316

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

316 МАЈ 2022

Мост на улица „Љубљанска“ преку реката Вардар Не е познато каков е нашиот план Б за снабдување со гас Комплексот Тејлор Корт, Чато Корт и Вилмот Корт добитник на наградата Цивик Труст



ПОРТА


СОДРЖИНА

13

24

ИНФО 6 „ЕВРОКОДОВИ - ПОРТА КОН ЕВРОПА“, ГЛАВНА ТЕМА НА СИМПОЗИУМОТ НА ДГКМ

РЕГИОНИ 10 ГРАДЕЖНИШТВО 13 МОСТ НА УЛИЦА „ЉУБЉАНСКА“ ПРЕКУ РЕКАТА ВАРДАР

ГРАДЕЖНИШТВО 20 ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ НА ОБЈЕКТИ ВО СР ГЕРМАНИЈА: ПРОПИСИ И ОБВРСКИ

28

ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 24 НОВИ ДОСТАПНИ ПРОЦЕНКИ ЗА ЗЕМЈОТРЕСИ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОДГОТВЕНОСТА НА ЕВРОПА

АРХИТЕКТУРА 28 КУЌА КОЈА Е ВПЕЧАТЛИВА, НО НЕ И ПРЕТЕНЦИОЗНА

АРХИТЕКТУРА 32 КОМПЛЕКСОТ ТЕЈЛОР КОРТ, ЧАТО КОРТ И ВИЛМОТ КОРТ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЦИВИК ТРУСТ

38

42

АРХИТЕКТУРА 38 КАКО И ДАЛИ ЌЕ ОПСТОИ АРХИТЕКТУРАТА ВО ЊУ ОРЛЕАНС?

УРБАНИЗАМ 42 БЕЛГРАД СЕ НАВИКНА НА ПРОМЕНИТЕ ШТО ГО ПРАВАТ ПОДОБАР ГРАД ОД ТОА ШТО БИЛ ВЧЕРА

УРБАНИЗАМ 48 ПРОЕКТАНТСКОТО БИРО „СТОКУЌА“ ДОБИТНИК НА МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА

ЕКОЛОГИЈА 52 НЕ Е ПОЗНАТО КАКОВ Е НАШИОТ ПЛАН Б ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС

УМЕТНОСТ 55 СКУЛПТУРИ ОД ОБИЧНО ДОМАШНО ЃУБРЕ И ОТПАД

ХОРТИКУЛТУРА 58 МЕСТО КАДЕ ШТО СТАНУВА ЈАСНО КОЛКУ Е ЧОВЕКОТ МАЛ ВО СПОРЕДБА СО ПРИРОДАТА

ПОРТА

25 јули 2014

58


ГОДИНА XVII

БРОЈ 316 ПЕТОК 30.05.2022 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и нов број на списанието Порта 3. Во него како и секогаш интересни четива од редовните рубрики градежништво, архитектура, екологија, но надополнети и со ентериер, уметност, хортикултура. Како и секогаш бројот го почнуваме со кратките информации. Овој пат може да се прочита за 19. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, за презентацијата на Предлог-ценовникот за инженерски услуги, за тоа дека и Осогово има потенцијал да стане дел од европската мрежа Натура 2 000 и за најавите дека во август се очекува да биде готова една лента од автопатската делница Требениште - Охрид. Информациите за активностите на дел од локалните самоуправи се следни на страниците на Порта 3. Рубриката градежништво ја почнуваме со опис на проектот за мостот на улица „Љубљанска“ преку реката Вардар. Станува збор за своевидно хибридно решение меѓу класичен греден и мост на коси кабли. Клучна карактеристика по која овој систем визуелно се разликува од мостовите со коси кабли е малата висина на пилоните и благиот наклон на каблите. Нашиот соработник од Берлин во овој број ни дава објаснување за прописи и обврски за превентивна заштита од пожари на објекти во Германија. Иако Германија е лидер во Европа во делот на научноистражувачките достигнувања и оперативнотехничката примена на решенијата и системите за превентивна заштита од пожари при градежните објекти сепак инженерската фела се стреми кон уште построги законски прописи и барања, почнувајќи од фаза на проектирање, па сè до добивање употребна дозвола. ИЗИИС работи на првиот достапен модел на сеизмички ризик за Европа. Според европскиот модел на сеизмички ризик 2020 (ESRM20), зградите изградени пред 1980-тите, урбаните подрачја, како и високите проценки на сеизмичкиот хазард се главни носители на сеизмичкиот ризик. Архитектурата ја почнуваме со опис на куќа која е впечатлива, но не е претенциозна и се наоѓа во скопско Тафталиџе. Куќата е без тенденција да создава спектакл, а сепак е препознатлива. Делува смирено и спокојно со својот современ израз. Фасадите се формирани

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

со едноставни форми, бела и антрацит фасадна обработка и детали во маслосано костен дрво. Нашиот дописник од Англија овој пат пишува за специјалната награда за најсакан проект. Комплексот Тејлор Корт, Чато Корт и Вилмот Корт е добитник на наградата Цивик Труст. Секоја градба во Њу Орлеанс е со своја приказна, а нашиот дописник од Вашингтон ни пренесува дали и како ќе опстои архитектурата во овој град. Во овој број дописникот од Белград ни ја претставува стратегијата Белград 2030. Белград 2030, звучи помалку футуристички и далечно, иако е тоа релативно скорешен датум за развојната стратегија. Се разбира, дел од развојот од стратегијата веќе е во полн замав за да може да се постигнат резултати во следните седум години, но идејата за поставување на стратегијата за развој за толку краток рок е прилично храбар потег. Проектантското биро „Стокуќа“ е добитник на меѓународна награда BigSEE Interior Design Award 2022 – Grand Prix за проектот канцелариски простор за Пивара Скопје. Проектот претставува чекот кон иднината на создавање култура на работното место, место кое ја поттикнува индивидуалноста и стимулира движење, размена на идеи. Во рубриката екологија може да се прочита за тоа дека не е познато каков е нашиот план Б за снабдување со гас. Од надлежните добивме само уверување дека доколку дојде до прекин на гасот, ќе се најде алтернатива за три дена, односно дека толку време им е потребно на нашите енергетски и индустриски капацитети за да се префрлат на работа на алтернативно гориво – за жал, најверојатно мазут. За сите љубители на уметноста нашиот соработниот од Лондон дава опис на изложбата на уметницата Мишел Ридер која прави скулптури од обично домашно ѓубре и отпад и која вели дека сака да создава дело кое е интерактивно и привлечно, тактилно и шарено. Овој број го затвораме со рубриката хортикултура каде има интересно четиво за националниот парк Денали на Алјаска, а кое е место каде што станува јасно колку е човекот мал во споредба со природата. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Ангела СТЕФАНОВСКА Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Koсто ГРАОРКОСКИ Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: info@porta3.com.mk biroproekt@biroproekt.com.mk Тел: 071 252 641 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

316 МАЈ 2022

Мост на улица „Љубљанска“ преку реката Вардар Не е познато каков е нашиот план Б за снабдување со гас Комплексот Тејлор Корт, Чато Корт и Вилмот Корт добитник на наградата Цивик Труст

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница ТЕЈЛОР КОРТ, ЧАТО КОРТ И ВИЛМОТ КОРТ ЛОКАЦИЈА ЛОНДОН

АРХИТЕКТ ХЕНЛИ ХАЛЕБРОУН

90 ДЕНАРИ

Датум на печатење: 27.05.2022 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

„Еврокодови - порта кон Европа“, главна тема на симпозиумот на ДГКМ

о пресрет на пролетта, од 27 до 30 април, по 19. пат се случи Меѓународниот симпозиум во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, кој традиционално се одржа во Охрид. Овој симпозиум кој беше посветен на имплементацијата на еврокодовите како национални стандарди за проектирање конструкции го отвори министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а присутните беа поздравени од претседателката на КОАИ, деканите на релевантните научно-образовни институции во земјава и во регионот, како и од претседателите на регионалните

В

6

ПОРТА

30 мај 2022

друштва на градежните конструктори. Во работата на симпозиумот присуствуваа вкупно 250 гости од земјата и од странство, презентирајќи само дел од објавените 138 труда. Еврокодовите, комплексни прописи за проектирање кои опфаќаат над 5.000 страници, се воведени со цел да се постигне што е можно поголема унифицираност на проектната документација и на тој начин да се придонесе за процесот на глобализација, но паралелно да се постигне и рамнотежа помеѓу задоволување на целта, што подразбира обезбедување функционалност, трајност, изводливост, но и нивна одржливост, односно зачувување

на животната средина и задоволување на сите здравствени и безбедносни аспекти, од една страна, и нивна економичност, од друга страна, опфаќајќи ги финансиите, времето и ресурсите. Воведувањето на еврокодовите во Македонија претставува приближување кон законодавството на Европската Унија, затоа тие за градежните инженери претставуваат порта кон Европа, што беше главна тема на овој симпозиум. Нивната примена бара и соодветна подготовка на инженерскиот кадар, со неопходно нивно вклучување не само во наставниот процес на факултетите, туку и организирање предавања, семинари и работилници. Имајќи ја предвид комплексноста на


19. Меѓународен сиМпозиуМ на друштвото на градежни конструктори на Македонија

проблематиката, знаењето и искуството за примена на еврокодовите беше пренесено до учесниците од страна на странски предавачи, а практичната имплементација кај нас беше презентирана од страна на регионалните и локалните експерти. награди и признанија Следејќи ги и остварувајќи ги програмските и статутарните цели на ДГКМ, преку креативна примена и развој на конструкторските знаења и техничкотехнолошките достигнувања, размената и трансферот на научно-техничките информации, а со цел во стручната и научната јавност во Република Северна Македонија и пошироко да се верифицира и истакне придонесот на истакнати поединци, Претседателството на ДГКМ оваа година називот заслужен член на дгкМ им го додели на: l Илиос Вилос, поранешен потпретседател на ДГКМ l Силјан Михајловски, поранешен член на Извршниот одбор на ДГКМ Имајќи го предвид евидентниот придонес за поттикнување и зајакнување на меѓународната соработка и подигнувањето на меѓународниот углед на ДГКМ, претседателството на друштвото оваа година називот почесен член на дгкМ на истакнати градежни конструктори од странство, му го додели на: Предраг Поповиќ, потпретседател и директор на Вис Џејн, Елснер Партнери, Чикаго, САД Претседателството на Друштвото на градежни конструктори на Македонија признанието за најдобро остварување од областа на градежното конструкторство за категоријата проектирање носечки

конструкции: l за 2019 година му го додели на: проектантскиот тим: Горан МАРКОВСКИ, Марија ДОЦЕВСКА, Атанас СТРАШЕСКИ и Ирина ПЕТРЕСКА, за проектот: ИНТЕГРАЛЕН МОСТ „МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ“ ПРЕКУ РЕКАТА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ l за 2020 година признанието му го додели на: проектантскиот тим: Горан МАРКОВСКИ, Марија ДОЦЕВСКА, Атанас СТРАШЕСКИ и Виктор МАРКЕЉ, за проектот: „EXTRADOSED“ МОСТ ПРЕКУ РЕКАТА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ Претседателството на Друштвото на градежни конструктори на Македонија признанието за најдобро остварување од областа на градежното конструкторство за категоријата изведба на конструкции: l за 2020 година му го додели на: стручниот тим: Томе ТРОМБЕВ, Љубиша ЧАУШЕВСКИ, Златко САМАРЏИОСКИ, Роберт КОНЕСКИ, Александар ТРОМБЕВ и Тони ЈОВАНОВСКИ, за ИЗРАБОТКА И МОНТАЖА НА ПОКРИВНАТА ЧЕЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ЦЕТИЊЕ, ЦРНА ГОРА Претседателството на Друштвото на градежни конструктори на Македонија

признанието за најдобро остварување од областа на градежното конструкторство за категоријата научно истражување, l за 2019 година им го додели на: Симона Богоевска, за научниот труд „ХОЛИСТИЧКИ ПРИСТАП ЗА ДИЈАГНОСТИКА НА ВЕТЕРНИЦИ ПРЕКУ ИЗМЕРЕНИ ПОДАТОЦИ“ и на Јордан Бојаџиев, за научниот труд „ИНОВАТИВЕН МЕТОД ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СЕИЗМИЧКАТА ОТПОРНОСТ НА ЅИДОВИТЕ ОД ИСПОЛНАТА ВО АРМИРАНОБЕТОНСКИ РАМОВСКИ КОНСТРУКЦИИ“ за 2020 година наградата му ја додели на: Миле Партиков, за научниот труд „EКСПЕРИМЕНТАЛНО И ТЕОРИСКО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО ОД КРУТОСТА НА ЈАЗЛИТЕ КАЈ ВИРЕНДЕЛ НОСАЧИ ОД ЗАТВОРЕНИ ПРОФИЛИ“ Друштвото на градежни конструктори на Македонија со 45 години успешно опстојување и работење, што се должи на извонредната посветеност и професионалност на плејада наши колеги, градежни конструктори и членови на Претседателствата на ДГКМ, докажа дека е бренд во градежништвото. n

30 мај 2022

ПОРТА

7


инфо

Презентиран Предлог-ценовникот за инженерски услуги Во текот на овој месец, на покана на Министерството за транспорт и врски, беше одржана средба на која беше презентиран Предлог-ценовникот за инженерски услуги. Во присуство на претставници на стопанските комори, претставници од ЗЕЛС, професори, претставници од локалните самоуправи, компании од градежниот сектор и претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Предлогценовникот пред присутните го образложи Веселинка Герасимова-Петровска, раководител на Одделението на архитекти при Комората, како и членови на работната група што учествуваа во изработка на истиот. Предлог-ценовникот има за цел да ги утврди принципите за вреднување на трудот на архитектите и на сите инженерски професии учесници во процесот на градба, поставувајќи ги минималните граници за соодветна и достојна валоризација на инженерскиот труд. Основата за дефинирање на вредносните параметри се преземени од официјалните податоци на Државниот завод за статистика, споредени со релевантни податоци од праксата, а сѐ тоа усогласено со целокупната позитивна легислатива што ја регулира градбата и урбанистичкото планирање. Очекувањата на сите учесници се дека многу скоро, овој процес на консултации и

ПОРТА

усогласувања ќе придонесе не само за донесување на ценовникот за инженерски услуги, туку и за начинот на негово доследно применување, притоа воспоставувајќи ги принципите на контрола и санкција. Важно е да се напомене дека Министерството за транспорт и врски останува партнер на стручната фела. Низ вакви дискусии, вклучувајќи ја стручната јавност, со заеднички заложби ќе може да се делува во насока на подобрување на

квалитетот и нивото на проектантските услуги, за унапредување на состојбите во градежната индустрија, намалување на нелојалната конкуренција и најважно од сѐ намалување на трендот на инженерска миграција. Само ако успееме да обезбедиме пристојни услови за работа во нашата земја и визија за просперитетна иднина, можеме да ги задржиме младите генерации своите компетенции да ги практикуваат и надградуваат во сопствената држава.


