__MAIN_TEXT__

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

297 ОКТОМВРИ 2020

„Скопје 2014“ е архитектонскиот Армагедон Беспомошно чекање покрај тони индустриски отпад Кралскиот златен медал за 2021 година за Сер Дејвид Аџаје


Годишна награда на „Порта 3“ за градежништво, архитектура и екологија радицијата што ја почнавме минатата година со доделување на награда на „Порта 3“ ја продолжуваме. Во трите области кои ги покриваме, градежништво, архитектура и екологија наградата ќе се додели на поединци, тим, компанија, институција или општествена активност и ангажираност во доменот на проектирањето, изведувањето, публицистичката, истражувачката и научна дејност. Но, исто така сметаме дека е многу важно да се воспостават универзални критериуми за доделување на наградата со што достојно и стручно ќе се оддаде почит на она што претставува вистинска вредност, вреднување на професионален труд и благодарност до оние кои успеаја со својата работа, доследност и вештина да придонесат за квалитетот на професијата. Критериумите за доделување на наградите се креативен, стручен и професионален пристап на архитектурата, градежништвото и

Т

екологијата. Квалитетни објекти кои се значајна и впечатлива архитектура, создадени со квалитетни функционални решенија, урбанистички соодветно поставени кои се вклопуваат во околината и придонесуваат за нејзино унапредување, современо архитектонско обликување постигнато со првостепена пластика, комплексни градежни и еколошки зафати и интервенции. Достигнувања во дизајнот, технички и технолошки достигнувања во трите области. Социјална и општествена одговорност во планирањето на просторот – урбанизам, одржливост на околината, амбиентот, научни студии и анализи, ефекти во животната средина, културен идентитет, висок професинален морал. Во декември, за наградата ќе одлучува петчлено жири во кое членуваат архитекти, екологист и градежен инженер.. Редакција на Порта 3

ПОРТА


СОДРЖИНА

16

ИНФО 6

22

ГРАДЕЖНИШТВОТО ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ДА БИДЕ ДВИЖЕЧКА СИЛА НА ЕКОНОМИЈАТА

ИНФО 10 ПРОФ. Д-Р МИШКО РАЛЕВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ААМ

РЕГИОНИ 12 IN MEMORIAM 14 МИХАЈЛО МИКЛЕ СЕРАФИМОВСКИ: ВЕЛИКАН НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА БРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА

32

ИНТЕРВЈУ 16 МИРОСЛАВ ГРЧЕВ: „СКОПЈЕ 2014“ Е АРХИТЕКТОНСКИОТ АРМАГЕДОН

АРХИТЕКТУРА 22 ДОБИТНИК НА КРАЛСКИОТ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА 2021 ГОДИНА

АРХИТЕКТУРА 28 СМЕЛИ И КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ НА НАГРАДАТА BRICK AWARD

АРХИТЕКТУРА 32 „ОТВОРЕНО ДЕПО“ – МУЗЕЈ ШТО ГО КРИЕ СВЕТОТ НА УМЕТНОСТА

44

УРБАНИЗАМ 36 АРХИТЕКТОНСКИОТ ПРОСТОР НА ТЕРИТОРИЈАТА

УРБАНИЗАМ 40 СО ТАКТИЧКИ УРБАНИЗАМ ДО ПОВЕЌЕ ЈАВНИ ПРОСТОРИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

ЕНТЕРИЕР 44 УДОБНОСТ, ЕЛЕГАНЦИЈА И ПРИРОДНА СВЕТЛИНА

СООБРАЌАЈ 50 АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ПО МЕРКА НА ЧОВЕКОТ

ЕКОЛОГИЈА 54 БЕСПОМОШНО ЧЕКАЊЕ ПОКРАЈ ТОНИ ИНДУСТРИСКИ ОТПАД

ЕКОЛОГИЈА 58 ЧИСТО, КАКО ЛЕШНИЦА ПОСЛЕ НАС

ПОРТА

25 јули 2014

50 58


ГОДИНА XII

БРОЈ 297 ПЕТОК 30.10.2020 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И во овој број на Порта 3 шареноликост од текстови. Редовните рубрики за градежништво, архитектура и екологија се надополнети се четива за урбанизам, сообраќај, ентериер. Овој број содржински го отвораме со информацијата за изборот на претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија. Исто така, избран е и нов Управен одбор кој претставува спој на знаење и долгогодишно искуство во сите сегменти на градежништвото и оперативно тело кое ќе се залага за реализирање на приоритетите и целите на градежниот сектор во следниот период. Во овој број ќе може да се прочита и за изборот на нов претседател на Асоцијацијата на архитекти, а тоа е проф. д-р Мишко Ралев. Активностите на локалните самоуправи се повторно застапени. Тука ќе може да се прочита за имплементацијата на проектот „Прилепско Езеро – нови авантури, нови можности“, за реконструкцијата на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкести, во завршна фаза е реконструкцијата на двата ски-лифта на Пониква, како и за изградбата на новата патека до „Спомен-костурницата“ во Кавадарци. In memoriam е за проф. Михајло Микле Серафимовски кој е великан на индустријата за брани во Македонија. Во рубриката интервју професорот Мирослав Грчев одговара на прашања за предлог- планот Мал ринг, за неозначувањето како дивоградби на неколку споменици кои се дел од проектот „Скопје 2014“, за споменикот на Мајка Тереза и за порта Македонија. Во рубриката архитектура нашиот дописник од Лондон пишува за Сер Дејвид Аџаје О.Б.Е., кој е добитник на Кралскиот златен медал за 2021 година. Сер Дејвид Аџаје ОБЕ е ганско-британски архитект и е пример за интернационалниот опфат на ова високо меѓународно признание во доменот на архитектурата. Комапнијата Wienerberger по деветти пат ја додели меѓународната награда Brick Award. Оваа година биле пријавени рекорден број од 644 проекти од 55 земји, пријавени од 520 архитекти, а во номинација за наградата биле 50 објекти. Во овој број може да се прочита и за објектот

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

што го привлече вниманието на светската јавност не само заради својот архитектонски изглед, туку и заради тоа што е прв музеј во светот којшто ја изложи целокупната музејска колекција од 150 илјади уметнички дела во новото мамутско складиште – Депо. Во рубриката урбанизам нашиот соработник пишува за поетско, формално и програмско истражување. Пејзажот се перципира како форма што е способна да се справи со комплексни пресеци помеѓу јавниот живот, јавните настани и урбаната инфраструктура, и е воедно доволно флексибилен за да ја замисли иднината долж непредвидливите градски сценарија. Пандемијата на коронавирусот предизвика зголемена потреба од поминување време на отворено. Тактичкиот урбанизам е пристап кон урбанистички дизајн на јавни површини преку систем на привремени инсталации и интервенции кои влијаат на промена или воведување нови активности на улиците и плоштадите. Во рубриката сообраќај може да се прочита за тоа кои се придобивките од автономните возила кои тангираат многу аспекти од квалитетот на живот и развојот на заедницата. Ентериерот на еден луксузно опремен стан нуди удобност, елеганција и природна светлина. Станот се управува и преку гласовни команди, каде со секое „Good Morning“, самиот систем го буди станот, ги отвора ролетните, ја вклучува омилената утринска музика, греењето и го подготвува станот за новиот ден. Скратеното основно и уставно загарантирано право на живот во чиста и здрава животна средина предизвикува одредени граѓани беспомошно да чекаат и да живеат покрај тони индустриски отпад. Луѓето што живеат покрај индустриските жешки точки немаат механизми да ја натераат државата да ги заштити. Овој број го затвораме со една убава и успешна планинарско-еколошка акција на Шар Планина. Од Планинарскиот клуб ПК „Јелак“ од Тетово со мотото „Чисто, како Лешница после нас“ ја исчистија од ѓубре долината на Долна Лешница, како и потегот кон популарно наречената Кривошија, и патеките и ливадите околу неа. ОД РЕДАКЦИЈАТА 297

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ОКТОМВРИ 2020

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

„Скопје 2014“ е архитектонскиот Армагедон Беспомошно чекање покрај тони индустриски отпад Кралскиот златен медал за 2021 година за Сер Аџаје

АВТОР СЕР ДЕЈВИД АЏАЈЕ О.Б.Е.

Насловна страница РУБИ СИТИ, ЦЕНТАР ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ, САН АНТОНИО, САД

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 29.10.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

Градежништвото има потенцијал да биде движечка сила на економијата Нов состав на Управниот одбор и амбициозна работна агенда на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија

омпаниите – членки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на крајот на септември, мандатот за претседател на Здружението повторно и едногласно го доделија на Андреа Серафимовски од „ГД Гранит“, а избраа и 4 потпретседатели на Здружението: Даниел Цеков, „Адинг“, Михо Јаневски, Градежен институт „Македонија“ (ГИМ) и Ѓуро

К 6

ПОРТА

30 октомври 2020

Чубриновски, „Масон Инженеринг“. На седницата беше избран и нов Управен одбор кој претставува спој на знаење и долгогодишно искуство во сите сегменти на градежништвото и оперативно тело кое ќе се залага за реализирање на приоритетите и целите на градежниот сектор во следниот период. Последиците предизвикани од пандемијата на КОВИД – 19 и тековното работење на градежните компании беа дискутирани од релевантните претставници на секторот, при што беше оценето дека

глобалниот предизвик за справување со коронавирусот и прилагодување кон новите услови за живот и работа не го исклучува ниту градежништвото иако овој сектор немаше директна забрана за вршење на дејноста, како транспортот, угостителството и другите сектори кои беа најпогодени од кризата. Дополнителен проблем за градежништвото претставуваше и тоа што почетокот на пандемијата соодветствуваше со почетокот на градежната сезона и подобрувањето на временските услови, па и покрај поволната клима, ангажираните


капацитети беа намалени заради доследно почитување на мерките и препораките за превенција од ширење на вирусот. Покрај тоа што во првото полугодие од 2020 година градежништвото забележа раст од 1,05 % споредено со првото полугодие од 2019 година, состојбите до крајот на годината се неизвесни, а очекувањата се дека економските последици од пандемијата врз деловните субјекти ќе се продлабочат. Затоа, Здружението краткорочно ќе се залага за одржување на стабилноста на градежништвото и справување со последиците од здравственоекономската криза како приоритетни цели. Долгорочно, зголемувањето на конкурентноста на градежните компании, унапредувањето на соработката помеѓу научноистражувачкиот и реалниот градежен сектор и афирмирањето на интересите на членките на домашен и меѓународен план и понатаму остануваат императив во работењето на Здружението. - Градежниците ги испорачаа своите барања до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски Обезбедувањето на стабилен и поволен деловен амбиент преку креирање квалитетна правна рамка и елиминирање на нелојалната конкуренција, како и искористување на потенцијалот и враќање на улогата на домашните градежни компании како носители на реализацијата на големи градежни проекти се главните барања на градежните компании истакнати на работната средба која Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, ја реализираше со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и негови соработници. Градежниците на средбата со министерот

„Градежништвото има капацитет да го даде импулсот за справување со последиците од здравствено-економската криза и да биде движечка сила на домашната економија. Поради тоа, планирањето и реализацијата на инвестициите во овој сектор заслужуваат посебно внимание. Анализирана долгорочно кризата може да отвори нови можности и простор за решавање на горливите прашања за градежништвото од изминатиот период, за што е потребно државата во консултација со реалниот градежен сектор да создаде соодветни услови кои ќе овозможат раст и развој на оваа значајна стопанска гранка“ – истакна Андреа Серафимовски заблагодарувајќи им се на присутните за укажаната доверба, воедно посочувајќи дека реизборот значи признание за досегашната работа, но и мотив да продолжи посветено да работи на реализацијата на заедничките приоритети и цели на Здружението.

дискутираа за состојбите во градежниот сектор, идните проекции за инвестициите во инфраструктурата, реализацијата на капиталните проекти, потребата и динамиката за носење на новите прописи од областа на градежништвото и останати прашања од интерес на компаниите членки кои се во делокругот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изрази подготвеност во консултација со бизнис-заедницата, да се решаваат клучните проблеми кои го засегаат градежништвото. Осврнувајќи се на

Законот за градење и измените во регулативата, министерот порача дека истите ќе бидат предмет на поширока дебата и компаниите ќе имаат можност да ги презентираат своите предлози и коментари со цел тие да бидат донесени по примерот на Законот за урбанистичко планирање кој на почетокот на годинава беше донесен по претходна консултација со бизнис-секторот и други засегнати страни. Во однос на реализацијата на капиталните проекти, тој посочи дека внимателно се работи на креирање решенија кои ќе овозможат отстранување на застојот во реализацијата

ПОРТА


на отпочнатите проекти и ефикасна и непречена реализација на проектите во иднина. Претходното дозволува да веруваме дека експертизата во сите сегменти на градежништвото, искуството на терен и

ПОРТА

стручноста на кадарот концентирана во Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите ќе биде искористена при креирање на законските и подзаконските акти во следниот период со единствена цел

Членови на Управниот одбор на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија l Андреа Серафимовски, претседател, ГД Гранит; l Михо Јаневски,  потпретседател, Градежен институт Македонија (ГИМ); l Даниел Цеков,  потпретседател, Адинг; l Ѓуро Чубриноски,  потпретседател,  ДГТ Масон - Инженеринг; l Слободан Ивановски,  БИМ Свети Николе; l Велимир Петровски,  Кнауф; l Драган Димитриевски,  ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.; l Есфер Алији,  Турмак АД Истанбул – Подружница Скопје (Џевахир); l Иван Ангелов, Цементарница УСЈЕ; l Илија Марков, ДГ Бетон; l Стрезимир Трајковски, Усјепор; l Тони Павлов, ДИВИ Македонија; l Шефки Алити, Макаљб Компани. – создавање предвидлива и извесна бизнис-клима и услови за развој на градежништвото. n


ПОРТА


инфо

Проф. д-р Мишко Ралев нов претседател на ААМ роф. д-р Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје е новиот претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ. Поради ситуацијата со вирусот Ковид-19, Изборното собрание на ААМ се одвиваше во изменети услови и на отворен простор во паркот на Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. На Собранието со мнозинство гласови е избран новиот претседател, а архитект Искра Јанковска-Михајловска е избрана за претседател на Собранието на ААМ. Во своето обраќање пред присутните членови на ААМ, новоизбраниот претседател се осврна на значењето на ААМ и ја потенцираше својата заложба дека Асоцијацијата безусловно ќе ја држи страната на струката и науката преку разни форми на комуникација со општеството. Новото раководство на ААМ е со старо-нови членови на Управниот одбор: проф. д-р Александар Радевски, Мартин Деловски, Марта Илиевска, Јана Гугуловска, Иван Арсовски и Бесиан Мехмети. Претседателот на ААМ, Мишко Ралев вели дека задачата и на ова ново раководство е да продолжи со најдобрите практики на претходните, а секако и да ги унапреди во секоја можна смисла. Зашто ААМ како струкова асоцијација треба да ги брани и унапредува ставовите и интересите на архитектите во нашата држава преку заштита на нивниот производ, кој е пак во директна врска со човекот и неговата благосостојба. Затоа комуникацијата помеѓу архитектите и општеството треба да биде директно и чесно. Тој смета дека токму поради тоа е потребно ангажирање на сите во струката, од архитектонските школи, проектантските фирми, сè до државните и локалните органи на управа. Новото раководство ќе продолжи со работа на вмрежување на што поголем број на членови, особено на оние помладите со што ефикасноста на ААМ ќе се зголеми, а поврзаноста на членовите ќе биде бенефит за сите.. n

П

10

ПОРТА

30 октомври 2020


ПОРТА


региони

Завршува реконструкцијата на двата ски-лифта на Пониква Реконструкцијата на двата ски-лифта на Пониква, во вкупна должина од 692 метри е во завршна фаза. Обновени се машинските и електричните делови на ски-лифтовите, променети се влечните јажиња и котвите и извршен е ремонт на моторите. Изведувачот „Инокс сервис“ од Кочани има обврска да ги заврши работите до крајот на овој месец и треба да обезбеди дозвола за употреба од надлежната институција. Од Општина Кочани велат дека на Пониква ќе претстои решавање на отпадните води и на водоснабдувањето со брана на Арамиска Чешма. Во тек е реализацијата на проектот „Планински велосипедски рај“, со кој се градат и планински велосипедски патеки и планинарски дом со 28 легла. Проектот за реконструкција на скилифтовите се имплементира преку програмата Регионални форуми во заедницата, реализирана од Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиски поддржана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. n

