Metropola br.4

Page 1

Информативно списание на Општина Центар

АПРИЛ 2012

Ɣ ГОДИНА III Ɣ БРОЈ 04


ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ

СТАРИ ГРАД ОД БЕЛГРАД СВЕЧЕНО ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ОПШТИНСКИ ПРАЗНИК - ЦВЕТНИЦИ

На 7 и 8 април, Стари Град од Белград свечено го одбележа Денот на Општината – Цветници. На овој настан присуствуваа делегации од градови и општини со кои Стари Град е збратимен, меѓу кои е и Општина Центар, што ја предводеше градоначалникот Владимир Тодоровиќ. Прославата која изобилуваше со голем број активности, беше збогатена со уметничка програма од збратимените општини. Пред Амбасадата на Република Македонија во Белград, што се наоѓа на улицата Јевремова – центарот на случувањата по повод празникот Цветници, беше поставена изложба на фотографии од новите градби кои се наоѓаат во Општина Центар, кои предизвикаа голем интерес и восхит кај сите посетители. Белграѓани беа воодушевени од новиот изглед на Скопје и со големо задоволство го прифатија предлогот – наскоро да се воведе туристичка тура „Викенд во Скопје“, со цел да ги видат на лице место и уживаат во убавините на новите градби. На Јевремова улица свој музички настап имаа и гудачкиот квартет Four strings, како и група музичари кои ја негуваат изворната македонска музика. Повеќето од популарните

2

• бр број б ро ојј 0044 • ап ааприл пр ри ил 20 2012 012 12

староградрадски македонкедо он нски песни, ни,, тие ги пееја заедно со посетителите, меѓу кои многумина беа со македонско потекло. Исто така, целиот музички настап беше проследен со громогласен аплауз. Значителен интерес имаше и просторот каде што Живко Поповски – Цветин изработуваше уметнички слики со цветни мотиви и истите им ги подаруваше на минувачите на Јевремова улица. Големо задоволство е да се биде во Белград, кога нашата братска општина Стар Град го слави Цветници. Чест ми е што сум трета година по ред гостин на овој настан и од година во година, истиот е се побогат со содржини и активности – изјави Градоначалникот Владимир Тодоровиќ, притоа потенцирајќи дека му претставува задоволство што изложбата, за новиот променет урбанистички лик на Општина Центар во последните три години, можеа да ја видат голем број Белграѓани.


На празникот Цветници во Белград, за време на одржување на манифестацијата, свечено беше откриена и новата фасада на Македонската амбасада. Зградата е веќе 12 години во сопственост на Македонија и досега никогаш не била реновирана и обновена. Со целосна финансиска помош во висина од 30.000 евра, компанијата Тинекс, ја овозможи реконструкцијата на фасадата на

Амбасадата. Идејата се родила пред неколку години кога Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, присуствувал на свеченоста по повод Денот на општината Стари Град.

број 04 • април 2012 •

3


НОВА ОБИКОЛНИЦА КАЈ ГРАДСКИ СТАДИОН

НОВИ УЛИЦИ

Општина Центар во соработка со Град Скопје и Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, започнаа со градежни работи за изградба и реконструкција на обиколните улици кај Национална Арена „Филип II Македонски” (Градски стадион). Станува збор за инвестиција вредна околу 35 милиони денари, која опфаќа изградба на атмосферска мрежа со должина од 550 метри, коловози со вкупна површина од 14.310 м², тротоари со површина од 5.832 м², како и комплетно

осветлување по целата должина на обиколницата. „Градежните работи кои во моментов ги изведува Општина Центар се однесуваат на обиколните улици на стадионот и изведба на нивна комплетна инфраструктура. Ваквиот зафат беше повеќе од неопходен

4

• број 04 • аап април при ил 20 22012 0122

бидејќи ќе овозможи полесен пристап на сите возила кои треба да стигнат до стадионот, без оглед дали се работи за ургентни возила (амбулантни или пожарни) или се работи за возила кои треба да достават одредени материјали. Исто така, апелирам до сите граѓани кои го посетуваат паркот и просторот околу стадионот да имаат извесно трпение и да се придржуваат до правилата кои ги поставила компанијата за градење” - изјави Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, на прес конференцијата која се одржа по тој повод. Во рамки на вкупната инвестиција со по една третина учествуваат Град Скопје, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Ре п у бл и к ат а и Општина Центар, која комплетно ја реализира инвестицијата.


УШТЕ ЕДНА МОДЕРНА УЛИЦА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР Општина Центар започна со градежни работи за изведба на нова улична мрежа на крак на улицата „Максим Горки”. Кракот ќе се протега од завршетокот на улицата „Максим Горки”, преку постоечкиот паркинг кај МЕПСО, во правец на реката Вардар. Изградбата на овој крак опфаќа комплетно нова фекална и атмосферска канализација, асфалтирање во должина од 254 метри, ширина од 7 метри и поплочување на пешачки патеки со павер елементи со ширина од 2 метри. Градежните работи поврзани со асфалтирање на улицата ги изведува градежната фирма „Гранит”, фекалната и атмосферската канализација е во изведба на „Беграмо”, а поплочување на пешачките патеки ќе го врши „Анизор”. По должина на целиот крак ќе биде изведено комплетно осветлување, а неговата изведба ќе ја врши „Елтра”. „Задоволен сум што Општина Центар ќе добие уште една модерна улица во главното јадро. Станува збор за исклучително важна улица на која дневно поминуваат илјадници граѓани и туристи. Исто така, ќе се изврши и нејзино целосно хортикултурно уредување” - изјави Владимир Тодоровиќ Градоначалник на Општина Центар. Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 15 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Центар.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗИ Во тек е реконструкција на коловоз и тротоар на улица „Борка Талески“, поточно на потегот од ул. „Христо Смирненски“ до ОУ „Јохан Х. Песталоци“, во должина од 450 метри и ширина на коловоз и тротоари од околу 10 метри. Освен предвиденото асфалтирање, во план е и поплочување на тротоарите со бехатон плочки. Реконструкцијата на улицата се очекува да заврши до крајот на април оваа година и за истата, од буџетот на Општина Центар се предвидени околу 4 милиони денари.

