Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Page 1

Автор: Ахмед б. Осман ел – Мезјед Наслов на оригиналот: Мухаммед Ресулуллах Превод од босански јазик: Тимур Чековиќ Рецензија и лектура: Елена Тренчевска-Чековиќ ДТП & Дизајн на корици: Џенан Шкоро Штампа: Тираж: 100

Повик кон вистината www.povikkonvistinata.org



Мухаммед ‫ﷺ‬ Аллаховиот Пратеник

Скопје, 2016.



Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Наместо предговор Откако Возвишениот Аллах го одбрал Мухаммед, синот на Абдуллах, од племето Курејш за Свој Пратеник на целиот човечки род, се реализира еден од Неговите суннети, а тоа е преживувањето на Пратеникот, алејхи селам, (како и сите претходни 124.000 пратеници и веровесници), да биде навредуван, прогонуван, физички напаѓан, обвинуван дека лаже, клеветен и сл. Меѓутоа, Возвишениот Аллах го возвишил над сето тоа спасувајќи го од сето тоа и подарувајќи му ја единствената победа во човековата историја: човекот кој бил протеран со најмногу угнетуваните и социјално исклучени луѓе од тоа време, после само неколку години, се враќа како целосен победник. И тоа оној кој им простил на сите оние кои му ги чинеле тие злодела. Уште повеќе, Мухаммед ‫ ﷺ‬доживеал целиот Арабиски Полуостров да го прифати исламот, како и бројни други краишта на тогашниот свет. Значи, тој во потполност го доставил посланието и ја исполнил мисијата со која бил задолжен. Тоа го посведочиле десетиците илјади муслимани присутни на Прошталниот аџилак, откако запрашал сите нив: „Дали ви го доставив посланието?!“ И тогашните муслимани сведочеле за оваа голема вистина: Мухаммед е Аллахов Пратеник! Од еден угнетуван, навредуван, протеруван човек, кој незнаел ниту да чита ниту да пишува, настанал денешниот Уммет (народ) кој брои 1,8 милијарди припадници и следбеници!!! Кога само би била разбрана важноста на овој факт, би ни било доволно за да посведочиме дека тој е навистина Божји Пратеник. Сепак, нападите насочени кон него и по неговата смрт, како и кон Куранот, неговиот суннет, исламот и муслиманите воопшто не престанале. Напротив, во одреден период биле и поинтензивни и спроведувани на најнехуман начин, во најмонструозни форми кои човечкиот ум не може ниту да ги замисли.

5


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

За жал, денес Мухаммед ‫ ﷺ‬се навредува на разни начини, тоа всушност не е со цел негово лично навредување, туку преку тоа сакаат да се навредат сите негови следбеници, кои сепак, благодарејќи Му на Аллах, секојдневно ги има сè повеќе и повеќе! Пратеникот ‫ ﷺ‬во наше време е навредуван со различни карикатури, обвиненија, памфлети, и со што уште не! Меѓутоа, очигледно е дека за него ниту денес доволно не се знае, иако е единствен пратеник кој е „роден под полна светлина на историјата“. Општо е познато дека луѓето се плашат од работите што не ги познаваат. Во врска со тоа, делото кое е пред нас е едно од многуте важни дела за сите нас денес. Пишувано е со лесен стил за сите оние коишто сакаат да го запознаат Мухаммед ‫ – ﷺ‬Аллаховиот Пратеник. Без оглед дали се муслимани или немуслимани. И навистина, по првото читање на ова дело останав фасциниран со леснотијата со која овој автор пишува, со приемливоста со која наведува ова дело да се прочита во еден здив. Во ова дело се наведени суштинските одредници на Пратениковата ‫ ﷺ‬мисија низ која, без нималку сомнеж, се гледа неговото пратениково руво. Преведувачот на ова дело, професор Сенад Мухиќ, кој навистина одлично ја одработил својата работа, ме почести со можноста делото го погледнам и да бидам уредник за печатење на истото на босански јазик, откако истото беше, и остана достапно на www.islamhouse.com. Верувам дека ова дело доаѓа во најдобро време и верувам дека тоа што нам ни треба се многу повеќе вакви дела, бидејќи ваквите дела се всушност најдобар одговор на сите кои го мразат, на сите рушители, карикатуристи, кројачи на завери и на останатите, но исто така е и најдобар патоказ за муслиманите, како најдобро да го следат својот сакан Пратеник, ‫ﷺ‬. 4.4.2015 година Султан Ахмедовата, Сина џамија, Истанбул Доц. Др. Есмир М. Халиловиќ

6


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Вовед Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Возвишениот, и нека е салават и селам на Пратеникот Мухаммед, неговото семејство, асхабите и неговите следбеници... Современиот човек има голема потреба за спознавање на историските големци кои на светот му сториле големи услуги, сториле најдобри дела и биле со најдобар морал. Нема сомнеж дека најдобри помеѓу споменатите Аллахови пратеници и Веровесници, кои Тој ги избрал и им дал посланија, на самото чело се наоѓаат оние пратеници кои се познати како Улу-л- азм1, а тоа се Нух (Ное), Ибрахим (Аврам, Абрахам), Муса (Мојсеј), Иса (Исус) и Мухаммед, нека е Божји благослов и мир на Аллах врз нив2. Муслиманите се должни на сите народи во светот да им го претстават Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬3 како и оние вредности кои тој му ги оставил на човештвото, што дало огромен придонес во поправање на траектоијата и нејзино насочување кон исправниот пат и природата на човекот, т.е. донесување на потполна промена во верскиот, политичкиот и општествен план, што го потврдиле и многу западни историчари од висок ранг. Навистина, најдобро средство за запознавање на нашиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬е неговото запознавање преку неговите зборови, постапки и ситуации низ коишто минувал, а кои оставиле големи траги во целиот свет; сето тоа е негова биографија, личност и мисија. „Вие ќе ги познаете по нивните резултати.“ 1 Улу-л-азм се особено избрани пратеници помеѓу сите останати пратеници и веровесници. (забелешка на уредникот.) 2 Една од поубавите работи кои исламот ги пропишува е откако ќе се спомене било кој Аллахов Пратеник или веровесник да биде проучена кратка дова: „алејхи селам“ што значи: „да биде врз него Аллаховиот благослов и мир“. Кога ќе се спомене името на Аллаховиот Пратеник Мухаммед, (‫ )ﷺ‬, после неговото спомнување се учи таа дова т.е. алејхиселам или пак саллаху алејхи ве селем. На арапски тоа би изгледало вака: „(‫“ )ﷺ‬. 3 Особено во ова време кога некои муслимани ја искривуваат сликата за исламот, неправедно напаѓајќи ги животите и имотот на луѓето, со терористички и бомбашки напади, со киднапирања, а сето тоа во име на верата, а исламот нема никаква врска со тоа.

7


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Ова сакав да го појаснам во оваа книга,4 така што се ослонив на одредени преданија на Пратеникот ‫ ﷺ‬за многубројни теми, теми потребни на современиот свет. Исто така, целта ми беше на читателот да му стане јасно колкава е потребата на целото човештво за примена на тие изреки во вистинскиот живот, бидејќи корист од тоа ќе имаат и поединците и општеството, државата и целото човештво, а тоа е она кон што повикувале сите веровесници и пратеници. Оваа книга, која ја пишував 3 години, е плод на научни собири на кои учествував во Велика Британија, Германија, Австрија, Данска и Шведска; целта на тие собири беше запознавање со Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬и јакнење на позицијата на сите останати пратеници. Тежнеев оваа книга да биде почеток на една енциклопедија на убавините на исламот, низ кои сакам да ја појаснам величественоста, особеноста, одликите и интенциите на исламот како вера и неговиот Пратеник Мухаммед ‫ﷺ‬. Човештвото денес е во најголема потреба за спознавање на исламот и вредноста на Неговиот Пратеник и постапување во склад со тоа. Во исламот се наоѓа вистинската среќа за човештвото, на овој и на оној свет, убав живот и лек за сите проблеми. По мое видување, ширењето на овие убавини преку сите расположливи средства: видео, аудио и во пишана форма, нивното доставување на целото човештво на главните светски јазици е најдобро средство за одговор на нејаснотиите кои се шират во врска со исламот, Аллаховиот пратеник и светите места на муслиманите. Пишувањето го започнав со потврдата дека почитувањето и уважувањето на сите веровесници е дел од муслиманското верување, бидејќи еден човек не може да биде муслиман доколку не верува во сите Божји Пратеници и веровесници. Аллаховиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬појаснил дека веровесниците се браќа, дека верувањето им е едно, а тоа е теухидот (монотеизмот) т.е. дека законите им се различни. Уште како додаток на тоа што е кажано, почитување на веровесниците и пратениците во денешно време е неизбежна потреба за човештвото како би биле промовирани заедничките вредности помеѓу народите на светот. Поради тоа, донесување на закон со кој се казнува секој оној кој ги навредува пратениците е обврска која мора да ја донесат Меѓународните светски организации за човекови права со што би се сочувала вредноста на пратениците и веровесниците и на тој начин би се сочувал и мирот во светот. Оваа книга е поделена на предговор и четири поглавја: 4 Моментално се приведува кон крај преводот на оваа книга на неколку светски јазици: англиски, француски, германски и шпански.

8


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Прво поглавје: Во него говорев за одредени права во кои што се спомнува Аллаховиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬и спомнав неколку негови хадиси кои говорат за правата на жените, децата, родителите, потомството, личностите со посебени потреби, старите, слугите, робовите, гостите, сирачињата, соседите и др. Второ поглавје: Во ова поглавје спомнав неколку изреки на Аллаховиот пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬врзани за убавото однесување и добрите особини како што се: праведноста, сомилоста, благоста, соземеноста, храброста, понизноста, извршување на обврските, сигурноста, умереноста, урамнотеженоста, одговорноста, самоопресметувањето, почитување на човекот, убавото однесување, искреноста, љубовта, доброволната работа (волонтерство), отстранување на неправдата и борбата против неа, умор и др. Трето поглавје: Спомнав некои изреки на Аллаховиот пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬кои предупредуваат на штетноста на неубавото и лошо однесување и постапки, како што се: убивањето, предавството, лутината, застрашувањето на луѓето, мамењето, чинење неправда помеѓу луѓето, шпионирање, лошо мислење за некого, корупцијата, претерување со надворешноста, мрзеливоста, самоубиството, неправедноста, непријателството и др. Четврто поглавје: Во ова поглавје имам споменато изреки од Пратеникот ‫ ﷺ‬кои се однесуваат на лекување на некои современи проблеми како што се тероризмот, насилство во семејството, душевна празнотија, загриженост, депресија, опојни средства, проституција, дрога, сиромаштво, проблем на околината и слично. Оваа книга содржи повеќе од седумдесет и две теми и четиристотини изреки на Аллаховиот Пратеникот, ‫ﷺ‬. Начинот на кој ја пишував книгата е следен: 1. Ги избрав најбитните теми кои се потребни за нашиот современ свет и ги поделив во споменатите 4 поглавја. 2. Наведов веродостојни изреки на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬за секоја тема и дадов краток коментар за истото. Целта на оваа книга нема да се исполни доколку сите заедно не учествуваме во запознавање на животописот и нашиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬и неговиот благословен суннет (пракса) и преку нашите

9


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

дела пред зборовите да го повикаме човештвото кон тој суннет. Тоа е најдобро средство за запознавање со Аллаховиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬и за негово вистинско помагање која е обврска на секој еден муслиман и муслиманка. Јас почитуван читателу, се надевам дека ти, читајќи ја оваа книга, ќе го запознаеш животописот на Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬ неговите изреки и ставови, како што и сториле некои од научници од Западот, немуслимани, заради тоа и кажале многу изреки кои укажуваат на нивно величање на Пратеникот ‫ ﷺ‬одушевеност со неговата личност и одушевеност со неговите особини и однесување према луѓето. Еден од тие е и англискиот книжевник Џорџ Бернард Шоу (George Bernard Shaw) кој кажал: „Обврска е за Мухаммед да се нарече спасител на човештвото, а јас сум убеден кога некој сличен на него би го презел водството во светот би се решиле многу проблеми на начин на кој човештвото би им донел многу среќа.“5 Вели германскиот книжевник Гете (Goethe): „Барав најдобар пример за човештвото па го најдов во Пратеникот Мухаммед.“6 Aмериканскиот историчар Вил Дурант (Vill Durant) вели: „Кога би пресудувале кој големец оставил најголема трага на луѓето, тогаш би кажале дека Мухамемд во историјата бил еден од најголемите големци.“7 Современиот американски научник Мајкл Харт (Michael Heart) вели: „Мојот избор за Мухаммед како најважна историска личност можеби изненади многу читатели до таа мера што предизвика некои потпрашувања. Меѓутоа, мое убедување е дека Мухаммед е единствената личност која имала најголем и најизразен успех на двата плана и во верски и световен смисол.“8 На крајот да се заблагодарам на мојот универзитет „Крал Сауд“ како и на Светскиот центар за запознавање со Пратеникот и неговото помагање. Исто така, се заблагодарувам на моите студенти и студентки кои учествуваат во саудискиот проект за студирање во странство, за нивниот придонес во оваа книга. Јас сум убеден дека тие ќе учествуваат со мене во доставување на содржината на оваа книга, на своите колеги од студиите и другите луѓе, по пат на разни средства: преку разговор со нив, држење говор во одделенијата, преку предавање, курсеви за запознавање на Пратеникот ‫ ﷺ‬мини саеми за кои се одбира материјалот од оваа книга или пак се вадат фрагменти и се објавуваат на интернет или пак преку подарување на примероци од оваа книга. 5 George Bernard Shaw, The Genuine Islam 6 Guethe, West-östlicher Diwan. 7 Vill Durant, The Story of Civilization, 13/59. 8 Michael Heart, Тhe 100: A Ranking of the Most Influential Persons in History.

10


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Го молам Аллах оваа книга да ја постигне целта поради која е напишана, и на сите да им подари среќа и на овој, а и на идниот свет. Напишано во чесната „реуда“ во Пратениковата џамија во среда 15-ти Рабиул-ахира, 1431 х.г Др. Ахмед ибн Осман ел Мезјед Професор на исламски студии на педагошкиот факултет на Универзитетот „Крал Сауд“ и основач на Светскиот центар за запознавање со Пратеникот ‫ ﷺ‬и негово помагање при Светската исламска лига. aalmazyad@ksu.edu.sa

Предговор 1.

Животот на Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬во неколку редови.

2.

Веровесниците се браќа.

3. ‫ﷺ‬.

Владетелот на Византија, како пример за запознавање на Пратеникот,

4. ‫ﷺ‬.

Владетелот на Абесинија9, како пример за запознавање на Пратеникот,

5. Примерот на познатиот еврејски рабин, заради запознавање на Пратеникот Мухаммед, ‫ﷺ‬.

9

Денешна Етиопија.

11


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Животот на Аллаховиот Пратеник Мухаммед ‫ﷺ‬ во неколку редови Неговото потекло Неговото полно име е Ебул Касим, Мухаммед б. Абдуллах б. Абдулмуталиб б. Хишам б. Абдуменаф б. Кусај б. Кулаб б. Мурре б. Кабб б. Луејј б. Галиб б. Фихр б. Малик б. Ен Надр б. Кинане б. Хузејмех б. Мудрекех б. Илјас б. Мудар б. Низар б. Меадд б. Аднан, а Аднан е од лозата на Исмаил синот на Ибрахим нека е мир и спас врз него. Неговата мајка е Амина бинт Вехб б. Абди- Менаф б. Зухре б. Кулаб.

Раѓањето на Мухаммед ‫ﷺ‬ Се родил во Мекка во годината кога Абраха ел Ешрем ја нападнал Ќаба за да ја сруши, а таа година одговара на 570/571-ва година по Иса, алејхи селам. Се родил во понеделник во месецот ребиул- евел, истоимената година.

12


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Смртта на неговиот татко и дедо Неговиот татко починал уште кога неговата мајка го носела в стомак, а таа пак починала кога тој имал шест години, па грижата за него ја презел неговиот дедо Абдул Муталиб, кој починува кога Мухаммед ‫ ﷺ‬полни 8 години. Го доеше Сувејба, робинка на Ебу Лехеб и Халима Ес Садија10.

Пратениковото растење Растен како сираче во закрилата на својот дедо Абдул Муталиб, а откако починува тој, грижата за него ја презема неговиот вујко Ебу Талиб, грижејќи се за него и придавајќи му го сето внимание и потребна нега. Возвишениот Аллах го сочувал од сите пагански обичаи и сите недостатоци поклонувајќи му убаво однесување, па кај неговиот народ бил познат како Ел Емин (доверливиот, искрениот) заради тоа што кај него препознале доверливост, искреност во говорот и чистота. Патуваше Пратеникот ‫ ﷺ‬во Шам со својот вујко Ебу Талиб поради трговија. После тоа по втор пат бил во Шам со Мејсера, слугата на Хатиџа11 поради трговија, а тоа било пред неговиот брак со неа. Кога наполнил 25 години се оженил со Хатиџа, ќерка на Хувејлида која во тоа време имала 40 години.

Почетокот на објавата Кога Мухаммед ‫ ﷺ‬наполнил 40 години, тоа било во 610 година по Иса (Исус), алејхи селам, Аллах го избрал за пратеништво. 10 Обичај бил кај богатите Курејшии на тоа време на детето да му се најде доилка која би го прехранила. Воглавно доилките се наоѓале надвор од градовите, во помалите села или пак во номадските племиња. Целта била и детето да биде поздраво, поприродно и подготвено за живот. Со ова се воспоставувала и врската по млеко помеѓу бројните семејства.(ур.) 11 Хатиџа р.а. била една од најбогатите личности во своето време. Првата личност која го прифатила исламот, целото свое богатство го потрошила како садака на Аллаховиот пат. (пр.ур)

13


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Му дошол мелекот Џибрил (Гавриил) во пештерата Хира и му кажал: „Читај!“ а Мухаммед ‫ ﷺ‬одговорил: „Јас незнам да читам.“ Потоа го зел, силно го зграпчил и повторно рекол: „Читај!“, а Пратеникот му одговорил дека не знае да чита. Тоа го сторил три пати, а потоа рекол: „Читај во името на Господарот твој Кој создава, го создава човекот од грутка крв! Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.“(Ел Алек, 1-5) После тоа се вратил преплашен кај Хатиџа и ја известил за тоа што му се случило, па таа го смирила кажувајќи му: „Аллах нема никогаш да те посрамоти, бидејќи ти ги одржуваш роднинските врски, вистината ја говориш, ги угостуваш гостите, им даваш на сиромашните и секогаш си од помош на тие во неволја.“ Потоа поминал одреден период а Објавата не му слегуваше поради мудроста која само Аллах ја знае, а потоа дошла Објавата по втор пат и со неа наредба со која се наредува повикување, доставување и носење на одговорноста. Аллах објавил: „О ти, О ти покриен! Стани и опоменувај! И Господарот свој величај Го! И облеката своја исчисти ја! И стој настрана од идолите! (Ел Мудесир, 1-5) Така Аллах во овие ајети му наредил да го опоменува својот народ и да ги повика во Аллаховата вера. Потоа Пратеникот ‫ ﷺ‬повикувал и стари и млади, и робови и слободни, и жени и мажи и белци и црнци, па некои му се одзвале, но повеќето го одбиле повикот12.

Фази на Пратениковата ‫ ﷺ‬мисија Својата мисија ја започнал тајно и тоа траело три години. Повикувал човек по човек, а откако му е објавено: „...ти јавно исповедај го тоа што ти се наредува..“ (Ел Хиџр, 940 почнал јавно да повикува, обиколувајќи ги луѓето по пазарите, на местата каде што се собираат и ги повикувал во Аллаховата вера.

12 Учените за животот на Пратеникот, (‫ )ﷺ‬, велат дека не постоела личност во тогашна Мекка, маж или жена, млад или стар, а Пратеникот, (‫ )ﷺ‬, да не му го претставил исламот и не го повикал во него.(ур.)

14


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Пратениковата ‫ ﷺ‬трпеливост на навредите Доживеал разни видови тешкотии, навреди и несреќи од страна на неговиот народ, но тој сепак останал стрплив. Откако неговиот народ сè повеќе почнал да ги вознемирува (некои) од неговите асхаби, тој им наредил да заминат во тогашна Абесинија (денешна Етиопија) како би побегнале од неправдата и тиранијата, па тоа и го сториле.

Хиџрата на Пратеникот ‫ﷺ‬ Потоа Пратеникот ‫ ﷺ‬со својот асхаб (следбеник) Ебу Бекр се упатил кон Медина во 622 година по Иса, алејхи селам, оставајќи го својот роден крај во којшто бил роден и во кој израснал. После 13-годишен притисок од околината дека е лажливец, репресија и малтретирање, заминува во вториот дом во којшто жителите го дочекале со добредојде и широкоградост, па поверувале во него и ги вложиле своите поседи и животи во негово чување и помагање нему и неговата вера. Во Медина, Пратеникот ‫ ﷺ‬воспоставил исламска држава и поставил прв граѓански Устав во историјата, тој е познат како Мединска повелба. Пратеникот ‫ ﷺ‬во него го потврдил мирниот соживот меѓу поединците и различните општествени групации и вери и се грижел за правата на малцинствата што не било практика во претходниот период.

Некои од точките на Мединскиот устав Ова е документот на Веровесникот Мухаммед ‫ ﷺ‬составен помеѓу муслиманите Курејшии и Јесриб (денешна Медина) и оние кои ги следат и се приклучуваат да се борат со нив. 1. Тие (жителите) сочинуваат една заедница (уммет) без разлика на останатите луѓе. 2. Верниците нема да остават свој член под товар и обврска (долг и семејство), а да не му помогнат преку добродетелство. 3. Богобојазливите верници треба да бидат против насилниците меѓу нив или против оној кој прави било каква неправда, насилство, грев, непријателство или неред меѓу верниците. Сите мораат да бидат против таквиот дури и ако некој е дете на некој од нив. 4.

Верникот не смее поради неверник да убие верник. Тој нема да му

15


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

помогне на неверник против еден верник. 5. Верниците се навистина помагачи и заштитници едни на други, без разлика на останатите луѓе. 6. Оние евреи кои се членови на државата се стекнуваат со право на помош и поддршка. Никој нема да им прави неправда, ниту на некого ќе му помага против нив. 7. Богобојазливите верници се наоѓаат на најисправното и најубавото упатство. 8. Евреите ќе ги делат трошоците со верниците сè додека се наоѓаат во воени услови. 9. Евреите на племето Бену Ауф прават заедница со верниците. Евреите ја имаат својата вера, а муслиманите својата. Ова важи за нив самите, а и нивните штитеници. Оној кој чини насилство, или греши, нема да упропасти никого освен самиот себе и своето семејство. 10. Евреите треба да ги подмират своите трошоци, а муслиманите своите. 11. Ќе се потпомагаат сите меѓусебно против непријателите на потписниците на оваа повелба, и едни со други ќе се потпомагаат во чинење добрина, а не на зло. 12. За сите спорови и несогласувања помеѓу потписниците на оваа повелба, за кои се стравува дека можат да предизвикаат неред, треба да се обратите кон Аллах и на Мухаммед, Аллаховиот Пратеник. 13. Меѓу нив (потписници на повелбата) мора да постои меѓусебно потпомагање против оној кој ќе го нападне Јесриб (Медина). 14. Оваа повелба нема да заштити насилник и грешник од одговорноста. Безбеден ќе биде оној кој ќе излезе од Медина и оној кој ќе остане во неа, само не оние кои неправда или грев чинат, а Аллах е со оние кои чинат добри дела и оние богобојазливите, и Мухаммед е Аллахов Пратеник.

Најважните работи во кои повикувал Мухаммед ‫ﷺ‬ Најважната работа со која ја започнал својата мисија е повикувањето ибадетот (обожувањето) да се упатува само кон Аллах и да се остави обожувањето на било што покрај Него. Повикувал во универзални вредности кои се: искреност, праведност, рамноправност, милосрдие и

16


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

умереност. Исто така, убавото однесување го ставил на високо место и го направил едно од најважните средства со кои човек му се приближува на Аллах и потврдил дека овој свет е место на работа за Ахиретот (Оној свет), дека човекот е одговорен да го помине животот чинејќи корисни дела. Пратеникот ‫ ﷺ‬наредувал на секого да му се даде неговото право, бил тој верник или неверник, човек или животно, а она на што ставил акцент е слободата на верувањето и невозможноста на присила за прифаќање на исламот, потврдувајќи ја со тоа наредбата на Возвишениот Аллах:„ Нема присилба во верата“ (Ел Бекаре, 256)

Пратениковите синови и ќерки Сите негови деца му биле од Хатиџа бинт Хувејлид, освен Ибрахим кој го родила Марија, која била поклон од Мукавкис, коптскиот крал на Миср (Египет). Синови му биле: 1. Ел Касим, по кого Пратеникот ‫ ﷺ‬го добил својот прекар. Живеел само неколку дена. 2. Вториот син, кој му се родил во Медина, се викал Ибрахим, а живеел само година и 10 месеци. Починал 3 месеци пред да почине Пратеникот ‫ﷺ‬. 3. Абдуллах е уште еден од неговите синови, а го викале и Ет-Тахир (чистиот) и Ет- Тајиб (добриот). Починал за време на животот на Пратеникот ‫ﷺ‬. Ќерките на Пратеникот ‫ ﷺ‬се: Зејнеб, Рукаја, Фатима и Умму Кулсум.

Пратениковите ‫ ﷺ‬сопруги Кога наполнил 25 години се оженил со угледната Хатиџа бинт Хувејлид која тогаш имала четириесет години. Со неа поминал 25 години во брак и не се женел сè до нејзината смрт во нејзината 65 година, а тој тогаш имал педесет години. Потоа се оженил со неколку жени, а ниедна од нив не била претходно

17


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

немажена, освен Аиша р.а.13 Бракот со нив има свои мудрости и интенции: 1. Образовни цели, кои се огледувале во поучување на неговите жени на шеријатските прописи кои пак ги пренесувале на другите жени, посебно за женските прописи.14 2. Шеријатската мудрост која се огледувала во поништувањето на некои обичаи од периодот на паганството како што бил обичајот на посвојувањето. Пример на тоа е бракот со Зејнеб бинт Џахш. 3. Социјалната мудрост, а тоа се гледа од женењето со Аиша, ќерка на првиот негов халифа Ебу Бекр р.а., а потоа бракот со Хафса, ќерка на вториот халифа Омер, р.а.15 4. Политичка мудрост која се огледувала во женењето со Џувејрија бинтул Харис, од племето Бени Мусталик, како и бракот со Сафија бинт Хујеј б. Ахтаб од племето Бену Курејз.16 Преку сето ова се гледа благородноста на Пратеникот ‫ ﷺ‬неговата цел и тежнеење во сите негови бракови, со што се гледа дека страста не владеела со неговото срце.

Пратениковата ‫ ﷺ‬смрт Останал во Медина 10 години, а починал кога имал 63 години. Гусул17 му направиле Алија б. Еби Талиб, вујко му Абас б. Абдул Муталиб и други, а имал три бели ќефини18. На неговото џеназе (погреб) присуствувале голем 13 р.а. е кратенка од изразот радијаллаху анха, што значи Аллах да е задоволен со неа. 14 Еден таков пример е ситуацијата која ја пренесува Аиша р.а. кога една енсаријка дошла и го запрашала Аллаховиот Пратеник, (‫ )ﷺ‬, како да се избања од менструација па таа побарала и детален опис, од што Пратеникот, (‫ )ﷺ‬, се засрамил, по што Аиша р.а. го повлекла кон себе и насамо детално појаснила како да се постапи. Да се погледне: Бухари, бр.306, Суннен Ибн Маџе,1/409, Муснед на Имам Шафија бр.167. 15 Од ист вид е и неговиот брак со вдовицата Умму Селеме. Вели Мухаммед Али Ес Сабуни: „Нејзиниот маж загинал во битката на Ухуд, па останала сама со 4 сирачиња, без старател. Пратеникот, (‫ )ﷺ‬, не видел подобра утеха ниту начин на старателство кон неа и нејзините деца од бракот со неа. Кога ја запросил таа укажувала велејќи: „Јас имам многу години, мајка сум на сирачиња и многу сум љубоморна.“ На тоа Пратеникот, (‫ )ﷺ‬, одговорил: „Што се однесува до сирачињата јас ќе се погрижам, а Аллах го молам да ти ја оттргне љубомората.“ Не се грижел за нејзините години и ја зел за жена откако таа се согласила. Ги воспитал нејзините деца кои нашле место во неговото големо срце, така што воопшто не почуствувале дека изгубиле татко, бидејќи тој бил уште помилостив од него.“ Да се погледне: Šubuhat ve ebatil haule te’addudi zeudžatir-resul, 51. 16 На овој начин Аллаховиот Пратеник, (‫ )ﷺ‬, спасил живот и слобода на стотици луѓе бидејќи асхабите несакале да земат за робови од тазбината на Пратеникот, (‫ )ﷺ‬,(ур.) 17 Обредно капење на умрениот. 18 Бела ткаенина (чаршаф) со која се замотува умрениот.

