Page 1

ТЕНДЕРОТ ЗА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА ГИ РАЗБРАНУВА ГРАДЕЖНИЦИТЕ

ГРАДИТЕЛСКО СВЕДОШТВО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Архитектура која го обвиткува телото

90 денари / БРОЈ 166 / ПЕТОК 23.09.2011 година VII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ПЕТ ЧЕКОРИ НА ПАТОТ ДО „КОМУНИЗАМ“ НА РАБОТНОТО МЕСТО?


БРОЈ 166 ПЕТОК 23.09.2011

ГОДИНА VII Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, издигне од морето „модерни згради" што никнуваат на секој чекор, а кој истовремено ќе биде свеж, провокативен и функционален? Мода и архитектура. Како што дизајнерите ја обликуваат ткаенината за да ги следи облите структури на човековата фигура, одредени архитекти ја третираат обвивката на објектот и нејзината структура како единство за создавање на волуметриска форма преку кројачки техники. Пет чекори на патот до „комунизам“ на работното место. Што велат британските искуства? Во приватниот и во јавниот сектор се инвестираат финансиски средства за да се трансформираат работните места во рамките на организацијата, а со цел да се реализираат долгорочни заштеди врз основа на кои ќе се стане или поконкурентен или пак, ќе се намалат трошоците на работењето и ќе се зголемат шансите за опстанок во наредниот период.

ИНФО 06

ТЕНДЕРОТ ЗА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА ГИ РАЗБРАНУВА ГРАДЕЖНИЦИТЕ

ОД РЕДАКЦИЈАТА

Насловна страница: ФОАЈЕ НА МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ВО МИЛВОКИ, ВИСКОНСИН, САД ТЕНДЕРОТ ЗА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА ГИ РАЗБРАНУВА ГРАДЕЖНИЦИТЕ

ГРАДИТЕЛСКО СВЕДОШТВО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Архитектура која го обвиткува телото ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 166 / ПЕТОК 23.09.2011 година VII

Во овој број на Порта3 посветуваме внимание на музејската архитектура, кај нас и надвор од Македонија. Градителско сведоштво за следните генерации. Така го опишуваат авторите проектот „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“. Велат дека „Инспирацијата од своето минато и од своето историско не може да ја увезете, да ја донесете и да ја пренесете, бидејќи таа е тука, околу нас и заедно со нас. Единствено што ви преостанува е само да ја почувствувате и да ја откриете. Архитектура заради уметност е првиот текст од серијата посветена на современата музејска архитектура. Им се восхитуваме на Седумте чуда на Стариот свет, на генијалноста на античките архитекти и нивното визионерство, нивната решеност да создадат нешто што не било видено дотогаш... Се чини дека тој сон е вечен и подеднакво присутен низ сите епохи на човештвото, особено денес, со неверојатниот напредок на техниката и технологијата. Но, денес токму во тоа е проблемот: како да се создаде објект кој ќе се

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

ПЕТ ЧЕКОРИ НА ПАТОТ ДО „КОМУНИЗАМ“ НА РАБОТНОТО МЕСТО?

aвтор: САНТЈАГО КАЛАТРАВА

ГРАДИТЕЛСКО СВЕДОШТВО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

48

Телефон: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

22 32

АРХИТЕКТУРА КОЈА ГО ОБВИТКУВА ТЕЛОТО

Печати: Европа92 - Кочани

ЕНТЕРИЕР 42

ТЕХНОЛОГИИ 48

AUTODESK UNIVERSITY 2011 - НАЈВАЖНИОТ НАСТАН ВО ГОДИНАТА

ЕКСПЕРТ 50

ПЕТ ЧЕКОРИ НА ПАТОТ ДО „КОМУНИЗАМ“ НА РАБОТНОТО МЕСТО?

фоторепортер: Кире ПОПОВ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

АРХИТЕКТУРА И МОДА 32

АПОТКРОВЈЕ - КОЛКУ ДОБРО ЗВУЧИ

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

ГРАДЕЖНИШТВО 14

АРХИТЕКТУРА 18

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

лектор: Костадинка СОЛЕВА

18

ИДЕЕН ПРОЕКТ НА ДЕЛНИЦА ОД МАГИСТРАЛЕН ПАТ КОСЕЛ–ОХРИД–СВ.НАУМ

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Леонида Пенка БАША

42 50

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


инфо ТендероТ за делницаТа демир Капија - СмоКвица ги разбранува градежнициТе сторијата со меѓународните тендери за изградба на патишта во државава се повторува. Македонските градежни компании засега остануваат со празни раце од тендерот за изградба на делница од автопатот од Демир Капија до Смоквица, чија вредност се проценува околу 250 милиони евра. И овој пат домашните градежници реагираат пост фестум, откако се познати условите за него, иако знаеја дека се подготвува и дека треба да реагираат и притискаат врз владата околу условите, да направи нешто тие да бидат прифатливи и за нашите компании уште пред тие да се обзнанат. Вревата што се крева сега, требаше да биде крената многу поодамна. Да не бидат оставени на раат некои министри за да ги имаат постојано предвид потребите на домашните фирми. Токму затоа лесно се дава одговорот од владата дека условите на тендерот ги одредува Европската комисија, со оглед на тоа што парите за изградба на автопатот се заем од Европската банка за обнова и развој. Според Министерството за транспорт и врски,

И

Минатото се повторува

Домашните градежници реагираат на условите на тендерот со кој се затворени вратите за нашите компании. Вревата што се крева сега, требаше да биде крената многу поодамна македонските институции се немоќни да влијаат врз условите, така што на домашните фирми им преостанува да се пријават на тендерот доколку формираат конзорциум со некоја од компаниите што ги исполнува условите. Од Синдикатот за градежништво сметаат дека поради високите услови на јавниот оглас, работата ќе ја добие странска човек-фирма, која ќе ангажира македонски градежници на црно и ќе ги избегнува давачките кон државата. - Многу сме разочарани што домашните градежни фирми се елиминирани уште на почетокот. Ние не бараме на тендерот да се избере домашна компанија по секоја цена, туку да им се даде можност да учествуваат. А понатаму, нека победи таа фирма што ќе понуди најниска цена - вели претседателот на Синдикатот за градежништво Павел Трендафилов. Ниту една домашна компанија не ги исполнува условите - да има реализиран 6

ПОРТА

3

23 септември 2011

влада: ќе се обидеме „Владата ќе се обиде да ги измени критериумите од тендерот, но тоа тешко ќе оди“, изјави во врска со тендерот вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски. Тој вели дека менувањето на критериумите ќе оди тешко бидејќи тука главна улога игра Европската банка за обнова и развој, која го финансира проектот и ги пропишува критериумите. Знаеме дека е подобро тендерот да го добие домашна фирма. Тој се надева дека која било компанија да го добие проектот, на него ќе работат и домашни градежни фирми.

проект вреден 250 милиони евра, и да има годишен обрт од 150 милиони евра во последниве три години. Овие услови не може да се исполнат дури и да се здружат две или повеќе домашни компании. Според Трендафилов, вака скроениот тендер отвора сомнеж дека е однапред скроен за конкретна странска компанија. Донекаде олеснувачка околност е што веќе било прифатено барањето на синдикатот 70 отсто од работите да се изведуваат со механизација и работници на самата фирма што ќе победи на тендерот, а не со подизведувачи. Тој смета дека ова ќе ги спречи странските фирми да ангажираат македонски градежни компании како подизведувачи, што во минатото се покажа како добитна комбинација за странците. Имено, тие ги добиваат тендерите нудејќи ниски цени, а потоа ангажираат македонски фирми за да ја завршат целата работа, плаќајќи ги минимално работниците. Ако се обврзани да ангажираат свои работници и механизација, односно да ги донесат од странство, тоа ќе ја крене цената. Како таа ќе донесе механизација и човечки ресурси и финансиски ќе го покрие тоа, кога ќе треба ангажман на околу 2.000 работници? Во Синдикатот сè уште се свежи сеќавањата за изградбата на

обиколницата околу Скопје, која ја доби грчката компанија „Терна“ и со автопатот од Табановце до Куманово што го градеше словенечката „Алпине“. - „Алпине“ го доби тендерот за автопатот, а за сите работи ја ангажираше фирмата „Маврово инженеринг“, која половина година не можеше да си ги наплати парите. „Терна“ ја доби работата на обиколницата со пет работници, еден камион и багер, а потоа целата работа ја заврши „Бетон“. Нашиот „Гранит“ ги изгради автопатиштата низ Хрватска и Украина, а не е добар да гради кај нас вели Трендафилов. Овде, за волја на вистината треба да се каже дека за обиколницата околу Скопје вина имаат и нашите компании, кои не седнаа убаво да се договорат за заеднички настап на тендерот, па лицитираа секоја за себе, и ги уриваа цените, а работата ја зеде „Терна“, која подоцна ангажираше некои од нив како подизведувачи. А сите тие „молеа“ за таква разврска. Во најновиот тендер се работи за најтешката, последна автопатска делница од Коридорот 10, која според најавите ќе се гради најмалку пет до шест години. Тендерот за Демир Капија - Смоквица беше распишан на 31 август, а ќе трае до 6 декември оваа година.


инфо Сеуште губите време во објаснување на Вашите клиенти за Вашата локација Контакт: Тел: +3892 / 6090 - 671 Моб: +38978 / 330 - 313 contact@directorium.mk Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

3

23 септември 2011 ПОРТА

7


инфо

14. меѓународен Симпозиум на дгкм

Современи инфраСтруктурни доСтигнувања Друштвото на градежните конструктори на Македонија не сопира во потрагата по актуелни и прогресивни теми. Инфраструктурата и нејзините современи достигнувања ќе доминираат на 14. Меѓународен симпозиум на ДГКМ, кој ќе се одржи од 28 септември до 1 октомври во Струга, крај брегот на Охридското Езеро. Карактеристика на овогодишниот симпозиум ќе биде присуството на голем број повикани предавачи од странство. Тие пред учесниците на симпозиумот ќе одржат единаесет предавања, споделувајќи го со нив своето искуство, сознанија и достигнувања во разни инфраструктурни објекти и области. Честа да ги воведе учесниците во расправите ќе ја има професорот Јуре Радиќ од Градежниот факултет во Загреб. Наредните денови пред учесниците ќе зборуваат и д-р Марк Александар Аренс и професорот Рудигер Хофер, обајцата од РУР Универзитетот во Бохум. Првиот, за одржувањето на бетонските мостови од реанализа до прогнозирање на експлоатациониот век, а вториот, за динамичките влијанија на покривните конструкции и трибини на модерните фудбалски стадиони. Покрај нив, свои предавања ќе имаат и Џовани Кривели од Швајцарија, д-р Доменико Мациња од Швајцарија, Ангел Марк Серечи од компанијата „Дигитекс“, Виктор Маркељ од Словенија, проф д-р Матеј Фишингер од Факултетот за градежништво и геодезија од Љубљана и учесниците од Грција Јоанис Коутрос и д-р Панајотис Панецос. Симпозиумот ќе има 10 сесии на кои ќе излагаат и другите учесници.

СРЕДА 28 Септември 2011

16:00 – 16:30

Регистрација ОТВОРАЊЕ НА СИМПОЗИУМОТ + ПОВИКАНО ПРЕДАВАЊЕ [1] Коктел Пауза за ручек ПОВИКАНО ПРЕДАВАЊЕ [2]

16:30 – 17:30

СЕСИЈА [1]

17:30 – 18:00

Кафе пауза ПОВИКАНО ПРЕДАВАЊЕ [3]

08:00 – 18:00 11:00 – 12:30 12:30 – 13:30 13:30 – 16:00

18:00 – 18:30 18:30 – 19:30 20:00 8

ПОРТА

3

СЕСИЈА [2]

Вечера 23 септември 2011

ЧЕТВРТОК 29 Септември 2011 09:00 – 09:30

Регистрација ПОВИКАНО ПРЕДАВАЊЕ [4]

09:30 – 11:00

СЕСИЈА [3]

11:00 – 11:30 11:30 – 12:00

Кафе пауза ПОВИКАНО ПРЕДАВАЊЕ [5]

12:00 – 13:30

СЕСИЈА [4]

13:30 – 16:00 16:00 – 16:30

Пауза за ручек ПОВИКАНО ПРЕДАВАЊЕ [6]

16:30 – 17:30

СЕСИЈА [5]

17:30 – 18:00 18:00 – 18:30

Кафе пауза ПОВИКАНО ПРЕДАВАЊЕ [7]

18:30 – 19:30

СЕСИЈА [6]

09:00 – 18:00

20:00

Вечера + Конструкторски идол


инфо инфраСтруктура

одржување на СопСтвен инженерСки идентитет Ако после 35-годишна активност, треба да ја издвојам најсуштествената карактеристика која го детерминира дејствувањето на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ), без двоумење би се определил за неговата актуелност и прогресивност. Кога делбите во регионот беа во полн ек, Друштвото беше промотор и носител на напредни идеи за заеднички меѓудржавни регионални проекти. Во време на затворени граници и длабоки изолации, цврсто уверени дека само отвореност и споделување на идеи и знаења со колегите од развиениот свет води кон вистински прогрес, негувавме соработка со експерти од Англија, Германија, Италија, Канада, САД, Австралија, Бразил, Франција и др. Во овој период, ова сакам особено да го истакнам, симпозиумите на Друштвото беа една од ретките можности каде македонските градежни конструктори можеа да ги презентираат своите научни и стручни достигнувања... Кога Еврокодовите беа во својот зародиш дури и во земјите на тогашната Европска заедница, ДГКМ организираше симпозиуми на кои главна тема беше токму новата европска регулатива. Чувствувајќи ги негативните транзициони процеси во образованието, едни од првите проговоривме за

улогата и значењето на знаењето во градежното конструкторство ... Така е и овој пат. ИНФРАСТРУКТУРАТА, поради својата актуелност и многукратно значење, е избрана за главна тема на 14. Mеѓународен симпозиум кој ќе се одржи од 28 септември до 1 октомври во хотелот Дрим во Струга. ИНФРАСТРУКТУРАТА е во нераскинлива, интерактивна врска со градежното конструкторство. Инфраструктурните објекти со својата сложеност и комплексност поттикнуваат и обезбедуваат. Поттикнуваат продлабочено учење, покомплексно знаење, вистинско истражување, постојана умствена активност, усовршување, вложување, технолошки развој..... Oбезбедуваат услови за

формирање и одржување на сопствен инженерски идентитет, изградба и надградба на свој стручен потенцијал, стручна независност, рамноправно присуство на глобализираниот пазар. Претпоставувам дека нема да се дозволи македонските градежни конструктори да бидат сведени единствено на еден вид провинциски инженери, оспособени само за проектирање и изведба на локални пет-шест катници. ДГКМ претседател проф. д-р Горан Марковски


„Куќа од сништата на

Роџер“

М

инатата сабота, над илјада посетители имаа можност на влезот во Скопје да присуствуваат на отворањето на едно мошне впечатливо здание. Станува збор за објектот музички град „Роџер пијано“. Негов сопственик е Зоран Илиев-Роџер. Тој истовремено е и автор на проектот на зданието. Објектот е граден неколку години со средства на сопственикот и негов партнер. Иако на прв поглед се чини дека тој е целосно завршен, има најави дека градителските потфати на Роџер на тој објект ќе продолжат. За многумина присутни цело време лебдеше дилемата - кич или архитектонска уметност. Но, ако истото тоа се вели и за проектот „Скопје 2014“, граден со пари од граѓаните, тогаш за „Роџер Пијано“ во кој се вложени лични пари, има и оправдување. Самиот Илиев во една поранешна изјава рече дека во своите сонови има куќи кои сака да ги изгради. Оттука и ова здание може да се сфати како „Куќа од сништата на Роџер“. Некои по-

10

ПОРТА

3

23 септември 2011

знати архитектонски фаци си земаат слобода да споредат со градбите на модернистот, големиот архитект Антонио Гауди. Други се потсмеваат. Како и да е, музичкиот град „Роџер пијано“ се претстави со сиот свој сјај. Сега може да почне сезоната на венчавки во него. Кај нас има луѓе на

кои им е потребен токму ваков амбиент и, веројатно, соодветни цени за да го одбележат првиот чекор во брачните води. Ним на располагање им се нуди ресторан и ентериер што привлекува. Првиот голем настан што ќе се организира овде е изборот на „Мис на Македонија 2011“.


