Issuu on Google+

Што се случи со Музејот на современа уметност во Белград? ДЕВОЈКАТА ОД БРОНЗА НА „МИЗАР“ СТАНА ОБЕТКА

90 денари / БРОЈ 193 / ПЕТОК 19.10.2012 година VIII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

СКОПСКА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРАТА

ГРАДОТ Е НАРОДОТ ШТО ЖИВЕЕ ВО НЕГО


рубрика

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 2 ПОРТА 19 октомври 2012

3


ГОДИНА VIII

БРОЈ 193 ПЕТОК 19.10.2012 ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, еден од најпознатите финансиски светски центар, Цирих со години се вреднува како град со највисок стандард за живеење во светот. Цирих-Запад претставува еден од неговите дистрикти, кој е во постојан развој, локација која во минатото била сведок на индустриската револуција, денеска референтна точка за гастрономија, уметност, дизајн, танц, култура и архитектура. Архитектонски објекти кои се стремат кон иднината. Прв текст на нашиот нов дописник од Англија, архитектот Драгица Фаррен. „Уметност стопена во хуманост“ - станува збор за Академијата Велингтон. Дизајнот на овој објект е на групацијата БДП од Лондон. Ако сакате да ги носите Пит Мондријан и Марк Ротко како моден додаток или можеби да ставите брош кој шеговито го претставува цртаниот лик „Сунгерот Боб“, тогаш треба да ги погледнете колекциите на накит на Глигор Кузмановски. Историчар на уметност, кој дрвото го обликува во накит, кој умее да ви раскаже приказни.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: LOTUS HOUSE , ИСТОЧНА ЈАПОНИЈА Што се случи со Музејот на современа уметност во Белград? ДЕВОЈКАТА ОД БРОНЗА НА „МИЗАР“ СТАНА ОБЕТКА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 193 / ПЕТОК 19.10.2012 година VIII

Колку сме свесни за просторот во кој секојдневно се движиме, за архитектурата, за урбаните и социолошките аспекти на градовите како наши домови, но и делови од светската градителска сфера? Со вакви размисли излеговме од Скопската недела на архитектурата – Суперград 2.0., која изминатата недела се одржа на повеќе локации низ градот. На неа учествуваа врвни светски архитекти од Австрија, Грција, Словенија, Португалија и од други земји, меѓу кои и добитникот на наградата за животно дело во архитектурата – Јапонецот Кенго Кума, признание иницирано од самите организатори на манифестацијата. Прошетката низ Музејот на современа уметност во Белград буди измешани чувства. Уште од првиот момент може да се види и почувствува комплексноста на внатрешниот простор, а во исто време тука е и чувството на немоќ, зашто мебелот е многу стар, нема музејски експонати, ѕидовите се трошни, дрвенаријата избледела... Оттука и прашањето што се случи со МСУ во Белград? Како најголем индустриски и комерцијален град во Швајцарија и

Редакција:

СКОПСКА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРАТА

ГРАДОТ Е НАРОДОТ ШТО ЖИВЕЕ ВО НЕГО

лектор: Костадинка СОЛЕВА

26

СКОПСКА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРА – СУПЕРГРАД 2.0. ГРАДОТ Е НАРОДОТ ШТО ЖИВЕЕ ВО НЕГО

ГРАДЕЖНИШТВО 15 НОВИ ИДЕИ ЗА ЕКОЛОШКА ТЕРМИЧКА ИЗОЛАЦИЈА

УРБАНИЗАМ 22

15 42

АРХИТЕКТУРА 26

Маркетинг:

ЕНТЕРИЕР 42

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ПРОСТОРНА ИНКА КОН ЕЗЕРОТО

48

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ИНТЕРВЈУ 48

ГЛИГОР КУЗМАНОВСКИ: ДЕВОЈКАТА ОД БРОНЗА НА МИЗАР СТАНА ОБЕТКА

СВЕТСКИ ГАЛЕРИИ 50 ТРЕТЈАКОВКА - СТАТУС НА ПРЕСТОЛНИНАТА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати:

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ВО БЕЛГРАД?

ТЕХНОЛОГИИ 44

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

ТРАНСФОРМАЦИЈА СО НОВИ ИДЕНТИФИКАТОРИ

ШАНСА ЗА УКОТВУВАЊЕ ВО БИЗНИСОТ НА AUTODESK

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ

Архитект: КЕНГО КУМА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

АРХИТЕКТУРА 10

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

50

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Градилиште спроти „Бристол“ еренот спроти хотелот „Бристол“, каде што ќе се градат двете десеткатници за државната администрација, почна да се расчистува. Веќе се исечени над педесет дрвја за почеток на градежните активности. Избраното идејно решение е на архитектите Никола Стакинов, Лазар Димов и Живка Христова, а новата административна зграда ќе се гради во неокласичен стил со примеси на модерни материјали. Изградбата на едната десеткатница ќе ја финансираат седум институции, кои треба да се вдомат во новиот објект висок 29 метри. Тука ќе се сместат Централен регистар, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија, Регулаторна комисија, М-НАВ, дел од АД за стопанисување со станбен и деловен простор и Фонд за осигурување на депозити. Веднаш до овој објект, ќе се гради уште една десеткатница за потребите на фирмата ЕЛЕМ, но градежните работи за оваа зграда до крајот на годинава не се најавени. К.С.Т.

Т


инфо

63 години градежен факултет – Скопје

Центар за развој на научната мисла Градежните компании да се ангажираат за доделување стипендии на студентите на Градежниот факултет, нивно преземање на практична работа и вработување радежниот факултет во Скопје одбележа 63 години од неговото основање. Во присуство на повеќе високи гости, министерот за култура Елизабета Канческа Милевска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, првите луѓе на ректоратот на УКИМ, Стопанската комора на Македонија, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, факултети и институти, претставници на градежните компании, учесници во фондацијата за стипендирање при Градежниот факултет, професори на факултетот и други гости, деканот на Градежниот факултет Милорад Јовановски истакна дека Градежниот факултет во Скопје е еден од двата најстари технички факултети во Р. Македонија и еден од неколкуте факултети кои го оформија Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во 1949 година. - На денешен ден, пред 63 години, започна наставата на тогашниот Технички факултет со два оддела, градежен и архитектонски, на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Со отпочнувањето на студиите по градежништво се оствари стремежот на македонскиот народ, на највисоко едукативно и стручно ниво да ја заокружи својата вековна градителска традиција. Во целокупниот приод на дејствување Градежниот факултет претставува центар за развој на научната мисла и стручната практика од областа на градежништвото и геодезијата во Македонија - рече Јовановски. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во своето обраќање пред присутните, истакна дека Владата на Република Македонија во изминатиот период преку низа активности го

Г

Благоја Дончев и Милорад Јовановски

стимулира образовниот процес на сите нивоа, со цел дополнителен развој на сите сфери од науката и инженерството. Тој ги повика претставниците на градежните компании да се ангажираат за доделување стипендии на студентите на Градежниот факултет, нивно преземање на практична работа и вработување. Јанакиески ја изрази својата благодарност за добрата долгогодишна соработка со Градежниот факултет во Скопје, и истакна дека реализирајќи голем број на проекти во делот на патната инфраструктура, проекти за рехабилитација на железничкиот сообраќај, гасификацијата на државата, усогласување и имплементирање на законската регулатива, како и во многу други сегменти, едноставно се покажа дека добрата соработка помеѓу двете институции дава одлични резултати. На свеченоста беа доделени стипендии на 46 студенти од Градежниот факултет, од кои 10 се доделени од страна на УКИМ, додека другите од факултетот. Исто така, беше доделена и наградата од АД ФАКОМ Скопје, на дипломецот Светомир Русевски за најдобро изработена дипломска работа од областа на челичните конструкции ПОКРИВНА ЧЕЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ СТАДИОН.

првата „Молекула“ за градежниот факултет Генералниот директор и претседател на УО на АДИНГ, Благоја Дончев, на свеченоста го врачи признанието „Молекула“ на деканот на Градежниот факултет, Милорад Јовановски. Ова признание се доделува за прв пат и е востановено со одлука на Управниот одбор на компанијата. Станува збор за пригоден подарок, награда – признание „Молекула“, симболот на АДИНГ, уникатна рачна изработка. Таа награда ќе се доделува како признание за долгогодишна соработка на институции, компании и поединци, кои придонеле во развојот на компанијата. Наградата на Градежниот факултет од Скопје му е доделена како институција со која компанијата негува традиционално добра соработка и која е од најголемо значење за развојот на градежништвото, градежната индустрија и професионалните кадри во Република Македонија. 19 октомври 2012 ПОРТА

3

5


инфо

Светски инженерски форум во Љубљана Миле ДиМитровски Машински факултет при УКИМ

о Љубљана, Словенија, од 17 до 21 септември се одржа Светскиот инженерски форум за одржливо градежништво. На свеченото отворање на форумот, до учесниците и гостите се обрати и д-р Данило Турк, претседател на Република Словенија. Во рамките на форумот се одржаа посебни сесии и тоа за градови и урбана средина, одржлива инфрструктура, управување со ризици при катастрофи и сесија за зелени објекти. Во рамки на сесијата градови и урбана средина, што се одржа на 18 септември, д-р Страхиња Трпевски од Архитектонскиот факултет во Скопје одржа предавање за предизвиците на патот кон одржливото градежништво за земјите со кандидатски статус за ЕУ. На сесијата за управување со ризици при катастрофи беа опфатени теми од градежното инженерство и намалувањето на сеизмичките ризици, пропагирањето на поплавни бранови и мерки за заштита од нив, влијанијата на океанските цунами, влијанието на образованието и научните истражувања за безбедноста на нуклеарните централи и друго. Д-р Yumio Ishii од Јапонија предаваше за штетите и оценката на инвестициите при интегрираното управување со ризиците кај катастрофите, а д-р Vilas Mujumdar од САД се осврна на осознавањето на ранливоста на критичните инфраструктурни системи за намалување на влијанието на природните катастрофи на општеството,

В

нагласувајќи дека мерењето на ранливоста е тешко. Во рамките на сесијата за зелени објекти предавачите се осврнаа на еколошките објекти, енергетски ефикасните згради, нивното проектирање, изградба и одржување. Како предавачи се претставија автори од повеќе земји ширум светот, од кои најбројни беа предавачите од балканските земји како од Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска и други. На форумот присуствуваа и претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и тоа потпретседателот на Управниот одбор на Комората, Гајур Кадриу, претседателот на Собранието на Комората, Реџеп Асани, и неколку други членови, кои имаат интерес и допирни точки со темите на сесиите на форумот.

Дел од учесниците на собирот од Инженерската комора на Македонија


предаден во употреба Станбено-деловниот објект Скопје - под водно

инфо

Уште еден градителски успех на АДОРА Инженеринг Сместен во срцето на метрополата, непосредно под падините и природните убавини на Водно, овој грандиозен објект на 9 ката, со модерни подземни паркинзи на три нивоа, нуди идеални услови за модерно, урбано и релаксирано живеење о пригодна свеченост во присуство на голем број купувачи, деловни партнери и гости, компанијата АДОРА Инженеринг одбележа уште едено големо достигнување во својата десетгодишна успешна градителска приказна. По неодамна пуштениот во употреба станбено-деловен објект во Охрид, овој пат свечено беше предаден во употреба

С

елитниот станбено-деловен објект Скопје - Под Водно. Обраќајќи им се на присутните на свеченоста, сопственикот на АДОРА Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец истакна дека елитниот станбен објект Скопје - Под Водно е изграден на градежно земјиште купено на транспарентна јавна лицитација, за што се платени 1.650.000 евра за локацијата од 4.500 м2, а за комуналии околу 1.500.000 евра. Во овој капитален објект е направен финансиски економски обрт од околу 30 милиони евра во двете насоки, вградени се 15.000 м3 бетон и 1.500 тони железо за изградба на 143 елитни високовалитетни станови, со 800 м2 атрактивен деловен простор и 230 паркинг места. Како и сите градби на оваа компанија и овој објект е со гарантирана асеизмика, станови кои се безбедни, цврсти, изградени со врвен квалитет по најновите светски стандарди, технологии и иновации за квалитетно домување и енергетска ефикасност, штедат енергија и пари и ја заштитуваат животната средина, што е посебно важно во време на криза, во кој било период од годината. Сместен во срцето на метрополата, непосредно под падините и природните убавини на Водно, овој грандиозен објект на 9 ката, со модерни подземни паркинзи на три нивоа, нуди идеални услови за модерно, урбано и релаксирано живеење. 19 октомври 2012 ПОРТА

3

7


градежништво

Глобалниот глас на консалтинг инженерите Во FIDIC членуваат национални асоцијации од 94 земји од светот, но за жал на листата на членки ја нема Македонија. Таа e меѓународна федерација на национални асоцијации на независни консалтинг инженери, кои се однесуваат според FIDIC кодот на професионалниот статус, независност и компетенција. трајче стојанов дипл.инж.арх.

IDIC типските договори се едни од најпопуларните во светот. Тоа ја прави и FIDIC прилично популарна професионална асоцијација. Во неа членуваат национални асоцијации од 94 земји од светот, но за жал на листата на членки ја нема Македонија. Да биде уште пожално, на листата се наоѓаат земји од третиот свет, како Палестина, Мозамбик, Суринам, Тринидад и Тобаго. Македонија е една од ретките земји во Европа без членство во FIDIC (покрај Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Молдавија, Малта). Ова се доволно причини за мобилизација на инженерскиот кадар во земјава со цел обединување во нова или веќе постоечка асоцијација која ќе го земе приматот на национална асоцијација на консалтинг инженери и ќе аплицира за членство. За волја на вистината, извори од FIDIC велат дека постојат поединци, компании и асоцијации од земјава, но и од странство, кои изразиле желба да формираат национална асоцијација во Македонија со цел влез во FIDIC.

