Совети за подобро здравје

Page 1


З

Вовед

дравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест. Модерната наука го дефинира здравјето

на луѓето како збир на „резервен капацитет“ на основните функционални системи. Во оваа смисла, треба со нашиот начин на живот да го зголемуваме капацитетот на нашето здравје, бидејќи тоа не е само наша сопственост. Здравјето не го наследуваме, а со начинот на живот и односот кон него не само што влијаеме врз своето здравје, туку и врз животот и здравјето на нашите деца и генерациите кои доаѓаат. Здравјето на современиот човек најмногу го загрозува преобилната и несоодветна исхрана, недоволната физичка активност, стресот, загадувањето на животната и работната средина, штетните навики и лошата хигиена. Прекумерното

јадење

во

комбинација

со

невро-

емоционалното оптоварување предизвикува најголем број модерни болести на цивилизацијата: болести на мускулно-

5


скелетниот систем, срцето и крвните садови, респираторниот систем, дигестивниот, како и разни невро-емоционални заболувања. Движењето како и оптималната физичка активност е услов за зачувување на здравјето на луѓето за нормално функционирање на органите и системот на човечкиот организам како целина. Секое претерано ограничување на моторната активност е во контрадикција со биолошката природа на човекот. Тоа предизвикува различни проблеми и нарушувања на највиталните органи и функции на системот. Недостатокот на оптимална физичка активност најлесно и најдобро можеме да го надоместиме преку соодветни програми на рекреативни спортови. Ако сакаме да го зачуваме здравјето, да ги подобриме вештините, да спречиме, ублажиме и елиминираме многу здравствени проблеми и пречки, да се чувствуваме подобро, полесно и да ни се зголеми работната способност, мора да настојуваме да ги оставиме пушењето, алкохолот, лошата исхрана, нехигиената, стресот и други фактори кои му се закануваат на здравјето, и да го зголемиме влијанието на факторите кои го чуваат и подобруваат здравјето на луѓето. Систематското вежбање, правилниот избор на исхрана, добрата хигиена, комбинирано со медитацијата со молитва и моралниот кодекс претставуваат најефикасниот природен начин на зачувување и подобрување на здравјето. И покрај големиот развој на технологијата и милијардите долари кои се вложуваат во медицината, сè повеќе луѓе заболуваат и умираат од разни болести. Според податоците на

6


светската статистика, 10% од луѓето умираат од старост, 20% од разни војни и од несреќи, додека 70% умираат од болести. Индикативно е дека во последно време се шират заболувања кои воопшто не биле познати порано и кои стануваат голем предизвик за брзорастечката светска популација. Медицината е наука која темелно се занимава со одржување на здравјето на човекот, со проучување, превенција, дијагноза и третман на болести и повреди кај луѓето. Датира колку и самиот човечки род и отсекогаш со своите сродни дисциплини имала посебно место во општеството. Истовремено, била сметана и за уметност и за наука, со термин кој потекнува од зборовите arc medicina што значи уметност на лечење. Поради тоа, исламот уште на почетокот, на оваа наука ѝ дал видна улога со интенција изградба на здрава заедница. Секој оној кој се занимава со читање и истражување на животот на Божјите пратеници, а особено со животот на Последниот Божји Пратеник, Мухаммед

‫ﷺ‬1, ќе најде дека тој на медицината ѝ дал посебно место и значење. Всушност, целиот негов живот изобилува со мудрости и совети како да се подобри човековиот морал и здравје. Во едно 2

предание од имамот Ахмед се вели: „Јас бев со Пратеникот ‫ﷺ‬, 1 Една од поубавите работи кои исламот ги пропишува е да откако ќе се спомене било кој Аллахов Пратеник или веровесник да биде проучена кратка молитва: „‫“ﷺ‬ што значи: „да биде врз него Аллаховиот благослов и мир“. Кога ќе се спомене името на Аллаховиот Пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, после неговото спомнување се учи таа дова т.е. алејхи селам или пак „саллаллаху алејхи ве селем“. 2 Еден од учените по кои се следи ханбелиската правна школа во исламот. Особено истакнат по своето познавање на преданијата кои датираат од времето на Мухаммед ‫ﷺ‬.

7


кога му пријде еден бедуин и го запраша: „О Божји Пратенику дали ќе бараме медицина?“ Тој кажа, „Да. О Божји робови, барајте ја медицината, бидејќи Аллах не создал болест, а за таа болест да не создал и лек, освен за една! Тие прашаа: А која е таа болест? Тој одговори: „Староста“.

3

Со своите упатства и совети, Божјите пратеници ги насочувале луѓето кон здравиот начин на живот, и со практични примери ги поттикнувале да се занимаваат и да изучуваат многу битни науки.

4

Тоа го потпомогнало духот на силна волја кај пациентите и болните, додека лекарите ги навело да го бараат вистинскиот лек за секоја болест. Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Секоја болест

има лек и кога соодветен лек ќе се примени за болеста, таа ќе помине 5

со Божја помош.“ Исто така, во едно друго предание се вели: „Аллах6 не испратил болест, а со неа да не пратил и лек за таа 7

болест.“ Всушност, кога пациентот чувствува дека постои лек за секоја болест, неговото срце бива чепнато со духот на надежта, 3 Пренесува Имам Ахмед во неговиот Муснед. 4 Пренесено е во еден исралијат (традиција пренесена од следбениците на книгата) дека блискиот Божји пријател Ибрахим (Авраам), нека е мир врз него, го запрашал Семоќниот Аллах : „Мој Господару, откаде доаѓа болеста?“ Аллах одговорил: „Од мене!“ Ибрахим повторно запрашал: „Откаде доаѓа лекот?“ Аллах одговорил: „Исто така од мене„“ „А што е со лекарот?“, запрашал потоа Ибрахим а.с.. Аллах одговорил: „Тоа е човекот преку кој Јас праќам лек.“ 5 Пренесува Муслим. 6 Аллах - Бог, Врховен и единствен Бог, Господар и Создател, во христијанството познат како Отецот, а во јудеизмот како Јахве. Во понатамошниот тексте се употребуваат терми Бог (Заб. наред.). 7 Пренесува Муслим во неговиот Сахих.

8


топлината на очајот исчезнува, капијата на надежта се отвора, а на духот му се враќа силата и вродените природни животни доживувања. Кога неговите органски системи ќе зајакнат, тие стануваат позитивна сила која ќе ја надмине и надвладее болеста. Истиот принцип се однесува и на лекарот кој кога еднаш ќе спознае дека болеста на пациентот има лек и тој исто така ќе се обидува да го најде и да му влее дополнителна надеж на пациентот. Оттаму болеста на телото и таа на срцето е слична. За секоја болест на срцето Аллах создал и лек – тоа е спротивноста на болеста. Препознавање на болеста е клучно за нејзиното лечење. На пример, немирот се лечи со смирение, нервозата со добро расположение, состојбата на страв се лечи со храброст, депресијата и повлеченоста се лечи со ведрина и отвореност при комуникација и слично. Ова дело претставува кратка енциклопедија на природни лекови кои ги користел Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬и кои препорачал да се користат. Ќе ја видиме улогата на хигиената, на здравиот начин на исхрана, на постот, но и штетните последици на некои продукти и навики. Предноста на оптимизмот, молитвата, внатрешната борба, како и социолошкиот аспект се претставени на крајот од книгата. Тие истражувања и препораки денес можат битно да помогнат во лекувањето, кои можат да бидат дел од современите истражувања и развој на медицината. Намерата не беше да се направи вообичаен стручен труд туку да биде запознавање со предностите и повик за истражување на темите кои се претставени.

9


Кратка историја на исламската медицина Следејќи ги практичните упаства на последниот Божји Пратеник ‫ﷺ‬, муслиманите уште во раниот период на новото доба за многу кратко време ја унапредиле медицината, станувајќи нејзини предводници. Студиозно изучувајќи ја медицинската наука тие ја надминале грчката, персиската и останатите медицински науки и со години нивните дела биле незаменливи за сите универзитети. Уште во VIII и IX век медицината кај Арапите доживеала полн развој. Биле основани преведувачки училишта на арапски јазик кои ги преведувале делата од персиски, индиски и грчки јазик, за истите да бидат достапни. Благодарејќи им на Арапите, сите дела на Гален и на Хипокрит биле сочувани. Во истовреме арапските научници извадиле свои дела кои наредните столетија ја поеле Европа. Во тоа време само Багдад имал околу 600 болници, додека Кордоба во Шпанија имала над 500 болници. Финансирани од државата, тие болници имале и научно-едукативна улога и бидејќи биле финансирани од државата, имале и свои библиотеки, медицински училишта и амбуланти, како и разни одделенија за лекување.

10


Сепак, првата мобилна муслиманска воена болница била онаа на Рефид ел-Еслеми на кој Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬му наредил во подвижен шатор да ги извршува своите обврски кон ранетите и болните. Исламот ја поттикнал жената да ги лечи болните, што всушност и била нејзината улога во првите битки за исламот, напојувајќи ги ранетите и превивајќи им ги нивните рани. Меѓу нив била и Кеиба бин Саад Еслеми која во 8

својот шатор ги превивала раните и ги лекувала болните. 9

Фармацијата, како и ботаниката, за време на исламската ренесанса е изучувана не само како одделна наука туку спаѓала во состав на медицината. Речиси сите исламски научници кои пишувале за овие две научни области ги ставиле во служба на медицината. Фармацијата била наука која многу ги привлекувала муслиманите. Густав Лубон рекол: „Науката за фармацијата, без воздржување, може да им се препише на муслиманите и можеме да кажеме дека таа наука е вистински 10

арапско – исламски изум.“ Еден од позначителните придонеси на муслиманите во оваа наука преставува воведувањето на

8 Ел иџаз ет тибби. 9 Муслиманските научници напишале дело налик на лексикон или енциклопедија со речник за имињата на разни растенија, на арапски, грчки, сиријски, персијски и берберски јазик, и речник во кој се објаснети имињата на природните лекови, односно лекови кои не се составени од разни вештачки компоненти. На лековите кои биле познати од пред тоа додале бројни лекови кои ги измислиле и ги напишале првите книги за лековитите билки. (Џелал Музхир, Хадаратул – ислами ве есеруха фит – тереккил – илм, стр.306) 10 Лубон Густав, Цивилизација на Арапите, стр. 494.

11


11

системот на инспекција и надзор на лековите.

Во времето на владеењето на Ме’мун (786-833 година) дошло до забрана на произволно практикување на фармацијата и оваа област на медицината е ставена под надзор на државата. На овој чекор владетелот Ме’мун го навеле многу измами на самопрогласени фармацевти кои тврделе дека имаат лекови за сите болести. Со оглед на тоа дека болните не ги познавале лековите, на фармацевтите им успевало на болните да им даваат какви било лекови и на кој било начин. Затоа Ме’мун наредил да се воведе испитување на доверливоста на фармацевтот. После него Му’атесим (795-841.год) наредил издавање на лиценца за работа во областа на фармацијата, на оној за кој ќе се утврди дека е доверлив и дека има знаење. Така, фармцијата влегла во 12

општиот систем на инспекција, кој понатаму се проширил во разни делови на Европа за време на Фридрих Втори (1210 – 1250 год.). Макс Мајер Хоф вели: „Студиите за фармацијата кои се напишани во тоа време не можат да се избројат. Тие студии биле за природните лекови кои не биле (вештачки) составени од компоненти, а најпознат автор на тие студии бил Ибнул 13

Бејтар. Тој е еден од најголемите научници кои пишувале за 11 Џелал Музхир, Хадаратул Ислами ве есеруха фит тереккил илми, стр. 312. 12 Зборот „мухтесиб“ (инспектор) во изворниот арапски облик и денес се користи во Шпанија. 13 Во неговата книга за природните лекови тој собрал и проучувал разни видови на растенија и лекови од брегот на Средоземното море, Шпанија и Сирија. Во својата книга забележал илјада и четиристотини лековити растенија и ги споредил наодите со сто и педесет арапски научници. Тоа било плод на длабока

12


14

растенијата на арапски јазик “

Во подготовката на растенијата и синтезата (составувањето на лековите), муслиманските фармацевти користеле нови начини, а некои од тие начини се користат и денес.

15

Во

областа на фармацијата докторите муслимани дошле до бројни значајни откритија. Биле први кои семето на кафето го опишале како лек за срцето, а плодот на кафето (меленото кафе) како лек за воспалени крајници, дијареа и воспалени рани; укажале на тоа дека камфоровото дрво ја подобрува работата на срцето; со додавање на сок од лимон, портокал или со додавање на цимет и каранфилче се ублажува јачината на некои лекови; откриле одредени противотрови кои ги составувале од десетици или стотици лекови; ја подобриле синтезата на опиумот и живата, 16

користеле тревки и опиум и други сретства за анестезија.

Напишани биле посебни дела за фармацијата и на тој 17

начин таа станала вистинска наука. Ибн Сина некои делови од своето големо дело Канон на медицината ги посветил на фармацијата. Во нив детално опишал многу лековити растенија и минерали од кои се изготвуваат лекови и разни опијати. Слично, Ал Бируни, Ибн ал-Хејсем, Сабит ибн Кура, Ар Рази и други арапски научници напишале големи и мошне значајни студија и прецизно запазување и со широко научно знаење. 14 Мебхасут – тибб, меншурун фит-турасил – исламијји би ишрафи Арнолд, стр.485 15 Некои од тие начини се: дестилација, амалгамирање, сублимација, кристализација и цедење. 16 Фердиј Туфан Улемаул араби ве ма еатавху лил-хадара, стр. 27-28. 17 Др. Рагиб ес – Серџани.

13


дела од оваа област. Ибн ал-Бејтар во своето дело Компендиј за лекови покажал како и на кој начин можеме да добиеме лек со преработка на растенијата, животинските и минералните суровини. Тој во потполност ги прифатил достигнувањата на старите Грци од 18

областа на фармацијата, биологијата и минерологијата. При рака ја имал Анатомијата на Гален и Флората на Диоскорид. Давуд ал-Антаки во делото Тезкирет обратил посебно внимание на сезоната на берба на растенијата, начинот на чување и зоналната распространетост на растителниот свет, а Ибн ан-Нефис при лечењето на заразните болести се потпирал повеќе врз регулирањето на исхраната на болниот отколку врз употребата на лекот, поради што бил бојкотиран од страна на арапските фармацевти. Меѓутоа, и покрај тоа, Ибн анНефис одредени делови од своето големо дело ги посветил на фармацијата. Ал Идриси во својата книга Ботаника опишал многу видови 19

лековити и други растенија. Мухамед ибн Јусуф ал-Хаваризми и Абдурахман ад-Дауни биле големи фармацевти. Првиот во своето дело Мифтаху-л-улуми покрај деталното проучување на разните болести пишувал за простите и сложените лекови 18 Во делото Компедниј за лековите, Ибн ал-Бејтар говорел за употребата на лекот, неговото корисно, но и штетно дејство, укажал и на разни видови растенија од кои со преработка се добиваат разни етерски масла како на пример: ружата, пелинот, жолтиот и белиот суноврат итн. 19 Тој кај овој преглед на растителниот свет го има при рака делото на грчките и арапските ботаничари: Диоскорид, Гален, Хунејн ибн Исхак, Ибн Шизаун, Ибн Џулџул, Аз-Захрави и другите.

14


кои се изготвуваат од лековити растенија и разни минерали како: зумбулот, ѓумбирот, миртата, цитрусите, фосфорот, растителните екстракти, млекото и разните смоли, додека вториот во делото Нузехту-н-нуфуси ве-л-ефкари фи марифетин-небати покрај описот на другото растително и минерално потекло и можноста за нивната примена во медицината говорел за составот и подготовката на отровите, етеричните масла и мастите. Меѓу познатите арапски фармацевти е и Ал Куртуби. Тој во делото Толкување на имињата објаснил како и на кој начин можеме да дојдеме до лекот со преработка на растителните, животинските и минералните суровини. Од лековитите растенија чии што производи се употребуваат како суровини во производството на лекови ги споменал: нигела сатива (црното семе), папратот, макот, синапот, а од минералите модрата галица, бораксот, бакарниот сулфат, циноберот, додека од животните ги спомнал варанот и некои други. Мухаммед ибн Зекерија ар Рази (Muhammad ibn Zakariyā Rāzī; 865-925) напишал книга за детски болести и многумина го сметаат за таткото на педијатријата, а неговото капитално дело Голема жолтица спаѓа во едно од првите дела од тој вид во кои се говори како да се постави дијагноза на оваа болест. Научникот Ар Рази прв ја користел живата во составот на кремите, а ова истражување било применето на мајмун. Тој се залагал и за промовирање на медицинската употреба на хемиските соединенија. Сабур ибн Сал (Sabur ibn Sahl; 869 г.) е првиот доктор кој го

15


поттикнувал развојот на фармацијата, опишувајќи голем број лекови против заболувања. Абу ал Касим ал Захрави (Abu al-Qasim al-Zahrawi; 9361013) ја започнува подготовката на лекови со сублимација и дестилација. Неговиот Liber servitoris е од особено значење, обезбедувајќи го читателот со рецепт и објаснување како да се подготват „наједноставните“ лекови, од кои подоцна се надополнуваат сложените лекови, кои обично се користат. Ал Бируни (Al-Biruni; 973-1050), напиша едно од највредните исламски дела за фармакологијата, насловено Kitab al-Saydalah (Книга за лековите), каде што дал детални податоци за својствата на лековите, ја истакнал улогата на фармацијата, како и функциите и должностите на фармацевтите. Ебу Али ел Хусејн ибн Сина (лат.Avicena; 980-1037) е првиот кој ја кодифицирал медицинската наука од негово време и во светски познатото енциклопедиско дело Законот на медицината. Ова капитално дело е од непроценлива вредност и во тоа време неколкупати е преведено на латински јазик. Тоа дало неизмерен придонес во модерната медицина и служело како база според која се образувале студентите на медицина во Европа неколку столетија. За многу научници од Европа Ибн Сина преставува еден од најголемите медицински научници на сите времиња. Ибн Сина исто така, опишал не помалку од 700 подготовки на лекови, нивните својства, начинот на дејствување и нивните упатства. Тој, всушност, посветил цел еден том на едноставните 20

лекови во „Канонот на медицината“.

20 Покрај ова дело Ибн Сина напишал уште многу дела меѓу кои: „Книгата

16


Хунејн Ибн Исак (лат.Joanitus; 809-873) е уште еден арапски истражувач познат по својата книга од областа на офтамологијата „Десет расправи за окото“. Абдулмелик Ибн Зухр (Лат.Avenzoar; 1091-1162) од Кордоба е првиот кој говорел за болестите на коските, остеопорозата, сврбежот и др. Ибн Рушд (лат. Averroes 1126-1198) го напишал надалеку познатото дело „Сеопфатноста на медицинската наука“. Сепак, големо влијание имаа и делата на Ал Маридини (Аl-Maridini) од Багдад и Каиро и Ибн ал-Вафид (Ibn al-Wafid) (1008-1074), кои беа испечатени на латиница повеќе од педесет пати. Исто така, предводи и придонесот на Ал Мувафак (Al-Muwaffaq). Живеејќи во 10-тиот век, тој ја напишал книгата „Основањето на вистинските својства на лековите“, каде што меѓу другото го опишува арсенолит оксидот и нè запознава со силициумската киселина. Тој исто така ја опишува и дестилацијата на морската вода за пиење.

21

Али Ибн Нефис (1210- 1288) го напишал делото „Експликација на коментарот на Законикот на Ибн Сина“ при што го унапредил знаењето за пулмоналната циркулација на крвта и тоа три века пред да го стори истото Португалецот Серветус, кому му се припишува тоа дело. Во 13-от век живеел медицинскиот историчар Ибн Ебу Усајб кој во своето дело „Биографски податоци за лекарите“ во на лечењето“, „Лекови за кардиоваскуларните оболувања“, „Делото на цревните заболувања“ итн. 21 „Abu Mansur Movafaq Heravi“. Encyclopedia Islamica. CGIE. Retrieved 26 March 2017.

17


кое собрал над 400 биографии на арапскит и грчки лекари. Покрај горе спомнатите, многу други имиња ја краселе арапскоисламската историја. Тие дале голем придонес во еволуцијата на светската медицина и модерните сознанија. Божјата вера нуди здрав живот, забранува сè што е штетно по животот на поединецот, како алкохолот, наркотиците, проституцијата, а форсира еден здрав живот кој се состои од умерено јадење и пиење, чистота на телото, негово одржување и едукација во однос на тоа. Во оваа книга ќе се запознаете со начините на лечење во исламот, но водени според мотото - подобро да се спречи отколку да се лечи. Најпрвин ќе се запознаеме со медицината на која нè поучил Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬, на принципите на здравиот живот, огромната важност на хигиената, на начинот на исхрана, спиењето и сл. Кратката енциклопедија на некои од лековите е со цел поблизу да се запознаете кои природни лекови и билки ги спомeнал и препорачал Пратеникот ‫ ﷺ‬како значајни. Тука спаѓа и вредноста на одредени постапки кои освен верски имаат и голем здравствен ефект и смирувачко дејство врз сè поголемата појава на депресијата и психичките заболувања кај луѓето, со кои модерната медицина не може толку успешно да се справи. Муслиманите тие методи успешно ги користеле во последните 14 века и помогнале во развојот на медицината и фармацијата. Тие придонеле во градењето подобри човечки кодекси и норми на однесување, во заштитата од заразни болести, но и кон општата хигиена и здравјето на човекот за разлика од тогашните европски градови кои тонеле во глад,

18


немаштија, заразни болести и незнаење. Денес, модерната медицина и природните лекови не можат да се замислат без тоа значајно поглавје од историјата, кое допрва ги открива своите богати можности и спознанија за предноста и лековитоста на препораките и нормите кои ги поставил Пратеникот на исламот.

19


20


Исламот и здравјето

И

сламот, како совршен начин на живеење, посветува посебно внимание на заштитата на човековиот живот. Воедно нè потсетува

дека здравјето е еден од низата бројни благодати кои Аллах им ги дарил на многумина, но истовремено претставува и искушение во однос на тоа како човекот ќе постапува кон таа благодат. Мухаммед ‫ ﷺ‬нè потсетил за вредноста на здравјето со

зборовите: „Молете го Аллах за здравје! Не му е дадено на никој нешто повредно по јекинот (цврстото верување), од здравјето или чистењето 22

од гревовите.“

Мухаммед ‫ ﷺ‬и самиот се молел за здравје и на овој и на оној свет, и не ги изоставал молитвите наутро и навечер: „Аллаху мој, јас те молам за здравје на Овој свет и оној свет, Аллаху мој, јас те молам за прошка и здравје во мојата вера и мојот живот.“23 На друго место се обраќа со: „Аллаху мој, подари ми голем имот и бројно 22 Пренесува Ахмед во својот Муснед. 23 Пренесува Ахмед преку Абдуллах ибн Омер р.а.

21


24

потомство, долг живот и прости ми.“

Го запрашале Божјиот Пратеник ‫ﷺ‬: „Аллахов Пратенику,

поучи ме што да барам од Возвишениот Аллах, џ.ш.“ Пратеникот

‫ ﷺ‬рекол: „Барај од Аллах здравје.“ Поминаа неколку дена истиот

човек му дошол и му рекол: „Аллахов Пратенику, поучи ме, што да барам од Аллах џ.ш.“ Тој рече: „О Аббас, о чичко на Аллаховиот Пратеник, барај од Аллах здравје и спас, и на дуњалукот25 и на ахирет26.“27 Здравјето после исламот е најголемата Аллахова благодат кон човекот, затоа што човекот без здравје не може во потполност и убаво да ги извршува сите обврски кон својот Господар, па заради тоа треба да се биде благодарен на Аллах, џ.ш., на таа благодат. Меѓутоа, луѓето низ историјата, па и во денешно време, во кое сè се гледа низ призмата на материјалното и интересот, сметале дека материјалното богатство е нешто највредно, најскапоцено што може човекот да го поседува, заборавајќи го здравјето. Но, кога човекот привремено ќе го загуби здравјето, тој станува подготвен да се откаже од сè што поседува само за да се излечи. Проблемот е во тоа што повеќето луѓе не се свесни за она што го поседуваат сè додека не го изгубат. Арапската поговорка за тоа гласи: „Здравјето е круна на главата на здравите луѓе, ја гледаат само оние кои се болни.“ Здравјето е скапоцена Божја благодат која повеќето луѓе ја 24 Пренесува Бухари.и Муслим. 25 Овој свет, земскиот живот. 26 Оној свет, животот после смртта. 27 Преданието се пренесува од Ебу-Фадил ел-Аббас ибн Абдулмуталиб, р.а.

22


злоупотребуваат и ја користат за кршење на Аллаховите прописи и чинење на Неговите забрани. Во врска со тоа Мухаммед ‫ ﷺ‬во една своја мудра изрека рекол: „Многу луѓе се измамени во поглед на две благодати: здравјето и 28

слободното време.“ Т.е не им ја знаат и ценат нивната вредност. Благодатта од здравјето е една од најважните пет работи за еден човек чие значење посебно го нагласил Аллаховиот Пратеник

‫ ﷺ‬Тој го советувал својот уммет29 да се подготви подобро за полагањето сметка на Судниот ден. Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол:

„Искористи пет работи пред да те погодат пет други:

животот пред смртта, здравјето пред болеста, младоста пред староста, богатството пред сиромаштијата и слободното време 30

пред зафатеноста.“

Човекот треба да биде благодарен на Аллах и да не Го заборава. На човек може да му биде ампутирана едната нога, а тој треба да се запраша каква е состојбата на оние кои ги изгубиле и двете нозе. Човек може да ослепи на едното око, но како е со оној што воопшто не може да гледа? Таквото размислување може психички да го зајакне човекот и да му даде сила порешително да го продолжи животот и да ја чека 31

наградата од искушенијата. 28 Пренесува Бухари. 29 Т.е. следбеници.

30 Ахмед во својот Муснед, Хаким во својот Мустедерек. 31 Послушајте што вели Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬: „Здравите луѓе на Судниот ден ќе посакаат нивните тела да биле исечени со ножици и клешти, кога ќе ја видат наградата

23


Чистотата и хигиената во исламот Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал: „Чистотата е половина вера.“

32

Ова

го потврдила и науката, бидејќи чистотата спречува голем број заразни и друг вид болести. Поради тоа, верникот 33

преку намазот

34

кој е обврзан со абдестот

мора постојано

неколкупати на ден да се одржува чист. Тука спаѓа и капењето кое најмалку еднаш неделно е задолжително, особено за денот Џума (петок). Капењето е задолжително по интимниот однос меѓу сопружниците, по завршувањето на менструалниот циклус кај жената, а пожелно е и по непријатниот мирис на телото од пот и работа. Сечењето нокти и отстранувањето на влакната е нагласено во познатото предание за петте вродени својства кое било традиција и практика на поранешните пратеници. Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬рекол: „Постојат пет вродени природни својства:

обрежување, отстранување влакна од срамните места, сечење нокти, отстранување влакна од под пазуви и кратење на мустаќите.” на оние кои биле искушувани на дуњалук(Земјата).“ (Тирмизи, сахих). 32 Пренесува Муслим. 33 Практичниот чин на молитва. 34 Ритуелно миење на телото со вода. 35 Бухари и Муслим.

24

35


Човековото тело има потреба од јадење и пиење. Храната е основен елемент за одржување на неговото тело. Затоа, исламот го учи верникот да се храни со дозволени и убави работи. Семоќниот вели: „О верници, хранете се со убавите работи кои ве снабдивме, и бидете Му благодарни на Аллах, ако Него Го обожавуте.“ (Куран; Бекаре, 172) Од тој аспект, исламот им забранува на своите следбеници одредени работи, и тоа исклучително поради нивната штетност. На муслиманот строго му е забрането консумирање алкохол, а на разумниот човек познати му се неговите штетни последици. Значи, во основа, на човекот му е забрането сè што е штетно, што е голем показател на совршенството на исламот и неговата неизмерна грижа за здравјето на човекот. Замислете која е користа од забраната на проституцијата, која денес е главна причина за многу неизлечиви болести како сидата, сифилисот, гонорејата, триперот и.т.н. Како што веќе напоменавме, во исламот е наредено лекувањето и барањето лек во случај на болест. Мухаммед

‫ ﷺ‬наредил лечење преку пост, па рекол: „Постот е штит и 36

заштита (од болести).“ Исто така кажал: „Навистина вие имате 37

должности кон своето тело кои мора да ги исполните.“

Во оваа книга ќе споменеме некои од многубројните лекови и постапки кои ги нуди исламот за зачувување на здравјето, бидејќи златното правило гласи - заштитата е повредна од 36 Бухари и Муслим. 37 Бухари, Муслим и Несаи.

25


илјада лекови. Денеска, со развојот на медицината, со развојот на техниката и извршените истражувања, препораките на Мухаммед ‫ ﷺ‬се директен доказ за натприродната содржина на неговите зборови, како и практиката на која тој нè поучил.

26


Кратка енциклопедија на лековите на Божјиот Пратеник

П

ратеникот Муххамед ‫ﷺ‬, лечел со три видови на лекови: природни, божествени и комбинирани лекови. Иако исламот не ја исклучил модерната

фармација, предност имаат природните лекови кои Пратеникот

‫ﷺ‬, ги опишал и ги користел.

Алое Вера Алое е билка која од дамнешно време е позната како еликсир за долг живот. Поточно, лековитите својства на алое

27


вера се познати уште од античко време. Неа ја употребувале старите Египќани, а во тропска Африка се користела како противотров од убодите на отровните стрели. Старите Грци и Римјани ја користеле за заздравување на раните. Исто така, таа се употребувала и заради благотворното дејство врз системот за варење. 38

39

Осман ибн Афван, радијаллаху анху, пренесува хадис

во кој стои дека некој човек му се пожалил на Пратеникот ‫ ﷺ‬на

болки во очите за време на аџилакот, по што Пратеникот ‫ ﷺ‬му 40

рекол да ги покрие со алое. Гелот од алое вера се користи и во лекување на чиревите и инфекциите на устата и очите. Ако алое се измеша со останатите лекови, тоа ги отстранува нивните негативни ефекти по човекот. Се користи за лечење на отечени очни капаци, на јетрата, за лечење на жолтица. Стеблото на алое е корисно против кашлица и повраќање. Тоа исто така го јакнее срцето и сетилата. Алое Вера е растение кое се наоѓа во тропските и суптропските предели, и припаѓа на семејството лилјани, а не на кактуси како што изгледа. Растението има сабјести листови со должина од околу 75-120 см., со светло зелена боја кои се назапчени по краевите и образуваат форма на ружа во чија средина се наоѓа дршка со цвет во жолта или црвенкаста боја. Содржи преку 240 хранливи и лековити состојки кои вклучуваат: аминокиселини (потребни за раст и развој на 38 т.е. Аллах да биде задоволен со него. 39 т.е. предание. 40 Хадисот го пренесува Ет Тирмиди.

28


ткивото), ензими, минерали (калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, бакар, цинк, калиум, алуминиум), витамини (А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е), како и фолна киселина, холин, инозитол, ниацин. Со количеството на корисни витамини и минерали алоето делува имуностимулативно врз човековиот организам. Алоето ги има следните лековити својства: ја јакнее отпорноста на организмот, го детоксицира (го чисти организмот од токсични материи и разни хемиски супстанци), има антиоксидантно, антивирусно, антибактериско, аналгетско, антидијабетско својство. Помага при многу инфективни, ревматски,

белодробни,

нервни,

бенигни

и

малигни

заболувања. Сокот од листовите на алое е одлично средство за прочистување на цревата и е многу корисен во случај на опстипација. Покрај тоа, алоето е идеален во домашни услови како прва помош за изгореници и рани; гелот од алое вера се употребува и при габични инфекции, а помага и при проблеми со вените. Прехрамбената и фармацевтската лабораторија при американското Министерство за здравство и социјални услуги (FDA - Food and Drug Administration) го одобрија користењето на алоето во лечењето на болестите на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. Притоа, треба да знаеме дека американското министерство е едно од најстрогите институции за контрола на храната и лековите во светот.

29


Антимон (Усмуд) Антимонот ги јакнее оптичките влакна и ги штити очите. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Најдобар лек за очите е антимонот. Го зајакнува видот и ги зголемува трепките.“

41

Исто така кажал: „Најдобар лек е антимонот. Тој го штити здравото, но не и болното око.“42 Тирмизи(еден од пренесителите на преданијата) исто така пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬имал посебен сад во којшто го држел антимонот. Секоја ноќ по трипати ставал маст за очи направена од антимон. Сличен хадис се пренесува и од Енес р.а. преку Абдул Латиф дека Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал:

„Антимонот го зголемува растот на трепките, ги разубавува, па 43

заради тоа нашите срца го сакаат .“

Според најновите истражувања, антимонот ја лечи паразитската болест шистосомијаза (Schistosomiasis) како и разни

41 Тирмиди, Ебу Давуд. 42 Тирмиди. 43

Покрај Антимонот, турските научници откриле дека лененото семе ги

30


кожни болести, а кинеските научници тврдат дека антимонот е лек за леукемија. Во поголеми количини антимонот е отровен.

Банана Ибн Абас бананата ја опишува како дрво кое носи повеќе плодови и како растение без боцки. Потоа објаснува дека плодовите на бананата се послатки од медот. „.. и меѓу дрвјата на бананата (Талх), со плодови нанижени...“44 Талх е називот кој го користеле во тоа време жителите на Јемен. Бананата има сладок вкус и мека, кремаста текстура. Со оглед на тоа што во денешно време е достапна и се консумира преку целата година, важно е да ги знаеме нејзините основни позитивни страни. Бананата е голем извор на калиум кој помага во одржувањето на нормалниот притисок. Покрај тоа, калиумот штити очите. Лененото семе содржи десет хранливи материи, вклучувајќи ја и омега-3 и омега-6 масни киселини, витамини Б1,Б2 и Ц, железо и цинк. Докази за заштитните својства на лененото масло научниците на турскиот универзитет “Yuzuncu Yil” добиле после експериментот на стаорци. Поточно, изложиле лабараториски стаорци на УВ зрачење секојдневно за време на две седмици , додека во нивната исхрана вклучиле и масло од ланено семе или го изоставале. 44 Куран; Ел Вакиа, 29.

