Centar

Page 1

Јануари/февруари 2015

www.opstinacentar.gov.mk 1


НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ

ФАСА ДИ „Архитектурата и градот се материјализација на општството. Куќите зборуваат и делуваат не помалку од луѓето кои ги населуваат. Аристотел зборува за Хиподам и вели дека заслугата на тој прв урбанист е во тоа што јасно рекол дека обликот на градот е слика на неговиот општествен поредок. Градот е огледало на оние кои го градат.“ Луис Мамфорд

Драги пријатели, почитувани сограѓани, На наредните шеесетина страници ќе ги најдете во слики и зборови нашите реализирани проекти во Центар. Во 2014 година вие бевте нашите поддржувачи, поттик, нашиот мотив, ни ги толериравте грешките, не’ повикувавте на одговорност, но и ни го наградивте успехот. Ако Центар е поубав последнава година, тоа е наш заеднички успех. Така беше од промовирањето на првиот проект, фа-

садата на зградата „Папагал“ па се’ до последниот, паркот во Капиштец кој го промовиравме како парк за сите годишни времиња. Понекогаш доцневме, понекогаш се двоумевме, но разговаравме и се договаравме за да ги решиме проблемите. Средствата со кои располагаме да ги вложиме најдобро што може. Кога грешевме не’ предупредувавте, кога доцневме не’ потсетувавте. Ако денес Центар е поубаво место за живеење, ако полесно се движиме, имаме повеќе зеленило и омилени места, клупа за одмор, уреден парк, заедно сме во успехот. Декември не’ дочека со украсени улици, за првпат блеснаа светилки во населбата Пролет, а низ црвените светлечки порти на „Град во градот“ заедно влеговме во новата 2015 година. Единствено што ни е потребно во 2015 година е да продолжиме заедно да правиме општина каква што сите ја замислуваме. Продолжуваме понатаму со верба, надеж и љубов за Центар без грешка, отворен, зелен, светол и слободен.


Боемска улица

Порта Буњаковец

Сквер Јадран

Парк - Цветен пазар

Улица Никола Вапцаров

Населба Пролет

Парк Капиштец www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

3


ФАСАДИ ДИ ФАСА Нештата се менуваат противејќи се на секојдневието. За да се промени нешто, најпрво треба да се создаде нов модел, заради кој постоечкиот ќе стане застарен. R. Buckminister Fuller

Една од најзначајните згради во центарот на Скоп


ЗА Л И Ч И

ГРАДАТА „ П А П А Г А Л “

Н

Нештата се менуваат противејќи се на секојдневието. За да се промени нешто, најпрво треба да се создаде нов модел, заради кој постоечкиот ќе стане застарен, рекол R. Buckminister Fuller. Со оваа идеја се водиме во работењето на општината. Една од најзначајните згради во центарот на Скопје, на булевар „Климент Охридски“, позната како „Папагал“, е обоена во боите на Ара папагалот. Авторката на реконструкцијата, архитектката Искра Ефремова, зградата изградена во шеесеттите години од минатиот век кога била сива, со пет темни бои на терасите, ја „преформулира“ фасадата во топли бои. Така добивме тераси во жолта, црвена, тиркизна и зелена боја, во согласност со модерната и духот на времето. Оваа фасада е дел од термички, енергетски ефикасни фасади. Тоа значајно ќе придонесе да се намалат сметките за електрична енергија на станарите.

пје , е обоена во боите на Ара папагалот

www.opstinacentar.gov.mk 5


ПАПАГА ФАСА ДИЛ КАКО ИНСПИРАЦИЈА


ИНФО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ И ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ИГРАЛИШТА На територијата на целата општина се реконструираат фудбалските и повеќенаменските игралишта. Реконструирани се четири игралишта за мал фудбал: во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ и во училиштето „Коле Неделковски“, игралиштето на улицата „Благој Давков“ и едно во паркот во Капиштец. Има и повеќенаменски игралишта, како што е во Крњево, кое е комплетно реконструирано со нова подлога и ограда.

ЛЕГАЛИЗИРАНИ 2 290 ОБЈЕКТИ Во општина Центар се поднесени вкупно 4 819 барања за утврдување на правен статус на бесправен објект во рокот кој беше утврден за поднесување, од март до септември 2011 година. Во периодот од септември 2011 до мај 2013 година се решени вкупно 724 предмети, а од мај 2013 година, со доаѓање на новото раководство, во општината се решени 1 660 предмети. Краен рок за доставување на геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект е 31 декември 2015 година, додека пак крајниот рок за решавање на сите предмети во постапка за легализација е 2017 година. Со оглед на ритамот со кој се решаваат предеметите, проблемите на граѓаните со легализирање на нивните објекти ќе бидат решени пред овој термин.

ОТВОРЕН ТРЕТ ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБ

На територијата на општината отворивме три пензионерски клубови, а последниот е отворен во урбаната заедница „Дане Крапчев“. Тоа се простории во кои пензионерите се среќаваат да играат шах или табла, се дружат, и читаат весници. Иницијатива за отварање на нови клубови ќе продолжи и во 2015 година. www.opstinacentar.gov.mk 7


ФАСАДИ ДИ ФАСА

НОВИ ФАСАДИ НА БУЛЕВАР „ИЛИНДЕН“ БРОЈ 85 И 87

Д Двете згради на булевар „Илинден“ број 85 и 87 добија нови енергетски ефикасни

Перспективниот план е секоја фасада од шесте згради на булевар „Илинден“ да се разликува во еден гест, во некоја пермутација на бои фасади, прилагодени на архитектурата на зградата и стилот во кој се градени. Боите со кои се освежува фасадата се менуваат исклучиво во согласност со желбите на станарите. Овие две згради се дел од композицијата од 6 згради, кои прават извесен „ѕид“,

граница со Градскиот парк. Перспективниот план е секоја фасада од шесте згради да се разликува во еден гест, во некоја пермутација на бои. Општина Центар за една година направи шест енергетски ефикасни фасади, а седмата е во последна фаза на изведу-


вање. Освен овие две една е на булевар „Климент Охридски“, една на улицата „Франклин Рузвелт“, една на улица „Пиринска“ и една на улицата „Рајко Жинзифов“. Седмата зграда чија фасада се реконструира, се наоѓа на улицата „11 Октомври“ спроти ЗОИЛ Македонија.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

9


ФАСАДИ ДИ ФАСА

Вистината за зградата

на улица „Пиринска“


Значајно е да се зачува нејзината архитектура бидејќи таа зборува за стилот во кој се градело предземјотресно Скопје www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

11


ФАСАДИ ДИ ФАСА

О Општина Центар ја реконструираше фасадата на зградата, која претрпела сериозна штета во скопскиот земјотрес. Се наоѓа на улицата „Пиринска“. Фотографиите од тој период зборуваат за начинот на кој таа била спасена од рушење како и многу други слични објекти за колективно домување. Штедејќи сили, пари и време било решено да се спаси Скопје и да не се отстапи пред природната стихија. Градот се крева од урнатините, а меѓу нив е спасена и оваа

зграда, која сега доби енергетско ефикасна фасада и бои, многу блиски до колоритот кој зградата го имала отсекогаш. Значајно е да се зачува нејзината архитектура затоа што таа зборува за стилот во кој се градело предземјотресно Скопје. Средствата за реконструкција на фасадата се од буџетот на општината за оваа намена, со цел да се следат трендовите на зголемена енергетска ефикасност. Со енерегетски ефикасна фасада сметките за електрична енергија се помали за околу 30 отсто, а фасадата е реконструирана во договор со граѓаните.


867 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ ВО ЦЕНТАР!