F

ШТо е FIDIC? FIDIC е меѓународна федерација на

8

ПОРТА

3

19 октомври 2012

национални асоцијации на независни консалтинг инженери, кои се однесуваат според FIDIC кодот на професионалниот статус, независност и компетенција. Акронимот FIDIC е француска скратеница од Fédération Internationale Des Ingénieurs-Conseils, или во превод Mеѓународна федерација на консалтинг инженери. Oрганизацијата има француски наслов поради фактот што трите земји основачи, Белгија, Франција и Швајцарија се од франкофонско или делумно франкофонско говорно подрачје. Историјата вели дека FIDIC е основан на 22 јули 1913 година од страна на пет национални асоцијации на независни консалтинг инженери од трите земји основачи. Идејата се родила како резултат на истражувањата за Светската изложба во 1913 година во Гент, Белгија, кога група независни консалтинг инженери заклучиле дека е потребно да формираат глобална федерација со цел промовирање и ширење на информациите и професионалните интереси на членките. Основачките принципи биле: квалитет, интегритет и одржливост. На иницијалниот состанок присуствувале 59 делегати од 12 земји. Трите земји, Белгија, Франција и

Швајцарија го преземале водството и одлучиле да формираат федерација, додека другите учесници задржале пасивен, провизорен статус. Светот растргнат од светските војни не понудил услови за особен развој на федерацијата, сè до крајот на војната, во 1945 година кога започнал трендот на зголемување на бројот на членови. Ако дотогаш членки биле европските земји, неколку години подоцна се приклучуваат највлијателните земји од неколку континенти (меѓу кои и САД, Австралија, Канада, Јужно Африканска Република итн.) со што федерацијата добива на значење, но и влијание. Активностите на федерацијата се однесувале на размена на идеи, но и креирање на различни типски договори за услови за изградба, семинари, курсеви и слично. Низ годините, FIDIC прерасна во вистинска глобална организација, доволно голема и моќна да се носи со големите и влијателни национални асоцијации од Западниот свет кои имаат слични начела и активности (и секако се борат за превласт во светот). Сепак, FIDIC се чини го има приматот. Доказ се големиот број финансиски институции (Светска банка итн.), владини агенции, мултинационални компании кои своите инвестициски проекти ги реализираат исклучиво под FIDIC Условите за договор. FIDIC стана


градежништво

„глобалниот глас на консалтинг инженерите“. Седиштето на FIDIC е во Светскиот трговски центар во Женева, Швајцарија. Се води од страна на главно волонтери од целиот свет. FIDIC е особено познат по палетата на типски договори, популарно наречени според бојата на насловната корица: • Црвена книга: Услови за договор за градежни работи • Жолта книга: Услови за договор за постројки и проектирање-изградба • Сребрена книга: Услови за договор по принцип клуч на рака • Зелена книга: Кратка форма на договор итн. Во издание на Арс Ламина од Скопје, а во рамки на проектот 1.000 книги, веќе имаме преведени на македонски

дваесетина наслови, изданија на FIDIC. Тоа е одлична појдовна точка за примена на овие договори во услови кога сè повеќе тендери налагаат користење на FIDIC типските договорни форми.

ЈубилеЈ Следната, 2013 година се навршуваат 100 години од основањето на федерацијата. Разбирливо, се планираат соодветни пригодни свеченост�� и низа активности. Но во планот, федерацијата зацртала дека ќе се обиде да привлече дополнителни членки за да дојде до бројката од 100. На тој начин ќе се покаже дека FIDIC успеала да ги реализира основачките цели. Последните податоци велат: 94 земји членки распространети низ цел свет и 60.000

консалтинг компании кои работат на проекти вредни 400 милијарди долари. Бројките се импресивни, но федерацијата смета дека сè уште има простор за дејствување. Сепак, годишно инвестициите во светската инфраструктура се околу 6.000 милијарди (6 трилиони) долари како резултат на професионалните услуги од консалтинг инженерите, што претставува 15. поголема бројка од онаа што е остварена. Во 2013 година се најавуваат и нови книги/документи во издание на FIDIC. Секако, главниот настан ќе се одржи во септември 2013 во Барселона, Шпанија. Дводневната конференција, со наслов „Квалитетот на животот – наша одговорност“, ќе содржи низа активности, меѓу кои и дебати за глобалните предизвици. Деталите можат да се погледнат на www.fidic2013.org. Како дел од свеченоста ќе бидат прогласени најдобрите постигнувања во областа во последните 100 години во неколку категории: • проект за најголем објект во последните 100 години; • најголем градежен проект во последните 100 години; • водечки консалтинг инженери во последните 100 години. Право да номинираат имаат членките на федерацијата, додека крајниот рок истекува на 31 октомври 2012 година. Засега овие активности се далеку од нашите очи. Да се надеваме дека 2013 година ќе ни се посреќи, па ќе имаме национално тело кое ќе биде рамноправен член на FIDIC.

19 октомври 2012 ПОРТА

3

9


aхитектура

СкопСка недела на арХитектурата – Суперград 2.0.

Градот е народот што

На архитектонската манифестација, која се одржа минатата недела во МОБ, учествуваа врвни светски архитекти од Австрија, Грција, Словенија, Португалија и од други земји, меѓу кои и познатиот Кенго Кума, добитникот на наградата за животно дело во архитектурата и урбанизмoт, признание иницирано од организаторите на манифестацијата. кате антевска олку сме свесни за просторот во кој секојдневно се движиме, за архитектурата, за урбаните и социолошките аспекти на градовите како наши домови, но и делови од светската градителска сфера? И уште повеќе, колку сме свесни за недостатоците на урбаниот пејзаж и за потребата од корекција на неговите клучни и критични точки? До каде сме ние во однос на светот? Со вакви размисли излеговме од Скопската недела на архитектура – Суперград 2.0., која изминатата недела се одржа на повеќе локации низ градот, во Македонската опера и балет, Маџир Маало, Градски зид и отворениот простор зад „Сити галери“. Врвни

К

10

ПОРТА

3

19 октомври 2012

светски архитекти и архитектонски студија од Австрија, Јапонија, Грција, Словенија, Португалија и од други земји го кажаа својот збор пред бројната домашна публика. И не само докажани предавачи туку и студентите, што беа дел од работилниците, му дадоа посебен шарм на архитектонското случување, покажувајќи дека младешкиот ентузијазам може да биде исто толку продуктивен колку и умот на докажаните професори. Меѓународната студентска работилница, со наслов „Скопје лабораторија 1.0“, беше менторирана од страна на австриски и швајцарски професори, а во неа активно учествуваа студенти по архитектура од повеќе универзитети од земјава и Европа. Финалните резултати во форма на презентација беа

претставени пред пошироката публика во рамките на официјалната програма. Сè на сé, тивка и пријатна работна недела со многу заклучоци, кои почнаа да се одгласуваат уште на самото отворање. Австрискиот професор Ерих Рајт, раскажуваше за градот Охрид, кој го посетил пред две години. Toj вели дека речиси не постои разлика помеѓу традиционалното и модерното и дека денешната модерна архитектура го задржува духот на историјата и традицијата. Современите објекти, како што вели тој, секогаш произлегуваат од дизајнот и изразот на традиционалните објекти. - Светлината, одблесокот од езерото, совршено испланираните скалести патеки, течењето на


архитектура

живее во него Jaпонскиот архитект Кенго Кума, добитник на наградата за животно дело во архитектурата на Скопската недела на архитектура 2012

Дрвена куќа, Њуканан, САД

водата по уличките и олуците создаваат мелодија. Автентичноста и просторната поставеност на Охрид, се работи кои му даваат шарм на овој град - вели Рајт. Тој се залага за оригинали наспроти имитации, односно копии при структурирање на урбаната форма, градот и објектот. Вели дека интересен е фактот за постоењето на јапонски имитации или копии од европските градови. Такви примери се холандските градови и холандската архитектура. - Идејата секогаш „преживува“ преку нејзина трансформација - вели Рајт. Тоа е компарација помеѓу формата и обликот на една типична охридска куќа протолкувана преку дизајн од уличното осветлување. Предавањата за светските архитектонски објекти и анализите на градот Скопје беа клучните тематски точки. Како што рекоа и организаторите, овој настан носи архитекти од цел свет, и има цел да го донесе духот на современоста во архитектурата, но и да го зацврсти ставот кај архитетектонската фела за Скопје и за неговото место во светот. Скопје беше главна тема и на тркалезната маса на која учествуваа повеќе странски архитекти и универзитетски професори кои, меѓу другото, го коментираа проектот „Скопје 2014“. Маркус Томасели, универзитетски професор од Институтот за урбан дизајн и пејзажна архитектура при Техничкиот универзитет во Виена, го именува прокетот како декорирање на Скопје, додека архитектот Харис Пиплас, претставник на „Урбан Тинк Тенк“ од Цирих, вели дека архитектурата претставува материјализација на состојбата во едно општество, забележувајќи дека токму такви се проектите што во моментов се реализираат во градовите Скопје, Тирана, Сараево и Белград. - Примерот со Скопје е ист како и во случајот со интензивниот развој на Шангај и на размислувањата на неговите жители кои терминот „јавно учество на граѓаните“ во ваквиот развиток го дефинираат како објавување на новите урбанистички планови на интернетстраницата на нивната влада - објаснува Пиплас.

иНТеРВеНЦии Идеологијата во творештвото на „Урбан Тинк Тенк“ е секогаш да презентира иновативни и практични решенија преку комбинација на индивидуалните вештини на архитектот, градежниот инженер, хортикултуристи, landscape архитекти и програмери. Нивната работа се основа на теоретски и практични интервенции во областа на архитектурата и урбанистичкото планирање. Тие се фокусираат на едукација и развој на една нова генерација од професионалци, чија единствена визија би била трасформирањето на градовите од 21 век. Градот е народот што живее во него - велат од „Урбан Тинк Тенк“. Нивни прокети се ”Metrocable“, жичарница која е дел од метро-  19 октомври 2012 ПОРТА

3

11


aхитектура Поглед на Скопје од Калетo

12

ПОРТА

3

19 октомври 2012

„Човекот не може да биде одделен од природата, затоа природата секогаш ќе биде негова неизмерна инспирација. Како минува времето градот сам по себе станува природа и односот кон зградите треба да е еднаков како односот кон природата Кенго Кума

,,

системот во Каракас во Венецуела, и е нов револуционерен пристап во урбанистичкото планирање, потоа ”The Vertical Gym“ во Каракас, спортски комплекс кој ја промовира самоодржливата технологија во комбинација со рециклираните материјали, соларните панели и колектори на дожд, кои се и дел од дизајнот. Меѓу предавачите на еднонеделната манифестација, која се одржува по петти пат, беа и архитектот Анастасиос Телос од Грција, Нуно Брандао Коста од Португалија, Дејан Лах од Словенија, Марк Фурнивал од Велика Британија, Иван Куцина од Србија и јапонскиот архитект Кенго Кума, добитник на наградата за животно дело во архитектурата во рамки на Скопската недела на архитектура 2012. Пред стотици гости, на затворањето на манифестацијата, јапонскиот професорот Кума одржа предавање за работата на неговото биро и ги презентира позначајните архитектонски зафати работени ширум светот. Некои од нив беа дел од изложбата, која на отворањето на изложбата беше поставена во фоајето на МОБ. Негова основна творечка алатка се природните материјали, а во интимната атмосфера пред новинарите, тој отвори уште една неизбежна тема со која се бави архитектонската морфологија, а тоа е градот. Слични по својата сеизмична проблематика, Јапонија и Македонија се соочуваат со катастрофални земјотреси, забележа Кума. - Човекот не може да биде одделен од природата, затоа природата секогаш ќе биде негова неизмерна инспирација. Како минува времето градот сам по себе станува природа и односот кон зградите треба да е еднаков како односот кон природата. Еден град не може да се подигне по брза постапка бидејќи тоа е невозможно. Не може низата слоеви, кои се таложеле во неговото ткиво, одново да бидат подигнати. Еден град не може да се пренесе на друга локација, тој претставува единствен ентитет за време и простор - вели Кума, додавајќи дека секогаш е потребно да се почне од малите работи бидејќи луѓето полесно се поврзуваат со она што има човечки размер и е веќе осознаено. Затоа во голем дел од неговите

Библиотека во Ванкувер, „Урбан Тинк Тенк“ од Цирих

објекти, главни материјали се дрвото, каменот, но и водата. Тој нагласи дека особено го цени Кензо Танге и неговиот пристап во урбанизмот. Значаен дел од Скопската недела на архитектура беа и работилниците во кои земаа учество студентите, лоцирајќи ги проблемите на градот Скопје и предлагајќи решенија за постоечките недостатоци. Работните групи беа во мешан состав, со студенти од различни земји, кои имаа различна перцепција на работите и креативни предлози. „Учејќи од Скопје“, „Алтернативна мапа на градот“, „Град без континуитет“, „Пулсот на Скопје“, се само дел од насловите на групите, предводени од австриските и швајцарските професори. Главната забелешка на излагачите се однесува на структурата на Скопје и за неповрзаноста на одделните делови на градот. Како град-мозаик со различни етнички, религиозни, социјални и културни делови, забележуваа излагачите, Скопје би требало да се поврзе во едно ткиво. - Едно од решенијата е да се направат дигитални инсталации низ градот кои ќе ги информираат поминувачите за постоењето и местото на објектите со различна намена. Односно, да се лоцираат таканаречените места на можности, места од каде што пулсира градот, како Универзалната сала, Градскиот трговски центар, Скопската чаршија и други клучни точки - велат учесниците на работилницата „Град без