Во текот на април и мај, планирана е и реконструкција на коловоз и тротоари на улиците „Рајко Жинзифов“ во должина од 500 метри и ширина 15 метри и „9 Мај“, на која покрај реконструкција на коловозот ќе се врши и изведба на водоводна мрежа во соработка со ЈП „Водовод и канализација“. Пред летниот период, реконструкција на коловози и тротоари ќе биде изведена и на улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Иван Милутиновиќ“. број 04 • април 2012 •

5


НОВА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

НОВИ ОБЈЕКТИ

Општина Центар започна со изградба на нова фискултурна сала во ОУ „Гоце Делчев“, кое откога е изградено досега, не располагало со простор за спорт и рекреација за учениците. Салата е лоцирана во дворот на училиштето, со ширина од 15,5 метри и должина од 30 метри.

По дислокацијата на топловодната и водоводна мрежа, се пристапи кон ископување на темелите. Фискултурната сала ќе биде вкопана 5 метри под земја и 1,5 метар над земја, со што ќе се создаде доволен простор за спортување и рекреација на децата. Рамната кровна површина, ќе може исто така да се користи од страна на учениците за различни спортски активности. Со изградбата на салата, ќе се реши и проблемот со атмосферските води во дворот на училиштето. На овој начин, Општина Центар продолжува да го помага развојот на спортот и да ги поттикнува младите на здрав начин на живеење, надевајќи се дека и оваа спортска сала ќе биде расадник на нови спортски таленти.

САНАЦИЈА НА УДАРНИ ДУПКИ Во изминатиот период, Општина Центар изврши санација на ударни дупки на следните улици: ул. „Мирче Ацев“, ул. „Ленинградска“, ул. „Востаничка“, ул. „Рилски конрес“, ул. „Славејко Арсов“ со краци, ул. „Полог“ и паркинг на ул. „Пролет“. За таа цел, потрошени се 50 тона алфалт.

6

• број 04 • април 2012


НОВА КУЈНА ВО ОУ „КОЧО РАЦИН“ Основното училиште “Кочо Рацин“ доби нова кујна и трпезарија која беше пуштена во употреба на почетокот на април. Во изминатиот период, Општина Центар изврши целосна реконструкција на кујната и трпезаријата во подрумскиот дел на училиштето, која се протега на површина од 280 м².

и да се приготвува во најдобри услови. Се надевам дека до крајот на годинава ќе успееме сите училишни кујни да ги доведеме на едно вакво високо ниво, каде во целост ќе бидат применети ХАСАП стандардите “ - изјави градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ. Во рамки на градежните работи беше поставена целосно нова електрична и водоводна инсталација, како и адаптација на просторот со помошни простории за влез на намирници и излез на отпад, согласно ХАСАП стандардите. Се постави и нова вентилација и опрема, нови плочки и нов санитарен јазол. Инвестицијата за реконструкција на кујната чини 4 милиони денари. Имајќи предвид дека здравата исхрана е темел за формирање

“Сакам да потенцирам дека овој простор е уреден по ХАСАП-системот за приготвување на храна. Сите стандарди кои ги пропишува овој европски систем, се применети во школската кујна. Храната која ќе се служи мора да биде здрава

здрави генерации, оттука и Општина Центар постојано работи на создавање на услови за подготовка и конзумирање на здрава храна во соодветни услови.

број 04 • април 2012 •

7


КОМУНАЛНИ АКТИВНОСТИ

Извршена е реконструкција на постоечко детско игралиште во ОУ „11 Октомври“. Истото беше збогатено со нови детски реквизити – дрвена куќичка со мост лизгалка и ѕид за качување. Извршена е комплетна репарација и санација на 50 парковски клупи изработени од дрво. Поставени се заштитни огради на зелени површини во должина од 2000 метри, на претходно реконструирани и озеленети површини, на: ул. „Даме Груев“ (на потег од МАТ до полициска станица Беко); булевар „Кузман Јосифовски Питу“ (кај комплекс банки); кај комплексот Градски ѕид (пред и позади блокот на Агромеханика) и во населбата Пролет (спроти Транспортен центар).

8

• број 04 • април 2012


Истовремено со реконструкција на зелените површини на неколку локации, изведени се и патеки со павер елементи во површина од 2000 м², во: населба Пролет (спроти Транспортен центар); на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ (кај Комплекс банки); во населбата Капиштец (спроти новиот Цветен пазар), кај кулите на Градски Ѕид на бул. „Кочо Рацин“.

ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ Во изминатите три месеци, извршено е доосветлување на патеки во населбата Капиштец, а во тек е изградба на улично осветлување кај Градски Ѕид, на потегот од ул. „Димитрија Чуповски“ до ул. „11 Октомври“. Исто така, во тек е изградба на улично осветлување на ул. „Борка Талески“, на потегот од ул. „Христо Смирненски“ до ОУ „Ј.Х. Песталоци“. Наскоро ќе се отпочне и со изградба на улично осветлување на ул. „Ленинова“, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Од почетокот на оваа година до сега, исто така, по пријава од граѓани или по направениот увид од страна на стручните служби, променети се и 460 светилки.

Наскоро ќе се отпочне со изградба на улично осветлување на локациите: кај хотел „Јадран“; депо на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и улиците: „Пролет“, „Мирче Ацев“, „Иван Милутиновиќ“, „Никола Тримпаре“ и „Киро Крстевски – Платник“. број 04 • април 2012 •

9


РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОКОЛУ ЗЕЛЕН ПАЗАР Зелениот пазар, не е предвиден со Генералниот и Деталниот урбанистички план „Градска четврт Голем ринг – Јужен дел – Исток“ и согласно истите,

треба да се дислоцира. Во меѓувреме со последните предлог измени и дополни на Генералниот урбанистички план даден е предлог пазарот да остане на сегашната локација. Токму затоа, Општина Центар пристапи кон подобрување на состојбите околу Зелениот пазар. На иницијатива на граѓаните на Општина Центар кои живеат во близина на Зелен пазар се одржа работна средба, на 26 март. На средбата се разгледуваа проблемите кои ги имаат овие граѓани заради стопанисувањето со пазарот и на истата присуствуваа: Градоначалникот на Општина Центар, претставници на урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, претставници од Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, од МВР-ПС Центар, од Комунална хигиена, како и директорот на Скопски пазар-претпријатие надлежно за стопанисување со Зелен пазар.

