S-Work No.88

Page 1

S-WORK Јануари 2020 | Број 88

1


О држан 1 2 ­тиот Марш на црвениот чадор посветен на борбата против родово­базираното насилство

Т

радиционално, како и секоја година, СТАР-СТАР и сексуалните работници го одбележаа 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници со организирање на 12-тиот Марш на црвениот чадор во центарот на Скопје, посветен на борбата против родово-базираното насилство. Околу 100тина учесници, сексуални работници, активисти и поддржувачи маршираа од пред Спомен куќата Мајка Тереза до плоштадот Филип II, приклучувајќи се кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува нашата заедница. „И јас сум човек, мајка и жена. Мое лично право на избор е што ќе работам и не треба никому да му пречи. Ние, сексуалните работници, ќе продолжиме да се бориме сѐ додека не добиеме еднаков третман во општеството и се надеваме на поддршка од институциите“. Одбележувањето на овој ден е од големо значење за нас. Испративме порака за СТОП НА НАСИЛСТВОТО до институциите и општата јавност со цел да се отвори едно ново поглавје во животите на сексуалните работници во кои тие ќе ги уживаат своите права подеднакво со останатите граѓани во општеството и ќе бидат заштитени и безбедни. Ние не застануваме тука, борбата против дискриминацијата, насилството, стигмата, принудувањата и експлоатацијата продолжува и понатаму. Искуствата и статистиките во светот и кај нас покажале дека жените и трансродовите сексуални работици се најмногу изложени на насилство во секоја форма. Во анализите кои ги покажуват истражувањата спроведени директно на терен од страна на граѓански организации во 2018 година, во Р.С. Македонија, документирани се 100 случаи на насилство пријавени од страна на сексуалните работници. Најголем дел од нив се случаи на семејно насилство и насилство врз трансродови сексуални работници. кои се случиле во домот на сексуалните работници. Во 2019 година, бројот на документирани случаи на насислтво е помал. Но, тоа не се должи на позитивните промени, туку баш напротив. Според нашите искуства на терен, сексуалните работници се уште се обесхрабрени, немаат доверба во институциите и се плашат да пријават насилство. Голем број медиуми целосно го следеа Маршот на црвениот чадор. Многу национални и локални телевизии им дадоа поддршка на сексуалните работници преку нивните медиумски прилози и видео снимки од Маршот во централните вести. Во прилог ви пренесуваме дел од атмосферата преку фотографиите на Ванчо Џамбаски од овогодинешниот Марш на црвениот чадор.

2


3


4


5


6


Насилството врз жените вклучува и насилство врз сексуалните работници

Кога сексуалната работа се доживува како насилство, тогаш вистинските искуства на насилство, вклучувајќи ги нападите, апсењата, па дури и убиствата стануваат невидливи. 17-ти декември е Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните рабоници. Овој ден започнал да се одбележува како спомен на жртвите од убиецот од Грин Ривер во 2003 година. Оттогаш, овој ден се одбележува секоја година и претставува годишен настан за сексуалните работници, нивните најблиски, сојузници и активисти низ целиот свет кои се борат против насилството, бараат декриминализација на сексуалната работа, како и елиминирање на стигмата и дискриминацијата врз сексуалните работници. Во 2016 година учествував на состанокот на Комитетот за елиминација на дискриминација врз жените (CEDAW) на Обединетите нации во Женева. CEDAW е меѓународна платформа која се залага за човековите права на жените, вклучувајќи ги невладините организации кои застапуваат, а кои владите ги сметаат за одговорни. Тие доставуваат извештаи и разговараат со членовите на Комисијата на комитетот за нивната загриженост. За време на Конвенцијата на Обединетите нации, работев со Канадската алијанса за реформи во законите за сексуална работа и други групи за човекови права со цел да предизвикам загриженост за кршењето на правата на жените во Канада. Прекршувањата вклучуваат стереотипи (член 5), повреда на работнички права (член 11) и здравствени права (член 12), непризнавање на еднаквоста пред законот (член 15) и сексуален напад, полициско насилство и убиство (Општа препорака 19). Исто така изразивме загриженост за штетата нанесена на сексуалните работници од страна на политиките против трговија со луѓе. Многу феминистички организации кои учествуваа на оваа средба, зазедоа моралистички став дека сексуалната работа е опасна и претставува форма на сексуално ропство. Нивните ставови беа следните: сексуалната работа е форма на насилство врз жените; сексуалните работници, особено младите и мигрантите се принудени или привлечени во сексуалната индустрија против нивната волја или под економска присила; трговијата со луѓе и сексуалната работа се една иста работа и сите сексуални работници се жртви на трговија со луѓе, затоа што сите се сексуално експлоатирани; сексот не е работа, бидејќи сексот не може да биде на продажба; и за крај, сите инволвирани страни, како што се газдите, менаџерите и клиентите се насилни кон сексуалните работници. За време на состанокот на Комитетот се обидовме да развиеме заеднички извештај со други организации и истиот да го доставиме до комитетот на CEDAW. Сепак, феминистичките групи инсистираа на тоа дека сексуалните работници ќе бидат ставени