Куќа од бамбус, Јапонија, „Кенго Кума

континуитет“. После предавањата и работилниците, во вечерните часови, се одржуваа таканаречени Ноќни разговори меѓу гостувачките архитекти. Дискусиите главно беа за развојот на урбанизмот како замрзната политика во општеството и за улогата на архитектот и неговата позиција во општеството. Во последниот ден од Скопската недела на архитектурата свое излагање имаа неколку гостувачки архитекти. Архитектонското студио Divercity architects од Грција ја презениташе својата работа преку можноста за справување со предизвикувачки зафати, како дел од варијабилни контексти и локации. Тие располагаат со дизајн-идеи од иницијален концепт, па се до самоизработени ентериери или пак преземаат елементи кои се дел од проектот, зависно од потребите на клиентите. - Архитектонските дизајни се создадени за да бидат иновативни, колаборативни и енвиронменталистички сензитивни – велат од Divercity architect. Имено, архитектите од ова студио се етаблатори на еден поразличен метод на творење во однос на развојот на современата архитектура. Нивна основна идеологија е да придонесат во процесот на дизајнирање имплементирајќи ги уникатните локални карактеристики и контекст преку интернационалниот архитектонски јазик, со потенцирање на специфичните мајсторски


архитектура Хотел во Санторини, Грција Студио „Диверсити“

Музеј Мацура, Србија, автори Иван Куцина, Ненад Катиќ, Владимир Мацура

вештини и самоодржливоста. А тоа е физичко доживување на архитектурата со цел волуменот целосно да се соедини во просторот и опкружувањето, а формата секогаш да биде во релација со пејзажот. Користат транспарентни материјали, светли бои во контраст со локални материјали со цел да се соединат ентериерот и екстериерот и безгранично да се отворат визуелните перспективи. Крајниот резултат би бил - избегнување на бариери и отворање на просторот.

КулТуРНА иНДуСТРиЈА Иван Куцина од Србија се претстави со дел од концептот на работа кој се реализира за време на одржувањето на овогодишниот фестивал „Миксер“, мултидисциплинарна и мултикултурна платформа, која цели кон афирмација на културната индустрија во регионот. Програмата

активира повеќе од 50 инспиративни локации во населбата Савамала во Белград - напуштени објекти, складишта, работилници, дворови, исцртани улични простори, стари железнички пруги и друго. Посетителите имаа можност да дознаат како преместувањето на еден ваков настан во една попредизвикувачка и занимлива, но не толку атрактивна област, Савамала, може да влијае врз понатамошниот развој на населбата и приближувањето кон европската културна и туристичка средина. - „Савамала“ е идеја на поимот „commos“, простор кој ниту е јавен, ниту приватен, туку претставува заеднички простор кој е самоодржлив - вели Куцина. Тој додава дека целта е создавањето на урбана трансформација со помош на најразлични интервенции во населбата, креирање на простори за дијалог. Секој креатор се „гради“ и изразува себеси преку создавање на отворен, флексибилен простор, иницијален за креирање на заедница. Се применуваат основни, евтини, неопходни градежни материјали. - Наместо да се стремиме кон создавање на маркетинг, треба да целиме кон изградба на „отворен извор“, да се ослободиме од сите поставени бариери, отворајќи го активниот простор. Урбаната практика да биде нов принцип на креирање и размена на знаења - заклучува тој. Архитектот Марк Фурнивал од Лондон, пак,

потенцира дека различното, субјективно перципирање влијае врз создавањето на дизајнот, архитектурата и опкружувањето. Поимот убава куќа различно се перцепира и доживува кај секој поединец, всушност тоа е различно поимање на зборот „убаво“. Самоодржливоста треба да се перцепира од социјален, културен и економски аспект. Неговата перецепција за самоодржливост се заснова на примената на локални материјали и размери. Човекот како единка е во релација со останатите околу него и создава заедница на база на таа заедница, подоцна изведувајќи ги сопствените активности кои резултираат со конечниот продукт - дизајнот. „Секој објект треба да се започне со човекова активност, наместо со објект“, вели Фурнивал. Надвор од официјалната програма, низ градот беа пуштани филмови - класици во филмската индустрија на отворено во Маџир Маало, имаше театарски перформанс на режисерката Нина Николиќ во Градски ѕид, а во „Сити галери“ беше поставена изложба. Скопската недела на архитектурата е годишен настан кој се одвива во соработка со Министерството за култура на Р. Македонија, Австриската амбасада во Скопје, Јапонскиот културен институт, Техничкиот универзитет во Виена, Грчката амбасада во Скопје и други релевантни институции од земјата и регионот. 19 октомври 2012 ПОРТА

3

13


градежништво

градење капацитети во градежната индуСтрија

Обучување на енергетски менаџери и контролори Проектот „Градење капацитети во градежната индустрија“ е финансиран со еден милион евра од фондовите на Европската Унија. Во следните 18 месеци, колку што ќе трае првата фаза од проектот, ќе се работи на зголемување на знаењето и работните вештини на градежните работници.

14

ПОРТА

3

19 октомври 2012

радежниците ќе мора да ги едуцираат и доквалификуваат своите работници за да можат да градат енергетско ефикасни објекти, доколку сакаат на потрошувачите да им понудат енергетско ефикасни станови и деловни објекти, и ако сакаат да бидат конкурентни на пазарот. Ова беше нагласено на работната средба на дел од градежните компании, членки на Стопанската комора на Македонија, во рамките на проектот „Градење капацитети во градежната индустрија“ финансиран со еден милион евра од фондовите на Европската Унија. Во следните 18 месеци, колку што ќе трае првата фаза од проектот, ќе се работи на зголемување на знаењето и работните вештини на градежните работници. Учеството на градежништвото во вкупната потрошувачка на енергија во државава е 40 отсто, а градежните објекти се едни од најголемите потрошувачи. Целта на Македонија, како потписник на Стратегијата 20/20/20, е таа потрошувачка до 2020 година да се намали до 30 отсто. Државниот секретар во Министерството за економија, Анче Трифунов посочи дека Владата преку Министерството за економија, како национален координатор им овозможи пристап на сите заинтересирани компании и институции до ЦИП-програмата на ЕУ за конкурентност и иновации. Тој ги повика и другите компании да аплицираат во програмата, која од 2007 до 2013 година нуди можност за пристап на средства во износ од три милијарди евра. Според извршниот директор на Стопанската комора, Јелисавета Георгиева, во претстојните 18 месеци ќе се утврдуваат состојбите во градежниот сектор. „Ќе направиме шема за отстранување на детектираните проблеми за да се создаде национална мрежа која ќе настојува да има поквалификувани работници во градежниот сектор за енергетски ефикасни објекти“, изјави Георгиева. Директорот на Агенцијата за енергетика на Македонија, Лазар Гечевски, кој е и претседател на Насочувачкиот комитет на проектот, рече дека во наредните 18 месеци ќе се работи на максимална имплементација на сите стандарди. Ќе се донесе Правилник за енергетска ефикасност, ќе се посвети внимание на практичните знаења, на контролата, на работната сила за енергетска ефикасност, на обучени енергетски контролори, енергетски менаџери. „Во следните месеци ќе работиме на најдобра имплементација на проектот за да придонесеме за поголема енергетска ефикасност на објектите во Македонија. Сакаме да достигнеме 9-процентна ефикасност на градежните објекти во 2018 година, 14,5-процентна до 2020, а до 2050 година се надевам дека ќе ги постигнеме не��пходните проценти што ги предвидува ЕУ за нашата држава“, рече Гечевски. Проект менаџерот Јадранка Аризанковска ја претстави ЕУ- иницијативата „Build up skills MK“, и истакна дека ќе се оспособуваат работници кои ќе бидат способни да извршуваат работи на енергетски ефикасни објекти. Исто така, доколку се покаже успешен овој дел од проектот, тогаш ќе се аплицира за негово продолжување. Според Ристо Иванов, проектен координатор, во Македонија се создадени предуслови за реализација на ваков проект, има закони, има дефинирано национални цели. Тој пред присутните ги презентираше сите активности кои ќе треба да се преземат за успешно спроведување на проектот, а со тоа и на отворање на вратите за неговата втора фаза.

Г

Анче Трифунов, Јелисавета Георгиева, Лазар Гечевски


градежништво

Нови идеи за еколошка термичка изолација Биљана стојановиќ дипл.град.инж.

Изолацијата е битен елемент при изградбата на конструкциите и нивното приближување кон енергетски поефикасни објекти обрата изолација освен на потрошувачкиот џеб, директно влијае и врз здравјето на луѓето, со посебен акцент на респираторните органи, со можност да предизвика астма, а со последните истражувања дури и рак. Затоа при изборот на типот на термичка изолација треба да се внимава на сите карактеристики, од генетиката на материјалите, нивниот процес на стареење, па сè до термичките карактеристики на секој материјал посебно. Во продолжение се претставени неколку видови на топлотна изолација кои во моментот се најупотребувани во светот.

Д

Стаклена волна Најчесто употребувана термичка изолација е стаклената волна спакувана во ролни или табли. Иако е најупотребуван

материјал за изолација на резиденцијални објекти, нејзините негативни страни само што почнаа да се разоткриваат. Имено, овој тип на материјал, според некои истражувања, претставува вистински хазард по здравјето на луѓето неретко поврзуван со појавата на мувла и различни респираторни проблеми од испуштените честици кои летаат во воздухот. Сепак, мора да се напомене дека овој тип на термичка изолација претставува воедно и најевтиниот, а тоа го прави и најдостапен материјал за широка потрошувачка.

целулоЗа Овој тип на изолација практично претставува парченца ситно исецкана хартија (во чест случај весници) кои се вградуваат со помош на распрскувач. Оваа изолација претставува евтин, ефективен и лесен начин на добивање на добра термичка заштита на објектите, а воедно и како рециклиран материјал кореспондира со природата. Сепак, како негативни особини на оваа изолација се високо запаливите и водовпивателните карактеристики, со напомена дека хартијата претставува прилично позитивна средина за појава на штетници и мувла.

полиСтирен Овој тип на материјал има повеќе видови и подвидови, познати како експандиран или екструдиран полистирен, а кај луѓето познати како стиропор. Со мошне добри термички

Рециклирани памучни материјали

Стаклена волна

19 октомври 2012 ПОРТА

3

15


градежништво Распрскувачка пена 1

Целулоза

Волнена изолација

карактеристики и лесен за монтажа, овој вид на изолација е и економски доста исплатлив материјал за подобрување на термичките карактеристики на објектите. Сепак, дилеми постојат и овде, посебно за дел од компонентите што се употребуваат за производство на овие табли за изолација.

рециклирани паМуЧни Материјали Износените стари фармерки се еден од посовремените начини на изолација. Овој нов производ, моментално застапен

16

ПОРТА

3

19 октомври 2012

само во САД, се состои од 100 % памучни рециклирани матријали кои немаат никакви споредни ефекти по здравјето на луѓето. Произведена во ролни, оваа изолација се инсталира брзо, без специјална опрема и не се потребни заштитни помагала. Сепак, поради џинсот т.е. потребната суровина која се употребува, оваа изолација има ограничено производство без можност да ги задоволи потребите на широката потрошувачка.

Волнена изолација


Ролни аерогел Aeрогел

Граниен блок над парче аерогел

волнена иЗолација Со векови луѓето ги знаат поволните карактеристики на волнените материјали при правењето на облеката, но интересен е фактот што се чекало толку долго волната да се употреби и како термичка изолација на објектите. Од оваа перспектива, овој тип на „зелена“ изолација е енергетски многу поволен, но овозможен само во земјите каде овчарството е поразвиено и со самото тоа се става на листата на скапи материјали за изолација.

раСпрСкуваЧка пена Спреј пената при аплицирањето минува низ неколку фази, од течна состојба при прскањето, потоа експандира при што се пополнуваат сите отвори и пукнатини за на крај да премине во цврст отпорен материјал, со долг век на траење. Овој нов вид на изолација претставува еден од најсовремените начини за термичка заштита на објектите, кој е до четири пати поскап од конвенционалните (стаклената волна на пример), и за нејзино вградување се потребни посебно обучени кадри и специјализирана опрема. Со самото тоа можност за нејзина примена има во големите градежни компании кои инвестираат во нови технологии за градба.

