Porta 3 - 300

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

300 30

ЈАНУАРИ

ЈАНУАРИ 2021

Интервју со добитниците Интервју со добитниците на наградата „Порта наградата „Порта 3“ 2020 3“ 20

Охрид една нога пр Охрид со еднасо нога преку црвената линија лин црвената

ПРОТО: Европска дестинација за виртуелна реалност!реално ПРОТО: Европска дестинација за виртуелна

90 ДЕНАРИ

90 ДЕНАРИ



ПОРТА


СОДРЖИНА

16

ИНФО 10

20

АРХИТЕКТ ЃОКО РАДОВАНОВИЌ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА 2020 НА ААМ НЕ СЕ ДОДЕЛИ УСВОЕН ТАРИФНИКОТ ЗА ВРЕДНОСТА НА РАБОТИТЕ ОД УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ WIENERBERGER ВЕ КАНИ ДА СЕ ПРИЈАВЕТЕ ЗА НАГРАДИТЕ BRICK AWARD 22

РЕГИОНИ 14 ИНТЕРВЈУ 16

27

ОГРОМНО Е ИСКУСТВОТО ШТО СЕ СТЕКНУВА РАБОТЕЈЌИ НА ПРОЕКТИ ВО СТРАНСТВО

ИНТЕРВЈУ 20 СÈ ПОВЕЌЕ НИ ТРЕБААТ АРХИТЕКТИ КОИ СОНУВААТ

ИНТЕРВЈУ 24 ТРЕБА ДА ЈА ОДБРАНИМЕ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, НЕ САМО ОНЛАЈН, ТУКУ И НА УЛИЦА

АРХИТЕКТУРА 27 ПРОТО: ЕВРОПСКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ!

АРХИТЕКТУРА 32 ВИЛА КАРМЕЛ - СИМБИОЗА НА КУЌАТА СО ОКОЛИНАТА

46

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 38 ОХРИД СО ЕДНА НОГА ПРЕКУ ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА

СТАВ 42 КАКОВ ГРАД САКАМЕ?

ИНТЕРВЈУ 46 КОЛКУ ПРОБЛЕМИТЕ ВО ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НÈ ОДДАЛЕЧУВААТ ОД ЕУ?

ЕКОЛОГИЈА 50 СИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ШАР ПЛАНИНА

НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 54 НАЈОЧЕКУВАНИТЕ ГРАДБИ ВО 2021 ГОДИНА

ХОРТИКУЛТУРА 58 LABRINTO DELLA MASON - ЖИВА УМЕТНОСТ НА ОТВОРЕНО

ПОРТА

25 јули 2014

58

54


ГОДИНА XVI

БРОЈ 300 ПЕТОК 29.1.2021 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Со влегувањето во 17-та година од своето постоење пред вас го имате 300-тиот број на нашето и ваше списание „Порта 3“. Бројка која навистина е за почит, а која на почетокот сигурно дека изгледаше многу далечна. Но, ете. Желбата да се има специјализирано списание, за области кои сите ги засегаат, доведе до овие 300 броја. Иако сме надвор од дневнополитичките известувања, сепак обработуваме области кои подеднакво се дел од секојдневието. И нема да бидеме скромни туку напротив ќе кажеме дека веќе сме препознатливи и единствени на пазарот. За успехот, пак, заслужни се и нашите редовни соработници кои несебично се даваат себеси со секој напишан текст, истражена и обработена тема. Затоа голема благодарност до сите нив, како и до спонзорите кои се наши верни пријатели и кои знаеја да препознаат квалитет. Дека „Порта 3“ им е при срце на разни профили на читатели говорат и коментарите кои ни ги испратија по повод овој наш јубилеј. Содржински овој број го почнуваме со тоа дека Архитект Ѓоко Радовановиќ оваа година е добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“.Има образложение зошто Асоцијацијата на архитекти на Македнија оваа година не ја додели Големата годишна награда, која е под покровителство на претседателот. Има и информација за усвоениот Тарифник за вредноста на работите од урбанистичко планирање. Информациите за активностите на некои од локалните самоуправи повторно се застапени. Во овој 300-ти број имаме интервјуа со добитниците на наградата „Порта 3“ за 2020 година. Од разговорите со нив, како и од описот на нивната работа видливо е зошто токму тие се годинашни добитници. Рубриката архитектура во овој број ја отвора нашиот дописник од Лондон кој ни дава опис на ПРОТО: Центарот за технологии во развој кој е првиот центар за истражување и развој на „технологии во развој“ во Европа и единствениот центар надвор од Холивуд каде фотограметријата и регистрацијата на

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

движењето се достапни заедно на едно место. Најдобрите моменти на светлината и сенката може да се видат во Вилата Кармел која е во совршена хармонија со околината и претставува современа реинтерпретација на органската архитектура воспоставена од легендарниот Френк Лојд Рајт пред повеќе од еден век. Во рубриката културно наследство се навраќаме на она што беше актуелно изминатиот месец, а тоа е Нацрт-извештајот што УНЕСКО го испрати до нашите власти, а во кој е објаснета состојбата со заштитениот регион и за опасноста која му се заканува доколку ситуацијата не се подобри. Во рубриката став нашиот редовен соработник пишува за тоа дека е време да почнеме да градиме цивилизациски однос кон урбаното културно наследство кое е преостанато, напуштено и руинирано. Решавањето на проблемите со животната средина бараат време и посветеност од сите актери, МЖСПП, Владата, бизнис-секторот и на крај граѓаните. Сите ние треба да знаеме дека тие не се решаваат за една или за две години, вели во интервју Јадранка Иванова, експерт за законодавство за животна средина. На почетокот на следниот месец ќе се одржи јавна расправа по Нацрт-одлуката за прогласување на планината Водно за заштитено подрачје. Во овој број пренесуваме што сè е предвидено да биде заштитено, но и реакција на оние кои години наназад се борат за белите дробови на Скопје. Во светот на модерниот урбан дизајн пренесуваме кои се структурите што треба да ги обликуваат градовите во 2021 година, со што светот ќе добие нови архитектонски чуда. Во рубриката хортикултура може да се прочита за најголемиот лавиринт од бамбус во светот, кој се наоѓа во близина на Парма, Италија и кој претставува жива уметност на отворено. ОД РЕДАКЦИЈАТА 300 300

ЈАНУАРИ 2021

ЈАНУАРИ 2021

Интервју со добитниците на Интервју со добитниците на наградата „Порта наградата „Порта 3“ 2020 3“ 2020 Охрид една нога преку Охрид со еднасо нога преку црвената линија линија црвената

АВТОР АРХИТЕКТОНСКО БИРО PIECHOTA ARCHITECTURE

90 ДЕНАРИ

90 ДЕНАРИ

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ПРОТО: Европска дестинација за виртуелна реалност! ПРОТО: Европска дестинација за виртуелна реалност!

Насловна страница ВИЛА КАРМЕЛ КАЛИФОРНИЈА, САД

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 28.1.2021 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


300 броја со Вас! Со влегувањето во 17-та година од своето постоење пред вас го имате 300-тиот број на нашето и ваше списание „Порта 3“. Бројка која навистина е за почит, а која на почетокот сигурно дека изгледаше многу далечна. Но, ете. Желбата да се има специјализирано списание, за области кои сите ги засегаат, доведе до овие 300 броја. Иако сме надвор од дневнополитичките известувања, сепак обработуваме области кои подеднакво се дел од секојдневието. И нема да бидеме скромни туку напротив ќе кажеме дека веќе сме препознатливи и единствени на пазарот. За успехот, пак, заслужни се и нашите редовни соработници кои несебично се даваат себеси со секој напишан текст, истражена и обработена тема. Затоа голема благодарност до сите нив, како и до спонзорите кои се наши верни пријатели и кои знаеја да препознаат квалитет. Дека „Порта 3“ им е при срце на разни профили на читатели говорат и коментарите кои ни ги испратија по повод овој наш јубилеј Промовира факултетски активности Архитектонскиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје

Бренд со препознатлив квалитет Декан, Проф. Д-р Златко Србиноски - Градежен факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје Имам особена чест и пријатна должност да Ве поздравам во името на Градежниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и да Ви се заблагодарам за долгогодишната соработка. Голема е честа да се биде дел од издавање на јубилејниот 300-ти број на нашето ценето списание Порта 3 за градежништво, архитектура и екологија каде Градежниот факултет е редовно присутен во повеќе области. Порта 3 е центар за развој на слободната и научната мисла и стручна практика од областа на градежништвото, архитектурата и екологијата. Од друга страна, Градежниот факултет е најстара и најреномирана високообразовна институција од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката во нашата земја и вистински лидер во делот на техничките науки. Затоа сметам дека соработката на нашата матична куќа со Порта 3 има далеку поголемо значење од вообичаените релации кои факултетот ги има со останатата стручна периодика. Порта 3 е бренд со препознатлив квалитет во пошироки рамки и воедно списание кое постојано ги следи сите нови трендови и современите стручни настани, а наставниот и соработничкиот кадар на Градежниот факултет има голем придонес во афирмирањето на списанието Порта 3 и секогаш придонесува во збогатување на содржините со интересни теми. Ја користам оваа прилика да Ви посакам уште многу јубилеи, многу убави настани, а Градежниот факултет секогаш ќе биде достоен поддржувач на Вашата работа. 6

ПОРТА

29 јануари 2021

Една од главните содржини на секој број од стручното списание Порта 3 е архитектурата. Оттука и соработката со Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје најстарата, најголемата и најквалитетната институција во која се изучува архитектурата во нашата земја е неизбежна. Порта 3 уште од своите почетоци континуирано покажува интерес за работата на Факултетот, ги следи настаните во негова организација и активно ги промовира факултетски активности. Честитајќи ви го 300-тиот број, посакуваме, во годините пред нас, нашата соработка да стане уште подлабока и Порта 3 да биде медиумот преку кој пошироката јавност ќе се запознае со уште многу квалитетни проекти, настани, изложби и интервјуа со студентите и професорите на Архитектонскиот факултет - Скопје.


Проширување на видиците Мирче Адамчески, новинар, прв главен уредник на Порта 3 Секое здание поставено на здрав темел со години ќе им пркоси на сите предизвици во годините што ќе ги минува. Така е и со Порта 3. Темелот поставен во далечната 2004 година и покрај некои потреси што се јавуваа со текот на времето, ја издржа и ја издржува неговата проверка. Еве пред нас е 300тиот број на списанието. Во изминатите години Порта 3 покажа дека е незаменлив дел од медиумското покритие на она што се случува, што се случило и што ќе се случи во градежништвото, архитектурата и во екологијата кај нас, во регионот и пошироко. Списанието, со неговото читање, им ги проширува видиците или им ги потврдува познавањата на читателите. Порта 3 веќе 17 година упорно ја игра својата улога. Во сето ова е жално што надлежните министерства и други институции, некои еснафски асоцијации, па и поединци не ја препознаа или не сакаа да ја препознаат улогата на списанието. На овој план можеби ќе треба нешто повеќе да направат младите ентузијасти од Порта 3. Да се наметнуваат со квалитетни четива и други содржини и упорно да им ги туркаат под нос на погореспоменатите. Сите тие само се чукаат во гради за грижата за градежништвото, архитектурата и екологијата, а ништо не направиле да ги осознаат проблемите и достигнувањата во тие области, читајќи ја и поддржувајќи ја Порта 3.

Континуирана едукација Владимир Б. Ладински, дипл. инж. арх., соработник Искрени честитки за јубилејниот 300-ти број на Порта 3 со желби за понатамошни успеси. Од декември 2004 година Порта 3, прво преку своето печатено издание, а подоцна и преку веб- порталот ја информира стручната и поширката јавност за актуелните теми во доменот на градежништвото, архитектурата и екологијата. Така, преку своето медиумско делување, Порта 3 придонесува кон континуираната едукација на стручните лица и издигање на свеста и културата во доменот на изградената средина во земјата. Среќно и успешно кон следниот јубилеј.

Ни останува само да уживаме во читањето Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија Да се биде креативен, да се истражува за да се напише актуелен текст кој ќе биде занимлив и широко прифатен, да се биде успешен во овој модерен дигитализиран свет, а сепак да се зачуваат традиционалните вредности во време во кое вистината се третира како неутврден факт и лична констатација, а лагата како фактичка состојба и актуелна тема, претставува мисија која може да ја исполнат само најдобрите и најприспособливите луѓе со широки погледи. Мојата констатација е дека токму таквите луѓе се основата на која се темели списанието ПОРТА 3 и тимот кој секојдневно вложува голем труд во креирање на содржините поради кои е неминовен успехот што ова стручно списание го постигнува, имиџот кој го поседува и популарноста која ја има. Нам читателите ни останува само да уживаме во читањето на внимателно одбраните содржини, да се надградуваме во струката и да веруваме дека квалитетот кој веќе е потврден од верните читатели ќе продолжи да го препознаваат и афирмираат идните генерации. Понатамошните успеси ќе бидат привилегија за нас кои сме дел од струката и кои знаеме дека навремената и точна информација е богатство на денешницата.

Добитна комбинација Мишко Ралев, претседател на ААМ Ти пожелувам добре дојде 300-ти броју на ПОРТА 3, ти кој си исклучок од правилото дека кај нас ништо не опстојува толку долго, а особено не во печатениот медиумски сектор, а никако од областите кои ти ги покриваш. Од аспект на архитектура, слободно може да кажам дека ПОРТА 3 е веќе на општиот список на архитектонските институции кај нас. Моделот на списанието како амалгам помеѓу различни, но компатибилни области на обликување, конструирање и експлоатирање на просторот, се покажа како посебен и занимлив издавачки концепт и се докажа како добитна комбинација – 300 броја. Но, она што е најбитно во оваа „Серија 300“ е компетентната промоција и значајното размислување за развојот на современата македонска архитектура. И самото име „ПОРТА 3“ симболично ја дефинира улогата на списанието да ги отвора портите на сознанието за архитектурата, градежништвото и екологијата за сите заинтересирани. Мојата соработка со ПОРТА 3 се одвива одамна и тоа на 3 нивоа: професионално како архитект, едукативно како професор на Факултетот за архитектура и дизајн и најново како претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а се надевам дека истата ќе продолжи и ќе придонесе за многу позитивни искуства. 29 јануари 2021

ПОРТА

7


Има своја публика и меѓу стручната и меѓу пошироката јавност

Како светилник

д-р Даниела Младеновска, дипл. маш. инж., соработник

Љупка Дуковска, дипл. инж. арх., соработник

Станав соработник на списанието Порта 3 пред повеќе од една деценија, а со свои содржини на порталот сум присутна од самиот почеток. Соработката дојде сосема случајно, по една работилница за енергетска ефикасност. За мене тоа беше чест, задоволство и предизвик во исто време. Како дипломиран машински инженер и доктор по технички науки во фокусот на мојот интерес се енергетската ефикасност и одржливото енергетско планирање, па сосема логично се наметнаа и другите теми кои низ сите овие години ги третирам и кои неодминливо се поврзани со екологијата, одржливиот развој и новите технологии. Ме радува фактот што списанието има своја публика и меѓу стручната и меѓу пошироката јавност. Мене лично пишувањето на прилозите ми донесе огромно задоволство и ми стана омилено хоби. Низ годините, Редакцијата ми даде привилегија да запознаам прекрасни луѓе, ентузијасти кои посветено пристапуваат кон подготовката на секој број на списанието – и така до извонредната бројка од 300. Во последно време неретко во разговор со мои познаници кои воопшто и не знаат дека сум дел од оваа приказна, слушам коментари дека во Порта 3 има „добри работи“. Тоа ми е најголемиот комплимент и потврда дека сме на добар пат. До наредната „стотка“!

Се радувам на поводот за пишување на овие неколку реда, како мој мал прилог за 300-тиот број на списанието Порта 3. Исто како што пред повеќе години се израдував кога дознав за списанието. Помислив, ова е неопходно за архитектурата, градежништвото, екологијата, дејностите кои се многу важни за развојот, одржувањето и опстанувањето на секоја земја. Постојат толку многу дела од архитектонското минато на човештвото, а уште повеќе од сегашноста, за кои треба да се пишува... да се предочуваат пред јавноста, да се укажува на грешките, но и да се потенцираат убавите работи. Мојата соработка со Порта 3 почна пред повеќе години, во периодот кога слушнавме за проектот „Скопје 2014“ и обидот на ова списание да го обезбеди мислењето на што поголем број архитекти за овој проект. Да овозможи еден вид јавна дебата, за која беше евидентно дека недостасува. Мислев дека е тоа одличен потег, бидејќи малку се слушаше мислењето на професионалците. Со големо задоволство почнав да пишувам за Порта 3 и за архитектите кои создаваат и градат современи објекти, кои стануваат симболи на земјите во кои се градат, кои некогаш предизвикуваат полемики и дискусии, но сепак ја испишуваат историјата на современата светска архитектура. Се радувам на 300-тиот број на ова професионално списание. Порта 3 ја доживувам како светилник, како патоказ за професионално информирање во областа на градителството, кое било и ќе биде една од најзначајните дејности кај нас, кај овој прекрасен, креативен народ.

Убаво освежување Проф. Д-р Влатко Шешов, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС Соработката со уредувачкиот одбор претставува навистина големо задоволство. Темите и информациите презентирани на страниците на Порта 3 , се секогаш актуелни и корисни за градежните инженери и градежната наука во нашата држава. Порта 3 е навистина убаво освежување во медиумскиот простор, особено во делот стручни списанија, кое придонесува и во промоција на нови навики за убаво и модерно, урбано живеење. Се надеваме ќе опстоите во презентирање на вистински и проверени информации и покрај сите финансиски предизвици и тешкотии кои го обременуваат ова време. Честитки од целиот колектив на ИЗИИС за големиот јубилеј 300. број и најдобри желби да продолжите со успешна работа и уште многу, многу броеви на Порта 3.