Граѓаните се пожалија на лошата состојба околу пазарот: неможност за пристап до своите влезови и гаражи поради поставените импровизирани тезги на улиците и тротоарите околу пазарот, блокирани улици, нехигиена и незаконско вршење на трговија. На средбата беше донесен заклучок итно да се пристапи кон решавање на состојбата со вклучување на сите надлежни органи согласно своите законски ингеренции.

Во таа насока, Општина Центар во текот на летниот период ќе започне со реконструкција на влезот на кулите - спроти Градска Болница, со што единствен пристап ќе имаат само граѓаните кои живеат во тие кули, сопствениците на подземните гаражи кои ги користат тие влезови, како и ургентни возила. За сите други, влезот со возила ќе биде онезвозможен со поставување на хидраулични столпчиња. Исто така, Општина Центар ќе изврши и реконструкција на пристапните улици до Зелениот пазар, со цел комплетно подобрување на состојбата.

Казни за „дивите“ продавачи околу Зелен пазар По низа поплаки на станарите од зградите во Градски ѕид, Општина Центар отпочна акција за казнување, а со тоа и решавање на проблемот со „дивите“ продавачи околу самиот пазар. Оваа акција се презема поради тоа што граѓаните веќе подолго време се жалат на лошата состојба со нелегалните трговци распостранети на импровизирани тезги до пазарот, како и на тротоарите и на возилата околу него. За таа цел, „дивите“ продавачи беа известени дека веднаш ќе се започне со

10

• број 04 • април 2012

засилени контроли од страна на надлежните органи и ќе бидат преземени најригорозни мерки за прекршителите на законот, како и на неправилно паркирани автомобили и камиони. Контролите и казнувањата за несовесните продавачи кои и понатаму ќе бидат затекнати на овие локации, се веќе во тек и истите ги вршат: Државниот пазарен инспекторат, Министерството за внатрешни работи и комуналните инспектори на Град Скопје и Општина Центар.


ЗДРАВИ НАВИКИ ЗА ЗДРАВИ ДЕЦА Општина Центар во соработка со Министерство за здравство во текот на февруари, го спроведе караванот за стекнување на здрави навики кај најмладите во седумте основни училишта во Општина Центар, под мотото "Здрави навики за здрави деца". Идејата за оваа акција произлезе од фактот дека во екот на сезоната на грип и настинки низ училиштата се забележуваше зголемено отсуство на децата. Целта на овој дводневен караван беше, на начин соодветен за детската возраст, да се едуцираат за важноста од стекнувањето на здрави навики и за тоа како да се заштитат од вирусите. Со караванот беа опфатени учениците од I и II одделение од сите седум основни училишта. „Општина Центар постојано ги следи статистичките податоци на јавното здравство и врз основа на нив сака да даде придонес со цел да се намали бројот на заболени деца, а најдобар начин истото да се постигне, е да се делува превентивно. Сакам да изразам посебна благодарност до Министерството за здравство што ни излегоа во пресрет и ни овозможија тројца лекари се со цел да ја реализираме оваа наша акција" изјави градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ, при посетата на караванот во основното училиште "11 Октомври". „Од денешната посета на училиштата морам да кажам дека сум пријатно изненадена од познавањето на децата за тоа што се здрави навики, меѓутоа

потенцирам дека поголемиот дел од децата не знаат како се мијат рацете и како да се облекуваат и шти-

тат од ниските температури, така да акцијата за едукација е повеќе од потребна. Во секој случај Општина Центар навремено реагираше и сигурна сум дека акцијата ќе биде успешна" истакна проф. д-р Елена Ќосевска, специјалист по социјална медицина. Покрај едукацијата на учениците, тимот од лекари имаше и задача да направи извесен преглед на моменталните хигиенски услови кои владеат во училиштата, да изработат извештај и да го достават до Општината. Овој извештај, пред присутните го презентираа, Градоначалникот Владимир Тодоровиќ и тимот на лекари: д-р Љупчо Костадиновски и проф. д-р Елена Ќосевска, апелирајќи дека во иднина Општина Центар ќе има нулта толеранција кога се работи за децата и условите во кои учат и го поминуваат поголемиот дел од денот. За таа цел, Градоначалникот ги задолжи директорките на училиштата, најдоцна за два месеци да ги отстранат сите констатирани забелешки, по што повторно ќе направи обиколка, за да направи увид за преземените мерки. број 04 • април 2012 •

11


МАНИФЕСТАЦИИ

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР УЧЕН ИСПРАТИЈА ПОРАКИ ЗА СОЖИВОТ ИСП На 23 март, во Домот на АРМ, се одржа манифестацијата “Сакаме шарен, а не безбоен свет”, која е дел од проектот „Активни граѓани“ на Британскиот Совет, во соработка со Комисијата за еднакви можности и Општина Центар, а се реализираше во сите 7 основни училишта во Општината. Оп пштин тинат ата. Целта на овој проект е да ги мотивираме и поттикнеме учениците да ги почитуваат разпо п о на другите етнички групи, култулличностите и ри, р и традиции, обичаи и религии, во насока на нивно меѓусебно подобро запознавање, толен и ранција и заедничко дружење. Заради помош и р ан поддршка за поавтентично претставување на п о опфатените девет култури на народите и нао п ционалностите кои живеат во Република Мац и (македонската, албанската, српската, ккедонија кед е црногорската, хрватската, турската, босанскац р та, та а, влашката и ромската култура), воспоставена вве на е сор ссоработка раб або от со претставници на нивните културноууметнички и други здруженија. -Учениците од нашата општина кои во најголем број ссе ученици од македонската националност, покажаа голлема мотивираност да се запознаат со животот, културатта, традицијата и обичаите на другите етнички заедници ккои живеат во средината која ги опкружува. Да ги оставиме да ни покажат и докажат како се излегува од рамките м постоечките стереотипи (кои се уште за на постоечки н китте стере р от отип ипи и и предрасуди пре жал се застапени), со цел ж жа подобрување на соживопо ттот, о толеранцијата и меѓупочитување на ссебното е различностите, градејќи р а мостови на пријателство и м о – истакна градоссоживот о началникот Владимир Тон а ддоровиќ. орови овиќ. ќ.