18


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

број муслимани, а никој не го предводел џеназето заради неговата големина, бидејќи тој бил водач како жив и останал по неговата смрт. Закопан е на местото каде Аллах му ја зел душата, а откако е закопан, неговата ќерка Фатима го запрашала Енес р.а.: „Како можете да ставате земја врз Пратеникот ‫ “?ﷺ‬Енес рекол: „Денот кога Пратеникот ‫ ﷺ‬стасал во Медина целата беше обвиена во светлина, но денот кога почина сета беше во темнина.“

Пратениците се браќа Сите пратеници се браќа и нив Аллах ги испратил за на луѓето да им укажат на вистинскиот пат и за да ги изведат од темнина на светлина. Заради тоа, Аллах го сторил верувањето во нив како услов и темел на иманот19. Возвишениот вели: Кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува, и во тоа што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во тоа што му е дадено на Муса, и на Иса, и во тоа што им е дадено на веровесниците од Господарот нивен; ние не правиме никаква разлика меѓу нив и ние само Нему Му се покоруваме.“ (Ел Бекаре, 136) Затоа, оној кој ќе негира еден пратеник станува неверник во Аллах и ги порекнал сите пратеници, поради што еден муслиман не може да се нарече муслиман доколку не верува во сите пратеници и веровесници. Кажува Пратеникот ‫ﷺ‬: „Јас сум најблизок човек на Иса синот на Мерјем, на овој и на оној свет, а сите веровесници се браќа по татко, мајките им се различни, а верата им е една.“20 Исламските учени велат дека значењето на овој хадис укажува дека темелите на верувањето им се исти, а тоа е верување во акидата на теухидот, а прописите и законите им се различни, така што тие се сложни за темелот на теухидот, а кога се во прашање делови од шеријатот, во тоа се разликуваат.“21 Пратениковото, алејхи селам, почитување и величање на останатите веровесници се огледува во тоа што тој не ги сметал едните подобри од другите. Така од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека кажал: „Во една прилика некој евреин ја изложил својата роба и за неа му било дадено нешто што 19 20 21

Верување. Бухарија бр.3187 и Mуслим бр. 4362 Имам Невеви, коментар на Муслимовата збирка на хадиси, бр.119/15

19


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

тој го мразел и потоа кажал: ‘Не, се колнам во Оној кого Муса го одликувал над останатите луѓе!’ Тоа го слушнал еден од енсариите, станал и му врзал шлаканица, кажувајќи му: ‘Го говориш тоа а Пратеникот Мухаммед е меѓу нас.’ После ова овој евреин отишол кај Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬и кажал: ‘О Ебу ел Касим, јас имам договор и заштитен сум, па каква е состојбата на оној којшто ме удри?’ Пратеникот ‫ ﷺ‬го запрашал енсаријата: ‘Зошто си го удрил?’, па овој му ја кажал причината. Пратеникот ‫ ﷺ‬се налутил така што тоа му се видело на неговото лице и кажал: ‘Немојте едни пратеници да сметате дека се подобри од другите!’“22 Од Енес б. Малик се пренесува дека кажал: „Дошол еден човек кај Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬и кажал: ,О ти најдобро суштество’, а Пратеникот ‫ ﷺ‬му одговорил и му кажал: ,Тоа е Ибрахим, алејхи селам.’“23 Исто така, за Пратеникот ‫ ﷺ‬се пренесува дека кажал: „Не му личи на еден роб да каже: ,Јас сум подобар од Јунус б. Мета.’“24 Кажано му е на Пратеникот ‫ﷺ‬: „О Пратенику, кој човек е најблагороден?“ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажа: „Најблагороден е оној кој е најбогобојазлив.“ Присутните кажаа: „Не те прашавме за тоа!“ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажа: „Тогаш Јусуф, син на Аллаховиот Пратеник, кој исто така е син на Аллаховиот пратеник, кој е син на Аллаховиот пријател (халил).“ Присутните повторно кажаа: „Не те прашавме за тоа!“ Тој тогаш им кажа: „Тогаш ме прашувате за потеклото на Арапите и нивните племиња. Тие што биле најдобри луѓе во незнабоштвото, тие се најдобри во исламот, само доколку се подучат на верските прописи.“25

Владателот на Византија како пример за запознавање на Пратеникот Обичај на Пратеникот ‫ ﷺ‬бил да испраќа писма на владетелите повикувајќи ги да веруваат во Аллах и Судниот ден, и дека тој е Последниот Пратеник испратен од Возвишениот Аллах. Еден од таквите владетели кому Пратеникот ‫ ﷺ‬му има испратено писмо е и Херакле, владателот на Византија. Кога му пристигнало писмото, тој сакал да дознае дали Пратеникот ‫ ﷺ‬е искрен или лажливец па употребил метод на поставување одредени прашања со кои се открива вистинската состојба на одредена личност, па побарал од 22 23 24 25

Бухари бр.3162 Муслим бр.4367 Бухари бр.3144 и Муслим бр.4381 Бухари бр.3144 и Муслим бр. 4383

20


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

оној којшто одговара на прашањата да биде искрен за неговиот одговор не би бил спротивен со реалноста. Така, тој го избрал најблискиот човек на Пратеникот ‫ ﷺ‬и поставил набљудувачи кои ќе го слушаат, така што, доколку тој каже нешто што не е вистина или ако се обиде да ја избегне вистината тие да го предупредат на тоа. Имајќи ја во предвид важноста на овој настан кој говори за вистинитоста за Пратеникот ‫ ﷺ‬и признанието за фактите од страна на еден христијански владател, ќе ги споменеме во потполност заради користа и поуката која ја носат во себе. Ибн Аббас, р.а. кажува дека Ебу Суфијан б. Харб кажал: „Заминав во Шам во период кога помеѓу мене и Пратеникот владееше примирје,26 па стигна писмото од Пратеникот ‫ ﷺ‬кое го донесе Дихје ел Келби, а беше упатено до Херакле, владетелот на Византија. Дихје го предаде писмото на намесникот на Бусра,27 а тој на Херакле. Потоа Херакле запраша: ‘Дали овде има некој од народот на човекот кој за себе тврди дека е пратеник?’ Па одговорија дека има. ‘Тогаш бев повикан со група Курејшии и дојдовме до Херакле, па нè поставија да седнеме пред него, а тој кажа: ’Кој од вас, по крвно сродство е најблизок на тој човек кој тврди за себе дека е пратеник?’ ‘Јас сум му најблизок по сродство’- одговорив. Потоа ме приближија да седнам до него, а моите пријатели зад мене. Потоа Херакле му кажа на преведувачот: ‘Кажи им дека јас ќе го прашам овој (покажувајќи на Ебу Суфијан) за оној човек (Мухаммед) и доколку нешто ме излаже нека го демантираат!’ Богами, да не се срамев од лагите кои тие би можеле да ги откријат, јас за него нешто и би излажал. Потоа (Херакле) му кажа на преведувачот да ги запраша како го оценуваат неговото потекло? ‘Тој кај нас има угледно потекло.’ Кажав. ‘Дали некој од неговите предци бил владетел?’ ‘Не’, кажав. ‘Дали го обвинувавте за лага пред да започне да го говори она што го говори?’ ‘Не. Не сме’ – одговорив. ‘Дали го следи угледен народ или прост (слаб, сиромашен)?’ Го следи народ кој е прост (слаб и сиромашен).’- одговорив. ‘Дали нивниот број се зголемува или намалува?’ кажа. 26 27

Примирјето беше во 628 година по Иса (‫ )ﷺ‬. Се наоѓа во денешна Сирија, 40 км од Дерра.

21


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

‘Не се намалува, туку се зголемува.’ Одговорив. ‘Дали некој од нив се одметнува, незадоволен со неговата вера откако ќе ја прифати?’ ‘Не’ – одговрив. ‘Дали сте се бореле против него?’ ‘Да’ – одговорив. ‘Како се завршуваше борбата?’, запраша. ‘Борбата помеѓу нас и него е со променлива среќа; некогаш ќе победи тој, а некогаш ние.’ Кажав. ‘Дали го прекршува дадениот збор?’ – запраша. ‘Не, но сега сме во период на примирје и не знаеме што ќе направи тој со тоа.’ Ниеден од одговорите не ми даваше можност да кажам било што против него освен овој. „Дали нешто такво говорел некој пред него.’ Запраша, па одговорив дека не говорел никој.“ Тогаш тој му кажа на преведувачот да ми каже: 1. ‘Те прашав за неговото потекло а ти спомна дека тој помеѓу вас е со угледно потекло. Тоа е случајот кај сите пратеници и тие се појавуваат во најугледното семејство од својот народ. 2. Понатаму те прашав дали некој од неговите предци бил владетел, ти ми кажа дека немал, доколку било така и некој од неговите предци бил владател ќе кажев дека е човек кој ја бара власта на своите предци. 3. Потоа те прашав дали го следи угледен свет или од него послаб и посиромашен? Ти рече дека го следат слабите, а таквите се следбеници на пратениците. 4. Те прашав дали сте се го сомничеле за лага пред да почне да го говори тоа што сега го говори, одговори дека не сте го сомничеле, па сигурно кога не го лажел народот, сега уште помалку ќе лажел на име на Бог. 5. Понатаму те прашав дали некој од неговите следбенице се одметнал незадоволен со неговата вера откако ја прифатил, ти

22


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

ми одговори дека не се одметнал никој. Такво е верувањето кога неговата убавина ќе го обземе срцето. 6. Те прашав за нивниот број, дали се зголемува или се намалува, па ми кажа дека нивниот број се зголемува. Такво е верувањето додека не се употполни. 7. Те прашав дали војувате со него, па ми потврди дека војувате, дека резултатот на тоа е променлив, па некогаш вие победувате, а некогаш тој. Такви се пратениците, ќе бидат искушувани, но на крајот ќе победат. 8. Те прашав дали го прекршува дадениот збор а ти ми одговори дека не го крши. Такви се пратениците, и тие не го прекршуваат дадениот збор. 9. Те прашав дали тоа што го говори го кажал некој пред него, ти кажа дека не го кажал никој, па затоа кажав:’ Некој друг пред него да повикувал (за истото) би кажал дека е следбеник на говор кој претходно бил кажан.’ Потоа запраша што ни наредува, па му одговорив дека ни наредува намаз, зекат, одржување на роднинските врски и чедност. Тогаш Херакле кажа: ‘Ако тоа што го кажуваш е вистина, тој тогаш е Веровесник. Јас знаев дека ќе се појави пратеник, но не помислив дека ќе биде од кај вас. Кога би знаел дека ќе стигнам до него, би се обидел да се сретнам со него. Доколку би бил кај него, би му ги миел нозете. Тој сигурно ќе го освои ова што е под моите нозе.’ Пренесува Ебу Суфијан: Потоа Херакле го побара писмото на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬и во него прочита: ‘Во името на Аллах Милостивиот Сомилосниот. Од Мухаммед, Алалховиот роб и Негов Пратеник, за Херакле, големецот на Византијците. Нека биде спас за оној кој го следи вистинскиот пат! А потоа: Те повикувам со повикот на исламот: прифати го исламот, ќе бидеш спасен и Бог ќе те награди со двојна награда. Ако одбиеш, ќе го понесеш гревот свој и на своите поданици.

Кажи: „О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу

23


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!“ Па ако не се согласат, вие кажете: „Бидете сведоци дека ние сме муслимани!“(Али Имран, 64)“28 Ебу Суфијан кажува: „Кога Херакле го кажа тоа што имаше да го каже и кога заврши со читањето на писмото, околу него настана врева, се подигнаа гласовите и ние бевме извадени оттаму. Им кажав на своите придружници дека угледот на Ибн Кебшет29 навистина пораснал и дека од него се плаши и кралот на Византијците. Оттогаш постојано бев во убедување дека Мухамемд навистина ќе победи, сè додека Аллах не ми даде да го прифатам исламот.“

Владателот на Абесинија како пример за запознавање на Пратеникот ‫ﷺ‬ Во хадисот кој говори за преселбата на асхабите на Аллаховиот пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬во Абесинија, откако биле изложени на разни искушенија и потешкотии, се споменува она што ја опфаќа мисијата на Пратеникот ‫ ﷺ‬како што е убавото однесување, грижата за човековите права и добродетелството кон другите. Сето ова го спомнал асхабот Џафер б. Еби Талиб кога владателот на Абесинија (Неџашија) во тоа време го запрашал за неговата вера и за она во што повикува. Тој кажал: „Каква е таа вера заради која го напуштивте својот народ, а не ја прифативте мојата, а ниту верата на другите народи?“ Џафер б. Ебу Талиб, кој со него разговарал, кажал: „О Владетелу, ние бевме народ кој беше во незнаење, обожувавме кипови, јадевме мрша, правевме блуд, ги раскинувавме роднинските врски, им 28 Бухари бр.4188 и Муслим бр.3322 29 Ова е прекар на Вехб, дедото на Пратеникот по мајка. Така го нарекувале заради непријателството кое го чувствувале кон Пратеникот. Го споменале по овој прекар а не по прекарот по кој бил познат.

24


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

чиневме зло на соседите, силните земаа од слабите и така работевме сè додека Аллах нè испрати пратеници од нас, чие потекло го знаевме и бевме убедени во неговата искреност, доверливост и чистина. Тој нè повикуваше да обожуваме само еден Бог и да го напуштиме тоа што ние и нашите татковци го обожувале, како што се камењата и киповите. Тој ни нареди вистината да ја говориме, обврските да ги исполнуваме, роднинските врски да ги одржуваме, на соседите добродетелство да чиниме, да се воздржиме од забранети работи и пролевање на крв, ни го забрани блудот, лажното сведочење, „јадењето“ на богатството на сирачињата, лажното обвинување на чедна и честита жена, а ни нареди само Аллах да се обожува и да не Му припишуваме содруг, и ни нареди намаз, зекат и пост.“ Така тој навел некои од работите врзани за исламот, а потоа кажал: „Потоа му поверувавме и го следевме она во што повикуваше. Обожувавме само еден Бог и не Му припишуваве здруженик, го сметавме забрането она што ни го забрани, а за дозволено оние работи кои ни ги дозволи, па потоа нашиот народ ни стана непријател и нè стави на маки, нè одвраќаше од нашата вера за да се вратиме во обожувањето кипови, и да го оставиме обожувањето на Аллах, нè наговараше да ги сметаме дозволени и оние грди работи кои ние и порано ги сметавме за дозволени. Откако нè надвладеаа, мачеа и ни создаваа потешкотии и кога се поставија помеѓу нас и нашата вера, тргнавме кон твојата земја, тебе те избравме од сите останати, посакавме да бидеме во твојата близина и се надевавме дека кај тебе, о владетелу, дека неправда нема да ни биде сторена. Владетелот тогаш му кажа: „Дали кај тебе поседуваш нешто од она со што му е објавено на Пратеникот?“, Џафер му одговори дека поседува, по што Неџашија му кажа: „Прочитај ми го тоа.“ Џафер тогаш проучи дел од почетокот на поглавјето Мерјем од Куранот, а Неџашија плачеше сè додека брадата не му стана влажна од солзи. Плачеа и неговите бискупи кога го слушнаа учењето сè додека книгите не им станаа влажни. Потоа Неџашија (обраќајќи им се на муслиманите и на паганите дојдени кај владетелот за насила да ги вратат муслиманите во Мекка) кажал: „Се колнам во Аллах, ова што го слушнав, а и она што му е објавено на Муса, алејхи селам, е од ист извор. Заминете, јас никогаш нема да ви ги предадам (муслиманите).30

30 Ахмед во Муснед, бр.1649

25


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Примерот за запознавање на Пратеникот од страна на големиот еврејски рабин Зејд б. Санех, еден од еврејските рабини кој сакаше да се убеди во искреноста на Пратеникот ‫ ﷺ‬го изложил Пратеникот ‫ ﷺ‬на испит преку неговото однесување со луѓето, но и со оние кои му се спротивставуваа во верувањето, па потоа не му остана ништо друго туку да го признае неговото пратеништво и да стане еден од неговите следбеници и да поверува во него. Абдуллах б. Селам кажува: „Кога Аллах сакаше да го упати Зејд б. Санех на Вистинскиот пат, тој кажал: ‘Сите знаци кои укажуваат на пратеништвото на Мухаммед ‫ ﷺ‬ги видов на неговото лице кога го погледнав, освен два, кои немав можност да ги осознаам, а тоа е дека неговата благост е над неговата лутина и дека искажаната лутина кон него само ја зголемува неговата благост.’“ Зејд кажува: „Пратеникот излезе од своите одаи а со него беше Алија б. Талиб, па му пријде човек јавајќи како испосник и кажа: ‘О Аллахов Пратенику, селото во кое што живее тоа и тоа племе влезе во ислам и го прифати. Јас им кажав дека доколку го прифатат исламот ќе бидат снабдени од секоја страна, но нив ги снајде тешка состојба и суша. Јас сега, Божји Пратенику, се плашам тие да не го остават исламот од алчност, како што и влегоа во исламот од алчност. Затоа, ако сметаш дека треба да им се испрати некој за помош, стори го тоа.“ Вели Зејд: „Потоа Пратеникот погледна во човекот крај себе, мислам дека беше Омер.“ Па Омер кажа: „Од имотот не остана ништо, о Божји Пратенику.“ Зејд кажува: „Потоа му се приближив и му кажав: ‘О Мухаммед, дали имаш до одреден рок, да ми ги продадеш познатите урми од палмовиот овоштарник од тоа и тоа племе?’“ Тогаш Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: Немам евреину, но имам, до одреден рок, да ти продадам некои други познати урми кои не се од тој палмин овоштарник од тоа и тоа племе.“ Зејд рекол: „Во ред продај ми ги.“ „После тоа јас“ раскажува Зејд, „извадив вреќичка во која се наоѓаа парите, па му дадов околу 80 мискати злато (околу 340 грама) за урмите кои требаше да ми ги даде, за одреден рок. Тој тие пари веднаш ги даде на некој човек и му кажа: ‘оди брзо до нив и дај им го ова богатство како снабдување. ’Кога останаа уште два-три дена до завршување на рокот, излезе Пратеникот

26


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

‫ ﷺ‬да изврши погребна молитва на некој човек од енсариите31, а со него беа Ебу Бекр, Омер, Осман и група на неговите асхаби. Кога заврши со погребната молитва, Пратеникот ‫ ﷺ‬се приближи кон еден ѕид и се наслони на него, а јас го фатив за градите и луто го погледнав. После тоа го запрашав: ‘Зарем нема да ми ги дадеш парите, о Мухаммеде? Се колнам во Аллах, живеејќи со вас, не ги сметав синовите на Абдулмуталиб за оние што не го враќаат својот долг.’ Погледнав во Омер б. Ел Хатаб, на кого очите му шараа, а потоа ме погоди со својот поглед и кажа: ‘О Аллахов непријателе, зарем му го зборуваш на Пратеникот тоа што го слушам и со него правиш тоа што го гледам. Се колнам во Оној кој го испратил со Вистината, да не е она за што се плашам дека ќе ми избега, би ти ја отсекол главата со оваа моја сабја.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬го набљудувал Омер многу смирено и сталожено, а потоа кажал: ‘О Омере, ние навистина имаме потреба од тебе за нешто друго, а не во ова, а тоа е на најубав начин да си ги извршувам своите обврски, а нему да му наредиш на најубав начин да си го побара своето право. Оди Омере и дај му го неговото право кое му припаѓа и на тоа додај уште 20 (дваесет) купчиња урми заради тоа што го преплаши и му се закани.’ Омер отиде со мене и ми ги исполни моите права и уште на ги додаде тие дваесет купчиња урми, а јас го запрашав: ‘Зошто е овој вишок?’ Омер ми одговори: ‘Пратеникот ‫ ﷺ‬ми нареди да ти го дадам овој вишок затоа што ти се заканив и те преплашив.’ Кажав: ‘Знаеш ли кој сум?’ Одговори: ‘Незнам, кој си ти?’ Кажав: ‘Јас сум Зејд б. Санех.’ Повторно зараша: ‘Рабин?’ Одговорив: ‘Да, Рабин.’ Омер тогаш ме запраша: ‘Што те наведе да му го кажеш на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬она што го кажа, и да го сториш она што го стори?’ Одговорив: ‘О Омер, во сите знаци на пратеништвото на Мухаммед ‫ ﷺ‬се убедив кога го погледнав в лице, освен два, а тоа е дека неговата благост 31 Жители на Медина кои тогаш го прифатиле Пратеникот, по неговото преселување (хиџра) од Мекка.

27


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

е над неговата лутина и дека искажаната лутина кон него само ја зголемува неговата благост. Сега во тоа се убедив па сведочам, О Омере, дека сум задоволен со Аллах за свој Господар, исламот како вера и Мухаммед ‫ ﷺ‬како пратеник. И те земам за сведок дека половина од мојот имот – (а јас најмногу имам) – како милостина на сите следбеници на Мухаммед ‫’ﷺ‬ Омер р.а. тогаш кажа: ‘На некои од следбениците, бидејќи ти не можеш да ги опфатиш сите.’ Кажав: ‘На некои од нив.’ Потоа јас и Омер се вративме кај Аллаховиот Пратеник ‫“ﷺ‬ После тоа Зејд кажал: „Сведочам дека нема друг Бог кој заслужува да се обожува со право освен Аллах и дека Мухамемд е Негов роб и Пратеник.’ Поверував во него и учествував во многу битки.“ Загинал во битката на Теббук, борејќи се и не бегајќи.32

I. ПРВО ПОГЛАВЈЕ Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬и човековите права • Еднаквост • Правта на жените • Правата на родителите и блиските • Правата на потомството • Правата на децата • Права на слугата • Права на соседите • Право на гостите • Право на сирачињата • Право на слабите • Право на робовите 32 Ибн Хиббан бр.288

28


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

• Право на постарите • Право на лица со посебни потреби • Право на патот • Право на животните

Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬и човековите права Арапите пред пратеништвото на Мухаммед ‫ ﷺ‬биле поделени во различни племиња, се убивале меѓусебно и се поробувале едни со други, тиранијата била закон кој владеел со овие племиња. Луѓето не беа еднакви во тој период, туку побогатите ги користеле сите права во потполност, а робовите немале никави права, бидејќи тие биле во посед на своите поседуватели. Кога била во прашање жената, нејзините права биле загрозени во потполност, таа била сопственост на својот татко и нејзините браќа, а потоа би станала сопственост на нејзиниот маж, а потоа и сопственост на неговите наследници. Покрај тоа, биле раширени и паганските обичаи како што се крадењето, киднапирањето, трговијата со робови, проституцијата, убивањето на женски деца, обожување на кипови итн. Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬се спротивставил на толку лошата состојба и воспоставил програма која ги опфаќа правата на сите, програма, која дотогаш не постоела во човештвото ниту пак имало слично нешто на неа.

29


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Откако ги повикал луѓето во обожување само на Аллах Возвишениот, започнал со воспоставување на еднаквоста на луѓето и ги појаснил правата на човекот и на останатите живи суштества во сите животни сфери. Правата на човекот а и останатите права во исламот се одликуваат по тоа што тие права се поставени од Возвишениот Аллах, па затоа ниеден човек не може да ги укине, ниту може да ги избегне. Тоа се меѓусебно урамнотежени права кои едни со други не се потиснуваат. Тоа се права кои го опфаќаат секое време на човековиот живот, било да станува збор за дете во утроба, детенце, младо момче, возрасен, постар човек, здрав или болен.

1.1

Еднаквост

Има ли нешто поубаво од тоа човек да живее во заедница во која секој има иста можност и во која сите се еднакви, а единствено нешто што ги чини подобри од другите е богобојазливоста? Во заедница каде послабиот има свое право кај посилниот, а сиромавиот кај богатиот. Такво може да биде само верското општество кое го поставил Мухаммед ‫ ﷺ‬на кого Аллах џ.ш33. му објавил: „О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сè знае и ништо не Му е скриено.“ ( Ел Хуџурат, 13) Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „О луѓе вашиот Господар е еден, вашиот татко е еден и нема предност Арапот над неарапот, ниту неарапот над Арапот, ниту белата раса има предност над црната, ниту црната над белата, освен по богобојазливоста. Најугледен кај Аллах е оној кој е најбогобојазлив. Дали сум ви доставил?“34 И кажал:„Аллах од вас ја отстранил горделивоста од времето на незнабоштвото и фалењето со потеклото. Луѓето се потомци на Адем, а тој е од земја.“35 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬го укинал обичајот на фалење со потеклото, а Арапите од пред-исламско време, во периодот на џахилиетот36, имале обичај да се фалат со своето потекло, додека другите ги понижувале, па 33 Џелле шануху 34 Ахмед, бр.22391. 35 Et-Тирмизи, бр.3891., i Ебу Давуд, бр.4452. 36 Незнабоштво.

30


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

дури и избивале војни поради тоа. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Четири појави од мојот уммет спаѓаат во џахилиет (паганство) и луѓето нема да ги остават: фалењето со потеклото, негирање на родословието, барање на дожд преку ѕвездите и oплакување на мртвите (редење).“37 И кажал: „Кој нема да има доволно добри дела, неговото потекло ништо нема да му помогне.“38 И кажал: „О Фатима, ќерко Мухаммедова, барај од мене што сакаш, но јас кај Аллах нема да ти бидам од корист.“39 И уште кажал: „Аллах не гледа во вашите ликови и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“40

1.2

Права на жената

Нема сомнеж дека жената чини половина општество и дека таа ја раѓа втората половина, па со тоа станува цело општество. Иако жената во минатото беше понижена, иако нејзините права и беа одземени и нејзината чест извалкана, Пратеникот ‫ ﷺ‬бил оној кој ја бранел жената, и помагал и дал права за какви во тоа време можела само да сонува. Пратеникот ‫ﷺ‬ поттикнувал на љубов, внимание, сомилост, меѓусебно простување и занемарување на лошите постапки за човековиот дом да стои на цврсти темели кои виорите на проблемите нема да можат да ги уништат, ниту да ги потресат. Аллах Возвишениот вели: „Со жените убаво живејте.“ (Ен Ниса, 19) Зборот ‘убаво’ означува секоја врста на добрина, добродетелство, љубезност, хуманост и сомилост. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал:„Плашете се од Аллах кога се во прашање вашите жени, вие ги земавте со сигурност од Аллах и тие ви станаа дозволени со Неговиот збор.“41 Пратеникот ‫ ﷺ‬ја познавал природата на жената и знаел дека постои можност таа да погреши и советувал за стрпливост при тоа. Тој кажал: „Опорачајте им добро на жените.“42 37 Муслим, бр.1550. 38 Муслим, бр.4867. 39 Бухарија, br. 2548., и Муслим, бр.305. 40 Муслим, бр.4651. 41 Муслим, бр.2137. 42 Бухарија, br. 4787., и Муслим, бр.2671.

31


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

И кажал: „Најдобрите помеѓу вас се оние кои се најдобри кон своите семејства (т.е. сопруги), а јас сум најдобар кон своето семејство.“43 Исто така кажал: „Нека верникот не ја мрази верничката. Доколку една нејзина особина не му се допаѓа, со другата е задоволен.“44 Пратеникот ‫ ﷺ‬појаснил и каков грев се прави доколку се чини неправда кон сопругата, укажувајќи: „Најголем грев кај Аллах чини човек кој ќе се ожени со некоја жена па откако ќе се задоволи со нејзе, ќе ја остави и ќе си отиде со нејзиниот венчален подарок.“45 Пратеникот ‫ ﷺ‬бил пример за нежност и за убаво постапување кон своите сопруги. Во една пригода ‫ ﷺ‬кажал на Аиша р.а.: „Јас навистина знам кога ти ќе се налутиш, а кога си задоволна.“ Па го запраша: „О Божји Пратенику, како го знаеш тоа?“, а тој ‫ ﷺ‬одговорил: Кога си задоволна велиш: ‘Така е, се колнам во Господарот на Мухаммед’, а кога си лута велиш: ‘Така е, се колнам во Господарот на Ибрахим.’“ Таа тогаш кажа: „Така е, се колнам во Аллах јас само го избегнувам твоето име.“46 Со вакви чувства и убави зборови на Пратеникот ‫ ﷺ‬тој соработувал со своите сопруги, а тие исто така, возвраќале со исти чувства, Аллах да е задоволен со нив На едно од патувањата Мухаммед ‫ ﷺ‬се натпреварувал со Аиша р.а. која вели: „Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬се напреваруваше во трчање со мене, па го престигнав. Помина доста време, и јас малку се здебелив, па повторно се тркаше со мене и тогаш ме престигна и ми кажа: ‘Ова ти е за тогаш’“47 Пратеникот ‫ ﷺ‬го нарекол грев узурпирањето на правата на жените кажувајќи:„О Аллаху, го чинам свето правото на две слаби суштества: сирачињата и жените.“48 Пратеникот ‫ ﷺ‬ги поттикнувал жените да бидат задоволни од своите мажи кажувајќи: „Сакате да ве известам за тоа кој ќе биде во Џеннетот?“ Кажале: „Да Божји Пратенику!“, па тој кажал: „Тоа е онаа која раѓа повеќе деца и која е помила (со ведра природа), а кога ќе се налути и кога ќе ‫ ﷺ‬се нанесе зло, или пак кога мажот ќе ‫ ﷺ‬се налути, ќе каже: ‘Ова е мојата рака во твојата рака. Нема да заспијам сè додека не бидеш задоволен.“49 Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал и на тоа дека жената треба и интимно да биде задоволена.50 Тој кажал: „Во вашиот интимен живот е добро дело“, 43 Тирмизи, бр.3830., Ибн Маџех, бр. 1967. 44 Муслим, 2672. 45 Хаким, бр.2743 46 Бухарија, бр.5614., и Муслим, бр.4469. 47 Ебу Давуд, бр.2214., i Ахмед, бр.25075. 48 Ибн Маџех, br. 3668., i Ахмед, бр.9289. 49 Таберани, бр.1743. 50 Пратеникот а.с му кажал на Абдуллах ибн Амр ибн Ас “...некогаш пости, некогаш немој да постиш, клањај и спи, бидејќи твоето тело има право кај тебе, твоето око има право кај тебе и

32


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

па асхабите го запрашале:„О Божји Пратенику, зарем и кога човекот ќе ги задоволи своите страсти има награда? - Да“, кажал тој: „Што мислите кога човек би го сторил тоа на недозволен начин, дали би имал грев? Исто така, доколку го стори тоа на дозволен начин има награда.“51 Пратеникот ‫ ﷺ‬му наредил на еден човек да ја снабдува жена му и децата и тоа тој го сторил на надобар можен начин. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Динарот (златник) кој ќе го потрошиш на Аллаховииот пат, динарот кој ќе го потрошиш за ослободување на роб, динарот кој ќе го потрошиш за на сиромашниот да му помогнеш, динарот кој ќе го потрошиш за своето семејство, најдобро од сето тоа е динарот што ќе го потрошиш за своето семејство.“52 Исто така, кажал: „За сето она што ќе го потрошиш сакајќи ја со тоа Аллаховата награда, ќе бидеш награден, па дури и за залакот кој ќе го ставиш во устата на својата жена.“53 Кажал и ова: „Кога ќе се нахраниш себе си, тоа е милостина, кога ќе го нахраниш своето дете, тоа ти е милостина, кога ќе ја нахраниш својата жена, тоа е милостина и кога ќе го нахраниш својот слуга и тоа е милостина (садака).“54 Исто така кажал: дело.“

„Човек кој ќе ја напои својата сопруга со вода има награда за тоа

Кажал Ел – Ирбад: „Дојдов до својата сопруга и ‫ ﷺ‬дадов вода и ‫ ﷺ‬го пренесов тоа што го слушнав од Пратеникот, ‫“ﷺ‬55

1.3

Право на родителот и блискиот

Пратеникот ‫ ﷺ‬наредил да се одржуваат роднинските врски и предупредил на опасноста од прекинување на врските помеѓу роднините. твојата сопруга има право кај тебе.“ Бележи Бухари, бр.4903. 51 Муслим, бр.1674. 52 Муслим, бр.1661. 53 Buha Ахмед, бр.16550.ri, br. 54., и Муслим, бр.3076. 54 Ахмед, бр.16550. 55 Ахмед, бр.16529.