7


во делот „Трговија со луѓе и експлоатација на проституција“. Тие одбија да се осврнат на насилството врз сексуалните работници во делот „Насилство врз жените“, бидејќи сметаат дека сексуалната работа е сама по себе насилна. Навистина бев фрустрирана и лута. Ми беше тешко да разберам зошто насилството кое го доживуваат сексуалните работници не се смета за насилство и зошто сексуалните работници се исклучени, а сепак тврдат дека се загрижени за благосостојбата на сите жени подеднакво. Оваа средба на Обединетите нации, се случи неколку недели по смртта на сексуална работничка и мигрантка, која беше член на Butterfly, Мрежа за поддршка на азиските и мигрантските сексуални работници, со седиште во Торонто. Поради нејзината професија како сексуален работник, нејзината смрт не беше признаена како резултат на насилство врз жените.

8


Полицијата воопшто не била заинтересирана за тоа како се случил нападот и кој бил инволвиран, ниту пак била заинтересирана да трага по сторителот. Наместо тоа, тие сакале да знаат како таа дошла во Канада. Наместо да ја истражуваат нејзината смрт, полициската истрага се фокусирала на трговијата со луѓе, а нејзините најблиски биле принудени да ја напуштат земјата. Голем е бројот на сексуалните работници – мигранти, кои искусиле дискриминација откако пријавиле грабеж, напад или сексуално малтретирање. Истите, наместо да бидат заштитени, биле малтретирани, испитувани, обвинети или уапсени од страна на полицијата. Наместо да им овозможи безбедна и сигурна средина на сексуалните работници, спроведувањето на законот е честопати извор на закани и насилство кон сексуалните работници. Кога сексуалната работа се доживува како насилство, вистинските форми на насилство, вклучувајќи ги нападите, апсењата, па дури и убиствата стануваат невидливи. Многу иницијативи и програми против трговијата со луѓе спроведени од мисионерски организации, организации за борба против трговија со луѓе и радикални феминистки се засноваат на нивните идеи и размислувања кои се однесуваат на спасување на сите оние инволвирани во сексуалната индустрија. Многу од нивните ставови се базираат на полициското работење на сексуалниот морал и на идејата дека луѓето не треба да продаваат секс. Овие организации го штитат спроведувањето на законот кои не ги земаат во предвид поплаките на сексуалните работници и кои се залагаат за зголемена истрага, надзор, рација и затворање на работните места на сексуалните работници или принудување на сексуалните работници да излезат од оваа професија. Националната организација против трговија со луѓе има добиено милиони долари за да се занимава со расистичка антисексуална политика заедно со политичарите, полициските службеници и креаторите на јавни политики. Наместо да ги слушаат сексуалните работници, тие вршат зголемен надзор, истрага и рација во салоните за масажа каде работат сексуалните работници. Елена Лам е извршен директор и основач на Butterfly, Мрежа за поддршка на азиските и мигрантските сексуални работници. Таа е магистер по социјална работа и магистер по право, со специјализација за човекови права. Таа е доктор на науки на универзитетот МекМастер, каде ги истражува штетите поврзани со иницијативите за борбата против трговијата со луѓе. Елена повеќе од 20 години активно се занимава со работа поврзана со човекови права, насилство врз жени, миграција, пол и сексуална работа.