12

• број 04 • ап април прил 2012


-Нашата ззааедничка цел на на овој проект, е да да се стави акцент, ен нт, т, да се поттикнат нат учениците, меѓуеѓѓусебно да се зазапознаат со друругите култури, ззаа да можат полеслеесно да се разберат рат и зближат како ако што се боите наа виножитото и да да имаат среќноо и радосно детство твоо - истакна Теута ута Чучкова Крашница, претстедател на КЕМ. -Ние луѓето кои работиме во сферата на обраани зованието, секојдневно, низ различни содржини делуваме едукативно во начинот на спречување н наа конфликтните ситуации, ставајќи огромен акцент нт то на почитување на различностите. Зошто, како што знаеме градењето на системот на вредности кај една на оа личност почнува уште од најмала возраст. Но, во тоа ијја градење на вистинските вредности, нашата едукација те како учители не е доволна ако ги немаме родителите како стожер на семејството и пример за делување во а-позитивна насока, ако ги немаме вистинските другаот ри и пријатели кои знаат да го практикуваат зборот толеранција, меѓусебна почит, мир, соживот – истакна Евдокија Петрушевска, координатор на проектот. -Ова е почеток на убава заедничка соработка, пр рошир ирен ени и знаења знае наења ња и ввидици, идиц ид ици, и, нови н но ови ви пријателства, приј пр ијат аттел елст ства ва,, проширени тол то лер лера раанцијја и сожи со ожи живо вотт, во т, без безз разлика разли азли аз лика ка на на ве верс рска рс ката та,, етта ет ет толеранција соживот, верската,

ничката ничк ни ичк чкат атаа или ат илли друга ддр руг руг угаа припадност. прип пр ип пад адно дно ност ст. Нашите ст Наши Наши На шите те наставници н нас аста тавн та вниц ниц ици и во своите училишта и средини прават чекор напред во едукацијата на своите ученици, со надополнување на теоретските знаења со практични примери и корисни идеи за соживот меѓу различностите, сигурни сме ссм ме дека ддек е ќе придонесеме кон тоа Македонија да ја видиме високо на ѕвезденото небо над Евровви ид папа п а- истакна Ружа Пачаџиева, координатор на проектот. п ро Во програмскиот дел учениците собраа аплауз од присутните, претстаггромогласен ро ги сите девет култури низ еден мноввувајќи ув ггуу аавтентичен музичко-сценски настап. При ттоа, оа сите тие испратија пораки дека знаат и уумеат ме да ги почитуваат разликите на своите припадници на другите етникуддругарчиња, ру ми м и во Македонија и дека соживотот се негува одд најрана возраст. о н

број 04 • април 2012 •

13


МАНИФЕСТАЦИИ

МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ВЉУБЕНИТЕ И ЉУБИТЕЛИТЕ НА ДОБРОТО ВИНО

Со прекрaсните звуци на ансамблот на Зоран Џорлев и успешната интерпретација на младиот македонски артист Гораст Цветковски, се одржа специјален сценско-музички перформанс „Опиени од љубов, музика и вино”, што овојпат беше во режија на Бојан Трифуновски. Тр Трифун рифун уновски.

На оваа традиционална манифестација во организација на Општина Центар, што годинава се одржа по петти пат, беа упатени пораки за љубовта, виното и поголемо меѓучовечко разбирање и почитување.

14

• број 044 • април 2012 12


На настанот кој се одржа во Конгресната сала на ресторанот “Воденица”, присуствуваа голем број на истакнати личности од јавниот и општествениот живот, од бизнис секторот, уметници, како и од дипломатскиот кор во Република Македонија.

Покрај музиката и пораките за љубовта, осум истакнати македонски винарии: „Сковин“, „Тиквеш“, „Стоби“, „Бовин“, „Дудин“, „Камник“, „Попова Кула“ и „Лозар Велес“, ги презентираа своите најуспешни вина во чија дегустација уживаа сите присутни гости.

Сите тие беа видно задоволни од целокупната организација на Општина Центар и потегот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ за одбележување и на двата празника Св.”Трифун” и Св.”Валентин” со исто внимание.

број 04 • април 2012 •

15


Сашо Мацановски - Трендо е познат македонски колумнист, ТВ уредник и водител и лик кој е тесно поврзан со развојот на македонскиот интернет простор. Учествувал во создавањето на интернет провајдери, портали, веб и други дигитални сервиси. Денес е уредник на веб-страницата off.net.mk што е дел од неговата фирма Трендоленд – слободна територија. На македонскиот народ му е познат и како водител на рекордно популарниот ТВ квиз „Кој сака да биде милионер?“

ТРЕНДО – ЖИВА УРБАНА ЛЕГЕНДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР Трендо со право денес може да го понесе епитетот на жива урбана легенда на Општина Центар, или народски кажано „легенда која хода...“. Како се изодува овој пат, има ли свој почеток и крај или пак станува збор за нешто друго? Се изодува така што ќе се надеваш дека ќе те издржат нозете. А за тоа да биде одење а не лазење, треба да внимаваш попат да не си го изгубиш рбетот. Нормално, легенда е пресилен збор и некако ме вознемирува. Легендите се завршени приказни, а мојата се надевам не е таква. Ама, дека Трендо оди – оди. Кога ќе се замори, седнува на велосипед или во кола. Легенда која врти педали, тоа не е лошо. Подобро да вртиш педали отколку да те вртат колена. Да се живее во Општина Центар, дали е привилегија или самоказнување? И едното и другото, зависи како си расположен. Исто како и во животот, некогаш ти е убаво да си во центарот на случувањата ама некогаш посакуваш и да се тргнеш на нивните маргини. Сам по себе, центарот е највредниот дел од една мета. Е сега, зависи со што гаѓаш во него. Ако во центарот стигнуваат убави работи, и тој ќе биде убав. Истото важи и за обратната насока. Што би додал, а што би задржал? Јас секаде би додавал шаренило, и човечко и урбанистичко. Шаренило во различните погледи, начини на живеење, мераците и ритамот на живеење. За да може еден град да ужива во убавата вознемиреност која таквото шаренило ја предизвикува, мора прво да научи да биде спокоен и толерантен. Градот треба да понуди чисти и проодни артерии, а ние да го полниме со свежа и убава содржина.

