Issuu on Google+

Еден плоштад, многу приказни

90 денари / БРОЈ 199 / ПЕТОК 25.01.2013 година IX

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

УБАВИНАТА НА НЕИЗГРАДЕНИОТ ПРОСТОР

АРХИТЕКТУРАТА ВЕЌЕ НЕ Е ПРОФЕСИЈА!?


ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ГОДИНА IX

БРОЈ 199 ПЕТОК 25.01.2013 Редакција:

ДраГи читатели,

ГРАДЕЖНИШТВО 08 ДИНАМИЧКИ ТЕСТОВИ НА ИНОВАТИВНИ СИСТЕМИ ЗА НАДГРАДБА И ЗАЈАКНУВАЊЕ

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ФАСАДЕН ДЕТАЉ, акаДемиЈа MWD, ДИЛБЕК, БРИСЕЛ, БЕЛГИЈА Еден плоштад, многу приказни

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 199 / ПЕТОК 25.01.2013 година IX

итно решавање. Одлагањето на нивното решавање може на подолг период да генерира негативни последици во просторниот развој на градот. Еден плоштад, многу приказни. Кон крајот на декември минатата година, градот Белград одбра шест решенија на новиот конкурс, чија тема беше идното уредување на централниот кружен дел на плоштадот Славија, кое вклучува фонтана и подземни премини. Сепак, приказната за плоштадот Славија не може да се раскаже само со промена на местата на трамвајските шини и со фонтаната што е предвидена со последниот конкурс. Таа започнува многу порано. Архитектурата веќе не е професија!? Една од најголемите британски банки донела одлука според која, на архитектите веќе нема да може да им се доделуваат таканаречените „професионални станбени кредити“. Според образложението, архитектите веќе не ги исполнуваат критериумите на банката со оглед на тоа што нивната професија веќе не се смета за „отпорна на рецесија“, за разлика од лекарите, забарите, ветеринарите и правниците, чиишто професии имаат „историја на економска отпорност и нециклична иднина во кариерата“. ,

Годинава се навршуваат 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во него загинаа над 1.000 граѓани, а голем дел од станбениот и друг простор се претвори во урнатини. Оваа годишнина е повод „Порта3“ во наредните месеци да ги отвори страниците за текстови посветени на сѐ она што се случуваше со градот оттогаш па наваму. Со осамостојувањето на Република Македонија во урбанистичкиот развој на Скопје се појавија нови предизвици, но и нови „креатори“ на градскиот простор во метрополата. Ноговите „креатори“ всушност само беа продолжени раце на новите економски магнати, кои беа единствено заинтересирани да вложуваат во градежништвото преку станбеноделовни простори. Атрактивноста на овие нови изградени содржини растеше правопропорционално со нивното физичко доближување кон центарот на Скопје. Дали главниот град на државата може да функционира само со еден центар? Со новиот ГУП на Град Скопје, имајќи ја предвид Агенда 21 како клучен документ за одржлив развој, се поттикнаа нови прашања за просторот и заштитата на животната средина. Станува збор за конфликтните состојби што се воочуваат последните години на подрачјето на градот, кои бараат

УБАВИНАТА НА НЕИЗГРАДЕНИОТ ПРОСТОР

АРХИТЕКТУРАТА ВЕЌЕ НЕ Е ПРОФЕСИЈА!?

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

28

УРБАНИЗАМ 12

УБАВИНАТА НА НЕИЗГРАДЕНИОТ ПРОСТОР

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

УРБАНИЗАМ 20

НЕПОВТОРЛИВ УРБАН РЕДИЗАЈН ВО ХОЛАНДСКАТА СОВРЕМЕНА АРХИТЕКТУРА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

36

Печати:

АРХИТЕКТУРА 28

Маркетинг:

ЕДЕН ПЛОШТАД, МНОГУ ПРИКАЗНИ

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 36

ОДНАДВОР СКРОМНА, ОДВНАТРЕ ВЕЛИЧЕНСТВЕНА

50

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕКСПЕРТ 46

АРХИТЕКТУРАТА ВЕЌЕ НЕ Е ПРОФЕСИЈА!?

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ИНТЕРВЈУ 50

ДЕЈАН ПАНОВСКИ: СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО - ПРИРОДЕН ФИЛТЕР НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ

Автор: карлос ароЈо

оД реДакЦиЈата

20

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

46

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Доделена Големата годишна награда на архитектите за реализирано архитектонско дело за 2012 година

Признание за Тргoвскиот центар „Скопје Cити мол“ Македонската архитектура претставува одраз и на традициите, вредностите и светогледот на македонскиот народ, па оттука секоја генерација архитекти има предизвик и обврска да ја усовршува и збогатува македонската архитектура

Н

ајуспешно реализирано архитектонско дело во 2012 година во Републикава е Трговскиот центар „Скопје Сити мол“ на архитектите Грегори Ибанез, Звонко Тасевски, Крсте Петков и консултантот Илија Божиновски од фирмата ДСЦ Дизајн. Свеченото доделување на наградата го организираше Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Признанието им го врачи покровителот на манифестацијата, претседателот Ѓорге Иванов. Во своето пригодно обраќање, честитајќи им на наградените Иванов истакна дека „Македонската архитектура претставува одраз и на традициите, вредностите и светогледот на македонскиот народ, па оттука секоја генерација архитекти има предизвик и обврска да ја усовршува и збогатува

4

3

ПОРТА

25 јануари 2013

македонската архитектура“. Спонзори на овогодишната награда беа Македонската авторска агенција и компаниите „Адинг“ и „Биро Проект“ од Скопје. Отворајќи ја манифестацијата претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска - Циги нагласи дека „настанот претставува истовремено традиционална Новогодишна средба на архитектите која се одржува веќе по 34-ти пат и секогаш е еден нов временски репер во нивните/ нашите животи“. Според неа, „ова време е веќе одбележано како време на вкрстувања на некои чудни космички сили, но науката го смета за погодно да го поместиме нашиот ум кон подлабока мисловност во создавањето, кон повисоки нивоа, кон подалечни хоризонти... Потребни се оптимистички пораки за внурнување во миговите, деновите, вечностите што се

пред нас. Знаеме дека нашето творештво е мултивалентно, комплексно, слоевито, дека е продукт на општествено економски сили, но во суштина е структурирано со силата на умот и духот, така што нашите дела се за некои заеднички цивилизациски и духовни татковини. Нашава професија и мисли и прави, го одредува начинот на живеењето и создава културолошки поместувања, а ние во оваа погрешно сетирана денешница ја немаме моќта на нашата фела“. Таа упати и порака до колегите нагласувајќи дека „убавината на постоењето треба да се негува токму низ создавањето на „новото“, нова сцена со слободарски дух, нов показ на отворен ум, нови концепти и нови дострели за времето сега и за времето утре“. Одлуката на Комисијата за доделување на Големата годишна награда за реализирано архитектонско дело ја образложи нејзината претседателка, архитектот Биљана


инфо Филиповска. Покрај неа, членови на Комисијата беа и архитектите Мишко Ралев, Валентино Константиновски, Дејан Спасеновски и Дејан Секуловски. Во образложението Филиповска истакна дека на конкурсот пристигнале пријави од шест трудови, а во текот на својата работа комисијата, користејќи го своето право согласно Правилникот, предложила уште едно реализирано архитектонско дело. Според Комисијата сите пристигнати трудови претставуваат респектабилни претставници на македонската архитектонска сцена, како високо професионално профилирани проекти или како инспиративни архитектонски дела, кои се обидуваат да дадат нови одговори на односот помеѓу архитектурата и просторот. Сепак, со одлука на Kомисијата Големата годишна награда за реализирано архитектонско дело е доделена на објектот Трговски центар „Скопје сити мол“. Доделени се и две пофалници на потесно селектираните трудови: Административна зграда -Осигурителна полиса АД Скопје, од авторите - архитектите Ненад Раѓеновиќ, Сања Раѓеновиќ и Боро Гаџовски; и Индивидуален станбен објект на семејство Димитрови во населба Бардовци, чиј автор е архитектот Марио Асиси.

Сите пристигнати трудови претставуваат респектабилни претставници на македонската архитектонска сцена, како високо професионално профилирани проекти или како инспиративни архитектонски дела, кои се обидуваат да дадат нови одговори на односот помеѓу архитектурата и просторот

Претседателот Ѓорге Иванов со добитниците на Големата награда на архитектура

Архитектонски одговор на еден масивен габарит

Трговски центар „Скопје сити мол“ претставува сложен технолошки објект работен во услови на соработка на македонски архитекти со американски експерт за ваков вид објекти. Проектантскиот тим се обидува покрај потребите да се задоволат сите комерцијални принципи на објектот, од прифаќањето на консументот потрошувач, неговото водење низ ентериерот, врската на паркингот со комерцијалниот простор, дистрибуцијата на проектната програма по нивоа, да даде и архитектонски одговор на еден масивен габарит сегментирајаќи го со различна матерјализација и колоритна обработка на помали единки. Во објектот е евидентен иновативниот пристап во употреба на нови матерјали, кои ја подобруваат енергетската ефикасност на објектот. Целокупното менаџирање на инвестицијата и нејзино реализирање во извонредно кус период зборува за високите професионални капацитети на голема група инженери инволвирани во овој проект.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

5


инфо

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ РАСТЕ“

Апликација - информативна и едукативна каписла Проектот „Скопје расте“ е интернет-платформа/апликација која се занимава со прикажување и анализирање на градските четврти Дебар Маало и Буњаковец, со цел максимално доближување на граѓаните во процесот на проектирање Анастасија Николовска

М

инатата недела, во рамки на „Јавна соба“ беше одржана промоција на проектот за веб апликацијата „Скопје расте“, на која беше отворена и панел дискусија на истата тема. На дискусијата учествуваа Неда Коруновска Аврамовска - Реактор, Скопје; Ристо Аврамовски - Архитектри, Скопје; Слободан Велевски - Архитектонски факултет, Скопје; Дамјан Цингарски Општина Центар, Драган Крстевски - Прва Архи Бригада, Скопје; Иван Мирковски Американ колеџ, Скопје и Дејан Ивановски - Архитектри, Скопје. Учесниците како активни конзументи на овој сегмент од градот разговараа за актуелните проблеми со кои се соочува истиот. Веб апликацијата хронолошки го опфаќа периодот од 1990 до 2020 година, каде што промените на урбаниот опфат се најголеми и најдрастични. Особено во регионот што ги

6

3

ПОРТА

25 јануари 2013

опфаќа Дебар Маало и Буњаковец, како делови и сегменти кои се во поодмината фаза на процесот на спроведување на плановите од 1991 година па до денес, во смисла на постигнувањето на зацртаната густина и станбен капацитет. Дали оваа формула за згуснување и проширување на постоечките станбени капацитети која галопира во последниве години може да биде апликативна и за други делови на Скопје, со различна урбана типологија, со оглед на тоа што контекстот, потребите и моќта на учесниците да дејствуваат во процесот се со различен интензитет или сооднос? Во последните две децении, од една доволна временска дистанца, можеме да говориме за растежот и драстичната промена на градските четврти во Скопје, но и сликата за градот како целина. Потребата за градење нови станбени единици и проширување на постоечките станбени блокови, или зони со индивидуално домување кои гравитираат близу до самиот

центар на градот или во него, создадоа ‘модел за раст’, односно формула со која градските четврти како Дебар Маало и Буњаковец ја зголемија својата густина повеќекратно. Општините, инвеститорите и корисниците/граѓаните, како главни чинители на ‘моделот на раст’ излегуваат како задоволна страна од овој ‘компромис’ со градот, оставајќи отворени прашања и проблеми, кои се со долгорочни ефекти врз новата урбана слика за овој дел на Скопје. Проектот „Скопје расте“ е интернетплатформа/апликација која се занимава со прикажување и анализирање на градските четврти Дебар Маало и Буњаковец низ неколку елементарни и хронолошки параметри за тоа што се случува со СТАНБЕНАТА СТРУКТУРА, како таа расте, односно дали се проширува или згуснува, потоа ПАРКИРАЊЕТО како реакција на зголемениот број станбени единици, и секако ЗЕЛЕНИЛОТО како параметар кој едноставно исчезнува во рамките на оваа


инфо урбана целина. Исто така се поставува и прашањето кои се тие алтернативи што ги нуди ДУП-от и како се справува со истиот проблем? Апликацијата користи информации од деталните урбанистички планови, катастарски подлоги, и фактичката состојба на терен, со цел максимално доближување на граѓаните во процесот на проектирање, односно создавање параметри по кои еден град треба да се проектира и да се гради. Отвореноста на софтверот за надоградување на базата на информации е можност платформата да биде модел врз кој ќе се изведуваат основни урбанистички аналитички методи, на визуелен јазик кој тежнее да биде разбирлив подеднакво за граѓаните и за стручната јавност. Оваа платформа на некој начин се обидува да влијае на микро ниво, како информативна и едукативна каписла, која ќе поттикне вклучување на оние субјекти кои претходно биле пасивни. Останува прашањето дали оваа апликација може да биде некаква подлога за собирање на информации, кои ќе овозможат доближување на корисниците/граѓаните во создавање на еден град. Привремена веб адреса на апликацијата Скопје Расте е: advocacy.reactororg.webfactional.com

Донација од Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора Инженеринг“

Охрид ќе добие споменик посветен на Водици

Г

енералниот директор на „Адора Инженеринг“, Ванчо Чифлиганец, на Охрид ќе му подари спомен обележје посветено на Водици, што ќе биде подигнато годинава, со донација од околу 2.500.000 денари. Идејното решение е на академскиот скулптор Ангел Коруновски, едногласно избрано од Одборот за подигнување на споменикот, а локацијата е кај градското пристаниште, пред Охридската капетанија, според одлуката на општина Охрид и Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид. Целта на подигнувањето на спомен обележјето со скулптура фаќач на крст, лиена во бронза и постамент со Богојавленска претстава, што ќе биде високо околу 5 метри, е градот да добие траен атрактивен симбол што за верскотуристичката манифестација Водици ќе сведочи преку целата година пред граѓаните на Охрид, гостите од Македонија и странските туристи.

Се подготвува изборно Собрание на ААМ Во врска со претстојното Собрание на ААМ, а за формирање на списокот на електори, Ве молиме да се пријавувате на contact@aam.org.mk со име и презиме, матичен број и телефон за контакт (со reply на овој мејл). Информациите се неопходни за пререгистрација во Централен регистар на РМ. Рокот за пријавување на кандидатите за претседател на ААМ и претседател на Собрание на ААМ истекува на 09.02.2013 година, по што материјалите за Собрание, вклучувајќи ги CV-та на кандидатите ќе бидат дистрибуирани на разгледување. Истовремено, ќе биде соопштен и датумот на одржување на Собранието. Исто така, потсетуваме дека пред одржувањето на Собранието, покрај утврдениот список на електори, мора да биде подмирена членарината за да се оствари правото на глас. Членарината за една година изнесува 1.000 денари, а за две години однапред 1.599 денари. Сумата се уплатува исклучиво на сметка на ААМ 3 000 000 000 45141, Комерцијална банка, со назнака членарина за 2013 година, на вирман ПП 10.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

7


градежништво

Соработка на ИЗИИС со словенечката компанија CBD од Цеље

Динамички тестови на иновативни системи за надградба и зајакнување Се очекува добиените резултати од овие тестови да укажат на добрите и лошите страни на разните типови надградба и зајакнување на постојните конструкции од аспект на нивното однесување на сеизмички влијанијa

Модел на базична АБ конструкција со надградба од лесна дрвена рамка (LFT)

проф. д-р Виктор Христовски, ИЗИИС, Скопје

В

о Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје, во текот на ноември и декември 2012 година, во рамките на повеќегодишната соработка со словенечката компанија CBD (Contemporary Building Design), беше реализирана експериментална програма составена од низа динамички тестови на иновативни системи за надградба и зајакнување. Идејата на овие експериментални истражувања беше да се покаже влијанието на повеќе типови надградби врз постојните армирано-бетонски (АБ) конструкции, добивајќи компаративна слика за однесувањето на секој интегрален систем пооделно, а исто така и да се претстави еден иновативен систем за зајакнување на Системи на дрвени (XLAM, композитни и LFT) надградби спремни за монтирање на базичната АБ конструкција за тестирање

постојните АБ конструкции. Проектот беше инициран од страна на директорот на компанијата CBD, д-р Бруно Дујич, а го водеше проф. д-р Виктор Христовски од ИЗИИС. Инаку, компанијата CBD, покрај истражување, развој и едукација, се занимава и со проектирање и изведба на станбени објекти, најчесто користејќи го вкрстеноламелираното дрво (познато како CLT или XLAM) како материјал. Таа претставува една од европските компании кои го користат KLH (Massivholz GmbH) типот на XLAM панелите во своите проекти. Со цел запознавање на пошироката јавност, а посебно стручната јавност со овие иновативни системи за надградба и зјакнување, во просториите на ИЗИИС д-р Бруно Дујич одржа и јавно предавање на тема “Innovative Upgrades of Sustainable Future Cities”, правејќи компилација на претходната активност и соработка помеѓу CBD и ИЗИИС на ова поле, и добиените 8

3

ПОРТА

25 јануари 2013


Зајакната АБ конструкција со примена на иновативнa техникa која вклучува примена на вкрстено-ламелирано дрво (XLAM)

градежништво резултати од овие експериментални истражувања, а потоа презентацијата заврши со јавно динамичко тестирање во лабораторијата на ИЗИИС, на модел на двокатна зграда составен од композитни материјали - дрво и стакло. Во текот на реализација на проектот, на вибро-платформата во ИЗИИС беа изведени вкупно 177 динамички тестови од типот на хармоници, синтетички и реални акцелерограмски записи од земјотреси. Во однос на нивото на зададените динамички побуди, тестовите беа поделени во две групи: група 1 - еластични тестови, со ниско ниво на побуда со цел тестираните модели да не претрпат никакви трајни деформации и оштетувања; и група 2 - нелинеарни тестови, со високо ниво на побуда, со цел следење на механизмот на оштетување на моделите. Исто така, во однос на целта на истражувањата, тестовите беа поделени во две серии: серија 1 – тестирање на модели составени од базична АБ двокатна рамка со и без исполна од ѕидарија, надградена со разни типови надградба – челична, дрвена од вкрстено-ламелирано дрво (XLAM), лесна дрвена рамка (позната како LFT), композитен систем од стакло и дрво; и серија 2 – тестирање на еднокатни и двокатни модели составени само од XLAM, LFT и стаклени шајби. Беа тестирани вкупно 29 најразлични конфигурации на модели. Се очекува добиените резултати од овие тестови, кои се во тек на обработка, заедно со дополнителните анализи, да укажат на добрите и лошите страни на разните типови надградба и зајакнување на постојните конструкции од аспект на нивното однесување на сеизмички влијанија, што би можел да биде интересен податок за идните инвеститори и проектанти од овие наши простори и пошироко, при нивното одлучување за усвојување на применетиот систем.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

9


градежништво

Примена на анкери во заштита на градежни јами

Н

аселените места речиси секогаш се неповолни средини кога станува збор за заштита на градежни јами. Наједноставна и најекономична заштита на градежните јами (и генерално на секој ископ) е формирање на косини на соодветен наклон со кој се обезбедува стабилноста на целиот ископ. Ова често пати е невозможно, посебно во урбаните средини каде што просторот е ограничен, а формирање на стабилни косини секогаш подразбира доволно пространа локација. Наклонот на косините во најголема мера зависи од геотехничките услови, односно од типот на почва во која се врши ископ, присуство на подземна вода како и од видот и интензитетот на т.н. надворешни товари (пр. товар од соседни објекти, товар од сообраќај, товар од механизација на градилиштето и сл.). Имајќи го сето тоа предвид често наклонот на косините, доколу на пример се врши ископ во чакалестопесокливи материјали, би требало да изнесува помеѓу 1:1 и 1:2. Така што за ископ со висина од 5,0 m потребни се помеѓу 5,0 – 10,0 m простор надвор од градежната јама како би се формирале стабилни косини.