31


е добар и за мускулите, бубрезите и коските. Бананите се богати и со пробиотици кои се одлични за дигестивниот систем. Изобилуваат со витамин Б6, витамин Ц, магнезиум, рибофлавин и со железо. Бананите претставуваат и одличен меѓуоброк. Тие се толку здрави што дури се дел од секојдневната исхрана на бебињата. Една банана има само 100 калории. Можете да ги комбинирате и со житарки, во протеински шејкови, со јогурт или со други овошја во овошна салата.

Бехар палми Палмите се тропски растенија, највпечатливи на некој брег, плажа. Тие се повеќегодишни растенија чии плодови (како урмите) се многу вкусни. Аллах џ.ш. вели: „и високи палми во кои се плодови натрупани едни над други,“45 Семоќниот вели: „Во нив ќе има овошје и палми и

45 Куран, Каф , 10.

32


калинки“.46 Се пренесува од Алија р.а. дека кажал:„Почитувајте го дрвото палма, бидејќи тоа навистина е создадено од истата земја од што е создаден и Адем а.с.“ 47

Пратеникот ‫ ﷺ‬во една пригода ги запрашал асхабите кое дрво најмногу наликува на муслиманот. По неколку пустински видови кои ги набројале асхабите, Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал:„Не,

тоа е стеблото на палмата“.48 Палмите се една од најпознатите и најодгледуваните растителни фамилии. Од нив се добиваат производи и прехранбени артикли, а се ценат и поради нивната вредност како украсни растенија.

Босилек Босилекот е билка чија арома го зајакнува срцето. Чајот од босилек нè тера на спиење. Бухари го пренесува следниот хадис: „Ако некој ви понуди босилек не одбивајте го, бидејќи едноставно е да се искористи и има пријатен мирис.“ 46 Куран, Рахман, 68. 47 Асхаби – првата генерација муслимани кои директно го виделе Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, го придружувале, учеле од него, најисправно и најдоследно го сле-деле во неговите постапки (Заб. на ред.). 48 Пренесува Бухари.

33


Босилeкот во форма на чај се применува кај лекувањето на воспаленијата и болестите на уринарниот тракт. Овој благотворен зачин го ублажува кашлањето и засипнатоста, и помага во лекувањето на афти. Маслото од босилек се смета како одлично средство против акни. Босилекот како зачинска и растителна билка се користи со векови. Ако се користи како зачин, го поттикнува апетитот и поволно делува на варењето и рамнотежата на цревната флора. Освен тоа, може да помогне и кај дијабетичарите, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта. Во облик на чај, најчесто се применува кај лекувањето на воспаленијата (желудник, црева) и кај болестите на уринарниот тракт (бубрези, меур). Маслото од босилек поволно делува и на нервниот систем, ја смирува напнатоста, мигрената, го подобрува памтењето и го отстранува менталниот замор. Облогите од босилек го подобруваат зараснувањето на раните. Свежите листови од босилек се познати како домашен лек против убоди од инсекти.

34


Грозје (Vitis) „И со водата (дождот) расте за вас посев: маслинка, и урми и грозје и плодови секакви. Ете, во тоа,навистина има знамение за луѓето кои размислуваат.”49 Грозјето е благословено растение – бериќетно растение кое се споменува речиси во сите свети книги, во Тевратот (Тора), Зебурот (Псалми), Инџилот (Евангелие) и во Куранот, и се одгледувало уште пред 6.000 години. Потеклото на грозјето е од Централна Азија (близу до Каспиското Море). Таму ден денес може да се најде врстата на првобитното грозје. Неговите првобитни остатоци најдени се и во артефактите на бронзениот период, како и во гробниците на стариот Египет. Грозјето се споменува и во времето на пратеникот Нух (а.с.). Денес, најголеми земји одгледувачи на грозје се Италија, Франција и САД. Вреди да се нагласи дека ова бериќетно растение во Куранот се споменува 11 пати. Свежото грозје содржи малку калории, бидејќи се состои од 80% вода. 49 Куран, Eн-Нахл, 10-11.

35


Сувото грозје, пак, поради дехидрацијата содржи повеќе калории и претставува добар извор на железо. Околу 25% од грозјето се состои од шеќери. Шеќерите од грозјето многу брзо продираат во крвните садови, па поради тоа е многу ефикасно за физичкиот замор и по лекувањето од анемија. Поради големата концентрација на железо, грозјето го стимулира обновувањето на крвта и се употребува како природен лек за црниот дроб, бубрезите и дигестивниот систем. Грозјето го стимулира функционирањето на бубрезите, и поради исфрлувањето на вишокот течности од организмот го намалува и високиот крвен притисок. Консумирање сок од грозје им се препорачува на оние кои страдаат од чир во стомакот, гастритис, воспаление на рамењата, ревматизам, оштетување на црниот дроб и слезината, како и кај некои видови труење. Грозјето го зајакнува срцевиот мускул, помага во лекувањето на бронхитисот и кашлицата, на невралгијата и несоницата. Тоа ја чисти крвта и ја подобрува бојата на кожата. Сувото грозје, пак, помага кај респираторните заболувања, ја намалува кашлицата, бубрежните болки, оние на уринарниот канал, и се смета за ефикасно средство за подобрување на меморијата. Од Ибн Абас се пренесува дека Пратеникот ‫ﷺ‬ кажал: „Јадете го сувото грозје но исфрлете ги семките, бидејќи во нив е болеста, а остатокот е лек.“ Претставува едно од најбогатите извори на бор, минерал кој докажано го намалува губењето на коскената маса кај жените во менопаузата. Минералот е откриен во 1808 година, а истражувањата покажаа дека тој е многу важен елемент за

36


здрави коски. Најбогати извори на бор се сојата, сувите смокви, сувото грозје, кикириките, лешниците и оревите. Грозјето денес стана фокус на неколку научни истражувања. Во 1996 година научниците открија супстанција во грозјето, наречена ресвератрол што покажува одлични антиканцерогени својства. Оваа супстанца има голем ефект во борбата против ракот и е многу значајна во природната хемотерапија. Во Куранот се вели: „А од плодовите на урмата и лозјето вие земате напивка и храна пријатна. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои сфаќаат.”50

Дуња Талха пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬му дал дуња и му

рекол: „Изеди ја бидејќи таа навистина го смирува срцето.“51

Ибн Маџе го пренесува и следниов хадис: „Јадете дуњи бидејќи тие го смируваат срцето, а Аллах џ.ш, не пратил пратеник, а да не му дал да изеде џеннетска дуња (дуња од рајот), бидејќи таа 50 Куран, Eн-Нахл, 67. 51 Хадисот го пренесува Ибн Маџе.

37


52

му дала сила како најмалку 40 луѓе.“

Исто така се пренесува и друг хадис за дуњите во кој се вели: „Вашите бремени жени нека јадат дуњи, бидејќи тие навистина го прават срцето помеко и подобро.“

53

Под „помеко

срце“ се подразбира дека дуњата вбризгува во срцето нежност и добрина. Дуњата го намалува и истекувањето крв во текот на менструалниот циклус кај жените. Јадењето дуња по оброк го одмара стомакот, но ако се изеде премногу тогаш предизвикува грчеви во стомакот. Сирупот од дуња е добар против кашлицата и болките во грлото. Крема од дуња ги освежува вените и го зајакнува стомакот.

Ѓумбир(Зенџебил) Ѓумбирот е спомнат во Куранот: „ И во него ќе пијат чаши 54

со ѓумбир“ , „Во него од чаша пијалак зачинет со ѓумбир ќе се пие од извор во џеннетот55, кој Селсебил се вика.“ 52 Ибн Маџе. 53 Ибн Маџе. 54 Куран, Ед-Дехр, 17. 55 т.е. рајот. 56 Куран, Ел Инсан, 17-18.

38

56


Чајот од ѓумбир кој е спомнат во овој Курански ајет е рецепт за здрави бели дробови и здраво тело. Тоа е рецепт „излезен“ од рајот. Ебу Сеид пренесува хадис дека византискиот цар испратил ќуп полн со ѓумбир како поклон за Пратеникот ‫ﷺ‬ кој го поделил и го изел заедно со асхабите. Ѓумбирот пристига во Европа дури во 15 век, по крстоносните војни, и масовно се користи како лек. Ѓумбирот е топол, сладок и има вкус на лимон. Исто така, тој ги шири крвните сaдови, го зголемува апетититот, го стимулира сексуалниот нагон и ги регулира гасовите. Сирупот од ѓумбир го смирува стомакот и го зајакнува имунитетот. Ѓумбирот е добар и за постари лица, особено за оние со тешки воспаленија. Коренот на ѓумбирот се користи како зачин во исхраната и во алтернативната медицина. Ѓумбирот е корен од повеќегодишно зелкасто растение кое расте најчесто во тропските предели. Растението достигнува височина и до еден метар, а корените се долги околу 20 см и се многу ароматични. Цветовите му се бели, жолти или розови, во зависност од видот. Пред повеќе од 2.000 години, во медицинските книги ѓумбирот се споменува како една од состојките во повеќе ориентални медицински рецепти. Тој може да се консумира како свеж, претходно приготвен на пареа или сушен па сомелен во вид на прав. Свежиот ѓумбир се користел како средство против повраќање, против кашлица и метеоризам (зголемени гасови во системот за варење), додека ѓумбирот во прав го користеле како средство за смирување на абдоминалните

39


болки, отежнато дишење, стомачни мачнини, лумбаго и против дијареа. Африканците го користат напитокот од ѓумбиров корен како добар афродизијак, додека жените од Нова Гвинеја го употребуваат коренот од ѓумбир како контрацептивно средство. Во Индија прават чај од свеж ѓумбир и го консумираат како средство за смирување на кашлицата и како лек против тромбоза. Ѓумбирот има неколку медицински бенефити, а главно се користи како добар антикоагуланс. Истражувачите докажале дека ѓумбирот е подобар од фармацевтските лекови против мачнините, односно дека го спречува чувството кое го тера човекот на повраќање. Моќта на ѓумбирот ја користеле морнарите на долги пловидби кои џвакајќи закиселен ѓумбир ги надминувале мачнините предизвикани од големите морски бранови. За спречување на мачнините било потребно консумирање на само половина кафена лажичка сомелен ѓумбир во сок, во чај или во јадењето. Истражувачите во Данска утврдиле дека ѓумбирот ефикасно делува против згрутчување на крвта бидејќи ја спречува синтезата на супстанцата наречена тромбоксан која им сигнализира на крвните клетки да се групираат, што е прв чекор за формирање на тромб. Истражувачите на Корнел универзитетот установиле дека ѓумбирот ја разредува крвта со што може да ги разбие веќе создадените тромбови со помош на супстанцата наречена гингерол која има структура многу слична на аспиринот, кој меѓу останатото е познат и како добар

40


антикоагуланс. Истражувачите во Индија установиле дека ѓумбирот драстично го намалува превисокото ниво на холестеролот во крвта, предизвикано со неконтролирана употреба на заситени масти во исхраната. Во Јапонија установиле дека ѓумбирот ги намалува болките во организмот (делува аналгетски), го спречува повраќањето, го намалува прекумерното создавање на стомачен сок, го намалува високиот крвен притисок и ја стимулира работата на срцето. Исто така, ѓумбирот се покажал како блокатор на непотребните мутации на човековите гени кои водат кон појава на рак.

Житарки Аллах вели: „Доказ им е мртвата земја: Ние живот и даваме и од неа никнува житото кое тие го јадат;“57 Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее, 58 Исто така во поглавје Рахман се потенцира благодетта 57 Куран, 36/33. 58 Куран, 50/9.

41


на житото:„и жито со плевел и листови на стеблата, па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!“59 Житарките

биле

од

памтивек

главен

извор

на

прехрана. Протеините и јаглехидратите ја прават основата на прехранбената пирамида, а многу од нив се заборавиле и непотребно се исфрлени од секојдневното мени. На пример хелдата; таа има потекло од Азија и се појавува на Тибет, во Кина и Јапонија од каде се проширила и низ Европа. Хелдата во последно време добива повторно на популарност, за разлика од останатите житарки. Латинското име Panicium miliaceum назив е за просо, житарка исклучително богата со железо и магнезиум, а содржи и калциум , фосфор, цинк, јод, сулфур и витамин б комплекс. Како и другите житарици така и оваа помага во регулација на работата на цревата и цревните микрофлори, делува позитивно на работата на нервниот систем што делува на подобрување на состојбата на заболените од артритис. Се подготвува како додаток во јадењата, посебно е омилено како каша во која може да се додава овошје по избор или како дел од пудинг или слични десерти; може да се пржи, да се подготвува пире, салата и слично. Брашното од просо посебно е погодно за подготовка на колачи без јајца. Потеклото на овие житарки е од Арабија и Египет; особено е раширена употребата во Азија, Кина Јапонија и Индија. Јачменот е исто така широко применет во кујните низ светот, а ги „хранел“ и старите цивилизации на Египет, Грција, 59 Куран; Рахман, 12-13.

42


Рим, Израел и Тибет. Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬не пропуштал редовно конзсумирање житарици, но главно јадел јачмен и леб од јачмен. Пренесува Аиша, р.а.: „Кога некој ќе беше истоштен, Пратеникот ‫ ﷺ‬би наредил да се подготви чорба (супа) од јачмен и

да се срка, и потоа би кажал: ‘Таа го крепи срцето на тажниот и го придвижува срцето на болниот, како што водата ја трга валканоста од вашите лица.’“60 Јачменот е лесно сварлив и од тие причини Пратеникот ‫ ﷺ‬препорачувал да се користи супа од јачменталбија, која се употребува кај сите стомачни болки. Јачменот се подготвува со овошје како каша, како снегулки, во супите, од него се прави слад кој заменува шеќер. Богат е со минерали како калиум, сулфур, натриум, железо, манган, фосфор, јод, витамин Б комплекс.

Јаболков оцет Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал: „Најдобра од мирудиите или мирудија

е оцетот.61 Се пренесува преку Џабир б. Абдуллах дека

Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал:„..донесете оцет бидејќи тој е добар додаток 60 Пренесува Бухари. 61 Пренесува Аиша р.а.

43


за јадење (мирудија).“ Зошто Мухаммед ‫ ﷺ‬го препорачувал оцетот? Јаболковиот оцет е лек за различни видови болести. Постарите го знаат како најголем непријател на дебелината, но јаболковиот оцет всушност има и антибактериско дејство, ги убива бактериите, габичките и другите микроорганизми, а помага и во борбата против вирусите. Јаболковиот оцет е богат со минерали, витамини и други супстанци. Содржи витамин Ц, витамините Е, А, П, Б1, Б2 и Б6. Меѓу позначајните минерали и витамини што ги има во јаболковиот оцет е и пектинот, кој ја помага здравата исхрана. Консумирањето јаболков оцет за губење на тежината е практика за која се смета дека почнала уште во стариот Египет. Оцетот помагал да се прочисти црниот дроб, го забрзувал метаболзмот, ги согорувал калориите и го намалувал апетитот. Во последните години може да се забележи индустриско производство на јаболков оцет, но неоспорно е дека домашно произведениот јаболков оцет има предност пред индустрискиот. Јаболковиот оцет најпрвин е храна која има лековито својство и дава посебен квалитет на секојдневната исхрана. Може да се користи како зачин во салати и додаток на јадења или едноставно да се става во чаша со млака вода и мед и да се пие. Може да се става на стапче со памук за да се чистат некои делови од телото. Јаболковиот оцет е одличен антисептик и често се користи за чистење на кожата. Во вакви случаи се користи разблажен со вода, зависно од намената и возраста. Потасиумот во јаболковиот оцет, заедно со другите состојки, ја

44


разредува крвта и помага да се контролира крвниот притисок. Влакната во јаболковиот оцет помагаат да се апсорбира холестеролот и да се исфрли од телото како отпаден материјал. Диеталните влакна во јаболковиот оцет ја помагаат и контролата на гликозата во крвта. Артритисот обично го предизвикува складирањето на метаболичкиот токсичен отпад во ткивата. Јаболковиот оцет помага да се забрза метаболизмот и да се исфрлат отровите. Минералите како магнезиум, калциум, манган, силикон и железо ја развиваат коскената маса и ги прават коските поцврсти. Јаболковиот оцет е корисен за третирање на габични инфекции како што кандидата, што предизвикува дисбаланс на базноста и киселоста во телото. Раствор од јаболков оцет и млака вода веднаш ги ублажува симптомите. Јаболковиот оцет третира блокирани дишни патишта при настинка и грип. Тегобите можат значително да се намалат ако на градниот кош се нанесе јаболков оцет и црн бибер. За болно грло помага гаргара со раствор од јаболков оцет и вода. Јаболковиот оцет има способност да спречи труење со храна. Ја олеснува констипацијата и ја запира дијареата.

45


Калинка „Тој од небото спушта вода, па Ние потоа со нејзина помош правиме да никнат сите видови растенија и од него да израсне зеленило, а од него класје густо, и од палмите, од семките, гроздови лесни за берење, и градини со лоза засадени, особено маслинки и калинки, слични и различни. Набљудувајте ги, 62

затоа, плодовите нивни, кога ќе се појават и кога зреат.“ Исто се спомнува и во Куранските ајети во сура Ел Енам, 141 и Ер Рахман, 68. Преку хадисите за калинката ни пренесува Енес бин Малик (р.а.) дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Не постои калинка која не

содржи дел од една од калинките во Рајот“.63 Кога и да поминал Абас р.а. тој би изел семенка од калинка. Кога го запрашале луѓето зошто тоа го прави тој одговорил: „Јас навистина верувам дека нема ни една калинка а во неа да нема семе кое што потекнува од рајската калинка, па можеби баш тоа е таа калинка.“64 62 Куран; Ел Енам, 99. 63 Пренесува Абу Нуаим преку Енес р.а.. 64 Abdurahman Es Sujuti, Vjerovesnikova medicina, Libris, Sarajevo, 2003, str.76

46


Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Калинката и нејзината кора го подобрува варењето (стомакот).65

Калинката (Punika granatum) е грмушеста овошка со низок раст со листопадн стебло што растат до 5 метри височина. Потекнува од Персија, а најмногу се одгледува во Турција, Тунис, Шпанија, Ирак, Кина, Калифорнија и Русија. Кај нас најмногу успева во потоплите делови на земјава, Валандово, Гевгелија, Дојран. Најмногу ѝ одговара плодна и растресита почва, заштитена од ветрови. Зреењето, зависно од сортата е во првата декада на октомври до третата декада на октомври, бербата е во 2-3 наврати. Цветот е светло црвен, многу атрактивен и цвета во неколку фази. Плодовите се со големина од 5-12 см во дијаметар со заоблена форма во кои се наоѓаат околу 600 водести семки со црвена до виолетова боја. Калинките се богати со природни хранливи и лековити материи. Во исхраната калинката најчесто се консумира како свеж сок, желе, ладни и топли сосови, густ засладен сируп, за вкус во колачи. Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Калинката односно нејзиниот сок содржи големо количество на антиоксиданти кои го штитат телото од слободните радикали во крвта. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б5, 66

калиум, фолна киселина и железо. Една чаша сок од калинка 65 Пренесено од Алија р.а. и Нуаим. 66 Потребите за железо се различни во различни периоди од животот. Најмногу железо е потребно во периодот на растењето, т.е. најмногу железо им е потребно на децата и тинејџерите. Исто така и бремените жени и жените со обилна менструација треба да примаат поголемо количество на железо. Аллах вели „..а железото го создадовме, во кое има голема моќ и кое на луѓето им

47


го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Таа е една од малубројните плодови кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Исто така, калинката помага и во намалувањето на симптомите поврзани со стареењето. Таа е една од малубројните плодови кои содржат материи слични на естрогените. Истражувањата покажаа дека делува во превенцијата на најраните хемиски реакции кои можат да доведат до рак. Растителните хормони кои се наоѓаат во калинката го намалуваат ризикот за појава на рак на простата. Сепак, има мал број на студии кои ја испитувале улогата на сокот од калинка во превенција и спречување на ширењето на ракот на простатата, па затоа се потребни дополнителни испитувања, за со сигурност да се открие дали тој навистина дава одреден бенефит кај пациенти со рак на простата. Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА (туморски маркери) во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е неколку месеци да се пие секојдневно по 250 мл сок.

користи – и за да укаже Аллах на тие што ја помагаат верата Негова и пратениците Негови кога не Го гледаат.“ (Куран, 57/25)

48


K’на (Alkanna tinctoria) К’ната (Хена) е ладна и сува материја иако некои велат дека содржи топлина во себе. Се користи за лечење на пликови по устата и отоци. Лечи и изгореници, а исто така се користи како боја за коса и добра е за лечење на инфекции на ноктите. Ако некој има вариола (голема сипаница) и го намачка телото со к’на сипаницата нема да ги оштети очите. Умм Селеме рекла: „Пратеникот на секоја рана ставаше к’на.“67 Цветот на к`ната исто така се смета за корисен против главоболка предизвикана од жешкото сонце. Цвеќињата треба да се остават во киселина, а потоа да се нанесат на челото. Во делото „Историја“ од Бухари стои дека некој човек му се пожалил на Пратеникот ‫ ﷺ‬на главоболка, а тој му одговорил дека за тоа е најдобра топла купка од хена. Додека

на човекот кој се жалеше на болки во нозете рекол: „Намачкај ги со 68

хена.“ Од Ебу Давуд се пренесува хадис во кој се вели дека нема помило растение на Аллах од к’ната (Хена). Навистина, лек за 67 Ет Тирмизи и Бејхеки. 68 Ебу Давуд

49


исекотини е сето она што ја отстранува претераната влага и ја стимулира регенерацијата на ткивото, а токму тоа се одликите на к’ната. Го отстранува вишокот на течности кои го забавуваат обновувањето на ткивата. Ако ставиме цвет од хена во волнена облека тоа ќе ѝ даде убав мирис и ќе ја заштити од молци. Некои тврдат дека доколку листови хена ги потопиме во вода и потоа ги исцедиме и таа вода да ја пиеме 20 дена тоа ќе ни помогне во лекување од лепроза во нејзината рана фаза.

Краставица Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬имал обичај да јаде зрели урми со краставици.69 Таквата постапка доведува до смирување на стомачните тегоби и желудочните киселини. Без разлика дали користите краставица како салата или како маска за лице, таа секако е корисна. Поради големата количина на вода, овој вид зеленчук е одличен, пред сè за слабеење. Краставицата се состои од 95% вода. Оној кој во текот на топлите денови пие малку вода, може со консумирање краставица да го надомести недостигот на 69 Бухари, 495.

50


течности во организмот, тврди професор Хадемар Банкхофер. Во оние 5% од краставицата, кои не содржат вода се наоѓаат многу корисни состојки: магнезиум, кој е добар против стресот, калиумот за нервите, бакарот, кој превентивно делува против ревматските болки и горчливите состојки кои го хранат црниот дроб. Најважен ензим во краставицата е ерепсинот, кој го олеснува обработувањето на белковините. Краставицата има малку калории – во 100 грама има 14 калории. Освен тоа, има диуретично дејство, односно го поттикнува исфрлањето на течности и брзо заситува. Се јаде со се лушпата (само доколку е биолошки одгледувана) во која се наоѓаат состојки кои го подобруваат варењето.

Овој зеленчук е особено корисен

во борбата против стареењето. Кога ќе ставите исецкана краставица на лице, чувствувате дека кожата ја впива водата од неа.

Лубеница Пратеникот ‫ ﷺ‬често јадел урми со лубеница и при тоа

велел: „Ова го загрева телото (урмата), а ова го разладува (лубеницата).“

70

70 Тирмизи го пренесува хадисот преку Ауша р.а. Сличен хадис се пренесува преку Енес р.а.

51


Толкувачите објаснувајќи го овој хадис укажуваат дека со мешањето на студениот и топлиот ефект на двете растенија се постигнува рамномерноста во организмот и рамномерната распределба на енергијата. Кога зборуваме за ова овошје битно е да се каже дека ниедно друго овошје не асоцира толку на лето како лубеницата. Кај нас на лубеницата вообичаено се гледа како на вкусна слатка напивка, но во реалноста таа е вистинска енергетска бомба и е одличен природен лек за повеќе болести! Лубениците се многу богати со калиум, елемент кој помага во регулирањето на крвниот притисок, работата на срцето и кој може да спречи инфаркт. Научниците сметаат дека исхрана која е богата со калиум ја спречува појавата на камен во бубрегот и губењето на цврстината на коските кај постарите луѓе. Богата е со влакна и без присуство на холестерол и масти, лубеницата е идеална храна за оние кои сакаат да ја намалат тежината. Витаминот А, антиоксидант кој е важен за очите, е присутен во големо количество во лубеницата, како и витаминот Ц кој помага да се зајакне имунитетот, раните да зараснат побрзо и полесно, спречува оштетување на клетките и ги штити забите. Лубеницата е извор и на витаминот Б6, кој помага при мозочните функции и асистира при претворањето на протеините во енергија. Досега се сметаше дека доматите се најбогати со ликопен, но најновите истражувања покажуваат дека тоа не е воопшто точно – досега во ниедно друго свежо овошје или зеленчук не е откриено толку високо ниво на ликопен како во лубеницата.

52


За оние кои не знаат, ликопенот е супер-моќен антиоксидант кој помага во борбата со срцевите заболувања, ракот, а особено е ефикасен за спречување на ракот на простата и ракот на дебелото црево. Лубеницата содржи големи количини на аминокиселини, цитрулин и аргинин кои ја помагаат циркулацијата и се пресудни за здравјето на срцето и крвните садови. Кога јадеме лубеница не треба да се ограничиме само на црвениот дел - семките се многу богати со магнезиум и протеини, и се многу препорачливи за оние кои држат диета.

Смоква Семоќниот се колне со голема заклетва и ја спомнува смоквата: „Се колнам во смоквата, маслинката и Синајската гора“71 Од познатиот хадис на Ебу Зерр се пренесува дека Ебу Дерда во една пригода му понудил на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬чинија свежи смокви, па тој се свртел и ги повикал сите други да јадат, велејќи: „Јадете!, а и тој јадеше, и кажа: „Да требаше да кажам за некое овошје дека е донесено од Џеннетот, тоа би го рекол за ова овошје, 71 Куран, Тин (Смоква), 1-2.

53


затоа што џеннетското овошје нема семки. Тоа навистина ги отстранува хемороидите и добар е за костобол!“ Смоквите се многу вкусно и здраво овошје. Целата смоква може да се јаде од надворешната лушпа, до слаткиот, црвен средишен дел. Смоквата е овошје кое е подеднакво вкусно и здраво, свежо или сушено. За вредноста на смоквата се знаело многу одамна, па од тука низ историјата на човештвото смоквата доста се одгледувала и ја консумирале редовно. Смоквите спаѓаат во најстарите култивирани овошја. На Медитеранот, таа дошла од Индија преку Турција. Смоквата со својот нутритивен состав и лековити својства се издигнува над многу видови овошје. Смоквите се подобар извор на растителни влакна од повеќето видови

овошја.

Околу 28% од влакната на смоквата се растворливи. Овој вид растителни влакна помага во контролата на нивото на шеќерот во крвта и го намалува нивото на холестеролот. Студиите покажуваат дека со консумирање овошје богато со растворливи растителни влакна се намалува енергетскиот внес, се задржува ситоста наместо консумирање храна со повисока енергетска вредност. Тоа значи дека растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на телесната тежина. Нерастворливите растителни влакна од смоквата поволно делуваат на здравјето на дебелото црево. Тие го регулираат варењето на храната и овозможуваат нормално празнење на цревата. Некои проценки покажуваат дека околу 70% од

54


случаите на рак се поврзани со лошата исхрана. Повеќето прехрамбени теории го поврзуваат високиот внес на масти и нискиот внес на влакна со ракот на дебелото црево. Тие делуваат како антиоксиданси, ги блокираат гените кои предизвикуваат рак и го успоруваат растот на ткивото на ракот. Освен вообичаените полифеноли, смоквите содржат и бензалдехид и кумарин, кои успешно се користат во терапијата против ракот. Свежата смоква делува смирувачки при воспаление на дишните патишта. Смоквата е овошје кое содржи и до 80% вода, а шеќерите во себе обезбедуваат голема енергија која ја потикнува работата на мозокот, концентрацијата и помнењето. Корисна е при опоравување од исцрпеност и е природен чистач на организмот. Природните шеќери од смоквата ја стимулираат работата на мозокот, според тоа можеме слободно да заклучиме дека смоквата е омилено овошје на мозокот. Во народната медицина е познато дека мелените смокви се добри за чистење на лицето, а помагаат и при лекување акни на кожата. Чајот од листови од смоква го регулираат нивото на инсулин, па затоа на дијабетичарите им се препорачува редовно користење на чај од листови на смоква.

55


Тартуф (Тубер) Кажал Пратеникот ‫ ﷺ‬: „Тартуфот (Тубер) е од мана (медна роса),72 а нејзиниот сок е лек за очи.“73 Потеклото на зборот тартуф доаѓа од латинското tuber, кое значи грутка, израсток. Tuber преминало во tufer, па така и францускиот назив Truffe, шпанскиот Trufa, германскиот Trüffel и италијанскиот tartufo. Во светските кулинарски четива може да го сретнете како дијамант во готвењето. Исто така, во нив може да најдете и многу рецепти кои се викаат тартуфи, или пак тартуфи на овој или оној начин, но ретко се готви со вистински тартуфи. Честопати специјалитетите го имаат овој назив затоа што изгледаат како нив, или пак на некој начин се поврзани со тартуфите, или пак се користеле некои синтетизирани материи кои треба да ги заменат тартуфите. Јадењето во кое е употребено вистински тартуф ќе го препознаете прво по енормно високата цена, а потоа по уникатниот мирис. Зошто толкава фама за овој додаток на храната?! 72 Означува дека расте без човечка грижа односно култивација. 73 Пренесува Бухари и Муслим.

56


Едноставно, тој е редок вид кој расте на специфичен начин, на одредени места, и до него е исклучително тешко да се дојде. Уште повеќе му се додава на цена затоа што не може да се одгледува, 74

иако во минатото имало многу обиди за негово култивирање.

Зошто е тоа така сè уште нема конкретни истражувања и затоа тартуфите и понатаму остануваат на исто рамниште со вистинските дијаманти и бисери. Тартуфите се бараат со кучиња тренирани дресирани специјално за таа цел. Некои особености на тартуфот според досегашните научни сознанија: • Ја подобрува работата на сите органи; • Ја зголемува умствената и физичката активност; • Ја зголемува отпорноста на организмот на инфекции и зарази, односно има антисептичко дејство. Особено инфекции на окото, коњуктивитис и слично, што е потврда на зборовите на Пратеникот ‫ﷺ‬. • Хигроскопен е и врзува, односно ја исфрла вишокот вода од организмот и го намалува крвниот притисок; • Делува против кивавица и настинка како и против сува кашлица; • Ја чисти крвта од токсини и значаен е кај анемии; • Ја зголемува апсорпцијата на лекови и го чисти организмот од штетните остатоци на истите; 74 Меѓу другото, постои еден вид легенда дека тартуфите не може да се одгледуваат, односно дека семето за кое се мисли дека е од тартуфи, не дава никаква берба. Исто така, постои друга легенда дека во 1808 година во Франција успешно биле култивирани тартуфи, преку одгледување на одреден вид дрвја во кои биле најдени корења од тартуфи.

57


• Поседува афродизијачка моќ; • Помага за престанување со мокрење кај децата; • Ги намалува болките при воспаление на зглобовите; • Недостатокот на ензимите - инвертазa и амилаза, тартуфот ги спречува и проблемите на хранопроводниот систем; • Делува смирувачки на нервниот систем; • Значаен терапевтски лек за срцеви пореметувања како резултат на присутството на ацетил холин; • Тартуфот ја подобрува потенцијата и либидото. Намалувањето на хормоналната слика е особено изразена во периодот на менопаузата кај жените и андропаузата кај мажите. Сепак станува збор за едно звучно име во светот на храната, но и во светот на богатите. Ги има во поголем дел од 75

Македонија, посебно јужното Повардарие. Во Македонија е регистриран црниот тартуф, кој може да се најде во Мариово, Стогово и Куманово, расте поединечно или во групи, под почва, во микориза со млади корења на дрвенести растенија, во хумус на варовнички подлоги, под дрвја или грмушки, во листопадни и мешани шуми со бука, цреша, јасен, брест, како и даб, бор, лешник, смрека и на височина до 1.000 м.

75 Примероците што можете да ги видите во Миколошката лабораторија во Скопје не изгледаат воопшто импресивно: печурките се мали, грди и не мирисаат најпријатно (слично, на лук и старо сирење).

58


Тиква Тиквата е одамна позната како симбол за регенерација и долговечност. Муслим бележи хадис од Пратеникот ‫ ﷺ‬кој ги сакал многу сувите тикви и кажал:„Јадете ја тиквата, таа навистина го јакнее интелектот.“76 Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е. Тие се силни антиоксиданси и се важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата која ја содржи тиквата, таа поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од штетните отпадни материи. Тиквата е добар лаксатив и помага при лекувањето на воспалителните промени на цревата и го спречува ракот. Се препорачува и за лекување на акните. Богатството на природно избалансираните витамини и минерали во ткивата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и за поголема ментална свежина и виталност. Семките од тиква содржат околу 30% незаситени масни 76 Муслим

59


киселини и богати се со минерали, како железо, цинк, фосфор и селен, кои се јаки антиоксиданси. Најважното лековито дејство на маслото од семки од тиква е подобрување на функцијата на простатата. Се препорачува да се користи како нерафинирано масло за салата и да биде често присутно во исхраната кај мажите. Покрај тоа, маслото од семките од тиква влијае и на зајакнувањето на потенцијата, го забрзува постоперативното закрепнување и ја подобрува општата состојба на организмот. Со грицкање семки од тиква се внесуваат многу здрави хранливи материи: протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, витамини и минерали.