З

Зад слоганот „Цел Центар на точак“ стои проектот на општина Центар за субвенционирање на купување нови велосипеди за нејзините жители. Реализацијата на проектот започна во јуни, а висината на субвенцијата изнесуваше 30 проценти од цената на велосипедот (да не биде повисока од три илјади денари). За само два месеца до општината пристигнаа 800 барања за субвенции. Така, целта на акцијата во целост беше остварена: што повеќе велосипеди а помалку автомобили на нашите улици. Првата средба со граѓаните кои ја искористија субвенцијата беше одржана во јули. На првите 15 граѓани кои поднесоа барање градоначалникот им додели

награди. Нивниот нов велосипед беше екипиран со светло, кошница, ѕвонче и клуч. До почетокот на август беше субвенционирано купувањето на 867 велосипеди. Субвенциите беа исплатени до крајот на месецот. Истовремено, со оваа акција општината пристапи кон поставување 60 нови паркиралишта за велосипеди на скверовите и во парковите, од Буњаковец до Капиштец. Наш нареден чекор е подготвување на студија за велосипедски сообраќај за подобрување на инфраструктурата во рамки на нашите можности со оглед на тоа дека општина Центар има во надлежност само сервисни и станбени улици. Во 2015 година продолжуваме со проектот „Цел Центар на точак“ со

надеж дека интересот ќе биде исто толку голем како и минатата година. Сите сме одлучни во намерата цел Центар да биде на точак и да се реализира идејата на слоганот.

www.opstinacentar.gov.mk w ww 13


ФАСА ДИ

ПО 32 ГОДИНИ, „ПОРТА ЦЕНТАР“! Во паркот во Капиштец на улица “Франклин Рузвелт” не беше интервенирано цели 32 години. Сега, им го враќаме зеленилото, нова урбана опрема и реконструирани патеки, не само на жителите на Капиштец туку и на цело Скопје.


УРЕДУВАЊЕ

1800м2 бусен 1800 разни грмушки 1500м2 површина на патеките

Н Нашиот парк „Порта Центар“ е промовиран на 6-ти април. Тоа е многу повеќе од парк, ако го гледаме значењето за жителите на околните згради. Влезот во Капиштец кај улица „Франклин Рузвелт“ е нов парк со 1 800 разни www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

15


ФАСА ДИ грмушки, околу 1 800 м2 бусен и три групации зелени скулптури-геометриски фигури, кои Италијанците ги нарекуваат „топиари“. Поставен е систем за наводнуавње, ново осветлување, кое штеди енергија, и не им пречи на станарите на зградите. Патеките имаат ново поплочување, во кое се вклопува и урбаната опрема, од клупи до паркиралишта за велосипеди. Овој дел од Капиштец, во кој се наоѓаат неколку славни кафеани, беше и сега е многу популарен меѓу скопјани. На паркот не е интервенирано цели 32 години. Вака, им го враќаме уживањето не само на жителите на Капиштец туку и на цело Скопје.

Реконс Реко нстр тр рук укци ција ја ата а на па п те теки ките те е во „П Пор орта Цен е та се со тар“ состои ои во демо монт нтажа на ста тар рите е иск крш ршен ени ни и до дотр рајјан ни ме ерм рмер е ни и пло л чи со но ови од ве вешт ш ач шт чки и гранит. т. Пре етход тх ход о но о се е на апр п авен ни ко коре рекц кции на цела це лата а под дло лога га и отс тстран а ет е а е неуп употтре реб блив ват ата а урба ур бана н опр рем е а а.. Пов оврз рзув вањетто на а вис и инск скит ите е ра азз-ли л ик ки и пом о еѓѓу па ом п те еките е е со ра амп мпи, што ово озм мож ожува а ле есн сно ко кори ист стење и од д стрна на лицата т со по посе себн бни и п тр по реб еби. и По до долж л инат лж ата а на н патек е ит ите се поста тав вени и клуп кл у и и ко орпи за а отп пад доци. Вку купн пн нат ата површи ина на пате па те еки к те е 150 500м 0 2. 0м


ТРАНС УРАГАНОТ DASH BERLIN НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА!

E

Еден јунски ден кој се закануваше со облаци, се претвори во прекрасна ноќ без облаци, обоена во сите бои на електронската музика. Наш гостин под ведро небо, среде Скопје, на улица „Македонија“ беше еден од десетте најпознати диџеи на светот Dash Berlin! Неговиот настап и реакцијата на публиката која ја наполни улица „Македонија“, ни покажа дека бевме во право што ја организиравме оваа најголема бесплатна журка во Центар. Долго по полноќ човекот кој управува со моќна музичко - електронска машинерија, ја опсипуваше публиката со виножито од бои и невиден перформанс, кој ги обои околните згради и публиката во десетина бои, давајќи му поинаков, скоро научно фантастичен облик на целиот простор. Околу полноќ публиката се стопи во екот на музиката на Till the sky Falls Down. Неговиопт настап по ништо не се разликуваше од настапот на еден од најголемите фестивали на електронска музика Тумороуленд, а концертот заврши со фотографија која го обиколи светот. На неа Dash Berlin високо крена плакат со натпис: We are Macedonia! Оваа вечер Центар беше обоен во црвено бело. www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

17


ФАСА ДИ

во НАСЕЛБАТА

Н Населбата Пролет е првата повоена населба во Скопје, проектирана како отворен блок од архитектот Људо Сакеља. Планот е на Луде Кубеш, кој градот го замислува, како „озарен“, град во зеленило. Во повеќе делови меѓу бло-

ковите згради во населбата има површини кои некогаш биле засадени со зеленило, но со години се запуштени, обраснати со коров, неодржувани. Тука спаѓа зелената површина на потегот меѓу улиците „Цицо Поповиќ“ и „Мирче Ацев“, меѓу станбените блокови каде што интервенираше општината. Сега на местото на површина зарасната во коров и високи треви, граѓаните добија уреден парк. По реконструкцијата, имаме дефиниран внатрешен парк на


ПАРКОТ ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ

површина од 6 700 метри квадратни, со садници групирани во алпинетуми, групации од повеќе садници поставени кружно. Уредена е нова парковска површина и поставена нова хидрантска мрежа, со која ќе се полева зеленилото. Инстали-

ран е автоматски систем за полевање од бунар, од кој прскалките ќе црпат вода за наводнување, така што ќе се користи исклучиво техничка вода. Постоечкото зеленило е искроено, засадени се 16 видови садници. Засадените грмушки

евонимуси и фотинија, покрај украсната функција. прават и заштитна бариера, издржливи се на високи и ниски температури. Заштитни огради во паркот се прават и со зимзелените дрвја купресус циперис лоланда. Грмушката буксус е зелена во текот на целата година. Од друга страна, листопадните дрвја, точно 14 јавори, се тука да го комплетираат впечатокот. Повеќето од засадените грмушки се кројат во потребната висина и имаат непроменета форма. Тие се ставаат и како визуелна заштита за да не се гледаат, на пример, гаражите кои се граничат со зелената површина. За таква бариера се користи пирамидалниот чемпрес. Во рамките на паркот се поставени десет клупи и десет корпи за отпадоци.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

19


БОЕМСКА ФАСА ДИ УЛИЦ А

Оваа улица ја нарековме Боемска во чест на сите скопски боеми, кои имаа свои упоришта во разни делови од градот, особено во Центар. Боемите од минатото, сегашноста и иднината на Скопје.


ПОСВЕТЕНА НА СИТЕ СКОПСКИ БОЕМИ

Н

Новото решение на улицата „Ѓорѓи Пешков“ претставува трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти - куќи со дворови и гостилници, кои ја оформуваат вертикалната граница исток - запад, од двете страни. Од јужната страна, улицата се приклучува на главната улица „Орце Нико-

лов“, а северниот дел завршува до паркинг просторот, кој е денивелиран во однос на улицата. Во опфатот на проектот е и тротоарот на спојот на улиците „Орце Николов“ и „Михаил Цоков“, како и улицата на малиот крак на улицата „Мирослав Крлежа“. Целиот потег со вкупна површина од околу 2 700 www.opstinacentar.gov.mk 21


БОЕМСКА ФАСА ДИ УЛИЦ А

метри квдратни е нивелиран на едно ниво, заради непречено движење на пешаци, лица со посебни потреби и велосипеди, а на дел од улицата „Ѓорѓи Пешков“ се формира мал плоштад со уникатна урбана опрема, клупа во вид на просторна инсталација и декоративен бетонски ѕид со дрвени талпи и зеленило. Улицата е пешачка зона.

