Parkkapistec

Page 1

пар

Капиштец


Euonimus Alatus

ПАРК ЗА СЕКОГО. ЗА СИТЕ ГОДИШН ЗА ДЕЦА И ВОЗРАС БОТАНИЧКА БАВЧ ПАРК ВО КОЈ РАСТ ДЕЦАТА И БИЛКИ ПАРК СО НОВА ПЕ


НИ ВРЕМИЊА. СНИ. ЧА. ТАТ ЗАЕДНО ИТЕ. ЕРСПЕКТИВА.


ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ И СОГРАЃАНИ, Да се насади парк е да се верува во иднината, зашто секој парк живее, се развива, и со соодветна грижа, секоја година добива на убавина. Ако ги изброиме станарите во сите дванаесет згради кои го обиколуваат овој внатрешен парк, ќе добиеме голема бројка граѓани од сите возрасти што тука се одмараат, се забавуваат, се среќаваат, спортуваат. Токму поради живоста и протокот на луѓе, решивме да направиме жив и динамичен, но воедно класичен парк. Да не биде за гледање, туку за користење. И изборот на растенија, и изборот на урбана опрема и осветлување е во служба на корисникот. Посадените зимзелени и листопадни дрвја, цветни грмушки, треви и перени се распоредени така да овозможат поинаков изглед на паркот во секое годишно време. Кога ќе расцветаат жолтите форзиции, пролетта е веќе најавена. По ред, едно по едно се будат цветовите, дрвјата и грмушките, лалињата и нарцисите, цветаат хортензиите и азалеите. Го најавуваат будењето на природата, паркот е обоен во боите на пролетта, кои се менуваат секој нареден месец, се до рана есен. Секој месец од годината растенијата нудат поинаков пејзаж. Како и секој класичен парк, и овој е поставен скалесто, на катови. Затоа постоечката листопадна и релативно еднолична вегетација од високи дрвја ја надополнивме со средни листопадни и зимзелени дрвја на понизок кат, и цветни листопадни и зимзелени грмушки на наредните катови. За поинаков изглед на паркот, завршивме со покривачи и перени кои ползат по земјаната површина. Двете конфигурации на теренот се направени за разигрување на големата рамна


површина, а изборот на растенијата во нив е направен водејќи сметка за добра избалансираност на листопадни и зимзелени дрвја, што обезбедува промена на бои по сезони. Садењето е направено во длабочина со цел да не затвори визурата на паркот и да се обезбеди перспектива на гледање.

Viburnum Tinus Eve Price

Цвеќето го облагородува просторот, а паркот е замена за бавча. Тој е бавчата на сите околни згради. Секој да има чувство кога ќе излезе во него, како да излегува во дворот на сопствената куќа, да си пронајде свое место, свој интимен агол. Паркот во Капиштец е двор со бавча на повеќе од 3 000 станари на околните згради и на сите други посетители.


пар

Капиштец структур

Билките живеат во истото модерно време како и ние и нема полза да се игнорира напредокот на технологијата кога работиме со нив. Кога се комбинираат, треба да се слуша секој глас. Билката е работа на моментот и е единствена. Цвеќето само по себе е преубаво и драгоцено. Затоа е многу важно да се почитува секое растение посебно и да се почувствува неговото достоинство. Секоја композиција на билки во природата е префинета оркестарција. Природата е целина и лесно може да се уништи, затоа треба да се пристапува кон неа со многу грижа, љубов и почит. Една кинеска поговорка вели: „Тој што засадува градина, сади љубов“.

PHOTINIA FRASERI RED ROBIN

MAGNOLIA GRANDIFLORA

ВЕЛОСИПЕДИ

ПЕШАЦИ

ОДМОР


Нашиот парк е бавча за секој ден од годината. Сте ја слушнале ли онаа изрека за „фикусот“. Кога го менуваме живеалиштето, фикусот се сели со нас. Се разбира, фикусот е само метафора за сите растенија, кои не придружуваат од детството. Секој во потсвеста има свое растение, покрај кое станал свесен за постоењето на создавањето. Најдете го овде своето растение, кое ќе живее паралелно со вас. Овој парк е цветна преобразба на отворено. Темјанушките кои ќе ги надраснат јагликите, навестуваат дека се ближи време за менување на растенијата. Тоа значи ново годишно време.