И Осогово има потенцијал да биде дел од европската мрежа Натура 2000 о Источниот Плански регион, делови од Малешево заедно со Долна Брегалница и Овче Поле веќе се идентификувани како потенцијални подрачја за Натура 2000. Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Фармахем, МЕД и национални експерти преку Програмата за зачувување на природата, спроведе низа активности поврзани со Натура 2000, вклучително и изработка и пополнување на Стандардни формулари за Натура 2000 за Малешево, Долна Брегалница и Овче Поле, комуникација со засегнати страни за Натура 2000, изработка на промотивен материјал, кампања со локалните чинители, како и идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од ЕУ значење. Ова беше истакнато на Денот на мрежата на Натура 2000 подрачја во Европа кој беше одбележан во туристичкиот инфо-центар на Пониква, Осоговски Планини, во присуство на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), градоначалникот на општина Кочани, претставници од Фармахем, Македонското еколошко друштво (МЕД), претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка, како и локални чинители. За значењето на Натура 2000 мрежата за заштита и зачувување на природата на национално и европско ниво, говореше државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање и претседател на управниот одбор на Програмата за зачувување на природата, Каја Шукова. Таа истакна дека активностите на Министерството продолжуваат и оваа

В

година, со мониторинг на животинските и растителни видови и нивните живеалишта и изработка на планови за управување со идентификуваните Натура 2000 подрачја, додавајќи дека концептот за Натура 2000 во руралните средини отвора нови можности, преку развој на еко-туризмот, одржливото земјоделство и користењето на природните ресурси на начин кој не ја загрозува природата. “Чест и задоволство за нас е што оваа година одбележувањето на денот на Натура 2000 се случува на Осоговските Планини, пределот којшто неслучајно го носи називот заштитено подрачје. Овој настан ќе придонесе кон промоција на природните богатства кои ги поседуваат Осоговските Планини, кон применување одржливи практики во земјоделството и шумарството, како и кон унапредување на можностите и развој на екотуризмот, истакна градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов. Според извршаната директорка на МЕД,

Робертина Брајаноска, иако досега во Република Македонија се идентификувани 12-тина потенцијални НАТУРА 2000 подрачја кои зафаќаат околу 4,5 проценти од територијата на државата, заради богатиот биодиверзитет во нашата земја нивниот број и површина ќе бидат далеку поголеми. “Ако се направи споредба со Националната Емералд мрежа (со 35 подрачја кои зафаќаат околу 29 отсто), која е некој вид претходница за земјите кои се спремаат за членство во ЕУ, бројот и површината на идните Натура 2000 подрачја ќе биде далеку поголем“, истакна Брајкоска. Помошник директорот на ЈП „Национални шуми“, Маре Басова – тело за управување на заштитениот предел „Осоговски Планини“ укажа дека според расположливите податоци, на Осоговските Планини се среќаваат околу 185 меѓународно значајни видови, според светската црвена листа на за розени видови, или според директивите на Европската Унија за птици и живеалишта, Бернската и Бонската конвенција, а 10 видови се „осоговски ендемити“ т.е. видови кои единствено живеат на Осоговските Планини. Дел од овие значајни видови може да послужат за идентификување и воспоставување на Натура 2000 подрачја, што е од огромно значење за ЈП „Национални шуми” како управувач со заштитетното подрачје Осоговски Планини, а од друга страна ќе биде важно за исполнување на дел од условите за интеграција на Република Македонија во Европската Унија. Во рамки на настанот беше промовирано видео о отворена изложба на фотографии со тематика од Осоговските Планини. 30 мај 2022

ПОРТА

9


региони

Општините може да изработат планови за охридското крајбрежје согласно ГУП-овите и УНЕСКО Има јасни критериуми и законски процедури како општината може да пристапи кон поставување плажи согласно урбанистички план, доколку тој се наоѓа во рамки на Генералниот урбанистички план. За таквата процедура и постапка, согласно новиот Закон се изработува урбанистички проект, кој не треба да оди во Владата, туку Општината може

сама да изработи план и да донесе плански документации согласно ГУП-от и планот за управување со УНЕСКО. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во врска со носењето план за управување со Охридското крајбрежје од страна на Агенцијата за просторно планирање, поради што градоначалникот

Во Штип ќе се гради авантуристичко-адреналински парк Во Штип, на локацијата Суитлак под игралиштето на површина од седум илјади квадратни метри предвидено е да се гради спортски комплекс, атлетска патека и сензорска патека за деца со посебни потреби, баскет игралиште, паркова површина, клупи и осветлување. Петнаесет проценти од вкупната сума или нешто повеќе од три милиони денари треба да се одвојат од буџетот на Општина Штип за реализација на авантуристичко-адреналински парк. Предлог одлука едногласно беше прифатена на седница на Советот на Општина Штип. Проектот чини околу 23 милиони денари. Предвидено е Центарот за развој на Источно планскиот регион и Швајцарската амбасада да учествуваат со над 19 милиони денари, а остатокот е од Буџетот на Општина Штип. 10

ПОРТА

30 мај 2022

Кирил Пецаков неодамна излезе со обвинување дека тоа е пречка за изградба и давање под концесија на плажите за претстојната туристичка сезона. Тој нагласи дека општините може сами да си ги изработат тие планови и да донесат такви урбанистичко плански документации. Додаде дека согласно Законот за градежно земјиште

Почна инфраструктурното уредување на индустриската зона Петилеп во Могила ндустриската зона Петилеп во општина Могила почнува инфраструктурно да се уредува. Почна изградба на водовод во индустриската зона Петилеп со должина од 1.190 метри, а вкупната вредност на договорот изнесува 4.067.713,00 денари. Индустриската зона Петилеп се наоѓа на регионалниот пат А3 и опфаќа површина од 17,9 хектари, на која се предвидени 14 парцели со намена лесна незагадувачка индустрија и една парцела со намена за градби за производство на електрична енергија од обновливи извори.

И


за издавање на тие плажи со јавна лицитација и оглас на краткотраен закуп од една до пет години. “Во однос на урбанистичкиот план за целото крајбрежје, тој се работи во Агенцијата за планирање на просторот, а она што го направивме за доброто на Охрид е обезбедивме 30 милиони денари за изработка на овој урбанистички план. Се изработуваат сите подлоги кои се потребни и Министерството ја предаде постапката во Агенцијата каде се изработува, но и се усогласува со УНЕСКО. Тоа е специфична планска документација која мора дополнително да се усогласи со УНЕСКО и доколку сметаме дека навистина треба да го зачуваме статусот со УНЕСКО таквите документации мора внимателно да се изработат и усогласат“, вели Бочварски. Во однос на различните критериуми на третирање на охридското крајбрежје во делот кај Струга, каде со години функционираат плажи без договори за концесија, тој нагласи дека Министерството не кажува дали некој треба да постави или отстрани плажи, туку води грижа за статусот на УНЕСКО. “Министерството за траспорт и врски како надлежно за урбанзиацијата заедно со општините мора да водат грижа за статусот на УНЕСКО. Тоа го правиме доколку сме свесни за значењето на УНЕСКО во оваа земја. Доколку државата не е подготвена да го чува и се грижи за тој статус тогаш било кој од овие субјекти правни или институции треба да излезат и да кажат јасно и гласно дали се за или се против одржување на статусот на УНЕСКО во Охрид. Досега не сум чул од ниту една институција, ниту една општина ни Владата дека е подготвена да се откаже од ваквиот статус“, додава Бочварски. Доколку Оштина Струга побара поддршка, потенцира дека Владата ќе му помогне да се отстранат оние објекти, кои не се во согласност со статусот со УНЕСКО.

Во наредниот период уште пет парцели ќе бидат предмет на отуѓување по пат на електронско јавно наддавање, на кое сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште. Зоната е значајна за економскиот развој на општина Могила, за отворање на нови работни места преку привлекување на домашни и странски инвестиции.

ПОРТА


региони

Во август се очекува да биде готова една лента од автопатската делница Требениште-Охрид есната страна од автопатската подделница Требеништа кон Охрид се очекува да биде комплетно завршена и пуштена кон почетокот на август, а левата до крај на годината, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. На подделницата, на 8,5 километри пред Охрид во тек се завршните асфалтерски работи. Асфалтерските работи ќе се одвиваат со вградување и по 900 тони асфалт дневно. Таквите активности ќе продолжат во тек на целата градежна сезона на сите подделници на автопатот во должина од 57 километри, во вредност од 598 милиони евра. На терен, долж целата траса, како што рече Бочварски, се повеќе од 700 работници и над 280 градежни машини. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 70 отсто. Министерот за транспорт порача дека мора да биде испочитуван рокот за изградба на автопатот посочувајќи дека постојано имаат средби и со изведувачот и надзорот, се координираат и ги преземаат сите активности со што, како што рече, полека се приближуваме кон роковите за привршување. “Оваа автопатска делница е врвен приоритет и нема калкулации, ниту јас ниту Владата, ниту Министерството за транспорт и врски, ниту Јавното претпријатие за државни патишта, не прифаќаме повеќе пролонгирање на роковите за изградба. Имаме рок и тој мора да биде испочитуван од изведувачите“, изјави Бочварски. Според него, активно се работи и на останатите подделници на клучките и на тунелот којшто е во завршна фаза. Извршено е комплетно препроектирање на 25 отсто од целата траса, а Министерството ги одобри потребните 70 инфраструктурни проекти и сега се има чист терен за работа. Дополнително, укажа министерот, се водат и постапки и се градат паралелните пристапни патишта со приклучок на

Д

12

ПОРТА

30 мај 2022

постоечките објекти во должина од околу 30 километри. Се гради контролен центар со комплетна опрема за сообраќајна сигнализација вдолж целата траса, така што, работата никаде не е застаната, континуирано се гради за да изградиме модерен и безбеден автопат. Според него, сега не може да се каже дали ќе се остварат најавите или прогнозите за зголемување на вредноста на целиот проекет поради поскапувањето на градежните материјали. „Цената на чинење е утврдена на 598 милиони евра. Сведоци сме на осцилациите коишто се јавуваат согласно светските трендови на градежните материјали, но наша обврска е час поскоро да се заврши овој автопат, да биде безбеден за користење заради тоа што повеќе калкулации од ниту една страна во оваа постапка на градба не смее да има“, рече Бочварски.

Како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми на терен констатирале дека се пробиени околу 95 отсто од трасата, како и дека е при крај решавањето на голем број постапки од страна на надлежните институции. „Побаравме од изведувачот да ја зголемат динамиката на изградба на автопатот со позасилено темпо, се работи на поголем број на вујадукти, на неколку клучки, на алтернативни и паралелно пристапни патишта, на потпорни ѕидови, се работи и на тунелите и на сѐ друго што е предвидено согласно со динамиката на изградба“, вели Рустеми. Изградбата на автопатот стартуваше во 2014 година, но рокот за завршување се пролонгираше во неколку наврати. Последниот утврден рок за негово завршување е крајот на 2023 година. n


деЛ од проектот за поврзуваЊе на БуЛеварот „иЛинден“ со уЛиЦа „сЛовенеЧка“

градежништво

Мост на улица „Љубљанска“ преку реката Вардар усвоениот систем е познат како „extradosed“ вид на мост. тоа е своевидно хибридно решение помеѓу класичен греден и мост на коси кабли (анг. cable-stayed). клучна карактеристика по која овој систем визуелно се разликува од мостовите со коси кабли е малата висина на пилоните и благиот наклон на каблите. друга специфичност на „extradosed“ мостовите е поголемата крутост на горниот строј во однос на оној кај мостовите со коси кабли, a помала од онаа на гредните

Сл. 1 Поставеност на мостот во ситуација проф. д-р. Горан МАРКОВСКИ, асист. м-р Марија ДОЦЕВСКА, м-р Атанас СТРАШЕСКИ, д-р Виктор МАРКЕЉ во оЧекуваЊе на поЧетокот на изградБата Мостовите, несомнено, се сметаат за едно од највпечатливите градителски дела. Синоним за градежното конструкторство. Плод на исконска творечка возбуда, сериозно инженерско знаење, продуховена вљубеност во струката. Индикатори за визионерството на владетелите, интелектуалната и технолошка моќ на народите, зрелоста на градовите, сериозноста на државите, развојот на цивилизациите. Симбол на човековиот непокор пред исправените препреки. Победа на поврзувањето над раздвојувањето. Проектирањето на мостот на ул. ,,Љубљанска“ преку реката Вардар во Скопје претставуваше предизвик за креирање нешто ново, за поместување од деструктивната повторливост, за поттикнување на градителската самодоверба. Секој исчекор, колку и да е тој скромен, создава верба во дијалектиката на човековото битие, негува љубов кон творењето, иницира надеж за нови достигнувања. ⦁ ЛокаЦија и оБјект Мостот на ул. ,,Љубљанска“ преку реката Вардар во Скопје претставува дел од проектот за поврзување на булеварот „Илинден“ со улица „Словенечка“ во Општина Карпош (сл. 1). Инвеститор е Градот

Скопје, а носител на проектот фирмата ГЕИНГ ДОО Скопје. Решението на мостот е изработено врз основа на претходно изготвен инфраструктурен проект, водејќи сметка за следните дефинирани параметри: ⦁ нивелета на сообраќајницата ⦁ поставеност на објектот во ситуација ⦁ ширина на сообраќајницата, велосипедските патеки и тротоарите ⦁ податоци за 100-годишната голема вода и потребниот хидрауличен отвор.

Сл. 2 Локација на мостот 30 мај 2022

ПОРТА

13


Мајор коритото на реката Вардар го сочинуваат две пешачки патеки од по 22 m и минор корито од околу 50 m (сл. 2). За негово премостување без средни столбови можна е примена на класично гредно решение, за кое во случајот нема доволна слободна висина, или пак лачна конструкција која, за вакви распони би имала голема стрела над коловозот. Оттука, како супериорно решение се наметнува конструкција обесена на коси кабли. Имајќи ја предвид конфигурацијата на препреката во пределот на мостот, можни се две варијантни решенија за ваков вид на систем. Едното е со два распони и еден повисок пилон, а другото со три распони и два пониски пилони. Со оглед на тоа што повисок пилон, а оттаму и пострмни кабли можат да ја ограничат визурата, како конечно решение е избрана конструкција преку три полиња (27,5 + 56 + 27,5 m) со два пониски пилони и коси кабли. Вкупната должина на мостот е 111 m, а ширината 24,1 m (сл. 3,4). На него се сместени 4 сообраќајни ленти со по 3 m ширина, по две пешачки и велосипедски патеки од 4 m, две парапетни греди за анкерување на пешачкиот ограден систем и 2 x 1,75 m за сместување на пилоните и одбојната New Jersey ограда.

тоа, кај нив нивото на затегнувањето се дозволува да биде повисоко во споредба со она кај кабелските мостови. Иако се смета дека ова решение е оптимално за мостови со распони од 100 до 200 m, сепак, во поново време изведени се „extradosed“ мостови и за помали распони, какви што се мостот Bergwijk во близина на Гент (Белгија), натпатник во близина на Олесница (Полска) и мостот во Коњин (Полска) [1]. ⦁ конструктивни елементи Горниот строј на мостот претставува монолитна, „обесена“ на паралелно поставени 32 коси кабли, гредна скара составена од два претходно напрегнати главни носачи, армиранобетонски напречни носачи и коловозна плоча. Главните носачи се со константна висина од 2 m (L/28). Нивниот напречен пресек е со трапезна форма со ширина на долниот раб од 2,5 m, а горе на спојот со коловозната плоча 2,8 m (сл. 5). Поставени се на осовинско растојание од 14,5 m.

Сл. 3 Основа на мостот

Сл. 5 Карактеристичен напречен пресек на мостот

Сл. 4. Надолжен пресек на мостот (лево) и основа на темели (десно)

Усвоениот систем е познат како „extradosed“ вид на мост. Тоа е своевидно хибридно решение помеѓу класичен греден и мост на коси кабли (анг. cable-stayed). Клучна карактеристика по која овој систем визуелно се разликува од мостовите со коси кабли е малата висина на пилоните и благиот наклон на каблите. Друга специфичност на „extradosed“ мостовите е поголемата крутост на горниот строј во однос на оној кај мостовите со коси кабли, a помала од онаа на гредните. Поголемата крутост придонесува за мало активирање на косите кабли при дејство на сообраќајното оптоварување што последователно води кон мали промени во напрегањата на каблите. Оттаму, во однос на вертикалните дејства, каблите кај „extradosed“ мостовите претежно ги прифаќаат постојаните оптоварувања од коловозната конструкција. Поради 14

ПОРТА

30 мај 2022

Средните напречни носачи се со правоаголен пресек од 0,60/1,80 m, поставени на меѓусебно растојание од 4,0 m. Со главните носачи се сечат под агол од 75˚ (сл. 3). Двата напречни носачи над средните столбови се со поголеми димензии, односно од 1,5/1,8 m. Коловозната плоча е со константна дебелина од 30 cm. На дел од крајните полиња таа се зголемува на 1,8 m (сл. 6) со што се избегнува појава на негативни реакции во крајните потпори во сите фази на градење и експлоатација. Конзолните испусти имаат распон од 3,10 m, а нивната дебелина се движи од 22 cm кај парапетните греди до 50 cm на местото на вклештувањето во главните носачи.