Темјан Енес, радијаллаху анху, го пренесува хадисот: „Исполнете ги вашите домови со мирис на темјан и мајчина душица“. Ебу Нуајм , радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Дајте

им на вашите бремени жени темјан, бидејќи машкото дете кое ќе се роди ќе биде силно и со здраво срце, а ако е женско ќе биде привлечна и

60


со широки колкови.“ Не е ни чудо што Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬ темјанот го препорачал уште пред 1400 гдини. Во друг хадис се пренесува дека еден човек му се жалел на Пратеникот ‫ ﷺ‬на

заборавност, па Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬му порачал: „Користи темјaн бидејќи тој го закрепнува срцето и му дава храброст, и е лек

против заборавање.“ Ибн Абас, радијаллаху анху, кажал дека ако измешаме шеќер и темјан и тоа го изедеме на гладен стомак ќе немаме проблем со мокрење и амнезија. Олибанум (темјан) од арапско потекло: Boswellia sacra, Boswellia carteri и од индиско потекло: Салаи гугл Boswelia serrata. Стеблото на дрвото се сече со нож, од кое истекува течност, која се стврднува и покрај високата температура. Користејќи стругало, стврднатите капки се собираат. Ова се прави еднаш или двапати годишно. Секоја година се користат различни дрвја, бидејќи на дрвјата им е потребно време за да закрепнат. Денес постојат неколку плантажи од овој вид. Темјанот содржи чиста течност, вода, гума, етерични масла, горчливи состојки, киселини, басорин итн. Досега се пронајдени преку 200 други хемиски состојки. Во христијанството се верува

дека темјанот е многу

помоќен од која било друга билка. Неговиот интензивен мирис им вградило верување на луѓето дека можат да дишат повторно. Бидејќи не бил достапен во големи количини станал луксуз со кој црквата се збогатувала. Само во богатите семејства се горел темјан врз јаглен. Темјанот станал толку баран што станал еден од најскапоцените подароци за царскиот двор. Со неговиот чад се верувало дека се отстрануваат и уништуваат зли духови.

61


Тоа бил концепт познат кај јужноамериканските Индијанци. Кај некои народи бил познат како штит за патниците. Поради ова и паганизмите кои се прават со него (темјанот), голем број муслимани го избегнуваат темјанот иако е наведен како лек во преданијата на Мухаммед ‫ ﷺ‬бидејќи се користел во ритуали поврзани со суеверија и туѓи практики. Темјанот за разлика од килибарот, бил забранет во древниот јудаизам со смртна казна. Денеска со современи научни методи е утврдено дека темјанот, како што ни укажал и Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬е навистина лек кој се користи за подобрување на мокрењето, за срцеви болести и како лек за амнезија, т.е. заборавање.

Туршија и компот Пратеникот ‫ ﷺ‬практикувал како пијалок да користи небиз (туршија) која ја правел така што ставал чиста вода во сад, а потоа во него ставал една шака суво грозје или урми, бадеми или сл. По 12 до 48 часа, кога ќе почне да се вари, го користел како сок. Денес во медицината е познато дека на таков начин се формираат посебни видови бактерии, неопходни за правилно

62


функционирање на стомачниот систем. Би требало човекот тие бактерии секојдневно да ги внесува во организмот, бидеќи се многу важни за регулирање на метаболизмот. Запоставувајќи ја практиката на Пратеникот ‫ ﷺ‬и користејќи особено газирани сокови, ние го плаќаме она што му штети на нашиот организам.

Урма Урмата е дефинитивно „круна на слатките“. Хадисот на Пратеникот вели: „Куќа во која има урми не чувствува глад.“77 Пратеникот ‫ ﷺ‬понекогаш ги комбинирал урмите со леб, понекогаш мешал зрели урми и краставица или урми со течен путер. Тој ги користел сите видови урми но ја преферирал врстата „аџва“ (Ajwah). Диететичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за 78

жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа

77 Пренесува Муслим. 78 Научни експерименти докажале е дека урмите содржат стимуланси кои ги зајакнуваат мускулите на утерусот во последните месеци од бременоста. Ова го помага ширењето на утерусот во моментот на породувањето од една страна и

63


што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатуваат млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести. Пратеникот ‫ ﷺ‬го нагласил значењето на урмите и нивната ефективност при раст на фетусот. Урмите

содржат

природен

шеќер

кој

лесно

се

апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е особено корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и корисен пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата, но треба да се зема трипати на ден. Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растењето на забите. Овде треба да ја напоменеме традицијата на Пратеникот ‫ﷺ‬, т.е триењето на непцата 79

на новороденчето

со добро изџвакана урма и хранењето

со

потвдрила

неа. Науката

дека

давањето

на

шеќер

намалување на крварењето по породувањето од друга. Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремените жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помагаат породувањето. (заб. ав.) 79 Бухари и Муслим пренесуваат хадис од Енес Ибн Малик , радијаллаху анху,:„Се родило дете, а Ебу Талха ми кажа, ‘Носи го до Пратеникот ‫ ‘ﷺ‬испраќајќи и урми. Божјиот Пратеник го зеде, ги сожвака урмите, а потоа ги извади од својата уста и ги стави во уста на детето, ги протра неговите непца и му стави име Абдуллах.“

64


80

растворен во вода го обезбедува детето , новороденчето, со потребната хранливост и го подобрува неговиот имунитет. Бидејќи знаеме дека шеќерот во урмите најлесно се апсорбира и вари, затоа е најпогоден за хранење на новороденчињата, но урмата треба да биде добро изџвакана или натопена во вода за полесно да ја прими новороденчето. Доктор Енес ер-Рави тврди дека бебињата се раѓаат 100% стерилизирни, асептични и со недостиг од флуор. Ова докажува дека Пратеникот Мухамед

‫ ﷺ‬ги надминал денешните очекувања со ваквиот начин на хранење. Тоа не е чудо, бидејќи тој е Божји Пратеник. Урмите се користат при проблеми со варењето и цревата, воедно помагаат во поефективно извршување на нивната функција, а се користат и при констипација. Тие треба да се потопат во вода преку ноќ и да се консумираат следното утро откако ќе се направи убав сируп. Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце како и против сексуална истоштеност. Кога ќе се измеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија. И постарите имаат корист од овој сируп бидејќи истиот ја подобрува кондицијата и го ослободува телото од токсините акумулирани во клетките низ годините. Многу е чудно што докторите од Западот кои ги лекуваат своите пациенти преку постот ги советуваат да го користат природниот шеќер содржан во овошјата и вода кога 80 Ова го докажува Британскиот неделник Medical Journal кој на 10.06.1995 го објавил истражувањето на студијата на група на англиски научници спроведена во болница во градот Лидс.

65


го прекинуваат постот. Бидејќи знаеме дека урмите содржат висок степен на таков лесно-апсорблив шеќер па оттука урмите и водата се најдобрата храна за постачот. Да се потсетиме на хадисот од Пратеникот ‫ﷺ‬: „Кога некој од вас ќе престане да пости

треба да јаде урми, бидејќи урмите се благослов, доколку не најде урми 81

тогаш да се напие вода бидејќи водата прочистува“ . Оттука, можеме да видиме дека Пратеникот ‫ ﷺ‬ни ги покажал принципите на ефективното постење, со јадење урми и пиење вода за доручек т.е пред да се започне постот, векови пред Западот. Мудроста на Пратеникот во ваквото консумирање на урми може да е намалувањето на чувството за глад, а последователно и намалување на количината на консумираната храна; така, постењето би било ефективно и корисно. Ако се потсетиме дека постењето е најдоброто оружје за исфрлање на токсините од телото, тогаш јадејќи урми (toxin - restive) кога го завршувате постот претставува најефикасен трeтман против слабост и истоштеност како резултат на акумулираноста на токсични хемикалии и тешки метали во клетките на телото. Урмата губи 1/3 од сопствената содржина на вода кога се суши на сонце. Сушените урми содржат висок процент на природен шеќер, оттука тие се најдобра храна за постачот. Широката разноликост на хранливи елементи во урмите прават да заситуваат. Кога знаеме дека причината за дебелината е постојаното чувство на глад и апетит за храна што го тера човекот да консумира поголеми количини на масти и шеќер. Така, лечењето со користење на неколку урми кога се чувствувате 81 Пренесува Ебу Давуд.

66


гладни помага во намалувањето на гладта и се чувствувате најадени. Урмите ќе го обезбедат телото со потребниот шеќер и ќе го стимулираат интестинот кој ја намалува гладта и консумирањето храна.

Можеме да заклучиме дека урмите

можат да се користат како третман против дебелеењето. Урмите и завршувањето на постот со урми се најчудесниот природен лек за одржување и ослободување на црниот дроб од акумулираните токсини. Исто така, сокот од урми се користи во лекување на суво грло, треска, против „течење“ од нос и настинка. Да споменеме еден од хадисите на Пратеникот: „Кој изеде 7 стиснати урми наутро нема да може да биде зафатен од сихр или од труење тој ден.“82 Ако подлабоко го разгледаме хадисот од медицински аспект, можеме да ја уочиме неговата извонредност: 1) Пратеникот ‫ ﷺ‬го кажал бројот 7. Овој број има значење во универзумот, Куранот и во традицијата на пратеништвото. Доволно е да се знае дека првиот број споменат во Куранот е бројот 7. 2) 7 урми, приближно тежат 70 грама што обезбедува доволен внес на широк опсег на минерали, соли и витамини во телото. 3) Оваа количина е доволна да го ослободи телото од акумулираните токсини во ќелиите, како и тешките метали, на пример оловото. Таложењето токсини во денешно време се зголемува како резултат на широкораспространетото загадување на водата, воздухот и храната.

82 Пренесува Ебу Давуд.

67


4) Хадисот јасно укажува на токсините кои влегуваат во телото (како отрови). Тоа исто така укажува дека јадењето урми ја намалува опасноста таквите токсини да му наштетат на телото. 5) (магија),

Што

се

однесува

само

Аллах

знае

до што

зборот мислел

со

сихр тоа.

6) Хадисот не подразбира дека земањето отров по јадење седум урми ќе ја поништи неговата штета, всушност правејќи го тоа намерно се смета како саможелно повредување, а тоа е забрането во исламот. Мораме да сфатиме дека хадисот означува дека јадејќи седум урми секое утро се редуцира штетниот ефект на загадувачите. Со цел да се направи процесот поефективен, треба да се одржува постојаноста на консумирањето 7 урми наутро. Од хадисот се разбира дека јадењето урми секој ден и во одредено време ќе влијае позитивно на нашата психичка стабилност, а само Аллах ја знае вистината. Драг вернику, ако се чувствуваш слаб, не се двоуми туку земи 7 урми наутро како што препорачал Пратеникот ‫ﷺ‬. Тие седум урми тежат околу 70 грама, па ако ги земеш автоматски примаш 70 мг калциум кој е добар за коските, зглобовите и нервите, 35 мг фосфор кој е храна за мозокот и 7 мг железо кое го зајакнува телото во целина, а особено срцето. Исто така урмите се погодни за намалување на тежината бидејќи содржат 0,25 г масти. Така, ако страдате од дебелеење, тогаш овој оброк е погоден за вас. Оваа храна ja регулира и стимулира работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи.

68


83

Мерјем , мајката на Иса (Исус) а.с, јадела урми кога почувствувала породилни болки и за време на породувањето. Аллах џ.ш во Куранот, во сура Мерјем вели: „и породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма...“ (23), ...„и мелекот84 кој беше подолу од неа, повика: „Не жалости се, Господарот твој даде подолу од тебе, поток да потече. (24), „Затреси го палминото стебло, и по тебе ќе паднат урми свежи, (25), „јади и пиј и биди весела.“ (26). Современите

диететски

институти

денес

ги

препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни. Пратеникот ‫ ﷺ‬исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем. Аиша р.а, сопругата на Пратеникот ‫ﷺ‬, препорачувала урми за оние кои страдале од вртоглавица. Добро е познато дека падот на нивото на шеќер во крвта и нискиот крвен притисок се меѓу причинителите за вртоглавица. Исто така забележано е дека таа (Аиша р.а) ги комбинирала урмите со краставица заради својата слабикавост. Таа рекла: „тие ме здебелуваа давајќи ми сè. Но не станував дебела. Потоа тие (урмите) ме здебелуваа (јадејќи) заедно краставица и зрели урми, тогаш добивав на килажа!“ Аиша била навистина во право, бидејќи знаеме дека 1 кг урми содржи приближно 3.000 калории кои се доволни за снабдување на минималните дневни потреби на активен маж за еден цел ден. 83 Дева Марија, мајката на Исус, некa е Божјиот мир над него (заб. на ав.). 84 Ангел (заб. на ав.).

69


Урмите го одржуваат и здравјето на очите. Многу се корисни против ноќното слепило. Во раните години на исламот, урмите се служеле како храна за муслиманските борци. Тие ги носеле во специјални торби обесени настрана. Тие се најдобар стимуланс на мускулите, па така и најдобра храна за борец кој само што не влегол во битка.

Црно семе (Нигела Сатива) Пратеникот, ‫ﷺ‬, рекол: „Црното семе85 содржи во себе лек за секоја болест, освен за смртта.“

86

Црното семе во својата чаура, која наизглед потсетува на чаура од мак, содржи темни зрна, кои по жетвата се сушат. Од овие семиња со ладно цедење се добива масло кое е богато со незаситени полномасни киселини. Тие киселини се од животна важност, па со храната е потребно да се внесуваат 85 Црно семе, чурукот, nigella sativa, калоњи, aр: ел-хабету ес-севда. 86 Бухари, 7/160. Овој хадис на Пратеникот, ‫( ﷺ‬кој го пренесува Ебу Хурејре, во сахих предание, а забележено од Бухари и Муслим) е заслужен за огромната популарност на црното семе во исламскиот свет, кое исто така го нарекуваат и благословено зрно. Модерната наука денес ја потврдува исправноста на овој хадис.

70


во организмот. Да наброиме само некои од големиот број заболувања против кои се користи овој чудотворен лек: против акни, алергии и асми, надување на стомак, целулит, против настинка, болки во зглобовите, недостаток на концентрација, камен во бубрегот, делумна импотентност, тешки облици на неплодност, запаление на непца, рак и сида. Значи, сето ова е можно да се излечи со маслото од црно семе. Денес, тоа се одгледува претежно во Сирија, Ирак, Египет, Америка, Индија, Пакистан, Иран, Грција и на Кипар, затоа што најдобро успева во сончевите, топли подрачја. Скапоцените својства на црното семе се познати од дамнина, па поради тоа е употребуван во многу култури насекаде низ Земјината топка. Семето на црното семе (лат. Nigella Sativa) се спомнува во Библијата под името ким, иако не припаѓа на иста фамилија билки, па оттука тој назив е погрешен. Уште во старо време ова семе е користено при правењето леб. Познато е дека во гробницата на Тутанкамон е пронајдено шишенце со масло од црно семе. И пред, Мухаммед ‫ ﷺ‬лекарите на фараонот го користеле оваа масло и крем од црно семе кај болестите на дигестивниот систем. Во минатото се користел многу во козметиката; Нефертити и Клеопатра го негувале телото со масло од црно семе и го користеле како додаток при капење. Покрај тоа, на Ориентот, црното семе веќе илјадници години се користи за лекување на алергии и запаленија. Најчесто се употребува кај астмата, бронхитисот и неуродермитисот. Во античка Грција тоа е познато како средство за зајакнување при физичка и

71


психичка слабост кај болните. Во нашите краеви, долго се користи тинктурата на масло од црно семе за лекување на подуеност, болести на желудникот, градниот кош, црниот дроб, и друго. Во Европа ова растение стекнува голема популарност во Средниот век, откако во 1031 година излегла збирката на 87

лекарот Ибн Сина во „Книгата за лечење на душата“. Ибн Сина покрај останатото, го опишува извонредното дејство на црното семе за одржување на здравјето. Покрај тоа, книгата содржи многубројни совети и рецепти кои египетските лекари и денес често им го препорачуваат на своите пациенти. Во минатото десетлетие, американските и арапските научници од реномираните истражувачки институти (меѓу останатите и Центарот за истражување на ракот Hilton Head Island во Јужна Каролина, САД) почнуваат со помош на модерни методи да го анализираат ова благословено растение. Дошле до следните резултати: Семето на црното семе содржи над стотина состојки кои позитивно влијаат врз здравјето, го потпомагаат варењето и работата на цревата. Супстанциите во екстрактот на црното семе го зајакнуваат имулошкиот ситем во борбата против туморите. Маслото од црното семе делува против бактериите и габичните заболувања. Маслото има ефект на намалување на шеќерот во крвта. 87 Медицинскиот дел од збирката Canon medicinae во 11 век бил од енормална важност за втемелување на медицината како наука, и важел за најбитен учебник на медицинските факултети во Европа наредните 500 години.

72


При долготрајна употреба на маслото од црно семе се зајакнува имунолошкиот систем. Покрај тоа, откриле дека Нигела Сатива – екстрактот, употребен во поголеми количини, го предизвикува следното: Стимулација на клетките на коскената срж (пораст за 250%). Зголемување на продукцијата на Т-клетките помагачи и Б-клетките, произведувачи на антитела во имунолошкиот систем. Зголемена продукција на интерферонот-белковини кои се од голема важност за имунолошкиот ситем. Го спречува размножувањето на клетките на ракот (50% успорување на развојот) Еден друг инсититут за истражување, Cancer Immuno-Biology Labaratory, независно од овие резултати, експериментирајќи на животни исто така добиле резултат дека црното семе го намалува развојот на клетките на ракот. Незаситените полномасни киселини, кои се содржани во црното семе се потребни како клучни материи на хормоните на ткивата. Тие ја поттикнуваат размената и варењето, го регулираат холестеролот и овозможуваат здрава размена на материите, а се од голема важност и за косата и кожата. Истражувањето спроведено на Детската универзитетска клиника во Мајнц, покажала дека

Гамма-линоленската

киселина содржана во црното семе има анти-асматичен ефект, бидејќи спречува алергиски реакции. Со зголемениот стрес, слабото движење, еднострана или погрешна исхрана ние си го

73


уништуваме имунолошкиот ситем. Модерните имунолошки истражувања потврдуваат дека редовната употреба на маслото од црно семе делува како инхибитор против општествените болести

како што се ракот на белите дробови, ракот на

цревата и лимфните садови, затнување на артерии, ревматски заболувања, појава на мрежа на очите. Долгорочната, консеквентна употреба на маслото од црно семе ги поправа разните симптоми на оние кои имаат алериии во 90% случаеви. Освен тоа, ги подобрува имунолошките ефекти, помага при алергијата на полен и прашина, кај неуродермитисот, астмата, инфекциите и други болести. Маслото од црното семе може да се користи како додаток на исхраната до 3 грама дневно. Тоа е мислење на др. Шлаихер 88

(Peter Schleicher) , од Одделението за имунологоја во Минхен. Битно е да се знае дека до потполно дејство на црното семе доаѓа дури после 8 до 12 недели редовно консумирање, истакнува др. Шлаихер, експерт по имунологија. Семето на ова растеније се јаде или цело или мешано со мед, односно како масло добиено преку компресија или готвење.

89

Семето на Нигела Сатива се состои од есенцијални масла, протеини, алкалоиди и сапунини. Многуте активни состојки кои ги има се ефективни против повеќе видови рак, како што 88 Имунологот д-р. Петер Шлаихер е автор на книгата: „Црн Кумин: Магично египетско растение за алергии, астми, кожни болести и имунолошки проблеми.“ 89 Ali BH, Blunden G (2003). Pharmacological and toxicological properties of Nigella sativa. Phytother Res, 17, 299-305.

74


90

се ракот на крвта (леукемијата), 92

93

91

ракот на цревата, ракот на 94

95

кожа, ракот на панкреас, фибросаркома, рак на простата, 96

ракот на дојки и други. Фармаколошки битни компоненти од екстрактот на Нигела Сатива се истражени и против ракот на бели дробови 97

како антиканцорогенен агенс.

90 El-Mahdy MA, Zhu Q, Wang QE, et al (2005). Thymoquinone induces apoptosis through activation of caspase-8 and mitochondrial events in p53-null myeloblastic leukemia HL-60 cells. Int J Cancer, 117, 409-17. 91 Salim, EI, Fukushima, S (2003). Chemopreventive potential of volatile oil from black cumin (Nigella sativa L.) seeds against rat colon carcinogenesis. Nutr Cancer, 45, 195-202. 92 Salomi MJ, Nair SC, Panikkar KR (1991). Inhibitory effects of Nigella sativa and saffron (Crocus sativus) on chemical carcinogenesis in mice. Nutr Cancer, 16, 67-72. 93 Chehl N, Chipitsyna G, Gong Q, et al (2009). Anti-inflammatory effects of the Nigella sativa seed extract, thymoquinone, in pancreatic cancer cells. HPB, 11, 373-81. 94 Awad EM (2005). In vitro decreases of the fibrinolytic potential of cultured human fibrosarcoma cell line, HT1080, by Nigella sativa oil. Phytomedicine, 12, 100-7. 95 Khan N, Sultana S (2005). Inhibition of two stage renal carcinogenesis, oxidative damage and hyperproliferative response by Nigella sativa. Eur J Cancer Prev, 14, 159-68. 96 Ahmad D, Abulkhair O, Nemenqani D, et al (2012). antiproliferative properties of methanolic extract of Nigella sativa against the MDAMB-231 cancer cell line. Asian Pac J Cancer Prev, 13, 5839-42. 97 Swamy SM, Huat BT (2003). Intracellular glutathione depletion and reactive oxygen species generation are important in alphahederin-induced apoptosis of P388 cells. Mol Cell Biochem, 245, 127-39.

75


Во

една

таква

студија

е

покажана

антитуморна

активност на α-хедеринот извадена од Нигела Сатива против белодробниот карцином на опитен глушец. Исто така покажана е заштитната функција на екстрактот на Нигела Сатива против индуцираниот оксидативен стрес, инфламаторен одговор и 98

карцогенеза на клетките на белите дробови.

Овие студии

заедно со ин витро студијата за цитотоксичната активност на 99

екстрактот од семето на Нигела Сатива укажуваат дека имаат високо цитотоксично дејство. Големиот ефект кој е покажан кај лабораториските тестови укажуваат дека Нигела Сатива значително го намалува ширењето на ракот и дека со одредено дозирање може да помогне како цитостатик. Особено силно дејство има при употреба со органскиот мед, кој ги зголемува ин витро способностите на молекулите на Нигела Сатива. Најдобро дејство се постигнува така што медот и маслото од Нигела се зема наутро и навечер на гладен стомак, во сооднос една кафена лажица масло со пола лажичка мед, додека напладне е пожелно наместо масло од Нигела Сатива да се користи медот измешан со свежо мелено семе од Нигела Сатива. Секако, за да се победи ракот не е доволно само тоа, туку потребна е и терапија која пред сè започнува со духовното прочистување и мир, здрава исхрана од овошје (грозје, диња, лубеница, 98 Mabrouk GM, Moselhy SS, Zohny SF, et al (2002). Inhibition of methylnitrosourea (MNU) induced oxidative stress and carcinogenesis by orally administered bee honey and Nigella grains in Sprague Dawely rats. J Exp Clin Cancer Res, 21, 341-6. 99 Al-Sheddi ES,Cytotoxicity of Nigella Sativa Seed Oil and Extract Against Human Lung Cancer Cell Line, DOI:http://dx.doi.org/10.7314/APJCP.2014.15.2.983

76


калинки, банани, јаболки и друго) и зеленчук (карфиол, кељ, спанаќ, лук, и друго) и избегнување на штетните навики како што се пушењето, јадењето мрсна, зачинета храна, избегнување млечни производи, потполно отстранување од употреба кристализирани шеќери и рафинирани масла, детоксикација на организмот, користење на разни чаеви, екстракти од масла, како и средства за подигнување на имунитетот и слично.

Цитрон Пренесено е преку веродостојно предание дека Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Примерот на верник кој учи Куран е како

примерот на Утруџ (цитрусно овошје), неговиот мирис е убав, и вкусот е убав. Примерот на верник кој не учи Куран е како примерот на урмата, таа нема мирис, но вкусот ѝ е сладок. Примерот на лицемер кој учи Куран е пример на босилок, убав е мирисот, а вкусот е горчлив, а примерот на лицемер кој не учи Куран е како пример на ханзала (дива тиква со грд изглед), таа нема мирис, а вкусот е горчлив.“

100

Имам ел-Хафики тврдел дека дрвото кедар може да се 100 Бухари и Муслим.

77


користи за лечење на хемороиди. Цитронот е одличен извор на витамин Ц и добар извор на витамин А. Овие два витамина го поттикнуваат имунолошкиот состав и овозможуваат заштита. Цитронот е полн со антиоксиданси и има клучна улога во продукцијата на енергија во човековиот организам. Богат со нутриенти, има одличен вкус и сиромашен е со калории. Цитронот со својот освежителен сок е добар додадок во секоја диета. Тој прави чувство на ситост, а има малку калории. Со тоа помага директно во губењето на калории, а исто така помага во намалување на нивото на инсулинот во крвта. Црвениот цитрон содржи повеќе антиоксиданси од обичниот цитрон, па може и тоа да е причината за нивното поволно

делување

на

триглицеридите.

Препорака

на

научниците е сите оние кои страдаат од зголемено ниво на холестерол во крвта, задолжително да внесуваат по еден црвен цитрон дневно во исхраната.

78


Шафран Шафранот е топол и сув, ги јакнее срцето и душата. Ет Тирмизи пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬го препорачува 101

псевдошафранот и маслиновото масло како лек од плеуритис . Поради тоа што шафранот го стимулира сексуалниот нагон Пратеникот ‫ ﷺ‬забранил да се носи облека обоена со шафран за време на Рамазан и аџилак. Се користи како маст за лечење сврбеж и пукање на кожата. Денес модерната наука детално ја испитала користа на шафранот. Тој е исклучително високо ценет зачин кој се употребува речиси насекаде во светот. Иако шафранот најчесто се користи како зачин при готвење различни јадења, тој е билка со многу лековити својства. Крокинот, шафраналот и пикрокроцинот од шафранот имаат антиканцерогени својства кои го запираат растот на канцерогените клетки кај пациентите болни од рак. Чајот од 101 Силна болка во градниот кош при вдишување и издишување поради оштетување на подбелодробното крило.

79


шафран се користи за лечење на депресија. Истражувањата покажале дека консумирањето поголеми количини од овој чај, но и на самиот зачин, ја намалува депресијата и создава чувство на среќа. Ја подобрува циркулацијата и го јакнее срцето Во кинеската медицина, шафранот традиционално се користи за подобрување на циркулацијата на крвта и за лекување на модрици. Активната состојка кроцетин може, да ја намали концентрацијата на холестеролот и триглицеридите во крвта, а со тоа и да го спречи развојот на артеросклерозата и компликациите кои таа може да ги предизвика (срцев, мозочен удар и др.). Богат со антиоксиданси шафраналот, кој е составен дел од шафранот, е силен антиоксиданс и ги уништува слободните радикали, кои може да доведат до оштетување на клетките и ткивата. Шафранот ги чува очите. Истражувањата покажале дека шафранот го подобрува видот и успешно ја спречува или ублажува макуларна дегенерација која е најчеста причина за слепило кај постарите лица.

80


Млеко „Навистина за вас има поука кај вашиот добиток: Ние ви даваме да го пиете тоа што се наоѓа во внатрешноста на нивните тела, а што настанува од доведувањето во врска со хранливата содржина во цревата и крвта, чисто млеко, лесно за голтање на тие што го пијат.“102 Познато е дека Мухаммед ‫ ﷺ‬го сакал млекото. Се

пренесува од Абдуллах ибн Месуд р.а. дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал:

„Навистина, Аллах не дал ниедна болест, а да не ѝ одредил лек, освен за староста. Поради тоа пијте го кравјето млеко бидејќи кравата пасе од сите врсти на билки.“ А во една друга верзија стои „..во кравјето млеко е лекот за секоја болест...“ Научниците од Универзитетот во Мејн, САД, во својата неодамнешна студија истакнуваат дека пиењето една чаша млеко секој ден ги подобрува скоро сите функции на организамот, а особено работата на мозокот. Во студијата се дошло до заклучок дека луѓето кои редовно користат млеко имаат за петпати 102 Куран, Ен Нахл, 66.

81


подобри резултати на тестовите за помнење за разлика од луѓето кои воопшто не консумираат млеко. Научниците додаваат дека постарите лица треба редовно да консумираат млеко. Освен другите здравствени придобивки кои ги дава млекото, луѓето кои го употребуваат ќе ја задржат добрата функција на мозокот подолго време во староста. Млекото и млечните производи несомнено се многу здрави, освен за луѓето кои поради други здравствени проблеми истите не смеат да ги користат. Одамна е познато дека млекото во себе содржи значително количество на калциум, специфични протеини, витамин Д, магнезиум и други состоjки кои играат улога во превенција на дијабетес, ги штитат коските и превенираат дебелеење, а денес го додаваме и позитивното дејство на млекото врз работата на мозокот. Па доколку сето ова го сумираме можеме со сигурност да кажеме дека млекото од раѓањето па до крајот на животот не смееме да го заборавиме и изоставиме. Млекото во секојдневната исхрана можете да го внесете на многу начини, можете да консумирате само чаша млеко наутро или да го додадете во утринското кафе, да го вклучите во некој оброк или слично. Јогуртот е млечен производ кој можеби дава најмногу придобивки за организмот, па затоа неговата секојдневна употреба е секогаш добредојдена.

82


Месо Семоќниот Аллах ни укажува: „Тој прави со морето да се користите, од него свежо месо да јадете и да вадите накит со кој се украсувате....“103 Ебу Хурејре пренесува хадис од Пратеникот ‫ﷺ‬: „Со 104

јадењето месо се освежува срцето“.

Едно од најкористените меса е говедското месо. Говедското месо без маснотии може како дел од посебен режим на исхрана, да придонесе за здравјето на срцето, на ист начин како и немасното бело месо. Луѓето честопати сметаат дека црвеното месо не е дел од здравиот начин на исхрана, но истражувањата покажуваат дека доколку се контролира внесот на заситените масти и ако правилно се избалансираат оброците кои содржат црвено месо, тоа може да се вклучи во заштитна диета за срцето. Пратеникот ‫ ﷺ‬ни порачал: „Добро соџвакајте го месото

бидејќи тогаш е похранливо и полесно се вари.“105 103 Куран, 16/14. 104 Пренесува Ибн Маџе. 105 Пренесува Ебу Давуд.

83


Научната поткрепа на ова тврдење на Пратеникот ‫ ﷺ‬денес 106

е добро позната.

Месото е богато со протеини, а на телото му е потребна поголема енергија да ги обработи овие протеини, отколку што му е потребно за јаглехидратите и мастите. Тоа значи дека колку повеќе протеини консумирате, толку повеќе работи вашето тело, па така во тој процес вие трошите повеќе калории. Ет Зухри ни кажал: „Јадете го месото, тоа ја зголемува силата до 70 пати.“ Истражувањата покажуваат дека луѓето кои држат диета богата со протеини согоруваат двојно повеќе калории неколку часа по хранењето, отколку луѓето кои држат диета богата со јаглехидрати. Најдобар начин да го намaлите ризикот од срцеви заболувања е да јадете риба. Поради големото присуство на омега 3 масните киселини во рибата, докажано е дека таа може да спречи и лечи голем број кардиоваскуларни заболувања. Статистиката покажала дека луѓето кои често ја употребуваат рибата во својата исхрана, многу поретко заболуваат од срцеви или васкуларни болести. Една холандска студија покажала дека консумирањето само 30 грама риба дневно може да го намали ризикот од срцев удар за 50 %. Кога би можеле да ја погледнеме внатрешноста на артериите кај луѓето, би виделе дека најздрави се луѓето кои секојдневно ја употребуват рибата во својата исхрана, па дури и во многу мали количини. Ова 106 На тој начин ќе добиете исти резултати како и кај консумирањето риба или немасно бело месо, во смисла на намалено ниво на вкупниот и лошиот холестерол (ЛДЛ), а со тоа редуцирање на ризикот од срцеви болести.

84


неодамна го направиле и група дански научници, со што со сигурност ја потврдиле позитивната страна на рибата во исхраната и нејзиниот придонес во спречувањето на појавата на артеросклерозата. Данските

научници

добиле

40

примероци

од

артерии извадени од обдукции, направени во болницата „Фредериксберк“. Го измериле рибиното масло во масното ткиво што покажало кои од луѓето колку ја употребувале рибата во исхраната. Несомнено најпроодни и најчисти биле крвните садови на лицата кај кои во масното ткиво била најдена најголема количина омега 3 масни киселини, т.е. луѓето кои често употребувале риба во исхраната. Потполошката и месото од неа е спомнато како храна која ја спуштил Бог до Израелќаните. Месото и јајцата од потполошката се надалеку познат лек кој особено се користи за болести на белите дробови и дишните патишта.

Мед Аллах во Куранот, во поглавјето Ен Нахл (Пчела) вели: „И Господарот твој и даде вдахновение на пчелата: “Прави куќа по ридовите, и по стеблата и по она што го прават луѓето;” потоа:

85


“Јади од секаков плод, а потоа оди по патиштата на Господарот твој, послушно! Од внатрешноста нивна излегува напивка со различни бои, во која има лек за луѓето. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат.107 Излишно е да се говори за користа и благодатта која ни ја дава медот. Тој е даден од Бог како нешто добро за човекот. Откриено е дека медот, кралското желе (матичен млеч), поленот, прополисот и пчелиниот отров лечат многу болести. Тоа е лек кој се користел од дамнина. Интересен е и фактот дека уште Хипократ открил ти медот и водата се идеални за лечење рани. Медот се користи дури и во лечење на пациенти кои имаат мрежа на окото. Прополисот, исто така помага во лечење на многу болести како 108

што се проблеми на кожата, венерични болести и друго.

