Баирска светлина програма за работа 2014-2020

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА „БАИРСКА СВЕТЛИНА“ - БИТОЛА

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА ПЕРИОДОТ 2014 - 2020 ЦЕЛИ НА ПРОГРАМА Програмата на Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“ своите цели ги поставува на три нивоа: 1. Зајакнување на капацитетот на ромската заедница преку интегрална промена на свеста на припадниците на заедницата за значењето на квалитетното образование; 2. Надградба на потенцијалот на членовите на ромската заедница за социјална и економска интеграција во општеството преку учество и придонес во општествените текови и процеси; 3. Промоција на позитивните аспекти на ромската култура преку поттикнување на тековниот дијалог помеѓу различните етнички групи во Република Македонија.

ВРЕДНОСТИ НА ПРОГРАМАТА Со цел исполнување на мисијата и статутарните одредби на Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“ преку реализација на предвидената програма се обврзуваме на следниве основни вредности : - Во нашата работа ќе бидеме водени од од општите приницпи на толеранција, почитување на разликите и дијалогот; - Јавност и транспарентност воработењето; - Одговорност при реализирањето на активностите; - Програмата е во интерес на унапредување на ромската заедница во Република Македонија, а се однесува и на другите чинители кои доаѓаат во допир и интеракција со нив; - Промоција на партиципативната демократија во секојдневеното работење и спроведувањето на програмските определби; - Развој фокусиран врз потребите на ромската заедница; - Почитување на правата, културата и достинството на сите луѓе; - Унапредување на волонтерство, и активно волонтерско инволвирање на сите нивоа; - Отворена комуникација со сите надлежни институции кои можат да дадат придонес кон зголемена ефективност на програмата.

1


КЛУЧНИ ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ Програмските определби на Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“ произлегуваат од магистралните стратешки цели за развој на организацијата кои, базирани на претходното искуство и сублимирани според потребите на ромската заедница во Република Македонија, се групирани во следните категории на приоритети: 1. Придонес кон развојот на образованието на Ромите со посебен акцент на децата и младите; 2. Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството; 3. Креирање можности и услови за подобрување на економскиот стстус на Ромите во Република Македонија; 4. Активно учество на Ромите во општетствените процеси, трендови и текови во Република Македонија; 5. Придонес кон изградбата и зајакнувањето на мултиетничкото општество во Република Македонија и мултиетничкиот дијалог преку промоција на духовната и материјална култура на Ромите

МЕРКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРИОРИТЕТ 1 ПРИДОНЕС КОН РАЗВОЈОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА РОМИТЕ СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ 1.1. Унапредување на формалното и неформалното образование на децата и младите Роми 1.1.1 1.1.2 1.1.3 1.1.4 1.1.5 1.1.6

Континуирана работа со деца и млади од школска возраст во Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“; Помош на децата и младите во подговка на домашни задачи; Туторство; Помош при запишување на училиште; Организација на едукативни и други специјални настани за поддршка на образованието на децата и младите Роми; Поддршка на студентите за запишување на факултет на некој од Универзитетите во Републчика Македонија и нивно насочување според желбите и интересите но и потребите на Ромската заедница во Република Македонија

1.2. Активности за континуирана едукација и доквалификација 1.2.1 Активности за мотивација на полнолетните граѓани за завршување на задолжителното основно и срдно образование; 1.2.2 Промоција и спроведување на концептот „Доживотно учење“ за возрасни и стари лица

2


ПРИОРИТЕТ 2 ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ СТАТУС НА РОМИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО 2.1. Промоција на позитивни аспекти на ромската култура во насока на рушење на предрасудите и стереотипите во македонското општество; 2.2. Активни Социјални клубови – со активности за унапредување на социјалниот живот и положбата на старите лица, како и нивно поврзување и активирање во семејството и општеството во целина;

ПРИОРИТЕТ 3 КРЕИРАЊЕ МОЖНОСТИ И УСЛОВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ СТАТУС НА РОМИТЕ ВО OПШТИНА БИТОЛА 3.1 Подобрување на можностите за вработување на младите роми 3.1.1 Унапредување на работните вештини и позицијата на пазарот на трудот на младите Роми преку обуки со цел докфалификација и прекфалификација 3.1.2 Олеснување на положбата на пазарот на трудот, и унапредување на можностите за вработување преку интензивана соработка со Агенцијата за вработување 3.2. Унапредување на економската независност на Ромската жена, 3.2.1 Поддршка на унапредувањето на професионалните вештини на жените Ромки преку професионални обуки; 3.2.2 Медијација при вработување во соработка со Агенцијата за вработување, приватни агенции за вработување и бизнис секторот; 3.2.3 Јакнаење на капацитетите на жената ромка со претприемнички вештини и знаења за водење сопствен бизнис 3.2.4 Едукација и поттикнување на мали бизниси како инструмент за подобрување на економската положба на Ромите во Република Македонија; 3.2.5 Превенцијата и справувањето со проблемот на насилство врз жените, семејно насилство и трговија со луѓе преку едукација, обуки и семинари; 3.2.6. Поттикнување на семејствата за континуирано образование на женските деца; 3.2.7 Поттикнување на семејствата за континуирано образование на женските деца; 3.2.8 Промоција на родовата еднаквост; 3.2.9 Промоција на закони и законски регулативи кои ги третираат правата на жените;

3


ПРИОРИТЕТ 4 АКТИВНО УЧЕСТВО НА РОМИТЕ ВО ОПШТЕТСТВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ, ТРЕНДОВИ И ТЕКОВИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА 4.1. Активно учество и придонес во процесот на европска интеграција на Република Македонија 4.1.1 Едукација и информирање на населението за процесот на ЕУ интеграција, законската регулатива и меѓународните договори 4.1.2 Одбележување на значајни датуми 4.2. Застапување за прашањата од областа на родовата еднаквост во институциите на системот преку соработка и мониторинг 4.3. Поттикнување на мултуиетничката соработка 4.4. Поддршка на процесот на децентрализација преку активно учество на граѓаните во креирањето и донесување одлуки на локално ниво. 4.4.1 Интензивирање на соработката со општините каде има ромско население 4.4.2 Потпишување на меморандуми на соработка и формирање на мрежа од родово сензитивни општини 4.5 Соработка со Центрите за регионален развој како инструмент за поддршка на комисиите за родова еднаквост во единиците на локалните самоуправи како предуслов за рамномерен регионален развој

ПРИОРИТЕТ 5 ПРИДОНЕС КОН ИЗГРАДБАТА И ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА МУЛТИЕТНИЧКОТО ОПШТЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МУЛТИЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ПРЕКУ ПРОМОЦИЈА НА ДУХОВНАТА И МАТЕРИЈАЛНА КУЛТУРА НА РОМИТЕ 5.1. Унапредување на меѓуетничкиот дијалог 5.1.1 Обуки, работилници, тркалезни маси, трибини на тема како до подобар мултиенички дијалог; 5.1.2 Промоција на различните традиции и култури и нивно запознавање; 5.1.4 Кампањи за толеранција, меѓусебно разбирање, мир и ненасилство; 5.2 Промоција на родовата еднаквост кај граѓанските организации, локалната самоуправа и инстуитуциите во Република Македонија 5.2.1 Работилници за граѓанските организации, вработените од локалната самоуправа и институциите во Република Македонија за зајакнување на нивниот капацитет за родова сензитивност 5.2.3 Мониторинг на работата на граѓанските организации, вработените во локалната самоуправа и институциите за прашањата од областа на родова сензитивност и родова еднаквост. 5.2.4 Публикација на печатени информативно едукативни материјали

4


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.