Сл. 6 Карактеристичен напречен пресек во крајните полиња на мостот


Косите кабли се распоредени во две паралелни рамнини, при што пилоните кои се монолитно поврзани со главните носачи (сл. 5, 7), позиционирани се над секое лежиште поставено на средните потпори. Проектирани се како армиранобетонски со напречен пресек од 1,0/3,0 m и вкупна висина од 12,6 m од коловозот. Поради ограничената ширина на напречниот пресек, анкерувањето на каблите е овозможено преку т.н. седла (девијатори). Висината на пилоните до седлото на последниот кабел изнесува 9,63 m (L/H = 5,8). Двата поединечни пилони во напречен правец се поврзани со портални атхезионо претходно напрегнати прости греди (3,0/0,25 – 0,5 m). Кабелскиот систем го сочинуваат вкупно 32 меѓусебно паралелни коси кабли, по 8 на секој пилон. Тие, поминувајќи континуирано преку седлата во пилоните, анкерувани се од двете страни во горниот строј на местата каде што главните носачи се спојуваат со напречните. Деталот на котвите и анкерувањето на каблите во пилонот и главниот носач е прикажан на сл. 6. Усвоениот тип на кабли има трослојна антикорозивна заштита која е од големо значење за трајноста на ваквиот систем. Секое јаже во составот на еден кабел е галванизирано, а врз него директно се екструдира надворешна бариера од полиетиленска обвивка со висока густина (HDPE) исполнета со парафински восок. Кабелот, составен од вака заштитени јажиња, се поставува во индивидуални HDPE-надворешни заштитни цевки. Дополнително, на долниот дел од каблите предвидени се и антивандалски цевки. Зглобната врска помеѓу горниот и долниот строј е обезбедена преку подвижни и неподвижни лончести лежишта. Над средните столбови поставени се вкупно четири неподвижни, а над крајните, четири надолжно подвижни лежишта. Распоредот на подвижноста на лежиштата е произлезен од димензионирањето на долниот строј за дејство на хоризонталните сили. Нивната поврзаност со горниот и долниот строј е преку челични анкери. Долниот строј на мостот се состои од два крајни и два средни столбови поставени паралелно со коритото на реката Вардар. Крајните столбови, кои истовремено играат улога и на надколова греда, имаат

константна дебелина од 2,6 m поради релативно малата висина (4,1 m). Проектирани се без крилни ѕидови. Средните столбови се со квадратен напречен пресек, кој заради хидраулички и естетски причини е заротиран за 45˚ во однос на надолжната оска на мостот. Секој среден столб е составен од два поединечни столбови со димензии 2,5/2,5 m (сл. 5). Нивната висина од горниот раб на надколовата плоча до долниот раб на лежиштето изнесува 6,80 m. На горните 50 cm предвидено е проширување на напречниот пресек за по 15 cm од сите страни кое е неопходно за обезбедување потребен простор за сместување хидраулични преси при замена на лежиштата. ⦁ На предметната локација површински се застапени плитки алувијално терасни седименти составени од чакали, а додека во подлабоките слоеви застапени се миоценски седименти класифицирани како лапори. Усвоено е длабоко темелење со примена на фундаменти од група на колови со дијаметар 1,5 m. Со оглед на тоа доминантна улога врз однесувањето на коловите темели имаат подлабоките слоеви односно лапорот. Крајните столбови се фундирани на едноредни колови (по 6 под С1 и С4) со должина 18 m. Под секој среден столб предвидени се 3 x 3 колови со должина од 20 m. Тие се меѓусебно поврзани со каскадна надколова плоча чија дебелина изнесува 2,0/3,0 m (сл. 4). ⦁ опрема Врз основа на пресметаните хоризонтални поместувања на горниот строј од вкупните експлоатациони и сеизмички дејства, предвидени се две дилатациони спојници над крајните столбови коишто овозможуваат поместувања до +/-115 mm. На коловозната површина усвоена е дилатација тип Wd/Wd+230, а на тротоарите тип PL230 (Freyssinet). При усвојувањето земена е предвид и закосеноста на мостот во основа. Со добиените ултимативни реакции и хоризонтални поместувања на горниот строј, усвоени се следните видови лончести лежишта (сл. 8): ⦁ Над крајните столбови: тип GG (подвижни во надолжен, а

Сл. 7 Детал на пилон, седло и анкерување кабел во главниот носач ПОРТА


Сл. 8 Детал на усвоените лончести лежишта неподвижни во напречен правец) со димензии A/B/H = 1 210/1 030/550 mm, максимална вертикална носивост VULS = 20 000 kN, хоризонтална носивост HULS = 6 000 kN и максимален капацитет на хоризонтално поместување 200 mm. ⦁ Над средните столбови: тип FX (неподвижно во сите правци) со димензии D/H = 1 850/481 mm, максимална вертикална носивост VULS = 45 000 kN и хоризонтална носивост HULS = 13 500 kN. За вертикалните елементи кои се во контакт со надворешната средина предвидена е хидроизолација во форма на премаз на битуменска база. За хоризонталните површини на мостот усвоена е хидроизолација на база на мета метил акрилат (ММА). Овој тип на хидроизолација се состои од подготвителен слој (прајмер) и двослојна ММА-мембрана. Се нанесува низ целата површина на мостот по ладна постапка, а потоа врз делот каде што е коловозот доаѓа двослоен (7 + 5 cm) асфалт, додека пак на делот на пешачките и велосипедски патеки се лијат монолитните тротоари (13 – 17 cm), чиј завршен слој е противлизгачки и хидроизолационен слој антискид. Средните столбови се обложени со гранитни плочи со дебелина од 5 cm. ⦁ Од двете страни на мостот помеѓу коловозот и тротоарите предвидена е New Jersey ограда согласно стандардот EN 1317 [2]. Примарната улога на одбојната ограда е заштита на каблите и пилоните од директен удар на возила. Дополнително, таа го одделува моторниот од пешачкиот сообраќај на мостот. Обликувањето на пешачката челична ограда, пилоните и средните столбови, како и линиското осветлување на пилоните е дело на проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, д. и. а. (сл. 9)

Сл. 9 3D приказ на мостот (Никола Стрезовски, д. и. а.)

ПОРТА

⦁ За одводнување на атмосферските води предвидени се сливници АСО согласно DIN EN 124 [3], цевки од композитен материјал GRP (ISO 25780:2011 [4]) и шахти за прочистување на водата. ⦁ МетодоЛогија на градеЊе Имајќи ја предвид конфигурацијата на препреката, предвидена е монолитна изведба на горниот строј со негово едновремено бетонирање на интегрирана скела. За средниот распон предвидена е т.н. „тешка“ скела којашто во целост може да го премости минор коритото потпирајќи се на привремени потпори поставени веднаш до средните столбови. По бетонирање на долниот и горниот строј, се пристапува кон следниве фази (сл. 10): ⦁ Преднапрегање на сите внатрешни кабли со полн износ на предвидената сила на преднапрегање (14 кабли на секој главен носач) од страната на крајните столбови ⦁ Делумно затегнување на вторите по должина надворешни кабли К3 ⦁ Поставување на најдолгите надворешни кабли К4 ⦁ Демонтажа на скелата и активирање на целата сопствена тежина на горниот строј ⦁ Дозатегнување на надворешните кабли К3 и делумно затегнување на К4, а потоа и на К2 ⦁ Делумно затегнување на К1 по нанесувањето на останатите постојани товари (асфалт, тротоари, огради и сл.) и дозатегнување на сите кабли до предвидената сила од 4 220 kN На предложената методологија на градење ѝ претходи детална нумеричка анализа со која се контролирани напрегањата во горниот строј на мостот во сите фази на градење.


Сл. 11 Нумерички модел на мостот во SOFiSTiK

Сл. 10 Предложена методологија на градење ⦁ нуМериЧки МодеЛ Комплетната статичка и динамичка анализа на мостот е извршена согласно еврокодовите, со употреба на софтверот SOFiSTiК. За димензионирање на конструкцијата, направен е просторен модел во кој сите конструктивни елементи со исклучок на коловозната плоча се моделирани со линиски (beam) конечни елементи (сл. 11). Главните носачи се моделирани со Т-напречен пресек и го вклучуваат ефективниот дел од коловозната плоча во надолжен правец. Земена е предвид промената на ефективната ширина по должина на носачите согласно EN 1992-1-1 [5]. Бидејќи еден дел од плочата веќе е вклучен во фланшата на главните носачи, на тие делови површинските (shell) елементи со коишто е моделирана коловозната плоча се дефинирани без сопствена тежина (). За да не дојде до дуплирање на крутоста на плочата во надолжен правец, површинските елементи имаат аксијална и крутост на свиткување само во напречен правец. Напречните носачи се моделирани со линиски елементи со правоаголен напречен пресек. На местата каде што тие влегуваат во главните носачи, моделирани се без сопствена тежина. За надворешните кабли користени се линиски (cable) елементи коишто примаат само аксијални сили. Лончестите лежишта преку кои горниот строј зглобно се ослонува на долниот, се моделирани со федери („spring“ елементи) со соодветна крутост. Во моделот внатрешните кабли за претходно напрегање се вклучени преку еден резултантен кабел со синусоидна траса. Елементите се поделени по групи во зависност од фазите на градење во коишто се активираат. За конструкции со коси кабли коишто се изведуваат монолитно на класична скела, од особена важност е да се симулира одвојувањето на конструкцијата од скелата и постепеното активирање на сопствената тежина при фазното затегнување на каблите. Во анализата тоа е симулирано преку нелинеарни федери поставени под целата површина на горниот строј коишто се во можност да примат само сили на притисок. Со цел да се симулира деформабилен столб, во моделот се вклучени и коловите и нивната интеракција со почвата. За таа цел, моделирани се хоризонтални и вертикални федери по периметарот на коловите, како и федер на долната основа. Крутоста на федерите е определена со помош на софтверот GEO-5. ⦁ дејства Сите директни и индиректни дејства на конструкцијата се анализирани согласно EN-стандардите. ⦁ Сопствената тежина на секој конструктивен елемент се активира во соодветната фаза на градење, а врз основа на податоците од неговата зададена геометрија. ⦁ Останатите постојани товари (асфалт, хидроизолација, тротоари и огради) се пресметани врз основа на зафатнинските тежини

дефинирани во стандардот EN 1991-1-1 [6]. Преднапрегањето на надворешните и внатрешните кабли во секоја поодделна фаза на градење е разгледувано како поодделен товарен случај. Врз основа на нивната зададена геометрија и параметрите за определување на загубите (коеф. на триење, агол на случајно скршнување, вовлекување клин и др.) пресметани се ефективните сили во каблите во фаза на преднапрегање, како и нивното влијание на целокупниот модел. Во анализата, покрај примарните земени се предвид и секундарните ефекти од внатрешните кабли. ⦁ Дилатациите од собирањето на бетонот и коефициентите на течењето се пресметани во зависност од амбиенталните услови (средна температура од 20 ˚С и влажност 70 %), типот на цементот, класата на бетонот, времетраењето на негата, староста при нанесувањето на товарот, времетраењето на товарот и средната дебелина на пресекот. Овие влијанија се анализирани за секоја фаза од градењето и за експлоатационен период од 100 години. За таа цел користен е модулот Construction Stage во SOFiSTiK. ⦁ За симулирање на сообраќајното оптоварување користен е моделот на оптоварување LM1 дефиниран во стандардот EN 1991-2 [7]. Според ширината на коловозот формирана е шемата на товарење која се состои од 3 тандем системи TS, рамномерно распределен товар UDL и товар на пешачките и велосипедски патеки. Анвелопата на секое статичко влијание од подвижните товари е добиена со помош на методот на инфлуентни линии имплементиран во модулот Traffic Loader во SOFiSTiK. Со помош на истиот модул пресметани се и влијанијата од кочење и тргнување на возилата. Рамномерната температурна промена и температурниот градиент се пресметани согласно стандардот EN 1991-1-5 [8]. Земени се предвид следните температурни влијанија: ⦁ Рамномерна температурна промена - раст на температурата: 25 ˚С (бетон) 10 ˚С (кабли) ⦁ Рамномерна температурна промена - пад на температурата: -28 ˚С (бетон) -13 ˚С (кабли) ⦁ Градиент - горен раб позагреан од долен: 9 ˚С ⦁ Градиент - долен раб позагреан од горен: -8 ˚С ⦁ Градиент на средните столбови: 5 ˚С Земена е предвид и можноста од поединечно и заедничко слегнување на потпорите. Анализирано е диференцијално слегнување од 5 mm под секое столбно место. Дејството на ветер е пресметано согласно стандардот EN 1991-1-4 [9] за празен мост и за мост со сообраќај со основна брзина на ветер која одговара за локација Скопје. Сеизмичкото дејство е анализирано преку два хоризонтални проектни спектри и еден вертикален еластичен спектар согласно стандардот EN 1998-2 [10]. Користен е тип на спектар 1, со максимално Земјино забрзување 0,25 g (Скопје) и фактор на однесување 1,5 (за ограничено дуктилни конструкции). Само за димензионирање на коловите и лежиштата применет е еластичен хоризонтален спектар т.е. фактор на однесување 1,0. Анализиран е и активниот сеизмички притисок на тлото. 30 мај 2022

ПОРТА

17


⦁ диМензионираЊе Вкупниот број на внатрешни и надворешни кабли, како и силата во нив се определува од условот во секоја фаза на градење, напрегањата на притисок и затегнувањето да бидат под пропишаните граници. Стандардот EN 1992-2 [11] како горна граница на напрегањата на затегнување во фаза на градење ја пропишува средната јакост на затегнување fctm (t0), додека максималните напрегања на притисок се ограничуваат на 0,60 fck. Моментот на демонтирањето на скелата, како и редоследот на фазното затегнување на косите кабли, произлегуваат исто така од задоволувањето на овие гранични вредности. Со нумеричката анализа симулирани се сите фази на градење опишани во точката 3. Притоа, на состојба на конструкцијата во последната фаза на градење, аплицирани се сите влијанија што се јавуваат во експлоатација. На сл. 12 и 13 прикажани се напрегањата во бетонот на долниот и горниот раб на главните носачи во моментот кога конструкцијата е

Сл. 13 Напрегања во долниот и горниот раб на главните носачи по извршеното собирање и течење на бетонот и релаксација на каблите после 100 години

Сл. 12 Напрегања во долниот и горниот раб на главните носачи по изградба на конструкцијата целосно изведена и по извршеното собирање и течење на бетонот и релаксација на каблите после 100 години. Со анализата земена е предвид и промената на силите во каблите со тек на време. ⦁ Во сите фази на градење, максималните напрегања на притисок и затегнување се во пропишаните граници. Притоа, контролата на напрегањата е направена со горната и долната гранична вредност на силата на претходното напрегање. Согласно стандардот EN 1992-1-1 [5], за внатрешните кабли користени се факторите 0.9 и 1.10, додека пак за надворешните 0.95 и 1.05. 18

ПОРТА

30 мај 2022

⦁ За димензионирање на конструкцијата во фаза на експлоатација, применети се комбинациите на влијанија пропишани во EN 1990 [12] за гранична состојба на внатрешен лом (STR): ⦁ постојана пресметковна ситуација: (1) ⦁ сеизмичка пресметковна ситуација: (2) ⦁ Парцијалниот коефициент на сигурност пред силите во надворешните коси кабли е земен 1.0. ⦁ Со анвелопата на влијанија определена е потребната арматура во столбовите, надолжната мека арматура за свиткување и торзија, како и напречната арматура во главните и напречните носачи. Сите елементи се проектирани со класа на бетон C35/45 и мека арматура B500B. Внатрешните кабли се составени од 19 јажиња со дијаметар 15,7 mm (19T15), а надворешните од 31 јаже со истиот дијаметар (31T15). За сите кабли усвоена е класа на челикот за претходно напрегање 1 600/1 860 MPa. Со усвоениот квалитет на материјалите, површината на каблите и меката незатегна надолжна и напречна арматура, направена е контрола на носивост на главниот носач во неколку помошни софтвери. ⦁ За димензионирање на коловозната плоча направен е посебен модел во кој ребрата од главните и напречните носачи се моделирани како правоаголни, а коловозната плоча е третирана како еднонасочна континуирана плоча којашто го пренесува товарот на напречните носачи. На делот од крајните полиња каде


Сл. 14 Приказ на карактеристични деформации на коловите темели под С1 и С2 за меродавни товарни комбинации (GEO 5 Pile Group)

⦁ ⦁

⦁ ⦁

што коловозната плоча е со дебелина 1,8 m, димензионирана е така што го пренесува товарот во двата правци. При пресметувањето, земена е и предвид поставеноста на арматурата во двата правци под агол од 75˚. Порталната греда е исто така анализирана во посебен модел. Имајќи го предвид нејзиниот голем распон, а релативно малиот напречен пресек, димензионирана е како атхезионо претходно напрегната греда со вкупно 30 јажиња со дијаметар 15,7 mm. Со пресметките предвидено е таа да се изведе со надвишување од 2,6 cm. Имајќи ги предвид типот и сензитивноста на избраниот конструктивен систем, направени се и две дополнителни контроли на неговата рабустност. Имено, контролирана е замена и кинење на еден надворешен кабел. Замената на кабелот (сила во најдолгиот кабел = 0) е разгледувана во комбинација со сите постојани товари, а кинењето на кабелот (сила во кабел зголемена за динамички фактор) е дополнително и со едно тандем возило. Согласно препораките од fib [13] и PTI [14], силата во надворешните кабли од ретка (карактеристична) комбинација е ограничена на 60 % од максималната сила на кабелот (FGUTS). Дополнително, почитувајќи ги овие препораки, направена е и контрола на максималната диференцијална сила во каблите што седлото треба да ја прифати по пат на триење [13]: (3) Притоа, за ефективниот коефициент на триење помеѓу сајлите и седлото користена е вредноста , а за коефициентот на сигурност на триењето . Исконтролирани се сите гранични состојби на употребливост пропишани со EN 1992-2 [11]: контрола на напрегања во бетонот, арматурата и каблите, вертикални деформации-отклони, отвор на пукнатини и декомпресија. Напрегањата на притисок во бетонот од ретка (карактеристична) комбинација се под пропишаната вредност 0,60 fck, а напрегањата на затегнување се помали од оние коишто предизвикуваат пукнатини. Од оваа комбинација контролирани се и напрегањата во арматурата и тие се под 0,8 fyk за меката и под 0,75 fyk за арматурата за претходно напрегање. Од квазипостојаните товари целиот носач е притиснат со што е задоволена граничната состојба на декомпресија (класа на изложеност XC4). Максималното напрегање на притисок од оваа комбинација е под 0,45 fck поради што ефектите од нелинеарното течење се занемарени. Во коловозната плоча и напречните носачи отворот на пукнатините од честа комбинација е под пропишаната вредност од 0,30 mm. Mаксималните отклони во експлоатација од ретка комбинација се