Завршниот слој покрај објектите и на терасите од гостилниците е поплочен со природни гранитни плочи со ширина од 40-80 цм и дебелина од 5цм, а во средишната зона се поставени гранитни коцки со дебелина од 10 цантиметри наредени лачно, оформувајќи партер со патека од три дела, со посебен амбиент.

На улицата е изведена комплетно нова атмосферска канализација, што во горниот дел се појавува во вид на линиски слот решетка, која ги прифаќа површинските води, а олуците од објектите се непосредно поврзани со подземниот канал, со што се избегнува натамошното поплавување на подрумите во објектите.


Дрвјата беа оштетени и со трули стебла

Оштетен коловоз претворен во паркинг

Улицата беше без атмосферска тмосферска канализација

www.opstinacentar.gov.mk 23

Искршени тротоари


ФАСА ДИ

Во рамките на проектот „Боемска улица“, беа посадени 20 високошколувани платани, со висина до 6 метри и обем на стебло до 40 сантиметри. Овој вид дрвја развива голема крошна со текот на годините. За да бидат редовно и правилно наводнувани, по целата улица е поставен автоматски систем за полевање.


БОЕМСКА УЛИЦ А

Од двете страни на улицата има комбинација на стар и нов дрворед со вкупно 24 дрвја до кои е доведена инсталација за полевање со систем капка по капка. Улицата е осветлена со декоративни фенери изработени од гус и поставени по рабовите на пешачките патеки со што се збогатува амбиентот. Урбаната опрема е уникатна и комбинирана од сегменти што се повторуваат со просторни инсталации со двојна функција, декоративна и практична. www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

25


БОЕМСКА ФАСА ДИ УЛИЦ А Боемската улица е само почеток во реализација на идејата за Боемски кварт. Како единствено прибежиште во кое писателите, новинарите, глумците и сите трагачи по мир и разговор, ќе си го најдат своето место.


УЛИЦА ПОСВЕТЕНА НА СКОПСКИТЕ БОЕМИ

АК КО С СЕ Е ДН ДНЕ ЕТТ Е С СО О Н ЕК Е К ОЈЈ ВИСТИН ИН Н СК С И БОЕМ БОЕ БО ЕМ М , ТО ТОЈ ВЕДНАШ Ш Ќ Е ВЕ ВЕ ПР РА АШ ША А: -ЌЕ СЕ НАП П ИЕ И Е Ш НЕ НЕШ ШТТ О О?? - НЕ Ф АЛА, М У ВЕ ВЕЛ ЛИ И Ш ТТИ И. И. - АЈ СЕГ Е А ПРАШ АШ А Ш АЈ А Ј М Е ТИ ТИ МЕНЕ, ВЕЛИ И Т ОЈ ОЈ. Пее тре М. А н нд д ре р евски и

Нашата идеја е оваа улица да биде посветена на сите скопски боеми. По војната, скопските боеми имале повеќе пунктови во кои се одвивал боемскиот живот: кафеаните „Кермес“, „Мал одмор“, „Починка“, „Мала станица“, хотелот „Македонија“, „Бристол“ „Арапска куќа“, „Букет“, „Победа“, „Драмски“… Таму се собирале, новинари, писатели, сликари, актери и сите останати блиски по идеја до животот во кој треба да се кршат некои правила и норми. Тие преферираат слободен, едноставен живот, во однос на уживањето на благодетите на технологијата. Боемскиот живот е неконвенционален, боемите негуваат некомформистички животен стил, се спротивставуваат на зацртаните морални и културни норми, односно на очекувањата на пошироката заедница. Петре М. Андреевски во својот текст „Скоп-

ска боемија“, напишал: „Иако се“ се гледа, тешко е да се влезе во темниот вилает на една уметничка душа и да се запише неговата боемска биографија. Дури ни како апокрифна литература. А тешко е зашто таму сите центри се заменети и никогаш не можеш да дознаеш кога реалноста е само привидение, а јавето само компилација на сонот. А можеби сето тоа се должи на претпоставката дека сите боеми спијат кратко и многу набрзина. Боемите, вистинските боеми, не сакаат ништо да одложат. Оттаму се мисли дека се нивни сите оние многу познати сентенци: само еднаш се живее, арен маж на зборот не си стои, јас пијам ти се пијаниш, тој што вечера ракија вода поручува, кој пие вересија двапати се опива. Да не терам уште подалеку…

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

27


БОЕМСКА УЛИЦ А БОЕМСКА ФАСА ДИ УЛИЦ А

ЗДРАВИЦА И МУЗИКА На отворањето на Боемската улица свој музички придонес дадоа музичарите од „Баклава“, бендот на Бени, Моротови пееја сатри македонски шлагери, кафеанските музичари забавуваа неколку стотини гости кои останаа на улицата до доцните часови. Кон небото беа пуштени педесет светлечки лантерни, а првата, за среќа, ја пушти моделот Маја Сашек. Чаша вино за здравица подигна градоначалникот Андреј Жерновски. Со чаша вино наздравија и сите посетители на улицата, преплавена со бели и црвени рози. Отворањето го поздравија многу јавни личности, жители на Центар и на цело Скопје. Искрено им благодариме на присуството.


БОЕМСКА УЛИЦА ВО БРОЈКИ И ФАКТИ

Вкупната површина на проектот е 2 700 метри квадратни, а во тоа е опфатено: потег на улицата „Ѓорѓи Пешков“ дел од тротоарите на на улицата „Орце Николов“ со улицата „Михаил Цоков“ и целиот тротоар на улицата „Михаил Цоков“ спроти општина Центар, дел од улицата „Мирослав Крлежа“ , спој на улицата „Орце Николов“ со улицата „Михаил Цоков“. Ново поплочување има и паркот „Јас и ти“, кој се наоѓа пред општината.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

29


ФАСА ДИ УЛИЦИ

СТАРИТЕ УЛИЦИ КАКО НОВИ

К

Каков би бил тој центар на градот без инфраструктура. Општината во своја надлежност има 199 станбени и сервисни улици, на кои веднаш започнавме со неопходните реконструкции. Прва реконструирана улица беше „Питу Гули“ на Водно. Потоа, целосно се реконструирани улиците „Ѓорѓи Пулевски“, „Костурски херои“ (поранешна 29 Ноември) ос Булевар „Партизански одреди“ до

улица „Орце Николов“. Реконструирана е улицата „8. Ударна бригада“ , а на „Лермонтова“ кај италијанска амбасада се изработени колско пешачки патеки со плато и паркинг. Реконструиран е коловоз на улицата „Јоаким Крчовски“ кај Француски гробишта, комплетно е реконструирана „Ѓорѓи Пешков“ или Боемска улица во Дебар Маало, проект кој треба да продолжи преку улицата „Живко Чинго“ до Градежен факултет. Оваа пролет ќе започнеме реконструкција на улицата „Аминта

Трети“ (поранешна Ленинова). Направено е поплочување на аголот на булевар „Теодосиј Гологанов“ и улицата „Климент Охридски“, а изграден е коловоз на крак на улицата „Славејко Арсов“ (Олимписко село), каде што се изградени и тротоари. Со поставување нов асфалт на улиците и ново поплочување на тротоарите, се поставува ново улично осветлување и атмосферска канализација, таму каде што нема. На улиците се садат дрвја, таму каде што дозволува просторот.


ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

Во 2014 година засадивме 260 високошколувани дрворедни садници со старост од 15-20 години со оформено стебло чиј обем изнесува околу 40 сантиметри, а имаат и комплетно оформена крошна, со што се постигнува ефект на израснат дрворед. Вакво-

ПОСАДИВМЕ НЕ НЕКОЛКУ ДРВЈА,

ТУКУ ДРВОРЕДИ Едно дрво од насадот Лириодендрон кое тежи 1,2 тона и високо е 9 метри чини околу 40 илјади денари. За споредба, една жална врба во Вардар го чинеше Градот повеќе од 5 милиони денари.