10

3

ПОРТА

25 јануари 2013

Во градските средини најчесто просторот помеѓу објектите е неколку пати помал, а често се случува соседните објекти буквално да се „залепени“ еден до друг. Во таков случај, стабилизацијата – заштитата на градежните јами се врши со примена на потпорни конструкции со што се надминува проблемот од недостаток на простор. Едни од можните конструкции кои сè почесто се применуваат за заштита на градежни јами се конструкциите што вклучуваат примена на анкери. Анкерите најчесто се применуваат во комбинација со торкрет бетон и мрежаста арматура, или пак како дополнителна стабилизација на армирано-бетонски конструкции како на пример колови конструкции. Кога анкерите се применуваат во конструкцијата заедно со торкрет бетон и мрежаста арматура прво се инсталираат анкерите и мрежастата арматура па потоа се нанесува торкретот т.е. прсканиот бетон. Торкретот ги поврзува анкерите и поставената мрежаста арматура и директно влијае на стабилноста на теренот (косината) т.е. спречува настанување на лом во почвата и нејзино обрушување. Честo e мислењето дека прсканиот бетон е главен елемент кај ваквите системи, но всушност

главната работа ја вршат анкерите. Гледано од аспект на механизмот на работа на анкерите генерално постојат два вида на анкери, пасивни и активни анкери. Пасивните анкери се елементи кои механички не се преднапрегаат по нивната инсталација, односно тие се активираат кога косината што ја стабилизираат почнува да се деформира и да се поместува кон ископот. Активните анкери по исталација се преднапрегаат, што доведува до тоа тие веднаш да почнат да ја „притискаат“ косината и на тој начин спречуваат нејзино деформирање. Ова е основна разлика помеѓу овие два анкери и тоа треба да се земе предвид при одредување на нивната правилна примена. Како што беше претходно напоменато анкерите наоѓаат примена како елементи за дополнително стабилизирање на колови конструкции. Коловите како конструкции често се користат за заштита на градежни јами, особено во последно време се применуваат се повеќе во нашата држава. Во случаи на неповолни геотехнички услови или пак длабоки ископи (пр. ископи поголеми од 7-8 m) понекогаш се јавува потреба за дополнително стабилизирање на коловите. Ваквото стабилизирање најефикасно се постигнува со примена на анкери кои се инсталираат така што го оневозможуваат зголеменото деформирање на коловите и обезбедуваат нивна непречена работа. Очигледно е дека анкерите се сè повеќе применливи при заштита на градежни јами затоа што има многу предности во однос


градежништво

на другите типови на привремени и трајни подгради. Најчесто тие се применуваат во геотехнички средини каде што се застапени природни кохезивни материјали (нископластични прашини и глини кои не се склони на течење, карпести средини), добро збиени песоци и чакали во кои може да има и присуство на прашини и глини кои дејствуваат како врзивно средство. Како неповолни средини за изведба на анкери генерално се сметаат растресити крупнозрни почвени материјали, високопластични глини поради нивната особина на прекумерно течење и експандирачки глини. Финалната проценка за примена на

анкерите за конкретен случај ја носи проектантот, па така во зависност од целокупните услови на локацијата може да има и одредени отстапки од генералните препораки. Конструкциите за заштита на градежните јами се објекти од времен карактер. Нивната функција завршува во моментот кога ќе се изградат подземните нивоа на објектот во градежната јама. Исто така, овие конструкции понекогаш поради ограничениот простор на локацијата се изведуваат во градежната јама, што значи намалување на димензиите на основата на главниот објект. Сето ова наведува на

заклучок дека при изборот на заштитна конструкција, покрај тоа што треба да се внимава на нејзината употребливост (функционалност), секогаш треба да се земат предвид економичноста, времетраењето потребно таа да се изгради и нејзините димензии односно габаритност. Анкерите во суштина придонесуваат за надминување на голем дел од неповолностите што ги носат со себе традиционалните конструкции за заштита на градежни јами. Генерална констатација е дека употребата на анкерите може да биде оптимален, некогаш и единствен избор за заштита на градежните јами.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

11


урбанизам

УРБАНИОТ РАЗВОЈ НА СКОПЈЕ ВО КОНТЕКСТ НА ЈАВНИОТ ОТВОРЕН ПРОСТОР

УБАВИНАТА НА НЕИЗГРАДЕНИОТ ПРОСТОР Дали главниот град на државата, град којшто денес има силен прогрес во изградбата во јавната сфера, град сочинет од десет општини, град којшто наскоро ќе има милионски број на жители, може да функционира само со еден центар? доц.д-р арх. Александар Андовски,

Катна гаража на Јужен булевар

С

о осамостојувањето на Република Македонија од поранешната федерација, во урбанистичкиот развој на Скопје се појавија нови предизвици, но и нови „креатори“ на градскиот простор во метрополата. Новите „креатори“ всушност само беа продолжени раце на новите економски магнати, кои беа единствено заинтересирани да вложуваат во градежништвото преку станбеноделовни простори. Атрактивноста на овие нови изградени содржини растеше правопропорционално со нивното физичко доближување кон центарот на Скопје. Тоа беше декада на градежна експанзија од „мали размери“, поради фактот што најчесто се прошируваа маркичките за градба, се наддаваа максималните коти за градба во деталните планови, и најрадикалните зафати всушност беа „пополнувања“ на „празните“ неизградени локации. Велам „празни“ во наводници, поради фактот што претходно испланираните „празни“ простори всушност никогаш не се замислени како некаква празнотија, неоформеност, или терени за идна градба. Напротив, овие неизградени, најчесто зелени површини, претставуваат свесен производ, дел од урбанистички проект, кој има

12

3

ПОРТА

25 јануари 2013

Архитектонски факултет - ФОН Универзитет

недвосмислена намена во една интегрална градска средина. Преку узурпи��ањето на овие „празни“ простори, новосоздадениот простор радикално се деградираше и континуирано се деградира. Преку преголемата желба за повеќе квадратни метри на атрактивни локации, всушност, не остана ни првото „а“ од атрактивност на тие исти локации откако неколкупати се зголеми процентот на изграденост. На тој начин, некој еднократно направил финансиски профит продавајќи го новоизградениот простор. Но, во истиот момент оној, пак, што го купил тој новоизграден простор,

изгубил во самиот почеток на неговата вредност. Уште позагрижувачка е и ситуацијата на оние што претходно живееле во релативно добро обмислен простор, во кој претходно биле запазени хуманите параметри за умерена изграденост, и коишто оддеднаш стануваат опкружени и „надјавани“ од нови градби уништувајќи ги сите претходни запазени вредности за квалитетно живеење во тој простор. Жално е што никој не може да се спротивстави на ваквите тенденции во последниве две децении и што не учиме од сопствените грешки. Катна гаража кај Судска палата


урбанизам

Кружен тек на Булеварот Теодосиј Гологанов

Последнава деценија, во централното подрачје на Скопје се случува градежна експанзија во сферата на јавните објекти. За жал, густината на изграденост уште повеќе се зголеми, а јавниот отворен простор, иако се уредува со нови партерни решенија, тој сепак се намалува. Но, што станува со останатите девет скопски општини и потребата од децентрализација на пресилниот централен урбан пол? Дали со изградбата на новите јавни објекти и уредените околни јавни простори ќе се задоволат потребите на граѓаните од сите општини?

Отсуство на минимални пешачки зони како предуслов за постоење на основна функционалност во јавните простори

Во последниве години, градежната екпанзија се проширува и кон другите општини. Но како? Дали денес го препознаваме истиот концепт на „урбаниот развој“ на Дебар Маало во Тафталиџе? Дали е чудно што во некои делови од Карпош 3 или Карпош 4, денес не можеме да најдеме слободно паркинг место? Дали е нормално пешачките патеки да се преклопуваат со автомобилските? Дали е нормално да се формираат нови паркинг места на местото на поранешните тротоари? Има редица нерешени прашања и проблеми кои се лесно воочливи и за најголемите

лаици, проблеми кои ја деградираат вкупната состојба на урбаниот простор. Ако се обидеме да поставиме вистинска дијагноза за урбанистичкото заболување на градот Скопје, кое трае подолг период, ќе дојдеме до повеќе заклучоци. Еден од нив е дека, исто како и кај заболувањата на луѓето, некогаш се применуваат методи на бај-пас, на ублажување на болки и слично. Урбанистичките методи за ублажување на урбаниот хаос во Скопје, исто така, ќе ги решат проблемите за многу кус период. Ако се изградат десетици катни гаражи во централното подрчје, дали ќе се намали прометот на автомобили во центарот, или ќе се зголеми? Дали со тоа центарот ќе биде уште поголем магнет за уште поголеми метежи, и запушувања на протокот на луѓе и автомобили? Што и да се направи да се ублажат овие проблеми, само за релативно кратко време, извесно е дека ќе се почувствуваат уште поголеми проблеми во центарот, коишто ќе удрат како бумеранг. Проширувањето на булеварите е тенденција која овозможува полесен проток на автомобили, и тие автомобили ќе дојдат до центарот полесно. И, што кога ќе стигнат таму? Дали новите катни гаражи ќе бидат во таа мерка пристапни за сите заинтересирани корисници? Колку ќе се зголеми загаденоста, бучавата во центарот со новите катни гаражи? Дали е неопходно нашиот автомобил да го паркираме на само неколку

метри од нашата предвидена дестинација? Дали главниот град на државата, град којшто денес има силен прогрес во изградбата во јавната сфера, град сочинет од десет општини, град којшто наскоро ќе има милионски број на жители, може да функционира само со еден центар? Дали е доволен само еден центар за Скопје?

Можни решенија за пофункционален јавен отворен простор

Верувам дека сите овие претходни прашања се прашања кои си ги поставуваат повеќето колеги урбанисти, луѓето што го управуваат градскиот простор и, конечно, граѓаните како корисници на јавниот простор. Ако се сложиме дека:„ да, потребни ни се повеќе центри за да ја опслужат метрополата“, во тој случај треба да се нагласи дека има многу значајни параметри кои треба да се земат предвид со цел вистински и долгорочно да се реши овој проблем. • Функционална патна инфраструктура која треба квалитетно да ги поврзе меѓусебно градските квартови и општините Овој параметар всушност има за цел да овозможи непречени услови за оптимален урбан развој на сите населени делови на Скопје. Квалитетната патна мрежа би имала за цел и да ги поврзе 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

13


урбанизам

Булеварот Илинденска

меѓусебно сите локални центри од градот. Со една квалитетна патна инфрастуктура, и планското ширење на градот би било полесно изводливо. • Формирање на локални центри од втор и трет степен Овие центри ќе овозможат независно и автономно функционирање на градските четврти и општините во целина. Со самиот факт дека новите центри ќе понудат голем број јавни содржини за граѓаните, главниот центар на Скопје ќе биде значително помалку оптоварен. • Задоволување на потребите на граѓаните во согласност со контекстот на секоја општина или градски кварт Многу е важно секоја содржина која ќе биде вклучена во новите центри, да биде соодветна на секој кварт и општина и да содејствува со уникатните контекстуални параметри на секој населен урбан дел. Оваа содржинска уникатност на потенцијалните нови центри ќе овозможи и формирање на нови идентитети и зајакнување на посточеките особености на секоја општина или кварт. Ќе овозможи граѓаните, за секоја обврска или потреба од кој било карактер, да не одат единствено во актуелно единствениот центар на градот. Главниот центар и треба да остане главен во петостепената хиерархија на градски центри, и на тој начин и овој центар ќе може да биде и поотворен за развој на туризмот. Поради намалената фреквенција на граѓани од останатите делови на 14

3

ПОРТА

25 јануари 2013

градот, овој центар ќе може да го задржи и својот актуелен периметар. Односно, центарот би останал во рамките на постоечкиот периметар и не би узурпирал простор од соседните општини, туку соседните општини би имале свои центри кои би кореспондирале со своите потреби. Со формирање на новите центри ќе се избегнат сите краткорочни решенија за „пополнувања на празнините“, кои имаат несогледливо негативни последици не само за центарот на Скопје туку и за целиот град. Исто така, ќе се овозможи сепак да останат

Во Дебар маало паркира кој каде ќе стигне

недопрени оние неизградени градски површини, кои смислено се оставени како такви и конечно ќе овозможат да го воспримиме самиот град. Бидејќи градот, дури и да има совршена архитектура, ако урбанистот не остави соодветен простор да се согледа и восприми таа архитектура, совршенството автоматски губи од својата вредност. Имено, една од позначајните функции на урбанистот е всушност да ги заштити изградените форми и свесно неизградените површини, креирајќи една кохерентна и естетско-функционална слика. 


урбанизам

Генерален урбанистички план на град Скопје Со новиот ГУП на Град Скопје, имајќи ја предвид Агенда 21 како клучен документ за одржлив развој, се поттикнаа нови прашања за просторот и заштитата на животната средина. Станува збор за конфликтните состојби што се воочуваат последните години на подрачјето на градот, кои бараат итно решавање. Одлагањето на нивното решавање може на подолг период да генерира негативни последици во просторниот развој на градот, кои ќе го попречат неговиот економски и социјален развој и условите за живот и работа на неговите жители.

А

генцијата за планирање на просторот на Република Македонија го изработи новиот Генерален урбанистички план на град Скопје со плански период 2012-2022. Примарен мотив на планот е изготвување на стратегија за просторниот развој на градот во сите сегменти и да постави концепт за просторен развој, уредување и заштита на територијата на градот, потребни просторни услови за рационално планирање и операционализација со планови од пониско ниво. На Генералниот урбанистички план на град Скопје работеа вкупно 23 овластени планери вработени во Агенцијата и 5 соработници, како и 21 надворешни соработници како изготвувачи на вкупно 26 експертски елаборати, но и со директно учество во изработката на планската документација. Во изработката на експертските елаборати учествуваа видни универзитетски професори од бројни институти во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, меѓу кои и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија - Скопје (ИЗИИС), Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје и други врвни институции кои ја допираат областа на урбанизмот и просторното планирање. Планската програма, како задолжителен документ во процесот на планирање согласно чл. 15а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 60/12 и 53/11) и чл. 5 то��ка 4 од Правилникот за поблиска содржина, размер и графичка обработка

на урбанистичките планови (Сл. Весник број 78/06), ја изработи Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Инвентаризацијата и снимањето на изградениот градежен фонд и вкупната физичка супраструктура според класи на намени во склоп на документациската основа од планот ја изработи АД за урбанизам, архитектура и инженериг - ЗУАС - Скопје. Фазата за сообраќајна инфраструктура од Планската документација, како соработник на Агенцијата за планирање на просторот ја изработи ИНПУМА од Скопје, користејќи го претходно изработениот експертски елаборат од IDOM (Ingenieria y Consultaria, Socieded Anonima) од Мадрид. Генералниот урбанистички план на град Скопје е изработен согласно постојната законска регулатива и тоа: Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 60/12 и 53/11) и сите подзаконски акти кои произлегуваат од него, како Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.63/12 и 126/12) и Правилникот за поблиска содржина, размер и графичка обработка на урбанистичките планови (78/06) како и Одлуката за пристапување кон изготвување на Генерален урбанистички план, донесена од Советот на град Скопје и Планска програма согласно чл. 15а од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Генералниот план на град Скопје е во склад со претходно изработените плански документи од повисоко ниво, односно Просторниот план на Република Македонија и Просторниот план на скопски регион, исто така изработени од

Агенцијата за планирање на просторот. Основните причини заради кои се пристапи кон изготвување на нов Генерален урбанистички план на град Скопје се: - планско усогласување на основниот документ за просторниот развој на градот со промените во просторната матрица настанати во периодот после донесувањето на претходниот ГУП на град Скопје (2002 год.); - преиспитување на актуелните развојни потреби на градот и вградување на современи урбанистички и планерски принципи; - усогласување на планските решенија и поставки со одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ пречистен текст бр. 60/11, бр. 53/11) и други релевантни закони и подзаконски акти; - синхронизирање на просторниот развој на градот со развојниот концепт на системот на градските центри дефиниран со Просторниот план на Република Македонија и Просторниот план на скопскиот регион; - поставување на стратешки цели на долгорочен развој во согласност со новата општествено економска конфигурација и потребите на пазарното стопанство, како одговор на реалните потреби на стопанските и социјални побарувања. Претходниот ГУП на Скопје е усвоен во 2002 година. Од тогаш до денес извршени се многу парцијални измени во просторот, што главно се однесуваа на измени на програмите и локациите за одредени содржини. Континуирано се одвива процесот на транзиција со крупни политички и економски промени со директно 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

15


урбанизам влијание во социјалната и културната сфера. Пазарната економија има директно влијание во просторот. Измените во имотно правните односи во општеството имаат исто така влијание во политиката на планирање. Произлегува заклучокот дека постојниот ГУП во одредени сегменти може да претставува и пречка за развој. Генералниот урбанистички план на град Скопје со плански период 2012-2022 година е со плански опфат со површина од 8.790,04 ха распределени во 10 општини со максимално дозволен број од 634.200 жители што е во склад со инфраструктурните можности и се базира на одржливиот развој, а притоа обезбедува максимална дозволена нето густина на населеност од 203 жит./ха. Предвидени се вкупно 120,08 ха за минимална површина под јавно зеленило, односно јавен простор, 742,29 ха за површина под примарна сообраќајна инфраструктура

и 1.503,67 ха за секундарна сообраќајна инфраструктура во рамки на четвртите. Со оваа планска документација се предвидуваат следните наменски употреби на земјиштето (дефинирањето е според Член 30 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање - Сл.Весник на Р.М. број 63/12 и 126/12): 16

3

ПОРТА

25 јануари 2013


урбанизам 1. Јавни институции (група класи на намени - В) 2. Домување (група класи на намени - А) 3. Комерцијални и деловни намени (група класи на намени – Б) 4. Зеленило, спорт, рекреација и меморијални простори (група класи на намени – Д) 5. Инфраструктура (група класи на намени - Е) Предвидени се вкупно 3.123,83 ха за намена А (домување) или 49,26 м2/ж, 531,39ха за намена Б (комерцијални и деловни) или 8,38 м2/ж, 642,48 ха за намена В (јавни институции) или 10,13 м2/ж, 782,19 ха за намена Г (производство, дистрибуција и сервиси) или 12,33 м2/ж, 1.093,65 ха за намена Д (зеленило и рекреација) или 17,24 м2/ж, 1.672,36 ха за намена Е (инфраструктура) или 26,37 м2/ж. Во рамки на поединечните намени процентуално се издвојува за површина под зеленило и тоа: - за намена А (домување) се издвојува просечно 30% од површината на четвртта или вкупно 937,15 ха за зеленило или 14,78 м2/ж; - за намена Б (комерцијални и деловни) се издвојува просечно 20% од површината на четвртта или вкупно 106,28 ха за зеленило или 1,68 м2/ж; - за намена В (јавни институции) се издвојува просечно 30% од површината на четвртта или вкупно 192,75 ха за зеленило или 3,04 м2/ж; - за намена Г (производство, дистрибуција и сервиси) се издвојува просечно 15% од површината на четвртта за зеленило или вкупно 117,33 ха или 1,85 м2/ж; - за намена Д (зеленило и рекреација) се издвојува вкупно 1.093,65 ха или 17,24 м2/ж, која е релевантна вредност за зеленило по глава на

жител, за зеленилото во состав на примарната сообраќајна мрежа се издвоија вкупно 260,96 ха или 4,11 м2/ж, или вкупно за зеленило во сите намени на ниво на плански опфат се издвоија 2.708,11 ха или 42,70 м2/ж. Со новиот ГУП на Скопје, имајќи ја предвид Агенда 21 како клучен документ за одржлив развој, се поттикнаа нови прашања за просторот и заштитата на животната средина. Имено станува збор за конфликтните состојби што се воочуваат последните години на подрачјето на градот, кои бараат итно решавање. Одлагањето на нивното решавање може на подолг период да генерира негативни последици во просторниот развој на градот, кои ќе го попречат економскиот и социјалниот развој на градот и условите за живот и работа на неговите жители. Градот Скопје, со карактер на метропола и функција на главен град на Република Македонија, ги сублимира сите витални функции на државата, конституирани во еден мултифункционален организам. Одржливиот урбан развој претставува рамка за развој на основните градски функции и во прв ред подразбира интегралност и комплементарност на развојните процеси и принципи, без загрозување на можностите, потребите и интересите на идните генерации. Генералниот урбанистички план на град Скопје во согласност со клучниот документ за одржлив развој Агенда 21, Хабитат агендата и Европската градска повелба (1992 год.), го акцептира и примени следното: - урамнотежен, рамномерен и квалитативен развој на Скопје со рационално, контролирано и функционално ширење на градот од аспект на одржлив развој; - урбана обнова и консолидација

на урбаната територија на градот, хуманизација на условите на живеење преку унапредување на степенот на комуналната уреденост и повисок амбиентален стандард; - дислокација на хазардните индустриски капацитети кои имаат штетно влијание на животната средина, минимизирање на негативните влијанија врз животната средина, односно плански мерки за заштита; - поддржување на екосистемите и максимално користење на обновливи енергетски ресурси како основа на одржлив стопански развој; - визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура како основен елемент во просторната комуникација во континуитет со претходниот ГУП на Скопје од 2002 година, и насочување на сообраќајниот систем кон користење на еколошки прифатливи средства; - соодветно планирање на комунална инфраструктура, особено од аспект на инфраструктурата за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; - соодветно планирање на мрежата на јавни функции; - сочувување и афирмација на природните и културни вредности носители на идентитетот на просторот и валоризација на туризмот во корелација со нив; - заштита на историските вредности и зелените простори; - одржливо искористување на природните ресурси и заштита на животната средина. Во Генералниот урбанистички план за Скопје 2012 - 2022 се формирани вкупно 162 урбани четврти, како единици на градежно земјиште или 162 плански опфати на деталните урбанистички планови, кои ќе се донесуваат во десет општини. 

