S-Work No.87

Page 1

S-WORK Декември 2019 | Број 87

1


1­ви декември – Одбележување на Светскиот ден на СИДА

С

ветскиот ден за борба против СИДА е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот самит во Лондон во 1988 година. Истата година, Светската здравствена организација ја согледа потребата од постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември за Светски ден за борба против СИДА. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот. До крајот на 2018-та година, според извештајот на УНАИДС се вели дека низ светот имало 1,7 милион новозаболени од ХИВ, додека 37,9 милиони живеат со вирусот. Во Република Северна Македонија стапката на ХИВ е на најниско ниво, а најзасегнати се ризичните групи, лица кои инјектираат дроги, сексуални работници и мажи кои имаат секс со мажи. Според евиденцијата во Институтот за јавно здравје, за 30 години односно од 1987 до 2017 се регистрирани 338 случаи на ХИВ, a во текот на минатата година се регистрирани 41 нов случај на ХИВ. Извештаите на Институтот за јавно здравје, според возраста укажуваат дека најзафатена е сексуално активната популација на возраст од 20 до 39 години, која сочинува 74 отсто од дијагностицираните случаи. Кумулативно, според начинот на трансмисија, најголем број од случаите, поточно 53 отсто се кај мажи кои имале секс со маж, хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран во 38 отсто од случаите, додека лица кои инјектираат дроги учествуваат со 2,5 отсто, а по шест случаи се регистрирани кај лица со хемофилија (последниот пред 15 години) и пренос од мајка на дете – се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Денес, постојат голем број научни достигнувања кои се значајни за третманот на ХИВ, како и закони за заштита на луѓето кои живеат со ХИВ. Но, и покрај тоа, луѓето се уште не знаат како да се заштитат себеси и другите од ХИВ, а стигмата и дискриминацијата се сеуште присутни кај многу луѓе кои живеат со ХИВ. Одбележувањето на Светскиот ден на СИДА е многу важен, бидејќи ја потсетува јавноста дека борбата против ХИВ/СИДА не е завршена - се уште е потребно да се соберат пари, да се подигне свеста, да се бори против предрасудите и да се подобри образованието. Светскиот ден на СИДА е можност да се научат фактите за ХИВ вирусот, начинот на пренесување, да се спречи неговото ширење, да се третира и да се прифати реалноста на живеење со ХИВ. Обезбедувањето на правото на здравје за сите е од големо значење да се постигнат вистински здравствени услуги на сите оние на кои им се потребни. Пошироката политичка и социјалната средина треба да играат клучна улога во креирање на превентивните програми за ХИВ. Во Република Северна Македонија секоја година се организираат добротворни јавни настани од страна на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ - Заедно посилни за одбележување на Светскиот ден на СИДА, со цел да се подигне јавната свест и да им се даде поддршка на лицата кои живеат со ХИВ, кои доколку навремено се дијагностицирани и редовно се третираат имаат долг и нормален живот. Тестирајте се навремено! Раното откривање на ХИВ, значи обезбедување квалитетен живот.

2


17­ти декември ­ Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници

О

ваа година, по 12-ти пат, Првиот колектив на сексуални работници СТАР-СТАР од Скопје организира Марш на црвениот чадор со цел да го одбележи Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници кој традиционално се одбележува на 17-ти декември. Додека полека се приближуваме до овој значаен ден, се присетуваме на сите жртви на насилство оваа година и ја засилуваме нашата посветеност на постојаната борба за зајакнување, видливост и правата за сите сексуални работници (мажи, жени, трансродови лица). И оваа година, со организирање на кампања по повод Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, сакаме да ја истакнеме нашата заложба за солидарност. Поголемиот дел од насилството врз сексуалните работници не е само насилство врз сексуалните работници - тоа е исто така и насилство врз трансродовите лица, корисниците на дрога и мигрантите. Затоа, како и секоја година СТАР-СТАР, Првиот колектив на сексуални работници, заедно со своите поддржувачи и активисти ќе

3


маршираат низ центарот на Скопје со една единствена цел, а тоа е да ставиме крај на маргинализацијата и виктимизацијата на сите сексуални работници. Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година како спомен и бдеење за жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Од 2003 година, со одбележување на овој ден им се овозможува на сексуалните работници ширум светот да се соберат и да се организираат против дискриминација и да се сеќаваат на жртвите на насилство. Марширајќи низ центарот на Скопје, со црвени чадори, сакаме да ја подигнеме свеста за насилството кое најчесто се извршува врз сексуалните работници. Нападите, злоупотребувањата, силувањето и убиството на сексуалните работници мора да заврши. Економската нееднаквост, системите на државно насилство и угнетување мора да заврши. Стигмата и дискриминацијата и криминализацијата што го прават насилството против нас мора да заврши. Ве молиме, придружете ни се и оваа година, заедно и одлучно да застанеме против криминализацијата и насилството врз нашата заедница.

