Bilten br 1 2015

Page 1

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ 45. FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES

ILINDEN DAYS 29.07 - 01.08.2015

Фотографија: Игор Јанковски


45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Organizator:

Pokrovitel: Sobranie na Republika Makedonija

BILTEN Број 1/2015 • Битола, 29.07.2015


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

45. Republi~ki festival na narodni pesni i igri "Ilindenski denovi"

45th Republic Festival of Folk Dances and Songs “Ilinden Days” Bitola

Традицијата е создавана со векови, таа е белег на постоењето на секој народ, таа е бесценето наследство подарено од минатите на идните генерации. Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ - Битола, 45 години во континуитет, вдахновен од Свети Илија, во чест на големиот Илинден, во чест на народниот уметник, ги чува и презентира традиционалните културни вредности. Промовиран во 1971 година, втемелен длабоко во народната култура, со своите јасни и прецизни цели, фестивалот отвори нова патека, нови можности за континуитет на традицијата. Програмскиот концепт, определбата за сценска презентација, валоризација и афирмација на автентични, традиционални содржини, едукативната дејност, соработката со компетентни, научни и стручни институции од областа на културата, образованието и уметноста, интернационалната соработка и афирмираност, го направи фестивалот единствен, уникатен, репрезентативен и респектабилен како во Македонија така и во Европа и во светот. На тој начин Фестивалот стана стожер за духовно поврзување на македонците од целиот свет, огледало на мултикултурата во Република Македонија, воспостави духовен мост за соработка со светската културна традиција и создаде репрезентативна сцена за стручно и научно проучување на народната култура. Базирајќи се на своите темелни поставки, овогодишното јубилејно издание на фестивалот ни носи рафинирани сценски презентации на обичаи, обреди, традиционална, староградска музика и игра, како и мозаик на интернационални културни вредности во интерпретација на ансамбли од Македонија, Канада, Италија (Сардинија), Полска, Романија, Хрватска и Србија. Програмските содржини како и придружните манифестации ќе се реализираат во прекрасните амбиенти на фестивалската сцена, Широк сокак, Старата чаршија, Магазата, античкиот локалитет Хераклеја, кои безрезервно ги нуди Битола, градот домаќин кој е своевиден музеј на отворено. 45-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ ќе го заокружат групата Љубојна и Исмаил Лумановски со Концерт на чалгиска музика во театарот на античкиот локалитет Хераклеја. Традицијата продолжува...

Tradition as a sign of every nation's existence has been forged through the course of centuries. It is priceless heritage bestowed from past to future generations. In honour of the great holiday Ilinden, the Republic Festival of Folk Dances and Songs “Ilinden Days” – Bitola has preserved and presented traditional cultural values for 45 years continuously, inspired by Saint Elijah and in honour of the traditional artist. Launched in 1971 and founded deeply in the traditional culture with clear and precise objectives, the Festival has opened a new path and new opportunities for continuing the tradition. The programme concept, pursuit of stage presentation, evaluation, and promotion of a u t h e nt i c, t ra d i t i o n a l co nte nt, t h e n t h e educational ac tivities, cooperation with competent, scientific, and professional institutions in the field of culture, education, and arts, as well as the international collaboration and promotion, have turned this Festival into a unique, representative and respectable event not only in Macedonia and Europe but also worldwide. Thus, the Festival has become a pillar for spiritual connection of the Macedonians around the world and a mirror of multiculturalism in the Republic of Macedonia. Furthermore, it has established a spiritual bridge for cooperation with the world cultural tradition and created a representative arena for professional and scientific study of traditional culture. Based on the fundamental postulates, this year's jubilee edition of the Festival brings refined stage presentations of customs and rituals, traditional and old urban folk music and dances, as well as a mosaic of international cultural values, all of which shall be performed by ensembles from Macedonia, Canada, Italy (Sardinia), Poland, Romania, Croatia, and Serbia. The scheduled performances and accompanying events shall be held in the beautiful setting of the Festival stage, as well as in Shirok Sokak, Magazata, and the ancient city of Heraklea, which are all offered wholeheartedly by the host city of Bitola - a kind of an open air museum. The 45th edition of the Republic Festival of Folk Dances and Songs “Ilinden Days” shall be closed by a chalgia music concert performed by the band Liuboina and Ismail Liumanovski in the theatre of the ancient city of Heraklea. The tradition continues...