За градбите со намена домување во семејни куќи задолжително е да се почитува соседското право, односно да не се намалува вредноста на земјиштето и вредноста на градбата на соседот, да се овозможи правото на осончување на градбата на соседот во зимскиот период најмалку еден час, да не се одзема правото на видик на соседот за градбите на коси терени (да не се попречува видикот), да се овозможи аерација на соседскиот простор 3

25 јануари 2013 ПОРТА

17


урбанизам

Границите на УРБАНА ЧЕТВРТ по правило се совпаѓаат со регулациските линии од примарната сообраќајна мрежа, а можат да се совпаѓаат и со линеарните зададености на теренот, било да се природни (релјеф, водни текови и др.) или создадени. Граници на планските опфати на деталните урбанистички планови се совпаѓаат со оските на примарната сообраќајна мрежа, а можат да се совпаѓаат со линеарните зададености на теренот, било да се природни (релјеф, осовини на водни текови и др.). Во формирањето на четвртите како единици на градежно земјиште, системот на класи на намени се употребува на следните начини: 1. Кога една намена или класа на намени е единствената и исклучива компонента во четвртта. 2. Кога една намена или класа на намени е доминантна компонента во четвртта, а другите намени се со процентуална застапеност. 18

3

ПОРТА

25 јануари 2013

3. Кога четвртта не е хомогена од аспект на истородност на намената или класата на намени, туку се формира од повеќе различни намени, класи на намени или групи на класи на намени. Овие четврти се со мешана намена на земјиштето и се формираат со хомогенизација врз основа на начинот на мешање на повеќе компатибилни намени на ист простор што станува основна карактеристика и именител на зоната на мешана намена. 4. Кога различни намени, класи на намени или групи на класи на намени се утврдени во посебни наменски зони во четвртта. Во планската документација од пониско ниво, некомпатибилните намени обврзно да се издвојат со тампон зони. Одредувањето на наменски зони со мешани намени без превладувачка намена, како планска одредба во Генералниот урбанистички план, се користи само во случаи кога со тоа ефикасно се интензивира искористувањето на градежното

земјиште како необновлив ресурс, значи во централно градски подрачја или во слични ситуации кога тоа овозможува рационално користење на градското земјиште, енергијата, инфраструктурата, како и за остварување на барањата поврзани со заштитата на животната средина. Генералниот урбанистички план го утврдува оптималното учеството на компатибилните намени и класи на намени во мешаните наменските зони, во рамките на процентуално учество во максимален однос од 60/40. Компатибилноста на намените се утврдува на ниво на една градежна парцела во планска документација од пониско ниво согласно правилнички нормираните минимални и максимални вредности на нивното процентуално учество Оценувајќи ги конкретните услови за секоја зона поединечно, во Генералниот урбанистички план се утврдува колку од списокот на можни компатибилни намени ќе


урбанизам бидат дозволени да коегзистираат или да се мешаат во рамките на една мешана наменска зона и колкав ќе биде процентот на учество на секоја намена. Ова е специфицирано за секоја четврт поединечно, во форма на плански услови за изградба, развој и користење на земјиштето и градбите што се поместени во посебните услови за спроведување на планот. Вредностите на процентуалната застапеност на површини според наменската употреба на земјиштето во планот се пресметувани со апроксимација од 4%, најмногу поради системот на макролоцирање на одредени намени или класи на намени за јавни функции со пиктограми, додека за апроксимацијата помеѓу сите други класи на намени во четвртите изнесува до 0,1% заради уточнување со реалната состојба, што на Генералниот урбанистички план му ја дава неопходната флексибилност во процесот на спроведување. Долж примарната сообраќајна мрежа во планската документација од пониско ниво, се дозволува по целата должина на сообраќајниците да се планираат ЛИНИСКИ ЦЕНТРИ со намена А, односно Б и В, или големини кои со своите параметри не влегуваат во нумеричките показатели на четвртта на која и припаѓаат. Линиските центри треба да претставуваат логична целина со длабочина во четвртта до 25 метри, од обете страни на сообраќајниот коридор со можни тремови кои можат да излегуваат и надвор од регулациските линии коишто ја дефинираат сообраќајницата, но не преку линијата на пешачкиот дел од сообраќајниот профил. Двостепеноста како основно својство на системот на просторно и урбанистичко планирање хиерархиската структура на системот на просторни и урбанистички планови, при што плановите од пониско ниво мора да се во согласност со плановите од повисоките нивои, во случајот на Генералниот урбанистички план на град Скопје мора да се реализира со деталните урбанистички планови кои ги донесуваат општините во составот на градот Скопје. Заради законската облигација деталните урбанистички планови да мораат да бидат усогласени со генералниот урбанистички план, сите детални урбанистички планови кои

се донесени во периодот 2002-2012 година, како акти за спроведување на Генералниот урбанистичи план на град Скопје 2002-2020, кој веќе не е на сила, или оние што се донесени уште порано, мораат да претрпат усогласување со новиот Генерален урбанистички план, со што ќе можат да се применуваат односно да станат акти за спроведување на новиот Генерален урбанистички план на град Скопје 2012-2022. Во периодот од донесувањето на Генералниот урбанистички план за град Скопје 2012-2022 до усогласувањето на деталните урбанистички планови кои ги донесуваат општините во составот на градот Скопје, деталните урбанистички планови кои се на сила можат да се применуваат само и исклучиво во оние делови од планскиот опфат кои се во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022, односно не се спротивни ниту на една негова одредба. Генералниот урбанистички план на град Скопје (2002) зафаќаше површина од 7.656,40 ха која пак беше задржана од Основниот план од 1985 година, и во него беа задржани трите индустриски зони со тоа што Североисточната зона е проширена со слободната економска зона „Железара“. Од зелените површини задржани беа парк шумите „Гази Баба“ и „Водно“, РЦ „Сарај“, Градскиот парк, Кале и Зајчев Рид, но не и крајречното зеленило долж реката Вардар. Од специфичните функции дислоцирани надвор од урбаниот опфат се новите гробишта на Коњски Рид, депонијата „Дрисла“, 400 КВ трафостаници „Бутел“ и „Пинтија“, потоа водозафатот „Рашче“ и рекреативното езеро „Треска“. Во границите на новиот Генерален урбанистички план на град Скопје (2012) кој зафаќа површина од 8.790,04 ха се предвидува издвојување на Драчево, Радишани и Сарај како сателитски градски населби со урбани карактеристики надвор од градот Скопје, понатаму предвидено е проширување на планскиот опфат кај локалитетот КПЗ „Шутка“ и кај работната зона Пинтија (долж Драчевски пат) со цел компексно и интегрално уредување и регулирање на изградбата на стопанските градби. Исклучени од границите на ГУП се просторите помеѓу „Железара“ и Смилковско езеро, односно зоната за технолошко-иднустриски развој утврдена во ГУП Скопје 2002 и

просторот помеѓу Ново Село и Лепенец предвиден за ширење на Западната индустриска зона. Висината на градбите ќе се утврдува во урбанистичка документација од пониско ниво, обврзно земајќи ги предвид неколку ограничувачки фактори како што се: почитувањето на јавниот интерес преку прописите за заштита и спасување утврдувајќи ја висината во корелација со должината на обрушувањето, почитувањето на јавниот интерес преку квалитетни композициски урбанистички решенија со посебна анализа на силуетите на градбите долж улиците и овозможувањето на проветрување - аерација на градскиот простор. За градбите со намена домување во семејни куќи задолжително е да се почитува соседското право, односно да не се намалува вредноста на земјиштето и вредноста на градбата на соседот, да се овозможи правото на осончување на градбата на соседот во зимскиот период најмалку еден час, да не се одзема правото на видик на соседот за градбите на коси терени (да не се попречува видикот), да се овозможи аерација на соседскиот простор. Правото на надградба подразбира зголемена висина за уште 1,6 м од дозволената висина во деталниот урбанистички план, како и излегување на конструкцијата со проектираните димензии надвор од утврдената градежна линија. За планираните надградби да се предвиди рамномерна и правична распределеност на бројот на нивоа во секоја четврт. Задолжително е висините да бидат рамномерно нивелирани и усогласени при оформувањето на венците, без особени отстапувања за да не се наруши изгледот и силуетите на улиците во секоја четврт и истите да се утврдат и врз основа на условеноста со плански утврдената максимална густина на населеност за секоја четврт. Бројот на паркинг местата се утврдува на ниво на планска документација од пониско ниво, соодветно на планираните површини со дефинирана намена на земјиштето со ГУП 2012, а според стандардите и нормативите за секоја дефинирана намена на земјиштето. Паркирањето може да биде сместено подземно или надземно, при што надземната површина наменета за паркирање влегува во вкупната изградена површина. 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

19


урбанизам

Урбана трансформација на крајбрежјето на Амстердам

Неповторлив урбан редизајн во

Westerdok Island, панорама

Мастер-планот на Westerdoksdijk претставува комбинација и интеграција на типологија на периметрален блок со атриуми во внатрешноста и типологијата на поставување на слободностоечки структури Андреа Јамакоска

Westerdok Island, локација

Е

дна од најфасцинантните трансформации направени на крајбрежјето во Амстердам помеѓу 1990 и 2010 година „никнува“ долж јужниот крај на реката IJ и Источниот

20

3

ПОРТА

25 јануари 2013

пристанишен дистрикт, лоцирани источно од Централната станица. Изградени на левата страна, површина напуштена во текот на промените во трговската и приморската индустрија, создадени се комплетно нови резиденцијални заедници на местото

на напуштените Abbatoir, Veemarkt и Enterpot, како и на местото на старите пристанишни делови по текот на реката IJ. Со текот на времето крајбрежниот дел западно од Централната железничка станица пројавува поголеми можности за


урбанизам

холандската современа архитектура

урбан редизајн и создавање на мастерпланови на резиденцијални мегаблокови со дополнителни програмски содржини неопходни за беспрекорно функционирање на резиденцијалните единици. Изградбата на Westerdoksdijk како вештачко острово започнала во 19 век со цел да го намали напластувањето на нечистотиите што со текот на времето се таложеле во пристанишните делови. На почетокот на 20 век, поради тогашните околности било неопходно да се изврши проширување на насипот/каналот, така што бил употребен како железничка ранжирна станица која со брегот се поврзувала преку подвижен мост од челична конструкција, изграден во 1922 година. Со текот на годините, трасата на железничката пруга започнува да

Westerdok Island

го губи својот континуитет, зад себе оставајќи издолжено, тесно парче земја, позиционирано помеѓу реката IJ и заливот Westerdok. До крајот на деведесеттите години од минатиот век градот го идеализирал развојот на колективното резиденцијално домување на западните пристанишни докови, како и на островот Westerdok, како доста атрактивна локација со непосредна пешачка дистанца од Централната железничка станица. Така во 1999 година, на изложбата на ARCAM (Amsterdam Center of Architecture) биле презентирани и изложени првите идеи и истражувања за потенцијален развој на мастер-план за островот Westerdok. Идејата за мастер-планот ја опфаќала трапезоидно обликуваната локација, како и дијагоналниот полуостров кој се

издолжува кон реката во јужниот крај на островот, наречен IJ Dok. Креатор на мастер-планот за островот Westerdok, како и за дел од опкружувањето е архитектот Peter Defesche од студиото OD 205, додека пак опфатот наречен IJ Dok претставува дело на архитектите Dick van Gemeren и Jarne Mastenbroek.

ПРИМАРЕН КОНЦЕПТ

Примарниот концепт за мастер-планот на островот Westerdok претставува комбинација и интеграција на типологија на периметрален блок со атриуми во внатрешноста и типологијата на поставување на слободностоечки структури. Издолжената, но тесна локација е поделена на четири блокови, меѓу себе одвоени со тесни улици, позиционирани помеѓу правата оска на брегот од западната страна кон каналот Westerdok и меандрираната траса долж источната страна со поглед кон реката IJ. Три од четирите блока претставуваат варијација на периметрални блокови со внатрешни атриуми, додека четвртиот блок претставува 13-катна тесна, триаголна структура чиј агол постепено се намалува кон нејзината северна точка. На јужниот крај на локацијата се простира пространо проширување чии визури го врамуваат каналот што го поврзува заливот Westerdok и реката IJ. Основата на четирите блока е организирана со помош на модуларна мрежа која се повторува, од што произлегува конзистентна шема на организација и покрај разноликоста и варијабилноста на висината, формата и применетите материјали. Логиката на идејата за примена на периметрални блокови иницира на постоење на затворени простори во ентериерот на блокот, како и појава на низа од кулички со врамени и ограничени визури од 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

21


урбанизам атриумите, кон каналот Westerdok и реката IJ. Меандрираната структура долж источната страна на блокот се појавува како повисока и се одликува со поконтинуиран израз со дистантни погледи кон пејзажот на марината на опфатот IJ Dok. Кејот долж западната страна на островот е развиен и обликуван како зона за велосипедисти, заеднички споредни активности на жителите од блокот, како и мини пристаниште за усидрување на бротчиња. Целокупната програма на мегаблокот е предвидена во себе да смести 900 резиденцијални простори, кафе барови, ресторани и простори за комерцијални употреби. Како дополнителни содржини се појавуваат подземно паркирање во две нивоа, серија на внатрешни дворови, јавни простори долж кејот, како и плоштад кој се простира на јужниот крај на островот.

СПЕЦИФИЧНИ ОБЛИКУВАНИ ПОСТАПКИ

Позицијата на мегаблоковската структура овозможува извонредни визуелни согледувања кон центарот на градот, како и кон течението на реката IJ, особено од станбените единици на повисоките катови и заедничките кровни тераси – тераси чиј дизајн го отсликува стилот на Van den Broek во Ротердам. Внатрешните дворови се обликувани на начин да овозможат беспрекорни визуелни погледи истовремено кон каналот Westerdok на западната и реката IJ на источната страна. Приватноста и пријатната интимна атмосфера во внатрешните заеднички простори во однос на јавното опкружување и љубопитните погледи на минувачите е задржана со поставување на делумни бариери, т.е. монументални

метални или застаклени пристапни влезови. Карактеристична појава која придонесува за уникатноста на целокупниот концепт претставуваат големиот број на станбени единици со директен пристап од обиколните улични коридори. Исто така, шемата на организација на резиденцијалните простори не вклучува само апартмани, туку и постоење на низа од индивидуални градски куќи како слика на традиционалната станбена архитектура во Холандија чиј пристап е овозможен од внатрешните плоштатки, така што тие се целосно индивидуализирани и приватизирани во однос на јавното опкружување. Ваквиот пристап при проектирањето на овој станбен комплекс создава израз на една исклучително диференцирана резиденцијална средина. Како дополнителен фактор кој придонесува во уникатноста, несекојдневноста и хаотичниот израз на мегаструктурата Westerdok е фактот што секој од четирите сегменти е проектиран и дизајниран од различни тимови на архитектонски студија. Така, блокот La Grande Cour содржи 253 станбени единици и е проектиран од архитектите Meyer & van Schooten, Heren 5 и De Architeken Cie, потоа следи блокот VOC Cour кој содржи 362 станбени единици и е дело на архитектите MVRDV, Jeroen Schippen, John Bosch, Art Zaaijer, Westerkaap II со 191 станбена единица, како дело на AWG Architecten, DKV Architecten, Baneke и Van der Hoeven и најсеверниот блок Westerkaap I кој содржи 111 станбени единици и е дело на архитектите AWG Architecten, Baneke и Van der Hoeven. La Grande Cour е најјужно позиционираниот блок и е всушност La Grande Cour

22

3

ПОРТА

25 јануари 2013

најпрвиот изведен дел од целата структура. Составните објекти, проектирани од различни архитектонски студија непосредно соодветсвуваат помеѓу себе, како тактичка комбинација на сегментно повлекување и длабење на волуменот со појавата на мостови и перископи. Празнините во полниот волумен се изведени така што постигнуваат чувство на компактно проветрување во внатрешноста. Перископите се издигнуваат како кули на внатрешните атриуми и се претвораат во мостови чиј волумен истапува нанапред во однос на обвивката на блокот. Таквата поставеност созадава продори, пристапни коридори со голем процент на изграден волумен на тесната основа така што се отвора простран јавен, во овој случај заеднички дел во приземјето. Повеќето од станбените единици се позиционирани на места кои овозможуваат непрекинати визури и каде условите за продирање на дневната светлина и сончевите зраци се непрекинати. За да функционира беспрекорно динамично оваа тродимензионална сложувалка, исто така придонесуваат и тактички креираните непредвидливи визуелни погледи. Материјалите применети од страна на архитектите Meyer & van Schooten, како и воздржаното детализирање придонесуваат за достоинствениот израз на блоковата структура. Материјалите, пак, што ги употребува архитектонското студио De Architeken Cie придонесуваат за лукавиот израз и квалитет на структурата, поради црвената боја на површината и аплицираните панели со разни принтови. Архитектонското студио Heren 5 се одлучило за примена на понеформален и помалку дефиниран карактер при фасадното обликување.


урбанизам Voc Cour

Вториот ансамбл наречен VOC Cour повеќе е дефиниран како композиција од индивидуални волумени со различнa висoчина која варира помеѓу три и 11 ката, секвенца од станбени комплекси кои при процесот на изградба би можеле да се изведуваат индивидуално. Како резултат на тоа, формираниот внатрешнен простор претставува очигледен остаток помеѓу изградената површина, за разлика од La Grande Cour каде внатрешнoста е внимателно дизајниранa во хармонија со објектите. Објектот на архитектонското студио MVRDV, кој е главно ориентиран кон внатрешноста на блокот, претставува иманентен пример за тоа како еден извонреден концепт не мора да биде комплициран. Примарната и главна карактеристика на дизајнот е отвореноста на објектот во однос на изграденото опкружување. Минималното количество на применети материјали, стакло, челик и бетон резултира со целосно отворање на фасадата. Површината на објектот која се простира на вкупна изградена површина од 6.000м2 во себе сместува 46 станбени единици и центар за згрижување. Карактеристично е тоа што секој апартман има сопствена тераса со варијабилна длабочина која се стеснува или проширува долж целата фасада, обезбедувајќи различни надворешни простори и визури кон западниот пристанишен дел на Амстердам. Стаклената фасадна обвивка на секој кат може целосно да се отвора со што дефинира комплетен контраст во однос на околните објекти од ансамблот. Објектите проектирани од архитектонското студио JSA во својот волумен вдомуваат 97 резиденцијални простори, како и 1.500м2 проектирани

за административни простори. Нивната обвивка, за разлика од објектот на архитектонското студио MVRDV, е целосно конструирана од рачно обликувана тула со динамика на хоризонтална или вертикална поставеност. Широки панорамски прозорски отвори и лоѓии ја дефинираат фасадата ориентирана кон пристаништето, додека пак кон заливот, динамиката на фасадното обликување е овозможена преку ритмичната позиционираност на драстично издадени балкони кои навидум висат од фасадата. Перципирајќи ги волумените како единствена целина, се добива слика на експресивна скулптура со огромни стаклени перфорации и ѕидна површина од тула која континуирано ја обвиткува целата структура. Последниот сегмент од овој мегаблоковски комплекс, Westerkaap I е позициониран на најтесниот екстремитет од целокупниот опфат. Објектот на архитектот Bob van Reeth се простира речиси до врвот на локацијата како триаголник чиј крај е отсечен. Анализирајќи го од одредени точки на набљудување, структурата изгледа како да содржи само фасадна обвивка без никаква изградена површина од внатрешната страна, исто како и наликот на позната Flatiron Building во Њујорк. Поради малата длабочина на блокот внатрешниот атриум повеќе се појавува како улица отколку како плоштатка. Трапезоидната локација на блокот Westerkaap II е поделена на четири паралелни „ленти“ ориентирани на истокзапад, кои претставуваат репрезент на архитектонската распределба во блокот. Трите пошироки „ленти“ од изграденото ткиво обликуваат внатрешни атриуми, така што секој атриум се одликува со различна содржина која ги хармонизира

различностите помеѓу длабочините на парцелите: "The Garden" претставува издолжен, сончев атриум со зеленило, "The Pier" се одликува со неформален амбиент на дрвено шеталиште и "The Village Square" дефиниран како едноставен четириаголен атриум поплочен со калдрма. Како содржини во обвивката на секој од атриумите се избрани различни типови на домување, како и дополнителни работни површини. Пристапите од улиците се овозможени преку влезови изведени како двокатно висински конструкции кои ја обезбедуваат приватноста во внатрешноста и го задржуваат интимниот амбиент.  Westerkaap I

3

25 јануари 2013 ПОРТА

23


урбанизам Над второто ниво на објектот, структурата е детерминирана преку архитектонски континуитет од една страна, и силуетата на опкружувањето и двострано ориентираните визури од друга страна. Примарната идеја која го поттикнува формирањето на ваква структура е добивањето на индивидуални објекти кои мора да се

меѓусебно различни додека истовремено се задржува кохерентноста на соседсвото. Разгледувајќи ги волумените како диферентни индивидуални структури, со цел да се создаде чувство на меѓусебна униформност, фасадната ѕидна обработка од тула го задржува својот континуитет долж низата, додека пак

обработката на внатрешните атриуми ја задржува уникатноста која во секој атриум кореспондира со специфична тематика. 