4


Декември ­ месец посветен на борба против насилството

М

есец декември го посветуваме на борбата против насилството врз жените. Секоја година, се организира кампања „16 дена активизам“ против родово базираното насилство врз жените. Оваа кампања започнува на 25-ти ноември, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и завршува на 10-ти декември, на Денот на човековите права. Оваа кампања се организира секоја година уште од 1991 година и ја координира Центарот за глобално лидерство на жените (CWGL). Кампањата има за цел да „помогне во премостување на женските права и движењата за работничките права“ и им дава можности на заедницата на сексуалните работници да се вклучат во кампањата. Кампањата „16 дена активизам“ се одбележува ширум светот. Семејството на Обединетите нации, Владата на Република Северна Македонија и партнерите исто така се приклучија кон глобалната кампања „16 дена активизам“ на тема „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Во текот на овие шеснаесет дена ќе бидат реализирани бројни активности со цел промоција на кампањата ширум целата земја, меѓу кои и вклучување на јавни личности од сите сфери од општественото живеење, кои ќе ја споделат својата поддршка преку бројни панели и работилници, како и преку низа активности во медиумите и на јавните места. Овој месец го одбележуваме и 17-ти декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, со организирање на традиционалниот Марш на црвениот чадор. Овој ден се одбележува секоја година, во многу земји ширум светот со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група. Повеќе од една деценија сексуалните работници низ целиот свет го одбележуваат овој ден со порака да се запре насилството врз сексуалните работници! Сексуалните работници се дискриминирани и отфрлени од општеството. Креаторите на политики и властите повеќе ги сметаат сексуалните работници за неморални прекршители на законот, отколку за индивидуи кои треба да бидат заштитени од насилство и кои треба да добиваат социјална и економска помош и поддршка. Со одбележување на овој ден, заедницата на сексуални работници апелира до општата јавност и институциите да ги слушнат нивните гласови со цел да им се обезбедат безбедни услови за работа и живеење.

5


Нашето ослободување бара декриминализациј а – Разоткривање на митови за сексуална работа

К

риминализацијата на сексуалната работа во повеќето градови и држави воопшто не функционира како добра законска регулатива за сите оние кои се вклучени во консензуалната сексуална размена. Иако е широко користен, ваквиот пристап никогаш не ја подобрил ситуацијата на сексуалните работници и клиентите, туку баш напротив, ваквиот закон им служи само за да им наштети на најранливите при поттикнување на насилство и експлоатација. Бројката на трансродови лица кои се вклучуваат во сексуалната работа секоја година станува се поголема. Трансродовите лица и сексуалните работници кои ја работат сексуалната работа на отворено, на улица, често пати пати се на товар на криминализацијата. Кај нив е зголемен ризикот од насилство и малтретирање од страна на клиентите и општата јавност. Разоткривање на митови за сексуална работа Мит: Декриминализирање на сексуалната работа ќе доведе до зголемување на трговијата со луѓе. Факт: Декриминализирање на консензуалната сексуална работа нема да ги промени законите за трговија со луѓе. Всушност, декриминализацијата ќе го олесни лоцирањето и обезбедувањето ресурси на лицата кои се тргувани. Без закана од апсење, сексуалните работници ќе можат да бидат сојузници во прекин на трговијата со луѓе. Мит: Декриминализацијата ќе ја намали јавната безбедност како користени кондоми на улица? Факт: Сексуалните работници кои работат на улица се всушност лица кои немаат безбеден простор за работа и поради тоа сексуалните услуги ги нудат на улица. Сексуалните работници кои имаат безбедно место за работа имаат повеќе опции во однос на тоа како би се заштитиле од насилство и да преговараат за користење на кондоми и лубриканти, за разлика од оние кои сексуалната работа ја работат на улица, што пак ги става на зголем ризик од малтретирање, злоупотреба и насилство од страна на клиентите, полицијата и општата јавност. Со декриминализација на сексуалната работа ќе им помогне да се намали стигмата поврзана со оваа работа и да им се олесни пристапот на сексуалните работници до алтернативни можности. Мит: Сите сексуални работници се присилени на сексуална трговија? Факт: Луѓето сами си ја избираат сексуална работа од широк спектар на причини флексибилни распореди за работни часови, поголема плата од многу други работни места или пак само затоа што уживаат во тоа. Исто така, има многу луѓе кои се занимаваат со сексуална работа затоа што тоа е единствената опција преку која можат да заработуваат. 6


Без разлика на тоа која е причината за нивното инволвирање во сексуалната индустрија, со декриминализација на сексуалната работа, ќе им се загарантира безбедноста на сексуалните работници и ќе им се осигура полесен и поадекватен третман до здравствени услуги. Мит: Декриминализирање на сексуалната работа нема да ги реши проблемите на ЛГБТИ популацијата. Факт: Во повеќе земји стапката на невработеност кај трансродовите луѓе е речиси 50%. Трансродовите луѓе не добиваат никаква поддршка и се дискриминирани по повеќе основи, меѓу кои е и нивното вработување. Со поддршката на ЛГБТИ заедниците ќе се помогне во ставањето крај на криминализација на сексуалната работа што ги прави сексуалните работници небезбедни и ги присилува во системот на кривична правда. Декриминализирање на сексуалната работа е неопходно за ослободување на ЛГБТИ заедницата, во која се вклучени трансродовите и квир лицата. Неправедните закони што ја криминализираат сексуалната работа ги лишуваат другите опции за вработување кај сексуалните работници, им го ограничуваат правото на домување, го зголемуваат ризикот од пренос на ХИВ и СПИ и доведуваат до небезбедни услови за работа кај транс луѓето кои работат сексуална работа. Со цел да обезбедиме побезбедни услови за живот и работа за секого, вклучувајќи ги и маргинализираните заедници во целина, потребно е да се намали криминализацијата и да се подобрат законите за безбедност и здравје кај заедницата, бидејќи и сексуалната работа е работа.

7


Во издание на:

Поддржано од:

8


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.