Нова патека до „Спомен-костурницата“ во Кавадарци Општина Кавадарци привршува со реализација на комуналниот проект за изградба на целосно нова пристапна патека до „Спомен-костурницата“ во градскиот парк. Проектот содржи пробивање и формирање нова патека од павер елементи во вкупна должина од 300 метри која во еден дел се спојува со стара патека од која се отстранети руинираните гранитни коцки. Новата патека почнува од источниот влез на Винскиот музеј, се движи над објектот по јужната страна, за на крајот да се оддели од старатa патека и се упати кон костурницата како нов пристап од север. На патеката се поставени и осум нови ниски канделабри кои се дел од системот на јавното улично осветлување. Новите високоефикасни ЛЕД светилки со јачина од 20W се поставени на метални столбови со висина од 3,5 метри. n 12

ПОРТА

30 октомври 2020


Заврши првата фаза од санацијата на разладната кула на Блок 2 во РЕК Битола

спешно заврши првата фаза од санацијата на разладната кула на Блок 2 во РЕК Битола, висока 108 метри. Саниран е армирано бетонската обвивка на кулата со што се надминати проблемите со нејзината дотраеност. Зафатот се реализира за првпат откако кулата е изграден во 1984 година. Во втората фаза од проектот, ќе биде заменето азбест-цементното росиште на кулата со нови еколошки материјали. Со заокружувањето на проектот, постројката ќе работи со енергетски подобрени перформанси кои ќе се одразат и врз еколошкиот аспект на кулата, односно врз намалувањето на емисијата на штетни гасови. Во наредниот број Порта 3 опширно ќе ја обработи темата за санација на кулата во РЕК Битола. n

У

ПОРТА


in memoriam

ПРОф. МихајлО Микле СеРафиМОвСки (1926 – 2020)

Великан на индустријата за брани во Македонија Од 1952 до 2017 година, неверојатни 65 години, постојано беше присутен и активен во самиот врв на хидротехничкото градителство во Македонија и во поширокиот регион Љупчо Петковски, дипл. град. инж. Бранислав ЃорЃевиќ, дипл. град. инж. о Скопје, на 24 септември, на 93годишна возраст, почина професор Михајло Микле Серафимовски, најистакнатиот хидротехнички градител и омилениот учител на инженерите во Македонија. Михајло Серафимовски е роден на 3 ноември 1926 година во Тетово. Основно училиште завршил во својот роден град, а учел гимназија во Скопје и Тетово, каде што матурирал. Во тек на студиите, на Градежниот факултет на Техничката висока школа во Белград, во 1951 година, со тимот на Српската академија на науките и уметностите, учествувал во својата прва истражувачка работа под раководство на тогашните асистенти на САНУ Бата Геза и Младен Борели, и работел на истражување на морфологијата на акумулацијата Матка на реката Треска. Дипломирал во 1952 година, на Одделот за хидротехника, како еден од најдобрите во генерацијата, a неговиот ментор проф. Живко Владисављевиќ му предложил да остане на Факултетот во Белград. Серафимовски целиот работен век го поминал во извршување на најодговорни инженерски задачи. Започнал со изградба на еден од најсложените хидроенергетски објекти, ХЕЦ Вруток во рамките на хидросистемот Маврово - каде се калеше веднаш по дипломирањето. Изградбата на овој комплексен објект, еден од најголемите во Југославија во периодот 1952 - 1955 година, била извонредна школа за инженерот Серафимовски. Тоа искуство, придружено со внатрешниот порив за постојано учење, направило Серафимовски да израсне во одличен проектант, организатор, брзомислечки инженер, подоцна професор, кој при проектирањето или ревизијата на проектите, многу јасно ги согледувал оптималните параметри на хидротехничките

В

14

ПОРТА

30 октомври 2020

објекти и можностите за нивна реализација. На Градежниот факултет во Скопје, бил активен речиси од неговото основање, па сè до пензионирањето, така што беше еден од оние професори кој се вгради во неговиот развој. Имено, во 1956 година, Михајло Серафимовски се вработува на Градежниот факултет, каде бил избран за асистент на Катедрата за хидротехнички објекти. Воедно, продолжува интензивно да работи во пракса, бидејќи секогаш сметаше дека стручната и педагошката работа на универзитетот се неразделно поврзани, и дека наставник на технички факултет, кој најинтензивно не е вклучен во струката, и тоа на најкомплексните задачи, може да даде скромен придонес во врвното образование на инженери. Во 1964 бил избран за доцент и го продолжи делото на неговиот учител и основоположник на Катедрата за хидротехнички објекти професорот Братислав Субановиќ. Во 1970 година е избран за вонреден професор, а во 1976 за редовен професор, за предметите „Користење на водните сили“ и „Хидротехнички објекти“. Во одреден период, на градежните факултети во Белград и во Приштина, успешно ги предаваше предметите „Брани“ и „Хидротехнички конструкции“. Проф. Серафимовски останува на Градежниот факултет во Скопје, сè до пензионирањето во 1987 година. Во период 1957 - 1959 година бил главен проектант на Хидроелектропроект од Скопје и учествувал во изработката на: Главен проект на ХЕЦ Равен, Идеен проект на доводните органи на ХЕЦ Шпиље, Главен проект на лачна брана Гратче, Идеен и Главен проект на девијација на р. Сатеска, Идеен и Главен проект за регулација на Црн Дрим низ Струга на потег од 10 km. Во периодот 1960 - 1963 година бил технички раководител на Републичката дирекција за изградба на хидромелиоративни системи во Македонија. Тогаш беа реализирани многу значајни проекти за одводнување на Пелагонија, Скопско и Струшко Поле од 61.000 ha и за

наводнување на Брегалничко, Струмичко и Тиквешко Поле, со површина од 62.000 hа, со насипните брани Калиманци на р. Брегалница, Турија на р. Турија, Водоча на р. Водоча, Мантово на р. Лакавица, и највисоката каменоземјeна брана во Југославија - Тиквеш на Црна Река. Во периодот 1964 - 1978 година бил главен проектант на главни проекти на брана и ХЕЦ Шпилје, на доводните органи и машинската зграда ХЕЦ Калиманци и ХЕЦ Градец на р. Вардар, Идеен проект за наводнување на 70.000 ha на Пелагонија, на студии за хидросистеми за бонификација на сливот р. Вардар, во рамките на финансирањето од UNDP, Југославија и Грција, со соодветни истражувачки работи и студиски решенија за 10 брани со акумулации: Св. Прохор Пчински и Вакуф на р. Пчиња, Разловци на р. Брегалница, Стрежево на р. Шемница, Бучин на Црна Река, ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште на Црна Река, ХМС Бабуна на р. Бабуна, ХЕ Велес на р. Вардар, ХМС Палиград на р. Кадина. Во периодот 1982 - 1986 година, бил главен проектант на Идеен проект ХЕЦ Чебрен, Физибилити студија за ХС Стрежево, проект за водоснабдување на ТЕЦ Неготино, ХС Злетовица и браната „Кнежево“. Во периодот 1986 - 1996 година, бил ангажиран од Светска банка и од Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (FAO) и учествува во изработка на: Студија за


користење на водниот потенцијал на р. Вардар; Главен проект на брана „Лисиче“; Иновирање на главниот проект на брана „Кнежево“; Реконструкција и рехабилитација на системите за наводнување во Р Македонија (Брегалница и Тиквеш). Во периодот 1993 2014 година бил главен проектант на компанијата РИКОМ од Скопје на повеќе хидротехнички проекти, со истакнат придонес во планирањето во сите фази и изградба на брана и ХЕЦ Козјак и брана и ХЕЦ Св. Петка. Во периодот 2015 - 2017 година бил консултант во фирмата ГЕИНГ од Скопје, за проекти на бројни мали хидроцентрали во Македонија, и за идејни и изведбени проекти за четири хидроцентрали на р. Бистрица и р. Јањина во Република Српска, БиХ. Професорот Серафимовски, практично од 1952 до 2017 година, неверојатни 65 години, постојано беше присутен и активен во самиот врв на хидротехничкото градителство, во Македонија и во поширокиот регион, а во периодот 1978 - 1981 година, во респектирана држава и во време кога стручноста и моралниот интегритет на луѓето особено се ценеа, бил ангажиран на одговорни државни функции, како претседател на Комисијата за водостопанство - независно тело во Владата на Република Македонија. Покрај импресивната продуктивност во реалното инженерство за брани, од публицистичката активност на проф. Серафимовски може да се истакнат трудовите: „Насипна брана Шпиље“ на VIII Конгрес на Југословенскиот комитет за големи брани, „Водостопански проблеми на крајбрежјето на Охридското Езеро и Струшкото Поле пред и по мелиоративните зафати“, „Енергетско решение за користење на водите на Охридското Езеро во услови на природни и регулирани осцилации на нивоата“, на Симпозиум

организиран од Македонската академија на науките и уметностите, „Расположливи водни сили на територијата на Р Македонија“, „Испитување на филтрациони струјни патеки на браната Шпиље со радиоизотопни и други трасери“, „Влијание на р. Сатеска на Охридското Езеро“ и други. Професор Михајло Серафимовски беше носител на високи признанија и одликувања. За време на пуштањето во погон на ХЕЦ Вруток во 1957 година, за неговата пожртвувана работа, бил одликуван со Орден на труд од III ред. Добитник беше на: Орден на труд со црвено знаме, Признание за особен придонес во основањето и развојот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Признанија за соработка и придонес во развојот на Геолошкиот завод во Скопје и ГП Маврово од Скопје, Награда „19 Ноември“ на Општина Тетово, Плакета за придонес во изградбата на ТЕЦ Неготино, Плакета за придонес во развојот на

електростопанство на Р Македонија и Плакета за животно дело - доделена во 2018 година од Македонскиот комитет за големи брани, по повод јубилејот „80 години на инженерството за брани во Република Македонија“. Најголемото признание на неповторливиот Великан на индустријата за брани во Македонија, сепак се бројните генерации, извонредно потковани со знаење, хидротехнички инженери, чиј омилен професор беше Микле Серафимовски. Најголемо признание се и бројните безвремени скапоцени објекти од водостопанската инфраструктура, во чие проектирање и градење, Микле ги вградил своите знаења, енергија, но и својата љубов. Љубов кон создавањето, развојот, напредокот, просперитетот и, пред сè, љубовта кон луѓето, кон сегашните и идните поколенија кои ќе ги ползуваат неговите објекти. Нека му е вечна слава! n

ПОРТА


интервју

ПРОфеСОР МиРОСлав ГРЧев

„Скопје 2014“ е архитектонскиот Армагедон За три години се измислија и пласираа во јавност 16 милиони причини зошто не може да се отстранат спомениците на злото, додека за десетте години од нивното градење општеството не успеа да исцеди ниту една причина поради која не смееле да се градат, ниту пак еден вистински гест на противење на нивното градење. сања рАЃеНовиќ-ЈовАНовиќ, дипл.инж.арх. ошто предлог-планот за центарот на Скопје е само опфатот Мал ринг 1 (од десната страна на вардар), а не е опфатено целото подрачје со делот на левиот брег, според мене функционално неделиви, а знаеме дека и тој дел од Мал ринг има многу незаконски упади? n Според Законот за просторно и урбанистичко планирање границите на планските опфати на деталните урбанистички планови се уредуваат во генералниот урбанистички план, зашто деталните урбанистички планови се плански документи со коишто генералниот план се спроведува. Така што, очигледната грешка во планскиот опфат на предлогот на ДУП за централното градското подрачје на Скопје – Мал ринг што беше на јавна анкета во јуни оваа година, а тоа е дека е опфатен само делот од Малиот ринг на десниот брег на реката Вардар, а не и на левиот брег - иако се работи за јасна урбана целина која дури и во своето име го содржи концептот на кружна целина околу Вардар споена во едно со Камениот мост - е најверојатно грешка направена во ГУП на Град Скопје од 2012 година. Зошто органите на Општина Центар не ја воочија и не се обидоа да ја исправат на наједноставен начин – со

З

16

ПОРТА

30 октомври 2020

паралелно изработување и донесување на двете половини од Малиот ринг, како две постапки што би се воделе синхронично и би го третирале подрачјето на центарот на градот како една урбана целина, не ми е познато. координатор сте на Работната група која ги изработи елаборатите за неколку споменици, дел од т.н. „Проект Скопје 2014“, најголем дел сместени во Малиот ринг. За сите нив заедничко е дека ги кршат уставните одредби, кршат повеќе закони, како Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, Законот за буџет, за градење, за просторно и урбанистичко планирање, за јавни набавки итн. Зошто тогаш во предлог ДУП Мал ринг 1 не се вцртани и означени како дивоградби? n Јас ја координирав работата на Работната група во рамки на мандатот што ми беше даден со решението на министерот

за култура со кое групата беше формирана есента 2017 година, што значи дека тој – мандатот - завршува со изработката и предавањето на елаборатите на министерот. Во неколку наврати подготвивме и информации за Владата, но, за жал, во ниту еден случај не ми беше даден мандат да координирам и со активностите на Владата или на Општината Центар или на Градот Скопје што се однесуваат на постапувањето согласно предложените мерки во елаборатите и, воопшто, во врска со активностите што и други министерства и органи на државната и локалната власт требаше да ги преземат во справувањето со катастрофалните последици од т.н. „Проект Скопје 2014“. Споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија покрај сите прекршени закони изградени се на градежно земјиште за општа употреба, планирано за сообраќајна инфраструктура, т.е. насред улица. За


Мајка Тереза Министерството за култура во февруари најави дека ќе распише конкурс за пренамена на споменикот, а за Порта Македонија премиерот изјави: „не попречува пешачки ниту моторен сообраќај“. Мериторни ли се овие ставови? n Во своето Мислење за предлог ДУП-от Владата ги вгради и забелешките што Работната група ги даде во рамките на јавната анкета што се одржа во месец јуни, па сметам дека Општина Центар во процесот на разгледување на забелешките од јавната анкета ќе ги земе предвид, и во финалниот предлог-план ќе ги третира сите овие објекти како криминални дивоградби и ќе им даде планерски третман што соодветствува со нивната природа. Конечно, јавните и стручните анкети затоа и служат – да ја вклучат стручната и широката јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Од друга страна, мислењата и дискусиите на Владата или на нејзини министри се нивни лични и лаички мислења, зашто Владата нема надлежност да одлучува за овие прашања и, конечно, затоа што кредибилно и мериторно мислење за стручни прашања може да дадат само стручњаци и експертски тела од соодветните области. Предлог-мерките на комисијата покрај отстранување, рушење на спомениците и враќање на просторот во првобитна состојба се и отворање кривични предистражни постапки и понесување одговорност на сите лице вклучени во процесот на противзаконската реализација на т.н. „Проект Скопје 2014“.