Некогаш сон, денес реалност! Благоја Дончев, Претседател на УО и генерален директор на АДИНГ Како да беше вчера, а влеговме во 17-та година од мојот сон кој стана реалност со излегувањето на првиот број на Порта 3, а еве го и 300-тиот број. Во сонувањето ми се приклучија и моите АДИНГОВЦИ со кои ја имавме истата матрица од нашиот АДИНГ, компанија која секогаш го имала и го има поривот да биде чекор пред другите, освен во Македонија и регионот и многу подалеку во светот докажувајќи дека и ние можеме. Знаевме што сакаме, знаевме што ни треба. Ни требаше Порта 3, ѝ требаше на нашата струка, му требаше на градежништвото, архитектурата и екологијата, како што на човекот му треба вода, сонце и воздух. Но, ни требаа и новинари кои сакаа да го работат тоа што требаше да биде Порта 3. Во тоа време многу добро познавав еден новинар, мој многу добар пријател од пропаднатото големо НИП (новинско-издавачко претпријатие) „Нова Македонија”. Му ја раскажав идејата и така почна. Тоа беше г-динот Мирче Адамчевски човек од техниката по струка, а професионален новинар кој ја прифати идејата да правиме списание. Убедив уште дваесетина основачи, направивме буџет и на голема врата 8

ПОРТА

29 јануари 2021

влеговме во македонската историја. Најголемата поддршка Порта 3 ја добиваше од Адинг, а постепено и од другите компании во градежништвото која поддршка трае до денеска. Но мојот сон не е до крај исполнет. Сонот е Порта 3 да биде регионално, балканско списание кое ќе ја обедини струката. Ја споделивме идејата со повеќе наши познаници во Белград, Тирана, Приштина, Софија и други градови. Има поддршка, но тоа е инвестиција и бара концепт преточен во БИЗНИС-ПЛАН и финансиски средства со поддршка на струката и професиoнален ТИМ кој тоа ќе го води и реализира. Ова беше едно мое потсетување како почнавме, останатото е историја. Се надевам дека некоја идна генерација ќе го отсонува и реализира мојот сон. Нека ни е ЧЕСТИТ 300-тиот број на сите кои го уредуваат списанието, новинарите, соработниците и секако читателите и сите кои го сакаат и почитуваат списанието. Продолжуваме... !


ПОРТА


инфо

Архитект Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ рз основа на одлуката на УО на Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ донесена на 14.1.2021 година, наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2020 година е доделена на Ѓоко Радовановиќ, дипломиран инженер архитект од Скопје. Жирито во состав: претседател Мартин Гулески, д. и. а.; членови: Миодраг Митровиќ, д. и. а., Виолета Бакалчев, д. и. а., Јана ГугулоскаЃорѓевиќ, д. и. а., Ѕвонко Тасевски, д. и. а. едногласно поднесе предлог-одлука до УО на ААМ за негово прогласување за добитник. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонската академија на ААМ. „Особено ми е драго што оваа награда се додели на еден истакнат архитект како што е Ѓоко Радовановиќ. Неговите архитектонски дела, стилот и изразот оставаат огромен белег, посебно на градот Скопје. Работата на архитект Радовановиќ е од суштинска важност за современата македонска архитектура, во целина“, истакна проф. д-р Мишко Ралев, претседател на ААМ. Ѓоко Радовановиќ е роден во Подујево , во 1949 година. Средно образование, насока архитектонски техничар, завршува во Ниш, а дипломира на Архитектонскиот факултет во

В

10

ПОРТА

29 јануари 2021

Скопје. Радовановиќ зад себе има богато архитектонско творештво. Автор е на повеќе проекти и објекти од кои негови позначајни дела се: Соравиа Центар Скопје, Соравиа Ресорт Скопје, Спортски центар „Јане Сандански“, „Вила Дарко Панчев“ исто така во Скопје, индустриски објект „Рио Кафе” и многу други. За својата работа како признание од колегите Радовановиќ е добитник и на две големи годишни награди на ААМ, под покровителство на претседателот на РСМ – за Спортскиот центар ,,Јане Сандански“ (2014) и за „Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување“ во Скопје (2016). n


инфо

Големата годишна награда 2020 на ААМ не се додели олемата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ за 2020 година, под покровителство на претседателот, не се додели. Реализираните објекти во 2020 година со своите димензии и намени се одраз на обемот и намената на инвестираните средства, но и на неквалитетното урбанистичкото планирање во земјава. Пред Комисијата, за избор на изграден објект во 2020 година, кој со архитектонскиот дострел ја одбележува годината, беа презентирани само два објекти: станбено-деловен објект на ул: „Теофан Економов“, Куманово, проект на бирото „Тајфа архитекти“ и DIVAJN Residence by Rosomanov, ул: „Атинска“ бр. 15, Скопје, проект на бирото „ДИВАЈН Зоран“. Објектите укажуваа на авторскиот напор да се реализира објект кој со својата функција и архитектура ќе ја облагороди средината и ќе биде израз на современите трендови во архитектурата, но со својата реализација скромно го исполниле стремежот. Комисијата, која работаше во состав: претседател на комисијата Миодраг Радоњиќ-Бато, д. и. а.; членови: Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, д. и. а., Бојан Каранаков, д. и. а., Бесиан Мехмети, д. и. а. и Аљоша Шопар, д. и. а. во образложението за својата работа вели: „Комисијата изврши детален, стручен увид во пристигнатите трудови. Комисијата имаше најдобра намера и би сакала да имаше задоволство да додели награда која ќе биде вистински репрезент на квалитетно архитектонско творештво. Воедно ќе го покаже пред јавноста и високиот критериумот на ААМ и нејзината заложба за квалитетна архитектура и нејзино вреднување и оддавање почит. Пријавените објекти не успеаја да ги исполнат стручните критериуми за проектирање објекти со својата намена во однос на нивната функција и архитектонско обликување. Не успеа да се одвои објект кој создава комплекс од квалитетни карактеристики

Г

не само за архитектурата и за директните корисници на просторот, туку и вредности важни за општествената заедница и за индиректните корисници. Архитектурата треба да создава здрав амбиент, повеќе отколку да биде процес на создавање ексклузивни градби“. n

ПОРТА


инфо

Усвоен Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање о Законот за просторно и урбанистичко планирање уште во 2015 година е назначено дека Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија треба да предложи ценовник за урбанистички дејности кој треба да го усвои Владата. На предлог на Собранието на Комората ОИА, Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање беше доставен до Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, кое го одобри и го достави до Владата на РС Македонија. Владата на својата седницата одржана на 12 јануари 2021 година даде согласност за Тарифникот и Одлуката за истиот е објавена во Службен весник бр. 8 од 12.1.2021 година, што значи дека од наредниот ден веќе е на сила. Со овој тарифник се пропишува висината на надоместоците за изработка на урбанистички планови, урбанистички проект, урбанистички проект со план за парцелација, планска програма, стручна ревизија и стручни студии и елаборати неопходни за изработка на урбанистички работи. Висината на надоместоците од Тарифникот се изразува во евра и се пресметува во денари според средниот курс на Народната банка на РСМ. Висината на надоместокот за извршените работи од урбанистичкото планирање се пресметува преку површината на планскиот опфат како главен показател, оптовареноста на просторот во планскиот опфат којшто ја утврдува количината на трудот како и цената на трудот на планерите изготвувачи на плановите и коефициентот на работа на лиценцираната фирма – изработувач на планот. Висината на надоместокот за изработка на планската програма и стручната ревизија е изразена како процент од вредноста на надоместокот за изработка на урбанистичкиот план и урбанистичкиот проект. Во Тарифникот се дадени и прилози со табели за методолошкиот пристап за утврдување на вредноста за изработка на урбанистичките планови. Дадени се и табели со нормативи и постапка за утврдување пресметковни поени врз основа на чиј збир се утврдува вредноста за изработка, цената на планот, количината на трудот и се добива минимална и максимална цена. Исто така дадени се и табели со нормативи и постапка за утврдување на вредноста на стручен труд при изработка на план. Нормата за работа нa план се утврдува по единица површина хектар, односно збирот на норма - час за еден хектар за поединечна категорија на стручни лица. Вредноста на норма час е пресметан според податоци од Државниот завод за статистика на РСМ за просечна нето-плата од 4.2020 година и изнесува 25.830 денари, а бруто изнесува 38.567 денари. Вредноста на нето-плата за урбанист-планер со овластување треба да изнесува 176 часа х 4,7 € = 827 €, за инженер без овластување 176 часа х 2,7 € = 475 € и за административец - почетник инженер 176 часа 1,7 € = 299 €. Цената на планската програма и стручната ревизија се изразени како % од цената на планот од 7,5 до 20 % според површината на планот. Овие вредности се додаваат на вредноста која е добиена за изработка на урбанистички план. Цената на планската програма и стручната ревизија за истиот план е иста. n

В

12

ПОРТА

29 јануари 2021


инфо

Wienerberger ве кани да се пријавите за наградите Brick Award 22 rick Award е меѓународно признато наградување на извонредна архитектура од тули. За Brick Award 2022 година, Wienerberger ги поканува архитектите од целиот свет да ги пријават своите објекти. Wienerberger е најголемиот светски производител на тули и лидер на пазарот во производство на ќерамиди во Европа. За Brick Award 22 натпреварувањето, отворена е онлајн платформата почнувајќи од 11 јануари 2021 година. Периодот на пријавување завршува на 8 април 2021 година. Пријавувањето е бесплатно на следниот линк: https://brickaward22.submit.to/register/ Од учесниците се бара да пополнат онлајн образец кој се состои од основни податоци за проектот, краток информативен текст, како и слики и проект на објектот. По затворањето на периодот за регистрација, жирито ќе направи прелиминарна селекција од 150 до 200 проекти кои ќе бидат официјално гласани, а потоа од нив ќе номинира 50 проекти од целиот свет кои влегуваат во конкуренција за наградите. Жирито во јуни 2021 во Виена ќе ги одбере добитниците. Сите детали околу категориите за учество, начинот на пријава и селекција на добитниците може да се видат на линкот: https://www.brickaward.com/Submission.html

B

Критериумите за оценување вклучуваат иновативен дизајн и концепт на архитектурата, вешта и иновативна употреба на тули, како и квалитет на архитектурата во однос на естетиката, формата и конфигурацијата на проектот. Посебно внимание е насочено и на адекватноста на проектот во однос на неговата намена, типот на градење и културниот контекст, како и аспектите на одржливост и енергетска ефикасност. Важен критериум за доставување апликации е значителен дел од објектот да

се состои од глинен градежен материјал и да биде актуелен проект завршен во или по 2018 година. Проектите не мора строго да се градени со глинени материјали на Wienerberger, ова не е предуслов за аплицирање. Може да се пријават проекти во кои се употребени нови или користени тули од било кој производител. Добитниците на наградите Brick Award се прогласуваат секои две години на церемонија на доделување на наградите и 50. номинации се презентираат во книгата Brick Book. n

ПОРТА


региони

Полу-подземни контејнери на неколку локации во Охрид Општина Охрид почна активности за поставување на полуподземни контејнери кои значително ќе придонесат за подобрување на јавната чистота во градот. Контејнерите имаат капацитет од пет метри кубни и ги исполнуваат сите најсовремени стандарди за депонирање на отпад. Располагаат со механизми за побрзо празнење, можност за заклучување и други карактеристики кои ќе овозможат нивно долготрајно користење. Во рамки на правата фаза, веќе е поставен ваков контејнер пред влезот на „Горна Порта“, а во текот на наредниот период полуподземни контејнери ќе бидат поставени и на пресекот меѓу улиците Јане Сандански и Славеј Планина, на пресекот меѓу булевар Туристичка и улица Даме Груев и на кеј „Македонија“. Проценетата вредност на контејнерите изнесува еден милион денари, но оваа сума на е-аукција беше намалена на 434.889 денари. Со ова е остварена заштеда во износ 565.111 денар, од средствата на општинскиот буџет.

Во Кочани ќе се гради комплекс дом за престој на незгрижени лица Фирмата „Панел М“ од Тетово ќе биде изведувач на блокот ламели за домување на незгрижените лица од Старата касарна во Кочани, откако на е-аукција дала најниска цена. За изградбата ќе бидат наменети 23.748.753 денари. Во наредниот период, по комплетирањето на потребната документација, изборот на изведувачот ќе се официјализира со потпишување на одлуката.

ПОРТА

Проектот опфаќа изградба на седум типски куќички од цврста градба. Една ламела е со вкупна бруто површина од 138 метри квадратни. Просторот наменет за домување на едно семејство ќе има приближно 30 метри квадратни за дневен престој, спална соба и бања. Изведувачот ќе работи на земјани, ѕидарски, подополагачки работи, на поставување надворешна и внатрешна столарија, водовод,

канализација и електрика. Изминативе две години Општина Кочани изработи Локална урбанистичко-планска документација со намена за групно домување. Парцелата со површина од 2,96 ха е државно земјиште, коешто се наоѓа на северниот дел на Кочани, источно од Фабриката за вода. Рокот за изградба на домот за престој на незгрижени лица е 15 месеци.


Потпишан договор за уредување на локалитетот Станечки Водопади Локалитетот Станечки Водопади, еден од туристичките потенцијали на општина Крива Паланка, ќе се уредува во рамки на проектот со симболичен наслов „Connecting Pearl – Да ги поврземе бисерите“. Проектот е аплициран во рамки на Програмата за прекугранична соработка на ЕУ меѓу Србија и Република Северна Македонија, и се реализира во партнерство помеѓу Општина Крива Паланка и Град Лесковац од Србија како и Центарот за развој на Пчињско – Јабланичкиот регион од Србија. Инвестицискиот дел предвидува изградба на пешачка патека од училиштето во село Станци кон локалитетот Станечки Водопади се до локалитетот Ловечка куќа. Вкупната должина на патеката е околку 4.300 метри, при што долж истата, проектот предвидува поставување на урбана опрема, клупи и места за одмор, корпи за отпадоци, платформа за набљудување на водопадот,

како и други содржини кои ќе го збогатат амбиентот. Проектот исто така предвидува одржување на тридневен настан „Зелен викенд“ во Крива Паланка како и имплементација на иновативни решенија кои што ќе придонесат

за подобра промоција на туристичките потенцијали на прекуграничниот регион. Вкупниот буџет на проектот изнесува 236 илјади евра од кои половината се наменети за реализација на активностите во Општина Крива Паланка.

Нов сјај за кејот на Брегалница во Берово Кејот на река Брегалница во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место на Беровчани. Привршуваат градежните работи на пешачката патека и заштитна ограда покрај река Брегалница, како и санацијата на кејските ѕидови и осветлувањето на потегот од поранешниот хотел „Македонија“, до спојот со мостот на улицата Велко Влаховиќ. Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот „Заштита на жителите, долж две реки“, кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугарија, финансиран од Програмата Интеррег ИПА прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за неколку месеци.

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

29 јануари 2021

ПОРТА

15


интервју

ВИКтОР МИтеВСКИ - НАГРАДА ЗА ГРАДеЖНИШтВО ПОРтА 3 2020

Огромно е искуството што се стекнува

работејќи на проекти во странство

Секој магистрален, регионален, експресен пат или автопат е генерациски, а не политички проект. Кога ќе направиме атмосфера така да гледаме на работите, секако ќе се види разликата во позитивен правец, струката мора да го држи главниот збор Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. о релативно краток временски период од десетина години поминавте неколку фази во градежната оператива. Од изведба на објекти во високоградба, изведувачко- проектанска во нискоградба, до раководни позиции во оперативата на Гранит... n Пред да кажам што било, би сакал да се заблагодарам на Редакцијата на Порта 3 како и на членовите на Жирито за укажаната чест, за доделената Награда за градежништво за 2020 година. На Градежниот факултет во Скопје дипломирав во 2007 година, а тогаш актуелна беше високоградбата. Млад инженер, верувајте, нема многу простор да бира што и каде ќе работи, може само да одлучи дали проектирање или изведба. Јас отсекогаш сакав изведба, па уште летото се најдов на скопските новоградби, а веќе наредната година на објектите од „Скопје 2014“. На Градежен факултет се запишав со желба да градам мостови, постојано барав начин и конкурирав за

В

16

ПОРТА

29 јануари 2021

ангажман на такви објекти, па кога се појави можност добив задачи во нискоградбата, и така од 2010 со мали прекини работам на инфраструктурни проекти. Кој од овие периоди беше одлучувачки за формирање на вашиот инженерски профил и кој од проектите на кој се формиравте како оперативец, најмногу ви остана во срце по својата величина, тежина и секако можност за сопствено надградување? n Секој проект и објект има своја специфика и тежина и битно е инженерите постојано да учат и да се надоградуваат. На почетокот се учи техничкиот дел, занаетот, се учи од секој, од мајсторите, машинистите, техничарите и инженерите, од луѓето со кои заедно го градите објектот, од надзорите, подизведувачите. Како млад инженер се трудите и давате сè од себе за да ја завршите работата најдобро. Дали тоа некој ќе го препознае, тоа е вистинското прашање. Ја имав таа среќа некој да види потенцијал во мене и да има доблест да ми понуди, а јас храброст да прифатам работа, позиција која беше над моето тогашно ниво. Кога првпат станав раководител на објект, на административниот

објект на АЕК, почнав да се занимавам со правниот дел, со договорот, со финансискиот аспект на работењето, секако покрај организацијата и техничкиот дел, и тој е објектот и периодот кога направив крупен чекор напред. Резултатите од работењето на тој проект, оправданата доверба, ми донесоа можност за раководни задачи на проект во странство и така дојде Босна, најпрвин делницата Прњавор – Добој, а подоцна и Бања Лука – Прњавор. Тоа се тие објекти коишто засекогаш ќе имаат посебно место во мојот живот, на тие проекти напредував најмногу, не само хиерархиски, туку и како инженер. Огромно е искуството што се стекнува работејќи на проекти во странство и работејќи на големи инфраструктурни проекти. Тоа, во комбинација со искусни луѓе од кои има што да научите води до нови можности, ширење на видиците, нови перспективи. Изведбата на Гранит во период од 2012 до 2019 година изведуваше автопатишта во Босна и Херцеговина за кои доби многу признанија. Во Македонија тие проекти како да не добија некој посебен маркетинг. Не сакаше или не знаеше Гра-