Westerkaap II

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

24

3

ПОРТА

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 25 јануари 2013


архитектура

УМЕТНИЧКИ ЦЕНТАР СО КОЛОРИТЕН ОП-АРТ Отворена во месец септември минатата година, академијата MWD е дизајнерски објект кој ги зема предвид различните карактеристики на секој од околните елементи (архитектура, клима, јавен простор), како и на динамичните социјални и културни потреби на регионот Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх.

З

ападниот приградски регион на Брисел за своја културна престолнина го има градот Дилбек, во кој се лоцирани повеќе културни центри и академии. Како дел од културниот центар ’Westrand’, шпанскиот архитект Карлос Аројо ја дизајнирал и академијата за музика, театар и танц. Нејзиниот волумен и хроматските фасадни рефлексии се транзиција помеѓу различните контексти на локацијата. Академијата MWD се наоѓа на крстосница која е невообичаено разнолика. На југ е градскиот плоштад, опкружен со ресторани и продавници, додека на север се протега заштитената површина на природна шума (Wolfsputten). Западно од објектот се наоѓа бруталистичкиот волумен на концертната сала CC Westrand. На негова јужна страна се компактните вили, чии коси кровови имаат архетипска слика на фарма. Во дизајнирањето на објектот, архитектот Карлос Аројо имал дистинктивен предизвик: изведба на објект кој ќе е во хармонија со својата 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

25


архитектура

околина, од сите четири контрастно различни страни. „Прашањето беше како да се интегрираат различните ситуации и во исто време да се создаде објект со сопствен квалитет“, појаснува архитектот Аројо. Прекршената линија на кровот на источната страна е мимика на вилите покрај неа. Таа расне како линиски испрекршен дијаграм кон конзолно испуштениот аудиториум, што подобро се совпаѓа со објектот на концертната сала од спротивната страна на улицата. Издигнатиот наткриен дел станува единствениот пристап кон внатрешноста на објектот. Урбаниот предизвик е премостен преку дизајнот на волуменот, функцијата и фасадната слика на објектот. „Ние сме на граница помеѓу град и природа. Затоа сакавме да го задржиме постоечкиот деликатен баланс“, вели Аројо.

СТАТИЧЕН СИСТЕМ СО ДИНАМИЧНА ПЕРЦЕПЦИЈА

Динамичната фасада креира оптички ефект. Серија вертикални ленти ѝ даваат на структурата различен изглед, во зависност од која страна му се пристапува на објектот. Движејќи се кон објектот CC Westrand, се прелеваат минерлни сино-бели бои. Движејќи се во спротивна

26

3

ПОРТА

25 јануари 2013

насока, кон шумата, посетителите имаат импресивен поглед. Преку слика на дрвјата на ’Wolfsputten’, печатена на металните ленти кои се протегаат од основата до кровот на објектот, целата фасада се втопува во пејзажот. Согледана фронтално, оваа фасада открива колоритен спектар – портокалови, жолти, зелени и црвени бои, склопени според модел на архитектот и сликар Алфонс Хопенброуерс. Овој фламански архитект на концертната сала CC Westrand е познат и по своите истражувања на математички комбинации на боја. Поради заеднички составни елементи - линија, пропорција, геометрија и ритам, неговите слики се интерпретација на музички дела. Колоритниот модел на фасадата на академијата е преземен од слика на Хопенброуерс, која е транскрипција на музичко дело на фламенски полифонист Јохан Окангхем, од 1497 година, во боја и визуелен ритам. Останатите фасади го следат истиот ритам, но со метални панели со различни текстури кои го рефлектираат небото и шумата.

ФЛЕКСИБИЛНА ФУНКЦИЈА

Академијата има поларизирани содржини и нуди едукација во музика, театар и танцување, како и голем аудиториум. Како што конзолата на аудиториумот се

издига над покриениот јавен простор, транспарентен влез води кон главниот хол. Тоа е центарот на објектот што ги разделува јавните функции на аудиториумот од поинтимните функции на академијата. Тие користат заеднички функции – рецепција, тоалети и гардероби. „Академијата и нејзиниот аудиториум треба да се во симбиоза. Тие треба да функционираат заеднички, но и да ја задржат нивната независност“, вели архитектот Карлос Аројо. Училниците, салите за балет и оркестар линеарно се распоредени на две нивоа, со централен коридор чија ширина овозможува маневрирање на музички инструменти и реорганизација на функцијата на училниците. Овој систем лесно го дистрибуира просторот според потребата за различните големини на наставните простории.

ЕДНОСТАВНО И ЕНВИРОНМЕНТАЛИСТИЧКИ

Компактната форма ја редуцира пропорцијата површина – волумен и енергетските загуби. Тенките носечки ѕидови, како и преградните ѕидови имаат добра термичка заштита како и континуирана изолација за добивање на потребната акустичност. Издолжените фасадни прозорци не се проектирани да ја пропуштаат само потребната количина на светлина во просториите, со што се намалуваат термалните загуби. Континуираните ленти на југоисточната фасада имаат огледална површина која ја рефлектира светлината кон внатрешноста под различни агли. Површините во ентериерот се бели заради рефлектирање на светлината. Салата на аудиториумот, исто така, е целосно осветлена со природна светлина. За објектот се употрбени енвиронменталистички конструктивни материјали. Надворешните материјали се едноставни, евтини и трајни. Освен кинетичката фасада, отанатите елементи се обложени со метални панели во


архитектура интересен склоп на различни текстури. Хоризонталната структура е изве��ена од ламелирано дрво. Деталите се едноставни, финално обработени единствено со боја, што овозможува задржување на текстурата на материјалот. Уште еден фактор за изборот на формата на објектот е потребата да се обезбеди доволна површина за соларни панели со потрбна ориентација. На кровот е предвиден систем за собирање на атмосферската вода и нејзина употреба во објектот.

ЕНТЕРИЕР

Подовите во ентериерот на објектот се обложени со линолеум или дрвени панели. Нивната колоритна палета е базирана повторно на сликите на Алфонс Хопенбрауер. Се останато е бело – тула обоена во бело, бел акустичен материјал,

бели плафони. Светлите бои на подовите го маркираат секој поединечен простор во контраст со белината на останатите површини. Во административниот дел, каде постоечки ѕид е потсетник на минатото, архитектите предложиле употреба на текстурирани шари за плочите, инспирирани од објекти од 19 и почеток на 20 век. Отворена во септември 2012 година, академијата MWD е дизајн кој ги зема предвид различните карактеристики на секој од околните елементи (архитектура, клима, јавен простор), како и на динамичните социјални и културни потреби на регионот. Резултатот е волумен кој нуди непречена транзиција помеѓу соседните архитектонски елементи и го зајакнува спектарот на активности во градот, кој се смета за културна престолнина на фландрискиот појас на Брисел. 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

27


архитектура

Плоштад Славија, Белград

Еден плоштад, многу приказни Кон крајот на декември минатата година, град Белград одбра шест решенија на новиот конкурс чија тема беше идното уредување на централниот кружен дел на плоштадот Славија, кое вклучува фонтана и подземни премини. Сепак, приказната за плоштад Славија не може да се раскаже само со промена на местата на трамвајските шини и со фонтаната што е предвидена со последниот конкурс. Таа започнува многу порано. м-р Ѓорѓе Јокиќ,

дипл.инж.арх. (СРБИЈА)

Плоштад Славија, 1925

Б

елградскиот плоштад Славија е далеку од најубав плоштад кој може да се види во Европа. Неговиот преширок коловоз каде што се испреплетени трасите на трамваите, тролејбусите, автобусите и патничките возила, секој ден на возачите во Белград им создаваат проблеми. Неискусните возачи избегнуваат да возат низ Славија, а оние што учат возење одењето на Славија го сметаат за ноќна мора. Недостатокот од клупи, урбана опрема, зеленило и воопшто местата каде што би можело да се застане, поразговара и да се остане некое време, создава аверзија кај минувачите што главно сакаат што побргу да го поминат тој простор.

28

3

ПОРТА

25 јануари 2013

На сето тоа треба да се додаде и мошне недефинираниот архитектонски израз на околните згради. Според некои има премногу „стаклени ужаси“ кои се огледаат во присуството на огромната зграда на Народната банка на Србија, додека според други, плоштадот Славија има „паланачки карактер“ поради многуте стари згради, повеќето во многу лоша состојба. За да биде впечатокот на комплетен хаос потполн, треба да се додадат и големиот број реклами, пекарници, продавници, билборди, тезги на улични продавачи, Паркинг сервисот и автобуските стојалишта. Сепак, плоштад Славија не би се разликувал од сличните плоштади, ако на неговиот централен дел не се наоѓа гроб а не само спомен обележје на Димитрије

Туцовиќ, што е еден од несекојдневните потези на некогашната социјалистичка управа на Југославија; ако не е првиот МекДоналдс, како симбол на новиот капиталистички поредок во Југоисточна Европа, отворен токму тука во 1988 година; и ако пред повеќе од триесет години Влада Владисављевиќ, познат како „белградски фантом“ по кој е снимен истоимениот филм во 2009 година, десет дена не изведувал акробации со украдено Порше, излудувајќи ја тогашната народна милиција и веселејќи го народот што секоја вечер доаѓал тоа да го гледа и навива. Другарот Тито во тоа време бил надвор од Југославија. Со години плаштад Славија не предизвикувал внимание кај јавноста, се до 2005 година кога е организиран конкурс за „споменик


архитектура на модерна Србија“, кој би се наоѓал во централниот дел. Конкурсот е завршен, наградите се доделени и понатаму ништо не се случи. Како и безброј пати досега. Кон крајот на декември минатата година, град Белград избра шест решенија, доделувајќи четири втори награди и откупувајќи две решенија, на новиот конкурс чија тема беше идното уредување на централниот кружен дел на плоштадот Славија, кое вклучува фонтана и подземни премини. Сето ова ја сочинува историјата на овој простор, што е, како и самиот град во кој се наоѓа, доста комплексна и на моменти контрадикторна. Каква ќе биде иднината, и дали белграѓани конечно ќе уживаат поминувајќи низ плоштадот, останува да видиме. Сепак, приказната за плоштад Славија не може да се раскаже само со промена на местата за трамвајските шини и со фонтаната што е предвидена со последниот конкурс. Таа започнува многу порано.

ИСТОРИЈА

Како далечна периферија во втората половина на 19 век, овој простор бил познат како мочуриште каде што белграѓани доаѓале во лов на диви патки и еребици. Тогаш целиот крај се викал Симин мајур,

Плоштад Славија некогаш

по Ѓорѓе Симиќ, дипломат, политичар и еден од основачите на Црвениот крст во 1877 година. Овој простор го откупил Шкотланѓанецот Френсис Мекензи, кој правилно ги поделил имотите и ги нивелирал улиците. Во тој период белграѓани овој простор го нарекувале „енглезовац“, грешејќи ја националноста на нејзиниот сопственик. Тогаш почнува и изградба на објекти кои ќе го дефинираат просторот на плоштадот и ќе му дадат архитектонски облик. Една од најзначајните градби бил хотел Славија, наречен така затоа што нишата на првиот кат ја красела скулптура на Славија, по што хотелот па и самиот плоштад подоцна го добиле тоа име. Покрај тоа што и неговата куќа била на тој простор, Мекензи сакал да привлече што повеќе жители да живеат во тој дел на Белград, па така кон крајот на осумдесеттите години на 19 век ја подигнал „слата на мирот“, едноставна правоаголна градба каде се приредувале верски собири, но и часови по пеење, ноќна школа, школа за шиење и цртачкосликарска школа. Во триесеттите години на 20 век, „салата на мирот“ била преуредена во гостилница со простран ентериер, за да после тоа стане прочуено кино Славија кое постоеше се до 1991 година, кога е

срушено. Овој крај на градот бил познат и по своите кафани. Веројатно најстарата кафана била „Три сељака“, трошна куќа со мирис на шљивовица и пршута каде се собирале белградските интелектуалци. Колку плоштадот бил значаен зборува и податокот што првата трамвајска линија во Белград, воведена во 1892 година, била на релација Славија – Калемегдан. Следните децении Славија трпела одредени урбанистички промени, но и понатаму имала карактер на мал но многу жив градски простор. Година дена пред почетокот на Втората светска војна на овие простори, во 1940 година, била предвидена изградба на Митиќевиот магацин, стоковна куќа по углед на германскиот Карлштат, која требало да биде најголемата приватна градба во тоа време во Белград. Еден од најбогатите Срби во тоа време, велетрговецот Митиќ, ја замислил својата палата како „прв белградски department store“, вертикален трговски град висок 60 метри со 14 ката со видиковец-галерија на врвот. Плановите биле направени, парите депонирани на Нарадната банка, но зградата никогаш не била изградена. Велетрговецот Владо Митиќ после војната бил уапсен и осуден на казна затвор бидејќи продавал стока на непријателот. 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

29


архитектура Плоштад Славија сега

Просторот што бил предвиден за таа градба стоел неуреден и запуштен следните шеесетина години, се до 2003 година, кога Белград тука го доби најмладиот парк.

СПОМЕНИК

Иако плоштадот Славија имал карактер на жив, весел јавен градски простор, со голем број кафани, продавници, цвеќарници, слаткарници и со кино, повоените планери имале поинакви идеи. Веќе во 1946 година, архитектот Никола Добровиќ се залагал за „кружно-ѕвездест“ облик од затворен тип со „небо како четврта димензија“. Одреден бил првенствено транзитниот карактер на плоштадот, каде минувачите ретко ќе наоѓаат причина за задржување. На некој начин инсистирањето на транзит е почеток на она што плоштадот станал и се до денешен ден и останал – транзитно место кое не ги користи во потполност сите свои потенцијали. Откако во хотелот Славија во 1919 година бил одржан конгресот на обединување на социјалистичките партии во нова Социјалистичка работничка партија, и откако традицијата на социјалистичкото движење била врзана за „салата на мирот“, повоените чиновници дошле до 30

3

ПОРТА

25 јануари 2013

многу оригинална идеја за централниот дел на плоштадот Славија, па така во 1949 година ги пренеле земните остатоци на револуционерот Димитрија Туцовиќ од војните гробишта во Лазаревац, во централниот дел на плоштадот, што е преименуван во плоштад Димитрија Туцовиќ каде што е поставена и неговата биста. Колку решението било лошо направено говори и податокот што заради сообраќајот во кружниот тек, не постои можност на пристап до централниот простор каде што се наоѓа бистата, па со самото тоа и конотацијата на споменикот била во потполност неутрализирана! На сето ова треба да се додаде и поразителниот податок дека постои голема диспропорција помеѓу големината на плоштадот (пречник 100-120 метри) и големината на споменикот (околу 4 метри, од тоа висината на бистата само 125 см.). Последните педесетина години, плоштадот Димитрија Туцовиќ не претрпел некои значајни урбанистички промени. Во средината на осумдесеттите години, после повеќедецениска пауза, преку плоштадот повторно помина трамвај, и со самото тоа додатно го искомплицира сообраќајниот карактер на целиот плоштад. Изграден е

хотелот Славија, модернистичка зграда од челик и стакло, идниот висински репер на просторните корелации на овој плоштад. На почетокот на деведесеттите години од минатиот век, започната е изградба на монументалната зграда на Народната банка на Србија, изградена е и модерна зграда на хотелот Славија 2 во близина на модернистичката зграда. Недефинираниот простор на плоштадот и ахитектонскиот израз во потполност го доби својот карактер со рушење на киното Славија, каде што денес се наоѓа Паркинг сервис, со долгогодишниот напуштен простор на такаречената „Митиќева дупка“, и со наездата на билборди и реклами во деведесеттите години, како и големиот број тезги и улични трговци. Во 2009 година српската кинематографија добива одличен игранодокументарен филм, „Белградски фантом“ со Милутин Милошевиќ во главната улога. Филмот е работен според вистинска приказна за Влада Владисављевиќ, кој украл порше и со денови се бркал со полицијата низ Белград, која не можела да го стигне. Биле правени барикади, го бркал „пола град“, но тој со денови успевал да побегне. Пред да ја почне својата


архитектура претстава, се јавувал во тогаш најслушаното радио Студио Б и најавувал каде ќе вози таа ноќ. Луѓето се собирале и навивале за „фантомот“, за кого не се знаело кој е сè додека на плоштадот Славија не бил фатен после една барикада. Владисављевиќ одлежал казна затвор и после тоа погинал во сообраќајна несреќа кај Пожаревац. Поединечни промени во уредувањето на плоштад Славија, кој тоа име повторно го носи од 1997 година, се гледаат низ уредување на некогашната „Митиќева дупка“ во еден скромен парк со каскаден карактер и со распишување на конкурс од 2005 година за „споменик на модерна Србија“. На тој конкурс победил труд за кој стручната јавност сметала дека е плагијат на многу попознатиот труд на Јапонскиот архитект Тојо Ито (Toyo Ito), Tower of Winds од 1986 година. Со традицијата што ги следи архитектонските конкурси во Белград и Србија, овој проект, како и многу други, никогаш не е реализиран.