3


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Традиционален пред фестивалски press денови“. Очекуваме многу гости кои ќе следат квалитетна програма во која ќе бидат презентирани песната, играта и обичаите од Македонија бидејќи овој фествал е чувар на македонската традиција, но исто така ќе се види и дел од светското културно наследство кое ќе го презентираат гостите од странство, посочи Димитровски. Фестивалот почнува со отворање на изложба на детски творби по повод јубилејот 40 години на државната изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, а свечено ќе биде отворен вечерва - 29 јули со традиционалното оро „Комитско“ кое КУД „Илинден“-Битола ќе го изведе на летната сцена во ракометното игралиште. -Годинава имаме повеќе фестивалски сцени за познатите манифестации како што се „Ехо од дамарите“, „На пладне во чаршија“, „Песна на Широк Сокак“, потоа семинарот за традиционална музика и игра кој ќе се одвива во студентскиот дом „Кочо Рацин“, а на фестивалската сцена во ракометното игралиште освен публиката, учесниците ќе ги следи и стручното жири кое ќе додели награди на најуспешните. Последната фестивалска вечер ја резервиравме за групата „Љубојна“ и Исмаил Лумановски кои на Хераклеа ќе приредат незаборавен концерт, а материјалот ќе биде искористен за изработка на CD, чиј издавач ќе биде нашата национална установа, потврди Димитровски. Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола.

Директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски во придружба на портпаролот на фестивалот „Илинденски денови“, Наташа Николова на 27 јули го одржа традиционалниот пред фестивалски пресс. На средбата со новинарите, организаторот на фестивалот ги подели печатените публикации и комплетната фестивалска програма која како што беше речено изобилува со атрактивни содржини кои ќе го одбележат јубилејот 45. години на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. За медиумите од градот и државата, директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски соопшти дека најстариот фестивал во градот, годинава е подигнат на уште повисоко ниво и ќе се реализира во пет програмски денови на кои од 28 јули до 1-ви август ќе се претстават околу 1.000 учесници, фолклористи и културни работници од државата и странство. -Пред нас се богати фестивалски денови, вистински континуитет на 45 годишна традиција на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски 4


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола

Фестивалот „Илинденски денови“ е бренд на Битола! Најстариот фестивал во градот и еден од најстарите во Македонија, Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, годинава одбележува 45 години живот на културната сцена. Тоа е настан кој претставува вистинска гордост за македонската култура, вистински чувар на културно историското наследство и затоа секоја година со посебна посветеност се подготвуваме за организација и реализација на овој настан, вели Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола, прв човек на установата домаќин на овој значаен настан што се одржува во предвечерието на големиот Илинден. -Како прв човек на НУ Центар за култура, установа во чија надлежност е фестивалот „Илинденски денови“, горд сум што го организираме најстариот фестивал во градот, манифестација која 45 години е на врвот на културната сцена во Македонија, вистински бренд на Битола, фестивал кој што секоја година се организира во очи на големиот Илинден, фестивал кој што обединува и кој е чувар на богатата македонска фолклорна традиција, а воедно и фестивал што презентира и е отворено за богатото светско културно наследство, вели Димитровски и посочува дека станува збор за масовен настан во кој годинава на пет фестивалски вечери ќе се претстават над илјада учесници. Спектакл на затворањето ќе бидат „Љубојна“ и Исмаил Лумановски чиј

репертоар ќе биде составен дел на албумот што ќе го издаде НУ Центар за култура-Битола. Навистина гордост е да се биде дел од овој квалитетен и значаен настан и да се учествува во надградувањето на фестивалската програма што ја подготвуваме со тимот кој секоја година со новитетите обезбедува додадена вредност на фестивалот, посочи Димитровски. НУ Центар за култура-Битола преку креативниот тим секоја година востановува новини кои се прифатени од стручната, но и општата јавност, а потврда за тоа се позитивните коментари, критики и секако бројната публика која може да се забележи на сите фестивалски локации. 5