ТРЕТ КАТ

PRUNUS CERASSIFERA PISARDII NIGRA

ВТОР КАТ

ПРВ КАТ


33

31

35

FORSYTHIA INTERMEDIA

SPIREA ANTHONY WATERERI

SYRINGA VULGARIS

VINCA MINOR

ПОДНИ ПРСКАЛКИ КОШАРКА PRUNUS CERASIFERA PISSARDII NIGRA HEDERA HELIX SPIRAEA VANHOUTTEI

ЧЕШМА JUNIPERUS HORIZONTALIS

AZALEA JAPONICA FORSYTHIA INTERMEDIA

БУНАР

LAVANDULA

LIGUSTRUM TEXANUM

32

PRUNUS CERASIFERA PISSARDII NIGRA

TA BA

30

пар

Капиштец содржин

BUDDLEIA DAVIDII

28

ЧЕШМА


29 27 EUONYMUS ALATUS 25

MAGNOLIA GRANDIFLORA

AXUS ACCATA

CORTADERIA SELLOANA LIRIOPE MUSCARI

AZALEA JAPONICA SPIRAEA JAPONICA NANDINA DOMESTICA NANA

ИГРАЛИШТЕ CHAMAECYPARIS ELLWOODII

TAXUS BACCATA LIGUSTRUM TEXANUM

ABELIA CONFETTI CONTI

PHOTINIA FRASERI RED ROBIN МАЛ ФУДБАЛ

ИГРАЛИШТЕ MAGNOLIA LILIIFLORA NIGRA

ЧЕШМА

LAGERSTROEMIA INDICA VIOLA

DEUTZIA GRACILIS

ПОДНИ ПРСКАЛКИ БУНАР

BUDDLEIA DAVIDII

22

А 24 26


Аргентинска трева

Cortaderia selloana

ПАРК ЗА СИТЕ ВКУСОВИ. ПАРК КОЈ ЌЕ ГО САКАМЕ. ПАРК ЗА СЕКОЕ ГОДИШНО ВРЕМЕ. ПАРК ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО


11

Имаше многу дилеми околу тоа дали клучниот „зелен“ дел од најголемата населба во Центар да се направи во вид на нов уреден парк, или да се остави на жителите кои се навикнати на паркот што веќе го имаат. Второво би значело да се остави на забот на времето. Со оглед на тоа дека паркот не е одржуван последниве 20 години, решивме да направиме парк кој ќе биде пример за тоа како

НОВО ВО СТАРОТО Новиот проект предвиде да се задржи намената на тротоарот, но поради зголемена фреквенција на луѓе да се прошират постоечките патеки. Поради близината на зградите поставени се два вида на осветлување: основно, со високи канделабри и ниски парковски светилки низ зеленилото, како амбиентално осветлување. Проектот понатаму предвиде вклопување на урбаната опрема со зеленилото за формирање навистина логична парковска целина: клупи, корпи, држачи за велосипеди, две подни фонтани со по четири прскалки во групација, со вградено осветлување. Пешачките патеки се поплочени со вештачки гранит со две димензии и во три бои. Двете детски игралишта за деца од две различни возрасти ја задржуваат позицијата, но имаат нови реквизити за играње и нова подлога. И постоечкото игралиште за кошарка добива нова подлога, а се менува и позицијата на кошот, кој ќе и „сврти грб“ на пешачката патека.

КАКОВ ПАРК ЗАТЕКНАВМЕ Зелените површини беа со различен датум на производство и поставување. Секое ново додавање на содржини или поправање на постоечките, во текот на годините е правено без решавање на потегот како една целина. Беше потребно патеките да се унифицираат во ист материјал. Урбаната опрема беше со различен квалитет, патеките беа премногу тесни, и осветлувањето - недоволно, застарено, а еден дел надвор од употреба.