то садење се спроведува за првпат на територијата на Скопје. Не садиме фиданки, туку оформени дрвја, а направивме претходни теренски истражувања заради избор на локации, како и селектирање на видовите лесно адаптибилни и декоративни. Дрвјата се распоредени на неколку локации: Дебар Маало кај Средното уметничко училиште и кај поранешно кино „Карпош“, кај италијанската амбасада, на улица „Македонија“, на улицата „Максим Горки“, кај полициската станица „Центар“ и на улицата „Орце Николов“. Така, на улица „Македонија“ оваа пролет со жолт цвет ќе расцветаат 18 дрвја Лириодендрон тулипифера. Ги посадивме на 8-ми Март, Денот на жената, па со големо задоволство им подаривме наместо еден букет, цел дрворед кој ќе цвета секоја пролет. За да му www.opstinacentar.gov.mk w ww ww.opstin in nac ace en ntta ar. r.go .g go ov.mk 31


ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ФАСА ДИ се обезбедат оптимални услови, инсталиран е нов систем за наводнување. Карактеристично, пак, за дванаесетте дрвја посадени кај италијанска

амбасада е што ќе цветаат кога сите други прецветуваат. Розов цвет ќе ја украси улицата на крајот од август и почетокот на септември.

Индискиот јоргован ј р н е едн но од поубавите декор ра аттивни и листопадни дрвја со о ср сред дна на висина, идеално за наш аш аше шет ето поднебје. Цвета со пур рпу пур уррно-розови р цветови од јун ју ун у ни до до септември, има дефинир ра ан на крошна кр а и не се с раззгр г анув ва а.. И диск Ин кио от јо јорг ргов ва ан н е зас ас са а-де ен на ули ица цата т „Ос сма ма уд да ар р-на бри рига гада да а“ “,, скв ве ер р Јад адра др ра ан и во пар арко котт во о Кап пиш иште ец. ц. На ули лица цата та „Н На ау ум м Нау аум мо оввск кии-Бо Борч Бо рче“ е“ во но ноем оемвр емвр ем ври бе беа за аса сад де ени н осум умн мнае аесе с т ли ликликквида дамб да мбер мбер ери, и, урб рбан н садни адни ад ник издр рж жл лив ив и оттп пор орен н на зза агга ааден во возд возд дух ух, в ух, ви ис со ок ки и и нис иск ки и темп пер ераттури. ур ри и..


Засадени се: 10 јапонски цреши на улица Максим Горк, 22 јавори на улица Даме Груев, 18 јавори на улица „Ѓорги Пулевски“, 71 јавор на улица „Киро Крстевски Платник“, 40 јавори на улица „Орце Николов“ и 28 јавори кај Кино Карпош

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

33


ФИСКУЛТ ФАСА ДИ УРНИ СА ЛИ

У ЧЕНИЦИТЕ В

ШТО СА ЛИ КАКВИ ШТ

ОУ “Коле Неделковски”

В Во основното училиште „Коле Неделковски“ е реконстриран подот на фискултурната сала со вкупна површина од 300м2. Сменета е подлогата и паркетот, сега направен по светски стандарди за подови во фискултурни сали. Податоците

кажуваат дека откако постои училиштето не е интервенирано на подот. Слепиот под или подлогата е направена од плочи од иверка и финиширана со најквалитетен дабов паркет. За општината е многу значајно реновирањето на фискултруните сали, за да може кај децата од мали нозе да се разбуди интересот за спорт и нормални физички активности да им биде овозможено и во училиштата. Градоначалникот Андреј Жерновски во кусо обраќање,

најави вакви реконструкции во фискултурните сали во сите училишта каде што потребно. Така учениците ќе имаат услови да станат ѕвезди, токму како кошаркарите со кои денес играа петнаесетминутен пријателски натпревар. На денот на пуштањето на салата во употреба, 15 минутен натпревар одиграа училишната кошаркарска екипа и кошаркарите на Работнички. Натпреварот покажа дека меѓу учениците има големи


О ЦЕНТАР СО

О ЗАСЛУЖУВА АТ

таленти. Нивните помали соученици, пак, изведоа програма чиј дел

беа и мажоретките. Да се знае кој ќе биде поддршка на младите кошаркари, во турнирот

меѓу училишните кошаркарски екипи. Поддршката ќе биде неопходна. www.opstinacentar.gov.mk 35


ФИСКУЛТ ФАСА ДИ УРНИ СА ЛИ

ОУ “Песталоци”

Реконструкција на салата по 40 години На празникот на градот, 13 Ноември, на учениците од „Ј.Х. Песталоци“ им беше предадена на користење фискултурна сала со реконструиран под, на кој не било интервенирано цели 40 години. Подот е направен по сите светски стандарди за подови на фискултурни сали, сменета е подлогата и поставен е нов висококвалитетен дабов паркет. Тој е функционален, квалитетен и траен. Неговите предности први ги тестираа кошаркарите од училишната екипа во присуство на кошаркарите на Работнички. Првата петорка на Работнички ги покажаа своите мајстории меѓу кошевите.


ФИСКУЛТ УРНА САЛА ФИСКУЛТУРНА СА ЛА ПО 55 ГОДИНИ

Центарското основно училиште „Гоце Делчев“ за првпат откако постои доби фискултурна сала која е започната да се гради во време на предходното раководство на општината. По повод пуштањето во употреба на салата, градоначалникот Андреј Жерновски, и самиот некогашен ученик во ова училиште, во својот говор рече: „По 55 години, училиштето во кое учев јас, а сега учат моите деца, доби фискултурна сала. Ова е за сите нас голем

ден, зашто спортска сала сонувавме и ние и генерациите пред нас. Конечно, салата за сегашната генерација ученици стана стварност.“ На овој ден, тој, како што рече, зборува како градоначалник, многу повеќе како родител на двајца ученици, но најмногу како ученик кој учеше во ова училиште и пресреќен е што децата добија убава, модерна сала, која е направена по светски стандарди за училишни фискултурни сали.

ОУ “Гоце Делчев” www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

37


ДЕТСКИ ФАСА ДИ ИГРА ЛИШТА

ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ ЦЕЛАТА ОПШТИНА, НОВИ, РЕКОНСТРУИРАНИ, СО ДОПОЛНЕТИ РЕКВИЗИТИ, СОВРЕМЕНИ, ЗА ДЕЦА ОД СИТЕ ВОЗРАСТИ

Н

На територијата на општината, во текот на цела 2014 година се реконструираа детските игралишта, се дополнуваа со реквизите, се поставуваа нови во делови каде што никогаш немало детско игралиште, многу често на барање на граѓаните. Такво е детското игралиште на улицата “Благој Давков” во Дебар Маало, кое се наоѓа во дворот на повеќе згради и кое стана собиралиште на децата од целото маало. Сите игралишта се прават по светски стандарди со подлога и начин на изработка на реквизитите кои максимално ги штитат децата од повреди и прилагодени се на повеќе возрасти. Во другите делови од Центар, реконструирани се три игралишта во Капиштец, едно зад Универзална сала. Санирани се девет игралишта: едно во населбата Пролет, едно кај училиштето “Кочо Рацин”, на улицата “Партениј Зографски” на Водно, едно во Паркот на новинари, во Градски ѕид на булевар “Кочо Рацин”, едно кај Билна аптека и пред кафетеријата “Мистер Џек” во Градски ѕид.


КОНКУРСИ И ИЗЛОЖБИ

ВРАЌАЊЕТО НА „ЕЗЕРЦЕ“ На конкурсот за ново идејно решение за ресторанот “Езерце” во Градски парк што го распиша општина Центар, пристигнаа 25 идејни решенија. Ќе градиме нов ресторан на славата на стариот. Заеднички ќе бидат посилни!