помали од граничните вредности за сите конструктивни елементи. ⦁ Сите погореспоменати контроли се извршени со горна и долна гранична вредност на силата на претходното напрегање. ⦁ Анализите за коловиот темел се спроведени во неколку меѓусебни итеративни чекори помеѓу моделите за анализа креирани во SOFiSTiK и GEO 5 - Pile Group. Најпрво, определени се оптоварувањата од горната конструкција за вклештено лежиште на ниво на врската на столбот со надколовата плоча. Согласно овие оптоварувања определена е прелиминарна геометрија на коловиот темел со распоред, број, должина и дијаметар на коловите, како и иницијални крутости на почвена реакција по должина и на врвот на коловите. ⦁ Поради влијанието на деформабилноста на фундаментот врз однесувањето на горната конструкција, како и обратно, темелната конструкција е моделирана во еден севкупен модел во SOFiSTiK. ⦁ Познато е дека почвениот одговор зависи од интензитетот на оптоварувањата, па затоа понатаму во неколку итеративни чекори, преку промена на оптоварувањата поради пофлексибилното потпирање, а со тоа и промена на крутоста на почвената реакција, оптимизирани се геометриските елементи на коловите темели. ⦁ Како ограничување на вертикалната носивост на коловите искористени се принципите во EN 1997- DA2 [15]. Од друга страна, за ограничување на деформациите следени се препораките за рамномерни и диференцијални слегнувања дадени во EN 1997 [15] (сл. 13). БЛагодарност За безусловната поддршка во процесот на проектирање на мостот авторите изразуваат искрена благодарност на Ponting d.o.o., Марибор, Словенија, Freyssinet Македонија и Емануеле Агоштини, VеnMises / SOFiSTiK, Италија. ЛИТЕРАТУРА ⦁ Biliszczuk J. et al. (2017). Extradosed bridges in Poland – design and construction. Frontiers in Built Environment vol. 2, pp. 19. ⦁ EN 1317 – Road restrained systems. ⦁ DIN EN 124 – Gully tops and manhole tops for vehicular and pedestrian areas, Part 1: Definitions, classification, general principles of design, performance requirements and test methods. ⦁ ISO 25780:2011 – Plastics piping systems for pressure and non-pressure water supply, irrigation, drainage or sewerage – Glass-reinforced thermosetting plastics (GRP) systems based on unsaturated polyester (UP) resin – Pipes with flexible joints intended to be installed using jacking techniques. ⦁ EN 1992-1-1 (2004). Eurocode 2 — Design of concrete structures, Part 1-1: General rules and rules for buildings. Brussels, Belgium. ⦁ EN 1991-1-1 (2002). Eurocode 1 – Actions on structures, Part 1-1: General actions – Densities, self-weight, imposed loads for buildings. Brussels, Belgium. ⦁ EN 1991-2 (2003). Eurocode 1 — Actions on structures, Part 2: Traffic loads on bridges. Brussels, Belgium. ⦁ EN 1991-1-5 (2003). Eurocode 1 — Actions on structures, Part 1-5: General actions – Thermal actions. Brussels, Belgium. ⦁ EN 1991-1-4 (2005). Eurocode 1 — Actions on structures, Part 1-4: General actions – Wind actions. Brussels, Belgium. ⦁ EN 1998-2 (2005). Eurocode 8 — Design of structures for earthquake resistance, Part 2: Bridges. Brussels, Belgium. ⦁ EN 1992-2 (2005). Eurocode 2 — Design of concrete structures – Concrete bridges – Design and detailing rules. Brussels, Belgium. ⦁ EN 1990 (2002). Eurocode - Basis of structural design. Brussels, Belgium. ⦁ fib Bulletin 89 (2019). Acceptance of cable systems using prestressing steels. ⦁ PTI Post-Tensioning Institute (2007). Recommendation for stay cable design, testing and installation. ⦁ EN 1997-1 (2004). Eurocode 7 – Geotechnical design, Part 1 – General rules. Brussels, Belgium.

30 мај 2022

ПОРТА

19


градежништво

Превентивна заштита од пожари на објекти во СР Германија: прописи и обврски иако ср германија е лидер во европа во делот на научноистражувачките достигнувања и оперативно-техничката примена на решенијата и системите за превентивна заштита од пожари при градежните објекти, сепак бројката од 3.510 смртни случаи при пожари во периодот од 2011 до 2020 година (според статиста), дава за право инженерската фела да се стреми кон уште построги законски прописи и барања, започнувајќи од фаза на проектирање, па сè до добивање употребна дозвола

Brandschott во инсталациона вертикална шахта) 20

ПОРТА

30 мај 2022


со ЦеЛ ризиЦите да се сведат на МиниМуМ Горанчо ТОДОРОВ, дипл. град. инж. (Специјално за Порта 3 од Берлин) о голем број на европски држави во последните неколку децении при изградба на нови објекти или при реконструкција на постоечките се обрнува големо внимание на превентивна заштита од пожари како уште во фаза на проектирање, така и при добивање употребна дозвола. Под превентивна заштита од пожар се подразбираат сет на мерки кои се имплементираат уште во фаза на проектирање, сè со цел да се сведат на минимум ризиците од појава на пожар, односно при евентуална негова појава истиот да се локализира и стави максимално под контрола, со што би се создале услови за безбедно извлекување на луѓето кои се затекнати на самото место и материјалните штети би се свеле на минимум. Во СР Германија барањата за превентивна заштита од пожари се на многу високо ниво и на унапредување на истите се работи секојдневно, како во научноистражувачкиот дел, така и во делот на изведбени решенија кои се темелат на анализи од пракса, а основен двигател на истите се големиот број на производители на градежни материјали и комплет системи за превенција и противпожарна заштита. превентивната заштита од пожар ја сочинуваат три столба:

В

Brandschott ознака

⦁ Градежна/конструктивна ⦁ Техничка ⦁ Оперативна и организациска При спроведувањето на овие три столба како во фаза на проектирање, така и во фаза на изведба и експлоатација, мора да се почитуваат голем број на закони, прописи, упатства и стандарди. ⦁ градежна/конструктивна противпожарна заштита ⦁ концепт за заштита од пожар Кога идејното архитектонско решение, како за новоградба, така и за реконструкција на постоечки објект е конечно, тогаш се прави проект – концепт за заштита од пожар. Овој концепт се состои од текстуален - описен и графички дел. Во описниот дел се наведуваат намената и основните градежни карактеристики на објектот, како и детален опис за негова превенција од пожар и при пожар. Во графичкиот дел се утврдува патеката, односно коридорот за бегство во случај на пожар како и специфичните простории кои мора со противпожарна заштита да се обезбедат. Во зависност од висината на зградата и од нејзината функција, вториот пат за бегство - евакуација може да се обезбеди или со помош на опрема за спасување од противпожарната бригада или со дополнителни скали. Во графичкиот дел се наведуваат сите конструктивни и неконструктивни градежни елементи кои треба да бидат со отпорност на пожар од 30 до 180 минути како и делови кои треба

да бидат непропусни на чад. ⦁ системски решенија и градежни материјали отпорни на пожар При изработка на изведбениот проект се обрнува големо внимание на системските решенија отпорни на пожар, а согласно концептот за заштита од пожар. Бетонот како основен конструктивен градежен материјал има највисока класа на отпорност од пожар А1 и тој сам по себе не е горлив материјал. Кај армиранобетонските конструкции, во зависност од заштитната класа што треба да се постигне, односно од времетраењето на отпорност на пожар, се обрнува големо внимание на геометријата. На пример армиранобетонски носечки ѕид отпорен на пожар до 90 минути, според ДИН ЕН 19921-2, 5.4.3 мора да има минимална дебелина од 140 мм и минимален заштитен слој од 25 мм. Во подрачјата на СР Германија каде нема сеизмички влијанија често пати се користат префабрикувани или полупрефабрикувани носечки армиранобетонски елементи. Во овој случај споевите - фугите мора да се изработат со трајно системско техничко решение отпорно на пожар. Сите останати конструктивни елементи, носечки и неносечки што се изработени од друг тип на материјали како што се сипорекс-поренбетон (Porenbeton), блокови на база вар (Kalksandstein), бетонски блокови, сувомонтажни системи Кнауф, Ригипс и др. мора секој нивни производител да има сертификат за

Brandschott ознака со QR-код 30 мај 2022

ПОРТА

21


соодветното системско решение, односно одобрување (Allgemeine Bauartgenehmigung) од Германскиот институт за градежна техника (DIBt). Овој документ понатаму е составен дел при техничкиот прием на објектот и при добивање употребна дозвола. При изработка на изведбениот проект многу е важно да се обрне големо внимание како на електричната, така и на санитарната, топловодната инсталација, на климатизацијата и на друга техничка инсталација, кои во секој случај дел од нив поминуваат низ одредени ѕидови или плафони кои имаат противпожарна заштита. На овие делови се изработува т.н. противпожарна бариера (Brandschott), кои исто така треба да се сертифицирани од Германскиот институт за градежна техника (DIBt). Сите технички спецификации, како на пример дозволените димензии на бариерата (Brandschott), типот, материјалот и системот на ѕид или меѓукатната конструкција на кои се изработуваат, времетраењето на отпорност на пожар (90, 120 или 180 мин.), типови на инсталации и нивно геометриско поставување и слично, детално се опишани во сертификатот (Allgemeine Bauartgenehmigung). Со ова мора да се

осигура дека поставувањето на противпожарната бариера (Brandschott) не ја нарушува стабилноста на ѕидниот меѓукатниот систем, дури и во случај на пожар. Исто така противпожарната бариера (Brandschott) не смее да ја наруши функцијата на инсталациските системи кои поминуваат на тоа место, како и соодветните прописи и норми за истите. Овие бариери (Brandschott) се заштитуваат од механичко оштетување, особено во деловите на меѓукатната конструкција, односно подните конструкции кои се директно изложени на фреквенција од луѓе, со ограда, метална решетка и сл. Сите производители, согласно материјалите и системот имаат содветни технички решенија, меѓутоа општо за сите е дека вкупната површина од инсталации кои поминуваат низ противпожарната бариера (Brandschott) не треба да достигнува повеќе од 60 отсто од нејзината вкупна површина. Битно е да се напомене дека во документацијата неопходна за технички прием и употребна дозвола на објектот, неопходно е да се достави и Декларација за усогласеност (Übereinstimmungserklärung) од секој тип на вграден систем на противпожарна бариера (Brandschott), каде што се наведува за кој систем и производител

Единичен кабел низ а.б. ѕид F 90 чиј продор мора според MLAR да се дообработи со трајно еластичен противпожарен кит) 22

ПОРТА

30 мај 2022

станува збор, датум на вградување, број на сертификат - добиен од Германскиот институт за градежна техника (DIBt), инвеститор, изведувач, објект. За ова да може полесно да се контролира, секоја противпожарна бариера (Brandschott) е означена и нумерирана на местото на вградување каде се наведени неопходните податоци, а кај некои објекти дополнително се додаваат и баркодови, каде со нивно скенирање се гледаат сите податоци и евентуално нивната историја (во случај на репарирање, додавање менување инсталација и сл.). Често пати во пракса има едноставни продори на електричен кабел или цевки од каква било инсталација во противпожарен ѕид или меѓукатна конструкција. По голем број на испитувања и анализи е утврдено, дека не е неопходно изведување комплетен систем на противпожарна бариера (Brandschott), туку со поедноставни мерки на технички решенија MLAR (MusterLeitungsanlagen-Richtlinie), кои впрочем претставуваат актуелни градежни регулативи - упатства за превентивна заштита од пожар, може да се обезбеди истата цел. Самото техничко решение зависи од типот на инсталација, горлив или негорлив материјал, производител, тип на материјали што се користат за противпожарна заштита, времетрање на отпорност на пожар, намена на просторија и сл. Доколку има на пример една единична негорлива цевка со дијаметар помал или еднаков на 160 мм, или една единична горлива цевка со дијаметар помал или еднаков на 32 мм, или еден единичен електричен кабел, продорот во ѕидот отпорен на пожар над 90 минути може да се обработи на два начина: со трајноеластичен противпожарен кит – доколку отворот што се заполнува не е поголем од 15 мм, или пак цевката се обложува со минерална волна со отпорност на горење поголема од 1.000 °C и остатокот помал од 15 мм се заполнува со трајноеластичен противпожарен кит. Поради комплексноста и специфичноста во делот на примена на електричните инсталациите, во склоп на MLAR се воведени подрегулативи, упатства кои за серверски и за други електрособи се опишани детално во EltBauVO (Verordnung über den Bau von Betriebsräumen für elektrische Anlagen), а за системите на подигнати подови во MSysBöR (MusterRichtlinie über brandschutztechnische Anforderungen an Systemböden). За техничко решавање едноставни продори на вентилационите системи во ѕид


Спуштен плафон со вградени елементи на техничка противпожарна заштита)

Ознака на систем за автоматско отворање – затворање врати

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

или плоча се користи посебна регулатива упатство M-LüAR (Muster-LüftungsanlagenRichtlinie). ⦁ техничка противпожарна заштита Превентивната заштита од пожар значи и користење технички системи за навремено откривање пожар и минимизирање на штетите во рана фаза на истиот. Како дел од оваа група на системи може да се издвојат: детектори за чад, детектори за пожар, систем на прскалки, ѕидни хидранти, противпожарни апарати, завеси за заштита од чад, вентилациски системи за изнесување на чадот од објектот и сл. Во оваа група може да се додат и системите за автоматско отворање или затворање врати, како и специјалните системи за одделување и преградување одредени простори во случај на пожар. На сите елементи кои се дел на техничките системи на противпожарна заштита на еден објект, мора редовно да им се проверува нивната исправност од овластени фирми од страна на државните соодветни органи и истото мора да биде забележано по протокол. ⦁ оперативна и организациска противпожарна заштита Овој столб на превентивна заштита од пожари се заснова на обука и едукација пред сè на секој корисник на објектите, со цел стекнување основни знаења од делот на превентива на пожар како и реакција при истиот. Сите компании имаат одреден број вработени и задолжени лица чие ниво на едукација и обука е нешто повисоко и имаат за цел меѓу другото во секојдневното работење да вршат тековни проверки на сите фактори битни за противпожарна заштита на истоимениот објект. заклучок Иако СР Германија е лидер во Европа во делот на научноистражувачките достигнувања и на оперативно-техничката примена на решенијата и системите за превентивна заштита од пожари при градежните објекти, сепак бројката од 3.510 смртни случаи при пожари во периодот од 2011 до 2020 година (според Статиста), дава за право инженерската фела да се стреми кон уште построги законски прописи и барања, започнувајќи од фаза на проектирање, па сè до добивање употребна дозвола. Во минатото има многу проекти кои од надлежните органи само поради одредени пропусти при изведба во делот на превенција од пожар немаат добиено употребна дозвола, меѓу кои и Аеродромот Берлин - Бранденбург, кој наместо во 2012, беше пуштен во употреба во 2020 година. n 30 мај 2022

ПОРТА

23


земјотресно инженерство

Нови достапни проценки за земјотреси со цел подобрување на подготвеноста на Европа според европскиот модел на сеизмички ризик 2020 (ESRM20), зградите изградени пред 1980-тите, урбаните подрачја, како и високите проценки на сеизмичкиот хазард се главни носители на сеизмичкиот ризик

вонр. проф. д-р Радмила ШАЛИЌ-МАКРЕСКА, EFEHR-амбасадор о текот на 20 век, земјотресите во Европа одземаа повеќе од 200.000 животи и предизвикаа загуби од преку 250 милијарди евра. Сеопфатните проценки на сеизмичкиот хазард и ризик се важни за намалување на влијанијата од катастрофалните земјотреси. Новата, ажурирана верзија на моделот на сеизмички хазард и првиот Европски модел на сеизмички ризик се основа за донесување мерки за ублажување на последиците и создавање поотпорни заедници. Тие значително го подобруваат знаењето за тоа каде најверојатно ќе се случат силни земјотреси и какви влијанија ќе имаат идните земјотреси кои ќе се случат во Европа. Овие модели беа развиени со заеднички напори на сеизмолозите, геолозиите и инженерите во Европа, со поддршка на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истражувањето беше финансирано во рамките на програмата за истражување и иновации на Европската Унија - Хоризонт 2020.