16

• број 04 • април 2012

Како е да се живее во најгусто населената населба во Центар, односно во Капиштец, каде што со семејството живеете подолго време? Одамна живеам во Капиштец, од самиот негов почеток. Како да ви кажам, знае да биде напорен. Ама, Капиштец отсекогаш бил таков, малку напнат. Да беа свртени нашите влезови кон внатрешнината а не кон улиците, веројатно ќе беше многу подобро. Вака, излегуваш речиси директно на улица и тоа те прави стандардно претплазлив, а децата мора да ги учиш дека оној свет што почнува надвор од твојот влез е нешто што може да те повреди. Да влегувавме од кај паркчето, сигурен сум дека ќе имавме едно живописно урбано средсело.


Дали женскиот и машкиот мозок размислуваат исто?

Шанса да се излезе од расправа како победник (%)

Шансите на мажот да излезе како победник при расправа

Свршувачка

Период во брак

Додека сте во врска Време (години)

Мисија: Одење во Геп (Gap), купување панталонии Женско

Машко Време: 6 мин. Потрошени: $ 33

Машко

Женско инн. Време: 3 часа и 26 мин. Потрошени: $ 876

Како татко на пет годишниот Мате и бебето Бела, што мислиш, дали во Центар има урбани услови за безгрижно детство? Ах, не верувам дека постои центар на една метропола кој ги задоволува нашите романтични идеи за тоа какво детство треба да им овозможиме на нашите деца. Ама од друга страна, урбаните центри се добри за кондиција и острење на сетилата. Автомобилите се главниот товар. Пред некој ден на автомобилот начекав некакво писмено предупредување дека на Народен фронт ќе биде забрането паркирање. Е, допрва ќе биде “весело”. Ние и сега сме кнап со паркинг. Без тој простор, па има да се заколеме. Јас и денес не можам некогаш да најдам место на платениот паркинг, а не па кога ќе нагрнат сите. Освен ако нема идеја катната гаража да се дигне за уште 5-6 спрата. Се разбира, ужасен проблем се оние кои паркираат на цел тротоар па не може ни пешак да помине, а камоли семејство со бебешка количка. Но, за таквите постои едноставно решение: на секои 50 метри треба да биде оставен по еден општински службен токмак и секој жител на Капиштец да има право со него да му ја редизајнира колата на идиотот кој го зафатил целиот тротоар. Чиста работа. Кое му е најомилено место на Мате во Скопје и зошто? Мате се уште е општински недефиниран, па ужива во разни делови на градот. Му се вози количе на плоштад, сака да трча по тревникот околу Белви, во Бристол вле-

гува како во градинка, обожава да ја гледа воденицата во Драмски. Мало скопско боемче. А на неговиот татко и мајка? Се надевам дека прашуваш за мене. Шала, шала. Зока е Аеродромка, јас сум дете од Карпош кое последниве децении живее во Капиштец. Аеродромка и Центарец, знаете од навивачките песни, тоа секогаш е убаво и возбудливо. Има ли во „архивата“ на твоите сеќавања, некое незаборавно доживување? Сите мои сеќавања се незаборавни. Јас во овој град сум останат не само затоа што ме мрзи да се селам. Меѓу Скопје и мене има еден интензивен love and hate однос. Трендо не е урбана легенда, сама по себе, туку за многумина Трендо претставува бренд. Дали лично го делиш ова мислење, ти пречи или те прави среќен? Никој нормален себе си не се гледа така. Јас се гледам и по гаќи и сонлив и секаков, па тешко ми е да поверувам во идејата за брендот. А тоа што те препознаваат, се навикнуваш. Среќа што Скопјани се малку надмени и демек воздржани па не ми се случуваат пречесто оние добронамерните гњавења. Во помалите градови луѓето се поприсни број 04 • април 2012 •

17


и понепосредни па тешко да завршиш некоја работа, ако си по тоа отиден. Како долгогодишен водител на квизот „Милионер“, дали некогаш не почуствува потреба или пак желба да седнеш на жешкото столче? Како всушност се станува милионер во Македонија? Никогаш немав таква желба. Некогаш убаво ќе се заиграш со учесникот, некогаш чекаш само да свири крај на емисијата. По многуте преселби од едно на друго работно место, како колумнист, водител, уредник, конечно – сам на своето во порталот off.net.mk. Дали се сметаш за човек кој ги постави темелите на интернет новинарството кај нас? Никогаш не сум ни помислил дека некој ден ќе ме поврзуваат со какви било темели. Само што некогаш навистина мораш да почнеш од самиот почеток, а тоа да ти биле темелите. Единствената причина за евентуалниот таков впечаток е што почнав многу одамна, кога немаше баш некоја логика да се прават медиуми на интернет. Интернетот беше скап, малкумина го имаа а останатите не чувствуваа некоја посебна потреба од него, баш заради фактот што немаше многу работи на македонски јазик. Рековме, ајде да правиме содржини, да покажеме колку возбудлив и интересен свет може да биде тоа.

Дали преферираш добар филм или добра театарска претстава... Филм. Во театар ми недостига можноста брзо да премотам некои сцени.. Каде и со кого, во Скопје го минуваш своето слободно време... Со пријатели. А пријателите се распоредени во различни банди. А јас сум мома атерџика. А знаете со колкав стомак завршуваат таквите моми. Како омилен колумнист и автор на книгата „Трендоленд“ (која ги содржи твоите колумни до 2001 до 2004 година), која би била темата доколку денес седнеш и напишеш колумна за Општина Центар? За потребата од општински токмаци во Капиштец. Може ли да очекуваме Трендо да биде новиот колумнист на „Метропола“? Како што одамна порача другарот Тито, живејте како сто години да ќе ме нема ама бидете подготвени уште утре Трендо да ви тропне на врата. И вие што барате колумнисти и оние што паркираат како идиоти.