нит да се рекламира со овие извонредни проекти? n Во последно време практикуваме видеопрезентација како начин на претставување на активните и на завршените проекти. На вебстраницата на Гранит, сè уште е активен третиот видеоклип за изградбата на двете делници од Автопатот Бања Лука – Добој, во кој може да видите и дел од процесот на градба и како изгледа автопатот по пуштање во употреба. На страниците на Вашето списание во два наврати, во 2016 и 2018 година, се обидовме да доловиме како изгледаше борбата со активно лизгање на земјиштето, две сосема различни решенија, интересни од геотехнички од проектантски и секако од изведувачки аспект. Ако за делот од автопатот којшто го работеше Гранит може да слушнете и во Србија, во Хрватска и Словенија, Австрија и Грција, прашањето е за што се интересира фелата во Македонија, за големите инфраструктурни проекти или за згради. Инженерите во Македонија коишто се интересираат за коловозна конструкција, за рамност на асфалт, за геомеханика и сложени геотехнички објекти, за мостови и вијадукти, за иновативни решенија на колничко одводнување, за FIDIC Yellow Book договори, сигурен сум дека се запознаени со работата на тимот на Гранит во Босна и Херцеговина. Што научи во тие седум години поминати како изведувач, проектант и раководител на големи проекти, инженерот Виктор Митевски? n Би сакал прво да го појаснам делот околу проектирањето, бидејќи иако работев на проекти со наслов Проектирање и Изведба, не сум работел како проектант, туку само учествував во процесот на проектирање. Основата на договорите за автопатот во Босна беше Fidic Yellow Book, Design and

Build, и во тој вид на договори е опфатено проектирањето т.е. разработката на проектната документација од ниво идеен проект до ниво изведбен проект. За таа цел, изведувачот ангажираше проектантска куќа, секако служејќи се со искуството на изведувачот при решавање на специфичните детали и приспособување на проектот на технологијата со која се располага. Задачата нам оперативците, ни беше да им го ставиме на располагање нашето теренско искуство на проектантите со цел заедно да ги решиме и подобриме деталите во проектната документација, секако во согласност со важечките норми и стандарди, па на тој начин теоријата ја потковавме со пракса. Најбитниот елемент, состојката за успех во целиот тој процес е тимската работа, тоа е тоа што го научив од луѓето кои мене ме избраа да бидам дел од тимот за да подоцна го практи-

кувам тоа и со неколку луѓе, инженери, техничари, правници итн. да направам тим. Нема поединечни успеси во градежништвото, објектот, проектот е успешен поради тимот, а секако најголем дел од заслугите одат кај лидерот на тој тим. Би сакал да додадам и дека нема успешен проект без разумен, образован и реален надзор, технички поткован и расположен за соработка. Кога би го сумирале претходно кажанато, треба многу работи да се поклопат за да успеете да завршите еден капитален објект во некој разумен рок. Во последната декада во Македонија се изградија и се градат повеќе автопати, магистрални патишта, но со квалитетот кај некои од нив не може да се гордееме како држава. Каде грешевме? n Ќе го искористам прашањето за да го раслојам процес на изградба на еден пат, 29 јануари 2021

ПОРТА

17


без разлика на категоријата. Она што е видливо, крајниот резултат, и што е најподложно на критики е работата на изведувачот со задачата на надзорот да контролира, со цел да се обезбеди минимум пропишан квалитет, изведен во законски, договорни и технички рамки. На изведбата ѝ предничи изработката на проектната документација и ревизијата на истата, битен фактор од кој зависи нивото и квалитетот на градбата. Предуслов за добар проект се количината и видот на геотехничките истражни работи и квалитетот на геодетските снимки, а тие пак зависат од проектната задача која ја составил инженер од страна на инвеститорот или нивни консултант. За подобар краен резултат треба да работиме да го зголемиме нивото на секоја фаза. На ова ќе додадам дека секој магистрален, регионален, експресен пат или автопат е генерациски, а не поли-

ПОРТА

тички проект. Кога ќе направиме атмосфера така да гледаме на работите, секако ќе се види разликата во позитивен правец, струката мора да го држи главниот збор. Колку од овие патишта што ги спомнувате се доделени на домашната оператива? Повеќе од 60, 70 отсто ги „работат“ странски фирми кои овде се појавуваат со два и пол луѓе, за на крај пак да ја завршат работата македонските компании за пониска цена сè со цел да опстанат и да дочекаат подобри времиња. Во такви услови на нелојална конкуренција, тешко е да се очекува напредок и квалитет. Во почетна фаза е изведбата на долгоочекуваниот автопат за Косово. Гранит ја доби почетната делница, а се надева секако и на добивање на целата до преминот Блаце. Како одат работите и прогноза за завршување на овој многу значаен проект.

n Огромна чест и задоволство ми е да го водам овој проект и искрено се надевам дека ќе бидеме конкурентни и за втората делница, до клучката Стенковец. Проектот е во зачеток, па е многу тешко да се прогнозира крајниот рок. Бидејќи се јавуваат прашања во врска со рокот за завршување многу често, би сакал да појаснам некои работи. Рокот за завршување не се смета од датумот на потпишување договор, туку од датумот на вовед во работа, а за тоа треба да се исполнат пропишаните услови во договорот. Исто така, рокот зависи и од околностите кои влијаат и го опкружуваат проектот, а одговорноста за тој рок е на сите инволвирани страни. Во секој случај, за очекување е оваа година да се види голем напредок и се надевам дека нема да ни се случат некои непредвидливи физички околности кои го следат делот од автопатот на косовска страна па да се одолжи завршетокот.


Како заменик-директор на оператива, какво е Вашето гледање на развојот на инженерската фела кај нас? Може ли да очекуваме нов залет и надеж оперативата да се врати на меѓународниот пазар, каде не толку одамна бевме прилично значаен фактор? n Во Гранит имаме шампионски тим. Цениме и прифаќаме предизвици, имаме енергија, знаење, искуство, акумулирано знаење,

инфраструктура, ги имаме најдобрите оперативци и најдобрите машинисти, најдобрата лабораторија, а и скромни сме, прашање е на време кога ќе се вратиме на меѓународната сцена со поголем обем. Ја користам можноста и да го предизвикам секој инженер којшто се цени себеси и сака да работи големи инфраструктурни објекти да ни се приклучи во тимот и да докаже дека тоа го може.

Каде себеси се гледате во наредните десетина години, а секако и Гранит? n Во последните неколку години ги исцртавме контурите на една нова и модерна оператива и компанија. Ни претстои уште многу работа, постои и секогаш ќе постои простор за подобрување, но постои и атмосфера и позитивна енергија што е основен предуслов за успех. Би сакал и понатаму да бидам дел од таа приказна.. n

ПОРТА


интервју

Се повеќе ни требаат архитекти кои сонуваат отколку архитекти кои репродуцираат треба да се запрашаме која е улогата на архитектот во една ваква состојба на градски немир. Затоа тој креативен, истражувачки процес треба да биде толку многу истакнат и драгоцен, бидејќи еден архитект кој е научен да размислува (критикува), процесира, нема да биде соучесник во градската неправда

20

ПОРТА

29 јануари 2021


НИКОЛА ЃОРЃИеВСКИ - НАГРАДА ЗА АРХИтеКтУРА ПОРтА 3 2020 Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. едакцијата на Порта 3 со задоволство ја додели наградата на млад архитект кој неуморно се залага за вистински вредности во архитектурата и урбанизмот и за професионализам. Дипломиравте архитектура во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а потоа се дошколувавте на повеќе архитектонски школи во европа. Воочувате ли разлика во образованието на архитектите кај нас и во странство? n Благодарам што ги препознавте моите заложби. Главната разлика во образованието не е толку во наставниот модел, туку во односот помеѓу факултетот како институција и студентот како единка. На овој начин во западните школи интегритетот на професијата е подобро зачуван, особено кај скандинавските школи, а архитектот, но и архитектонската школа, сè уште имаат значајна влијателна позиција во општеството, за разлика од кај нас. Секако постојат и разлики во наставниот модел, и тука клучно е да се каже дека студентите во Скопје се преоптоварени со многубројни предмети и школувањето се сведува на собирање поени, наместо фокусирање на креативниот истражувачки процес, како единствен и специфичен за архитектонската дисциплина. Би сакал да видам програма без оценки, со главен и интензивен фокус на предметот Студио, надополнет со повеќе архитектонска теорија, историја и конструкции, но и изучувања на пејзажот и природниот предел уште на самиот почеток. Од моето искуство, и како студент, и како наставник, секогаш гледам подобри проекти кога факултетот има хоризонтална хиерархија и програма која ја акцентира слободната, креативна истражувачка мисла, бидејќи сè повеќе ни

Р

требаат архитекти кои сонуваат отколку архитекти кои репродуцираат. Учесник сте, добитник и победник на меѓународни конкурси во регионот како дел од меѓународен тим. Дали сте учествувале на архитектонски конкурс кај нас? Колку се разликуваат регионалните конкурси од оние кај нас? Кој е тимот со кој ги работите и како дојде до оваа регионална соработка? n Сум учествувал на неколку домашни конкурси и мора да признаам дека нивото на коешто се распишани конкурсите тука е навистина ниско. Ќе споредам со конкурс распишан во Србија. Во конкурсната документација имате професионално напишан текст, од историјат на локацијата до многубројни детали во проектантската програма, дрон фотографии, дигитални технички цртежи од повеќе фази и слично. Истото не можам да го кажам за документите што ги добиваме од порталот „Јавни набавки“. Дополнително, во жири-комисиите секогаш имало некој значаен домашен архитект за кој моите колеги имале навистина високо мислење. Жири-комисиите кај нас се честопати сомнителни и општински ориентирани, и знаат да го стават интегритетот на конкурсот под знак прашалник. Тимот со кој работам е со белградски состав, колеги кои сум ги запознал на архитектонски работилници низ Европа. После повеќе години дружење и разговарање за учество на некој конкурс, конечно се склопивме како тим, и досега сме освоиле награди на сите конкурси на коишто сме учествувале, како конкурсот за нов народен театар во Белград, и мултифункционалната сала во Бања Лука. Во голема конкуренција, добитник сте на првата награда на Меѓународниот конкурс за мултифункционална сала во Бања Лука, каде меѓу другите членови на жирито беше и професорот Борис Подрека. Што значи оваа

награда за вас? Што ќе се случува понатаму со проектот? n Оваа награда ни е исклучително значајна бидејќи во конкуренција од над 100 труда, каде учествуваа и сериозни интернационални бироа, успеавме да испловиме на врвот, како нова група од четворица млади архитекти. Ние без никакви ресурси, сред пандемија, без физичко присуство успеавме да склопиме едно мошне храбро решение со исклучителна посветеност кон архитектонското проектирање, и навистина ни е особена чест што овој наш труд беше препознаен од целото жири, доделувајќи ни ја престижната прва награда. Всушност, најголемата победа е фактот дека една млада екипа на архитекти беше поддржана од цела регионална сцена, и искрено ме радува овој момент бидејќи сигурно ќе мотивира голем број наши врсници активно да учествуваат на конкурси, имајќи предвид дека не е потребно ништо повеќе од добра дисциплина, знаење и желба за квалитетна архитектура.

ПОРТА


Зградата во Бања Лука моментално е во подготвителен процес за изработка на основен проект, а според конкурсниот протокол тоа треба да го изработи локално проектантско/градежно биро. Во моментов работите како истражувач на Архитектонската школа во Орхус, Данска на Катедрата за територии, архитектура и трансформации, како и на Катедрата за одржлива архитектура. Што истражувате конкретно? Колку е важна одржливата архитектура? n Во моментот го предавам предметот Студио, при Катедрата за одржлива архитектура, каде главниот фокус е истражување на пејзажот како неисцрплив извор кој ги крие одговорите на прашањето за одржливата архитектура. Исклучително ни е битно студентите да ги воочат процесите кои се случуваат надвор од градот за потребите на

22

ПОРТА

градот. Пример, колкава територија природен предел треба да биде уништена секојпат кога сакаме да градиме зграда од бетон или челик, сè со цел студентите да створат една системска поврзаност помеѓу природните ресурси, проектантската методологија и последиците врз околината. Веруваме дека ако студентите по архитектура се „освестат“ уште во фазата на нивното школување, тогаш вистински може да збориме за проактивен одржлив развој, отколку постфестум поправање на сторените штети. На Катедрата за архитектура и трансформации работам како пејзажен архитект-истражувач на проекти поврзани со интегрирање на биодиверзитетот како клучна компонента во процесот на архитектонското и урбанистичкото проектирање. Дел од ангажманот вклучува и теренска работа во директна соработка со биолози и ботаничари, каде активно спасуваме ендемски видови на

растенија, трансплантирајќи ги во пејзажната лабораторија на факултетот. Кај нас сте активен во борбата Скопје да стане подобар град за живеење. Поставувате многу прашања, на кои, како што велите, никој не сака (можеби и не знае) да одговори. Кои се тие прашања? Дали колегите се професионални во создавањето архитектура и во планирањето на градовите? n Ќе се вратам на одговорот на првото прашање бидејќи зачувувањето на интегритетот на професијата мора да доаѓа од дома, а таа куќа е нашата архитектонска школа. Можеби треба да се запрашаме дали вистински го оформуваме идентитетот на архитектот ако неговиот „опус магнум“ е Скопје какво што го гледаме денес. Скопје радикално треба да се трансформира, треба да се одзатне од градежниот катаклизам кој му се случува. Треба да се запрашаме која е улогата на архитектот во една ваква состојба на градски немир. Затоа тој креативен, истражувачки процес треба да биде толку многу истакнат и драгоцен, бидејќи еден архитект кој е научен да размислува (критикува), процесира, нема да биде соучесник во градската неправда. Не се воодушевувам на некој што знае да нацрта станбена зграда и се нарекува себеси архитект, а притоа целиот мисловен процес го свел на нула. Зошто архитектот мора да гради за да биде архитект, и зошто зградата мора да биде единствената асоцијација за архитектурата? И конечно, мора да сфатиме дека архитектот има моќ да даде форма таму каде другите дисциплини не умеат, и како таков е многу повеќе корисен во мултидисциплинарни пресеци отколку во градежни компании. Сетете се кога последен пат се нацртале архитектонски дијаграм и ако


одговорот е многу одамна, тогаш размислете зошто никој од нас не бара да размислуваме туку само да продуцираме. Скопје беше модерен град кој држеше чекор со модерната. Има ли шанса да фатиме чекор со современата архитектура? n Tолку доцниме со современата архитектура што може и целосно да го скокнеме тој чекор и да почнеме да се движиме долж најактуелните архитектонски дискурси кои неуморно пробуваат да се ослободат од т.н. „современа архитектура“ и во архитектонската равенка да ги вметнат пејзажот, климатските промени, биодиверзитетот итн. Практично имаме можност воопшто да не очајуваме за пропуштениот воз наречен „современа архитектура“ и да го фатиме возот кој ќе ја открива новата архитектонска форма. Стен Ален ќе каже „ако модерната архитектура во првата половина на ХХ век ни служеше за подобрување на човековата состојба, тогаш постмодерната архитектура на втората половина од ХХ век ни служи за изразување на човековата состојба“, aпропо, сметам дека е време повторно да влеземе во една ера на подобрување на човековата состојба земајќи ги предвид сите климатски, еколошки и околински фактори, и работејќи со нив, а не против нив, да ја создаваме новата архитектонска форма која повеќе не се фокусира на нејзиниот изглед туку на нејзиниот перформанс, и конечно да ја промениме човековата позиција на планетата Земја. Ако ова го сфатиме на време, тогаш Скопје може да послужи како светски преседан, кој по втор пат, ако првиот пат е справување со катастрофалниот земјотрес, се справил со катастрофалниот урбанизам преку изнаоѓање и „градење“ на нов еколошки идентитет откривајќи нова форма, флора и функција. Што би им препорачале на младите колеги кои сакаат да се занимаваат со архитектура и урбанизам? n Пред сè, би им кажал нешто што јас би сакал да го знам пред да се запишам на факултет, а тоа е: да се школуваш како архитект значи да научиш да создаваш форма преку својот креативен процес, а тој креативен процес буквално нема граници. Гледајте го ова како буквар кој сами го пишувате. Во текот на студирањето, преку изучување различни предмети ќе откриете еден дел од азбуката, и ќе научите да пишувате неколку реченици, нo никогаш не треба да престанете да откривате нови зборови, бидејќи само со нови зборови може да напишеме подобри реченици. Би им препорачал исто да гледаат документарен филм за Никола Тесла, и да се запрашаат дали се спремни да експериментираат? Дали се спремни да откријат некоја нова форма или функција? Дали се спремни да го променат светот?. n ПОРТА

23


интервју

Треба да ја одбраниме животната средина, не само онлајн, туку и на улица Денес апликацијата МојВоздух е веќе достапна на четири континенти, во над 40 земји, вклучително и на најголемиот пазар - САД

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА орјан Јовановски (роден во 1993 година), софтверски инженер, стои зад апликацијата AirCare, позната како МојВоздух, која информира за загадувањето на воздухот во 39 земји на осум јазици. Наградата „Порта 3“ на Јовановски му се доделува за долгогодишното сеопфатно и сериозно работење на подигањето на еколошката свест. Во 2014 година, тој ја

Г 24

ПОРТА

29 јануари 2021

создаде мобилната апликација AirCare, која користи отворени податоци за визуализирање на загадувањето на воздухот, а податоците кои таа ги покажува предизвикаа протести на национално ниво во Северна Македонија од страна на граѓаните кои бараат локалните власти да преземат посериозни активности против ова прашање. На крајот на оваа година Горјан Јовановски ја доби наградата Европски млад иноватор, а AirCare-Air Quality App е еден од

победниците на WSA Global на 2020 во категоријата Животна средина и зелена енергија, а исто така е добитник и на наградата Македонски квалитет 2020. Горјан јовановски е момчето коешто пред неколку години почна да ја бранува јавноста со пуштањето на апликацијата МојВоздух на која излегоа на виделина вистинските бројки околу загаденоста на воздухот во Скопје, а подоцна и во Македонија. Како дојде идејата да се направи една ваква апликација?


