Porta3 199

Page 59

хортикултура

AASHTO прегледни триаголници

за проектирање на зеленилото, како составен дел од сообраќајниците, може да се земат стандардите пропишани од Американската асоцијација за автопатишта и транспорт (AASHTO). AASHTO (American Association of State Highway and Transportation Officials) води политика за геометриски дизајн на улици, а во своето најново издание на „Геометриски дизајн на улици и автопатишта“ од 2004 година, е разработена проблематика од аспект на зачувување на прегледноста на раскрсниците, каде што посебен акцент е ставен на позиционирањето на кутиите за весници, кантите за отпадоци, паркинг местата и дрворедите. AASHTO ја препушта употребата на прегледни триаголници на улици, каде што

постојат дрвја на улиците, на архитектот на улицата. Со примена на овој начин на проектирање се постигунуваат неколку цели кои во голема мера му помагаат на архитектот, така што ниту еден објект не треба да биде поставен во рамките на прегледните триаголници, со што би се попречило видното поле на возачот. Исто така, се води сметка и на височината на видното поле да не биде попречено. Според одредени испитувања се довело до резултат дека видното поле треба да е чисто на висина од 3,5 стапки (106,7 cm). Според тоа, сите дрвја од дрворедите, паркирани коли и времени објекти, кои би ја попречиле висината од 3,5 стапки (висината на видното поле на возачот), треба да се отстранат од прегледните триаголници.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

59


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.