Но голем дел од луѓето вклучени во процесот, сè уште се на истите места во институциите, некои од нив и на раководни позиции. како тогаш да очекуваме дека ќе се постапува по препораките од елаборатите? n Во елаборатите што ги изработи Работната група се детално наведени сите одлуки, решенија и постапки со кои се кршеа Уставот и законите и се смени идентитетот на нацијата; со кои од модерна,

самосвесна и достоинствена нација – каква макар по инерција бевме до 2006 - по реализацијата на „Проектот Скопје 2014“ станавме нација на ретарденти, со тешки психички нарушувања во самоспознавањето на сопствениот идентитет и историја; со кои во очите на развиениот свет станавме егзотичен остров на ретроградни кичери, необразована балканска булумента што не знае да разликува убаво од грдо, ниту доблесно од злосторничко. Овие злостори

30 октомври 2020

ПОРТА

17


се акрибично документирани во елаборатите, заедно со документите со кои се докажува – на болно очигледен начин – како се крадеа буџетските пари. Меѓутоа, за постапувањето или непостапувањето на органите на државата согласно нивните законски надлежности, односно согласно нашите препораки и предлог-мерки, Работната група не сноси никаква одговорност. Од друга страна, од морална тегобност и разочарувања не можевме да се спасиме, но

ПОРТА

одамна решивме да си ја вршиме својата експертска работа и да не ја трошиме менталната и мотивациската енергија на очекувања. Конечно, елаборатите и нашите препораки се само стручен наод и мислење и немаат – очигледно – никакво правно или друго обврзувачко дејство, особено во земја во која гласот на последната будалетинка е во јавноста редовно посилен од оној на најискусниот експерт. во мислењето кое владата го достави до Општина Центар за предлог ДУП Мал ринг

1, во еден дел се вели „да ги земе предвид сите укажувања за споменатите парцели, особено за градежна парцела ГП 1.16 (Мајка Тереза) и градежна парцела ГП 5.60 (Шпански скали)“. На јавната анкета градоначалникот Богдановиќ изјави дека направени се елаборати, но стојат во фиоки, никој не презема правно дејство, а за Шпанските скали вели дека додека се води судски процес и додека тој трае не може да се избрише површината за градење од планот. кој е начинот да се справат планерите со спорните споменици и површини за градење? n Судските процеси што се водат за некои од криминалните градби, отуѓени општи добра или споменици во никој случај не може да претставуваат причина тие ужаси да „не се гибаат“ во планот, и да го одржуваат антиградскиот и антиурбанистичкиот и секако – криминалниот статус кво и во иднина. Тоа е апсолутен нонсенс. Судовите не се надлежни за планирањето на градските простори, туку се тоа единици на локалната самоуправа. Процесите што се водат во судовите немаат никаква врска со постапките, начелата и добрите практики на урбанистичкото планирање. Така што, во деталниот урбанистички план треба безусловно и бескомпромисно да се уредат планските одредби со кои се обновуваат,


уредуваат, востановуваат и заштитуваат општите добра – а тоа се пред сè јавните простори, реката и нејзиното корито, земјиштето за општа употреба што служи за пешачки и моторен сообраќај, зеленилото и јавните простори со зелена инфраструктура и градби во живо зеленило и сл. Дали „Скопје 2014“ е единствениот проблем во ДУП Мал ринг? во предлогпланот предвидени се површина за градење за нови државни институции. Може ли Мал ринг да издржи нови објекти? n Се чини како центарот на градот да не може „да дише“ од градби, но објективните показатели за густината на изграденост и интензитетот на искористеност на земјиштето – споредени со многу други метрополитенски параметри – се сосем скромни. Гледајќи низ бројки, во центарот може уште многу да се гради, доградува и да се менува, но поголем дел од ова чувство на заситеност доаѓа токму од чудовишното и изопачено планирање и градење во периодот од 2006 до 2012 – кога ДУП-от за Малиот ринг за потребите на разулавената партиска изградба на „Проектот Скопје 2014“ беше менуван дури десет пати! Со дијареично поставување на споменици и цели градби сред улици, плоштади и кејови – на јавни површини на кои никој нормален не гради – практично се постигна ова чувство на презаситеност и загушеност на скопскиот центар. Инаку, како за пример, површина за градење што не е искористена и што беше избришана од планот во партиските изменувуања – а беше предвидена во ДУПот за Малиот ринг од 1997 – е премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“, кој грубо го одделува скопското Кале од подградието и интегрирање на тврдината и горниот дел од чаршијата со центарот на градот и со двата плоштади и Камениот мост. Овој зафат кој урбанистички значително би го унапредил центарот е сосем заборавен зашто беше избришан од планот уште во првите негови менувања, зимата 2006/2007. Значи, суштината на задушеноста на центарот е повеќе во малоумност, некадарната изградба, значи до неквалитетот и разбојничкото приватизирање на јавни простори, отколку што тоа е случај со самиот квантитет. во предлог-планот Мал ринг 1 предвидено е паркирање под плоштадот за околу 500 возила каде се пристапува со рампи од три улици (на едната на пат и е споменикот Мајка Тереза). а за влез во подземната гаража на објектот на Телеком сè уште се вози по „кеј 13 Ноември“. Дали

е ова одржливо решение? n Не сум го разгледувал и анализирал планот од аспект на квалитет и физибилност на сите негови решенија.... и тоа од едноставна причина: јас не сум одреден за стручен ревидент на планот, ниту пак ми бил доставен за мислење, а во истото време бев и сум професионално буквално презафатен. Од друга страна пак, урбанистичкиот план за Малиот ринг – оној што е работен од 1991 до 1996 и донесен во 1997 година – е моето најмило планерско чедо, безмалку животно дело, така што во текот на деценијата од неговото касапење и силување (2006 - 2016), а и овие разочарувачки три години колективна неспособност да се пристапи кон обновување на градот по разорната катастрофа, развив одбранбена техника на „незаинтересираност“ за планерските и градителските злодела, исто како што веќе цела деценија го одбегнувам центарот на Скопје, што првите четири децении од мојот живот ми служеше како средиште на мојот микрокосмос. Принципот „далеку од очите – далеку од срцето“ сепак има некаква веродостојност, па мене ми помогна да го преживеам страдањето на Скопје без преголеми ментални оштетувања... или обратно, тоа што за оштетувањата не сум ни свесен, укажува дека одбраната не ми била успешна, а оштетувањата испаднале фатални, хахахаха... Но, мора да се каже дека решенијата за подземни улици и други содржини потекнуваат од претходните два генерални

урбанистички планови на Град Скопје од 2002 и од 2012, па во предлог-ДУП-от на Мал ринг нивната разработка е веројатно задолжителна... меѓутоа, како што реков, не правев детална анализа на планот, па не можам ниту мериторно да коментирам. Често се споменува дека „Скопје 2014“ е дело на еден човек, поранешниот премиер. јас не се согласувам со ова, затоа што овој проект не можел тој да го реализира сам. во целиот процес се вклучени планери, архитекти, останати инженери, вработени во институции, стопанството. Треба ли да се лоцира одговорноста поединечно? Треба ли конечно да реагира и комората и да постапи во сè според сопствениот Статут и кодекс на професионална етика? n Прашањето за поединечната одговорност на оние што ја злоупотребиле власта е секако важна, но за мене е сосем ирелевантна, особено ако се земе предвид дека реализацијата на „Скопје 2014“ е само површински симптом на една тешка и веќе хронична – нема да погрешам ако речам автоимуна – болест на целото македонско општество. Конечно, за да се реализира само овој налудничав проект, целиот уставен поредок морал веќе да биде изопачен и сменет, зашто во него – заедно, координирано, ефикасно и безгласно – учествуваа институциите на сите три власти, потоа и локалната власт, агенции и дирекции, обвинителства и инспекторати, сите обединети во една извршна власт; понатаму, во оваа реализација учествуваа – активно или пасивно – стручните фели, 30 октомври 2020

ПОРТА

19


стопанството, медиумите... практично целото општество. Гласовите против беа ретки и нејаки, а власта ги користеше како псевдодемократска декорација на авторитарниот режим. Всушност, последниве три години – откога „се ослободивме“ од режимот на ВМРО – силните отпори јавно и институционално да се осудат овие урбанистички, архитектонски и скулпторални злостори, и да се пристапи кон нивното отстранување и дислоцирање се многу, многу поголеми отколку што тоа беше отпорот – политички, стручен или граѓански – што македонското општество го произведе во годините на нивното градење. Неспособноста на општеството и институциите на државата да го направи и првиот чекор кон културното и цивилизациското возобновување е очигледен доказ дека сме длабоко оболено општество коешто веќе не може да ги препознае ниту контурите на сопствените темелни вредности. Конечно, за три години се измислија и пласираа во јавност 16 милиони причини зошто не може да се отстранат спомениците на злото, додека за десетте години од нивното градење општеството не успеа да исцеди ниту една причина поради која не смееле да се градат, ниту пак еден вистински гест на противење на нивното градење (освен, се разбира, протестот на студентите по архитектура во 2009). 20

ПОРТА

30 октомври 2020

Доколку се постапи во сè според елаборатите изработени од Работната група, го решивме ли проблемот со „Скопје 2014“? Мене спомениците ми се најлесниот дел од проблемот. Што правиме со објектите, не станува збор само за архитектонско обликување, туку и за функцијата на објектите, оние недовршените или објектите како што се архивот, МНР, јавно обвинителство, колонадата пред МОБ...? n Како што објаснив претходно, не мислам дека што било е решено со елаборатите што ги изработи Работната група, а за неприфатливата и сосем бесмислена низа на градби што го затнаа сиот јавен простор на левиот брег на Вардар, особено во потегот од бетонскиот мост (како што некогаш го викавме), кај хотелот Холидеј ин, па до Камениот мост, за нив не се дозволува ниту да се расправа. Како нивна заштита, партиската мафија што го реализираше „Скопје 2014“ не употреби „заштитни имиња“ – како што тоа го направи со спомениците – туку во нив „газ преку глава“ набута меѓусебно некомпатибилни институции, со врвно национално и државно значење: Министерство за надворешни работи, Јавно обвинителство, Уставен суд, Државен архив и Археолошки музеј. Се разбира дека сите тие градби се дивоградби – како и другите од славниот „проект“ – и се срам и за македонската култура и за македонскиот урбанизам и

архитектура, и дека идеално решение е да се исчистат од кејот како и другите дивоградби, но очигледно овие се „премногу големи за да пропаднат“, па за нив не се ни зборува... Секако, ова не ја исклучува ниту индивидуалната вина, ниту групната вина на струката, како впрочем и на другите струки и поголеми социјални идентификациони формации (општина, град, држава), со чиешто учество, соучество, тивко одобрување, безгласно комформистичко неслагање и сл., ова ужасно изобличување на скопскиот центар, и воопшто, на престолнината, се реализираше. Најголемиот срам и најголемата струкова одговорност е на нашата архитектонска струка која ги регрутира и планерите и проектантите на овој одвратен профашистички, евтин и неморален кич. „Скопје 2014“ е архитектонскиот Армагедон, буквално крајот на македонскиот архитектонски свет, по кој воопшто не ми е јасно како, дали воопшто и кога ќе закрепнеме. Се разбира, за тоа време, никој не се чувствува повикан да мрдне со прстето и да ги санкционира кршењата на сите стручни и струковни етички правила. Урбанистичкото планирање кај нас се сведува на неколку планерски куќи, со неколку архитекти и планови добиени на јавна набавка, каде главен критериум е најниската цена и задоволување на


интересите на инвеститорите, проследено со корупција. Нели сметате дека планирањето веќе стана државен проблем, кој за да се разреши неопходен е обемен, професионален тим од повеќе планери, архитекти и останати инженери кои под капа на државата, градот, општината ќе планира професионално? имаме ли ние доволно планери, урбанисти, архитекти, кои можат да одговорат стручно? n Сè што правевме последните 30 години, беше да се демонтира и уништи системот на општествени институции за просторно и урбанистичко планирање, републичките и градските заводи кои беа сериозни институции со стотици искусни стручњаци од многу различни дисциплини. Потполната приватизација на урбанистичкото планирање не му додаде ниту еден бозон на квалитетот на планирањето, но таква беше парадигмата на неолибералистичката приватизација на целото општество. Додека го пишував Законот за урбанистичко планирање, се обидов да ги вратам градските заводи за урбанистичко планирање, имав и предлог за државен институт за урбанизам, но отпорите – како политички, така и во фелата – беа огромни, така што во законот помина една мека опција за формирање јавна установа за планирање што можат поголемите градови да ја воспостават како стручна поддршка на нивните политики на урбанистичкиот развој. Некаква можност за институциско зајакнување на урбанистичкото планирање е отворена, но можеби е тоа премалку, и, се разбира, може да се покаже и дека е предоцна. во мислењето кое владата го достави до Општина Центар се вели: „Овој план е визија за тоа како треба да изгледа центарот на Скопје, како иден и нов европски главен град“. Независно од правните проблеми, постои ли став на владата и спремност да се справи со „Скопје 2014“? Под тоа подразбирам рушење на спомениците, објектите кои се нефункционални и враќање на фасадите на објектите кои беа преобликувани? Значи прашувам за спомнатата визија на владата, секако во консултација со професионалци. n Ова прашање треба да ѝ се постави на Владата, а не мене, па морам да потсетам дека Мислењето на Владата беше изготвено и испратено од техничката влада пред изборите, а дека сега – без оглед на политичкиот и персоналниот континуитет – сепак имаме нова влада што ги брои своите први сто дена. n ПОРТА


архитектура

СеР ДејвиД аџаје О.Б.е.

Добитник на Кралскиот златен медал за 2021 година За него, архитектурата отсекогаш била создавање убавина која ќе ги издигне сите луѓе ширум светот подеднакво и ќе придонесе кон еволуцијата на занаетот. Социјалниот импакт од оваа дисциплина бил и ќе продолжи да биде водечката сила за експериментирање којашто ја информира неговата пракса д-р владимир Б. ЛАДиНски, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија) ралскиот златен медал за архитектура се доделува од страна на Кралскиот институт на британските архитекти, во име на британскиот монарх, а во традиција отпочната во 1848 година кога првиот медал бил доделен на британскиот архитект, археолог, писател и професор по архитектура на Кралската академија за уметности Чарлс Роберт Кокерел (1788 - 1863). Оваа интернационална награда се доделува на лице или на група на лица коишто дале значаен придонес „или директно или индиректно за унапредување на архитектурата“ без оглед на тоа од каде потекнуваат. Овогодишниот лауреат, Сер Дејвид Аџаје ОБЕ е ганско-британски архитект и е пример за интернационалниот опфат на ова високо меѓународно признание во доменот на архитектурата. Тој е роден во 1966 година во Дар ес Салам, Танзанија, во дипломатско семејство, како резултат на што своето детство го поминал во повеќе земји. Значајно влијание во неговото оформување одиграл неговиот брат Емануел кој како делумно парализиран посетувал специјално училиште. Соочен со запуштеното училиште, деградирачките услови во коишто неговиот брат се образувал оставиле траен белег на Сер Дејвид, кој уште како студент почнал да размислува за проектирање објект

К

22

ПОРТА

30 октомври 2020

Руби Сити, центар за современа уметност, Сан Антонио


Смитсонискиот национален музеј на афрoамериканската историја и култура во Вашингтон

којшто ќе овозможи подобра грижа на лицата со посебни потреби. Ова резултирало во неговата определба дека архитектурата треба да биде во служба на луѓето и да промовира егалитаризам. За да може да се осознае специфичниот пристап на Сер Дејвид кон архитектурата, неопходно е да се разбере и невообичаената комбинација на културни влијанија на којшто тој бил изложен. Од една страна тука се широките искуства од Африка, коишто произлегуваат од неговиот живот како дете на дипломат од Гана, родено во Танзанија, а коешто живеело и во Уганада, Кенија, Египет, Либан, Гана, Саудиска Арабија, но и од неговото истражување коешто резултирало во проектот „Африканската архитектура на Аџаје: Фотографски преглед на 30 октомври 2020

ПОРТА

23


Руби Сити, центар за современа уметност, Сан Антонио

Концепт-продавницата Алара во Лагос, Нигерија

ПОРТА

метрополитанската архитектура“ во кој во период од 10 години документирал 54 значајни градови во Африка и ја прикажал нивната кратка, урбана историја и клучните податоци вклучително со карти и сателитски фотоградии од кои произлегла опсежна анализа и реконцептуализација на тоа што е африканската архитектура и што таа може да биде. На ова се надоврзуваат и европските искуства стекнати преку неговото формално образование по архитекурата во Велика Британија, каде ги завршил додипломските студии на Лондон Саут Банк Универзитетот во 1990 година, а постдипломските на Кралскиот колеџ за уметности во Лондон во 1993 година. Ова било дополнето со пракса во проектански бироа во Лондон, но веројатно позначајно и од студии е работењето кај португалскиот архитект и добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2011 година, Едуарду Соту ди Мора. Ова искуство му помогнало на Сер Дејвид да се запознае со занаетскиот шарм на спојот на занаетчиството и самодостаточноста на Португалија во периодот пред влегувањето во Европската Унија. Преку ди Мора тој се запознал и со материјалите, но бил поттикнат и неговиот креативен елан во доменот на архитектурата. Следниот сегмент на неговите културни искуства произлегува од неговиот престој во Јапонија каде на Универзитетот во Кјото посетувал обука по јапонски будизам, но престој кој исто така му овозможил лично да се запознае и со творештвото на познатите јапонските архитекти Тојо Ито, Тадао Андо, Кензо Танге и Јошио Танигучи. Како резултат на ова тој дополнително имал можност да се запознае и истражи начин на размислување и согледување на архитектурата којшто е поинаков од европскиот. Првите предзнаци за блескавата кариера на Сер Дејвид потекнуваат од 1990 година, кога како студент бил награден со Бронзен медал на Кралскиот институт на британските архитекти. Во 2006 година неговиот проект за „Продавницата на идеи“ во Вајтчапел, Лондон во која е сместена библиотека и образовни простори за локалната заедница бил влезен во изборот за Стирлинговата награда. Тој е и повеќекратен добитник на Меѓународната награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти, и тоа во 2008 година за Музејот за современа уметност во Денвер, САД, а во 2013 година за библиотеките Францис Грегори и Вилјам О Локриџ /Белвју обете во Вашингтон, САД. Помеѓу другите награди се истакнуваат и наградата Дизајнер на 2011 година на Дизајн Мајами, Наградата Јуџин МекДермот за уметност на Масачусетскиот институт за технологија во 2016 гоина, Меморијалната награда Томас Цеферсон и Меморијалната награда Луис И. Кан обете во 2018 година, како и Наградата Исаму Ногучи во