скопје нови згради на меСтото на Старото градСко јадро

Маџирмаалци поделени околу урбанистичкиот план

Ж

ителите на Маџир маало конечно добија можност да видат што предвидува Деталниот урбанистички план да се прави на местото од нивните куќи. А планот предвидува згради со шест ката, подземно паркирање во рамките на секоја градежна парцела и нова канализација. Ова е план кој жителите го чекаат повеќе од пет децении. За сево ова време живеат во керпич-куќи, во соби со влага и глувци кои шетаат по дворовите. Многумина куќите си ги доградија за кат, два, но сето тоа е на диво, поради тоа што со децении општина Центар не најде соодветни урбанистички решенија за овој локалитет, односно граѓаните ги остави без план, во супстандардна реалност. Јавната анкета за планот прво беше одложена поради несоодветни услови за презентација на решенијата на граѓаните, но сепак се одржа во краток рок. А, маџирмаалци поделени во мислењата за планот. Предвидената катност П+5 ката е голема. Очигледно е дека се работи за задоволување на интересите на некои инвеститори, таканаречени тајкуни, за кои повисоките згради

значат и повеќе пари, бидејќи ќе имаат за продавање некој стан повеќе, беа мислењата на некои жители. Други, пак, изразија надеж дека конечно со донесувањето на овој план ќе се направи чекор напред кон решавањето на нивните долгогодишни проблеми. Сакам да добијам право да градам, да продавам и да купувам. Ги плаќам редовно давачките кон државата и премногу е некој 50 години

да ме лаже, беше ставот на друг маџирмаалец. Во Нацрт-планот за Маџир Маало, наместо куќите е предвиден простор за станбени згради, голем трговски центар и црква, а е задржана и трасата на булеварот Крушевска република, кој ќе минува среде маалото. Токму трасата на овој булевар, кој е дел од неизградената примарна сообраќајна мрежа од градски автопати и е од исклучително значење за идниот развој на Скопје, беше еден од камените на кој и на јавната анкета се сопнуваа маџирмаалци. Поради заштитата како амбиентална целина, со цел маалото да остане, имаше обид во Генералниот урбанистички план да се измени трасата на булеварот и тој да се помести до Транспортниот центар, но тоа не успеа. За изградба на булеварот треба да се урнат 20-ина куќи. Но, тоа е идеја од 1964 година, а досега ниедна власт не ја реализираше. Поради тоа граѓаните сметаат дека е време трасата да се тргне, како од Генералниот план на Скопје така и од оној за Маџир Маало. А на жителите да им се овозможи сами да си ја кројат судбината на своите објекти, да не чекаат државата да ги обесштетува за сообраќајници. Планот предвидува колективно домување со здружување на повеќе помали катастарски парцели, односно згради со приземје и пет ката, со максимално дозволена висина од 19 и 20 метри. По должина на булеварот Кузман Јосифовски Питу, од Транспортниот центар до комплексот банки, е предвиден комерцијален објект со повеќе намени, исто со висина од 20 метри. Во средиштето на маалото е вцртана маркичка за црква, а паркирањето е подземно, во рамките на секоја градежна парцела. Во планот се предвидени 450 жители на еден хектар и 30 проценти зеленило во рамките на една градежна парцела, што ќе биде доволно ако паркирањето биде под земја. Опфатот на планот изнесува 18,63 хектари. К.С.Т.

23 септември 2011 ПОРТА

3

11


градежништво нови брани и хидроелектрани во македонија (2)

Искористување на расположивиот хидроенергетски потенцијал На годишно ниво, ХЕ„Чебрен“ ќе произведува 840,3 GWh електрична енергија, ХЕ„БошковМост“ 117 GWh, додека ХЕ „Галиште“ 262,5 GWh енергија БОШКОВ МОСТ Хидроелектраната „Бошков мост“, со доводните и одводните органи и машинската постројка, се наоѓа во западните предели на Македонија, во близина на ХЕ „Шпилје“, односно во близина на Дебар. Таа е типично деривациона постројка каде се зафаќаат водите од Мала Река, која се влива во Радика на 10 километри спротивно од вливот на Радика во Црн Дрим.

Се предвидува изградба на брана и формирање на акумулација, зафати на сите потоци од сливот на Мала Река, деривациони канали, тунел, цевковод и машинска зграда. Браната е предвидена на самото устие на Јадовска Река во Тресонечка Река, под селото Тресонче. Браната е висока 33 метри и овозможува корисен простор на акумулацијата од 858х103 m3, што претставува 12

ПОРТА

3

23 септември 2011

Изглед на браната со акумулацијата „Бошков Мост“

Изглед на хидроелектраната „Бошков Мост“

акумулирање на вода за неколку дена. Од акумулацијата до електраната ќе води тунел долг 8,742 m. Доводниот тунел завршува со водостан. Водите од водостанот преку два челични цевководи се водат до агрегатите во машинската зграда. Во машинската зграда ќе се вградат два агрегата со Францис турбини со моќност 2х34 MW. Годишното производство е 117 GWh електрична енергија.

ЧЕБРЕН Преградното место Чебрен се наоѓа на Црна Река, оддалечено 81 километар спротивно од нејзиното устие во реката Вардар, во близина на селото Манастир, а околу седум километри спротивно од Расимбегов Мост, во клисурниот дел на Црна Река. Самото преградно место на ХЕ „Чебрен“ претставува најтесен дел на речното корито на Црна Река во близина на селото Манастир со погодни топографски, геолошки и геотехнички карактеристики кои овозможуваат изградба на висока брана - 192,50 метри и формирање на акумулација со волумен од 915 милиони м3. ХЕ „Чебрен“ е лоцирана блиску до браната на брегот од реката, со разводна постројка блиску до машинската зграда. Таа е проектирана со реверзибилни агрегати и со инсталирана моќ-

ност од 332,8 MW во турбински режим и 347,3 MW во пумпен режим. Низводно од браната „Чебрен“ се предвидува изградба на мала брана „Орлов камен“, за подобра работа на реверзибилните агрегати на ХЕ „Чебрен“. ХЕ „Чебрен“ ќе работи како вршна електрана, при што волуменот на акумулацијата дозволува сезонско префрлање на протекувањата на вода. Во согласност со анализите, ХЕ „Чебрен“ годишно ќе произведува 840,3 GWh, а годишната потрошувачка за пумпање на водата е 785,60 GWh. Браната ќе биде бетонска лачна со конструктивна висина од 192,50 метри, должина во круната на браната е 500 метри, а волуменот на браната 1.214.706 м3 бетон. Вкупниот волумен на акумулацијата ќе биде 915х106 м3 вода

Брана „Чебрен“ попречен пресек


градежништво ГАлИШТЕ Со водостопанското решение за искористување на водите на Црна Река во нејзиниот средишен и долен тек се предвидува тие да бидат искористени за енергетско-мелиоративни цели. Овој потег од речниот тек има природни услови за подигање високи прегради и формирање на акумулации, кои ќе овозможат расположивиот пад да се искористи енергетски, а ќе се создаде можност за наводнување на просторните површини во Тиквешкиот регион. Концепцијата за искористување на Црна Река од Скочивир до вливот на Црна Река во Вардар, предвидува фор-

мирање на три акумулации: „Чебрен“, „Галиште“ и „Тиквеш“. Од расположивиот потенцијал на Црна Река, досега е искористен, преку изградба на високата брана „Тиквеш“, само долниот дел од клисурниот потег на Црна Река. Спротивните акумулации „Галиште“ и „Чебрен“ имаат исклучиво енергетско значење, со услови за формирање на големи акумулации, посебно акумулацијата „Чебрен“ и за израмнување на протечните води на Црна Река, се со цел за нивно целосно искористување. Преградното место Галиште, кое е во средишниот дел на клисурниот потег на Црна Река, се наоѓа на самиот поче-

ток на постојната акумулација „Тиквеш“, односно 54 километри спротивно од вливот на Црна Река во реката Вардар. Профилот на кој се предвидува подигање на висока брана е одбран врз основа на поволните топографски и инженерско-геолошки и геотехнички услови. Со изградба на браната „Галиште“ ќе се формира акумулација со вкупен волумен од 344 х106 м3. Хидроенергетската постројка „Галиште“ е предвидена како прибранска. Високата брана се предвидува да биде од типот камено-насипана со централно глинено јадро.

ХЕ „Галиште“ е проектирана со конвенционални агрегати и со инсталирана моќност од 193,5 MW, а ќе работи како вршна електрана, при што волуменот на акумулацијата дозволува сезонско префрлање на протекувањата на вода. ХЕ „Галиште“ годишно ќе произведува 262,5 GWh енергија. Браната ќе биде со конструктивна висина од 141,50 метри, должина во круната на браната е 477 метри, а волуменот на браната 7.380.350 м3 материјал. Вкупниот волумен на акумулацијата ќе биде 344х106 м3 вода. м-р Славко МилевСКи, дипл. град. инж.

Попречен пресек на браната „Галиште“камено насипна


градежништво

дипломСка работа

Идеен проект на делница од магист

И

зборот за изработка на дипломска работа од областа на проектирање патишта и патни јазли, ја донесов од една едноставна причина - запознавање со процесот на проектирање и изработка на проект кој ќе претставува оптимално техничко, економско, сообраќајно и просторно решение со сите негови содржини. Одлуката ја донесов во консултација со мојот ментор проф. д-р Радојка Дончева, редовен професор на Катедрата за патишта при Градежниот факултет во Скопје. Целта на оваа дипломска работа беше да се изработи идејно решение, кое ќе опфати повеќе сегменти од проектирањето, односно да се проектира делница од

14

ПОРТА

3

23 септември 2011

магистрален пат во должина од пет километри и соодветен патен јазол на неа. Проектот е изработен со помош на софтверскиот пакет CGS Plateia, кој од 2009 година е интегриран во наставната програма за потребите на катедрите за патишта и железници. Би сакал да истакнам дека инсталацијата на ваков софтверски пакет, земајќи го предвид моето искуство при изготување на дипломската работа, е од големо значење за студентите, и можност школувањето да го завршат како подготвен и стручен кадар.

ПРОЕКТНИ ЦЕлИ Содржински, дипломската работа опфаќа: проектна задача, технички извештај, геолошки подлоги и карактеристики, проектни елементи, си-

туационо решение, надолжен профил, типски напречни профили и детали и карактеристични напречни профили. Проектната задача е дефинирана од потребите кои произлегуваат во фазата Идеен проект и во истата се бара: 1) проектирање на делница од магистрален пат Косел-ОхридСв.Наум од км 26+024.46 до км 31+141.70 и 2) проектирање на патен јазол на крстосување на магистрален пат Косел-Охрид-Св.Наум и постојниот регионален пат Р504, кој води кон населено место Трпејца и новопроектиран Царински терминал. Како основа за изработка на предметната проектна документација се

користени сите расположливи информации и подлоги, неопходни за процесот на проектирање. Користена е соодветна важечка техничка и законска регулатива, односно постапувано е по Правилникот за технички нормативи, Закон за патишта, Закон за безбедност во сообраќајот, итн. Користени се климатско-хидролошки подлоги, кои се репрезент на хидро-метереолошките промени и состојби во разгледуваниот регион. Ваквите подлоги се особено важни за патната инфраструктура, бидејќи ја дефинираат средината во која се градат патиштата и во која се одвива сообраќајот, и истите имаат влијание како при изградбата така и во текот на екплоатација на патната инфраструктура. Начелните сознанија за оцената на инженерско-гео-


градежништво

стрален пат Косел–Охрид–Св.Наум лошките и геотехничките карактеристики на теренот долж трасата се добиени од извештај од инженерско-геолошката проспекција на теренот изработена во рамките на предпроект. Резултатите документирани во овој извештај се користени за водење на трасата со нејзино приспособување кон дефинираните средини, за дефинирање на попречните профили, за димензионирање на коловозната конструкција, итн. Исто така, дефинирањето на сообраќајните основи е од примарна важност за изработка на идејниот проект, бидејќи истите претставуваат причина и потреба за неговата изработка, односно густината на сообраќајот во планскиот период е основа за одредување на рангот и класата на патот, а класата на патот

и топографските карактеристики и ограничувања се двата влезни параметри за дефинирање на проектните услови и параметри. За изработка и презентација на техничките решенија се користени различни топографски подлоги во зависност од видот и содржината на графичките прилози. За дефинирање и презентација на хоризонталните решенија се користени ситуации оформени од расположливи геодетски планови М=1:2500 (скенирани и дигитализирани), дополнителни геодетски снимања со што е добиена една целина, односно тродимензионална геодетска ситуација приспособена за електронска обработка. По прибирањето на овие неопходни подлоги и информации е пристапено кон дефинирање на тех-

ничките карактеристики на предложената траса. Врз основа на утврдените појдовни критериуми (категорија на терен и сообраќајна категоризација), се дефинирани основните гранични елементи на трасата, односно граничните елементи во план и профил.

СПЕЦИФИЧНОСТИ За генерално дефинирање на напречните профили на трасата се изработени нормални напречни профили во М=1:50 како типски решенија со кои се опфатени сите застапени облици на трасата, групирани во зависност од граничните елементи во план и профил. Разработени се разни облици на типските решенија, кои се застапени (насип, ископ, засек) во правец и

кривина со разни специфичности во однос на коловозната конструкција. Во тој контекст, соодветно се дефинирани облиците за оформување, осигурување и заштита на трупот од патот (степенасти засеци под насипите во стрмните падини, берми во ископ и насип и други). Специфичните детали од нормалните напречни профили се приложени во зголемен размер М=1:10 и М=1:20, како конструктивни решенија за горниот и долниот строј, со детали на посебните елементи и инсталации за одводнување на коловозните површини и трупот на патот (канавки, риголи, дренажи, каналети и слично.) Како појдовна точка за дефинирање на хоризонталното решение (ситуационен план) на трасата се ко- 

23 септември 2011 ПОРТА

3

15


градежништво ристени севкупните претходно опишани основи и подлоги. Конструирањето на хоризонталниот ток на трасата и нејзиното микроприспособување кон актуелните просторни услови и можности, всушност претставува компромис помеѓу техничко-економските, просторните, функционалните, естетските и други карактеристики на трасата од една, и актуелните фактори на ограничувања што ги нуди теренот во кој се трасира од друга страна. Во консултација со менторот е извршено преиспитување на алтернативните решенија, и хоризонталниот ток на трасата е остварен со примена на гранични вредности во многу сложени теренски услови заради максимално приспособување кон теренот и сведување на вештачките објекти на минимум. Едно од решенијата е формирано со цел да се користи дел од постојниот пат, со што се врши подредување на магистралниот пат, па така е предложено ново решение каде нивелетата ќе минува преку поповолни места, од падината па сè до седлото што е избрано за најпогодно место за лоцирање на трасата од магистралниот пат. На постојниот пат Р501 е извршена девијација и нов локален приклучок на Р504 со натпатник (L=25m) над новиот магистрален пат кој е искористен и приспособен за формирање на денивелирана крстосница (патен јазол) во облик ТИП-Ромб. Патниот јазол во облик на несиметричен ромб е составен од четири директни рампи кои формираат две површински крстосници. Нивелационото решение (надолжен профил) на трасата е директно зависно од карактеристиките на теренот во кој е положена трасата, дефинирана со хоризонталното решение. Повлечени се правци на начин со кој се минимизираат насипите и ископите и се применуваат гранични дозволените елементи. Конструирани се соодветни вертикални кривини и се поставени објектите што се јавуваат долж трасата. Витоперењето на коловозот е извршено околу осовината на патот и согласно критериумите за предвидената проектна брзина. Посебно внимание е посветено на вклопување на нивелетите по рабовите на главниот коловоз со нивелетите на рампите во патниот јазол, во кои нивелета е водена по десниот раб во правец на сообраќајните движења. Меѓусеб16