КОНКУРС

Се до 2012 година, на различни стручни панели но и на интернетфоруми се расправало како да се уреди плоштад Славија, кој на некој начин е архитектонско исмејување на Белград. Некои од решенијата се и изместување

на трамвајскиот сообраќај, уредување на централниот дел, спуштање на целокупниот друмски сообраќај под нивото на плоштадот, што тогаш би станал во потполност пешачки плоштад. Кон крајот на 2012 година, град Белград го претстави своето решение за сообраќај кое подразбира два прстени, надворешен каде би се движеле трамваи и тролејбуси, и внатрешен каде би биле друмските возила. Со такво решение се доаѓа до идеја централниот простор на кружниот тек да го чини фонтана , до која би се дошло со подземни премини, кои покрај тоа имаат за цел да го растеретат сообраќајот колку е можно повеќе. Распишан е конкурс со многу рестриктивни услови, дури и со нелогични граници на просторот што треба да биде уреден, имајќи предвид на пр. дека тротоарот помеѓу коловозот и зградите само делимично бил опфатен со конкурсот. Тоа секако не им пречело на архитектонските тимови кои се такмичеле и испратиле скоро седумдесет трудови. Стручното жири, на чело со градскиот архитект Дејан Васовиќ, не додели прва награда, туку четири втори награди и два откупа. Според зборовите на жирито, од наградените тимови ќе биде побарано заедно да учествуваат на единственото решение кое ќе биде

изведено. Пристигнатите трудови се интересни и прилично различни. Студиото за архитектура 4of7 од Белград, го претстави своето решение кое ја исклучува фонтаната и на централниот плоштад предвидува голем број подвижни бандери, светилки кои имаат динамички карактер. Решението е интересно, помалку несекојдневно, но останува прашањето како жирито го наградил овој труд кој толку отстапува од условите на конкурсот, со оглед на тоа што и самиот назив на конкурсот во себе го содржи зборот „фонтана“. Второто наградено решение, дело на архитектонските студија „Метар“ и „Ателје АА“, според мислењето на жирито, е најдобро решение за користење на подземниот дел на плоштадот, односно спуштање на главните функции под нивото на плоштадот, што беше една од можностите на конкурсот. Фокусот на ова решение е на активностите што можат да се извршуваат во подземниот премин, кој има отвор преку кој се доаѓа до самиот плоштад каде се наоѓаат фонтаната и споменикот во ниво на тлото. Третото наградено решение е дело на архитектонското студио Re-act, чии членови учествуваа и победија на конкурсот од 2005 година. На некој начин тие своето првобитно решение го приспособиле на  Студија „Метар“ и „Ателје АА“

Студио 1X2 Студио 4of7

Милорад Обрадовиќ

3

25 јануари 2013 ПОРТА

31


архитектура Студио Re-act

Група архитекти со Владица Дрецун

овој конкурс, кое потсеќа на споменатата кула од јапонскиот архитект. Нивното дело го сочинува цилиндрична фонтана, висока 15 метри, со кружно шеталиште и голема количина зеленило. Според зборовите на авторот „водата и вегетацијата се користат како мотив кој ја воведува темата екологија во центарот на градот“. Уште една втора награда е доделена на решението што го направи група архитекти на чело со Владица Дрецун. Тоа ја опфаќа централната фонтана со голема водна површина и со огледало кое се наоѓа на тлото. Фонтаната има облик на плитка конкавна чинија со вграден дел кон централните водни атракции. Еден откуп доби студиото 1Х2 за своето решение на предимензиониран сливник, фонтана во облик на прстен долж целиот волумен на централниот дел од плоштадот, и пешачка зона под нивото на фонтаната. Вториот откуп го доби решението на архитектот Владан Дрндаревиќ, кој предвидел фонтана откаде водата се слива 32

3

ПОРТА

25 јануари 2013

до подземното ниво каде се наоѓа акваријум со подводниот свет на Сава и Дунав. Пофалба од жирито доби трудот на архитектонскиот тим предводен од арх. Милорад Обрадовиќ. Ова решение, кое предизвика големо внимание, предвидува огромна платформа која во потполност го прекрива плоштадот, не само неговиот централен дел туку и целокупниот простор, и станува доминантен елемент. Владан Дрндаревиќ

Во анкетата на еден белградски дневен весник, организирана неколку дена по објавувањето на резултатите, најголем број гласови доби токму ова решение. Останува да се види дали Белград некогаш ќе добие некое решение за плоштад Славија, кое би можело да има некоја врска со распишаниот конкурс, или сè ќе остане на архитектонска визуелизација за конкурс, како што веќе многу пати се случи. И да биде реализирано, дали тоа ќе биде квалитетен јавен градски простор кој на Белград секако му треба, или ќе биде само интересно архитектонско решение кое може и да не функционира ако се изгради. Изгледа дека одбраните решенија се архитектонски интересни, но се поставува прашање колку луѓето сакаат да поминат време во подземен премин и да извршуваат некои активности? Може ли јавниот простор да биде посетуван ако на него нема клупи, нема дрвја ни зеленило туку само подвижни светлечки бандери? Колку би била прифатлива опцијата на постоење на една мега-градба која во пречник има преку сто метри и се наоѓа на некои десетина метри над земја? Постои ли разлика помеѓу интересно и квалитетно архитектонско решение на јавен простор и квалитетен јавен простор? Дали првото во секој случај значи и второто, ако еден ден биде изградено? Останува тоа да се види во иднина, ако некогаш и биде реализирано заедничко решение, а до тогаш, славата на плоштад Славија ќе ја има единствениот споменик на Димитрија Туцовиќ, приказната за „белградскиот фантом“, „страшниот кружен тек“ за возачите, „онаа грда стаклена зграда“ како што белграѓани ја викаат зградата на Народната банка на Србија, и големиот број на револуционерни авангардни решенија, конкурси, предлози за уредување на еден неуреден плоштад, кој е дел од Белград и на некој начин го отсликува неговиот повеќевековен карактер на недовршен простор кој може многу што да раскаже за себе. 


архитектура

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

3

25 јануари 2013 ПОРТА

33


1963

В

2013

о средината на 60-тите години од минатиот век, во Македонија, како рамноправна членка на СФР ��угославија, се случуваат два важни настани кои се директно поврзани со развојот на архитектонската дејност. Тогаш започнува да се спроведува првата економска реформа во земјата, со која привремено се забранува инвестирање во објекти од нестопанските дејности, односно во оние од високоградбата, што многу го стеснува просторот на архитектонското проектирање. За среќа, од таа забрана се поштедени станбената изградба во земјата и широката обнова на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Секако дека југословенската архитектура својата шанса за афирмација ја бара токму во тие слободни полиња за дејствување. Вториот важен настан претставува воведувањето на престижната Борбина награда за архитектурата (1965), која уште повеќе го поттикнува натпреварувачкиот дух меѓу архитектите во земјата. Прогласувањето на годишните признанија се одвива најпрвин во секоја од републиките со доделување на плакета, а потоа од тој потесен избор се прогласува главната (сојузна) Борбина награда. Една од главните цели на тој натпревар е ,,да се афирмира архитектурата и да се наградат напорите за рехабилитација на домашниот градителски израз“. Без сомневање е дека овој натпреварувачки дух придонесува за создавање на архитектонски дела со големо значење, кои остануваат во историјата на архитектонското творештво во Југославија. Меѓутоа, искуството покажа дека таа институција не создаде прочистени ставови и не воспостави една конзистентна архитектонска етика. Од друга страна, категоријата ,,домашен градителски израз“ може да се стави под дилема, бидејќи не е сосема јасно на што се однесува. Со постоењето на повеќе државни единици и региони во СФР Југославија, кои претендираат на релативно јасно издиференциран ,,свој“ домашен градителски израз, тешко може да се зборува за создавање на некаков заеднички градителски израз на државно ниво. Развојот на модерната архитектура

34

3

ПОРТА

25 јануари 2013

50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ

Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (1)

Град на меѓународната солидарност

Панорама на центарот на Скопје пред земјотресот во 1963 година. Лево е Народната банка, а десно Офицерскиот дом

Панорама на центарот на Скопје во 70-тите години на ХХ век. Лево и десно на плоштадот сѐ уште се празни локациите на некогашната Народна банка и Офицерскиот дом. Во втор план се гледаат кулите и блоковите од новиот Градски ѕид во изградба

во Македонија од средината на 60-тите години е директно зависен од општественополитичката состојба во Федерацијата, но и од економските услови кои владеат во Републиката. Со економското зајакнување на земјата, во средината на 70-тите години започнува позасилена архитектонска активност, со што се создаваат релативно голем број разновидни квалитетни објекти и во Македонија. Кон тоа придонесува размената на архитектонските идеи на сојузно и меѓународно ниво, пред сè преку големиот број јавни архитектонски и

урбанистички конкурси. Тогаш започнуваат и првите настојувања за создавање на современи регионални архитектонски школи во рамките на југословенската архитектура, што е карактеристично и за Македонија.

Нови предизвици

Третиот период во развојот на модерната архитектура во Македонија, всушност започнува по земјотресот од 1963 година, во кој се уништени преку 85% од станбениот фонд и преку 80% од културно-историските објекти во Скопје. Обновата на градот


Генералниот урбанистички план на Скопје (1965) изработен под координација на Адолф Циборовски: 1. станбени зони, 2. индустриски зони, 3. јавно зеленило и парк-шуми, 4. општествени центри, 5. магистрали, 6. улици, 7. железничка пруга

е овозможена со материјална помош од тогашните југословенски републики и од странство, со што Скопје станува град на меѓународната солидарност. Во 1965 година е прифатен новиот Генерален урбанистички план, изработен од домашни архитекти во соработка со Полсервис од Полска, а под раководство на Адолф Циборовски. Планот содржи: три главни

станбени зони, индустриски и деловни зони, како и зона за масовна активна рекреација. Посебно внимание му е посветено на сообраќајното ре-шение со издвојување на транзитниот сообраќај. Централното градско подрачје на Скопје ја добива својата физиономија по меѓународниот конкурс за негово урбанистичко решение. На конкурсот земаат

Морис Ротивал. Конкурсното урбанистичко решение за центарот на Скопје (1967). Макета

учество четири југословенски и четири странски тимови. Тие имаат задача да одговорат на следните конкурсни барања: Да се добие достоинствен центар на главниот град, кој би одговорил на традиционалните карактеристики на градските центри во Македонија, a истовремено да биде современ и пригоден за градски живот. Влезот во центарот од страната на новата железничка станица да се предвиди низ специфична порта, оформена со повеќекатни административни објекти. Сообраќајот да биде комбиниран (моторен и пешачки) на различни нивоа. Со решението треба да се создаде релативно изолиран (мирен) центар, но со добри врски со другите делови на градот. При сето тоа, треба да се зачува Старата чаршија, а тврдината Кале да учествува во урбаната композиција. Како композициска оска на ова комплексно решение се јавува коритото на реката Вардар. Од странство, на конкурсот земаат учество претставници на различни урбанистички и архитектонски насоки: Морис Ротивал од САД, Ван ден Брук и Бакема од Холандија и Луиџи Пичинато од Италија. Во своите решенија тие се залагаат за чистота на композицијата, но во извесна мера ги занемаруваат реалните локални услови. Во нивните високопрофесионални планови не се чувствува некој вид решение на градски центар како општествен форум со неопходните откриени плоштади и еспланади за масовно пешачко движење.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

35


културно наследство

Црквата Свети Атанасиј во село Шишево

Однадвор скромна, одвнатре величенствена Изградена во 1565 година, црквата посветена на св. Атанасиј е пример на мала мирска црква, која ја продолжува традицијата на убавото сликарство од минатите векови

К

Црквата Св. Атанасиј во село Шишево, Скопје

олку пати сте биле во Матка, а сте ја одминале малата црква Св. Атанасиј која се наоѓа по пат, во селото Шишево? Или можеби воопшто не знаете дека таа постои веќе со векови наназад, издигната на мала височинка, на крајот од селото, до самата река Треска. Скромната надворешност не треба да ве излаже, да ве натера да го промените правецот, бидејќи, верувајте, одвнатре таа е величенствена. Таков беше и мојот прв впечаток кога влегов во оваа мала мирска црква. Останав вчудоневидена пред убавиот и добро сочуван живопис. Изградена во 1565 година, црквата

36

3

ПОРТА

25 јануари 2013

посветена на св. Атанасиј е подигната на старо култно место, што може да се забележи по античките фрагменти од декоративна камена пластика, кои се употребени како сполии во нејзините ѕидови. Таа е мала, еднокорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида од источната страна и е покриена со полуцилиндричен свод. Овој тип градби со еден кораб најмногу се граделе во приодот од XV до XVII век, во Македонија и низ целиот Балкан, најмногу поради строгите законски норми за градење на сакрални објекти што биле препишувани од страна на муслиманските освојувачи. Познато е и дека во тоа време подот на црквите бил

Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност поставуван скоро еден метар надолу, симболично покажувајќи ја положбата на христијанскиот свет, а нагласувајќи ја доминацијата на исламот. Ѕидана е од грубо делкани камења, меѓу кои се вметнати тули врзани со варов малтер. Оваа мала црква имала насликана фасада, а тоа може да се види од остатоците од малтерната оплата на западниот и на северниот ѕид. Ете, една ваква скромна надворешност крие во себе фрескосликарство, кое ги содржи големите византиски естетски традиции, но ја покажува и богословската ученост на фрескописците. И не само ученоста, туку начиниот на кој се насликани светителите, мошне елегантни, а волуменозни во исто време. Впечатокот е посебен кога ќе се погледне целиот сликан ансамбл. Црвената нијанса која доминира во просторот, наративноста и слеаноста на сцените, многуте жанр-елементи, прават обичниот набљудувач да се слее со тој свет. Како што споменав, овој живопис бил направен во средината на шеснаесеттиот век, што е читливо од натписот кој се наоѓа меѓу двата циклуси што го илустрираат Христовиот живот, Големите празници и Христовите страдања. На сводот, кој би требало да биде замена за куполата, во три медалјони, централно поставени, се насликани Христос Пантократор, Старецот на деновите и Приготвениот престол. Оваа слика е придружена со Христос од Вознесението, кој е насликан над олтарскиот простор, додека во западните партии на сводот се наоѓа Христос Емануел. Од двете страни на сводот, пак, се насликани допојасни претстави, светители и старозаветни пророци. Пророците држат отворени свитоци, а двајца од нив се насликани заедно со своите атрибути, како Ное со коработ, а Самуил со рогот на миропомазанието. Специфика на сликаната програма е местото на кое се насликани четворицата ев��нгелисти, претставени во моментот кога ги испишуваат новозаветните текстови. Матеј и Лука се насликани во највисоката зона на источниот ѕид, а Јован и Марко се претставени во висина на Големите


културно наследство Камшикувањето на Христос

вечера на јужниот ѕид во олтарот, по што следат Миењето на нозете, Молитвата на Гетсиманската градина, Предавството на Јуда и Трикратното Петрово одрекување. Во западните делови на црквата е направена сублимација на две сцени, Христос пред Ана и Кајафа и Христос пред Пилат, а на овој простор се наоѓа впечатливата сцена Исмевањето на Христос каде што, според апокрифните текстови, е вклучен и св. Петар. Уште една ретка сцена, која е повеќе типична за западноевропската уметност е насликана во Св. Атанасиј. Тоа е сцената Камшикување. По неа следат Патот за Голгота, Качувањето и Симнувањето од крстот и на крај Христовото полагање во гроб. Во првата зона на наосот се претставени св. Никола и Деизисот. Во овие делови од црквата се сликаат стоечки светители, па и во овој храм свој простор имаат светите воини св. Димитриј, св. Ѓорѓи, св. Прокопиј, св. Меркуриј и св. Мартиниј.

Патот за Голгота

Потоа св. Петка и Архангел Михаил, кој со подигната сабја го чува влезот и св. Константин и Елена. Во овој сликан ансамбл се насликани и светите врачи, св. Пантелејмон, како и Кузман и Дамјан, кои се облечени во благородничка облека. За ликовниот израз на работилницата што ја отслика малата црква во село Шишево, веќе зборувавме. Тој е одличен пример дека традицијата на сликарството од претходните векови продолжува и во времето кога замира изградбата на монументални христијански храмови. Се чини дека монументалноста, иако поскромно, се задржала во сликата на светителот, во рацете на големите фрескописци.

Свети Меркуриј

празници на северниот и јужниот ѕид. Апсидата има мали димензии, затоа е насликана со скратена програма. Во конхата е насликана Богородица од иконографскиот тип Поширока од небесата, а во овој дел се наоѓа и сцената Поклонување на архијереите на Агнецот. Циклусот на Големите празници е насликан во третата зона во подножјето на сводот и вклучува дванаесет поединечни сцени. Тој започнува со Благовештението, а завршува со Вознесението, кое е расчленето на три дела. Под овој циклус се насликани случувањата од Христовите страдања. Интересно е што сцените од овој циклус не се поделени во рамки, туку слободно се насликани во просторот, па кога гледаш во нив имаш чувство како да гледаш една слеана приказна низ слики. Прва сцена е Тајната Преображение

3

25 јануари 2013 ПОРТА

37


археологија

ЦАРСКИТЕ ДВОРЦИ И ПАЛАТИ

Маркови Кули, врвот Чардак

Има индиции дека веќе во бронзеното време (2500-1200 г. пр. н.е.) на ридот Маркови Кули и на неговите падини се развила голема и значајна населба. Исто така, некои остатоци го прават овој простор уникатен споменик на културата, со особена цивилизациска вредност, како за Македонија така и пошироко.

Ж

ивотот на градот Прилеп започнал во длабоката праисторија. Иако немаме податоци за најстариот период од човечката култура, палеолитот, не треба да се отфрла можноста за присуство на човекот, во овој исклучителен природен амбиент, уште во тоа време. Прилеп е опкружен со неповторливи релјефни форми од вулканско потекло, со старост и до милјарда години, кои претставуваат вистинска фасцинација и поттик за создавање на миотологијата. Потврдено е дека периодот на неолитот (новото камено време) е присутен на самиот 38

3

ПОРТА

25 јануари 2013

Тренчо Димитриоски, новинар и истражувач рид Маркови Кули, односно, тоа е време на создавање на првите стационирани форми на живеење на овој локалитет и закоренување на населбата. Со признати методи на датирање е потврдено присуство на животински коски, камени орудија и керамика од овој период на највисоките делови на ридот, односно на падините на врвот Чардак дури во шестиот и петтиот милениум пред нашата ера. Таму е откриено живеалиште делумно издлабено во карпа, надградено со ѕид и покриено со голема камена плоча. Всушност, во тој период околу овој врв се формирала населба, која делумно била вклопена во карпестиот амбиент со користење на поткарпите и пештерските простории и нивно

приспособување за живеење од страна на древните жители. Во следните периоди на поширокиот простор се среќаваат остатоци од населба, која континуирано се развивала во центар на околниот простор на Пелагонија и пошироко. Има индиции дека веќе во бронзеното време (25001200 г. пр. н.е.) на ридот Маркови Кули и на неговите падини се развила голема и значајна населба. Ваквото населување е причина за присуството на бројни културни траги на самиот рид, во Варош, Заград и другите околни простори. Некои такви остатоци, како голем број врежани симболи, цртежи и фрескоживопис на карпа и слични културни траги, го прават овој локалитет уникатен споменик на


археологија културата, со особена цивилизациска вредност, како за Македонија така и пошироко, за човештвото.

АНТИЧКИ ГРАД НА МЕСТОТО НА ПРАИСТОРИСКАТА НАСЕЛБА

Во раната антика, како и во римскиот период и доцната антика, на овој простор – Маркови Кули, Варош и Заград се развила голема населба, која зафаќала значителни просторни димензии, односно се формирала населба од градски карактер. Археолошки е потврдено дека уште во периодот на античкото кралство Македонија, IV и III век пр. н.е., акрополата на градот, што се наоѓала на највисокиот врв Чардак, била утврдена со високи и цврсти ѕидишта. Токму на тој простор, како и на голем дел од падините на ридот и на просторот на Варош, Заград и Крклари, има бројни остатоци од движни и недвижни културни остатоци од тој период, како голем број керамички садови, фигури на божества од керамика, (Артемида, Кибела), голем број монети на македонските кралеви (Аминта,

Филип Втори, Александар Македонски, Касандар и др.), фигури од бронза и сл. Античкиот град Прилеп продолжил континуирано да опстојува и да се развива и по римското освојување на Македонија, кога биле изградени голем број престижни општествени и приватни градби и храмови, чии остатоци денес можеме да ги забележиме на просторот на кој бил расположен античкиот град. Денес, можат да се сретнат стотици архитекотонски елементи од таквите градби, како на високите делови на ридот Маркови Кули, така и во ниските делови од неговото подножје. Такви елементи се наоѓаат на високите делови на Прилепската тврдина „Маркови Кули“, како и во населбата Варош со големиот број цркви во кои се вградени голем број антички споменици, како сполии или се наоѓаат во нивните дворови и оградните ѕидови. Слични споменици има и по приватните градби, улиците и дворовите, а голем број од нив денес се наоѓаат во современиот

Прилеп или на други, непознати места.

ПРИЛЕП – ПРЕСТОЛНИНА СО СЕДИШТА НА ЦАРЕВИ И КРАЛЕВИ

Најмалку во раниот среден век во Прилеп среќаваме траги од царско присуство, односно податоци за царски дворци и резиденции, односно најмалку од времето на царот Самуил. Фактот за неговиот престој во градот Прилеп за време на трагичната Беласичка битка на 29 јули 1014 година, кога своите ослепени 14.000 војници ги пречекал токму во Прилеп каде, од преголема болка, доживеал тежок инфаркт и по два дена умрел. Речиси е сигурно дека Самуил, повеќедневниот престој во Прилеп го минувал во соодветни царски простории, односно царска резиденција. Од тоа време, 996 година, потекнува и еден натпис со името на епископот Андрија, на еден голем антички столб кој го крепи покривот од тремот на црквата во манастирот „Св. Архангел Михаил“ над Варош. Овој натпис упатува на фактот што во тоа време Прилеп бил и седиште на Епископија. 

Голема градба под врвот Чардак

3

25 јануари 2013 ПОРТА

39


археологија

Повеќекатна градба под врвот Чардак

Голем мермерен столб со гирланда од древниот Прилеп

Св. Архангел

40

3

ПОРТА

25 јануари 2013


археологија

Надгробен споменик од римскиот период

Скали кон врвот Чардак

Потврдено е дека царот Душан, по освојувањето на западна Македонија во 1334 година, во Прилеп имал свој дворец, а сосема е сигурно дека тука бил дворецот на кралот Димитрија Волкашин и неговиот наследник Крал Марко, кога овој град бил престолнина на тогашното кралство Македонија. Како места на кои се наоѓале древните царски дворци се посочуваат споменатиот манастир „Св. Архангел Михаил“ и една од највисоките тераси на Прилепската тврдина, во близина на врвот Чардак. Градењето на царски резиденции и кралски дворци, како и избирањето на градот за престолнина на посоченото кралство на кралот Димитрија Волкашин и неговиот син, Кралот Марко, било поттикнато од погодната позиција на градот на работ на Пелагонија во близина на големите превои за влез во оваа голема рамнина, како и високите и силни ѕидишта со кои бил заштитен. Нашироко е познато дека Прилепската тврдина е една од петте најголеми на Балканот, со површината на просторот заштитен со неколку појаси (најмалку 4), што ја правело, речиси, неосвоива. Станбените површини, станбените објекти и живеалиштата на жителите на древниот град Прилеп и денес можат да се проследат на површините на ликалитетот Маркови Кули, како и на неговите падини и во рамнинските делови на Варош и Заград. Градби од престижен карактер имало и на делот познат како Средикули, каде археолошки е потврдено присуството на т.н. палата, чии остатоци можат да се видат и денес. Остатоци од големи градби и градби прилепени до високи карпи се среќаваат и во делот познат како Стерна, од југоисточната страна на Маркови Кули, каде и ден-денес можат да се сретнат остатоци од повеќекатни градби. 