2020 година. За својот придонес во доменот на архитектурата тој исто така е и добитник на две признанија на британскиот монарх кога во 2007 година бил именуван за Офицер на Редот на Британската Империја (ОБЕ), и во 2017 бил прогласен за витез и се стекнал со титулата Сер. Неговиот академски придонес се протега од асистентското место на Школата за архитектура на Архитектонската Асоцијација во Лондон, и предавачкото место на Кралскиот колеџ за уметности во Лондон, до местата на Луис Кан гостин професор на Универзитетот во Пенсилванија и Кензо Танге професор по архитектура на Харвардската дипломска школа за дизајн и др. Меѓу другите признанија, тој е и Почесен член од странство на Американската академија за уметности и литература. Сер Дејвид го основал своето архитектонско биро, Аџаје Асошиетс, во 2000 година во Лондон коешто во изминатиот период прераснало во глобално преку бироата во Акра, Гана, и во Њујорк, преку кои покрива бројни проекти ширум светот. При ова обсегот на неговото делување се протега од индивидуални станбени објекти, дизајн на мебел, дизајн на призводи, изложби и времени павилјони, па сè до значајни центри за уметност, јавни објекти и урбанистички планови. СМиТСОНиСкиОТ НаЦиОНалеН МУЗеј На афРoаМеРикаНСкаТа иСТОРија и кУлТУРа вО ваШиНГТОН Како најпознат проект на неговото биро се смета Смитсонискиот национален музеј на афрoамериканската историја и култура во Вашингтон, САД од 2016 година, каде Аџаје Асошиетс биле водечките проектанти на Групата Фрилон Аџаје/Бонд Смит. Станува збор за еден од најпрестижните, новоизградени национални објекти во САД, лоциран на Уставната авенија во непосредна близина на Националниот музеј за американската историја и Споменикот во Вашингтон. Во рамките на десеткатниот (со пет ката над и пет ката под нивото на теренот) музеј на површина од околу 39 илјади метри квадратни, сместени се изложбените и административните простори, театар и магацини за чување на колецијата на музејот. Решението се карактеризира на двоен архитектонски пристап, базиран на воспоставување соодветен однос со исклучителната локација на објектот, но и силен концептуален одговор на долготрајното и длабоко афроамериканско наследство. Како резултат на ова, решението се заснова на три принципи искажани преку формата на објектот, протегањето на објектот преку натстрешницата во пејсажот, и филигранската обвивка од бронза која историски се повикува на светилиштата од Бенин и американското занаетчиство. Густината на обвивката може да се подесува за да го контролира нивото на упад

Шугар Хил во Харлем, Њујорк,

на сончева светлина и транспарентност во рамките на ентериерот. Надворешното обликување на објектот наликува на круна, додека кровот на натстрешницата се издига кон надвор, што овозможува да се прикаже рефлексијата на водената површина поставена во пејзажот. Комбинацијата на природниот провев и осенчувањето на натстрешницата, во комбинација со близината на водената површина, создаваат своја микроклима во која посетителите можат да се разладат во текот на жешките лета. Внатрешноста на објектот ја карактеризираат огромните внатрешни простори, без столбови, природното осветлување и разновидната палета на материјали за завршна обработка. Вкупната цена за проектирање, изградба и инсталација на експонатите во времето на завршување на објектот, според Вашинготон Пост од 2016 година била 540 милиони американски долари (т.е. околу 13.850 американски долари по метар квадратен). ПОРТА

25


Аишти фондацијата во Бејрут, Либан

светларници на кровот во комбинација со закосените плафони во внатрешноста на објекот, го обезбедуваат природното советлување внатре и го артикулираат кровот. Надворешноста на објектот е изработена од панели од префабрикуван бетон, изработени во Мексио Сити, карактеристични по својата црвена боја. Најниските три метри се со мазна, полирана завршна обработка, додека повисоките се со рапава завршна обработка со агрегат кој вклучува црвено стакло во два тона. Ваквиот пристап овозможил комбинациите на мазното и рапавото да бидат основните карактеристики на овој објект.

РУБи СиТи, ЦеНТаР За СОвРеМеНа УМеТНОСТ, СаН аНТОНиО „Градот на рубинот“ (Руби Сити) е центар за современа уметност со изложбен простор од 2019 година во Сан Антонио, Тексас. Во објектот е сместена уметничката колекција на покојната колекционерка, филантроп и уметник Линда Пеис, со над 800 слики, скулптури, инсталации и видеа, а преку која ѝ се овозможува на локалната заедница да се запознае со творештвото на познатите локални и меѓународни уметници. Посетителите се запознаваат со објектот и експонатите постепено, качувајќи се од приземјето кон индивидуалните галерии, за потоа да се вратат надолу кон фоајето и плоштадот. Двата 26

ПОРТА

30 октомври 2020

кОНЦеПТ-ПРОДавНиЦаТа алаРа вО лаГОС, НиГеРија Концепт-продавницата Алара од 2016 година е лоцирана во рамките на станбено трговска улица во Лагос, Нигерија. Станува збор за ексклузивна продавница за восхит и купување уметнички предмети како мебел, ткаенини, облека, скулптури, слики итн. Просторно објектот е 9 метри висок правоаголен волумен, којшто содржи низа на висечки платформи, скали и подести на кои се изложени експонатите. Ваквиот пристап го поддржува архитектонскиот концепт базиран на чествување на таленот за дизајн, реазлиран преку архитектонска променада која води низ различните функции на објектот и која кулминира со уметничка галерија со кровно натсветло и тераса кои овозможуваат визуелно поврзување со градот. Во задниот дел на објектот се наоѓа кафетерија која излегува на осенчана градина. Завршната обработка на објектот внатре е од бетон со црн пигмент, а надвор од бетон со црвен пигмент, што му дава индустриски квалитет на објектот.

ШУГаР хил вО хаРлеМ, ЊУјОРк, Комплексот „Шеќерното брдо“ (Шугар Хил) од 2015 година во Харлем, Њујорк, САД претставува нова типолгија на економски достапно домување, каде основната станбена функција е дополнета со јавни функци, како музеј за деца и детски центар во комбинација со просторни содржини за потребите на локалната заедница. Непрофитната организација која била инвеститор на овој комплекс, побарала современо архитектонско обликување на објектот, кое резултирало во објект со завршна обработка од префабрикувани панели со вградена текстура од рози со различна големина и длабочина во графитна боја, за да се создаде орнаментален ефект, преку кој ќе се оддаде признание на богатата култура и историја на Харлем. На деветтиот кат објектот се повлекува околу три метри кон внатре за да се создаде тераса на спротивните страни од објектот. Особено внимание е посветено на прозорците на објектот да се ориентираат така да овозможат поглед на знаменитостите на градот, како на пример Централниот парк, и реките Хадсон и Харлем. аиШТи фОНДаЦијаТа вО БејРУТ, лиБаН Објектот на Аишти фондацијата од 2015 година во Бејрут, Либан, претставува уште еден успешен обид за создавање нова типологија, а во овој случај претставува комбинација на центар за уметности со шопинг-центар. Објектот излегува на брег покрај море, создаден преку вештачко протегање на копното во морето. Иако двете функции се дефинирани преку своите посебни влезови, внатрешната организација на просторот овозможува и испреплетување на функциите, преку што е поддржана нивната интеграција во рамките на објектот. Продажните функции се поставени на една страна на објектот и од три страни се обвиткани со солидна фасада, при што се организирани околу централниот атриум преку кои добиваат природно осветлување. Галериите на Аишти фондацијата се сместени на спротивната страна и излегуваат на источната застаклена фасада зад која се поставени скалите преку кои посетителите се движат од страната на објектот која визуелно се поврзува со градот. Повеќеслојна фасада го карактеризира објектот при што надворешниот слој ја има функцијата на пасивен систем за осенчување на објектот. МОСкОвСкаТа ШкОла За МеНаџМеНТ СкОлкОвО вО МОСква Објектот на Московската школа за менаџмент СКОЛКОВО од 2010 година во Москва, Русија, претставува нов пристап кон организација на академски кампус, кој ги


зема предвид карактеристиките на опкружувањето на комплескот и локалните климатски услови карактеризирани со шестмесечен зимски период. Како резултат на ова, различните функции на објектот се сместени во лесно препознатливи волумени во рамките на еден објект-комплекс. Интегративниот дел на објектот е сместен во „лебдечки“ диск на две нивоа со дијаметар од 150 метри, при што наставните простори се сместени по обемот на фасадата, додека центарот за конференции со аудиториумот, ресторанот и просторите за неформално дружење се сместени во центарот на дискот. Кровот над дискот пејзажно е обработен како отворен простор, додека кровните светла во рамките на истиот овозможуваат природно осветлување на внатрешните простори. На приземјето под дискот сместен е заштитениот паркинг-простор и сервисните простории. Концептот на објектот

овозможува да се намали визуелниот импакт на големиот објект со оглед дека комплексот различно се доживува во зависност од точката на набљудување. За Сер Дејвид, архитектурата е „социјален чин“ искажан преку изградбата на објекти кои ги потврдуваат и разбираат своите истории, додека создаваат нешто сосема ново, а со цел да служат на заедниците во нивната иднина. За него, архитектурата отсекогаш била создавање убавина која ќе ги издигне сите луѓе ширум светот подеднакво и ќе придонесе кон еволуцијата на занаетот. Социјалниот импакт од оваа дисциплина бил и ќе продолжи да биде водечката сила за експериментирање којашто ја информира неговата пракса. За претседателот на Кралскиот институт на британските архитекти, Алан Џоунс, „При секој обем, од индивидуален објект, до голем центар за уметности, може да се

насети внимателното согледување на креативната и збогатувачката моќ на архитектура на Дејвид Аџаје. Неговото творешто е и локано, и специфично, но истовремено е и глобално, и вклучително. Комбинирајќи ја историјата, уметноста и науката, тој создава високообликувани и анимирачки средини коишто ги урамнотежнуваат спротвставените теми и нè инспирираат сите нас. Јас верувам дека комбинацијата на пракса и настава во школите за архитектура значајно го збогатија неговото творештво. Неговата уметничка и социјална визија создаде јавни проекти, кои одлично го прикажуваат потенцијалот на архитектурата, преку промовирање емпатија, идентитет и гордост. Придонесот на Дејвид кон архитектурата и дизајнот глобално е веќе исклучителен, и јас сум возбуден дека ние ќе имаме можност да очекуваме повеќе од него во наредниот период.“ n

Московската школа за менаџмент СКОЛКОВО во Москва

ПОРТА


архитектура

Смели и креативни концепти на наградата Brick Award комапнијата Wienerberger по деветти пат ја додели меѓународната награда Brick Award. Оваа година беа пријавени рекорден број од 644 проекти од 55 земји, пријавени од 520 архитекти, а во номинација за наградата влегоа 50 објекти.

Големата награда за објектот University of Silesia, Faculty of Radio and Television во Катовице, Полска ПортА 3 о 2004 година Wienerberger ја иницираше наградата Brick Award со цел да се стави тулата, овој убав и природен градежен материјал во центарот на вниманието, демонстрирајќи колку возбудлива, исклучителна и модерна може да биде архитектурата користејќи тула. Wienerberger како домаќин на меѓународната награда Brick Award, која се организира на секои две години, обезбедува сцена за одличната архитектура од тули и за нејзините архитекти. Иако Wienerberger е домаќин на наградата, таа е независна и употребата на производи на Wienerberger не е пресуден фактор за

В

28

ПОРТА

30 октомври 2020

учество на натпреварот. Во текот на последните години, пријавени се проекти од целиот свет, номинациите, како и победниците се бираат со помош на широк спектар на производители и видови тули во сите бои и форми. Во 2020 година комапнијата Wienerberger по деветти пат ја додели оваа меѓународна награда. Рекорден број од 644 проекти од 55 земји беа пријавени од 520 архитекти оваа година, а во номинација за наградата влегоа 50 објекти. НаГРаДи вО СлеДНиТе каТеГОРии: Чувствувајќи се како дома: индивидуални куќи, двокуќи и мали станбени згради (11 номинации). Живееме заедно: мултисемејни куќи,

иновативни станбени решенија за колективно домување, земајќи ги предвид трендовите и предизвиците на урбанизацијата (10 номинации). Работиме заедно: деловни објекти, административни и индустриски згради (9 номинации). Споделување јавни простори: јавни згради за образование, култура и здравствена заштита, јавни места и инфраструктурни проекти (11 номинации). Нестандардни решенија: Последната категорија е насочена кон иновативни концепти и начини на употреба на тули, нови градежни технологии или посебно изработени тули (9 номинации). Големата награда се доделува на објект кој припаѓа во некоја од категориите и е


големиот победник на натпреварувањето. Добитниците на Brick Award 20 го импресионираа жирито со смели и креативни архитектонски концепти за одржливи и напредни решенија. Церемонијата на доделување на наградите за прв пат се одржа онлајн на 23.9.2020 година. Меѓународно жири составено од реномирани архитекти, кое се менува за секоја награда, ги избира победниците во различните категории, вклучувајќи ја и Големата наградата. За Brick Award 20, жирито се состоеше од пет меѓународно реномирани архитекти: Helena Glantz, Urban Design (Шведска), Toni Gironès Saderra, Estudi d’Arquitectura Toni Gironès (Шпанија), Tina Gregoric, Dekleva Gregoric Architects (Словенија), Mette Kynne Frandsen, Henning Larsen Architects A/S (Данска) и Jonathan Sergison, Sergison Bates Architects (Велика Британија). Победник во категоријата „Чувствувајќи се како дома“ е куќата на мексиканската фотографка, Graciela Iturbide, позната по црнобели фотографии на мексикански селанки. Куќата е проект на нејзиниот син Mauricio Rocha, кој управува со Taller de Arquitectura заедно со Gabriela Carrillo. Нејзиниот единствен услов бил е да биде од тула. Во истата категорија, доделена е и Специјална награда за проектот на куќата Can Jaime i n´Isabelle во Шпанија на TEd´A arquitectes. Куќа на изолирана локација со медитеранска клима. Тулите се употребени за изградба на место, кое користејќи ги сопствените ресурси, со текот на времето ќе развие пријатна микроклима, оаза во која може да се живее во различни периоди од годината. Победник во категоријата „Живееме заедно“ е куќата Prototype Village House проект на Rafi Segal, MIT Rwanda Workshop Team (US) заедно со Rwanda Housing Authority (Rwanda). Оваа одржлива куќа е дизајнирана како прототип за достапно домување, чија модерна и ефикасна архитектура е подредена на локалните потреби во Руанда. Победник во категоријата „Работиме заедно“ е City Archive Delft, Холандија проект на Office Winhov (Холандија) и Gottlieb Paludan Architects (Данска). Жирито утврди дека проектот е концептуално јасен и прецизен. Преку отвореното приземје се прикажува историјата на градот. Победник во категоријата „Нестандардни решенија“ е библиотеката „Maya Somaiya“ во Индија, проект на Sameep Padora & Associates. Проектот користи тули на нестандарден начин, обликувајќи го покривот на библиотеката како лебдечки пејзаж, игралиште за училиштето, а истовремено вршејќи ја функцијата на библиотека.

Победник во категоријата „Чувствувајќи се како дома“ е куќата на мексиканската фотографка, Graciela Iturbide

Специјална награда за проектот на куќата Can Jaime i n´Isabelle во Шпанија на TEd´A arquitectes Победник во категоријата „Живееме заедно“ е Prototype Village House на Rafi Segal, MIT Rwanda Workshop Team (US) со Rwanda Housing Authority (Rwanda).

