S-Work No.90

Page 1

S-WORK

Март 2020 | Број 90

1


3 ­ ти март ­ Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници: Да ги уживаме човековите права подеднакво!

С

ексуалните работници низ целиот свет го одбележуваат 3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, со цел да се подигне свеста за прекршувањата на човековите права со кои се соочуваат сексуалните работници. СТАР - Првиот колектив на сексуални работници на Блаканот, како и секоја година се приклучува во борбата за социјална правда и почитување на правата на сексуалните работници како во Република Северна Македонија, така и на глобално ниво. На овој ден сакаме да го свртиме вниманието кон активизмот на заедницата сексуални работници и значењето кое таа го постигнува за зголемување на видливоста во јавноста преку вклучување во јавни настапи, протести и маршови. Како последица од непрепознавањето на сексуалната работа како секоја друга професија, непостоењето прецизни закони за регулација на сексуалната работа во однос наработничките права, како и нееднаквиот третман кон заедницата сексуални работници не поттикнува во се поголем број од година во година да се бориме за своите човекови права. Сексуалните работници во нашата земја се во постојан страв од малтретирање, насилство и злопутреба, кои ни ги ограничуваат основните права и слободи, да живееме и работиме еднакво како и сите други во општеството.

2


Сексуалните работници од целиот свет го одбележуваат 3-ти март – Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници. Идејата за одбележување на овој ден датира уште од 2001 година, кога повеќе од 25000 сексуални работници се собрале на фестивал во Индија. Како организатор на целиот настан стои Комитетот на сексуални работници Durbar Mahila Samanwaya со седиште во Калкута, чие членство брои повеќе од 50000 сексуални работници. Оттогаш, секоја година се слави 3-ти март од страна на сексуалните работници, нивните поддржувачи и активисти од целиот свет. Со приклучување кон глобалното одбележување на 3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, се стремиме да ја истакнеме важноста и потребата за унапредување на нашите човекови права, ослободување од криминализацијата и добивање правна заштита од насилство и злоупотреба. Со еднакви и достоинствени права за сите, светот би бил убаво место за живеење! Ние имаме право на живот, слобода, еднаквост, сигурност, приватност, право на слободно изразување и здружување!

Што велат сексуалните работници и организациите кои ги застапуваат нивните права

М

есец март го посветуваме на унапредување и промоција на правата на сексуалните работници. Сексуалните работници ширум светот и кај нас го одбележуваат 3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници. Нашите барања се признавање на сексуалната работа, почитување на нашите права и слободи, крај на насилството, како и правна заштита од напади и злоупотребувања. Глобалните цели за правата на сексуалните работници се следниве:

Крај на насилството, малтретирањето и вознемирувањето на сексуалните работници, од страна на полицијата, вклучително и грабежите и силувањето.

Обезбедување и осигурување безбедни и фер услови за работа на сексуалните работници.

Елиминирање на бариерите за пристап до здравствена заштита, домување, вработување и финансиски услуги.

Крај на стигмата и дискриминацијата врз сексуалните работници.

Зголемување на економската, расната и родовата еднаквост за решавање на економските присили.

Стопирање на штетните рации во бордели и нападите врз заедниците на сексуални работници.

Декриминализација на сексуалната работа. 3


Што велат сексуалните работници и светски познати организации за правата на сексуалните работници Општата претпоставка дека сексуалните работници шират сексуално преносливи болести ја зголемува стигмата и дискриминацијата врз сексуалните работници. Ако сте сексуален работник, се верува дека мора да имате ХИВ или сте под голем ризик за пренос на овој вирус. - Моника Џонс од Nothing About Us Without Us Маргинализираните заедници мора да го преземат водството во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат, ако сакаме да оствариме траен напредок кон социјалната правд Во многу од земјите во кои работи AJWS (Американска еврејска светска служба), сексуалните работници се соочуваат со екстремна стигма, насилство и дискриминација - со сериозни последици по нивното здравје и човековите права. Тие се соочуваат со повеќе бариери за пристап до здравствени услуги и информации, вклучително и негирање на третман од страна на давателите на здравствени услуги. - Американска еврејска светска служба Доколку сите барања на сексуалните работници би можеле да се сумираат со еден збор, тоа би било декриминализација. Прогресивните влади во Нов Зеланд и Нов Јужен Велс во Австралија усвоија модел на декриминализација за подобрување на состојбата на сексуалните работници. Неодамна, Владата на Нов Зеланд и Колективот на сексуални работници од Нов Зеланд го оценија овој модел позитивно. Резултатите од оваа проценка покажуваат значително намалување на ранливоста на сексуалните работници и почитување на нивните човекови права. - ТАМПЕП Европа