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015 -Од 2010 година или во последниве пет години успеавме да го ребрендираме фестивалот но душата и суштината ги задржавме, а тоа публиката го препозна бидејќи ја има насекаде, на сите локации како што се ракометното игралиште, магазата, Широк Сокак, Домот на АРМ, Старата битолск а чаршија, Херак леа, а годинава за прв пат интернационалната вечер ќе биде на плоштадот „Магнолија“. Заштитен знак на фестивалот и годинава е фестивалското дефиле кое ќе се организира во очи на свеченото отворање и на кое ќе се претстават културно уметнички друштва и фолклорни групи од државата и странство. Битолчани веќе со љубопитност и се во исчекување на свеченото отворање, но и на свеченото затворање кое ќе биде ретко виден културен и музички настан во државата, нагласува Димитровски. Фестивал от „Илинденски денови“ е производ од сите и за сите генерации. Тоа е отворена сцена за културно уметнички друштва и фолклорни групи од сите краишта на Македонија, но и од сите светски меридијани и затоа критичарите велат дека станува збор за фестивал од државата кон светот и од светот во државата! -Самото чување и промовирање на македонската традиција пред гостите од странство, како и пред нашите иселеници на најдобар начин значи можност да се презентира тоа што е најдобро од Битола во светот, а на добар пат сме и светот да го донесеме во Битола бидејќи од година во година имаме бројни атрактивни групи од сите страни на светот кои токму во нашиот град ќе ја презентираат сопствената традиција. Нашата мисија е да ја однесеме Битола во светот, но и светот да го донесеме во Македонија, и таа мисија е повеќе од успешна. Изворните групи што немаат голема можност да се презентираат на други сцени се тука на „Илинденски денови“,

а тука пак нивните настапи и кореографии ги следат менаџери и директори на различни фестивали кои им испраќаат покани за идни гостувања во странство. Затоа со задоволство и годинава ќе имаме групи со автентична програма како што се на пример Русалиите од Секирник, групата од селото Драмче, Делчевско која ја изведува култната „Копачка“ и други. За нас секогаш претставува голем предизвик да се задржи автентичноста и да се понуди нешто ново што ќе понуди разлика без да се нарушат основните постулати и задоволството е уште поголемо затоа што во тоа успеваме, вели Димитровски. Фестивалот „Илинденски денови“ почнува вечер кога по 45-ти пат со орото „Комитско“ ќе се подигне фестивалската сцена, а потоа звуците ќе ги измешаат македонските изворни инструменти и атрактивни групи од странство кои ќе ги претстават сите бои на светот. -Годинава од Сардинија ни доаѓа група што негува изворен традиционален фолклор, од Хрватска доаѓа еден од најдобрите ансамбли во таа држава, од Полска, Романија и Србија ќе се претстават вистински професионалци. Секоја година, но и овој пат драги учесници се нашите иселеници, оние што го негуваат фолклорот и традицијата надвор од матичната држава. На сите фолклорот им е во душата и срцето, впрочем така го чувствуваме и ние овој фестивал за кој се подготуваме цела година, и затоа Ве поканувам да престојувате на сите фестивалски вечери бидејќи се со различни содржини, а на последната со бурен аплауз да ги наградиме најуспешните во чија чест концерт ќе одржат „Љубојна“ и Исмаил Лумановски, порача директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски во фестивалското интервју за првиот број на фестивалскиот Билтен. 6


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

ПОВЕЛЕТЕ НА ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА! Од кога не сте вкусиле шербет? Сакате ли ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА? Не ја пропуштајте првата можност!

„ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА и ИСМАИЛ ЛУМАНОВСКИ“ на 1 август на Хераклеа во Битола! Одбројувањето до спектакуларниот концерт на групата „Љубојна“ со Исмал Лумановски започна. На големиот настан му претходеше скромна најава, така како што секогаш Верче и Оливер ги соопштуваат важните музички настани. Во пресрет на концертот што ќе се одржи на 1-ви август вокалистката Вера Милошевска го изјави следното: -Верувајте, тоа ќе биде прекрасна средба на многу виртуози на една сцена. Ќе има еден убав чалгиски звук кој ќе потсети на некогашните чалгии на Тале Огненовски. Со нас ќе биде светски познатиот виртуоз Исмаил Лумановски, врвен светски кларинетист чија школа почнува токму од чалгиското дувло...од Битола! Се гледаме на Хераклеа, нагласи Верче на прес конференцијата посветена на претстојниот концерт.