9


Како, зошто и каков вид насилство е пр исутно во сексуалната р абота?

Пред сé, сексуалните работници се човечки битија и треба да се третираат подеднакво како и сите останати луѓе. Несомнено, насилството е присутно во сексуалната работа, но треба да се запрашаме како, какво е истото и зошто се случува? Многумина сексуалните работници ги сметаат како помалку вредни, честопати туркајќи ги на маргините во општеството. Тие се вистински луѓе исто како мене и Вас. Имаат чувства и заслужуваат да се чувствуваат безбедно. Ние не сме тука да го расправаме моралот во однос на нивната работа, туку баш напротив, да ги разгледаме фактите кои ја прават сексуалната работа мета на различни форми на насилство и што треба да направиме да го спречиме тоа. За жал, поради ранливите средини во кои сексуалните работниците често се изложени, тие се соочуваат со многу опасни ситуации. За разлика од другите професии, сексуалната работа е нелегална во многу земји, а сексуалните напади врз сексуалните работници се помалку пријавени отколку што би биле кај општата популација. „Според податоците на ФБИ, жените се најчести жртви на сериските убијци. Податоците исто така покажуваат дека кај женските сексуални работнички постои 18 пати поголема веројатност да бидат убиени од сериски убиец во споредба со некој што не учествува во сексуалната индустрија”. Оттука, останува да ги бараме факторите кои играат улога во насилствата, нападите, силувањата, убиствата, злоупотребата и семејното насилство врз сексуалните работници. Проблем 1: Не постои јасно разграничување помеѓу жртвите на трговија со луѓе и сексуалните работници жртви на насилство Системот на трговија со луѓе е експлоатативен. Таа сама по себе претставува форма на насилство, принуда, киднапирање и обично вклучува повторливи силувања без исклучок. Тоа е во самата природа на трговијата со луѓе, која денес е претставена како модерно ропство. Додека пак, сексуалната работа не мора да значи дека е експлоатативна. Голем број сексуални работници користат најразлични мерки со цел да се заштитат од насилство и да имаат контрола врз своите клиенти. Со оглед на тоа што сексуалната работа е криминализирана во повеќето земји, многу често се случува сексуалните работници кога пријавуваат насилство да завршат уапсени и казнети. Оттука, полицијата и институциите се тие кои вршат експлоатативни практики кои се штетни за заедницата на сексуални работници. Проблем 2: Не сите купувачи на сексуални услуги се нужно насилни. Сексуалните работници често прават список на лоши клиенти кои го споделуваат со своите колеги/колешки. Но, поради тоа што нивната работа е генерално 10