аерогел Аерогелот е футуристична пена направена од гел во кој течната компонента од гелот е заменета со гас. Нејзините карактеристики се вчудоневидувачки. Освен извонредните термички карактеристики, оваа пена по стврднувањето има и високи јакосни карактеритики. Како синтетички порозен

материјал спаѓа во групата на ултра лесни материјали со густина до 10 мг/см3 (само за споредба, густината на воздухот изнесува околу 1,275 мг/см3) што значи дека значаен дел од овој материјал е всушност заробен воздух (во некои аерогелови достигнува дури и до 99 % воздух). Познат е под називите тврд воздух, замрзната пареа или пак плав чад, а се должат на неговата прозрачна природа и начинот на кој светлината се прекршува низ материјалот. Овој термоизолационен материјал е единствениот транспарентен материјал, кој во исто време и термички изолира и ја пропушта светлината, што значи и штеди енергија за осветлување. Поради овие карактеристики и соодветната јакост, доста е погоден за облагање на светларници, прозорци, па дури и градење на транслуцентни ѕидови или пак тавани. Како идеја прв пат се среќава во далечната 1931 година, кога по еден облог Самјуел Стефанс Кистлер се обидел течностите во желе бонбоните да ги замени со гас. Подоцна се развива цело ново истражување за полето на аерогеловите и на наногеловите. Денес ги има во повеќе варијанти, освен аерогелот како најшироко распространет, постојат наногелови на база на алуминиум, хром или карбон. Ако аерогелот се разгледува од аспект на влијание врз здравјето на луѓето, овој производ не е далеку од стаклената волна. Сепак, ова е разрешено со негово обвиткување – препакување со поликарбонатни панели, кои се безбедни за работа како и по однос на човековото здравје. Со сите овие карактеристики, може да се каже дека аерогелот претставува револуционерно решение за топлинска изолација, отворајќи нова ера во резиденцијалното живеење со многу повеќе светлина и без дополнителни грижи за штетните влијанија.

19 октомври 2012 ПОРТА

3

17


градежништво

14 октоМври - СветСкиот ден на СтандардиЗацијата

Стандардите ја зголемуваат ефикасноста Македонија, преку Институтот за стандардизација, во чекор ги следи светските трендови од овие области. Сите стандарди од областа на системите за управување, општествената одговорност, управувањето со ризици, управувањето со енергијата итн. се публикувани како македонски стандарди. Дел од нив се достапни и на македонски јазик. м-р соња Черепналковска дипл.град.инж

еловната стандардизација интензивно се развива, опфаќајќи различни области и функции на деловни системи. Стандардизацијата на добра деловна и менаџмент практика, во светот се повеќе се бара. Независно од специфичните потреби на пазарот, од интересот на деловните партнери, како и независно од степенот на изразеноста на другите фактори кои ги определуваат конкретните барања во поглед на квалитетот, менаџмент системите се подрачје со кое во најголема мера се искажува интересот на сите учесници во дејствувањето. Моментално во портфолиото на ISO, речиси од 19.000 стандарди се даваат решенија во сите три димензии на одржлив развој – животната средина, економијата и општеството.

Д

животна Средина Стандардите ISO 14001 и ISO 9001 се пионери во подрачјето на системите за управување. Овие два стандарди се меѓу најпознатите стандарди на ISO и темелно се интегрирани во глобалната економија. Треба да се има на ум дека не постои нешто што се вика „единствено исправно“ толкување на серијата стандарди ISO 9000 и дека серијата на истите не дава одговор на прашањето „како“, туку „што“. ISO 9001 иницијално беше ориентиран на производителите, но сега е признат како извонреден систем за управување со квалитет за која било организација. ISO 9001:2008 е високо почитуван од страна на бизнисот, индустријата, организациите што даваат услуги итн. Првата публикација на стандардот ISO 9000 беше во 1987 година. Повеќе од 25 години успешна работа на ISO Техничкиот комитет ISO/TC 176 (Quality management and quality assurance) и Поткомитетот 18

ПОРТА

3

19 октомври 2012

SC 2 (Quality systems) продолжуваат со активности за натамошен развој на стандардите. ISO 9001:2008 Quality management systems–Requirements и ISO 9004:2009 Managing for the sustained success of an organization – A quality management approach, ќе имаат поширока употреба во воздухопловството, телекомуникациите, образованието, локалната власт и здравствената заштита. Се подготвува ревизија на стандардот ISO 9001, кој се планира да биде публикуван како верзија ISO 9001:2015, и кој ќе ги третира трите аспекти на одржливиот развој – животната средина, економијата и општеството. Што се однесува на стандардот ISO 14001 за систем за управување со животната средина, на почетокот беа застапени мислења дека тој мора да биде строго ориентиран на ISO 9001. Меѓутоа, после одредени разгледувања и усогласувања на Меѓународната организација за стандардизација - ISO, конечно во 1996 година е публикуван еден број на стандард од серијата ISO 14000. Во суштина, фамилијата ISO 14000 дава рамка за големи и мали претпријатија, за производство и услуги, во јавниот и приватниот сектор, во индустријата и економијата во развој и во транзиција, како да ги минимизираат штетните ефекти на животната средина предизвикани со нивните активности; како да ги исполнат регулаторните барања; како да постигнат континуирано подобрување на перформансите на животната средина; и како да ги подобрат успешно дејствувањата преку поефикасно користење на ресурсите. Податоците околу имплементацијата на овие стандарди преземени од ISO Focus+, укажуваат на следниве информации: на крајот на 2010 година, по 14 години од публикацијата на стандардот ISO 14001,


градежништво стандардот го имплементирале корисници од 155 земји. Што се однесува за ISO 9001, на крајот од истата година, има над еден милион корисници од 178 земји. Пристапот на системот за управување со квалитет, кој го развива ISO 9001, кој понатаму се развива и во ISO 14001, не се единствените стандарди за системи за управување, туку постои цела низа стандарди кои вклучуваат: - систем за управување со безбедност на храна ISO 22000; - систем за управување со безбедност на информации ISO/IEC 27001; - управување со енергија ISO 50001; - безбедност на ланците со снабдување ISO 28000; - управување со безбедност на друмскиот сообраќај ISO 39001 (во изработка). Иако ISO 31000, стандард за управување со ризици, не е стандард за системи за управување, тој со оваа категорија ги дели следниве особини: генеричност и обезбедување, корист за сите организации во јавниот и приватниот сектор. Тие користи може да бидат од економски, еколошки или општествен карактер, што ги чини важни алатки за одржливоста.

еконоМија и еконоМСкATA кориСт ISO стандардите даваат решенија и постигнувања на резулатати во сите сектори на дејствување, вклучувајќи го производството, градежништвото, земјоделието, машинството, транспортот, здравството, информациските и телекомуникациските технологии, храната, водата, животна средината, енергијата итн. За одржливиот економски развој овие стандарди придонесуваат за зголемување на ефикасноста, ефективноста, а на тој начин и заштита на ресурсите. Стандардите осигуруваат компатабилност и интероперабилност на информациските и комуникациските технологии кои станаа темел на речиси секој сектор. Тие го забрзуваат времето за пласирање и ширење на производот и услугата на пазарот, настанати со иновации, како што е нанотехнологијата и возилата со погон на електрични батерии. Стандардите се и техничка поддршка на регулативата. Поновите податоци, преземени од неколку истражувања, покажуваат дека економската корист од стандардизацијата претставува околу 1% бруто домашен производ. Тоа покажува дека стандардите имаат годишен придонес од 2,5 милијарди евра бруто домашен производ за економијата, а има и раст од 13% во продуктивноста на работата.

опШтеСтвото и опШтеСтвената одговорноСт ISO стандардите им помагаат на владата, на општеството и на деловниот свет да го пренесат општествениот стремеж, како што се општествената одговорност, здравјето, безбедноста на храната и водата - во конкретни реализации. Во ноември 2010 година е публикуван стандардот ISO 26000, кој на организациите им дава упатства за општествената одговорност - целта е одржливиот развој. Стандардот беше многу очекуван, што може да се види од фактот што само после четири месеци од неговата публикација, пребарувачот „Гугл“ даваше резултат од речиси 5 милиони повикувања. Тоа покажува дека глобалното очекување од организациите од јавниот и приватниот сектор треба да бидат одговорни за своите акции, да бидат транспарентни и да се однесуваат етички. ISO 26000 со ангажман на експерти од 99 земји, главно од развиените економии и повеќе од 40 меѓународни организации, ќе помогне од добрите намери

поврзани за општествената одговорност, да се помине на ефикасно дејствување. Македонија, преку Институтот за стандардизација, во чекор ги следи светските трендови од овие области. Сите стандарди од областа на системите за управување, оштествената одговорност, управувањето со ризици, управувањето со енергијата итн. се публикувани како македонски стандарди. Дел од нив се достапни и на македонски јазик. Да не заборавиме! Секоја година пораката од Меѓународните организации за стандардизација ни укажуваат и нè потсетуваат дека: - стандардите и стандардизацијата имаат големо значење во секоја животна ситуација; - овозможуваат нашиот живот да биде побезбеден, полесен, поздрав и поедноставен; - стандардите и стандардизацијата се клуч на нашата сегашност и на нашата иднина. (Информации и податоци во текстот се преземени од ISO Focus+.)

подобри резултати со помалку отпад екоја година на 14 октомври, Меѓународните организации за стандардизација го одбележуваат Светскиот ден на стандардизација. Овој ден се одбележува со пригодна порака од претседателите на Меѓународните организации за стандардизација, упатена до сите развиени земји, како и до земјите во развој. Оваа година пораката за Светскиот ден на стандардизација гласи: Помалку отпад, подобри резултати – Стандардите ја зголемуваат ефикасноста. Пораката ја испратија Dr. Klaus WUCHERER, претседател на IEC, Dr. Boris ALESHIN, претседател на ISO и Dr. Hamadoun TOURE, генерален секретар на ITU. Во пораката меѓу другото се вели: „Меѓународните стандарди, како оние од IEC, ISO и ITU, имаат суштинско значење за зголемување на ефикасноста. Ова прашање се наметна откако организациите се соочија со глобалните предизвици, како што се одржливоста и финансиската неизвесност, што значи се предизвикани да постигнуваат подобри резултати со помалку отпад. Едноставно кажано, ефикасноста претставува способност за постигнување на целите преку имплементирање на процеси за развој на производи или услуги со оптимален квалитет и минимални загуби, трошок, или непотребен напор. Таа им помага на организациите да ги зголемат добивките и да ги исполнат нивните цели, и истата е од суштинско значење за да се постигне успех во денешната предизвикувачка и конкурентна економска средина... Најсовременото практично знаење содржано во меѓународните стандарди е прифатливо за сите, вклучувајќи ги и земјите во развој, и им помага на најдобар начин да ги искористат нивните човекови и материјални ресурси. Поефикасните индустриски и деловни процеси, потпомогнати со стандардите, им даваат моќ на компаниите да се натпреваруваат на глобално ниво и да имаат побрзо производство за повеќе пазари и тоа со помал трошок. На овој начин, стандардите им помагаат на организациите да ги исполнат барањата на потрошувачот и во исто време да се фокусираат на процесите на компанијата и да го извлечат максимумот од нив. Регулаторите можат да ги искористат меѓународните стандарди како начин за покажување на усогласеноста и како основа за донесување на регулативи кои ќе им бидат од помош на пазарите и потрошувачите. А потрошувачите можат да бидат убедени дека меѓународните стандарди ја унапредуваат ефикасноста за прашањата од нивен интерес, како на пример етикетирањето на производите или безбедноста. Краен резултат? Меѓународните стандарди од IEC, ISO и ITU не само што имаат добро значење за бизнисот, туку и поголемата ефикасност му помага на општеството подобро да ги искористи своите ресурси, придонесувајќи на тој начин за еден поодржлив свет.“

С

19 октомври 2012 ПОРТА

3

19


градежништво

СтудиСка програМа За МенаџМент Со недвижноСти при градежниот факултет

Главната цел на студиската програма на втор циклус студии за менаџмент со недвижности е да понуди напредни мултидисциплинарни знаења од областа на администрирањето со недвижностите од просторни, економски и правни аспекти

Нови приоди во практичниот и едукацискиот амбиент а Градежниот факултет завршија процедурите за почеток со работа на нова студиска програма за менаџмент со недвижности. По тој повод на факултетот се одржа пригодна свеченост на која присуствуваа министерот за образование Панче Кралев, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, амбасадорот на Украина Јуриј Гончарук, претставникот на Кралскиот инстутут од Шведска Ханс Матсон, деканот на факултетот Милорад Јовановски, и поголем број други гости. Потребата за отворање на ваква студиска програма произлезе поради сè поконкурентниот и потребен третман на капиталот поврзан со недвижностите во државата од една страна, како и заложбите за воспоставување ефикасни мерки за проток и заштита на капиталот во овие значајни просторни објекти, кои се високи приоритети и иницијативи за отпочнување на нови приоди во практичниот и едукацискиот амбиент во оваа дејност. Во насока на овие приоритети во последните десетина години се направија значајни реформи во системот за администрирање со недвижностите, познати како реформи во катастарот. Целта на реформите беше поставена во обезбедувањето на амбиент за ефикасна дистрибутивна моќ на трансакциите, регистрацијата, заштитата на правата врз недвижностите, како и ефикасни и евтини сервиси кон клиентите. Неспорно е дека овие активности секогаш бараат високо едуцирана кадровска структура која сама по себе ги иницира потребите за реформи во

