Bilten br 2 2015

Page 1

2015 45 РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

45 FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES

ILINDEN DAYS

29.07 - 01.08.2015


45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Organizator:

Pokrovitel: Sobranie na Republika Makedonija

BILTEN Број 2/2015 • Битола, 30.07.2015


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Фолклорно дефиле за паметење 45 години по една иста патека. Од исто место се поаѓа, на исто место се доаѓа, а сепак 45 години различно! Тоа е фолклорното фестивалско дефиле по Широк Сокак, од година во година по убаво, по импресивно, по впечатливо! Годинешното фестивалско дефиле долго ќе се памети. Тоа е дефиле за незборав. Разиграни, распеани играорки и играорци, инструменталисти од сите генерации со насмеани и задоволни лица цврсто чекореа по Широк Сокак. Кулминацијата беше на плоштадот „Гоце Делчев“ кога битолчани речиси и не ги пуштаа културно уметничките друштва и фолклорни групи да продолжат до фестивалската сцена на ракометното игралиште во градскиот парк. Во дефилето учествуваа најмладиот и највозрасниот, деца со мали тапанчиња но и мажи кои силно удираа на тапаните, стројни моми, девојки кои го привлекуваа вниманието на битолчани кои како стално кафосуваа на Широк Сокак. И, уште нешто. Никој не праша колкава е температурата на возухот! Нити ги интересираше. На сите, најтопло им беше во душата!

3


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Зоран Илиоски, пратеник во Собрание на Република Македонија

Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола е главниот столб кој го крепи сводот на македонската традиција Фестивалот „Илинденски денови“ е синоним за доследно чување на автентината фолклорна традиција. Овие, се важни денови во агендата на секое културно уметничко друштво во Македонија и дијаспората, истакна пратеникот Зоран Илиоски кој во име на покровителот – Собранието на Република Македонија, го отвори фестивалот на фолкорот во Битола. -Не случајно овој фолклорен фестивал се одржува во очи на големиот и најсвет мак едонски празник Илинден. Ако фолклорот е душата на еден народ тогаш логично е да биде нераскинливо поврзан со исконската желба за борбата за слобода, самобитност и државотворност. Таа борба е длабоко врежана во македонскиот фолклор, за таа борба се испеани многу песни и многу фолклорни игри и ора со стари и нови кореографии кои симболично го отсликуваат непокорот. Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола е главниот столб кој го крепи сводот на македонската традиција. Тоа е важен меѓународен фестивал со богати програмски содржини, фестивал кој најдоследно и највистински ја претставува Македонија и големата Гоцева идеја за светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Битолскиот крај по традиција е печалбарски. Печалбарството е исто така длабоко вткаено во песните и македонскиот фолкор и затоа посебно ги поздра-

вувам иселениците од сите светски меридијани кои пред многу години се откорнале од родните огништа но не ја забораваат македонската традиција и секоја година се значаен дел на фестивалот „Илинденски денови“, рече претставникот на институцијата покровител – Собранието на Република Македонија, битолскиот пратеник Зоран Илиоски.

4


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола

Уживајте во фестивалот! Вљубениците во фолклорот и уметноста кои ја проследија првата фестивалска вечер имаа прилика да го слушнат и погледнат пригодното обраќање на директорот на националната установа која го организира големиот културен настан во Битола. Пред аудиториумот во ракометното игралиште, првиот човек на НУ Центар за култура-Битола, рече: -Во 2010 година се случи значајна пресвртница за овој фестивал. Тогаш го славевме јубилејот 40 години, а потоа осмисливме нов концепт, направивме големи промени во програмата на самиот фестивал за да оваа година имаме одлични изданија со врвни ансамбли, пред се од нашата држава а потоа и светот. Организираме и голем број придружни манифестации како дел од фестивалот на кои учествуваат голем број учесници, а само оваа година над 1.000. Кога се слави уметноста, убаво е да се заврши на спектакуларен начин, а така ќе биде оваа година со настап на култната група „Љубојна“ и врвниот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски кои ќе одржат концерт под наслов „Шербет Љубојна“.

Уживајте во ФЕСТИВАЛОТ! порача Димитровски.

5

-


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

д-р Владимир Талески, градоначалник на општина Битола

Добредојдовте во Битола! Градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески и оваа година од фестивалската сцена ги поздрави учесниците и гостите во градот под Пелистер. Во својата поздравна реч, Талески истакна: - Ние сме меѓу првите што го честитаме големиот празник Илинден. Почитувани, честит Илинден и добре-дојдовте во Битола! Следејќи го фестивалот воедно го следите и јуби-лејното 10-то издание на „БитФест“ кој има над 200 настани подготвени за Вас. Почнуваме да го славиме Илинден и нека е за многу години празникот!