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk

contact@ontime.mk

+389 75 431 135

3

25 јануари 2013 ПОРТА

41


технологии

CES (Consumer Electronics Show) 2013

Големата награда на порталот CNET, кој во себе обединува играчка конзола и таблет, при овогодишниот CES 2013 му припадна на уредот Razer Edge

Г

одината започна со CES (Consumer Electronics Show) 2013, најголемата изложба во светот за Потрошувачка електроника (ПЕ). Се одржа во периодот од 7-ми до 10-ти јануари годинава. Место? Лас Вегас, САД, како и секогаш. Зошто CES? Затоа што е еден од најпосетуваните и најквалитетните саеми од тој тип во светот. Традиционално, на саемот покрај постојните производи, се прикажуваат и нови технологии и прототипи. Или ако сакате, се прикажува иднината. Сега, особено е битно да се биде претпазлив оптимист бидејќи чудата се одлика Господова, додека човекот прави производи. Некои од нив се „ѓаволски добри“, некои се со маани, грешки се прават. Но од презентираното на саемот, иднината навистина ни чука на врата. Влегуваме во пост-мобилната ера, ера во која се е дигитално, се е ИТ. Многу е важно да се разбере дека дојдовме до точка каде во рамки на еден животен век се случуваат вистински развојни револуции. Оние постарите, на истек на животното доба, сведоци се денес

42

3

ПОРТА

25 јануари 2013

Трајче Стојанов, дипл.инж.арх. на смарт телевизори, touch таблети, ултра тенки лаптоп компјутери, чудесни мобилни телефони. Но во времето кога се родиле, знаеле само за комуникација преку говор или писмо. Нивната младост, идеи и мечти биле, да се изразам вулгарно, примитивни во технолошка смисла. Оттаму, ќе признаете, нашите животи и навики се во голема мера зависни од (информатичката) технологија. Таа е

динамична, брза, скоро непредвидлива. ИТ започна како научен напор, најде примена во високотехнолошките индустрии, а сега за само 40-50 години, таа е присутна во секое делче од нашиот живот. Затоа денес, ако сакаме да најдеме каде таа почива, која е нејзина адреса, треба да се свртиме околу нас - во потрошувачката електроника. ПЕ е пазар кој има стабилен раст дури и во услови на криза. За 2013 година се


технологии очекуваат рекордни 209 милијарди долари обрт, па разбирливо е зошто сите погледи се свртени кон неа. А предусловите се одлични за вистинска револуција. Имаме релативно евтини, минијатурни, а моќни процесори и мемориски модули. Во креирањето на софтверските апликации активно учествува и заедницата со милиони апликации. Тука е и Интернетот со одличната инфраструктура. На крај го имаме и аманетот на Стив Џобс (сега починатиот соосновач и извршен директор на Apple Inc.) дека уредите не мораат да бидат грди, троми и непривлечни. Сето тоа во барабан и имаме добитна комбинација: светот чека на редизајнирање и реинвентирање на уредите околу нас. Стив тоа го почна со мобилните уреди за слушање музика, а потоа и со телефоните. Во меѓувреме, револуција им се случи и на телевизорите. Станаа драстично потенки, поголеми, добија подобра слика (екран), звук, добија процесори и мемориски модули, добија мноштво апликации и се приклучија на Интернет. Станаа „паметни“ телевизори. Сега на ред се фрижидерите, тостерите, шпоретите, машините за перење, чајникот, правосмукалките, становите како целина. Тоа беше забележано и на CES 2013, каде се идентификуваа следните поголеми трендови: • Mодна ИТ - технологија што се носи или Fashion IT. На големо се презентираат часовници, нараквици и други прирачни уреди. Покрај мерење на времето, содржат апликации за интернет-комуникација, кориснички апликации за информирање, но и апликации за мониторинг и следење на биолошките процеси на телото. Apple постојано се поврзува со нивен таен проект за развој на ултра софистицирани и модерни часовници, но оттаму ни глас. Google одамна ги претстави своите хајтек очила. Имаат за цел да ја прошират реалноста која ја гледаме со дополнителни информации во реално време. Во групата

на модната ИТ спаѓаат и најразлични дигитални миленичиња-роботи (во вид на мечиња, кучиња, мачки...) кои се способни за каква-таква комуникација со сопственикот, самостојно движење низ

просторот, но и со други функции, како што се јонизација и прочистување на воздухот, прскање на пријатни миризби

итн. Засега, најпознат претставник на модната ИТ се мобилните телефони. Како што видовме од излагачите на CES 2013, се е подготвено, телефоните да станат крајно флексибилни (свитливи), транспратентни и дебели околу 1-2 мм. На пазарот на софтвери за телефоните влегува и Canonical, со својот Ubuntu (оперативен состем базиран на Linux) и со одлична платформа за обединување на сите ИТ уреди кои ги користиме во една целина. • Автомобилска ИТ. Автомобилските компјутери сè повеќе се сретнуваат вградени во автомобилите. Покрај дополнителни контроли и информации за состојбата на возилата, ГПС, мултимедија и друго, овие уреди се спремни да се „закачат“ на Интернет и да овозможат секакви други активности. General Motors, Ford и други производители ги отворија проектите на кои работат и ја повикаа заедницата да создаде софтверски апликации за нивните вградени компјутери. Ако се земе предвид обемот на продажба на возила во светот, овие компјутери ќе станат подеднакво

атрактивни како некои категории на персонални компјутери. Во оваа категорија спаѓа и проектот на Google за безпилотно (самостојно) возило кое изминатава година се тестира низ улиците ширум САД, а за кое се вели дека е полн погодок. • Телевизорите се приказна за себе (ако може да ги наречам телевизори бидејќи називот на овие уреди веќе го изгуби првобитното значење). На CES 2013, Corning Incorporated, светски лидер во изработката на специјални стакла и керамики, го презентираше своето последно откритие Willow Glass, тенко (0,1 мм) свитливо стакло наменето за најразлични типови на екрани. Со овој (и нему сличните) продукт, уредите од редот на мобилните телефони, таблет компјутерите, телевизорите итн., стануваат уште потенки, полесни, 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

43


технологии

пофлексибилни, но и побезбедни од евентуални механички оштетувања. Во исто време, Самсунг објави неколку прототип мобилни телефони кои имаат флексибилни екрани, додека Нокиа, но и ЛГ во различни прилики минатата година прикажаа свитливи телефони. Но тоа не е се. На CES 2013, Самсунг претстави и џиновски телевизор со дијагонала од 110 инчи (280 см) и уште еднаш го потврди фактот дека „дијагоналите непречено ќе растат“. Во друга прилика деновиве, Самсунг презентираше и конкавен ЛЕД ТВ. Едно е сигурно, димензиите, формата и дебелината на телевизорите се варијабли со малку ограничувања. Ако на сето тоа се додаде и софтверската (смарт ТВ апликации) и хардверската (3Д, повеќејадрени процесори итн.) компонента, наскоро ќе кажеме збогум на она што некогаш значеше телевизор. Па здодевните и робусни CRT телевизори веќе ги нема нели? Она што е спорно, е квалитетот на сликата. Напредокот на ова поле далеку заостанува зад останатите. • Таблет лаптоп компјутери. Со појавата

44

3

ПОРТА

25 јануари 2013

на таблетите, лаптоп компјутерите станаа излишни. Се очекува да бидат крајно маргинализирани, впрочем исто им се случува и на фотоапаратите и мп3 плеерите. Така таблет лаптопите се

всушност таблет компјутери прикачени на лесно демонтажна тастатура. Потребниот хардвер се наоѓа во таблетот, додека тастаурата има мала дебелина, служи само за влез на податоци (куцање) и е

вообичаено дел од заштитната обвивка на екранот на таблет лаптопот. На тој начин, добиваме уште полесни, помали и покомпактни мобилни уреди. Да биде искуството уште повпечатливо, овие таблет лаптопи имаат екран сензитивен на допир. • Таблет компјутерите какви ги знаеме добиваат на димензии. Сега кога ги имаме телефоните и таблет лаптопите, следна цел се таблетите за целото семејство. Станува збор за таблети со дебелина од неколку милиметри и дијагонала над 27 инчи (околу 70 см) кои се поставуваат на маса (или се дел од неа) и кои служат за истовремено користење на апликациите од страна на повеќе корисници (пр. едно семејство) преку допир. Концептот е одамна виден: Microsoft Surface, но тој имаше робусни димензии и тежина, па како таков беше крајно недопадлив. • Интегрирани софтверски апликации. Во минатото софтверите беа затворени и неинтероперијабилни. Но поради

неверојатниот подем на Интернетот и соција��ните мрежи, како и растечкиот број на уреди кои ги користиме, софтверските компании пристапија кон поврзување на истите. Голем успех во ова има Google со Android, но најавена ни е нова револуционерна платформа од страна на Canonical базирана на Ubuntu. Имајќи го предвид фактот што Linux платформата напредува со одлично темпо, се очекува поголем пробив на Ubuntu. За крај, редно е да кажам дека големата награда на порталот CNET, кој во себе обединува играчка конзола и таблет, при овогодишниот CES 2013 му припадна на уредот Razer Edge. Се на се, тенкиот екран во комбинација со одлични софтверски апликации го видовме во повеќе верзии како: телевизор, таблет, телефон, конзола. Во комбинација со достапниот одличен хардвер, се ремоделира нашето опкружување. 


енергетска ефикасност

Б

www.geze.com

3

25 јануари 2013 ПОРТА

45


експерт

АРХИТЕКТУРАТА ВЕЌЕ НЕ Е ПРОФЕСИЈА!? Една од најголемите британски банки донела одлука според која, на архитектите веќе нема да може да им се доделуваат таканаречените „професионални станбени кредити“. Според образложението, архитектите веќе не ги исполнуваат критериумите на банката со оглед на тоа што нивната професија веќе не се смета за „отпорна на рецесија“, за разлика од лекарите, забарите, ветеринарите и правниците, чиишто професии имаат „историја на економска отпорност и нециклична иднина во кариерата“.

П

очетокот на втората половина на месец јануари во Британија е одбележан со враќањето во „леденото доба“. Најголемиот дел од земјата е обвиткан со снежна покривка, авионските летови се откажани, доцнат или пак се пренасочени, слична е ситуацијата и со возовите коишто или се откажани или пак доцнат, а за автомобилскиот сообраќај и да не зборуваме со оглед на тоа што на 18 јануари оваа година се затвори за сообраќај во сверната насока дури и главниот автопат во земјата „М1“. Во очекување на нови врнежи на снег и ниски температури, при непосипани со сол станбени улици и во отсуство на соодветно теренско возило со погон на сите четири тркала, ви се отвораат одамна заборавените можности во животот – да поминете спокоен викенд во домашни услови. Со оглед на тоа што на сите вработени ни е наложено во понеделник задолжително да присуствуваме на заеднички работен состанок, викендот дава можност и психички да се подготвите за она што ве очекува на состанокот.

СОСТОЈБА

Да работите во архитектонско проектантско биро во Британија во изминатиот четврт век, вообичаено значи дека треба да се подготвите и навикнете на цикличноста што е сè поизразена во професијата со периодични успони и падови во рамките на работната организација, чиешто повторување сè повеќе се чувствува. Ви се чини дека се наоѓате во некоја јо-јо играчка, каде една година сте 25 лица во бирото, а следната година разбирате дека останале само две - вклучително со директорот. Доколку мислите дека ситуацијата во јавниот сектор е нешто подобра, се лажете. Бројот на јавни претпријатија за проектирање во изминатиот период е во постојано опаѓање, а оние преостанатите сè повеќе се намалуваат. Така, во изминатата декада од јавно претпријатие за проектирање со четири 46

3

ПОРТА

25 јануари 2013

д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)


експерт архитектонски тима, од пред две години се сведовме на едно претпријатие со само еден архитектонски тим. Се разбира, во текот на овој процес на осипување само во 2011 година изгубивме 30 проценти од најискусните проектанти и соработници. Па така, од состанокот во понеделник не се очекуваат некои особено поволни вести. Во најдобар случај, ќе биде дека и годинава ќе треба уште повеќе да се сработи од претходната, но за иста плата како од пред три или повеќе години и покрај тоа што во меѓувреме трошоците на живеење енормно се покачија, и тоа најверојатно со предупредување дека наредната 2014 година ситуацијата ќе биде уште посложена. Ова не е за чудење со оглед на тоа што меродавните на државно ниво веќе најавија дека ситуацијата во земјата нема да почне да се подобрува пред 2018 година.

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Во едно вакво исчекување, време е да се надомести пропуштеното и да се прочитаат, заради обемните тековни обврски, непрочитаните стручни списанија од изминатите два месеци. Прелистувањето укажува на тоа дека списанијата изгледаат некако потенки од порано и дека цели делови недостасуваат. Каде се огласите за вработување на архитекти и соработници сега? Подеталното прегледување на списанијата, укажува дека делот со огласи за вработување во теорија сè уште е тука, но празен затоа што во него веќе речиси да нема огласи за вработување. Во мојот избор од околу осум списанија за читање провејуваат само два огласи за вработување, и тоа за редовен професор по архитектура на универзитет во Северна Ирска и за редовен професор по архитектура на универзитет во Хонг Конг. Колкумина од околу 60 илјади регистрирани архитекти во Обединетото Кралство ги исполнуваат критериумите – докторат на науки, бројни публикации во научни списанија со импакт фактор и успешно реализирани научно истражувачки проекти од меѓународно значење, со способност да привлечат и обзбедат значителни извори на надворешно финансирање преку проекти!?

АРХИТЕКТОНСКИ КРЕДИТИ

Помалку разочаран дека не ги исполнувам критеријумите за овие престижни, но турбулентни позиции, се навратив на актуелните вести во списанијата при што написот на Мерлин Фулчер во списанието „Архитектонски журнал“ од 19 ноември 2012 година ми привлече особено внимание. Во него се известува дека една од најголемите британски банки донела

одлука според која, на архитектите веќе нема да може да им се доделуваат таканаречените „професионални станбени кредити“. Станува збор за посебна група на станбени кредити со нешто поповолни услови, коишто се наменети за оние физички лица коишто обавуваат професија. Според образложението на банката, архитектите веќе не ги исполнуваат критериумите на банката со оглед на тоа што нивната професија веќе не се смета за „отпорна на рецесија“, за разлика од лекарите, забарите, ветеринарите и правниците, чиишто професии имаат „историја на економска отпорност и нециклична иднина во кариерата“. Како да ова не беше доволна навреда за професионалниот статус на архитектите во земјата, во понатамошниот текст на Мерлин Флучер се наведува дека и британското Министерството за внатрешни работи дополнително го има поткопано професионалниот статус на архитектите.

на фотографија, која се приложува од страна на барателот за вадење на возачка дозвола или пасош, со оглед на тоа што од подносителот на барањето не се бара да оди лично да се слика во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи. За разлика од Република Македонија, во целото Обединето Кралство постојат само неколку единици во коишто може да се извади возачка дозвола или пасош, како резулатат на што најголемиот број на пријави за вадење на овие документи се обавува по пошта. Ова е дополнително можно со оглед на тоа што во земјата не се издаваат лични карти ниту пак се земаат отпечатоци од прстите за вадење на возачка дозвола или пасош. Вообичаено, отпечатоци од прсти се земаат само од оние државјани за коишто постои сомневање дека го прекршиле законот, и како резултат на тоа се приведени во полициска станица. Дополнителниот проблем со кредибилитетот на професијата

Имено, за разлика од Република Македонија, во Британија физичките лица не мора да одат да прават заверка на сите документи кај нотар. Според правилата, физичко лице кое припаѓа на професија и е британски државјанин може да врши одредени заверки на документи, како на пример заверка на копија дека е верна на оригиналот, да посведочи со својот потпис дека барателот своерачно се има потпишано на правен документ, како на пример банкарска меница, договор за изнајмување на недвижен имот и слично, се разбира само доколку не е во роднински врски со барателот. Уште повеќе, членовите на професии, коишто лично го знаат барателот за минимално пропишан број на години, вообичаено три, можат со својот потпис да ја посведочат и автентичноста

архитект настанал кога британското Министерството за внатрешни работи ја објавило изменетата и дополнета листа на 48 „признаени професии“ чиишто припадници можат да ја потврдат автентичноста на пријавите за издавање на британски пасош. Во неа архитектите веќе не фигурираат, иако сè уште имаат право да ја потврдат автентичноста на пријавата за пасош, но затоа во истата, според натписот, фигурираат агентите за изнајмување и продажба на недвижен имот, новинарите и организаторите на погреби!!! Ваквото опаѓање на професијата архитект не е нешто што се има случено одеднаш и сега, туку е одраз на подолгорочен процес на деградација на професијата, коешто само по себе е особено интересна, но одделна тема за разгледување.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

47


еко инфо варшава, Полска

Гасот од шкрилци поевтин од рускиот

Менаџментот на полската државна компанија за нафта и гас PGNiG даде јавно ветување дека цената на гасот од шкрилци што ќе се произведува во Полска ќе биде значително пониска од увозната цена на рускиот природен гас. Ова е објавено по повод претставувањето на новата двегодишна стратегија на компанијата, во која еден од приоритетите е ослободување на Полска од зависноста од рускиот природен гас. (Business Monitor)

москва, рУсиЈа

Протокол за заштита на каспиското езеро

Програмата на Обединетите Нации за заштита на животната средина (UNEP) објави дека земјите кои излегуваат на Касписко Езеро потпишале Протокол за заштита од загадување. Се работи за Азербејџан, Иран, Русија, Казахстан и Туркменистан, кои на овој начин овозможуваат одржливо управување со езерото, поголема соработка и координација на потенцијалните еколошки акции. Главни загадувачи се земјоделството и индустријата, особено експлоатацијата и транспортот на нафта и гас.

софиЈа, бУГариЈа

не козлодуј отвора погон за преработка на радиоактивен отпад Бугарската државна компанија за третирање на радиоактивен отпад SE-RAW одобри отворање на погон за преработка на течен радиоактивен отпад во НЕ Козлодуј. Постројката е изградена во согласност со најновата технологија и стандарди за безбедност, а под надзор на стручњаци од руската компанија AtomStrojEksport. Погонот ќе преработува течен радиоактивен отпад од четирите руски реактори VVER 440-230.

(Новините) 48

3

ПОРТА

25 јануари 2013

(UPI)


еко инфо лонДон, велика британиЈа

се очекува исклучително топла година

Британската метеоролошка служба соопшти дека 2013 година ќе биде една од најтоплите години. Глобалните температури ќе бидат за 0,57 степени повисоки од просечните. Големо влијание за ваквата состојба секако имаат климатските промени. Во изминатиот 12-годишен период (од 2001 година), дури 11 години се најтоплите во историјата (откако е воведено мерење на температурата). Притоа, 2011 година е рангирана како најтопла година, а 2012 е на деветтото место. (Reuters)

брисел, белГиЈа

милијарда евра за 23 проекти за обновливи извори

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за поддршка на 23 проекти за обновливи извори на енергија, во рамките на програмата за промоција на технологии со ниска емисија на јаглероден диоксид. Се работи за проекти во 16 европски земји, а средствата се обезбедени од продажба на дозволите за емисија на CO2, односно програмата NER300. Се очекува овие средства да иницираат дополнителни 2 милијарди евра приватни вложувања. (Renewable Energy World)

тирана, албаниЈа

трансјадранскиот гасовод е албански приоритет

Трансјадранскиот гасовод (TAP) во Албанија доби статус на проект од национална важност. Тоа ќе овозможи полесно усвојување на урбанистичкиот план за изградбата на овој гасовод на територијата на Албанија, бидејќи 500 метри широкиот коридор за трасата на гасоводот ќе биде прогласен за „национално подрачје“. (Oil and Gas Eurasia) подготви: даниела млАдЕНовскА

3

25 јануари 2013 ПОРТА

49


екологија

Интервју со Дејан Пановски, македонски претставник на Билатералниот секретаријат за Охридското Езеро при МЖСПП

Студенчишкото блато - природен Заштитата и равојот нема да ги оствариме ниту преку „плач“ за минатото, ниту преку извикување на „силни“ пароли, туку единствено преку акција, колку и да изгледа тоа во одреден момент неостварливо Ивана Групче,

дипл. инж. арх.