Н

20

ПОРТА

3

19 октомври 2012

постојните образовни циклуси и наставни програми. Реформите во катастарскиот систем треба да обезбедат предуслови за ефикасна и висока интегративна можност за поддршка на процедурите за трансакција со недвижности. Раководени од ISPIRE директивите во последната година се започна со проектот воспоставување на Национална инфраструктура за дистрибуција на просторни податоци, позната како НИПП или во англиско говорно подрачје како NSDI. За целосна реализација на ваквите процеси безусловни се потребите од јасен концепт за организација на системски ресурси и експертна-стучна кадровска структура од областа на управувањето со недвижностите и вредноста која на овие просторни објекти им ја позиционира економската моќ. Сè повеќе се видливи активностите и потребите за утврдување на вредноста на недвижностите и доменот на употреба и имплементација во системот за оданочување, хипотекарството и друг вид подобности, при што на оваа вредносна компонента на недвижноста и го обезбедува реалниот и конкурентен статус. Се разбира дека целосниот статус на процесите, со намалени ризици и системска администрација со капиталот и подобностите што тој ги нуди во секојдневните потреби на граѓаните, би се реализирал преку обезбеден амбиент за формирање и активирање на пазарот на недвижности. Следејки ги потребите за едуциран кадар од областа на катастарот, Градежниот факултет направи реформи во постојните студии по геодезија вградувајќи нови наставни дисциплини тесно поврзани со областа на управувањето со

недвижности и принципите за трансакција во современите катастарски системи. Во континуитет на овие заложби е и реализацијата на проектот Формирање на нови студии за менаџмент со недвижности во Македонија и Украина (Development of New Land Governance Studies in Macedonia and Ukraine) од програмата ТЕМПУС со референтен број 59184-TEMPUS-12009-1-SE-TEMPUS-JPCR. Реализацијата на проектот е во тек, а неговите приоритетни цели се поставени во неколку сегменти што на проектот му даваат високо практично значење, а со неговата имплементација ќе се обезбедат основните предуслови за реализација на квалитетна и современа настава. Се работи за проектни цели преку кои ќе се обезбеди амбиент за нормално егзистирање на студиите, а кои проектот ги постави како активности и потреби во следните сегменти : l Формирање структура на студиите l Формирање на наставни предмети и наставни материи l Целосно усогласување на наставните предмети и материи со партнерските универзитети во проектот l Формирање на кадровски потенцијал по наставни материи l Доедукација на постојниот кадровски потенцијал l Мобилност на наставен кадар со партнерските универзитети l Мобилност на студенти со партнерските универзитети l Оформување на информациски центар за менаџмент со недвижности l Формирање на библиотека со богат книжен фонд, со наслови тесно поврзани со


градежништво областа на студиите Со реализацијата на целите од проектот и отпочнување на студиите за очекување е дека ќе се создава солидна експертска база која ќе придонесе интеграција на системите за менаџмент со недвижностите, системите за дистрибуција на сервиси поврзани со недвижностите како дел од стартешките определби и заложба на сите земји од светот, висока платформа на знаења која ќе го воспостави пазарот на недвижности, ќе се створи амбиент за перманентна едукација на кадрите од банките, агенциите за недвижности, стопанските организации, реално ќе се створат предуслови за примена на единствени стандарди за трасфер на капиталот поврзан со недвижности во блиското опкружување и слично. Исто така, со организирањето на студиите се создава можност од саморепродукција на наставно-научниот потенцијал, неопходен за изведување на наставата од сите степени на високото образование во нашата држава.

ПРоЦеНКА НА оПРАВДАНоСТА Во Република Македонија постои јасна и цврста оправданост за формирање на нова наставна програма од втор циклус на студии од менаџмент со недвижности. Сопственоста како клучен квантитативен сегмент во конструкцијата на недвижноста, поддржан со ефикасен систем за администрирање со неа, во овие моменти имаат висок државен консензус по однос на значајноста и потребата од заштита на титуларот и правниот континуитет во сите локации на правно-економскиот систем на државата. Препораките во документот Катастар 2014 и намерите за интеграција на државата во Европската Унија иницираат потреба од координирани активности за надградба и/или целосно затворање на квантификаторите за недвижностите, сè со намера да се обезбеди единственост и еднозначност во администрирањето со нив како високо значаен просторен ресурс. Се работи за активности чии намери, пред сè, треба да обезбедат концепт за

структурата на податоците, типизацијата на сервисите со релаксиран однос кон клиентите/корисниците на сервисите, зајакнувањето на капацитетите за системска поставеност и поддршка и формирањето на единствена национална инфраструктура за дистрибуција на податоците/сервисите. Квантната и квалитативната структура на податоците за очекување е дека во периодот што следи ќе покренат иницијативи за обезбедување на структура која ќе може со висок степен и моќ да одговори на потребите на граѓаните и државата во целост. Во тој контекст како значаен недостаток кој во моментот го имаме е непостоењето на еквивалент преку кој ќе се врши трансфер на просторната во капитална димензија за недвижностите. Се работи за вредност на недвижноста како една од приоритетните компоненти во остварувањето на јавните интереси, како и процесите и процедурите во остварувањето на обврските и привилегиите на правните и физичките лица во секојдневното живеење. Еднозначната, целосната и пристапноста до податоците за недвижностите се приоритети и/или основа за: l Стекнувањето на сопственост l Регистрација на хипотеки l Основа за реализација на процесите поврзани со оставински постапки l Утврдување и реализација на данок на промет l Утврдување и реализација на данок на имот l Реализација на кредитните интереси l Реализација на процесите за експропријација Овие сервисни категории во администрирањето со недвижностите се утврдени со: l Закон за сопственост и други стварни права l Законот за даноци на имот l Закон за експропријација l Закон за катастар на недвижности l Закон за хипотеки l Закон за градење l Закон за просторно и урбанистичко

планирање l Закон за градежно земјиште l Закон за земјоделско земјиште Евидентно е дека студиите имаат директна отвореност кон стопанството, кон потребите за остварување на секојдневните граѓански и државни обврски и привилегии, преку нив ќе се воспостави равнотежа и тесна соработка за перманентна едукација на кадрите од банките, агенциите за недвижности, стопанските организации, реално ќе се створат предуслови за примена на единствени стандарди за трасфер на капиталот поврзан со недвижности во земјите од блиското опкружување и слично.

Цели НА ПРоГРАМАТА Главната цел на студиската програмата на втор циклус студии за менаџмент со недвижности е да понуди напредни мултидисциплинарни знаења од областа на администрирањето со недвижностите од просторни, економски и правни аспекти. Во контекст на овие насоки студиите ќе обезбедат современ пристап во утврдување на базични и напредни знаења од проценка на вредност за недвижностите, компаративноста и утврдувањето на моќноста на применетата методологија за проценка, како и структурата на пазарот за утврдување и верификација на вредноста. Студиската програма е конципирана со цел на студентите да им овозможи сеопфатно образование, најнови научни и стручни знаења и вештини со посебен акцент на развој на креативните способности и самостојност при стручната и истражувачката работа. Целта на студиската програма е да образува експерт кој ќе поседува теориски, научни и практични знаења од областа на менаџмент со недвижности. Посебностите што студиите ги прави специфични можат да се лоцираат во имплементацијата, моќноста на методологиите за проценка на вредноста на недвижностите како и системите за комплетирање и целосен правно, економски и технички третман на администрирањето со овој значаен просторен ресурс. Програмата воедно ќе ги оспособи студентите, идни магистри, со стекнатите компетенции да бидат креатори на стандарди и амбиенти за утврдување, проток и заштита на капиталот во недвижностите. Генералната цел на студиската програма е постигнување на компетенции и развојно/апликативно ориентирани академски вештини во предметните научни области, катастар и менаџмент со недвижности. Тоа, покрај останатото, вклучува и развој на креативни способности за истражување на проблемите со способност за критичко мислење и нивно решавање, развивање на способности за тимска работа, владеење на научни методи и специфични практични вештини потребни за напредување во професијата. 19 октомври 2012 ПОРТА

3

21


урбанизам

регенерирање во поСтиндуСтриСките облаСти: цириХ-Запад

Трансформација со нови идентификатори Концептот за развој на Цирих-Запад е спроведуван постепено со голема почит кон историјата во атрактивна и самодоволна област. Постепено го живее и го гради својот идентитет преку колаж од индивидуално обележани простори, улици и коридори кои се испреплетуваат, уметност и култура која во заднина како сенка ги има остатоците од индустриската зона, фабриките и железничките пруги. александра Шекутковска дипл. инж. арх.

специјално за „порта 3“ од Швајцарија

ако најголем индустриски и комерцијален град во Швајцарија и најпознат финансиски светски центар, Цирих со години се вреднува како град со највисок стандард за живеење во светот. ЦирихЗапад претставува еден од неговите дистрикти, кој е во постојан развој, локација која во минатото била сведок на индустриската револуција, денеска референтна точка за

К 22

ПОРТА

3

19 октомври 2012

гастрономија, уметност, дизајн, танц, култура и архитектура. Фабриките што одамна не функционираат, оставија големи простори кои креативно се искористени. Цирих-Запад го носи духот на метрополисот, наспроти традиционалниот и високо планиран Цирих. Тој поставува врски со светови кои се разновидни, и кои нудат колоритно урбано доживување во рамките на швајцарскиот минимализам. Основан е во старото урбано ткиво, кое го формира и регенерира новото време и новата архитектура,


урбанизам како и духот на иднината карактеристичен за светските метрополи. Како посебен остров во постоечкиот град, тој претставува индивидуална приказна за град создаден во градот. Лоциран во близина на реката Лимат и Главната железничка станица, овој дистрикт, познат по својата тешка индустрија по постепениот пад на индустрискиот развиток, прераснал во маргинализирана област на градот. Со експанзијата на градот Цирих, заради својата локација во близина на централната област, повторно станува есенцијална

компонента на урбанистичкото планирање. Во моментов важи за една од локациите што во иднина ќе доживее најмногу развиток и ќе биде трансформирана во еден од најдинамичните и атрактивни региони на Цирих. Општите цели коишто биле поставени за планирање на развојот, биле ативности кои треба да го дефинираат новиот идентитет на Цирих-Запад: Техно паркот со МСП и старт ап центри, истражување, развој и производство на високотехнолошка област, дизајн и медиумска сцена, разновидна забава и културни институции,

ресторани, хотели и шопинг, урбано живеење, занаети и бизниси, нов мултифункционален стадион и професионални пазари за спорт и рекреација. За да се обезбеди економска одржливост, сите планирања се направени со инвестиции за долгорочна ефективност, а инвестициите придонесуваат за локална и меѓународна конкурентност. Исполнувањето на критериумите за социјална прифатливост е изведено преку развој во транспарентни процеси и преку проектирање на станбени објекти со висок квалитет на живеење, кои интегрираат 

19 октомври 2012 ПОРТА

3

23


урбанизам внатрешен дизајн, здравје и безбедност. Појдовната точка за градење на новиот урбан идентитет е преку урбана трансформација со нови идентификатори. Планирани се нови јавни простори, плоштади, улици, паркови и зелени површини како тампон зони помеѓу развиените и неразвиените области. Јавниот простор кој се предвидува по жител во Цирих-Запад е 5м2. Значајно е истакнувањето на пропустливост во урбаното планирање за пешаците и велосипедистите, особено помеѓу станиците од главните рути на јавниот транспорт. Концептот за развој на Цирих-Запад е со кооперативно планирање на развој. Претходно поставените урбани принципи: отворен простор, сообраќај и акциониот план, се основните елементи кои имаат дополнително планирање и спроведуваат насока за развиток на урбанистичкото планирање. Цирих-Запад го содржи во себе единствениот облакодер, Prime Tower, кој стана своевиден симбол на Менхетен во Цирих. Овој облакодер е висок 126 метри и е највисокиот објект во цела Швајцарија. Тој се наоѓа на местото на индустриска област која е разрушена. Целосниот план за градење и проектирање на објектот е спроведен во рок од 15 години, додека целосната изградба се изведувала во три години. Индустриската област на западен Цирих на површина од 100 хектари е претворена и надградена во локација со мешани функции започнувајќи од 1990 година. Од почетокот условите за реструктурирање биле одлични заради локацијата што е централно поставена и заради оптималното поврзување во транспортната мрежа. Реката Лимат на север, железничките пруги на југ, и стадионот на излезот на автопатот го врамуваат овој простор. На исток оваа локација се потпира на соседната населба. Цирих-Запад е обележан од разновидни постоечки објекти како логистички центри, стари и нови фабрики, објекти за

24

ПОРТА

3

19 октомври 2012

сервисната индустрија, мали градини, над приземната транспортна мрежа постојат рампи од автопатот, мали внатрешни градски сообраќајни коридори и железнички пруги. Оваа област претставува типичен пример на локација која е обележана од напреден притисок помеѓу интернационалните интереси и локалните трансформациски процеси, за кои треба да се пронајдат флексибилни решенија. Главните предизвици на овој дистрикт при процесот на планирање се покажаа -постоење на густа населеност во одредени делови, промена на временски хоризонти во однос на урбаниот развиток, како и потреба за висока флексибилност во однос на идната употреба и обид за самодволен развиток без точна слика за тоа како ќе се аплицира. Она што се покажа успешно при планирањето на оваа локација се постојаната посветеност за иден развиток и постојан квалитативен дијалог за целите на овој проект: долгиот процес на планирање овозможи да се развијат