Н

Некогашниот ресторан „Езерце“ е урнатина веќе долго време. Една кафеанска институција во Градскиот парк неправедно е избришана од мапата на градот. Затоа го враќаме и на оние кои имаат спомени од него, и на оние кои допрва треба да ги доживуваат. Општината распиша конкурс

за архитектонско урбанистички проект со идејно решение за објектот „Езерце“. Локацијата на некогашниот ресторан „Езерце“ кај скопјани се уште буди спомени на некогашниот популарен воз Ќиро, со кој се тргнувало од паркот и се патувало до Сарај и назад. Траги од тогашната железничка станица и денеска стојат во Градски парк и треба да се вклопат во идејното решение за новото „Езерце“. Целта е да се изгради не

само нов ресторан, туку грдата слика што сега ја остава, да се замени со ново решение на целиот простор околу објектот. На конкурсот пристигнаа 25 архитектонски решенија, две повеќе отколку за училиштето во Капиштец, а петчлената жири комисија, ги определи најдобрите решенија и додели три награди. Комисијата беше составена од вработени во општината, надворешни експерти и член од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

www.opstinacentar.gov.mk 39


ДЕТСКА ФАСА ДИ ГРА ДИНКА

НА ПЕДЕСЕТТАТА ГОДИШНИЦА, ДЕЦАТА ЌЕ ИМААТ НОВА ГРАДИНКА!

П

Првпат по 40 години, во општина Центар ќе се гради нова градинка. Така, долгогодишните најави и ве-

тувања стануваат реалност. Децата ќе имаат свој простор опкружен со зеленило, четириесетина дрвја и цвеќе и реквизити за играње во

дворот. „Не ја кријам желбата ова да биде најубавата градинка, не само во Скопје, туку и во Македонија“,


ДЕТСКА ГРА ДИНКА рече градоначалникот Андреј Жерновски на поставувањето на камен темелникот на новата градинка „Кочо Рацин“, која се гради на улица „Козара“ во Капиштец. Најголемата населба во Центар имаше насушна потреба од нова градинка, на која мораше да биде одговорено. Така, околу 150 деца на почетокот на летото ќе влезат во нова градинка. Ќе бидат распоредени во девет групи, осум занимални со осум отворени занимални, три јасли, а зборно место

ПОВРШИНА БРУТО 2.677 НЕТО 2.155 КАПАЦИТЕТ 150-180 деца РОК НА ИЗГРАДБА 9 МЕСЕЦИ ГРАДИНКАТА ПОСТОИ ОД 1964 ГОДИНА www.opstinacentar.gov.mk 41


ФАСА ДИ ќе им биде голем амфитеатар, каде што ќе се одржуваат приредби. Ќе биде обезбедена звучна заштита меѓу просториите, проектот предвидува два ката поврзани со лифт, енергетско ефикасна фасада, винилни ѕидни облоги со хидроизолациски својства, високоотпорни на микроби и бактерии, висока заштита од пожар и санитарии адаптирани за деца. Не треба посебно да се нагласува дека градинката ќе изобилува со бои соодветни за деца: од зелена, преку сина, до црвена и портокалова. Ќе биде тоа весела градинка, за весели деца. Градинката ќе биде пуштена во употреба на еден убав јубилеј, 50 години од нејзиното постоење. Матичниот објект бил изградeн во 1964 година токму на улицата „Козара“, и никогаш не бил реконструиран.

www.opstinacentar.gov.mk


ДЕТСКА ГРА ДИНКА

На површина од повеќе од 2.000 метри квадратни се гради градинка од современи материјали, заштитена од пожари, со современа кујна

што треба да произведува 500 оброци дневно за матичната, и двата клона на градинката. Новата градба се гради на местото на бараките

со азбестни ѕидови, радиоактивни и штетни по здравјето, руинирани подови и кујна која одамна го отслужила своето.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

43


ДЕТСКА ГРА ДИНКА ФАСА ДИ ЦЕЛОСНО ОБНОВЕНА ГРАДИНКАТА “КОЧО РАЦИН”

УБАВА КАКО ДЕЦАТА За да бидете во сеќавањата на вашето дете утре, морате да бидете во нивниот живот денес. Барбара Џонсон По 28 години, градинката “Кочо Рацин” (Панорама на Водно) е целосно обновена, уредена, насликана, со нов мебел, ги отвори вратите за своите 130 жители-децата, кои тука го поминуваат своето време. Таа сега може да им биде втор дом. Градинката постои од 1985 година, и се” до оваа есен ништо во неа не беше променето. До реализирање на проектот на општината за комплетна реконструкција, покривите во градинката прокиснуваа, мебелот беше стар, кујната во катастрофална состојба, а слично беше и со дворот, подовите и фасадата. Несоодветното греење ги смрзнуваше децата во зима, а во лето беше толку топло, како да се во дворот. Градоначалникот Андреј Жерновски изјави:”Бев тука пред неколку месеци и бев шокиран од катастрофалната слика на градинката. Покривите прокиснуваа, децата седеа во занимални полни со влага, плочките беа валкани и искршени, за тоалетите и да не зборувам. Пред почетокот на реновирање, од градинката останаа, само ѕидовите. За да го добие сегашниот изглед беа вложени 13.500.000 денари, со кои е сменета водоводната, машинската и електричната

инсталација, реконструирани се санитарните чворови и ставена енергетски ефикасна термичка фасада. Сменета е комплетната столарија, ѕидовите обоени во боите на виножитото, градинката сега има двор полн со нови лулашки, цвеќе и зеленило. Светла чиста и нова, само доби на убавина со муралите по ѕидовите кои четворица уметници, специјалисти за цртање графити. На денот на отварањето децата ја изведоа својата програма и учтиво им се заблагодарија на возрасните за прекрасниот подарок- нова градинка. Им посакавме на сите деца секој ден да им биде толку весел и убав, како што беше овој.


www.opstinacentar.gov.mk 45


ФАСА ДИ

ОМИЛЕНАТА ЛАМПА Н

Значењето на англискиот збор сквер, кој многу често го употребуваме кога зборуваме за нашите урбани интервенции, е сосема соодветен. Англискиот збор square се објаснува како четириаголник меѓу група или блок куќи или мал јавен парк, најчесто среде плоштад во големи градови. Таков е просторот во чие уредување влезе општината на улиците „8. Ударна бригада“ и улица „Лермонтова“, кој завршува со сквер. На него се засадени три јавори и поставени се две кружни клупи, од кои едната служи како основа за детаљ од урбана опрема-лампа. Направена е комплетна реконструкција на улиците. По должината на двете улици и тротоарите е изведено поплочување со вештачки гранит, вештачка калдрма и

бехатон плочи. Поставени се десет клупи и канти за ѓубре и уреден е нов паркинг за жителите на околните згради. Зеленилото е дел од овие новоформирани градски средини, а во овој дел се посадени 13 индиски јорговани и 3 јавори. Така добивме комплетно нов амбиент во еден значаен дел од градот, каде што се наоѓа позната зграда Шкаперда, во која веќе со години е сместена италијанската амбасада. Куќата е споменик на културата изградена 1932 од познатиот романски архитект Жорж Симота, автор на зградата на парламентот во Букурешт и пријател на сопствени-

кот на куќата Михајло Шкаперда. Изградена во романско - бојарски стил со високи таваници, тераса украсена со мозаици и соби со две фрески на Никола Мартиновски, со карактеристична кула која единстеван се урнала во земјотресот. Куќата одолеала и останува сведок на различните архитектонски стилови, карактерстични за предвоено Скопје и во спомен на влашwww.opstinacentar.gov.mk


НОВ АГОЛ

НА СКВЕР „ИТАЛИЈА“

Лампата е висока 3,5м, со можност за ротација, изработена од алуминиумска конструкција. Се држи на кружна клупа со дијаметар од 3м. кото семејство Шкаперда, со потекло од Крушево. Лампата има варијабилна висина од 3 - 3,5 метри и опсег на ротација 180 степени изработена од алуминиумска конструкција, алуминиумско ѕвоно и челични врзувачки елементи. Конструкцијата се држи на основа во облик на кружна клупа со дијаме-