ГОРјАН јОВАНОВСКИ - НАГРАДА ЗА еКОЛОГИјА ПОРтА 3 2020 Идејата всушност беше случајност! Тогаш се учев како да правам апликации за Android телефони, и сакав да направам нешто што е корисно како мој прв проект. Кога налетав на податоците за загадувањето на воздухот од Министерството за животна средина, решив да ги прикажам истите на еден поедноставен и подостапен начин. На почетокот, МојВоздух беше наменета само за моите пријатели, и не очекував дека шест години подоцна ќе биде позната низ цел свет! Со тек на време апликацијата се надградуваше, но и се прошири во други држави. Што сè се промени и каде „отпатува“ МојВоздух? n МојВоздух прв пат се прошири надвор од границите на Македонија во 2019, со влегувањето на српскиот пазар. Во Србија, како и на цел Балкан, се соочуваат со истиот проблем на аерозагадувањето, и затоа сакав да го повторам и таму успехот во кревање на јавната свест. Благодарение на локалните екозаедници и активисти, многу граѓани ја пронајдоа, се освестија и сега се води активна битка за чист воздух и таму! Тоа беше во 2019, а денес сме веќе достапни на четири континенти, во над 40

земји, вклучително и на најголемиот пазар САД. Проширувањето нè научи многу, од анализа на конкурентни пазари, до соработка со локални заедници, правејќи ја апликацијата уште подобра! Подготвуваш ли нешто ново, некои нови апликации и што ќе биде тоа?

n Секогаш размислувам како преку технологијата да можам да му помогнам на моето општество, а и пошироко. Пред некој ден ја лансиравме апликацијата ДарувајКрв, наменета за агрегирање на сите крводарителски акции во Македонија, со цел полесно да најдеш каде точно може да

29 јануари 2021

ПОРТА

25


даруваш крв и да спасиш живот! Во исто време работиме со Зелениот институт за креирање мапа на потенцијални индустриски загадувачи на воздух и почва, и дигитализација на сите А и Б интегрирани дозволи издадени од државните органи. Познат си како голем активист за заштита на животната средина. Како е да се биде неуморен екоактивист и што е она што те мотивира да продолжиш со активизмот во оваа средина? n Имаме уставно, но и човеково право да живееме во чиста и зелена животна средина. Кожа ми се ежи кога ќе видам како некој пробува да ми го забрани тоа право, посебно од лични интереси. Ниту една борба во светот не била победена од еден војник, но бидејќи знам дека сум дел од прекрасна заедница на активисти, со кои рамо до рамо се бориме за оваа, и за многу други важни цели, не се откажувам! Се

26

ПОРТА

29 јануари 2021

надевам дека нашите напори ќе ги мотивираат и сите останати да застанат на нозе, и да ја одбранат својата животна средина, не само онлајн, туку и на улица. Некое време работеше во booking.com и беше на релација Амстердам – Скопје, а сега си само тука, во Скопје. Кои се твоите планови во иднина, што може да очекуваме? n Амстердам беше прекрасно искуство, во тие четири години научив многу! Но секогаш се обидував моето знаење да го пренесам тука, и на некој начин да помогнам во унапредувањето на Македонија. Да, ќе звучи клише, и за жал од многу лоши такви примери, се навикнавме да не веруваме на вакви изјави, но тие што лично ме познаваат, знаат дека ова го кажувам искрено. Поголемиот дел од мојот живот го поминав тука, ова е мој дом, и сакам мојот дом да расте и напредува. Мојот план е да вложам колку можам во решавање на

локалните проблеми, а потоа патот сам ќе реши каде ќе одам. Кон крајот на минатата година доби неколку престижни награди, како во Македонија, така и надвор од неа. Кои сè награди се вброија во твојата листа на успеси и што значи тоа за тебе? n Лани навистина добивме многу награди за нашиот труд. Сојузот на стопански комори и претседателот на државата ни ја доделија наградата Македонски квалитет 2020, а ја имавме честа и од вас да добиеме прекрасна награда за нашиот труд околу животната средина! На глобално ниво, бев одбран како најдобар млад иноватор на ниво на Европа за 2020 година, а МојВоздух доби и светска награда од World Summit Awards (организација под Обединетите нации). Сето ова е доказ дека сме на прав пат за навистина да направиме глобална промена во борбата против загадувањето, и мотивација да не престанеме со напредокот! Што е според тебе пресудно за успех и што е она што те тера да целиш кон врвот? n Сите сме на оваа планета кратко. Може 70 - 80 години личат многу, но брзо летаат. Јас сакам, бар дур сум тука, да направам максимален позитивен импакт на мојата средина, и да ја оставам планетата да биде подобро место за живеење за идните генерации. Ако сите почнеме да размислуваме на еден таков начин, замислете на каква планета би живееле? n


архитектура

ЦеНтАР ЗА теХНОЛОГИИ ВО РАЗВОј

ПРОТО: Европска дестинација за виртуелна реалност! Преку изградбата на овој, од индустријата предводен, центар за технологии во развој било поддржано создавањето на специјализиран објект со фокус на дигиталната продукција, специфично намент за аниматорите, филмската продукција и развојот на компјутерски игри, поддржани преку технологијата за тридимензионално скенирање, регистрирање на движењето и аудиоснимањето

д-р Владимир Б. ЛАдИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија) РОТО: Центарот за технологии во развој (PROTO: The Emerging Technology Centre) е првиот центар за истражување и развој на „технологии во развој“ во Европа и единствениот центар надвор од

П

Холивуд каде фотограметријата и регистрацијата на движењето (motion capture) се достапни заедно на едно место. Со неговата изградба, градот на североистокот на Англија, Гејтхсед, ја збогатил својата понуда на деловни центри, од кои дел се лоцирани во централниот деловен Балтик кварт (Baltic Quarter) во близина на реката Тајн (Tyne). Развојот на деловни центри на

оваа микролокација започнал со изградбата на Северниот центар за дизајн (Northern Design Centre) со фокус на креативните индустрии и дизајнот, а за потоа да се приклучи и наменски адаптираниот, оригинално административен објект, Деловниот центар на Балтимор куќата (Baltimore House Business Centre). Последниот станал центар за дигитални 29 јануари 2021

ПОРТА

27


технологии за бизниси со мала и средна големина, вклучително со ВРТГО Лабс (VRTGO Labs) групата на компании со интерест за развој на компјутерски софтвер со акцент на виртуелната и нагласената реалност (augmented reality – нагласена верзија на реалност создадена преку технологија каде со помош на дополнителен слој се прикажуваат дигиталните информации за нешто коешто се гледа преку уред, на пр., паметен телефон или очила). Следејќи ги определбите за промовирање на економскиот развој во доменот на дигиталните технологии, Советот на Гејтсхед спровел консултација со ВРТГО Лабс групата преку кои биле утврдени нивните потреби за дополнителни посебни, но и заеднички (каде повеќе деловни субјекти споделуваат една просторија) деловни простори, како и потребата од пристап до истражувачки и развојни простори опремени со специјализирана опрема која ним им е потребна, но која не е економски исплатливо поединечно да ја купат. Оттука произлегла идејата за изградба на нов наменски центар за технологии во развој. Советот на Гејтсхед ја доверил реализацијата на овој проект преку СКЕЈП (SCAPE) програмата за јавни набавки, а според принципите на „испроектирај и изгради“ (design and build), на градежната фирма Вилмот Диксон (Willmott Dixon Construction) која во соработка со Гетхсед трејдинг компани (Gateshead Trading Company), за фази архитектура, машинство, електрика, и 3Е консалтинг инџиниерс (3E Consulting Engineers) за фази градежни конструкции високоградба и нискоградба, го реализирала проектот. Оригинално, тимот изработил идејно решение за изградба на нов објект на аголна локација западно од Балтимор куќата, но во меѓувреме Советот на Гејтсхед успеал да купи постоечки универзитетски објект на локацијата, по што фокусот на проектот бил пренасочен кон наменска адаптација на постојниот објект во деловен простор во комбинација со доградба во која ќе бидат сместени специјализираните функции на објектот. Со оглед дека купениот објект се наоѓал помеѓу Балтимор куќата на запад и Северниот центар за дизајн на исток Советот на Гејстхед бил во можност да ги групира и колоцира овие три деловни центри на една микролокација. Така, оригиналната аголна локација останала слободна за некој иден проект, но истовремено било промовирано поодржливо решение со оглед дека наместо 100 % новоизграден објект, реализираниот центар се состои од 79 % наменски адаптирани површини во постојниот објект во 28

ПОРТА

29 јануари 2021

комбинација со 21 % од нови површини во доградбата. Ваквиот пристап бил поддржан од фактот дека купениот објект од почетокот на 21-виот век бил во добра состојба и имал солидни енергетски карактеристики од Цкатегорија. Ова овозможило наменските адаптации во рамките на постојниот објект да бидат скоро исклучиво внатрешни, а со цел да се оформат потребните посебни и заеднички деловни простории. Во духот на одржливоста, градежната фирма го донирала постојниот непотребен мебел, теписон и подни плочки на локална добротворна организација, која пак ги продавала на приватни фирми, а од стекнатите средства организирале еднодневни екскурзии за пензионери од регионот. Содржините за истражување и развој се лоцирани во нова енергетски ефикасна доградба од Б-категорија, која со мост е поврзана со наменски адаптираниот постоечки објект, каде се сместени посебните и заедничките деловни простори. Доградбата е

во форма на графитна, приближно по форма, коцка „ишарана“ со ленти од лед светилки коишто даваат не само особен израз на фасадата во однос на соседните објекти, туку и ја разбиваат масата на доградбата. Ова овозможува различно доживување на доградбата. Кога светилките не се вклучени доградбата се доживува како своевиден артефакт, скоро невидлив во вечерните часови, додека во текот на денот со својата графитна завршна обработка се надоврзува на соседниот објект на Северниот центар за дизајн и други објекти во опкружувањето. Кога светилките се вклучени тие даваат особен архитектонски израз на доградбата во вечерните часови. Опшивка од перфорирани алуминиумски плочи со метализирана боја на старо злато се јавува како портал, преку кој доградбата визуелно комуницира со постојниот објект и се поврзува со истиот, но исто така го поврзува екстериерот и ентериерот на доградбата. Доградба е организирана на неколку нивоа, во кои


централно место зазема повеќенаменски простор кој се протега низ целата висина на објектот со придружни простории по периферијата на истиот, и содржи две фоајеа, едно, со „катедрална“ висина, и со пристап директно однадвор од нивото на теренот, и второ со пристап од првиот кат на постоечкиот објект преку рецепцијата и мостот. На источната страна сместени се помошните простории на три нивоа, при што на средното ниво е сместена контролната соба за повеќенаменската сала и студиото за аудиоснимање. Кровот на доградбата е обвиткан со висок парапет и покриен е со метални брисолеи во сродна боја со завршната обработка на фасадата со што визуелно се сокриени машинските уреди на кровот. При внатрешното обликување на објектот особено внимание било посветено на дизајнот и уредувањето на рецепцијата, просторите за дружење и одмор, и мостот. Оригиналниот концепт да се создаде сцена од видеоигра или научнофантастичен филм, каде астронаутот поминува од еден во друг модул на својот вселенски брод, значително бил ублажен во темен коридор, странично осветлен на преодот помеѓу хоризонталните и вертикалните површини, кој благо се стеснува со приближување кон доградбата за потоа од другата страна на автоматската врата да се трансформира во значително поголемиот простор на природно осветлено фоаје со изложбен простор. Доградбата е лоцирана на претходно изградено земјиште при што бил искористен дел од постојниот паркинг-простор.

Правилната основа и компактната форма на доградбата овозможила најмалку што може да се намали капацитетот на постојниот паркингпростор, но и придонела за намалување на големината на обвивката на истата, а со тоа и за намалување на топлинските загуби. Максимално била искористена топографијата на локацијата и значителниот пад на теренот од постојниот објект кон северната граница на парцелата. Ова овозможило трокатна доградба да се смести на начин при што најгорниот кат на доградбата да е на исто ниво со првиот кат на постојниот објект што придонело да се зачувуваат северните визури

кон реката и природното осветлување на постојниот објект. Принципите на модерните методи на конструкција биле применети во изградба на доградбата, базирана на челична носива конструкција во комбинација со меѓукатна конструкција од композитни подови од челичен профилиран лим исполнети со бетон. Надворешните ѕидови и внатрешните преградни ѕидови биле оформени со примена на метална потконструкција, завршно обработена со гипскартонски плочи однатре и со цементни плочи зајакнати со минерални влакна однадвор

29 јануари 2021

ПОРТА

29


(поставена според принципите на висечка вентилирана фасада) и надворешни алуминиумски прозорци и врати со двојно термоизолирачко стакло. Како одговор на климатските промени, системот за одводнување на атмосферска вода бил испроектиран да го поднесе оптоварувањето на интензитет на дожд кој се случува еднаш на сто години. Дополнително, заштитата од поплави како резултат на поројни дождови, била зајакната со поставувањето на подземни системи за времено задржување на вишокот на атмосферска вода под паркинг-просторот.

30

ПОРТА

29 јануари 2021

Определбите за одржливост биле поддржани и преку инсталацијата на полначи за електрични возила на паркингпросторот и просторија за пресвлекување на лицата со попреченост во рамките на доградбата со којашто е поддржана и надградена пристапноста и на постоечкиот објект и доградбата. Посакуваната имплементација на обновливи извори на енергија не била можна како резултат на археолошкото и рударското минато на локацијата во комбинација со загадувањето на парцелата од минатите активности (во однос на геотермалните пумпи)

и осенчувањето на доградбата од повисокиот постоечки објект (во однос на соларни ќелии за електрична енергија). Исто така не било рационално да се приклучи доградбата на локалната топлификациона мрежа поради малата површина на истата. Градежните работи во вредност од шест милиони фунти, траеле 60 недели и резултирале во вкупна корисна површина од 2.876 м2. Реализацијата на објектот финансиски била поддржана од Фондот за локален раст на Североисточното партнерство за локално претприемништво (North East Local Enterprise Partnership – NELEP – Local Growth Fund), Европскиот фонд за регионален развој (European Regional Development Fund) и Советот на Гејтсхед. Преку изградбата на овој, од индустријата предводен, центар за технологии во развој било поддржано создавањето на специјализиран објект со фокус на дигиталната продукција, специфично наменет за аниматорите, филмската продукција и развојот на компјутерски игри, поддржани преку технологијата за тридимензионално скенирање, регистрирање на движењето и аудиоснимањето. ПРОТО е дел од Североисточната и Тии долината Дигитал катапулт мрежа (Digital Catapult North East Tees Valley) и е седиште на Североисточната и Тии долината Имерсивна лабораторија (North East Tees Valley Immersive Lab), една од само четирите вакви лаборатории во Велика Британија. ПРОТО свечено бил отворен од Неговото Кралско Височество Војводата од Кембриџ на 7.9.2018 година. Големата побарувачка за


ваков специјализиран деловен простор, резултирала во доселување на компании од други делови на земјата и странство во Гејтсхед, за да се здобијат со пристап до специјализираните технологии, коишто ПРОТО ги нуди, како резултат на што

комплексот од три нови центри се надополнил и со неодамна завршениот деловен објект Рига, лоциран на оригинално определената локација за ПРОТО. ПРОТО е добитник на наградата „Динамит“ за проект на годината од јавниот сектор, со којшто се

одбележуваат најзначајните регионални достигнувања во секторот за информатички и телекомуникациски технологии во 2018 година (2018 Dynamite Award – Public Sector Project of the Year), националната Награда за доградба на Овластената асоцијација на инженери за зградарство во 2019 година (2019 Chartered Association of Building Engineers – CABE – Extension Award), националната Златна награда Зелено јаболко за изградена средина и архитектонско наследство во категоријата на објект кој се користи од заедницата за 2019 година (2019 Gold (Community Use) Green Apple Award for the Built Environment and Architectural Heritage), како и националното Високо признание на Друштвото за архитектура, градежништво, инженерство и пример во јавниот сектор во категоријата за објект кој придонесува кон локалната заедница за 2019 година (2019 Society for Public Architecture, Construction, Engineering and Surveying – SPACES – High Commendation (Community)). n

Носители на архитектонското решение Авторот на овој текст, архитект д-р Владимир Б. Ладински и архитект Џулија Соулсби (Julia Soulsby) се носители на архитектонското решение на ПРОТО. Овој текст е адаптирана и проширена верзија базирана на текстот “Space for change” објавен на англиски во Building Engineer, March 2020, 28-29. 29 јануари 2021

ПОРТА

31


архитектура

Вила Кармел - симбиоза

во својот израз, целата структура е минималистичка и ослободена од орнаменти и нападни бои, со што целото внимание се насочува кон околината: објектот претставува суптилна интервенција врз неа, и преку својот концепт и големите стаклени отвори, практично го внесува надворешниот простор внатре. Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх. зградена во 2013 година, оваа вила претставува еден од светлите примери на современата американска архитектура кои се во совршена хармонија со околината и претставуваат современа реинтерпретација на органската архитектура воспоставена од легендарниот Френк Лојд Рајт пред повеќе од еден век. Се наоѓа во долината Кармел во северниот дел од Калифорнија, јужно од Сан Хозе, од каде што и го влече името – самите архитекти ја нарекле „Вила Кармел“. Оваа долина низ која тече реката Кармел практично претставува село од разбиен тип, кое официјално е прогласено за „населено место со концентрирана популација“ (според американската стандардизација) дури во 2000 година, и претставува дел од природниот резерват Санта Лусија во кој важат строги правила за градење.