длабоки дискусии за различни постоечки и нови идентитети на оваа област, како и идентитетот што го носат новоизградените објекти. Процесот на реструктурирање и специјалниот идентитет на локацијата овозможија да се остави простор за нови станбени проекти со алтернативни начини на живеење. Денеска Цирих-Запад е област која е во постојано регенерирање и го има изгубено своето индустриско минато. Неговата трансформација во активна област се должи на двојниот карактер на имплементација на делови карактеристични за традиционалноста на градовите во Швајцарија, и од друга страна на делови кои се есенцијални за светскиот урбан развиток. Областа е развиена постепено со голема почит кон историјата во атрактивна и самодоволна област. Постепено го живее и го гради својот идентитет преку колаж од индивидуално обележани простори, улици и коридори кои се испреплетуваат, уметност и култура која во заднина како сенка ги има остатоците од индустриската зона, фабриките и железничките пруги. n


записи

Б

www.geze.com

3

19 октомври 2012 ПОРТА

25


Што се случи со Музејот на с м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ дипл.инж.арх. (Србија)

26

Прошетката низ Музејот на современа уметност буди измешани чувства. Уште од првиот момент може да се види и почувствува комплексноста на внатрешниот простор, а во исто време тука е и чувството на немоќ, зашто мебелот е многу стар, нема музејски експонати, ѕидовите се трошни, дрвенаријата избледела, а местото е огромно и ужасно празно, како што е празен и паркот околу музејот. 3 ПОРТА

19 октомври 2012

елот на савскиот кеј од новобелградската страна, кој се простира од Бранковиот мост па сè до устието на Сава во Дунав, секако е едно од најубавите шеталишта што го има Белград. Голем број луѓе шетаат низ делот на брегот од каде погледот кон стариот дел на Белград и Калемеград е најубав. На горното ниво од шеталиштето се поставени клупи, кои во текот на летните месеци се во ладовина затоа што ги штитат големите крошни на липите насадени по должина. Зад шеталиштето се наоѓа голем дел од паркот, некогашниот Парк на пријателството, каде садниците ги поставувале претставници од други земји кои доаѓале во посета на некогашна Југославија. Некогаш, овој простор бил најјужната точка на едно царство од кое лесно можело да се види царството на кое му припаѓал Белград. После многу години низ кои реката Сава била граница, овој дел на сремската рамнина станал дел на Србија и Белград. Многу пред да стане Нов Белград она што

Д


архитектура

современа уметност во Белград? е, помеѓу двете Светски војни, на овој дел се собирале голем број белграѓани кои до��ѓале на капалиштето кај ресторанот „Ница“. Тоа бил еден слабо пошумен, мочуриштен простор помеѓу Белград и Земун, за поголем дел од населението недостапен сè до 1934 година кога е завршен висечкиот Мост Крал Александар во непосредна близина. Со желба да се прошири главниот град на новонастанатата држава, овој простор бил дел на голем градежен зафат со насипување на теренот кое го изведувала данска компанија позната по слични градежни зафати, после кое е овозможена изградба на новиот град или новиот дел на градот. Сето ова се случува пред почетокот на Втората светска војна, која ќе ги промени и плановите и изгледот на идниот нов дел на градот. Во годините после Втората светска војна тој дел од брегот е среден, дополнително зајакнат, направено е шеталиште кое и денес можеме да го видиме. Наместо некогашниот ресторан „Ница“ се наоѓа ресторанот „Ушче“ што долго години бил единствен угостителски објект. На просторот зад ресторанот „Ушче“ во 1965 година е отворена зграда која станала симбол и едно од најдобрите 

19 октомври 2012 ПОРТА

3

27


архитектура

Не-изложба како протест до јавноста и државните органи За состојбата во Музејот на современа уметност, за нашето списание зборуваат Наташа Лазиќ, ПР на музејот и Дејан Сретеновиќ, главниот кустос на музејот. Кога е затворен музејот, дали пред почетокот на реконструкцијата или е затворен порано, како Народниот музеј кој е затворен десет години, а реконструкцијата не е ни почната? -Музејот на современа уметност е затворен во јули 2007 година, а во 2008 година е започната адаптација, реконструкција и доградба на музејот. Во каква состојба се наоѓа зградата на музејот денеска? -Во овој момент е завршена првата фаза на работите на реконструкција, адаптација и доградба, која ги опфати средувањето на кровот, подрумските простории каде се наоѓаат депоата и работилниците, и доградба која се состоеше од изместување на енергетскиот блок (трафостаницата) од подрумската просторија на музејот и нејзино поставување во новиот објект. Во втората фаза следи комплетно рушење на сите инсталации и замена со нови, во третата фаза средување на надворешниот дел на музејот (фасада и браварија), четвртата фаза го опфаќа уредувањето на внатрешноста, а петата надворешното уредување на теренот (Паркот на скулптурите). Кога почна и зошто е прекината реконструкцијата? -Во согласност со стратешките приоритети на Репубика Србија, и одобрените финансиски средства од Националниот инвестициски план, Музејот на современа уметност во 2008 година започна адаптација, реконструкција и дограбда на зградата на музејот. Проектот е сочинет така што ги интегрира современите пристапи во проектирањето на сложени системи во музејската технологија во различни области, пред сè, во архитектонско-градежниот дел, и од аспект на микроклиматската оптимизација на објектот. Работите на реконструкцијата се прекинати поради 28

ПОРТА

3

19 октомври 2012

недостаток на парични средства. Овие денови се завршува изложбата за самиот музеј, можете ли да ни кажете како настана изложбата „Што се случи со Музејот на современа уметност?“ -Не е во прашање изложба туку неизложба чиј концепт е заснован на фактот дека во зградата, што во сегашната состојба на напуштено градилиште, нема елементарни музеолошки и технички услови, не можат да се прават изложби. Таа е вид на протест, апел и аларм до јавноста и државните органи, кои треба да укажат на погубните последици на застојот во реконструкцијата и да повикаат на изнаоѓање начин за нејзино продолжување. Какви се реакциите на стручната јавност и посетителите на изложбата, колку сте задоволни од посетата и интересот? -Исклучително сме задоволни од посетата и интересот, а посебно од реакцијата на стручната јавност која во проектот го препозна адекватниот и иновативниот начин да се сврти внимание на судбината на музејот. Кога можеме да очекуваме музејот повторно да биде отворен? -Одговор на ова прашање треба да се побара од Министерството за култура. Која е причината за катастрофалната состојба на музеите во Белград, од кои еден поголем број веќе со години се затворени? -Основната причина лежи во непостоењето на долгорочна културна политика и стратегија на развојот на музејската инфраструктура, но не треба да се занемари ни недостатокот на политичка волја насобраните проблеми во културата да се решат систематски.

дела на југословенската повоена архитектура. Белград таа година го доби Музејот на современа уметност. Дело на двајца архитекти, Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ, кое со својата архитектура доминира во просторот на паркот каде што се наоѓа. Зградата на музејот ја обележила кариерата на двајцата архитекти како нивно најзначајно дело. Со оригиналниот концепт на просторот и со поврзување за екстериерот, задоволувајќи ги основните музеолошки функции и стандарди, зградата на музејот била секако една од најзанимливите музејски згради во светот. Јапонскиот архитект Кензо Танге, за време на својот престој во Белград, рекол дека тоа е единствената зграда која е добра во градот. Волуменот на зградата го сочинуваат шест кубуси со исечени агли, додека фасадата е комбинација на бел мермер и делимично стаклени површини. Она што посебно претставува вредност на зградата е нејзиниот ентериер, единствен внатрешен простор, специфично сложен, без посебни прегради и коридори, поделен на пет изложбени нивоа. Успехот на архитектонското обликување го прави и успешното интегрирање на просторот со различните висини во единствена целина. Во околината на музејот се наоѓаат значајни вајарски дела. Пред 25 години зградата на музејот е прогласена за културно наследство. Во годините што следеа, после 1987 година кога музејот бил прогласен за културно наследство, многу нешта се промениле во блиската околина на музејот. Некогашниот Парк на пријателството станал запуштен, плочите под дрвјата каде пишувало кој го посадил тоа дрво се украдени, најубавиот дел на савскиот кеј го окупирале сплавови и со тоа делимично го покриле погледот кон стариот дел на Белград, изграден е трговски центар Ушче кој станал епицентар на случувањата во тој дел од градот. Точно помеѓу трговскиот центар и сплавовите и понатаму се наоѓа зградата на Музејот на современа уметност. Затворена за посетители со години, трошна и празна, зградата на музејот и состојбата во која се наоѓа претставува слика на општеството во кое паркот и музејот ја замениле сликата на забава и купување на типично транзиционото општество. Веќе со години архитектонското ремек-дело стои запуштено и заградено, во него нема случувања и не е отворено за посетители. Неколку пати е започната реконструкција и исто токлу пати е запрена. Се менуваа Влади, доаѓаа нови


архитектура

министри, го нагласуваа значењето на институцијата Музеј на современа уметност за една нација, но зградата до денешен ден остана затворена. Музејот се придружи на другите музеи кои се затворени или имаат несоодветен простор, како што се Народниот музеј и Музејот на град Белград. Така Белград на неславен начин уште еднаш ја оправда репутацијата што ја има во странство дека е град без музеи. Ова лето, Музејот на современа уметност го организираше проектот со назив „Што се случи со Музејот на современа уметност?“, поставка на документацијата, уметничките интервенции и ентериерот на зградата. Самиот проект, низ кој посетителите можеа да ја прочитаат целата историја на обновата на зградата, како и да прошетаат плашливо низ празниот музеј, траеше од 23 јуни до 30 септември. После пет години откако зградата е затворена за јавност, малку е направено иако беше предвидено сите работи да завршат до 2008 година, односно година дена од затворањето. Самиот проект се декларира како неизложба бидејќи во немузејот не постојат елементарни музеолошки и технички услови за изложување на уметнички дела. Во прашање е неизложба на затечената состојба, која има за цел да побуди внимание кај јавноста. Проектот „Што се случи со Музејот на современа уметност?“ го сочунуваа три сегменти, презентирање на информации, документи и артефакти сврзани за процесот на работата во обнова на зградата од 2002 година до денес, вториот сегмент го сочинуваат интервенциите на ументиците и дизајнерите, а третиот сегмент е ентериерот на музејот, со трагите од пропаѓањето на зградата, недовршените работи и остатоците од архитектура и мебел. Прошетката низ Музејот на современа уметност буди измешани чувства. Уште од првиот момент е можно да се види и почувствува генијалноста и комплексноста на внатрешниот простор, низ стаклата е можно да се види зелоното опкружување и Белград од другата страна на реката Сава, во исто време тука е и чувството на немоќ зашто мебелот е многу стар, нема музејски експонати, ѕидовите се трошни, стаклата потемнеле, дрвенаријата избледела, а местото е огромно и ужасно празно, како што е празен и паркот околу музејот. Прашање е кога овој простор ќе доживее потполна реконструкција, дали и после тоа ќе го

има истиот сјај и убавина со која зрачеше, дали ќе доминира со еден парк и ќе биде секако не најголема но најзначајна зг��ада на левиот брег на Сава. До тогаш веројатно уште некој познат архитект ќе рече дека тоа е единствена или една од ретките згради која вреди во Белград, многу луѓе ќе поминат низ савскиот кеј дваесетина метри од затворената зграда на Музејот на современа уметност, некој нов министер на култура ќе најави обнова, а сè ќе остане исто. Додека не биде обновена зградата на музејот, паркот пред него и целиот тој простор, времето може да се исполни со шетање низ најголемиот трговски центар во Белград или со посета на сплавовите во близина, со едно единствено просто прашање: Што се случи со Музејот на современа уметност? n

19 октомври 2012 ПОРТА

3

29


архитектура

Дрвна архитектура

Арена Стејџ

Александар ЧерепнАлКОСКИ инженер по дрвна индустрија

зграден во далечната 1950 година, Арена Стејџ бил еден од првите регионални театри во Соединетите Aмерикански Држави. Театарот има богата историја на ризикување и соборување на бариери, и од секогаш бил познат по тоа што е еден од најпознатите театри за перформанс артс во САД. Во доцните педесети години од минатиот век бил повикан еден од најпознатите модернистички архитекти од тоа време Хари Виси. Тој по барање на тогашниот директор на театарот почнал со проектирање на еден од првите кружни театри со сцена во средината. Завршен во 1961 година, театарот бил именуван по неговиот основач Зелда Фишандлер и претставувал одличен пример на американската модернистичка архитектура, а денес претставува

И 30

ПОРТА

3

19 октомври 2012

Арена Стејџ моментално претставува пример за тоа како може да се искористи дрвото и какви сè конструктивни решенија се можни со него. Таа е индикатор не само на тоа што е возможно да се направи, туку и што може да се планира во иднината, а тоа секако е да се прават иновативни работи употребувајќи го дрвото. и градба со големо историско значење. Со долгогодишната работа, стекнал репутација на театар со врвен дострел во областа на перформансот. Но со текот на времето градбата веќе не ги исполнувала потребите за модерните театарски претстави, ни просторни ни технички. Фактот што театарот има голема историска вредност дополнително ја отежнува работата за реконструкција и заштита на објектот. Еден од главните предизвици на архитектите во планирањето на

реконструкцијата бил да се заштити објектот, но притоа да не се изгуби карактерот и неговата естетската вредност. Како главен архитект и дизајнер бил повикан Бинг Том, кој заедно со својот тим архитекти и дизајнери одлучиле комплетно да го заштитат театарот со стаклена обвивка, со цел да се направи и звучна бариера и да се намали надворешната бучава која доаѓала од блискиот аеродром и околниот сообраќај. Новиот покриен простор претставувал ново лоби и