ПОРТА


Победник во категоријата „Работиме заедно“ е City Archive Delft, Холандија на Office Winhov ( Холандија) и Gottlieb Paludan Architects (Данска

Победник во категоријата „Нестандардни решенија“ е библиотеката „Maya Somaiya“ во Индија, на Sameep Padora & Associates

ПОРТА

ГРаН ПРи Победникот во категоријата „Споделување јавни простори“ е воедно и добитник на Големата награда за објектот University of Silesia, Faculty of Radio and Television во Катовице, Полска. Оваа награда отиде во рацете на архитектите од три проектантски бироа BAAS Arquitectura (Шпанија), Grupa 5 architekci (Полска) и Maleccy biuro projektowe (Полска). Импресивната реализација на зградата на Факултетот за радио и телевизија е висококонцептуален предлог со можност за реупотреба и нагласена контекстуална чувствителност, и е колективен напор на три европски архитектонски практики за истакнување на уникатната атмосфера на јавниот простор. Историски и архитектонски гледано, Катовице е богат, слоевит и кинематографски град. Во 19 век бил град на рудници за јаглен, железарии, леарници и тулани. По различни историски турбуленции, денес Катовице е познат по својата култура, а не по ископувањето јаглен. Токму во јадрото на градот се наоѓа волшебната нова зграда, која ја поврзува историјата на Катовице со иднината на градот. Станбена зграда од темна тула, која ги преживеала историските турбуленции е обновена, завиткана со параван од тули и претворена во засолниште на Факултетот за радио и телевизија. Зад параванот од темни тули, зградата на Факултетот се отвора во нови простори,

University of Silesia, Faculty of Radio and Television во Катовице


светли кога е потребно да бидат, некогаш засенчени, па дури и помалку мрачни, со училници и студија кои го опкружуваат внатрешниот двор. Завесата од тули е направена од истиот материјал како и старата зграда од 19 век, па така објектот има конзистентност на текстурата. Овие тули изгорени во последните европски печки на јаглен - се нијансирани со темно синтерување и градации на бои кои се користат во целата зграда. Архитектите покажуваат како зградата во центарот на градот може да биде иновативна и во исто време, чувар и толкувач на минатото. Ова е дизајн кој не избива од глава и совршена поставка за студентите по филм. „Темната и извалкана тула е полна со значења што зборуваат за минатото и за рудниците за јаглен во Шлезија“, велат архитектите. n

University of Silesia, Faculty of Radio and Television во Катовице

ПОРТА


архитектура

„Отворено депо“ – музеј што Објектот го привлече вниманието на светската јавност не само заради својот архитектонски изглед, туку и заради тоа што е прв музеј во светот којшто ја изложи целокупната музејска колекција од 150 илјади уметнички дела во новото мамутско складиште - Депо

ПОРТА


ОБјекТ БОијМаНС ваН БаУНиНГеН

го крие светот на уметноста Архитекти - MVRDV Предводник - Winy Maas Партнер - Fokke Moerel Тим - Winy Maas, Jacob van Rijs, Fokke Moerel, Sanne van der Burgh, Marta Pozo, Gerard Heerink, Elien Deceuninck, Saimon Gomez Idiakez, Jose Ignacio Velasco Martin, Jason Slabbynck, Mariya Gyaurova, Lukasz Brzozowski Проектантски тим - Sanne van der Burgh, Arjen Ketting, Gerard Heerink, Jason Slabbynck, Rico van de Gevel, Marjolein Marijnissen, Remco de Haan, Fedor Bron Визуализација - Antonio Luca Coco, Matteo Artico, Carlo Cattó Развој и стратегија - Jan Knikker, Irene Start Изведба - BAM Конструкција - IMd Raadgevend Ingenieurs Финансиски план - BBN Инсталација - RHDHV Фасадни консултанти - ABT Градежна физика - Peutz Екологија - BREEAM Excellent (goal) Фотографии - ossip van Duivenbode, Rob Glastra, MVRDV

Душанка ШУЛовиќ, дипл. инж. арх. аунинген (Depot Boijmans van Beuningen) во Ротердам, Холандија. Зградата Депо е дизајнирана од холандската фирма МВРДВ и целосно ќе биде отворена при крајот на идната година. Објектот го привлече вниманието на светската јавност не само заради својот архитектонски изглед, туку и заради тоа што е прв музеј во светот којшто ја изложи целокупната музејска колекција од 150 илјади уметнички дела во новото мамутско складиште - Депо. Ротердамците се навикнати на атрактивна архитектура, но она што оваа зграда ја прави необична е и нејзината функција и нејзиниот изглед и тоа што е едноставно кажано складиште. Дали овој модел на „отворено депо“ е експеримент или иднина?

Б

ОБјекТ СО ТРкалеЗеН вОлУМеН Објектот со височина од 39,5 метри, П+6 ката и површина од 15 илјади квадратни метри е лоциран до главната зграда на музејот Боијманс Ван Баунинген. Волуменот е тркалезен со дијаметар на долниот базис од 40 метри кој се шири нагоре до дијаметар од 60 метри. Во приземјето со привлечен влезен простор со музејска продавница и кафетерија, сместени се и сите простории за уметничко ракување (пакување, утовар-истовар, карантин,

климатизација). Во централниот атриум, со височина од шест ката сместени се сите депоа, експертски центар и кино. Вкупната височина до стаклениот кров - купола изнесува 30 метри. Многу од уметничките дела висат или стојат во атриумот. Катовите се поврзани со вкрстени скали што лебдат, што помалку потсетуваат на вртоглавите скици на италијанскиот архитект од осумнаесеттиот век Џовани Батиста Пиранезе. Јавната рута поминува цик-цак низ зградата од атриумот во приземјето до изложбениот простор, градината со скулптури и ресторанот Депо на кровот. На патот спрема горните катови рутата минува низ уметничките депоа и реставраторските работилници. Изложбата може да се менува секојдневно со едноставно помрднување на витрини за одлагање. Зградата има простории за уметнички колекции кои не се достапни за пошироката јавност и простор за приватни уметнички колекции, што е новина во комерцијалната услуга која музејот ја нуди. Посетителите кои ќе тргнат во обиколка со водич и чувар можат да ги видат просториите за ракување со уметничките дела, недогледните изложбени простори кои содржат од големи инсталации до слики од старите мајстори, модерни фотографи, од робусни скулптури до најделикатен порцелан. фУТУРиСТиЧки ДиЗајН Конструкцијата и дизајнот на објектот се футуристички. Со својот тркалезен волумен и

ПОРТА


облога од 1.664 рефлектирачки стаклени панели на фасадата закривени во дијаметарот од 40 метри, фасадата ги отсликува зградите околу музејскиот парк, околното зеленило и сивите облаци на небото. Како фатаморгана над огледалната чинија ѕиркаат врвовите на 75 дрвја од кровната шума на Депото. Од кровот посетителот има поглед на паркот Ротердам од 360 степени. На кровот има парковски дел со уметнички дела од колекцијата на музејот, бесплатно достапни за сите посетители. Меѓу дрвјата се наоѓа ресторанот, со тераса на која посетителите може да уживаат во убавиот поглед на градот. Навечер објектот се претвора во прекрасен светлечки фенер и блеска во срцето на музејскиот парк. Објектот е опремен со најсовремена техника, материјали и економична употреба на вода и енергија, ги исполнува сите критериуми за името БРЕЕАМ и претставува пример за одржливост. Како архитект ме фасцинира архитектурата со вакви дострели, но не можев да останам рамнодушна на остатокот од приказната за творечкиот процес од идеја до реализација, кој го долови новинарот на Гардијан: „Во атриумот, Сјарел Екс, директор на музејот изгледа како човек кој сѐ уште не може да поверува дека тоа се случило. ’Ковчег со богатство, зарем не?‘ извикува тој, покажувајќи на вртоглавата решетка од стаклените скали над нашите глави. Секој предмет што го имаме ќе биде изложен. Зградата е 34

ПОРТА

30 октомври 2020

обид да се сврти Боијманс однатре. Наместо затворање на кралскиот накит далеку од очите, тој е во ’отворенo складиште‘.“ Екс и неговите колеги сметаат дека ова е прв пат некој да изгради отворено депо за сместување на целата музејска колекција. „Ова е радикален чекор и се плашам дека по малку сум Холанѓанец“, ќе рече тој. ОД СклаДиШТе ДО аТРакЦија Музејот Боијманс Ван Баунинген се наоѓа во монументална зграда чие уметничко депо е под нивото на морето и затоа постои ризик од поплави. Идејата почнала да се раѓа од подрумските складишта кои се поплавиле во 2013 година. Иако штетата не била многу голема било очигледно дека музејот треба да се надгради особено што 90 отсто од Ротердам е под нивото на морето, а со климатските промени процентот се зголемува. Екс

дојде на идеја да ги претвори складиштата во атракција за посетители, наместо да изгради нешто во анонимна индустриска зона. Водејќи се од англиската изрека дека тоа што не може да се види не е запаметено, почна да созрева идејата за отворено депо. Толку многу работи што музејот ги прави се случуваат во мрак, ќе рече тој. Во овој објект јавноста ќе може да ги гледа и експертите кои ќе работат на чување и реставрација на делата, а новото отворено уметничко складиште и неговите колекции ќе учествуваат во културниот живот на градот. Архитектот Вин Мејс се сложи дека идејата е особено привлечна, но тешко изводлива, а светлоста сама по себе е проблем. Условите на музејот се јасни и децидни: суперквалитетен климатски уред кој ќе ја направи животната средина без прашина, структурата поделена на пет климатски зони за различни врсти артефакти, некои од предметите може да висат на подвижни носачи во 13 витрини поставени низ зградата, а предметите осетливи на светлина ќе се држат во запечатени ормани и ќе се прегледуваат само по договор. ОТвОРеНО ДеПО е БеЗБеДНО РеШеНие На прашањето за безбедноста следува прашањето што е побезбедно: ставање депо на периферија на градот или овде во центарот опкружено со луѓе. Малку од музеите го обелоденуваат фактот дека она што го гледаме во нивните галерии е само мал дел од тоа што го поседуваат. Вообичаено е 95 отсто од повеќето колекции да се заклучени. Во многуте дискусии на стручњаците од оваа област провејува сознанието дека отворено депо


е единствено решение, но има многу предизвици и кај многу од нив беше примено со скепса. Се редеа прашањата: дали е тоа начин на кој музејот работи, дали некој има апетит да види два до три милиони чудни предмети и книги, за што се наменети кустосите, ќе сака ли некој да дојде во депо или на убаво уредена изложба во музејот? На сите овие прашања Екс клима со глава и вели: „Проекти како нашиот се експеримент, ќе видиме.“ Депото е делумно пуштено во употреба. Во декември уметници од разни области ќе можат да се движат меѓу музејските збирки на Рембрант, Бош, Магрит, Дали и околу многуте уметнички предмети. Во потполност ќе се отвори кон крајот на идната година. Земајќи го предвид целиот мисловен и творечки процес, кој вклучува тло, безбедност, климатски промени па и храброст, излишно е прашањето дали фасадата што крие еден цел свет на уметноста е објект кој храбро чекори во иновативни промени во музеолошката дејност. Дали е само експеримент или поглед во иднината останува да се види. n

ПОРТА


урбанизам

Архитектонскиот простор на територијата Пејзажот се перципира како форма што е способна да се справи со комплексни пресеци помеѓу јавниот живот, јавните настани и урбаната инфраструктура, и е воедно доволно флексибилен за да ја замисли иднината долж непредвидливите градски сценарија Frank Lloyd Wright, Broadacre City, 1950-1955

Никола ЃорЃиевски, м-р арх. и м-р пејз. арх. ред појавата на пејзажниот урбанизам како дисциплинарен дискурс, низа архитектонски четива и теории го опишуваа сложениот простор на територијата како огромен нејасен терен долж неодредени и непредвидливи трансформации. Ваквото просторно дефинирање изврши

П

36

ПОРТА

30 октомври 2020

оддалечување на поимот територија од архитектонско-урбанистичката научна рамка и затоа фокусот на овој есеј гравитира кон група текстови кои интертекстутално може да ја прикажат сликата на територијата преку овие аспекти. Главната идеја е да се извршат истражувања за „теренот вон градот“ од поетска, формална и програмска перспектива и да се спојат овие наоди во еден сукцесивен есеј.

ПОеТСки ПРиСТаП Поетско разбирање за просторот на територијата, кое избегнува формална (морфолошка) анализа на неодредените простори е дадено во есејот „Terrain Vague“, во 1995 година, напишан од шпанскиот архитект Игнаси де Сола-Моралес. Авторот не го информира читателот за фигуративни или прагматични наоди, туку за метафорично и субјективно разбирање на теренот. Во воведот, Моралес накратко пишува за


ПОеТСкО, фОРМалНО и ПРОГРаМСкО иСТРаЖУваЊе монтажа на фотографии, фрагменти од слики кои не покажуваат вистински пејзаж или вистински град, насочувајќи го читателот во доменот на семиологијата. Тука се отвора шпекулација за еден практичен концепт што открива фундаментално морфолошко разбирање, препознавајќи го пејзажот како низа последователни елементи (знаци) доколку овие фрагменти ги земеме за такви. Понатаму во текстот ќе се надоврзам на значењето на знаците, совпаѓајќи се со есејот на Греготи „The Form of the Territory“. Без разлика на недостигот од формална анализа, поетскиот пристап е од суштинско значење, за почеток, бидејќи, според Моралес, смислата на теренот може да се разреди и конечно изгуби низ процесот на урбано верифицирање со низа крути планерски процедури. Авторот го опишува теренот како „празен, напуштен простор каде се случиле низа настани што го потчинуваат окото на урбаниот фотограф. Ваквиот урбан простор, нејасниот терен, претставува статус на фасцинација - најразредниот знак што посочува кон она што е град и какво е нашето искуство со градот“. 1 Моралес првенствено ја истражува етимологијата на зборот „terrain“ поради ограничената конотација на англискиот збор „land“. За разлика од концептот на земјата, концептот на теренот е поизразен, вклучувајќи повеќе просторни дефиниции, оддалечувајќи се од идејата за земјоделска парцела. „Vague“, од друга страна, етимолошки, има изобилство на објаснувања и конотации. Во германскиот јазик, зборот „woge“, се поврзува со движењето на морињата: осцилација, нестабилност и флуктуација. Во францускиот јазик, корените лежат во зборот „vacuus“, давајќи конотација на празно место, празнина и недостапност. Друго значење произлегува од латинскиот „vagus“, поврзан со чувство на неодреденост, непрецизност, замагленост и несигурност. Авторот инсистира дека во процесот на дешифрирање на теренот, неговиот простор мора да се означи и конотира како двоен гешталт на неопределеност. Сепак, за подобро разбирање на теренот како физички конструкт, од суштинско значење е да се пренасочи ова поетско читање на „празниот“ простор кон фигуративни и формативни теории. Според мене, лесно е да се опише огромната пространост на теренот како несигурна, недефинирана и непозната, и да се заклучи дека современото урбано планирање не умее да се справи со ваквиот простор. Сукцесивно, како што Моралес го опишува типичниот модерен граѓанин како жител кој бара - „тежишта наместо форми, инкорпорираност наместо далечност,

хаптично наместо оптично, ризоматско наместо фигуративно“ и понатаму констатира дека архитектурата е „засекогаш на страната на формалното, далечното, оптичното и фигуративното„ 2 морам да заклучам дека конотации од овој вид не нѐ придвижуваат кон откривање нов модусоперанди во обид за резонирање со комплексниот простор на територијата. Моралес го завршува својот есеј пишувајќи дека „денес, интервенциите во постојниот град, низ неговите резидуални форми (остатоци) и преклопени меѓупростори, веќе не можат да бидат ниту удобни ниту ефективни ако се споредат со начинот на кој се предвидува ефикасниот модел на современото движење. Може ли архитектурата да дејствува врз непознатиот терен без да стане агресивен инструмент на моќ и апстрактна причина? Несомнено, ако го следиме континуитетот, не оној на планираниот, ефикасен и легитимиран град, туку континуитетот на тековите, енергиите, и ритмите воспоставени со одот на времето и губењето на границите, тогаш нашиот однос кон резидуалниот град мора да стане контрадикторен, не разбивајќи ги елементите што го одржуваат неговиот континуитет во времето и просторот“. 3 Основното прашање што го наметнува Моралес е како да се пристапи кон нејасниот и неодреден терен кога сите правила за урбанистичко планирање ќе станат неупотребливи? фОРМалНа аНалиЗа На ТеРеНОТ Понатаму, при разјаснување на теренот и пејзажот, ќе се осврнам на текстот „The Form of the Territory“, од 1981 година, напишан од италијанскиот архитект Виторио Греготи. Ова четиво ги истражува можностите за

формално-антрополошка и географска анализа на теренот, отфрлајќи секаква теоретска материја. За разлика од „terrain vague“, Греготи истражува нови формални методологии во кои географската димензија може да се совпадне со архитектонската формација. Греготи објаснува како слични геофизички територии можат да се разликуваат поради нивното антропогеографско потекло и како нивната историја и култура предизвикува ново разбирање поврзано со „географската“ репродукција. Авторот сугерира дека е од суштинско значење да се отфрлат овие предрасуди, за да се открие ново значење . „Ова искуство има корист од воспоставување нови гледишта и динамики на набљудување, од употреба на актуелните средства за комуникација, од нови оригинални стратегии за сфаќање на колективните и индивидуалните цели, а исто така и од нова разновидност на „означувачот“ чија слика е исполнета со нови научни хипотези за природата, материјата и просторот, создавајќи, уметнички, мноштво на разновидни фигуративни техники“. 4 Авторот понатаму ја разгледува потребата од проширување на улогата на архитектот и дава три точки зошто ова е важно. Првата точка открива двa коегзистирачки (проблематични) услови: „исчезнување на креативниот процес како линеарен процес помеѓу формата и функцијата, анализата и синтезата“ и „предметот на архитектурата повеќе не се идентификува само со зградата“. Втората точка сугерира дека кодексот на архитектот како „креатор на форми“ треба да се пренасочи во контексти на дисциплини чија цел е Ludwig Hilberseimer, The New Ciy ´“Bird’s-eye view of commercial area and settlement unit,” 1944

ПОРТА


Andrea Branzzi, Agronica model, 1993 - 1994 антропогеографски структури; 2. Спроведување картографија на територијално формални вредности од гледна точка на географска подлога и интервенции; 3. Читање и претставување знаци на формални трансформации генерирани преку воведување плански структури; и 4. Воспоставување на критериуми за дефинирање на репертоар на обрасци.“ 7