ПОРТА

3

23 септември 2011


ните вкрстувања на рампите во патниот јазол се обележани на посебен начин со знаменце и наслов на вкрстосувањето. Предмерот на основните позиции пресметан е со планиметрирање на карактеристичните напречни профили, изработени согласно граничните елементи дефинирани во нормалните напречни профили во М=1:100, и во континуитет долж трасата. Останатите позиции од предмерот се преземени од збирните вредности во табелите или дополнително се пресметани, врз основа на линиските вредности од останатите графички прилози. Предмерот на патниот јазол е оформен врз основа на искуствени податоци, и за него е земена ориентациона цена. Како заклучок, би сакал да истакнам дека изработката на оваа дипломска работа за мене лично е големо искуство, кое ми помогна во определбата за мојот понатамошен ангажман како градежен инженер. Перспективно гледано, градежништвото е во подем, а со самото тоа титулата градежен инженер е актуелна, модерна и привлечна за генерациите што доаѓаат.n Никола ТаСевСКи, дипл.град.инг. 23 септември 2011 ПОРТА

3

17


aрхитектура

ну „музеј на македонСката борба за државноСт и СамоСтојноСт“

Градителско сведоштво за Инспирацијата од своето минато не можете да ја увезете, да ја донесете и да ја пренесете, бидејќи таа е тука, околу нас и заедно со нас. Единствено што ви преостанува е само да ја почувствувате и да ја откриетe

И

маме среќа што се родивме, растевме, едуциравме и твориме во земја, каде што не би требало да чекориме тврдоглаво и насилно, туку со почит и одважност затоа што секоја педа од оваа земја е историја, или како што би рекол професорот Борис Чипан „на секој чекор се сопнуваме од остатоци од историјата“. На оваа историска ветрометина, каде што се сопнуваме од остатоци од историјата, каде што се случувале земјотреси, пожари, поплави, а богами и империјалистички злосторници. И таман кога се мислело дека докрај ќе надвладее лошото и деструктивното, остатоци на ехото на уништеното почнувале тивко и скромно да раѓаат една градителска песна, каде што од рака на рака како рефрените од песната, се подавал и превртувал уништениот

18

ПОРТА

3

23 септември 2011

камен, и од него се создавале поубави, посовремени и потрајни градби. Ваквата вонвременска рамнотежа можел да ја постигне само народот со својот колективен и изострен дух и осет за градење, како што е духот на нашиот народ. Историските и градителски плодови на нашиот народ не само што сведочат за едно минато време, туку и ден-денес предизвикуваат воодушевување и претставуваат вечна инспирација. Инспирацијата од своето минато и од своето историско не може да ја увезете, да ја донесете и да ја пренесете, бидејќи таа е тука, околу нас и заедно со нас. Единствено што ви преостанува е само да ја почувствувате и да ја откриете. Процесот на проектирање на Музејскиот комплекс „Македонска борба“, во кој се сместени Mузејот на ВМРО и Mузејот на жртвите од комунистичкиот режим, не започнува со парче хар-


aрхитектура

а идните генерации

тија, геометриска фигура и лист со архитектонско урбанистички услови. Кога ќе застанете на средината на локацијата каде што треба да никне објектот, кога ќе го почувствувате и доживеете амбиентот, тогаш можете да започнете да размислувате за проектирање. Сеедно од каде ќе започне перцепцијата, битно е истата да исцрта рамки и меѓи, бидејќи понекогаш инспирацијата може да биде безгранична и безвременска, а тогаш знае да биде непрактична и нерационална. Визурата од североисток е исполнета со Старата скопска чаршија, доминантните минариња и Даут пашиниот амам. Покрај чаршискиот живот, камените блокови од Матка и Свиларе се вградени во праговите и цоклите од дуќаните, идеално профилирани и вградени во цилиндрични форми на минарињата и успешно разбиени со по некој ред

печена тула на амамот. Така со благо поместување према југоисток, речиси нема да ја забележиме доминантната маса на елегантна парабола со рационална и строга симетрија, градена со истиот камен. Камениот мост вклопен во целокупниот амбиент е како дар од природата, а не дело на човекот. Преку ѕидовите на кејот на југ, завршуваме на северозапад со масивните камени бедеми на сувереното скопско Кале, на коешто најубавите форми од кулите, надпрозорници, скалници, венци, се од истиот материјал обработени во форми слични со околните објекти. И така, притеснети помеѓу кејските ѕидови на Вардар, Старата скопска чаршија и Даут пашиниот амам и помеѓу Камениот мост и скопското Кале, се чувствувате исполнето и благодарно, и не чувствувате никаква потреба креативната инспирација да ја збогатувате со источни тонирани стакла врамени во јако обоени алуминиумски профили. Како „Неимар инженеринг“, се трудевме да направиме, и мислиме дека успеавме да оформиме, складна правоаголна маса во сооднос 1:3, разбиена со дилатации на три волумени поставени во сооднос А:Б:А, со блага доминација на централниот (влезниот) волумен. Истите форми се елегантно распослани по течението на реката, паралелни и складни со камените маси од кејските ѕидови. Во подеталната разработка на фасадата ги задржавме основните геометриски принципи од Камениот мост рационална и строга симетрија со лачна секундарна композиција. Куполата и камените кружни (цилиндрични) столбови од влезната партија се препознатливи за амамот, како и за скоро сите верски и цивилни јавни објекти во Чаршијата. Преку доминантните двовисински форми на прозорците, лачните завршетоци на истите, слепите ниши како и првиот и доминацијата на завршниот богато профилиран венец, успеавме објектот да го втопиме како дел од визурата кон скопското Кале. Основен постулат не ни беше негација, и конкуренција на Скопската тврдина. Објектот е замислен да биде пешачка порта, попатна станица, и место за починка на релацијата од Плоштадот до Тврдината. Но сепак, каменот спаѓа во категорија

на ладните градежни материјали, и неопходно беше строго и симетрично поместените отвори на фасадата, врамени со богати камени профилации, да ги разбиеме со дабова столарија за нијанса позатемнета од основниот кремаст тон на фасадата.

ФУНКЦИЈА Влезната партија ја нагласивме со трем, не толку длабок колку со голем фронт, каде што главниот пристап го оформивме со блага рампа. Двата камени кружни тремски столбови ја врамуваат главната одна линија, и ја истакнуваат главната влезна врата во централниот хол. Централниот кубус е простор за заеднички функции: информации, мониторинг, гардероби, продавница, интерно бифе, дигитална библиотека, интернет клуб, сала со 280 седишта и администрација. Бидејќи тоа е простор кој со своите функции го опслужува основниот - музејски, и не може да биде конкуренција на истиот, си зедовме слобода малку поинаку да го третираме. Раскошен влезен портал изработен од дабово дрво со елегантна кованица нè води во централен цилиндричен волумен, којшто симетријата на просторот ја детерминира со подна розетна, оформена од концентрични кругови со стилизирани сончеви зраци, кои се изработени од пет различни нијанси на мермер со приближно иста структура. Завојните скали со својот конструктивен распон се инженерски предизвик, но идејата ни беше да ја експонираме нивната елегантна, завојна форма што претставува два концентрични кругови, чие теме е во центарот на подната розетна. Нивната обработка на оградите е со мермерни профилирани столбчиња и масивен профилиран мермерен раконаслон, кој како композиција продолжува на првата кружна галерија и се рефлектира и на втората. Кулминацијата со естетското обликување на централниот волумен завршува со витраж - идеја разработувана од сите аспекти скоро 3,5 години, и висечки лустер кој паѓа до првото ниво од галериите, а не е бариера за визурите од сите точки на кружните галерии. Бидејќи во еден од претходните броеви на „Порта3“ беше пишувано за идејното и уметничкото решение на вит-  23 септември 2011 ПОРТА

3

19


aрхитектура

20

ПОРТА

3

23 септември 2011

ражот, само би сакал да додадам дека истиот со мотивите што се користени како инспирација, со димензиите и како композициска целина, далеку предничи од слични такви дела, како што се на пример во хотелот „Ермитраж“ и хотелот „Де Париз“ во Монте Карло, како и стоковната куќа „ла Фает“ во Париз.

рана одна линија, и со сопствени вертикални комуникации. Всушност, концептот ни беше континуитетот на музејската поставка да не го деконцентрираме со општите и секундарните функции на објектот. Тоа го постигнавме, и овој пристап на организација на просторот е најголемиот квалитет за објектот.

ПРОСТОР ЗА МУЗЕЈСКА ПОСТАВКА

ТЕХНИЧКИ И ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИ

Од холот лево, покрај информативниот пулт е акцентирана двокрилната, релјефно-декорирана влезна врата за во музејските сали. Во исто време, истата е и ППЗ врата, која ги дели двата противпожарни сектори, музејските сали од централниот хол. Музејските сали концепциски се организирани како влез-излез со континуи-

За овој објект вредно да се спомене е дека системите за гаснење пожар, системите за греење, ладење и вентилирање на просторот претставуваат најактуелни и најсовремени достигнувања во градежниот сектор. Системите на дојава за пожар, аудио и видео опремата, агрегатските и УПС постројки како и илуминацијата, се про-


aрхитектура

фесионално проектирани и консултирани се врвните светски производители на таквите опреми. Како резултат на ваквиот пристап, посебно внимание е дадено и на илуминацијата што може да се програмира во стотина варијанти од работни, викенд до празнични, а овозможува перцепција на објектот од 24 часа. Тоа ја потенцира раскошната пластика на фасадите. Сè е софтверски контролирано, а сценаријата даваат можност за промена, односно не предизвикува напријатност од непосакувани светлосни ефекти, и не предизвикува контаминација од неконтролирана светлина на околните објекти и луѓето. Употребата на LED технологијата овозможува долг животен век и мала потрошувачка на енергија. На некои сегменти дури од 10 до 15 пати е поекономично од актуелните класични решенија.

РЕЗИМЕ Толстој рекол: „Не верувајте во зборовите, верувајте во делата“. Оваа реченица ни беше и цел и водилка. Така и пристапивма, не да раскажуваме какво дело направивме, туку да оставиме дело за сите идни генерации како доказ за напредокот и развојот на нашето постоење. Се разбира вакви комплексни проектантски задачи не ги сработуваат поединци, со нив можат да се справат само стручни, ангажирани, професионални и посветени тимови како тимот на „Неимар инженеринг“: Зоран, Ана, лидија, Инес, Калина, Горана, Билјана, Ангелина, Филип, Саше, Раде, Горан, Гоце, Атанас, Васил, Мери, Мирослав, Петар, Менче, Жане, Арсена...n Зоран Петров, дипл.инж.арх.

23 септември 2011 ПОРТА

3

21


ентериер

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk 32

3

ПОРТА

23 септември 2011

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема


Во подготовка е најновото пречистено џебно издание на Законот за градење! Закупете рекламен простор на ударни позиции по промотивни цени: -

Внатрешна корица Задна корица Внатрешна страница Лого на насловна корица

Законот за градење ќе биде доставен како додаток со Порта3, дистрибуиран до сите градежни фирми, проектантски бироа, јавни претпријатија, општини, како и во продажба за време на саемите - Технома и Саемот за градежништво 2012. Тел. за информации:

02/3243 790 и 02/3243 797


патепис

Манастир свети ЈоакиМ осоговски

Душевно скривалиште во море

Во манастирот постои ретко исламско обележје, со кое цариградскиот султан го штител светилиштето од уништување. Сличен камен со турбан постои само во зданието Аја Софија во Истанбул, но овој во манастирот Свети Јоаким Осоговски е по многу нешта посебен затоа што и Турците некогаш се поклонувале пред моштите на чудотворецот свети Јоаким.

24

ПОРТА

3

23 септември 2011


е од ридови и шума

патепис

Н

а стотина километри од Скопје, на крајниот североисток од Македонија, во непосредна близина на бугарската граница е сместен градот Крива Паланка. На излезот од градот, скршнувајќи десно преку Крива Река, на неколку километри, внатре во густите шуми на Осоговските Планини, на 800 метри надморска височина се стига до преубавиот комплекс на манастирот Свети Јоаким Осоговски. Основан е уште во 12 век, познат и по името Сарандапор. Скриен во густото зеленило, далеку од градската врева, за миг ќе почувствувате како да сте се вратиле назад во минатото, кога на овие простори живеел пустиникот Јоаким! При секоја посета манастирот ни ја раскажува својата приказна, која е составен дел на нечии изминати животи, а секој од нас кон оваа приказна си додава свои мисли и свои зборови... Се мешаат легендите и преданијата со нешто сигурно и проверено, создавајќи своја вистина и своја свест за себе. Тие приказни кои се создаваат ни помагаат на патот до самосвеста, до спознание на сопствените корени. Манастирот си има свои легенди и преданија, свои верзии за ѕидањето и рушењето, за развитокот и поместувањата, а тие приказни, ако понекогаш и не се сосема точни, секогаш се интересни. 

23 септември 2011 ПОРТА

3

25


За манастирот на свети Јоаким Осоговски, за пустиникот и чудотворец, се раскажани многубројни приказни и легенди. Една од многубројните легенди вели дека во 11 век во Овче Поле живееле четворица монаси - Прохор, Гаврил, Јован и Јоаким. Кога наполниле 30 години живот, браќата по вера решиле да се разделат и да продолжат да живеат во пустинскиот живот, постејќи и молејќи му се на Бога. 26

ПОРТА

3

23 септември 2011

БРАЌА Јован отишол во планината Рила, каде што денес постои големиот Рилски манастир. Прохор отишол кон кумановското село Нагоричане, но подоцна се повлекол во клисурата на реката Пчиња. На тоа место, подоцна е изграден манастирот Свети Прохор Пчињски. Јоаким отишол во една пештера кај селото Градец, близу Крива Паланка, но заради бандите што пљачкосувале наоколу, отишол


патепис

во Осоговските Планини, каде што денес се наоѓа манастирот Свети Јоаким Осоговски. Четвртиот светец, Гаврил, своето место на мир и молитва го нашол во селото лесново, каде што опстојува лесновскиот манастир. За жал, денес само лесновскиот и Осоговскиот манастир се наоѓаат во нашата земја! Близу до пештерата каде што живеел свети Јоаким, постои олтарскиот дел на малата црква „Света Богоро-

дица”, подигната во 12 век. Покрај местото каде што се молел светителот постои извор за чија вода се верува дека е света. Поголемата црква во која се наоѓаат моштите на свети Јоаким Осоговски, е изградена во 19 век од градителот Андреја Дамјанов и неговата тајфa. Црквата е трикорабна базилика со 12 куполи. Изградена е од делкан камен носен од селото Ранковци. Влезот во црквата е од западната страна, а десно од вле-

зот, покрај западниот ѕид се наоѓа гробот со моштите на светителот. Во внатрешноста на црквата се поставени шест камени столба, за секој кораб по два. Светлината влегува преку два реда прозорци. Живописот е направен од Мирон Илиев, Григорие Петрович и Аврам Дичов зографот од селото Тресонче, дебарско, во 1884 година. Најпозната е композицијата „Проповед на свети Павле”, како и портретот на свети Јоаким Осоговски, кој е насликан над влезната порта во црквата. Во манастирот постои ретко исламско обележје со кое султанот од Цариград го штител манастирот од уништување. Сличен камен со турбан постои уште само во Аја Софија во Истанбул, но овој во манастирот Свети Јоаким Осоговски е по многу нешта посебен, затоа што и Турците некогаш се поклонувале пред моштите на чудотворецот свети Јоаким. Во турските записи од тоа време се опишани чудотворните својства на моштите. Тоа на своја кожа го осетил еден од турските војсководители, кој добил наредба да го протера народот од манастирот и да го затвори светилиштето. При заминување од манастирот војсководецот со себе понел и парче од моштите, и со војската тргнал кон Крива Паланка. Но набргу војниците виделе дека нешто чудно се случува со нивниот заповедник, кој не можел да зборува и вознемирено почнал да мавта со рацете давајќи им знак на војниците веднаш да се вратат во манастирот. Ги вратиле моштите во ковчегот и набрзо на војсководецот му се вратила снагата и гласот. За оваа необична случка војсководецот го известил султанот во Истанбул. Тогаш Турците, по наредба на султанот, го испратиле нивното обележје на заштита, а покрај него и уште пет килограми злато да се покријат штетите што му ги нанеле на манастирот. Двете цркви, манастирските конаци и големата трпезарија, како и другите помошни згради, говорат за богатиот и интензивен монашки живот во периодот на турското робство. Манастирот и природата околу него се навистина прекрасни и имаат долга историја. Мене манастирот ми ја раскажа својата приказна, чека на вас и вам да ви раскаже една од своите многубројни приказни за своето постоење. n текст и фото: ангел СиТНОвСКи, дипл.инж.арх. 23 септември 2011 ПОРТА

3

27


aрхитектура

Проектот на Жан Нувел за салата ККЛ – Луцерн, со неговиот елегантен покрив и едноставниот кубичен објект со различно обликувани фасади, е мајсторско дело на урбана конструкција

28

ПОРТА

3

23 септември 2011


aрхитектура културен и конгреСен Центар (ккл) во луЦерн, ШвајЦарија

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА ГОРДОСТ

Г

радот луцерн се наоѓа на источниот крај од езерото луцерн, а реката Реус го дели на два дела. Тој е еден од најстарите и најубави градови во Швајцарија, со традиционална швајцарска архитектура и многу културно-историски споменици. Градските ѕидини со девете кули градени во 14 век, најстариот градски саат во Швајцарија поставен на една од нив, водната кула во реката Реус со древниот мост Чапер, најстариот дрвен мост во Европа изграден 1300 година, елегантините луксузни хотели од крајот на XIX век и шеталиштето пред нив, езерото луцерн по кое сè уште пловат параброди и, секако, близината на Алпите што го опкружуваат езерото, придонеле да стане и многу познато туристичко место стотици години наназад.