18

• број 04 • април 2012


ЕКОЛОГИЈА

ЦЕНТАР ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКА НА ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Општина Центар, во соработка со Здружението ЦеПроСард од Скопје, започна со спроведување на проектните активности за изработка на стратешки документ ЛЕАП на Општина Центар. Документот е законска обврска за општините согласно Законот за животна средина. Се изработува по методологијата на Министерството за животна средина и се донесува за период од 6 години. Во текот на седум месеци, Општината заедно со тимот на ЦеПроСард ќе реализира серија активности: формирање на работни групи, спроведување анкета на населението, SWOT анализа, одредување на приоритети, предлог мерки за надминување на состојбите со загадувањата на различни медиуми во животната средина, како и подготовка на Акционен план со приоритетни проекти. Во тек е анкета на населението, со цел да се добие слика за моменталната состојба.

Сите заинтересирани граѓани, организации и институции, кои сакаат да придонесат за подобра животна средина во Општината, можат да се пријават за учество во една или неколку работни групи: воздух, вода, отпад, почва и искористување на земјиште, природа, биодиверзитет и бучава. Учеството во работните групи е доброволно, а динамиката на работа ќе се одреди со проектниот тим.

ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ САДНИЦА+ Општина Центар активно учествува во проектот Садница+, кој што го спроведува организацијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”, во соработка со сите основни училишта и градинки. Целта на проектот е засадување и одгледување на садници во ровка земја, при што учениците го водат целиот процес од засадување на семки во чашки до подигнување на садниците и нивното одгледување. Учениците од трето одделение од ОУ „Ј.Х. Песталоци”, заедно со

своите гости, дечињата од градинката „13 Ноември”, засадија расад од јасен во пластични чашки и на посебни ливчиња ги запишаа своите имиња, а воедно и ги именуваа садниците. Потоа се упатија во училишниот двор, каде што со присутните гости, засадија зимзелени садници. Грижата за младите дрвца останува на посветеноста на учениците. На есен, израснатите садници ќе бидат садени на различни локации. Со реализација на оваа акција, се подигнува свеста кај младите генерации за чување на природата и чистата животна средина. Активностите ќе продолжат и во текот на целата година.

број 04 • април 2012 •

19


ЕКОЛОГИЈА

ЦВЕТЕН ЦЕНТАР ЈА НАЈАВИ ПРОЛЕТТА Во рамките на проектот Цветен Центар, Општината започна со цветно уредување на сите атрактивни локации со љубичици во различни бои. Во чест на празникот на жената - 8 март, Општина Центар ги уреди жардиниерите на ул. „Македонија“ и ул. „Никола Вапцаров“. Со планот за садење, исто така се опфатија и следните локации: скверот пред Општината, паркот на Кружен ток, жардиниерите пред Министерство за одбрана и Министерство за култура, кај Клуб на новинари, како и на потегот од општинскиот паркинг „Трготекстил“ до хотел „Бристол“.

20

• бр број б рој 04 • април 2012


ПРОЛЕТЕН ХЕПЕНИНГ ВО ГР ГРАДИНКАТА РАДИНК КАТА „13 НОЕМВРИ“

Како и секоја година, така и годинава, во градинката „13 Ноември“ традиционално се одбележa Денот на пролетта и на екологијата, со многубројни активности и акции: садење дрвца и цвеќиња, ликовни работилници на отворен простор и екохепенинзи. Овие акции се реализираа во дворовите на сите објекти и опфаќаа активно вклучување и на родителите. Најмладите, покрај пригодните песнички и рецитали за пролетта, првиот пролетен ден го поздравија и со садење, заедно со своите родители, на цвеќиња и други садници во дворовите на гра-

динката. Истиот настан предизвика голем интерес и присуство од страна на родителите кои ги подржаа овие акции. Активностите беа збогатени и со присуство на познати личности - пријатели на децата. Ликовните работилници се реализираа на отворен простор и опфаќаа поставување на изложби, цртање на штафелаи, цртање на плочник со креди и сликање на групни слики на тема „Пролет“, „Пролетни цвеќиња“, „Боите на пролетта“.

број 04 • април 2012 •

21


ЕКОЛОГИЈА Традиционално, и годинава, на почетокот на април, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ се спроведе акција за собирање на кабаст отпад на територија на Општина Центар. Граѓаните, непотребниот мебел и бела техника имаа можност да го остават на неколку пунктови во близина на контејнерите за смет. Притоа, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ испратија одреден број на камиони кои во точно определено време беа задолжени за собирање на непотребните елементи од дом а ќ и нс т в ат а . За оваа акција, Општина Центар имаше на располагање стотина времено ангажирани работници, кои им помогнаа на луѓето во случај на тежок и кабаст отпад.

Акцијата се спроведе на неколку локации и тоа: населба Капиштец (кај последна автобуска станица бр. 23, позади Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ и кај детските игралишта); на ул. „Салвадор Аљенде“ (во близина на маркетот „Трен“); на ул. „Питу Гули“ (во близина на маркетот „Тинекс“), на ул. „50-та Дивизија“ (кај „КАМ маркет“); на паркинзите кај Градска болница, кај Зелен пазар, спроти Рамстор и кај Дом на градежнци.

Акцијата претставуваше можност за жителите на Општина Центар, без надомест да го отстранат непотребниот мебел и бела техника од своите домови.

22

•б број бр ро ојј 0044 • аап април при рилл 20 22012 012 12


СОБЕРИ ПЕТ ДА ДОБИЕШ 5

Општина Центар, во соработка со Здружението на граѓани ОРТ и ЈП „Комунална Хигиена“, започна со реализација на проектот за собирање отпадна пластична амбалажа и нејзина преработка, насловен „Собери ПЕТ да добиеш 5”, со цел намалување на пластичниот отпад од вкупниот отпад во депонијата Дрисла, поддржан од „ГЕФ Проектот за мали грантови Македонија“. Проектот ќе се спроведува 14 месеци и ќе опфаќа серија активности: спроведување на организирано собирање на пластични шишиња во одредени пунктови во секое училиште и транспорт до фирма за преработка; едукативни работилници; настани за одбележување на еколошки празници, како и наградни игри и натпревари помеѓу училиштата. За сите училишта обезбедени се термо - преси за пресување на пластични шишиња, за намалување на

нивниот волумен, пред нивното одлагање и транспортирање до фирмата за преработка. Со проектот, се воспоставува организиран и затворен систем за третман на пластичниот отпад, од неговото собирање, намалување на волуменот и преработка до секундарни суровини. Средствата од продажбата на пластичниот отпад, според собраната количина, ќе бидат префрлени на основните училишта за нивно обновување и набавка на потрошниот училишен прибор.