Сите

лекари се согласуваат дека медот е најкорисниот лек за човекот заради тоа што во себе содржи материи за дезинфекција, го зајакнува телото и желудникот и го подобрува апетитот. Во тоа скапоцено богатство и наследство спаѓаат и преданијата за Пратениковата медицина, која го опфаќа неговото упатство како да се сочува и заштити една од најголемите Аллахови благодати дадени на човекот, здравјето. Мухаммед ‫ ﷺ‬напоменал: „Држете се за два лека: Куранот и

107 Куран, Ен Нахл, 68-69. 108 Медот се состои од шеќер, глукоза и фруктоза, минерали како магнезиум, калиум, калциум, натриум-хлорид, сулфур, железо и фосфати. Исто така содржи витамин Б1, Б2, Ц, Б6, Б5 и Б3, а концентрацијата од сето наведено зависи од квалитетот на нектарот и поленот. Медот во мали количини содржи и бакар, јод и цинк.Според тоа, во него се наоѓаат и неколку врсти хормони.

86


109

медот.“

Аллах, џ.ш., медот го направил лек за болестите како

што Куранот го направил лек за душата од разни сомнежи и нејасни работи. Џабир, р.а., вели: „Го слушнав Пратеникот ‫ ﷺ‬како вели: „Ако

во нешто има хајр (добро) од вашите лекови, тогаш тоа е хиџамата 110

(испуштање на штетната крв од човековото тело) и медот.“

Медот ги чисти штетните материи во вените, цревата и другите органи. Се пренесува дека еден човек му дошол на Пратеникот ‫ ﷺ‬и рекол: „Брат ми се жали на стомакот.“, а во

друго предание стои: „Заболел од дизентерија.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬му

кажал: „Напој го со мед.“ Човекот заминал, но набргу се вратил и рекол: „Го напоив, но ништо не му помогна.“ Во друго предание стои: „Болеста само му се влоши.“ Доаѓал така два или трипати и секој пат Пратеникот му велел: „Напој го со мед.“, а третиот или четвртиот пат му рекол кога веќе оздравел: „Аллах ја рекол 111

вистината, а излажал стомакот на твојот брат.“ Човекот кој се спомнува во хадисот се разболел од пролив поради слаба работа на цревата, па Пратеникот ‫ ﷺ‬му наредил да го испие медот, затоа што ги отстранува штетните остатоци од храната кои се наталожуваат во желудникот и цревата. Кади Ијад рекол: „Во врска со зборовите на Пратеникот ‫ﷺ‬: ,Аллах ја рекол вистината, а излажал стомакот на твојот брат.‘, со тоа мислел на зборовите

109 Ибн Маџе и Хаким (сахих) 110 Бухари и Муслим. 111 Забележале Бухарија и Муслим од Ебу Сеид Ел-Худри.

87


на Возвишениот: ,Во него е лек за луѓето.‘“

112

Се пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬секој ден на гладен стомак пиел чаша мед помешана со вода. Докажано е дека медот е поефикасен во борбата со инфекции од антибиотиците и тоа без да создава несакани придружни (несакани) ефекти. Кога медот и водата се консумираат заедно, својствата на медот се зголемуваат двојно. Тоа е така затоа што се остварува хемиска реакција и како резултат на тоа се создава водороден агенс – најмоќниот природен антибиотик. Ако решите да пробате природен рецепт за добро здравје доволно ви е чаша топла вода и лажичка мед наутро. Тоа е сè. Потребни се само седум минути за да може миксот од вода и мед да проникне во крвта и да започне да се бори со инфекциите. Бидејќи молекулите на шеќерот од медот можат да се претвараат во други шеќери (т.е фруктоза во глукоза), медот и покрај својата висока киселост, лесно се вари и кај луѓе со најчувствителен стомак.Тој им помага на бубрезите и цревата подобро да функционираат. Има ниска калорична вредност. Иако медот му дава на телото големо количество енергија, тој не му ја зголемува тежината. Брзо влегува во крвта. Слободните молекули на шеќерот од медот ја подобруваат функцијата на мозокот затоа што мозокот е најголем потрошувач на шеќер. Медот обезбедува важен дел од енергијата која му е потребна на телото за „изградба“ на крвта. Според тоа, тој помага во прочистувањето на крвта. Медот има одредени позитивни ефекти и во регулирањето и подобрувањето на циркулацијата 112 Хадисот го забележале Ибн Маџе и Хаким, хадисот е сахих – веродостоен.

88


на крвта. Исто така делува како заштита против проблеми со капиларите и артериосклерозата. Уништува бактерии. Ова бактерицидно својство на медот е наречено „инхибиционен ефект“. Експериментите извршени со медот покажуваат дека неговите бактерицидни својства се зголемуваат двократно кога ќе се разблажат со вода. Кралското желе (матичниот млеч) е супстанција која ја произведуваат пчелите во кошницата. Оваа хранлива супстанца содржи шеќер, протеини, масти и многу витамини. Најквалитетен мед е пролетниот мед, летниот, а потоа зимскиот. Различните видови мед често целно дејствуваат на поедини тегоби. Така, на пример, медот од липа и жалфија ги олеснува тегобите на дишните органи и настинката, но медот од липа не е препорачлив за срцевите болни. Медот од лаванда се користи против подуеност и грчеви, го регулира работењето на срцето, помага кај чирот на желудник, го подобрува уринирањето, а делува и против напнатост или мигрена. Темниот мед од костени ја поттикнува циркулацијата, го регулира работењето на желудникот, цревата, црниот дроб и жолчката, се препорачува кај анемијата (слабокрвноста), го отстранува уморот и ги јакне мускулите, како и имунитетот на организмот. Медот од багрем се користи кај проблемите со системот на крвни садови, кај опстипацијата (запекот), а бидејќи делува смирувачки, помага и при несоница, нервоза и напнатост. Ливадниот (цветен) мед особено се препорачува за јакнење на имунитетот. Доколку е добро затворен, медот има неограничен рок на траење. Над температура од 41 Целзиусов степен, медот ги губи лековитите својства, а при додавањето

89


во чајот треба да се внимава тој да не е премногу топол. Кристилизирањето на медот е сосема природно својство кое воопшто не влијае на неговиот квалитет. Оваа уникатна златна течност е многу поздрава алтернатива од белиот шеќер, затоа подобрете го и зачувајте го своето здравје со овој сладок дар од природата.

Маслинка Во Куранот, во поглавјето Муминун, Семоќниот Создател со следниве зборови им се обраќа на луѓето: „И стебло кое расте на брдото Синај (маслинката) кое дава зејтин и зачин, и од него јадете! (Куран, Муминун, 20) Мухаммед ‫ ﷺ‬во хадисот кој го пренесува Ибн Омер кажал:

„Користете го маслиновото масло и мачкајте се со него бидејќи тоа се добива од благословеното дрво“. Од Алкаме ибн Амир ни доаѓа и следниов хадис на Муахммед ‫ﷺ‬: „Секоја врста маслинка е за вас, па

намачкајте се со маслиновото масло бидејќи тоа е навистина помош за оние кои имаат проблеми со хемероиди.“ Ова предание го бележи и Ибн Кајим ел Џевзи. Маслиновото дрво е зимзелено дрво кое расте до висина

90


од 10 метри. Масивно и неправилно се разгранува, а има и масивен и сложен коренов систем. Листовите имаат кратки дршки, а формата им е издолжено елипсовидна. Како и секој друг плод и плодот на маслинката во почетокот е зелен потоа созрева сè додека не добие црна боја. Плодовите на маслинката содржат дури 35% масло, кое не е само зачин, туку и природен лек. Поради неговите благотворни својства, маслиновото масло се нарекува и „медитеранско злато”. Интересно е да се напомене дека и листот од маслиновото дрво има големи лековити ефекти. Состојките кои ги содржи листот се многу специфични и се користат за изработување разни лекови за намалување на крвниот притисок. Листот од маслиновото дрво можете да го искористите и при проблеми со уринарните патишта и за олеснување на мокрењето. Листот се бере кога е целосно развиен и оформен, а потоа мора да се исуши пред од него да се направи што било. Во листовите од маслинката има голем број специфични супстанци, но најважна е супстанцата oleuropein. Доколку имате можност да набавите листови од маслинка, лесно може да си приготвите чај корисен за вашите крвни садови, особено ако имате хронична хипертензија. Луѓето кои го пиеле овој чај велат дека дава извонредни ефекти за многу пократко време од останатите слични чаеви. Денешната наука и научните истражувања ги потврдуваат сите овие преданија и зборови што е доказ за натприродниот карактер на сознанијата кои ги имал Мухаммед ‫ ﷺ‬пред 1400 години. Квалитетното маслиново масло има благо-горчлив вкус,

91


зеленкаста боја и има мирис на овошје. Тешката миризба на маслиновото масло е знак за неквалитетно и застарено масло. Девственото маслиново масло (olio vergine) е најздраво и најквалитетно маслиново масло, кое се добива со првото ладно цедење на здравите маслинки, при што семката на маслинката не смее да се здроби. При постапката на цедење не смее да дојде до користење топлина, па е дозволено само т.н. ладно цедење. Девственото маслиново масло има под 1% слободни масни киселини. Тоа е многу здраво бидејќи во себе содржи многу корисни нутритиенти, кои се јаки антиоксиданси. Поради тоа, на маслиновото масло му се припишуваат и антиканцерогени својства. Постојат студии кои покажале дека маслиновото масло им помага на пациентките со рак на дојка. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2, кој влијае на развојот на ракот на дојката, покажале резултатите од истражувањата 113

на шпанските научници.

Девственото маслиново масло се

употребува и за лекување камења во жолчната кеса и жолчните патишта. Тоа е многу добро природно лековито средство кое го поттикнува излачувањето на жолчката. Маслиновото масло може да се користи и за лекување на чиреви на кожата, а се

113 Dr. Javier Menendez од Каталонскиот онколошки институт и Dr. Antonio Segura Carretero од Универзитетот во Гранада, испитувајќи кои состојки се најефикасни против ракот на дојката, утврдиле дека квалитетното нерафинирано маслиново масло содржи голем број фитохемиски состојки кои можат да предизвикаат изумирање на малигните клетки.

92


употребува со загреани облоги. Маслиновото масло помага и при воспаление на цревата или желудникот.

Тоа е благо

средство за чистење кое не ја надразнува кожата, поради тоа може да се користи и за лекување на хемороиди кои крварат. Салатата со маслиново масло и со лук е природен лек богат со лековити состојки, витамини, минерали и најкорисни масти. Ако во еден децилитар маслиново масло ставите 2 супени лажици оцет ќе добиете извонредно природно средство за спречување и ублажување на изгоретините од сонце. Кај реуматските болки, разните воспаленија на кожата и при сврбеж, многу е делотворна масажата со маслиново масло.

Мирта Мирта (Myrtus munis) е растение што потекнува од Истокот и на подрачјето на Медитеранот е префрлен уште во праисторискиот период. Таа цвета од април до август со бели и меки мирисни цветови со по 5 ливчиња. Плодовите се бобинки, кои достасуваат во ноември. Расте во диви медитерански области бидејќи е чувствителна на студ. Помага во третманот на дигестивни проблеми, цревни заболувања, болести на мочниот

93


меур, третман на непцата, поставата на устата и јазикот, како и нарушувања на ректумот и материцата. Ако ја мирисаме ќе ни ја намали главоболката. Листовите на мирта се користат да се запре крварење и да се уништат бактериите . Ги зајакнува органите. Арапите ја користат миртата како мирисно растение. Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Ако некој ви понуди мирта како поклон, не ја одбивајте. Таа е од рајските градини.“114

Од мирта може да се подготви и сируп, но нема да користи доколку не се помеша со дуњата. Ибн Абас р.а. кажал: „Кога Нух (Ное) ја напуштил Арката прво растение кое го засадил било мирта.“ Исто така го спомнува и преданието во кое се вели: „Адем а.с. го напуштил рајот со три работи: мирта- кралица на сите мирисни растенија на Земјата, густата урма – кралица на сите урми на земјата, стебло на пченка – кралица на сета храна во светот.“

115

Благословеното дејство на водата врз нашето здравје Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал: „Најубав пијалок на овој

и оној свет е водата.“ воедно додал: „Човек кој ќе ја напои својата

сопруга со вода има награда за тоа дело.“ Кажал Ел – Ирбад: „Дојдов 114 Dželaluddin Abdurrahman es-Sujuti, Vjerovjesnikova medicina, Libris, Sarajevo, 2003., стр.71-72. 115 Хадисот го пренесува Ебу Нуајм.

94


кај својата сопруга ѝ дадов вода и го пренесов тоа што го слушнав од 116

Пратеникот ‫ﷺ‬.

Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е повеќе потребно за живот од водата е воздухот. Водата сочинува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секој дел од нашето тело има потреба од вода за правилно да функционира. Недоволното внесување вода предизвикува дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор. Водата ни е неопходна за живот, но и за одржување на здравјето и убавиот изглед. Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Еве дел од благодатите кои ни ги носи пиењето вода за подобро здравје и попривлечен изглед. Водата ја зголемува енергијата. Една од најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат изморени во текот на денот е дехидратацијата. Водата ѝ помага на крвта во транспортот на кислород и други материи до различните клетки во телото. Па, кога телото има доволно вода, нивото на енергија е поголемо. Водата го забрзува метаболизмот и помага во слабеењето. Токму затоа, секоја диета препорачува пиење на барем 2 литри вода дневно. Консумирањето на 1-2 чаши вода пред оброк 116 Ахмед, бр.16529.

95


значително го намалува апетитот и води до внесување помал број калории. Но, освен тоа, водата го забрзува метаболизмот, особено ако е ладна. Кога консумирате ладна вода, телото се обидува да се затопли, а за да го направи тоа, троши дополнителни калории. Водата помага подобро и подолго да вежбате. Таа ја регулира телесната температура за време на вежбањето. Ако пиете доволно вода, ќе имате повеќе енергија и сила да го завршите вежбањето. Покрај тоа, водата ќе ви помогне да ги спречите грчевите во мускулите. Затоа, пијте многу вода пред вежбање, за време на вежбањето и по завршувањето на физичката активност. Водата го подобрува варењето на храната. Растителните влакна и водата се силна комбинација која го подобрува варењето на храната. Наспроти тоа, дехидратацијата предизвикува телото да ја апсорбира целата вода, оставајќи го дебелото црево суво, па така го отежнува процесот на дефекација. Водата го намалува ризикот од камен во бубрегот. Експертите предупредуваат дека честите случаи на камен во бубрег кај децата и возрасните се последица на недоволното пиење вода. Таа ги раствора минералите и солите во урината кои придонесуваат за создавањето на камен. Пијте доволно вода за значително да ја намалите веројатноста за појава на камен во бубрезите. Водата го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата. Ако се земе предвид фактот дека околу 80% од тежината на нашиот мозок ја сочинува водата, тогаш не е тешко да се

96


претпостави дека дехидратацијата е пречка за негово нормално функционирање. Недостатокот на вода предизвикува стрес и на телото и на умот, а освен тоа ја намалува способноста за концентрација. Водата може да ја излечи главоболката, која се јавува често како последица од дехидратација. Во таков случај, консумирањето неколку чаши вода ќе ви помогне да се ослободите од непријатната болка. Водата се бори против брчките и акните. Сметајте ја водата за природно средство кое ја негува вашата кожа на различни начини. Кога телото е дехидрирано, нежните линии и брчките се повидливи. Водата ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе добие здрав изглед. Таа е клучна за хигиената на телото и за здравјето на луѓето. Започнете уште сега да ја користите моќта на водата која Аллах ни ја подарил. Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол: „Клучот за рајот е молитвата, а

клучот за молитвата е чистотата.” Ибн Омер р.а пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол: „Не се прифаќа намазот(молитвата) без ритуалното миење (абдест) пред молитвата”.

Ибн Абас р.а пренесува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол:

„Наредено ми е да се мијам пред обавување намаз(молитва)”

Семоќниот Аллах наредил: ,,О верници, кога сакате намазот да го извршите, измијте ги вашите лица и вашите раце до над лактовите, а главите ваши потрете ги со влажна рака и 117

нозете ваши до зглобовите…“

117 Куран, Ел-Маиде, 6; Исто така: „Аллах навистина ги сака оние кои често се

97


Миењето со вода помага во борбата со стресот, нервозата, за намалување на негативните последици од некое случување. Лошите спомени можат буквално да се измијат со вода. Научниците утврдиле дека миењето на главата, плакнењето на лицето, па дури и едноставното миење на рацете, помага да се ослободиме од негативните емоции. Доволно е само да ги ставиме рацете под млаз вода или да се истушираме и нашите лоши спомени ќе исчезнат. Утврдено дека во некои случаи и само помислата на миење или на капење може да му помогне на човекот да се ослободи од негативните емоции, лошите чувства, како и да го елиминира сомнежот во правилноста на својот избор. Физичкото отстранување на нечистотијата создава асоцијација за отстранување и на менталната нечистотија. Интересен е фактот дека во многу древни ритуали водата била употребувана како катализатор, па дури и современите психолози сметаат и препорачуваат миење на лицето неколкупати во текот на денот, особено по преживување на нешто непријатно. Ова ни го укажал и Пратеникот ‫ ﷺ‬кој ни дал совет дека кога сме лути пожелно е да земеме абдест. 118

Во Сунените

се наведува дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал:

„Лутината (гневот) доаѓа од шејтанот. Шејтанот е создаден од оган, а огнот се гасне со вода. Па кога некој од вас ќе се разгневи нека земе абдест.“ каат и ги сака оние кои многу се чистат.“ (Ел-Бекаре, 222) 118 Ебу Давуд, Ахмед, Абду-резак и Ет Таберани. Веродостојни и познати збирки на преданија. (заб.).

98


Лековитоста на Земзем водата 119

Необично е што Зем-зем

водата тече среде цврсти,

еруптивно кристализирани стени повеќе од 3.000 години, наспроти сите ископувања и затрупувања кои се случиле околу нејзиниот извор. Дневниот проток на вода е меѓу 11 и 18,5 литри во секунда. Овој извор не бил познат сè до оној момент кога биле ископани тунели околу Мека. Работниците забележале дека водата се излевала низ пукнатините кои се ширеле на поголема оддалечност во сите правци околу Мека. Зем-зем водата е природно газирана минерална вода. Таа се состои од минерали кои вкупно имаат 2.000 mg/l и со тоа вода богата со минерали. Зем зем водата во еден литар содржи 200 mg калциум и 50 mg магнезиум. Зем-зем водата е очигледно чудо што го нагласува достоинствениот статус на пратеникот Ибраим а.с., таткото на пратеникот Исмаил а.с., кој му помогнал во изградбата на Каба, и неговата вистинољубива мајка Хаџера (Агара). Се пренесува дека мајката на верниците Аиша р.а. имала обичај секојпат кога ќе ја посетела Мека да донесе во Медина Зем-зем вода, а истото го правел и Пратеникот ‫ ﷺ‬со цел да

119 Земзем – изворот кој се наоѓа непосредно до Ќаба (заб.)

99


120

им ја даде на болните.

Ја излевал врз нивните тела и тие, со

Аллахова волја, оздравувале. Молитвата на Ибраим а.с. се состоела од следниве зборови: „Господару наш, јас некои мои потомци населив во котлина во која ништо не се сее, кај Твојот Свет Храм, Господару наш, намазот да го извршуваат; затоа стори срцата на некои луѓе да копнеат по нив и снабди ги со разни плодови за да бидат благодарни.“

121

Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал многубројни

хадиси за благодатите на Зем-зем водата. Така Ибн Абас р. а. пренесува дека Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Најдобра вода на

Земјата е Зем-зем. Во неа се крие храна за гладните и лек за болните. Џабир р.а. пренесува дека Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал:„Водата 122

Зем-зем служи за она за што ќе се намени.

Јапонскиот научник Др. Месару Имути

123

потврдил

дека Зем-зем водата се одликува со посебни својства и карактеристики кои ги нема кај обичната вода . Ова го потврдил после неговото долго истражување кое го 120 Бележи Тирмизи со напомена дека е хасен. 121 Куран 14:37. 122 Бележи Ахмед и Ибн Маџе 123 Јапонскиот истражувач и научник Др.Месару Имути , кој е директор и председател на Институтот за научни истражувања `Хаду` во Токио , ја посетил Саудијска Арабија и одржал предавање на факултетот `Дарул-хикме` каде биле присутни повеќе од 500 врвни научници и истражувачи, исто така потврдил дека извел неколку експерименти на Земзем-водата (која ја добил од некои Арапи ) и рекол :`Земзем е навистина единствена и посебна вода , се разликува од останатите води по својот состав и кристалните состојки (кристали) кои ги содржи, и сите истражувања кои се извршени на Земзем-водата не ги сменија нејзините особини и својства ,што укажува дека Земзем-водата не е како другите води `.

100


спровел на Зем-зем водата со таканаречената нанотехнологија, која не можела да смени ниту една специфичност, особина или својство на Зем-зем водата. Др. Имути вели дека мешањето една капка Зем-зем вода со 1000 капки обична вода се добива мешавина кој ги има истите особини и карактеристики како Зем-зем водата. Овој истакнат јапонски научник, основач на теоријата `Кристализација на атомите на водата`, теорија која довела и отворила нова врата за истражување во науката за 124

водата, потврдил дека изговарањето „Бисмиллах“

има чудно

влијание врз Зем-зем водата и дека ѝ дава посебно совршен и јасен кристален облик . Др.

Месару

Имути

истакнува

дека

во

текот

на

експериментирањето на Зем-зем водата пуштал касети со учење Куран во близина на Зем-зем водата и тоа влијаело врз неа и доведувало до добивање совршено чист и блескав кристален облик на водата, и додал дека тоа му била најчудната случка во текот на неговото истражување на Зем-зем водата . Имути вели дека Зем-зем водата има својство на „памтење“ 125

(меморија),

односно задржување податоци во себе; така

нa пример ако би се учило некое поглавје (сура) од Куранот крај Зем-зем водата, подоцна со технологијата може да се открие за кое поглавје (сура) се работи, со тоа што се создаваат посебни бранови на Зем-зем водата во текот на учењето Куран, невидливи со голо око . 124 Во име на Аллах.(ар.) 125 kaheel7.com/eng/index.php/secrets-of-quran-a-sunnah/287-the-memory-ofzamzams-water

101


⸎⸎⸎

102


Здравје и хигиена во исламот

Капење

Н

а човечкото тело се проценува дека живеат 100 трилиони бактерии. Многу од нив имаат важна улога во одржувањето на физиолошките

функции, вклучувајќи го развојот на имунолошкиот систем, помошта во метаболичките процеси и одржувањето на здравјето. Исламот го препорачува капењето во разни пригоди. Toа е доказ на исламската доследност во погледот на чистотата и хигиената. Абдуллах б. Омер р.а., пренесува дека Пратеникот

‫ ﷺ‬рекол: „Kога некој од вас ќе оди на џума-намаз (петочна молитва),

103


нека се искапи!“ Во преданието на Ебу Се›ид ел-Худри р.а., Пратениковата

‫ ﷺ‬препорака е: „Банањето во петок должност е на секое полнолетно лице, како и миење на забите и употреба на мирисот доколку го има!“. Нафи пренесува дека Абдуллах б. Омер р.а., следејќи ја Пратениковата ‫ ﷺ‬препорака се бањал пред да оди на Бајрамнамаз. Капењето по интимниот однос е задолжително. Тоа треба 126

да се прави како што тоа го чинеше Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬.

Се знае дека после интимниот однос, порите на нашата кожа биваат прилично затворени, па капењето после тоа допринесува за чистењето на тие пори од нечистотијата и потта. Бројни се мудростите на гусулот за хигиена на човекот, а особено капењето после интимниот однос, што со текот на времето, науката ќе го открива и докажува. Oттаму, исламот поттикнува капење во различни ситуации како вид на превентива против нечистотијата и задоволувањето на високите хигиенски стандарди. Кога ова поттикнување било така изразено во времето кога имало недостаток на вода, може да замислите каква би била препораката на исламот во нашиве услови, кога имаме вода во изобилие, кога имаме разни можности за нејзиното затоплување, модерни и комфорни бањи и купатила?! На сето ова треба да се надоврзе и еколошката свест при 126 Имам Бухари наведува автентично предание на Аиша и Мејмун (р.а.), дека Пратеникот (‫)ﷺ‬, при капењето (гусулот) прво ги миел рацете, а во едно предание и половиот орган, потоа ја миел устата и грлото и земал абдест како што се зема абдест за намаз. Потоа ја миел главата а потоа целото тело, така што никаде суво не оставал.

104


трошењето вода. Познат е хадисот кој вели дека не треба да се претерува во миењето, туку да се користи онолку вода колку што е доволно да се измиеме. Пратеникот ‫ ﷺ‬поминал покрај Саад кој земал абдест и му

рекол: „Не претерувај со водата.“ Саад му кажал: „зарем може да се

претера со вода?“ Пратеникот ‫ ﷺ‬одговорил: „Да, дури и да си на брег на река.“

127

Секако, ова укажува на тоа дека треба да постои еколошка свест. Ова ни го укажувал човекот кој живеел пред 1400 години, додека човечката цивилизација денес тежнее кон максимална заштеда на водата. А Аллах е Упатувач на срцата.

Миење на рацете 128

Миењето на рацете пред и по јадењето е суннет , како што се наведува во преданието на Аиша р.а.. Во преданието кое го пренесува Ебу Хурејре р.а., се предупредува:„Koј ќе заспие со измрсени раце од храна, неизмиени, па ако нешто му се случи, никого нека не го укорува освен самиот себеси!“ 127 Ибн Маџе и Ахмед. 128 Пракса на Пратеникот.

105


Нечистите, со микроби заразени раце имаат клучно значење во пренесувањето на причинителите на цревните, респираторните и кожните заразни болести. Миењето на рацете со сапун е една од најефективните мерки за превенција од пролив (дијареа) и воспаление на белите дробови, болести кои се најодговорни за смртност на децата до петгодишна возраст. Ширењето на навиката на миење раце со сапун и топла вода може значајно да придонесе за намалувањето на заболувањата и степенот на смртност. Истражувањата покажуваат дека рацете најредовно ги мијат луѓето кои живеат во урбаните населби, меѓу кои најчесто жените. Лекарите советуваат дека рацете не треба да се мијат само пред јадење и кога се видно нечисти, туку задолжително и по јадење и по одењето во тоалет, по допирање на носот, устата или очите, по контакт со болно лице, но и при секојдневните активности во домаќинството. Сапунот со кој ги миете рацете, треба по користењето да се измие под млаз вода и да се чува така што ќе биде сув, а добро е со него да се истрие целата површина на кожата на рацете, порачуваат лекарите. Денес, кога науката го има достигнато врвот на нејзиниот напредок и која јасно нагласува дека миењето на рацете пред и после јадење е нужност која мора да се уважува, заклучуваме каква ориентираност кон грижливоста му донесе исламот на човештвото, сакајќи да го едуцира, не само во важните верски, туку и во наједноставните прашања кои живот и здравје значат.

106


Koлку оваа Пратеникова ‫ ﷺ‬препорака муслиманите сериозно ја разбрале, најдобро потврдува примерот на имамот Ханбел. Eбу Бекр ел-Мерузи вели: „Видов дека имам Ахмед б. Ханбел ги мие рацете пред и по јадењето, иако пред тоа земал абдест!“ 129

Јадењето со десна рака Преферирање на десната страна е една од карактеристиките на исламот, особено кога е во прашање консумирањето храна и течности. ‘Aбдуллах б. Омер р.а. ја пренесува јасната напомена на Пратеникот ‫ﷺ‬: „Kога некој од вас јаде, нека јаде со десната рака, 130

бидејќи навистина шејтанот

јаде и пие со левата рака!“

Анализирајќи ги изјавите на Пратеникот ‫ ﷺ‬за шејтанот и неговото делување, ќе востановиме дека тој спомнува сè што би можело да има негативни последици за човекот, не само кога е во прашање неговата духовна, туку и физичка димензија. Логично е, ако левата рака се користи за отстранување на нечистотијата при извршување на физиолошката потреба, тоа би можело да помогне во хигиената на една личност, па таа штетна можност 129 Ритуално миење со вода 130 т.е. Ѓаволот.

107


Пратеникот ‫ ﷺ‬ја поврзува со шејтанот кој е соучесник во секоја духовна и физичка болест. Кога ќе погледнеме во исламскиот бонтон во поглед на ова прашање може да забележиме дека десната рака најчесто се користи за убави работи, како ракување со луѓето, пишување, читање, јадење, пиење, додека со лева рака се вршат работи кои наизглед се нечисти и непожелни, како што е миењето на носот, миењето на половиот орган и срамните места, отстранување нечистотии и слично. Исламот поставил граници и дал правец по кој треба да се воспостави една хармонија со природата и останатите луѓе.

Зошто не е здраво да се пие вода стоејќи? Постарите луѓе често сме ги слушале како велат да не се пие вода стоејќи. Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬нè предупредил дека не треба да се пие водата стоејќи. односно нè предупредил за нешто што наизглед делува бесмислено, но кога подобро ќе се прочита и ќе се размисли, ќе се види дека овие зборови се од голема корист за нашето здравје. Следниве хадиси нè предупредуваат за тоа. Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал: „Кога луѓето би знаеле каква штета му прават на желудникот со пиење вода стоејќи, веднаш

108


131

тоа што го испиле би го повратиле“ . Исто така на оваа тема тој ни пренел: „Никој од вас нека не пие стоејќи, и ако испие нека се обиде да 132

го поврати.“

Науката

денес

ја

потврдува

мудроста

зад

ова

предупредување. Зошто не смееме да пиеме вода стоејќи, кое е медицинското објаснување? Положбата на желудникот се разликува во седечка и стоечка положба. Човекот кој стои кога консумира вода и течна храна таа директно оди во дванаесетпалеченото црево. Во желудникот се наоѓа кружен лак, и течната храна и вода кога го прати овој непрекинат пат излегува низ еден мал отвор на желудникот (пилор) и влегува во дванаесетпалечното црево (дуоденум). Кога луѓето пијат вода во седната положба, собирајќи се во желудникот таа ги убива сите микроби во него, а дури потоа преминува во дванаесетпалечното црево. Во овој случај, луѓето кои пијат вода седејќи ќе бидат заштитени од многу болести, вклучувајќи ја и колерата. Луѓето кои стоејќи неконтролирано пијат сокови и слично, се изложени на најголем ризик.

131 Абдурезак 10/427 хадис; 19588. 132 Муслим

109


Ставање на раката пред устата при кивање Уште пред четиринаесет века Аллаховиот Пратеник Мухаммед ‫ ﷺ‬ја ставал раката или облеката пред устата при кивање, покажувајќи како притоа треба да се однесува муслиманот. Ебу Хурејре р.а., пренесува: „Aллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬ја ставал својата рака или облека пред устата при кивање и така го стишувал својот глас“. Ибн Хаџер, толкувајќи го овој хадис, смета дека Пратеникот го чинел тоа за да не вознемирува никого од своите соговорници и за да не излезе нешто од устата при кивањето, што можело да дојде до нив. Денес, кога знаеме колку заразни болести можат да се пренесат со кивањето, доаѓаме до заклучок дека Пратеникот ‫ ﷺ‬постапувал со голема мудрост. Кивањето воедно помага полесно да се острани болеста од телото. Постапка при проѕевањето Многу е грдо и неумесно да се види некој како се проѕева правејќи разни недолични гримаси, а од друга страна устата се држи отворена без заштита, со што правта, бактериите или

110


нешто непожелно и штетно може да навлезе во човековиот организам и да го зарази. Проѕевањето е чин што не можеме лесно да го спречиме. Oбично е последица на недоволниот сон, прекумерниот сон или прекумерното консумирање храна. Возвишениот Аллах не го сака проѕевањето, бидејќи ја предизвикува мрзеливоста, а го сака кивањето, бидејќи по него лицето Му се заблагодарува на Аллах, и на тој начин, го споменува. Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬, во преданието пренесено од Ебу

Хурејре (р.а.), вели: „Aллах, навистина го сака кивањето, а го презира проѕевањето, па кога некој од вас ќе кивне и ќе му се заблагодари на Аллах, должноста на секој муслиман кој тоа ќе го слушне е да му каже: Jeрхамукеллах! (Аллах да ти се смилува). A кога некој од вас проѕева, тоа доаѓа од шејтанот, па тоа нека го отстрани од себе колку што може. Бидејќи кога кажува: Хаах!, шејтанот се смее од него!“

Миење на забите во исламот Покрај капењето како чин на лична хигиена спаѓа и миењето на забите. Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол: „Да не би му отежнал

на мојот уммет133 би им наредил за секој намаз да земаат абдест, а со секој абдест да ги мијат забите.”134 133 Следбеници, народ. 134 Ахмед, Хасен.