33


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Кога се во прашање родителите, исламот, нивните права ги поставил на високо ниво така што ги споменал заедно со правата на Аллах. Возвишениот Аллах вели: „И Аллах обожувајте Го и не му правете здруженик, а на родителите добро да им правите.“ (Ен Ниса, 36) Пратеникот ‫ ﷺ‬бил запрашан за најдоброто дело па кажал: „Намазот (молитвата) во своето време, а потоа чинењето добри дела кон родителите.“56 Во една пригода дошол некој човеккаја Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬ барајќи дозвола од него да оди во борба на Аллаховиот пат, па Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬го запрашал: „Дали твоите родители се живи?“ Тој кажал: „Да.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол: „Кај нив ти е твојот џихад (борбата на Аллаховиот пат е и грижата за нив).“57 Дошол некој човек кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и кажал: „Дојдов да ти дадам завет за хиџра (преселба кај тебе) и ги оставив своите родители расплакани.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажал: „Врати се кај нив и направи да се насмеат, како што направи да ги расплачеш.“58 Пратеникот ‫ ﷺ‬наредил одржување на врските со родителите па дури и да се немуслимани. Така, се пренесува од Есма бинт Ебу Бекр дека кажала: „Дојде мајка ми додека Пратеникот ‫ ﷺ‬беше жив, а таа беше од многубошците, па го запрашав Пратеникот ‫ ﷺ‬за одржувањето на врските со неа, а тој одговори: „Одржувај ги врските со неа!“59 Непослушноста кон родителите е еден од најголемите гревови, бидејќи Пратеникот ‫ ﷺ‬вели: „Големи гревови се: многубоштвото, непослушноста кон родителите, убиството и лажното сведоштво.“60 Исто така кажал:„Аллах го проколнол оној кој ги навредува своите родители.“61 Пртаеникот ‫ ﷺ‬за одржувањето на роднинските врски кажал: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека ги одржува роднинските врски.“62 И кажал: „Најдобра милостина е онаа дадена на твојот роднина кој го крие своето непријателство кон тебе.“63

56 Бухарија, бр.496., Муслим, бр.122 57 Бухарија, бр.2782., Муслим, бр.4623. 58 Ахмед, бр.6202., Ебу Давуд, бр.2166., Несаи, бр.4093., и Ибн Маџе, бр. 2882. 59 Бухарија, бр.2427., Муслим, бр.1671. 60 Бухарија, бр.6182. 61 Ахмед, бр.816. 62 Бухарија, бр.5673. 63 Ахмед, бр.14781., Дарими, бр.1617.

34


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Пратеникот ‫ ﷺ‬на Укбе б. Амир му кажал: „О Укбе, спои ја врската со оној кој со тебе ја прекинал, дај му на оној кој на тебе ти скратил и остави го оној кој неправда ти сторил.“ Во друго едно предание стои: „Прости му на оној кој неправда ти сторил.“64

1.4

Правата на синовите и ќерките

Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал на убаво воспитување на децата, за да станат добра младина и корисни луѓе за својата вера, татковина и општество. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Не е од нас оној кој не е милостив кон нашите млади и кој не ги цени постарите.“65 Исто така, кажал: „Наредувајте им на своите деца да клањаат (молитва да обавуваат) од нивната седма година, а удрете66 ги во десетта67 доколку не клањаат намаз и раздвојте ги во постела.“68 Се пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Најдоброто што таткото може да им го остави на своите деца е убавото однесување.“69 Пратеникот ‫ ﷺ‬ги подучувал децата како да јадат, како да пијат, па во една прилика кажал:„О младо дете, спомни го Аллаховото име, јади со десна рака и јади пред тебе.“70 Пратеникот ‫ ﷺ‬посебно го истакнал воспитувањето на женските деца. Аиша р.а. вели: „Во една прилика кај мене влезе една жена а со нејзе и двете нејзини ќерки, барајќи нешто, а јас немав ништо освен една урма, па и ја дадов на жената, која ја располови и им ја даде на ќерките, за себе не зеде, по што таа стана и замина. Потоа дојде Пратеникот ‫ﷺ‬, па го известив за тоа, а тој кажа: ‘Кој ќе биде под искушение со женски деца, па им чини добро, тоа ќе му биде заштита од Огнот.“71 А во предание кај Тирмизи стои: „Кој ќе биде искушан со женски деца, па ќе се стрпи, тие ќе му бидат прекривка од Огнот.“72 Алејхи селам, исто така, кажал: „Кој ќе израсне (воспита) две девојчиња сè додека не станат полнолетни, на Судниот ден ќе биде со 64 Ахмед, бр.16696. 65 Тирмизи, бр.1843., Ахмед, бр.6445. 66 Удрете ги ако треба, но на благ и воспитен начин. 67 Не се мисли силно удирање, туку со молив или мисвак. 68 Ебу Давуд, бр.418., Ахмед, бр.6467. 69 Тирмизи, бр.1875., Ахмед, бр.16118. 70 Бухарија, бр.4957., Муслим, бр.4763. 71 Бухарија, бр.1329., Муслим, бр.4763. 72 Тирмизи, бр.1836., Ебу Давуд, бр.4481.

35


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

мене.“73(Па Пратеникот ‫ ﷺ‬покажал два споени прсти покажувајќи колкава близина е тоа) Кажал: „Кој ќе има три ќерки или сестри или две ќерки или две сестри, па ги воспита (израсне) и добро им чини, а потоа ги омажи, наградата му е Џеннет.“74 Пратеникот ‫ ﷺ‬кога би влегла неговата ќерка Фатима би станувал и би ја бакнал, а потоа би ја ставил да седне на неговото место.75 Од правата кои Пратеникот ‫ ﷺ‬им ги дал на децата е и тоа тие да имаат удел во богатството на својот татко (т.е. родителот). Се наведува дека Саад б. Еби Векас сакал да подели две третини од својот имот на Аллаховиот пат и Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажал тоа да не го прави. Саад го прашал дали може една третина од имотот да го подели, а Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажал: „Третина може, но и тоа е многу. Подобро твоите наследници да ги оставиш богати, отколку сиромашни, па потоа да бараат од луѓето.“76

Права на децата Детството е тајна на животот, животно уживање и дар од Возвишениот Аллах, чија вредност може да ја цени само оној кому му било ускратено и за остварување на тоа вложил сè што е вредно. Грижата за децата, сомилоста и благоста се работи кои Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬ги поттикнувал и го пофалил секој оној кој тоа го чини. Во една прилика некои бедуини дошле кај Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬ и го запрашале: „Дали вие ги бакнувате вашите деца, за што Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬одговорил потврдно.“ Тие кажаа: „Но ние не ги бакнуваме нашите деца.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬им одговори: „Што можам јас кога Аллах ви ја одзел милоста од вашите срца.“77 Пратеникот ‫ ﷺ‬често би заминувал во далечните села на Медина да го посети својот син Ибрахим кој таму доел. Тамо би одел само за да го баци својот син, а потоа би се враќал.78 Кога починал внукот на Пратеникот ‫ ﷺ‬неговите очи се насолзиле, па 73 Муслим, бр.4765. 74 Тирмизи, бр.1839. 75 Тирмизи, бр.3807. 76 Бухарија, бр.1213., и Муслим, бр.3076. 77 Бухарија, бр.5539., и Муслим, бр.4281. 78 Муслим, бр.4280.

36


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Сад б. Убаде кажал: „Што е Божји Пратенику?“, а тој му одговорил: „Тоа е сомилоста која Аллах ја внел во срцата на своите робови, а Аллах нема да се смилува на оние кои не се сомилосни.“79 Од Енес р.а. се пренесува дека Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬ги посетувал енсариите, жителите на Медина, ги љубел нивните деца и ги галел по глава.“80 Пратеникот ‫ ﷺ‬кога oбавувал молитва (клањал), во таква положба би ја држел Уммама, својата внука, ќерка на неговата ќерка Зејнеб. Во стоење при молитвата, ја кревал во раце а кога се спуштал на сеџда (со главата на тлото), ја оставал настрана и продолжувал со молитвата.81 Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Кој ќе раздели дете од неговата мајка, Аллах на Судниот ден ќе го раздели од оние кои ги сакал.“82 Тој дозволувал децата да седат онаму кај што седеле возрасните и им ги давал сите права кои им ги давал и на другите. Од Сехл б. Сад Ес –Саидиј се пренесува предание во кое што се наведува: „Кога на Пратеникот ‫ ﷺ‬му бил донесен сад со пијалок, тој се напил. Од неговата лева страна седеле постарите, а од десната дете, тој се обратил на момчето: „Дали би дозволил да му дадам прво на постариот.“ (бидејќи е обичај да се почне од десна страна). Момчето кое било паметно одговорило: „ Не, се колнам во Аллах, мојот дел нема да го дадам никому.“ Потоа Пратеникот ‫ ﷺ‬му го дал садот в рака.“83 Пратеникот ‫ ﷺ‬и на она дете кое само што би се родило т.е се одвоило од мајката (т.е. излегло од утробата на својата мајка, на овој свет) му дал право да биде наследник. Тој ги уважувал нивните чувства и ги посетувал во нивните куќи и места каде се состанувале и бил благ со нив и ги галел по глава. Помеѓу нив организирал натпревари и им поклонувал награди.

1.5

Правата на слугите

Нивото на секоја цивилизација се гледа и во нивниот однос кон сиромашните, слабите и оние кои немаат можност да дојдат до нивните претпоставени (т.е. структури кои владеат) и до оние кои носат одлуки. На таква категорија луѓе припаѓаат и слугите кои работат во куќите на богатите и угледните. На нив Пратеникот ‫ ﷺ‬им ги дал сите права ги сослушал нивните молби и мислења, и ги почитувал во потполност. 79 Бухарија, бр.5223., и Муслим, бр.1531. 80 Ибн Хиббан, бр.459. 81 Бухари, бр.486.и Муслим, бр.844. 82 Тирмизи, бр.1491.и Ахмед, бр.22401. 83 Бухари, бр.2271.и Муслим, бр.3786.

37


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Доказ на тоа се зборовите на Енес б. Малик р.а.: „Го служев Пратеникот ‫ ﷺ‬десет години и никогаш не ми кажа ни „уф“. Доколку нешто сторев, никогаш не ми кажуваше зошто сум го направил, а доколку не го сторив никогаш не ми велеше зошто не си го сторил.“84 Се наведува предание дека некоја мединска робинка го зела Пратеникот ‫ ﷺ‬за рака и го одвела таму каде што таа сакала за да и го реши проблемот кој го имаше.85 Пратеникот ‫ ﷺ‬предупредил на вознемирувањето на слугата, па дури тој да е роб во нечија сопственост86 и нагласил дека вознемирувањето на робот е една од причините поради кои тој може да биде ослободен од ропство. Кажал Пратеникот ‫ﷺ‬: „Кој ќе мавне шлаканица или ќе го удри оној кој е во негова сопственост, може да се откупи само ако го ослободи.“87 Се пренесува од Ебу Месуд Ел Енсари дека кажал: „Го удрив својот слуга со камшик а потоа зад себе го слушнав гласот: ‘Знај Ебу Месуд.’ Тој глас не го разбрав бидејќи бев премногу лут. Откако се приближи, видов дека тоа е Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кој повторно кажа: ‘Знај Ебу Месуде, знај Ебу Месуде.’Тогаш го фрлив камшикот од мојата рака, а тој рече: ‘Знај Ебу Месуде, дека Аллах е помоќен од тебе, отколку ти над ова момче.’ После тоа кажав: ’Никогаш повеќе нема да удрам роб.“ Во друго предание стои: „О Божји Пратенику го ослободувам, сакајќи Го Аллаховото Лице.“, па Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажал: „Кога тоа не би го сторил, Огнот би те допрел.“88 т.е. тоа не можеш да го правиш доброволно, туку обврзан си на тоа, бидејќи го удри со камшик. На овој начин Пратеникот ‫ ﷺ‬се борел против ропството и на тој начин многумина робови биле ослободени. Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил робот да се преоптоварува над неговите можности, кажувајќи: „На робот му припаѓаат храната и облеката и не смее да се оптовари над неговите можности.“89 Во една пригода некој човек дошол кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и го прашал: „О Божји Пратенику, колкупати да му простам на својот роб, тој му одговорил: седумдесет пати, секој ден.“90

84 Бухари, бр.5578.и Муслим, бр.4269. 85 Бухари, бр.5610. 86 Ропскиот однос во времето на Мухаммед алејхи селам, сеуште не беше сосема укинат. 87 Муслим, бр.3130 88 Bilježи Муслим, бр.3135. 89 Муслим, бр.3141. 90 Ебу Давуд, бр.4496.и Тирмизи, бр.1872.

38


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

1.6

Правата на соседот

Многу луѓе не ги посетуваат своите соседи и не прашуваат за нив. Има луѓе кои ги вознемируваат своите соседи, без да се свесни за тоа. Некогаш човек ќе се разболи и има потреба неговиот сосед да му помогне, но не може да дојде до него во таква тешка состојба. Ваквиот вид на изолација е резултат на современиот начин на живот, кој придонесе многу луѓе да ги заборават своите обврски кон заедницата. Заради толку големата важност на правата на соседот, Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Џибрил (Ангелот Гавриил), толку многу ми даваше аманети за правото на соседите, што помислив дека соседот ќе биде наследник на соседот.“91 т.е. помислив дека соседот ќе има удел во наследството на својот сосед. И кажал: „Најдобар кај Аллах се оние кои се најдобри кон своите пријатели, а најдобри соседи се оние кои се најдобри кон своите соседи.“92 Исто така, кажал: „Полошо е кога човек ќе стори блуд со жената на својот сосед, отколку да го стори со десет други жени. Полошо е човек да украде од куќата на својот сосед отколку од десет други куќи.“93 Кажал и: „Кој верува во Аллах и Судниот ден, нека не го вознемирува својот сосед.“94 Во предание oд Збирката на Муслим стои: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека му чини добро на својот сосед.“95 И кажал: „Не е верник оној кој ќе легне ноќе најаден, а неговиот сосед е гладен.“96 И кажал: „О Ебу Зерр, кога ќе си направиш супа, додај повеќе вода и понуди му и на соседот.“97 И кажал: „Колку ли има од оние кои живеат покрај своите соседи и говорат: ‘Господару, запрашај го оној зошто ја заклучил својата врата и ми го забранил неговото добро.’“98 91 Бухари, бр.5555., и Муслим, бр.4757. 92 Тирмизи, бр.1867., и Ахмед, бр.6278. 93 Ахмед, бр.22734. 94 Бухари, бр.5559., и Муслим, бр.68. 95 Муслим, бр.69. 96 Хаким, бр.167. 97 Муслим, бр.4758. 98 Бележи Бухари во El-edebu-l-mufredu, бр. 62.

39


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

1.7

Право на гостинот

Убавиот гест за чија убавина се сложиле луѓето е оддавање почест кон гостинот и негов дочек со добредојде. Поради тоа, наоѓаме дека Пратеникот ‫ ﷺ‬го споил верувањето во Аллах Возвишениот и оддавањето почест на гостинот. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Кој верува во Аллах и Судниот ден, нека го почести својот гостин.“99 Кога е во прашање патник, на кој му е оневозможено понатамошно патување, Пратеникот ‫ ﷺ‬на оние кај кои тој престојува, кон него да се однесуваат убаво три дена, кажувајќи им: „Задолжителното гостопримство трае три дена, а после тоа е милостина.“100 Од гостинот се бара да не му отежнува на домаќинот, и да не се задржува долго за да не му прави потешкотии, бидејќи Пратеникот ‫ ﷺ‬вели: „Не му е дозволено на гостинот да останува (долго), за да не му создава потешкотии на домаќинот.“101

1.8

Правата на сирачињата

Исламот наредува да се води грижа за сирачињата и да им се чини добрина, да им се пружи рака за помош. Возвишениот вели: „Затоа сирачето немој да го понижиш,“(Ед Духа, 9) Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Јас и оној кој ќе води грижа за сираче ќе бидеме во Џеннет (блиску) како овие два прста.“102, па ги покажал двата прста, показалецот и средниот прст. Пратеникот ‫ ﷺ‬предупредил за користењето на богатството (имотот) на сирачето е еден од големите гревови, велејќи: „Оддалечете се од седум гревови кои упропастуваат.“ Присутните прашале: „Кои се тие гревови?“ Тој одговорил: „ширк, правење сихр103, бесправно убиство, камата, земање имот на сирачињата, бегањето од бојното поле и потвора на честити верници.“104 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Кој ќе земе сираче од верник и ќе го 99 Бухари, бр.5560., и Муслим, бр.3255. 100 Бухари, бр.5995., и Муслим, бр.3256. 101 Бухари, бр.5670., и Тирмизи, бр.1891. 102 Бухари, бр.4892., и Тирмизи, бр.1841. 103 Познати во народот како „магии“ 104 Бухари, бр.2560., и Муслим, бр.129.

40


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

храни сè додека не се осамостои, Џеннетот му е загарантиран.“105 Во една пригода дошол некој човек кај Пратеникот ‫ ﷺ‬жалејќи се за суровоста на своето срце, па Пратеникот ‫ ﷺ‬го прашал: „Сакаш ли срцето да ти биде благо, и да го постигнеш тоа што е потребно? Тогаш, биди благ кон сирачето, помилувај го по глава, нахрани го со храната која и ти ја јадеш. Така срцето ќе ти стане благо и ќе ги оствариш твоите потреби.“106

1.9

Правата на слабите и сиромашните

Пратеникот ‫ ﷺ‬водел грижа за слабите, за оние кои не биле имоќни, и кои немале семејства. Прифаќал од оние кои чинеле добро, и преминувал преку нивните грешки. Нивните потреби итно (брзо) ги завршувал, а доколку им била нанесена штета или доколку би биле вознемирени, па макар и со збор кој би ги налутил, Пратеникот‫ﷺ‬таа штета би им ја отстранил. Се пренесува дека Аиз б. Амр дека Ебу Суфјан, еден од великаните на племето Курејш, поминал со делегација покрај Селман ел Фариси, Сухејб Ер Руми и Билал Ел Хабеши, а тие претходно биле робови и биле сиромашни, па кажале: „Аллаховите сабји не го земале своето право кај Аллаховиот непријател.“ Ебу Бекр запрашал: Зарем тоа му го кажувате на водачот и првакот на Курејшиите?“ После тоа отишол кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и го известил за тоа, а тој му кажал: „О Ебу Бекр, можеби си ги налутил. Ако си го сторил тоа, тогаш и Господарот си го налутил.“ Па Ебу Бекр отишол кај нив и ги запрашал: „О мои браќа, дали ве налутив? “, а тие му одговориле: „Не, Аллах да ти прости, брате.“107 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Можеби баш оној бушав и правлив човек, кого луѓето го бркаат од своите порти, кога од Аллах би побарал нешто, Тој тоа би му го услишал.“108 Пратеникот ‫ ﷺ‬ги подучувал своите асхаби дека имотот, положбата во општеството и престижот не му ја даваат на човекот вредноста, доколку не ја заслужи. Сиромаштијата, поесувањето мал имот и нискиот статус, нема да му ја намали на човекот вредноста која ја заслужил. Во една пригода некој човек со своите пријатели поминал покрај Пратеникот ‫ ﷺ‬па ги запрашал: „Што мислите за овој човек?, тие одговориле: „Тој е еден од најугледните луѓе. Тој, се колнам во Аллах, кога би побарал за жена некоја, таа би се согласила, кога би се зазел за нешто, тоа би било 105 Ахмед, бр.18252. 106 Таберани, бр.10173. 107 Муслим, бр.4559. 108 Муслим, бр.4754.

41


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

примено, а кога би говорел тоа би се слушало.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬молчел. После тоа поминал еден сиромав муслиман, па Пратеникот ‫ ﷺ‬прашал: „Што мислите за него?“, а тие одговорија: „Кога тој би запросил жена, не би го прифатила, кога би посредувал во нешто тоа не би било примено, а кога би говорел тоа не би се слушало.“ Потоа Пратеникот ‫ ﷺ‬за сиромашниот кажал: „Овој е подобар отколку цел свет преполн со оној пред него“109 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал. „Сакате да ве известам за жителите на Рајот? Тоа е секој оној слаб (немоќен), кој кога би барал од Аллах, тој би му го исполнил. Сакате да ве известам за жителите на Огнот? Тоа е секој суров, непокорен и горделив (вообразен).“110 Еден од доказите дека Пратеникот ‫ ﷺ‬се грижел за слабите (немоќните), е случајот кога една црна жена, која ја чистела џамијата, престанала да доаѓа, па Пратеникот ‫ ﷺ‬прашал за нејзе, а тие му одговориле дека починала. Тогаш тој прашал: „Зошто не ме известивте? Покажете ми го нејзиниот гроб.“ После тоа тие му го покажаа, а тој и клањаше џеназе (погребна молитва).111 Општеството во кое слабите и сиромашни се чувствуваат дека се важни и дека одговорните за нив се грижат, е општество во кое владее солидарноста, милосрдието и хуманоста чии благодaти се излеваат на секој. Заради тоа, Пратеникот ‫ ﷺ‬вели: „Кому Аллах ќе му даде власт на нешто што се однесува на муслиманите, па тој ќе ги занемари нивните потреби и ќе ги направи сиромашни, Аллах него ќе го занемари и ќе го осиромаши на Судниот ден.“112 Во преданието кое го бележи Тирмизи кажал: „Оној водач кој ќе ја затвори вратата пред оние кои имаат некоја потреба или пред сиромашните, Аллах ќе му ја затвори вратата на небесата кога тој ќе има некоја потреба и сиромаштво.“113 Пратеникот ‫ ﷺ‬исто така, кажал: „Оној кој ќе има власт над луѓето, па ќе ја затвори својата врата пред сиромашните, на оние на кои им е сторена неправда или на оној кој има некоја потреба, Аллах Возвишениот ќе ја затвори вратата на Својата милост кога тој ќе има некоја потреба, или ќе биде сиромашен.“114 Пратеникот ‫ ﷺ‬го повикал целото општество да застане во одбрана на оние чии права се узурпирани, без обѕир каква положба или углед уживале претходно. Така, тој направил врска помеѓу ова прашање и прашањето на вредноста на умметот кажувајќи: „Како Аллах да го цени народот во кој 109 Бухари, бр.4701., и Ибн Маџе, бр. 4110. 110 Бухари, бр.4537., и Муслим, бр.5093. 111 Муслим, бр.1588.и Ибн Маџе, бр. 1522. 112 Ебу Давуд, бр.2559. 113 Тирмизи, бр.1253. 114 Ахмед, бр.15097.

42


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

слабиот (немоќнот, сиромавиот) не го зема своето право од богатиот, а тоа на богатите нема би им нанело штета.“115

1.10

Права на робовите

Пратеникот ‫ ﷺ‬е испратен на општество кое било сочинето од робовладетели и робови. Робовите немале никави права, било имотни, социјални, или политички. Пратеникот ‫ ﷺ‬го подигнал нивниот статус и поттикнувал на нивно ослободување, и за такви постапки ветил огромни награди (севапи). Еден од Пратениковите ‫ ﷺ‬совети во поглед на робовите бил: „Плашете се од Аллах во однос на оние кои ги поседувате.“116 Тој кажал: „Вашите робови, вашите робови. (т.е. ве предупредувам во однос на нивните права!) Хранете ги со храната која вие ја јадете, облекувајте ги со облеката која и вие ја облекувате. Ако сторат некоја непослушност, која вие не сакате да ја простите, продајте ги, но не ги мачете.“117 Исто така, кажал: „Тоа се ваши браќа кои ве служат и кои Аллах ги направил ваш посед. Оној кој ќе го има својот брат како роб, нека го храни со храна која тој ја јаде, нека му ја даде облеката која тој ја облекува, нека не го оптоварува со тоа што не може да го поднесе, а доколку го оптовари со нешто што не може да поднесе, тогаш нека му помогне.“118 Исто така кажал: „Кој неправедно ќе удри роб, ќе му биде вратено на Судниот ден.“119 И кажал: „Кој ќе му мавне шлаканица или ќе го удри својот роб, мора да го ослободи за да се откупи.“120 Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал на ослободување на робовите кажувајќи: „Оној муслиман кој ќе ослободи друг муслиман, тоа ќе му биде откуп од Огнот и ќе биде награден за секоја нивна коска, а онаа муслиманка која ќе ослободи друга муслиманка, таа ќе ‫ ﷺ‬биде откуп од Огнот и ќе биде наградена за секоја нејзина коска. Секој муслиман кој ќе ослободи две муслиманки, тие ќе му бидат откуп од Огнот и ќе биде награден за секоја нивна коска.“121 115 Ибн Маџе, бр. 2417. 116 Ебу Давуд, бр.4489., и Ахмед, бр.552. 117 Ахмед, бр.15813. 118 Бухари, бр.2359 и Тирмизи, бр.1868. 119 Sahihu-l-edeb-l-mufred, br. 134. 120 Муслим, бр.313 и Ебу Давуд, бр.4500. 121 Тирмизи, бр.1467 и Ебу Давуд, бр.3453.

43


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Од Абдуллах б. Амр се пренесува дека му дошол некој голем трговец па Абдуллах го запрашал: „Дали ти на твоите робови им даде храна?“ Одговорил: „Не!“ Тогаш трговецот му кажал: „Оди и дај им храна бидејќи Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ’Доволно ти се гревовите од ускратувањето храна на оние кои се во твоја сопственост.’“122 Исто така, кажал: „Аллах ќе го казни секој, кој ќе ги казнува луѓето на овој свет.“123

1.11

Правата на постарите

Постари луѓе се оние кои се влезени во години во кои чувствуваат осаменост и последици од староста, како што е слабоста, болеста и слично. Тоа се, исто така, луѓе кои имаат искуство и мудрост и затоа е потребно општеството да не ги занемарува, туку да ги почитува и цени и да го користи нивното искуство и можности. Пратеникот ‫ ﷺ‬се гордеел со постарите луѓе и говорел за нивните вредности, и дека тие имаат големо право во целото општество. Тој ‫ﷺ‬ кажал: „Кој во исламот ќе дочека едно седо влакно, тоа ќе му биде светлина на Судниот ден.“124 Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал на почитување на постариот, па кажал: „Еден од начините на величање на Аллах е почитување на постариот муслиман.“125 Пратеникот ‫ ﷺ‬им давал предност на постарите при пиење (вода). Погледни го овој хадис каде на виделина излегува Пратениковата ‫ ﷺ‬почит кон постарите и децата во иста мера. Од Сехл б. Сад Ес-Саидиј се пренесува предание во кое што се наведува: „Кога на Пратеникот ‫ ﷺ‬му бил донесен сад со пијалок, тој се напил. Од неговата лева страна седеле постарите, а од десната едно дете, тој му кажал на момчето: „Дали би дозволил да му дадам прво на постариот.“(бидејќи е обичај да се почне од десната страна). Момчето кое било паметно, одговорило: „Не, се колнам во Аллах, мојот дел нема да го дадам никому.“ После тоа Пратеникот ‫ ﷺ‬му го дал садот во рака.“126 Внимавај на овој детаљ! Алаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬печатот на сите пратеници и веровесници, бара од момче дозвола за да почне од постарите, кои биле од неговата лева страна, од почит кон нив и нивните години. 122 Муслим, бр.16629. 123 Муслим, бр.4734 и Ебу Давуд, бр.2648. 124 Тирмизи, бр.1558., и Несаи, бр.3091. 125 Ебу Давуд, бр.4203. 126 Бухари, бр.2271.и Муслим, бр.3786.

44


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Момчето го одбива тоа бидејќи сака да пие после Пратеникот ‫ ﷺ‬за неговите усни го да допрат местото од кое што пиел Пратеникот, одбивајќи да даде предност на било кој во тоа. Пратеникот ‫ ﷺ‬барал дозвола, бидејќи е суннет (пракса, обичај) кога станува збор за пиење и слично, да се започне од десна страна (во тоа време често луѓето пиеле вода и сл од еден сад, кој се подавал од човек на човек).

1.12

Правата на луѓето со посебни потреби

Постојат луѓе чија судбина била да ги снајде несреќа или болест со одредни нивни органи, што сепак се одразувало на сиот нивен живот. На некои луѓе можеби и не им е грижа за нив, ниту обраќаат внимание на нивните чувства и нивните проблеми. Пратеникот ‫ ﷺ‬не ги заборавил луѓето со посебни потреби, туку им поклонувал должно внимание и се грижел за нив. Една жена која имала ментални проблеми го запрела во една пригода Пратеникот ‫ ﷺ‬и кажала дека има една потреба, а Пратеникот ‫ ﷺ‬и кажал: „О мајко на тој и тој, избери го било кој дел од патот и застани таму за и јас да застанам до тебе.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬се осамил127 со неа сè додека не ја услишал и реализирал нејзната потреба.128 Нив Пратеникот ‫ ﷺ‬ги посетувал и во нивните домови. Еден ден, на своите асхаби им кажал: „Одиме до племето Вакиф да го посетиме острогледиот.“129т.е. слепиот човек. Погледнете како го нарекол со прекар „острогледиот“, со тоа сакајќи му добро (укажувајќи на неговиот духовен вид, вредност и мудрост). Пратеникот ‫ ﷺ‬нив ги изненадувал со големи награди велејќи: „Аллах Возвишениот вели: ‘Кога мојот роб ќе биде искушан со слепило па тој се стрпи, јас за возврат ќе му го подарам Џеннетот.“130 Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал, оној кој има слаб вид и кој е целосно слеп да му биде покажан патот, кажувајќи: „Твојот поглед со кој му помагаш на оној кој има слаб вид е милостина.“131 Во една прилика дошла една жена која понекогаш имала моменти на

127 Ен Невеви вели: „т.е застанал со нејзе на пат по кој поминувале луѓето, за да ја ислуша и реализира нејзината потреба и да одговори на нејзиното прашање, насамо. Ова не спаѓа во осамување со жена странец, бидејќи се случило на пат по кој луѓето поминуваат и ги набљудуваат, но не ги слушаат, бидејќи таа не сакала да се чуе нејзното прашање.“ Види: „Шерхун – Невеви ала Муслим, 16/68. 128 Ахмед, бр.13535. 129 Таберани, бр.1533. 130 Бухари, бр.5221., и Ахмед, бр.12012 131 Тирмизи, бр.1879.

