се повеќе накосени кон Сонцето. Така, кога Северниот Пол на Земјата е понакосен кон Сонцето, на Северната полутопка трае летото. А кога Јужниот Пол е понакосен кон Сонцето, на Северната полутопка владее летото. Забележувајќи дека другите земји слават различни годишни настани во различно годишно време од нашето, се прашуваме како е тоа возможно. На пример, замислете да го славите Божиќ на плажа? Дали ја погодивте земјата за која што зборувам? Точниот одговор е Австралија. Средишните делови на Земјата не се толку накосени, тоа е причина зошто, на пример, во Австралија е лето, додека во Европа е зима. Државите кои се во близина на екваторот – линијата што минува низ средината на Земјата – имаат умерени годишни времиња. Тука температурата останува непроменета во текот на речиси цела година.
32 - VOICES
Секое годишно време се одликува со различна временска прогноза: дожд, високи температури, снег. Освен тоа, природата си го менува и своето руво. Секое од годишните времиња, разграничено со различни вредносни температури, е во времетраење од три месеци. Најтоплите три месеци му припаѓаат на летото, најстудените на зимата, а просторот помеѓу нив е својствен за пролетта и за есента. Бидејќи веќе знаеме дека различни држави во различни месеци од годината ги дочекуваат годишните времиња, би сакала да направам кратка споредбена анализа. Пролетта ја најавува крајот на зимата и се смета за најубавото годишно време поради расцутената природа или би можеле да кажеме, поради повторното раѓање на природата. Во Европа, доаѓањето на пролетта е поврзано со месеците март, април и мај, додека пак во Нов Зеланд и во Австралија, пролетта настапува во септември. Промената на годишните времиња се чувствува и во однос на деновите и ноќите. Што значи тоа? За време на пролетта, со секој одминат ден, денот се повеќе расте, а ноќта се намалува. Датумите кои се прогласуваат за почеток на секое годишно време се разликуваат во однос на локалните климатски услови