архитектура

канцелариски простории. „Беше многу важно да постигнеме заштита на театарот со транспарентна преграда за може да се види стариот театар“, истакнал архитектот Том. За таа цел се користени масивни лепени ламелирани столбови како конструктивни носачи и стаклена завеса за да овозможи пропуштање на светлина и поглед на прекрасната архитектура на стариот театар. Појдовната точка во проектирањето била дека може да се постигне стабилна

конструкција, а притоа исто така и убавината на архитектурата да не биде нарушена. Како резултат на оваа идеја, за обвивката на Арена Стејџ се користени 18 лепени ламелирани столбови со димензии од 13 до 20 метри врз кои почиваат челичните кровни носачи и целата стаклена фасада, која како настрешница го покрива целиот стар театар. Столбовите се оддалечени по 11 метри еден од друг, и имаат елипсовидна форма за конструктивна ефикасност. Формата и раздалеченоста на столбовите овозможуваат чувство на отвореност и проток на светлина во просторот. Целокупната конструкција на фасадата е проектирана да издржи големи притисоци на ветер, дожд и снег. Конструктивните столбови биле тестирани на дилатации под притисок од ветер. Сите столбови биле проектирани со исти димензии за визуелен континуитет без разлика на товарот што треба да го носат. Исто така, столбовите се со мало закосување од четири степени за да се минимизира одблесокот од стаклото. Стаклените плочи се поставени на 324 рамки, а за дополнителна стабилност има 216 конструктивни елементи кои претставуваат поддршка на целата фасада. Педесет и четири челични кабли се поставени од кровот до подот за поткрепа на застаклувањето. За да се потврди дизајнот била изградена макета која била однесена на тестирање во

воздушен тунел. Исто така, изведувачите изградиле макета од дел од фасадата во вистинска големина за да ја тестираат под услови на ураган. Покрај тоа што овие тестирања одземале значитителна сума пари, помогнале за да се усовршат деталите и врските на конструкцијата и секако начинот на подигнување на зградата. Конвенционалниот начин на конструирање би предложил конструкција која ќе го носи кровот, и посебна конструкција која ќе се изгради специјално за стаклената завеса. Додека дрвените столбови кои беа искористени во градбата ги завршија двете работи наеднаш. Во компарација на трошоците за градба со дрвени и со челични столбови, голема разлика се покажала во цената во полза на дрвото. Дрвото повторно се покажа како одличен конструктивен материјал, а воедно и материјал со голема естетска вредност и прекрасна текстура. Исто така може да се потенцира и дека дрвото се препознава и како еколошки материјал. Во овој проект се препознава обидот на архитектите да го употребат дрвото и да ги искористат неговите конструктивни и естетски квалитети, и секако успеале во тоа. Арена Стејџ моментално претставува пример за тоа како може да се искористи дрвото и какви сè конструктивни решенија се можни со него. Во Арена Стејџ е искористено дрвото на начини на коишто дотогаш не биле согледани. Дрвото секако е најдоброто решение за проект како овој. Арена Стејџ е индикатор не само на тоа што е возможно да се направи, туку и што може да се планира во иднината, а тоа секако е да се прават иновативни работи употребувајќи го дрвото. n

19 октомври 2012 ПОРТА

3

31


репортажа

архитектонски објекти кои се стремат кон иДнината

Уметност стопена во хуманост Драгица ФАррен дипл. инж. арх.

(Специјално за порта3 од Англија) алеку од мојата земја каде што архитектурата се бори со сите сили за своето достоинство, оригиналност и вистинска убавина... Се наоѓам во една друга земја каде што таа битка е веќе добиена. Се наоѓам во Англија, Хемпшир. Додека станбената архитектура тука изгледа дека го задржала својот традиционален изглед, објектите со јавна намена смело се стремат кон иднината. Различни материјали, богати бои, современа технологија и храбри концепти. Сигурно ќе си помислите, ништо различно од секоја развиена западна земја. И нема да бидете далеку од вистината. Сепак, во овој текст сакам да додадам нешто повеќе од класичното глорифицирање на еден концепт и идеја. Во овој текст

Д

32

ПОРТА

3

Влезниот дел со рецепција 19 октомври 2012

Академијата Велингтон се наоѓа во областа Вилтшир, распослана гордо во рурално опкружување, блиску до неколку помали гратчиња и една голема воена база од каде што се напојува со ученици. Моментално во неа учат околу 1.000 ученици од 11 – 18 години возраст. Дизајнот на овој објект е на групацијата БДП од Лондон во која работат многу архитекти, урбанисти, инженери и техничари. Скулптурални комуникации кои водат до тераса за собири, дел од фасадното обликување


репортажа

сакам да раскажам и да потенцирам нешто друго, нешто според мене, можеби уште поважно и посуптилно. Сакам да ви пренесам како една убава архитекура влијае врз животот на нејзините корисници и на општеството како целина. Овој пат се одлучив да претставам еден објект од образовниот процес, академијата Велингтон (The Wellington academy). Се наоѓа во областа Вилтшир, распослана гордо во рурално опкружување, блиску до неколку помали гратчиња и една голема воена база од каде што се напојува со ученици. Моментално во неа учат околу 1.000 ученици од 11 – 18 години возраст. Дизајнот на овој објект е на групацијата БДП од Лондон во која работат многу архитекти, урбанисти, инженери и техничари. Мислам дека сега е добар момент да потенцирам дека ова е државно школо. Да, звучи неверојатно. За да учите 

Библиотека со колоритен дел за седење

Фасадата на Академијата Велингтон со салата за вежбање

19 октомври 2012 ПОРТА

3

33


репортажа

Транспарентност во наставата со интерактивна табла во училницата за јазици

тука не ви се потребни никакви средства, освен да живеете во неговата близина. Ова е школо во кое учи мојата внука Шарлот, која пред некој ден наполни 13 години. Овој проект чини 32 милиони фунти, од кои владата го дава едниот дел, а другиот дел е кофинансиран од колеџот Велингтон (приватна институција), кој дава дел од нејзините средства назад на државата, а таа за возврат го ослободува од данок. Тоа е еден дел од паметните менаџерски способности на ова напредно општество. Едно здраво размислување и мотивирање, со цел да се подигне стандардот на државната едукација. За возврат имате вакви имресивни зданија кои се бесплатни за пошироката јавност и кои с��ануваат културен и архитектонски белег на заедницата. Оваа државна академија промовира ултимативно нов метод на учење и на предавање, вклучувајќи театар со 300 седишта, спортски и фитнес центар и оддел за здравје и убавина. Дизајнот нуди различни методи на предавање со централен дел кој поврзува четири сектори каде што се изучува уметност, бизнис и организација, наука и дизајн и технологија. Во него се вклучени најсовремени технологии како на пример, отклучување на училница и користење на компјутер со читач на отисок, интерактивни табли од кои

Интимен дел за седење поврзан со надворешноста

34

ПОРТА

3

19 октомври 2012

само една чини околу 100.000 фунти. Тоа е иднината на обичната табла која ние ја знаеме. Оваа табла е поврзана со компјутер и учениците можат да маневрираат со комјутерската проектирана заднина со помош на пенкало, молив или друг остар предмет. Првиот пат кога влегов во академијата, бев пријатно изненадена колку светлина, боја и живот имаше во неа. Нормално, како секој добар архитект, го извадив мојот апарат и почнав манијачки да сликам. Прво, отворив една лизгачка врата и се испостави дека влегов во театарот на академијата. Студенти вежбаа претстава. Се извинив за пречењето, но на нивните лице се читаше само задоволство. Веднаш ме поканија да седнам и да присуствувам на нивната проба. Следев како вежбаат еден мал период од кој изгледаше дека искрено се забавуваат. Играа, глумеа и се смееја. Чудно чувство, нели е општа вистина дека сите ученици го мразат школото? Подоцна продолжив со документацијата на дизајнот во главната хала, кога од некаде се појави еден постар човек (помислив дека е чувар), кој искрено се заинтересира што правам. Кога му објаснив дека сум архитект, лицето му се осветли и почна да ми објаснува за концептот на зградата, кои кадри се најдобри за сликање и на што дизајнерите штеделе, а на што не. Подоцна разбрав дека тој човек е всушност директорот на училиштето. И пак тоа чудно чувство. Нели директорите не излегуваат од својата канцеларија и дефинитивно не зборуваат со тотални странци? „Да се чекори по нашето уникатно и прекрасно училиште е навистина инспиративно и е нешто на што нашата заедница може да се гордее. Немам никаков сомнеж дека овој објект ќе ги подигне аспирациите на нашите вработени и нашите студенти“, вели директорот Енди Шофилд. Си заминав од академијата со полн апарат, полно срце и со многу импресии, и сфатив дека архитектурата тука ја постигнала својата цел. Не да биде цел за самата себе, не да биде уметност заради уметност, туку да биде уметност заради хуманост и заради прогрес. Архитектурата треба да ги негува и подига стандардите на корисниците и на околината. Да биде место каде што луѓето ќе се чувствуваат пријатно, среќно, добредојдено, моќно и гордо. Да мотивира и да се отвора кон нови знаења и нови предизвици и да прави од нас подобри луѓе. n Бифе со дел за седење во централниот дел


архитектура

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

3

19 октомври 2012 ПОРТА

35


арх. инфо Објект: House 77 Архитектонско студио: dIONISO LAB Локација: Повоа де Варзим, Португалија Стимулиран од културното богатство и историските вредности на градот Повоа де Варзим, проектот за овој резиденцијален објект, изработен од архитектонското студио dIONISO LAB, претставува можност за ревитализација на квалитетите на градот и целосна интеграција во импресивниот израз на бои и материјали кои ја карактеризираат улицата. Едноставен концепт, со вертикална и хиерархиска организација каде визуелната пространост и динамична интерконекција помеѓу просториите е достигната преку структурирање на ентериерот на полунивоа, додека пак неизбежноста на континуитетот низ просторот е потенциран преку сино обоениот ѕид кој се протега од првото до последното ниво. Специфичен сегмент кој го изразува идентитетот на објектот во однос на опкружувањето и ја обезбедува приватноста и интимноста претставува фасадното обликување со чисти, челични панели, перфорирани со симболи, некогаш употребувани како начин за комуникација, како и за обележување на семејните историски наследства, кои со текот на времето, пренесувајќи се низ генерации, еволуирале во нови, најразлични комбинации.

Објект: Културен центар ”Plassen“ Архитектонско студио: 3XN Architects Локација: Молде, Норвешка Лоциран во центарот на градот, простирајќи се помеѓу заливот и планинските ридови, културниот центар ”Plassen“ претставува очигледна фокусна точка на средба, компактна чиста конструкција креирана со диверзитетна експресија. Архитектонското решение претставува структура во која речиси секоја површина може да има повеќе од една функција. Заедно со кровната тераса и пространото скалиште до објектот е конституирана целина од три надворешни амфитеатри, кои колективно би можеле да сместат неколку илјади посетители. Во текот на денот, кровната тераса има улога на кафе-бар, рекреативен простор со уникатни визури и изложбен простор како составен дел од арт

36

ПОРТА

3

19 октомври 2012

галеријата, додека пак изразот на скалиштето претставува есенцијална врска помеѓу горниот и долниот дел на градот. За обликување на екстериерната површина е употребен светол гранит кој придонесува за создавање на сјајна монохромна експресија, во вечерните часови контрастирана со топла црвена светлина од централниот дел на објектот - концертната сала. Топлиот колорит на бои во внатрешноста во комбинација со подот изработен од тврдо дрво и природното осветлување, резултираат со создавање на пријатна и неформална средина, која заедно со големиот број на влезови овозможуваат објектот да изгледа интригантно и пристапно за сите посетители.


арх. инфо Објект: Јавна библиотека ”Spijkenisse“ Архитектонско студио: MVRDV Локација: Ротердам, Холандија

Во близина на пристаништето во Ротердам, архитектонското студио MVRDV го реализираше својот проект за ”Spijkenisse“ Book Mountain, јавна библиотека позиционирана на истоимениот трговски плоштад. Внатрешноста е обликувана преку дефинирана патека на движење со должина од 480 метри, покрај која се нижат полици за книги кои на начинот на кој се поставени, обликуваат пирамидална форма која набљудувајќи ја преку стаклената фасадна структура наликува на монументална витрина. „Планината од книги“ илуминира од внатрешноста и истовремено функционира и како рекламна поставка и како атрактор на посетители, т.е. љубители на книги. Околното опкружување на библиотеката се состои од 42 социјални резиденцијални единици, паркинзи и јавен простор, кои исто така се дело на MVRDV. Анализирајќи ги како единствена целина заедно со „планината од книги“, очигледен е стремежот кон формирање на иницијален пример за еко населба.

Објект: Две веранди Архитект: Gus Wüstemann Локација: Ерленбах, Цирих, Швајцарија Објект: Основно училиште ”Niemenranta“ Архитектонско студио: ALT Architects, Architecture Office Karsikas Локација: Оулунсало, Финска Основната цел на дизајнот на основното училиште е напуштањето на универзалниот и „ладен“ модернизам и негова замена со регионална, хумана архитектура која хармонично би се претопила во пејзажното опкружување, климата и културната адаптација на околината. Материјалите и формата применети за обликување на објектот претставуваат очигледен архитектонски израз на творење на Алвар Алто, како и на финскиот постмодернистички регионализам од 70-тите и 80-тите години на 20 век, додека пак формата произлегува од обединување на функционалните и урбаните цели. Главен елемент од екстериерното обликување претставува извиениот ѕид изработен од црвена тула, ориентиран кон јавните простори, создавајќи урбано чувство при набљудување на волуменот на објектот, истовремено поистоветувајќи се со природата и неурбаното.