криминализирана, сексуалните работници воопшто не го пријавуваат овој список во полиција, бидејќи се плашат. Споделувањето на овој список би помогнал во придонесување на општата безбедност за пошироката јавност. Сексуалните работници доживуваат разни облици на насилство. Во една студија, 81% од жените кои работат на отворена сцена пријавиле насилство од страна на клиенти. Од нив, 33% биле претепани, на 30% им се заканувале со оружје, 25% биле задушени, 27% биле силувани, а 9% биле прободени со нож. Помеѓу 45% и 75% од сексуалните работници пријавуваат насилство во текот на нивниот животен век, при што 32% до 55% пријавиле насилство во изминатата година. Исто како и секој друг вид на односи, постојат граници и правила што се воспоставуваат помеѓу сексуалниот работник и клиентот. Насилните клиенти се оние кои се ќе сторат само да добијат повеќе без да ги почитуваат правилата на сексуалните работници. Многу често ваквите притисоци завршуваат со силување, кое пак многу често се игнорира, поради општото мислење дека сексуалните работници заслужуваат да бидат повредени. Насилството кое го доживуваат сексуалните работници од клиентите, не треба да се генерализира, бидејќи не секогаш клиентите се насилни. Зошто е толку тешко за пошироката јавност да го игнорира знаењето и информациие кои ги поседуваат сексуалните работници и кои би помогнале при решавање кривичните дела? Одговорот е дека тие не ги почитуваат сексуалните работници како човечки суштества и ги обвинуваат за она што им се случува. Тие ги стереотипизираат и ги избегнуваат. Доколку ги разгледаме фактичките докази и огромната потреба за регулација на сексуалната работа, тогаш полесно би управувале со гонењето насилни криминалци, а истовремено би ги заштитилее нивните жртви. Сексуалните работници не се лоши луѓе. Сепак, мора да признаеме дека насилните мажи се оние кои често купуваат секс. Тоа не значи дека сите клиенти ќе се претворат во насилни криминалци, но треба да направиме побезбеден простор за оние кои ја работат сексуалната работа, со цел да се намали изложеноста на насилство и полицијата да ги казнува сите оние кои се опасни за сексуалните работници и општата јавност.

11


Интервј у со трансродова сексуална работничка: Трансродовите сексуални работници се едни од нај бараните!

Клиентите кои бараат услуги од трансродовите лица или веќе имале претходни искуства со трансродови лица, или пак тоа им е ново искуство. 1. Вие сте трансродова сексуална работничка. Зошто и кога започнавте да ја работите оваа работа? Да, токму така јас сум трансродова сексуална работничка која со сексуалната работа се занимавам од свои 19 години. Во целата приказна влегов сосема свесно, без никаква принуда. Се сеќавам, кога дојде другарка ми и ми кажа: „Имам идеја како да стигнеме до брзи пари“. Навистина на почетокот т.е. првиот месец мотивот ми беа парите, но после тоа сфатив дека тоа е работата која би ја работела цел живот. Сексуалната работа ме исполнува, исто како што некој го исполнува да работи како новинар, доктор, професор и сл. Сметам дека сексуаланта работа треба да се смета како и секоја друга работа на пазарот на трудот и да се почитуваат слободата и правото на избор кај секоја индивидуа подеднакво во нашето општество. 2. Сте патувале низ Европа, каква е разликата меѓу државната заштита на сексуалните работници низ другите држави и тука, што кај нас недостасува? Најголемиот недостаток тука кај нас е тоа што сексуалните работници немаат никаква доверба во институциите кои и тоа како се важни и треба да ги заштитуваат сите граѓани подеднакво, особено полицијата, судството и здравството. Во многу земји сексуалната работа е декриминализирана и сексуалните работници ги добиваат потребните здравствени, социјални и правни услуги преку институциите без никаква стигма или дискриминација. Ние тука се плашиме да пријавиме насилство во полиција, не сме безбедни додека работиме, а тоа се должи на непостоењето конкретни закони за регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија. 3. Какво ви беше искуството со првиот клиент/ка? Навистина не би сакала да зборувам јавно за моите клиенти, сепак тоа ќе го оставам за себе.