Фасада на ККЛ Луцерн

Гордоста на градот луцерн последните десетици години е и мултифункционалниот културен и когресен центар (ККL- Luzerne). Тој е еден од

најграндиозните современи објекти во Швајцарија, кој му дава посебно ново обележје на градот. Објектот е лоциран на брегот на езерото, покрај железничката станица и пристаништето, со убави визури кон

стариот град. На истата локација постоела концертна и конгресна сала изградена во 1933 година, која веќе не ги задоволувала нараснатите потреби на објектот и градот. Градските власти решиле да изградат нов објект со поголем капацитет, за што е основана фондација 

Поглед кон KKЛ Луцерн – фотографијата е направена приквечер, лево е делот со концертната сала, десно делот со главниот влез, бифето, ресторанот 29


aрхитектура (јавно-приватно партнерство) меѓу градот луцерн, кантонот луцерн, Концертната сала, луцерн хотелите, уметници и видни граѓани. Во 1989 година е распишан меѓународен конкурс за мултифункционален културен и конгресен центар, на кој прва награда добил францускиот архитект Жан Нувел со соработниците. Комисијата го зела предвид за понатамошна разработка и третонаградениот труд на швајцарскиот архитект Рудолф луцхер. Првонаградениот труд на Жан Нувел бил во форма на брод кој како да ќе вплови во езерото. За градските планери и екологисти оваа идеја не била добра, и била лоша за реализација, па решиле, во консултации со членовите на конкурсната комисија и членовите на фондацијата, првонаградениот конкурсен труд да се преработи. Архитектот на третонаградениот труд Рудолф луцхер одбил да продолжи понатаму да работи на проектот. Во 1992 година, Жан Нувел добил задача да го преработи конкурсниот труд. За решавање на акустиката на концертната сала бил поканет специјалист за акустика, американскиот инженер Расел Џонсон ( Russel Johanson). За редизајнирање на објектот Нувел употребил неколку елемeнти на рефлексија, внесување на екстериерот во ентериерот, доживување на екстериерот од ентериерот, а повеќето функции ги организирал во еден едноставен објект со кубична форма и употребил современи градежни материјали:

челик, алуминиум и стакло. ККл - луцерн е градена од 1995 до 2000 година и е изведена по највисоки стандарди.

СОДРЖИНИ ВО ОБЈЕКТОТ Во внатрешноста на објектот се обединети три основни функции: 1. Култура - концертна сала и градски музеј 2. Конференциски дел - три сали за конгреси или конференции 3. Угостителство – кафетерија и ресторан Музичката академија која е основана во 2004 година е придружна функција на концертната сала, со цел да едуцира музичари за интрепретација на класичната музика на современ начин. Концертната сала е со капацитет од 1.892 седишта со површина од 2.100м² и е една од најдобрите акустични сали во светот со многу едноставен и елегантен ентериер. Ентериерот е решен претежно со облоги од дрво. Секоја година таа е домаќин на три музички фестивали: летен фестивал луцерн, Велигденски фестивал и Фестивал на пијаното. Сите три фестивали привлекуваат многу познати музичари, диригенти и оркестри од целиот свет, а исто така и бројна публика, љубители на убавата музиката. Трите сали за конференции или конгреси се со различни капацитети: 826, 838 и 847 седишта, а се проектирани и изведени да може да пружат мултимедијални и 3Д презентации. Фасада ориентирана кон пристаништето, службени и помошни простории

30

ПОРТА

3

23 септември 2011

Поглед од железничката станица кон KKL LUZERN –главен влез


aрхитектура КАРАКТЕРИСТИЧНИ КОНСТРУКТИВНИ ЕлЕМЕНТИ НА ОБЈЕКТОТ

Поглед од надворешната тераса пред концертната сала кон градот Луцерн и езерото

Жан Нувел употребил во партерот водни канали кои одат од езерото дирекно во објектот и го делат на две функционални целини, концертна сала и конференциска сала со фоаје. Околу водните канали поставил базени и фонтана, кои ја нагласуваат рефлексијата на објектот и го збогатуваат партерот на објектот до езерото. Објектот има правилна кубична форма, а над него, како да плови, е поставен рамниот кров со огромни стреи кои допираат до езерото. Огромната маса на објектот ја смирува елегантниот едноставен покрив. Тој е покриен од горната страна со бакарен лим, а од долната со 2.000 алуминиумски панели во кои се рефлектираат езерото, каналите, околината и парабродите. Секако, највпечатливо е што објектот има различно обликувани фасади, во завсиност од функцијата што ја затвораат. Фасадата на концертаната сала, која е ориентирана кон езеротот, е обложена со панели од алуминиумски лим во три различни несекојдневни бои: темноцрвена, темнозелена и темносина. На оваа фасада се поставени прозорци со различни димензии и големини кои овозможуваат поглед како од разгледница кон надвор, кон стариот дел од градот луцерн и околината. Интересен елемент на оваа фасада е и отворената тераса на последниот кат, од каде може панорам-

ски да го доживеете стариот град и неговата околина. Терасата е поврзана со партерот на објектот со надворешни скали. На страната кон железничката станица се издига огромен стаклен кубус –блок кој однадвор е покриен со алуминиумски жалузини. Во овој дел е сместен главниот влез со хол и пристап до сите делови на објектот, конгресен центар, бистро, ресторан и градски музеј на последниот кат. Административниот дел и другите помошни простории се ориентирани кон пристаништето и се покриени со алуминумски панели, однадвор обложени со перфориран лим во зелена боја. Материјалите употребени на фасадатата и облогата на покривот го менуваат погледот и впечатокот на објектот во зависност од јачината на дневната светлина и аголот на гледање. Водата во каналите, базенот и фонатаната поставени во партерот на објектот го нагласуваат впечатокот на рефлексија. Архитектура која ви го одзема здивот. Проектот на Жан Нувел за салата ККл – луцерн, со неговиот елегантен покрив и едноставниот кубичен објект со различно обликувани фасади, е мајсторско дело на урбана конструкција. Истиот впечаток го остава и ентериерот на објектот во кој се соединети повеќе функции, а секако највпечатлива е концертната сала со нејзиниот елегантен ентериер и добрата акустика. n Натка ЌОСева, дипл.инж.арх.

Детаљ од фасадата кон езерото со прозорци со различни димензии и форми од кои се гледа стариот град како разгледница

23 септември 2011 ПОРТА

3

31


aрхитектура и мода

Архитектура која го обвиткува телото

Како што дизајнерите ја обликуваат ткаенината за да ги следи облите структури на човековата фигура, одредени архитекти ја третираат обвивката на објектот и нејзината структура како единство за создавање на волуметриска форма преку кројачки техники

32

ПОРТА

3

23 септември 2011

Д Реи Кавукабо Ком Де Гарсонс


aрхитектура и мода

Д

одека бројни изложби ја истражуваат врската помеѓу уметноста и модата, помалку внимание е посветено на нејзиниот однос со архитектурата и покрај големите преклопувања на стратегии и техники кои ги споделуваат и поврзуваат овие две дисциплини. Од 80-тите години на минатиот век, голем број авангардни модни дизајнери им пристапуваат на облеките како архитектонски конструкции, додека самата архитектура смело ги прифаќа новите материјали и форми. Овој развој се должи, пред сè, на бројните технолошки предности кои извршија револуција во начинот на градење на објектите, и овозможија техники на традиционално кроење како што се преплетување, преклопување и драпирање да станат дел од архитектонскиот речник. Облеки со нова структурална комплексност може да се видат на модните писти и на улиците, како што објекти со потенцирана флуидност, иновација или интерактивност добиваат свое место во светските урбани центри. Освен заедничкиот речник, архитектурата и модата се повикуваат на нашите основни потреби за засолниште, како начин да се искаже идентитет. Во најголем дел, нивната сличност лежи во процесот на дизајнирање. Архитектите и модните дизајнери имаат единствен однос во тоа како мерките, димензиите и материјалите се користат за создавање на дела кои ќе поттикнат осознавање, восхит и најважно од сè, почит кон она што стои пред нив.

ФУТУРИСТИЧКИ ПОЧЕТОЦИ Значајни настани во напредокот на архитектурата и модата, во формална и културна смисла, започнуваат во осумдесеттите години од минатиот век. Реи Кавукабо (Ком Де Гарсонс) и Јохи Јамамото, првпат ја презентираат својата работа на Париската модна недела во 1981 година. Aсиметричнaта црна облека со

отвори, додатоци и недовршени агли е во целосен контраст со елегантниот формален стил на останатите дизајнери. Колекцијата станува предизвик за ново толкување на модата, женственоста и убавината. Следната година архитектот Бернард Чуми го дизајнира проектот Parc de la Villette во Париз - место инспирирано од постмодернистичките идеи на деконструктивизмот, и како одговор на филозофијата на Жак Дерида станува експеримент во простор и форма, и за тоа како влијае врз човековата способност за распознавање и интерактивност. Дизајнот на Чуми го деконструира традиционалниот начин на поимање на архитектонскиот пристап.

АРХИТЕКТУРА КОЈА СЕ ОБлЕКУВА Модните дизајнери како Александeр Меквин или Исеј Мијаки покажуваат дека архитектурата е поврзана со модниот дизајн на повеќе нивоа. Преку спој на новини и оригиналност, тие креираат чувство на носталгија, видени во форма на иконични објекти. Со интегрирање на метали, лесни стакла и пластика, структурата на нивната облека ја нагласуваат остри агли. Материјалите што се употребуваат не само што кореспондираат со новата етичка мода туку се произведени како био-разградливи, рециклирачки материјали, со сличен концепт на зелен дизајн или самоодржлива архитектура. И на двете полиња се работи за надворешна обвивка и внатрешна структура, кои интегрираат технологија. И како што дизајнерите ја обликуваат ткаенината за да ги следи облите структури на човековата фигура, архитектите Дилер Скофидио и Ренфро ја третираат обвивката на објектот и нејзината структура како единство за создавање на волуметриска форма преку кројачки техники. Иако и двете дизајнираат структура која ја 

Исеј Мијаке, 1999

Порт терминал Јокохама, ФОА

23 септември 2011 ПОРТА

3

33


aрхитектура и мода обвиткува тело или архитектонски простор, јапонските дизајнери Ком Де Гарсонс, Јохи Јамамото или Реи Кавакубо го фокусираат својот дизајн кон просторот помеѓу телото и облеката. Според аналогија, дизајнер може да биде заинтересиран не само за обвивката туку и за нејзиниот спој со внатрешниот простор. Во Итабаши - Токио, архитектот Шигеру Бан за своите клиенти спојува современ дом со отвореност на традиционална јапонска архитектура. Куќата се состои од елегантен блок на две нивоа со отворен простор за живеење, наткриен со триаголен покрив. Наместо ригидна структура по периметарот на објектот, Бан го облекува со едноставна бела завеса, која ја регулира транспарентноста помеѓу надворешноста и внатрешноста. „Мис ја измисли стаклената завеса“, појаснува Бан, „Јас употребив само завеса“. Поетичноста на овој објект лежи во амалгамот на едноставноста, убавината, спојот на старото и новото, и комбинирање на современи материјали во нова интерпретација на јапонските стилови.

Јаниа Ватанабе - Ком Де Гарсонс, 1999

КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ Она што импресионира во дизајнот на Кавакубо е нејзината желба да креира целосно опкружување за нејзината работа – таква што обединува не само облека туку и дизајнот на изложбениот простор, графиките и мебелот. Онака како што претставниците на Баухаус имале тенденција за создавање на gesamtkunstwerk - синтеза на уметностите. Иако модниот дизајн и архитектурата имаат за задача да го обвиткаат и заштитат нашето тело, тие овозможу-

Куќа во Итабаши Токио, Шигеру Бан 34

ПОРТА

3

23 септември 2011

ваат експресија на идентитетот, без разлика дали се тие лични, политички, религиозни или културни. Додека облеката го открива личниот идентитет на луѓето, архитектурата го одразува социјалниот идентитет на нејзините жители. Ако формата ја следи функцијата, надворешноста на објектот ја отсликува нејзината вистинска намена. Од друга страна, објектите стануваат статусни стимболи. Така, „Прада“ соработува со реномирани архитекти за да укаже на современ дизајн како во нивната мода така и во нивните административни згради или продавници. Јапонија, од друга страна, отсекогаш е поврзана со традиција на креативност. Дизајнерите како Ком Де Гарсонс имаат концептуален однос кон нивната ра-


aрхитектура и мода бота, што не е случај со многу престижни брендови како „Диор“ и „Шанел“. Нивната работа е поврзана со архитектурата, но културно-социјалната заднина дозволува толкување на новите идеи на различен начин.

АРХИТЕКТОНСКА МОДА Потребата за архитектонска екстравагантност, технологиите на компјутерскиот дизајн и иновациите во градителството, ги примораа архитектите на следење на последните трендови. Титаниумската облека на музејот во Билбао на Френк Гери, линерните и апстрактни скулптурални форми на Противпожарната станица Витра на Заха Хадид или „анти-иконите“ на

Рем Колхас како Кинеската централна телевизија (CCТV) во Пекинг се само дел од визионерските дизајни, кои воведоа нов пристап на архитектонските трендови. Употребата на напреден текстил во архитектурата го променија изгледот на привремените и перманентни структури, додека фасади со зголемена транспарентност, со чипкасти перфорации или бои ги обвиткуваат денешните градби. Геометријата на една колекција на Ив Сент лорен пак, ја има својата инспирација во иконичниот облакодер Геркин во лондон апстрактни дијамантски и асиметрични форми со голема и драматична графика. Иновативен чекор во модната дизајнерска пракса

прави и реномираниот дизајнер Хусеин Чалајан. Идејата на неговата изложба „Дали е мода или мебел?“ во која манекените носат мобилна архитектура, е дека иновативниот дизајн може да биде пронајден насекаде и во кое било време. Покривките за столот на овој дизајн стануваат облека, а масата се трансформира во женско здолниште. Ова се само дел од стиловите што ги обединуваат денешната архитектура со дизајнот и полека ги затвораат разликите што беа фокус на двете индустрии, откривајќи ги сличностите и комплексноста која и двете ги носат. n Бојана ФилиПОвиЌ, дипл.инж.арх.