111


135

Миење на забите или употреба на мисвак

била практика

не само на Пратеникот Мухаммед ‫ﷺ‬, туку и на другите пратеници пред него. Ебу Ејуб р.а., пренесува дека Пратеникот ‫ﷺ‬, рекол:

„Четири работи се практика и на поранешните пратеници: срамот, мирисот, употребата на мисвакот136 и бракот!“ Колку Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬ја потенцирал овој вид хигиена најдобро ќе илустрира хадисот што го пренесува Ебу Хурејре р.а.: „Kога не би му отежнал на својот уммет – или народот - би им наредил да го употребуваат мисвакот137 пред секој намаз.“

138

Koлку Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬водел сметка за хигиената на своите заби и уста најдобро потврдуваат преданијата на Аиша и Хузејфе р.а.. Во преданието на Аиша р.а., се кажува дека Пратеникот ‫ﷺ‬ кога влегувал во домот, најнапред ги чистел забите со мисвак, a во преданието на Хузејфе р.а., се вели: „Kога Аллаховиот Пратеник се будел, усната празнина ја триел со мисвак!“ Устата е влез за храна и течности и кога во неа остануваат траги од храната или пијалокот бргу се населуваат микроби кои се размножуваат и поради нив во устата завладуваат лоши 135 Mисвакот се добива од дрвото ‹aрак› и тоа е воедно најдобра врста на мисвак. За мисвак се користи стебло од две до три годишна старост, бидејки има посебен мирис и вкус. Oва дрво расте во топли тропски краишта во Саудиска Арабија, Судан, Пакистан и на истокот на Индија. Aрак во тек на сите четри годишни времиња е со зелени лисја,личи на стеблото на нар, а плодот се јаде.. 136 Специјално дрвце кое се користи за миење заби 137 Специјална врста на четка добиена од едно дрво Мисвак. 138 Пред секоја молитва,најмалку 5 пати на ден.

112


мириси, а органските киселини тогаш ја уништуваат глеѓта на забите и доаѓа до појава на каријас. Сето тоа предизвикува гингивитис и разни болести на забите. Значи, забите мора да се чуваат преку нивно чистење поради заштита на целото тело. Мисвакот е најдоброто решение за сите проблеми бидејки содржи материи кои се смртоносни за микробите. Во времето на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬денешната четкичка за заби не била позната, ниту се користела паста за заби, туку се користел мисвакот. Од Аиша,р.а.,се пренесува дека Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬ 139

рекол: „Mисвакот ја чисти устата и Господарот со него е задоволен.

Мајката на правоверните Аjша р.а. вели дека Пратеникот ‫ﷺ‬ кажал: „Десет работи се вбројуваат во фитра (природна вера): кратењето на брковите, пуштањето брада, користење мисвак, испирање на носот, сечење на ноктите, миењето помеѓу прстите, отстранување на влакната под пазуви, бричење на долниот дел од стомакот, и миење со вода на срамните делови од телото.” Пренесувачот понатаму вели: „Ја заборавив десетата работа, но мислам дека беше испирањето на устата”140

139 Пренесува Бејхеки.. 140 Пренесува Муслим.

113


114


Заштита преку јадење и пиење

Ч

овековото тело има потреба од јадење и пиење. Храната е основен елемент за одржување на човечкото тело. Затоа гледаме како исламот

му наложува на верникот да се храни со дозволени и убави работи. Аллах вели: “О верници, хранете со со убавите работи кои ве опскрбивме и бидете благодарни на Аллах, ако Него Го обожавате.»141 Од тој аспект исламот им забранува на своите следбеници одредени работи, и тоа исклучиво поради нивната штетност. На муслиманот строго му е забрането консумирање алкохол, а на разумниот човек му е позната неговата штетност и последиците. Исламот, исто така, категорички забранува јадење свинско месо поради неговата штетност по здравјето на човекот. Аллах во Кур›ан вели: „Тој ви забранува, навистина, и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго име, а не во името

141 Куран, Бекаре, 172.

115


на Аллах...“142 Значи на човекот во основа сè што му е забрането е штетно, што е голем показател на совршенството на исламот и неговата неизмерна грижа за здравјето на човекот.

Халал исхрана Халал е арапски поим со значење „дозволено“. Во контекст на исхраната, поимот означува храна која е дозволива според 143

исламските закони.

Се смета дека 70% од муслиманите ширум

светот го запазуваат овој начин на исхрана. Спротивно, харамхрана е храна која не е дозволена и муслиманите ја избегнуваат. За едно животно да дојде од фарма до трпеза, потребно е од самиот почеток да биде одгледување на здрав начин, да се храни добро, да биде добро третирано, да не му биде нанесена болка и да биде жртвувано според исламските закони. Тоа воедно значи дека треба да се храни со чиста храна и вода и да не биде хрането со животински и штетни продукти. Консумирањето храна која не била третирана со пестициди, токсини и други загадувачи е придобивка по здравјето, не само за муслиманите туку и за сите 142 Куран, Ел-Бекаре, 173. 143 Антоним на овој збор е зборот „харам“ или забрането.

116


луѓе.

За халал храна се смета: • рибата и морската храна; јајцата; млекото; сите видови овошје и зеленчук; месото од животните кои се колат да биде според исламските правила; пијалоци како кафе, чаеви, сокови и друго и продукти кои како состојка не содржат алкохол, но доколку нанесуваат штета стануваат забранети. Куранот забранува разни супстанци како недозволени, односно харам за консумирање: • Свинско месо, или какви било свински производи (вклучувајќи облека и обувки од свинска кожа и сл. (Куран, 2:173); • Крв (Куран, 2:17); • Животни заклани во друго име освен Божјото (Куран, 2:173); • Мрша; (Куран, 5:3), • Острозабите ѕверки, според преданијата - сите месојадни животни со исклучок на повеќето риби и морски животни; • Сите опојни средства (особено алкохолот и дрогата). (Куран, 2:219) Повеќето муслимани се согласуваат дека жабите се забранети поради забраната за нивно убивање во хадисите.

117


Муслиманите од југоисточна Азија сметаат дека животните како водоземците, некои влекачи и некои видови птици не се за јадење. Дозволата за јадење полжави важи и за двата вида, и за земјени и за морски полжави. Ако тие се готват живи нема ништо лошо во тоа, бидејќи земјените полжави немаат крв, така што за нив би можело да се каже дека не мора да бидат заклани, додека морските полжави се предвидени со општата 144

дозволивост на морскиот улов и морската храна.

Светскиот пазар на халал производи на годишно ниво прави промет од 850 милијарди американски долари и е еден од најбрзо растечките пазари во светот со досегашна стапка на раст од 40%, а идниот раст се проценува на 50% годишно. Економиите на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, 145

Катар, Оман и Кувајт,тежат 715 милијарди долари.

Земјите

од нашето окружување веќе на голема врата навлегуваат на овие пазари преку воведување на халал стандарди во своето работење. Од пред некоја година и Македонија почна со делење на халал сертификати.

144 https://sites.google.com/site/fetvimk/home/razno/dalismeedasejadatpolzavi. Пристапено 14 Јануари, 2016. 145 Користен е дел од текстот на д-р Моника Самарџиоска, доктор на медицина. www.rak.mk.com

118


Забрана на свинско месо Исламот категорички забранува јадење на свинско месо поради неговата штетност по здравјето на човекот. Аллах во Куранот вели: „Тој ви забранува, навистина, и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго име, а не во името на Аллах. А оној што ќе биде присилен, не со желба и не од навика, тогаш, нема грев. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!“146 Слично е и во Библијата во којашто се вели: „А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас. Не јадете го нејзиното месо, ниту се допирајте до нејзината мрша - тие се 147

нечисти за вас.“

Следната забрана за јадење свинско месо која

се наведува во Библијата, се наоѓа во Второзаконие: „А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста за вас. Не 148

јадете од нејзиното месо не допрајте ја ниту нејзината мрша.“

Што им прави сланината и мрснотијата на вашите крвни садови?! Студиите покажуваат дека сендвичот богато наполнет со сланина за појадок е вистинска темпирана бомба за вашиот организам. Истражувачите откриле дека само еден полномасен оброк може да влијае на здравјето на вашето срце, 146 Куран, Ел-Бекаре, 173. 147 Библија, Левитски закони, 11:7-8. 148 Библија, Второзаконие, 14:8.

119


па кај луѓето кои со бурек или со слични мрсни јадења се честат во раните утрински часови, последиците можат да се забележат и пред ручекот. Имено, мрсната храна е поврзана со појава на артериосклероза – стеснување на артериите. Мастите можат да се таложат со децении во артериите. Консумирањето свинско месо предизвикува повеќе видови на болести. Јадењето свинско месо може да предизвика над седумдесет различни видови на болести. Лицето може да добие различни заразни паразити како што се кружна глиста, иглеста глиста, рударска глиста. Една од најопасните е Свинската тенија (Taenia solium), која што е позната како паразит. Таа живее во човековите црева и е многу долга, т.е., некогаш знае да се испружи по должината на малите црева. Таа глиста одгледува свои јајца кои се микроскопски мали, меѓутоа јајцата влегуваат во крвотокот на телото и така можат да стигнат до сите делови од телото. Доколку влезат во мозокот, тогаш можат да предизвикаат губење на меморијата. Доколку влезе во срцето може да предизвика срцев удар, доколку стигне до окото може да настане слепило, а во црниот дроб може да доведе до оштетување на самиот црн дроб. Таа бактерија во вид на долга тенка глиста може да ги оштети речиси сите органи на телото. Уште еден опасен паразит е камшичестиот паразит Trichuris trichiura. Вообичаена заблуда меѓу луѓето околу свинското месо е дека доколку тоа добро термички се обработи овој паразит умира. Во истражувачкиот проект направен во САД утврдено е дека 22 од 24 лица коишто страдаат од овој паразит се оние кои долго го вареле свинското месо. Ова директно ни укажува на тоа дека овој паразит застапен во свинското месо не изумира при

120


високи температури. Свињата е едно од највалканите животни на земјата. Свињата е најдобар собирач на отпад и ѓубре. Многу често свињите се оние коишто го чистат изметот зад селаните и други животни. Свињата е животно којашто го јаде дури и своето мртвородено.

Штетноста на алкохолот Зборот „хамр“ (вино) на арапски јазик буквално значи да се „прекрие садот“. Се вели дека овој назив се добил поради тоа што алкохолот го покрива и го заведува умот без разлика во каква состојба се наоѓа, тврда или течна. За разлика од ова овосветско вино, во Куранот се спомнува уште едно вино, а тоа е рајското вино кое има поинакви карактеристики и е лишено од секакви недостатоци и последици по умот и разумот. Аллах вели: „Од него главоболка не постои, ниту разумот се губи!“149 Рајското вино не опива и не содржи алкохол, со него паметот не се поматува, ниту има некаква штета. Од друга страна, се она што опива и го уништува човечкиот ум се означува како пијанство. Ова го тврди Ер Рази во „Мухтар ес Сихах“. Арапите пред појавата на исламот пиеле вино во големи количества и се 149 Куран, Ес Сафф, 47.

121


гостеле со него. При тоа на виното му давале посебно значење, пееле за виното, за чашите во кои било служено и за пијанките кои ги правеле. Причината поради која исламот го забранил виното, алкохолот и сè што се добива од разни видови овошје (грозје, јаболка, урми), зрна (јачмен, пченица) и мед, и без оглед дали се добива преку готвење или природно ферментирање, е поради неговата особеност да опива. Виното било постепено забранувано во Куранот, а целосно е забрането откако бил воспоставен принципот на исламско општество и откако луѓето прво ја спознале основата на монотеизмот и верувањето 150

во Единиот Бог.

Почетокот на ОВОЈ? цитат укажува дека

Аллах им се обраќа на верниците, односно на оние кои веќе ја зацврснале верата во нивните срца, и за кои се однесуваат овие верски прописи. Покрај виното овде се спомнуваат и коцката, киповите и стреличките за гатање (хороскоп, пророштва, суеверие) кои се исто така штетни за човечкиот ум и за самото општество. Виното се опишува како валкано, што означува дека е нечисто. Исто така, тоа преставува дело на ѓаволот и поради тоа заклучуваме дека тој тоа го прави за да ги заведе верниците и да ги стори нечесни и зли во нивните дела. Многу други преданија на Пратеникот ‫ ﷺ‬укажуваат на 150 Возвишениот Аллах вели: „О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате. Шејтанот сака со помош на виното и коцката меѓу вас да внесе непријателство и омраза, и да ве одврати од сеќавање на Аллах и од извршување на намазот (молитвата). Па, ќе престанете ли?“(Куран, Ел Маида, 90-91)

122


погубноста на алкохолот. Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬кажал: „Виното 151

е извор на неред и најголем грев.“

Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Оној кој 152

верува во Аллах и оној свет нека не седи на маса на која се пие алкохол.“ 153

Пратеникот ‫ ﷺ‬вели: „Виното е извор на валкани дела.“

154

Пратеникот ‫ ﷺ‬исто така кажал: „Ми дојде мелекот Џибрил

и ми кажа: ‘О Мухаммед, Аллах го проколнал виното и оној кој го прави, оној кој го бара, кој го пие, кој го носи, оној кому му се носи, кој го продава, кому му се продава, кој го точи и кому му се точи.“

155

Тарик ибн Сувејд го прашал Пратеникот ‫ ﷺ‬за виното,

Пратеникот кажал дека тоа е забрането, Тарик му рекол:„Јас го

сметам и како лек“, а Пратеникот ‫ ﷺ‬одговорил:„Тоа не е лек, туку 156

навистина е болест.“

Бухари наведува предание кое е врзано за Ибн Месуд во кое стои дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Аллах во она што ви е

забрането не ви дал лек.“ Исто така се пренесува дека Пратеникот

‫ ﷺ‬кажал: „Мојот уммет навистина ќе пие вино и ќе го нарекува со различни имиња.“ Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол: „Вино е сè она што го опива човечкиот разум.“

Библијата забранува консумирање на алкохол со следните стихови: „Виното е потсмевка, ракијата - бунтовник; и секој кој им е 151 Пренесува Таберани од Абдуллах ибн Амр. 152 Ахмед бележи предание од Омер ибн ел Хатаб. 153 Несаи во својот Сунен. 154 Џибрил - ангелот Гаврил, оној кој имал задача од Бога да ги доставува откровенијата до Божјите Пратеници и Веровесници (заб. на прев.). 155 Ахмед, Хаким и Бејхеки наведуваат од Ибн Абас. 156 Бележат Муслим, Ебу Давид и Тирмизи.

123


157

потчинет, не е разумен“

„Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве

158

уништи.“

Пијанството никогаш не е пријатно искуство и честопати е причина луѓето да прават работи кои никогаш не би ги направиле додека се трезни. Но, научниците велат дека алкохолот не само што нè поттикнува да се однесуваме лошо, туку предизвикува да бидеме бесрамни. Истражувачи од Универзитетот Мисури тврдат дека пијаните луѓе се свесни кога прават грешка, но алкохолот кај нив ги намалува сигналите на мозокот кои би им кажале да се загрижат за таквото однесување. Алкохолот придонесува да не ни е гајле поради тоа што правиме грешки. „Кога правиме грешки, се зголемува активноста во областа од мозокот одговорна за набљудување на однесувањето. Тоа праќа сигнал до другите области од мозокот за да им каже дека нешто не е во ред. Нашето истражување покажа дека алкохолот не ја намалува способноста на луѓето да знаат дека направиле грешка, туку предизвикува помалку да се грижат за правењето на тие грешки“ – истакнува професорот Брус Бартолоу, кој го предводел истражувањето. За да стигне до овој заклучок, проф. Бартолоу и неговите колеги ја набљудувале активноста на мозокот кај млади луѓе на возраст од 21 до 35 години. На една третина од учесниците им бил даден алкохолен пијалок, а на останатите не им бил даден алкохол или им бил даден пијалок со плацебо ефект. Потоа, сите требало да извршат одредена задача на компјутер. Резултатите 157 Изреки 20:1. 158 Библија; Ефесјаните 5:18.

124


покажале дека учесниците кои консумирале алкохол биле свесни кога прават грешка, но едноставно не им било гајле. Дури и по направената грешка, пијаните учесници не успорувале за да станат повнимателни, како што тоа го прават трезните. Тоа е поради тоа што во предниот дел на мозокот (Fronatal Lobe) задолжен за управување со емоциите, чувствата и карактеристиките на човекот, алкохолот предизвикува атрофија. Овој дел е исто така битен и за учење и совладување на сложени психомоторни работи додека личностите кај кои дошло до пореметување во овој дел на мозокот не биле во состојба разумно да се однесуваат, да управуваат со своите емоции, наизменично се смеат и плачат, тежнеат кон тоа да сторат сè што ќе им падне на памет и без размислување дали тоа нешто е добро или не и губат моќ да донесат исправна одлука. Според современите испитувања, жените се дури поизложени на штетното влијание на алкохолот од мажите, а кај бремените жени е погубно по животот и развојот на ембрионот. Во САД, дозволено е да се вози до 0.08 % алкохол во крвта. Сепак, новото истражување на Универзитетот во Калифорнија покажува дека ни со мала количина алкохол возењето не е 159

сигурно.

Од друга страна пак, Французите, а потоа и остатокот од светот на нозе ги дигна веста за наводно децениската заблуда за 159 Истражувањето се базира на податоците од Fatality Analysis Reporting System (ФАРС). Меѓу податоците се наоѓаат информации за 1.495.667 лица кои доживеале тешка сообраќајна несреќа во периодот од 1994 до 2008 година. Она што е интересно е дека ФАРС ја покрива целата американска нација, сите денови во неделата, сите делови од денот, и извештајот на количините на алкохол во „мерни единици“ од

125


лековитоста на виното. Според некои нови истражувања, „чашка 160

на ден“ го зголемува ризикот од канцерогени заболувања.

Поради тоа не треба да нè чуди тоа што го кажал Мухаммед

‫ﷺ‬: „Алкохолот е мајка на сите зла“.161

Се пренесува од Умму Селеме, р.а: „Пратеникот забрани

сè што опива и предизвикува слабост (муфетир).“ Муфетир е сето она што предизвикува апатија, а апатија е нечувствителност, слабост, опуштеност на телото и нереагирање на надворешни фактори, а без сомнеж сето ова го предизвикуваат дрогите и опојните средства. Набројаните штетни последици укажуваат на длабоката смисла на забраната на консумирањето алкохолот бидејќи целта на исламот е верникот да биде со здрав ум и тело.

0.01 % во крвта.(заб.) „Несреќите се почести за 36,6% дури и кога алкохол во крвта на возачот е во мал процент“, кажал еден од истражувачите. Три механизми се одговорни за оваа разлика: возачи кои консумирале мало количество алкохол брзо возат, безгрижни се за појасот, тоа се тип на возачи кои предизвикуваат судир. 160 Со консумирање на само 1.25 децилитри вино на ден се зголемува ризикот за заболување од рак за неверојатни 168%! Ова е заклучокот до кој дојдоа француските онколози, а поопширните резултати се објавени во Извештајот на Националниот институт за рак (INCA). 161 Ибн Маџе, бр.3362.

126


Штетноста од пушењето цигари Кажете кој од вас би си ставил отров за глувци во јадењето кое најмногу го сака? Дали сами би се отруле? Како пушачите можат да пушат знаејќи дека цигарите имаат штетност по здравје како што имаат и алкохолните пијалоци, опојните средства и дрогите. Во извештајот на американското Министерство за здравство се вели дека бројката на жртви од пушење цигари во Америка изнесува околу 360.000 луѓе годишно, додека педесет илјади се жртви на пасивното пушење. Во Велика Британија таа бројка изнесува над 100.000 починати пушачи годишно. Во извештајот на Светската здравствена организација се наведува дека бројот на оние кои умираат или живеат нездрав начин на живот поради пушењето, без сомнеж го преминува бројот на оние кои умираат од чума, колера, сипаници, тифус и слично, и тоа кога сите овие болести ќе се соберат заедно. Забележително е дека сè поголем број Американци го оставаат пушењето, но од друга страна, сè поголем број верници, но и останати, во чии традиции не било распространето пушењето истото сè повеќе се практикува. Ако сте пушач и имате проблеми со срцето, најдобар и најделотворен начин да го сочувате вашето срце од инфаркт е

127


да прекинете да пушите. Пушењето не само што доведува до слабост на срцето, туку предизвикува и рак на белите дробови, рак на панкреасот, а може да доведе и до мозочен удар, хроничен бронхитис и др. Пушењето има врска и со импотенцијата кај мажите и стерилноста кај жените. Бидете сигурни дека користа од оставањето на пушењето се забележува уште првиот ден. За пет години од престанувањето со пушење, можноста за појава на болести на коронарните артерии е со сличен процент како кај оние кои воопшто не 162

пушеле. Голем број исламски научници издале фетви

за

забрана на пушењето поради неговата голема штетност. Кој сака да се ослободи од пушењето ќе мора да делува силно, цврсто и одлучно. За тоа треба силна верба и убеденост во штетноста на пушењето. Секој верник треба да се замисли себеси како ќе излезе пред својот Господар на Судниот ден, кога ќе биде прашан како се однесувал кон своето тело и кон животот кој Му го дал Единствениот Создател. Медицинската книга „Current“ издадена 1994 година говори за бенифитите од одвикнувањето од пушењето цигари: Се подобрува моќта на дишење; Се враќа чувството на мирис и вкус; Потребно е помалку време да се заспие; Се подобрува телесната сила; Се намалува опасноста од пасивното пушење врз другите луѓе;

162 Правен акт

128


Се подобрува виталноста на артериите и вените; Се намалува бројот на отчукувања на срцето; Заштеда на пари; намалување на ризикот од пожари и др.

129


Штетноста на марихуаната по здравјето на човекот Пратеникот Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал: „Сè што опива е харам“163 Постојат многу клинички студии кои го испитувале штетното влијание на канабисот врз здравјето на човекот. Според истражувачите, постојат сигурни докази дека чадот од канабисот ја оштетува ДНК молекулата кај човекот. Ова оштетување на ДНК молекулата го зголемува и ризикот од појава на рак. Научниците од Велика Британија во лабораториски услови откриле дека чадот од канабисот ја оштетува молекулата на ДНК. Своите истражувања ги објавиле во списанието Chemical Research in Toxicology. Постојат многу студии за токсичноста на чадот од цигарите. Познато е дека тој содржи 4.000 хемикалии од кои 60 се канцерогени. Чадот од канабисот (марихуаната) содржи 400 хемиски супстанции, вклучувајќи го и канабинодот. Чадот содржи 50% повеќе канцерогени полициклични ароматични јаглеводороди како што се: нафтален, бензантрацен и бензопирен, отколку чадот на цигарите, како што пренесува др. Рај Синг, главен автор на студијата. 163 Бухари, бр.5157 и Муслим, бр.3727.

130


Зголемената стапка на рак на тестисите во Велика Британија, како и во другите западни земји, денес се поврзува со сè пораширената консумација на канабисот, информира англискиот „The Independent“. Инциденцата на ракот на тестисите се зголемила за повеќе од двапати во последните 30 години, што се припишува на зголемената консумација на оваа, инаку најпопуларна дрога во Велика Британија. Научниците утврдиле дека мажите кои редовно пушат канабис имаат дури 70% поголем ризик за развој на рак на тестиси во однос на оние мажи кои никогаш во својот живот не пушеле канабис. Опасноста е двојно поголема кај оние мажи кои најмалку еднаш неделно пушеле канабис или биле долгогодишни корисници, почнувајќи уште од своите тинејџерски години, во однос на 164

оние кои никогаш не ја консумирале оваа дрога. Најновата

студија

покажала

дека

марихуаната

предивикува и губиток на памтењето кај лабораториските глувци. Научниците додаваат дека ова сознание би можело да биде од голема помош при истражувањето на канабисот и неговото користење во медицински цели. Одамна е познато дека канабисот предизвикува губење на помнењето бидејќи 164 Истражувањето е спроведено на мажи меѓу 18 и 44 години и е прва ваква студија во светот. Студијата опфатила 369 пациенти со рак на тестис, анкетирани за консумирање канабис. Резултатите биле споредувани со 979 здрави мажи, кои немале рак на тестис. Студијата покажала дека канабисот е поврзан со ракот на тестисот, независно од пушењето цигари, консумирањето алкохол и позитивната фамилијарна историја на болеста (наследниот фактор). Научниците од Британскиот ентар за истражување на ракот изјавиле дека оваа студија е прва студија која го поврзува ракот на тестисот со канабисот, и дека таа вклучила мал број испитаници.

131


има директно влијание врз делот на мозокот кој управува со когнитивните функции, истакнува научното списание „Nature Neuroscience“. Но, дали заборавеноста трае само за време на консумирањето или консумацијата има долготрајни последици? – ова се прашања за кои научниците сè уште расправаат. Тоа што е битно е дека човекот кој консумира марихуана се здобива со сосема друга свест, со летаргичност, односно не го интересираат појавите околу него, со што индиректно прави штета на себе си и на оние со кои живее. За марихуаната и опојните дроги би требало да се посвети посебно поглавје но штетноста на оваа супстанца и нејзините долгорочни последици се видливи во општеството.

Прејадување Божјиот Пратеник ‫ﷺ‬, не предупредувал од опасноста на прејадувањето и подждригнувањето кое настанува како последица од него. Ибн Омер р.а. вели: „Некој подждригнал во друштво на Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬па тој кажа:

„Слушај ти, поштеди не од своето подждригнување, бидејќи 165

оние кои биле најсити на овој свет ќе бидат најгладни на оној.“

Во

„Муснедот“ е забележано дека Пратеникот ‫ ﷺ‬кажал: „Човекот не 165 Тирмизи , Ибн Маџе

132


наполнил полош вршник отколку својот стомак. Поради тоа ќе биде доволно за синовите на Адем (Адам) да си го задоволат својот глад со неколку залаци за да си ја повратат цврстината. Ако мора да јаде за да се најаде тогаш би требало да резервира една третина од желудникот за храна, една третина за вода и една третина за дишење.“ Прејадувањето доведува до тешко варење на храната после што може да дојде до несоница. Научникот Пјер Флошир вели: „Третина од човештвото умира затоа што нема доволно храна и јадење. Втора третина умира поради тоа што премногу јаде.“ Затоа постојат две врсти на болести, тоа е болеста на срцето и физичката болест која е последица на влегување на состојки чие делување ги оштетува природните функции и рамнотежата на телото. Ова е вид општа болест која се јавува кај повеќето луѓе. Ваквата болест најчесто е предизвикана со претерано јадење, консумирање храна пред да заврши варењето на претходната храна, консумирање тешка храна која бавно се вари, јадење храна со слаб состав, јадење и мешање на храна со спротивставени вкусови или посебно подготвени благи работи за ист оброк. Кога телото ќе се навикне на ваков вид исхрана ќе наследи разни видови болести. Поради тоа велиме дека умереноста е патот кон доброто здравје. Полниот стомак го оштетува телото, срцето и душата. Овој случај е уште потежок кога ќе стане навика, бидејќи личноста ќе почувствува депресија, тромост и тегоба и на телото и на душата, и ќе го 166

занемари придржувањето кон темелните верски должности.

166 Медицина на Пратеникот – Ибн Кајим ел Џевзи

133


Дување во храна Од Абдула Ибн Аббас се пренесува дека рекол:„Аллаховиот 167

Пратеник ‫ ﷺ‬забранил да се дише над садот или да се дува во него.“

Ова е честа, секојдневна, навика на многумина, а особено на децата, а знаеме дека Пратеникот ‫ ﷺ‬го забранил ова дело, а тој не говорел ништо без причина. Научен факт вели дека во нашите тела се наоѓа една „пријателска“ бактерија, која за разлика од штетните бактерии, му помага на нашиот организам да се одбрани од одредени болести, и се наоѓа во грлото. Меѓутоа, кога човек ќе почне да дува, оваа бактерија излегува заедно со воздухот од усната шуплина, а кога доаѓа во контакт со жешки површини, се претвора во штетна бактерија што води кон појава на канцерогени ќелии кои предизвикуваат рак. Поради тоа советувани сме да не дуваме во топла храна и пијалаци со цел да ги оладиме.

167 Пренесува Ебу Давуд.

134


Штетноста од пиење крв „Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено и убиено, и што при пад е загинато, и со рог забодено, или од ѕвер начнато, освен ако сте го заклале пред да умре, и што на жртвениците е жртвувано , и ви се забранува гатање со стрелички.168 Тоа е порок! А на тој што ќе биде принуден, кога има глад, без намера да стори грев, Аллах ќе му прости и Милостив ќе биде.“169 Консумирањето крв било обичај на Арапите, а исламот тоа строго го забранил. Во овие Курански ајети се гледа дека е забрането консумирање месо на крепано, удавено и убиено стрмоглавено животно, месото на животно прободено со рог и кое е начнато од ѕвер, бидејќи на овој начин кај убиеното животно, кое е полно со бактерии и е подложно на распаѓање и трулење, месото станува отровно. Тоа се знаело уште во древно време, но во денешно време потполно се истражуваат медицинските аспекти на овие 168 Предисламските Арапи честопати гатале кога тргнувале на пат, во трговијата, кога сакале да се омажат или оженат, или да се впуштат во каква друга битна работа, гатале со посебни стрелки кои се наоѓале во Каба кај свештениците. Куранот забранува секакво гатање и предвидување на иднината. 169 Куран, Ел Маида, 3.

135


забрани кои воочиле дека освен бактериите и вирусите од аспект на ширењето на болестите виновна е една белковина, прион, кој нема свој генетски материјал. Не постои начин како да се открие во заболеното животно бидејќи не поттикнува развој на антитела и поминува неидентифициран. Не може да се уништи ниту на температура од 360 степени, ниту со готвење на 130 степени, ниту пак со зрачење, што значи дека е неуништив. Истиот е причина за појава на разни болести, меѓу кои е болеста позната како кравјо лудило. Најголема вина на сето ова е што оваа болест се раширила затоа што кравите биле хранети со обработена храна од изумрени овци кои подоцна биле давани на луѓето и тоа предизвикало смртност кај голем број луѓе. Преработени пердуви, преработени изумрени животни, преработени отпадоци од лушпи на портокал, бадем, ѓубре од кокошки се давани на крави се со цел да добијат повеќе млеко кое ппак го консумирале луѓето. Доктор Вирџил Хјулс (Virgill Hulse) и Стефан Дилер (Stephen Dealler), кој е професор на универзитетот во Лидс, категорично го тврдат и го објаснуваат тоа во своите научни истражувања. Што се однесува до крвта која е во течна состојба, нејзе здравиот човек ја одбива и се воздржува да ја консумира, а не па да прави вкусна храна од неа. Пред сè самата крв е нечиста и е причинител на разни болести. Крвта многу брзо се меша со валканата материја, односно со вирусите и бактериите кои се наоѓаат во воздухот. Таа после смртта веднаш се распаѓа, откако била присутна во телото во течна состојба кога имала одредени функции корисни за исхраната. Таа е тешка за варење и делува штетно по телесното здравје

136


бидејќи ферментира во органот за варење. Затоа, и верски е забрането јадење на крепаното животно, бидејќи со тоа ќе настане голема штета. Она што се однесува на крвта се однесува и на крепаното животно. Доколку на коњ кој е тежок 700 кг му се вбризга инјекција која содржи само делче од милионитиот дел на крвта на угинато животно истата би му предизвикала раздразнетост (разјареност). Затоа и исламот строго поставил услови за жртвување на животните, т.е истото да биде здраво, без болести за да не им наштети на оние кои ќе го консумираат месото. Роговите се извор на инфекции и кога би се случило едно животно преку роговите да ја пренесе таа инфекција на органите на другото животно, би можело да настане епидемија и појава на заразни болести кои освен на животните би можеле да се пренесат и на луѓето. Затоа е и таа забрана за консумирање храна од животно прободено со рогови. Сепак Пратеникот ‫ ﷺ‬изземал две врсти животни и две врсти крв. Хадисот кој го забележале Ахмед и Ибн Маџе во својот „Суннен“, од Абдулах ибн Омер се пренесува дека Пратеникот ‫ﷺ‬ кажал: „Дозволени ви е месото на два вида угинати животни и две врсти крв, месо на угинат кит и скакулец, и крвта на џигерицата и слезенката.“ Под зборот хут не се мисли само на кит, туку значењето му е пошироко и се мисли на рибата општо и сите морски плодови, а скакулецот бидејќи нема крв истиот не се расипува и не е штетен за јадење. Крвта на џигерицата и на слезенката е единствената дозволена крв бидејќи тие два органа се формирани од крв,

137


значи тоа е згрутчена крв која не е во течна состојба, и во неа не се создаваат штетни бактерии како кај обичната крв, освен ако се остават одредено време незаштитени.

Користа на постот Во поново време сè повеќе се сериозните медицински студии кои ја потврдуваат користа на исламскиот пост за здравјето на луѓето. Имено, бидејќи муслиманите во последно време сè повеќе го уважуваат императивот на првата Куранска објава „икре“ т.е. учи, сè почесто се појавуваат сериозни научни трудови кои ја откриваат користа на рамазанскиот пост за здравјето на луѓето. Бидејќи бенефитите на постот се многубројни често го нарекуваат и „операција без нож“. Научното списание „Annals of Nutrition and Metabolism“ објави неколку научни трудови за влијанието на постот врз здравјето 170

на луѓето. Ќе изнесеме резиме од некои од тие трудови.

Кога

телото не прима храна почнува да ги согорува мастите за да има повеќе енергија. Тоа може да доведе до губење на килограмите. Меѓутоа, ако предолго постите вашето тело ќе почне да ги користи протеините од мускулите како извор на енергија, а тоа не е здраво. 170 www.nhs.uk

138


Доктор Разен Махруф, анестезиолог од Оксфорд, вели дека постои силна врска помеѓу начинот на исхрана и здравјето. „За Рамазанот да не размислуваме како можност да ослабнеме, поради тоа што духовниот аспект повеќе се истакнува од здраствениот“, вели тој. Меѓутоа, Рамазанот е одлична можност да се подобри и состојбата на нашето тело. Промените што се случуваат во телото за време на постот, зависат од траењето на постот. Телото влегува во состојба на пост после осум часа по последниот оброк, кога во цревата се завршува апсорпцијата на хранливите материи од храната. Во нормална состојба главен извор на енергија е гликозата складирана во црниот дроб и мускулите. За време на постот, овие залихи на гликоза први се користат како извор на енергија. Подоцна, кога гликозата ќе се потроши, телото почнува да ги користи мастите како извор на енергија. Мали количини на енергија се произведуваат и во други процеси во црниот дроб. Ако постот трае со денови или недели, телото ќе почне да ги користи протеините, како извор на енергија. Ова е технички опис на она што е инаку познато како гладување. Го вклучува ослободувањето на протеините од мускулите, па од тука луѓето кои гладуваат изгледаат многу слаби. Меѓутоа, за време на месецот Рамазан најверојатно нема да се дојде до фаза на глад бидејќи постот секој ден се прекинува. Бидејќи рамазанскиот пост трае само од изгрејсонце до зајдисонце, напојувањето може да се надомести со ифтарот и 171

сифирот . Така постепено се преминува од користење гликоза 171 Ифтарот и сифирот се две времиња, со ифтарот завршува постот и може да се

139


во користитење на мастите како главни извори на енергија, и се спречува уништувањето на протеините во мускулите. Доктор Махруф вели дека користењето на мастите како извор на енергија помага да се намали телесната тежина, ги заштитува мускулите и го намалува нивото на холестерол. Слабеењето резултира со подобра контрола на дијабетисот и намален крвен притисок. „Доаѓа и до детоксикација, бидејќи сите отрови, кои се наоѓаат во мастите, се разбиваат и се исфрлаат од телото“-, вели Maхруф. По неколкудневен пост се зголемува нивото на одредени хормони во крвта, што нè прави будни и пружа ментално здравје. Урамнотежената исхрана и внесувањето на течности помеѓу двата периоди на пост е многу важна работа. Бубрезите, се многу ефикасни во одржувањето на нивото на водата и на солите во телото, како што се натриумот и калиумот во телото. Сепак, постењето може да го предизвика нивното губење. За да се спречи уништувањето на мускулите, оброците мора да се составени од храна која содржи многу извори на енергија, како што се јаглехидратите и некои масти.