12


4. Поборник сте за еднакви права на сите родови определби, раскажете ни накусо за активностите на вашата организација? Веќе 6 години работам во СТАР-СТАР, Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, како асистентка на програмата за здравје, финансирана од Министерството за здравство. СТАР-СТАР работи на подигнување на свесноста кај општата популација во насока на прифаќање на сексуалните работници и почитување на нивните права и слободи. Главна цел на организацијата е промовирање на сексуалната работа како и секоја друга професија, заштита и унапредување на правата на сексуалните работници во социјалниот, правниот и здравствениот систем во општеството во блиска соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и медиумите на локално, национално и меѓународно ниво. Работата во СТАР-СТАР ме мотивира да им помагам на сексуалните работници кои немаат доверба во државните институции. СТАР-СТАР соработува со невладини организации и сервис провајдери кои им ги нудат потребните здравствени услуги на сексуалните работници. Овие услуги им се подостапни во однос на услугите од јавните здравствени установи. 5. Маршот на црвените чадори се одржува 12 години последователно и традиционално, што е исто, а што е променето од првиот марш? Оваа година СТАР-СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот го организира Маршот на црвениот чадор по 12-ти пат. Пораката која сакаме да ја испратиме до јавноста е СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО врз сексуалните работници. На почетокот, можам да кажам дека Маршот на сексуалните работници се одвиваше без присуство на медиуми, надвор од јавноста, и тоа се должеше на присуството на страв кај сексуалните работници да излезат во јавност. Но, од година во година, овој настан стануваше се повеќе видлив и веќе сега гордо маршираме низ центарот на Скопје. На Маршот доаѓаат и голем број поддржувачи и активисти кои ни даваат поддршка и секако тука се девојките кои го предводат маршот. За прв пат, пред 2 години организиравме уметничка инсталација насловена Skopje Red Light District каде учество земаа 6 сексуални работници кои стоеа на излог и невербално комуницираа со публиката испраќајки пораки до минувачите, да запре насилството врз нив. Сметам дека сексуалните работници денес се похрабри да излезат во јавност и да зборуваат за своите проблеми и потреби, но ситуацијата е далеку од сјајна. Се уште треба да работиме на подигнување на свеста кај општата популација и да лобираме за промени кај државните институции и законите кои ги таргетираат сексуалните работници. 6. Кој е главниот фокус на Црвениот марш годинава? Оваа година Маршот на црвениот чадор го посветуваме на РОДОВО-БАЗИРАНОТО насилство. Искуствата и статистиките во светот и кај нас покажале дека жените и трансродовите сексуални работници се најмногу изложени на насилство во секоја форма. Затоа, како и секоја година, ќе излеземе на улица да ја истакнеме нашата заложба за солидарност кон сексуалните работници и да ставиме крај на маргинализацијата и виктимизацијата на сексуалните работници. Ве поканувам и оваа година на 17-ти декември да ги отвориме црвените чадори и заедно 13