дефинирање функции. Третата точка го идентификува пејзажот како означувачка околина и сугерира дека архитектот може да го конструира. 5 Греготи нагласува дека изобилството и потенцијалите за создавање пејзаж не се поврзани исклучиво со физичкиот свет, но дека физичкиот аспект е најоткривачки, овозможувајќи препознавање на универзумот како квалитет на материјата, која пак овозможува модулација и модификација на пејзажот доколку истиот се препознае како ансамбл од елементи. Како што објаснува Хашим Саркис: „Греготи применува двојност на типо-морфологии, поле и ансамбл, организирајќи и поврзувајќи ги низ размерите, од архитектонски до

ПОРТА

територијален“. 6 Последователно, дефиниција за едно поле може да се открие кога „знакот, направен од човекот или природата, определува формален ансамбл што може да биде означен“. 6.1 Дополнително, едно поле може да биде составен синџир од елементи или макроструктура која вдомува (кохабитира) низа полиња. Сепак, она што сметам дека е интересно овде е зборот „знак“ во однос на зборот „поле“ (група полиња). Пред да се истражи значењето на знаците, битно е да ги разгледаме четирите чекори кои Греготи ги употребува за решавање на проблемот со терминологијата и формалниот опис на „in situ“ територијата: 1. Читање и класифицирање на формални типологии и

ПРеПОЗНаваЊе На вРСкиТе МеЃУ фОРМиТе и ЗНаЦиТе Практично, кога, просторот на територијата е линиски обележан низ неколку целини (предели, пејзажи, полиња или групи полиња), секое од нив единствено и ограничено, тогаш, нужно е овие ограничувања да ги надминат своите фактички и геоморфолошки граници ако имаме за цел откривање на нови, непознати концепти и формални операции. Ако овие геофизички димензии за момент се префрлат во сфери на значења на знаците, тогаш, тука се отвора врата за нови многубројни откритија, земајќи ја предвид можноста за нивна нова конотација. Субјективно, човекот првенствено ќе ги означи овие полиња со евоцирање инвентар на веќе познати, научени или очигледни знаци поврзани со културни и историски влијанија, и всушност, можеби ова претставува пречка што треба да ја надминеме. На пример, една парцела со плодна почва употребувана за раст и развој на житни култури веднаш ќе ја препознаеме како аграрна, бидејќи оваа земјоделска карактеристика претставува нејзина „недопрена природна форма“, што е препознатлива сама по себе. Ваквиот вид на препознавање на врските помеѓу формите и знаците е корисен во првите чекори на линиското означување на теренот како ансамбл од полиња. Сепак, мора да сме свесни дека тоа го ограничува полето (индивидуално или во група) на неговата иконична функција и ја намалува можноста за нови конотации и разбирања. Во овој контекст, што ако го замениме разбирањето и препознавањето на овие добро познати и воспоставени знаци и симболи со нешто сосема ново? Што ако земјоделското поле повеќе не се препознава првенствено поради своите земјенопроизводителски функции, туку, на пример, можноста за негово читање како инфраструктура – преносен пејзажен појас или конектор на низа полиња? Дали можеби ваквото размислување ќе ни помогне да се оттргнеме од добро научените поими и да започнеме да разгледуваме можности за пишување нов инвентар на значења? Дали тогаш ова може да инспирира и иницира нови концепти за приближување кон едно ново


разбирање и, конечно, проектирање на теренот и пејзажот? На ова тема, Греготи пишува дека „реверзибилноста на ваквата релација подразбира идентификување на пејзажот како автономна форма што може да се преобликува со соодветни симболи кои допрва треба да се дешифрираат“. 8 Еден интересен податок кој произлегува од оваа гледна точка е всушност идејата дека промената на знаците на елементите може да создаде целосно нов фигуративен концепт кој се разликува од „природата“ со која е опкружен. Пејзажот може да се замисли како континуиран природен график – не само како заднина која ја издвојува интервенцијата. 9 Во текстот на Греготи исто така споменати се „природни тотемски елементи“ или моменти низ пејзажот на теренот што произлегуваат како исклучителна природна формација и истите се препознаваат како физички референци во просторот. Вакви морфолошки манифестации може да бидат, на пример, вулканскиот атол, акрополата или центарот на радијалната рамнина. „Анализата на современите митологии и нивната врска со семантичката форма на вредности, можеби изнесува на виделина еден веќе постоечки, огромен простор на слики, во кој би можело да се впише формално структурирање на енвиронментот“. 10 Заклучно, Греготи остава збир на прагматични теории кои треба да ја ограничат или намалат двосмисленоста, нејасноста и неодреденоста на просторот на територијата. ПејЗаЖОТ какО МОДел За УРБаНи ПРОЦеСи На крај, би сакал да се осврнам на теренот и пејзажот, како конституирачки поими на архитектонскиот простор на територијата, од функционална гледна точка поврзана со интринзични програмски концепти. Преку ова гледиште, територијалниот простор почнува да дејствува како идеологија на пејзажниот урбанизмот. Ако се согласуваме со пишаниот збор на Стен Алeн дека „пејзажот, денес, не е само формален модел на урбанизмот, туку можеби уште поважно, модел за процес“ 11 , тогаш својствено се согласуваме дека програмските карактеристики на пејзажот треба да ја следат истата таа логика, односно природата на процесот. Според Чарлс Валдхајм, „најраниот проект кој го открива потенцијалот на пејзажот како модел за урбани процеси е предложен од европски архитекти / урбанисти, заинтересирани за „програмата и настанот“ како сурогати на современиот урбанизам“. 12 Валдхајм посочува два проекта кои го опишуваат пејзажот како „аналоген на програмските

„Parc de la Villette“,Бернард Чуми

Втора награда на конкурсот за „ Parc de la Villette“, Рем Колхас и ОМА промени“, а тоа се прво и второ наградените трудови на конкурсот „Parc de la Villette“, во 1982 година, во Париз; конкурс за нов „урбан парк на XXI век“, кој се растега на површина од 125 хектари. Од 470-те пријавени конкурсни трудови, само овие два проекта сугерираат парадигматска промена во реконцепцијата на современиот урбанизам. Во двата случаја, првиот од Бернард Чуми, а вториот од Рем Колхас и ОМА, пејзажот се перципира како форма што е способна да се справи со комплексни пресеци помеѓу јавниот живот, јавните настани и урбаната инфраструктура, и е воедно доволно флексибилен за да ја замисли иднината долж непредвидливите градски сценарија; концепт кој не се фокусира на репродукција на познати типологии на градски паркови или типични стратегии за регенерација на градот. Вториот проект демонстрира конструкција на хоризонтални полиња (ленти) кои ненамерно би се менувале со текот на времето; просторно програмска флексибилна матрица способна да вдомува непредвидени градски околности во иднина. „Шема која истражува порамнување на непланирани пејзажни случувања во форма на паралелни ленти, нешто како канонско клише, со радикално спротивставени содржини, повикувајќи се на пресекот на различните програми низ катовите на

облакодерите во Менхетен, опишано во Delirious New York на Колахас. Како што е замислено од Кoлхас/ОМА, инфраструктурата на паркот ќе биде стратешки организирана за да поддржи неодреден и непознат опсег на идни употреби низ текот на времето “. 13 -14 .Конечно, ако просторот на територијата односно пејзажот, е препознаен како географски, социо-културен и филозофски конструкт преку поетски, формални и програмски аспекти, тогаш низата на идни просторно-територијални трансформации добиваат потенцијал да станат интервенции кои ќе работат заедно со, а не против теренот. n Референци: 1-3. Ignasi de Solà-Morales Rubió, “Terrain Vague,” 1995, 119, 121-123; 4-5, 7-10. Vitorio Gregotti, “The Form of the Territory,” OASE 80–7, 1981; 6-6.1 Hashim Sarkis “Geo-Architecture: A prehistory for an emerging aesthetic,” Harvard GSD, Design Magazine, 2014; 11. Stan Allen, “Mat Urbanism: Thick 2D,” in CASE: Le Corbusier’s Venice Hospital, ed. Hashim Sarkis, 2001, 124; 12-13. Charles Waldheim, Landscape as Urbanism, chapter two and three, 2016; 14. Rem Koolhaas +OMA, project description, “Parc de la Villette”, competition entry, 1982; 30 октомври 2020

ПОРТА

39


урбанизам

Зголемена потребата од поминување време на отворено

Со тактички урбанизам до повеќе јавни простори во време на пандемија тактичкиот урбанизам е пристап кон урбанистички дизајн на јавни површини преку систем на привремени инсталации и интервенции кои влијаат на промена или воведување нови активности на улиците и плоштадите

андемијата на коронавирусот влијаеше на многу аспекти од секојдневниот живот, вклучително и на употребата на јавни простори. Ова ги натера градовите брзо да интервенираат преку урбанистички дизајн. Статистичките податоци и различните студии спроведени од почетокот на пандемијата покажаа дека користењето на јавни простори е една од доминантните активности, како и дека луѓето поминувале повеќе време во рекреација и релаксација на отворено отколку во „нормални“ услови.

П 40

ПОРТА

30 октомври 2020

Растот на градовите и урбанизацијата доведоа до фактот дека има сè помалку природни отворени простори, па затоа беше потребно да се најде начин да се зголеми бројот на јавни површини во градовите, барем привремено. Меѓународната анкета која ја има спроведено фирмата „Gehl Architects“ покажа дека во споредба со претходните години, луѓето поминувале над 40 отсто повеќе време на отворено и дека 65 отсто од луѓето го поминувале слободното време на отворено за време на пандемија, најчесто на јавни места во непосредна

близина од нивното соседство, од кои 72 отсто со цел за релаксација. Врз основа на глобално утврдени епидемиолошки мерки, уредени се упатствата за дизајнирање урбани простори, така што се одржува безбедно физичко растојание и има најмалку визуелна интеракција меѓу луѓето. Потребата да се реагира брзо на потребата на луѓето за јавни простори резултираше со голем број интересни решенија кои скоро веднаш го подобрија квалитетот на парковите, плоштадите, платоата и улиците.


таКтиЧКи урбаниЗам Тактичкиот урбанизам е пристап кон урбанистички дизајн на јавни површини преку систем на привремени инсталации и интервенции кои влијаат на промена или воведување нови активности на улиците и плоштадите. Пред пандемијата, ваквите интервенции беа користени за разубавување на маалските простори, игралишта, за разграничување велосипедски патеки на улиците каде што недостасуваа или како средство за активистичко дејствување. Токму привремениот карактер на тактичкиот урбанизам овозможува проверка на дизајнот преку урбан експеримент, кој е лесен за промена, дополнување или усвојување како траен. Примената на тактичкиот урбанизам за време на пандемијата на коронавирусот почна суптилно, со едноставно обележување на безбедно растојание меѓу луѓето на автобуските постојки, постојните клупи и игралишта, како и пред јавните објекти. Сепак, ваквите интервенции може да упатуваат и на отуѓување од други луѓе, поради што новата тенденција на урбано дејствување беше да се создаде заедничко просторно искуство преку индивидуално користење на просторот. нов диЗаЈн на улиЦите Истражувањата покажаа дека во градовите со позагаден воздух, ширењето на коронавирусот и други респираторни инфекции е побрзо, така што најбрзото решение за овој проблем и честиот метод на тактички урбанизам е затворање на патиштата и нивна привремена трансформација во пешачки зони. Како глобален проблем на урбаните области, беше препознаена недоволна ширина на тротоарите за движење и одржување на растојанието, поради што беше потребно да се прошират активностите од тротоарите до целата улична зона. Во моментов има неколку натпревари за урбан дизајн на улица на глобално ниво, од кои повеќето се занимаваат со создавање мултифункционални простори што ги прават градските улици поудобни, поради што веројатно ќе останат како постојан дизајн дури и по пандемијата. нова урбана опрема во парКовите Со цел да се одржи социјалната интеракција на јавните простори за време на пандемијата, архитектите пронајдоа брзи решенија што овозможуваат собирање на корисниците на плоштадите, така што одредени активности се одвиваат на сличен начин како и пред пандемијата. За да биде тоа можно, беше потребно привремено да

се замени вообичаената опрема што е прилагодена на групирање луѓе, во опрема што е прилагодена на една личност или помала група и овозможува одржување на физичката оддалеченост. Ваквите интервенции се можеби еден од подобрите индикатори за тоа како епидемиолошките мерки и потребата за социјализација може да се постигнат истовремено. Проектот од Брно, дизајниран од Hua Hua Architects, може да се користи како одличен пример од пракса што ги реализира сите квалитети на јавниот простор, дури и го надополнува неговиот визуелен идентитет, во времето на „нова нормалност“. Позиционирањето на групите за седење околу плоштадот ви овозможува да го поминувате времето на отворено во

непосредна близина на другите луѓе, додека нацртаните кругови означуваат „безбедна зона“ во која е можно да се остане без маска за лице. Овој принцип е развиен како модуларна структура што може да се примени во урбанистички дизајн, угостителски и туристички области. Поради потребата луѓето да останат на јавни простори без оглед на пандемијата, бирото Architecture for Humans ги дизајнирале клупите за едно лице, кои се распоредени на растојание од два метри во ортогонален систем. Планирано е да бидат поставени на платоа и плоштади во близина на ресторани за брза храна. Индивидуалните клупи се дизајнирани така што тие можат да се инсталираат во повеќето системи за поплочување кои ги има во светот, што ги прави погодни за 30 октомври 2020

ПОРТА

41


примена на глобално ниво. КориСтење на Зелените поврШини Пролетниот и летниот период на пандемијата го отвори прашањето за безбедно користење на парковите, особено на оние што традиционално се користат за излети. Некои од светски познатите урбани предели добија додаток во форма на обележани области за релаксација. Домино паркот во Њујорк ги поздрави посетителите со нов дизајн по отворањето на јавните површини за посетителите во јуни 2020 година. Бирото James Corner Field Operations смисли привремена интервенција на брегот на Бруклин што вклучува мрежа од 30 кругови со дијаметар од 2,5 метри распоредени на зелена површина. Затворањата и ограничувањата на капацитетите на угостителските и трговските објекти влијаеа на нивниот бизнис, па затоа беше потребно да се изнајдат методи што ќе овозможат трговија и интеракција во согласност со епидемиолошките мерки. И покрај постојаниот развој на трговски центри и други трговски објекти, решението што е најчесто во спроведувањето на тактичкиот урбанизам е претставено со единици на отворено кои се многу поблиску во форма до пазарите. Самите пазари се реорганизираат така што е

ПОРТА

утврдено растојание од два метри меѓу тезгите, што, во случај кога ќе бидат поставени на патиштата, ја менува динамиката на употреба на улицата, како и нејзиниот изглед. Во случај таквата просторна интервенција да се одржи трајно, постои можност за формирање нов маалски центар, што влијае на зајакнување на социјалната заедница. Повеќето решенија што веќе се имплементирани во светот можат да

послужат како збир на практични примери кои можат да бидат локализирани со мали промени насекаде во светот. Тактичкиот урбанизам овозможува таквите интервенции да се реализираат брзо, со можни промени во согласност со локацијата, што може да ги „хуманизира“ населените места и јавните простори за време на пандемијата, но и после неа. n

извор: www.gradnja.rs


ПОРТА


ентериер

ЛУКСУЗНО ОПРЕМЕН СТАН

Удобност, елеганција и природна светлина

Станот се управува и преку гласовни команди, каде со секое „Good Morning“, самиот систем го буди станот, ги отвора ролетните, ја вклучува омилената утринска музика, греењето и го подготвува станот за новиот ден

ПОРТА


ПОРТА 3 лезете во еден луксузно уреден стан, со уникатни детали и максимална природна светлина, кој е сместен во нова, модерна мала зграда во Скопје. Целата идеја, распоред и дизајн, инвеститорите ја извеле сами и ја претвориле во вистинско „семејно гнездо“. Овој елегантен и функционален стан од 130 квадратни метри, кој е замислен и создаден за четричлено семејство, претставува современа естетика кон која тежнее секое семејство. Штом влезете низ пространиот ходник, веднаш добивате глобална слика за станот. Поглед кон модерната дневна зона и кујна организирани во отворен животен простор. Во ходникот е поставен функционален и елегантен плакар, од каде се преминува во кујната, во која владеат едноставноста и елеганцијата во совршен склад со бела и боја на дрво. Кујната е линиска, со доволен простор за складирање и работни површини, идеален за користење на четричлено семејство. Дел од кујнските елементи, како фрижидерот и машината за садови се скриени зад панелите од медијапан, а сите елементи се на допир, со меко затварање. Целата кујна

В

ПОРТА

45


е изведена со австриска иверка и боен медијапан, како и австриски механизми за совршено функционална и модерна кујна. Веднаш до кујната е изведена и мини винарија, која одлично се вклопува во замислата за ефикасно и функционално катче. Веднаш по кујната ве пречекува простор со висок тавански плафон, со големи