4


Криминализирањето на сексуалната работа, односно купувањето или продавањето консензуален секс меѓу возрасни лица ги зголемува ризиците со кои се соочуваат сексуалните работници. Исто така, криминализацијата на сексуалната работа ги поттикнува митовите за ХИВ и ги одржува штетните патријархални идеологии и родови стереотипи. - Глобална мрежа на жени за репродуктивни права За оние кои веруваат дека сексуалната работа е штетна, треба да знаат дека криминализацијата на сексуалната работа уште повеќе ги влошува работите и создава дополнителни проблеми кај оние кои се инволвирани во сексуалната индустрија. Криминализацијата ја зголемува стигмата и им овозможува на властите да малтретираат, заплашуваат и експлоатираат сексуални работници и поединци инволвирани во сексуалната работа. Криминализацијата уште повеќе ги втурнува луѓето во сиромаштија и им наметнува на сексуалните работници да ја напуштат сексуалната индустрија. Да се протестира против декриминализација на сексуалната работа е исто што и инсистирање за понатамошно прекршување на правата на сексуалните работници. - Центар за урбана правда - Њујорк - Проект за сексуални работници Во земји каде што се криминализирани повеќе аспекти на сексуалната работа – вклучително и купувањето на сексуални услуги, живеењето од заработувачката на сексуалните работници (особено ова ги засега семејствата и децата на сексуалните работници), или други одредби со кои се криминализираат трети лица - сексуалните работници се соочуваат со дискриминација и стигма што ги прекршува нивните човекови права, вклучително и правото на слобода, безбедност, еднаквост и здравје. - САНГРАМ, (Индија) Како што постојано тврдиме, регулирањето на доброволната сексуална работа и укинување на било какви закони што индиректно поттикнуваат вознемирување и насилство врз нас е погоден начин да се почитуваат и да се гарантираат човековите права на оние кои доброволно и самостојно избираат да се вклучат во сексуалната работа. - RedTraSex – Конзорциум на сексуални работници во Латинска Америка Клучните барања на активистичкото движење на сексуалните работници во Бурма, Азија и низ целиот свет се едноставни. Бараме сексуалната работа да се препознае како и секоја друга работа. Но, имаме уште едно клучно барање, а тоа е да не не третираат како жртви. - Kthi Win, Азиско-пацифичка мрежа на сексуални работници Законодавството со кое се регулира сексуалната работа без консултација со сексуални работници и организации за нивно застапување, како што е SWOP, воопшто не ја разбира сложената природа на сексуалната индустрија. Сексуалните работници бараат да бидат вклучени во одлучувачките процеси. НЕШТО ЗА НАС БЕЗ НАС! - SWOP-Сиетл

5


Шведскиот модел, креиран со цел да ги заштити сексуалните работници, е целосно контрапродуктивен и штетен

Ш

ведскиот модел се покажа не само како контрапродуктивен за да ги заштити жртвите на трговија со луѓе и луѓето инволвирани во сексуалната работа, туку е и штетен за овие заедници. Шведскиот модел е широко отфрлен од повеќето европски граѓански организации. Иако крајната цел на Шведскиот модел е да се заштитат сексуалните работници, сепак овој модел има спротивни ефекти. Со донесување на новиот закон во 2016 година со кој се криминализираат клиентите на сексуалните работници, во повеќето земји каде овој закон стапил на сила, заедницата на сексуални работници се изјаснила дека се намалила нивната контрола врз работните услови, како и бројот на клиентите. Според резултатите добиени од квалитативното истражување на мислењата на сексуалните работници, спроведено во Франција, каде овој законот е имплементиран пред 4 години, 63% од сексуалните работници доживеале влошување на нивните услови за живеење, поголема изолација и поголем стрес, 42% од сексуалните работници се повеќе изложени на насилство, а 70% од сексуалните работници не забележале подобрување на односите со полицијата. Оваа студија е спроведена помеѓу 70 сексуални работници.

6


Иако повеќето сексуални работници сепак продолжиле да нудат сексуални услуги и по донесување на новиот закон, нивните работни услови значително се влошиле. Наспроти тврдењата дека со новиот закон ќе се намали побарувачката, т.е. бројот на клиентите, преку интервјуата спроведени помеѓу сексуалните работници, немало намалување на бројот на сексуални работници. Но, сепак овој закон штетно влијаел врз нивната безбедност и здравје. Речиси сите сексуални работници од секоја од интервјуираните организации забележале промени во односите помеѓу нив и клиентите, т.е. клиентите се повеќе ги наметнувале своите услови, како што е принудување на незаштитен сексуален однос, намалени цени, неплаќање за сексуалните услуги и сл.