треба да се обликува градското зеленило, да се спречи непланско садење и да има боја во текот на целата година. Имаше многу причини да се направи уреден, „умен“ и корисен парк, кој навистина ќе ги задоволи потребите на граѓаните. Паркот Капиштец ќе биде зелено уточиште во најголемата населба во Центар.

Зеленило старо 40 години Основното парково уредување е извршено во време на изградба на зградите и претставува одраз на трендовите и избор на растенија карактеристични за уредување на зелени површини пред две-три децении. Во поново време се досадувани дрвја без посебно да се води сметка за нивниот вид и позиционирање. Изборот на растенија во сегашниот парк беа повеќето листопадни и помал дел зимзелени дрвја, и ја претставуваа постоечката висока вегетација. Остатокот од зеленилото беа грмушки кои останале на повеќе места да опстојуваат самостојно, иако претходно биле дел од поголеми групации. 80% листопадни дрвја Паркот повеќе години не беше професионално одржуван, не беше обликуван, окројуван и досадуван. Дрвјата беа високо израснати и растојанијата кои некогаш биле предвидени да постојат меѓу нив со цел на секое дрво да му биде обезбедено доволно светлина и простор беа изгубени. Во борба за светлина голем број од дрвјата се искривени, а ако не успеале да се изборат за светлина, тогаш се делумно деградирани или потполно исушени. Гранките беа спуштени многу ниско и паркот немаше прегледност. Грмушките не беа дел од ниту една групација. Долго време не е вршено третирање на садниците, ниту нивно прихранување. Тие со текот на времето изгубиле на бујност, а боите на интензитет. Речиси целиот парк беше само во зелена боја, околу 80 % составен од листопадни дрвја, што го правеше едноличен и пуст во


12

време на доцна есен и зима. Во меѓувреме, станарите од приземните катови направиле сопствени дворови земајќи дел од паркот и уредувајќи го по сопствена естетика и знаење, што го правеше уште похетероген.

УРЕДЕНО ЗЕЛЕНИЛО. ПРЕГЛЕДНОСТ НА ПАРКОТ. ДОСАДУВАЊЕ НА НОВИ ВИДОВИ РАСТЕНИЈА. Направено е геодетско снимање на постоечката состојба со позиционирање на сите дрвја, останатата зелена површина и двете детски игралишта. Се покажа неопходност од расчистување и обликување на постоечкото зеленило, па потоа да се пристапи кон дооформување со ново средно и ниско зеленило, за да се доведе до разгранетост на пејзажот во форми и бои во сите месеци од годината. За таа цел беше потребна санитарна сеча на исушените високи растенија што изгледаа запуштено и постоеше опасност да паднат при појак ветер. Исечени се гранките до височина на стебло од 4 метри, што обезбедува прегледност на паркот и допир на светлина до грмушките и тревата што се веќе таму или се отпосле засадени. Ниските и средни грмушки се повторно во групации со досадените грмушки. Сите заедно прихранети со вештачко ѓубриво, добиваат на густина и интензитет на бои. Додавањето на зимзелени украсни дрвја, кои не растат високо и во пролет пуштаат црвени лисја, обезбедуваат шаренило и колорит. Садењето на цветни листопадни дрвја му дава боја во пролет и лето. За конечно разигрување на пејзажот ќе придонесат и цветните грмушки, кои цветаат во различен дел од годината. Садењето перени и украсни треви на места кои се темни, му дава целина и го дообликува паркот.

Нови патеки, нови подлоги, нов имиџ За да биде паркот компактен и за да има предвидлива трајност, се уредуваа паралелно и патеките. Се отстрануваа сите постоечки слоеви на поплочување, се полага нов слој на чакал со набивање до потребната стисливост и се положуваат плочи од вештачки гранит со дебелина од 5 сантиметри на подлога од кварцен песок, со нивелирање. На детските игралишта е ставена подлога од гумени плочи со дебелина од 5 сантиметри за поголема безбедност. На место на песокот, кој е нехигиенски, привлекува животни, се растура, тешко се чисти од листови, а во некоја рака е опасен за децата исто колку и бетонската подлога.