број 04 • април 2012 •

23


ЕКОЛОГИЈА

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Во рамки на активностите за пролетно расчистување, Општина Центар во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Паркови и зеленило“, како и вработените од Клинички центар и околу стотина сезонски работници од Општината, спроведе акција за чистење отпад и кастрење на гранки од дрва и грмушки и сечење на старите и болни дрва, во дворот на Клинички центар.

ХАРТИЈАТА Е РЕСУРС, А НЕ ОТПАД

Општина Центар, во соработка со Националната галерија на Македонија и Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, започна активности за управување со хартијата, во проектот „Хартијата – креативен медиум“, третирајќи ја хартијата како неопходен ресурс за повторна преработка. Планирани се серија активности, со кои ќе се актуелизира прашањето за селекција на искористената чиста хартија кај учениците од основните училишта, како и можностите за повторно искористување на преработената хартија. Во периодот од 21 до 24 март, по повод Деновите на пролетта, Општина Центар организираше акција за собирање на искористена хартија во сите седум основни учи-

24

• бр број ој 0044 • ап апри април рилл 20 2012 12

лишта. Во дворовите на училиштата беа поставени големи контејнери за хартија од фабриката „Комуна“, каде што учениците можеа да ја ставаат искористената хартија. Пораката до учениците е: „Хартијата е неопходен ресурс, кој може повторно да се употребува и преработува!“


ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПРОЕКТОТ “СПОРТОТ КАКО ФАКТОР ЗА ТОЛЕРАНЦИЈА, ЗАЕДНИШТВО И ПОЧИТУВАЊЕ”

Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ присуствуваше на свечената церемонија по повод потпишување на Меморандум за соработка за имплементација на проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување”. Проектот е под покровителство на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, а носители се Здружението за развојни иницијативци “Геостратешки институт – Глобал” и општините вклучени во неговата реализација: Центар, Тетово, Прилеп, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и Врапчиште.

Општа цел на проектот е да се покаже дека преку спортот како општествена активност може да се приближат различностите, да се одржува толеранцијата и да се почитува другиот. Односно, учениците од основното образование од шестте општини, преку спортски активности, дружење, посета на културни знаменитости и взаемна комуникација, подобро да се запознаат со своите врсници кои потекнуваат од различни културни или етнички средини. Активностите ќе се реализираат во временски период од шест месеци, од март до август 2012 година.

број 04 • април 2012 •

25


СПОРТ

ОПШТИНАTA ДОБИ БЛАГОДАРНИЦА ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ОД КК “РАБОТНИЧКИ” ки”, вложувајќи во иднината на македонската кошаркарска генерација. Покрај легендите на клубот „Работнички“: Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Марин Докузовски, Јорданчо Давитков, како и

Кошаркарскиот клуб „Работнички”-Скопје е најтрофеен и најпопуларен клуб во Република Македонија од сите колективни спортови, кој во овие 65 години на спортски живот се уште е активен, борејќи се на паркетот во Македонија и Европа. Салата на клубот се наоѓа во Градскиот парк, на територија на Општина Центар и секогаш е полна со спортисти кои секојдневно тренираат и се натпреваруваат. Исто така, Центар е општина во која живеат и творат со спортско срце голем број на спортисти. Овој значаен јубилеј, беше крунисан со доделување на благодарници

на свои поранешни и сегашни спортисти, спортски работници, јавни личности и институции, кои несебично помогнале во развојот и работењето на „Работнич-

26

• број 04 • апри април ил 2012

навивачката група „Сити парк бојс”, и Општина Центар доби Благодарница за несебичната поддршка и придонес во исполнувањето на целите на клубот. Претседателот на клубот Златко Тодоров му ја додели благодарницата на градоначалникот Владимир Тодоровиќ. На овој свечен настан беше одигран и пријателски натпревар со кошаркарската екипа на Црвена ѕвезда од Белград.


ОДИГРАНИ ЗАВРШНИТЕ ОДБОЈКАРСКИ НАТПРЕВАРИ ПОМЕЃУ УЧЕНИЧКИТЕ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

ја покажаа својата борбеност на терен, а трето пласирани беа ученичките од ОУ „Ј.Х. Песталоци”, кои ја победија екипата од ОУ „Димитар Миладинов”. На трите прво пласирани екипи, Секретарот на Општина Центар Марјанчо Тодоровски им додели медалји и дипломи за учество, а на капитените им беа врачени пехари.

На 09 февруари, во спортската сала „Македонско сонце”, се одиграа финалните училишни натпревари во одбојка. За првото место се натпреваруваа екипите од ОУ „Гоце Делчев” и ОУ „11 Октомври”. По мошне неизвесна и фер игра, првото место го освоија ученичките од ОУ „Гоце Делчев”. Второто место им припадна на домаќините, кои исто така, максимално

Општината додели и пехар за најдобрата одбојкарка на турнирот, што годинава и припадна на Марина Алексовска, ученичка од ОУ „Гоце Делчев”. Победничката екипа на овој натпревар, за освоеното прво место, доби маици со амблемот на Општина Центар. Натпреварот беше проследен со бројна публика од трибините на новата сала.

број 04 • април 2012 •

27


ОДРЖАН КОШАРКАРСКИОТ ТУРНИР „МОЕ МААЛО-МОЈА ЕКИПА”

СПОРТ

На 24 и 25 април, се одржа хуманитарен кошаркарски турнир „Мое маало-моја екипа” во новата спортска сала во ОУ „11 Октомври” – „Македонско сонце“. На овој спортски настан во организација на Општина Центар, се н ат п р е в а р у ваа сите заинтересирани љубители на кошарката и сите оние кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. На турнирот натпреварувачите имаа можност да се запознаат меѓусебно и да ги разменат своите искуства кои ги стекна-

ле играјќи баскет со своите маалски другари. На турнирот учествуваа 28 екипи, а натпреварите беа одржани во три групи во машка конкуренција и тоа јуниори до 15 години, младинци

28

• бр број ој 0044 • ап апри април рилл 2012

и сениори од 15 до 45 години и ветерани над 45 години. Турнирот „Мое маало – моја екипа” ги обедини на едно место сите генерации. Една екипа беше составена од 3+1 играч, а натпреварите се одржуваа по куп-систем. Исто така, беше одржан и натпревар во шут за три поени и натпревар во слободни фрлања.