ПОРТА

стаклени портали кои го осветлуваат целиот стан, простор кој е замислен за совршен собир на едно семејство, со прекрасен поглед кон Водно. Дневениот простор и трпезаријата се комплетирани со комфорен и елегантен италијански мебел, каде заедно со минималните детали низ просторот и ѕидовите со декоративна техника даваат уникатен стил и топлина во

просторијата. Овој светол и простран стан го дополнуваат модерни висечки лустери и рефлектори кои создаваат магична и удобна атмосфера. Благодарение на високите плафони, станот е поделен на две засебни единици нивоа, со што се постигнува чувството на идеално домување - куќа. Двете единици се поврзани со елегантни, минималистички скали кои не одземаат многу простор од дневната соба, и стаклена ограда – спајдер, која додава прозрачност и му дозволува на просторот уште повеќе да дише. Посебна убавина и топлина во станот дава и луксузниот водоотпорен под – винил, со дрво-дезен којшто е многу актуелен во светот и совршено се вклопува во станот. Од дневната соба има директен пристап на балконот, кој е одлично место за кафе и опуштање. На сосема другиот крај од станот е поставена спалната соба, која е оддалечена од главните заеднички случувања во станот и е апсолутно мирна. Во оваа соба преовладуваат сивата боја и дрво-декор, како идеална комбинација која опушта и полни со позитивна енергија, заедно со големиот и удобен лежај за максимална релаксација и уживање. Во оваа соба особено привлекува внимание ѕидот обложен со дрво, на кој е поставен ТВ-уредот, како функционално решение за да се скријат сите кабли. Заедно со сите декоративни елементи, спалната соба изгледа како вистинска „оаза на мирот“. Во склоп на спалната соба поставен е


гардеробер, каде директно зачекорувате во голем, простран „Walk In“ плакар, од дрво иверка, со фиоки со стакло, полици, закачалки и декоративни кутии – дизајниран токму како секој гардеробер од соништата. За да биде уште пофункционален овој стан, направена е и посебна, помошна

просторија – утилити, која е од огромно значење за функционалноста на домот, и ги задржува мирот и организираноста во станот. Првото ниво на овој стан завршува со ултрамодерна и луксузна бања, изработена со првокласни шпански плочки и санитарија, каде комбинацијата од мермер

и дрво дава убавина и топлина на бањата. На второто ниво во станот се наоѓа трендовски простор создаден за млади, со голема дневна соба – „Chill зона“, со работен простор, два „Walk In“ плакари, модерна бања како и широка галерија со поглед спрема отворениот дневен простор на долното ниво, простор кој е идеално

ПОРТА


осветлен благодарение на изобилството од светлина што се добива од високите алуминиумски портали. Во иднина е предвидено второто ниво да биде преобразено во голема детска соба - како

вистински рај за најмалите. Во склад со најновите технологии, станот е целосно опремен со Smart Home систем (паметен дом), каде секој уред се контролира преку таблет, преку мобилен

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА

телефон или механички преку паметни, стаклени прекинувачи на допир. Покрај управувањето од дома, целиот стан може да се контролира и надвор од домот, што го прави овој стан уште побезбеден и енергетски поефикасен. Почнувајќи од светлата, системот за ладење/греење па сè до ролетните, станот се управува и преку гласовни команди, каде со секое „Good Morning“, самиот систем го буди станот, ги отвора ролетните, ја вклучува омилената утринска музика, греењето и го подготвува станот за новиот ден. Клучни зборови за овој стан се удобност, елеганција и природна светлина, каде преовладуваат модерни и функционални парчиња мебел, како и декоративни елементи и технологија кои внесуваат луксуз во целиот амбиент. Станот иако пред сè е наменет за домување, истиот беше искористен за да послужи како тест-проект на инвестиротот, сè со цел да се утврдат капацитетите и можностите на фирмите за масовно ентериерно уредување и најважно од сè, да се утврди точната финансиска конструкција, како би успеал инвеститорот да понуди лускузно опремени станови на пазарот, нешто што е практика повеќе години во западните европски држави и САД, каде инвеститорите продаваат исклучиво готови и ентериерно наместени луксузни станови. Се надеваме дека во брзо време и кај нас ќе биде понудено истото.. n


ПОРТА


сообраќај

Автономни возила по мерка на човекот

Многу е подобро дизајнот да се приспособи на потребите на човекот, отколку човекот да се приспособува на потребите на машината. Даниела МЛАДЕНОВСКА енес речиси сите зборуваат за автономното возење. Почнувајќи од производителите на автомобили, гигантите во електронската индустрија, софтвер инженерите, универзитетските професори, сите сметаат на автомобилите без возач во не така далечна иднина. Автономните возила можат да направат драматична глобална промена, воведувајќи ново ниво на мобилност, независност и безбедност за сите. Кои се придобивките од автономните возила? Како и секој друг

Д 50

ПОРТА

30 октомври 2020

концепт и автономните возила имаат свои предности и недостатоци. Во продолжение се осврнуваме само на некои од предностите кои тангираат многу аспекти од квалитетот на живот и развојот на заедницата. ПРЕДНОСТИ КОИ ТАНГИРААТ МНОГУ АСПЕКТИ - Безбедност во сообраќајот. Статистиките на несреќи на патиштата го земаат својот данок во човечки жртви, повредени, но и огромни материјални штети. За над 90 % од несреќите виновник е човекот (Maddox, 2012). Според тоа, автономните возила ќе превенираат голем број сообраќајни несреќи, но и ќе

елиминираат голем број на доцнења во сообраќајот. - Сообраќаен метеж. Во литературата се адресираат три главни фактори поврзани со автономните возила кои влијаат врз сообраќајниот метеж: 1. намалување на доцнењата во сообраќајот како резултат на намалување на сообраќајните несреќи; 2. зголемување на протокот на возила; 3. промени во вкупните изминати километри на возилото (vehicle-kilometer-traveled VKT). Сето тоа ќе придонесе за зголемување на доверливоста на сообраќајниот систем. Фактот дека автономните возила се меѓусебно поврзани, може исто така да овозможи и избегнување на сообраќајниот метеж


БЕЗ ЧОВЕК-ВОЗАЧ преку т.н. reservation-based system. - Сопственост на возилата. Развојот на автономните возила оди во прилог на концептот на такси-услуга без возач, но и кон обесхрабрување на идејата за поседување сопствено возило. Автономните возила ќе ги поттикнат и шемите на car sharing. - Вредност на времето. Автономните возила ги ослободуваат возачите од физичкиот и менталниот ангажман поврзан со возењето, овозможувајќи искористување на времето на други продуктивни активности. - Користење на земјиштето. Автономните возила можат да имаат силно изразено и долготрајно влијание врз шемите на користење на земјиштето. Имено, вредноста на земјиштето се зголемува пропорционално со близината до центарот на градот, каде се концентрирани можностите за работа. Близината пак е диктирана од начинот на транспорт, односно од сообраќајните врски. Со развојот на автомобилите, во почетокот на 20-тиот век, доаѓа до развој на предградијата. Автономните возила ќе придонесат за понатамошен развој на предградијата, а ќе се надмине и акутниот проблем со паркинг-просторот во градовите. Огромен простор ќе се ослободи за други намени. Во просек, градовите имаат површини зафатени со паркинзи кои учествуваат со 31 % во вкупната површина (Shoup, 2005).

2. Медиуми. Сензационалистички наслови кои ја демонизираат напредната технологија. 3. Морал и етика. Дали автономните возила треба да донесуваат одлуки кои луѓето едноставно не можат да ги донесат? 4. Доверливост и осигурување. Неизбежно, работите можат да тргнат во непосакувана насока. Кој би бил виновен? 5. Законска регулатива. Која законска регулатива треба да се донесе за да се контролира оваа технологија на патиштата? 6. Градовите и заедниците. Какви

негативни ефекти ќе донесе оваа технологија врз начинот на живот? 7. Опасностите од вештачката интелигенција. Дали е заштитена приватноста - технички можности за хакирање и злоупотреба? Компаниите кои го развиваат концептот на автономни возила треба да ги надминат овие бариери. Секако, кога станува збор за новите опции за мобилност, автономните возила се на прво место. Не само производителите на автомобили, туку и компаниите како Google, Bosch и Apple, ја трансформираат својата експертиза во областа на потрошувачката на електроника и софтвер, во развојот на автономните

ШТО ОЧЕКУВААТ ЛУЃЕТО ОД АВТОНОМНИТЕ ВОЗИЛА? Автономните возила се тема која е покриена во илјадници научни и стручни статии низ целиот свет, и обработувана е од различни агли - од технолошка изводливост, па до етички и социјални прашања. Но, постои еден аспект кој е малку запоставен - што очекуваат луѓето од автономните возила и како тие најдобро да се проектираат имајќи го предвид факторот човек? Секако, многу е подобро дизајнот да се приспособи на потребите на човекот, отколку човекот да се приспособува на потребите на машината. Точно ова барање е во фокусот на т.н. HCD (Human Centered Design). За важноста на HCD во контекст на автономните возила, многу се дискутира, особено во последно време. Следните точки кои допираат различни области, се појавуваат во речиси секоја дискусија, расправа или анализа: 1. Автономни концепти. Што се всушност роботите и зошто дизајнот изгледа како од научнофантастичните филмови? 30 октомври 2020

ПОРТА

51


технологии. Но, за да сфатиме која е суштината на овој дизајн фокусиран на човекот, треба да се вратиме на основите на човековата мобилност. Како се движат луѓето? Како стигнуваат од точката А до точката Б? Какво е искуството на корисникот од користењето на автономните возила - од влегувањето во возилото, самото патување, интеракцијата на возилото со другите учесници во сообраќајот и сл.? Дали автономното возење е технички можно? Кога ќе стане стандард? Дали е безбедно? Ова се прашањата кои одново и одново се поставуваат, особено во текот на последните неколку години. Многу

ПОРТА

поважно прашање е: Што всушност луѓето сакаат и што им е потребно да добијат од оваа технологија? Дури и на ова прашање, одговорот традиционално доаѓа од перспектива на производителите на автомобили, а не од корисниците. Конечно, корисниците се првенствено заинтересирани за самата мобилност, односно да дојдат комфорно и безбедно од точка А до точка Б, a не и за начинот како тоа ќе се реализира, односно за самата технологија која стои зад тоа. Според тоа, многу е значајно да се утврдат потребите на луѓето и нивните желби, со цел автономните возила да обезбедат поддршка за нив. Исто така подеднакво важно е луѓето да се адаптираат на користењето на оваа технологија. Но, пред да се ужива во возењето со автономно

возило, треба да се земат предвид многу фактори, во случајов човечки фактори кои играат улога во дизајнирањето на најдобро искуство за човекот. Не помалку важно е секако влијанието на оваа технологија врз изгледот на градовите и нивната подготовка за автономен транспорт. AUTONOMOS Но, да се вратиме малку наназад во историјата, со цел да се потсетиме што всушност значи терминот „автономен“. Зборот доаѓа од грчко потекло, поточно од зборовите auto, што значи „сам“ и nomos што значи „закон“, и оригинално бил користен за луѓето, а не за машините. Првите обиди во насока на создавање возило без возач датираат уште од дваесеттите години на минатиот век, а добиваат вистински облик во осумдесеттите години, кога се развиваат автоматизираните автопати. Со тоа се поплочува патот за полуавтономни и автономни возила кои ќе бидат поврзани со сообраќајната инфраструктура. Пионерските чекори преку првите проекти на автономни возила се направени во периодот од 1980 до 2000 година во


Германија и САД. Првото возило без возач на компанијата Google му даде огромен публицитет на овој концепт и привлече многу талентирани истражувачи од различни области. Сигурен и безбеден, за овој автомобил се врзуваат екстремно мал број на инциденти во сообраќајот, а речиси кај сите нив вината била кај другата страна. Забележан е само еден инцидент каде виновник е возилото на Google. Генерално, автономните возила работат на принципот „детектирај - планирај делувај“, што е всушност премиса на многу роботски системи. Притоа, комплексната и динамичка околина е сериозен предизвик за автономното возило кое е опремено со различни сензори, камери и други уреди кои ја снимаат околината. Сите овие податоци се влез во софтверот чија задача е да препорача соодветна акција, како забрзување, престројување, престигнување и сл. Еден од најголемите предизвици останува предвидувањето на однесувањето на пешаците и на другите луѓе учесници во сообраќајот. Користиме три категории за автономноста: - Автономна технологија (Autonomous Technology - AT). Технологија која најчесто опфаќа вештачка интелигенција (Artificial Intelligence - AI) и способност за машинско учење, односно технологија која може да изведува задачи без потреба од интервенција на човекот, а се базира, учи и се надградува врз основа на претходните искуства на човекот. - Автономно возило (Autonomous Vehicle - AV). Автономните возила се само еден од облиците на автономна технологија. Под автономни возила се подразбираат автомобили, автобуси и други транспортни средства кои овозможуваат мобилност за луѓето, стоките и градот, без потреба од каква било интервенција од страна на човекот. Тука мора да се забележи дека термините автономно возило и возило без возач не се исти. Постојат возови без возач, но тие не се целосно автономни, односно сепак со нив управува човек иако на далечина. - Автономија на луѓето (Autonomy of People - AP). Во своето класично значење овој термин укажува на тоа колку една личност е независна. Во контекст на мобилноста, како базична човекова потреба, токму автономните технологии односно автономијата на човекот. Оттука произлегува и равенката: АТ + АV = AP:) Одредени компании веќе се специјализирани во областа на HCD на автономните возила, загрижени за, како

што самите велат, „способноста на индивидуата, па дури и правото за донесување сопствени одлуки, онака како што му одговара“. Сосема во втор план се поставува прашањето за тоа колку се паметни возилата без возач. Индустријата е преокупирана со трката да ги направи своите машини колку што е можно

попаметни и побезбедни без човек - возач. Она што е најважно е како оваа технологија ќе ја подобри мобилноста и автономијата на човекот. Затоа, треба да се земат предвид сите фактори околу возилото - од потребите на човекот до социјалните импликации, а не само возилото како такво. n

ПОРТА


екологија

Беспомошно чекање покрај Луѓето што живеат покрај индустриските жешки точки немаат механизми да ја натераат државата да ги заштити

Фабриката ОХИС, најжешката од жешките точки Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА интија и Лојане немаат многу заеднички нешта. Првото е планска населба (барем во понискиот дел) на влезот на Скопје, а второто е погранично село во Липковскиот Регион. Во првото има луѓе од различни професии, а во второто се главно земјоделци и сточари. Она што ги поврзува Пинтија и Лојане е дека на жителите од двете места со децении им е скратено основното и уставно загарантирано право на живот во чиста и здрава животна средина. Тие се изложени на ризиците од т.н. историско загадување, бидејќи ја имале несреќата да се наоѓаат веднаш до напуштени објекти од тешката индустрија, каде што, откако пропаднале фирмите и си заминале работниците, зад себе оставиле огромни количества опасни загадувачки материи.