Придружувани од својот домаќин, директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски, првите луѓе на „Љубојна“, Верче и Оливер, не пропуштија да соопштат дека се подготвува новото CD чиј издавач ќе биде токму НУ Центар за култураБитола. -Овој проект го најавуваме со големо задоволство. Неколку години го чекавме Исмаил Лумановски да ги усогласи своите термини, и токму на 1-ви август да биде слободен. Во Битола ќе пристигне од Иран, а потоа ќе продолжи за Либан. Сакаме сите заедно битолчани да ги почестиме со шербет, бидејќи токму битолчани го знаат вистинскиот вкус на шербетот. Ќе понудиме царска музика затоа што тоа македонската публика го сака, а потоа и CD во кое ќе бидат содржани мајсторствата на Исмаил Лумановски, на 15-на други музичари со кои ќе настапиме на Хераклеа и со кои меѓу д ру гото с а к а м е д а с е поклониме на делото што го остави Тале Огненовски. Се гледаме на Хераклеа, рече и Оливер Јосифовски, на средбата со новинарите во пресрет на концертот што е во рамките на јубулејното 45-то издание на фестивалот „Илинденски денови“

7


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

40 години Државна изложба на детски ликовни творби

„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ Воспоставувањето на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола во 1971 година отвори нови хоризонти, нови можности, нови патеки во негувањето, презентирањето и афирмацијата на народната култура и традиционалните вредности. Еден од вредните сегменти и составен дел на фолклорниот мозаик е и изложбата на детски ликовни творби која од 1975 година и денес, се организира под наслов „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. -Големиот интерес на децата од цела држава и нивните ликовни педагози, позитивните одгласи во стручната јавност и личните впечатоци на учесниците даваат нова енергија и секогаш отвораат нови можности. Од 1975 година до денес на изложбата во Битола со свои творби учествувале околу 80.000 деца од сите краишта на Македонија и затоа оваа изложба е неразделлив сегмент од фестивалот. Ние продолжуваме да ги поддржуваме младите како наша иднина и затоа годинава почетокот на фестивалските програмски активности им ги посветивме на најмладите, истакна директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски кој свечено ја отвори изложбата на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

8


ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

Детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“ НУ Центар за култура Битола Мала сала –28 .07.2015 - 11.30 часот Детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, претставува природно програмско надоградување на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ Битола. Главна цел на работилнициата е поттикнување на младите генерации да истражуваат делови од народната култура, да се инспирираат од народната култура, да создаваат дела инспирирани од народната култура, со што би се обезбедил авторски континуитет на традиционалната уметност. Во рамките на детска ликовна работилница со која раководат ликовниот уметник Панде Петровски и етнологот Мери Стојановска во координација со Валентин Соклевски, учествуваат педесеттина ученици и педагози од Битола и Република Македонија.

9


НАЈАВУВАМЕ 29.07.2015 година (среда) Детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“ НУ Центар за култура Битола – Фоаје – 10.00 часот Семинар за традиционална музика и игра НУ Центар за култура Битола – Мала сала – 11.00 часот Проекција на етно филмови Мала сала – 11.30 часот Дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ Саат кула, Широк сокак – 18.00 часот Свечено отворање на 45. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Вечер на традиционална музика и игра Ракометно игралиште – 20.00 часот. Свечено отворање на фестивалот со орото „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ Битола 1. „Русалии“ с. Секирник 2. КУД „Мирка Гинова“ Демир Капија 3. Група „Џомалари“ с. Ресава 4. ФА „Јанко Глигоров“ Свети Николе 5. КУД „Мирче Ацев“ Прилеп 6. ФА „Туропоље“ Велика Горица, Хрватска 7. КУД „Шкипоња“ Сарај, Скопје 8. ДФА „Китка“ Истибања 9. КУД „Илинден“ Битола 10. „Куартиере Вилланова ди Каљари“ Сардинија, Италија 11. Ансамбл „Македонка“ Св. Климент Охридски, Торонто Канада „Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер КЦ Магаза – 22.30 часот


45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

2015


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.