45


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

психичко растројство и на Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажала: „О Аллахов Пратенику, моли се за мене.“, а тој кажал: „Ако сакаш ќе го молам Аллах па ќе те излечи, а ако сакаш стрпи се, па нема да полагаш сметка на Судниот ден. Тогаш таа рекла: „Ќе се стрпам само за да не полагам сметка.“132

1.13

Правила (права) на патот по кој се минува

Во исламот постојат правила за патот по кои луѓето минуваат. Тие кодекси забрануваат вознемирување на луѓето како што се случува во многу земји. Се пренесува дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал: „Избегнувајте седење покрај пат!“ – Асхабите рекоа: „Тоа се наши места за состанување на кои разговараме.“ – Пратеникот им рекол: „Ако веќе сакате да седите тогаш дајте му го на патот неговото право.“ Асхабите го запрашаа: „А кои се неговите права?“, на што тој им одговори, „Да се спушти погледот, да се отстрани она што на луѓето им смета, да се воздржите од навредување, да се возврати на селам (поздравот), и наредување добро а одвраќање од зло.“133 Од „правата“ кои ги има патот е и забрана за вршење нужда на пат и во ладовина. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Чувајте се од две врсти луѓе кои се проколнати; од оној кој врши нужда на места каде луѓе минуваат и од оној кој врши нужда во ладовинки (места каде што луѓето одмараат).“134 Во тие „права“ спаѓа и отстранување на она што ги вознемирува минувачите, бидејќи Пратеникот вели: „Поминал човек покрај гранка додека одел по патот и рекол: ,Ќе го отстранам ова за да не им смета на муслиманите.’ Поради тоа е воведен во Џеннетот (Рајот).“135 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Видов човек како ужива во џеннетските сладости заради дрвото кое го отстранил од патот, кое ги вознемируваше луѓето.“136

132 Ахмед, бр.9312. 133 Бухари, бр.2285., и Муслим, бр.3960. 134 Муслим, бр.397., i Ебу Давуд, бр.23. 135 Муслим, бр.4744. 136 Муслим, бр.4745.

46


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

1.14

Права на животните

Пратеникот ‫ ﷺ‬го подигнал знамето на убаво и благо постапување со животните и наредил убаво постапување кон нив, да се хранат и да се напојуваат и да не бидат оптоварени со она што тие не можат да го поднесат. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Еден човек одел по пат и ожеднел. Наишол на бунар, се спуштил во него и се напил вода. Откако излегол видел задишано куче како ја јаде земјата од жед. Човекот кажал во себе: ‘Ова куче е жедно како што јас бев жеден.’ Се симнал во бунарот, ја наполнил неговиот чевел со вода, а потоа го држел во својата уста додека не се искачил. Кога излегол од бунарот го напоил жедното куче. Аллах, благодарејќи му на тој чин, гревовите му ги простил. Асхабите (пријателите следбеници) го запрашале: „О Божји Пратенику, зарем можеме и поради животните награда да добиеме?“, тој им одговорил: за секое живо суштество можете награда да заработите.“137 Како што спомнатиот човек заслужил прошка затоа што го напоил кучето, така, Пратеникот ‫ ﷺ‬ја спомнал и казната за оној што ги мачи животните, кажувајќи: „Една жена ја мачела мачката така што ја затворила сè додека не пцовисала, па поради тоа завршила во Огнот (на другиот свет). Кога ја затворила ниту ја хранела, ниту ја поела, ниту и дозволила да јаде од земја (тоа што сама ќе најде).“138 Кога се коле животно чие месо е дозволено да се јаде, Пратеникот ‫ﷺ‬ наредил тоа да се прави на убав начин. Тој кажал: „Аллах пропишал убаво постапување во секоја ситуација. Кога убивате, тоа чинете го на благ начин, а кога колете (животно), тоа на убав начин направете го. Затоа, наострете ги своите ножеви за да ‫ ﷺ‬олесните на жртвата која ја колете.“139 Од Ибн Аббас р.а. се пренесува дека еден човек ја положил овцата оштрејќи го ножот пред неа, па Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Зарем сакаш да ја убиеш повеќекратно. Требаше да го наостриш ножот пред колење.“140 И кажал: „Аллах го проколнал оној кој ги масакрира животните.“141 И кажал: „Кој ќе биде милостив животното кое го коле, дури да се работи и за врапче, Аллах ќе му се смилува на Судниот ден.“142 137 Бухари, бр.2190., и Муслим, бр.4162. 138 Бухари, бр.2192., и Муслим, бр.4160. 139 Муслим, бр.3615., и Тирмизи, бр.1329. 140 Хаким, бр.7563. 141 Несаи, бр.4366., i Buhari, br. 5091. 142 Бележи Бухари во Ел Едебу-л-муфред, бр.381.

47


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

II. ВТОРО ПОГЛАВЈЕ Пратеникот ‫ ﷺ‬за вредноста на карактерот и особините • Како да се придобијат луѓето • Праведност • Милост • Трпеливост • Аманет • Храброст • Понизност • Верност и исполнување на обврските • Сигурност • Молчење и говор • Умереност и урамнотеженост • Време • Одговорност • Работа и заработка • Самоконтрола

48


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

• Медицина и здравје • Хигиена и разубавување • Почитување на човечкиот живот • Убаво однесување • Пријателство и љубов • Како да се подучуваат луѓето • Доброволна (волонтерска) работа • Консултирање • Отстранување неправда • Етика на војувањето • Среќа • Оптимизам • Хумор

Пратеникот ‫ ﷺ‬за вредноста на карактерот и особините Вредноста на некој човек, според Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬извира од вредноста и идеалот на кои тој се придржува, како и од убавите особености кои извираат одвнатре и се преточуваат во однесување и видлива стварност. Поради ова тој кажал: „Аллах не гледа во вашите ликови и богатство (имот), туку гледа во вашите срца и вашите дела.“143 Кој ќе размисли за кажувањата на Пратеникот ‫ ﷺ‬ќе види дека сите тие повикуваат кон една цел, а тоа е чистота и совршенство на душата. Овој факт го потврдува следниот хадис кој гласи: „Јас сум испратен да го усовршам убавото однесување.“144 Иако човек има потреба за образование, неговата потреба за вредности, карактерни особини и добро постапување е уште поголема. Причината за несреќа, како што се неправдата и тиранијата во едно општество е недостаток на морал, но не и недостаток на знаење. 143 Муслим, бр.4651. 144 Ахмед, бр.8595.

49


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Оттука убавите карактерни особини се главна карактеристика на Пратениковата мисија. Тој повикувал кон правда со сите нејзини значења, повикал да се постапува праведно со секого, повикал во сомилост кон животните, во благост, поверение, храброст, понизност, извршување обврски, сигурност и убав говор. Исто така, неговата визија опфаќа прашања на урамнотеженост и умереност, без разлика дали станува збор за размислување или начин на однесување. Пратеникот ‫ ﷺ‬повикувал во тоа времето да се искористи на најдобар начин и одговорно, а неговата мисија, во која истрајувал била сериозноста, дозволениот начин на заработка и самоконтролата. Тој, исто така, се насочил и кон поединецот и го повикал да се грижи за себе, за својот надворешен изглед, да го сочува своето здравје преку хигиена и лечење, ако за тоа има било каква потреба. Пратеникот ‫ ﷺ‬повикувал во воспоставување на општество изградено преку почитување на човековиот живот и убавите карактерни особини, општество кое води љубов и пријателство, а во кое сето тоа ќе биде засилено со доброволни активности за општа корист. Тој поставил и некои начела на заедничко дејствување како што се: договарање, пропишаност на борбата против неправдата, доколку постои, поставил и правила на војување и борба, што е многу битно за денешниот човек. Тој имал и визија на среќа, оптимизам и хумор. Сето тоа го поклонувал на оние чие срце било исполнето со грижа и тага. Денес на човештвото најпотребно му е, без оглед на верските и национални разлики, остварување на човековите права за луѓето да бидат среќни. Сега да поминеме на објаснување на она што беше кажано во воведот.

2.1 Како да ги придобиеш луѓето Во природата на човекот е да го сака оној кој говори со благи зборови, кои не се бесрамни и кои не ги навредуваат чувствата. Исто така, ги сака оние луѓе кои се со светло лице и со насмевка, оној кој има исправно мислење и упатува убав совет. Заради тоа, Пратеникот ‫ ﷺ‬придавал внимание на работите со кои се придобива срцето. Тој кажал: „Вие немате богатство за сите луѓе, но можете кон сите нив убаво да се однесувате.“145 Исто така кажал: „Најмил помеѓу вас ми е оној кој има најдобро однесување, кои се понизни и пријатни за дружење, а најомразени помеѓу вас ми се оние кои се занимаваат со пренесување туѓи зборови, тие кои ги раскинуваат 145 El-Bezzar, br. 8544.

50


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

врските помеѓу оние кои се сакаат и оние кои на невини им бараат недостатоци (мани).“146 „Немојте да го сметате за мало и небитно ниедно добро дело, па дури ни тоа да го сретнеш насмеан својот брат верник.“147 „Твојата насмевка кон братот (в лице) е милостина (добро дело), наредување добро и одвраќање од зло е милостина, да упатиш човек кој се изгубил е милостина, да го тргнеш од пат она што им пречи на луѓето е милостина и од својата кофа да ја наполниш кофата на твојот брат е милостина.“148 „Твојот вид со кој му помагаш на оној кој слабо гледа е милостина.“149 „И убавиот збор е милостина“150 „Хранете ги гладните, ширете селам (поздрав), убаво говорете и клањајте ноќе кога другите спијат, па ќе влезете мирно во Џеннет.“151

2.2 Правда Од универзалните вредности кон кои тежнее човештвото е и правдата. Аллах Возвишениот го упатил Пратеникот ‫ ﷺ‬да ја сака правдата и да ја наредува. Возвишениот Аллах вели: „Аллах ви наредува праведно да постапувате.“(Ен Нахл, 90) Уште повеќе, наредил праведно постапување и кон непријателот, кој нe се спротивставува, и предупредил дека непријателството не смее да биде причина неправедно да постапуваме кон другите и нивните права да ги прекршуваме. Возвишениот вели: „Нека омразата која кон некого ја чувствувате никако не ве наведе неправедни да бидете. Праведни бидете, тоа е најблиску до праведноста.“ (Ел Маида, 8) Пратеникот ‫ ﷺ‬објаснувајќи ја обврската кон сите кажал: „Оние кои што беа (живееле) пред нас ги уништи тоа што кога некој од нивните големци би украл, тие не го казнувале, а кога би го сторил тоа некој слаб (немоќен), тие би го казниле. Се колнам во Аллах, јас на својата ќерка Фатима би и ја отсекол раката доколку би украла.“152 146 Таберани, бр.835. 147 Муслим, бр.4760., и Тирмизи, бр.1756. 148 Тирмизи, бр.1879. 149 Ел Беззар, бр. 4070. 150 Бухари, бр.2767., и Муслим, бр.1677. 151 Ахмед, бр.9996. 152 Бухари, бр.3216., и Муслим, бр.3196.

51


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

„Тие кои праведно ќе постапуваат, кај Аллах ќе бидат на троновите на светлината. Тоа се оние кои праведно ќе постапуваат при своите спорови, семејства и за она што се грижат.“153

„Аллах не почитува народ во кој богатите не им ги даваат правата на сиромашните (кои им следуваат), иако давањето на тие права нема ништо да им наштети.“154

2.3 Милост Една од најубавите особини кои еден човек ги поседува е милоста. Милоста предизвикува големи траги, како што се простување, великодушност, пружање рака во помош, помагање на оние на кои им е нанесена неправда и слично. Затоа, една од најспецифичните особини на Пратеникот ‫ ﷺ‬била милоста, бидејќи Аллах го испратил како милост на човештвото. Возвишениот Аллах вели: „Ние те пративме како милост на световите.“ (Ел Енбија, 107) „Само со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твоја близина. Затоа простувај им и моли да им биде простено, и договарај се со нив!“(Али Имран, 159) Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Јас не сум пратен за да проколнувам, туку сум пратен како милост.“155 Во друг хадис кажал: „Милоста не се одзема, освен кај вистински несреќник“156 „Милостивиот ќе се смилува на оние кои се милостиви. Бидете милостиви кон оние кои се на Земјата, па ќе ви се смилува Оној кој е на небесата.“157 „Кој не е милостив, ни нему нема милоста да му биде укажана.“158 Пратениковата сомилост опфаќала сè, па дури и животинскиот свет. Во една пригода некој човек му кажал на Пратеникот ‫ﷺ‬: „О Аллахов Пратенику, јас и овцата кога ја колам сум милостив кон неа“, па алејхи селам 153 Муслим, бр.3406. 154 Ибн Маџе, бр. 2417. 155 Муслим, бр.4704. 156 Ебу Давуд, бр.429 и Тирмизи, бр.1846. 157 Ебу Давуд, бр.4290 и Тирмизи, бр.1847. 158 Бухари, бр.5538 и Муслим, бр.4282.

52


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

му одговорил: „И кон овцата ако си милостив, Аллах ќе ти се смилува.“159

2.4 Толеранција Пратеникот ‫ ﷺ‬го достигнал врвот на трпеливост, совладување на лутина и толеранција. Енес б. Малик вели: „Одев со Пратеникот ‫ ﷺ‬и на него беше неџранската наметка со многу груб околувратник. Еден од бедуините го стигна и го дофати силно за околувратникот така што видов трага на Пратениковиот врат. Потоа му кажа: ‘О Мухаммеде, дај ми нешто од Аллаховиот имот кој е кај тебе!’, па Пратеникот‫ﷺ‬се свртел, се насмеал и потоа наредил да му се даде имот.“160 На овој начин Пратеникот ‫ ﷺ‬го прифатил лошото однесување на бедуинот кон него и не го искритикувал, туку се насмеал и му го дал она што го бара. Еднаш, тој спиел под сенката на едно дрво, а неговата сабја била обесена на него. Дошол еден бедуин, ја зел неговата сабја, се свртел кон лицето на Пратеникот ‫ ﷺ‬и рекол: „Кој ќе те заштити сега о Мухаммеде?“ Тој кажал, „Аллах.“ Тогаш бедуинот се вознемирил, сабјата му испаднала од раце, па Пратеникот ‫ ﷺ‬ја зел а на бедуинот му простил и му кажал да седне до него.“161

2.5 Доверливост (исполнување на аманет) Една од особеностите која е пофална е поверливоста. Аллах Возвишениот вели: „Ние на небесата, на Земјата и на планините аманет им понудивме, па се воздржаа и се уплашија да го понесат, но го презеде човекот – а тој, навистина, кон себе е неправеден и лекомислен “ (Ел Ахзаб, 72) Доверливоста е дел од иманот и затоа Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: 159 Ахмед, бр.19470. 160 Бухари, бр.5362 и Муслим, бр.1749. 161 Бухари, бр.2694 и Муслим, бр.4231.

53


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

„Нема иман оној кој не го исполнува аманетот.“162 Пратеникот ‫ ﷺ‬сметал дека кршењето на аманетот е една од карактеристиките на лицемерите. Тој кажал: „Три особини се (карактеристични) за лицемерите: кога говорат лажат, кога ќе ветат не исполнуваат и кога нешто ќе им се довери (остави во аманет) тоа го изневеруваат.“163 Во друг хадис се вели: „Кога ќе исчезне аманетот очекувај го Судниот ден.“164 Пратеникот ‫ ﷺ‬кај својот народ бил познат како доверлив (Ел-Емин), а Хатиџа, р.а., која била богата и угледна, се омажила за него поради тоа што бил доверлив човек и поради убавото однесување, поради тоа таа му ја доверила нејзината роба со која тргувала, праќајки го во Шам, тоа било период пред Објавата. Заради неговата доверливост, дури и Курејшиите, иако не верувале дека е Пратеник, го оставале својот имот (богатство) кај него на чување. Кога Аллах му наредил да направи хиџра во Медина, откако неговиот народ лошо се однесувал кон него, тој го оставил Алија р.а, својот внук, во Мекка, за да ги врати работите кои му биле доверени на чување. Тоа го сторил иако тие го напаѓале, негирале и насила го одземале имотот на асхабите, но тој не сакал да го земе нивниот имот како замена за тоа, туку тоа што им припаѓало им го вратил. Тој бил најдоверлив човек.

2.6 Храброст Многупати некои луѓе понижуваат одредена личност говорејќи дека е превртлив, дека нема свои принципи, свој идентитет. Пратеникот ‫ ﷺ‬не бил таков со своите пријатели, ниту пак со своите непријатели. Неговите непријтели сакале да тој се откаже од некои свои принципи, меѓутоа тие тоа никогаш не го доживеале, туку тој, саллалху алејхи ве селем, ја кажал познатата реченица: „Се колнам во Аллах, кога би ми го дале Сонцето во десна, Месечината во лева рака, за да го оставам повикувањето во ислам, не би го сторил тоа, сè додека Аллах не ја воздигне оваа вера или не бидам уништен на тој пат.“ Аллах Возвишениот вели: „Тие едвај би дочекале ти да попуштиш, па и тие да попуштат.“ (Ел Калем, 9) Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Луѓето се како руда, оние кои биле најдобри пред исламот (во џахилиетот, незнабоштвото) најдобри се во исламот, доколку ја разберат верата. Ќе најдете дека најдобри луѓе во оваа работа (власта) се оние кои најмногу ја мразат и ќе најдете дека најлоши 162 Ахмед, бр.11935. 163 Бухари, бр.32 и Муслим, бр.89. 164 Бухари, бр.57 и Ахмед, бр.8374.

54


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

луѓе се дволичните, оние кои на една група се прикажуваат со едно, а на друга група со друго лице.“165 Се пренесува од Мухаммед б. Зејд дека некои луѓе му рекле на неговиот дедо Абдуллах б. Омер: „Ние влегуваме кај нашите владетели и кај нив го говориме спротивното од она што го говориме кога ќе излеземе од кај нив“, па тој им кажал: „Ние тоа, во времето на Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬ го сметавме за лицемерие.“166 Се пренесува дека Абдуллах б. Омер рекол: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬дека кажал: ‘Кога ќе видите дека мојот Уммет од страв не смее да му каже на неправедниот дека е неправеден, сеедно е постоел или не.’“167

2.7 Понизност Луѓето ја сакаат понизната личност која ги пресретнува со добредојде и со насмевка на лицето, и не чувствуваат никаква потешкотија кога ќе ја сретнат. Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал на понизност и појаснил дека човек кога е понизен, тоа му ја зголемува положбата и кај Аллах и кај луѓето. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Кога некој е понизен поради Аллах, Аллах ќе го воздигне.“168 „Аллах ми објави да бидете понизни така што никој над никого да не се воздигнува и никој да не му прави неправда на другиот.“169 Понизноста на Пратеникот се огледувала и во тоа што, секогаш кога би поминувал покрај деца, им кажувал селам, а оној кој влегувал во мезџид (џамија) не можел да го разликува (Пратеникот) од неговите асхаби, бидејќи немал одредена посебна облека или место според што би бил препознатлив. Во една пригода, излегол пред асхабите, а тие станале од почит кон него, па рекол: „Немој да станувате како што го прават тоа Персијанците, величајќи се едни со други“.170 Во својата куќа тој бил на услуга на своето семејство, ги чистел своите влечки, сам си ја шиел својата облека, ја молзел овцата за своето семејство, си ја хранел камилата, јадел со својот слуга, седел со сиромавите, ги извршувал потребите на вдовиците и на сирачињата, прв кажувал селам на оној кој ќе го сретнел, се одзивал на оној што би го повикал. Во една пригода на 165 Бухари, бр.3234., и Муслим, бр.4588. 166 Бухари, бр.6642. 167 Ахмед, бр.6234. 168 Муслим, бр.4689 и Тирмизи, бр.1952. 169 Муслим, бр.5109 и Ебу Давуд, бр.4250. 170 Ебу Давуд, бр.4553 и Ахмед, бр.21158

55


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬му дошол еден човек кој заради страхопочит кон Пратеникот почнал да се тресе, па Пратеникот, му кажал: „Полека човеку, јас не сум никаков крал, јас само сум син на една обична жена од племето Курејш, која јадела обична храна.“171

2.8 Верност и исполнување на обврските Ова е една од најголемите и најдобрите особини кои човек може да ги поседува. Тоа е особина која ја потврдил и исламот и наредил извршување на обврските и ветувањата. Возвишениот вели: „И исполнувајте ги обврските за кои сте се обврзале со Аллаховото име и не кршете ги заклетвите кога веќе цврсто сте ги дале,“ (Ен Нахл, 91) Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Муслиманите ги исполнуваат дадените услови.“172 „Јас не ги кршам договорите и не земам гласноговорници и делегации како заложници.“173 „Испочитувајте ги договорите кои сте ги потпишале со многубошците и потпрете се на Аллах против нив.“174 „Извршете ги обврските на кои сте се заколнале во џахилиетот (времето пред примањето ислам), бидејќи исламот обврските на кои сте се обврзале само ги подигнува на повисок степен.“175 2.9 Безбедност Сигурност (безбедност) е работа околу чија вредност во живот на луѓето, двајца нема да се разделат, бидејќи без неа ќе бидат пореметени човечките интереси и ќе завладее неред, ќе се рашири убивањето и грабежите, а злосторниците ќе сеат страв помеѓу луѓето. Пратеникот ‫ ﷺ‬безбедноста со сите нејзини видови ја ставил на многу висока положба, без разлика дали се работи за душевната, здравствената или прехрамбената и тоа е една од најголемите благодети кои човек може да ги ужива на овој свет. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Кој од вас ќе се разбуди сигурен во своето место на живеење, телесно здрав и поседува 171 Ибн Маџе, бр. 3303. 172 Тирмизи, бр.1272., i Ебу Давуд, бр.3120. 173 Ебу Давуд, бр.2377., и Ахмед, бр.22737. 174 Ахмед, бр.22283. 175 Тирмизи, бр.1511 и Ахмед, бр.6638.

56


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

храна за еден ден, како да му е даден овој свет со сите негови богатства.“176 Заради несигурност (небезбедност), изложеност на казни и прогон, Пратеникот им наредил на своите асхаби да се преселат од Мекка во Медина (хиџра), а потоа и тој се отселил од истата причина, барајќи ново место на кое неговата мисија ќе биде прифатена и светлината која Аллах ја објавил ќе биде прифатена. Во состојба на тага и болка, Пратеникот ‫ ﷺ‬ја напуштил Мекка која многу ја сакал и во која го поминал своето детство и младост, сè до својата четириесетта година. Ја напуштил говорејќи: „За мене нема поубав и помил град и мојот народ доколку не ме протераше, никогаш не ќе те напуштев селејќи се на друго место.“177 Пратеникот ‫ ﷺ‬се заканил на секој оној што ја загрозува безбедноста и ги поткопува нејзините темели, како што се злосторствата, убиствата, крадењето и повредата на честа. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Вашата крв, имот и чест се свети, како што е свет и овој ден во оваа света земја и во овој свет месец.“178 Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил напаѓање на исламските владетели или она што се вика воен удар (пуч), бидејќи тоа ќе предзивика неред, пролевање крв и нарушување на безбедноста. Кажал, алејхи селам: „Кој нема да се покори и ја напушти заедницата, па умре, таков умира со незнабожечка смрт.“179 И покрај тоа Пратеникот ‫ ﷺ‬наредил советување на владетелот на убав и аргументиран начин, кажувајќи: „Верата е совет.“ Асхабите го прашале: „Како се манифестира, о Божји Пратенику?“ Тој одговорил: „Преку исполнување на правата кон Аллах, Неговата книга, Пратеникот, водачите на муслиманите и останатите луѓе.“180

2.10

Молчењето и говорот

Молчењето е многу лесно и на човек не му носи никакви трошоци, туку го чува од многу проблеми и непријатни ситуации и отстранува од него многу несреќи и потешкотии. И покрај овој факт, многу малку луѓе знаат да молчат, а Пратеникот ‫ ﷺ‬ја објаснил вредноста на молчењето и опасноста на јазикот (претераното зборување) кажувајќи: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека говори добро или нека молчи.“181 176 Тирмизи, бр.2268. 177 Тирмизи, бр.3861. 178 Бухари, бр.1623 и Муслим, бр.3180. 179 Муслим, бр.3436 Несаи, бр.4045., и Ахмед, бр.7603. 180 Муслим, бр.82 и Тирмизи, бр.1849. 181 Бухари, бр.5559 и Муслим, бр.67.

57


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

„Кој молчи веќе успеал.“182 „Муслиман е оној од чиј јазик и раце се мирни останатите муслимани.“183 Во една пригода Укбе б. Амир р.а. го запрашал Пратеникот, ‫ﷺ‬: „Во што лежи спасот?“ Пратеникот одговорил: „Чувај го својот јазик, држи се до својата куќа184 и плачи заради своите гревови.“185 Целта на овој хадис не е да трпиш и да не го менуваш тоа што е лошо, да молчиш за неправдата, туку целта е оддалечување од она што не чини, како и оддалечување од говорот кој не се базира на докази. Затоа Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Кажи ја вистината, па дури и да е горчлива.“186 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Предводник на мачениците е Хамза б. Абдул-Муталиб и човек кој ќе стане пред неправедниот владетел и ќе му го забрани злото а ќе му го нареди доброто, па овој поради тоа ќе го убие.“187 Овој пример и слични на него, претставуваат примери кога човек ја зборува вистината. Молчењето е пожелно кога се работи за некои збунувачки ситуации и нереди и во ситуација кога користа од говорот и молчењето е иста. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Убавината на исламот кај еден човек се огледува во оставањето на она што не нè засега.“188

2.11

Умереност и урамнотеженост

Возвишениот Аллах го опишал умметот на Мухаммед ‫ ﷺ‬како уммет на умереност. Возвишениот вели: „И така ве направивме умерена заедница.“ (Ел Бекара, 143) Затоа Пратеникот тежнеел кон воспоставување на особини како урамнотеженост и умереност во животот на муслиманите. Урамнотеженост, умереност и средниот пат беа многу истакнати во животот на Пратеникот ‫ ﷺ‬во неговите обреди и постапки, затоа, тој го забранил претерувањето и екстремизмот, кажувајќи: „Чувајте се од претерување, бидејќи тоа ги уништи оние пред вас.“189 Пратеникот ‫ ﷺ‬ги подучувал своите асхаби да бидат умерени во сè. Така, се пренесува од Енес р.а. дека кажал: „Дошле тројца луѓе во куќата на 182 Тирмизи, бр.2425 и Ахмед, бр.6193. 183 Бухари, бр.9 и Муслим, бр.58. 184 Вели Ел Мунави: „особено во времето на фитна.“ Види: Фејдул Кадир, 2/249. 185 Тирмизи, бр.2330., и Ахмед, бр.21206. 186 Ахмед, бр.20447. 187 Хаким, бр.4884. 188 Тирмизи, бр.2239., и Ибн Маџе, бр. 3966. 189 Ахмед, бр.3078 и Несаи, бр.3007.

58


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

жените на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬да се распрашаат за неговиот ибадет.190 Кога биле известени за тоа кажале: ‘каде сме ние во однос на Пратеникот ‫ ﷺ‬а нему му се простени сите минати и идни гревови?’ Еден од нив кажа: ‘Јас цела ноќ ќе клањам (се молам)!’ Другиот кажа: ‘Јас постојано ќе постам и нема да се мрсам!’, а третиот кажа: ‘Јас ќе се повлечам од жените и нема никогаш да се женам!’ Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬бил известен за она што го кажале овие луѓе, па кажал: ‘Јас од сите вас сум најскрушен и најбогобојазен, но јас и постам, и мрсам, клањам и одмарам, и живеам брачен живот, па кој го избегнува мојот суннет (практика), тој не е од мене!’“191 Во една пригода Пратеникот ‫ ﷺ‬дошол кај својата жена Зејнеб бинт Џахш и нашол јаже кое било затегнато помеѓу два столба. Ги запрашал асхабите: „Какво е ова јаже?“ Одговорија: „Тоа е јажето на Зејнеб, кога ќе се измори го користи како наслон.“ Алејхи селам на тоа кажал: „Не, тргнете го! Секој од вас нека клања дури има сила, а кога ќе се измори нека седне“192 Пратеникот ‫ ﷺ‬ја објаснил реалноста на верата кажувајќи: „Верата е лесна и никој нема со неа да се бори а таа да не го победи. Затоа бидете умерени, а ако не можете – трудете се да бидете блиску до тоа и радувајте се на наградата.“193 Пратеникот, алејхи селам, кога и да бил во ситуација да бира помеѓу две работи, секогаш ја избирал полесната, доколку не била грев, но доколку претставувала грев тогаш најмногу се чувал од таа работа. Се пренесува од Ханзала ел Еседија дека рекол: „Го сретнав Ебу Бекр кој ме праша: ‘Како си?’ Кажав: ‘Ханзала е лицемер!’ Тој кажа: ‘Субханеллах,194 што зборуваш?’ ‘Кога сме кај Пратеникот ‫ ﷺ‬тој ќе нè потсети на Џехенемот (Пеколот) и на Џеннетот (Рајот) и ние како да ги гледаме, а кога ќе се вратиме кај своите семејства и секојдневниот живот, ние тоа го забораваме.’ Ебу Бекр кажа: ‘Се колнам во Аллах тоа исто се случува и со нас.’ Потоа го прашавме Пратеникот ‫ ﷺ‬каде исто така повторив: ‘Ханзала е лицемер!’ по што тој праша: ‘Зошто така?’ јас одговорив: ‘Кога сме кај тебе, ти не потсетуваш на Џенентот и на Џехеннемот и ние како да ги гледаме, а кога ќе се вратиме кај своите семејства и секојдневниот живот ние тоа го забораваме. Пратеникот тогаш му кажа: ‘Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа, кога би биле онакви какви сте кога сте со мене, навистина мелеците (ангелите) би ве поздравувале во вашите постели и по патот. Но, о Ханзала, час вака, час онака, го повтори тоа три пати.’“195 Пратеникот ‫ ﷺ‬не предупредил дека претерувањето во верата нè води во пропаст кажувајќи три пати: „Ќе пропаднат оние кои претеруваат во 190 Сите форми и чинови на обожување (намаз-молитва, пост, зикр, учење-читање Куран и.т.н) 191 Бухари, бр.4675 и Муслим, бр.3487. 192 Бухари, бр.1082 и Муслим, бр.1306. 193 Бухари, бр.38 и Несаи, бр.4948. 194 Славен да е Аллах. 195 Муслим, бр.4937., и Тирмизи, бр.2438.