тар од 3 метри, изведена од челична потконструкција, обложена со дрвени масивни елементи. Обоена е во мастило сина електростатска и акрилна боја и има метал-халогенска светилка. До оваа лампа се направени стотици фотографии постирани на социјалните мрежи. Стана незаобиколен дел од центар, место каде што навечер се одмора, се чита весник под нејзината светлина, или се доаѓа само поради амбиентот и да се направи некоја фотографија. www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

47


ФАСА ДИНА „ПЕСТАЛОЦИ“ ПОДОТ ВО АУЛАТА

РЕКОНСТРУИРАН ПО 45 ГОДИНИ

E Едно од најубавите училишта во Центар, Ј.Х. Песталоци, доби реконструирана аула. Од 13 Ноември, познатото место на кое се одржале многу училишни приредби, изложби, натпревари, сега има нов квалитетен под, од кој еден дел е направен како шаховска табла со соодветни шаховски фигури. Аулата сега има двојна функција. Освен што ќе биде поле за натпревари од културата, ќе биде и поле за шаховски натпревар меѓу талентираните

ученици - шахисти, кои тука ќе ги одмерат силите во оваа игра на

меморијата. Првиот потег на шаховскиот под го повлекоа градоначалникот Андреј Жерновски и третоодделенката Михаела Зармановска, првак на Македонија во шах до осумгодишна возраст. Дека ова шаховско поле ќе биде искористено, ни потврдува и фактот што во училиштата во Центар во ноември започна Лига во шах, во која ќе се натпреваруваат седумдесет ученици. Учениците во нашите училишта сакаат да играат шах. Еве уште една можност!


ЧИТАЛНАТА „СЛАВКО ЈАНЕВСКИ“ СТАНА И ГАЛЕРИЈА

Н На 11 јануари, општина Центар и МАНУ во општинската читална одбележеаа два значајни датуми поврзани со името на Славко Јаневски: 95 години од раѓањето и 15 години од смртта на големиот писател, уметник и боем. По тој повод, големиот македонски скулптор Томе Серафимовски и подари на општина Центар седум скулптури во бронза кои се изложени во читалната што го носи името на писателот. „Пресреќен сум што МАНУ и општина Центар заедно го одбележуваат овој многу светол ден за мене, а се надевам и за сите присутни“, рече скулпторот. Скулптурите на академик Серафимовски

ќе бидат трајни белези на Скопје и заедно со книжевните пораки на Јаневски се впишаа во неизбришливата меморија на нашиот град. Меѓу седумте скулптури се најде и портретот на Јаневски и најсимболичната, „Рака со книга“. За делото на Славко Јаневски зборуваше академик Катица Ќулафкова, а во име на МАНУ академик Влада Урошевиќ. Го чуваме во оваа читална делото на Славко Јаневски, со што ја надминуваме фрустрацијата, како што рече градоначалникот Андреј Жерновски, дека неговите собрани дела ги поседува само Националната библиотека во Вашингтон. Славко Јаневски е најголемиот про-

рок во историјата на македонската култура, а неговото дело трезор на колективната историја на македонскиот народ. Прочитајте го расказот „Самураи“, рече Влада Урошевиќ, тоа е најдобриот спомник на нашиот град и врв на прозното мајсторство. Посетете ја нашата читална. На ѕидот меѓу вредните скулптури на Серафимовски е закачена една од најубавите песни посветени на Македонија. Се вика „Мера“: Педа небо, чекор нива, сон на дланка, капка море, грст ’рж, дива беломагла, нишка танка, здив на луња, ветер в грло, жеден бунар, гладно грло – тоа е Македонија.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

49


НАГРА ДИ ФАСА ДИ

ВО СЕДУМТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ

О

Образованието е мост меѓу семејството и општеството. Напредно образование значи напредно општество. Затоа, општина Центар од оваа година воведува награди и пофалници за најдобрите ученици-осмоодделенци и нивните одделенски и предметни наставници, во седумте основни училишта на нејзина територија. За првпат се воведува вреднување на наставниците и учениците, во деновите кога се чествува делото на браќата Кирил и Методиј, 24 мај - Денот на просветителството. Училиштата не се само неподвижни градби низ чии училници и

ходници минале илјадници деца. Училиштата живеат токму низ илјадници спомени на тие ученици, во сеќавањата на оние кои изживеале дел од приказната на светите Кирил и Методиј, за словенската култура на Балканот, за Скопје, за Македонија. Токму затоа се востановени и овие награди. Да покажат како треба да се одржува врската помеѓу наставниците и учителите во училиштето, вториот дом на децата на кои сметаме во иднина. Градоначалникот Андреј Жерновски, пред да им ги додели наградите на седум ученици и 14 нaставници, во својот говор истакна: „Сметам дека она што денес ќе го вложиме во образованието утре десетпати ќе ни се врати, дека наградените наставници и ученици ќе знаат да ги мотивираат своите соученици и колеги. Од сите вложувања, најдобро е вложувањето во обазованието. Критериумите за наградување ги востановивте

самите, впрочем, вие најдобро се познавате, и, верувам, дека ги избравте најдобрите меѓу вас“. Свеченото доделување на наградите се одржа во училиштето Ј. Х. Песталоци, а учениците од повеќе центарски училишта ги покажаа своите умешности во рецитирање, пеење и свирење. Од оваа година ќе се доделува, пофалница и парична награда-15.000 денари за учениците и една просечна плата за наставниците. Секое училиште ги формираше своите критериуми за најдобар ученик и наставник. Комисијата определи дека критериуми за учениците ќе бидат континуиран одличен успех, примерно поведение, активно учество во слободни ученички активности, добро однесување кон наставниците,исполнителност, редовност, учество во натпревари и освоени награди, а за наставниците, работно искуство во образовниот процес, посветеност и придонес


НАГРА ДИ во работата колегијалност комуникативност, учество на настани кои придонеле за афирмација на училиштето, учество на натпревари и освоени награди.

За учебната 2013-2014 година, наградите отидоа во рацете на овие професори и ученици: ОУ Кочо Рацин: ученик Јана Серафимовска, одделенски наставник Цвета Тунеска, предметен наставник Љиљана Димовска. ОУ Гоце Делчев: ученик Мина Брајаноска, одделенски наставник Снежана Васкова, предметен наставник Слобода Покупец. ОУ Ј.Х. Песталоци: ученик Катерина Маринковиќ, одделенски наставник Марија Бошкова, предметен наставник Снежана Велкова. ОУ Коле Неделковски: ученик Геле Робев, одделенски наставник Весна Џатевска, предметен наставник Светлана Ставревска Ивановска. ОУ Димитар Миладинов: ученик Антонио Андоновски, одделенски наставник Ирена Пешевска, предметен наставник Митра Цилевска. ОУ 11 Октомври: ученик Мија Јовчевска, одделенски наставник Жаклина Блажева, предметен наставник Златко Петковски. ОУ Кирил и Методиј: ученик Борис Јаневски, одделенски наставник Дијана Илиевска-Ковачевска, предметен наставник Милан Јанкоски.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

51


ПРОЕКТИ ФАСА ДИ

“УЧИЛИШТЕ-ПАРК” ВО КАПИШТЕЦ!

