Новото издание на Правописот на македонскиот јазик е запис за македонскиот збор, кодекс за неговата практична примена како жива јазична форма, насока, како пишаното да се изговори и изговореното да се напише. Правописот е потврда за писмената традиција на македонската почва почната во скрипторските центри на Охридската и злетовско-кратовската школа која има континуитет низ вековите за да си најде конечна форма со донесувањето на Првиот правопис на македонски јазик во 1945 година.