В

24

ПОРТА

30 мај 2022

Земјотресите не може да се спречат ниту пак прецизно да се предвидат, но ефикасните мерки за ублажување добиени преку моделите на сеизмички хазард и ризик можат значително да ги намалат нивните влијанија. Европските модели на сеизмички хазард и ризик од 2020 г. нудат компарабилни информации за просторната дистрибуција на очекуваните нивоа на движењето на тлото од земјотреси, нивната фреквенција, како и нивното потенцијално влијание врз изградената средина и благосостојбата на луѓето. За таа цел, сите основни сетови на податоци беа ажурирани и хармонизирани – сложена задача имајќи го предвид огромниот број на податоци и многу различните тектонски структури во Европа. Ваков приод е важен за воспоставување ефективни меѓународни стратегии за ублажување катастрофи кои го поддржуваат дефинирањето на осигурителните политики

или модерните прописи за градење како на Европско (на пример Еврокод 8), така и на национално ниво. Во Европа, Еврокодот 8 ги дефинира стандардите препорачани за асеизмичко градење и зајакнување згради и конструкции со цел да се ограничат влијанијата од земјотресите. Обезбеден е


изиис раБоти на првиот достапен МодеЛ на сеизМиЧки ризик за европа отворен пристап кон Европските модели на сеизмички хазард и ризик, вклучувајќи разни иницијални компоненти како што се влезни сетови на податоци. ажурираниот модел на сеизмички хазард имаше корист од напредните сетови на податоци Сеизмичкиот хазард го опишува потенцијалното движење на тлото од идни земјотреси и се темели врз познавање на минатите земјотреси, геологијата, тектониката, како и локалните услови на тлото во која било дадена локација во Европа. Европскиот модел на сеизмички хазард 2020 (ЕSHM20) го заменува претходниот модел од 2013. Напредните сетови на податоци инкорпорирани во новата верзија на моделот доведоа до посеопфатна проценка. Како последица на тоа, проценките на движење на тлото беа приспособени и во повеќето делови од Европа резултираа во пониски проценки со исклучок на некои региони во западна Турција, Грција, Албанија, Романија, јужна Шпанија и јужна Португалија каде се добиени повисоки проценки на движење на тлото. Ажурираниот модел исто така потврдува дека Турција, Грција, Албанија, Италија и Романија се земји со највисок сеизмички хазард во Европа, а по нив следуваат и другите балкански земји. Сепак, разурнувачки земјотреси може да се појават во секое време дури и во региони со ниски и умерени проценки на движење на тлото. Понатаму, специфичните мапи на хазард од ажурираниот Европски модел на сеизмички хазард ќе служат, за првпат, како информативен анекс за втората генерација на Еврокодот 8. Стандардите од Еврокодот 8 се важна референца на која може да се повикаат националните модели. Таквите модели, кога се достапни, обезбедуваат меродавни информации во донесувањето на националните, регионалните и локалните одлуки поврзани со развој на прописи за асеизмичко проектирање и стратегии за ублажување на ризикот. Интегрирањето на моделите на сеизмички хазард во специфичните прописи за асеизмичко проектирање помага за соодветен одговор на зградите при земјотрес. На тој начин, овие напори придонесуваат кон подобра заштита на европските граѓани од земјотреси. главни носители на сеизмичкиот ризик се постарите згради, високиот сеизмички хазард и урбаните подрачја Сеизмичкиот ризик ги одредува економските и хуманитарни последици од потенцијалните земјотреси. За да се дефинира сеизмичкиот ризик, потребни се

Европска мапа на сеизмички хазад

Европска мапа на сеизмички ризик

податоци за локалните почвени услови, густината на зградите и населението (изложеност), повредливоста на изградената средина, како и робусни проценки на сеизмичкиот хазард. Според Европскиот модел на сеизмички ризик 2020 (ESRM20), зградите изградени пред 1980-тите,

урбаните подрачја како и високите проценки на сеизмичкиот хазард се главни носители на сеизмичкиот ризик. Иако повеќето европски земји ги имаат новите прописи и стандарди за проектирање кои обезбедуваат адекватна заштита од земјотреси, многу старите, неармирани или 30 мај 2022

ПОРТА

25


недоволно армирани згради сè уште постојат и носат висок ризик за нивните станари. Најголемиот сеизмички ризик се акумулира во урбаните подрачја од кои повеќето имаат историја на разорувачки земјотреси како што се градовите Истанбул и Измир во Турција, Катанија и Неапол во Италија, Букурешт во Романија и Атина во Грција. Всушност, само овие четири земји претрпуваат скоро 80 % од моделираната просечна годишна економска загуба од 7 милијарди евра што се должи на земјотресите во Европа. Сепак, градовите како Загреб (Хрватска), Тирана (Албанија), Софија (Бугарија), Лисабон (Португалија), Брисел (Белгија) и Базел (Швајцарија) се карактеризираат со сеизмички ризик кој е над просечното ниво споредено со помалку изложените градови како што се Берлин (Германија), Лондон (ОК) или Париз (Франција). развојот на моделите претставува заеднички придонес – улогата на институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (изиис) при универзитетот „св. кирил и Методиј“ во скопје Главниот тим од истражувачи од различни институции во Европа, вклучувајќи го и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заеднички работеа на развојот на првиот отворено достапен модел на сеизмички ризик за Европа како и ажурирање на Европскиот модел на сеизмички хазард. Тие беа дел од напорите кои започнаа пред повеќе од 30 години и вклучуваа илјадници луѓе од сите делови на Европа. Овие напори беа финансирани во рамките на неколку европски проекти и беа поддржани од национални групи низ сите овие години. Развојот на Европските модели на сеизмички хазард и ризик 2020 беше финансиран во рамките на истражувачката и иновациската програма Хоризонт 2020 на Европската Унија под договорите за грант 730900, 676564 и 821115 во рамките на проектите SERA, EPOS-IP и RISE. EFEHR-конзорциум Европските капацитети за сеизмички хазард и ризик (EFEHR) претставуваат непрофитна мрежа од организации и ресурси на заедниците кои имаат за цел да ги унапредат проценките на сеизмички хазард и ризик во Европско-медитеранскиот Регион. EFEHR одржува и понатаму ќе развива модели на сеизмички хазард и ризик за Европа во соработка со фондацијата GEM и Европскиот систем за набљудување плочи (EPOS). n 26

ПОРТА

30 мај 2022


ПОРТА


архитектура

Куќа која е впечатлива, Без тенденција да создава спектакл, а сепак препознатлива. делува смирено и спокојно со својот современ израз. фасадите се формирани со едноставни форми, бела и антрацит фасадна обработка и детали во маслосано костен дрво Ирена ДИМОВИЌ-ДАНИЛОВСКА, дипл. инж. арх. о скопската населба Тафталиџе 1 изграден е луксузен семеен дом по проект кој го работев заедно со мојот татко, архитект Миодраг Димовиќ со кој бев дел од тимот на архитектонското биро „Конструкта“. Со едноставни и прочистени архитектонски потези, со површина од 600 квадратни метри и катност: сутерен, приземје и кат, се обидовме да проектираме семејна куќа која ќе дава личен печат на околината. Оваа куќа е пример за добра пракса која на едно место ги собира сите квалитети на семеен дом во градската населба. За проектантите, но и за инвеститорот многу е важно да успеат да остварат одлична соработка и да создадат посебна енергија, само така се доаѓа до добар краен резултат. Ние ја имавме таа среќа тоа да се случи.

В

Место за уживаЊе и реЛаксаЦија Врз основа на барањата на инвеститорот, приземјето е проектирано на две нивоа каде се предвидени содржините. На првото ниво се сместени влезен хол со засебен простор за гардеробирање, дневен простор со трпезарија и одвоена станбена кујна со пристап во дворот преку тераси и од дневниот простор и од кујната. Терасата на дневната соба е сместена во повлечениот дел од куќата, еден вид трем, а целосно е покриена со архитектурата на горното ниво. Дворот на куќата не е голем, па така терасата се претопува со зеленилото како составен дел на градината и претставува премин меѓу внатре и надвор. Слична тераса, поставена во задниот дел на локацијата, но со помала површина е предвидена и од кујната. На второто, повисокото ниво на приземјето се предвидени дегажман со гостински тоалет, гостинска соба со сопствена бања и работна соба. Во влезниот хол поставени се лифт и скали преку кои се пристапува кон останатите нивоа, кон сутеренот и катот. Првиот кат е интимниот дел на објектот каде се сместени четири спални соби, сите со своја бања и гардеробер, а во детските соби 28

ПОРТА

30 мај 2022


сеМеен доМ во тафтаЛиџе, скопје

но не и претенциозна

предвидени се и мали дневни простори со работен дел, каде младите членови на семејството ќе можат независно да ги пречекуваат своите пријатели. Овие т.н. „детски дневни соби“ одвоени се со лесна визуелна преграда од спалниот дел. На катот преку централната галерија се пристапува и до помошните простории, утилити со лоѓија и мала заедничка мини-кујна. Во сутеренот, изолиран со стаклена врата и природно проветрен и осветлен со прозорци со висок парапет, се наоѓа затворен базен со сауна, туш кабина и мини кујна. Базенот е смирен простор, изолиран од надворешни влијанија и претставува вистинско место за уживање и релаксација, Во останатиот дел од сутеренскиот простор се сместени простор за складирање и за машински инсталации. арХитектонското оБЛикуваЊе е преЦизно и јасно Во визуелна смисла на куќата доминираат правоаголни волумени со пропорционално 30 мај 2022

ПОРТА

29


поставени отвори, кои на моменти ги разбиваат кубусите. Првостепената пластика произлезена од функцијата, постигната е со игра на повлекување, отсекување и еркерно испуштање на волумените. Додека второстепената пластика е постигната со отворите со различни димензии и длабочина, како и со примена на боите. Архитектонското обликување е едноставно, минималистичко, мошне прецизно и јасно, а секако како и кај секој добар проект произлегува од функцијата и од содржините на просторот. Без функција нема дом, па така таа овде им е подеднакво важна и на проектантите и на инвеститорот. Куќата е впечатлива, но не и претенциозна, без тенденција да создава спектакл, а сепак препознатлива. Делува смирено и спокојно со својот современ израз. Фасадите се формирани со едноставни форми, бела и антрацит фасадна обработка и детали во маслосано костен дрво. 30

ПОРТА

25 март 2022

Целиот објект е изведен по стандардите за енергетска ефикасност со примена на системите за надворешна и внатрешна обработка, подно греење и плафонско ладење со соодветни системи. На овој начин е овозможена константна, пријатна температура во просторот. вниМатеЛно уредени ентериери Внатрешното уредување е до детал проектирано и изработено по нарачка и ја надополнува формата и естетиката на овој семеен дом. Во дневниот простор материјалите се софистицирани, доминира фурнир, масив во топли нијанси кои даваат пријатно чувство и удобност надополнети со брендирани парчиња мебел на Walter Knoll со печат на модерната архитектура од 50-тите години на минатиот век. Високите плафони и стаклените лизгачки врати, кои ги одвојуваат содржините, а


истовремено овозможуваат и транспарентност, како и големите стаклени површини кон дворот, даваат просторност, многу природна светлина и поврзаност со надворешноста. Границата меѓу внатре и надвор е минимална. Осветлувањето е архитектонско, ненаметливо, со нагласени позиции на уметничките дела на нашите великани, сликарите Петар Мазев и Димитар Манев, како и сликарката Жани Гелевска. Спалните соби се со внимателно уредени ентериери, на секој поединечно е обрнато внимание во зависност од стилот на живеење, потребите и возраста на корисниците, почнувајќи од содржината до боите и применетите материјали. Повторно доминираат фурнир и масив, детали во совршено изработен метал и ѕидови во боја. Просторот во сутерен е место за релаксација, целиот простор е во грес порцелан плочки во антрацит боја и детали во дрво. Осветлувањето е дискретно и со можност за менување бои и хромотерапија, со што се создава пријатна и единствена атмосфера во која семејството ужива по напорниот ден. Во внатрешното уредување се применети софистицирани и современи материјали, така во обработката на подовите и на ѕидовите се користени големи грес порцелан плочи со димензии 120/120 и 120/240, кои даваат уникатен изглед, трајност и се лесни за одржување. Боите за внатрешна обработка на ѕидовите се еколошки, трајни, а подовите се топли од природно орев дрво обработено со масло. Почнувајќи од едноставниот облик на куќата, преку неколку архитектонски „интервенции“, куќата добива форма која се проникнува со околината со својата геометрија. Овој семеен дом изграден во градска населба, покрај самата улица, не ѝ се крие на околината, истовремено е и отворен и затворен, токму онолку колку што е неопходно. Куќата создава сценографија за секојдневниот живот и рамнотежа помеѓу корисникот и околината.. n ПОРТА


aрхитектура

Комплексот Тејлор Корт, Чато Корт и Вилмот Корт добитник на наградата Цивик Труст

ваквиот опсег на станбени единици создава исклучително разнолика и ангажирана група на станбени единици коишто даваат предимство на индивидуалното искуство наспроти поанонимното масовно домување 32

ПОРТА

30 мај 2022

Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија) а 7.3.2022 беа објавени добитниците на 63-тата по ред Цивик Траст награда, која се смета за најстарата во Европа, воспоставена во 1959 година, а преку која се оддава признание на исклучителната архитектура, планирање и дизајн во изградената средина. Во изминатиот период над 7.000 проекти биле наградени за нивното позитивно влијание врз локалните заедници на коишто им служат. Со наградата се поттикнува најдоброто во архитектурата, а со цел да се подобри изградената средина за

Н

сите преку дизјан, одржливост, инклузивност и пристапност, како и да се наградат проектите кои нудат позитивни придобивки од културен, социјален, економски или од аспект на животната средина. Според организаторот, и оваа година бил отсликан меѓународниот опсег на наградата со преку 160 пријавени трудови од Велика Британија, Белгија, Канада, Данска, Обединетите Арапски Емирати, САД и Сомалиланд, од кои 45 се стекнале со признанија. Од овие 45, оваа година, шест проекти од националните и интернационалните наградени објекти коишто искажале одличност во одредена област се стекнале со една од специјалните награди:


спеЦијаЛна награда за најсакан проект

l Специјална награда за најсакан проект

l Специјалната награда Мајкел Мидлтон

на националното жири од овогодишните наградени објекти: тејлор корт, Чато корт и вилмот корт, фрамптон парк населба во Хакни, поширокиот Лондон, од Хенли Халеброун за советот на Хакни – домување во мешовита сопственост. l Специјална награда за одржливост: фрам ед во охфордшајра од тимоти таксер архитектите доо во соработка со антони калајл архитект за котсволд сиидс доо – центар за одржливо земјоделство посветен на животната средина и регенерацијата. l Специјална награда за позитивен импакт врз вклученост на заедницата со која се одбележува успешна вклученост на локалната заедница за да се реализира проект со највисок квалитет на дизајн, а притоа да се задоволат потребите на локалните луѓе: Њу пооли мост во идн од кнајт архитектите за окружниот совет на камбрија – нов мост кој претставува североисточна капија за влез во Националниот парк Лејк Дистрикт, заштитен комплекс на Светското наследство од УНЕСКО.

за проект на обнова на постоечки објект или за нов објект во заштитена градителска средина: вадхам колеџ во оксфорд од аЛ_а за вадхам колеџ – Додипломски центар и Центар за пристап. l Специјална награда за транспорт и инфраструктура за проект кој нуди исклучителен нов или надграден капитален инфраструктурен проект преку кој е трансформиран јавниот простор: го сајкл: кингстон сајкл Хуб во кингстон на темза од сара вигелсворт архитекти – објект за паркирање на 400 велосипеди со сервис. l Специјална награда за повторна употреба и адаптација за проект на објект кој бил оставен да се деградира или би бил срушен за да се задоволат сегашните потреби: Престон автобуска станица во престон од џон путик асошиетс за советот на округот Ланкашир – обнова на Заштитен објект од Втора категорија кој е меѓународно признат пример на Бруталистичката архитектура.