јаде, а со сифирот се прекинува јадењето и започнува постот..

140


Со постот до излекување на ракот Во книгата „Рак, леукемија и други привидно неизлечиви болести, излечиви по природен пат“, австријскиот лекар, 80-годишниот Р. Бројс тврди дека ракот може да се излекува со помош на пост, по пат на внатрешни сили коишто секој организам ги има во себе. Меѓутоа, таа внатрешна сила многу малку ја почитуваме. Од незнаење го занемаруваме она што Создателот на човекот, го ставил во неговото тело. Бројсовиот метод на лекување со пост поаѓа од теоријата дека за време на постот, за да се одржат виталните органи на организмот, телото мора „да го изеде туморот и сè она што не му припаѓа на организмот.“ Оној кому постот не му е непознат, веднаш ја разбира суштината, затоа што за време на постот телото се ослободува од сето она што не му припаѓа, па така во реалноста се разделува она што е болно од здраво, сè додека телото располага со сопствени резерви на сила, и болниот има надеж во уверувањето на постоење божествени сили на лекување во себе. Бројс често потсетува дека туморот е самостоен израсток и дека неговите ќелии можат да исчезнат единствено со пост, затоа што настанале во текот на погрешната исхрана. Од искуство знаеме дека телото при одрекувањето од храна се ослободува од сè што му е туѓо, т.е. од сè она што не му припаѓа на организмот.

141


Не е потребно многу знаење за да се спознае вредноста на исламскиот пост за здравјето на луѓето. За тоа денес пишуваат не само научните списанија и стручните медицински книги, туку и оние кои ни најмалку не се наклонети кон верата. Малку е познато дека и психијатријата му придава големо значање на постот. Под психотерапија се подразбира лекување на душата, психата. Научно кажано, тоа е метода на лекување која се применува кај сите неврози, а во некоји случаеви и кај психозите. Вредни за внимание се резултатите до кои дошол рускиот психијатар др. Ј. Николаев, примариус на една клиника за душевни болести недалеку од Москва. Тој со успех ја применил новата постапка во лекувањето на ментално заболените, терапија којашто се состои од потполн и долготраен пост. Одбивањето храна е чест синдром на акутната шизофренија. Таквите болни досега биле принудно хранети. Меѓутоа, др. Николаев таквата реакција ја разбрал како спонтано одбивање на храната на болниот организам, па дошол до идеа да се обиде да примени методи на тотален пост. За време на постот болните добивале само вода, витамински инјекции и некои минерални соли. Откритието на др. Николаев е важно и од друг аспект. Тоа оди во прилог на една од најновите и најзначајните хипотези за настанувањето на шизофренијата. Според хипотезата, шизофренијата е органска болест од физиолошка природа предизвикана од пореметување во метаболизмот, т.е. хемиски процеси во телото на болниот во текот на кои се создаваат одредени отровни супстанции кои негативно делуваат врз работата на мозокот, всушност како дрога. Постот, според

142


Николаев, му дава на организмот можност да се прочисти од тие супстанции, да воспостави свој метаболитички еквилибриум и да оздрави. Исламскиот пост е човекова потреба. Со постот се лечи телото и душата и тоа без некои посебни трошоци. Постот 172

е најголемиот пријател.

172 “Основните вредности на рамазанскиот пост.“

143


144


Исламската психологија и нејзиното влијание врз здравјето

Плачењето како лек

П

лачењето е една емотивна спрега на индивидуата со својот Господар, и начин како да Му се приближиме. Тоа треба да е искрено; и најдобрата

и најубавата солза е солзата пуштена кон својот Господар во самотија. Ова денес е и научен факт. Бејхеки бележи предание од Ебу Хурејре, радијалаху анху, во кое вели: „Откако е објавен ајетот: „Па зарем да на овој говор да се чудите и се смеете и не плачете“173, и жителите на Сафа плачеа толку што солзите низ образите им се слеваа, по што 173 Куран, Ел-Неџм, 59-60.

145


Пратеникот ‫ ﷺ‬кога го слушал нивниот плач и тој почнувал да плаче со нив, тогаш и ние поради неговиот плач, плачевме.“

Кажал Пратеникот ‫ ﷺ‬дека нема да влезе во оган оној кој ќе заплаче од страв пред Аллах џ.ш. Исто така се пренесува дека Ибн Омер р.а. при учење на поглавјето Ел Мутафифин проучил до ајетот „На ден кога луѓето заради својот Господар ќе се подигнат“,174 па почнал да плаче сè додека не изгубил свест, поради што не ја завршил сурата (едно поглавје од Куранот). Најдобрата солза е солзата во самотија. Тој што ќе заплаче во самотија пред својот Господар ќе биде еден од спасените на Судниот ден. Тој ќе биде во групата на 7-ната во ладовината на 175

Аллаховиот Арш.

Но што вели науката за ова? - Очите произведуваат различни солзи. Постојат три вида: постојани или базални солзи се создаваат за да ја зачуваат влажноста на очите. Со секое трепкање, очните капаци разнесуваат солзи насекаде врз очите. Рефлексните солзи се создаваат како реакција на иритација или поради присуството на туѓо тело. Емоционалните солзи се произведуваат како резултат на различни емоции – тага, болка, среќа, лутина, фрустрација и сл. Научниците го имаат анализирано составот на различните солзи и заклучиле дека емоционалните солзи имаат различен состав од солзите предизвикани поради иритација или лубрикација. Емоционалните солзи содржат ензими, имуноглобини и протеини какви што не се среќаваат во другите видови солзи. 174 Куран, Ел-Мутафифин, 6. 175 т.е. Престол.

146


Постои теорија дека плачењето е начин за ослободување од токсините кои што ги создаваат хормоните на стресот, па поради тоа се смета дека е корисно за здравјето. Откако ќе ги покажат своите емоции преку плачењето, најголем дел од луѓето се чувствуваат порелаксирани. Речиси 90 отсто од „плачковците“ се чувствуваат подобро и се посреќни откако ќе ги пуштат солзите да потечат. По плачењето, дишењето и ритамот на срцето се забавуваат, потењето се намалува и настапува период на релаксација што трае подолго отколку самото плачење. Поради тоа, некои луѓе подобро се сеќаваат на релаксацијата, одошто на самото плачење. Истражувањата покажале дека луѓето што плачат како резултат на стрес, болка или друга силна емоција, генерално се поздрави од оние што не плачат. Општо познато е дека задржувањето на емоциите води до зголемување на нивото на стрес, а тоа може да придонесе за појава на главоболка, депресија, срцеви заболувања и многу други болести. Може да се каже дека плачењето е еден начин на телото да се бори против стресот. Затоа, наредниот пат кога ќе почувствувате дека солзите навираат во вашите очи, не плашете се да ги пуштите да потечат.

147


Спомнувањето на Бог дава мир Според

истражувањата

на

Дејвид

Б.

Ларсон

од

Американскиот национален истражувачки центар за здравје и неговиот тим, споредбата на побожните и нерелигиозните Американци дала многу изненадувачки резултати. На пример, религиозните луѓе доживуваат 60% помалку срцеви заболувања отколку тие со малку верба или оние кои воопшто не веруваат, кога станува збор за самоубиство тогаш процентот се покачува на речиси 100% кај тие што не се религиозни. Религиозните луѓе имаат пониско присуство на висок притисок, а овој однос кај 176

пушачите е 7:1.

Според резултатите на истражувањето, оние кои не веруваат се подложни на двојно поголеми проблеми на внатрешни стомачни болки во однос на верниците, и нивната смртност, кога станува збор за респираторните болести, е за дури 66% поголема отколку онаа кај верниците. Секуларните психолози се стремат кон тоа да докажат дека тоа се однесува на таканаречениот „психолошки ефект”. Тоа значи дека верувањето го подигнува човековиот дух и придонесува за здравјето. Сепак, тоа докажува дека вербата во Семоќниот Бог е многу посилна од кое било друго психолошко влијание. Големиот и широк опсег на истражување во конекцијата помеѓу 176 Ова истражување е публицирано во Интернационалниот весник на психијатрија во медицината, кој е еден важен научен извор во областа на медицината. Заклучокот бил дека луѓето кои се опишуваат себеси како неверници многу побрзо заболуваат и нивниот животен век е многу пократок.

148


религиозното верување и психолошкото здравје спроведени од Др. Херберт Бенсон

177

од Медицинскиот факултет на

Харвард изнесе изненадувачки заклучоци во таа област. И покрај фактот што и тој самиот не е верник, д-р. Бенсон заклучил дека обожавањето и верувањето во Бог имаат поголем позитивен ефект на човековото здравје отколку кој било друг начин и верување. Бенсон изјавил дека ни едно верување не придонесува со толку голем ментален мир како што придонесува верувањето во Семоќниот Бог. Што е причината за ваквата врска помеѓу верувањето, човековата душа и телото? Заклучокот добиен од страна на Бенсон е во неговите зборови дека човечкото тело и ум се регулирани да веруваат во Аллах. Овој факт, кој во светот на медицината полека почнува да се цени, е тајна откриена во Куранот со следните зборови: „Оние кои веруваат со споменувањето на Аллах, ги смируваат срцата свои. А срцата се смируваат, навистина, со споменувањето на Аллах!“178 Аллах е Ес Селам – Давателот на мир, Оној кој што е чист од сите недостатоци и чии особености се далеку од недоследност. Неговите дела се чисти од зло и се извор на секоја мирољубива работа во целата Вселената. Аллаховите божествени дела се ослободени од секакво зло. Аллах е давател на мир, го спасува верникот од тортура и ги пречекува со поздрав на мир во дом кој ќе трае вечно. Слава Му на Аллах, Тој е Давател на мир и на овој 177 Herbert Benson and Mark Stark, Timeless Healing (New York: Simon & Schuster, 1996), 203. 178 Куран, 13:28.

149


и на Оној свет. „...а на Денот кога тие ќе Го сретнат, Тој ќе ги поздрави со: „Мир да е со вас“! И Тој им подготви благородна награда.“179 Причината што оние кои веруваат во Аллах, се молат и Му се покоруваат Нему, и се психички и физички поздрави е поради тоа што тие се однесуваат во склад со нивната причина на создавање. Филозофии и системи кои му се спротивставуваат на човековото создавање и неговата причина за создавање, секогаш водат до болка и несреќа. Модерната медицина моментално се стреми кон реализирање на оваа вистина. Како што рекол Патрик Глин: „Научното истражување во психологијата во изминативе 25 години покажала дека религиозното верување е едно од најцврстите заемни врски на севкупното ментално здравје и 180

среќа.“

Во тоа е скриена големата иманска тајна, а тоа е дека срцето нема да постигне смиреност, спокој и стабилност освен со воспоставувањето на врската со својот Господар. Се што се сака или посакува покрај Аллах џ.ш. е поради нешто надвор од тоа, а само еден се сака и посакува поради самиот себеси. Тоа е љубовта кај Оној кајшто е крајот наш. Не е возможно крајот да биде кај двајца, како што е невозможно настанувањето на суштествата да е иницирано од двајца. Оној чија љубов, желби, 179 Куран; Ел Ахзаб, 44. 180 Glynn, Patrick. God: The Evidence: The Reconciliation of Faith and Reason in a Postsecular World. 1999.

150


сакање и покорност завршат кај некој друг освен Аллах, сето тоа ќе исчезне и пропадне во оној миг кога ќе му биде најпотребно. А оној чија љубов, страв, надеж и цел ќе бидат насочени кон Возвишениот, ќе оствари вечна благодет, сласт, ведрина и среќа. Па онолку колку што робот е предаден и истраен во извршувањето на одредбите на верата, толку заслужува и добива благост при одредбата на судбината. Доколку ги испочитува сите одредби на верата, формално и суштински, тогаш му се дарува благост и сомилост (Ел лутф), формално и суштински. Меѓутоа, ако одредбите на верата ги врши формално и ја запоставува суштината и основата, тогаш е ограничен на формалноста, додека во суштина нејзиното влијание бива занемарливо.

181 Ибн Кајим, Ризница на знаењето.

151

181


Песимистите полесно добиваат срцеви заболувања Убавиот збор кога ќе се чуе разведрува и дава оптимизам (надеж). Мухамед, ‫ﷺ‬, вели: „Ми се допаѓа оптимизмот.“

182

Ет Тијере - песимизмот е пред се' лошо мислење за Аллах, субханеху уе те’ала, и припишување Нему својствени работи на некој друг, поврзување на срцето со нешто што е создадено, што не користи ниту може да наштети. Ел Фе’л - оптимизмот е убавото мислење за Аллах кое не го одвраќа човека од неговите потреби. Ова денеска е докажано и од медицински аспект. Песимистички расположените лица се изложени на поголем ризик да заболат од срцеви проблеми отколку оптимистите. Тоа покажува една студија презентирана на Собранието на Сојузот на лекарите на Шведска. Во исламот, песимизмот се осудува и не му се дава простор. Во секоја ситуација, па дури и во онаа најтрагичната како што е смртта, се бара начин да се прибегне кон позитивен оптимизам. Аналогно на тоа, реалноста ја потврдува исламското законодавство, а тоа е дека победата и припаѓа на верата. Оттаму, не постои место за безнадежност и песимизам. Треба 182 Муттефекун алејхи - се сложува и во хадисите на Муслим и Бухарија.

152


да се работи и секој поединец да даде максимум од себе, а потоа да се потпрат на Оној, кој е Семоќен. Кој вели дека е оптимист, а се повлекува од делата и работата, тој е неспособен, а никако оптимист. Во едно предание се пренесува: „Паметен е оној кој е самокритичен кон својата душа, и прави дела кои ќе му користат по неговата смрт, а незнајко е оној кој ги следи нагоните на неговата душа, и се надева на помошта од Аллах.“ Позитивниот оптимизам го охрабрува човекот да работи и да го отстранува од душата својот очај. Тоа го предводи човекот во работа и труд. Кој во ова истрајува не знае за песимизам. Таквиот и здраствено и психолошки може да ги совлада сите тешкоти.

Оптимизаm Дали сте знаеле дека стрпливоста и позитивниот поглед на животoт се двете најголеми работи кои можат да ве излечат? „Ние ќе ве ставаме на искушение, малку со страв и со глад, и со губење на имотот, животите и посевите ваши. А ти израдувај ги трпеливите, тие кои, кога ќе ги снајде некаква неволја, само велат: „Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме.“183 183 Куран, 2:155-156.

153


Според современата наука благодатта (милоста) доаѓа во облик на подобрена здраствена состојба. Бернард Јансен во својата книга Наука и практикување на иридиологија вели: „Докторите на денешницата препознаваат дека човекова најбитна работилница не е неговото физичко тело туку умот кој го контролира.“ Доктор Тед Мортер го вели истото во својата книга Вашето здравје, во која истакнува дека лошите мисли се производител на киселини во телото (а високото ниво на киселини е причина за голем број болести) бидејќи вашето тело реагира на негативниот ментален и емоционален стрес кој произведува мисли на ист начин како што реагира на „вистински“ опасности од физички закани. Клиничките испитувања

покажуваат

дека

70

%

од

испитаниците,

квазиболните, немале органски основи на своите здравствени жалби. Таа бројка е фасцинантно голема. Кај овие пациенти, иако немало органска основа за нивните болести, предизвикана е од психички основи. Откако Фројд ја популаризира идејата за психоанализа, луѓето често се насочуваат на подрачјето на ментална реалност како би ги решиле одредените проблеми, заборавајќи дека не можеме да ја раздвоиме физичката и менталната реалност. Умот е дел од мозокот, а мозокот е орган. Како и сите органи тој се храни од истиот извор на нутриенти од кои се хранат и останатите телесни органи кои се подложни на истите проблеми. На крај, мозокот е само дел од нашето тело како и сите останати делови, и потполно е зависен од телото. Потребен му е шеќер за да ја произведува енергијата за разлика од другите органи кои ја произведуваат од калиум и од мастите.

154


Поради тоа, мозокот е првиот орган кој реагира на недостиг на шеќер и реагира најостро. Фројд изјавил дека психоанализата не е погодна за лечење на болести како што е шизофренијата, и истакнал дека нејзините причинители се од биохемиска природа. Мозокот користи ист крвоток кој може физички да влијае врз нас. На пример, со едноставна употреба на нашиот мозок за размислување и учење ние согоруваме нутриенти од нашиот систем, особено фосфорот. Тешкото напрегање на мозокот може да предизвика недостиг на фосфор, така што луѓето кои имаат голем капацитет на интелегенција имаат потреба од високо ниво на фосфор. Фосфорот не е единствената хранлива компонента која што може да се потроши при психички стрес и при намалена духовна смиреност. Доколку штитната жлезда, оној орган кој раководи со нашите чувства и комуникација, работи прекувремено може да се појави недостиг од јод. Многу голема мудрост лежи во преданието кое го пренесува Мухамед ‫ﷺ‬: „Не е силен оној кој ги победува луѓето

со својата сила, туку е силен оној кој се контролира себеси при 184

срдост.“

Во прибраноста, во мирот и стрпливоста е клучот

на физичката сила. Стресот од работата, разводот или смртта, може да предизвика губиток на калиум и натриум во телото, предизвикувајќи штитната жлезда да има зголемена потреба од овој минерал. Дури и хипогликемијата (зголеменото ниво на шеќер во крвта) може да биде предизвикана преку возбудување.

184 Пренесува Ебу Хурејре.

155


Пратеникот ‫ ﷺ‬ни препорачал умерен пат во животот. Сепак ние често се впуштаме или изложуваме на интензивни возбудувања преку викање, со претерано гледање телевизија и одење на местата за забава, и често во тие ситуации надбубрежниот кортекс е стимулиран и доаѓа до пораст на шеќерот во крвта. Тоа пак го стимулира панкреасот предизвикувајќи умор или слабост. Смиреноста и здравјето се носат со изговорена благодарност кон Аллах - елхамдуллиллах, особено кога имаме проблем или сме соочени со него. Треба да се обидеме домашното и работното окружување да го одржиме мирно, без стресни ситуации што е можно повеќе. Еден од начините на кој можеме да го намалиме учинокот на стресот е да бидеме свесни за самиот стрес, да се храниме со хранливи производи и додатоци како што е лековити растенија и сл. Доколку човекот 185

чини ибадет

доцна навечер, или учи Куран во Рамазан, мора

да јаде храна богата со фосфор и храна што ќе помогне во одржување на нивото на минерали поради концентрација. Доколку патуваме или обавуваме аџилак, умра тогаш мора да се зголеми внесот на храна богата со калиум, натриум како и витамин Б комплекс поради физичкиот напор и напрегање на мускулите. Во повеќето здраствени проблеми самата превенција е многу посупериорна од пронаоѓањето на лек. Затоа, најдобриот начин за избегнување негативни ставови и емоции кои ја преземаат контролата над нашето тело е практикувањето на мудроста која Семќниот ни ја подарил во 185 Чин на обожување на Семоќниот Бог.

156


Куранот и хадисите. Треба да кажеме елхамдуллиллах (Фала Му на Бог) за тоа што го имаме, иншаАллах (ако даде Бог) за она што имаме намера да го сториме, и субханеллах (Славен нека е Бог) кога ќе видиме нешто возбудливо и прекрасно. Треба да кажеме естагфируллах (Аллаху прости!) кога ќе се изнервираме или ќе станеме слаби, и што е најважно, Аллаху екбер (Аллах е Голем) кога ќе се соочиме со предизвиците на животот. Кога редовно се изговараат овие пет изрази се како мултивитамини за нашето комплетно здравје. Го молам Семоќниот, мене и Вас да нè снабди со позитивен оптимизам кој создава дела кои ќе нè оддалечат од нашето безделие и слабост.

Утринската и ноќната молитва како лек Во книгата „Домашни рецепти и тајни на природното лечење“, напишана на англиски јазик од страна на група автори во 1993 година, се наведува: „Станувањето од постела и движењето низ куќата, како и правењето полесни телесни вежби, како и триењето на рацете и нозете со вода и длабоко вдишување, носат многубројна здравствена корист.“ Секој кој ќе размисли за овие совети, ќе воочи дека тие во потполност се согласуваат со земањето абдест и намазот при станување за ноќна молитва. Веровесникот, ‫ﷺ‬, укажувал со

157


зборови за натприродноста на извршување на ноќниот намаз: „Извршувајте ноќен намаз, бидејќи тоа е карактеристика на добрите луѓе пред вас, убав начин на приближување кон Возвишениот Аллах, тој ги спречува гревовите, причина е за бришење на лоши постапки и отстранува болести од телото.“186 Како ноќниот намаз ги отстранува болестите од телото? Имено, современата наука го потврдила следното: „Станувањето преку ноќ го намалува лачењето на хормонот кортизол, а посебно пред будење од сонот неколку часа, што временски се совпаѓа со периодот пред настапување на зората (последната третина од ноќта). Тоа го спречува ненадејното зголемување на шеќерот во крвта, што е посебна опасност за заболените од дијабетис. Исто така, овој хормон е причина за наглото зголемување на крвниот притисок, кој што води кон мозочен удар и срцеви тегоби, особено кај болните кои веќе ги чуствуваат овие симптоми. Ноќниот намаз (молитва) ја намалува можноста на згустување на крвта во вените на очната мрежница кои настануваат заради бавниот проток на крвта во текот на спиењето. Притоа се намалува можноста за тромбоза на крвта заради малото земање на течности или дехидрација, или дебелина и тешко дишење, што го отежнува враќањето на крвта од главата. Ноќниот и утринскиот намаз носат подобрување кај болните од артритис, без оглед дали станува збот за реума или

186 Сахихул-џами’а, 4079

158


некоја друга слична болест, што настанува како резултат на движењето и триењето со вода при земањето абдест. Таквиот намаз е успешен лек за она што се нарекува 'хронична исцрпеност' бидејќи повод е за изедначување на движењата во вид на помало и поумерено напрегање, што покажало свои резултати при лечењето на оваа болест. Ноќниот и утринскиot намаз го подобрува смалувањето на триглицеридите (еден вид маснотии), кои се таложат во крвта, i човекот го изложуваат на опасност од заболување на крвните садови. Овие маснотии во 32% случаеви се причина за заболување на крвните садови. Ноќниот и утрински намаз ја намалува можноста од смрт, а посебно смртта која може да биде предизвикана од инфакт, мозочен удар, како и некои видови тумори. Истотака, ноќниот намаз ја намалува опасноста од ненадејна смрт која доаѓа како резултат на пореметената работа на срцето. Овој намаз ја активира меморијата на човекот како и разните интелектуални функции на мозокот, бидејќи во ноќниот намаз се учи и размислува за Куранот, се учат дови и се повторува зикр. Ноќниот и утрински намаз е причина да се сочуваме од Алцхајмеровата болест, сенилноста, депресијата и др. Исто така, ноќниот намаз ја смалува и спречува појавата на зуење во ушите што најчесто настанува од непознати причини. Експертите од „Здружението на кардиолози на Јордан“ потврдиле дека секојдневното извршување на утринскиот намаз во неговото одредено време е најдобриот начин за превенција и лечење од болестите на срцето и артеросклероза,

159


како и болеста на миокардот (мускулното ткиво на срцето) и крвните садови кои можат да бидат индиректна причина за срцев удар. Оваа потврда дошла како резултат на современата научна студија околу болестите на срцето и артеросклерозата спроведена од ова здружение. Научните и медицинските истражувања потврдиле дека болеста на миокардот на срцето е една од најопасните болести, како и болеста артеросклероза и затворањето на крвните садови, чија главна причина е долгиот сон ноќе или преку ден. Пратеникот Мухамед ‫ ﷺ‬кажал: „Бериќетот на овој уммет е во раното будење“

187

Резултатите на овие студии го потврдиле горенаведениот хадис кој ни го потврдува сознанието дека еден голем бериќет е човековото здравје. Тие студии покажале дека кога човекот спие долго, се намалуваат отчукувањата на срцето и тие не преминуваат повеќе од педесет во минута. Кога отчукувањата на срцето ќе се намалат, крвта побавно тече низ крвните садови, а тоа води кон таложење на соли и маснотии на ѕидовите од крвните садови, посебно на оние кои ја пренесуваат крвта кон срцето и од срцето. Тогаш настанува срцев удар, или во потполност се затвораат артериите кои ја пренесуваат крвта кон мозокот, што води кон мозочен удар, кој во повеќето случаи е смртоносен. Резутатите од овие студии посебно нагласиле обврзаност кон воздржување од долготраен сон, така што една секвенца од сонот не би требало да трае повеќе од четири часа

187 Бележи Таберани во Евсат(Албани го оценил за веродостоен)

160


– кога треба да се стане и да се спроведе активност во траење од најмалку петнаесет минути, а тоа секојдневно го среќаваме при извршувањето на утринската молитва во првите часови од настапувањето на зората. Намазот најдобро е да се изврши во џамија, односно во џемаат. Оваа студија вели дека муслиманот кој ќе го прекине својот сон и клања утрински намаз во џемаат обезбедува многу добра заштита на своето срце и крвните садови, особено ако се земе предвид дека повеќето луѓе во просек спијат повеќе од осум часа на ден.

Научниот аспект на сеџдата Електромагнетните бранови вршат зрачење преку различни електрични уреди кои секојдневно ги користиме: ТВ приемници, уреди на далечинско управување, мобилни телефони, компјутери и сл. Ние сме од оние кои примаат големи количества на електромагнетни бранови. Со други зборови, ние се полниме со електромагнетни бранови, а тоа не го ни забележуваме! Имаме главоболки! Се чувствуваме неугодно! Мрзеливост во работата и болки во различни делови на телото! Кое е решението на сето ова?

161


Научникот кардиолог, др. Стефан Синатра, извршил испитување од кое заклучил дека најдобар начин за телото да ги отстрани овие штетни електромагнетни бранови кои го повредуваат телото е процесот наречен заземјување. Др. Ибрахим Казим потврдува и додава: „почесто спуштање на челото на земја,со цел земјата да ги апсорбира штетните електромагнетни бранови“.

188

Ова е слично на зграда, каде што секој електричен сигнал (како громот) ќе биде апсорбиран преку земјата. Затоа треба да ги спуштиме нашите чела на земја за да ги отстраниме овие штетни електромагнетни сигнали. Она што ова истражување го прави чудно е тврдењето дека најдобро е главата да ја спуштаме на песок или на земја. Според др Ибрахим Казим, најдобар начин да го спуштиме челото на земја е додека се наоѓаме во положба свртени кон географскиот центар на Земјата. На овој начин подобро и поефикасно ќе ги отстраниме електромагнетните сигнали. Тоа што треба да нè импресионира е самото сознание дека Мекка е географскиот центар на светот и дека Ќаба се наоѓа точно на точката на географскиот центар на Земјата. Според тоа, сеџдата

189

во нашиот намаз е најдобар начин да

се испразниме од електромагнетните сигнали од нашето тело. Исто така, тоа е и најдобар начин да бидеме поблиски со Аллах, 188 Kazim, Ebrahim. Modern day problem of electromagnetic waves: Prostration on the ground the solution? https://eliehouse.wordpress.com/2010/12/17/modern-day-problemof-electromagnetic-waves-prostration-on-the-ground-the-solution. 189 Спуштање глава на земјата со паѓање ничкум на чело и нос.

162


субхане ве теа’ла, Кој го создал овој универзум на така креативен начин. Семоќниот Аллах секогаш бара од нас да правиме работи кои ни помагаат и кои се корисни за нас. Има случаеви кога ние не ја знаеме причината за некој одреден верски пропис, но порано или подоцна ја наоѓаме причината. Во секој случај, мора да веруваме во Семоќниот и мораме да знаеме дека било што да направиме во Божје име, тоа е најдобро за нас! Ние не правиме сеџда да ја отстраниме оваа електромагнетна енергија, туку да бидеме послушни на Семоќниот Аллах. Ние треба да веруваме дека во Неговите наредби секогаш се наоѓа милоста. Но, постои и научен доказ, и важно е на луѓето да им се покаже дека што ѝ да прават верниците, а е препорачано во 190

Куранот и хадисите, е добро за нив!

Влијанието на мирисите врз здравјето на човекот Мухаммед ‫ ﷺ‬кажал: „Меѓу работите од овој свет најдраги ми

се жените и мирисите, а свежината на моето око (радоста на моето срце) е во намазот.“191 190 http://www.nur-islam.com/ 191 Пренесуваат Несаи, Ахмед, Ибн Са’д.

163


Во последно време и научно е докажано тоа што луѓето одамна го знаеле, а тоа е дека мирисите имаат големо влијание на телото и психата на човекот. Така, мирисот на лавандата нè успива, мирисот на лимонот нè буди, мирисот на циметот нè прави креативни, розата нè смирува, а ванилата нè охрабрува. Неверојатно, но вистинито е дека со вдишување на природно ароматично масло можеме да се ослободиме и значително да ги ублажиме негативните емоции, стресот, стравот, лутината, тагата, депресијата, болката, истовремено поттикнувајќи ги позитивните емоции како што се радоста, задоволството и расположението. Професорот Борис Стак и соработниците од болницата во Мајнхајм го анализирале влијанието на мирисите врз емоциите кои се јавуваат во текот на спиењето. Така, оние испитаници кои биле изложени на мирисот на рози по будењето изјавиле дека почувствувале позитивни емоции, додека групата која била изложена на смрдеа од расипани јајца пријавила потполно поинаков ефект. Аромотерапијата е древна метода на примена на етерични масла на различни начини за релаксација, превенција и лекување. Датира од настарите цивилизации. Етеричните масла се добиваат со дестилација, процес кој бил пронајден уште пред 2500 години. Човекот тогаш пронашол како од растенијата да ја земе суштината-душата и мирисот. Процесот на дестилацијата е едноставен. Растенијата (листовите, гранчињата, коренот, смолата) се затвораат во сад под кој се пали оган. Со загревањето на садот се создава пареа која со себе ги зема и активните соединенија и мирисите во

164


цевчиња за ладење. Во нив доаѓа до кондензација и претворање на пареата во смеса од вода и етерични масла кои пливаат на нејзината површина. Така, на едната страна се одвојува водата, а на другата етеричното масло. За добивање на неколку капки етерично масло потребна е голема количина растителен материјал. Старите цивилизации знаеле дека тоа е суштината на растенијата и знаеле да ги ценат тие неколку капки добиено етерично масло. Со оглед на тоа што претставуваат јаки растителни концентрати, тие треба многу внимателно да се применуваат. Не се користат како концентрирани масла, туку се разблажуваат со други неутрални масла како бадемово и други. Во спротивно тие може да доведат до несакани последици како изгореници, алергиски реакции, мачнина, вртоглавица, па дури и труење. Маслата со својата способност можат да ги регенерираат ткивата и да ја зголемат намалената отпорност на организмот. Со помош на аромотераписките методи, етеричните масла брзо продираат во крвотокот, преку кој се разнесуваат до сите делови на телото. Тие ја враќаат хармонијата и поволно делуваат на органите и системите на кои им е пореметена функционалната рамнотежа. Не постои етерично масло кое делува само на една болест или на еден тип на тегоби. Најдобар пример за тоа е маслото од лаванда кое покрај тоа што е антисептик, делува и на намалувањето на заморот и депресијата, го подобрува расположението, а на тој начин делува и на намалувањето на хроничната болка. Со вдишување на ароматичните масла може да се ублажи

165


стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри помнењето и концентрацијата. Иако, обично се потпираме на она што ќе го видиме и слушнеме, мирисите имаат важна улога во нашиот живот. Мирисните екстракти од растенијата (етеричните масла) низ вековите, па и денес, се користат за лековити цели. Така, додека лавандата релаксира и смирува, еукалиптусот го бистри умот и дава енергија.

Влијание на боите врз здравјето на човекот Зборот зеленило е повеќепати спомнат во Куран при опишување на состојбата на жителите на Џенетот и она што ги опкружува: благосостојба и луксуз, среќа и задоволство. На пример Аллах, субханеху ве те’ала, во Куран вели: „Тие ќе бидат потпрени на наслони зелени, прекриени со килими волшебни и прекрасни...“ 193

Др. Ардтчам

192

утврдил дека боите имаат одредено

влијание врз луѓето. За да го докаже ова тврдење извел неколку 192 Куран, Ер-Рахман, 76. 193 Diab, D. A. (2015, dec 15).www.quran-m.com. Retrieved from www.quran-m.com: http://www.quran-m.com.