УНИФИЦИРАНА УРБАНА ОПРЕМА ПО КОЈА ПАРКОТ ЌЕ СЕ ПРЕПОЗНАВА. УБАВА, СИГУРНА И ТРАЈНА Клупите беа стари и по ништо не се разликуваа од клупите во градот. Новите клупи се комбинација од дрвен и метален дел. Дрвениот дел е направен од сушен материјал, завршно обработен, заштитен со три слоја и со дополнителна УВ заштита. Корпите за отпадоци за домашните миленици се поставени заедно со дополнителна опрема, ќеси и ракавици. Д р жа ч и т е з а в е л о с и пе д и к а к о н е о п х о д е н елемент со оглед на зголемувањето на бројот на велосипеди во Центар, или новите 850 велосипеди купени во рамките на акцијата „Цел Центар на точак“, се направени од масивни дебелоѕидни кутијасти профили , флахови и винкли со обработени варови и споеви, комплетно електростатски бојадисани

СТРАТЕГИЈА И КРАЈНА ЦЕЛ Со ваквиот концепт на уредување, паркот добива свеж и уреден лик, со задржување на речиси сето постоечко зеленило, освен комплетно исушените или 80 % деградирани дрвја.


13

ЛИЧНА КАРТА НА ПАРКОТ

12.000 метри квадратни се тревна површина, најголемиот природен зелен ќилим во Центар. 2.000 метри квадратни е поплочување Две детски игралишта за деца од две различни возрасти и кошаркарско игралиште со соодветна подлога за таков тип на спорт Две фонтани со подни прскалки и вградени светилки

Урбана опрема: клупи, корпи, паркиралишта за велосипеди Два типа осветлување: амбиентално и високо осветлување со канделабри Металната ограда е заменета со уникатна ограда од ламелирани дрвени греди, со делови за седење на патеката север-југ. Поставен е автомастки систем за полевање, ископани се два бунари од кои прскалките ќе црпат техничка вода за наводнување

Photinia fraseri Red Robin

Целиот опфат е 20.000 метри квадратни


ПАРКОТ ПРЕД И ПОТОА


15

ЗЕМЈАНИ РАБОТИ Во рамки на земјаните работи извршено е собирање, утовар и одвоз на стариот тревник. Паркот доби целосно свеж лик со тоа што беше изваден целиот тревник извршено е фрезирање на површината, нанесен е тенок слој на хумусна земја на која се посадени 90 видови различни садници и луковици од лалиња, зумбули, нарциси и мускари. За да се изработи нов тревник, изведено е рамнење на теренот и посеана е трева. Истовремено, засадени се дрвја, средни грмушки, ниски грмушки, перени и новопроектирани дрвја. Направена е и дополна на веќе постоечките грмушки и покривачи. Извршено е ѓубрење на теренот со вештачко ѓубриво. Изработен е тревникот со рамнење на теренот и посеани се три различни видови трева, по испитувањето на теренот во зависност од тоа дали ќе расте под сенка или на сонце. На конфигурациите на неколку места во паркот каде што се наоѓа определена селекција на растенијата, поставен е мулч од природно дрво во кафеава боја, распослан во слој со дебелина од 5 сантиметри.

ГРАДЕЖНО-ЗАНАТСКИ РАБОТИ Во рамки на реконструкцијата на паркот се изведени градежно-занатски работи. По премерувањето, направено е исколчување и обележување на делови од локацијата. 1. Демонтирана е целокупната постоечка урбана опрема - клупи, корпи и канделабри. Освен што се демонтирани, тие се исчистени и санирани. 2. Изведено е кршење на постојните армирано бетонски темели. Извадени се, одвезени и складирани постојните павер елементи од патеките и плоштатките. Собран е сиот шут и непотребни материјали, кои се наоѓаа на целата површина од 20 000 метри квадратни. Направен е рачен ископ на земја на површина за нови патеки во длабочина од 30-50 сантиметри. Ископаниот материјал е транспортиран до депонија.

