Списание за градежништво, архитектура и екологија

Page 12

региони

Завршува реконструкцијата на двата ски-лифта на Пониква Реконструкцијата на двата ски-лифта на Пониква, во вкупна должина од 692 метри е во завршна фаза. Обновени се машинските и електричните делови на ски-лифтовите, променети се влечните јажиња и котвите и извршен е ремонт на моторите. Изведувачот „Инокс сервис“ од Кочани има обврска да ги заврши работите до крајот на овој месец и треба да обезбеди дозвола за употреба од надлежната институција. Од Општина Кочани велат дека на Пониква ќе претстои решавање на отпадните води и на водоснабдувањето со брана на Арамиска Чешма. Во тек е реализацијата на проектот „Планински велосипедски рај“, со кој се градат и планински велосипедски патеки и планинарски дом со 28 легла. Проектот за реконструкција на скилифтовите се имплементира преку програмата Регионални форуми во заедницата, реализирана од Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиски поддржана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. n

Нова патека до „Спомен-костурницата“ во Кавадарци Општина Кавадарци привршува со реализација на комуналниот проект за изградба на целосно нова пристапна патека до „Спомен-костурницата“ во градскиот парк. Проектот содржи пробивање и формирање нова патека од павер елементи во вкупна должина од 300 метри која во еден дел се спојува со стара патека од која се отстранети руинираните гранитни коцки. Новата патека почнува од источниот влез на Винскиот музеј, се движи над објектот по јужната страна, за на крајот да се оддели од старатa патека и се упати кон костурницата како нов пристап од север. На патеката се поставени и осум нови ниски канделабри кои се дел од системот на јавното улично осветлување. Новите високоефикасни ЛЕД светилки со јачина од 20W се поставени на метални столбови со висина од 3,5 метри. n 12

ПОРТА

30 октомври 2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.