Хусеин Чалајан, 2007

Музеј во Тел Авив, Престон Скот Томас 23 септември 2011 ПОРТА

3

35


современа музејска архитектура

Архитектура заради Уметност (I)

И

м се восхитуваме на Седумте чуда на Стариот свет, на генијалноста на античките архитекти и нивното визионерство, нивната решеност да создадат нешто што не било видено дотогаш... Се чини дека тој сон е вечен и подеднакво присутен низ сите епохи на човештвото, особено денес, со неверојатниот напредок на техниката и технологијата. Но, денес токму во тоа е проблемот: како да се создаде објект кој ќе се издигне од морето „модерни згради“ што никнуваат на секој чекор, а кој истовремено ќе биде свеж, провокативен и функционален? Или, уште поточно: како да се изгради музеј со такви карактеристики? Се чини дека неколкуте архитекти со своите зданија, за кои ќе стане збор, го нашле одговорот.

УлИЦИТЕ НА ЊУЈОРК (1) 1929 година Њујорк е размрдан од два настани кои си контрираат со ужасна иронија: отворањето на МоМА (Museum of Modern Art) од страна на влијателните лили П. Блис, Џ. Саливан и Џон Д. Рокфелер Помладиот, кои „добиле идеја да ја предизвикаат конзервативноста на традиционалните музеи”; и крахот на Вол Стрит кој остави гладни десет милиони луѓе, кои протестираа пред Конгресот и ги симнуваа сопствените знамиња - оние на кои ништо не им значи идејата на Рокфелер. Но, МоМА не е основан за да ги привлече широките народни маси, тој е повеќе елитистички музеј, чија цел е да црпи од современите авангардни движења. Интересно е што цели десет години МоМА нема сопствен објект (отворен во Хекшеровата зграда со шест изнајмени простории за галерии и канцеларии), за да во 1939 година се пресели во првиот траен дом International Style building на 53. Улица на Менхетен. Од почетната колекција со осум графики и еден цртеж, МоМА низ годините стигнува до бројка од 150.000 слики, цртежи, скулптури, графики, фотографии; 20.000 филмови и проекции и 300.000 книги, брошури, списанија - број што не е конечен. Стариот објект ја губи функционалноста и МоМА спроведува долга потрага по архитект, кој нема само да догради неколку делови, туку ќе може 36

ПОРТА

3

23 септември 2011

Градината на Аби Рокфелер и влезот во МоМА

различните згради и делови да ги трансформира во унифицирана целина. Јапонскиот архитект Јошио Танигучи во 1997 година е избран за архитект на новиот објект, односно како победник на натпреварот со дизајнот што „ќе го трансформира во смел музеј и ќе го задржи неговиот ис-

ториски, културен и социјален контекст”. Изградбата започнува во 2001 година, а МоМА е повторно свечено отворен на 20 ноември 2004 година. Низ својата историја, музејот ја користи архитектурата како средство за регенерација, а последниот завршен проект со

зафатнина од 630.000 м2 (што е речиси двојно повеќе од првобитниот простор), ја претставува најшироката редефиниција од основањето пред 77 години, што ги комбинира новите простори со оригиналната архитектура, и на тој начин ја зголемува динамичната колекција. Така, ремек-делата на мо-


современа музејска архитектура МоМАдозирана игра со светлината, материјалите и просторот

Музејот Гугенхајм, Њујорк - контраст на строгата мрежна шема на Менхетен

дерната скулптура и рефлектирачките базени ги дочекуваат посетителите на Градината на Аби О. Рокфелер, која Танигучи ја карактеризира како „можеби најизразениот единечен елемент на Музејот денес”. Со дизајнот на МоМА, Танигучи демонстрира дека архитектонската екс-

пресија и вистинската околина за изложување на уметноста можат брилијантно да се согласат. Резултатот е „идеална околина за уметноста и луѓето, создадена преку креативната и дисциплинирана употреба на светлината, материјалите и просторот”.

УлИЦИТЕ НА ЊУЈОРК (2) 35 улици подолу од МоМА, во центарот на Менхетен, со поглед на Централ Парк, впечатливо се издвојува едно чудно здание од издигнатите облакодери - Музејот Гугенхајм. Основана во 1937 година, колекцијата од една галерија сместена во из-

најмен простор, расте до пет галерии во Европа (Дојче Гугенхајм во Берлин; Пеги Гугенхајм Колекција во Венеција и Гугенхајм во Билбао) и Америка (њујоршкиот Гугенхајм и музејот Гугенхајм Ермитаж во лас Вегас). Од нив, музеите во Њујорк, Билбао и лас Вегас се со специјално дизајнирани објекти. Основач на групацијата е милионерот Соломон Р. Гугенхајм, кој сакал да создаде галериски простор, што би бил исто толку стимулативен, колку и делата изложени во него. Во јуни 1943 година, архитектот Френк лојд Рајт добива писмо од уметничкиот советник на Соломон Гугенхајм, Хилда Ребеј, во кое се вели: „… сакам храм на духот, споменик !”. Рајт не бил особено воодушевен од Њујорк како место за изградба на проектот „Њујорк е пренаселен, пренатрупан, и му недостига архитектонски стил”, но сепак ја прифатил задачата со цел да изгради објект кој ќе биде спротивност на строгата мрежна шема на Менхетен, не само екстериерно туку и интериерно; со заобленост што ќе ја руши отсечноста на Менхетен. Изградбата траела неочекувани 13 години (и Рајт и Гугенхајм не го доживеале завршувањето), а проектот чинел 2 милиони долари. „Музејот на Необјективното Сликарство” (како што уште е познат) бил отворен во 1959 година со возбуда и контроверзии. Овој бетонски „превртен зигурат” во себе содржи симфонија од триаголници, овали, лакови, кругови и квадрати, трудејќи се да им опонира на вештачките и сувопарни форми на Њујорк со природната форма на школка од наутилус. Критикуван дека создал околина која ја надгласува уметноста во неа, Рајт вели: „создадов зграда што ќе биде во совршена хармонија со уметноста”. На влезот во фоајето, посетителите ги дочекува спирална рампа, што постепено се искачува до стаклениот покрив. Идејата на архитектот е посетителот да се искачи до врвот на зградата со елеваторот од фоајето, а потоа природно да биде воден низ главниот изложбен простор што се наоѓа на спиралните ѕидови околу 2 метри широката рампа. Странично од рампата, во внатрешноста на објектот, се наоѓаат споредните галерии со повремени изложби, а тука се и ресторанот и кафе-барот на десетиот кат со поглед на Централ Парк. Објектот е реставриран од 1990 година до 1992 година, а во 2001 година под Големата ротонда е изграден Театарот на Скелер Центарот за уметничка едукација. 23 септември 2011 ПОРТА

3

37


современа музејска архитектура КАлИФОРНИСКИОТ ЦВЕТ ВО БИлБАО

Спирали, триаголници, лакови и овали, споени во совршена хармонија со уметноста

Невообичаена комбинација на интерконектирани форми: ортогонални блокови варовник и извиени форми од титаниум, Музејот Гугенхајм во Билбао

38

ПОРТА

3

23 септември 2011

Растечката Соломон Р. Гугенхајм фондација, во 1997 година го добива своето второ препознатливо здание, овој пат во центарот на Билбао, Шпанија. И додека за New York Times тоа е „првата голема зграда од 21 век”, за повеќето од Шпанците е „калифорниски карфиол”. Но, неоспорно е дека се работи за најспомнуваното ново здание од 1998 и 1999 година во архитектонските кругови. Калифорнискиот архитект Френк О. Гери му вдахнал експресионистички дух на својот колос од 32.500 м2 челични рамки, титаниумски паноа и варовнички блокови. Оваа невообичаена комбинација на интерконектирани форми се огледува во ортогоналните блокови варовник во контраст со заоблените и извиени форми од титаниум. лоциран до речниот брег на Нервион, 16 метри под нивото на градот, музејот ги пречекува посетителите со широките скали, кои надолу водат до музејскиот хол, што е малку невообичаено за институционални згради. Но, во случајов е неизбежно заради разликата во нивоата меѓу речниот брег и градот, а истовремено ѝ овозможува на зградата, висока повеќе од 50 метри, да се вклопи во градскиот пејзаж, притоа не пречејќи во видикот на другите згради. ирена Т. Петровска


III Македонска бригада бр.72, 1000 Скопје (во склоп на салонот за Пежо автомобили) тел: 02 3111-000|02 3112-000|факс: 02 3113-666 • е-mail: robert@euroimpex.com.mk www.aeg-pt.com


сеќавање рубрика

40

3

ПОРТА

23 септември 2011


експерт

архитектура рубрика

3

23 септември 2011 ПОРТА

41


ентериер

Бело софистицирано и елегантно, наместо празно и стереотипно

В

о теоријата на ентериерите прецизно е појаснет феноменот на поткровјата, зошто луѓето толку сакаат да живеат во таков простор, зошто најубавите спални соби се секогаш во поткровјата ... Привлечноста на овие простори за домување се крие во присуството на повеќе ѕидни и тавански површини отколку во стандардните станови. Ѕидовите значат закрила, сигурност. Покрив кој можеме да го допреме со едната рака секогаш го затоплува додатно ентериерот. Сепак, самата организација на живот во поткровјето е воедно дилема и задоволство, зашто не е лесно да се уреди ваквиот простор, особено да се опреми со мебел. Префинето и софистицирано, тоа е клучниот збор кој го детерминира нашиот денешен простор. Примарниот позитивен зафат бил добриот проект за севкупниот простор на овој 4-собен поткровен стан. Потоа и деталите: замената на стандардните прозорски окна со нови алуминиумски лизгачки врати застаклени со термопан, како и внатрешните врати со нови. Натаму, просторот е најнапред демаркиран со отворање на одредени ѕидови и негово проширување. Потоа е дематеријализиран со постапката на боење на ѕидовите и таваниците во снежно бело. Изборот на ќерамички плочки со ефект и димензии на дабов паркет под кои се крие квалитетно подно греење, е само уште еден податок кој говори во насока на квалитетот на овој објект генерално. Сосема белиот мебел, како плочестиот така и тапацираниот само го прави просторот уште повоздушест, отворен и флуиден. И одеднаш среде оваа мекост одделни динамични точки: скали, библио-

42

ПОРТА

3

23 септември 2011

Поткровје колку добро звучи тека, во темната африканско венге завршница нанесена врз дабовото дрво. Тенденциозно малкуте комоди, едната за ЛЦД и втората трпезариска, се изведени во фурнир со бел ефект, за истите да се стопат со заднината. Погледите низ куќата во ентериерот -

од соба в соба, од ниво на ниво, од внатре кон надвор - значат голем придонес во просторниот квалитет. Отсуството на контрастот во боите кај мебелот овозможува стопување на различните зони во рамките на единствениот простор, кој е помалку опремен со

мебел. Во скоро празните соби погледите се фокусираат на уметничките дела на ѕидот и на одредените доминантни парчиња мебел и скулптури. Особено убав детаљ се доминантните и маркантни инокс лустери во вид на големи сфери опремени со халогено


светло. Влезот во станот ја креира сцената на ентериерот. Подната обработка (начинот на редење) го нагласува ефектот на експанзија на просторот. Животот во просторите со отворен план каде има минимум прегради помеѓу зоните како тука, полутранспарентна и преграда со кујната, драматично ја зголемува перцепцијата на ентериерот. При ваквата постапка важно е да не се занемари приватноста и конзистентноста на другата зона во станот, а тоа е ноќната. Во случајот на овој објект спалните за децата се на кат, односно под пазувите на покривот. Погледнете само како е добар спојот помеѓу дневната соба и кујната, дискретно отворена кон трпезаријата, но бидејќи е апсолутно бела таа се стопува со ентериерот, а и со карактерот на домаќинката и нејзините афинитети во готвењето. Оваа кујна е добар избор за оние што сакаат да готват во друштво. Ова е новата омилена завршница меѓу нашиот народ, ултрамодерна. Белиот ефект врз дабовиот фурнир во комбинација со сегменти од егзо-

тични фурнири како декорација е повеќе од посакувано сценарио. Егзотичните фурнири како на пример овој, употребен за изработка на високата витрина во кујната им го предлагаме на оние што одбираат користејќи го сопствениот интелект и срце, за задоволство во кујната. Нејзината модуларност и богат ранг на решенија, го прави секој проект возможен, и над сè според вашиот ,,персонален вкус во готвењето“. Зошто? Затоа што е полна изненадувања, при максимална сигурност во квалитетот и удобност при користењето. Затоа што нејзините размисли на тема ,,кујна“ се многу напред... благодарение на нејзините високи технички и естетски квалитети. . . и благодарение на еден комфорен и сценографски декоративен стил. доц. д-р Елена НИКОЉСКИ ПАНЕВСКИ дипл.инж.арх. фото:Владимир СЕКУЛОВСКИ во соработка со:

- извонредниот избор на в

- застаклени врати во  23 септември 2011 ПОРТА

3

43


наука

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (117)

ИТАЛИЈА (6)

Џ. де Карло. Училиштето во Урбино. Изглед

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

П. Портогези. Плоштадот во Поџореале К. Скарпа. Музејот Кастелвекио, Верона. Изглед

К. Скарпа. Музејот Кастелвекио, Верона. Внатрешност

Џ. де Карло. Училиштето во Урбино. Внатрешност

М

оже да се каже дека во развојот на италијанската и европската архитектура воопшто, Паоло Портогези игра слична улога како Роберт Вентури во американската. Како директор на Архитектонското биенале, во 1980 година тој ја организира изложбата ,,Присуство на минатото“, со што во Европа официјално започнува постмодерната. Познавањето на теоријата и историјата на архитектурата Паоло Портогези го докажува преку подигањето на плоштадот во Поџореале, Сицилија (1986). Неговата концепција ги содржи препознатливите традиции карактеристични за италијанските плоштади, кои содржат општествени,

44

3

ПОРТА

23 септември 2011

културни и деловни содржини, а се обликувани со тремови на колонади, со незаменливата саат-кула и имаат убав партер. Џанкарло де Карло (1929) најчесто гради објекти во непосреден контакт со историските, при што на умешен начин ги поврзува во една функционална и обликовна целина. Во сите тие зафати тој покажува студиозен пристап за т.н. позитивен контакт меѓу старото и новото, како на пример кај училиштето во Урбино (1979). Италијанските творци во втората половина на ХХ век подеднакво го прифаќаат инженерското и волшебното во архитектурата, при што може да се каже дека еднакво признание заслужуваат сензибилната инженерска

конструкција на Пјер Луиџи Нерви и метафизичките дела на Карло Скарпа. КАРЛО СКАРПА (1906-1978) спаѓа меѓу највлијателните италијански архитекти на ХХ век. Тој ја има завршено Академијата на убавите уметности во Венеција, каде што станува директор на Архитектонскиот институт (1972-1978). Повеќе од 30 години тој е консултант на Венецијанското биенале, со што игра значајна улога во италијанската архитектура. Големи признанија за своите дела Карло Скарпа добива дури на почетокот на 50-тите години од минатиот век, најчесто поврзани со реставрацијата и ревитализацијата на музејски објекти. Такви примери се:

Академијата во Венеција (1952), Националната галерија во палатата Абателис во Палермо (1953-1954), музејот Корнер во Венеција (1953-1960), шест простории во Галеријата Уфици во Фиренца (1954-1960, во соработка со Игнацио Гардела и Џовани Микелучи) и други. Најголемо внимание привлекува ентериерното обликување на музејот Кастелвекио во Верона (1956-1964), каде што Карло Скарпа постигнува непосреден дијалог меѓу старото и новото. Тоа го прави врз основа на јасен контраст и совршено изведени детали во согласност со употребениот материјал, така што создава една метафизичка атмосфера.


