Porta3 166

Page 63

најчудни градби

Mост кој ве шета по облаците в

о оваа рубрика сме пишувале и порано за интересни мостови, но тоа најчесто сме го правеле од аспект на невозможните факти и податоци, должината, уникатноста и слично. Овој пат ви нудиме мост, кој слободно може да се именува не само како најчудниот мост на светот туку и како најстрашниот, но во исто време и мост кој ви го одзема здивот. Се наоѓа во областа Лангкави во едно ориентално село, во шумскиот предел на планината Мат Чингшанг во Малезија. Името му е „небесен мост“ и тој најдобро ја отсликува секоја импресија за секоја фотографија на која е претставен. Чуден е не само затоа што се наоѓа во шума, не само затоа што е пешачки, туку и затоа што тој е поддржан од само еден челичен столб. Се наоѓа на височина од 700 метри над земјата и е со должина од 125 метри. Чуден е и застрашувачки бидејќи нема права линија туку напротив, има полукружна форма. Патеката за пешаците има широчина од 1,8 метри, а на двата краја на мостот се наоѓаат триаголни платформи. Со полукружната форма тој нуди неверојатен поглед од цели 360 степени кон Андамановото Море од островот Пулау Лангкави. Тој е избран меѓу петте мостови низ светот со епитет „страшни“. Интересно е што до мостот се доаѓа и преку жичарница. Ова е воедно втората највисока кота во Малезија. Мостот е пуштен како туристичка атракција во 2005 година. Драган Ристов

3

23 септември 2011 ПОРТА

63


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.