Во најбројната група - младинци и сениори, триумфираше екипата „Гаго”, како втори се пласираа натпреварувачите од екипата „Стара Школа”, а трeтото место го освои екипата „Феит”. Во групата јуниори, победи „Водно Санс”. Второто место го освои екипата „Партизан Дебар маало”, кои со својата


борбеност претставуваа вистински конкуренти на првонаградените, а третото екипата „Карпош”. Во категоријата ветерани, триумфираше екипата „Бутик Џордано”, второто место им припадна на натпреварувачите од екипата „Кај Злате”, а како трети се пласираа натпреварувачите од „Три З”. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Драган Наков, во шут за три поени како наjпрецизен се истакна Кирил Анчевски, а Бојан Јовановски како најдобар играч во слободни фрлања. Во шут за три поени од групата на јуниори најпрецизен беше играчот Лука Цемовиќ.

За победниците се обезбедија вредни награди. Турнирот се организираше во хуманитарни цели и сите средства од котизацијата ќе бидат донирани за обезбедување на спортска опрема за штитениците од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври”.

број 04 • април 2012 •

29


АКЦИЈА

НАЈУБАВИ БАЛКОНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Покрај акцијата за избор на најубави дворови во Општина Центар, која сеуште трае, започнуваме и со акција за избор на НАЈУБАВИ БАЛКОНИ на територија на Општината. Затоа ги повикуваме, сите жители на Општина Центар да земат учество и во оваа акција, праќајќи фотографии од своите балкони и дворови на следниот e-mail: gradonacalnik@opstinacentar.gov.mk

30

•б број бр ро ојј 0044 • аап април при рил 220 2012 01122

Се надеваме дека ќе ја поттикнеме Вашата креативност при уредување и на Вашите балкони и ќе имате можност токму Вашите фотографии да бидат едни од објавените фотографии во некој од наредните броеви на ова списание. Сопствениците на најубаво уредените дворови и балкони на крајот на годинава, ќе бидат наградени.


Списание на Општина Центар МЕТРОПОЛА

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ ВО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Уредувачки совет: Лидија Неделковска Бранислав Саркањац Насер Хот Соработници: Елена Чалческа Живка Христова Весна Николовска Тамара Булатовиќ Игор Котларовски Михајло Аритоновски Вера Новакова Уредува: Одделение за односи со јавност - Општина Центар Tехничко уредување: Арс Ламина Издава: Општина Центар За издавачот: Градоначалник Владимир Тодоровиќ телефон: 3203 634 факс: 3211 089 e-mail:gradonacalnik@opstinacentar.gov.mk web: opstinacentar.gov.mk адреса: ул. Михаил Цоков бб, 1000 Скопје Печати: Арс Ламина Тираж: 20.000

• Електричната инсталација да биде изведена според техничките стандарди и нормативи и да се користи според стандардизирани постапки; • „Патроните“ од осигурувачите на електричната инсталација да не се „калемат“, туку да се заменат со стандардизирани нови; • Да се користи само еден апарат по штекер, а кога апаратот не се користи да се исклучи; • Гасната инсталација и уредите за гасот кои се користат во домаќинствата, постојано да се во исправна состојба и да се користат според упатствата на производителите, на начин да не се предизвика пожар или експлозија; • Грејните тела на електричната енергија, гас, течно и цврсто гориво за затоплување на домовите, да се користат на вообичаен начин, редовно да се проверува нивната исправност и да бидат под надзор на станарите; • Оџаците да се изведени според техничките стандарди и да се постојано исчистени; • Противпожарните хидранти и сувите водови, постојано да се во исправна состојба и да се подготвени за употреба; • Противпожарните скали во високите објекти за евакуација на загрозени лица, во секое време да бидат слободни; • На дофат на мали деца да не се оставаат запалки или други предмети кои претставуваат опасност за предизвикување на пожар; • Во случаи на изведување на работи во домовите со заварување или сечење, да се внимава со искрење да не се предизвика пожар; • По можност во кујната да се чува противпожарен апарат; • Периодично (на пример, еднаш годишно) да се вежба евакуација на станарите во услови на пожар преку противпожарните скали; • Членувањето во организацијата на пожарникари волонтери придонесува во подобрување на заштитата од пожари; • Во секое време пристапот до објектот за противпожарни возила да биде слободен.

ПРОТИВПОЖАРНА СЛУЖБА 193 Согласно член 87 од Законот за заштита и спасување (Сл. Весник на РМ бр. 36/04), за заштита од пожари на станбени објекти со повеќе од четири стана, се уредува „ПОЖАРЕН КУЌЕН РЕД“

ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ - 071 28 24 24 Општина Центар им благодари на сите оние кои во изминатиов период ни јавуваа за: дупки на улици и тротоари, неисчистен смет и шут, светилки кои не работат и слични проблеми. Ги повикуваме и понатаму, сите жители на Општина Центар, за пријавување на своите проблеми, да го користат дежурниот телефон 071 282424, со испраќање на СМС пораки, или со испраќање на пораки на e-mail: prijaviproblem@centar.gov.mk, со цел истите да бидат побрзо отстранети. Наш совет: меморирајте го овој број и нека Ви биде секогаш при рака!


ТРАДИЦИОНАЛНО ВЕЛИГДЕНСКО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ

На 14 април, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Центар, подари 12.000 велигденски јајца. Деца од КУД „Кочо Рацин“ облечени во народни носии со беџови од Општина Центар, им подаруваа велигденски јајца на минувачите на локациите: улица „Македонија“, улица „Никола Вапцаров“, Кеј „13 Ноември“, ГТЦ, во ТЦ Буњаковец, на Зелен пазар и пазарот во Буњаковец, како и улица „Ленинова“ во Дебар Маало. На овој начин Општина Центар пригодно им го честита празникот на своите православни сограѓани.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.