тејЛор корт, Чато корт и виЛМот корт Оваа година станбениот комплекс во мешовита сопственост Тејлор Корт, Чато Корт и Вилмот Корт e добитник на Специјална награда за најсакан проект на националното жири од овогодишните наградени објекти. Тејлор Корт и Чато Корт заедно, и Вилмот Корт оформуваат два станбени блока поставени на работ од повоената станбена населба Фрамптон парк, а на меѓусебно растојание од околу 300 метри по должината на улицата „Вел“. Овие нови објекти биле нарачани од Советот на Хакни и биле изградени во 2021 година. Тие содржат вкупно 45 станбени единици и се со вкупна површина од 2.171 метри квадратни. Двата блока се издигнати на претходно изградено земјиште. Така Тејлор Корт и Чато Корт се изградени на градежна парцела создадена преку рушење на пабот Фрамптон Армс, додека Вилмот Корт е изграден на местото на поранешниот Леителтон Хаус, мал станбен објект со шест станбени единици коишто повеќе не ги исполнувал современите барања за домување. Оттука се смета дека овие нови објекти укажуваат на тоа како на осмислен начин архитектурата 30 мај 2022

ПОРТА

33


може да ја поддржува постојната социјална инфраструктура во градот. Групирањето и масата на новите станбени блокови претставува успешен спој помеѓу спротивставените урбани услови претставени преку карактеристиките на повоена населба и традиционалната викторијанска улица, а коешто придонело да се поправи урбаното ткиво на начин преку кој се зголемуваат јавните простори. Секој

34

ПОРТА

од двата објекти ја опфаќа својата парцела на начин кој овозможува да се создаде издашен јавен простор којшто истовремено е проткаен и по должината на улицата, но и во рамките на населбата. вниМание на достоинството и на БЛагосостојБата на станарите При проектирањето на објектите особено внимание било посветено на достоинството

и на благосостојбата на станарите, како и на капацитетот на објектите да им помогнат на жителите како да се ориентираат во просторот. Како резултат на ова, околу 90 отсто од станбените единици се со погледи на две или на три страни. Патувањето од улицата до станбената единица е кореографирано со лоѓии, дворови, пространи холови и потскриени скалишни простори. Понуденото решение ги задоволува очекувањата за надворешни слободни површини проткаени со инспирацијата за архитектура на границата помеѓу домашниот ентериер и урбаното пејзажно уредување. Чувството на социјалност преку осознаеност за припадност кон местото дополнително е нагласено преку богатството на типологии на домување на двете локации. Така Тејлор Корт и Чато Корт се објекти на пет ката, каде на првите два ката се сместени градски куќи. Над нив сместени се станови, а на последните две нивоа се дуплекси (станбени единици на две нивоа). При ова Чато Корт е оформен од два меѓусебно поврзани дела. Од друга страна исто така петкатниот Вилмот Корт содржи станови по обемот на трокатниот хол на подолните катови, додека на двата најгорни ката се сместени осум куќи по обемот на отворениот двор. Ваквиот опсег на станбени единици создава исклучително разнолика и ангажирана група на станбени единици, коишто даваат предимство на индивидуалното искуство наспроти поанонимното масовно домување.


Како значаен аспект на решението се смета и способноста да се спојат на едно место две архитектонски традиции: едната каде ѕидовите се користат за да се оформат собите во рамките на монолитните форми, и другата каде конструктивните рамки се користат за да создадат простори. Така лоѓиите се оформени од префабрикувани армиранобетонски столбови и балконски елементи, коишто дополнително ги носат ѕидовите од тула, со што се поддржува и циркулација на воздухот, но и се нудат пространи лоѓии за жителите. Како резултат на ова ѕидот е активен дел од тоа како архитектурата комуницира со заедницата и истиот станува социјален простор. Тој ја зголемува свесноста на жителите за нивната средина, годишни времиња и времето. Дополнително, слоевитиот ѕид исто така создава и тампон-зона помеѓу приватниот и јавниот простор. усогЛасува МонуМентаЛност со Мирна ХуМаност Објектите изградени од рачно изработена тула се разликуваат од другите по своето опкружување во Хакни според примената на малтер со црвен пигмент. Градскиот карактер на новите објекти е

истакнат преку суптилните историски референци во решението. Така историската локацијата на пабот Фрамптон Армс е истакната преку лачниот мост со кој се поврзани двата сегмента на Чато Корт.

Од друга страна основата на Вилмот Корт објектот ја нагласува историската закривеност на улицата со што се надоврзува на урбаната морфологија и ја подобрува читливоста.

ПОРТА


Според жирито: „Ова е смел и амбициозен проект нарачан од Лондонската околија на Хакни, кој го претставува најдоброто предводено од општинското домување. Архитектонската експресија користи монументален, смел и граѓански архитектонски јазик. Иако претставува

остар контраст на постојниот контекст, искажува единствен архитектонски и материјален јазик повикувајќи се на поранешната ера на јавните програми за станбена изградба во Обединетото Кралство и на влијанието на станбените програми од северна

Европа, реинтерпретирани за 21-от век. Материјалите прекрасно се детализирани и пропорционирани, резултирајќи во објект кој се чувствува како да е траен и од градот. Положен на современ и возбудлив начин овој проект ја усогласува монументалноста со мирната хуманост која го издвојува како егземплар на вешто урбано станбено згуснување.“ Без сомнение наградениот станбен комплекс претставува своевиден егземплар за тоа како минатите искуства од јавната станбена изградба може да се осовременат и реинтерпретираат за подобро да се збогатат и осмислат значително по ограничените по обем реализации во доменот на јавната станбена изградба во 21-виот век, а на начин на којшто ќе се задоволат и потребите за згуснување во рамките на постојната изградена средина.. n поддржано од Министерство за култура во рамки на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2022 година

ПОРТА


ПОРТА


aрхитектура

Како и дали ќе опстои архитектурата во Њу Орлеанс?

кога некој ќе рече Музиката излегува од порите на човекот, токму истото може да се каже и за Њу орлеанс. во кој друг американски град има тапани и блех-бендови како амбиентални звуци? во годините по ураганот катрина, градот стана лабораторија за идеи на архитектонски и урбан дизајн 38

ПОРТА

30 мај 2022


секоја градБа со своја приказна ЈуЛИЈА ВЕЛКОВСКА, (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) ФОТО Кредит – iStock by Getty Images ако еден од најстарите и културно најразновидните градови во САД, Њу орлеанс е архитектонско чудо. Во тоа се уверив кога го посетив во 2004-та, или пред катастрофата од ураганот Катрина годината потоа. Денес животот во градот е главно вратен, а архитектурата во голем дел сочувана. Познатиот Француски кварт и натаму е преполн со фотогенична палета на пастелни бои - куќи со совршено симетрични фасади главно во креолски стил, чардаци со леано железо, шпански колонијални структури и доминација на традиционалниот француски романтизам. Во друг дел на градот, куќи-дворци, некои претворени во музеи, други во приватни колеџи или простори за специјални настани, музеи во модернистички стил и обновени објекти во арт деко. Секоја зграда нуди нешто уникатно и фасцинантно. Оттука и чувството на мистичност, секоја градба со своја приказна, како од минатото, така и во сегашноста. Враќајќи се наназад, од првите години на населувањето на Европејците во овој дел на светот, до денес, куќите во Њу Орлеанс и крајбрежните парохии на Луизијана се градени подигнати од нивото на теренот. Со текот на времето, нивниот изглед и начините како се подигнувале се менувале, но причините за овој пристап на градење останале исти. Онаму каде што заситените почви, непредвидливите водотеци и променливиот раст на нивото на водата коегзистираат и со силните ветришта, безбедноста честопати можела да се гарантира само со живеење над земја, а не на непредвидливиот терен. Веќе во 1719 година, кога Њу Орлеанс го сочинувале куп колиби, особено на местото на сегашниот Француски кварт, доселениците изградиле насип долж реката Мисисипи висок еден метар. Како поука од успесите и неуспесите на живеалиштата на домородното население и како одговор на заканите од постојано менување на околината, Французите, Африканците и Шпанците од карипскиот дел и северното крајбрежје на Мексиканскиот Залив, а исто така и Французите, Афроамериканците и креолските доселеници од Луизијана, во 18 век го развиле типот француска креолска плантажна куќа. Ваквите градби на надземен подрум биле меѓу најраните изрази на типот на подигнати градби во регионот, а пристапот се применувал и во 20-тиот век. Како еден од примерите на функционалност на овој метод на градење е токму куќата Наследство на Мадам Џон (Madam John’s Legacy). Оваа куќа важи за една од најзначајните

К

архитектонски градби во регионот и е еден од најстарите преживеани објекти во Њу Орлеанс. Куќата-музеј сè уште стои, 230 години откако била обновена, нудејќи лекции како да се живее едноставно и безбедно, во услови на вродена отпорност на локалните жители, а особено во град со влажна клима, кој до ден денес на сиот технолошки развој во светот е подложен на поплави. Долго пред сегашниот систем за одводнување, канализација и пумпни станици, жителите на Њу Орлеанс проектирале имајќи го на ум соживотот со водата. Поради честите поплави, пониското ниво се користело за

30 мај 2022

ПОРТА

39


складирање, а не за станбени простори, а се градело со водоотпорни материјали од цигли и малтер. Идејата е тоа што ќе се намокри потоа релативно брзо да се исуши. Оттука и пристапот го добил своето име - „влажна отпорност на поплави“. Приспособени на локалните временски услови, овие стратегии се нарекуваат „пасивни“ или „биоклиматски“ и важат за стандард пред модерните, интензивни системи за климатизација и вентилација. Главното ниво на куќата, каде се живее, дополнително е подигнато за околу три метри, има големи врати и прозорци позиционирани за да создадат вкрстена вентилација и да пропуштаат дневна светлина, а поставени се и дрвени капаци кои служат за заштита за време на бури. Од тие причини и падовите на крововите се стрмни, а широките и покриените тремови на предната и 40

ПОРТА

30 мај 2022

задната страна на куќите штитат и од дожд и од жешкото сонце. Бидејќи, навистина, за разлика од другите делови на земјата, каде врне повремено со што некогаш неподносливата топлина се ублажува, летата во Њу Орлеанс пристигнуваат како некој

несакан гостин кој се вртка наоколу, (и тоа четири месеци), за на крај да стане комплетно недобредојден. И токму во овој дел од годината и главно заради внимателното и долгорочно урбано планирање, градот ја покажува својата истрајност и приспособливост. Кога некој ќе рече - Музиката излегува од порите на човекот, токму истото може да се каже и за Њу Орлеанс. Во кој друг американски град има тапани и блех-бендови како амбиентални звуци? Во годините по ураганот Катрина, градот стана лабораторија за идеи на архитектонски и урбан дизајн - имаше инвазија на добри намери, но само неколку имаа трајно влијание. Многу од нив за жал завршија несреќно – пример се куќите на Бред Пит и непрофитната иницијатива сега погодена од судски спорови. Некои од најдобрите идеи за справување со предизвикот на природни катастрофи ја вклучуваа водата, вечното прашање за секој жител од областа. Централниот дел е приближно три метри под нивото на водата, така што градот мора да се бори со водата на три фронта: насипите, кои пропаднаа по Катрина, поплавувајќи 80 отсто од градот, мочуриштата на југ, кои делуваат како тампон од невремето, но исчезнуваат со застрашувачка брзина поради порастот и слегнувањето на нивото на водата и системот за одводнување на атмосферските води, што претставува застарен метеж од цевки и пумпи, кои во моментов се поправаат и заменуваат. Насипите и системот за одводнување се вековни технологии, инженерски чуда од сега далечното минато. Иако се апсолутно неопходни, тие сами веројатно нема целосно да го заштитат Њу Орлеанс во побурните години што следат. Оттука, експертите сметаат дека градот мора да создаде поинаков и помалку противнички однос кон водата, и тоа врз основа на холандскиот модел: повеќе базени за складирање, помалку пумпање; повеќе гравитација, помалку бетон. Од 2005 година, наваму, Федералната влада потроши преку четиринаесет милијарди долари за да го надгради системот за контрола на поплави во Њу Орлеанс. Веќе во 2008-та година одредени архитектонски компании го промовираа токму овој модел за справување со водата, но напорите траат предолго. Градот традиционално е наречен Big Easy, и можеби оттука е тој не толку прогресивен дух, предизвик во имплементација на долгорочната визија. Некои од предложените проекти, како Водните градини Мирабу (Mirabeau Water Gardens) иако можеби се одвиваат бавно, сепак во нив и натаму се вложува и некако се туркаат. Воедно се предлага и креирање на десетина други вакви водни градини низ целиот град, само да ѝ се најде соодветно место на водата. Бавното темпо на адаптација едвај е


ограничено само на Луизијана. Да се консолидира и насочи политичката волја и финансирањето огромни проекти, кои се неопходни поради климатските промени, а потоа тие навремено да се реализираат, всушност е тест за владите насекаде. Сепак, се чини дека временската линија не е никаде построга како во Луизијана. Овој мочурлив, но славен град отсекогаш бил уникатно подложен на таканареченото следното големо невреме - закана што влијае на секое соседство, но онаа што ги остава особено изложени сиромашните жители (богатите секогаш се евакуираат пред ураганот). Тука секако не смеат да се заборават и Хјустон, Мајами, Чарлстон, Норфолк и безброј други крајбрежни градови. И, како што е познато, тоа не се само високото ниво на водите - сушата и шумските пожари се подеднакво застрашувачки и заканувачки. Според многумина, за Њу Орлеанс, решението можеби лежи во проблемот. Треба да се прекине зависноста од инженерските системи и бетонот и да се дозволи гравитацијата и природата да го одработат својот дел. Да ѝ се дозволи на водата да биде онаму каде што треба. Од добрите вести, долгорочен план и средства има, а Армискиот инженерски корпус неодамна соопшти дека насипите во Њу Орлеанс се во најдобра форма досега. Од лошите вести, голем дел од нив тонат, како и

самиот град, и перспективно треба повторно да се подигнат, со нова сметка од околу две милијарди долари. Оваа сума го одразува огромниот јавен трошок само да се одржи намалувањето на нивото на ризикот во денешно време. Надградбата, со други зборови во суштина не би била надградба, туку само обид да се одржи статус квото. Колку долго може да продолжи подигањето на насипите за да не потонат? Соочени со климатските промени, ова е итно прашање и треба да се разгледа сега, наместо по следната Катрина.

Во меѓувреме, да се надеваме дека лежерниот пристап нема да биде погубен, бидејќи не само што Њу Орлеанс е уживање за поголемиот дел од локалното население, туку и бројните туристи (вклучувајќи ме и мене), би сакале да го посетат или да се вратат во овој град и да им се восхитуваат на звуците на џезот и блузот и на убавата храна. (Толку ми остана во срцето, што ми беше инспирација за името на мојата ќерка, да се вика токму Нола или (NOLA – New Orleans, Louisiana).. n

ПОРТА


урбанизам

БеЛград 2030

Белград се навикна на промените што го прават подобар град од тоа што бил вчера Мора да има стратегија за развој - урбан, економски, социјален и демографски, дури и ако не се исполнат сите поставени цели. секојдневните промени на кои сме сведоци мора да имаат јасен план и да делуваат дека се дел од синхронизиран пристап кон развојот на градот, со јасна идеја за тоа како треба да изгледа еден град со нешто помалку од два милиони жители и како треба да го планира својот развој во децениите што доаѓаат

42

ПОРТА

30 мај 2022


Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Белград)

екаде кон средината на февруари, за време на предизборната кампања, во реновираната зграда на Народниот музеј беше претставена стратегијата Белград 2030 година. Во ек на кампањата, но и видните промени кои ги доживува Белград последниве години, ова е прв пат некој да ги поврзе идните планови во јасна стратегија. На презентацијата говореа Горан Весиќ, заменик-градоначалничк на Белград и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, што ѝ даде одредена тежина на самата стратегијата, бидејќи развојот на Белград не може да се гледа како исклучиво локално прашање, туку и како национално прашање на развојот на Србија. Белград 2030, звучи помалку футуристички и далечно, иако е тоа релативно скорешен датум за развојната стратегија. Се разбира, дел од развојот од стратегијата веќе е во полн замав за да може да се постигнат резултати во следните седум години, но идејата за поставување на стратегијата за развој за толку краток рок е прилично храбар потег, освен ако тоа не се се користи во политичка кампања.