59


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

верата.“196 Енес р.а.пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬видел старец како едвај оди помеѓу двата негови сина, па ги прашал: „Што е со него?“ Асхабите кажале: „Се заветил дека само ќе пешачи.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬одговорил: „На Аллах не му е потребно неговото самоказнување.“197 Сите овие докази го потврдуваат настојувањето на Пратеникот ‫ ﷺ‬да воспостави рамнотежа кај верникот, за да не скршне од патот и за да не залута во претерување или пак попуштање. Имајќи ја во предвид душевната страна на човекот и неговата природна наклонетост кон страстите, Аллах дозволил уживање во убавите работи, со зборовите: „Кажи: Кој ги забрани Аллаховите украси кои Тој им ги подари на своите робови и вкусните јадења.“ (Ел Араф, 32) И кажал Возвишениот: „Немој да го заборавиш својот удел на овој свет.“(Ел Касас, 77) Една од довите на Пратеникот ‫ ﷺ‬била: „Аллаху мој поправи ја мојата вера која е моја заштита и поправи го мојот свет во кој живеам.“198 Оваа молитва ја открива прекрасната рамнотежа помеѓу овој свет и верата. Исто така, умереноста во говорот и делата била една од препознатливите особини на Пратеникот ‫ ﷺ‬па од Аиша р.а. се пренесува дека има кажано: „Пратеникот ‫ ﷺ‬не се брзаше во говорењето вака како што вие брзате.“199 Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Навистина „мунбет“ (личност која брза)200 нема да го помине саканиот пат и ќе го изгуби своето превозно средство.“201 Во еден хадис стои: „Твојот Господар има право кај тебе, твоето тело има свое право кај тебе и твоето семејство има право кај тебе и на секого дај му го неговото право.“202 Исто така, умереноста на исламот се огледува во тоа што Пратеникот пропишал многу олеснувања во разни ситуации, за коишто вели: „Аллах сака да се користат олеснувањата исто како што презира да се прават лоши дела.“203 Во еден хадис кој говори за особините на Пратеникот стои: „Кога 196 Муслим, бр.4823., i Ебу Давуд, бр.3992. 197 Бухари, бр.6207., и Муслим, бр.3100. 198 Муслим, бр.4897 и Несаи, бр.1329. 199 Бухари, бр.3303 и Муслим, бр.4548. 200 Шејх Мухаммед Салих ел Усејмин вели: „Тоа е оној кој непрекинато оди ден и ноќ и таков нема да го помине патот и нема да му остане средството кое го јава, туку ќе го измори и ќе мора да го прекине својот пат, да се измори и исцрпи.“ Види: Шерх Ријаду Салихин, 2/218. 201 Бејхеки, бр. 4931. 202 Бухари, бр.5674 и Тирмизи, бр.2337. 203 Ахмед, бр.5600.

60


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Пратеникот ‫ ﷺ‬бил во можност да бира помеѓу две работи секогаш ја избирал полесната, доколку не била грев.“204

2.12

Време

Времето е живот. Аллах се колне во одредени периоди на времето, со што укажува на неговата вредност. Тој се колне во мугрите, утрото, ноќта и денот. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Две благодати кои луѓето многу ги занемаруваат се здравјето и слободното време.“205 Исто така кажал: „Робот на Судниот ден нема да ги мрдне своите нозе сè додека не биде прашан за четири работи: за животот – како го поминал, за знаењето – како постапувал со него, за имотот – како го заработил и каде го потрошил и за телото – како го користел.“206 Поттикнувајќи на тоа животот да се помине правејќи добри дела Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Искористи пет работи пред другите пет: животот пред смртта, здравјето пред болеста, слободното време пред зафатеноста, младоста пред староста и богатството пред сиромаштијата.“207

2.13

Одговорност

Пратеникот ‫ ﷺ‬на луѓето им давал одговорност според нивната состојба и компетентност, по што ги предупредил за недговорноста и занемарувањето на доверените обврски на секој поединец. Тој појаснил дека човекот ќе биде запрашан пред Аллах за одговорностите кажувајќи: „Сите вие сте пастири и секој од вас ќе биде одговорен за своето стадо. Владетелот е пастир и тој е одговорен за своето стадо, човекот е пастир на своето семејство и одговорен е за своето стадо, жената е пастир во куќата на својот маж и ќе биде одговорна за своето стадо, слугата е пастир на имотот на својот газда и ќе биде одговорен за него. Сите вие сте пастири и сите ќе 204 Бухари, бр.3296., и Муслим 4294. 205 Бухари, бр.5933., и Тирмизи, бр.2226. 206 Тирмизи, бр.2341., и Дарими, бр. 536. 207 Хаким, бр.7846.

61


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

бидете прашани за своето стадо.“208 Доколку човек не е одговорен кон своите деца и својата жена, тој со тоа чини грев, бидејќи Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Доста му е на човекот гревот на запоставување на оној кој е должен да го храни.“209 Во една пригода Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажал на Саад б. Векас: „Подобро е да ги оставиш своите наследници богати отколку сиромашни па да бараат од луѓето.“210 Пратеникот ‫ ﷺ‬објаснил дека човекот е одговорен за тоа што го говори кажувајќи: „Навистина робот ќе изговори збор кој Аллах го сака, а притоа тој да не придава значење, па поради тоа Аллах да го подигне неговиот степен. И навистина робот ќе изговори збор кој Аллах го лути, а тој да не му придаде значење па тоа да го одведе во џехеннем.“211 Исто така, појаснил дека секој е одговорен за тоа што го работи, велејќи: „На кого му се даде одредена работа и дневница за неа, а тој ќе земе повеќе од тоа, таквиот е крадливец.“212 Исто така, кажал: „Што е со работникот на кој ќе му дадеме работа, па тој ќе дојде и ќе каже: ’Ова е од работата што ми ја дадовте, а ова го добив на подарок. А доколку седеше во куќата на својот татко и мајка, дали би го добил тоа на подарок? Се колнам во Оној во Чии раце е Мухаммедовата душа, кој нешто ќе сокрие од тоа ќе дојде на Судниот ден носејќи го тоа на врат.“213 Пратеникот ‫ ﷺ‬ја појаснил важноста на работата и предупредил за погубноста од мрзливоста и безработицата, па ги објаснил многуте прописи и правила врзани за начините на заработка и трговија. Возвишениот вели: „А кога ќе заврши намазот разотидете се по земјата барајќи ги Аллаховите благодетти.“ (Ел Џуммуа, 10) Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Најдобра храна која ја јадете е онаа која што сте ја заработиле со сопствени раце. Навистина, Аллаховиот Веровесник Давуд ‫ ﷺ‬се хранел со храна заработена со сопствени раце.“214 Пратеникот, ги поттикнувал луѓето професионално да си ја одработат својата работа, па кажува: „Аллах навистина сака професионално215 да ја 208 Бухари, бр.844., и Муслим, бр.3408. 209 Ебу Давуд, бр.1442., и Ахмед, бр.6207. 210 Бухари, бр.1213., i Муслим, 3076. 211 Бухари, бр.5997., и Тирмизи, бр.2241. 212 Ебу Давуд, бр.2554. 213 Бухари, бр.614 и Муслим, бр.3413. 214 Бухари, бр.1930. 215 Т.е. потполнете го она што го работите.(пр.ур.)

62


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

одработите работата која ја работите.“216 Тој предупредил на штетноста од барање од луѓето без потреба, кажувајќи: „Некои ќе просат од луѓето сè додека не го сретнат Аллах без месо на своите лица.“217 Тоа е затоа што е срамота да се проси, затоа што му е обврска да јаде преку работата на сопствените раце. И кажал: „Кој проси, а не е сиромав, како да јаде жар.“218 Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил монопол на робата со цел подигање на цената па кажал. „Кој држи монопол таквиот греши.“219 Се пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Аллах вели: ‘Доколку двајца се здружат јас сум со нив сè додека едниот другиот не го измами, а кога ќе го измами јас ги напуштам.’“220 Исто така, кажал: „Доверливиот и искрениот трговец ќе биде во друштво на веровесниците, искрените и мачениците.“221 Тој кажал: „Чувајте се од често колнење при вршење трговија, бидејќи тоа најпрвин носи добивка, а потоа загуба.“222 И кажал: „Продавачот и купувачот имаат избор сè додека не се разделат. Ако се искрени и ја објаснат состојбата на робата тогаш ќе им биде даден бериќет во трговијата, а доколку лажат и ја кријат маната – бериќетот ќе им биде ускратен.“223 И кажал: „Дајте му ја на работникот платата пред да му се исуши потта од челото“224 И кажал: „Најдобра заработка е заработката со сопствени раце, доколку се работи како треба.“225 И кажал: „Забранета е трговијата со алкохол.“226 И кажал: „Немојте да ги продавате плодовите што уште не се набрани 216 Бејхеки, бр. 4931. 217 Бухари, бр.1381 и Муслим, бр.1724. 218 Таберани, бр.3506. 219 Муслим, бр.3012 и Тирмизи, бр.1188. 220 Ебу Давуд, бр.2936. 221 Тирмизи, бр.1130 и Ибн Маџе, бр. 2130. 222 Муслим, бр.3015 и Несаи, бр.4384. 223 Бухари, бр.1968.и Муслим, бр.2825. 224 Ибн Маџе, бр. 2434. 225 Ахмед, бр. 8060; Ел Мунави вели: „Така што професионално ќе ја одработи својата работа и нема да се служи со измами и слично.“ Види: : et-Tejsir bišerhil-džami’is-sagir, 1/527. 226 Бухари, бр.2074 и Муслим, бр.2959.

63


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

сè додека не покажете дека се здрави227 и дека се сочувани од недостатоци.“228 И кажал: „Кој лаже не е од нас.“229 И кажал: „Муслиманот му е на муслиманот брат. Не му е дозволено да му продаде нешто што има недостаток, а да не му укаже на тоа.“230 И кажал: „ Никој нека не продава преку трговијата на својот брат.“231 И кажал: „Аллах сака убаво постапување при продажбата, трговијата и пресудувањето.“232

2.14

Самоконтрола

Една од важните работи кои Пратеникот ‫ ﷺ‬ги наредил е човекот да воспостави контрола врз самиот себе, така што ќе ги уважи правата на Аллах и правата на робовите тајно, пред јавното. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Плаши сè од Аллах кај и да си и стори добро дело, после лошото, за да го избришеш и убаво однесувај се кон луѓето.“233 Во една пригода Пратеникот ‫ ﷺ‬го учел Ибн Аббас на самоконтрола, храброст и потпирање на Аллах и кажал: „Младо момче, ќе те подучам на неколку зборови: Чувај го Аллах, па и тој тебе ќе те чува. Чувај го Аллах па ќе го најдеш пред себе.234 Кога нешто бараш – барај го тоа од Аллах, а кога со нешто помагаш, помогни со Аллах. Знај дека, кога сите луѓе би се собрале да ти прибават некаква корист, не би можеле да ти користат освен онолку колку што Аллах ти одредил. Кога сите луѓе би се собрале да ти нанесат зло не би можеле да ти наштетат освен онолку колку што Аллах пропишал. 227 Ел Мунави вели: „Продажбата на плодовите може да биде или под услов веднаш да се наберат, што е дозволено без разијдување, било да созреале или не, бидејќи и да не созреале може да се користат како храна за стока или продажба под услов да останат ненабрани...“ Fejdul-kadir, 3/155. 228 Муслим, бр.2829. 229 Муслим, бр.146 и Тирмизи, бр.1236. 230 Ибн Маџе, бр. 2237. 231 Бухари, бр.1995 и Муслим, бр.2531 Ен-Невеви вели: „Пример за тоа е да му каже на трговецот ,откажи се од ова купување, а јас ќе ти го продадам истото тоа за помала цена›, и на тоа слично. Ова е харам. Исто така, харам е купување преку купувањето на својот брат муслиман, а тоа е да каже на продавачот додека купувачот кај него купува: „Прекини ја оваа продажба, а јас ќе ти го откупам тоа за поголема цена“ и на тоа слично. Видете во Šerhun-Nevevi ala sahihi Muslim, 10/158. 232 Ибн Маџе, бр. 2176. 233 Тирмизи, бр.1910 и Ахмед, бр.20392. 234 Шејх Мухаммед Салих ел Усејмин вели: „Ќе Го најдеш пред себе како ти укажува на секое добро, те приближува кон Себе и те чува од секое зло.“ Види: Šerhul-erbe’inennevevijje, 201.

64


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Перата пресушиja, а листовите се подигнaa.“235 Пратеникот ‫ ﷺ‬во една приgoda бил запрашан што е тоа доброчинство и тој одговорил: „Тоа е да го обожуваш Аллах како да го гледаш, бидејќи ако ти Него не го гледаш, Тој, навистина те гледа.“236 Пратеникот ‫ ﷺ‬спомнал седуммина кои ќе бидат на најголем степен во џеннет на Судниот ден, а Аллах ќе ги смести во ладовина кога друга ладовина освен Неговата нема да има. Еден од таквите е и: „..човек кого угледна и убава жена го повикала на блуд, а тој рекол: ‘Јас се плашам од Аллах, Господарот на световите.’“237 Тоа е затоа што знае дека неговиот Господар го набљудува и го оставил гревот и кога никој друг не го гледа.

2.15

Лекот и здравјето

Секој човек на Земјината топка сака да биде здрав. Пратеникот ‫ﷺ‬ не упатил некои совети и работи врзани за здравјето кои се користат како заштита од болести и ги поттикнувал луѓето на лечење со оние работи кои не се забранети. Некои од тие совети се: Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Доста му се на човек неколку залаци кои ќе го одржат способен за работа. Ако веќе сака, тогаш една третина нека остави за храна, друга за вода, трета за дишење.“238 Кога луѓето би го практикувале само овој совет, многу болести не би постоеле. Кажал исто: „Секоја болест има свој лек, па доколку се најде лек за болеста таа ќе исчезне со Аллахова дозвола.“239 Исто така кажал: „Ако слушнете дека во едно место има чума немојте да влегувате во него, а доколку се појави во местото каде што сте вие, немојте да излегувате бегајќи од неа.“240 Овој хадис е основа на она што денес во медицината е познато како карантин.241 Исто така кажал: „Нека човек не прекорува никого освен себеси доколку 235 Тирмизи, бр.2440 и Ахмед, бр.2537. 236 Бухари, бр.48 и Муслим, бр.9. 237 Бухари, бр.1334 и Муслим, бр.1712. 238 Тирмизи, бр.2302 и Ибн Маџе, бр. 3340. 239 Муслим, бр.4084. 240 Бухари, бр.5287., и Муслим, бр.4111. 241 Кој е откриен дури после многу изминати столетија.

65


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

заноќи, а на рацете има мрснотија од месо.“242 Ова укажува на тоа рацете да се мијат после јадење, а особено ако човек сака да спие. Кој ќе го запостави тоа нека се обвинува сам себе си. И кажал: „Црното семе е лек за секоја болест, освен труење (смрт).“243 Научно е потврдено дека црното семе го зајакнува имунитетот и дека е лек за секоја болест како што за тоа веќе не известил Пратеникот ‫ﷺ‬.

2.16

Чистотата и разубувувањето

Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал да се одржува чистотијата на телото, облеката и домот. Пратеникот ‫ ﷺ‬го сакал убавиот мирис, а го презирал непријатниот мирис. Негови совети во однос на тоа прашање биле следниве: „Кој од вас има (подолга) коса нека ја држи средена.“244 „Три работи се кои треба да ги прави секој муслиман: капење на денот на џума (петок), користење на мисвак245 и користење мирис.246 Кога Пратеникот ‫ ﷺ‬доаѓал некаде бил познат по тоа што убаво мирисал. Тој кажал: „Природни работи се: испирање на устата, носот, користењето на мисвак, кратењето на брковите, сечењето на ноктите, отстранувањето на влакната под пазувите, отстранувањето на влакната од срамните места, чистење на нечистотијата од врвот на прстите, миење со вода после нужда и обрежувањето.“247 Исто така кажал: „Одржувајте ги своите куќи чисти.“248 Исто така кажал: „Аллах е убав и ја сака убавината.“249 Во една прилика Пратеникот ‫ ﷺ‬видел некој човек со разбушавена коса па кажал: „Зарем овој неможе да најде нешто да си ја среди косата?“ Во друга прилика видел човек со валкана облека па кажал: „Зарем овој неможе да најде вода за да си ја испере облеката?“250

242 Ибн Маџе, бр. 3287. 243 Бухари, бр.5255 и Муслим, бр.4104. 244 Ебу Давуд, бр.3632. 245 Растение кое се користи како четка за заби. 246 Ахмед, бр.21998. 247 Ахмед, бр.17606 и Ебу Давуд, бр.49. 248 Тирмизи, бр.2723. 249 Муслим, бр.131 и Ахмед, бр.3600. 250 Ебу Давуд, бр.3540.

66


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

2.17

Почитување на човекот

Возвишениот Аллах го почестил човекот и го сторил најдобро суштество. Вели Возвишениот: „Ние ги одликувавме синовите на Адем.“ (Ел Исра, 70) Погледнете го само Пратеникот ‫ ﷺ‬покрај кој минувало џеназе (посмртна поворка), а тој станал да оддаде почит. Асхабите кои биле со него му кажале дека тоа е евреин (т.е. тој не бил муслиман, па се изненадиле што станува од почит кон немуслиман), а тој одговорил: „Зарем и тој не е човек?“251 Ова само говори колку Пратеникот ‫ ﷺ‬ги почитувал луѓето без разлика која вера биле, на кој му припаѓал и како постапувал на овој свет. Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил казнување на луѓето кажувајќи: „Аллах на Судниот Ден ќе ги казни оние кои ќе ги казнуваат луѓето.“252 Тоа е затоа што секој ќе биде награден и казнет зависно од своите постапки. Кажал: „Два вида на луѓе се длабоко во Џехенем што неможев да ги видам: луѓето кои имаат камшици како кравји опаши и со нив го удираат народот и жени облечени, но откриени, се движат заводнички. Нивните глави се како грб на камила. Нема да влезат во Џеннет ниту ќе го почуствуваат неговиот мирис.“253 Од доказите дека Пратеникот ‫ ﷺ‬го ценел човекот е тоа што забранил навредување на умрените.254 Тој исто така забранил сквернавење на лешот и исмејување со него кажувајќи: „Да скршиш прст на мртовец е исто како да скршиш прст на жив човек.“255 Значи и двете постапки се грев.

2.18

Убавото однесување Сите луѓе го сакаат убавото однесување и го сакаат човекот кој е со

251 Бухари, бр.1229 и Муслим, бр.91596. 252 Муслим, бр.4733 и Ебу Давуд, бр.2648 253 Муслим, бр.5098. 254 Ахмед, бр.17498. 255 Ебу Давуд, бр.2792 и Ахмед, бр. 923172.

67


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

ведро лице и насмеан. Затоа Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал човекот убаво да се однесува, да биде мил помеѓу луѓето и да стекне нивно пријателство. Во тој дух тој кажал: „Најтешко дело на мизан – вагата (во однос на човечките дела) на Судниот ден е убавото однесување, а Аллах не го сака бесрамникот и непристојниот.“256 Исто така кажал: „Најдобри верници се оние со најдобро однесување – ахлак.“257 Исто така кажал: „Верникот со своето убаво однесување може да достигне степен (т.е. награда) на оној кој ноќите ги минува во намаз (молитва), а деновите во пост.“258 И кажал: „Верниците се лесни и благи како послушна камила, ако ја повлечеш ќе се покори, ако и наредиш да легне – ќе го стори тоа дури и да се наоѓа на карпа.“259 Во една пригода бил запрашан за жена која пости дење, а ноќите ги минува клањајќи, но ги вознемирува своите комшии, па одговорил: „Таа е во Огнот.“260 И кажал: „Кој нема да го остави лажниот говор, работата според него и незнабожечкото однесување (ел џехл),261 на Аллах не му треба неговото оставање на храната и пиењето.262 И кажал: „Развратниот и простачкиот говор никако не е од исламот, а најдобрите муслимани се оние со најдобар ахлак.“263

2.19

Пријателство и љубов

Пријателството не претставува само некој збор што се изговара и при тоа да нема одреден уддел во љубовта, вложувањето труд и дарувањето. Затоа се вели: „Пријателите се препознаваат во мака.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬го појаснил главниот столб на кој почива

256 Тирмизи, бр.1925 го оценил како сахих.. 257 Хаким, бр.8623 и Бејхеки, бр. 2719. 258 Ебу Давуд, бр.4165. 259 Бејхеки, бр. 7778. Ел Муневи вели во својот Fejdul-kadir: „под лесен“ се мисли на нивната леснотија во овосветските работи и стварности кои се однесуваат на него, но за работите од верата е поцврст од камен. Под „благи“ се мисли дека прават добро и лесно им простуваат на луѓето. Погледни Fejdul-kadir, 6/258. 260 Ахмед, бр.9298. 261 Ибн Бетал вели:„Можно е под џехл да се мисли на сите гревови.“ Umdetul-Kari’, 10/276, а ес-Санани вели: „т.е. будалештини“ Subulus-selam, 2/156. 262 Бухари го бележи во неговиот Сахих. 263 Ахмед, бр.19915.

68


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

пријателството и кажал: „Најдобри пријатели кај (според) Аллах се оние кои се најдобри кон своите пријатели, а најдобри соседи се оние кои се најдобри кон своите комшии.“264 „Од двајца луѓе кои се сакаат во име на Аллах, оној кој повеќе го сака својот пријател тој му е помил на Аллах.“265 „Никој нема да биде верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува и за себе.“266 Пратеникот ‫ ﷺ‬нè известил дека некои луѓе во џеннет ќе имаат високи степени, а причината за тоа е љубовта кон добрите луѓе. Во една пригода дошол некој човек кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и го запрашал: „Кога ќе настапи Судниот ден?“ Пратеникот ‫ ﷺ‬го прашал: „А што си подготвил за Судниот ден?“ Човекот рече: „Ништо посебно, само ете што ги сакам Аллах и Неговиот Пратеник.“, па му кажа Пратеникот ‫ﷺ‬: „Ти ќе бидеш со оние што ги сакаш.“ Енес тогаш кажал: „Не се израдував на ништо дотогаш, како на овој хадис.“267 Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал да се изберат добри пријатели, кажувајќи: „Немој да се дружиш освен со верник и немој да ја јаде твојата храна никој освен богобојазлива личност.“268 „Човекот е на верата на својот пријател, па нека секој погледне со кого се дружи.“269

2.20

Како да ги подучуваш луѓето

Познато е дека успешниот учител е човек кој е смирен, кој има силни аргументи и користи искрени зборови кои одат од срце на срце. Пратеникот ‫ ﷺ‬бил најдобриот учител и затоа кажал: „Јас сум како вашиот татко, јас ве подучувам.“270 Еден од примерите каде Пратеникот ‫ ﷺ‬подучувал е преданието од

264 Тирмизи, бр.1867 и Ахмед, 6278. 265 Ибн Хиббан, бр.566 266 Бухари, бр.12 и Муслим, бр.64. 267 Бухари, бр.3412.и Муслим, бр.4775. 268 Тирмизи, бр.2318., и Ебу Давуд, бр.4192. Ел Хатаби вели: Ова се однесува на свечени гозби, но не и на хранење на луѓето кои имаат потреба за храна, бидејќи Возвишениот кажал: „и храната ја делат – иако и самите имаат потреба – на сиромав и сираче и заробеник.“ (Ел Инсан, 8), а познато е дека нивните заробеници биле неверници, а не верници. Ова е предупредување зо дружење со оние кои не се богобојазливи и не е посакувано мешањето со нив и правењето гозби со нив бидејќи тие уфрлаат поврзаност и љубов во срцето. (Види: Ел Хатаби, Me’alimus-sunen, 4/115.) 269 Ахмед, бр.8065. 270 Ебу Давуд, бр.7 и Ахмед, бр.7102.

69


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Енес б. Малик кое вели: „Седевме во џамија па влезе еден бедуин и почна да мокри. Кога го видеа тоа асхабите кажаа: „Прекини, прекини!“, а во друго предание стои: „Па луѓето се обидоа да го одвратат од тоа, а Пратеникот ‫ﷺ‬ им кажа: ‘Не го прекинувајте’, бидејќи тоа ќе му наштети. Тие го оставија сè додека не заврши. Потоа Пратеникот ‫ ﷺ‬го повика и му кажа: „Џамиите се Аллахови куќи, не е прилично во нив да се врши нужда и да се валкаат. Џамиите се за спомнување на Аллах, намаз и учење Куран.“271 Од Муавија б. Хакем ес-Сулеми се пренесува дека кажал: „Додека клањав со Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬некој кивна па му кажав: ‘Јерхамукеллах – Аллах да ти се смилува.’ Луѓето остро ме погледнаа, па кажав: ‘Пропаднав, заради што гледате во мене?’ Тие почнаа да удираат со рацете по своите бутини. Кога видов дека ме замолчуваат, се замолчев. Кога Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬клањаше не сум видел подобар учител во поучувањето. Се колнам во Аллах, ниту луто ме погледна, ниту ме удри, ниту ме навреди, туку кажа: ‘Во намазот не е дозволено ништо од човековиот говор. Тој е составен од славењето на Аллах и учењето на Куран.’“272 Пратеникот ‫ ﷺ‬некогаш користел дијалог служејќи се со разумски аргументи кога сакал да увери некого во нешто или да го подучи. Така од Ебу Уммаме се пренесува дека: „Дошол некој млад човек кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и му кажал: ‘Аллахов Пратенику дозволи ми да сторам блуд.’ Народот се собра околу него, негодувајќи и критикувајќи го. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Приближете го.’ Кога дошол поблиску му кажал: ‘Седни.’ Тој седнал, а тогаш Пратеникот ‫ ﷺ‬го запрашал: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата мајка?’ Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните мајки!’ ќерка?’

Потоа го запрашал: ‘Дали би сакал тоа некој да го стори со твојата Одговорил: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’

Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните ќерки!’ Повторно го запрашал: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата сестра?’ Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на

271 Муслим, бр.429. 272 Муслим, бр.836 и Несаи, бр.1203.

70


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

нивните сестри!’ Запрашал: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата тетка по татко?’ Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните тетки по татко!’ Запрашал: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата тетка по мајка?’ Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните тетки по мајка!’ Тогаш ја ставил неговата рака на него и проучил: ‘Аллаху мој, прости му ги гревовите, очисти му го срцето и сочувај го неговото срамно место’ После тоа, овој млад човек немал проблеми со тоа.273

2.21

Волонтерската работа и општата корист

Светот во последно време ‫ ﷺ‬придава големо внимание на волентерската работа. Светските влади на таквиот вид работа ‫ ﷺ‬даваат потполна поддршка и ги олеснуваат средствата истата да се оствари. Тоа е затоа што таквиот вид на работа е многу битна за помагање на луѓето и нивното спасување од разни потешкотии и катастрофи кои ги потресуваат. Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬поттикнувал на работа за општото добро на луѓето за тие да се ослободат од страданието и за тоа се одредени големи награди и севапи. Тој кажал: „Видов човек во Џеннет заради дрво кое било на пат и им пречело на верниците и тој го исекол.“274 „Покажани ми се делата на мојот уммет, и добрите и лошите. Видов дека едно од добрите дела е да се тргне пречка од патот.“275 И не само тоа, туку Пратеникот ‫ ﷺ‬тргањето на пречката од патот ја распоредил во деловите на верувањето, кажувајќи: „Верувањето се состои од седумдесет и неколку делови. Најголемиот дел се зборовите ла иллахе иллаллах, а најмал е да се отстрани пречка од паот, а и срамот е составен дел од верувањето.“276 273 Ахмед, бр.21185. 274 Муслим, бр.4745. 275 Муслим, бр.859., и Ахмед, бр.20569. 276 Муслим, бр.51., и Ебу Давуд, бр.4056.

71


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

„Најдобро дело е својот брат да го усреќиш или да вратиш негов долг или да го нахраниш со леб.“277 „Оној кој им помага на вдовиците и сирачињата е како борец на Аллаховиот пат или како оној кој ноќите ги поминува клањајќи, а деновите постејќи.“278 Пратеникот ‫ ﷺ‬го пофалил племето Ел Ешари кога е во прашање нивниот однос при потешкотии и војни, кажувајќи: „Кога на припадниците од племето Ешари ќе им недостига снабдување при војување или ќе им се истроши храната на нивните семејства во Медина, тие онаа храна што ја имаат ќе ја соберат на едно место, а потоа меѓусебно еднакво ќе ја поделат. Јас сум нивен а и тие се мои.“279 И кажал: „Кој ќе пронајде вода, па од неа пие, сè она што е живо, било тоа да е човек, џин280 или птица, Аллах на Судниот ден ќе го награди за тоа.“281

2.22

Договарање

Нема сомнеж дека секој човек има потреба да се посоветува со оние кои имаат искуство и здраво размислување и да со нив да размени мислење и на база на тоа да дојде до најдоброто решение за да ја оствари најголемата корист во некоја од работите што се однесуваат на неговиот живот. Изразот „шура“ (договарање) е споменат и во Куранот на две места. Аллах Возвишениот на едно место му го наредува на Пратеникот ‫ ﷺ‬договарањето, кажувајќи му: „И со нив договарај се.“ (Али Имран, 159) На друго место ги пофалил оние кои што се договараат, кажувајќи: „И оние кои што ќе се отповикаат на својот Господар, намаз ќе извршуваат, ќе се договараат и од она што ние како снабдување ќе им го даваме ќе го дадат како милостина.“ (Еш Шура, 39) Аллах нив ги пофалил заради тоа што тие не ги донесуваат одлуките сами, туку меѓусебно се советуваат и договараат, односно темата која ги интересира ја проучуваат од повеќе аспекти за да дојдат до вистината по тоа прашање. Пратеникот ‫ ﷺ‬немал потреба да се договара со било кој, бидејќи неговите упатства и насоки доаѓале по пат на Објава која му доаѓала од небесата, туку Аллах му наредил да го поучи Умметот на договарање и неговата вредност, за да се водат на тој начин народите после него. 277 Бележи Бејхеки во делото: Šua’bu-l-Iman, br. 7273. 278 Бухари, бр.4934., и Муслим, бр.5295. 279 Бухари, бр.2306., и Муслим, бр.4556. 280 Невидливо суштество од оган. (заб. преведувач) 281 Бележи Бухари во делото Et-tarihu-l-kebir, бр. 1/331.