E

Еден од најкрупните градежни потфати ветени од градоначалникот Андреј Жерновски, а со години е пуста надеж за 5 000 жители на населбата Капиштец, влезе во завршна фаза. Ќе градиме училиште во Капиштец, за кое на конкурсoт што го распиша општина Центар, пристигна 21 идејно решение. Колку е голем одзивот на архитектите, кои имаат своја идеја како треба да изгледа и функционира новото основно училиште, покажува една споредба: за решение на надградба на Собранието на Македонија пристигнале само 6 решенија. Сите овие години, и покрај ветувањата на централната и локалната власт, децата од населбата Капиштец остануваа без свое училиште. Училиштето што ќе го изградиме ќе има 20 училници, кабинети, фискултурна сала, надворешни терени,

простории за работа на отворено и голем двор со зеленило. Затоа, распишаниот конкурс за идејно решение, насловен со „Училиште парк“ , беше инспирација за идејни решенија, кои предвидуваат зеленило и на покривот и сала за организирање културни настани, како стакленик во паркот. Училиштето ќе може да прими 500 ученици. На конкурсот пристигна 21 идејно решение. Првата награда ја доби архитектот Бесиан Мехмети и соработниците Стефан Атанасоски, Никола Кунгулоски и Арменд

Хебити. Втората награда ја доби идејното решение на архитектките Бранислава Ѓорѓевиќ, Елена Пазарџиевска, Биљана Смилевска, Марија Димитриевска и Стефан Тодоровски. Откупени се и три идејни решенија. На изложба во Музеј на град Скопје, беа изложени сите пристигнати решенија, кои беа презентирани и во каталог. Градоначалникот Андреј Жерновски, по тој повод истакна: „Во седумдесеттите години на дваесеттиот век, како во еден здив се реализира густа структура за домување, но просторот од ОУ „Ј.Х. Песталоци“ - на север, до ОУ „Кочо Рацин“ - на југ, остана без тежишна точка која ќе ја држи рамнотежата. Во меѓувреме нови и нови генерации основци остануваа без свој мемориски училишен код. Сето тоа беше предизвик за мене кога се кандидирав за градоначалник на нашата општина. А кога на предизвикот ќе одговорите соодветно тогаш се“ доаѓа на свое место. Кога се согласувате да го земете ракописот на оваа сегашност во раце, да го прочитате, во тој миг ја земате и обврската тоа да го пренесете и во нашата иднина“.


ДЕН НА ОПШТИНАТА

НАШИТЕ УЧЕНИЦИ ИГРАА КОШАРКА,

ПРАЗНИЧНО СИТЕ БЕА ВО САЛАТА

“ГРАДСКИ ПАРК”!

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

53


ФАСА ДИ

Н

На 5 Номври, Денот на општина Центар, во салата „Градски парк“ се одржа пријателски кошаркарски натпревар меѓу екипите на двете центарски основни училишта „11 Октомври“ и „ Коле Неделковски“. Се чини, празникот не можеше подобро да биде прославен.

Натпреварот го следеа околу 600 ученици од сите основни училишта на територијата на општината, а во публиката се најдоа и нивните директори и наставници, советниците во Советот на општината и многу други гости. Младите кошаркарски надежи играа под будното око на своите идоли, ко-

шаркарите на КК „Работнички“, кои на крајот на терен ја покажаа и својата умешност. Градоначалникот Андреј Жерновски, им се заблагодари на учесниците и присутните, и им подели пригодни подароци на учесниците во натпреварот.

www.opstinacentar.gov.mk


УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ИГРИ “ЦЕНТАР ЦЕНТАР 2015”

П Повеќе од 350 ученици од седумте основни училишта ќе се натпреваруваат во кошарка, фудбал, ракомет, одбојка за девојчиња и шах. Домаќин на стартот на училишните спортски игри „Центар 2015“ означен со кошаркарски натпревар меѓе екипите на училиштата „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“, беше училиштето „11 Октомври“ во населбата Пролет. Во забавниот дел од програмата учествуваа, танчари, гимнастичари и пеачи. Во преполна сала имаше околу 600 ученици и други гости. Меѓуучилишните натпревари ќе траат во текот на целата учебна година, а првиот кошаркарски натпревар покажа вистински таленти за кошарка.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

55


ФАСА ДИ

ЕДНАШ ШАМПИОН,

З

Зошто кон кошаркарскиот клуб Работнички треба да се однесуваме со должна почит? Како поинаку би можеле да се однесува-

ме кон најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија. Легендите треба да продолжуваат да се пишуваат, наместо да заминат во историјата. МАЛКУ ИСТОРИЈА Затоа што во својата долга историја ги има освоено сите титули што може некој кошаркарски клуб да ги освои. -Клубот е формиран 1946 го-

дина, веднаш по војната, а неколку години подоцна станува член на првата федерална А лига на СФРЈ. Од 1964 - 1990 година е постојана членка на оваа лига. Во сезоната 75-76 година е учесник во финалето на Куп на Југославија, 91 - 92 година учествува во ЈУБА лигата во рамките на СФРЈ. Од 1992 година до денес учествува во македонската национална лига, во која беше шампион 14 пати, и 8 пати победник на Купот


КК Работнички

СЕКОГАШ ШАМПИОН на Македонија. -Претходното раководство (2010-2012) со лошо менаџирање последниве години го остава тимот во долгови од 9 милиони денари, неисплатени плати за кошаркарите и стручниот штаб. Клубот во овој период е оставен без спонзори и без навивачка група. СЕЗОНАТА 2013 - 2014 Она што сите го посакувавме се случи. Последното коло на Првата лига од шампионатот Работнички го заврши на прво место со 15 победи и само еден пораз. Новото раководство на Работнички со помош на општина Центар по цели 20 години ја реновира салата во Градски парк и помошните простории. По толку натпревари, борба, тага поради загубени, и среќа поради добиени битки, Работнички

минатата сезона заврши во финалето на плејоф натпреварите. Работнички го освои второто место во кошаркарската Супер лига, остварувајќи си ја желбата да ја има предноста на домашен терен во полуфиналните пресметки од плејоф натпреварите. СЕЗОНА 2014 - 2015 Работнички состави тим кој ќе атакува на долгоочекуваната 15 титула. Во подготвителните натпревари Работнички ги совлада сите сите домашни и странски тимови, со кои играше пријателски натпревари. Покрај напорите да се обезбеди клубот со најдобра опрема и да се сервисираат долговите оставени од минатото, младинската школа е вратена на старите патеки и во Работнички денес тренираат деца од различни возрасти. Само оваа година се

запишани 300 деца, а се очекува бројката да расте. КК Работнички е еден од ретките македонски клубови, кој се спротистави на проектот за анагажирање на шест странци. Од сите македонски клубови, тој има најмногу домашни играчи во своите редови. Со тоа потврдува дека секогаш ќе застане на страната на македонските кошаркари кои се иднината на македонскиот баскет. Првиот дел од сезоната Работнички го заврши како единствен тим без пораз на терен. КК РАБОТНИЧКИ СЕЗОНА 2014-2015 Стручен штаб Марин Докузовски - шеф на стручен штаб Марјан Србиновски - помошен тренер Марко Величковиќ - помошен тренер Кристијан Кајчевски - кондиционен тренер ИГРАЧИ Тодор Гечевски Ѓорѓи Чековски Димитар Мираковски Дарко Соколов Јане Петровски Милијан Павковиќ Игор Бјелиќ Ивица Димчевски Марјан Ѓуров Ристе Стефанов Ненад Станков Илин Веселковски www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

57


ФАСА ДИ

ПАРК ЗА СИТЕ ВКУСОВИ, КОЈ ЌЕ ГО САКАМЕ, ЗА СЕКОЕ ГОДИШНО ВРЕМЕ, ЗА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО

П

Паркот Капиштец се простира на 20 000 метри квадратни. Тоа е вантрешен парк кој се наоѓа

меѓу 12 згради а граничи со улиците „Васил Ѓоргов“, „Франклин Рузвелт“, „Народен фронт“. -Во склоп на зелените површини се изведени конфигурации на терен, со цел да се формираат композиции од различни растенија. -Најголем дел од растенијата се цвтени грмушки и перени кои

цветаат во различни делови од годината, а се садат во групации - енклави. -На неколку места се садат високи украсни треви кој се новина во изгледот на паркот и ќе придонесат за неговиот современ лик. -На различни локации се посадени и луковици за пролетно цвеќе, кое цвета во различен

www.opstinacentar.gov.mk


Нов парк воКАПИШТЕЦ

период и под широките крошни на дрвјата во пролет ќе внесе боја и свежина. ИДЕЈАТА ЗА ПАРКОТ Со оглед на голем број видови садници, тој претставува

мала ботаничка бавча со табли на кои има опис на растенијата што се засадени. Во групации се засадени 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки, 430 зимзелени декоративни грмушки, 4.100 перени (украсна трева) 870 ниски украсни треви,