урбанизам

рубрика

Б

45

3

ПОРТА

09 септември 2011

3

23 септември 2011 ПОРТА

45


рубрика

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница

29ти Ноември бр.60

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780

е-маил: office@tondach.com.mk

ДООЕЛ ТАТЈАНА

www.tondach.com.mk

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

www.porta3.com.mk

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

H Y PERDESM O®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

1/1-2 виќ“ лам.2, Коваче Ул. „Саваре он 77, Скопје

, 2720-215 720-214 Тел: 02 2 кс: 2720-216 а Ф 46

3

ПОРТА

23 септември 2011

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

09 септември 2011 ПОРТА

46


„СТОКХОЛМ АРЕНА“, СТОКХОЛМ, ШВЕДСКА ФАКТИ ЗА „СТОКХОЛМ АРЕНА“ - Стокхолм, Шведска Седишта: 30.000 Отворање: декември 2012 Вредност на градба: 290 милиони евра Дизајн: White Arkitekter Инвеститор: Град Стокхолм и SGA Fastigheter AB Изведувач: Peab Sverige AB

П

роектот „Стокхолм Арена“, кој многумина го нарекуваат „Ниа Содерштадион“, ќе биде повеќенаменски стадион во главниот град на Шведска. Се работи за стадион кој моментно е во изградба, и се очекува кон крајот на 2012 година да биде пуштен во употреба, со што метрополата во оваа скандинавска земја треба да добие еден од најмодерните фудбалски и спортски објекти во овој дел од Стариот континент. Откако ќе биде изградена, „Стокхолм Арена“ ќе биде домаќин на еден од најпопуларните фудбалски клубови од Шведска, Хамарби, кој ќе го замени својот досегашен стадион со овој модерен објект по сите стандарди на ФИФА и УЕФА. Новата гордост на Стокхолм ќе има капацитет од 30.000 места за фудбалски натпревари, додека за настани од типот на концерти, мото трки, натпревари во брзо лизгање и коњички натпревари, капацитетот ќе може да се подигне и на 40.000 места. Вкупната цена на градба на арената изнесува 290 милиони евра, а финансирањето е помогнато со продажба на простор за комерцијални цели во рамките на стадионот, како и преку дирекна инвестиција од новиот сопственик, Градот Стокхолм и компанијата СГА Фастгетер. За да се користи во текот на целата година, „Стокхолм Арена“ ќе добие најсовре-

спортски храмови

Стадион од „светска класа“ во Стокхолм

мен двослоен лизгачки покрив, кој ќе овозможи беспрекорно одвивање на спортските настани без разлика на временските услови. Трибинскиот простор ќе биде реализиран на две нивоа. Секое од нивоата треба да понесе по 15.000 места, што пак дополнително ќе ја имплицира симетричноста на пониското и повисокото ниво. Во поттрибинскиот простор ќе има големо фоаје, кое ќе им овозможи на гледачите подобра циркулација низ просторот и можност да користат дел од комерцијалните капацитети, кои ќе бидат вметнати во објектот. Висината на покривот ќе биде 35 метри, а арената ќе има и паркинг простор за 2000 возила. За добра комуникациска поврзаност, гледачите што ќе решат да го користат градскиот превоз ќе имаат шест подземни постојки во близина на објектот во должина од 1000 метри, околу 40 автобуски линии кои ќе сообраќаат во овој дел од градот, како и користење на класичните железнички услуги. Околината на новата гордост на Стокхолм ќе биде уредена со неколку пешачки и велосипедски патеки. Во текот на градежната фаза, Швеѓаните пресметаа дека на изградбата на арената ќе работат 1600 работници, додека по изградбата на арената ќе бидат вработени околу 600 нови работници. Сашо КузмановСКи 23 септември 2011 ПОРТА

3

47


технологии

Autodesk

University 2011

најважниот настан во годината

Н

ајважниот настан во годината од областа на Информатичката технологија во АИГ (архитектура, инженеринг, градежништво) индустријата е Autodesk University 2011. Autodesk бидејќи токму софтверскиот гигант Autodesk Inc. е организатор, а University - бидејќи по обемот и карактерот на содржината, овој настан е вистински Универзитет на знаење. Впрочем и самите бројки укажуваат на популарноста на настанот. Минатата година, над 7.000 директни учесници, 40.000 онлајн учесници и 400 говорници зедоа учество на Autodesk University 2010, каде следеа над 500 стручни предавања. Овогодишниот Аutodesk University 2011, ќе се одржи во Хотел Венецијан, во Лас Вегас, САД, од 29 ноември до 1 декември 2011 година. Иако дотогаш има уште два месеца, сепак Autodesk Inc. уште сега ги

48

ПОРТА

3

23 септември 2011

Revit Architecture, 3DS Max и Maya. Подготовките за полагањата ги вршат врвни предавачи и автори;

објави условите на присуство, програмата и членството. Овогодишните учесници ќе уживаат во изборот од повеќе од 800 предавања и работилници, кои ќе ги опфатат „најжешките“ теми во полето: лидерство во дизајнот, иновативни стратегии, веб, cloud и мобилни технологии, процеси на работа, визуелизација, одржливост и менаџмент на промени. Зошто АУ 2011? Во исклучително брзиот свет во кој живееме, АУ 2011 е одлична прилика за: • надградба на своето техничко знаење преку присуство на предавања и работилници на кои се третираат над 1500 теми од областа на бизнис стратегиите и проце-

сите, forward-thinking технологиите, најдобрите практики и тактички пристапи при користење на софтверите Autodesk; • збогатување на деловните контакти преку интензивно дружење користејќи го своето присуство на настаните, но и привилегиите да се биде дел од социјалните мрежи и групи како Facebook, Twitter и LinkedIn; • официјализирање на своето знаење преку бесплатни подготвителни курсеви и сертификациони испити за најпознатите софтвери Autodesk од верзијата 2012, како што се Autocad, Inventor, Civil 3D,

• увид во истражувачките проекти на една од најделотворните компании во светот, преку следење на презентации за новите трендови, барања и развој на технологии. Едноставно, АУ е годишен настан на кој учесниците се трудат да ја зголемат својата продуктивност и компетитивност. Тоа задоволство, годинава учесниците ќе ги чини: • Пакет влезница за трите дена – 2.345,00 долари (1.845,00 долари за уплати до 11 октомври 2011) • Влезница за еден ден – 665,00 долари • All-inclusive пакет со вклучени пакет влезници за трите дена со хотелско сместување и храна –


технологии

2.595,00 долари (2.095,00 долари за уплати до 11 октомври 2011). Сепак, потенцијалните заинтересирани од Македонија, треба да бидат свесни дека покрај патните трошоци, за влез во САД е потребна и виза, за која Autodesk би можел да се погрижи за писмото за покана и слично.

Останатите, не го пропуштајте Autodesk University Virtual (AUV), online верзија на самиот настан. AUV нуди бесплатно следење на: • над 250 онлајн и снимени предавања на три јазика: англиски, шпански и португалски • AU TV – специјални прилози • виртуелно следење на саемската

хала во која голем број компании ги претставуваат своите продукти и услуги. Најдоброто од сè е што сите понудени предавања се снимени за подоцнежно нивно прегледување. Впрочем, и денес доколку пристапите на www.au.autodesk.com, ќе наидете на архива од предавања од АУ од претходните години, кои би

можеле да ги погледнете. Користењето на АУ е бесплатно, откако ќе се регистрирате. Тоа можете да го сторите на погоре спомнатата веб адреса. Регистрацијата за присуство на АУВ започнува на 12 октомври 2011 година, додека првичните прикажувања се закажани за 18 октомври 2011 година кога се очекува да бидат поставени неколку официјални подготвителни предавања за полагање на официјалните тестови. Америка е навистина далеку. Особено доколку одиме на усовршување на нашите способности за користење на софтверите, како што е АУ 2011. Груба проценка е дека трошоците за еден учесник од Македонија да присуствува на АУ 2011, би изнесувале најмалку 3.000,00 евра. Сами проценете ја економската оправданост. За да им ги скрати маките, Autodesk годинава организира локализирани верзии на АУ 2011 и тоа во Јапонија, Кина и Бразил. Можеби во иднина ќе имаме среќа да присуствуваме на некоја таква во соседството или во Македонија. „Autodesk university AU е место каде архитектите, инженерите и дизајнерите се сретнуваат со индустриските и технолошките лидери за подобро да ги разберат новите технологии, да разменат искуства за најдобрите практики и да формираат нови бизнис стратегии“. Трајче Стојанов, дипл.инж.арх. 23 септември 2011 ПОРТА

3

49


експерт

БРИТАНСКИ ИСКуСТВА

5

чекори на патот до „комунизам“ на работното место? азвојот на организационите науки, менаџментот, лидерството, информациските науки и технологии, компетитивноста и глобализацијата се само дел од факторите што имаат предизвикано трансформација на просторните аспекти на работното место во изминатиот период. Овој тренд станува се поприсутен во последната деценија, и особено во последните неколку години, кога во услови на глобална економска криза штедењето станува еден од клучните сегменти кои придонесуваат за деловен и приватен економски опстанок. Штедењето уште повеќе е значајно во рамките на јавниот сектор, каде економските притисоци се поголеми со оглед на зголемените побарувања за социјална помош и јавни услуги во услови на економска криза, а кои вообичаено се совпаѓаат со периоди на намалени даночни приходи како резултат на намалената економска активност. Затоа, веројатно, не е зачудувачки што и во приватниот и во јавниот сектор се инвестираат финансиски средства за да се трансформираат работните места во рамките на организацијата, а со цел да се реализираат долгорочни заштеди врз основа на кои ќе се стане или поконкурентен или пак, ќе се намалат трошоците на работењето и ќе се зголемат шансите за опстанок во наредниот период. Заштедите, вообичаено, се пројавуваат во неколку основни сценарија, како на пример:

Р Во приватниот и во јавниот сектор се инвестираат финансиски средства за да се трансформираат работните места во рамките на организацијата, а со цел да се реализираат долгорочни заштеди врз основа на кои ќе се стане или поконкурентен или пак, ќе се намалат трошоците на работењето и ќе се зголемат шансите за опстанок во наредниот период 50

ПОРТА

3

23 септември 2011

• Намален деловен простор кој се зема под наем - во услови кога организацијата го изнајмува деловниот простор, доколку се успее преку реорганизација на работните места да се намали деловниот простор кој го закупува организацијата, тогаш при следното обновување на договорот за наем на работното место, организацијата ќе биде во можност да ја намали површината на закупен деловен простор и преку тоа да ги намали своите трошоци на работење. • Намалена потреба од деловен простор во сопственост и изнајмување на вишокот - во услови кога организацијата е сопственик на деловниот простор, доколку преку реорганизацијата на работните места се намали потребниот простор за оваа намена, вишокот ќе може да се изнајми, а со тоа не само што ќе се намалат трошоците на работењето туку и ќе се реализира континуиран приход се додека можат да најдат заинтересирани лица за изнајмување на просторот. • Намалена потреба од деловен простор во сопственост и отуѓување на вишокот - во услови кога организацијата е сопственик на деловниот простор, доколку преку реорганизацијата на работните места се намали потребниот простор за оваа намена, вишкот ќе може да се отуѓи. Така, не само што ќе се намалат трошоците на работењето туку и ќе се реализира ендократен капитален приход со кој може да се поткрепи финансиската состојба на организацијата.

Во Обединетото Кралство последниов пристап е особено присутен во изминатата деценија во рамките на јавниот сектор. Преку разни форми на реорганизација и консолидација се прават обиди да се намалат потребите за деловен простор при што неговиот вишокот најчесто се отуѓува. На тој начин се компензира за намалените финансиски средства кои организациите од јавниот сектор ги добиваат од државниот буџет. Во приватниот сектор, ваквиот процес не секогаш завршува со продажба на објектот. Честопати постарите објекти, кои тешко можат да се издадат или продадат, се рушат бидејќи на тој начин се одбегнува плаќање на локалниот данок за деловни простори, како и на сметките за вода, струја, гас, телефон и сл., додека земјиштето останува во сопственост, за во некои подобри времиња да се изгради или да се отуѓи. Последниов пристап има негативни последици за средината во која овие објекти се наоѓаат затоа што доаѓа до нарушување на урбаната слика во тој дел на градот. Во 2004 година британската конуслтантска фирма DEGW и владината Office of Government Commerce - OGC имаат изготвено извештај под наслов „Работење без ѕидови – увид во трансформација на работното место во владата“ (Working Without Walls – An Insight into Transforming the Government Workplace), во кој се претставуваат принципите врз кои почиваат промените на работното место во службите на владата. Очекувањата се дека овие промени ќе резултираат во подобри деловни простори, каде преку примена на современи технологии, подобрени процеси, пофокусирано и поинтензивно искористување на ресурсите, ќе се овозможи поголема флексибилност во работењето, а сите заедно ќе помогнат да се реформираат и подобрат јавните услуги во земјата - кои се едни од централните заложби на владата. Документот се повикува на истражувањето на праксата за флексибилно работење во централната јавна адмиснистрација, спроведено од страна на Универзитетот во Ридинг (University of Reading) во 2004 година, според кое се утврдуваат пет стапки во


експерт еволуцијата на работното место во јавните служби: 1. Канцелариски простории (Cellular Space) – традиционални простори со едно или повеќе работни места. 2. Пејзажен административен простор (Open Plan) – традиционални простори во кои се лоцираат поголем број на работни места, а придонесува за подобрување на ефикасноста на деловниот простор преку зголемување на густината на работните места. 3. Пејзажен административно - деловен простор со додатни заеднички простори и простории за поддршка, како на пример простори за одмор и соби за состаноци – при што се зголемува ефективноста на деловниот простор како резултат на обзбедувањето на горенаведените дополнителни простории кои овозможуваат посоодветни услови за поддршка на работењето. 4. Раскинување на врската помеѓу работното место и лицето – со што дополнително се зголемува ефикасноста на деловниот простор со оглед на тоа што поинтензивно се користи постоечкиот објект, а како резултат на фактот што објектот сместува повеќе работници отколку што има работни места (маси). 5. Целосно нетериторијална средина во која вработените работат во простор кој е најсоодветен за активноста што ја извршуваат – која треба дополнително да придонесе за ефикасноста и ефективноста на работното место. Во ваквиот модел работното место претставува алатка за извршување на работата, а работните простори се обликуваат и се обезбедуваат на начин кој ги поддржува процесите на работење во организацијата. Полека, но сигурно, службите на јавната администрација во Обединетото Кралство се искачуваат по стапките на еволуција на работното место, од појдовната канцеларија чија големина зависи од хиерариското место на лицето што работи во неа, до крајната цел за своевиден „комунизам“ на работното место, каде што вработениот ги извршува работните задачи во работниот простор кој е најсоодветен за извршување на истите. До кое ниво е стигната еволуцијата на работното место во Обединетото Кралство, веројатно како пример може да послужи одговорот на министерот за енергија и климатски промени (The Secretary of State for Energy and Climate Change) на пишаното

пратеничко прашање за условите на работа во министерството, објавен во гласилото на британскиот парламент (House of Commons Written Answers 19 January 2011). Според одговорот, Министерството за енергија и климатски промени дејствува врз работата на принципите - дека за секои 10 вработени има обезбедено 7 работни маси; дека во моментот има по 1,3 вработен по работна маса; дека просечната површина по работно место е 7,5 квадратни метри и дека министерството оперира доброволна полиса за флексибилно работење, која вклучува работење од дома на доброволна основа со исклучок на индивидуални ограничувања, кои можат да произлезат од специфичните карактеристики на работните задачи кое лицето ги извршува. Горенаведениот пример укажува дека има можности за дополнителни подобрувања во оваа насока. На пример, според британските стандарди големината на работното место се дефинира со волуменот од 11 кубни метри по вработен, при што висината на просторот од над три метри не се зема во пресметката на волуменот на работното место. Со оглед на тоа што минималната висина на работните простории е 2,4 метри, произлегува дека минималната површина по работно место е околу 4,5 квадратни метри – во оваа површина не влегуваат помошните простории, комуникациите и сл. Од друга страна, според литературата не често се споменуваат примери за двајца вработени по работно место, па дури и до 12,5 вработени по работно место (маса), што укажува на дополнителни можности за рационализација. Колку реално може да се зголеми ефикасноста на работното место и какви се можните ефекти од овие процеси, е посебна тема. Се разбира, овие процеси не се случуваат само во поразвиените западноевропски земји. Сите ние во Република Македонија сме сведоци на овој процес, во кој голем број организации од приватниот и јавниот сектор имаат поминато, во помала или поголема мерка, низ овој процес. До каде ќе стигне еволуцијата на работното место во јавниот и приватниот сектор во земјата е прашање на кое само историјата, барем во моментов, ќе може да го даде одговорот во догледно време. д-р владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх.