И 32

ПОРТА

29 јануари 2021


Најдобрите момеНти На светлиНата и сеНката

на куќата со околината

Живописната природа на околината богата со вода, старите дабови шуми и интересниот релјеф претставуваат квалитетна инспирација за архитектите кои имаат привилегија да проектираат приватни вили за некои од богатите семејства кои во последно време се доселуваат тука, привлечени од мирот на местото, автентичните винарии, голф-терени и сеопштите квалитетни животни услови. Затоа не зачудува фактот што вилата „Кармел“ не е единствениот репрезентативен примерок од станбената архитектура од ова мало населено место, но веројатно е најзначајниот: за тоа сведочат и многубројните добиени награди, но и позитивните критики, анализи и репортажи објавени во реномирани магазини и вебстраници за архитектура, од кои најзначајни се секако „ArchDialy“ и „DeZeen“. Објектот е дело на реномираното архитектонско биро „Piechota Architecture“ од Сан Франциско, чиј основач е архитектот Даниел Пиекота пред повеќе од 20 години. Како што ќе

речат и самите архитекти, главна цел на проектот е да оствари силна поврзаност со природниот пејсаж. Еден од проектантските приоритети бил „да се максимизираат визурите и преку можностите на архитектурата да се прикажат најдобрите моменти на светлината и сенката“. Куќата лежи на кос терен и има две нивоа распослани на вкупни 475 метри квадратни. Формата на куќата која наликува на големата латинична буква „L“ овозможува формирање интимен отворен двор на горното ниво кој од две страни е прегрнат од двете крила на куќата, а од другите страни е отворен кон ридот. Првичната идеја која практично ја дала ваквата форма на куќата произлегла од желбата косиот терен и околината да бидат пресечени со две оски кои се сечат под прав агол и во иднина ќе претставуваат негативи околу кои ќе се гради понатаму позитивот. Ваквото негово отсечување по правецот на овие две замислени оски, одреден од топографијата на теренот, овозможува одлични визури каде и да се наоѓате

во куќата. На овој начин е добиен правоаголник на долното ниво кој е поделен со влезните скали на два дела. Правецот на скалите претставува една од замислените оски на негатив. Самите скали поминуваат под своевиден мост од горното ниво, и качуваат горе зад главниот волумен на приземјето, и практично „удираат“ во втората замислена оска, која е под прав агол на првата и гледајќи лево го сече другото крило од куќата на горното ниво. Ваквото конципирање на куќата овозможила добра функционална поделба по простории и сегменти во зависност од нивната намена. На долното ниво е сместена гаражата со придружните простории и канцеларијата на едната страна, кои се поврзани со ходник кој поминува под главните скали и води кон делот со спалните, секоја со своја приватна бања. Ваквото одвојување овозможува максимална приватност во делот за спиење. На горното ниво во едното од крилата е сместен главниот дел од куќата, односно 29 јануари 2021

ПОРТА

33


дневниот простор со трпезаријата и кујната. Овој простор се развива понатаму во неколку правци: едниот е кон мостот над влезните скали кој води кон главната спална, другиот е кон отворена дневна во дворот на горното ниво (од каде може да се отиде кон местото за оган на отворено), и третиот е со сервисни скали кон делот со гаражата на долното ниво. На аголот помеѓу двете крила од замислената „L“ буква е главната спална со придружните простории, која како што реков е пристапна преку мостот над влезните скали од една страна, но од друга страна и преку делот со наткриеното џакузи на отворено, кој претставува еден од гореспоменатите негативи во волуменот. Овој дел понатаму води кон гостинскиот дел од куќата кој практично претставува не само спална соба, туку комфорен апартман. Освен со ваквата волуметрија и играта на волуменски позитиви и негативи кои се приспособуваат на теренот, куќата гради хармоничен однос со околината и нејзините природни тонови и преку употребените материјали. На фасадата доминира кедаровото дрво, надополнето со полиња обложени од кортен (или „weathered“, вештачки намерно кородиран) челик кои даваат рустична нота на објектот, и со големи прозорски отвори по целата нето-височина на катовите. На партерот доминира природниот бетон и дрвото. Во својот израз, целата структура е минималистичка и ослободена од орнаменти и нападни бои, со што целото внимание се насочува кон околината: објектот претставува суптилна интервенција врз неа, и преку својот концепт и големите стаклени отвори, практично го внесува надворешниот простор внатре. Целата замисла е ПОРТА


доведена до совршенство преку соработка на главниот архитект и неговиот тим со надворешни соработници: градежен инженер, пејсажен архитект и внатрешен дизајнер. Внатрешното уредување на објектот е во целосен склад со надворешното. Пристапот при проектирањето на внатрешноста е исто така минималистички, а особено внимание е обрнато на употребените материјали. И во внатрешноста доминира дрвото кое е во нијанси кои се внимателно одбрани, впрочем како и нијансите на сè друго. Дизајнираниот мебел е надополнет со селектирани дизајнерски парчиња на мебел и уметнички слики, како и лични спомени од инвеститорите кои се вклопуваат во целата замисла. Од другите детали вредни за споменување би ги споменал и соларниот кров, специјално изработените прозорци, дрвените платформи на влезот кои ги пропуштаат старите дрвја низ нив, а специфичен квалитет е и огништето во дворот кое партерно комуницира со летната дневна. Сето заедно резултирало со врвно архитектонско дело. Тимот на Пиекота покажал како треба да се испочитува околината и затекнатиот контекст, и како совршено да се избледат јасните граници на внатрешноста и надворешноста на еден објект, овозможувајќи тие да функционираат како едно, особено во летните денови. Ваквата кохезија на ентериерот со екстериерот максимално го искористува топлото време во овој дел од Калифорнија и големиот број на топли сончеви денови. n

ПОРТА


PremiFold 76 делумно отворен

PremiDoor 88 lux AluClip виолетова

PremiDoor 76 стандард proCover целосно обоен Облачно сива

ТрендсеТери на лизгачките системи Побарувачката за лизгачки системи постојано расте. Покрај популарните премиум подигачколизгачки врати PremiDoor 76 и PremiDoor 88, profine – group преку своите брендови: KÖMMERLING, TROCAL и KBE, сега претставува два нови производи: PremiSlide 76 е компактен, ефикасен и разноврсен лизгачки систем и PremiFold 76, еден мошне посебен лизгачки систем. PremiSlide 76 Со овој производ нудиме идеален додаток на нашите премиум подигачко-лизгачки врати робустен, ПОРТА компактен, ефикасен и сестран систем за

изработка на лизгачки прозорци и врати. Новината се заснова на нашата платформа од 76 мм во верзија на бочни дихтунзи и со тоа на произведувачот му нуди високо ниво на компатибилност. Прикладниот лизгачки систем комбинира бројни предности, како што е мало завземање простор при отворање и отворање без напор. Отворањето овозможува исклучително ефикасна вентилација, а стаклените површини се грижат за оптимални придобивки на соларната енергија. Uf - вредност од 1,4 W/(m²K) во стандардната изведба и Uw вредност до 0,7 W/(m²K) се одлични вредности за лизгачките системи.

Компримираниот дихтунг по периметарот го прави системот совршен. Во однос на дизајнот, PremiSlide 76 нуди голема разновидност, бидејќи конструктивните шеми се темелат на системите на подигачко-лизгачките врати, како што е PremiDoor 76. Исто така, широк спектар на бои во декор на дрво и метална фолија, вклучувајќи ја и варијантата AluClip, се е достапно за индивидуализиран дизајн. Ексклузивно за PremiSlide 76, на располагање за конструкција со соодветни елементи е оков „Eco Slide“, специјално развиен од производителот на окови Siegenia. PremiFold 76 PremiFold 76, е посебен лизгачки систем за прозорци и врати, и најнов во долгата низа


PremiFold 76 Потполно отворен

PremiSlide 76 Бела

PremiSlide 76 Среден пресек Бела

иновации на нашите лизгачки системи. Системот доаѓа со многу специјални апликации. Главниот плус на системот PremiFold 76 е начинот на кој можат да се отворат прозорците и вратите, за да се максимизира проветрувањето без да се загрози безбедноста. PremiFold 76 може да се користи за многу големи отвори. Вашиот дом или деловен објект може да добие ваш индивидуален карактер со широк спектар на декоративни ламинирани фолии. За производителот, новиот систем нуди економичност, бидејќи се базира на profine 76 мм платформата. Уште една предност е тоа што елементите немаат видливи окови. Прозорците и вратите можат да бидат опремени со двоструко и троструко застаклување.

PremiDoor 76 На последниот Fensterbau Frontale, ја дополнивме понудата на PremiDoor 88 со PremiDoor 76 варијантата со систем на праг без бариери во стандардна изведба. Двата система на подигачко-лизгачки врати се вистински погодок во премиум сегментот на пазарот. Ги карактеризира одлична топлинска изолација, голема едноставност при користење и многу елегантна линиска изведба. Посебен акцент е ставен на крилото „Lux Design“ со исклучително ниска висина на профилот од само 40 мм, што овозможува уште поголеми стаклени површини и поголеми соларни придобивки. PremiDoor 76 е систем со континуирана конструкција од пет комори, кој, благодарение на малата длабочина на вградување од 179 мм, го

прави идеален за реновирање и може да прифати стакло со дебелина до 48 мм. Тесните видливи ширини на профилот до 65 мм на рамката, 100 мм на крилото и 103 мм на средниот пресек, обезбедуваат голем удел на светлината. Со Uвредност од 1,4 W/(m²K), PremiDoor 76 веќе во стандардната варијанта доаѓа со одлична топлинска изолација за подигачко-лизгачка врата. PremiDoor 88 PremiDoor 88 - нашиот класик за висококвалитетна премиум подигачко-лизгачка врата - има длабочина на вградување од 88 мм. Се карактеризира со одлична топлинска изолација U = 1,2 - 1,3 W/(m²K). Со изолационите стакла се постигнува соодветна U вредност од 0,8 W/( m²K), дури и за пасивни куќи. Вистински благороден производ кој создава фасцинантна оптичка врска помеѓу ентериерот и градината. ПОРТА


културно наследство

Охрид со една нога преку црвената линија конечната одлука дали охридскиот регион ќе биде впишан на листата на светско природно и културно наследство во опасност, треба да се очекува најрано во јули годинава Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА о Нацрт-документот што УНЕСКО на 123 страници го испрати до надлежните македонски институции се оценува дека не само што не се отстранети постоечките закани и слабости, туку од 2017 година досега се додадени и нови. Нацрт-извештајот е испратен за коментари од надлежните институции, а конечната одлука дали Охридскиот Регион ќе биде впишан на Листата на светско природно и културно наследство во опасност, треба да се очекува најрано во јули годинава. Затоа што во изминатите три години не се завршени задолженијата побарани во 2017 година, Охридскиот Регион ги исполнува условите за да се впише на Листата на светско природно и културно наследство во опасност, пишува во Нацрт-извештајот на УНЕСКО.

В

Што е ЗабелеЖаНо од УНеско? Во Нацрт-документот се заклучува дека продолжува развивањето проекти со кои 38

ПОРТА

29 јануари 2021

дополнително се загрозува ова заштитено подрачје, а евидентнo е и дека Регионот е високоранлив поради значајни проблеми со менаџирањето и слабото спроведување на законската рамка. Обемниот Нацрт-извештај на УНЕСКО, напишан на 123 страници, се однесува на двете страни на Охридското Езеро, бидејќи во 2019 година како светско природно и културно наследство беше впишан и делот од Регионот кој се наоѓа на територијата на Албанија. Во Нацрт-извештајот е забележано дека во старото градско јадро на Охрид се вршат градежни работи за реконструкција, санација или доградба на куќите и тоа со несоодветни материјали и техники. Исто така, наведено е дека е видлива изградба на високи згради со слаб архитектонски квалитет во близина на Езерото како во Охрид, така и во Струга. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО забележува дека отстранувањето на нелегалните градби долж крајбрежјето се одвива бавно. Пред две години УНЕСКО ѝ даде уште една шанса на земјава за Охридското Езеро да не

се впише во Листата на светско природно и културно наследство во опасност, а во исто време албанската страна влезе на Листата на светско наследство на УНЕСКО. локалНите власти ставале крај На деГрадаЦијата Охридските власти, пак, велат дека изминатите месеци многу работеле на тоа да се зачува природното и културното национално богатство. Велат дека се работи за сложен процес, кој бара огромен ангажман, време и средства, но преку заедничкото дејствување и соработка спроведени се сериозни активности со кои се става крај на децениската деградација на овој регион. „Охридскиот Регион е наше, но и светско богатство. Токму затоа во изминатиот период сериозно се зафативме со исполнување на препораките од УНЕСКО. Завршивме речиси 50 отсто од барањата, но за дел од нив потребно е време за реализација. Нашата цел како општина е целосна реализација и конечно решение за статусот на нашиот град и целиот Охридски Регион кој е заштитен од УНЕСКО“,


УНеско исПрати НаЦрт-иЗвеШтај За состојбата во охридскиот реГиоН вели градоначалникот Константин Георгиески. Оттаму додаваат дека првпат е донесен сеопфатен план за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, кој ги има опфатено сите аспекти во делот на управувањето со езерското крајбрежје, урбаните и руралните средини. Исто така, велат дека се стопирани штетните проекти за изградба на ски-центар на планината Галичица и изградба на експресен пат Охрид - Свети Наум. Започната е и реконструкцијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро и формирано е ново Јавно претпријатие кое е задолжено за контрола на системот на отпадни води. Исто така, првпат е воспоставена платформа за соработка со Република Албанија за заштита на сливот на езерото во двете соседни држави. Исто така, потсетуваат на изготвениот

инвентар на бесправно изградени објекти и воведениот времен мораториум за градба на целата територија на општината. За препораките во сферата на урбанизмот, додаваат дека во процес на изработка се и урбанистички планови за 18 охридски села, што ќе претставува ефикасен начин за борба против дивоградбите. „Нема дозвола за градба доколку таа не се совпаѓа со Планот за управување со Охридскиот Регион. Токму преку усогласеноста со препораките на УНЕСКО ги исправаме грешките од минатото. Резултатите нема да се видат преку ноќ, но чекор по чекор работиме на нивно исправање. Институционалната поддршка е исклучително важна за побрзо постапување и остварување на целите. Охридското Езеро и целиот Охридски Регион ќе ја вратат вредноста во

Извештајот на УНЕСКО“, додава Георгиески. За најновиот Нацрт-извештај на УНЕСКО, велат дека во предвидениот рок ќе испратат коментари на оваа првична верзија на извештајот, а официјален став околу нотираните препораки и заклучоци ќе биде соопштен во јавноста откако ќе пристигне конечната и финална верзија на извештајот. аларм во владата По стигнувањето на Нацрт-извештајот, аларм се запали во македонската Влада, каде сите министри и премиерот истакнаа дека определба на Владата е да се зачува статусот на Светско наследство на Охридскиот Регион, имајќи ги предвид реалните ризици и можноста ова природно и културно наследство да биде прогласено за загрозено подрачје. Премиерот Зоран Заев смета дека целта е заштита на Регионот како и владеење на правото и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Тој на средба со министрите од Владата истакна дека Нацрт-извештајот на УНЕСКО треба да се прифати како уште еден, досега најсилен аларм за состојбата со Охридскиот Регион и дека сега се налага огромна потреба за највисоко ниво на ангажираност кај сите чинители за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро. Исто така, Заев потенцира дека Владата ќе инсистира на завршување на процесот на отстранување на сите бесправно изградени објекти кои се опасност за Охридскиот Регион и за таа цел ќе се организираат иницијативи со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца, за секоја институција итно да ги преземе сопствените

ПОРТА


одговорности, како и да се спроведе поништување на сите аспекти од штетните проекти кои се наследство од минатото. На состанокот било нагласено дека Владата ќе преземе сѐ што е во нејзина надлежност, како и активности за координација со Владата на Албанија за прашања од заеднички интерес за заштита на Охридското Езеро и крајбрежниот појас. По сесијата на УНЕСКО во Баку во јули 2019 година македонските власти беа

ПОРТА

задолжени да донесат низа документи, меѓу кои и Планот за управување со Охридскиот Регион, како механизми потребни за спроведување на препораките на УНЕСКО. Од македонска страна одговорност за Охридскиот Регион делат општините Охрид, Струга и Дебарца, потоа Завод и музеј Охрид, Управата за животна средина, како и повеќе министерства и други државни институции. Документот е во нацрт-верзија и е испратен

за коментари од надлежните институции во Северна Македонија. Врз основа на коментарите и постоечкиот документ, Центарот за заедничко светско наследство (на УНЕСКО) треба да изготви нацрт-одлука, која заедно со извештајот ќе се дебатира на ниво на Комитетот за светско наследство (на УНЕСКО). Во нормални околности, конечната одлука би требало да се очекува во јули оваа година, но неизвесно е дали ќе биде така со оглед на пандемијата со Ковид-19. n


ПОРТА


став

Каков град сакаме? време е да почнеме да градиме цивилизациски однос кон урбаното културно наследство кое е преостанато, напуштено и руинирано. во урбанистичката наука секогаш се следи правилото дека новите чекори треда да го следат патот на кој претходниците оставиле траги. секоја поинаква постапка води во беспаќе. Душанка ШулОВИќ, дипл. инж. арх. аков град сакаме, што му се случи на мојот град, кому му треба ваков град - се прашања кои во последно време провејуваат меѓу граѓаните и меѓу оние кои се најповикани за обликување на градот. Почетокот на годината го дочекавме со позитивни мисли и желби за подобар живот, но и со сите отворени проблеми кои подолго време чекаат решение. Денес кога сме свесни дека речиси секое значајно парче од градот е девастирано и проголтано од повеќедецениската профитерска машинерија, исправени сме пред прашањето како може да ѝ се спротивставиме на неквалитетната урбана експанзија и да си го вратиме градот на правиот пат. Затоа најнапред ќе се осврнам на она што мислам дека води кон светлината во тунелот.