П

54

ПОРТА

30 октомври 2020

Напуштена индустриска зона во близина на Скопје


СКРАТЕНО ОСНОВНОТО И УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНО ПРАВО НА жИВОТ ВО ЧИСТА И ЗДРАВА жИВОТНА СРЕДИНА

тони индустриски отпад Депонијата со линдан кај ОХИС и рудникот за хром и арсен во Лојане се две од т.н. индустриски жешки точки, односно локации што непрекинато нанесуваат штетни последици врз околината. На почетокот беа идентификувани 16, а денес се помалку бидејќи некои мораа да бидат решени од стопанствениците што раководеа со индустриските постројки, за да добијат интегрирани еколошки дозволи. ОХИС и Лојане, пак, останаа напуштени, а со тоа жителите на населените места во нивна близина останаа на милост на државните органи, кои треба да најдат решение за да се отстранат загадувачките материјали, како и пари за да го спроведат замисленото. жИВОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ Од аспект на пристапот до правда, кога се историските жешки точки во прашање, граѓаните имаат право пред сè да бидат целосно и квалитетно информирани за состојбите во кои се наоѓаат овие локации и за ризиците што тие ги предизвикуваат. Тие имаат право да знаат за сите мерења и испитувања, и да бидат консултирани за сите мерки за ремедијација и за решавање на проблемот, што ќе ги преземат надлежните. Правата на граѓаните во оваа смисла се пасивни. Тие може да добиваат информации, да добиваат можност за учество, но немаат механизми со кои самостојно или организирано ќе си обезбедат заштита од високоризичното индустриско загадување покрај коешто живеат. Им останува да чекаат државата да стори нешто или да го креваат гласот во јавноста. Со други зборови, беспомошни се додека државата не најде волја и пари за сложените и скапи операции потребни за да се расчисти опасноста од распаднатите индустриски објекти. Како изгледа таа беспомошност раскажува Верица Стојановска од урбаната заедница Пинтија. На жителите на населбата не им недостасуваат информации и знаење колкава е опасноста, туку решенија. „Кога излегоа првите испитувања беше страшно. Тоа што е во почвата ќе си остане таму долго време. Луѓето сепак ја работат земјата, садат. Немаме што да направиме. Ние како соседи често разговараме за проблемот. Се чувствува во почвата, а и водата не е за пиење. Линданот е смртоносен. Сега е најавено

Депонијата на рудникот во Лојане

да се дислоцира и очекуваме тоа да се случи“, вели Стојановска. Таа додава дека голем број жители на Пинтија се поранешни работници во ОХИС, кои знаат како работела фабриката и би можеле да помогнат при планирањето на расчистувањето. Луѓето во Пинтија барем се приклучени на градскиот водовод во Скопје, додека тие од Лојане мораат да ја носат својата вода на испитување и да се враќаат со поразителни резултати – и до 22 пати повеќе арсен од дозволеното. Опкружени со 450 илјади тони јаловина и со три депонии со отпадна руда со висока концентрација на арсен и антимон, од кои најголемата има околу 50 илјади тони материјал, сè што можат да прават е да ги учат децата да внимаваат. „Жителите имаат здравствени проблеми кои веројатно се последица од рудата. Веќе сме уморни од оваа борба, сме се обратиле секаде каде што сме можеле. Локалните власти секогаш биле на наша страна, но државата е таа што треба да го реши проблемот. Рудникот е на еден километар од селото, па им кажуваме на децата да не се доближуваат и да ги избегнуваат местата каде што има отпад од него. Но тој е насекаде, прашината се

шири со ветрот. Не можеме да избегаме“, вели претседателот на месната заедница Селами Мемети. СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ УШТЕ ДОЛГО ќЕ БИДАТ ВО ОПАСНОСТ Се проценува дека од двете депонии во ОХИС во опасност се околу 470 илјади луѓе во главниот град. Во големата депонија има околу 40.000 тони отпад со линдан, со бетонско корито под неа. Многу поопасна е малата депонија од 13.000 тони, која е незаштитена. Рудникот во Лојане, пак, ги загрозува и Ваксинце, Табановце и другите околни села. Дури и Куманово со своите стотина илјади жители е на само десет километри од ова место. Најризичното место таму е депонијата со арсенски концентрат – пет илјади тони материјал од кои половината е чист арсен. Човекот што најдобро го има испитано влијанието на историското индустриско загадување врз почвите и што го подготви првиот геохемиски атлас на земјава е професорот Трајче Стафилов. Според него, ОХИС и Лојане, заедно со МХК Злетово во Велес, се трите најопасни места во државата. ОХИС е посебно ризичен затоа што е во самиот главен 30 октомври 2020

ПОРТА

55


Разурнат објект во кругот на ОХИС град. Речиси 50 години таму е депониран линданот, пестицид што фабриката порано го произведувала, но прекинала во 1970-тите. Во 2009 година тој е ставен на листата на опасни токсични супстанци што тешко се разградуваат. Според

ПОРТА

професорот, дури откако ќе се дислоцира линданот, ќе бидат потребни уште многу години за да се санира почвата. Студијата на Стафилов покажала загрижувачко загадување на почвите и

подземните води и во Липковскиот Регион, во близината на Лојане. Според испитувањата, има честички со арсен и антимон и во воздухот. На овие супстанци се изложени стотици илјади граѓани на кои државата


декларативно им го гарантира правото на здрава животна средина, но веќе долги години не успева и во пракса да го заштити нивното здравје. ОД ГОЛф-ТЕРЕНИ ДО ИЗВЕЗУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Кога се дефинирани 16-те жешки индустриски точки пред деценија и пол, се направија и прелиминарни процени за тоа колку би чинело за секоја од нив да се санира и да не претставува опасност за населението, стопанството и за природата наоколу. Една од процените беше дека е најдобро објектите да продолжат да стопанисуваат, бидејќи така ќе се одржуваат, ќе се надгледуваат и ќе генерираат приходи за да го решат загадувањето од минатото. Таков пример, според професорот Стафилов, е рудникот Бучим, кој порано бил меѓу најризичните жешки точки, но раководството успеало да го намали штетното влијание врз околината. За рудникот во Лојане е направена студија според која неговото расчистување би чинело околу 4,2 милиони евра. Пари што, според коалицијата О2 и според други граѓански иницијативи за заштита на животната средина, државата може и мора да си ги дозволи за да го реши овој горлив проблем. Државата, пак, единственото решение што досега го понудила е еден неуспешен обид за рестарт. Во 2014 година тогашниот министер за економија Ваљон Сарачини најави турска инвестиција што би почнала со работа во 2017 година, и освен што би стопанисувала со рудникот, би го решила и проблемот со депониите. Фирмата добила концесија во 2018, но сè уште ништо не е направено во врска со рудникот. „Ништо не е направено. Турците доаѓаа, земаа мостри, најавуваа дека ќе почнат и дека ќе вработат луѓе, но не се појавиле одамна. Сега немаме никаква информација што ќе се случува“, вели Селами Мемети од Лојане. Историјата на барање решенија за ОХИС, пак, е малку подолга. По идентификувањето на старата фабрика како жешка точка се направија две студии,

од кои едната предлагаше четири решенија. Еден од предлозите беше да се затрупаат депониите и фабричките урнатини со земја и врз нив да се направи голф терен. Иако тоа предизвика многу медиумско внимание своевремено, беше одбиено од експертите затоа што на тој начин не се решава продирањето на линданот во почвите и во подземните води. Фабриката сè уште не беше целосно затворена кога се направи студијата, па се правеа и обиди за да се донесат странски инвеститори што би ја рестартирале, па на тој начин да се решат проблемите и со работниците и со загадувањето. Десетина такви обиди пропаднаа. Сега таму има неколку помали бизниси што ги користат испразнетите фабрички простории, од кои никој нема обврска да ги исчисти депониите. Конечно државата почна таква постапка пред три години, а од минатата година врши подготовки во соработка со УНИДО, организацијата на Обединетите нации за индустриски развој. За судбината на жешките точки и за заштитата на правата на граѓаните што живеат околу нив се обидовме да

разговараме со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Но по повеќе недели чекање, не добивме одговори на прашањата упатени до него. Инспекторот од Државниот инспекторат за животна средина Дарко Блинков, вели дека бидејќи замрените капацитети каде што се натрупал опасен индустриски отпад не се во системот на интегрирано спречување и контрола на загадувањето, инспекторите немаат активна улога во следењето на состојбите додека ништо не се случува. „Одговорност на државата е да го решава отпадот и потоа да се решава и ремедијацијата на целиот простор, онака како што почна ОХИС со извозот на течни хемикалии, се очекува техногената минерална суровина од бивша Топилница Велес исто така да се извезува, треба да се решава на пример депонијата со 6валентен хром во Јегуновце, а улогата на ДИЖС е преку инспекциски надзори да се следи целосната постапка на решавање на индустрискиот отпад или ремедијацијата на теренот. Тоа редовно се извршува од страна на надлежните државни инспектори за животна средина“, објаснува Блинков. n

Отпад од рудникот Лојане во близина на селото (фото: МЖСПП)

ПОРТА


екологија

УСПЕШНА ПЛАНИНАРСКО-ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА

Чисто, како Лешница после нас Најмалку што може да направи секој посетител на планините и природата, е да си го собере сопственото ѓубре во најлон, да си го стави во ранец, и да си го врати со себе

Сл. 1 – Мотив од Долна Лешница Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх. (планинар, член на ПК „Јелак“ – Тетово) ланинарскиот клуб ПК „Јелак“ од Тетово со мотото „Чисто, како Лешница после нас“, успешно организираше планинарско-еколошка акција на Шар Планина која се одржа на крајот на септември. Целта беше да се исчисти од ѓубре долината на Долна Лешница, како и потегот кон популарно наречената Кривошија, и патеките и ливадите околу неа. Во официјалниот настан на социјалната мрежа Фејсбук стоеше, „летото кое штотуку измина ја вивна Долна Лешница и Кадите на Кривошиска Река во несомнено најат-

П 58

ПОРТА

30 октомври 2020

рактивна планинарско-туристичка дестинација во Македонија, и како таква беше посетена од илјадници луѓе во релативно краток период. Таквата фреквенција и поведението на некои од посетителите, донесоа ѓубре во поголема количина од вообичаеното, расфрлано низ убавините на утробата на Шар Планина. Затоа, како вљубеници во природата, но и како тетовчани, чувствуваме обврска да преземеме иницијатива за нејзино темелно чистење! По тој повод, организираме еколошка акција за чистење на 27.9.2020. Ги повикуваме сите планинари, планинарски и спортски друштва, вистински вљубеници во природата, ентузијасти, добронамерници, активисти, да ни се приклучат во масовната

акција за чистење на целата долина Долна Лешница и потегот кон Кадите на Кривошиска Река.“ Иницијативата спонтано и речиси истовремено произлезе од неколкумина членови на ПК „Јелак“, кои летово беа во одвоени приватни посети на Долна Лешница и Кривошија, имајќи предвид дека не одржувавме масовни клупски акции согласно препораките од матичната Федерација на планинарски спортови поради светската пандемија со Ковид-19. НЕСОВЕСНИ ПОСЕТИТЕЛИ Вџашени од тоа што летово во неколку наврати го видовме во срцето на Шар Планина, решивме да преземеме обврска за чистење


на овие преубави предели. За среќа, нашиот емотивен апел и повик наиде на широк интерес од јавноста кој беше неопходен за реализација на акцијата, имајќи предвид дека теренот е специфичен и прилично голем. Во оваа прилика, од името на ПК „Јелак“ сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите присутни кои несебично се вложија себеси во собирање на секој еден оставен отпадок од несовесни посетители. А таквите несовесни луѓе за жал ова лето беа во зголемен број. Делумно и поради настанатата ситуација, поради пандемијата со Ковид-19 и неможноста да се патува и шета надвор од границите на Македонија, а делумно и поради масовното рекламирање на социјалните мрежи на најатрактивната када на Кривошија. Кога пишувам за неа, како мала дигресија од темата за екологија, а во насока на едукација на читателите, би сакал да потенцирам дека често оваа када беше именувана на социјалните мрежи под името „Кривошиски Водопад“. Иако во суштина се работи за водопад - да, сепак таквото именување во овој случај би довело до заблуда кај помалку упатените, имајќи предвид дека веќе постои таков топоним за водопад: се работи за топоним кој го има горниот, големиот Кривошиски Водопад кој се наоѓа на 1.880 м. н. в. (слика 3).

Сл. 2 – Средна Кривошиска Када [фото: Марјан Скрижевски] Овој водопад се наоѓа на речиси час и половина пешачање од долниот слап на водопади (сместени помеѓу 1.550 и 1.650 м. н. в.), кои со едно име се наречени „Кади на Кривошиска Река“. Вкупно се шест такви „кади“ на број; од нив три се покарактеристични, подостапни, и како такви најатрактивни и привлечни за посетителите. Освен средната Када, претставена на слика 2, доста атрактивна е и најдолната од кадите. (слика 4).

Сл. 3 – Кривошиски Водопад

СОБРАНИ ОКОЛУ 50 ВРЕќИ ПОЛНИ СО ЃУБРЕ Што се однесува за еколошката акција, вредно е да се напомене дека беше помината и исчистена површина од околу 13 хектари. Околу десет хектари од оваа површина претставува долината на Долна Лешница, која учесниците на акцијата (околу сто на број), темелно ја поминаа и исчистија. Во овој дел се наоѓаше и најголемата количина на ѓубре поради лесната пристапност до

Сл. 4 – Долна Кривошиска Кадa [фото: Зоран Гичевски]

ПОРТА


Сл. 5 – Организација по сектори за чистење на Долна Лешница

Сл. 6 – Организациона карта на целата акција оваа месност преку патишта за теренски возила и од село Бозовце и од Попова Шапка. Со цел поефикасно работење, а во интерес на времето, организациски ја поделивме целата долина на четири сектори, а учесниците на четири групи, секоја со свој координатор, и така симултано го чистевме овој дел. Останатиот дел - потегот кон Кривошиските Кади, како и трите пристапи до нив, ги чистевме „штафетно“, односно секоја група како што завршуваше во својот првичен сектор на Долна Лешница, почнуваше да се

движи кон Кривошија и да чисти одреден сегмент таму. На враќање повторно беа проверувани сите пристапи околу Кадите и целиот потег од Лешница до нив, како би биле сигурни дека не сме оставиле ѓубре зад нас. Вкупно беа собрани 50-тина големи вреќи со ѓубре од целата акција со најразличен вид на отпад: претежно амбалажи од прехранбени продукти, конзерви, шишиња, најлони, отпушоци и кутии од цигари итн. Собраното ѓубре од Долна Лешница, по претходен договор со нас, го подигнаа и спроведоа до Тетово претставници од ЈП Национални шуми, на што сме им благодарни. На дел од учесниците ова им беше прва посета на Лешница и Кривошија, па и на Шар Планина воопшто. Независно од тоа, и тие со задоволство се вложија себеси во чистење, вџашени од постапките на дел од посетителите пред нив. Нè радува што оваа планинарско-еколошка акција силно одекна во локалните медиуми и на социјалните мрежи, и беше поздравена од искрените љубители на природата. Се надеваме дека со оваа акција, а и со евентуални идни акции, ќе придонесеме кон подигнување на свеста за зачувување на природата, а во контекст на тоа, најмалку што може да направи секој посетител на планините и природата, е да си го собере сопственото ѓубре во најлонче, да си го стави во ранец, и да си го врати со себе.

Еколошка акција

ПОРТА

НЕНАДОМЕСТЛИВА ШТЕТА ОД МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ На темата за зачувување на природата, неизбежно е да го споменам и проблемот со малите хидроцентрали на Шар Планина. Како чест посетител на планините знам дека планинските реки, освен буквално неколку дена во годината кои се бројат на прсти, немаат доволна издашност за да ги направат малите хидроцентрали економски исплатливи и енергетско ефикасни, или да ги направат некој значаен фактор во енергетскиот систем во државата. Дури и кога би било така, неспоредлива и ненадоместлива е штетата која се прави врз природата со нивното градење. Токму на истиот ден со нашата акција, беше организиран протестен собир на неформалната иницијатива „Зелен фронт против мали хидроцентрали“ кои протестираа против изградбата на малите хидроцентрали на Лешница, но и насекаде низ државата. Како учесници во еколошката акција, дадовме поддршка и на овој протестен собир. Особено нè боли тоа што Лешница е практично девастирана од изградбата на неколку мали хидроцентрали. Сведоци сме на уништени тревни површини, разбиени патишта од механизација, исечена шума, градежен шут, и секако – чудовишни бетонски зданија и реки вметнати во цевки. Освен тоа, нарушени се и природните хабитати на многу животински видови. ЛЕШНИЦА Инаку, геоморфолошки, Лешница е локалитет на Шар Планина, кој е поделен на Горна и Долна Лешница. Горна Лешница претставува кањон во горното течение на Лешничка Река, сместен помеѓу врвовите Плат (2.398 м. н. в.) и Среден Камен (2.465 м. н. в.). Од друга страна пак, Кривошија или Кривошиски Дол е кањон во горното течение на Кривошиска Река, сместен помеѓу врвовите Среден Камен и еден официјално без-


имен врв (2.511 м. н. в.) за кој се користат неколку имиња: Кривошиски Врв, Безимен Врв, Tрет Камен или Трета Карпа (а изворно, на тетовски, е „Треќа Карпа“). Лешничка Река и Кривошиска Река се десни притоки на реката Пена која во долниот тек поминува и низ Тетово. Долна Лешница претставува долина за која генерално може да речеме дека е во северозападните подножја на Плат и Среден Камен, а која нагоре низводно следејќи го течението на Пена, преоѓа во Кривошија. Плат, Среден Камен и Треќа Карпа со едно име ги нарекуваат и „Трите Лешнички карпи“ - оттаму е и етимологијата за вториот и третиот врв. Како тетовчани, навистина нè радува што последниве години, а оваа особено, за овој фантастичен шарски предел дознаа многумина. Но, за да остане неговиот сјај, најмалку што можеме да направиме како поединци е да го собираме сопственото ѓубре при посетите на Лешница и Кривошија. Се надевам дека и овој текст ќе придонесе кон тоа поголем број на идни посетители да научат и сфатат дека се работи за планинско подрачје, а при посети на таквите места не смее да оставаме ѓубре. Лешница не е излетничко место во кое има комунални служби за одржување на хигиената. n

Девастација на Лешница [изворhttpswww.facebook.comilov ehikingmacedonia]

Карта на целата месност

Горна Лешница [фото Марјан Скрижевски]

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА

Profile for Porta3

Списание за градежништво, архитектура и екологија  

Списание за градежништво, архитектура и екологија  

Profile for porta3
Advertisement