„Ч

овек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро навистина му одговара името македонско слатководно море“, ќе напише неговиот долгогодишен истражувач, биолог и професор Синиша Станковиќ. Целиот свој работен век Станковиќ го вложи за откривање на најскришните тајни на ова прастаро езеро, кое според неговите истражувања достигнало исклучителна старост, околу четири милиони години. Настанато на уникатен начин, со вертикални тектонски поместувања на почвата, во дамнешните геолошки епохи и задржувајќи се непроменето до денес, Охридското Езеро станува единствен природен музеј кој во себе сочувал вистинско природно царство од ендемична флора и фауна, прастар жив свет кој во други водни живеалишта сосема исчезнал или е пронајден само во форма на фосили.

50

3

ПОРТА

25 јануари 2013

Како природен резерват претставува вистинска лабораторија за пронаоѓање на научни факти околу настанокот и развитокот на животот на Земјата. Сиот тој епохален опстанок, езерото му го должи на постоењето на своите природни филтри. Но, сè поголемата присутност на човековиот фактор и неуморната урбанизација им прети со уништување на овие таканаречени бели дробови на езерото, поради што неодамна беше покрената иницијатива за заштита на Студенчишкото блато, еден од најзначајните природни филтри на Охридското Езеро. На 24 ноември 2012 година, оваа иницијатива виде своја мугра со промоцијата на Проектот за заштита на Студенчишкото блато, кој заради огромната важност го доби името „Зачувај го блатото, сочувај го златото“. За деталите околу иницирањето, содржината, целите и очекувањата на проектот, разговаравме со неговиот иницијатор, господинот Дејан Пановски, македонскиот претставник на Билатералниот секретаријат за Охридското Езеро при МЖСПП.

Господине Пановски, на крајот на ноември минатата година беше промовиран Проектот за заштита на Студенчишкото блато во Охрид. Ќе ве замолам за едно подетално појаснување за читателите на ПОРТА 3: кои се границите на опфатот на Студенчишкото блато, колкава површина зафаќа и која е неговата улога и значење за целокупниот екосистем на езерото?

 Студенчишкото блато е нераскинлив дел од екосистемот на Охридското Езеро и негов природен филтер. Долго време тој дел е нападнат од човечките активности со што полека се скратува неговата површина и неговото позитивно влијание врз екосистемот како прочистувач, но и како живеалиште на голем број животински и растителни видови. Иако по површина од 56 хектари денес површината под блата се намалува до 25 хектари и нужна е брза реакција и ставање на остатокот од Блатото под режим на строга заштита. Тоа ќе го осигура неговото зачувување, ќе го стабилизира екосистемот, но ќе овозможи и негова валоризација од туристички и научен аспект. Заради таа нужност


екологија

филтер на Охридското Езеро Дејан Пановски

влеговме во проектна активност која целиме да ги оствари целите и ефектите. Добриот момент е што зад тој план застана и државата, застанаа и локалните самоуправи, застанаа и меѓународните партнери. Заштитата на природните реткости и ресурси мора да биде поставена како локомотива за промоција на силни политички и економски односи.

Кој е креатор на овој проект, кои се неговите цели и какви зафати се предвидени со него?  Проектот за заштита на Студенчишкото блато е една компонента од поголемиот Проект за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен (Охридско, Преспанско и Скадарско), кој е финансиран од Германската влада преку ГИЗ. Иницијатор за ваквата

Поглед на Студенчишко Блато од с.Рача

компонента, конкретно за Заштита на блатото Студенчишта бев јас заедно со албанскиот колега во Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро, а поттикнати од долгогодишното потенцирање и лобирање на проблемот со уништувањето на блатниот екосистем. Контурите ги поставивме низ заеднички консултации со релевантните фактори од оваа сфера базирани на изготвена Студија за остатокот на Блатото и како проект го понудивме и беше прифатен од финансиерите. Целта е правно да се регулира степенот на заштита на Блатото, да се ревоспостави каналска врска на Блатото со езерото, да се изгради природна инфраструктура до срцето на блатото т.е патеки, видиковци, информациони табли и да се понуди и како туристичка атракција на

љубителите на активниот еко-туризам. Тоа би обезбедило одржливост на системот и негова долготрајна заштита. За некои може да звучи бесполезно, за некои авангардно, но мораме да ги поставиме правците на заштитата, колку и некому тоа во овој момент да му е тема на потсмевање.

Кога се очекува старт на работите и крајна реализација на проектот? Како иницијатор на овој проект, кои се Вашите очекувања по крајната негова реализација? Што би се сменило во целокупниот екосистем на езерото?

 Проектот веќе го стартувавме со јавна кампања која ја нарековме „Заштити го блатото, сочувај го златото“, имплицирајќи го во насловот значењето на блатото за Охридското Езеро. Изготвивме и 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

51


екологија

Ниe заштитниците сè уште сме во ситуација да ја губиме еколошката битка во однос на урбанистичката наездa, но ние мора да се браниме со надеж дека ќе покажеме како животната средина може да биде силен економски инструмент во рацете на државата и да ја потенцираме зелената економија и зелените инвестиции како стратешки сигнал и однос кон економијата воопшто промотивен материјал кој треба да ја подигне свеста за значењето на овој систем. Во двегодишното планирано спроведување на проектот, покрај подигањето на јавната и институционалната свест, најголем дел треба да зафатат инфраструктурните работи внатре во блатото кои ги споменав. Доколку се оди како што треба, согласно целите, ќе успееме со зафатите да ја вратиме природната рамнотежа и врска на езерото и блатото, ќе го активираме како природен филтер на водите, ќе го ставиме во туристичка понуда и, пред сè, ќе успееме да го заштитиме. Единствено што може да нè забави се административните процедури, но очекувам сè да се надмине и конечно после години на поставување на прашањето „Што со Блатото ?“, да го решиме и ова прашање поврзано со заштитата на природните вредности во сливот на езерото. Ако не можеме повеќе, барем да ги поставиме темелите, како што тоа се обидуваме да го направиме. 52

3

ПОРТА

25 јануари 2013

Како во минатото е третирано ова подрачје, кое, според кажувањата на старите охриѓани, зафаќало многу поголем дел од крајбрежјето?

 На почетокот на 20 век Студенчишкото блато опфаќало голем дел и било поврзано со езерото со низа на канали и со тоа било богатство на жив свет и разни видови риба. Но, континуираниот и сè поголем притисок на човекот врз природата драматично ја намали површината на тој систем, па дури и ја прекина неговата природна врска со езерото. Како што споменав, долги години се поставуваше прашањето за заштита од понатамошно губење на блатото како дел од екосистемот и ете, еднаш мораше да застанеме зад тоа со проект со кој обезбедивме средства за почеток на таа заштита и ставање граница на понатамошното уништување. Но, заштитата и равојот нема да ги оствариме ниту преку „плач“ за минатото, ниту преку извикување на „силни“ пароли, туку

единствено преку акција, колку и да изгледа тоа во одреден момент неостварливо.

Се спомнува изградба на елитен туристички комплекс во самата негова близина. Дали силната урбанизација на крајбрежјето и изведбата на таков голем урбанистички зафат може да биде кобна за овие таканаречени бели дробови на Охридското Езеро?

 Токму опасноста од урбанистички напад врз остатокот од Блатото беше врвната мотивација за реакција околу негова заштита. Имено, самиот потег Студенчишта согласно ДУП-от е урбана единица која претставува потенцијален ризик за доуништување на вредностите. Затоа една од основните цели е и зонирање на самото Блато кое ќе содржи зона на строга заштита, а потоа и т.н. тампон зона и зона на активно управување. Оваа зонска поставеност ќе овозможи заштита, а ќе ја оневозможи силната евентуална


екологија урбанизација која би значела крај за овој филтер на езерските води. Целта е заштита и туристичка валоризација, а не урбана деградација која и онака последниве години го наруши балансот во Охрид од низа аспекти. Сè уште сме во ситуација ниe, заштитниците, да ја губиме еколошката битка во однос на урбанистичката наездa, но ние мора да се браниме со надеж дека ќе покажеме како животната средина може да биде силен економски инструмент во рацете на државата и да ја потенцираме зелената економија и зелените инвестиции како стратешки сигнал и однос кон економијата воопшто.

Каква е соработката меѓу македонската и албанската страна во однос на заштитата на Охридското Езеро?

 Македонија и Албанија заеднички соработуваат и координираат уште од потпишувањето на Заедничкиот договор за заштита и управување на Охридското Езеро. Таа соработка е најмногу базирана на постоењето на Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро, како тело на Билатералниот комитет. Секако дека во рамките на билатералната соработка комуницираат и научните работници, комуницираат и експертите, комуницира и невладиниот сектор и тоа доведува до меѓусебна информираност. Денес, за разлика од изминатите 10-ина години, постои континуирана комуникација, информација за евентуални проблеми и инциденти и што е најважно во овој вид на управување постои изградена меѓусебна доверба. Секако дека постојат полиња каде сè уште не се усогласени сите сегменти, најмногу во однос на потенцијално заедничко управување со рибниот фонд во езерото и околу евентуална потреба од ревизија на старите договори за регулација на нивото на езерото, но институционалните процеси се долги и треба и време и усогласеност со економските, социјалните и во нашиов случај и енергетските потреби. Од друга страна, соработката на билатерално ниво резултираше со многу различни проекти - суштински за заштитата на езерото, како што се правилниците за употреба на безфосфатни детергенти, пошумување на ерозивни површини, порибување на езерото, уредување на некои од речните текови, управување со цврстиот отпад и со отпадните води, од кои секако најголем резултат е изградбата на пречистителната станица на албанска страна, која иако почетно технолошки имаше проблеми сепак претставува сериозен напредок за зачувување на квалитетот на водите

во езерото. Ако на сето ова се додаде фактот дека Билатералниот секретаријат ги сработи и излобира проектите за Биосферен резерват Охрид-Преспа и секако големиот и веќе одобрен Дримски проект преку ГЕФ, тоа значи дека соработката на повеќе од полињата е успешна и дава надеж за постепено решавање и на помалите и на поголемите предизвици.

Кои активности се предвидени за иднина, со оглед на тоа што ова е само една компонента од Проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата од Дримскиот Басен?  Полето за работа поврзано со управувањето на сливот на Охридското Езеро е речиси бесконечно. Само во проектот за биодиверзитетот остануваат компоненти кои ќе работат на заедничко управување со рибниот фонд во езерата и изготвување на неопходната проценка на рибниот фонд. Неизбежни во проектот се и институционалната надградба и секако подигањето на јавната свест. Но, тука

не застанува ни приказната ни борбата. Исто така, со помош на ГИЗ, влезени сме во проект за адаптација кон климатските промени во Дримскиот басен на кој ќе се работи на воспоставување на регионален мониторинг, кој ќе обезбеди рамки за адаптација и концепти за реакција при суши или поплави. Ако на сето ова го додадеме и Дримскиот проект на ГЕФ во кој составен дел се компоненти за создавање заедничка база на информации во басенот, за системска соработка во прекуграничниот басен, за содавање единствена заедничка Комисија за басенот на Дрим, за демонстрација на нови екотехнологии, имплеметација на мерки на терен и за политичка и јавна свест, тогаш се гледа дека претстои огромна и долготрајна работа, макотрпен процес за да ги обезбедиме еколошките стандарди на прекугранично ниво. Тоа ќе е долг процес, но сакам да верувам дека ќе дојде период кога екологијата ќе стигне на врвот на политичките и економските агенди. 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

53


екологија

54

3

ПОРТА

25 јануари 2013


енергетска ефикасност

Со енергетски пасош во позелена иднина Постојано растечката потреба за енергија отвора прашања за темелни промени кои ќе водат кон порационално користење на постоечките класични извори на енергија, но и кон откривање на нови, т.н. обновливи извори на енергија

Е

дарко милАНовиќ, дипл.инж.арх.

нергијата претставува суштинско економско, политичко и општествено прашање на секоја земја. Денес ги броиме последните галони нафта и тони јаглен. Скоро сè потрошивме! А тука се и последиците, потполно бевме преокупирани со потрошувачката, заборавајќи дека и ние треба да им оставиме нешто на следните генерации. За жал, најмногу им оставаме разновиден отпад. Класичните енергетски природни извори се ограничени, а нивното нерационално и профитерско користење создаде состојба на хронично пореметување и дисбаланс во оваа област. Од друга страна, постојано растечката потреба за енергија отвора прашања за темелни промени кои ќе водат кон порационално користење на постоечките класични извори на енергија, но и кон откривање на нови, т.н. обновливи извори на енергија. Денес, кон заштитата на човековата околина и еколошкиот начин на размислување се поставуваме како кон нешто ново, како кон идеја која е изведена од современото доба. Меѓутоа, забораваме дека човекот отсекогаш ги познавал сите природни закони и живеел во склад со нив, ја користел енергијата на сонцето, ветерот, водата, биомасите и водел сметка за создавањето и складирањето на отпадот. Каде понатаму? Назад во минатото по филозофијата на здрав живот, кој подразбира грижа за природата и нејзино зачувување. Сепак, науката и технологијата не претставуваат негација на природата, тие се изникнати од неа, посматрајќи ја и проучувајќи ја, присвојувајќи ја и применувајќи ги нејзините законитости и принципи.

енерГетска ефикасност на зГраДите

Во последно време честопати се среќаваме со терминот енергетска ефикасност на зградите. Енергетски ефикасна зграда е онаа зграда која обезбедува потребен комфор (топлотен, светлосен, воздушен, звучен и просторно естетски), во внатршноста на објектот, со што помала потрошувачка на енергија. Постојат два пристапи со кои можат да се постигнат резултати кои ги задоволуваат стандардите на енергетска ефикасност (во понатамошниот текст ЕЕ). Првиот е „ниско-технолошки“, кој инсистира на проектирање на згради кај кои внатрешниот комфор се постигнува со што помалку техничка опрема. Тоа се однесува 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

55


енергетска ефикасност Биланс на енергија на зградата

на урбано планирање, како и на оптимална диспозиција на зградата во однос на локацијата, обликот на зградата и нејзината обвивка, дистрибуција на функциите со различ��и комфорни барања, избор на материјали и хортикултурно уредување околу зградата. Другиот пристап е „вискотехнолошки“, и подразбира користење на сите достапни технички системи за постигнување на одредени услови во внатрешниот простор. Овие системи се состојат од бројни сензори, вентили и други приспособливи елементи кои се под контрола на сложен софтвер, со што се обезбедуваат оптимални услови. Со оглед на тоа што во практиката не постојат идеални услови, ниту еден од овие пристапи не може да се применува самостојно. Прво треба да се исцрпат можностите на „нискотехнолошкиот“ пристап, па дури потоа да се прејде на „високо-технолошкиот“ пристап.

2012 година - година на ЕЕ во Србија

Минатата година во соседна Србија градежништвото се обележа во знакот на ЕЕ. Со објавување на Правилникот за енергетска ефикасност на зградите (Сл. Гласник РС, бр.61/2011), Правилникот за условите, содржината и начинот на издавање на сертификат за енергетски особини на зградите (Сл.Гласник РС бр. 61/2011. и 3/2012.) и Правилникот за технички преглед и издавање на Одобрение за употреба, како подзаконски акти на Законот за планирање и изградба (Сл. Гласник РС бр. 72/2009. и 81/2009 и 24/2011.), заокружена е законската регулатива и исполнети се правните услови за примена на ЕЕ на зградите во Србија.

Со горенаведените правилници се применуваат одредбите на Директивата за перформансите на зградите, EPBD 2010/31/EU во законодавството, согласно меѓународните договорни обврски на Република Србија со Енергетската заедница. Суштината на Правилникот за ЕЕ на зградите е системски да се пристапи кон оценувањето на енергетските карактеристики на зградите и врз основа на тоа да се издаде документ (сертификат за енергетските својства на здрадите или енергетски пасош), со ознака која ја дефинира потрошувачката на енергија. Треба да се истакне и улогата на Инженерската комора на Србија во изготвување на подзаконските акти, програмите на обука, полагањето на стручен испит и издавање на овластување за инженери за ЕЕ, нивно постојано усовршување, како и изработка на иден национелен софтвер за ЕЕ на зградите. Моментално се во примена софтвери на произведувачите на термоизолациони материјали како Knauf TERM 2 PRO i URSA Градежна физика 2.0 за изработка на елаборати за ЕЕ кои се во склад со новите правилници. Елаборатот за ЕЕ и издавање на енергетски пасош од 1 септември 2012 година стана законска обврска и составен дел на техничката документација која се приложува при техничкиот преглед и издавање на Одобрение за употреба кај новите згради, при реконструкција, доградба, обнова, адаптација, санација и енергетска санација на постоечките згради, како и при продажба или давање

Структура на потрошувачка на енргија во згради

Енергетска заедница

Енергетската заедница е основана со Договорот за енергетска заедница, кој е потпишан во Атина на 25.10.2005 год. Членки на Енергетската заедница се: 27 држави на Европската Унија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Косово. Со воведување на Директивата за енергетски перформанси на зградите (EPBD – Energy Performance Building Directive), Европската Унија пробува да обезбеди механизми, со кои би се подобрила енергетската ефикасност на зградите, т.е. би се намалила количината на енергија која се користи во зградите. Според проценките, во развиените земји на Европската Унија, во зградите се троши околу 40% од енергијата што овие земји ја произведуваат. 56

3

ПОРТА

25 јануари 2013


енергетска ефикасност Термографија

Состојбата на ЕЕ во Македонија

Во Македонија сè уште не се донесени правилници за ЕЕ. Сè што е постигнато во таа област се должи на индивидуални обиди и ентузијазам на поединци. Меѓутоа, тоа не нè ослободува од одговорноста да работиме на ова поле и да проектираме и градиме такви објекти со оглед на тоа што воведувањето на ЕЕ во областа на градежништвото во блиска иднина и кај нас ќе биде дел од законската регулатива.

на закуп на зграда или некој нејзин дел. Покрај енергетската оцена за зградата, енергетскиот пасош содржи и податоци за локацијата и климатските карактеристики на зградата и техничките системи, за енергетскте потреби и потрошувачката, како и список на потребни мерки за подобрување на ЕЕ. Меѓутоа, со оглед на тоа што новите згради сочинуваат мал дел во вкупниот фонд на згради, од аспект на заштедување на енергија и намалување на загадувањето, на ниво на Србија е многу поважно да се пристапи кон енергетска санација на веќе постоечките згради. Главен проблем, секако, претставува финансирањето на оваа санација, па затоа е потребно да се изнајдат финансиски модели кои ќе бидат широкот прифатени.

Станбено-деловната зграда во Нов Белград, на Булевар Зоран Џинџиќ 48а/б, е изградена во 2006 год. Секој стан има посебен довод и опрема за мерење на испорачаната топлинска енергија, а секој радијатор е опремен со термостатски вентили со кои се регулира температурата на просториите во станот. Измерените специфични потрошувачки на енергија почнувајќи од грејната сезона 2007/2008, па до грејната сезона 2010/2011 во зградата се: 88 kWh/m2, 72 kWh/m2, 66 kWh/m2 и 62 kWh/m2. Објектот е класично изграден, а најголема разлика во однос на другите објекти е во вградувањето на прозорците и дебелината на термоизолацијата. Видни губитоци се присутни само на споевите на серклажите што се изведени како

точкаста врска. Може да се забележи дека потрошувачката на енергија во однос на првата грејна сезона е намалана за 35%. Ова значително намалување на потрошувачката на енергија се должи на: промени на однесувањето на потрошувачите во поглед на користењето на топлинска енергија, регулирање на температурата во просториите што се користат поретко или кои не се користат подолго време, наплата според измерената потрошувачка месечно, а не паушално по м2 и примена на тарифен систем кој стимулира штедење на енергија Просечната потрошувачка на енергија во зградата за 2011 год. изнесуваше 62 kWh/m2 , во однос на просекот за системот на далечинско греење во Белград кој изнесуваше 140 kWh/m2, што претставува заштеда на енергија од 56%, а со самото тоа и помали месечни сметки. До сега во Србија се обучени преку 650 инженери: во јануарскиот испитен рок се положени првите стручни испити и се чека издавање на првите енергетски пасоши. Времето ќе покаже како примената на Правилникот во Србија ќе се одвива во практика и што е најбитно, како ќе тече обновата на фондот за градежништво за енергетска санација на постоечките објекти во овие економски прилики. Од аспект на стручните лица кои учествуваат во постигнувањето на ЕЕ, тоа не значи само подобрување на вградените компоненти: поставување на квалитетна столарија или зголемување на дебелината на термоизолацијата, туку и промена во процесот на проектирање и во односот кон локацијата. Тоа бара интегрално проектирање и формирање на тим од сите учесници во самиот почеток на проектот и нивна постојана соработка. 

