Porta3 broj 193

Page 59

аРЕНа БаНКОK ФУТСаЛ - БаНКОК, ТаЈЛаНД

спортски храмови

Тајланд изгради футсал арена со 5 ѕвезди сашо кузмАНовски рвата специјализирана арена за футсал (мал фудбал) се очекува деновиве и официјално да ја има својата промоција. Главниот град на Тајланд, Банкок, се подготвува и за последната ФИФА инспекција по која ќе може да ја предаде во употреба арената со 5 ѕвезди, специјално градена за организирање на футсал натпревари, спорт кој на азискиот континент е еден од водечките на листата на популарноста. 7. Светско првенство во футсал од 2 ноември треба да стартува во оваа земја, а арената Банкок футсал ќе биде централниот спортски објект каде ќе се играат главните натпревари. Со капацитет од 12.000 места, оваа спортска убавица ќе им пркоси на сите спортски објекти кои веќе се изградени во овој дел на планетата. Распослана на 8-хектарска парцела во комплексот Bangkok Metropolitan Administration, во местото Нонг Чок, новата арена е долга 132 метри, а широка 116 метри. За екологистите е значајна бидејќи ќе биде првиот „енегетски свесен“ спортски објект изграден во Тајланд. Зад потписот на дизајнот стојат архитектите од Универзитетот за технолошки науки „Кинг Монгкут“ од Тонбјури. Височината на трибинскиот простор ќе биде цели 25 метри, но системот на градба ќе дозволува максимален преглед на секоја позиција на игралиштето од сите делови на трибините. На покривот ќе бидат поставени соларни панели, кои

П

ќе обезбедуваат 75% од потребите за осветлување во арената, со што значително ќе биде обезбедена заштеда на енергија. Целиот објект ќе доминира во природното опкружување, а за да се задржи текстурата на природата, покривот и столчињата на трибините ќе бидат во боите и дизајнот на специфичната зелена салата, која ја има во овој дел од светот и е специфична за областа Нонг Чок. Арената ќе има специфичен систем и на природна вентилација, без користење на механички систем. Таа ќе има проток на надворешен воздух во внатрешноста на објектот како резултат на промена на притисокот или разликата во температурата. Системот како таков е идеален за Тајланд.

ФаКТИ За аРЕНа БаНКОК ФУТСаЛ Банкок, Тајланд Капацитет: 12.000 места Период на изградба: 2010 - 2012 Должина: 132 м Широчина: 116 м Височина на покрив: 34 м Дизајн: King Mongkut University of Tehnology Инвеститор: Sports Autority of Thailand

19 октомври 2012 ПОРТА

3

59


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.