К

ПОРТА


да Ги саНираме катастрофалНите ПоследиЦи од досеГаШНите активНости Новите Чекори треба да Го следат Патот На ПреTходНиЦите Градот Скопје ја започна процедурата за изработка на нов генерален урбанистички план за периодот 2022—2032 година. Овој план ќе има огромна улога во тоа како подоцна ќе се дизајнираат деталните урбанистички планови, ќе ја одреди стратегијата и визијата за развојот на градот. Тоа ќе овозможи да се поправат многу грешки од минатото. Ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, поткрепена со листа на објекти и места погодни за интервенции и ревитализација со пренамена. Актуaлизирана е интервенцијата за валоризација и обнова на шалтер-салата на Централната пошта - Скопје, објект прогласен за загрозен пример на бруталистичката архитектура, каде во пожар изгореа и муралите на академскиот сликар Борко Лазески. Покрената е иницијатива за обнова и пренамена на напуштената фабрика „Купрум“ во Студентски културен центар за што е изготвен и идеен проект. Ова го сметам за особено позитивен потег. Се надевам дека ова ќе прерасне во поширок системски зафат за ревитализација и пренамена на напуштените јавни објекти. Време е да почнеме да градиме цивилизациски однос кон урбаното културно наследство кое е преостанато, напуштено и руинирано. Во урбанистичката наука секогаш се следи правилото дека новите чекори треба да го следат патот на кој претходниците оставиле траги. Секоја поинаква постапка води во беспаќе. Ме радува активноста на градот за реконструкција и обнова на патната мрежа во Скопје. Новиот мост преку Вардар кој ќе ги поврзе Аеродром и Керамидница ќе го олесни и сообраќајот и во центарот на градот. Иницијативата на граѓанското движење „Здравје пред профит“ за велоград дава видливи резултати. Ако е ова само почеток на позитивни активности, неопходно е да се позанимаваме и да ја согледаме состојбата на јавниот простор во градот. јавНиот Простор е На сите Јавен простор е животен простор кој им припаѓа на сите граѓани. Под јавен простор спаѓаат: паркови, мали парковски и зелени површини, слободни површини, меѓублоковски слободни површини и зеленило, детски игралишта, места на отворено за средби и дружења, улици, паркинзи, тротоари, пешачки патеки. Највисоко право на секој граѓанин е да го користи јавниот простор за здраво живеење и да живее во град со хумана и здрава

животна средина. Последните дваесетина години, со жива градежна активност што се одвива во сите делови на градот изградени се пет целосно нови плоштади, дваесетина јавни и уште стотици станбени објекти,

мостови, фонтани, споменици, катни гаражи. Моделите за градба се ориентирани исклучиво кон профит на мали групи и поединци, а на сметка на јавниот простор и хуманото живеење. 29 јануари 2021

ПОРТА

43


ПлоШтади, Платоа, скверови Плоштадот „Македонија“, плоштадот од левата страна на Вардар и плоштадот „Скендер бег“ се нови плоштади и се дел од проектот „Скопје 2014“. За нив е пишувано доста и познати се ставовите и на стручната фела и на поголемиот дел од граѓаните. Плоштадот наречен „Пела“ и платото кај

Арапска куќа се мали отворени платоа кои и не може да се наречат плоштади. Во населбата Аеродром во која се одвиваше и сѐ уште се одвива жива градежна активност има доста отворени платоа и јавни простори, главно кај трговските средишта и јавните објекти. Има новоизградени платоа и скверови обременети со кич декорации. Во

еден дел од населбата каде се сочувани структурите од модерниот урбанизам од 70тите години сѐ уште извонредно функционираат детски игралишта, градинки, пешачки патеки и безбедни места за игри и средби. Во делот каде е изграден нов блоковски дистрикт недостасува сѐ што се вика јавен простор. Скопје не може да се пофали со мали плоштади и места кои раскажуваат интересни приказни, интересни места за дружење и активности на отворено со соодветен градски мебел и визуелен квалитет. Платото на Македонска опера и балет е еден од ретките простори кој во даден момент се претвора во отворена сцена. Имаше шанса да се спушти и отвори спрема реката и зелените простори, но тоа е веќе оневозможено бидејќи е затворен со објектите од „Скопје 2014“. Кога зборуваме за зеленилото во градот свесни сме дека Скопје не е веќе град што има 20 м2 по жител зеленило како во 1970 1980 година. Сега едвај да има 6 - 7 м2 зеленило по жител. Затоа имаме загадување, бучава и лош квалитет на живот. Во изминатите децении изгубени се зелените коридори и воздушните струења од Водно кон Камениот мост и Старата чаршија. Покрај речниот брег беа предвидени зелени појаси со рекреативни содржини што веќе ги нема. Паркови, фоНтаНи, ЗелеНило Градскиот парк е еден од најголемите паркови во државата и е единствен од ваков вид, а уште една вредна зелена површина во градот е парк-шумата Гази-баба. Тие се можеби највредното нешто што овој град го има во моментов. Градскиот парк зафаќа површина од 486 000 м2 и се простира меѓу улиците „Ленинова“, булевар „Октомвриска револуција“, булевар „Илинден“ и реката Вардар. Има своја историска компонента, има приказна и убавина. Датира од 19-тиот век, во периодот пред Првата светска војна е проширен и уреден, а на начин каков што го знаеме денес е направен во 1970 година кога е завршен насипот на Вардар. Најголем проектантски придонес имаат вложено арх. Лудек Кубеш и пејзажниот архитект Драган Шојлевски. Паркот е убав, одржуван и облагороден со содржини. Нешто најубаво што му се случи последните години е уредувањето на десниот брег на реката со пешачка и велосипедска патека. Се надевам дека на истиот начин ќе се доуреди и левиот брег на реката. Паркот изобилува со убави растенија и ретки дрвја и можеби со мала организација може да се дополни тоа што недостасува: сигнализација и обележување на патеките, натписи за видовите на дрвјата итн. Во паркот не би требало да се дозволат градежни активности од поголем размер.

ПОРТА


Култниот објект „Кермес“, за кој се навестува повторна изградба, не би требало да го надмине поранешниот габарит, а и содржински треба да прилега на јавниот интерес на граѓаните. На влезот во паркот од булевар „Илинден“ поставена е фонтаната „Лотос“ на плато-композиција со клупи за седење, дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец. Вешто проектирана, како современ елемент го надополнува и нагласува влезот и ве повикува да влезете.Таа е дел од урбанистички ансамбл, партерно уреден со клупи за седење каде секогаш има групи од млади и стари. Денес оваа фонтана со целиот урбан ансамбл е препуштена на забот на времето, руинирана и исчкртана со непримерни графити кои праќаат порака за вандализам и недостаток на воспитание. Ова е срам за Општина Центар и за Градот Скопје и се надевам дека тие ќе најдат сили што поскоро да направат проект за реновирање и ќе ја вратат фонтаната во првобитна состојба. Празниот простор на локалитетот „Расадник“, кој ја бранува јавноста подолго време, нуди извонредни можности за уште една уредена парковска површина во градот. Тоа треба да е предизвик и за Општината и за Градот да се создаде нешто препознатливо и оригинално (јавен простор, тематски парк, собиралиште на граѓани). Ако сега ја пропуштат шансата граѓаните на оваа општина може да се простат од услови за хумано живеење. Ако се направи парк во Гази баба и парк во Расадник, заедно со Градскиот парк би се опфатиле сите делови на градот. Тоа се трите најповолни зелени точки на градската матрица. Важно е да се спомне и паркот „Жена борец“ во срцето на градот и уште неколку помали парковски површини во населбите кои треба да се чуваат и негуваат. Значењето на овие уредени парковски површини најдобро го почувствувавме во овие пандемиски времиња. Градскиот парк е секогаш полн со луѓе бидејќи граѓаните чувствуваат потреба да излезат на отворено, почитувајќи ги протоколите за заштита. да Ги саНираме катастрофалНите ПоследиЦи Зголемената потребата од употреба на јавниот простор во некои од западните градови резултираше со бројни интересни решенија и проекти за подобрување на квалитетот на парковите, плоштадите и улиците кои се приспособуваат за користење и во време на пандемија и во постпандемискиот период. Затоа и ние треба да се бориме да се сочуваат сите зелени површини, отворени јавни простори и да се создадат нови таму каде што е можно. Низ градот има доста запуштени и безлични простори на кои може

да се интервенира без да влијаат на развојната стратегија на градот. Тие треба да им се вратат на граѓаните како места кои ќе го унапредат животот на хуман и одржлив начин. Како архитекти и како општество исправени сме пред задачата заеднички со граѓаните, избраните претставници и бизнисзаедницата да трагаме по решенија и да почнеме да ги санираме катастрофалните последици од досегашните активности. Можеби ние постарите генерации жалејќи по исчезнатите историски артефакти и препознатливи топоними на градот, заборавивме дека за овие 20 години израснаа нови генерации во ова опкружување. Тие имаат свои препознатливи места, катчиња за дружба за кои се емотивно врзани, но ние не смееме да дозволиме да живеат во хаотичен и несреден град. n ПОРТА


интервју

Колку проблемите во областа на животната средина нe оддалечуваат од ЕУ? решавањето на проблемите со животната средина бараат време и посветеност од сите актери, мЖсПП, владата, бизнис-секторот и на крај граѓаните. сите ние треба да знаеме дека тие не се решаваат за една или две години, ниту, пак, со средствата што сега се одвојуваат од буџетот на рсм за заштита на животната средина Даниела МлАДЕНОВСКА а крајот на минатата година, се реализираше првиот од низата семинари во рамките на проектот П27 чија цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за следење на преговорите со ЕУ во однос на Поглавјето животна средина (Поглавје 27). Станува збор за комплексен проект поддржан од Цивика Мобилитас, со времетраење од 18 месеци. Проектот се имплементира од страна на НВО „Центар за климатски промени“ (ЦКП), а ќе резултира во подготовка на т.н. „Извештај во сенка“. Бојана Станојевска- Пецуровска, претседател на ЦКП искрено верува дека „Извештајот од сенка“ ќе придонесе во приближувањето на Македонија кон ЕУ во оваа сфера, но и дека државните институции ќе ги перципираат граѓанските организации како партнери за соработка во преговарачкиот процес за Поглавјето 27. Планирано е Извештајот да се издава во континуитет секоја година така што ќе го следи напредокот за Поглавјето 27 и ќе предлага решенија за проблемите во подобластите кои ќе ги третира. За изработка на квалитетен извештај, неопходна е соработка за споделување на информации од страна на надлежните органи, за која Пецуровска смета дека е коректна. Генерално информациите за организирање јавни расправи по некој закон, плански документ, стратегија и сл., граѓанските организации ги добиваат преку веб-порталите на институциите или преку електронска пошта. МЖСПП и ГО имаат потпишано меморандум за соработка, преку кој се овозможува ГО да имаат по еден претставник во секоја од областите на

Н

46

ПОРТА

29 јануари 2021

животната средина, кој има право да учествува во работните групи формирани од страна на МЖСПП. Но, унапредување на комуникацијата е секогаш потребна, заклучува Пецуровска. Kлучен експерт за реализација на проектните активности во проектот П27, е м-р Јадранка Иванова. Таа е тим лидер - експерт за апроксимација на законодавството во областа на заштита на животната средина ангажирана во рамките на програмата Support Albanian Negotiation for Chapter 27 in Environment – Chapter 27 (SANE27), која се спроведува од страна на Шведската агенција за животна средина во соработка со албанското Министерство за туризам и животна средина, финансирана од Sida (Swedish International Development Cooperation Agency). Таа долго време беше дел од јавната администрација во Македонија и своето искуство го надополни со својот професионален ангажман во неколку држави од регионот, заедно со последното искуство

во Албанија, на прашања поврзани со преговорите за членство на земјите кандидати за Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени. Порта 3 имаше прилика да разговара со м-р Иванова за актуелните состојби и проблеми со животната средина во земјава, а токму во контекст на преговорите со ЕУ. во моментот сте ангажирана во тимот за поддршка на преговорите на албанија со еУ за Поглавјето 27, но добро ги познавате и приликите во регионот на Западен балкан во областа на животната средина. Што е според вас релативната предност на македонија во однос на регионот, а во која област најмногу заостануваме? n Споредено со другите земји на Западен Балкан, со оглед на тоа дека подолго време ги следам евроинтегративните процеси како директен учесник, како во нашата држава, така и во земјите од регионот, сметам дека воопшто не заостануваме, ниту во однос на усогласеноста на законодавството од областа


м-р јадраНка иваНова, ексПерт За ЗакоНодавството За ЖивотНа средиНа на животната средина со она на ЕУ, ниту, пак, во однос на спроведувањето на истото. Сепак, би кажала дека напредокот којшто го бележиме низ годините во областа на заштита на животната средина можеби не е колку што Европската Унија го очекува од една земја кандидат за членство. Земјите од Западен Балкан, генерално, многу заостануваат во спроведувањето на законодавството, во однос на земјите членки на ЕУ. Она што ја издвојува Северна Македонија од соседните држави кандидати за членство во Унијата е што има поголем степен на усогласеност на законодавството со она на ЕУ, како и голем напредок во развивањето плански документи, кои ЕУ ги бара согласно со политиките за заштита на животната средина, посебно во областите на климатските промени и управувањето со отпадот. Европската комисија особено ја поздрави посветеноста на националната администрација во изминатиот период од 10-тина години кога се искористија значителни ИПА средства за изградба на неколку станици за прочистување на отпадните води (Прилеп, Кичево, Струмица и Радовиш), како и идните планови за изградба на станици за прочистување на отпадните води во Скопје, Битола и Тетово кои ќе се финансираат преку ИПА 2 и ИПА 3 инструментот. Во контекст на овие значајни инвестиции, покрај огромната корист за граѓаните на нашата држава од аспект на подобра животна средина, особено би сакала да истакнам дека со ова ќе се постигне значително ниво на прочистување на отпадните води, што го немала ниту една земја кандидат која била на иста позиција во процесот на преговарање со ЕУ, како што сме ние сега.

Сепак, потребно е да се направат дополнителни напори во однос на спроведување на законодавството, особено во оние области каде што веќе постојат изработени плански и проектни документи за реализирање активности кои се директно насочени кон зачувување на животната средина. Тука особено сакам да го потенцирам управувањето со отпадот, каде што сè уште постои застој во реализација на подготвените проектни документи за воспоставување регионални системи за управување со отпадот. Доколку акцентот на користењето на средствата во рамките на ИПА 1 беше управувањето со водите, сосема оправдано беше заеднички договорено со ЕУ дека значителни средства од ИПА 2 ќе се насочат кон управувањето со отпад. Делумно, причината за овој застој ја гледам во фактот што заштитата на животната средина сè уште не е една од главните политики на Владата на РСМ. Доказ за ова е делот од буџетот што се одвојува за животната средина во државата, како и самиот буџет на МЖСПП. Ова е случај и во другите држави од Западен Балкан, односно политичката моќ на министерствата за животна средина е уште многу послаба споредбено со останатите економски ресори во рамките на владите. Дополнително, административните капацитети на институциите задолжени за управување со животната средина се слаби и недоволни, како на централно, така и на локално ниво. Ако ја погледнеме програмата на ЕУ во сегашниот состав, Градење на климатскинеутрална, зелена, правична и социјална европа, таа е еден од главните приоритети за кој се одвојува голем дел од европскиот буџет. Дури и помошта што се издвојува од

европскиот буџет за земјите членки заради закрепнување од Ковид-19, е условена со поддршка на економски активности кои го поттикнуваат зелениот развој и концептот на т.н. циркуларна економија. Затоа е неопходна голема посветеност, пред сè на Владата, но и на МЖСПП во поставување на животната средина како приоритетна политика што ќе биде изразено преку јасно воспоставување цели, но и издвојување значителни финансиски средства кои ќе бидат насочени кон нејзино реално спроведување, како и за спроведување на законодавството. Поглавјето 27 е најскапо, односно бара најмногу средства и сериозни инвестиции за реализација на барањата. дали во изминатите години буџетот се креира согласно овие приоритети? n Трошоците поврзани со обврските кои произлегуваат од Поглавјето 27 се диспропорционално поголеми во однос на трошоците поврзани со другите поглавја. Тоа претставува приближно 30 % од севкупното законодавство што треба да се транспонира и повеќе од 50 % од инвестициските трошоци за една земја кандидат која сака да стане членка на ЕУ. Поглавјето 27 претставува значаен административен и лидерски предизвик за сите земји и затоа навремената подготовка за преговарање со ЕУ за ова поглавје е многу значајна. Да се подготвувате за преговорите со ЕУ значи да имате развиено добро законодавство и политики усогласени со ЕУ, но истовремено да имате долгорочен план за идентификување на сите извори за обезбедување средства за спроведување на истите, како и за развој на потребните административни капацитети, за коишто исто