166


експерименти кои покажуваат како бојата влијае на нашето расположение, на чувството за топлина и студ, среќата или тагата, како и на нашата личност и начинот на кој го гледаме животот. Денес во болниците се обрнува внимание на тоа каква улога играат боите кога е во прашање внатрешноста на човекот, и се бара стручно мислење за тоа која боја би требало да бидат ѕидовите и облеката на персоналот. Експериментите покажаа дека жолтата боја го стимулира нервниот систем. Портокаловата носи сигурност и смирување, сината прави луѓето да чувствуваат студ, за разлика од црвената која прави да чувствуваат топлина. Меѓутоа, се покажа дека бојата на радоста и среќата е зелената боја и тоа ја прави омилена боја за хируршките сали и униформи. Овде ќе споменеме и еден експеримент кој е спроведен во Лондон, на лондонскиот мост наречен „црн фратар“ познат по многубројните самоубиства кои се извршени на него. Откако неговата сива боја е променета во убава зелена боја, бројот на самоубиствата значително се намалил. Познато е и тоа дека зелената боја го олеснува погледот заради малата површина на видливост покрај средните бранови на должина кои се пократки од оној кај црвената и подолги од 194

оној кај сината боја.

194 www.55a.net

167


Претераните емоции предизвикуваат болести Емоциите се неизоставен секојдневен елемент во човечкиот живот. Вообичаените човечки емоции имаат големо влијание и на органите, односно на нивното функционирање и здравје. Радоста е чувство на длабоко задоволство, а се поврзува со срцето. Кога сме многу возбудени, поради голема радост можеме да почувствуваме и некои негативни симптоми како што се вознемиреност, несоница, температура и силно чукање на срцето. Вистинската радост не се доживува на овој свет и затоа верникот кога ќе се израдува на нешто треба да му се заблагодари на Аллах. Гневот е емоција која се поврзува со навреди, фрустрации, нервоза и лутина. Ова расположение се одразува на црниот дроб и жолчката. Гневот ја одзема енергијата и предизвикува главоболка, вртоглавица, а го крева и крвниот притисок. Верникот затоа треба пред да се разгневи да земе длабок здив, своите мисли да ги посвети на Создателот и да каже: Сите сме Божји и кај Него се враќаме. Рекол Пратеникот ‫ﷺ‬: „стрпливоста

е при првиот удар“, затоа вистинскиот верник не смее да дозволи да падне во состојба на непресметливост и да сее немир и страв,

168


и во вакви моменти се познаваат вистинските јунаци кои се стрпливи во најтешките моменти. Немирот е емоција која е последица на претерана загриженост, а може да влијае на белите дробови и цревата. Луѓето поради чувството на немир не можат да ја искористат енергијата која ја поседуваат, страдаат од недостаток на здив, појава на чир и воспалителни процеси во цревата. Немирот на овој свет нема да исчезне освен доколку како верник не сте се обезбедиле со најдобрата зделка, а тоа е да го искористите овој свет во обожување на Создателот, за немирот на Оној свет потполно исчезне. Тагата не ги поттикнува само солзите, туку креира и дисхармонично работење на белите дробови, а ја блокира и циркулацијата. Тагата може да ни ја одземе волјата за живот, да ги оштети белите дробови и да предизвика респираторни болести. Меланхолијата влијае на слезината, а резултира со замор, безволност и слаба концентрација. Некои научни студии покажуваат дека може да влијае и на органите за варење и да предизвика подуеност. Вакво чуство на празнотија верникот може да го промени преку молитва и да бара нови начини и методи кои ќе го исполнат за да успее како верник на Овој свет и ја заслужи ветената награда. Стравот може да го попречи работењето на бубрезите, а познато е дека предизвикува и спонатано испуштање на урина. Екстремниот страв ги „шокира“ бубрезите и меурот. Аллах вели дека стравот од луѓето не е ништо на Овој свет и дека ќе настапи

169


195

час во кој погледот од страв ќе се вкочани,

тоа ќе го чувствува

секој неверник, додека на верниците им е ветено блаженство и 196

радост.

Шокот е состојба на вистинки страв, односно паника. Краткотрајниот шок влијае на срцето, а ако трае подолго ги оштетува бубрезите. Поради тоа, бидете благодарни. Не превртувајте ги очите на сè што ви оди на нерви. На хартија напишете ги работите поради кои треба да сте благодарни, на тој начин ќе се потсетите на добрите работи во вашиот живот. Излезете надвор. Голема соба со висок син таван, свеж воздух и тревен под. Само пет минути шетање надвор има ефикасно влијание на чувството на среќа. Појадувајте. Нема да бидете мрзеливи и полесно ќе се справите со задачите. Редовни оброци. Изедете нешто на секои три до четири часа и обезбедете го своето тело со доволно енергија и држете го својот шеќер под контрола. На телото му се потребни минимум неколку часа одмор за да биде спремно за наредниот ден. Запомнете го тоа и следниот пат порано во кревет. Безбројни студии покажаа како еден едноставен трик, како што е насмеаното лице, ќе ви помогне да се чувствувате посреќно. „Насмевнете се и чувствувајте се подобро“. Мухамед

‫ ﷺ‬рекол: „И насмевката кон својот брат верник е милостина.“197

195 Куран, 74/7. 196 И нив Аллах од стравот на тој Ден ќе ги сочува и блаженство и радост ќе им дари (76/11) 197 Тирмизи, бр.1879.

170


Борба против стресот и лутината Животот е исполнет со стресови и секој од нас е изложен на некој вид стрес. Психичкиот притисок не е лош сам по себе, туку е лош начинот на кој ние се соочуваме со тие притисоци. Луѓето не се подеднакво отпорни на тие притисоци, а некои од нив се прилагодуваат и подготвено се соочуваат со проблемите. Некои од нив чувствуваат аверзија на таа ситуација, а некои се предаваат и се прилагодуваат на новите околности. Тие што се среќаваат со тешки кризи обично имаат болка во пределот на главата и во мускулите на вратот и на грбот. Некои се жалат на дијареја, вртоглавица и слично. Ибн Абас р.а. го запрашале дали на телото повеќе му штети лутината или тагата. Тој кажал: „И двете одат по исти патишта, но смислата им е поинаква. Кога се борите со нешто што е појако од вас тоа ве плаши и ви создава тага. А кога се борите со нешто послабо од вас тоа ви создава лутина.“ И навистина, и двете чувства го креваат адреаналинот во крвта, го заголемуваат крвниот притисок, и се штетни за срцето. Постојат луѓе кои се лутат при тешки и кризни ситуации. Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬лутината ја опишува како жарче кое гори во срцето:„Лутината е жарче кое гори во срцето!“198 Божјиот

Пратеник ‫ ﷺ‬поттикнувал на намалување на лутината: „Кој ќе

ја совлада лутината кога може да возврати, Аллах ќе му го исполни 198 Тирмизи.

171


срцето со сигурност и вера.“ Возвишениот вели: „Kои гневот си го совладуваат и кои на луѓето им простуваат. А Аллах ги сака добродетелите!“199 Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬го опишал лекот за лутина и кажал:

„Ако некој од вас се налути нека седне, а ако лутината и тогаш не го напушти нека легне.“(Ебу Давуд, Ахмед) Ова, психолозите во модерно време го нарекуваат промена на телесната состојба, и веруваат дека таа промена доведува до слабеење на реакцијата и гасење на лутината. Науката утврдила дека нивото на адреалин се намалува кога ќе се седне или легне. Исто така Мухаммед, ‫ ﷺ‬кажал: „Лутината е од шејтанот.

Шејтанот е од оган. Тој се гаси со вода. Па кој ќе се налути нека земе абдест.“ Нема сомнеж дека сите овие методи помагаат, но најсилна од сите методи е вербата во Семоќниот, барање помош само од Него, трпение при тешкотија и стрпливост во проблемите. Пратеникот ‫ ﷺ‬нè предупредил за опасноста

на натрупување на грижите: „Кој има полно грижи ќе му заболи телото.“(Ахмед) Ибн Абас пренесува хадис од Пратеникот ‫ﷺ‬ дека кажал: „Кој постојано ќе чини истикфар (бара прошка) Аллах

ќе му ја отргне секоја грижа, ќе му даде излез од секоја ситуација и ќе го снабди од каде и не се надева.“200

199 Куран; Али Имран, 134. 200 Ибн Сунни Ебу Нуајм.

172


Користа од сонот во борба против стресот Племенитот Куран ни укажува на важноста на сонот кој му дава одмор на телото. Да нема сон, животот на живите суштества не би можел да опстане на Земјата. Дали некогаш сте замислиле што би се случило доколку не спиете? Навистина, тогаш животот би бил многу неудобен, би превладувала тешкотијата и би имале нарушена функција, преморени делови од телото до мерка на уништување, ослабена меморија, би се намалил телесниот имунитет и би се појавиле различни заболувања, човекот би се изморил, телесните клетки брзо би старееле и би изумирале, и на крајот би настапила смрт. Нормално, долгото спиење не е ништо помалку опасно од недоволното спиење. Возвишениот Аллах вели: “…и сонот ваш одмор го направивме”201 а субат (сонот) во јазична терминологија значи одмор. Исто така, Возвишениот кажал во преводот на значењето на другиот ајет: „Тој ноќта ви ја направи покривка, сонот ви го направи одмор, а денот за движење.”202 Значењето на ајетот го потврдиле научниците, т.е дека сонот е одмор за органите на телото и да не е сонот, телото би се заморило, изнемоштило и би оболело. И ден денес научниците 201 Куран; Небе, 9. 202 Куран; Фуркан, 47.

173


недвоумејќи се по прашањето за појавата на сонот сè уште не нашле соодветно појаснување. Ова е чудо на кое Куранот ни укажал во превод на значењето на Куранските стихови: „И еден од доказите Негови е вашиот сон и ноќе и дење, и вашето настојување да стекнете нешто од изобилството Негово; во тоа навистина има знаци за луѓето кои слушаат.”203 Постои изрека која вели дека не е паметно да легнете в кревет налутени, бидејќи лутината уште повеќе ќе се наталожи. Дека во тоа има вистина покажала студијата во која учествувале 100 испитаници. На учесниците им биле прикажувани ситуации кои предизвикуваат различни чувства – негативни, позитивни и неутрални, а потоа им ја мереле мозочната активност во текот на РЕМ фазата на сонот. Се утврдило дека кај испитаниците кои останале будни одредено време по гледањето на вознамирувачките сцени, повторното гледање на истите ситуации наредното утро не предизвикало иста реакција, туку таа била ублажена. Од друга страна, испитаниците кои веднаш по гледањето на вознемирувачките сцени оделе на спиење, наредното утро имале еднакво силна реакција на тие сцени. Изгледа дека токму сонот ја одржува емоционалната реакција таква каква што е до наредното утро. Авторите на студијата истакнале дека многу луѓе по потресните случки имаат проблеми со спиењето, па затоа заклучиле дека тоа е еден од заштитините механизми на мозокот со кој несоницата, вусшност, се обидува да го спречи поттикнувањето на тие емоции во меморијата. Најголема преоптовареност доаѓа од штетната лутина наречена 203 Куран; Рум, 23.

174


завист. Во едно прадание се вели: „Јас не правам ништо повеќе од она што го виде млад човеку, но никогаш не сум заспал со омраза кон еден верник.“204 Верникот треба да има широки хоризонти и суптилни чувства така што работите треба да ги гледа од општ интерес, а не низ призмата на сопствените задоволства и сопственото его. Тоа е болест која не дава мир. Друг предлог за подобро заспивање е да се легне на правилен начин. Да се лежи може на грб, на стомак и на левата или десната страна. Која од овие положби е најдобра за функцинирањето на организмот? Др. Атар вели дека човекот кој лежи на стомак за кратко време ќе почне забрзано да дише, бидејќи тежината е на кичмата, и потпирајќи се врз градите ќе го отежне движењето на градите, а така и нивното опуштање при вдишувањето и издишувањето. Освен тоа, ваквата положба при лежење има последица свиткување на вратните пршлени.

Треба да се

напомене и попречувањето на дишење на мозокот и замор на срцето. Австралиски истражувач забележал дека веројатноста од ненадејна смрт кај новороденчињата е поголема кога бремената жена спие на стомак, отколку кога спие на страна. Неспорно е дека овие модерни студии се сложуваат со она што Ебу Хурејре, р.а., го пренесува од Пратеникот ‫ ﷺ‬дека рекол:

„Пратеникот видел некој човек како лежи на стомак и рекол: Аллах и Неговиот Пратеник не го сакаат ваквиот начин на лежење.“205 Мухамед ‫ ﷺ‬во еден хадис ни препорачува кус попладневен 204 Пренесува Ел Безар. 205 Пренесува Тирмизи.

175


одмор во форма на сон наречен кајлула: „Практикувајте кратко попладневно спиење, бидејќи шејтаните не го практикуваат тоа!“206 Изреката „се во свое време“ е навистина втемелена, барем кога станува збор за дневните обврски и начинот на кој функционира човечкиот организам. Нашиот метаболизам го следи дневниот ритам на обврски, затоа не го занемарувајте. Попладневната дремка за една третина ја намалува смртноста од срцеви заболувања, бидејќи се прилагодувате на растењето на нивото на хормонот на сонот - мелатонин. Доволни се само 20 минути за да се освежите и да добиете елан за да го продолжите денот. Истражувањата покажале дека попладневната дремка ја враќа енергијата и го подобрува помнењето. Ако имате шанса, на кратко затворете ги очите, но само на 30 минути, бидејќи во спротивно, ќе се разбудите без енергија. Попладневната дремка е многу здрава за организмот.

Спортската рекреација - ефикасен лек Владетелот Омер р.а., им наредил на своите потчинети: „Научете ги вашите деца да пливаат, да ракуваат со лак и стрела и да јаваат коњи“. Во тоа време тоа биле познати спортови, но

206 Пренесува ет-Таберани.

176


можеме да заклучиме дека практикувањето разни спортови е многу пожелно, меѓу кои и спортското натпреварување Исламот наложува верниците да бидат силни и со дух и со тело, и ментално, интелектуално и морално. Со силно тело полесно е да се извршат и религиозни и животни задачи, полесно се врши молитвата, физички напорниот обред аџилак, а и полесно се обезбедуваат услови за живот. Покрај тоа, исламот забранува сè што ќе го ослабне нашето тело и ќе го загрози нашето здравје, дури и ако се работи за спорт. Пример на ова е забраната за боксот поради удирањето во пределот на лицето, физички напорните спортови како подигањето тегови треба да се избегнуваат, и опасните спортови кои можат да доведат до повредување и фатални последици по животот и здравјето. Спортот пред сè се препорачува како рекреативно пожелна активност за да ја одржуваме нашата кондиција и виткост. Спортско рекреативните програми постигнуваат повеќе позитивни ефекти врз телото на современиот човек. Ефектите од рекреативните спортски активности во суштина може да се манифестираат на два начина: - превенција, заштита и подигање на општото ниво: здравјето,

физичките,

функционалните

и

работните

способности, ефикасен одмор, опоравување, релаксација, забава и рекреација; -целни

влијанија:

превенција

или

ублажување

на

акутен замор, одмор, опоравување, превенција, ублажување или отстранување на хроничен замор; оптимизација на телесната тежина - превенција и третман на дебелината;

177


оптимизација, локомоторен систем - спречување, ублажување или елиминирање на напнатоста, оптимизација на кардиоваскуларниот систем - зајакнување на срцевиот мускул, зголемување на еластичноста на крвните садови, антистрес програми - спречување, ублажување или отстранување на невроемоционалната напнатост: општо подобрување на сопствените чувства, намалување на анксиозноста и депресивните состојби, за намалување на чувствителноста на нервниот систем на стрес, релаксирање, опуштање. Спортските и рекреациските програми постигнуваат значајни ефекти врз општиот механизам на адаптација, што е особено се отсликува во: - Подобрување на функцијата на централниот нервен систем и нервната регулатива и функцијата на органите и системите во телото во целина; -

Зголемување

на

функционалниот

капацитет

и

стабилноста на ендокриниот систем; - Зголемување на енергетскиот потенцијал на организмот; - Проширување на опсегот на транспорт на кислород; - Интензивирање на употреба на масти како извор на енергија и намалување на вкупниот износ на масти во телото. Тоа што треба да се напомене е дека спортот како рекреација е подобар за нашето здравје од професионалното занимавање со одреден спорт. Професионалниот ангажман бара повеќе време, енергија и напор што може негативно да влијае врз телото, додека повредите кои настануваат можe да бидат со трајни и несакани последици.

178


Социолошки појави и лечење

П

ратеникот Мухамед ‫ ﷺ‬рекол: „Држете се за

заедницата, затоа што волкот ја јаде овцата која е одвоена од стадото.“207

Осаменоста ја потиштува личноста и го отвора патот

за многу лоши навики, како што се нездравата исхрана и недостатокот на физичка активност, а со тоа доведува и до уште поголема осаменост и изолација, што на крајот води до сериозни здравствени проблеми како што е значителното слабеење на имунолошкиот систем. Исто така, може да доведе до стеснување на крвните садови, што предизвикува висок крвен притисок, разни воспаленија, па дури и влијае на способноста за помнење

207 Пренесува Ебу Давуд, Ен-Несаи, Ибн Хузејме и др.

179


и учење. Осаменоста предизвикува зголемено лачење на хормонот на стрес - кортизол и опасно го зголемува крвниот притисок, со што ги зголемува шансите за срцев и мозочен удар. Социјалната изолација ја нарушува циркулацијата и го оптоварува срцето, а влијае и на квалитетот на спиење. Научниците кои го истражувале влијанието на осаменоста врз здравствената состојба укажале на потребата за што е можно порано препознавање на симптомите, за да се избегне влегувањето во тој маѓепсан круг. Осамените луѓе ги проценуваат своите способности за социјализација и интеракција како понегативни отколку што всушност се, што доведува до понатамошна изолација. На секој човек му е потребно малку време само за себе, но ако сте осамени подолго од 6 месеци (што се смета за период на прилагодување ако сте го промениле местото на живеење, сте изгубиле сакана личност, сте ја променила работата, итн.) треба веднаш да го промените начинот на однесување и своите ставови. Мора да работите на создавање позитивен поглед на светот околу себе и да ги зголемите социјалните и физички активности, да одите на аеробик, да спортувате, да посетувате различни курсеви, а и една прошетка во паркот може да ве расположи.

180


Милостината го лекува стресот „Ниту еден од вас нема да биде вистински верник се додека не го сака за својот брат она што го сака за себе.“208 Пратеникот ‫ﷺ‬ порачува: помагање на другите и исполнување на нивните потреби. Постојат многу хадиси кои ги кажал Пратеникот на милоста, кои укажуваат на важноста на соработката, помошта кон другите и задоволувањето на нивните потреби. Благородниот Пратеник ‫ ﷺ‬смета дека верата е непотполна сè додека некој не почне да го посакува за својот брат она што го сака за самиот себе! Тој ‫ ﷺ‬цени дека не му е потполна верата на оној што спие, а знае дека неговиот комшија гладува, но и верувањето на оној кој примил гостин, а не му укажал почест истотака е непотполно. Кој ќе му помогне на својот брат во неволја, Аллах ќе му помогне нему во неговата неволја. Кој отстрани проблем на еден верник, Аллах ќе му отстрани еден од неговите проблеми на Судниот ден. И кој прикрие (срам на) еден верник, Аллах ќе ги прикрие неговите на Судниот ден. Врз основа на овие упатства, го забележувате значењето на Пратениковата ‫ ﷺ‬грижа за помагање на другите и добронамерната љубов кон нив, без оглед каква работа и работеле да се отстрани проблемот на еден 208 Бухари, бр.12 и Муслим, бр.64.

181


муслиман во овој свет, да се покријат неговите недостатоци или се исполни неговата потреба. Благородниот Пратеник ‫ ﷺ‬рекол:

„Кој верува во Аллах и Судниот ден нека не му нанесува штета на својот сосед, кој верува во Аллах и Судниот ден нека му укаже почест на својот гостин, и кој верува во Аллах и Судниот ден нека го зборува она 209

што е добро или нека молчи.“

Да се биде дарежлив кон гостинот

е практика која ја сака Семоќниот Бог, и Неговиот Пратеник ‫ﷺ‬ и Тој за тоа дава голема награда. Исламот не само што наредува помагање на другите, туку бара да се престане и да се избегнува навредување и правење штета на другите. Експертите во психологијата потврдуваат дека пружањето помош на другите води до намалување на стресот, односно поттикнува излачување на ендорфин, хормон кој го помага чувството на психолошка леснотија и возбуда. Алан Лекс, поранешен директор

на Health Promotion Institute во САД,

потврдил дека помагањето на другите помага во намалувањето на интензитетот на стресот, односно преку помагањето се намалува преокупацијата со сопствените грижи и проблеми, и на тој начин лицето чувствува психолошка пријатност, утеха. Откако научивме дека исламот води грижа за социјалните аспекти, одржува сигурност на општеството, кохезија и ширење љубов, наклонетост, симпатии и сочуство меѓу верниците, би запрашале: дали постои научна натприродност или медицинска и психолошка корист во ова добро дело? Овде имаме можност да ја разбереме важноста на зборовите на Семоќниот: „И храна даваа – иако и самите ја посакуваа – на 209 Бухари, бр.5559 и Муслим, бр.67.

182


сиромавиот, сиракот и погодениот. Ние само заради Аллаховата љубов ве храниме, од вас ни признание ни благодарност не бараме!“210

Вистинската зрелост е по четириесетата година „Човекот го задолживме на родителите свои добро да им прави; мајката негова со мака го носи и со мака го раѓа! А неговото носење и доење е триесет месеци. Па кога ќе ја достигне зрелоста своја и кога ќе наполни четириесет години… ”211 Психолошките тестови покажаа дека вкупната количина на депонирано знаење расте во првите 39 години живот, и во 40-тата година од животот го достигнува врвот. Но, далеку пред овие психолошки тестови, Куранот веќе го потврдил тој факт. Интересно е да се знае дека и Божјата објава на Мухамед ‫ﷺ‬ започнала во неговата четириесетта година и траела наредните 23 години. При разгледување на овој ајет (божествен стих) од Куранот треба да се има предвид фактот дека Куранот е објавен 210 Куран; Ед-Дехр, 8-9. 211 Куран, 46/15.

183


во време кога сите народи имале малку од научното знаење и немале опрема со која би можеле научно да ја потврдат содржината во горните ајети. По четириесеттата година човекот постепено почнува да слабее, исто како што и постепено зајакнувал. Возвишениот рекол:„Аллах е Оној кој вас слаби ве создал, а после слабоста, снага Тој ви дава, а после снагата изнемоштеност следи; Тој создава што ќе посака; Тој се знае и се може.“212 Човековата сила се наоѓа помеѓу две слабости, а животот помеѓу две состојби на смртност. Прво ќе биде создадено семето, потоа станува ембрион, потоа парче месо, потоа дете во утробата на мајката, и најпосле кога ќе излезе од утробата се нарекува „садиг“, слаб. Додека се дои се нарекува „реди“, доенче, кога ќе престане да пие млеко се нарекува „фатим“, оној кој веќе се храни, а кога ќе почне да оди се нарекува „дариџ.“ Кога ќе достигне висина од пет лакти се вика „хумаси“ кога ќе му паднат млечните заби се нарекува „месгур“, кога повторно ќе му пораснат тогаш „мусегар“, кога ќе достигне седум или близу седум години, тогаш се нарекува „мумеџиз“ (оној кој веќе ги разликува поимите). Кога ќе наврши десет години се нарекува „мутерари“. Кога ќе се приближи полнолетството се нарекува „балиг“. Кога физички е во полн стас се нарекува „хаззевер“, поодраснато момче. Заедничкото име на сето ова е „гулам“ сè додека не почнат да му растат бркови. Кога ќе почнат да му растат бркови и зулуфи се нарекува „бакил“, бидејќи неговото лице е веќе исполнето со влакна. Додека брадата 212 Куран, Ер-Рум, 54.

184


целосно не израсне се нарекува „фетта“, младо момче. „Шааб“ е веќе израснато момче и тоа значење го има сè до четириесеттата година. Потоа станува „кехл“ кога влегува во зрело доба сè до шеесеттите години. Кога главата и брадата премногу ќе му обелат, се нарекува „мутекавис“. Кога снагата ќе почне да му се намалува, тогаш се вика „херим“, изнемоштен. Кога состојбата ќе почне да му се променува и ќе му се појави слабост, тогаш ќе биде вратен во најзрелиот живот, „ерзелул умири“, кога смртта му е поблиска од раката до устата.

Обрежувањето како превенција Се пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека Пратеникот кажал: „Пет работи Аллах посебно му одредил на човекот: обрежување, отстранување на влакната од срамните делови

на телото,

кратењето на брковите, кратењето на ноктите и отстранувањето на влакната под пазувите.“

213

Познато е дека и самиот Исус бил обрежан на 8. ден, како што нè запознава и Новиот Завет. Обединетите нации (ОН) го поддржаа обрежувањето кај машките како метод со кој ќе се спречи ширењето на 213 Бухари и Муслим

185


инфекцијата ХИВ помеѓу хетеросексуалците, истакнувајќи дека таа постапка би требало да се направи достапна за машките лица во африканските земји. Светската здравствена организација и Агенцијата за борба против СИДА-та при ОН, ги поддржаа неодамнешните истражувања, според кои отстранувањето на кожата од врвот на машкиот полов орган може за половина да го намали ризикот од заразување со вирусот ХИВ при сексуален однос со инфицирани жени. Тие препорачуваат земјите со висока стапка на заразени хетеросексуалци да го направат овој зафат достапен за сите кои се заинтересирани, при што, предност би требало да имаат помладите, сексуално поактивни мажи, но, истовремено и да ја поттикнуваат употребата на кондомите и редовното тестирање. „Овие препораки се голем чекор напред кон превенција од заразувањето со ХИВ“, рече Кевин де Кок, директор на 214

програмата за СИДА при Светската здравствена организација.

Од 40 милиони луѓе заразени со ХИВ во светот, 25 милиони живеат во Африка, каде што вирусот се шири најчесто преку сексуални односи меѓу хетеросексуални партнери. Светската здравствена организација и Агенцијата за борба против СИДАта , тврдат дека со обрежувањето би можело во наредните 20 години да се сопре заразувањето на 5,7 милиони машки лица од ова подрачје и да се спаси животот на најмалку три милиони луѓе. Во светот, 30% од машката популација се обрежани. Меѓу евреите и муслиманите таа постапка се изведува од религиозни причини, додека во други заедници поради хигиена, и тоа 214 http://www.wipo.int/

186


најчесто се прави во првите месеци од животот. Светската здравствена организација понатаму истакнува дека треба да се внимава кога на луѓето им се објаснува за заштитното дејство на обрежувањето, при што треба јасно да им се назначи и на мажите и на жените дека обрежувањето дава само делумна заштита.

Користа од мајчиното млеко и доењето 215

Мајчиното млеко е нужно во првата година.

Аллах вели:

„Мајките нека ги дојат децата свои полни две години, доколку сакаат доењето да биде потполно.“216 Доброто здравје и правилниот развој на бебето зависат од квалитетната и правилна исхрана. Мајчиното млеко, кое е идеално за прехранбените потреби на бебето, ја обезбедува

215 Доењето помага во болката кај бебињата. Истражувачите од „Маунт Синај“ од Торонто сметаат дека доењето помага мноу во ублажувањето на болката која настанува кај новороденчињата. Имено, истражувањето е спроведоно на над 1000 бебиња на кои им бил земен примерок на крв со игла по што било покажано како делува доењето врз смирувањето на болката. Испитувани биле отчукувањата на срцето и брзината на дишењето како и траењето на плачот по боцкањето со игла. Можно е дека на смирувањето влијае вкусот на млекото, како и лачењето на ендорфин, хемикалија која е природно сретство против болка.(www.plivazdravje. hr) 216 Куран, Ел Бекаре, 233.

187


потребната енергија за неговата возраст, а содржи и 217

имунолошки компоненти со кои го заштитува од болести

и

алергии. Ако бебето од различни причини не добива доволно млеко или воопшто не може да се дои, треба да се дохранува или да се храни со адаптирано млеко, за што е неопходна консултација со педијатар. Најлош избор на храна на доенче е кравјото млеко. Тоа во споредба со мајчиното млеко значително се разликува по составот на протеини, масти и јаглехидрати и може да предизвика сериозни проблеми - не се препорачува во првата година. Кај деца што имаат проблеми со системот за варење се јавува осетливост на протеините од кравјото млеко, кои предизвикуваат различни алергиски реакции, па единствено решение е храна што не содржи протеини од кравјо млеко, како млекото на база на протеини од соја. Во вториот месец бебето полека го воспоставува својот ритам на оброци, кој е помал отколку во првиот месец. Во третиот месец бебето има воспоставено правилен ритам на доење. Од четвртиот до шестиот месец доенчето обично сака поголемо количество млеко. По четвртиот месец тоа може да почне да пие сокови, кашички од зеленчук и овошје за полека да се навикнува на друга храна. Тоа е период кога бебето треба да јаде полуцврста храна за да учи да голта, а подоцна и да џвака храна. Од 4 до 8 месеци бебето не смее да јаде храна со 217 Доењето го намалува ризикот од болести на срцето. До ова дошле британските научници од институтот Child Health во кое што учествувале над 200 тинејџери. Истото важи и за некои други болести како што е болестите на дишните органи, мозочен удар, висок крвен притисок, дијабетис и др.(www. vasezdravlje.com оп.прев.)

188


сол за да не ги оштети бубрезите. Во овој период треба да му се даваат само природни овошни сокови, кои содржат само природен шеќер фруктоза. На тој начин се избегнува создавање наклоност за слатка храна. Кај бебињата со склоност кон алергија храната што дополнително ќе почне да се дава треба да биде хипоалергенска (со многу мал потенцијал да предизвика алергиска реакција). Интензивниот раст налага промена во исхраната. Од шестиот до осмиот месец организмот на бебето е подготвен за кашички од телешко и пилешко месо, кои се одличен извор на белковини и железо. Храната што се внесува дополнително со млечните оброци треба да е добро пасирана. Од осмиот месец бебето може да почне да учи да пие од чаша. Во овој период бебињата ги имаат првите запчиња и храната што ја јадат како дополнување на млечните оброци не мора да биде најситно пасирана. Овде би ја спомнале и забраната за стапување во брак помеѓу личности кои се во таканаречено сродство по млеко. Ова се однесува на личности кои доеле од иста жена доилка. Ова е дискутирано и укажана е штетноста на таквиот чин во 1985 година на Светскиот меѓународен конгрес за возвишеноста на Куранот, а се однесува на следниот цитат: „Ви се забрануваат: мајките ваши, и ќерките ваши, и сестрите ваши, и сестрите на татковците ваши, и сестрите на мајките ваши, и ќерките од браќата ваши и од сестрите ваши, и 218

помајките ваши што ве доеле, и сестрите ваши по млеко, “...“

Мајчиното млеко во себе содржи клетки кои носат 218 Куран; Ен Ниса, 23.

189


генетски карактеристики и од мајката и од таткото. Тоа значи дека со мајчиното млеко во доенчето се внесуваат особини од таткото и мајката, со што ни се појаснува шеријатската забрана за стапување во брак на браќа и сестри по млеко поради тоа што имаат исти генетски особини иако во основа не се во никаква крвна врска.

Бракот како заштита на здравјето на човекот Брачната заедница е константна практика на Аллаховиот Пратеник ‫ ﷺ‬во која се остварува практична корист за сопружниците; се чуваат од блуд, создаваат семејство и наследници продолжувајќи го човековиот род, и на таков начин учествуваат во природниот процес кој трае сè до Судниот Ден. Во исламот нема предбрачни, физички, интимни, сексуални односи. Тоа е строго забрането. Возвишениот Аллах вели: „И не приближувајте му се на блудот“.219 Во исламското општество кое се придржувало до исламската практика, прељубата и проституцијата биле всушност непозната појава. Меѓутоа, треба 220

да се нагласи дека во исламот , не постои аскетизам поради 219 Куран; Ел-Исра, 32. 220 Ислам - име на единствената вера признаена кај Бог. Ислам значи покорност, послушност, мирољубивост, смиреност и мир (Заб. на ред.).

190


221

ибадет , или потполно откажување од сексуалните страсти. Таквите чувства смеат да се манифестираат и искажуваат само во валидна и легална брачна заедница. Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬ ги прекорил асхабите кои сакале да ја потиснат својата природа, во која ги создал Аллах; откажувајќи се од јадење, спиење, сексуален однос. Кога тие рекле дека ќе се откажат од тоа во корист на деноноќен ибадет, тој ги прекорил и им рекол: „Јас клањам и спијам, постам и јадам, се женам и не се откажувам од жени, а кој ќе се откаже од мојот суннет222, и јас се откажувам од него.“ Советот на Пратеникот ‫ ﷺ‬кон исламската младина бил

следниот: „Младино! Кој може да ги поднесе брачните обврски нека се ожени, тоа е подобро за чување од недозволениот поглед и од недозволениот сексуален однос. Кој не може да го сноси товарот (бремето) и обврската на бракот, нека пости, бидејќи во тоа ќе има заштита.“ Неверството во љубовните врски, кое стана своевиден тренд во модерниот стил на живот, носи големи тешкотии, и тоа не само во поглед на загрозувањето на брачната идила, туку го зголемува и ризикот од срцеви заболувања. Зголемениот ризик е поврзан со стрес, грижа на совест, криење на докази и депресија кај оние кои ги изневеруваат своите партнери. 221 Ибадет – обожување, робување, тотална покорност и посветеност на Создателот. Во овој случај се мисли на терминот богоугодни дела, дела од голема побожност со кои Бог е задоволен (Заб. на ред.). 222 Сунет – традицијата на Божјиот Пратеник Мухамед, неговите зборови и дела собрани како еден основен дел од исламскиот верозакон. На нашите простори зборот сунет се користи наместо зборот обрежување, што секако претставува грешка која треба секој од нас да ја поправи (Заб. на ред.).