да маршираме против криминализацијата и насилството врз нашата заедница. Маршот на црвениот чадор ќе започне во вторник, во 12 часот напладне, од пред платото на Спомен куќата на Мајка Тереза. Рутата на Маршот е иста како и секоја година, ќе маршираме до плоштад Филип II. 7. Кои се ваши клинети? И колку често се среќавате со нив? Навистина не можам да зборувам за моите клиенти, ниту пак да ги категоризирам. Сепак, можам да кажам дека најчесто тоа се хетеросексуални мажи кои често ги користат моите сексуални услуги. За средбите со нив, се зависи од слободното време, така и се договараме. Бидејќи имам и други ангажмани во текот на неделата најчесто работам за викенд бидејки само тогаш имам слободно време целосно да и се посветам на сексуалната работа. 8. Кое е најдоброто, а кое најлошо искуство во вашата работа што некогаш сте го доживеале? Најдоброто искуство е тоа што сум самостојна во работата и не зависам од никого. Има доста позитивни работи, но има и многу негативни и лоши искуства. Често сум била сведок на случаи каде што сексуалните работници се дискриминирани или сексуално малтретирани, само поради тоа што ја работат сексуалната работа. 9. Дали некогаш сте доживеале оргазам додека работевте? Ви се допаднал ли некој клиент и дали сте оствариле подлабока емоционална врска? Не би сакала да одговорам на ова прашање, премногу е интимно, а интимата не ја споделувам баш со никого. 10. Имате ли страв од венерични заболувања? Како се справувате и превенирате на оваа чувствителна тема? Немам, затоа што користам заштита секогаш кога имам сексуален однос без разлика дали е тоа мојот партнер или клиент. Многу често за случува клиентите да ти понудат поголема сума пари за секс без кондом, меѓутоа тоа кај мене не проаѓа. Безбедниот секс секогаш ми е на прво место. Сум поминала низ доста едукации за ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции (СПИ), така што навистина многу знам на оваа тема. Можам да кажам дека според бројни истражувања на глобално ниво, сексуалните работници се најдобрите едукатори кога станува збор за сексуалното и репродуктивно здравје. 11. Колку клиентите преферираат трансродови сексуални работнички? Дали се веќе релаксирани на оваа тема тука кај нас? Во последно време, неколку години наназад, трансродовите сексуални работници се едни од најпобаруваните на Балканот. Клиентите кои бараат услуги од трансродовите лица, или веќе имале претходни искуства со трансродови лица, или пак тоа им е ново искуство за кое претходно истражувале и знаат што можат да очекуваат. Секако, клиентите се поопуштени сега, не се затворени како што биле до пред 5-6 години.

14


12. Дали работата Ви влијае на емоционалниот, приватен живот? Не, бидејки го имам разграничено професионалниот со приватниот живот и никогаш не ги мешам овие две работи. Сексуалната работа ја гледам како работа и тоа не влијае на мојот емоционален живот, ниту пак на мојата приватност. 13. Стигмата во општеството е навистина поразителна. Сте размислиле ли да се откажете од оваа работа? Никогаш не сум размислувала да се откажам од оваа работа бидејки како што напоменав оваа е работата која ме исполнува. Точно е дека сум правела паузи, но тоа е исто како и кога работите во некоја фирма и земате годишен одмор, боледување и слично. Моментално работам со помал интензитет, а тоа се должи на моите работни ангажмани во две невладини организации, но пак ќе напоменам дека никогаш не би се откажала од сексуалната работа. 14. Од кого очекувате поголема поддршка и дали очекувате легализација кај нас на најстариот занает на светот? Најголемата поддршка ја добиваме од граѓанските организации како што е СТАРСТАР, граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници, но секако дека треба да имаме поддршка и од институциите бидејки тие треба да им гарантираат безбедност и сигурност на секој граѓанин подеднакво, без разлика на неговата професија, сексуална определба или родов идентитет. За разлика од легализацијата која не можеме да ја земеме како позитивен пример, досегашните анализи и компаративни истражувања кои сме ги правеле покажале дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобар модел за регулација на сексуалната работа, бидејќи се грижи за безбедноста и сигурноста, а исто така ги почитува правата и достоинството на сексуалните работници и пошироката заедница. За позитивен пример, сексуалните работници го земаат Нов Зеланд, каде што сексуалната работа е декриминализирана. Според неодамнешните истражувања се открива дека 90% од сексуалните работници веруваат дека со Законот за декриминализација им се гарантираат нивните права, здравствени и безбедносни права; 64% изјавиле дека им е полесно да преговараат со клиентите за безбеден секс и условите за работа; 57% изјавиле дека, веруваат дека ставовите на полицијата кон нив се подобриле. Особено ме радува тоа што сексуалните работници во Р.С. Македонија се вклучени уште од самиот почеток во процесот на носење одлуки во усвојување и спроведување на нова, јасна и конзистентна законска рамка која се заснова врз потребите на сексуалните работници и за заштита на нивните права. *Ова интервју е дадено од трaнсродова сексуална работничка за печатениот весник „Слободен Печат“ 15


Во издание на:

Поддржано од:

16


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.