Поставен е песок со дебелина до 5 сантиметри. Во рамки на градежните работи поставен е и слој од природен дробен камен и уште еден слој песок. На крајот, наредени се по шема гранитоидни плочи „терастон“ во три бои со дебелина од 5 сантиметри. Расчистување на теренот За да го добие очекуваниот изглед на урбан парк, беше неопходно уредување на сето затекнато зеленило, што во 80 проценти беше зачувано на барање на жителите на најголемата населба во Центар. Извршено е сечење на високата сува вегетација дрвја од 20, 15, 10 метри, па се до дрвјата и грмушките високи од 2 - 4 метри. Неопходно беше да се изврши и сечење на ниската сува вегетација и грмушките, по што сите исечени стебла, гранки и корени што биле оставени од порано исечените дрвја се собрани и однесени од паркот. Потоа, се пристапи кон кроење на гранките на високите листопадни и зимзелени дрвја со ослободување на стеблото на височина од 4 метри, кроење на гранките на средни и ниски дрвја со ослободување на стеблото од 2-4 метри и кроење и обликување на грмушките. Водоводни инсталации во паркот Бидејќи во паркот се поставени две подни фонтани со по четири прскалки, чешми за вода и автоматски систем за наводнување, за водоводната мрежа е направен ископ на земја од трета категорија на длабочина од 0,3 метри, за канализациски ровови и за поставување на водоводни цевки за фонтани и чешми. Ова е извршено 80 отсто машински и 20 отсто рачно. Поставена е потопна пумпа за фонтана со капацитет до 50 литри вода. Проектирана е површина за наводнување од 11 400 метри квадратни на која со вода треба да се снабдат две фонтани и три чешми за пиење. За наводнување на зеленилото во паркот е предвиден систем со 'поп - ап' прскалки. Со оглед на големината на површината што треба да се наводнува, таа е поделена на 23 зони, во кои наводнувањето ќе се врши посебно. Работата на системот е автоматизирана, а при


16

проектирањето на инсталациите за наводнување прво се проучени климатските услови за дефинирање на потребната количина вода, посебно за топла и сува клима.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПАТЕКИТЕ Со новото решение е направено проширување на постоечките патеки по оската исток - запад, со означена зона за движење на велосипеди. Проширувањето на патеката е направено со зона на урбана опрема и дрвја. Долж двете ортогонални патеки се означува зона со различен вид завршен материјал, со кој се поплочени пешачките патеки. Во изминатите години патеките биле поплочувани со различни датуми, и секое додавање или поправање на патеката е правено без решавање на потегот како целина, што со новото поплочување е исправено. Пешачките патеки сега се една унифицирана целина, поплочена во ист материјал.

ЗЕЛЕНИЛОТО ВО БРОЈКИ Посадени се:

430 декоративни зимзелени грмушки

18 зимзелени дрвја

184 покривачи

6 листопадни цветни дрвја

4 010 перени

6 мини дрвја - високи грмушки

20 високи украсни треви

582 цветни листопадни и зимзелени грмушки кои цветаат во различни периоди од годината

870 граминеи - мини треви

104 листопадни грмушки

1450 луковици од лале, заумбул, нарцис и мускари


17

Светкава Абелија

Аbelia grandiflora

ДРВЈАТА СЕ НАЈУБАВИТЕ ДАРИТЕЛИ НА БОИ ВО ЕСЕН КОГА СÈ Е СИВО, ГОЛЕМИ ДЕКОРАЦИИ ВО ЗИМА КОГА ЌЕ ПАДНЕ СНЕГ И ПРИРОДНИ ЧАДОРИ ЗА СОНЦЕ ВО ЛЕТО.


Euonimus Alatus

МАЛА БОТАНИЧКА БАВЧА. ДВОР ЗА СТАНАРИТЕ НА 12 ЗГРАДИ.