3

25 јануари 2013 ПОРТА

57


пејзажна архитектура

Зеленилото како составен дел од сообраќајниците Како пример за проектирање на зеленилото, како составен дел од сообраќајниците, може да се земат стандардите пропишани од Американската асоцијација за автопатишта и транспорт (AASHTO). Филип Филипоски,

О

сновната цел на зелените површини, кои се составен дел од сообраќајниците, е да создадат поволни санитарно-хигиенски и микроклиматски услови, како и зголемување на естетскиот квалитет на градското живеење. Со

58

3

ПОРТА

25 јануари 2013

дипл.шум.инж.

правилно решавање на зелените површини долж сообраќајнците во градовите се збогатува просторната организација, и се надополнуваат сите околни објекти за целосно визуелно доживување на пејзажот. Зеленилото како составен дел на сообраќајниците се среќава на разделните ленти. По средните разделни

ленти доминантна улога може да има тревникот, цветни насади или ниска грмушеста вегетација, не повисока од 1,5 m на моменти испрекината, за да се има прегледност за случувањата во спротивната коловозна лента. Кај страничното разделно зеленило, кое служи како еден вид параван помеѓу коловозот и пешачката зона или станбените објекти, најчесто се подигаат линиски насади (дрвореди). Дрворедите претставуваат доминантно зеленило покрај булеварите. Тие можат да се сретнат како линиски насади од дрвја или комбинација од дрвја и грмушки. Во зависност од просторот што е на располагање, тие може да се планираат во поголем број комбинации: еднореден од едната или двете страни, еднореден во комбинација со еден ред грмушеста вегетација, еднореден во комбинација со повеќередна грмушеста вегетација и слично. За жал, кај нас сè уште нема законски пропишани стандарди за проектирање на зелени површини. Како пример


хортикултура

AASHTO прегледни триаголници

за проектирање на зеленилото, како составен дел од сообраќајниците, може да се земат стандардите пропишани од Американската асоцијација за автопатишта и транспорт (AASHTO). AASHTO (American Association of State Highway and Transportation Officials) води политика за геометриски дизајн на улици, а во своето најново издание на „Геометриски дизајн на улици и автопатишта“ од 2004 година, е разработена проблематика од аспект на зачувување на п��егледноста на раскрсниците, каде што посебен акцент е ставен на позиционирањето на кутиите за весници, кантите за отпадоци, паркинг местата и дрворедите. AASHTO ја препушта употребата на прегледни триаголници на улици, каде што

постојат дрвја на улиците, на архитектот на улицата. Со примена на овој начин на проектирање се постигунуваат неколку цели кои во голема мера му помагаат на архитектот, така што ниту еден објект не треба да биде поставен во рамките на прегледните триаголници, со што би се попречило видното поле на возачот. Исто така, се води сметка и на височината на видното поле да не биде попречено. Според одредени испитувања се довело до резултат дека видното поле треба да е чисто на висина од 3,5 стапки (106,7 cm). Според тоа, сите дрвја од дрворедите, паркирани коли и времени објекти, кои би ја попречиле висината од 3,5 стапки (висината на видното поле на возачот), треба да се отстранат од прегледните триаголници.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

59


светски изложби

Едвард Хопер Америка исполнета со меланхолија Целокупното творештво на Хопер може да се смета како една голема потрга за самиот себе. Можно е изолираноста на неговите ликови да ја пресликува неговата сопствена осаменост, како што говорел Монтењ во своите Есеи: „Кој се познава себеси, исто така ги познава и другите...“

В

о парискиот „Гран Пале“ до 28 јануари е отворена голема изложба на Едвард Хопер (1882-1967), еден од најголемите американски сликари на 20 век. На оваа ретроспектива се изложени 128 дела меѓу кои се масла, графики и акварели. Уште од самото отворање изложбата предизвика неверојатно интересирање забележувајќи и до 6.500 посетители дневно! Многу критичари на уметноста овој факт го објаснуваат со тоа што Хопер ја сликал Америка каква што им се допаѓа на Европејците, иако неговите дела се исполнети со меланхолија. Изложбата е поделена на два хронолошки дела: првиот дел е посветен на Хоперовите почетоци, на периодот поминат во Париз помеѓу 1906 и 1910 година, и сликите што ги создавал под влијание на импресионистите. Вториот дел е посветен на неговиот зрел сликарски период каде се изложени култни дела како што се: „Хотелска соба“, „Сина ноќ“, „Утринско сонце“, „Бензинска пумпа“, „Ноќни птици“ и ред други, во кои јасно се уочува строгоста на њујоршкиот минимализам. После студиите во Њујорк, Хопер го продолжил усовршувањето

60

3

ПОРТА

25 јануари 2013


„Гран Пале“, Париз во Европа. Иако во Париз бил под големо влијание на импресионистите (Дега, Реноар, Писаро), по враќањето во Америка се посветува на реализмот и станува главен претставник на правецот American Scene. Реализмот значи повлекување од авангардната уметност, како реакција на економската криза и општествените превирања во Европа и Америка. Хопер набрзо сфаќа дека неговата идеја за универзалност во сликарството е погрешна, затоа што на американската публика ѝ се потребни американски уметници. Во подоцнежниот период јасно може да се види влијанието на кубистите, особено на Мондријан и Ротко. Хопер ја имал таа среќа и несреќа во 1942 година да ја наслика Nighthawks („Ноќни птици“): жена, двајца мажи и келнер во осветлен бар во мрачна улица. Среќата е во тоа што благодарение на неа станал познат ширум светот и што таа слика станала амблем на целиот американски стил на живот. Од друга страна, негова несреќа е во тоа што таа слика е толку репродуцирана во сите можни облици (веројатно исто толку колку и Мона Лиза) што потполно изгубила на своето значење, оригиналност и симболика. Неговите теми се често осамени, безживотни, отуѓени и укочени ликови. Тој посебно се интересирал за сцените од животот на луѓето во американските големи градови или за типичните пејзажи од предградието, за да покаже како зад тие само наизглед совршени декори се кријат трагични човечки судбини и отуѓени луѓе. На неговите платна владеат мир и тишина кои ги поттикнуваат набљудувачите на медитација за она што навистина се случува зад реалистичкиот приказ на ситуациите. Исто така многу се впечатливи контрастите помеѓу силната светлина и острите сенки, кои даваат посебна атмосфера. На сликите, исто така, се важни прозорците без стакла што пружаат визија на надворешниот свет од внатрешноста на просторот или обратно. Многу познати кинематографи биле фасцинирани од Хоперовиот свет. Тој го инспирирал Хичког за филмот „Психо“, Дејвид Линч за „Син сомот“, Вим Вендерс за „Крај на насилството“, како и Вуди Ален, Џим Џармуш и Тим Бартон. Пол Остер и Норман Мајлер се книжевници кои отворено зборувале за инспирацијата што ја пронаоѓале во неговото сликарство. Целокупното творештво на Хопер може да се смета како една голема потрага за самиот себе. Можно е изолираноста на неговите ликови да ја пресликува неговата сопствена осаменост, како што говореше Монтењ во своите Есеи: „Кој се познава себеси, исто така ги познава и другите...“.

3

25 јануари 2013 ПОРТА

61


совети

Решение за стан со издолжена форма Имаме потешкотии во уредувањето на станот со издолжена форма во кој неодамна се вселивме. Помогнете ни да го организираме просторот. Веса и Методија Јанковски, Скопје

Д

вособниот стан е организиран така што мирниот дел - спалната соба и бањата се наоѓаат лево од влезот, а десно е просторот на кујната, трпезаријата и дневната соба кои се надоврзуваат еден на друг. Кујната е одделена од трпезаријата со пулт. Линијата на движењето непречено оди од тесниот ходник низ трпезаријата до дневната соба. На долгиот ѕид наспроти двоседот поставете модуларен систем од отворени касети. Спалната соба е навистина мала. Добро е да се опреми со тросед со механизам на расклопување. Наспроти него поставете гардеробен плакар и полици за книги. Бидејќи влезот од станот е недоволно осветлен, добро е вратата од спалната соба да е од пескарено стакло за светлината делумно да влегува во ходникот. Ако купувате нов мебел, изберете едноставни форми и што повеќе природни и топли материјали.

пред

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.,

bsavic@porta3.com.mk

потоа

62

3

ПОРТА

25 јануари 2013


најчудни градби

Kуќа на коски - најубавата станбена зграда на светот е Каса Батлјо, неофицијално меѓу граѓаните е позната како Каса дел осос или во превод „Куќа на коски“. Таквото име луѓето го извлекле од необичниот дизајн на објектот, кој заради специфичните потпирачи на терасите, остава впечаток на скелет, или на коски кои ја држат целата зграда. Оригинално била дизајнирана за семејства од средната класа кои во тоа време се населувале во овој просперитетен дистрикт на Барселона. Приземниот кат е импозантен со оглед на широката пешачка патека и тротоар пред влезот, како и на овалните и тркалезни форми на прозорци кои се вклопени во заоблените ѕидови. Се чини дека Гауди имал намера да ги избегне класичните аглести форми на ѕидови или рамки за прозорци, а за да се долови впечатокот, фасадата е декорирана со искршени парчиња на керамички плочки во различна боја. Самиот кров изгледа како еден вид грб на змеј, а кружните расфрлани форми на плочки на задниот дел од фасадата се еден вид продолжување или имитација на кожата на змејот. Затоа и керамидната структура има триаглеста форма, во стилот на крлушките на змејот. Втората варијанта на одговорoт на прашањето зошто овој тип на кров е еден вид урбана приказна, според која Гауди го дизајнирал кровот како рефлексија на неговото родно место, односно го посветил на патронот на Каталонија, Свети Ѓорги.

Драган Ристов

Затоа кровот има изглед на грб на змеј, додека издигнувањето на куполестиот крст го симболизира копјето на Свети Ѓорги, со кое е прикажан на иконите како го убива змејот. Предната фасада е составена од три сегменти, кои се одлично инкорпорирани меѓу себе. Кровот е првата содржина со многу колоритни елементи, додека приземниот до кровниот дел е вториот сегмент кој се карактеризира со овални тераси и потпирачи во вид на коски. Овој дел изобилува со искршени плочки, со што се симболизира езеро со немирни линии односно бранови. Самиот врв или кров изгледа како круна со веќе напоменатата содржина за змејот. Постои уште едно кубе спротивно од крстот, кое пак според легендата ги симболизира Исус Христос, Марија со двојна круна и Јозеф. Сите тие се украсени со искршени керамички плочки и со монограми на секој од овие лица. Доминираат и жолтеникави плочки, кои симболизираат злато. Овие симболи ја покажуваат и длабоката религиозност на Гауди. Освен надворешноста која се одликува со многу специфики и симболизам, ништо помалку чудна и величенствена не е внатрешноста на објектот. Речиси во исти стил, со уште пораскошно искористување на овалните сегменти, искршените плочки и заоблените тавани можат да се видат посебно под кровната конструкција, но и меѓу катовите.

Л

оцирана во градот Барселона, а изградена во 1877 година, Каса Батлјо се смета за една од најубавите станбени згради во цел свет. Екстраваганцијата на овие апартмани е толку интересна, живописна и привлечна, што и по 136 години е доказ за брилјантните умови на некои архитекти. Градежниот дизајн е со потпис на Антони Гауди, а му асистирале Доменек Суграњес, Жозеп Каналета и Жоан Рубио. Оваа тројка подоцна ќе стави потпис на рес��аврирањето на објектот, што ќе се случува во периодот 1904-1906 година. Иако официјалното име на комплексот

3

25 јануари 2013 ПОРТА

63


излог 1

1. Корејскиот дизајнер Kim Myung Hyun дизајнира мебел кој предизвикува визуелно задоволство и воедно ефикасно искористување на просторот. 2. Alexander Nettesheim e дизајнерот на оваа софа за германскиот производител Bretz. 3. Конзолна маса направена од мермер и карбон-фибер дизајнирана од швајцарскиот дизајнер Cia Tschenett. 4. Висечки лустер од Швеѓанецот Johan Lindsten дизајниран за фирмата Capellini, чија инспирација доаѓа од нуклеарниот инцидент во Фукушима. 5. Часовници за на маса, изработени од керамика, во конусна форма инспирирана од сламената шапка која ја носат азиските луѓе, како и од фукнционален аспект чија наваленост овозможува полесно читање на времето. Дизајнот е на миланското студио Klass за Diamantini&Domeniconi. подготви: сандра доНчЕвА тЕоХАровА, дипл.инж.арх.

64

3

ПОРТА

2 25 јануари 2013


излог 3

4

5

3

25 јануари 2013 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 01/2013

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 05/2013

ОПШТИНА КАРПОШ

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА 110 КВ ДАЛНОВОД ОД ТС 20/110 КВ ВО ПВЕ БОГДАНЦИ, ДО ТС 110/35/10 КВ ВАЛАНДОВО, КО ВАЛАНДОВО ВОН Г.Р. КО БОГДАНЦИ ВОН Г.Р. И КО КАЗАНДОЛ

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БРОЈ 09/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 02/2013 ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 03/2013 УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИСИНАТА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА ПОСЕБНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ОПШТИНА СТРУГА ИСПРАВКА НА ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ Б2 СТРУГА, СО НАМЕНА А1- ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ И СО НАМЕНА Б5- ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКСИ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 01/2013 Назив на договорниот орган: Министерство за здравство, ул. “50-та Дивизија“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведба на градежни и градежнозанаетчиски работи за изградба на објект за позитронска емисиона томографија – ПЕТ Центар Скопје. Контакт тел/факс: 3129-006, 3113-014, лице за контакт: Емилија Белопета. Пријавите за учество да се достават најдоцна до 28.02.2013 година.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 04/2013 ОДЛУКА ЗА ПРЕДАВАЊЕ НА НЕДВИЖНОСТГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ВЛАДЕНИЕ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

66

3

ПОРТА

25 јануари 2013

ОДЛУКА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА, СЕПАРИРАНА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА СО ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА СТАНБЕНИ УЛИЦИ ВО ВИКЕНД ЗОНАТА ВРШНИК ВО ОПШТИНА КРУШЕВО И ИЗГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ЗА ДЕЛ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО ОПШТИНА СОПИШТЕ-РЕГИОНАЛЕН ВОДОВОД ПАТИШКА РЕКА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЕМК ДООЕЛ МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ СКОПЈЕ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ ПРАВО НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА – СКОПЈЕ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА Г.Р.П.Л. 1.2. СО НАМЕНА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС Б5, ВО КО ПОРОЈ, ОПШТИНА ТЕТОВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ, ПРОЕКТИ И ДРУГИ АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2013 ГОДИНА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 2/2013 Назив на договорниот орган: Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување на градежни, градежно-занаетчиски, ентериерни и инсталатерски работи на објект Голема концертна сала за Македонска Филхармонија. Контакт тел/факс: 02 3240-519, 02 3226-920, лице за контакт: Јулијана Угриноска. Јавно отворање на понудите на ден 25.02.2013 год.

БРОЈ: 02-01/2013 Назив на договорниот орган: ЕВН Македонија АД- Скопје, ул. “11-ти Октомври“ 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција и доградба на деловен објект. Контакт тел/факс: 3205-000, 3163-246, лице за контакт: Слаѓана Николиќ – Николовска. Јавно отворање на понудите на ден 09.04.2013 год. БРОЈ: 08/2013 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинденска 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на подземна сообраќајница од бул. Кузман Јосифовски – Питу со раскрсница со ул. “Никола Карев“ до бул. Кочо Рацин, од бул. Кочо Рацин преку кеј 13-ти Ноември и раскрсница со бул. Илинден и бул. ВМРО и трасата на сообраќајниот коридор до бул. Партизански Одреди преку бул. ВМРО и дел од бул. Илинден. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова. Јавно отворање на понудите на ден: 10.06.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 07/2013 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 106 (10.01.2013) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА КАТНА ГАРАЖА СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 105 (10.01.2013) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ ЕДИНИЦИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

ГРАД СКОПЈЕ ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА, УПРАВУВАЊЕ, КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА СКИ ПАТЕКА НА ВОДНО КОЕ СЕ ОСТВАРУВА КАКО КОНЦЕСИЈА ЗА ЈАВНА РАБОТА БР. 003/2013

БРОЈ: 1/2013 Назив на договорниот орган: Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проектна документација за изградба и реконструкција на објекти во комплексот на Казнено-поправната установа Затвор Скопје (Општина Шуто Оризари). Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска. Јавно отворање на понудите на ден 18.02.2013 год.

БРОЈ: 2/2013 Назив на договорниот орган: Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба и реконструкција на објекти во комплексот на Казнено-поправен дом Идризово (Општина Гази Баба, Скопје). Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска. Јавно отворање на понудите на ден 18.02.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 08/2013 ОПШТИНА ПРИЛЕП ПОНИШТУВАЊЕ НА ОБЈАВА БР. 9 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА КОНКУРС ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 1/2013 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на идејно решение за изградба на парк. Идејното решение за изградба на паркот, учесникот на конкурсот го изработува согласно проектната програма составен дел на документацијата за конкурсот. Конкурсниот труд треба да ги содржи сите елементи предвидени во Проектната програма, составен дел на документацијата за конкурсот. Местоположба на паркот: Локалитетот опфатен со детален урбанистички план Ново Лисиче УЕ Г, подетално определен во проектната програма. Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 11.03.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 09/2013 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕРАБОТКА, ТРЕТМАН И/ИЛИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ОТПАД, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ДОЗВОЛАТА КАКО И МИНИМАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА ПРЕРАБОТКА, ТРЕТМАН И/ ИЛИ СКЛАДИРАЊЕ НА ОТПАД ПРАВИЛНИК ЗА МИНИМАЛНИ БАРАЊА ЗА ОДВОЕН ТРЕТМАН НА ОТПАДНАТА ОПРЕМА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ДЕЛОВИТЕ НА ОТПАДНАТА ОПРЕМА, КАКО И МИНИМАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОТПАДНАТА ОПРЕМА КОЈА ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ИНСТАЛАЦИЈАТА ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНА ОПРЕМА


10 години со Вас

Скопје - Под Водно Квалитетот што не се гледа со човечко око е вистинска вредност за сигурен и траен дом... АДОРА Инженеринг - Скопје е водечка компанија во високата градба во Македонија. Во 10 годишното постоење, создадовме енергетски стан што долгорочно Ви штеди пари. Квалитетот и сигурноста не искачија на 20-тото место меѓу најуспешните и меѓу 5-те најбрзорастечки компании во Република Македонија. Во еднодеценискиот развој, АДОРА Инженеринг изгради 26 елитни објекти со 1.500 станови и стотици луксузни деловни простории низ Македонија. Гордост на нашиот градежен бренд се еко објектите со препознатливата архитектура и врвниот квалитет, изградени по меѓународните стандарди. Ние сме лидер во градежништвото за брза, цврста и безбедна градба и во воведувањето на светските технологии и трендови. За нас квалитетот е тоа што не се гледа со човечкото око, како што се цврстиот темел, безбедната и асеизмичката градба. Во Скопје изградивме станбено-деловни објекти во Карпош, Центар, Црниче, Под Водно, Ѓорче Петров, Аеродром и Ново Лисиче. Круна на нашето работење е новиот висококвалитетен елитен објект Под Водно, во строгиот центар на Скопје, идеално место за урбано - спокоен живот. Во туристичкиот и културен бисер Охрид, нашиот репрезентативен објект во Билјанини Извори е одлично место за одмор и рекреација со прекрасна панорама и развиена инфраструктура. Сите патишта низ Струмица почнуваат, минуваат и завршуваат кај нашиот станбено-деловен објект Парк-Струмица. Купете стан во Адора Инженеринг преку проектот „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“.

Со купен стан, добивате вредна награда! Охрид-Билјанини Извори

Скопје-Аеродром-Ново Лисиче

Скопје-Аеродром-Ново Лисиче

Скопје-Карпош

Само делата се вистина! www.adora.com.mk +389 2 30 93 200 // info@adora.com.mk

Струмица-Парк


Porta3 199