Според британските стандарди големината на работното место се дефинира со волуменот од 11 кубни метри по вработен, при што висината на просторот од над три метри не се зема во пресметката на волуменот на работното место

23 септември 2011 ПОРТА

3

51


ентериер

Монохроматски дизајн кој дефинира, но не ограничува Елегантните црти ја формираат деловната силуета на просторијата што е уредена да сугерира опуштен и пријателски дијалог меѓу посетителот, просторот и персоналот 52

ПОРТА

3

23 септември 2011

В


ентериер

В

о текот на ова година, Скопје го доби првиот инфо центар на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката. Канцеларијата се наоѓа во строгиот центар на градот, и со својот впечатлив излог го интригира минувачот со еден поглед. Тоа е само визуелна увертира за специфичниот ентериер, дизајнерско остварување на архитектот Ива Павловиќ. „Самиот простор има задача да ја доближи институцијата до граѓанинот, која со фактот што е во државна сопственост, се доживува со доза на страво-

почит и резерва. Тоа е основен проблем кога се работи за афирмација и доближување на државна институција до граѓаните. Разрешувањето на ваквиот парадокс во голема мера е постигнато со самото ентериерско уредување на просторот на оваа

отворена канцеларија“ – вели Павловиќ. Станува збор за монохроматски дизајн, кој го дефинира просторот, но не го ограничува, бидејќи се работи за простор чија намена е креирање на личната приказна врз поставените „скици“, основи. Ди-

зајнерската алегорија на тоа во голема мера наликува на сликање во своите бои, врз одредените форми на идните домови. Модерниот дизајн со разиграните детали, акцентираниот принт во декорацијата на ѕидовите, пластичниот волумен на декоративните елементи во контекст на дејноста, како и минималистички – елегантните линии на мебелот, придонесуваат за атрактивноста и удобноста на местото. Со тоа се постигнува позитивен ефект кај посетителот, се поттикнува неговата креативност во однос на просторот. Со вметнувањето високи пултови наместо канцелариски бироа, се овозможува комфор на клиентот за време на контактот, се намалува тензијата што е честа појава при формалните состаноци во типичен канцелариски простор и се влева доверба со која сериозните разговори околу недвижнините се водат со поголема леснотија. Креирајќи го инфо центарот со акцентирана нота на неформалност, се постигнува зголемена достапност на самата служба, но и на целата институција. „Нашиот информативен центар претставува отворен сервис во служба на граѓаните со единствена цел за навремено, точно, професионално и ефикасно информирање на граѓаните за сите услуги во АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката“, изјави генералниот директор на акционерското друштво, Цветко Грозданов. „Информативниот центар работи директно и непосредно им помага на граѓаните при изнаоѓањето решенија за проблеми кои се во нашиот делокруг, што претставува основна намена на оваа канцеларија.“ Леонида Пенка БаШа 23 септември 2011 ПОРТА

3

53


хортикултура

ТОПИЈАРИ

54

ПОРТА

3

23 септември 2011


хортикултура опијарењето претставува хортикултурна практика на обликување на растенијата по пат на кроење на нивните листови и гранчиња. Зборот потекнува од латинскиот „topiarus” што значи украсен пејзаж. Оваа техника на оформување била многу актуелна во времето на големите императори на Римското царство. Се смета дека Римјаните ја презеле од старите Грци. Оваа техника била особено популарна во ренесансниот период. Во XVI век, по европската преродба, топијарите биле составен дел од сите партери и тераси во градините на европската елита. Многу градини од тој период и натаму ја негуваат оваа дисциплина, а една од најпознатите е Версајската градина во Франција.

Т

ВИДОВИ ПОГОДНИ ЗА ТОПИЈАРИ Растенијата што би се користеле за топијарење, пред сè, треба да се зимзелени со што формата на топијарот би била задржана во текот на целата година. Тие треба да имаат мали листови или иглички, и да продуцираат богата и компактна лисна маса. Во зависност од тоа дали ќе користиме брзорастежни или спорорастежни видови, ќе зависи и динамиката на одржување. Со брзорастежните видови за пократок временски период би ја добиле посакуваната форма, но затоа кроењето и одржувањето ќе биде почесто. Видови кои се погодни за топијарење се : Buxus sempervirens, Taxus spp; Thuja spp; Ligustrum spp; Ilex spp; Laurus nobilis, Lonicera nitida, Cupressus sempervirens и многу други.

НАЧИН НА ОБЛИКуВАЊЕ И НЕГА Топијарите со своите форми можат да постигнат најразлични ефекти во градината. Формата што може да се постигне со топијарењето не познава граници. Потребно е да ја преточите вашата визија и имигинација во однос на растението. Традиционалните облици кои се среќаваат се топки, пирамиди, спирали, конуси, најразлични животни, херои од минатото, како и цели сцени од филмови или воени битки.

МАКЕДОНИЈА Архитектонски топијарите вклучуваат форми како лавиринти, тунели и ѕи-

дови. Наједноставна форма на топијарење, која е многу често присутна во градините во Македонија, претставува класичната жива ограда. Начинот на создавање на обликот може да биде рачно „од око”, доколку за тоа имате дарба, трпение и искуство. Друг начин е со помош на веќе изготвени рамки. На готов облик е потребно почесто кроење во текот на сезоната. Геометриските облици бараат почесто кроење. Најдобро е да се „шиша” новиот раст веднаш штом обликот ќе стане нееднаков. Кај спорорастежните видови ( пр. тисата, шимширот... ) кастрењето треба да се повторува еднаш до двапати во текот на годината. Одржувањето е исто како и кога станува збор за одгледување на обично растение, а тоа значи дека и

полевањето и ѓубрењето би се обавувало вообичаено во зависност од потребите на видот. Најголем проблем на кој треба особено да се обрне внимание е заштитата на топијарите во текот на зимскиот период, во подрачја каде што има големи врнежи на снег. Најдобро би било за таа цел да се постави мрежа или трска со што би се заштитиле топијарите, но условите секогаш не го дозволуваат тоа, па во тој случај треба снегот постојано да се чисти за да не дојде до нарушување на формата на топијарот. Во текот на зимата доколку температурите се под нулата подолг временски период, може да дојде до создавање на изгореници по виталните делови од растението, кои подоцна се сушат. Оштетените ливчиња на пролет ќе бидат заменети со нови, поради што е неопходно претходно исушените да се отстранат, но треба да се внимава да не се наруши основниот облик на топијарот. Филип ФиЛиПоСКи, дип. шум.инж 23 септември 2011 ПОРТА

3

55


еко инфо ЛОНДОН

На Земјата живеат 8,7 милиони живи видови Нашата планета има 8,7 милиони живи видови, од кои 6,5 милиони се развиваат на цврсто тло, додека 2,2 милиони во водно поднебје. Од овие 8,7 милиони видови, досега само 14 % се откриени, попишани и категоризирани, истакнуваат истражувачите од глобалната мрежа Census of Marine’s Life. Нивната проценка се темели на најновите техники на таксономијата, со кои се овозможува попрецизно одредување на бројот на видови, за разлика од претходните во кои се калкулирало со бројка помеѓу 3 и 100 милиони видови. Најголем број од живите видови, според најновите истражувања, се животни (7,77 милиони), потоа следуваат габите со 0,61 милиони, а дури на трето место растенијата со 0,3 милиони. (HRT)

ВАШИНГТОН

Банкрот на американските соларни компании Во текот на август 2011 година банкротираа три американски компании за производство на опрема за искористување на сончевата енергија. Благодарение на овие настани, Кина стана уште позначаен фактор во производството на соларна опрема во светски рамки. Една од банкротираните компании е Solyndra, која американскиот претседател пред две години ја нарече пример за американската деловна генијалност, и која по пат на државни гаранции доби кредит од 535 милиони долари. Откако биле потрошени сите пари од кредитот, компанијата прогласила банкрот и отпуштила 1100 работници. Претходно банкрот прогласија Spectra Watt и Evergreen Solar. (Voice of America)

ВАШИНГТОН

Биогас од остатоци од храна Британските компании British Gas и Bio Group потпишаа договор за изградба на погон во Stockport, чија основна функција ќе биде преработка на остатоците од храна од локалните ресторани, хотели и мензи. Во погонот чија вредност се проценува на 8,1 милиони долари, од отпадоците од храна ќе се произведува биогас во доволни количини за задоволување на годишните потреби на околу 1400 домаќинства. (UPI) 56


еко инфо РОКВИЛ, МЕРИЛЕНД

Нуклеарките во САД под голем ризик од земјотреси Според американската Комисија за нуклеарна енергија, дури една четвртина од реакторите во САД се изложени на многу повисок ризик од земјотреси отколку што се сметало во минатото, и неодложно им е потребна сериозна реконструкција. Проблемот особено се актуелизира по земјотресот што на 23 август ја погоди Вирџинија, а чија јачина била поголема од вредноста што нуклеарката North Anna северно од Ричмонд, проектно било предвидено да издржи. Вкупно 27 нуклеарки се на списокот за реконструкција, а извештајот претставува прва посериозна анализа на вкупно 104 нуклеарни реактори во САД, по повеќе години. (Associated Press)

ПЕКИНГ

СТОКХОЛМ

Откриен нов изолационен материјал Истражувачите од Универзитетот Nottingham Ningbo China, развија нов материјал кој може да понуди значителни енергетски заштеди. Се работи за материјал кој има особина лесно да ја менува агрегатната состојба, а може успешно да се применува и при изградба и при реконструкција на згради. Има извонредни

термоакумулациони својства, а неговото производство воопшто не е скапо. Материјалот може да биде нанесен во многу тенок слој на површината на ѕидот, покривот, па дури и на тапетите. Проектот ќе биде официјално презентиран во октомври, кога истражувачите ќе изнесат повеќе детали од нивната работа. (Green Optimistic)

Потрошувачката на вода над очекувањата за наредните 20 години Во секторот вода, во наредните четири години треба да биде инвестирано 0,16% од светскиот БДП, со цел да се преполови бројот на населението на кое му е недостапна чиста вода за пиење. Ова е заклучок од препораките на програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP), претставени во Стокхолм. Моментално не се издвојуваат доволно средства за развој на водоводна и канализациона инфраструктура, како и третман на отпадните води, во многу делови од светот. Доколку не се преземат мерки за подобрување на ситуацијата, сосема е извесно дека во наредните 20 години побарувачката за вода ќе биде далеку над прогнозите. (Energyobserver) подготви: Даниела мЛаДеновСКа 23 септември 2011 ПОРТА

3

57


екологија

ОДБЕЛЕжАН 16 СЕПТЕМВРИ, МЕѓуНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА

Единствена можност за целосна замена на уништувачите на озонот Обединетите нации поттикнуваат брза замена на хемикалиите што го уништуваат озонот, зашто загубата на озонската заштитна обвивка би била погубна за животот на нашата планета. Новите алармантни податоци опоменуваат дека освен познатата озонска дупка над Антарктикот, на повидок е создавање нова дупка, овој пат над Северниот пол.

О

зонската дупка што се појави над Антарктикот е позната уште од 70-тите години на минатиот век, кога еден загрижувачки извештај ја стресе светската јавност за кризата што се случуваше над овој континент. Четириесет години подоцна човештвото се соочи со нова криза. На почетокот на ова лето стигнаа јасни податоци дека е забележано огромно намалување на озонскиот слој и над Арктикот. Научната јавност со години е концентрирана на изнаоѓање решенија за исфрлање од употреба на хемикалиите што се дел од нашето секојдневно живеење, а коишто кога ќе се најдат во повисоките слоеви на атмосферата стануваат уништувачи на озонот. Познатиот меѓународен договор, Монтреалскиот протокол за супстанции кои ја уништуваат озонската обвивка, од 1987 година, постигна огромен успех истиснувајќи ги од употреба хлорофлуорокарбонатите и заменувајќи ги со други супстанции. Годинава, одбележувањето на 16 септември, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, поми-

58

ПОРТА

3

23 септември 2011

нува во знакот на апелот од Обединетите нации - да се исфрли од употреба наредната генерација вакви хемикалии, хидрохлорофлуорокарбонатите (HCFC), и забрзано да се работи на нови технологии кои нема да и штетат на климата.

НОВИТЕ МЕРЕЊА - ЗАГРИЖУВАЧКИ Озонската дупка над Антарктикот нагло се зголемила во првите две недели од овој месец, и од помалку од 10 милиони квадратни километри, сега има површина од 24 милиони квадратни километри, објави Светската метеоролошка организација во својот билтен издаден по повод 16 септември, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка. Тоа значи дека озонската дупка во 2011 година се движи во просекот од последнава деценија. Но, она што ги збуни светските научници на почетокот на летово е почетокот на формирањето на нова озонска дупка, овој пат над Северниот пол, со опасност да ја надвисне цела Европа, дури до Медитеранот. Светските медиуми го пренесоа предупредувањето од научниците од Институтот Алфред Вегенер за поларни


екологија и морски истражувања во Бремерхавен, Германија, дека невообичаените ниски температури во повисоките слоеви на воздухот над Арктикот помогнале озонската обвивка да се истенчи дури и до половина од нормалната концентрација. Првичните податоци од 30 мониторинг станици за озон низ Арктикот покажале дека степенот на загуба на озонот е најголем досега. Промените ги следат и научниците од Колорадо, во Националниот центар за атмосферски истражувања (NSAR). Како што пренесуваат светските медиуми, следењето на промените е во тек, а поконкретни податоци се очекуваат веќе на почетокот на следното лето. Во 80-тите години од минатиот век, научниците заклучија дека хлорофлуорокарбонатите (CFC) и други слични хемикалии кои нашироко беа употребувани во секојдневниот живот, во аеросолите (спрејовите за коса) и фрижидерите ја разградуваат озонската обвивка. Меѓународниот договор познат како Монтреалски протокол ја поттикна глобалната замена на хлорофлуорокарбонатите со други сустанции кои не го уништуваат озонот. Но, CFC во стратосферата може да опстанат со децении и да дејствуваат разорувачки врз значајниот заштитен штит на Земјата. Кога еднаш ќе се најдат во гор-

ните слоеви на атмосферата, CFC се распаѓаат и ослободуваат атоми на хлор, кои кога ќе се активираат со сончева светлина ги уништуваат молекулите на озонот. Ниските температури го забрзуваат овој процес преку поларните стратосферски облаци, на изглед убави и сè уште малку познати формации кои се појавуваат кога температурата во стратоферата ќе падне на околу минус 78 Целзиусови степени, го објаснува процесот магазинот National Geographic. Овие облаци претставуваат резервоари за продуктите на хлорот што лесно се активираат и напаѓаат молекули на озон. Процесот престанува со доаѓањето на летото и зголемувањето на температурите. И падот на температурите над Арктикот не е случаен, коментираат истражувачите. Тоа се должи на подолготрајната тенденција зимите на Арктикот да стануваат сè постудени и постудени. Ова може да е после-

дица на глобалното затоплување, односно како што стакленичките гасови ја заробуваат топлината во пониските слоеви на атмосферата, повисоките слоеви стануваат поладни. Процесот е многу посложен од ова едноставно објаснување, нагласуваат експертите.

вото на CFC над Арктикот останува високо. Така, озонскиот слој над огромната ледена површина ќе остане ранлив уште неколку децении, што особено ќе биде изразено во текот на сè постудените зими. „Како резултат на успешните меѓународни договори и силната заложба на меѓународната заедница за заштита на озонската обвивка, очекуваме уништувањето на озонот да престане некаде кон крајот на овој век“ - велат од Институтот.