29 јануари 2021

ПОРТА

47


така ви се потребни финансиски средства. Но буџетот на МЖСПП, но и на другите органи на централната или на локалната власт што имаат надлежности во областа на животната средина се многу мали. Главно, инвестициите во Македонија во областа на животната средина се спроведуваат со финансиска поддршка од ЕУ и од билатерална помош на земјите членки на ЕУ и на други држави. Целите што се поставуваат од надлежните органи мора да бидат соодветно поткрепени со финансиски средства ако се има намера истите да се спроведат, а не само да се актуализираат и да постои декларативна посветеност. Решавањето на проблемите со животната средина бара време и посветеност од сите актери, МЖСПП, Владата, бизнис-секторот и на крај граѓаните. Сите ние треба да знаеме дека тие не се решаваат за една или за две години, ниту, пак, со средствата што сега се одвојуваат од буџетот на РСМ за заштита на животната средина. Овие работи се директно меѓусебно зависни, односно висината на вложените финансиски средства го определува напредокот во оваа област. Наспроти тоа, колку повеќе ќе вложуваме во животната средина, толку помалку ќе се издвојуваат средства од Буџетот за трошоците поврзани со здравствената заштита на населението, и помалку ќе ги користиме природните богатства, а со тоа ќе обезбедиме нивна одржливост на долг рок. Инвестирањето во животната средина значи поголема благосостојба за граѓаните на РСМ и за природата. Затоа е неопходно утврдување поголем буџет кој ќе биде наменет за животната средина и за спроведувањето на законодавството во оваа област. во која област имаме најмногу наталожени проблеми и потенцијално ќе се соочиме со најсериозни предизвици? имаме ли квалитетни бази на податоци за следење на степенот на исполнување на целите? 48

ПОРТА

29 јануари 2021

n Имајќи ги предвид претходните искуства, повторно ќе кажам дека управувањето со отпадот најверојатно ќе биде најголем предизвик за РСМ. Најпрво, затоа што за добро управување со отпадот се неопходни добри административни капацитети на национално, но и на локално ниво. Потоа, управувањето со отпад бара значајни инвестиции со кои би се изградила потребната инфраструктура. На крајот од синџирот на управување со отпадот е граѓанинот, кој мора да го промени однесувањето, својата култура и своите навики, и кој треба да знае дека отпадот има вредност, па тој не може да се одложува каде што ќе му дојде најзгодно или најлесно достапно. Во ниту една друга област учеството на граѓанинот во спроведувањето на законодавството не е толку значајно, како во управувањето со отпадот. Ќе се согласите дека во сите од овие три работи заостануваме. Во ЕУ-преговорите за ова област, ние всушност преговараме за годината кога ќе ги исполниме целите на ЕУ за намалување на количината на отпад што се создава, количината на отпад што треба да рециклира и да се преработи и годината кога ќе постигнеме да се депонира само 25 % од отпадот што се создава. Со цел да изградиме добри позиции и да подготвиме долгорочен план, особено е значајно да се има добра евиденција на отпадот што се создава и на отпадот што се рециклира. Базна година за

пресметување на намалувањето на депонирање на биоразградливиот отпад на депонии е 1999 година. Но, имаме ли податоци колку и каков вид на отпад сме создале и депонирале во 1999 година? МЖСПП за прв пат оваа година објави податоци за вкупната количина и вид отпад што произлегува од производите што се пуштени на пазарот на РСМ и се дел од посебните текови на отпад, иако тaква обврска во законите кои го уредуваат постапувањето со посебните текови на отпад постои речиси 10 години наназад. Евиденцијата во областа на животната средина е особено значајна за донесување исправни политики кои кореспондираат со реалноста. Податоците се многу значајни и во процесот на преговарање со ЕУ. Ваквата состојба, која постои и во останатите држави кандидати, може да ѝ се препише на слабата администрација, што никако не е оправдување за истата. За жал, иако Министерството за животна средина постои од 1999 година, сè уште ја немаме развиено администрацијата која е потребна за спроведување на законодавството, но и за водење на преговорите за Поглавјето 27. изградбата на регионалните депонии е важна задача во областа на управувањето со отпадот, но во изминатиот период се појави сериозен отпор од локалните заедници против вакви објекти „во нивниот двор“. Што е потребно за да се подигне свеста на јавноста? n Изградбата на нова депонија сè уште се гледа од јавноста како опасност за животната средина и за здравјето на луѓето што живеат во околината. Ова можеби е разбирливо за граѓаните затоа што истите се подложни на различни влијанија и интереси, кои не се секогаш добронамерни или прогресивни. Ова делумно се должи и на слабата информираност на граѓаните - што всушност претставува управувањето со отпад согласно стандардите на ЕУ. За жал, ова не е поразлично кај одговорните лица и политичарите, како на локално, така и на национално ниво, кои сè уште гледаат предност во поддржување на сегашната состојба каде што отпадот се депонира на непрописни т.н. „диви“ депонии, кои не исполнуваат никакви стандарди


и кои имаат значително негативно влијание, наместо да преземат мерки и да донесат одлуки за изградба на современи системи за управување со отпад и депонии кои целосно ги почитуваат стандардите на ЕУ. Всушност, овие модерните депонии изградени според ЕУстандардите повеќе се центри за управување со отпад, во кои само мал дел од отпадот што се собира се депонира. Во изминатиот период МЖСПП, со обемна техничка поддршка од ИПА, интензивно работеше и подготви регионални планови за управување со отпад за 6 региони во Северна Македонија. Од овие, само за два региона (Источниот и Североисточниот) во кои постоеше согласност на сите градоначалници, со помош на ЕУ ИПА-фондовите ќе се започне со изградба на регионални системи за управување со отпадот. Сметам дека сите останати региони треба да го следат нивниот пример. Со помош на швајцарската Влада веќе се спроведуваат активности за решавање на проблемите со управувањето со отпадот во Полошкиот Регион. Секое одложување на изградбата на современи системи за управување со отпад значи продолжување на негативното влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето од сегашното постапување со отпад. Секое постапување со отпадот на помало ниво од регионалното значи поголем трошок за граѓаните. Светски прифатените стандарди велат дека отпадот мора да го решиме на место кое е најблиску до неговото создавање. Не можеме да го извеземе затоа што тоа ќе биде прескапо за граѓаните, но воедно, согласно законодавството на ЕУ, забрането е негово извезување само заради депонирање. Овие пораки треба да им се пренесат на граѓаните и да им се покажат реални примери што значи современо управување со отпад. Сите поранешни земји кандидати, сегашни членки на ЕУ, се соочиле со голем отпор од граѓаните за изградба на депонии во регионите каде што живееле, но одлучноста на државните и на локалните органи направиле депониите да бидат прифатени како една нормална економска активност која реално придонесува кон заштита на животната средина и зачувување на природните ресурси, но и кон подобрување на економијата. Затоа е неопходно да се направи и да се спроведе јавна расправа и кампања која ќе ја подигне свеста кај граѓаните за значењето на изградбата на современ регионален систем на

управување со отпад. Се надевам дека изградбата на првите системи во Источниот и Североисточниот Регион, што треба да започне набргу, ќе ги поттикне одговорните лица во другите региони да се заложат за побрзо решавање на проблемите со отпадот и тие ќе овозможат изградба на инфраструктура потребна за управување со отпадот во согласност со ЕУ-стандардите. се добива впечаток дека дури и во последните години кога зачестено се вели дека за „еУ нема алтернатива“, се креираат политики и се реализираат проекти кои се во колизија со оваа заложба. На пример, не се отстапува од плановите за мхе на Шар Планина, во исто време со заложбите подрачјето да стане национален парк. Што мислите за ваквите конфликтни политики? n Поради потребата од економски развој на Северна Македонија економската политика се наметнува над сите останати политики. Економскиот развој сè уште го гледаме во старите традиционални начини на делување,

каде што бизнисот гарантира успех само ако е свртен кон искористување на природните богатства. Во развивањето на економските политики, можностите за економски развој преку заштита на животната средина и промовирање и заштитување на природата и природните богатства, воопшто не се анализираат, ниту, пак, им се дава предност. Европската Унија како приоритет го постави инвестирањето во зелени иницијативи кои го подобруваат квалитетот на воздухот и водите, поддршка на одржлива агрикултура и заштита на животната средина и биодиверзитетот. Креирање циркуларна економија и функционален ЕУ-енергетски пазар кој обезбедува одржлива, сигурна и достапна енергија. Брза транзиција кон обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и истовремено намалување на зависноста од надворешни извори на енергија. Сите овие се приоритети на сегашниот состав на ЕУ. Затоа во реалноста е тешко е да се водат вакви конфликтни политики. Иако во конкретните случаи можеби правото ќе одлучи што ќе се спроведе, сепак, сметам дека Владата треба заштитата на животната средина да ја стави во своите приоритети, соодветно на националниот приоритет за членство во ЕУ, и соодветно да ги ревидира сите политики и плански документи и да ги оцени од аспект на нивното влијание врз животната средина, како и да ги стави истите во функција на побрзо приближување кон ЕУ и исполнување на барањата на законодавството на ЕУ за животна средина. n

ПОРТА


екологија

Изградено и прекопано Водно ќе станува заштитен предел Министерството на почетокот на февруари годинава ќе спроведе јавна расправа по предлогот, потоа ќе треба да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА инистерството за животна средина и просторно планирање најави дека годинава ќе заврши процесот за прогласување на планината Водно за заштитено подрачје откако претходно Нацрт-одлуката за прогласување ќе помине низ јавна расправа,

М 50

ПОРТА

29 јануари 2021

на која своите забелешки ќе може да ги дадат екологистите и другите заинтересирани страни. МЖСПП ги најави јавните расправи за почетокот на февруари годинава со дополнителна најава. Во ноември лани Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и донесе Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во

категорија V – Заштитен предел, со која го задолжи Министерството да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување. Предлог-актот е достапен за увид и коментирање на веб-страницата на МЖСПП


ПодГотвеНа НаЦрт-одлУката, се Чека јавНата расПрава и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР). Површината на идното заштитено подрачје: Заштитен предел - Водно изнесува 3992,5 хектари. Она за што повеќето активисти, екологисти и експерти веќе долги години се борат, а тоа е заштита на Водно од сеча, узурпација и градење, сега дојде на ред да се заштитува. Прашањето е зошто се дозволи Водно толку да се уништи, а сега да се заштитува она што остана од планината и белите дробови на Скопје. Четири ЗаШтитНи ЗоНи Во заштитеното подрачје предложени и дефинирани се четири зони, кои се воспоставуваат заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата. Предлог-зоната за строга заштита зафаќа 276,3 хектари или 6,9 отсто од вкупната површина на предлог-заштитеното подрачје. Предлог-зоната за активно управување зафаќа вкупно површина од 2089,7 хектари или 52,3 отсто од вкупната површина на предлог-заштитеното подрачје. Предлогзоната за одржливо користење зафаќа површина од 1532,1 хектари или 38,4 отсто од вкупната површина на предлогзаштитеното подрачје Водно. Во рамките на предлог-границите на заштитеното подрачје Водно внатрешниот заштитен појас зафаќа површина од 94,4 хектари или 2,4 отсто од површината на предлог-заштитеното подрачје. Со Одлуката е определен Градот Скопје за субјект кој ќе управува со ова заштитено подрачје. Со прогласувањето на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел ќе се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата. Воедно ќе се зголеми површината на заштитени подрачја на национално ниво и со тоа ќе се постигне прогрес во однос на исполнување на обврските од Просторниот план на државата (2004), Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD), целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата со Акциски план (2017 - 2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски план за период (2018 - 2023), како и прогрес во имплементација на ЕУ-директивите за живеалишта и птици, меѓународните

конвеции, кои се ратификувани од нашата држава (CBD, Bern, CITES, Bonn, Ramsar).

Зоната за активно управување зафаќа вкупна површина од 2089,7 хектари или 52,3 отсто од вкупната површина на заштитеното подрачје. Во зоната за активно управување може да се вршат активности на управување кои се однесуваат на манипулирање со живеалишта и со видови. Исто така во оваа зона може да се врши спроведување на активности кои немаат негативно влијание на примарната цел на заштита на Заштитен предел - Водно, како екотуризам и традиционално екстензивно земјоделство.

ЗоНа За строГа ЗаШтита Зоната за строга заштита претставува дел од заштитеното подрачје со највисок интерес за заштитата, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Како што е наведено во Нацртодлуката зоната за строга заштита зафаќа 276,3 хектари или 6,9 отсто од вкупната површина на заштитеното подрачје. Во зоната за строга заштита не треба да се спроведуваат активности со кои се загрозува изворноста на природата и се нарушува природната рамнотежа. Заради одржување на карактеристиките на зоната за строга заштита субјектот надлежен за управување со заштитеното подрачје треба да обезбеди постојан мониторинг. Исто така, во Нацртот е наведено дека во зоната за строга заштита може да се вршат научноистражувачки активности доколку тие не се во спротивност со примарните цели на заштита на подрачјето, по претходно добиена дозвола од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата во соработка со субјектот надлежен за управување со заштитеното подрачје.

ЗоНа За одрЖливо користеЊе Зоната за одржливо користење претставува значителен дел од заштитеното подрачје која не поседува високи вредности за заштитата, каде што се наоѓаат инфраструктурни објекти, објекти на културното наследство, типови на шумски насади коишто не се карактеристични за подрачјето, како и населени места со околното земјоделско земјиште. Оваа зона зафаќа површина од 1532,1 хектари или 38,4 отсто од вкупната површина на Заштитениот предел - Водно. Истата во најголем дел се протега од границата на заштитеното подрачје (во подножјето) кон средновисоките делови на планината Водно. Покрај тоа, во рамките на оваа зона е издвоен мал урбанизиран простор кај хотелот Панорама на Средно Водно со површина од 9,8 хектари.

ЗоНа За активНо УПравУваЊе Зоната за активно управување претставува зона од висок интерес за заштита, во која се потребни управувачки интервенции со цел реставрација, ревитализација или рехабилитација на живеалиштата, екосистемите и другите елементи од пределот, како и нивно одржување.

ЗаШтитеН Појас Заштитниот појас е површина во заштитеното подрачје која има улога да ги заштити останатите три зони од заканите што потекнуваат надвор од заштитеното подрачје. Во рамките на границите на заштитениот предел - Водно се воспоставува внатрешен заштитен појас со површина од 43,2 хектари, 29 јануари 2021

ПОРТА

51


кој ја следи трасата на гасоводот низ зоната на строга заштита и зоната за активно управување. Овој појас во вид на бафер широк 20 метри се протега долж планинското било, а од Дамацуле постепено се спушта кон север во правец на селото Шишево. Дел од овој појас, минува јужно од Крстовар (1.066 метри) по Ридско Рамниште во правец на Сопиште. Во Нацрт-одлуката е наведено дека се воспоставува и втор внатрешен заштитен појас, како бафер, кој се протега и низ зоната за активно управување долж асфалтните патишта од хотелот Панорама до селото Горно Нерези и од хотелот Панорама до под врвот Крстовар. Трет внатрешeн заштитен појас се воспоставува кај селото Сопиште, односно месноста Турски Камен со површина од 51,2 хектари, кој има заштитна функција. Вкупната површина на внатрешниот

ПОРТА


заштитен појас изнесува 94,4 хектари или 2,4 отсто од површината на заштитениот предел - Водно. Стопанските дејности во рамките на заштитниот појас предвидено е да се вршат согласно одредбите на оваа одлука и одредбите утврдени во Законот за заштита на природата. НАДЛеЖНОСтИ НА ГРАД СКОПје Градот Скопје е должен заштитата на природното наследство на територијата на Заштитениот предел - Водно да ја спроведува

преку воспоставување режим на заштита на заштитеното подрачје, преземање мерки за заштита на утврдените зони во заштитеното подрачје, изработка и донесување на План за управување со заштитен предел, да врши мониторинг на состојбата со природните вредности, да спречува штетни активности од физички и правни лица во заштитеното подрачје, да врши заштита и зачувување на биолошката и пределската разновидност од национално и меѓународно значење и да ги идентификува заканите, како и да изработи

инвентар за живеалишта, диви видови, геодиверзитет и предели. Исто така, во надлежност на Град Скопје ќе биде и да создава услови за развој на туризмот, остварување на културни, научни, образовни и рекреативни цели, кои во исто време ја одржуваат природната состојба на заштитниот предел, да ја поттикнува научноистражувачката работа, а истовремено и да ја подигнува јавната свест, особено во воспитно-образовниот процес за заштита на заштитеното подрачје. n

СтАВ НА „ГО САКАМ ВОДНО“, ОРГАНИЗАЦИјА ЗА ЗАШтИтА НА ЖИВОтНАтА СРеДИНА

За Водно мора да се алармира Дојдовме до момент во кој се носат одредени одлуки кои мора да бидат максимално актуализирани и да се нагласат можностите за злоупотреба на истите. „Го сакам Водно“ очекуваше навистина многу повеќе од актуелниот градоначалник на Скопје, кој, како што самиот се изрази е стар скопјанец и во таа насока даде уверувања дека максимално ќе го заштити местото кое е препознатливо зелено обележје на градот, Водно. Во еден момент даде и уверувања дека ќе се изработи специјален закон за Водно со цел заштита на парк-шумата од континуираното уништување. Ваквото уверување звучеше искрено, па се очекуваа построги механизми и пoaгресивен пристап за зацврстување на декларираната заштита, коja постоечките акти во последните децении очигледно не ja обезбедуваа. Но... Денес сме сведоци на носење одлука од Министерството за животна средина и просторно планирање, (акт кој дури не е ни закон, камоли специјален) за Водно која одредува категорија на заштита V, далеку пониска и од онаа на паркот Гази Баба. Да потсетиме дека Водно со децении ужива заштита со одлука на Градот Скопје (уште од далечната 1976, па 1989 и 1991). Новата (де)градација секако не обезбедува заштита од континуираното уништување, и овозможува уште поголема узурпација, сега и законски поткрепена со поделбата на различни зони на заштита. Сето тоа поткрепено со студија за евалуација која речиси ексклузивно се потпира само на Законот за заштита на природата. Водно е разгледувано само од биолошко-географски и во извесна мерка социјален аспект. Воопшто не е земена важноста на шумите како штит од ерозија, неговата важност за граѓаните на Скопје, особено имајќи предвид дека како што и самата студија кажува над 220 илјади жители живеат во неговото подножје. Се добива впечаток дека намерата е да се вметнат нови содржини наместо Водно на некој начин да се конзервира за понатамошни влијанија и да се задржи онакво какво што било и е, зелено, пошумено и заштитено. Трудот и стручноста на авторите на студијата за евалуација не е воопшто спорен, но спорен е моментот на заштита на Водно САМО врз основа на оваа студија, кога сите знаеме дека Водно е вештачки пошумувано и неговите биолошки и природни вредности НЕ СМЕАТ да бидат пресудни за негова заштита. Бевме присутни на двете расправи за Студијата за евалуација, уредно поднесовме забелешки, за кои секако не бевме известени дека воопшто се разгледувале при формирањето на конечната верзија. Со оваа одлука, зоната на заштита се намалува, од 4 500+ на 3 992,5 ха. Еден интересен момент во првичната верзија на студијата беше

изјавата од авторите дека тоа е направено на барање токму на МЖСПП и општините. Со ова се овозможува исклучување делови од заштитената зона кај кои е веќе направена голема градежна офанзива, а со тоа нивно легализирање. Поделбата пак на зони, особено зоната за активно управување (ако ја погледнете картата, дури и на самиот врв на Водно) овозможува законско никнување нови градби. Наш заклучок од оваа одлука е дека, под превезот на заштита на природата се овозможува само уште поголем влез на градежната инвазија на Водно. Согледувајќи го манипулативниот аспект во носење на една ваква одлука, би сакале да алармираме дека, тоа што Водно треба да претставува за градот и тоа за што Водно е пред половина век реанимирано, ќе биде комплетно погазено во име на профит и лични интереси на штета на благосостојбата на обичните граѓани. Ќе присуствуваме на двете најавени расправи за оваа одлука, но гледајќи како смислено се обезвреднува неговото значење, не веруваме во совеста на институциите и нивната позитивна мисла за иднината на Водно, а воедно и на градот. МОРА да се алармира.