18 зимзелени дрвја и 104 листопадни грмушки. Уште многу зеленило се најде во паркот, каде што во две детски игротеки на отворени за деца од две различно возрасти, игралиште за кошарка, многу клупи и две фонтани со подни прскалки,

ПА А РК К ОТ К АП А ИШ Ш ТЕ ЕЦ ВО О Б РО Р ЈК Ј И И ФА ФАКТ К ТИ КТ И - Па Парк ркот рк от е н а по повр вр р ши и на а о д 20 20.0 .0 0 00 ме е тр три и кв квад адра ад ратн ра тни тн и - 12 2 .0 .000 0 м ет 00 етри р к ва ри ад др р ат а т ни н и с е зе зеле ле-ле на п ов в рш ши ин на - 2.. 0 00 0 0 ме ме етр тр ри к кв в адр ад д ра р а тн т н и е по о пл л оо чув чу у ва в а ње - Д ве -Д е д етт ск ски и иг и ра р ли лиш ш т а за з а д ец е ао од д д в е ра разз л ич ч ни н в озра о з ра оз р ст сти и -К -Кош К оша о ш ар ош а р карс ка а рс рско к и гр ко р ал алиш и ш те иш т е с о со оод д ве в етн е тна а подл по о дл д огг а за т аков ак к ов о т ип ип на сп с п орт ор - Дв Д еф фо нт нтан ан ани н и со п од одни ни пр рс р с ка к алк а лк л и - У Ур р ба б на о п пр р ем ема: а : к лу у п и, и корп ко о рп рпи, и, пар па ркир рк ир р ал а иш ишта та з а ве в ело лоси ло си и пе е ди ди - Дв Два а ти т па п о св с етлу етт лу лување њ е : ам м биен б и ен би ен-тта а лн алн л н о и ви в и со висо с ко к о св в ет е т лу л вањ њ е с о ка а нн де д е ла л абр а бр бри и - Ме М тта а лн л ат ата а ог огра ра рада а да е зам м ен е н ет е т а со с у ик ун икат атна ат на а о гр г ад ада а од о л а м ел е ли и р ан н и др дрвени ве ни и г ре реди ди ди, и , со с д ел е ов о и зза а с е д ењ е њ е на а п те па тека ката ка та а с ев ве ер р -ј -југ уг. уг -Пос -П оста ос с та таве вен ве неа ав в то т ма а тс с ки к и с истте т е м за по о ле лева в ање ње ње, е , ис иско ко оп па а ани ни и с е два д в а бу дв бун на а ри ари р од к ои о и п рс р калк кал ка лк к ите и т е ќе ит ќ ц рп п ат а т ех е ни ниничка чк к а во в о да а з а на а во в д дн ну ув в ањ а е

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

59


Нов парк ФАСА ДИ во КАПИШТЕЦ можат да уживаат жителита на најголемата населба во Центар и сите други посетители. Едно од најубавите цветни дрвја магнолијата цвета во текот на цело лето. Од ова цветно дрво има преку 200 видови, а во нашиот парк ќе уживаме во три од нив. Паркот е замислен да ги задоволи сите вкусови, ќе има за секого по нешто, ќе живее во секое годишно време, ова е парк за целото семејство. Има различна боја во секој дел од годината и тревна површина од 12.000 метри квадратни-најголемиот природен зелен ќилим во Центар. КАКОВ ПАРК ЗАТЕКНАВМЕ -Санитарна сеча на исушени високи растенија кои претставуваа опасност, сечење на неплански и нестручно садени дрвја. Исечени се ореви, кои не само што ја поклопуваа декоративната вегетација, особено еден вид борови,туку ја затвораа и визурата на паркот, а испуштањето на супстанцијата југлан, ја уништуваше целата ниска вегетација и трева околу нив. -Паркот е комплетно исчистен од сите корења на дрвјата, кои биле сечени и потоа оставани, и освен што даваат слика на запуштен парк, претставуваат опасност за децата. Сега паркот изгледа уредно и конечно професионално се погриживме за него: сите гранки од дрвја се искроени до височина на стебло од 4 метри, паркот е прегледен, а светлината ќе допира до тревата, грмушките и покривачите, веќе присутни

Земјани работи 1. Во рамки на земјаните работи извршено е собирање, утовар и одвоз на стариот тревник. Паркот доби целосно свеж лик со тоа што беше изваден целиот тревник (извршено е фрезирање на површината, нанесен е тенок слој на хумусна земја на која се посадени 90 видови различни садници и луковици од лалиња, зумбули, нарциси и мускари. За да се изработи тревникот изведено е рамнење на теренот, посеана е трева, а истовремено, засадени се дрвја, средни грмушки, ниски грмушки, перени и новопроектирани дрвја. Направена е и дополна на веќе постоечките грмушки и покривачи. 2. Извршено е ѓубрење на теренот со вештачко ѓубриво, изработен е тревникот со рамнење на теренот и посеани се три различни видови трева, по испитувањето на теренот во зависност од тоа дали ќе расте под сенка или на сонце. На конфигурациите на неколку места во паркот каде што се наоѓа определена селекција на растенијата е поставен и мулч од природно дрво во кафеава боја, распослан во слој со дебелина од 5 сантиметри. Градежно-занатски работи 1. Демонтирана е целокупната постоечка урбана опрема клупи, корпи и канделабри. Освен што се демонтирани, тие се исчистени и санирани. 2. Изведено е кршење на постојните армирано бетонски темели, извадени се, одвезени и складирани постојните павер елементи од патеките и плоштатките. Собран е сиот шут и непотребни материјали, кои се наоѓаа на целата површина од 20 000 метри квадратни парк. Направен е рачен ископ на земја на површина за нови патеки во длабочина од 30-50 сантиметри, во тесен обем. Ископаниот материјал е транспортиран до депонија.

или накнадно засадени. Уредни се и грмушките во паркот, кои ги пречекаа своите блиски по род нови грмушки. -Исчистен е целиот шут во околината на зградите - Кај високата вегетација се додава само на зимзелени украсни дрвја кои не растат високо и во пролет пуштаат црвени лисја што ќе обезбеди колорит и контраст со предоминантната зелена боја во


Водоводни инсталации во паркот

пракот. - Покрај новопроектираните патеки и во слободните простори се посадени листопадни дрвја за внесување боја во пролет и лето.

Бидејќи во паркот има две подни фонтани со по четири прскалки, чешми за вода и автоматски систем за наводнување, за водоводната мрежа е направен ископ на земја од трета категорија на длабочина од 0,3 метри, за канализациски ровови и за поставување на водоводни цевки за фонтани и чешми. Ова е извршено 80 отсто машински и 20 отсто рачно. Поставена е потопна пумпа за фонтана со капацитет до 50 литри вода. Проектирана е површина за наводнување од 11 400 метри квадратни на која со вода треба да се снабдат две фонтани и три чешми за пиење. За наводнување на зеленилото во паркот е предвиден систем со „поп - ап“ прскалки. Со оглед на големината на површината што треба да се наводнува, таа е поделена на 23 зони во кои наводнувањето се врши посебно. Работата на системот е автоматизирана, а при проектирањето на инсталациите за наводнување прво се проучени климатските услови за дефинирање на потребната количина вода, посебно за топла и сува клима. Проширување на патеките Со новото решение е направено проширување на постоечките патеки по оската исток - запад, со означена зона за движење на велосипеди. Проширувањето на патеката е направено со зона на урбана опрема и дрвја. Долж двете ортогонални патеки се означува зона со различен вид завршен материјал, со кој се поплочени пешачките патеки. Во изминатите години патеките биле поплочувани со различни датуми, и секое додавање или поправање на патеката е правено без решавање на потегот како целина, што со новото поплочување е исправено. Пешачките патеки сега се една унифицирана целина, поплочена во ист материјал.

www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk 61


ФАСА ДИ

Во “Град во градот 2” на 30 и 31 јануари настапија: Ареа, Игор Џамбазов, Сарс, Тамара Тодевска и Ван Гог


www.opstinacentar.gov.mk www.opstinacentar.gov.mk

63


ФАСА ДИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.