6


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Почна и седмиот Семинар за традиционална музика и игра Тоа што со нетрпение го очекуваа 120 ученици, студенти и волонтери кои се занимаваат или имаат намера да се занимаваат со фолклор во културно уметничките друштва во државата, се случи. Почна седмиот по ред Семинар на традиционална музика и игра кој како придружна активност се одржува во рамките на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ годинава е посветен на методика на народни ора, традиционално пеење и традиционални инструменти.

ка, песната, играта и носијата. Пријатно е чувството што голем број на млади луѓе од година во година покажува се поголем интерес за учество на семинарот, а оваа година се чини тој број ќе биде најголем бидејќи има повеќе од сто учесници и од цела држава, истакна Владимир Јаневски, професор на Музичка академија, оддел етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На семинарот со свои трудови и презентации освен професорот Јаневски учествуваат и професорката

Семинарот за отворен го прогласија Валентин Соклевски како домаќин на манифестацијата и м-р Владимир Јаневски, главен координатор на едукативниот настан. -За учесниците на семинарот ќе презентираме четирите сегменти од традиционалната култура на македонците, односно традиционалната музи-

д-р Родна Величковска од Институт за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, м-р Благица Илиќ и м-р Тимко Чичаковски од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје, д-р Даворин Трпевски од ПМФ Институт за етнологија и антропологија при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и Валентин Соклевски од НУ Центар за култура-Битола. 7


НАЈАВУВАМЕ ВТОР ФЕСТИФАЛСКИ ДЕН 30.07.2015 година (четврток)

Семинар за традиционална музика и игра Студентски дом „Кочо Рацин“ – од 10.00 до 18.00 часот „На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации Стара битолска чаршија – 11.00 часот 45. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Вечер на традиционална музика и игра Ракометно игралиште – 20.00 часот. 1. КУД „Бисер“ Кичево 2. КУД „Весели пензионери“ Пробиштип 3. КУД „Илинден“ Демир Хисар 4. Играорна група „Ѓура Мара“ с. Миравци 5. КУД „Дримкол“ Вевчани 6. ФА „Цветови“ с. Дедино 7. КУД „7-ми Септември“ Македонски Брод 8. Ансамбл „Баладеле Делтеи“ ДФА „Дорулетул“ Тулчеа, Романија 9. ЗФГ „Копачка„ с. Драмче, Делчево 10. Ансамбл „Курпие Зиелоне“ Биалисток, Полска 11. АФ „Гоце Делчев“ Битола 12. ГКУД „Севдах“ Врање, Србија „Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер КЦ Магаза – 22.30 часот


НАЈАВУВАМЕ TRET ФЕСТИФАЛСКИ ДЕН 31.07.2015 година (петок) Семинар за традиционална музика и игра Студентски дом „Кочо Рацин“ – од 10.00 до 18.00 часот „На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации Стара битолска чаршија – 11.00 часот 45. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Вечер на староградска музика и игра Тераса на Дом на АРМ Битола – 20.00 часот. 1. СПГ „Сирма војвода“ Битола 2. КУД „Васил Хаџиманов“ Кавадарци 3. ФА „Туропоље“ Велика Горица, Хрватска 4. КУД „Пензионер“ Прилеп 5. ПГ „Весела тајфа“ Богданци 6. Ансамбл „Баладеле Делтеи“ ДФА „Дорулетул“ Тулчеа, Романија 7. ЗГ „Градски хор“ Штип 8. Ансамбл „Курпие Зиелоне“ Биалисток, Полска 9. Здружение „Распеани велешани“ Велес 45. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Интернационална фолклорна вечер Широк сокак 21.30 часот. 1. 2. 3. 4. 5. 6.

Ансамбл „Баладеле Делтеи“ ДФА „Дорулетул“ Тулчеа, Романија Ансамбл „Курпие Зиелоне“ Биалисток, Полска ФА „Туропоље“ Велика Горица, Хрватска Ансамбл „Севдах“ Врање, Србија „Куартиере Вилланова ди Каљари“ Сардинија, Италија Ансамбл „Македонка“ Св. Климент Охридски, Торонто Канада

Песна на Широк сокак настап на староградски ансамбли на Широк сокак Од Саат кула до Камен мост – од 22.00 до 23.00 часот


45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

2015


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.