191


Иако редовниот љубовен живот меѓу сопружниците е многу добар за срцето, истражувањето на универзитетот во Фиренца открило дека тоа не важи за оженетите мажи и за мажените жени кои изневеруваат. Уште полошо, кај нив ризикот од инфаркт е мошне поголем, бидејќи тие се соочуваат со стресни состојби.

Забранет однос за време на месечниот циклус „И те прашуваат за месечниот циклус. Кажи: „Тоа е непријатност.“ Затоа немојте да имате интимни односи со сопругите за време на нивниот месечен циклус, и не приоѓајте им сè додека не се искапат! А кога ќе се искапат, приоѓајте им така како што Аллах ви наредил!...“223 И медицината им забранува на докторите да вршат прегледи за време на менструалниот циклус на жената. Од што произлегува тоа? Една француска лекарка забележала дека воспаленијата на гениталните органи кај христијаните е далеку поголемо отколку кај евреите. Таа истото го проучувала во Тората и во Евангелијата и забележала дека причината за зголеменото заболување кај христијаните е поради тоа што евреите не им приоѓаат на своите сопруги за време на месечниот циклус, 223 Куран; Ел Бекаре, 222.

192


додека христијаните не внимаваат на тоа поради што повеќе заболуваат од евреите. Менструалниот исцедок се состои воглавно од крв. Таа се разликува од обичната крв со тоа што има повеќе калциум и не се згрутчува, а може да содржи и микроорганизми. Треба да се има предвид дека пред да го напушти телото, содржината на менструацијата е предвидена како содржина и храна за фетусот кој не е зачнат. Менструацијата е позитивен симбол на женската способност за раѓање дете. Но како што содржи одредени хранливи состојки кои можат да поддржат живот, исто така може да се развијат и патогени микроорганизми. Некои состојки иако не се штетни имаат многу непријатен мирис. Интимниот однос за време на менструацијата претставува огромен ризик. Со преносот на некои телесни лачења можат да се изменат и некои опасни бактерии и вируси, и како резултат на тоа можат да се создадат болести како ХИВ и хепатитис. Тие болести можат лесно да се пренесат доколку дојдат во контакт 224

со отворена рана.

224 www.medicina.hr

193


Последиците од блудот по здравјето на луѓето Исламот забранува блуд и проституција, а потикнува брак и брачен живот. Блудот носи со себе опасни здравствени последици како и ширење на неморалот во едно општество. Блудот е особеност на некои животни и изопаченост кај некои луѓе, кои освен што го лажат и изневеруваат својот брачен партнер, можат да го заразат со разни болести и нивниот неморален живот да биде причина неговите деца и генерациите после него да страдаат од разни болести. Аллах вели: „И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа!“225 Современата наука открила ужасни болести кои се причина од развратот и блудот како што се сифилисот, гонореата или триперот, сврбежот. Сифилисот доведува до импотенција, затнување на крвните садови и стенокардија, што доведува до опаѓање на косата и спонтан абортус кај жената, а кај фетусот може да доведе до аномалии и генетска атрофија. Триперот доведува до стерилност и до воспаление на гениталните органи, ревматизам кај младите итн. Меѓу другите 225 Куран; Ел Исра, 32.

194


болести кои се проучувани се сидата (АИДС) и болеста на ослабен имунитет, кои се основа на проституцијата, но и на хомосексуализмот. Пратеникот ‫ ﷺ‬рекол: „...Во ниеден народ не се има појавено

неморал кој јавно се прави, а да не се имаат раширено болести кои порано не им биле познати на нивните предци; ниту пак неправилно мереле на вага, а земјата да не им станала неплодна, нивните залихи потрошени и да не потпаднале под власт на неправеден владател; ниту пак забранувале зекат, а благосостојбата од небото да не била 226

ускратена, а да не е животинскиот свет, ни дожд не би им паднал;

Сидата е навистина страшна и ужасна болест од која само во Африка дневно умираат најмалку 6000 луѓе. Болеста е откриена во 1980-те години и се раширила на сите континенти. Сè уште не е откриен ефективен лек ниту превентивна вакцина против оваа болест. Ибн Ебу Дунја пренесува предание од Пратеникот ‫ﷺ‬:

„После ширкот нема поголем грев кај Аллах од тоа да човек го остави своето семе во материца која не му е халал.

226 Ибн Маџе , Беззар и Бејхеки бележат предание од Ибн Омер, Ет тергибу вет Терхиб, стр.109

195


Штетноста на хомосексуализмот За половите аномалии како што е хомосексуализмот, инцестот и слично, во Куранот на многу места се спомнува штетноста и забраната на истото како крајно деструктивно по природата на човекот и на општеството воопшто. Во тие кажувања се спомнува и казната која е спуштена по тој повод. 227

Тоа е поврзано за кажувањето за Лут (Лот) а.с. 228

Ибрахим (Аврам) а.с.

кој бил внук на

и бил верник и следбеник на Ибрахим

а.с. Кога Ибрахим го напуштил својот дом во Калдеа и отишол во Сирија и Палестина, Лут а.с. тргнал со него во доброволно прогонство. Лутовиот народ, кој бил потонат во неморал, му се исмејувал на Лут кој ги предупредувал: „...имате односи со мажи, на патиштата пресретнувате и на собирите свои најодвратни работи правите“, одговорот на неговиот народ беше: „Направи Аллаховата казна да нè стигне, ако вистината ја говориш!“229 Куранот изнесува приказна како Бог ги уништил жителите на тие градови, освен Лут ‫ ﷺ‬и верниците што го следеле:

„А на жителите од овој град ќе спуштиме страшна казна

од небото, поради тоа што се развратници. 227 Старозаветниот пратеник Лот. 228 Старозаветниот пророк Авраам. 229 Куран; Ел Анкебут, 29.

196


Казната била сулфурен дожд кој во потполност ги прекрил нивните градови со можни земјотреси или вулкански ерупции. Исто така има предание кое кажува дека ангелот Џибрил (Гаврил) а.с. го подигнал тоа место со едно свое крило до небото и потоа го срамнил со земја. Во Библијата постои тоа место под назив Содома и Гомора. Всушност, библиската приказна не кореспондира со најновите научни испитувања кои укажуваат дека местото Содома и Гомора е срамнето со Земја до тој степен што пронајдените човечки скелети покажуваат скршеници кои настанале од силен притисок или удар кој настанал од воздух. Поради непочитување на Божјите правила, човештвото чиј дел сме и ние, се соочува со зарази и болести Во САД е проценето дека 65 милиони луѓе боледуваат од полно преносливи болести, односно 21,3 % Американци или една петтина од нивното население. Постојат многу видови сексуално преносливи болести и вируси кои се последица на хомосексуализмот. Меѓу нив се кламидија, микоплазма, уреаплазма, кондиломи, генитален херпес, уринарни инфекции (инфекции на уринарниот тракт, инфекции на мочните канали) кои не спаѓаат во полови болести, но благодарение на половите болести во голема мера се пренесуваат, потоа шуга, вошки, гонореа (трипер), сифилис, трихомонијаза, ХИВ, хепатитис Б, хепатитис Ц, итн., што е потврда на зборовите на Аллаховиот Пратеник ‫ﷺ‬, кој рекол: „О

групо на мухаџири, има пет работи со кои ќе бидете искушувани, а јас го молам Аллах џ.ш., да ве сочува од нив: Кога во еден народ ќе се појави блудот и ќе се распространи до таа мера јавно да се прави, во него

197


(народот) ќе се појават чума и болести кои не постоеле меѓу нивните 230

предци кои живееле порано!“

231

Покрај хомосексуалните бракови, денес се во тренд

посвојувањата на деца во заеднички живот со хомосексуални парови. Со цел да ги задоволат своите потреби за родителство, тие одлучуваат да растат и воспитуваат деца во хомосексуална животна средина. Тоа има големо штетно влијание врз децата и во психологијата ова се нарекува „моделирање“. Она што децата ќе го видат го сметаат за исправно и тие ќе го повторат истиот модел. Тоа придонесува за проширување на ова зло и на неприродниот однос кој му штети на нормалниот развој на семејството и општеството.

Користи од хиџамата Божјиот Пратеник ‫ ﷺ‬ги потсетувал муслиманите да се лечат со хиџама: „Навистина хиџамата е најдобaр лек со која се лекувате, или 230 Пренесува Ибн Маџе. 231 Статистички, денес во САД бројот на хомосексуални бракови се зголемува: 646.000 – број на хомосексуални домаќинства во Сооединетите Американски Држави во 2010-та година, според Бирото за попис на домаќинства – Извор : CNN; 80.4% – Раст на процентот на хомосексуални домаќинства во САД, помеѓу 2000 и 2010 година, според Бирото за попис на домаќинства – Извор : CNN; 115.064 број на хомосексуални домаќинства со деца во САД, според Бирото за попис на домаќинства: CNN.

198


(хиџама) е (еден) од вашите најидеални лекови.”

232

Хиџамата е

доста слична со акупресурата која се практикува во кинеската медицина, како и акупунктурата, со што на заболените места во одредени точки се врши испуштање на поткожната крв која брзо се регенерира во организмот. Пратеникот Мухамед исто така рекол: „Ако во вашите лекови има некаков хajр (добро), тогаш него го има во резот со хиџама (пуштање крв на болниот) и во голтката мед.“

233

Пуштањето крв е пракса којашто Мухамед ‫ ﷺ‬ја предлагал на многу луѓе. Друг хадис кој може да го издвоиме е оној кога Пратеникот ‫ ﷺ‬му рекол на лекарот Ебу Кааб да му ја исече кожата и да му пушти крв од вена. Поради тоа Пратеникот

‫ ﷺ‬навел дека: „Хиџамата го чисти телото однадвор, додека пуштањето крв одвнатре.“ Исто така нè поучул тоа да се врши на гладен стомак, но не и кога човекот е сит. Тоа може да се врши поради главоболка, мигрена, болки во телото, како и во период на напнатост. Навистина, нормалниот крвоток го подобрува човековото здравје. Инаку, човечкото тело непрекинато произведува црвени крвни зрнца и доаѓа до нивно зголемување, а хиџамата работи на постигнување рамнотежа во крвта, односно исфрлање на непотребна крв од човечкото тело. Поволностите од хиџамата се следни: • Подобрување на протокот на крв низ мозокот; • Лекување на старите крвни зрнца; • Стимулирање на работата 232 Муслим. 233 Куран; Бухарија, 7/159.

199

на црниот дроб,


слезината и желудникот; • Лекување на мускулни грчеви во вратот, грбот и нозете; • Лекување мигрена; • Со активирање на циркулацијата на крвта, подобрувањето на нејзиниот квалитет и зголемување на имунолошкиот систем, се подобрува видот и се лекуваат очните болести; • Лекување општа слабост; • Лекување болести на дигестивниот систем; • Лекување на болка во нервите; • Регулирање на крвниот притисок; • Ослободување на телото од лошата крв; • Активирање на имунолошкиот систем; • Отстранување на токсини; • Лекување на покачена киселина; • Лекување на оштетената меморија; • Превенција од мозочен удар. Научно е докажано дека хиџамата е периодичен процес за прегледот на крвта, со којашто доаѓа до активирање на клетките и отстранување на непотребните токсини (отрови) и зајакнување на имунолошкиот систем.

200


Терапевтско дејство на Куранот Исламската организација за медицински науки од Кувајт објави резултати од научна студија која докажала дека слушањето Куран од страна на немуслимани кои не го разбираат арапскиот јазик, има терапевтско и смирувачко дејство. Др. Ахмед ел Кадиј ги изнел главните резултати од студијата на специјалната конференција организирана од страна на Исламската заедница на Северна Америка. Др. Ел Кадиј докажал дека се случиле физиолошки промени во нервниот систем на пациентите кои слушале рецитирање на Куранот, додека биле контролирани од електронски современ систем во една клиника во градот Панама, Флорида. Тој нагласил дека се изведени 120 експерименти на петмина доброволци од двата пола, на различна возраст, кои не биле муслимани и не го говореле арапскиот јазик. Експериментот опфатил слушање на сури (поглавја) од Куранот, паралелно со слушање на обичен арапски текст (кој не е од Куранот). Доброволците не ја знаеле разликата помеѓу слушањето на Куранот и слушањето на арапскиот текст. Експериментите кои се извршени од страна на др. Ел Кадиј докажале дека 97% имало посилен позитивен ефект кај доброволците кои слушале рецитација на курански текст во споредба со доброволците кои само слушале обичен арапски текст. Ова укажува дека основа на секоe лечење претставува

201


Куранот, како примарно средство, а потоа се пристапува по останатите медикаменти. Овој принцип се применува на сите видови болести, како на они од психичка така и тие од физичка природа. Некои сметаат дека лицата чија болест е телесна треба да одат во болница поради лекување, оние кои се психички болни помош треба да бараат во психијатриски клиники, а дека само за душевно болните лекот би требало да биде во Куранот. Врз основа на што ја направиле оваа поделба? Куранот е лек за болните срца, како и за виталноста на човечките тела. Возвишениот Аллах ни вели: „Ние го објавуваме во Куранот она што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста.“234 Го запрашале Пратеникот Мухамед за рукјата: „О Пратенику 235

Божји, за рукјата

која ние ја користиме, медицината која ја

земаме и превенцијата која ја бараме, дали сето ова ја менува Аллаховата одредба? Тој кажал: „Па тие се дел од Аллаховата 236

одредба.“

Зборот „шифаун“ (излекување), тука е употребен

поради својот видлив резултат, а не е употребен зборот „деваун“ (лек), бидејќи за секој лек постои можност некогаш да користи, а некогаш не. Убавото мислење за Аллах и неограничената доверба во Него е повеќе од потребна во текот на лечењето. „Услов за успешно лечење на болниот е неговото цврсто верување дека лекот ќе

234 Куран, Ел-Исрa, 82. 235 Исламска молитвена формула која се користи за лечење. 236 Имам Ахмед во својот Муснед и Сунен на Тирмизи.

202


му користи.”

237

Недостатокот во верата се гледа во тестирањето на Алаховиот говор, дали тој ќе ни користи или не. Ако водата зeмзем би ја пиеле само за проба и љубопитност, тоа не би ни користело. Она што би можело, со Аллахова дозвола, да ни донесе корист е целосната сигурност, убеденост и верување дека нашиот Господар дека таа вода ќе ни ја направил лековита.

Курански рецепт за здрава исхрана 238

Др. Џемил Кудси Дувејк

специјалист за исхрана, по

потекло од Палестина, поаѓајќи од размислувањето дека во Куранот се наоѓа одговор на секое прашање открил потполно нов пристап на лекување, со земање на храна по Курански рецепт. Дувејк напишал поопширна енциклопедија под наслов „Исламски концепт на енергијата и исхраната” од 7.000 страници. Др. Дувејк тргнува од Куранските ајети

239

во кои се говори

дека Куранот е лек: „Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува

237 Задул-мe›aд, 4 / 98. 238 Dr. Jamil Qudsi Dweik. 239 Ајет – цитат или стих од Куранот. Значи знамение или доказ (заб. на прев.).

203


пропаста.“240 „Кој ме создаде и на Вистинскиот пат ме упати, и Кој ме храни и пои, и Кој, кога ќе се разболам, ме лечи.“241 Аллах џ.ш. одредил зборот Месечина во Куранот да се споменува 12 пати, точно толку пати, колку што е бројот на месеците во годината. Зборот „ден“ во Куранот е спомнат 365 пати, зборот „намази“ (во множина) петпати колку што има молитви во денот, зборот „азм“ (решителност) петпати, точно толку пати колку што се споменати посебно одбраните пратеници на кои им е даден азм. Таквите примери навистина ги има многу во Куранот. Др Дувејк понатаму вели: „Тогаш, на самиот себеси си реков, Аллах џ.ш., за сè одредил мера, тогаш и јас сигурно од Куранот ќе ја откријам мерата (формулата) за исхраната и пиењето.” Тој заклучил дека терминот јадење во Куранот се споменува 109 пати, од тие ги издвоил јадењата кои се харам, кои се споменуваат 19 пати, и го добил бројот 90. Потоа ги навел сите видови храна кои се споменати во Куранот, и колкупати се споменува секој вид, а по долготрајната анализа дошол до фантастично откритие. Бројот 90 претставува бројот на залаци кој секој од нас би требало да ги внесе во организмот секој ден, за нормално функционирање на организмот. Во овие 90 залаци треба да има од сите видови храна кои се споменуваат во Куранот, и секој вид

240 Куран; Ел-Исра, 82. 241 Куран; Еш-Шуара, 78-80.

204


на храна во толкав број на залаци колку што пати се споменува. Така на пример, месото се споменува 4 пати, еден залак тежи 20 до 25 грама, што значи дека, треба да се јаде секој ден по 100 грама, ни помалку, ни повеќе. По пат на таа шема дошол до прецизни податоци што треба да се јаде наутро, што напладне, и што навечер. Наутро е предвидена полесна храна, напладне посилна, како грав и месо, додека навечер предвидува само три работи: урми, грозје и нар (калинка). Според Дувејк, во Куранот постојат и општи правила на кои треба да се придржуваме во исхраната, односно секогаш прво се споменува храната па потоа пијалокот, што значи дека оброкот треба да се започне прво со храна, а да се заврши со пијалок. Исто така, секогаш прво се споменува овошјето па после храната, што значи дека оброкот би требало 242

секогаш да се почне со овошје, па после со храната. Многу

интересно е тоа што во Куранот секогаш се

споменува месото на морските животни, пред месото 242 „...и со негова помош градини од палми и винова лоза за вас подигаме – во нив многу овошја имате, и вие го јадете“ (Куран - Сура Ал Муминун, 23/19) Овошјето штити и од радијација. Ова го утврдиле истражувачите на НАСА кои работат на зголемување на заштитата на вселенските летала од радијација. Нивните испитувања со експериментални глувци покажуваат дека глувците хранети со јагоди, боровинки, кељ и спанаќ се помалку склони на невролошки оштетувања од другите глувци. Озрачените глувци хранети со зрнесто овошје сè уште можеле да решат лавиринт, што не било случај со обичните озрачени глувци. Во друго одделно испитување, зрнестото овошје и зеленчукот помогнале во спречувањето на растот на туморот кај експерименталните глувци. Успехот може да се должи на антиоксидансите во овошјето и зеленчукот, кои помагаат во борбата против оксидациските процеси во мозокот за време на процесот на стареење. Оксидансите се борат против овие процеси како кај ќелиите кои стареат, така и кај озрачените ќелии, кои се однесуваат како предвремено остарени.

205


на копнените животни.

Др. Дувејк во својата опширна

енциклопедија појаснува уште многу правила, од кои ги истакнуваме следниве: - После млекото добро е да се испие оцет; - Мед да се зема по оцетот; - Секогаш да се јадат урми по грозје, а не обратно; - Нарот (калинката) секогаш треба да биде она последно што го јадеме; - Киселото млеко е подобро од пресното (со тоа и јогуртот); - Мед и млеко да не се јаде заедно. Со споменатиот проект исто така е покажано дека покрај зајакнувањето на имунитетот на организмот, се подобрува и 243

oднесувањето на пациентот.

Неговата психичка состојба

многу брзо се нормализира. Меѓу останатото, зависниците од тутунот за само 21 ден од третманот, многу лесно стануваат непушачи, затоа што нивниот организам едноставно одбива да прими сè што е неприродно и штетно. Др. Дувејк, покрај останатото, дава совет како да го правиме природниот оцет, кисело млеко, како да го користиме 243 Важно е да се истакне дека др.Дувејк својата теорија на лечење и зачувување на здравјето со користење на Куранскиот рецепт на исхрана и практично го потврдил. Споменатиот начин го понудил на 200 болни луѓе кои боледувале од неизлечливи болести и од физичка и од психичка природа. После само 21 ден добил неверојатни резултати. Процентот на потполно излечени бил 90 отсто, а останатите болни почуствувале големо подобрување. Меѓу пациентите биле и оние со шеќерна болест, ревматичари, оние со проблеми со зглобовите, со дробовите, болни од рак и сл. Моментално, др. Дувејк работи на тоа својот експеримент да го потврди на 10.000 пациенти, и со подолго користење на оваа терапија да покаже дека се потполно излечени, за неговото откритие да биде медицински признато и прифатено.

206


пченичното зрно со лушпа и сл. Најважно од сè е дека примерот на др. Дувејк не учи како треба да се однесуваме кон Куранот и на кој начин требада го изучуваме.

Телесни болести Ако почнеме да го споменуваме Куранот како лек за болестите на органите, нашиот говор во голема мера ќе се одолжи. Но, сепак ќе спомнеме неколку примери. Постојат разни болести (психички и физички), врз кои шејтанот/ѓаволот има голем удел, поради своето нестандардно однесување во нашиот крвоток. Рекол Аллаховиот Пратеник, ‫ﷺ‬: „Навистина, шејтанот поминува низ синовите Адемови со кружењето на крвта низ човечките вени, па задржете го шејтанот со глад (пост).“

244

Од ова заклучуваме дека гневот е причина за многу болести. Заради тоа, на Пратеникот,‫ﷺ‬, му дошол човек барајќи

од него да го посоветува нешто корисно, тој му рекол: „Не лути 245

се!“ Оваа реченица ја повторил неколкупати.

Трагите кои

лутината ги остава врз организмот се јасно видливи. Ќе забележиме дека блиски пријатели на лутината се чирот на желудникот и желудочната киселина, и тие секогаш

244 Пренесува Ахмед (Mуттефекун алејхи). 245 Хадисот го забележал Бухарија

207


верно ја следат. Многу болести поврзано со главата, како што е главоболката, мозочниот удар и ненадејната парализа се болести предизвикани како резултат на лутината. Овде ќе ги додадеме и уште срцевите заболувања како ангината и стенокардијата. Лутината игра голема улога во создавањето на овие болести како и нивното влошување. Возвишениот Аллах, рекол: „И спомни го Нашиот роб Eјјуб, кога тој го повика својот Господар: „Навистина шејтанот ме допира со јад и страдање.“246 Бидејќи во прашање се чувствителни шејтански вообразености, неговиот Господар не му рекол да Го спомене за да ги отстранил тие сомнежи, туку му наредил да направи конкретно дело: „Удри со ногата по земјата – и ете ладна вода за капење и пиење!“247 Се вели дека Ejуб, aлејхи селам, бил погоден од потешки видови психички и физички болести. Неговите зборови „со јад и страдање“ („би нусубин ве азабин) би означувале болно и исцрпно, со душевно страдање поради болест. Сето тоа му го припишал на шејтанот бидејќи тој е причината за неговото тешко искушение и, се 248

разбира, од предаденост кон Аллах.

Помогнало учењето на Куранот, над многу болни кои страдале од различни болести, особено оние кои се наречени неизлечиви, и за кои постои голема веројатност дека ги предизвикал шејтанот. Некои од тие болести се: ракот, 246 Куран; Сад, 41. 247 Куран; Сад, 42. 248 Ел-му’џему ел-муфехрезу ли eлфази ел-Курани ел-Керим, Хасен Али Keримех, стр. 132

208


последиците од инфарктот, хроничната астма, парализата, неплодноста, шеќерната болест, сите биле излечени со Алаховата милост. Нередовните менструални циклуси кај некои жени, било да се работи за доцнење или за подолго траење на циклусот, без некоја посебна причина, е обично предизвикана со посредство 249

на џин

. Пратеникот, ‫ﷺ‬, двапати е запрашан за тоа. Првиот

пат тој одговорил: „Тоа е крв од вените.“

250

Вториот пат ѝ вели на

Хамни бинт Џахш, кога таа се пожалила дека има невообичаено обилно крварење во текот на менструалниот циклус „Тоа е убод 251

од шејтанските убоди.“

Шејтанот се обидува да го одолжи

времетраењето на крварењето со делумно задржување на менструалниот циклус. Друг начин со кој се користи во таа зла намера е да повреди некој дел од вена. Во овој случај жената е збунета и не успева да прави разлика меѓу менструалната крв од обичната крв и последователно престанува да клања. Слично на овој случај е и примерот на парализа. Џинот(демонот) притиска дел од телото на болниот, така што човекот повеќе не е во состојба да го движи. Покрај ова доаѓаат и честите несакани појави како што е голема душевна депресија, тешкотија и последователна главоболка. Ако се почне со читање на Куран врз таков пациент, тој во својот парализиран дел од телото ќе почувствува дека му поминуваат морници. Во случај да не почувствува никаква реакција, тоа би значело дека џинот го напуштил неговото 249 Џин – невидливо духовно битие, демон (заб. на ав.). 250 Пренесува Eбу Давуд. 251 Пренесува Tирмизи.

209


тело, но претходно оштетувајќи му ги нервните влакна, поради што телото му останало такво (парализирано). Вака тешки и комплицирани состојби бараат многу трпение и непрекинато учење на Куран, со искрена намера за исцелување. Симптомите и нарушувањата на дигестивниот, нервниот и скелетниот систем се отстрануваат така што оној кој ќе учи рукја, ја става својата десна дланка на болното место и вели: „Eу’зу бикудретиллахи вe ‘иззетихи мин шерри ма eџиду вe ухазиру.“ (Барам заштита од Аллах и Неговата семоќ против злото, кое го наоѓам и од кое се плашам) Со Аллахова дозвола, по ова, болката ќе исчезне.

252

Семоќниот Аллах пропишал излекување, и лекот потоа ќе користи со Негова дозвола, а никако спротивно.“ „И Кој, кога се разболам, ме лечи ...“253

252 Сахих Муслим, 14/189. 253 Куран; Eш-Шу›aрa, 80.

210


Душевни болести Пратеникот

‫ ﷺ‬најстрого забранил празноверие,

песимизам, слутење зло, талисмани, гатање, пророкување и гледање во ѕвезди и судбина, магија и сл. Тој ‫ ﷺ‬кажал: „Кој ќе

обеси амајлија околу врат припишал содруг на Аллах; магијата, 254

талисманите и записите се сметаат за ширк.“

Пророкувањето пред појавата на Мухамед ‫ ﷺ‬кај Арапите било широко распространето, но овиј вид занает бил потполно отфрлен. Во еден хадис се наведува: „Пророкувачот е магионичар, магионичарот е врач (сихрбаз), а сихрбазот е неверник.“ Душевната болест од исламски светоглед првенствено е возбуда од емоции, кои, стануваат претходник на шејтанскиот допир, бидејќи тој не напаѓа, освен при раздразнети и возбудени нерви. Затоа, во исламот е забрането човек да спие сам во некоја куќа и сам да патува. Спомнато е во хадис: „Еден патник е еден шејтан, двајца патници – двајца шејтани, дури тројца патници – се патници.“ Раздвоена личност е сериозно ментално пореметување кое лекарите се обидуваат да го излекуваат со различни таблети и инјекции. Многу ретко се случува целосно повраќање. Спротивно на тоа, Аллах излекувал многу болни по шеријатската рукја која им е проучена. После неа, менталното

211


здравје на болниот целосно се вратило. Сомнежот е еден од многуте болести кои, најверојатно го предизвикува џинот (кој има за цел да ја прекине блискоста меѓу робот и неговиот Господар). Започнува со сомнежот во правилноста на абдестот и завршува со различни недоумици во поглед на верувањето. Лекот за замислените сомнежи е честото спомнување на Аллах (зикр) и во барањето засолниште кај Аллах од шејтанот со зборовите „e’узу биллахи минеш-шејтанир-раџим“, после што ќе се потплукне на левата страна. Многу е важно да не се обрнува внимание на својата вообразеност и да се спротиставставуваме на самите сомнежи. Занимавањето со некои корисни работи, одржување на роднинските врски, како и дружењето со драги пријатели, многу ќе помогне во избегнување на сомнежите кои не следат. Што се однесува до вистинските сомнежи (чувствителните), тие се многу потешки од замислените, бидејќи предизвикуваат и болки во различни делови во телото на болниот. Тие се познати меѓу психолозите уште како „поразителни“ сомнежи. Со цел да се излечат неопходно е на веќе горенаведените начини да додадеме и некои конкретни работи. На пример, миењето со ладна вода заради подобрување на крвотокот, вежбање, занимавање со спорт, патувања и сè она што на кој било начин би помогнало во отстранување на мрзеливоста, како и создавањето на оптимистички дух низ благо насмевнување со своите соговорници и личното задоволство со Аллаховата одредба. Личноста која се бори против своите сомнежи е како борецот на Божјиот пат.

212


За да ги отстраниме своите сомнежи нема пречка да користиме и одредени лекови, ако едноставно сме принудени на тоа. Но, важно е да се напомене дека тие носат само еднократно смирување, а не конечен лек. Тие се вбројуваат во шеријатски дозволени средства на третман, кои ги комбинираме со основниот начин на лекување, а тоа е шеријатската рукja. Лекот за депресијата се наоѓа во честото одење и задржување во џамија. Рекол Пратеникот, ‫ﷺ‬: „Радоста на моето 255

срце е во намазот.“

Кога нешто го мачело во неговиот живот тој

одморот го наоѓал во намазот. Џините секогаш се обидуваат да го повлечат човекот во осаменост со цел полесно да управуваат со него. Кога шејтаните не успеваат да контролираат некоја личност тие ја повлекуваат во потсвесна самотија, така личноста се чувствува осамена, дури и во присуство на други луѓе. Поради тоа, кај таквите луѓе сè повеќе се зголемува нивната расеаност, а нивните мисли стануваат несредени.

255 Куран; Mуснед на имамот Aхмед, 5/364

213


214


С

Заклучок

è што е наведено во оваа книга не е со цел пропагирање и повик на оставање на вообичаениот начин на лекување, како што е одењето во

болница поради дијагноза и медицински третман. Напротив. Во оваа книга бевте накратко запознаени со алтернативните и природни начини на лечење кои доаѓаат од еден божествен избор и од Божјата аптека полна со мудрости. Читајќи го ова дело сведоци бевме на совпаѓањето на модерните сознанија и препораките кои ни ги дал Последниот Божји Пратеник ‫ﷺ‬ преку неговите мудри совети. Прецизно се посочени начините и правецот по кој треба да се движиме за да дојдеме до својата среќа. Таа среќа не е возможна без физичко и духовно здравје. Видовме дека основа на секое лекување е Божјата Објава и она што е споменато од традиционалните начини на лекување. Се убедивме дека хигиената и здравјето не можат едно без друго, како што не може да се одвои духовноста од моралноста. Исламската

215


цивилизација и советите на Пратеникот се една добра почетна точка за разбирање на еден нов концепт на лечење кој со стотици години функционирал и му помагал на човекот во надминување на бројни последици Модерната медицина и природните третмани се денес спој која еволуирала во еден нов вид на алтернативна медицина. Денеска повеќе од било кога ни останува задача луѓето да се запознаат со предностите на исламската медицина, кога многу луѓе изгубиле верба во пронаоѓање на лекот кој го бараат. Некогаш лекот ни е на дофат на нашите раце и е сосема бесплатен, потребно е само да се посвети малку време потребно е само да се исчекори малку вон својата суета и разбирање на светот дека докторите, болниците, здраствените установи не се единствените должни за нашето здравје. Тоа е пред сè наша должност во овој глобален свет на промени, технолошки предности, но и предизвици. Должни сме да се заштитиме себеси, нашите семејства и пријатели, а информацијата е едно средство кое може да ни користи во надминување на бројните потешкотии.

216


Содржина Вовед

5

Кратка историја на исламската медицина

Исламот и здравјето

10

21

Чистотата и хигиената во исламот

24

Кратка енциклопедија на лековите на Божјиот Пратеник 27 Алое Вера

27

Антимон (Усмуд)

30

Банана

31

Бехар палми

32

Босилек

33

Грозје (Vitis)

35

Дуња

37

217


Ѓумбир(Зенџебил)

38

Житарки

41

Јаболков оцет

43

Калинка

46

K’на (Alkanna tinctoria)

49

Краставица

50

Лубеница

51

Смоква

53

Тартуф (Тубер)

56

Тиква

59

Темјан

60

Туршија и компот

62

Урма

63

Црно семе (Нигела Сатива)

70

Цитрон

77

Шафран

79

Млеко

81

Месо

83

Мед

85

Маслинка

90

Мирта

93

Благословеното дејство

94

на водата врз нашето здравје

94

Лековитоста на Земзем водата

99

Здравје и хигиена во исламот

103 103 218


Капење

103

Миење на рацете

105

Јадењето со десна рака

107

Зошто не е здраво да се пие вода стоејќи?

108

Ставање на раката пред

110

устата при кивање

110

Миење на забите во исламот

111

Заштита преку јадење и пиење

115

Халал исхрана

116

Забрана на свинско месо

119

Штетноста на алкохолот

121

Штетноста од пушењето цигари

127

Штетноста на марихуаната по здравјето на човекот 130 Прејадување

132

Дување во храна

134

Штетноста од пиење крв

135

Користа на постот

138

Со постот до излекување на ракот

141

Исламската психологија и нејзиното влијание 145 врз здравјето 145 Плачењето како лек

145

Спомнувањето на Бог дава мир

148

Песимистите полесно добиваат срцеви заболувања 152

219


Оптимизаm

153

Утринската и ноќната молитва како лек

157

Научниот аспект на сеџдата

161

Влијанието на мирисите

163

врз здравјето на човекот

163

Влијание на боите

166

врз здравјето на човекот

166

Претераните емоции

168

предизвикуваат болести

168

Борба против стресот и лутината

171

Користа од сонот во

173

борба против стресот

173

Спортската рекреација - ефикасен лек

176

Социолошки појави и лечење

179

Милостината го лекува стресот

181

Вистинската зрелост е по четириесетата година 183 Обрежувањето како превенција

185

Користа од мајчиното млеко и доењето

187

Бракот како заштита

190

на здравјето на човекот

190

Забранет однос за време

192

на месечниот циклус

192

Последиците од блудот по здравјето на луѓето

194

Штетноста на хомосексуализмот

196

Користи од хиџамата

198

Терапевтско дејство на Куранот

201

220


Курански рецепт за здрава исхрана

203

Телесни болести

207

Душевни болести

211

Заклучок

215

221


222


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.