72


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

И покрај наведеното многупати Пратеникот ‫ ﷺ‬се советувал со асхабите и работел по мислење на оној со кого се договарал. Заради тоа Ебу Хурејре вели: „Не сум сретнал некого кој повеќе се договарал со своите асхаби од Пратеникот ‫“ﷺ‬282 Од работите за кои Пратеникот ‫ ﷺ‬се советувал со муслиманите е и начинот и однесувањето со оние кои ја обвиниле Аиша р.а. дека сторила блуд, а тоа било пред Аллах џ.ш. во Куранот да објави дека не е виновна. Таа кажала: „Откако е спомнато тоа што било врзано за мене, а јас незнаев за тоа, Пратеникот ‫ ﷺ‬станал да одржи говор. Прво го изговорил шехадетот, потоа му се заблагодарил на Аллах и кажал: „А потоа, посоветувајте ме кога се во прашање луѓето кои му сакаат зло на моето семејство, а јас се колнам во Аллах, моето семејство не го знам по зло.’“283 Пратеникот ‫ ﷺ‬се советувал со асхабите и по прашање на рушењето на Ќаба и нејзината изградба на нови темели.284 Откако многубошците се собрале на Бедр, сакајќи војна со Пратеникот, алејхи селам, тој се свртел кон асхабите и кажал: „Навистина ова е Мека и ги испратила своите старешини (водачи).“ А потоа се посоветувал кога е во прашање борбата. Ебу Бекр и Омер убаво говореле, а потоа станал Микдад б. Амр и кажал: „О Божји Пратенику, стори го тоа што Аллах ти го наредил. Ние сме со тебе и се колнам во Аллах ние нема да ти кажеме како што евреите му кажале на Муса ‫ﷺ‬: ‘Одете ти и Господарот твој да се борите, а ние ќе чекаме овде седејќи.’ Туку велиме: ‘Оди ти и твојот Господар и борете се, а и ние сме со вас.’ Се колнам во Аллах кога би тргнал кон Абесинија (Етиопија) ние покрај тебе ќе се боревме против оние кои би застанале на тој пат сè додека не стигнеме!“ После тоа Пратеникот ‫ ﷺ‬за него проучил дова, а потоа кажал: „Посоветувајте ме о луѓе.“ Сакал да го чуе и мислењето на енсариите по тоа прашање, бидејќи и тие биле негови помагачи, но се плашел дека можеби тие не сметаат дека треба да му пружат помош надвор од Медина и дека тој нема право да оди со нив во борба. Саад б. Муаз кажа: „Како да го сакаш нашето мислење, о Божји Пратенику?“ Тој кажа: „Да.“ Муаз тогаш кажа: „Ние во тебе поверувавме и се заветувавме, па оди Божји Пратенику, стори го тоа што ти е наредено. Се колнам во Оној кој те испрати со Вистината, кога пред нас би се препречило море, па ти би тргнал да го прегазиш, и ние тоа би го сториле. Способни сме утре да го сретнеме непријателот, бидејќи ние сме стрпливи во борбата, силни при средбата со непријателот. Можеби Аллах во нас ќе ти го покаже она што ќе те израдува, па поведи нè со Божји благослов.“285 282 Тирмизи, бр.1636., и Ахмед, бр.18166. 283 Муслим, бр.4974. 284 Муслим, бр.2371. 285 Бележи Ебу Давуд во својот „Сунен„ со добар сенед, 4/311

73


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Пратеникот ‫ ﷺ‬се советувал и со жените за битни работи. Кога требало да биде примирјето на Худејбија, се посоветувал со својата жена Умм Селеме, за прашањата врзани со муслиманите и го прифатил нејзиниот предлог. Ова докажува дека советувањето и договарањето е едно од главните темели на кои што се поптпирал Пратеникот‫ﷺ‬во својот живот и во носењето на одлуките.

2.23

Борба против неправдата

Исто како што исламот ја забранил неправдата така ја наредил и борбата против неа и спротивставувањето на тиранинот сè додека луѓето не бидат безбедни од неговото зло. Возвишениот Аллах вели: „На оние кои ќе ве нападнат, возвратете им со иста мера.“ (Ел Бекаре, 194) Ајетот докажува дека не е дозволено да му се чини неправда на агресорот и да му се одмаздиш туку треба да го земеш своето право без било какво додавање. Ова е доказ за големината на исламот. Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал на борба против неправдата со многу средства. Тој кажал: „Кога гледаш дека мојот Уммет се воздржува на неправедниот да му каже дека е неправеден, тогаш Умметот повеќе не вреди, како да не постои.“286 И кажал: „Се плашам дека ќе ги снајде казна луѓето кои гледаат зло но не се борат против него.“287 Во една пригода дошол човек кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и го запрашал: „О Аллахов Пратенику, што мислиш доколку некој би сакал да го присвои мојот имот?“ Пратеникот ‫ ﷺ‬одговорил: „Спречи го.“ „А доколку ме нападне?“ „Тогаш, брани се.“ Тогаш човекот запраша: „А доколку ме убие?“ Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажа: „Тогаш си шехид.“ „А ако јас го убијам него.“ „Тој е во Огнот,“ одговорил Пратеникот ‫ﷺ‬.288 И кажал: „Немој да посакувате средба со непријателот и молете го Аллах да ве поштеди од тоа. Но, кога ќе го сретнете – бидете трпеливи и 286 Ахмед, бр.6495. 287 Ахмед, бр.16. 288 Муслим, бр.201.

74


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

знајте дека Џеннетот е под сенката на сабјите. Аллаху мој, Ти кој ја објави Книгата и Кој ги придвижи облаците и Кој го порази обединувањето на непријателите, порази ги и помогни ни против нив.“289 Овој хадис е доказ дека муслиманите не започнуваат први војна со непријател и не само тоа, туку не посакуваат средба со него и треба да го молат Аллах да ги сочува од тоа.

2.24

Етика на војната и борбата

Битките кои ги водел Пратеникот ‫ ﷺ‬не биле варварски и нецивилизирани битки, чија цел била рушење и убивање на што поголем број луѓе. Неговите битки биле морални без обѕир дали станува збор за целта на војувањето или за начинот на војување. Заради тоа, кога Пратеникот ‫ ﷺ‬ги праќал војсководците во битки им говорел: „Одете во поход, во име на Аллах и во согласност со Пратениковата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте (убивајте) и не крадете од воениот плен, туку да се собере на едно место! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, Семоќниот, ги сака доброчинителите.”290 Во една пригода поминал покрај една жена која била убиена во една од битките, застанал а потоа рекол: „Таа не се борела.“ Потоа, погледнал во лицето на своите асхаби и му кажал на еден од нив: „Оди и стигни го Халид б. Велид и извести го никако да не убива деца, работници - наемници и жени.“291 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬забранил да се убиваат деца и жени во време на војна.292 Исто така и халифите после него постапувале како него. Ебу Бекр го советувал својот војсководец Усама б. Зејд кога сакал да го испрати во Шам: „Немој да проневерувате, немој да крадете од воениот плен, немој да бидете измамници,293 немојте да убивате деца, старци и жени, немој да сечете палми, немој да сечете стебла кои дават плодови и не колете овци, ниту крави, ниту камили, освен за јадење. Ќе наидете на народи во кои свештениците се осамиле во манастири, оставете ги нив и она поради што 289 Бухари, бр.2744., и Муслим, бр.3276. 290 Ебу Давуд, бр.2247. 291 Ебу Давуд, бр.2295., и Ахмед, бр.15423. 292 Бухари, бр.2792., и Муслим, бр.3280. 293 Ибн Абдул Бедр вели: „Ел Гадр – да бидеш измамник значи на некого да му ја гарантираш безбедноста, а потоа да го убиеш, и тоа е харам по консензусот на исламските научници.“

75


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

се осамиле.“

2.25

Среќа

Среќата е основна желба која ја посакуваат сите луѓе. Секој човек бара и сака да ја достигне среќата, па ја бара и вон својата душа во богатството, жените, патувањата, популарноста, општествената положба. Вистинската среќа се крие во душата на човекот и не се одвојува од него. Среќата е во верувањето, убедувањето, како и во тоа човекот да биде задоволен со она што го има и задоволен со Аллаховата одредба и чувството на љубов кон луѓето. На овој факт укажал и Пратеникот ‫ ﷺ‬во неколку хадиси, велејќи: „Чудна ли е состојбата на верникот, секоја ситуација во која ќе се најде е добра за него. Ако го снајде добро па се заблагодари, добро му е, а доколку го снајде лошо, тој ќе се стрпи и повторно ќе му биде добро.“294 Појаснил дека задоволството со Аллаховата одредба е главен причинител на среќата и успехот на овој и на оној свет, кажувајќи: „Успеал оној кој ќе му се покори на Господарот и има снабдување онолку колку му е нужно потребно и оној кој Аллах сторил да биде задоволен со она што му го дал.“295 Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Кој ќе се разбуди безбеден во своето место, со здраво тело и има доволно храна за тој ден, како да му е даден цел овој свет со сите негови ризници.“296 Пратеникот, исто така, не заборавил дека надворешниот фактор влијае на човековите чувства и поради тоа споменал некои надворешни причинители кои влијаат на среќата, а тоа е заради тоа што тие имаат големо влијание на човекот. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Четири работи го усреќуваат човекот: добра жена, простран стан, добар сосед и удобно превозно средство, а четири работи го прават несреќен: лоша жена, лош сосед, лошо превозно средство и тесен стан.“297 Една од причините за среќата е оптимизмот и поради тоа Пратеникот 294 Муслим, бр.5318. 295 Муслим, бр.1746. 296 Тирмизи, бр.2268 и Ибн Маџе, бр. 4131. 297 Бејхеки, бр. 9556.

76


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

‫ ﷺ‬го сакал оптимизмот, а го мразел верувањето во лоша среќа (баксузлук).298 Тој говорел: „Не од нас оној кој врз основа на суеверие толкува дека нешто е добар или лош знак, ниту оној кој бара тоа за него да се однесува, ниту оној кој гата, ниту оној на кој му се гата.“299

2.26

Оптимизам

Оптимизмот е позитивна особина на човекот бидејќи му дава сила да се концентрира на одредена ситуација и да донесе решенија за проблеми. Поради тоа, оптимистите и покрај фактот дека имаат многу потешкотии се луѓе кои имаат најголем успех. Пратеникот ‫ ﷺ‬го сакал оптимизмот, а го мразел суеверното верување во лошите знаци.300 Тоа суеверие спаѓа во песимизам. Пратеникот ‫ ﷺ‬бил оптимист во сите ситуации на својот тежок живот. Тој тргнал на пат со својот асхаб Ебу Бекр за да се отсели од Мекка во Медина, откако се зголемиле вознемирувањата од страна на многубошците. Кога неверниците дознале дека Пратеникот ‫ ﷺ‬тргнал за Медина, испратиле потерница по него и како награда за оној кој ќе ги фати понудиле стотици камили, што била голема награда за тоа време. Така паганите почнале да ги пратат трагите на Пратеникот и на Ебу Бекр сè додека не стигнале до една пештера во која се наоѓал Пратеникот ‫ﷺ‬. Кога дошле до неа, Ебу Бекр ги видел нивните нозе и заплакал од страв за Пратеникот ‫ﷺ‬, и кажал: „О Пратенику, ако некој од нив погледне во своите стапала би не видел,“ па Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажал со речник на човек кој се потпира на Господарот и кој е оптимист: „Што мислиш за двајца каде што Аллах е третиот?“ Куранот го опишал овој настан со следниве зборови: „Ако вие не му помогнете, па Аллах му помогна тогаш кога тие што не веруваа го присилија да си оди, кога со него беше само другарот негов, кога тие двајца беа во пештерата и кога тој му рече на другарот свој: „Не грижи се, Аллах е со нас!“ па Аллах го спушти спокојството Свое врз него и му помогна со војската која вие не ја видовте и стори зборот на неверниците да биде долен, а Аллаховата Реч, таа е - горна. Аллах е Силен и Мудар.“ (Ет Теуба, 40) Во една друга ситуација кога верниците му се пожалиле на Пратеникот ‫ ﷺ‬поради сиромаштијата и стравот, тој оптимистички настроен, ги охрабрувал и им ветувал дека ќе победат, ќе бидат помогнати од Аллах и 298 Ибн Маџе, бр. 3526. 299 Таберани, бр.4262. 300 Ибн Маџе, бр. 3526.

77


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

дека власта на Земјата ќе ја остварат. Од Адиј б. Хатим се пренесува дека кажал: „Бев кај Пратеникот ‫ ﷺ‬кога му дојде некој човек кој се пожали на сиромаштијата, а потоа му дојде друг кој се пожали дека нема средства да го продолжи патувањето. Пратеникот ‫ ﷺ‬тогаш кажа: ‘О Адиј, дали си ја видел Хира?301 Одоговорив: ‘Не.’ Тој кажа: ‘Доколку поживееш, ќе видиш жена како јава на женско превозно средство која ќе патува од Хира до Мекка и нема да се плаши од никој само од Аллах. Ако поживееш ќе видиш дека ќе ни се отворат ризниците на владетелот на Персија.’ Запрашав: ‘Кисра б. Хурмуз?’ Одговори: ‘Да. Ако поживееш, ќе видиш човек кој ќе има полни раце со злато и со сребро и ќе бара некој тоа да го прими, но нема да најде никој кој ќе го земе.’ И видов жена која патуваше од Хира и стигна да чини Таваф (ритуално кружење) околу Ќаба, а не се плашеше од ништо освен од Аллах. Бев од оние на кои им се отворија ризниците на Кисра. А доколку поживееш, ќе го видиш и она што го најавил Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬, а тоа е човек кој ќе има полни раце со злато и сребро и ќе бара некој тоа да го прими, но нема да најде никој кој ќе го земе.“302

2.27

Хумор

Пратеникот ‫ ﷺ‬понекогаш се смеел и се шегувал со своите асхаби, но одредил граница во тоа за да не се западне во лага, потсмевање и навредување на другите. Ебу Хурејре пренесува дека асхабите рекле: „О Аллахов Пратенику, ти со нас се шегуваш?“, па тој кажал: „Да, но јас само ја зборувам вистината.“303 Кога Ханзала помислил дека шегувањето со жената и децата е еден вид на лицемерие, тој отишол кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и кажал: ‘Ханзала е лицемер!’ по што тој прашал: ‘Зошто тоа?’ јас одговорив: ‘Кога сме кај тебе ти не потсетуваш на Џенет и на Џехеннем и ние како да ги гледаме, а кога ќе се вратиме кај своите семејства и секојдневниот живот ние тоа го забораваме. Пратеникот тогаш му кажа: ‘Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа, кога би биле онакви какви што сте кога сте со мене, навистина мелеците би ве поздравувале во вашите постели и на пат. Но Ханзала, час вака, час онака,304 го повтори тоа три пати.’“305 301 Хира се наоѓа во јужниот дел на Ирак, 7 км јужно од денешен Наџаф. 302 Бухари, бр.3328. 303 Тирмизи, бр.1913. 304 Кажал шејх Мухаммед Салих Усејмин: „Значи часот, за Господарот, часот за семејството, час за одмор и да дадеш право на оние кои кај него го имаат тоа право. Тоа е праведноста на шеријатот. Види: Šerhu rijadis-salihin, 3/236. 305 Муслим, бр.4937 и Тирмизи, бр.2438.

78


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Еден од начините на кои се шегувал Пратеникот ‫ ﷺ‬е и кога во една пригода му дошол еден човек и му кажал: „О Аллахов Пратенику, качи ме на камила за да ме носи.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬му одговори: „Нема да те качам, освен на младенче од камила“ човекот тогаш му кажа: „О Пратенику, тоа не може да го поднесе, а Пратеникот ‫ ﷺ‬му одговори: „Па дали камилата раѓа нешто друго освен камила.“306 Пратеникот ‫ ﷺ‬многу го сакал Захир ибн Харам, човек од пустината кој не бил со многу убав изглед. Во една пригода му дошол Пратеникот ‫ ﷺ‬а тој продавал некоја роба на пазар, па поминал зад него а тој не го видел, па Захир прашал: „Кој е тоа?“ Откако се свртел, видел дека тоа е Пратеникот ‫ﷺ‬, Тогаш Пратеникот кажал: „Кој сака да купи роб?“ Па Захир рекол: „Значи ти ме сметаш за грд?“ Па Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Ти кај Аллах не си грд.“ Во едно друго предание стои: „Ти кај Аллах вредиш многу.“307 Пратеникот ‫ ﷺ‬кога се шегувал со Енес му кажувал: „О ти, што имаш две уши.“308 Во една пригода една постара жена дошла кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и кажала: „О Аллахов Пратенику, моли го Аллах да ме воведе во Џеннет,“ па Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Во Џеннет нема да влезат старци.“ Тогаш таа се расплакала, а Пратеникот ‫ ﷺ‬се насмеал и ја прашал: „Зарем не ги читаше зборовите на Аллах Возвишениот: ‘Со создавањето ново ние хурии ќе создадеме и девици ќе ги направиме, мили за мажите нивни и со години исти.’“ т.е. жителите на џеннетот Аллах ќе ги поврати во годините на младоста и виталноста. Ова се некои од ситуациите во кои Пратеникот ‫ ﷺ‬ги правел луѓето среќни и ја отстранувал од нив грижата и тагата. Овие ситуации потврдуваат дека исламот не е крута религија која ги занемарува духовните потреби, туку им дава на човечките души право на среќна и на нерасипничка забава. Заради тоа, Пратениковите ‫ ﷺ‬учења биле со човечки мотив, насоки и со човечка природа, како и со сите негови општествени и душевни потреби.

306 Тирмизи, бр.1914 и Ахмед, бр.13315. 307 Ахмед, бр.12187. 308 Тирмизи, бр.1915 и Ебу Давуд, бр.4349.

79


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

III. ТРЕТО ПОГЛАВЈЕ Пратениковото ‫ ﷺ‬предупредување за разни облици на пороци и недостатоци •

Убивање

Предавство

Лутина

Застрашување на луѓето

Лажење

Правење неред меѓу луѓето

Сомнеж

Подмитување

Обична формалност

Мрзеливост

Безнадежност – песимизам

Самоубиство

Неправда и насилство

80


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Пратениковото ‫ ﷺ‬предупредување на презрени зли дела Возвишениот Аллах не го испратил Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬само на некој одреден народ или само за одреден простор, туку е испратен на сите луѓе, како носител на Радосни вести, опоменувач, мисионер кој повикува кон Аллах со Негова дозвола, како светилка којашто го осветлува патот. Го испратил да им наредува добро и да ги одвраќа од злоto, да им ги дозволи убавите работи и да го забрани сето она што не чини. Неговото обраќање било насочено кон човечките души и општата совест, така ја отворил затворената човечка природа за да ја зголеми чистотијата на срцето и големината на душата, однесувањето го направи уште поубаво и подостоинствено. Пратеникот ‫ ﷺ‬сакал, а сето тоа со наредба на неговиот Господар, да го ослободи човекот од робувањето на неодоливиот материјализам и да го поучи да се воздржи од страстите кои го уништуваат моралот и убавото однесување. Неговиот повик е повик кон стрпливост, издржливост и простување, колку што еден човек е во можност, дека лутината е факел кој го потпалува огнот и би требало против неа да се бориме. Појаснил дека недовербата е причина за раздвојување и за неединство помеѓу луѓето. Тој предупредил на грешките и пропустите кои јазикот може да ги произведе и наредил на убав говор и убаво изразување. Тој повикал кон оптимистичка визија за вселената и животот и искажал многу хадиси кои говорат за оптимизмот и предупредил за сето она што му се спротиставува, како што се безнадежноста, оставањето на работата и штетното безделничење и разни други видови на негативност. Тој ја потврдил светоста на човекот, строго забранил да му се чини неправда на човека, заплашувајќи го и убивајќи го. Исто така, забранил човекот сам на себе да си чини неправда или пак самоубиство. Тоа го именувал како едно од најголемите прекршителни дела. Исто така, неговата мисија била јасно изразена кога е во прашање обврската за отстранување на сите фактори кои предизвикуваат неред во општеството и неред во управувањето и политиката. Забранил правење неред, шпионирање, лажење и предавство. Исто

81


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

така, предупредил на опасноста од корупција и многу оштро ги критикувал оние кои што се занимаваат со неа. Ја потврдил битноста на работењето, серизоното однесување и оддалечувањето од формализмот без суштина. Сето тоа може да се забележи во неговите зборови, постапки, напомени и совети кои се спроведувани во практиката и во реалниот живот, а сето тоа е достојно за учење и истражување, за да бидеме среќни на овој и на идниот свет.

3.1 Убиство

Нема сомнеж дека едно од најголемите права кои ги има еден човек е правото на живот и дека загрозувањето на ова право е едно од најголемите злодела кои сите луѓе ги осудуваат и ги сметаат за погубни. Вели Возвишениот: „Заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови: ако некој убие некој кој не убил никого, или некој што не прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал!“(Ел Маиде, 32) И вели Возвишениот: „Не убивајте никого кого Аллах забранил, освен кога правдата го бара тоа.“ (Ел Исра, 33) Пратеникот ‫ ﷺ‬за прашањето на убивањето бил многу строг, поради што го забранил секое средство кое води кон убивање и бесправно пролевање на крв, па затоа вели: „Кој ќе убие „муахид“ (немуслиман кој има договор со муслиманите) нема да го почувствува мирисот на Џеннетот, а неговиот мирис се чувствува на раздалечина од 40 години одење.“309 И кажал: „Кој ќе убие немуслиман кој живее во муслиманска држава (т.е „ехлул зиме“) нема да го почувствува мирисот на Џеннетот, иако истиот се чувствува на 70 години одење.“310 Исто така кажал: „Кога двајца муслимани ќе се судрат со сабји и убиецот и убиениот ќе завршат во Огнот.“ Некој запрашал: „О Пратенику, јасно ни е за убиецот, но зошто убиениот?“ Па кажал: „Заради тоа што и тој се обидувал да го убие својот противник.“311 И кажал: „Кај Аллах е помала штетата да пропадне овој свет, отколку 309 Бухари, бр.2930 и Ибн Маџе, бр. 2676. 310 Ахмед, бр.17387 и Несаи, бр.4668. 311 Бухари, бр.30 и Муслим, бр.5140.

82


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

да се убие еден верник.“312 И кажал: „Кој на нас ќе подигне оружје, тој не ни припаѓа.“313

3.2

Предавство

Сите луѓе на светот го мразат предавството и никој не сака да биде издаден, поради тоа исламот го забранил предавството и предупредил за неговите штетни последици. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Секој предавник на Судниот ден ќе има знаме по кое ќе се препознава.“314 И кажал: „Договорот на муслиманот е еден, а ако некој муслиман оформи договор со неверник, нека не го прекршува, бидејќи секој предавник ќе има знаме по кое ќе се препознава.“315 И кажал: „Кој ќе гарантира за некој дека нема да го убие, па и покрај тоа, го стори тоа, јас се одрекувам од него, па дури убиениот да е неверник.“316 И кажал:„Иманот (верата) спречува да се убие оној на кој му е дадена гаранција дека нема да биде измамен и поради тоа верникот не го крши таквото ветување.“317 И уште кажал: „Ако некој пронајде безбедност кај некого, а потоа откако нашол безбедност, тој го убие, на таквиот ќе му биде предадено знамето на предавството на Судниот Ден.“318

3.3

Лутина

Брза и жестока лутина е болест на која предупредил Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬. Дошол еден човек кај Пратеникот ‫ ﷺ‬па му кажал: 312 Тирмизи, бр.1315 и Несаи, бр.3922. 313 Бухари, бр.6366 и Муслим, бр.143. 314 Бухари, бр.2949 и Муслим, бр.3269. 315 Хаким, бр.2626. 316 Го бележат Ибн Маџе и Ибн Хибан. 317 Ебу Давуд, бр.2388 и Ахмед, бр.1356. 318 Хаким, бр.8040.

83


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

„Посоветувај ме,“ а тој му кажал: „Немој да се лутиш,“ и тоа го запрашал повеќе пати, а Пратеникот му го одговорил истото.319 Пратеникот ‫ ﷺ‬упатил на некои лекови за лутината, како што е барање засолниште (заштита) од шејтанот кај Аллах. Се споменува дека двајца се скарале и дека се навредувале еден со друг во присуство на Пратеникот ‫ﷺ‬, па едниот се налутил така што лицето му се променило, па Пратеникот ‫ﷺ‬ кажал: „Јас навистина знам една реченица која кога би ја кажал би заминало од тебе тоа што те снашло,“ па кажал: „Еузубиллахи минеш-шејтанир-раџим – барам засолниште кај Аллах од проклетиот шејтан.“320 Во тие лекови е и молкот за кој Пратеникот ‫ ﷺ‬вели: „Подучувајте и олеснувајте, немојте да отежнувате, а кога некој од вас ќе се налути нека си помогне со молчење.“321 Од тие лекови е и промената на положбата, бидејќи Пратеникот ‫ﷺ‬ вели: „Кога од вас некој ќе се налути, а стои, нека седне, а ако ни тогаш лутината не замине од него, тогаш нека легне.“322

3.4

Застрашување на луѓето

Колкава вредност имал човекот кај Пратеникот, алејхи селам, покажува и фактот дека забранил вознемирување, нанесување на штета, па дури да е во шега. Вели Возвишениот: „А оние кои ги навредуваат верниците и верничките, а тие тоа не го заслужуваат, товарат на себе клевета и вистински грев.“ (Ел Ахзаб, 58) А Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Кој ќе вознемири муслимани на нивниот пат, проклетството ќе му биде од нив.“323 И кажал: „Нема штета и нанесување на штета.“324 Ова е правило со кое се забранува нанесување на штета на другиот, на било кој начин. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Не му е дозволено на муслиманот да плаши друг муслиман.“325 И кажал: „Нека не ги зема никој работите на другиот брат муслиман ни во шега ни во сериозна ситуација.“326 319 Бухари, бр.5651. 320 Бухари, бр.5650 и Муслим, бр.4726. 321 Ахмед, бр.2029. 322 Ебу Давуд, бр.4151 и Ахмед, бр.20386. 323 Таберани, бр.3050. 324 Ахмед, бр.2719 и Ибн Маџе, бр. 2331. 325 Ебу Давуд, бр.4351 и Ахмед, бр.21986. 326 Ебу Давуд, бр.4350 и Ахмед, бр.17261.

84


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

3.5

Измама

Нема сомнеж дека мамењето е една од работите на чија oмразност и преѕир за оние кои се бават со тоа, се сложиле сите разумни луѓе. Тоа е заради тоа што ваквиот вид однесување ја негува недовербата и произведува страв и сомнеж. Вели Возвишениот Аллах: „Аллах не ги сака оние кои изневеруваат.“ (Ел Енфал, 58) Пратеникот ‫ ﷺ‬го вброил мамењето во особините на лицемерите, односно оние кои го искажуваат верувањето, а во душата кријат неверување, па кажал: „Три знаци имаат лицемерите: Кога говорат лажат, кога ќе ветат нема да исполнат, а кога нешто ќе им се довери, тоа ќе го изневерат.“327 А во друго предание стои: „Кога се раправа дрзок е, а кога ќе склопи договор, го проневерува.“ Многу од луѓето говорат: „Јас ќе го измамам само оној кој мене ќе ме измами,“ како што тоа го прават некои жени кога ќе забележат дека мажите ги мамат. Ваквиот начин не ги решава проблемите, туку само ги зголемува и заради тоа Пратеникот ‫ ﷺ‬вели: „Исполни ги своите обврски и не мами го оној којшто тебе те измамил.“328 И вели: „Нема верување (иман) оној кој нема аманет и нема вера оној кој не се држи до договореното.“329 И кажал: „Прекинување на роднинските врски, измамата и лагата се гревови за кои Аллах на оној кој ќе ги стори ќе му ја забрза казната на овој свет, а го чека и казна на идниот свет.“330

327 Бухари, бр.32 и Муслим, бр.89. 328 Ебу Давуд, бр.3067 и Тирмизи, бр.1185. 329 Ахмед, бр.11935. 330 El-edebu-l-mufred, br. 29

85


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

3.6

Расипување на односите помеѓу луѓето

Некои луѓе се трудат да ги расипат односите помеѓу луѓето и да уфрлат непријателство меѓу нив и во нивните срца, а не се свесни дека со тоа се подложуваат на Аллаховата лутина. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Нема да влезе во Џеннет оној кој пренесува туѓи зборови за да направи неред помеѓу луѓето.“331 Кажал Пратеникот ‫ﷺ‬: „Не е од нас оној кој ја наведува жената против својот маж.“332 А оној кој лаже за да ги поправи работите помеѓу луѓето не сторил ништо што е забрането, заради тоа што Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Не е лажливец оној кој ги смирува луѓето и кажува добро и намерата му е добра.“333

3.7

Следење – шпионирање

Пратеникот ‫ ﷺ‬се грижел за зачувувањето на достоинството на луѓето и нивната приватност и поради тоа предупредил на опасноста од кршење на приватноста и наредил за луѓето да судиме врз основа на тоа што го гледаме кај нив и нивните тајни да ги препуштиме на Возвишениот Аллах. Кажал Возвишениот: „И немојте едни со други да се шпионирате.“ Кажал Пратеникот ‫„ ﷺ‬Доколку ја истражуваш приватноста на луѓето, ќе ги уништиш или малку треба да ги уништиш.“334 Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Муслиманот е светост за другиот муслиман. Света е неговата крв, имот и достоинство.“335 И кажал:„Кога некој од вас три пати ќе побара дозвола да влезе кај друг муслиман, па овој не му дозволи, тогаш нека се врати.“336 И кажал: „О вие кои што поверувавте со вашите јазици, а верувањето ваше сè уште не влегло во вашите срца, немојте да ги озборувате муслиманите и да истражувате за нивната приватност. Тој што тоа ќе го стори, Аллах неговата приватност ќе ја открие, а кому Аллах приватноста ќе му ја открие, ќе биде посрамотен во сопствената куќа.“337 331 Бухари, бр.5596 и Муслим, бр.152. 332 Ебу Давуд, бр.1860. 333 Бухари, бр.2495 и Ахмед, бр.26011. 334 Ебу Давуд, бр.4244. 335 Муслим, бр.4650 и Тирмизи, бр.1850. 336 Бухари, бр.5776 и Муслим, бр.4006. 337 Ебу Давуд, бр.4236 и Ахмед, бр.18940.