Со донесување на овој закон, квалитетот на животот на сексуалните работници драстично се намалил, се зголемила сиромаштијата, дури 62,9% се изјасниле дека нивната заработувачка се намалила. Генерално, законот ги натерал сексуалните работници да работат под ризични услови со штетни последици по нивното здравје. Резултатите од квалитативно истражување исто така откриваат дека се зголемиле и случаите на насилство, од секаков вид: физичко насилство, сексуално насилство, кражби и вооружени грабежи, навреди, како и малтретирање на работното место. И покрај целта на овој закон, да ги заштити сексуалните работници и да ги натера да ја променат својата професија, сепак, со криминнализација на клиентите, се постигнува сосема спротивен ефект. Се зголемува маргинализацијата и стигмата врз сексуалните работници, а истите се изложени на поголемо насилство од претходно. Повеќето сексуални работници не сакаат, или пак не се во можност да ја променат својата работа и сексуалната работа ја гледаат како единствена опција за заработување. 7


Покрај Франција, и во други земји како што се Ирска, Шведска и Норвешка, според извештаите се покажува целосен неуспех на воведувањето на Шведскиот модел. Во Северна Ирска, со донесување на овој модел се бележи зголемување на трговијата со луѓе за 26%, намалување на „побарувачката“ за платен секс и неверојатен пораст од 92% на насилните злосторства. Во Шведска и Норвешка, исто така нема индикации за намалување на бројот на сексуални работници или пак на жртвите на трговија со луѓе, но академските и невладините извештаи јасно покажуваат дека законот ги прави поранливи сексуалните работници, особено работниците мигранти и трансродовите сексуални работници, со што се зголемува ризикот од насилство.

8


Повик за ставање кр ај на р епр есивните закони за сексуалната р абота, по убиството на тр анср одовата сексуална р аботничка во Фр анциј а

В

ечерта на 21-ви февруари, во Париз, Acceptess-T, Le Bus des Femmes, STRASS, и Sombrilla Latina, членови на ICRSE (International Committee on the Rights of Sex Workers), повикале на решителна акција од Француската влада и властите, да се стави крај на репресивните закони кои поттикнуваат стигма и насилство врз сексуалните работници. Ноќта помеѓу 20-ти и 21-ви февруари, Џесика Сармиенто, трансродова сексуална работничка е убиена на нејзиното работно место Боис де Булог, Париз. Таа била намерно удрена од автомобил кој се движел со преголема брзина. Според првичната истрага на полицијата, нападот бил претходно исцениран, возачот ниту го запрел, ниту го забавил својот автомобил. Нејзиното убиство е дел од зголемениот бран напади врз заедницата на сексуални работници во Франција откако се воведе „Шведскиот модел“ за регулација на сексуалната работа, преку кои се криминализираат клиентите на сексуалните работници. Во последниве 6 месеци, најмалку 10 сексуални работници беа убиени. Џесика била транс сексуална работничка од Перу, која дошла да работи во Франција минатата година. Таа била дел од здружението Acceptess-T кое и пружало социјална, правна, здравствена и административна поддршка, како и емоционална и психолошка поддршка. Како и повеќето од заедницата сексуални работници, Џесика се стремела кон подобар живот во оваа земја и се борела против криминализацијата на сексуалната работа, како и дискриминацијата со кои се соочуваат овие маргинализирани лица, особено оние кои се најпогодени, како што се мигрантите, трансродовите лица и лицата кои живеат со ХИВ.

9


ICRSE ги одобрува барањата на организациите за сексуални работници, Acceptess-T, Le Bus des Femmes, STRASS, и Sombrilla Latina за итно разгледување на законот, крај на криминализацијата на сексуалната работа и прекршувањето на правата на мигрантите, транс и сексуалните работници. „Убиствата на сексуалните работници во Франција наидуваат на рамнодушност од страна на Владата. Точно е дека постоело и претходно насилство и се случувале убиства на сексуални работници и пред да биде донесен Шведскиот модел, но не толку многу и не толку често како што се случува сега. Во моите 18 години инволвираност во сексуалната работа, никогаш не сум присуствувал на толку многукомеморации на починати колеги/ колешки. Во моите 15 години на активизам, никогаш не сум видел толку многу членови на STRASS, да бидат малтретирани, злоупотребувани и силувани. Само во еден месец, тројца членови на нашата заедница се убиени и секој пат апелираме до Владата да преземат мерки за да се спречи идно насилство, а сепак наидуваме само на молк од нивна страна. За време на дебатите кои се случуваа непосредно пред донесување на новиот закон за сексуална работа во Франција, алармиравме за потенцијалниот ризик од зголемување на насилството врз сексуалните работници, но и покрај нашите напори, законот се донесе, кој сега резултира со енормни катастрофи“, вели Тери Шваусер, сексуален работник и активист на STRASS.

10


Во издание на:

Поддржано од:

11


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.