19

МАЛА БОТАНИЧКА БАВЧА. ДВОР ЗА СТАНАРИТЕ НА 12 ЗГРАДИ. Паркот Капиштец е внатрешен парк кој се наоѓа меѓу 12 згради, а граничи со улиците „Васил Ѓоргов“, „Франклин Рузвелт“ и „Народен фронт“. Во склоп на зелените површини се изведени конфигурации на терен, со цел да се формираат композиции од различни растенија. Најголем дел од растенијата се цветни грмушки и перени кои цветаат во различни делови од годината, а се садат во групации - енклави. Посадени се перени на места кои се темни и на кои им е потребно освежување. На неколку места се садат високи украсни треви кои се новина во изгледот на паркот и ќе придонесат за неговиот современ лик. На различни локации се посадени и луковици за пролетно цвеќе, кое цвета во различен период и под широките крошни на дрвјата во пролет, ќе внесе боја и свежина.

ЗА СЕКОГО ПО НЕШТО Паркот претставува мала ботаничка бавча со табли, на кои има опис на растенијата што се посадени. Во групи се засадени 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки, 430 зимзелени декоративни грмушки, 4010 перени (украсна трева) 870 ниски украсни треви, 18 зимзелени дрвја и 104 листопадни грмушки. Уште многу зеленило се наоѓа во паркот, во кој во две игротеки на отворено за деца од две различни возрасти, игралиште за кошарка со соодветна подлога за надворешна употреба, многу клупи и две фонтани со подни прскалки, ќе можат да уживаат жителита на најголемата населба во Центар и сите други посетители. Магнолиите засадени меѓу првите веќе го покажаа својот раскошен плод. Од ова цветно дрво има преку 200 видови, а во нашиот парк ќе уживаме во три од нив. Една од нив, Јоргованот Syringa vulgaris цвета цело лето и мириса како најубав парфем. Дело на природата.


Hydrangea Хортензија

Hedera helix Variegata Бршлен

Forsythia intermedia

Euonimus Alatus

Deutzia gracilis Дајција

Cortaderia selloana Аргентинска трева

Buddleia davidii Летен Јоргован

Acorus gramineus

Azalea japonica Азалеа

Abelia grandiora Светкава Абелија

ЈАНУАРИ

ФАВРУАРИ

МАРТ

АПРИЛ

МАЈ

ЈУНИ

JУЛИ

КАЛЕНДАР НА РАСТЕНИЈА - ПЕРИОД НА ЦВЕТАЊЕ И ПРОМЕНА НА ИЗГЛЕД AВГУСТ

СЕПТЕМВРИ ОКТОМВРИ

НОЕМВРИ

ДЕКЕМВРИ

Приказот е информативен, промените зависат и од конкретните временски услови во текот на годината


Syringa vulgaris Јоргован

Mahonia aquifolium

Magnolia grandiora Зимзелена Магнолија

Magnolia liliora Nigra Листопадна Магнолија

Lonicera pilleata

Ligustrum texanum

Liriope muscari

Lagerstremia indica Индиски Јоргован

Lavandula ofcinalis Лаванда

Juniperus horizontalis Смрека


Lukovici Лале Нарцис

Prunus cerassifera pissardi Nigra Јалова украсна слива

Nandina domestica Nana

Vinca

Viburnum Tinus Eve Price

Taxus baccata Тиса

Taxus baccata Тиса

Spirea japonica Anthony Watereri

Photinia fraseri Red Robin


Зимзелена Магнолија

Magnolia Grandiflora

ДА СЕ НАСАДИ ПАРК Е ДА СЕ ВЕРУВА ВО ИДНИНАТА.


ОПШТИНА ЦЕНТАР ул. Михаил Цоков бб 1000 Скопје, Македонија Телефон: +389 2 3203 600 Факс: +389 2 3211 089 mail: gradonacalnik@centar.gov.mk www.centar.gov.mk

Стручен соработник: Маја Џартовска дизајн: Дамјан Момировски

Скопје, 2014


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.