Н

БеЛград иМа стратегија за развој Пред сè, одлично е што Белград има стратегија за развој. Без разлика на големите промени на подобро во главниот град на Србија во последната деценија, добро е што овие промени беа најавени преку една стратегија и на некој начин обединети. Вака потешко ќе се стекне впечаток дека се работи за неповрзани промени кои се случуваат стихијно. Белград мора да има стратегија за развој за 10, 20 и повеќе години. Најавената идеја на стратегијата е таква што не треба да зависи од персоналните решенија на ниво на град, туку треба да се спроведува без разлика на констелацијата на силите на политичките чинители, што е дискутабилно дали тоа навистина и би се случило. конкурентна урБана еконоМија Стратегијата е поделена на девет области, првата област која носи наслов Конкурентна урбана економија претставува развојна стратегија која се базира на економија на знаење, на трговија, туризам, преработувачка

индустрија и земјоделство, а не на евтини ресурси и ниски заработки. За да се оствари тоа, потребно е да се постигнат резултати во подобрување на инфраструктурата и сообраќајната пристапност. Второто поглавје е Општествена одговорност и еднаквост, Белград како град на шанси и еднакви можности за сите, како и акцент на младите и креативните простори кои тие ќе ги користат. За тоа беше најавена реконструкција на Шеќераната и на „Старата ложионица“, кои ќе станат нови „хабови“ за креативните поединци. сооБраЌајот еден од најгоЛеМите проБЛеМи Најголемиот и најзначајниот дел од стратегијата се однесува на сообраќајната инфраструктура, која навистина има потреба од најголеми промени. Сообраќајот во Белград, со константно зголемување на бројот на патнички возила секоја година и со лимитирана инфраструктура, претставува еден од најголемите проблеми на градот во моментов. Според планот Белград 2030 година, градот во таа година ќе има две метро линии долги 41,2 километри со 44 станици, што претставува многу смело ветување бидејќи Белград штотуку почнува со изградба на метро-систем. Покрај тоа,

најавено е дека ќе се унапреди системот на БГ-возови, кој ги поврзува градот и околните општини со 40 нови композиции и 500 поаѓања дневно, што исто така претставува многу смела изјава. Најавена е изградба на два нови тунели, едниот што ќе ги поврзе савската и дунавската страна на Белград, на потегот од околината на Економскиот факултет до Панчевачкиот мост, и другиот кој претставува дел од системот на Внатрешниот магистрален полупрстен. 30 мај 2022

ПОРТА

43


импресивно, бидејќи Белград нема развиена инфраструктура за велосипедски сообраќај. завршуваЊе на жеЛезниЧката станиЦа До 2030 година треба да биде завршена железничката станица Белград центар, која беше пуштена во употреба пред шест години, свечено отворена, но сè уште не е довршена, како и новата автобуска станица, која оди доста бавно, но напредокот во изградбата во последните неколку месеци е забележлив. Со нејзината изградба би се овозможило целосно преместување на постојната и привремена станица од сегашниот простор, каде што таа парцела би можела да биде интегрирана во просторот на Белград на вода, како што е и планирано. Линиски парк Она што е во полн ек, а може да ги радува белграѓани е изградбата и завршувањето на линискиот парк кој се протега практично од Бранковиот мост до СЦ „Милан Гале Мушкатировиќ“, и практично го претставува просторот помеѓу Калемегдан и вливот на Сава и Дунав. Станува збор за проект кој е поделен на повеќе целини, а секоја целина ја развива друго архитектонско биро на млади архитекти на просторот на поранешната железничка инфраструктура, која е отстранета поради укинување на старата железничка станица и потребата од таа инфраструктура заврши. Тоа ќе биде интересен јавен простор со голем број содржини и начини на поврзување на градот со реката. Покрај тоа, предвидено е уредување на 100 паркови и изградба на нови, како и на 40 нови државни градинки.

СЕДУМ НОВИ МОСТОВИ Смело е и тврдењето за седум нови мостови во Белград, новиот Савски мост на местото на стариот Савски мост, чие преместување предизвика многу полемики, иако денес е најнефункционалниот мост во Белград и тесно грло во сообраќајот. Мостот кај Ада хуја, мостот кај Винча, два пешачки моста кои би ги поврзале Ада Циганлија и големиот воен остров и два 44

ПОРТА

30 мај 2022

моста за потребите на системот на БГ-воз. Унапредување на сообраќајот претставува и стратегијата сите возила на јавниот превоз во Белград да бидат еколошки возила до 2030 година, што е уште една смела изјава, но и реална насока во која треба да се развива Белград. Исто така, планирана е и изградба на велосипедска инфраструктура во должина од дури 150 километри нови патеки, што е навистина

парк за нови теХноЛогии Малку подалеку од центарот на Белград, на простор кој не е толку забележлив за луѓето што престојуваат во центарот, предвидени се два значајни проекти. Првиот, со кој се решава навистина горливиот проблем е изградбата на пет фабрики за отпадни води за тие повеќе да не се испуштаат во реките. Ова е еден од повеќедецениските проблеми што треба да се реши, можеби и како приоритетно прашање. Вториот е изградбата на индустриски парк во Борча, на левиот брег на Дунав, во дел од градот кој инфраструктурно и социјално мошне заостанува зад остатокот од Белград. Станува збор за проект кој со години се најавува како дел од соработката со Кина. Делува неверојатно тука да се изгради парк за нови технологии, но не би било толку големо изненадување, бидејќи Кина вложува и


инвестира надвор од нејзините граници, а Србија има доста добри традиционални односи со Кина. Од видливите проекти кои се најавени е и новиот музеј на Никола Тесла, на брегот на Дунав на местото на некогашната централа и уредувањето на просторот на Теразиската тераса, за кој се распишани неколку конкурси во последните 80 години, но никогаш ништо не е реализирано. Меѓу другото, беше спомнато и едно тврдење кое спаѓа во доменот на научната фантастика или лесно дадено политичко ветување, а тоа е дека просечната плата ќе изнесува дури 200.000 динари, што е некаде околу 1.700 евра. Гледајќи ги сите можни економски настани во светот, тоа е навистина смело тврдење и делува како да излегува малку од рамката на планирање на развојот на градот. Мора да се иМа стратегија за развој На крај, Белград мора да има стратегија за развој, урбан, економски, социјален и демографски, дури и ако не се исполнат сите поставени цели. Секојдневните промени на кои сме сведоци мора да имаат јасен план и да делуваат дека се дел од синхронизиран пристап кон развојот на градот, со јасна идеја за тоа како треба да изгледа еден град со нешто помалку од два милиони жители и како треба да го планира својот развој во децениите што доаѓаат. Колку е навистина реално, останува да видиме, периодот е релативно краток, плановите се прилично амбициозни, а Белград се навикна на промените што го прават подобар град од тоа што бил вчера. n

ПОРТА


комерцијален текст PremiFold 76 делумно отворен

PremiDoor 88 Lux AluClip виолетова

PremiDoor 76 Standard proCoveTec потполно обоен облачно сива

Profine GrouP воведува два нови производи побарувачката за лизгачки системи постојано расте. покрај популарните премиум лизгачки врати PremiDoor 76 и PremiDoor 88, Profine Group сега воведува два нови производи преку своите брендови: KÖMMERLING, TROCAL и KBE: PremiSlide 76 е компактен, ефикасен и разновиден систем за лизгање - и PremiFold 76, еден многу посебен лизгачки систем. PremiSlide 76 Со овој производ нудиме идеален додаток на нашите премиум лизгачки врати - робустен, компактен, ефикасен и сестран систем за 46

ПОРТА

30 мај 2022

изработка на лизгачки прозорци и врати. Новитетот се темели на нашата платформа од 76 mm во верзијата на бочни дихтунзи и на тој начин му нуди на производителот високо ниво на компатибилност. Прикладниот лизгачки систем комбинира бројни предности како што се мало заземање простор при отворање и отворање без напор. Отворањето овозможува исклучително ефикасна вентилација, а стаклените површини се грижат за оптимални придобивки од сончевата енергија. Вредност на Uf од 1,4 W / (m² K) во стандардната изведба и Uw-вредност до 0,7 W / (m² K) се одлични вредности за лизгачки системи. Периферниот

компримиран дихтунг го прави системот совршен. Во однос на дизајнот, PremiSlide 76 нуди голема разновидност, бидејќи конструктивните шеми се засноваат на системите на лизгачки врати, како што е PremiDoor 76. Исто така е достапен широк спектар на бои во декор од дрво и металик фолија, вклучувајќи ја и варијантата AluClip за индивидуализиран дизајн. Ексклузивно за PremiSlide 76, на располагање е за конструкција на соодветните елементи, оков „Eco Slide“, специјално развиен од производителот на окови Siegenia. PremiFold 76 PremiFold 76 е специјален лизгачки систем за прозорци и врати и најнов во долгата низа иновации на нашите лизгачки системи.


PremiFold 76 Целосно отворен

PremiSlide 76 Бела

PremiDoor 76 среден пресек Бела

Системот доаѓа со многу посебни апликации. Главниот плус на системот PremiFold 76 е начинот на кој може да се отворат прозорците и вратите за да се максимизира вентилацијата без да се загрози безбедноста. PremiFold 76 може да се користи за многу големи отвори. Вашиот дом или деловен објект може да го добие вашиот индивидуален карактер со широк асортиман на декоративни ламинирани фолии. За производителот, новиот систем нуди економичност, бидејќи се базира на profine 76 mm платформата. Уште една предност е што елементите немаат видливи окови. Прозорците и вратите може да бидат опремени со двојно и тројно застаклување.

PremiDoor 76 На последниот Fensterbau Frontale, ја дополнивме понудата PremiDoor 88 со PremiDoor 76 варијантата со систем на праг без бариери во стандардната изведба. Двата система на лизгачки врати се вистински погодок во премиум сегментот на пазарот. Ги карактеризираат извонредна топлинска изолација, мошне едноставно користење и многу тенка линиска изведба. Посебен акцент е ставен на крилото „Lux Design“ со изразито ниска висина на профилот од само 40 mm, што овозможува уште поголеми стаклени површини и поголеми соларни придобивки. PremiDoor 76 е систем со континуирана конструкција од пет комори, кој благодарение на својата мала длабочина на вградување од 179 mm е идеален

за реновирање и може да прифати стакла до 48 mm дебелина. Тесните видливи ширини на профилот до 65 mm на рамката, 100 mm на крилото и 103 mm на средниот пресек, обезбедуваат висок удел на светлина. Со U-вредност од 1,4 W / (m² K), PremiDoor 76 уште во стандардната варијанта доаѓа со одлична топлинска изолација за лизгачки врати. PremiDoor 88 PremiDoor 88 - нашата класика за висококвалитетни премиум лизгачки врати има длабочина на вградување од 88 mm. Се карактеризира со одлична топлинска изолација U = 1,2 - 1,3 W / (m² K). Со изолационите стакла се постигнува соодветна U-вредност од 0,8 W / (m² K) дури и за пасивни куќи. Вистински благороден производ кој создава фасцинантна оптичка врска помеѓу ентериерот и градината.. n 30 мај 2022

ПОРТА

47


ентериер

Проектантското биро „Стокуќа“ проектот е доказ дека кога работите со визионери имате единствена можност да внесете душа во неискористениот простор. со елементи за пишување приказна, со текстури за создавање моќ и додавање магија таму каде што ја немало Јелена АНДЛОВИЦ, дипл. инж. арх. Марија ПЕТРОВСКА, дипл. инж. арх. роектантското биро од скопје „стокуќа“ е добитник на престижната меѓународна награда BigSEE Interior Design Award 2022 – Grand Prix за проектот канцелариски простор за пивара скопје во конкуренција на повеќе од 2.400 проекти од 21 држава.

П

Автори стокуЌа дооеЛ - скопје; јелена андловиц, Марија петровска Објект деловен простор за 120 вработени Инвеститор: пивара скопје Година на завршување: 2021 Вкупна површина: 2.100 m² Фотографии: Маја аргакијева 48

ПОРТА

30 мај 2022


BIGSEE INTERIOR DESIGN AwARD 2022 – GRAND PRIx

добитник на меѓународна награда

30 мај 2022

ПОРТА

49


За потребите на дополнителен работен простор со современа работна култура, нашиот инвеститор СКОПСКА ПИВАРА го избра првиот кат од магацинот кој не е во функција и се наоѓа веднаш до постојните канцеларии на администрацијата. За новите канцеларии обезбедивме нов независен влез во постојната зграда со пристап до ниво +6,50. Во одземени модули од приземјето, организиравме вертикална комуникација, тоалети и тераса на ниво +6,50. Работниот простор е организиран како отворен тип на канцеларии сè со цел да се зголеми соработката, креативноста и комуникацијата меѓу вработените. Целиот простор е составен од три делови: работни единици, централен простор со амфитеатар и челични платформи кои овозможуваат формирање дополнителен работен простор. Работните единици се поставени долж периметарот кој ја користат природната дневна светлина и надворешниот поглед. Секоја единица е одделена со модуларни прегради во кои се чуваат документи и лични работи на вработените во комбинација со табла за презентации. Срцето на канцелариите - централниот дел со

50

ПОРТА

30 мај 2022


амфитеатарот е проектиран да прими голема концентрација на луѓе за поголеми настани. Поради двовисокиот волумен се имплементирани две платформи кои обезбедуваат дополнителен алтернативен работен простор со затворени миниканцеларии. Под платформите се организирани сали за состаноци, тивки простории и премини за неформални состаноци на вработените. Проектот за новите канцеларии беше ставен на хартија пред пандемијата и беше реализиран за време на пандемијата по модификациите за да одговараат на новата реалност. Проектот е доказ дека кога работите со визионери имате единствена можност да внесете душа во неискористениот простор. Со елементи за пишување приказна, со текстури за создавање моќ и додавање магија таму каде што ја немало. Проектот претставува чекор кон иднината на создавање култура на работното место, место кое ја поддржува индивидуалноста и стимулира движење, размена на идеи, собири, формални и неформални каде футуризмот, визијата и емоциите се здружуваат поврзувајќи ги брендовите што нашиот клиент ги претставува Heineken, Coca Cola и Скопско. Успеавме да создадеме концепт на отворени канцеларии со опуштена работна атмосфера која ја поттикнува креативната енергија да циркулира низ просторот. n

состојБа пред реконструкЦија 30 мај 2022

ПОРТА

51


екологија

Не е познато каков е нашиот план Б за снабдување со гас добивме само уверување од надлежните дека доколку дојде до прекин на гасот, ќе се најде алтернатива за три дена, односно дека толку време им е потребно на нашите енергетски и индустриски капацитети за да се префрлат на работа на алтернативно гориво - за жал, најверојатно мазут

Даниела МЛАДЕНОВСКА еополитичките ризици сè повеќе доминираат врз енергетските синџири на снабдување, што за жал е поразително во свет кој се повикува на глобализацијата, новите технологии, одржливоста и солидарноста. Наместо техничките предизвици и економската исплатливост да бидат главната бариера во обезбедувањето енергенти, сведоци сме дека сега тие се помалку сериозен проблем. Цените достигнаа рекордни вредности. Влијанието врз животната средина исто така стана неважно, а енергетската транзиција и климатските цели се ставија во втор план. Светот стана толку зависен од одредени енергенти и од одредени извори на снабдување, така што веќе се чини дека императив е само овие енергенти и натаму да бидат достапни, без оглед на трошоците.

Г

енергетска зависност од еден извор на снаБдуваЊе Последната криза во Украина, ги покажа на виделина сите последици на енергетската зависност од еден извор на снабдување. Се разбира, станува збор за природниот гас, поточно во нашиов случај - рускиот гас. 52

ПОРТА

30 мај 2022

Европската Унија обезбедува околу 40 отсто од своите потреби за природен гас од Русија, и тој процент е различен од земја во земја. Водечките економии како Германија и Франција се во различна позиција по однос нa ова прашање. Германија е во доста понеповолна, бидејќи околу 50 отсто обезбедува гас од Русија. Обидот да добие руски гас преку Балтикот со Северниот тек 2, за жал сè уште не знаеме како ќе заврши, со оглед на бројните контроверзии, повторно од геополитичка природа кои го одложуваат

пуштањето на експлоатација на овој веќе изграден и важен инфраструктурен проект. Франција обезбедува помалку од една третина од своите потреби за природен гас од Русија. Дополнително, голем број земји од ЕУ сериозно работат на воведување алтернативи на овој енергент, и тоа не само во течниот природен гас, туку и преку користењето водород како гориво кое не емитува јаглерод диоксид и кое е важно оружје во реализирањето на т.н. енергетска транзиција.