29 јануари 2021

ПОРТА

53


најчудни градби

Најочекуваните градби во Во зората на новата деценија, се чини дека е соодветно да се погледнат структурите што треба да ги обликуваат градовите во 2021 година, со што светот ќе добие нови архитектонски чуда драган РИСТОВ зминатата година во архитектурата беше исполнета со пресвртници, од завршувањето на највисоката зграда во Африка до отворањето на првиот подводен ресторан во Европа. Исто така, ужасно гледавме како Нотр Дам гори, а светот се здоби и со нови облакодери. Но, во зората на новата деценија, се чини дека е соодветно да се погледнат структурите што треба да ги обликуваат градовите во 2021 година, со што светот ќе добие нови архитектонски чуда. Веќе ништо не може да нè изненади, но умните глави во светот на модерниот урбан дизајн, сепак постојано наоѓаат начин фантазијата да ја претворат во реалност. Ова се дел од најочекуваните објекти на 2021 година.

И

„ВАНКУВеР ХАУС“, Канада (Vancouver House) Извртувајќи се од триаголна основа до правоаголен врв, „Куќата на Ванкувер“ изгледа дека им пркоси на законите на инженерството кога се гледа оддалеку. Тоа е токму тој вид ексцентричност што може да го очекуваме од Бјарке Ингелс, данскиот архитект кој неодамна изгради скијачка патека на врвот на електраната во Копенхаген. Но, тоа е исто така паметен одговор на разни забрани и регулативи кои ја ограничуваат големината на отпечатокот на кулата во центарот на Ванкувер. Пикселираната фасада, исто така карактеристична за работата на Ингелс,

54

ПОРТА

29 јануари 2021

помага да се создадат длабоко поставени балкони за жителите во кулата која е предвидено да биде висока 151 метри со 49 катови. Објектот е категоризиран како неофутуризам или структурален експресионизам.

Цените за наместен стан во овој облакодер се движат од 2.025 до 6.050 канадски долари. Објектот има вкупно 375 станбени единици, а нивната големина се движи од 374 до 1.649 квадратни метри.


ВО СВетОт НА МОДеРНИОт УРБАН ДИЗАјН

2021 година

„ПАУеР ХАУС“, телемарк, Норвешка (Powerhouse Telemark) Сместена во историскиот индустриски град Порсгрун во округот Вестфолд и Телемарк, новата зграда со 11 ката означува симболично продолжение на гордата историја на областа бидејќи Телемарк е дом на една од најголемите хидроцентрали на почетокот на 19 век. Powerhouse Telemark укажува на зголемените инвестиции во областа на т.н. „зелена економија“, позиционирајќи го округот како лидер во декарбонизирање со нови градби. Фасадата

и покривот на „Powerhouse Telemark“ ќе генерираат 256.000 kW/h енергија секоја година, приближно 20 пати повеќе од годишната употреба на енергија од просечно норвешко домаќинство, а вишокот на енергија ќе се продава назад во енергетската мрежа. Искривената и малку конусна зграда се одликува со јасно дефиниран засек од 45 ° на фасадата, свртена кон исток, давајќи јасно препознатлив израз што се издвојува во индустрискиот контекст на околниот индустриски парк Хереја. Внатре, зградата има канцелариски простор, заеднички

ресторан за персонал, простории за состаноци со пентхаус и тераса на покривот со поглед на фјордот. Две големи скали ги поврзуваат приземјето и горниот кат на зградата, од просторот за прием и сè до ресторанот за персонал и просториите за состаноци. Карактеристично правилно дрвено скалило се појавува на деветтиот кат, визуелно ги врзува вработените во мензата и просторијата за состаноци во пентхаусот и ги води посетителите на терасата на покривот на зградата. Дизајнот е на домашното, норвешко студио „Снахета“ кое се најде на меѓународните насловни страници минатата година, кога неговиот подводен ресторан прв во Европа - се отвори во близина на најјужниот врв на Норвешка. Но, дизајнерската фирма се здоби и со репутација на најголем иноватор на „јаглерод-негативни згради“ кои, во текот на нивниот животен век, произведуваат повеќе енергија отколку што трошат. Објектот има елегантна структура, која е скоро целосно обложена во фотоволтаични ќелии, а дизајнот потсетува на своевиден дијамант што ја максимизира сончевата енергија од која било страна и агол. „1.000 ДРВјА“, Шангај, Кина (1.000 Trees) На британскиот дизајнер Томас Хедервик никогаш не му беше досадно и никогаш не му недостасуваше амбиција. И сега, неговата навидум погрешна визија за урбана планина покриена со дрвја стана реалност. Развојот на површина од 3,2 милиони квадратни метри сега зафаќа огромен дел од реката во Шангај. Структурните колони се

29 јануари 2021

ПОРТА

55


појавуваат од земјата за да се помешаат со растенијата и зеленилото, кое својствено на ова го носи името на проектот, „1.000 дрвја“. -Ова е повеќе од парче архитектура, ова е, парче топографија - вели самиот Хедервик. Разделени на две места, покрај уметничката област М50 во градот, 1.000 дрвја ќе сочинуваат два дела или два врва, слични на планини, кои содржат мешавина од малопродажба, канцеларии, ресторани, места за настани и галерии.Колективно, жардиниерите содржат приближно 25 илјади индивидуални растенија и 46 различни растителни видови, вклучувајќи грмушки, трајни растенија, дрвја и ретки алпинистички видови. Самата топографија на објектот, на дизајнот, прави привид на структурата низ растенијата, еден вид на пикселизирана масовност на планината, па изгледа како планината да е „испресечена со растенија“. Откако ќе заврши на почетокот на 2021 година, првата планина ќе вклучи десет нивоа на објекти за мешана употреба кои

ПОРТА

обвиваат неколку големи атриуми што внесуваат природна светлина длабоко во неговото јадро. Овие џиновски празнини ќе се поврзат со голем број тераси на отворено што ја обвиткуваат зградата, што ќе се спушти до новиот јавен парк и пешачка патека што студијата ја развива по должината на изворот Сужоу. Вториот објект, или т.н. „втора планина“ ќе биде поголема и „програмски поразновидна“ и ќе се поврзе со првата планина преку затворен мост, тунел и приземје. Втората фаза на развојот, исто така, ќе вклучува повеќе уредување, вклучително и јавен простор покрај реката долг 900 метри и пејзажен парк од 12.000 квадратни метри што ќе вклучува патека за џогирање, градина за скулптури и низа простори за отворени настани. Студиото Хедервик прв го претстави својот предлог за 1.000 дрвја, нарачан од кинескиот развивач „Тијан Ан Кина“ во 2015 година. „ГОЛеМИОт ГИЗА МУЗеј“, Каиро, египт (Grand Egyptian Museum) Големиот египетски музеј познат и како музеј „Гиза“, е археолошки музеј во изградба

во Гиза во Египет. Опишан е како најголем археолошки музеј во светот и во него ќе се чуваат артефакти на древен Египет, вклучувајќи ја и комплетната колекција Тутанкамон. Музејот се наоѓа на парцела од околу 480.000 квадратни метри, приближно два километри од пирамидалниот комплекс Гиза и е дел од новиот план за платото Гиза. Изградбата на музејот требаше да биде готова во првиот квартал од 2020 година, но поради пандемијата КОВИД-19, отворањето на музејот е поместено за оваа 2021 година. За дизајнот на зградата беше одлучено на архитектонски конкурс објавен на 7 јануари 2002 година. Организаторите примија 1.557 пријави од 82 земји, што го прави втор по големина архитектонски натпревар во историјата. Во втората фаза од натпреварот, 20 учесници доставија дополнителни информации за нивните дизајни. На конкурсот победија архитеза што добија награда од 250.000 долари. Вкупната проценета цена на проектот првично беше 550 милиони долари, но се искачи на близу 790 милиони, од кои 300 милиони ќе бидат финансирани од јапонски заем. Објектот е во форма на засечен триаголник. Северните и јужните sидови на


зградата се во директна линија со Големата пирамида во Куфу и Пирамидата во Менкауре. Во предниот дел на зградата се наоѓа голем плоштад, исполнет со растенија. Една од главните одлики на музејот е камен ѕид направен од алабастер, што ја сочинува предната фасада на зградата. Внатре во главниот влез има голем атриум, каде што ќе бидат изложени големи статуи. „АКВАРеЛА“, Кито, еквадор (Aquarela)

пристап што може да го имитира контекстот, со закривени балкони кои го обвиткуваат објектот, преполнети со зеленило. Овие карпести градини ги поврзуваат жителите со природното кое е на отворено и ја зајакнуваат интеграцијата на зградата. Внатрешниот простор се карактеризира со големи стаклени прозорци, високи дрвени ролетни и отворени простори. Во областа на фоајето, зеленилото зафаќа и голем дел од местото, генерирајќи некаков континуитет со

природниот тек. На некој начин, објектот потсетува на оној „1.000 дрвја“ во Кина, бидејќи објектот има максимална помешаност (микс) на бетонот со природата и растенијата, оставајќи впечаток на запуштеност, но тоа е далеку од вистината. Ваквата помешаност, го прави незабележителен во природата. Првата фаза треба да заврши на почетокот на 2021 година, а втората фаза може да заврши на крајот на годината. n

Повеќе од 10 години по добивањето на наградата Прицкер, таканаречениот Нобел на архитектурата, францускиот архитект Жан Нувел продолжува да зачудува. Меѓу неговите најнови проекти е и „Акварела“, станбен комплекс од 650 единици во населбата Кумбаја, во главниот град на Еквадор, Кито. Во соработка со локалната архитектонска фирма „Урибе и Шварцкопф“, органски дизајнираниот проект ќе има површина од 136.580 квадратни метри. Иако се составени од неколку засебни деветкатни структури, серија долги балкони се обвиткуваат меѓу нив за да му дадат на проектот монолитен квалитет. Камената обвивка, дрвените ролетни и надворешното зеленило се наменети да ѝ помогнат на зградата да се одрази и да се асимилира во убавата, планинска топографија во регионот, истовремено нудејќи им на жителите опиплива врска со природата. Сместен во „секторот опкружен со зелени површини и големи плоштади, стратешки лоциран и лесно достапен, во рамките на најдоброто станбено подрачје на долината Кумбаја, „Акварела“ вклучува девет станбени делови обложени со камен. Нувел замислил ПОРТА


хортикултура

НАјГОЛеМИОт ЛАВИРИНт ВО СВетОт ОД БАМБУС

Labrinto della Mason жива уметност на отворено „...Ако сликата на лавиринтот има вековна историја, тоа значи дека луѓето десетици илјади години биле фасцинирани од нешто мистично и предизвикувачко. Постојат многу животни ситуации во кои е лесно да се влезе, но тешко е да се излезе; само на прв поглед ни се чини дека е тешко да се размислува за ситуации во кои е тешко да се влезе, но лесно да се излезе“.

ПОРТА


ПОРТА 3 abrinto della Mason, најголемиот лавиринт во светот исткаен од бамбус, за голем број посетители претставува жива уметност на отворено. Сместен е во Fontanellato, мало гратче во близина на Парма, Италија и се протега на околу осум хектари. Креиран е од Franco Maria Ricci (1937 - 2020), издавач, библиограф и колекционер на уметнички дела, во далечната 1980 година. Овој лавиринт во целост е направен од 20 видови бамбуси (вкупно околу 200 илјади), високи меѓу 30 сантиметри и 15 метри. Патеката низ него е со должина од над три километри. Бамбусите растат заедно за да создадат високи ѕидови кои ја прават нивната ѕвездеста форма.

L

Периметарот е во облик на осумкрака ѕвезда, бидејќи така се правени градовите тврдини. Проектот за лавиринтот претрпел долг процес на разработка со архитектот Davide Dutto. Внатре во лавиринтот има и капела во форма на пирамида, спомен за древната врска помеѓу лавиринтите и верата.

Ricci за лавиринот говори: „Првпат сонував за изградба на лавиринт многу одамна. Тогаш во неколку наврати, во мојата селска куќа во близина на Парма, го угостив мојот пријател и ценет соработник во мојата издавачка куќа, аргентинскиот книжевник Jorge Luis Borges. Добро познат факт е дека лавиринтот беше една од неговите омилени теми. А,

ПОРТА


патеките по кои трагаше со колебливи чекори слепиот писател, додека шеташе околу мене, ме натера да размислувам за неизвесноста на оние што се движат среде

ПОРТА

раскрсници на патот и наидуваат на загатки. Мислам дека тоа го замислуваше и него, и разговараше во своите мисли за необичните патувања на луѓето. Тоа беше зачеток на

проектот, конечно отворен за јавноста во јуни 2015 година. Приказната вели дека кога Минос го изградил својот лавиринт (Палатата во Кносос на Крит, која била затвор), неговите намери биле сурови и мрачни. Јас замислував мек еквивалент. Таков кој воедно ќе биде и градина во која луѓето одвременавреме ќе може да шетаат и да се изгубат, без притоа да трчаат и без каков било ризик“. Labrinto della Mason е направен во традиционален римски стил, но содржи некои од заштитните знакови на Ricci, како што се неочекувани ќорсокаци и раскрсници кои само навидум водат до излезот, односно ги збунуваат посетителите. Некои уличиња во лавиринтот всушност се слепи улици, па така оние кои одат по нив, не знаат на што ќе наидат – било да е тоа ѕид или раскрсница која води во повеќе насоки. Во внатрешноста на лавиринтот има вкупно три илјади квадратни метри тунели, што значи дека постојат многу рути по кои може да се оди, но секако, тоа не значи дека секоја од нив е онаа вистинската која води кон излезот. Ricci имал голема страст кон бамбусот кој го сметал за мошне елегантно растение, кое многу малку се одгледувало во Европа, особено во Италија и му изгледало одлична суровина. Бамбусот кој се користи, бидејќи расте многу високо го прави Labrinto della Mason повеќе да изгледа како катедрала, отколку како вистински лавиринт. Покрај тоа бамбусот е одличен за околината бидејќи не содржи штетници и болести, а прави чуда кога станува збор за апсорпција на јаглерод диоксид од атмосферата. Исто така, лавиринтот претставува и оддавање почит на бамбусите кои создаваат зен атмосфера и во


исто време градат силна и флексибилна структура. Бамбусот е зимзелено, елегантно, врбесто и енергично растение, кое расте брзо. Неговата сила е неговата висока стапка на фотосинтеза. Фондацијата Franco Maria Ricci ќе помогне во обновувањето на пејзажот во долината на реката По, кој е уништен од грди магацини, нудејќи им можност на деловните субјекти да користат бамбус за да ги сокријат грозните згради користејќи зелени екрани. Во лавиринтот е отворен и музеј (целокупна колекција на уметнички дела која за педесет години ја собрал Ricci), библиотека (со негова збирка книги и секоја книга која ја објавил во тек на 50 години), подрачја за привремени изложби, архива и туристички содржини кои на меѓународните

посетители и на локалното население, особено на младите им нудат пријатно добредојде, место за уживање, како и да се информираат и инспирираат. Сето тоа е инспирирано од цивилизацијата, стилот и удобноста. Поседува и бистро, кафуле и локална вкусна кујна, и сите се ставени во вештите раце на наградуваниот готвач Spigaroli. Franco Maria Ricci е познат колекционер на уметности, но објавил и своја книга насловена „Лавиринти: Уметноста на лавиринтот“. Во предговорот на оваа книга, кој го напишал Умберто Еко, вели: „...Ако сликата на лавиринтот има вековна историја, тоа значи дека луѓето десетици илјади години биле фасцинирани од нешто мистично и предизвикувачко. Постојат многу животни ситуации во кои е

лесно да се влезе, но тешко е да се излезе; само на прв поглед ни се чини дека е тешко да се размислува за ситуации во кои е тешко да се влезе, но лесно да се излезе“. А кога станува збор за влегување и излегување од овој најголем жив лавиринт од бамбус во светот - ретко некој кој влегува во него ќе успее брзо да излезе надвор. Бидејќи, навигацијата со бамбус е сосема поинаква од навигацијата во лавиринтите од жива ограда. Имено, висината на бамбусот ја ограничува сончевата светлина, што дополнително ги дезориентира посетителите, спречувајќи ги да се сетат дали веќе преминале една локација. Така, посетителите се принудени внимателно да размислат за патеките по кои се движеле претходно. n

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.