86


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

И кажал: „Кој ќе прислушкува нечиј говор, а тој со тоа не биде задоволен, на Судниот ден во ушите ќе му биде влеано топено олово.“338 И кажал: „Убавината на исламот на еден човек се огледува во неговото оддалечување од работите кои не се однесуваат на него (не го засегаат).“339

3.8

Навредување и проколнување

Дали знаете кој е шејтанот? Тоа е оној кој ги навредува и проколнува луѓето. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Двајца кои се навредуваат се двајца шејтани (ѓаволи) кои се проколнуваат и еден со друг се лажат.“340 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬вели: „Навредување на еден муслиман е грев, а негово убиство е куфр (неверство).“341 Пратеникот ‫ ﷺ‬во една пригода советувал некој човек па му кажал: „Немој никого да навредуваш.“342 И кажал: „Не е верник оној кој што проколнува.“343 И не само тоа туку Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил и проколнување на животни. Ваквиот начин на однесување не бил познат во ниту еден народ. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Немојте да го проколнувате петелот бидејќи тој ве буди за намаз (молитва).“344 Уште почудно од ова е тоа што Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил и проколнување на ветерот. Во една ситуација, еден човек почнал да го проколнува ветерот во присуство на Пратеникот ‫ ﷺ‬па тој кажал: „Немој да го проколнуваш ветрот, бидејќи тој работи по наредба. Оној кој проколнува некого кој тоа не го заслужува, тоа проклетство ќе се врати на оној кој проколнува.“345 Еден од принципите на кој Пратеникот ‫ ﷺ‬ги подучил асхабите е: „Кој и да те навредува од луѓето, поради тоа што го знае за тебе, немој ти да го навредуваш со она што го знаеш за него. Сврти се од него и пушти го, а ти ќе имаш награда и немој да навредуваш никого.“ Тој човек после тоа кажал: 338 Бухари, бр.6520 и Ахмед, бр.2103. 339 Тирмизи, бр.2239 и Ибн Маџе, бр. 3966. 340 Ибн Хиббан, бр.5726. 341 Бухари, бр.5584 и Муслим, бр.97. 342 Ебу Давуд, бр.3562 Ахмед во Муснед, бр. 19718. 343 Тирмизи, бр.1942. 344 Ебу Давуд, бр.4437 и Ахмед, бр.20690. 345 Тирмизи, бр.1901 и Ебу Давуд, бр.4262.

87


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

„ Повеќе никого не навредував, ниту животно, ниту човек.“346

3.9

Сомничење

Кажал Возвишениот Аллах: „О верници чувајте се од многу сомнежи, навистина некои сомнежи се грев.“ (Ел Хуџурат, 12) „О, верници, ако некој грешник ви донесе некаква вест, добро проверете ја, не знаејќи некому зло да не му направите, па, заради тоа што сте го сториле да се покаете.“(Ел Хуџурат, 6) Сомничењата предизвикуваат кинење на роднинските врски и нарушуват меѓучовечки односи, причинуваат непријателство меѓу луѓето и нивно вознемирување. Заради тоа исламот забранил сомничење на муслимани без доказ и наредил проверка на информациите пред да се обвини некој. Затоа Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Чувајте се од многу сомнежи бидејќи тоа се најголем вид лаги и немојте едни со други да се шпионирате, ниту да се прислушкувате, немојте едни на други да си завидувате, ниту едни на други грб да си вртите и бидете, о Аллахови робови, вистински браќа.“347

3.10

Подмитување

Митото е една од опасните болести кои предизвикуваат расипување на човечките души и ги упропастуваат човековите права. Пратеникот ‫ ﷺ‬вовел многу строга забрана на оваа опасна појава која ја уништува заедницата и нејзината цивилизирана слика. Кажал Пратеникот ‫ﷺ‬: „Аллах го проколнал оној кој дава и оној кој прима мито.“348 Пратеникот ‫ ﷺ‬посебно предупредил на опасноста од подмитување при судење на луѓето бидејќи тоа предизвикува бесправно узурпирање на туѓите права, т.е. одземање на слободите или пак убивање на оној кој што тоа не го заслужува. Се пренесува дека Ебу Хурејре кажал: „Пратеникот ‫ﷺ‬ 346 Ибн Хиббан, бр.521. 347 Бухари, бр.4747 и Муслим, бр.4646. 348 Ахмед, бр.6689 и Ибн Маџе, бр. 2304.

88


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

го проколнал оној кој дава, а и оној кој прима мито при судење.“349

3.11

Обичен формализам

Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬секогаш ги поддучувал своите асхаби дека надворешниот изглед некогаш знае да измами и за човек да се просуди врз основа на неговата вера и богобојазливост, а не врз основа на физичката сила, убавиот изглед или убавиот начин на облекување. Од Сехл б. Сааад Ес Сади се пренесува дека кажал: „Поминал некој човек покрај Пратеникот ‫ﷺ‬, па Пратеникот го запрашал човекот што седел покрај него: ‘Што мислиш за овој?’ Тој одговорил: ‘Тој е еден од најугледните. Се колнам во Аллах, кога тој би запросил некоја (девојка), таа би се согласила, кога би се зазел за нешто, тоа би било примено, а кога би говорел тоа би се слушало.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬молчел. После тоа поминал еден сиромав муслиман, па Пратеникот ‫ ﷺ‬запрашал: „Што мислиш за него?“, а тој одговори: „Кога тој би запросил жена, не би прифатила, кога би посредувал во нешто тоа не би било примено, а кога би говорел тоа не би се слушало.“ Потоа Пратеникот ‫ ﷺ‬за сиромашниот рекол: „Овој е подобар отколку цел свет со оние (како првиот).“350 Слично на ова е преданието на Ебу Хурејре, кој пренесува дека Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Ниеден човек не е побитен од другиот освен ако е верник и чини добри дела. Доволно зло му е на човек да биде бесрамен, одвратен, скржав и кукавица.“351 Пратеникот ‫ ﷺ‬го презирал исмејувањето со луѓето. Се пренесува од Ибн Месуд дека рекол: „Во една пригода, сакав на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬да му отцепам мисвак (гранче за чистење заби) од дрвото, па ветерот ми ја откри потколеницата која беше многу тенка, па луѓето се насмеаа. Пратеникот ‫ ﷺ‬ги запраша: ‘Зошто се смеете?’ Тие одговорија: ‘Поради неговата тенка потколеница.’ Потоа Пратеникот ‫ ﷺ‬одговори: ‘Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа неговите потколеници се потешки на вагата на Судниот ден од брдото Ухуд!“352 Исто така презирал да се омаловажува човек поради неговата мајка или татко. Така, се пренесува од Марур б. Сувејд дека рекол: „Поминувавме покрај Ебу Зерр носејќи путер, а Зерр имаше иста облека како и неговиот 349 Тирмизи, бр.1256. 350 Бухари, бр.4701., и Ибн Маџе, бр. 4110. 351 Муслим, бр.4754. 352 Ахмед, бр.876.

89


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

слуга, па кажав: ‘Да си го составил тоа што сте го облекле ти и твојот слуга сега ќе имаше облека.’ Тој кажа: ‘Еднаш зборував со еден човек на кого неговата мајката му беше туѓинка, па го повредив поради неговата мајка. Тој човек се пожалил кај Пратеникот ‫ ﷺ‬во врска со мене, па кога го сретнав Пратеникот ‫ ﷺ‬ми кажа: ‘Ти навистина си човек кој во себе има нешто од џахилиетот (предисламскиот период)!’ Кажав:‘О Божји Пратенику, зарем оној кој навредува човек, воедно ги навредува неговиот татко и мајка?’ Тој кажа: ‘Ти си навистина човек кој има нешто од џахилиетот. Навистина вашите слуги се ваши браќа кои Аллах ви ги дал во ваш посед. Па кој ќе има под своја власт слуга, нека го храни со она со што и тој се храни и нека го облекува она што и тој го облекува и нека не го оптоварува со она со што не може да го поднесе, а ако тоа го стори нека му помогне.’“353

3.12

Мрзеливост

Мрзеливоста е грда особина која погаѓа многу поединци, народи и заедници, па влијае на нивната заостанатост и го успорува приклучувањето кон оние кои чекорат кон напредок и препород. Аллах Возвишениот, лицемерите ги опишал со оваа лоша особина: „Лицемерите настојуваат да го измамат Аллах, а Тој ќе ги надмудри. Кога стануваат намазот (молитвата) да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот, а Аллах само малку Го спомнуваат;“ (Ен Ниса, 142) Пратеникот ‫ ﷺ‬барал засолниште кај Аллах од мрзеливоста, учејќи: „Аллаху мој, јас барам засолниште кај тебе од мрзеливоста.“354 Мрзеливоста ја спомнал заедно со немоќта бидејќи ако човек стане мрзелив тој ќе биде оневозможен во реализирањето на мисијата за која е задолжен.

3.13

Песимизам

Многу луѓе имајќи ја во предвид големината на гревот кој го имаат сторено, ја губат надежта дека Аллах ќе им ја укаже својата милост и дека ќе им прости. Пратеникот ‫ ﷺ‬не известил дека песимизмот и безнадежноста немаат место во исламот, туку дека Аллаховата милост е пространа за оној кој ќе се покае 353 Бухари, бр.29., и Муслим, бр.3140. 354 Бухари, бр.2611., и Муслим, бр.4874.

90


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

и ќе чини добри дела. Вели Возвишениот: Кажи: „О, робови Мои кои кон себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе ви ги прости; Тој, навистина, многу простува и Тој е Милостив.(Ез Зумер, 53) Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Тагувањето поради сторен грев е теуба (покајание), а покајникот е и како оној што нема грев.“355 Рекол: „Аллах ја поделил милоста на стотина делови. Кај себе задржал деведесет и девет делови, а на Земјата спуштил еден. Од тој еден дел на милоста, суштествата се сомилосни едни со други, па кобилата го подига своето копито за да не го прегази своето младенче (ждребе).“ А во друго предание стои: „Милоста кај Аллах има стотина делови, на Своите суштества им дал еден дел, а деведесет и девет ги оставил за Судниот ден.“356 Во Хадиси-Кудси стои: „Сине Адемов, сè додека Ме молиш и се надеваш на моето простување, Јас ќе ти простувам со сето она што е кај тебе, не марејќи. Сине Адемов, кога твоите гревови би стигнале до небо, па ти би ме замолил да ти ги простам, Јас тоа би го сторил, не марејќи. Сине Адемов, кога би дошол со гревови со кои е исполнета целата Земја, а при тоа не си чинел ширк (многубоштво), би ти дарил исто толкава прошка.“357

3.14

Самоубиство

Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬потврдил дека човековиот живот е аманет (одговорност) кој му е даден и дека не е дозволено да се уништи, без обѕир на околностите кои постојат. Аллаховиот пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Кој ќе си го одземе животот со остар предмет, вечно ќе се прободува со тој предмет во Огнот и од него никогаш нема да излезе. Кој извршил самоубиство со труење, вечно ќе го пие отровот во Огнот. Кој ќе изврши самоубиство со фрлање од рид, вечно ќе се фрла од ридот во Огнот.“358 Затоа во исламските земји е најмал процентот на самоубиствата и покрај многубројните проблеми, како што е сиромаштијата и слично. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬рекол: „Кој ќе изврши самоубиство со давење и во 355 Таберани, бр.775. 356 Бухари, бр.2611 и Муслим, бр.4942. 357 Тирмизи, бр.3463 и Ахмед, бр.20499. 358 Бухари, бр.5333 и Муслим, бр.158.

91


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Пеколот ќе се дави, а кој ќе се прободе, ќе се боде и во Пеколот.“359

3.15

Неправда и насилство

Има луѓе кои нивната страст ги тера да им чинат неправда на другите, да им ги узурпираат нивните права, а се сигурни од казната на овој свет. Затоа Куранот дошол да ги предупреди ваквите на тоа што ги чека, и да им појасни дека тие не се надвор од контролата и казната. Вели Возвишениот: „А ти никако немој да мислиш дека Аллах не внимава на тоа што го прават насилниците! Тој само им попушта до Денот кога очите ќе им останат отворени, и кога брзајќи со кренати глави, погледите ќе им бидат вкочанети, а срцата ќе им бидат празни!“ (Ибрахим, 42-43) И вели Возвишениот: „Но вие не започнувајте го насилството, бидехјќи Аллах не ги сака оние што први започнуваат со насилство.“ ( Ел Бекаре, 190) Кажал Божјиот Пратеник ‫ﷺ‬: „Чувајте се од неправедното постапување, бидејќи неправдата е темнина меѓу мракот на Судниот ден.“360 И кажал: „Кој ќе стори неправда врз немуслиман кој има договор со муслиманите или ќе го оптовари со она што не е во можност, или ќе земе нешто од него, а тој не е задоволен, јас со него ќе се пресметам на Судниот ден.“361 Пратеникот ‫ ﷺ‬пренесува предание од Возвишениот Аллах: „О робови мои, Јас на себе неправдата ја забранив и исто така и вам ви ја забранувам, затоа не чинете си едни на други неправда.“362 Еден ден Пратеникот ‫ ﷺ‬ги запрашал асхабите: „Знаете ли кој е „муфлис“ (личност која е банкрот)? – ‘Тоа е секој оној кој нема пари’ – одговорија асхабите. – ‘Банкротирал во мојот Уммет оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но притоа ќе се утврди дека тој човек некого опцул, клеветел друг, оштетил трет, пролеал крв нечија, удрил некого. Од првиот до последниот сите ќе земат од неговите добри дела. Ако исчезнат добрите дела, пред тие да го наплатат својот долг, на него ќе бидат нафрлени нивните гревови и тој ќе биде фрлен во Огнот.“363 359 Бухари, бр.1276 и Ахмед, бр.9245. 360 Муслим, бр.4675. 361 Ебу Давуд, бр.2654. 362 Муслим, бр.4674. 363 Муслим, бр.4678.

92


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Па дали после ова некој може да посегне по неправдата?

IV. ЧЕТВРТО ПОГЛАВЈЕ Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬и лекувањето на светските проблеми •

Лекување на проблемот на тероризмот

Лекување на насилството во семејството

Лекување на душевната празнотија

Лекување на грижата и депресијата

Лекување на сексуалните проблеми

Лекување на проблемот со алкохолот и опојните средства

Лекување на проблемот на магијата и волбшепството

Лекување на сиромаштијата

Лекување на проблемот на околината

93


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Пратеникот Мухаммед и лекувањето на светските проблеми Една од целите на мисијата на Аллаховите Пратеници Муса, Иса и Мухаммед, нека е божји благослов и спас врз нив, било однесувањето на состојбите со човековата природа, грижата за неа во склад со одредбите на верувањето, моралот и побожноста. Поради тоа исламот е опишан како природна вера, како што се спомнува во зборовите на Возвишениот: „Ти насочи го лицето свое кон верата, искрено; кон верата Аллахова чиста, со која луѓето ги создаде. Нема измена на Аллаховата вера, тоа е вистинската вера, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“( Ер Рум, 30) Едно од средствата за соработка со човековата природа е и признавањето на постоење разни човечки тенденции и ориентации и затоа човекот не може да негира постоење на тие различни тенденции, емоции и чувства кои Аллах Возвишениот ги создал во човекот. Сето ова е потребно за да се засити со соодветни методи и да се решат проблемите, но без негирање на нивното постоење или однесување наспроти нив како да се далечни од нашите и дека ние сме чисти од тоа. Еден од општествените проблеми кои Пратеникот ‫ ﷺ‬ги лечел е и проблемот на тероризмот. Тоа е многу стар проблем кој бил присутен со постоењето на првите луѓе на Земјата, а после тоа се појавиле разни облици, како што се идеолошкиот терор и физичкиот терор. Со ваквите проблеми Пратеникот ‫ ﷺ‬го пронашол практичното решение кое било во склад со исламската програма, неговата умереност, рамнотежа и толеранција.

94


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Исто така, Пратеникот ‫ ﷺ‬се сретнал со проблемите на насилството во семејството, кое се проширило во општеството веќе подолго време. Тоа го правеел така што човека го советувал убаво да постапува, користејќи благи изрази и занемарувајќи ги грдите постапки и да води грижа за своето семејство и деца. Еден од тие проблеми кој посебно е раширен во ова време е грижата и депресијата. Пратеникот ‫ ﷺ‬за тој проблем поставил делотворен лек кој произлегува од човековата душа, од една страна, како и надворешните фактори кои ја предизвикуваат ваквата состојба од друга страна, па го искоренува или го минимизира. Така ги решавал и проблемите врзани за бракот. Пратеникот ‫ﷺ‬ поттикнувал на брак бидејќи тој со себе носи големо добро и ја чува честа, и преку тоа влијаел на одржување на човечкиот вид. Пратеникот ‫ﷺ‬ го забранил монаштвото и тоа во исламот не постои. Исто така, го лечел проблемот на алкохолизмот и опојните средства, така што ги спомнувал лошите последици, нивната штетност по телото и моралот, и лошите постапки кои произлегуваат од тоа. Исто така, на оној кој тоа го користи му одредил соодветна казна која ќе го одврати и обесхрабри да прави такви дела. Поаѓајќи од фактот дека науката и разумот завземаат голема положба и место во исламот, Пратеникот ‫ ﷺ‬се борел против сите видови на митови кои немаат никакви докази и се борел против сихрбази (гатачи), маѓесници и волшебници (измамници) кои скршнале од патот на знаењето, спознавањето и доказот по патот на претпоставките и лагите, па оној што се занимава со спомнатите дејствија ги споредил со оние кои што излегле од исламот. Исто така Пратеникот ‫ ﷺ‬го лекувал проблемот на сиромаштијата и барал заштита од него, па поставил решенија кои ја чуваат заедницата да не падне во канџите на сиромаштијата, злото и понижувањето кое го носи. Затоа Пратеникот ‫ ﷺ‬кажува: „Силниот верник е подобар и кај Аллах помил од слабиот верник, а и во двајцата има добро. Труди се да го работиш она што ќе ти користи, ослони се на Аллах и немој да малаксуваш.“364 Неговата ‫ ﷺ‬визија го опфаќала целиот Универзум, како да се преуреди целата околина, земја, вода, небо и тоа го сторил како начин на прближување кон Аллах Возвишениот. Дури кажал: „Кога би настапил Судниот ден, а во рацете имаш садница, посади ја.“365 364 Муслим, бр. 2663. 365 Ахмед во Муснед, 3/184

95


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

4.1 Лекување на проблемот на тероризмот Еден од проблемите кои ја нарушуваат сигурноста и глобалната стабилност е секако тероризмот и застрашувањето на оние на кои им е гарантиран мирот, односно напад врз човечкиот живот и имот. Тероризмот е светски проблем кој не е специфичен само за една заедница, народ или вера. Пратеникот ‫ ﷺ‬се борел против овој проблем на повеќе начини: Укажувал на светоста на имотот, крвта и животот, односно на опасноста од бесправниот напад врз нив. Тој кажал: „Навистина вашата крв и имот се свети како што е свет овој ден во овој свет месец во оваа света земја.“366 И кажал: „Ќе дојдат убиениот со својот убиец на Судниот ден, држејќи за неговото чело и глава, а од неговите вени ќе тече крв, па ќе каже: ‘Господару, прашај го овој зошто ме уби?’“367 Не известил Пратеникот ‫ ﷺ‬дека човечката крв е прво нешто за што човек ќе биде прашан кажувајќи: „Прво за што на луѓето ќе им се суди на Судниот ден е крвта која е пролеана.“368 Ова е поради тоа што човечката крв е многу света и поради големината на гревот кој го има оној кој ќе ја пролее бесправно. 1. Исламот го забранил неправедното напаѓање или ел – итиада. Во Куранот се наведува: „Но немојте да бидете насилници, Аллах навистина не ги сака оние кои чинат насилство.“ (Ел Бекара, 190) 2. Пратеникот ‫ ﷺ‬некои од терористичките дела ги нарекол неверство, кажувајќи: „Немојте после мене во неверство да се враќате така што едни со други да се убивате.“369 И кажал: „Навредувањето кон еден верник е грев, а борбата против него е неверство.“370 3. Пратеникот ‫ ﷺ‬не известил дека оние кои ќе загинат како учесници во терористички дела дека ќе завршат во Огнот. Тој кажал: „Кога двајца верници ќе се соочат со сабји и убиецот и убиениот ќе завршат во Оган. “Некој запрашал: „О Божји Пратенику, јасно ни е за убиецот, но зошто убиениот?“ Тој одговорил: „И тој исто така се обидел да го убие својот противник.“371 366 Бухари, бр.65 и Муслим, бр.2137. 367 Тирмизи, бр.2955 и Ахмед, бр.1840. 368 Бухари, бр.6357 и Муслим, бр.3178. 369 Бухари, бр.118 и Муслим, бр.98. 370 Бухари, бр.46 и Муслим, бр.97. 371 Бухари, бр.30.

96


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

4. Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил да се убиваат оние кои имаат договори со муслиманите и оние на кои им е загарантирана безбедноста, а припаѓаат на други религии, велејќи: „Кој ќе убие немуслиман кој има договор со муслиман, нема да го почувствува мирисот на Џеннетот, а неговиот мирис се чувствува четириесет години одење.“372 5. Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил оружјето да се вперува во луѓето кажувајќи: „Нека никој не го вперува оружјето кон својот брат, бидејќи тој не знае, можеби шејтанот ќе стори нешто, со својата рака да направи нешто што ќе го фрли во џехенемската дупка.“373 И кажал: „Кога верник ќе го сврти оружјето кон својот брат муслиман, мелеците го проколнуваат сè додека не го остави оружјето.“374 И кажал: „Кој ќе крене оружје на нас, тој не ни припаѓа.“375 6. Пратеникот ‫ ﷺ‬го забранил предавството и измамата па дури и во однос со неверник кажувајќи: „Секој предавник (измамник) на Судниот ден ќе добие знаме по кое што ќе биде препознаен.“376 И кажал: „Верата спречува да се убие оној кому му е дадена сигурност и на кој му е дадена гаранција дека нема да биде измамен и затоа верникот не го прекршува тоа ветување.“377 И кажал: „Оној човек кој ќе му гарантира сигурност на некого, а потоа ќе го убие, јас се откажувам од убиецот, па дури убиениот да е неверник.“378 Пратеникот ‫ ﷺ‬предупредил на опасноста од кршење на договор кажувајќи: „Не постои народ кој ќе прекрши договор, а помеѓу нив да не да се појави убивањето. Ни во еден народ нема да се појави блуд, а смрт со нив да не завладее, и ниеден народ нема да забрани давање на зекат а да нема да му биде оневозможен дождот.“379 7. Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил бесправно застрашување на луѓето кажувајќи: „На ниеден човек не му е дозволено да плаши верник.“380 8. Пратеникот ‫ ﷺ‬појаснил дека сигурноста е благодет. Тој кажал: „Кој од вас ќе се раздени сигурен во своја куќа, во здравје и со храна за еден ден како да му е подарен цел свет со сите негови богатства.“381 372 Бухари, бр.2930. 373 Бухари, бр.6545 и Муслим, бр.4742. 374 Ел Безар, бр. 3641. 375 Бухари, бр.6366 и Муслим, бр.143. 376 Бухари, бр.6450 и Муслим, бр.3269. 377 Ахмед, бр.1356 и Ебу Давуд, бр.2388. 378 Ибн Маџе, бр. 2679 и Ибн Хиббан, бр. 5982. 379 Хаким, бр.2577. 380 Ебу Давуд, бр.4251 и Ахмед, бр.21986. 381 Тирмизи, бр.2268 и Ибн Маџе, бр. 4131.

97


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Во Куранот се спомнува дека Аллах им подарил на верниците благодат на безбедност кога кажал: „Зарем не гледаат дека Храмот свет и сигурен сме го направиле, додека секаде околу нив се краде и ограбува? И зарем во лагата веруваат, а на Аллаховите благодети се неблагодарни?!“(Ел Анкебут, 67) И кажал: „ Господарот на овој храм нека Го обожуваат, Кој гладните ги храни и од страв ги брани.(Курејш, 3-4) 9. Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал на сомилост кон суштествата кажувајќи: „На оние кои се милосрдни, Милостивиот ќе им се смилува. Бидете милостиви кон оние кои се на Земјата, па ќе ви се смилува Оној кој е на небесата.“382

4.2 Лекувањето на проблемите на насилството во семејството

Еден од светските проблеми од кој страдаат милиони луѓе е проблемот на насилство во семејството. Пратеникот ‫ ﷺ‬го лекувал овој проблем така што повикувал во меѓусебна милост, простување и преминување преку негативностите, онолку колку што сме во можност. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Нека верникот не ја мрази верничката, ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, со друга ќе биде задоволен.“383 Со ова ги повикува сопружниците едни со други добрина да си чинат и дека не треба мажот да ја мрази својата сопруга заради нешто што таа го прави, туку е должен да ги забележи нејзините убави особини кои можеби се помногубројни од оние кои тој ги мрази. И кажал: „Најдобрите од вас се оние кои се најдобри кон своите семејства, а јас сум најдобар кон своето семејство.“384 Од Муавија б. Хајдет, р.а. се пренесува дека реколл: „Дојдов во една пригода кај Аллаховиот пратеник ‫ ﷺ‬и го прашав: ‘Што велиш за нашите жени?’ Тој одговори: ‘Хранете ги со онаа храна со која вие се храните и облекувајте ги со онаа врста на облека која вие ја облекувате. Немојте да ги удирате и немојте да ги понижувате.’“385 382 Тирмизи, бр.1847 и Ебу Давуд бр. 4290. 383 Муслим, бр.2672 и Ахмед, бр.8013. 384 Тирмизи, бр.3830 и Ибн Маџе, бр.1967. 385 Ебу Давуд бр. 1832.

98


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Пратеникот ‫ ﷺ‬ја познавал природата на жената и дека спроведувањето насилство над неа нема да користи. Тој кажал: „Порачајте им на жените добро (т.е. постапувајте убаво кон нив). Навистина, жената е создадена од ребро, а најискривениот дел на реброто е нејзиниот горен дел. Ако се обидеш да го исправиш ќе се скрши, а ако го оставиш тој и понатаму ќе остане искривен. Поради тоа порачајте им добро.“386 Пратеникот ‫ ﷺ‬се борел против сите причини кои водат кон насилство во семејството. Дошол еден човек кај Пратреникот ‫ ﷺ‬во една пригода па му кажал: „Посоветувај ме.“, а Пратеникот ‫ ﷺ‬му кажал: „Немој да се лутиш,“ и тоа го зпрашал повеќе пати, а Пратеникот му го одговорил истото: „Не се лути.“387 И кажал: „Оној кој што ќе ја задржи својата лутина, Аллах ќе ги прекрие неговите срамоти, а оној кој ќе го совлада својот бес кога е во состојба да го спроведе во пракса, Аллах неговото срце ќе стори да биде задоволно на Судниот ден.“388 Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил навредување, проколнување и грд говор, бидејќи тоа се причини кои предизвикуваат физичко насилство. Тој кажал: „Верник не е оној кој навредува, ниту оној кој проколнува, а ниту е непристоен.“389 Пратеникот ‫ ﷺ‬најдобро се однесувал кон своите сопруги. Така, се пренесува од Енес, слуга на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬дека кажал: „Раката на Пратеникот ‫ ﷺ‬никогаш не удрила ниту слуга, ниту жена.“390 Пратеникот ‫ ﷺ‬бил пример за добрина и нежност. Никако не практикувал насилство и строгост со своите сопруги, како што наведува Џабир р.а. кога вели: „Пратеникот ‫ ﷺ‬беше едноставен човек, кога Аиша р.а. би поскала нешто тој до тоа би ја однел.“391 Следниот хадис ни претставува како Пратеникот ‫ ﷺ‬убаво се однесувал кон своите сопруги во време кога жената не претставувала ништо. Вели Омер б. Хатаб: „Се колнам во Аллах ние во предисламско време не ги сметавме жените за важни, ниту тие имаа некаква вредност, сè додека Аллах не го објави за нив тоа што го објави и им го одреди она што го одреди. Така, еден ден бев зафатен со нешто кога мојата сопруга ми рече: „Да сториш вака и вака би било подобро.“ Кажав: „Каква врска имаш ти и ова во што сум јас? 386 Бухари, бр.3084 и Муслим, бр.2671. 387 Бухари, бр.5651. 388 Таберани, бр.861. 389 Тирмизи, бр.1900 390 Муслим, бр.4296. 391 Муслим, бр.2127.

99


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

И што те интересира тебе тоа?“ Па ми кажа: „Чуден си ти Омер, не сакаш некој да ти се спротистави во нешто, а твојата ќерка се спротивставува на Пратеникот ‫ ﷺ‬така што цел ден да биде лут.“392 Па како оној кој има вакво однесување да биде насилен или насилството да е дел од неговиот приватен живот?