гасна зависност Македонија е во најнезавидна позиЦија Нашиот регион, а особено Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се во најнезавидна позиција. Ова се единствените три земји во Европа кои имаат 100 отсто зависност од рускиот гас. Тие немаат ниту една друга рута, односно извор на снабдување со природен гас. Србија увезува околу 90 отсто од потребите од природен гас од Русија, а има околу 10 отсто свои сопствени извори. Притоа, особено важно е дека оваа земја има и сопствено подземно складиште за природен гас (Банатски двор), каде може да складира одредена количина за максимум околу 20 денови. Во регионот, вакво подземно складиште има и Бугарија во Чирен. За разлика од нив, ние немаме ниту сопствени извори, ниту алтернативен снабдувач, ниту подземно складиште. Сепак, во пресрет на наредната грејна сезона, нашите надлежни велат – имаме алтернатива. Дали навистина имаме алтернатива, или доколку поинаку го формулираме ова прашање тоа гласи – колку можности веќе пропуштивме? Имавме алтернатива да се вклучиме во некој регионален проект на гасовод, а досега не го направивме тоа. Оние активности пак кои се преземаат, се реализираат со исклучително бавна динамика. Со оглед дека снабдувањето со

природен гас кај нас е само од еден извор, а гасоводот минува низ повеќе држави, тоа е сериозно изложено на геополитичките ризици на еден поширок регион. Гасната зависност, политичкиот ризик на транзитот и ризикот од физички оштетувања на гасоводот ја влошуваат позицијата, додека диверзификацијата во рутите на транзит ја прават една земја помалку ранлива. Затоа, диверзификацијата на изворите на снабдување е многу важна за сигурност во снабдувањето. покрај Бројните ветуваЊа неМа поМестуваЊе Согласно Зелената агенда за Западен Балкан (ноември, 2020, Софија), предвидена е диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, и Македонија како и другите земји од регионот на Западен Балкан се обврзала на тоа. Планирана е изградба на гасни интерконектори Македонија – Србија и Македонија – Косово. Македонија е членка на Central and South East Gas Connectivity (CESEC) иницијативата, а согласно Меморандумот за разбирање потпишан во Дубровник уште во 2015 година, планирани се гасни интерконектори помеѓу Македонија, Грција и Бугарија. Стратегијата за енергетика до 2040 година, планира реализација на гасен интерконектор

Македонија – Грција до крајот на 2022 година, но изградбата сè уште не е започната, иако договорот е потпишан во јули 2021 година. Во тек е реализацијата на магистралните гасоводи Скопје – Тетово – Гостивар и Штип – Неготино – Битола, кои требаше да бидат целосно завршени во 2021 година, но има доцнење во реализацијата. Дистрибутивна мрежа за природен гас имаат само Куманово, Струмица и Скопје. Во изминатите години и покрај бројните ветувања, речиси нема поместување во овој сегмент, во смисла на поттикнување на потрошувачката на природен гас кај домаќинствата, и на пошироката територија на земјата. „ниската трева ниту еден ветер не ја ниша“ Неодамна за DW, директорот на државната НЕР, Реџепи изјави: „Нашите планови се до крајот на оваа година да почне изградбата на интерконекторот со Грција и да заврши во 2024 година. Тоа за нас ќе значи диверзификација и стабилност во нашите извори за снабдување со природен гас, значи ќе можеме да се снабдуваме од јужниот гасен коридор ТАП (Трансјадрански гасовод кој обезбедува гас од Азербејџан), но и од ЛНГ-терминалите во нашиот јужен сосед. Гасниот интерконектор со Грција, ќе има

30 мај 2022

ПОРТА

53


годишен капацитет да пренесува 2,8 милијарди метри кубни и е со должина од 68 километри на наша територија. Ќе се финансира со 20 отсто грант од WBIF, 50 отсто заем од ЕИБ, кои се веќе потпишани, и 30 отсто со заем од ЕБОР. Договорот со ЕБОР, треба да се потпише во текот на втората половина од оваа година“, вели Реџепи. ТАП-гасоводот како проектна идеја се појави уште на почетокот на новиот милениум, започна да се гради во 2016 година, а веќе стана оперативен во 2020. Имаше известувања дека се преговара за вклучување во овој проект, кој минува низ Грција и Албанија, но неговата траса нè заобиколи. Сега, шансата е интерконекторот со Грција, со цел обезбедување гас од друг извор. Но, 2024 е далеку, а мала утеха во целава гасна криза е фактот дека во секторот домаќинства имаме мал број потрошувачи на гас (неколку стотини во претходно споменатите градови кои имаат дистрибутивна мрежа). Така, според максимата „ниската трева ниту еден ветер не ја ниша“, се чини дека лесно ќе се снајдеме. Но, доминантен удел во потрошувачката на природен гас имаат компаниите за производство на електрична и топлинска енергија (граѓаните се засегнати како корисници на централно греење), како и металургијата (сектор кој е еден од главните извозници). Се разбира не помалку значајни се и капацитетите во технолошките индустриски зони, од кои голем дел исто така користат природен гас и немаат алтернативно гориво. Каков е нашиот план Б 54

ПОРТА

30 мај 2022

и дали воопшто го имаме, не е познато. Добивме само уверување од надлежните дека доколку дојде до прекин на гасот, ќе се најде алтернатива за три дена, односно дека толку време им е потребно на нашите енергетски и индустриски капацитети за да се префрлат на работа на алтернативно гориво - за жал, најверојатно мазут. Што ќе значи тоа за квалитетот на воздухот особено во Скопје, во таков режим на работа на топланите, не е тешко да се претпостави. За споредба, повторно ќе се навратиме на Германија со околу 50 отсто зависност од рускиот гас, чии главни потрошувачи се лоцирани во силната хемиска, металуршка и автомобилска индустрија, но и кај домаќинствата. Властите сериозно се подготвуваат за можноста рускиот гас да не

биде расположлив на прагот на следната есен. Притоа, пакетот мерки може да вклучува и преземање контрола на државата над клучните енергетски компании, купување на дел од акциите, а се размислува дури и за нивна национализација. Со цел спасување на економијата, се размислува и за давање предност на индустријата пред домаќинствата како категорија потрошувачи. Дополнително, и во Германија, и во други земји од ЕУ, уште во текот на изминатава зима имаше бројни кампањи за штедење не само на природниот гас туку и да на другите енергенти. Кај нас за жал не видовме такви примери, освен само декларативна заложба дека треба рационално да се троши енергијата. И секако, уверувањето дека ситуацијата е под контрола и кризата успешно се менаџира. n


МишеЛ ридер

Скулптури од обично домашно ѓубре и отпад

„сакам да создавам дело кое е интерактивно и привлечно, тактилно и шарено. радоста на работата со пронајдените материјали е неочекуваната употреба што може од нив да произлезе“ Петрула КОСТОВСКA, историчар на уметност (Специјално за Порта 3 од Лондон) очнувајќи од тркалото за точак на Марсел Дишан од 1913 г., уметноста на готовиот објект има безмалку стогодишна традиција и делата на Дишан, Пикасо, Реј денес имаат култна вредност. Но, за денешниот уметник ангажираната уметност е нешто повеќе од потребата да шокира и иновира. Уметноста, особено големите скулптурални дела и уште повеќе оние кои произлегуваат од студијата во кои славни уметници вработуваат голем број асистенти/помошници, генерираат и акумулираат големи количини отпад. Уметницата Мишел Ридер, повеќе години работи со различни организации на создавање проекти кои ќе помогнат да се истакнат проблемите со отпадот и пластиката во реките, и да помогне во рециклирањето и намалувањето на отпадот од храна. Исто така таа работи и со галерии, училишта и други организации, како слободен уметник едукатор.

П

30 мај 2022

ПОРТА

55


Мишел Ридер дипломирала ликовна уметност и магистрирала сценографија. Во 2017 година се преселила од Лондон во Нотингамшир. Таа сега живее и работи во Нотингамшир, стационирана е во работилницата Harley Foundation Workshops во Велбек, северно од Шервудската Шума. Создава дела од користени отпадни материјали уште од 1997 година, креирајќи уникатни фигуративни скулптури од домашен отпад и пронајдени предмети. Ридер прави уникатни фигуративни рециклирани скулптури од домашен и индустриски отпад во комбинација со пронајдени или донирани предмети. Нејзините скулптури понекогаш имаат механички елементи, користејќи работни делови од стари играчки, часовници, бела техника или други предмети. Нејзините скулптури често се претстави на луѓе, диви животни, возила или знаменитости. Изложените дела на нејзината скорашна изложба, отворена на 14-ти мај, која ќе трае до 24-ти јули во Harley Gallery и во Музејот на колекцијата Портланд во Велбек, во близина на Ворксоп, Нотингамшир во која впрочем е сместено и нејзиното студио, се инспирирани од „убавината на природниот свет“. Материјалите како машини за перење, рамки од велосипеди, автомобилски гуми и сл., донирани од Фондацијата за заштита на дивиот свет на Нотингамшир, кои беа собрани во нивните паркови во време на пандемијата кога се зголеми бројот на диви депонии, беа неопходни за да ги трансформира во органски свет. Скулптурите како мал див и голем питом коњ, дива коза, мршојадец и бумбар кои се

56

ПОРТА

30 мај 2022

споени од огромен вид различно, обично домашно ѓубре и отпад пронајден во природата, ја нагласуваат врската помеѓу она што го консумираме и уништувањето на дивиот свет и природната средина. На оваа изложба, три големи скулпторски инсталации на дивиот свет се придружени со кратки филмови кои го документираат

процесот на создавање. Скулптурите се направени од извонредна низа обичен отпад. Истовремено преку деликатноста на составните делови на скулптурите, тие ја отсликуваат убавината и чудото на природниот жив свет. „Сакам да создавам дело кое е интерактивно и привлечно,


тактилно и шарено. Радоста на работата со пронајдените материјали е неочекуваната употреба што може од нив да произлезе. На пример, чадор и кофа кои се комбинираат за да формираат труба на нарцис, деконструирани далечински управувачи кои се претвораат во дамки на јагуар или гасмаска која станува лице на бумбар“, вели Ридер. Изборот на материјали исто така може да биде клучен дел од приказната за едно дело. Во 2008 година Мишел Ридер создаде портрет на семејство направен од нивниот домашен отпад создаден во текот на еден месец. Материјалите не само што ја нагласуваат потребата да се нагласи и истакне количината на отпад што секој од нас го произведува, туку и ја раскажува приказната за секој поединец преку работите што ги фрла - детски цртежи, список за купување, роденденска честитка. Нејзината долгорочна намера е да создаде скулптури кои ќе го свртат вниманито кон еколошките прашања на естетски, хумористичен и неконфронтирачки начин. Таа смета дека нејзината работа има хумор и топлина, што кај луѓето мами насмевка, а особено е привлечна за децата. Ридер се надева дека нејзината работа ќе ги натера луѓето два пати да размислат за вредноста на материјалите и за тоа што е отпадот, како и за влијанијата од прекумерната потрошувачка. Затоа се занимава и со едукативна работа. Нејзината цел е тоа да го направи на позитивен и инспиративен начин и да помине многу време во посетување училишта или водејќи работилници во јавни простори, за да им помогне на луѓето да станат креативни со работите кои обично би ги фрлиле. Ридер вели: „Мислам дека е застрашувачки колку сè стана еднократно во современото општество. И покрај позитивните чекори како што се зголемувањето на стапките на рециклирање и данокот на пластични кеси, сè уште ни претстои долг пат за да го намалиме нашиот отпад на одржливо ниво“. n

30 мај 2022

ПОРТА

57


хортикултура

наЦионаЛен парк денAЛи, аЛјаска

Место каде што станува јасно колку е човекот мал во споредба со природата

националниот парк денали не е за плашливи - тука треба да се биде во контакт со внатрешниот Бак (џек Лондон) за навистина да се запознаат сите можности што ги нуди ПОРТА 3 остојат места за кои се вели дека изгледаат како од разгледница, затоа што се нестварни, величествени, едноставно совршени. Едно од таквите места е Алјаска, држава која се наоѓа на крајниот север на Америка, а која претставува мелем за очите, но и за душата. Најголемата американска држава се смета за еден од главните туристички центри во Америка. За странците, Алјаска изгледа како недопрен масив, каде зимата со право е

П

58

ПОРТА

30 мај 2022

главна. Патниците од различни делови на светот доаѓаат овде за авантура и комуникација со недопрената природа чија убавина остава неизбришлив впечаток. Алјаска има oсум национални паркови. Денали, веројатно е најпознатиот национален парк и резерват на Алјаска, барем за љубителите на природата. Дивиот свет во овој парк е разновиден и видлив, планините се големи, а колку подалеку се патува, толку повеќе се отвора субарктичкиот пејзаж. Денали е голема област со недопрена природа, алпска тундра и тајга. Паркот е

оддалечен на околу 320 километри јужно од арктичкиот круг, во субарктичката зона. Националниот парк и резерватот на природата Денели го опфаќаат самото срце на планинска Алјаска, но и големи површини со ниски ридови и мочурливи рамнини кои лежат северно од планините. Формирани се во 1980 година на местото на поранешниот национален парк Мекинли (основан во 1917 година) и на дополнителна површина од 16.590 квадратни километри. Така, паркот денес има површина од 19.187 квадратни километри со дополнителни 5.400 квадратни километри. Во 1976 година УНЕСКО го


прогласил паркот за резерват на биосферата. Националниот парк Денали не е за плашливи - тука треба да се биде во контакт со внатрешниот Бак (Џек Лондон) за навистина да се запознаат сите можности што ги нуди. Тоа се недопрената природа и пејзажите што го одземаат здивот. Алјаска е едно од местата на планетата Земја каде што станува многу јасно колку е човекот мал во споредба со големината и разновидноста на природата. Затоа Денали е посебна дестинација, каде што се откриваат уникатни пејзажи, поинаков живот и уникатно лично искуство. Националниот парк се наоѓа во внатрешноста на оваа земја, а негова најголема атракција е високата планина Макинели, попозната како Денали, што во буквален превод од еден од индијанските јазици значи „Висока“. Имено, врвот на оваа планина се наоѓа на надморска височина од 6.194 м, што ја прави највисоката планина во Северна Америка. Затоа, не е изненадувачки што планинарењето, скијањето и кампувањето, како и возењето со санки што ги влечат кучиња се популарни во текот на целата година. Во текот на годината овој парк во просек го посетуваат 40.000 луѓе. Шетајќи низ паркот, веројатно се чекори по патеките по кои луѓето оделе во последното ледено доба пред 12.000 години. Најниската точка на овој парк се наоѓа на 61 метар надморска височина, има 12.200 езера/бари и 30.000 километри потоци. Паркот Денали нуди можност да се видат

глечери, но има и посебна можност да се види глечерската пукнатина „Great Gorge“ длабока 1.158,24 метри. Флората и фауната се најголемите богатства на овој парк. Најголем дел од современите сознанија што ги имаме за однесувањето на волците потекнуваат од овој парк, иако волците ретко

се гледаат затоа што се држат настрана од луѓето. Паркот е исто така и дом на гризлија, лосови и карибуа (вид ирваси), но има и посебен жител. Станува збор за жаба „wood frog“ - животно кое е способно да го запре отчукувањето на срцето, да престане да дише и целосно да замрзне во текот на зимата, но

30 мај 2022

ПОРТА

59


повторно оживува кога ќе дојде пролетта. Wood frog е вистински претставник на паркот Денали - природа која целосно застанува, исчезнува под снегот, се

ПОРТА

повлекува пред зимата, па до пролетта кога сè почнува да се буди, да цвета, да расте и повторно да се раѓа во сета големина на мајката природа.

Едни од главните атракции на паркот се езерото Поткове, чија живописна панорама во заднината на висорамнината ги воодушевува сите гости. На реката Танана, на почетокот на 20 век, се случувале главните настани на „златната треска“. Климата во ледената речна долина од мај до октомври е исклучително сурова, но воздржаната природна убавина привлекува милиони туристи. Местата за набљудување Reflection Pond, Primrose Ridge, Sable Pass се одлични за да се видат мечки. Нудат фантастично убави глетки кои никого нема да остават рамнодушен, а добиените фотографии ќе ги демонстрираат волшебните пејзажи на Алјаска. Но, како што велат туристите, ниту една фотографија не може потполно да го пренесе чувството на она што го виделе во резерватот. Глечерските езера Chilchukabena и Wonder со бистра вода и единствена атмосфера на единство со природата не може да се заборават. Интересни се и флората и фауната. Во текот на краткото лето, во паркот никнуваат повеќе од 1.500 видови растенија, вклучувајќи и 430 видови цвеќиња. Во долините на реките расте тајга, шуми од смрека, топола и бреза. Над зоната на раст на дрвјата се простира зоната на тундра каде растат растенија приспособени на кратка вегетација; ниски грмушки, ситни полски цвеќиња, боровинки и алпска трева. Овде зимите се долги и студени, обично траат од крајот на септември до април. Температурите во најстудените месеци може да се спуштат и под -18 степени Целзиусови, и тоа на подолго време, а може да паднат и до -40 степени Целзиусови за време на студените ноќи. Летата се кратки и свежи, почнуваат од крајот на мај и траат до почетокот на септември, со просечни температури околу 24 степени Целзиусови во период на најтоплите денови. Снегот може да падне во кој било месец, а во зима најмногу паѓа на јужните падини на масивот Алјаска. Температурите, како и секаде, се


намалуваат со надморската височина, така што дневните температурни разлики може да бидат екстремни, особено во зимските месеци. Чуварите на паркот Денали постојано вложуваат напор за да ги задржат дивите животни во дивината ограничувајќи ја интеракцијата помеѓу луѓето и животните во паркот. Хранењето на кое било животно е строго забрането, бидејќи може да предизвика негативни ефекти врз нивните навики за хранење. Посетителите се охрабруваат да ги гледаат животните од безбедни растојанија. Во август 2012 година, паркот го доживеа својот прв познат фатален напад на мечка, кога осамен планинар очигледно преплашил голем мажјак гризли додека го фотографирал. Анализата на сцената и камерата на планинарот силно сугерирале дека ги прекршил прописите на паркот во однос на средбите со мечки. Одредени области на паркот честопати се затворени поради невообичаена активност на дивиот свет. n

30 мај 2022

ПОРТА

61


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.