ЗАМЕНА НА HCFC

СКАНДИНАВИЈА КАКО МЕДИТЕРАНОТ Ударот на УВ-радијацијата ќе има влијание врз комплетниот екосистем на Арктикот, како и на човековото здравје. Како што пренесува National Geographic, поголемото количество сончева светлина може да го забави растот на одредени видови алги во океанот кои обезбедуваат храна за поголемите организми, чие пак отсуство ќе го наруши целокупниот синџир на исхрана. Озонската дупка може да тргне кон југ, кон населените области на европскиот континент, дури до Италија на југот, но и кон Њујорк или Сан Франциско на американско тло. Во таков случај би се издале препораки луѓето да не поминуваат многу време на отворено и да ја заштитат својата кожа со креми со заштитен фактор. Од Институтот Алфред Вегенер посочуваат дека Монтреалскиот протокол успешно ја забрани употребата на ЦФЦ и сличните хемикалии, но како резултат на долгиот животен циклус во атмосферата на овие хемикалии ни-

Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, 16 септември, годинава има за цел да поттикне што побзо исфрлање од употреба на хемикалиите што ја уништуваат нежната Земјина обвивка што го овозмозува животот на нашата планета. Тема на годинешното одбележување е „Замена на HCFC: единствена можност“, како порака од Обединетите нации до земјите да работат на случајот. Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан ки Мун, во својата порака на 16 септември изјави: „Меѓународната јавност го усвои Монтреалскиот протокол за супстанции кои ја уништуваат озонската обвивка за да ја заштитат Земјата од штетното ултравиолетово зрачење. Поминаа повеќе од 24 години успешна примена на овој протокол, со што заменивме околу 100 супстанции кои му штетеа на озонот. Сега сме насочени кон замената на хидрохлорофлуорокарбонатите (HCFC). Овие хемикалии го уништуваат озонскиот слој, но се и моќни стакленички гасови - најчесто употребуваниот HCFC е за 2.000 пати помоќен од јаглеродниот диоксид во поглед на глобалното затоплување. Позитивните придобивки за климата зависат од изборот на хемикалии и технологии кои ќе ги заменат HCFC. Така, процесот на замена им нуди на земјите единствена можност да прифатат нови погодни технологии, кои не само што не користат хемикалии кои го уништуваат озонот, туку работат и со намалена потрошувачка на енергија и се максимално корисни за климата“. Сашо Кузмановски 23 септември 2011 ПОРТА

3

59


aрт и дизајн

ЛАВ И EДНОРОГ НА КЕЈОТ НА ТЕМЗА

П

авилјон на слободната мисла

ригиналниот павилјон на Лавот и Еднорогот на Британскиот фестивал во 1951 година, имал за цел да го опише британскиот карактер и начин на живот, кој е исполнет со контрадикторности. Во алегоријата на насловот на првобитниот павилјон, лавот е симбол за храброст, сила, но и за ројалистичката власт во Британија. Еднорогот пак, ја симболизира слободната имагинација, независноста и неограничените можности. Во средината на павилјонот се наоѓала скулптура со претстава на лет на керамички птици, симбол за правото на миграција и правото на слобода на говорот. Омаж на овој павилјон на овогодишниот фестивал, претставува уметничката инсталација која го носи истото име, а е дело на умет-

О

60

ПОРТА

3

23 септември 2011

никот Gitta Gschwendtner и на педесетина млади бегалци доселени во Британија, чии поеми ги реинтерпретираат оригиналните теми: „силата и власта“ наспроти „слободата и имагинацијата“, и се визуелно претставени во форма на бели гулаби. „Исто така, претставени се стилизирани јата птици, кои летаат од павилјонот кон соседните објекти. Окото може да ги перцепира и како авиони, кои ја симболизираат миг-

рацијата, една од најчувствителните теми во британското општество“, изјавила авторката при поставувањето на својата инсталација. Овој павилјон е дел од содржините што го сочинуваа Briton Festival 2011, фестивал кој се одржа на Southbank Centre, по повод 60-годишнината од прочуениот Британски фестивал одржан на истата локација. Со фестивалот беа опфатени голем број содржини и манифестации поврзани со културниот

идентитет на Британија, а со акцент на неколку „чувствителни“ теми, претставени преку уметнички решенија. Во реализацијата на павилјонот учествувале и припадници на неколку засегнати институции и организации како што се Совет за раселени лица, Младинска организација на доселеници, Проект за поддршка на домашното образование на бегалците, Фондација „Клевис Кола“ и други. Леонида Пенка БаШа


арт инфо БеРЛин

Ренесансни портрети од донатело до Белини Музеите „Боде“ во Берлин и „Метрополитен“ во Њујорк организираат тематска изложба посветена на италијанското портретно сликарство. Берлинскиот музеј ќе ја реализира првата фаза од поставката до 20 ноември, а потоа колекцијата ќе биде поставена во њујоршкиот музеј „Метрополитен“, од 19 декември 2011 до18 март следната година. Изложбата има наслов „Ренесансни портрети од Донатело до Белини“. Се работи за поставка која ќе содржи повеќе од 150 дела. Слики, цртежи, бисти за првпат ќе се најдат на едно место благодарение на позајмиците од музеите во светот. Помеѓу петиот и 15. век портретите биле ретки и ексклузивно резервирани за владетелите. Дури после 15. век, оваа уметност ќе биде инспирирана и од обичните смртници.

Лондон

Почина Ричард Хамилтон, таткото на поп-артот Британскиот уметник Ричард Хамилтон, кого многумина го сметаат за татко на поп-артот, почина завчера на 89-годишна возраст. Во соопштението од галеријата „Гагосијан“, Хамилтон е опишан како „татко на поп-артот“ и „пионерски уметник со неспоредлива умешност, инвентивност и вечен авторитет“. По повод смртта на Хамилтон, Николас Серота, директор на лондонската галерија „Тејт“ вели дека „Хамилтон, кој уживаше огромна почит од неговите современици Енди Ворхол и Јозеф Бојс, создаде низа извонредни слики, цртежи, графики во кои ги обработува темите на гламурот, потрошувачкото општество, стоките и популарната култура". Ричард Хамилтон ќе остане запаметен по неговата скромност и смисла за хумор, како и по својот вонсериски уметнички талент.

СкоПје

„Мртва природа“ како инспирација

подготви: Дејан Буѓевац

Во Музејот на современа уметност во Скопје е отворено Биенале на млади уметници. Учествуваат осумнаесетмина уметници со свои дела на тема „Мртва природа“, а куратор на изложбата е историчарот на уметност Мира Гаќина. На изложбата учествуваат Матеј Богдановски, Слаѓана Богеска, Кристина Божурска, Софија Грабулоска, Ива Димановска, Филип Достовски, Драгана Заревска, Ана Ивановска, Климентина Јаулеска, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Игор Јосифов, Ивана Лазаревска, Горан Менков, Јован Наумоски, Марија Сотировска, Далибор Тренчевски и Никола Узуновски. Ова уметничко биенале ќе биде отворено еден месец. 23 септември 2011 ПОРТА

3

61


совети 350

400

Одамна планираме да направиме уште една бања блиску до спалната и детската соба. Би сакале да имаме и одделен гардеробен плакар каков што сега сè почесто се прави во модерно уредените станови. Дали постои можност за тоа? Верица Петковска, Скопје

З

62

ПОРТА

3

23 септември 2011

180

60 90

а сметка на неколку сантиметри од спалните соби, може да добиете простор за бања и гардеробен плакар меѓу нив. Пресметајте ги минималните димензии на спалната соба (без плакари водејќи сметка само за димензиите на брачниот кревет со по 90 см простор за движење од двете страни на креветот). Од детската соба одземете исто така 95 см и ќе се ослободи простор за бања, како и гардероба која воедно ќе има и функција на дегажман и простор за пресоблекување. За да се задржи функционалноста на гардеробната просторија, задржете ги постоечките врати од спалната и детската соба. Во гардеробниот простор е сместен орман со врати и фиоки, а во преостанатиот дел е ходник (со широчина 90 см) кој ги поврзува собите со бањата и меѓусебно. Гардеробниот простор има димензии 150 см х 180 см. На влезот од гардеробниот простор монтирајте лизгачки врати. Кога вратите се затворени оваа просторија може да послужи како дел за пресоблекување.

Билјана СТевКовСКа Савиќ , дипл.инж.арх. b.savic@porta3.com.mk

120

180

60 90

СОБА

broj 166

120

350

СПАЛНА И ДЕТСКА

350

350 РЕНОВИРАЊЕ НА


најчудни градби

Mост кој ве шета по облаците в

о оваа рубрика сме пишувале и порано за интересни мостови, но тоа најчесто сме го правеле од аспект на невозможните факти и податоци, должината, уникатноста и слично. Овој пат ви нудиме мост, кој слободно може да се именува не само како најчудниот мост на светот туку и како најстрашниот, но во исто време и мост кој ви го одзема здивот. Се наоѓа во областа Лангкави во едно ориентално село, во шумскиот предел на планината Мат Чингшанг во Малезија. Името му е „небесен мост“ и тој најдобро ја отсликува секоја импресија за секоја фотографија на која е претставен. Чуден е не само затоа што се наоѓа во шума, не само затоа што е пешачки, туку и затоа што тој е поддржан од само еден челичен столб. Се наоѓа на височина од 700 метри над земјата и е со должина од 125 метри. Чуден е и застрашувачки бидејќи нема права линија туку напротив, има полукружна форма. Патеката за пешаците има широчина од 1,8 метри, а на двата краја на мостот се наоѓаат триаголни платформи. Со полукружната форма тој нуди неверојатен поглед од цели 360 степени кон Андамановото Море од островот Пулау Лангкави. Тој е избран меѓу петте мостови низ светот со епитет „страшни“. Интересно е што до мостот се доаѓа и преку жичарница. Ова е воедно втората највисока кота во Малезија. Мостот е пуштен како туристичка атракција во 2005 година. Драган Ристов

3

23 септември 2011 ПОРТА

63


излог

Колекција на масички инспирирани од француските ентериери од 18 век, претставени од Casamania.

Подна ламба како букет од светилки од Fethi Atakol.

64

ПОРТА

3

23 септември 2011


Комода од Alicia Bastion, која преку растечката форма сака да го симболизира ителектуалниот растеж и бесконечниот свет на знаењето.

Магична комбинација на светло и музика контролирана преку бежичен систем. Дизајнирана е од Telonius Whitehead.

ПОДГОТВИ:

Сандра Дончева Теохарова , дипл.инж.арх.

23 септември 2011 ПОРТА

3

65


jaвни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 111/2011 ОБЈАВА

ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА КОМЕРЦИЈАЛЕН ОБЈЕКТ ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со урбанистички план за село донесен со одлука бр. 0701-284/1 од 24.08.2004 година – дел од УРБАН БЛОК 5 – населба Облешево, наменето за изградба на комерцијален објект, со максималната висина до венец од 4,00 метри, вкупна површина на градежната парцела од 29 м2, градежна парцела составена од КП 5433/16 КО Облешево, со површна за градење од 20 м2, коефициент на изграденост 69,44 % и коефициент на искористеност 0,69. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 27.09.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 04.10.2011 година, во 14,00 часот.

ОБЈАВА

ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за дел од населено место Борисово, Блок 1 (индустриска зона), донесен со одлука бр. 07-373/1 од 17.02.2008 година на општина Ново село со намена за изградба на Г2, Г3, Г4, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, катност, површина за градење, процент на изграденост, потребни паркинг места, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 27.09.2011 година на адреса на Министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 04.10.2011 година, во 12,00 часот.

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 129/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение за изработка и поставување на 7 скулптури дефинирани со Идејниот проект за партерно уредување и урбана опрема на Градскиот парк во Скопје. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 30.09.2011 во 12.00 часот.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 112/2011 ОДЛУКА

ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО ПРИ-

66

ПОРТА

3

23 септември 2011

ВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ БОШАВА ЗА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВОДИТЕ

ОДЛУКА

ЗА ДАВАЊЕ НА ПРАВО НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА – СКОПЈЕ

ОДЛУКА

ЗА ФОРМИРАЊЕ НА КОМИСИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ

ПРОГРАМА

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА 2011 ГОДИНА

Избор на идејно решение за редизајнирање и реставрација на пешачките мостови во старото градско подрачје по течението на реката Драгор. Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Методија Костов.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 122/2011 ОДЛУКА

ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА (МХЕЦ) “РАТЕВО“ И МИНИ ХИДРО ЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА (МХЕЦ) “МАНАХИТА“

ОДЛУКА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 113/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 02-2338/3/5/2011 Назив на договорниот орган: ЈП депонија ДРИСЛА – Скопје, с. Батинци, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Проектирање и изградба на инсталација за осигурување на медицински и друг вид опасен отпад. Контакт тел/факс: 2722-500, 2722-560, лице за контакт: Дијана Велјаноска. Јавно отворање на понудите на ден 26.10.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 114/2011 ОДЛУКА

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ КОНЦЕСИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ, НАПЛАТА НА ПАТАРИНА И КОРИСТЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ПАКЕТ 1)

ОДЛУКА

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ КОНЦЕСИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ, НАПЛАТА НА ПАТАРИНА И КОРИСТЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ПАКЕТ 2)

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 116/2011

ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОТ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА “ТОПЛЕЦ“ КАКО ДЕЛ ОД ХИДРО СИСТЕМОТ “ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО“

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 123/2011 ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 137/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на архитектонско – урбанистичко идејно решение за панорамско тркало со придружни елементи во централното градско подрачје на Скопје – Мал Ринг. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 12.10.2011 година во 12.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 20-4955/2/2011 Назив на договорниот орган: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, ул. “Владимир Комаров“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реновирање во објектот на Централата на Фондот и домовите за живеење на пензионери Делчево, Автокоманда, Аеродром и Ѓорче Петров. Контакт тел/факс: 02 3250-477, 02 3162-275, лице за контакт: Ријат Муртезани. Јавно отворање на понудите на ден 28.09.2011 год.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 06/2011 Назив на договорниот орган: Општина Демир Капија, ул. “Маршал Тито“ бб, 1442, Демир Капија. ПРЕДМЕТ: Набавка на услуги за изработка на урбанистички планови, ревизија и картирање на урбанистички планови, изработка на техничка документација и ревизија, вршење на надзор на градби и изработка на елаборати и студии од областа на животната средина при изработка на урбанистички планови. Контакт тел/факс: 043 364-100, 043 366-212, лице за контакт: Јулијана Гацева. Јавно отворање на понудите на ден 03.10.2011 год.

Број на огласот за кој се однесува известувањето: 14-1455/1/2011 Назив на договорниот орган: Општина Битола, бул. “1-ви Мај“ бр. 61. ПРЕДМЕТ:

БРОЈ: 29/2011 Назив на договорниот орган: Радовиш – орган на општината, бул. “Александар Македонски“ бб, 2420, Раводиш. ПРЕДМЕТ:

ОДЛУКА

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ 1 И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 120/2011

Изградба на горен слој на локален пат крак за детско летувалиште “Плачковица“ Општина Радовиш. Контакт тел/факс: 032 635-098, 032 630-290, лице за контакт: Елизабета Кирилиева Коцева. Јавно отворање на понудите на ден 04.10.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 124/2011 ОБЈАВА

ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА, СЕРВИСИ И СТОВАРИШТА ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за во населено место Индустриска зона Раброво на општина Валандово, со намена за изградба на лесна индустрија, сервиси и стоваришта. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 18.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје.

ОБЈАВА

ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНДИВИДУАЛЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план УБ12 Демир Капија донесен со одлука бр. 08-416/1 од 14.08.2007 година на општина Демир Капија, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена, катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 06.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 125/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 55/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, бул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Доградба на ОУ “Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ Општина Арачиново – Скопје. Контакт тел/факс: 02 3222-038, 02 3118-414, лице за контакт: Ангелчо Трајановски. Јавно отворање на понудите на ден 14.10.2011 год. БРОЈ: 05-7495/2011 Назив на договорниот орган: Општина Илинден, ул. “9“ бб, 1401, Илинден. ПРЕДМЕТ: Изградба на дренажен канал за зафаќање на површински води и регулирање на ниво на подземни води во н.м. Бујковци. Контакт тел/факс: 2571-703, лице за контакт: Весна Стојановска. Јавно отворање на понудите на ден 10.10.2011 год.


рубрика


Porta3 166  

arhitektura, gradeznistvo, ekologija

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you