4.3 Лекување на проблемот на грижата и депресијата Разумните луѓе се согласни дека душевната празнотија и разните животни притисоци се главните причини за ширење на душевните болести, а особено на грижата и депресијата. Пратеникот ‫ ﷺ‬го лекувал овој душевен проблем со искрено верување во Возвишениот Аллах, како што е наведено во Куранот: „Оние кои веруваат и чии срца кога Аллах ќе се спомене се смируваат – а срцата навистина се смируваат кога Аллах ќе се спомене.“ (Ер Рад, 28) Човекот верник кој воспоставил мостови врзани со својот Создател е со мирно срце и состојба, неговата внатрешност е мирна, поради што Пратеникот ‫ ﷺ‬вели: „Чудна ли е состојбата на верникот, тој е секогаш во добро, а ако му се случи зло, тој ќе се стрпи и повторно ќе му биде добро.“393 Значи, доброто не го напушта верникот никогаш. Некогаш грижата и депресијата се резултат на страв, сиромаштија, болест или разни несреќи кои се очекуваат, но верникот знае дека сето тоа е одредба од Аллах и тој е стрплив на тоа и тој ја поднесува и очекува наградата па тие искушенија и несреќи се преобразуваат во награди и подароци од Аллах, како што Аллах нагласува: „Ние ќе ве ставаме на искушение, малку со страв и со глад, и со губење на имотите, животите и посевите ваши. А ти израдувај ги трпеливите, тие кои, кога ќе ги снајде некаква неволја, само велат: „Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме“. Ним им припаѓаат благословите од Господарот нивен и милоста; тие се на Вистинскиот пат.“ ( Бекаре, 155-157) Работата се повторува кога се во прашање закани кои се очекуваат и непријатности кои што само што не настанале; но и покрај тоа верникот сето тоа го очекува со зголемена доза на задоволство, прифаќање и верување во Аллах Возвишениот, и прибегнува кон Него за одбрана од овие надворешни вознемирувања. Кажал Возвишениот: „На тие на кои, кога луѓето им рекоа: „Непријатели се собираат поради вас, па пазете се од нив!“ – им се зголеми верувањето, па рекоа: „Доволен ни е Аллах и Тој е прекрасен Заштитник!“ Па се вратија со Аллаховите благодати и изобилство, никакво зло не ги 392 Муслим, бр.2705. 393 Муслим, бр.5318.

100


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

снашло и постигнаа Аллах да биде со нив задоволен, а Аллах е неизмерно добар!“ (Али Имран, 173-174) Пратеникот ‫ ﷺ‬кога му било тешко прибегнувал кон намазот и говорел: „О Билал, учи го икаметот (повикот) за намаз и одмори не со него.“394 Намазот е еден од најголемите причини за смирување на душата и внатрешниот мир кој ја оттргнува напнатоста, грижата и суморноста. Пратеникот ‫ ﷺ‬не упатил на некои од зикровите кои се учат при грижа, напнатост и депресија. Еден од тие е: „Кога на некој роб ќе му дојдат тагата и грижата нека каже: ‘Аллаху мој, јас сум Твој роб, син на Твојот роб и син на Твојата робинка, моето чело е во Твојата рака, мојата работа е веќе одредена со Твојата пресуда, Ти си праведен во својата пресуда. Јас те молам со секое Твое име со кое Себеси се нарече, или со него го подучи некое од Своите суштества, или го објави во Својата книга, или го остави во гајб – непознатото, те молам Куранот да го сториш цут на моето срце, светлина на моите гради, прекривка на мојата тага и отстранувач на мојата грижа’, Аллах ќе ја отстрани неговата грижа и тага и наместо тоа ќе даде излез.“395 За Есма, ќерката на Умејса, Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Зарем не сакаш да те подучам на зборовите кои треба да ги кажеш кога чувствуваш болка? Кажи: ‘Аллах, Аллах е мојот Господар и освен Него не обожувам никој друг.’“396 Енес р.а. пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кога би го растажило нешто кажувал: „О Жив, о Вечен, со милоста Твоја ја барам помошта Твоја.“397 Спомнувањето на Аллах, довата и намазот се најголеми причинители за отстранување на душевните болести и поради тоа Аллах вели: „Ние добро знаеме дека ти е тешко во душата поради тоа што тие го зборуваат, затоа слави Го Господарот свој и заблагодарувај Му, и извршувај сеџда, и обожувај Го Господарот свој сè додека не ти дојде смртта!“ (Ел Хиџр, 97-99)

4.4

Лекување на проблемот на душевната празнотија

Пратеникот ‫ ﷺ‬ги лечел проблемите на душевната празнотија така што ги оживувал оние воспитни значења кои произлегуваат од верувањето во Аллах, Неговото едноштво и дистанцирање од ширкот, како и верувањето во сите пратеници и веровесници, небеските книги, ангелите, Судниот ден 394 Ебу Давуд, бр. 4333 и Ахмед, бр.22009. 395 Ахмед, бр.4091. 396 Ебу Давуд бр. 1304 и Ибн Маџе, бр.3872. 397 Тирмизи, бр.3446.

101


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

и Аллаховата одредба, било добра или лоша. Како додаток на верувањето со срце, Пратеникот ‫ ﷺ‬ја лечел душевната празнотија со помош на шеријатски пропишаните обреди, кои во секој миг муслиманите ги поврзуваат со нивниот Господар. Најважни од тие обреди се петте исламски шартови (услови), а тоа се: Келиме-шехадет (сведоштво за Едноштвото Божје), обавувањето на намазот (молитва), давање на зекат, пост во месецот Рамазан и обавување на аџилакот. Покрај тоа, Пратеникот ‫ ﷺ‬ги воспитувал муслиманите за значењето на богобојазливоста, искреноста кон Аллах и цврстото убедување, потоа да се потпираат на Аллах и всадување на постојано чувство дека Аллах го прати секое негово дело и дека ги познава неговите тајни и скриени разговори, како и негување на чувство на одговорност и тогаш кога никој од луѓето не го гледа, бидејќи Возвишениот Аллах го гледа. Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬му кажал на Ибн Аббас: „Младо момче! Пази на Аллах и Тој ќе пази на тебе. Пази на Аллах, Тој секогаш ќе биде покрај тебе. Ако нешто бараш, барај само од Аллах. Ако бараш помош, барај ја од Аллах. И добро знај дека, кога цел свет би се собрал да ти помогне, нема да може да ти помогне, освен со она што Аллах веќе го одредил. А кога би се собрале да ти наштетат, нема да ти наштетат со ништо друго освен со она што Аллах ти го одредил. Перата се исушија, а листовите се воздигнаа.“398 Во еден малку подолг хадис, Џибрил (ангелот Гаврил) на Пратеникот ‫ ﷺ‬му ги појаснува темелите на исламот, иманот (верата) и ихсанот. Тоа е еден од најважните хадиси на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кој во една кратка форма ја опфаќа исламската вера во целост. Се пренесува дека Омер р.а. кажал: „Еден ден додека седевме кај Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬се појави спроти нас еден човек со бела облека, со изразито црна коса, на него не се укажуваа траги од патување, а никој од нас не го познаваше. Седна покрај Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬ги приближи своите колена до неговите, рацете ги стави на својот струк и потоа кажа: ‘Мухаммеде, извести ме за исламот!’ На тоа Пратеникот ‫ ﷺ‬кажа: ‘Исламот е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед е Негов Пратеник, да извршуваш намаз, даваш зекат, да постиш Рамазан и да обавиш аџилак посетувајќи ја Каба ако си во можност.’ На ова непознатиот човек кажа: ‘Вистината ја кажа.’ Ние се зачудивме, го прашува, а потоа вели: ‘Вистината ја кажа.’ Тогаш тој човек кажа: ‘Извести ме за иманот!’ 398 Ахмед, бр.2537 и Тирмизи, бр.2440.

102


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Пратеникот ‫ ﷺ‬одговори: ‘Иманот е да веруваш во Аллах, Неговите ангели, Неговите книги, Неговите пратеници, Судниот ден и да веруваш во Аллаховиот кадер – одредбата на доброто и злото.’ На ова непознатиот човек кажа: ‘Вистината ја кажа, па извести ме за исханот!’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажа: ‘Ихсан е да Го обожуваш Аллах како да го гледаш, бидејќи иако ти Него не го гледаш, Тој тебе сигурно те гледа.’ Потоа непознатиот човек кажа: ‘Извести ме за Судниот ден (кога ќе настапи)?’ Пратеникот ‫ ﷺ‬одговори: ‘Прашаниот за тоа не знае ништо повеќе од оној што прашува.’ ‘Па извести ме за неговите предзнаци?’, кажа непознатиот, а Пратеникот ‫ ﷺ‬рече: ‘Кога робинка ќе роди своја господарка и кога ќе видиш голи, боси, сиромашни пастири како се напреваруваат во градење.’ Потоа тој непознат човек си замина. После некое време Пратеникот ‫ ﷺ‬праша: ‘Омер знаеш ли ти кој беше овој што ме прашуваше?’ Јас кажав: ‘Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тогаш Божјиот Пратеник ‫ﷺ‬ рече: ‘Тоа беше Џибрил, дојде да ве подучи на вашата вера.’“399 Пратеникот ‫ ﷺ‬и оние кои не биле верници ги повикувал на размислување. Така се пренесува од Имран б. Хусеин, р.а. дека кажал: „Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬му рекол на мојот татко: ‘О Хусеин, колку богови денес обожуваш?’ Тој одговорил: ‘Седум, шест на земјата и еден на небесите.’ Па Пратеникот ‫ ﷺ‬го запрашал: ‘А од кој од нив стравуваш и на кој Му се надеваш?’ Хусеин одговори: ‘На оној на небото!’400 Како да сакаше Пратеникот ‫ ﷺ‬да му каже: „Како обожуваш некого покрај Аллах, а се надеваш и стравуваш од Него.“

4.5

Лекување на сексуалните проблеми

Пратеникот ‫ ﷺ‬ги лекувал ваквите проблеми така што поттикнувал на брак уште од раната младост. А оној кој не бил во можност да се ожени го поттикнувал да пости и со тоа нагласувал дека треба да се затворат вратите кои водат кон разгорување на страстите. Една од тие работи е забраната за осамување со жените туѓинки и гледањето во нив. Исто така, преку разговор со младите луѓе предупредувал на грдотијата и опасноста од развратот. 399 Муслим, бр.9. 400 Тирмизи, бр.3405.

103


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

Кажал Божјиот Пратеник ‫ﷺ‬: „О групо момчиња, кој има можност од вас нека се жени, бидејќи тоа помага во соборување на погледот и чување на половиот орган. Доколу не може да се ожени нека пости бидејќи тоа му е заштита.“401 И кажал: „Ако ви дојде некој со чија вера и однесување сте задоволни, оженете го. Доколку така не постапите, на Земјата ќе завладее фитна и голем неред.“402 И кажал: „Нека никој не се осамува со жена доколку со неа не е присутен нејзиниот махрем.“403 Кога бил запрашан за гледање во жени, Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Сврти го својот поглед.“404 И кажал: „Блудникот во мигот кога го прави блудот, не е верник.“405 Се пренесува дека еден млад човек дошол кај Пратеникот ‫ ﷺ‬и рекол: „Божји Пратенику, дозволи ми да сторам блуд!“ Народот кај Аллаховиот пратеник се собра околу него, негодувајќи и критикувајќи го. Пратеникот ‫ ﷺ‬рече: ‘Приближете го!’ Кога дојде поблизу му кажа: ‘Седни!’ Тој седна, а тогаш Пратеникот ‫ ﷺ‬го запраша: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата мајка?’ Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните мајки!’ Потота го запраша: ‘Дали би сакал тоа некој да го направи со твојата ќерка?’ Одговорил: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните ќерки!’ Повторнио го запраша: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата сестра?’ Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните сестри!’ Запрашал: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата тетка по татко?’ 401 Бухари, бр.4677 и Муслим, бр.2485. 402 Тирмизи, бр.1005. 403 Бухари, бр.2784 и Муслим, бр.2391. 404 Ebu-Davud, br. 1836. 405 Бухари, бр.2295 и Муслим, бр.86.

104


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се чини на нивните тетки по татко!’ Праша: ‘Дали би сакал некој да стори блуд со твојата тетка по мајка?’ Кажал: ‘Не, се колнам во Аллах, Божји Пратенику.’ Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: ‘Ниту другите не сакаат тоа да им се прави на нивните тетки по мајка!’ Тогаш Пратеникот ја стави својата рака на него и проучи: ‘Аллаху мој, прости му ги гревовите, очисти му го срцето и сочувај му го неговото срамно место’. После тоа овој млад човек немал проблеми со тоа.406 Кога е во прашање хомосексуалноста во исламот таа е на поголем степен на забрана од блудот. Кажал Пратеникот ‫ﷺ‬: „Аллах го проколнал оној кој што прави она што го правел и народот на Лут. Аллах го проколнал оној кој што прави она што го правел и народот на Лут. Аллах го проколнал оној кој што прави она што го правел и народот на Лут.“407

4.5

Лекување на проблемот на алкохолизмот и опојните средства

Целиот свет страда од проблемот на алкохолот и на опојните средства. Исламот е многу строг во борбата против ова зло и го забранил сето она што влијае на губење на разумот без оглед колку се разликуваат нивните имиња и на она на што се однесуваат тие имиња. Аллах Возвишениот вели: „О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате.“(Ел Маида, 90) Кажал Божјиот Пратеник ‫ﷺ‬: „Сè што опива во големи количини, е забрането и во мали.“ т.е. харам.408 И кажал: „Секој пијалок кој опива е забранет.“409 Во ова влегуваат сите опојни средства. 406 Ахмед, бр.21185. 407 Ахмед, бр.2763. 408 Ахмед, бр.6271 и Ебу Давуд, бр. 3196. 409 Бухари, бр.5157 и Муслим, бр.3727.

105


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

И кажал: „Во Џеннет нема да влезе ноторниот пијаница.“410 И кажал: „Немој да пиеш алкохол, тој е клуч на секое зло.“411 Се пренесува од Умму Селеме, р.а: „Пратеникот ‫ ﷺ‬забрани сè што опива и предизвикува слабост (муфетир).“412 Муфетир е сето она што предизвикува апатија, а апатија е нечуствителност, слабост, опуштеност на телото и нереагирање на надворешни фактори, а без сомнеж сето ова го предизвикуваат дрогите и опојните средства.

4.6

Лекување на проблемите со сихрот (магијата) и прорекувањето судбина

Покрај индустрискиот и технолошки развој на светот, милиони луѓе живеат затворени во светот на магиите и сихровите и гатањата. Читавме и дека некои угледни светски политичари имаат свои посебни сихрбази и гатачи кои ги известуваат за некои работи кои може да се случат во иднина. Сихр е реалност, а неговото учење и бавење со него е неверство, како што Аллах вели: „И го следат тоа што шејтаните за владеењето на Сулејман го кажуваа. А Сулејман не беше неверник, туку неверници се шејтаните кои ги подучуваат луѓето за магиите.“ (Ел Бекаре, 102) Причината за нивното неверство било подучување на луѓето на магијата. Пратеникот ‫ ﷺ‬го забранил сихрот и прорекувањето на иднината кажувајќи: „Не е од нас оној кој прорекува и кому му се прорекува, оној кој гата и оној кому му се гата, оној кој прави магија и оној за кого се прави магијата.“413 И кажал: „Оттргнете се од седум гревови кои упропастуваат.“ Било кажано: „О Божји пратенику, кои се тие гревови:“ Тој кажал: „Придружување еднаков на Аллах, сихрот, бесправното убивање, каматата, користењето на имотот на сирачињата, бегање од военото поле и клевета врз честити вернички.“414 Пратеникот ‫ ﷺ‬го споменал сихрот веднаш после ширкот, кој е најголем грев. Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил да се оди кај оние кои ја прорекуваат судбината, кај гатачите кажувајќи: „Кој ќе отиде кај гатач па ќе го праша за 410 Ахмед, бр.6251, Несаи, бр.5577 и Ибн Маџе, бр.3367. 411 Ибн Маџе, бр.3362. 412 Ебу Давуд, бр. 3201 и Ахмед, бр.25416. 413 Таберани, бр.4262. 414 Бухари, бр.2560 и Муслим, бр.129.

106


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

нешто, намазот нема да му биде примен 40 ноќи.“415

Уште поголем грев би направил доколку човек му поверува на гатач: „Кој ќе отиде кај гатач и ќе му поверува во она што го кажува, го негирал она што му е објавено на Мухаммед ‫“ﷺ‬416 Некои луѓе говорат дека сихрбазите некогаш ја кажуваат вистината и дека тоа е доказ дека е вистина тоа што тие го говорат, а одговорот на тоа прашање е говорот на Аллаховиот пратеник ‫ ﷺ‬кога некои луѓе го запрашаа за гатачите. Тој кажа: „Тие не претставуваат ништо.“ А луѓето кажаа: „Тие некогаш ќе кажат нешто, па ќе испадне дека е вистина.“ Тој одговори: „Тоа е збор на вистината кој го украл џин па го уфрлил во увото на својот послушник и со него ќе додаде уште стотини лаги.“417 А во преданието на Бухари стои дека Аиша р.а. слушнала од Пратеникот ‫ ﷺ‬како вели: „Ангелите се спуштаат на облаците па ќе споменат нешто по прашање на некоја пресуда на небото, а потоа шејтанот ќе прислушува и ќе слушне, по што ќе го извести гатачот спомнувајќи му со тоа уште стотина други лаги.“418 Се пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Не постојат (натприродни) инфекции и зарази, не постои суеверие, не постои верување во був, ниту е исправно верувањето во сафер“419 Пратениковите зборови „нема инфекција ниту зараза“, не се однесува на тоа дека болеста не може да се пренесе, бидејќи тој во други хадиси потврдил дека болеста може да се пренесе, како што кажал: „Бегај од шугавиот како од лав“420 А во друг хадис вели: „Нека не се мешаат болниот со здравиот“,421 т.е. сопственикот на болната камила нека не ја меша со здравата, за да не би се пренела болеста. Значи Пратениковите зборови: „Нема инфекции ниту зарази“, се однесуваат на тоа дека болеста сама по себе се пренесува, дека нејзиното влијание е неминовно, а тоа не е така, бидејќи болеста некогаш се пренесува, а некогаш не, и поради тоа Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Нема инфекции и нема зарази“, а некој човек му кажал: „О Божји Пратенику, некогаш камилата е здрава како антилопа, па ќе се состави со камила која е со красти, па потоа ќе се разболи.“ Тогаш Пратеникот ‫ ﷺ‬прашал: „А кој ја разболел првата 415 Муслим, бр.4137 и Ахмед, бр.16041. 416 Тирмизи, бр.125 и Ахмед, бр.9171. 417 Бухари, бр.5745 и Муслим, бр.4135. 418 Бухари, бр.2971. 419 Бухари, бр.5316 и Муслим, бр.4116. 420 Бухари, бр.5328. 421 Бухари, бр.5328 и Муслим, бр.4117.

107


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

камила?“422 т.е. таа прва камила се заразила без било каква зараза и на нејзе Аллах и одредил така, па ако заразата се пренесе тоа би било само со Аллахова одредба, бидејќи болеста некогаш се пренесува, а некогаш не се пренесува, сè е тоа во Аллахови раце. Пратениковите ‫ ﷺ‬зборови: „Нема суеверие“ се однесуваат на песимизмот, а неговите зборови: „нема верување во був“ се однесуваат на тоа што Арапите имале некоја посебна врста на суеверие кога бил бувот во прашање. Пратениковите зборови: „ниту е исправно верување во сафер.“, значи дека Арапите верувале дека се случуваат одредени несреќи во месецот сафер, а сите овие искривени верувања, Пратеникот ‫ ﷺ‬ги укинал бидејќи тие ги поврзувале луѓето со митови, прорекувања и магии.

4.7

Лекување на проблемот на сиромаштијата

Пратеникот ‫ ﷺ‬барал заштита од сиромаштијата и го споредил со понижување кажувајќи:„Аллаху мој, јас барам заштита од сиромаштијата, немаштијата и понижувањето.“423 Исто така, сиромаштијата ја спомнал заедно со неверувањето: „..и барам заштита од сиромаштијата и неверувањето.“424 Ова е доказ дека сиромаштијата е многу опасна и дека може човека да го одведе во неверство. Аллах да не сочува од тоа. Пратеникот ‫ ﷺ‬се спротиставил на сиромаштијата така што поттикнувал на работа и на избегнување барање од други. Тој кажал: „Некој од вас да земе јаже и рано наутро да замине в планина за да собира дрва и да ги продава, па да се храни од тоа и милостина да дели е подобро отколку да ја бара од луѓе.“425 Кажал Пратеникот ‫ﷺ‬: „Не му прилега на верник да се понижува.“426 И кажал: „Кога вие би се наслониле на Аллах онака како што треба, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците. Тие излегуваат гладни, а се враќаат сити.“427 Птицата излегува за да бара храна, оди и се враќа, и не застанува освен на место каде што нашла храна. Таа не престанува да го спомнува Аллах во воздух, сè додека не види вода па се спушта за да се напие. Сето ова спаѓа во барање на снабдување и причините кои водат до него, а пред сè потпирање на Аллах, прибегнување кон Него и тоа е првата причина со 422 Бухари, бр.5330 и Муслим, бр.4116. 423 Ебу Давуд, бр.1320 и Ахмед, бр.7708. 424 Ебу Давуд, бр.4426 и Ахмед, бр.19514. 425 Бухари, бр.1386 и Ахмед, бр.10033. 426 Тирмизи, бр.2180 и Ахмед, бр.22327. 427 Тирмизи, бр.2266 и Ахмед, бр.200.

108


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

која се решава сиромаштијата во исламот. После ова доаѓа зеќатот,428 кој се дава на оние кои немаат можност да работат или на оние кои нивниот имот не ги покрива потребите. Тие земаат имот кој се собира по пат на зеќат. Тоа е обврска која се зема од имотот на богатите и се дава на оние кои се сиромашни. После ова доаѓа милостината кои богатите доброволно ја одвојуваат за да заработат награда од Возвишениот Аллах. Возвишениот Аллах кажал: „И оние во чиј имот ќе има одреден дел за оној кој проси и за оној кој не проси (но има потреба).“(Ел Меариџ, 24-25) И кажал: „Храната ја даваа – мада и смаите ја посакуваа – на сиромавиот и сираче и на заробеник.“(Ед Дехр, 8) Кажал Пратеникот ‫ﷺ‬: „Кој ќе има вишок превозно средство, нека го даде на оној кој нема, а кој ќе има повеќе снабдување нека даде на оној кој нема.“429

4.8

Лекување на проблемот на природната околина

Пратеникот ‫ ﷺ‬бил активен во борбата против проблемот на околината, така што луѓето ги упатувал и советувал да водат грижа за водата, земјиштето, балансот на животната околина и да го ценат живот, и оној животинскиот, доколку не се работи за штетници. Кажал Пратеникот ‫ﷺ‬: „Нема ниту еден муслиман кој ќе засади семенка или садница, па со неа да се нахрани птица, човек или животно, а да тоа не му биде пресметано како милостина.“430 Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил вршење на нужда по патишта и онаму каде што минуваат луѓето, како и во изворите на водите, ладовините, кажувајќи: „Чувајте се од четири работи кои се причина за проклетство: вршење нужда на извор на вода, средина на пат по кој луѓе минуваат и по ладовините.“431 И забранил претерано трошење на водата кажувајќи: „Немојте претерано да ја трошите водата, па дури да се работи за река што тече.“432 Забранил бескорисно убивање на животните кога кажал: „Кој ќе убие птица и тоа што е над неа бесправно, Аллах ќе го праша за тоа на Судниот 428 Обврзителна милостина за богатиот од најмалку 2,5% на годишно ниво. 429 Муслим, бр.3258 и Ебу Давуд, бр.1416. 430 Бухари, бр.2152 и Муслим, бр.2904. 431 Ебу Давуд, бр.24, Ахмед, бр.2580 и Ибн Маџе, бр.323. 432 Ахмед, бр.6768 и Ибн Маџе, бр.419.

109


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

ден“ Кажано е: „О Божји Пратенику, а кое е нејзиното право?“ Пратеникот ‫ ﷺ‬одговорил: „Да ја заколе и да ја изеде, но не да и ја исече главата и да ја фрли.“433

Пратеникот ‫ ﷺ‬водел грижа за чистотијата на земјата така што ја споредил со џамиите кога е во прашање истата. Тој кажал: „Мене земјата ми е направена месџид (место за клањање) и чиста.“434 Се пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Една мравка каснала некој пратеник и тој наредил целиот мравјаник да се запали. Аллах му објавил: ‘Зарем за една мравка која те гризна уништи цела заедница мравки која го спомнува Аллах?’ А во друго предание стои: ‘Зошто не казни само една мравка?’“435 Во ова е доказот за одржување на балансот на околината, бидејќи кога секој човек кој ќе го вознемири некој вид на животно, па тој ќе убие стотина или илјада исти, не би останала ниту едно животно од тој вид, а ова се спротиставува на системот кој Аллах го воспоставил. Пратеникот ‫ ﷺ‬наредил да се чистат и да се одржуваат куќите за да не се појави епидемија. Тој кажал: „Одржувајте ги вашите домови чисти!“436 Пратеникот ‫ ﷺ‬поттикнувал на земјоделие кое е добар пријател на здравата животна околина. Тој кажал: „Ако некој има садница во рака и притоа види дека настапува Судниот ден, нека ја посади пред да настапи истиот.“437

433 Несаи, бр.4369 и Ахмед, бр.6264. 434 Бухари, бр.419 и Муслим, бр.811. 435 Бухари, бр.2796 и Муслим, бр.4157. 436 Таберани, бр.4057. 437 Ахмед, бр.12512.

110


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

Содржина Наместо предговор ........................................................................................... 5 Вовед ..................................................................................................................... 7 Предговор ........................................................................................................... 11 Животот на Аллаховиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬во неколку редови .. 12 Неговото потекло .............................................................................................. 12 Раѓањето на Мухаммед ‫ ﷺ‬................................................................................ 12 Смртта на неговиот татко и дедо .................................................................. 13 Пратениковото растење ................................................................................... 13 Почетокот на објавата ...................................................................................... 13 Фази на Пратениковата ‫ ﷺ‬мисија ................................................................. 14 Пратениковата ‫ ﷺ‬трпеливост на навредите ............................................... 15 Хиџрата на Пратеникот ‫ ﷺ‬............................................................................... 15 Некои од точките на Мединскиот устав ...................................................... 15 Најважните работи во кои повикувал Мухаммед ‫ ﷺ‬................................ 16 Пратениковите синови и ќерки ..................................................................... 17 Пратениковите ‫ ﷺ‬сопруги ............................................................................... 17 Пратениковата ‫ ﷺ‬смрт ..................................................................................... 18 Пратениците се браќа ...................................................................................... 19 Владателот на Византија како пример за запознавање на Пратеникот ...................................................................... 20 Владателот на Абесинија како пример за запознавање на Пратеникот ...................................................................... 24 Примерот за запознавање на Пратеникот од страна на големиот еврејски рабин.......................................................... 26 I. ПРВО ПОГЛАВЈЕ........................................................................................... 28 Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬и човековите права............................................. 29

111


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

1.1 Еднаквост....................................................................................................... 1.2 Права на жената........................................................................................... 1.3 Право на родителот и блискиот............................................................... 1.4 Правата на синовите и ќерките................................................................ 1.5 Права на децата ........................................................................................... 1.6 Правата на слугите ..................................................................................... 1.7 Правата на соседот ..................................................................................... 1.8 Право на гостинот....................................................................................... 1.9 Правата на сирачињата.............................................................................. 1.10 Правата на слабите и сиромашните...................................................... 1.11 Права на робовите..................................................................................... 1.12 Правата на постарите............................................................................... 1.13 Правата на луѓето со посебни потреби................................................ 1.14 Правила (права) на патот по кој се минува......................................... 1.15 Права на животните..................................................................................

30 31 33 35 36 37 39 40 40 41 43 44 45 46 46

II. ВТОРО ПОГЛАВЈЕ....................................................................................... 48 Пратеникот ‫ ﷺ‬за вредноста на карактерот и особините.......................... 49 2.1 Како да ги придобиеш луѓето................................................................... 50 2.2 Правда............................................................................................................. 51 2.3 Милост............................................................................................................ 52 2.4 Толеранција................................................................................................... 53 2.5 Доверливост (исполнување на аманет).................................................. 53 2.6 Храброст........................................................................................................ 54 2.7 Понизност...................................................................................................... 55 2.8 Верност и исполнување на обврските.................................................... 56 2.9 Безбедност..................................................................................................... 56 2.10 Молчењето и говорот............................................................................... 57 2.11 Умереност и урамнотеженост................................................................. 58 2.12 Време............................................................................................................. 61 2.13 Одговорност................................................................................................ 61 2.14 Самоконтрола............................................................................................. 64 2.15 Лекот и здравјето....................................................................................... 65 2.16 Чистотата и разубувувањето.................................................................. 66 2.17 Почитување на човекот............................................................................ 66 2.18 Убавото однесување.................................................................................. 67 2.19 Пријателство и љубов............................................................................... 68 2.20 Како да ги подучуваш луѓето.................................................................. 69

112


Ахмед б. Осман ел – Мезјед

2.21 Волонтерската работа и општата корист............................................. 71 2.22 Договарање.................................................................................................. 72 2.23 Борба против неправдата........................................................................ 74 2.24 Етика на војната и борбата...................................................................... 75 2.25 Среќа............................................................................................................. 76 2.26 Оптимизам.................................................................................................. 77 2.27 Хумор............................................................................................................ 78 III. ТРЕТО ПОГЛАВЈЕ...................................................................................... 80 Пратениковото ‫ ﷺ‬предупредување на презрени зли дела....................... 80 3.1 Убиство........................................................................................................... 82 3.2 Предавство.................................................................................................... 83 3.3 Лутина............................................................................................................. 83 3.4 Застрашување на луѓето............................................................................. 84 3.5 Измама............................................................................................................ 85 3.6 Расипување на односите помеѓу луѓето................................................. 85 3.7 Следење – шпионирање.............................................................................. 86 3.8 Навредување и проколнување.................................................................. 87 3.9 Сомничење.................................................................................................... 88 3.10 Подмитување.............................................................................................. 88 3.11 Обичен формализам................................................................................. 89 3.12 Мрзеливост................................................................................................. 90 3.13 Песимизам................................................................................................... 90 3.14 Самоубиство............................................................................................... 91 3.15 Неправда и насилство............................................................................... 92 IV. ЧЕТВРТО ПОГЛАВЈЕ................................................................................. 93 Пратеникот Мухаммед и лекувањето на светските проблеми............... 94 4.1 Лекување на проблемот на тероризмот.................................................. 95 4.2 Лекувањето на проблемите на насилството во семејството............. 98 4.3 Лекување на проблемот на грижата и депресијата.............................. 100 4.4 Лекување на проблемот на душевната празнотија.............................. 101 4.5 Лекување на сексуалните проблеми........................................................ 103 4.5 Лекување на проблемот на алкохолизмот и опојните средства....... 105

113


Мухаммед - Аллаховиот Пратеник

4.6 Лекување на проблемите со сихрот (магијата) и прорекувањето судбина................................................................................................................. 106 4.7 Лекување на проблемот на сиромаштијата........................................... 108 4.8 Лекување на проблемот на природната околина................................. 109 Содржина ............................................................................................................ 111

114



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.