Создавањето на објектот Salorge, на архитектонското студио Arcau му го донесе првото место во категоријата за проектирање на граѓански и општествени објекти на овогодишното доделување на награди на Светскиот фестивал за архитектура. Дефинирана од два калканско поврзани волумени, целината го изразува идентитетот на формите и облиците од локалната архитектура. Дрвените брисолеи како фасадна обработка суптилно ја прикриваат структурата од бетон и стакло во внатрешноста и го потенцираат стилскиот израз на структурата. Алтернирајќи полни и празни полиња, структуралниот дизајн на фасадата придонесува за создавање на ритам и креирање на континуирана анимација од светлина и сенка за време на сончевиот циклус во текот на денот. Наместо да се потенцираат новите архитектонски стилови и симболи на заедницата, објектот претставува слика на традиционалниот дух на резиденцијалните објекти од околината, форма генерирана од квалитетите на субурбанизацијата, конзистентен микс од традицијата и модерното.

Подготви: Андреа ЈАмАкоскА

19 октомври 2012 ПОРТА

3

37


интервју

ТЕа ИчЕВа И СИМОНа СТОЈаНОВСКа „ДОТ ��РХИТЕКТИ“

Современ пристап и храбар дизајн-речник идентификациско обележје Анастасија НиколовскА

Симона Стојановска

n Имајќи ја предвид домашната архитектонска сцена во последната деценија, во што Вие согледавте предизивик да пласирате едно ново архитектонско студио со специфичен организационен и функционален карактер на македонскиот пазар? -Следејќи го развојот на архитектонската сцена и методологијата на решавање архитектонски проблеми во светски рамки, и правејќи паралела со сето она што се случува во нашата држава на ова поле, предизвикот е повеќе од голем. Ние, како архитектонско биро, предизвикот го пронајдовме во создавање еден архитектонски простор кој во себе ќе содржи уникатност, но и во кој ќе се

интегрираме процесот на проектирање со социолошките аспекти кои се врзуваат за креирање на работен простор. Еден од клучните елементи беше да се проектира пријатен и креативен простор кој, земајќи го предвид карактерот на нашата професија, ќе инспирира и позитивно ќе влијае врз нас архитектите како негови корисници, но во иста таква мера ќе влијае врз нашите клиенти. n Сметате ли дека постои доволен број на архитектонски студија, кои можат да го покријат нашиот пазар истовремено придвижувајќи ја домашната архитектонска продукција преку креативни и неконвенционални критериуми на творење кон светските архитектонски случувања? -Во последните години во Македонија

Неодамна, Скопје доби уште еден архитектонски простор. Всушност се работи за подмладениот тим на архитектонското студио „ДОТ Архитекти“ - Теа Ичева и Симона Стојановска, кои преку свеченото отворање на своите работни простории ја најавија сопствената идеја на отстапување од стереотипите и организациските шеми кои се следат кај нас

ПОРТА

имплементира структурален склоп на елементи кои го изразуваат нашиот дизајнречник, архитектонски пристап и дисциплина. Иако не станува збор за ново архитектонско студио, ние се обидовме да пласираме простор кој во себе содржи еден нов пристап во современа медотодологија во проектирањето. Со оглед на актуелната слика, но и со проблемите со кои се соочува македонската архитектонска сцена во последната деценија, реализации на проекти од овој тип, за жал, се сè поретки. Токму поради ваквата состојба, предизвикот но и движечката сила за изведбата на овој проект беа големи. Ние се обидовме при конципирање на идејното решение да го

Теа Ичева 38

3

19 октомври 2012

градежната индустрија е во пораст, со што се зголемуваат и бројот на архитекти и архитектонски студија, што значи дека постои доволен број архитекти за покривање на пазарот, но не секогаш овој квантитет продуцира и квалитет. Ние се соочуваме со општество каде што постојат стереотипи во одност на креативноста и иновативноста во архитектурата. Придвижувањето на македонската архитектонска сцена поблиску до светските случувања претставува заемен труд на архитектите, но и на клиентите. Македонија е доста плодно тло, кога се во прашање млади и прогресивни умови од нашата професија, и ние како архитектонско студио секогаш сме подговени да ги


интервју овозможивме оптимална искористеност на внатрешниот простор без физичка поделба помеѓу партициите. Крајниот продукт резултира со простор во кој е направен склоп на индустриски елементи, материјали со природни завршници и богата колор шема. Целиот простор промовира еден нов пристап кон проектирањето, од зонирањето па сè до изборот на материјали, главната цел која мислиме дека ја постигнавме е да произведеме простор, кој ќе го подигне стандардот за работни услови и кој ќе поттикнува тимска работа. n Препознавте ли доза на емпатија и изразена субјективност при проектирањето и уредувањето на својот работен простор во однос на другите проекти кои ги изработувате за вашите клиенти? -Долгогодишното опстојување на македонскиот пазар на нашето биро се должи на професионалноста и посветеноста со која влегуваме во секој нов проект. Тоа значи дека во овој проект е применет подеднакво ист пристап како и кон сите останати проекти. Единствената разлика која може да се препознае на овој проект е тоа што овој пат се обидовме да ги задоволиме нашите потреби како архитекти-корисници на тој простор, и да го искористиме како платформа за презентација на еден посовремен пристап кон проектирање, на нашите клиенти.

доведеме до реализација проектите, што во себе носат иновативна и креативна идеја. Со ваквиот пристап ние сметаме дека се вбројуваме во оној дел на студија кои ја застапуваат оваа „идеологија“, и полека но сигурно работиме кон подобрување на целокупната слика на македонската архитектонска сцена. n Ентериерното уредување на работните простории наменети за архитектонското студио „ДОТ Архитекти“ во голема мера отстапува од конвенционалниот прототип за обликување на работни простори. Дали може да ни кажете повеќе за концептот и идејата?

-Нашата примарна цел при конципирање на решението за новите канцеларии на „ДОТ Архитети“ беше токму тоа, да создадеме проект кој ќе ја акцентира нашата способност да произведеме уникатен и креативен простор, кој ќе отстапува од конвенционалните прототипи на она што вообичаено го гледаме како работен простор. Се обидовме да креираме простор во кој нашите дизајн-методи за функционалноста и естетиката ќе продуцираат кохерентна слика на еден нов прототип на ентериери од овој карактер. Ентериерниот простор е дефиниран од поставеноста на мебелот, кој е прецизно дизајниран за оваа намена, со што

n Дали архитектонскиот израз кој е имплементиран во ова ентериерно уредување во суштина претставува идејно отелотворување на вашиот архитектонски тим? -При самиот почеток на секој нов проект, ние се обидуваме да ги имплементираме желбите и животните стилови на нашите клиенти со нашите дизајн-методи, а овој пат овие барања се дефинирани од страна на нашиот тим како корисници, но и како проектанти. Од самото ова можеме да заклучиме дека иновативноста и храбриот архитектонски израз се токму оние работи, кои ние како архитектонско биро преку оваа реализација сакаме да ги презентираме на нашиот пазар. При процесот на проектирање на овој простор се надевавме дека современиот пристап и храбриот дизајнречник ќе претставуваат платформа и еден вид „идентификациска карта“, за да се прикаже токму тоа, современата прогресивна идеологија која стои зад нашиот тим. n Дали сметате дека со конципирањето на едно вакво архитектонско студио со посовремена идеолошка перспектива во однос на досегашната во нашите опкружувања, би можело да се изврши прогресивно влијание 19 октомври 2012 ПОРТА

3

39


архитектура

врз поконзервативните размислувања, ставови и восприемања на она што всушност претставува современа и модерна архитектура и како таа треба да биде перципирана? -Следејќи го социјалниот и економскиот развој на општеството во кое егзистираме, сметаме дека едно вакво архитектонско студио со посовремена мисла во однос на актуелната слика, е подготвено и веќе континуирано со години влијае врз промената на поконзервативното размислување за архитектурата и нејзино восприемање. Задоволувањето на фукнцијата за која е наменет еден објект не е единствената детерминанта за нејзината форма и успешност како дело, таа со себе повлекува и други прашања во однос на контекстот-околината во која е поставена микро-локацијата, задоволувањето на географските спецификации, социјалниот апсект, односно како кореспондира со односите меѓу луѓето и многу други. Сите овие елементи ние се обидуваме да ги вклопиме во нашите проекти. Ние со нивна реализација сакаме да добиеме краен продукт, кој би ја подигнал свеста за архитектурата како уметност и наука, и истата таа реализација би била претставник на современата архитектура. n Кои светски и домашни автори претставуваат инспирација во градењето на вашата индивидуална архитектонска мисла и креативен процес? -Во вакви случаи кога станува збор за тим наместо поединец, потешко е да се издвојат автори од чии дела и методологија би се црпела инспирација. Градењето на нашата индивидуална архитектонска мисла, како тим претставува склоп на индивидуализам, критичко размислување, анализа и 40

ПОРТА

3

19 октомври 2012

инспирација. Ваквиот склоп генерално не значи само мотив од конкретни автори, туку од се што го восприемаме како простор и форма. Иако не во голема мера во нашето опкржување и општество, сепак постои простор за имплементирање на искуства и

инспирации добиени од светската архитектонска продукција. Во процесот на градење на архитектонскиот израз на нашето студио влијаат повеќе фактори, но сепак тоа претставува континуиран процес на менување и надградување. n


Заха Хадид ja претвора зградата на „Беко“ во луксузен хотел? аха Хадид, една од водечките архитекти на денешницата, ќе стави авторски печат и во Белград, на местото на некогашната фабрика „Беко“ во подножјето на белградската тврдина. Нејзиното студио со седиште во Лондон потпиша мултифункционален центар: хотел, луксузни апартмани и деловен простор, а јавниот увид во урбанистичкиот проект почнува д��неска. Ако се обистинат намерите на инвеститорот, грчката компанија „Ламда“, која зградата на фабриката „Беко“ во стечај ја купила во 2007 година за 55,8 милиони евра и го ангажирала студиото на Заха Хадид, Белград ќе биде прв град во овој дел на Европа кој ќе може да се пофали со авангардна градба проектирана од славната архитектка. - Комплексот ќе се простира на 94.000 квадратни метри и ќе го сочинуваат резиденцијален, комерцијален и деловен простор, како и хотел со пет ѕвезди. Ќе стане нов урбан центар на градот во кој ќе има место за различни содржини: туризам, шопиг, прошетка, одмор. Проектиран е така што ќе ги задоволи највисоките стандарди за зелена градба. Позициониран е на 3,3 хектари помеѓу Калемегдан и Спортскиот центар „Милан Гале Мушкатировиќ“ и ќе ги поврзе градот и реката. И што е најважно, ќе отвори 1.000 работни места - велат во компанијата ”Lamda divelopment“ и нагласуваат дека тие се единствени сопственици и носители на работата во која ќе вложат повеќе од 200 милиони евра. На овој проект, Заха Хадид соработува со Патрик Шумахер, познат архитект од нејзиниот тим, кој на овогодишната Белградска недела на

З

дизајнот најави дека главниот град на Србија ќе добие „репрезентативна зграда на хотелот што извонредно ќе се вклопи во амбиентот“. Во „Ламда“ потврдуваат дека проектот е во согласност со домашните прописи и регулативи и дека сите сугестии на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата се вклучени во финалното решение. Идниот повеќенаменски центар се наоѓа во рамки на комплексот на белградската тврдина, споменик на културата од исклучително значење за републиката. Условите за заштита на тоа подрачје за потребите на планот на детална регулација што претходи на урбанистичкиот проект усвоен во март оваа година, го пропиша Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, во чија надлежност е тврдината.

19 октомври 2012 ПОРТА

3

41


eнтериер

Просторна инка кон езерото

ивана групче дипл.инж.арх.

ишуваме за стан кој се наоѓа во Охрид на самото крајбрежје - кејот на Охридското Езеро, во централното градско подрачје, со квадратура од 45 м2. Поседува одлична местоположба, нуди прекрасни визури и претставува извонреден предизвик за архитектот Пјер Кања (Pierre Cagna) и неговото проектантско ателје CAGNA + WENGER architectes SA од Швајцарија, за изнаоѓање привлечно ентериерно решение и оплеменување на внатрешниот простор, согласно потребите на клиентот. Швајцарскиот архитект Пјер Кања го формира своето архитектонско ателје веднаш по дипломирањето, во 1984 година, и досега, со мали измени во името, тоа функционира како етаблиранo студио за архитектонско проектирање, ентериерен дизајн и урбанистичко планирање, кое може да се пофали со мноштво разнолики проекти од своето формирање до денес. Од оваа година, ова архитектонско ателје ги проширува границите на своето дејствување, отворајќи свое

П

42

ПОРТА

3

19 октомври 2012

претставништво и во Македонија. „Она што беше провокација за архитектонското студио и остана краен предизвик до самата реализација на ентериерот, е специфичната форма на станот, кој како инка се стеснува кон езерото“, вели за „Порта3“ архитектот Адис Љајиќ, еден од членовите на тимот. Основата е долга 13 метри а широка 3 метри на најтесната страна, на самиот излез на езерото. Минималистичкиот пристап ќе ве пресретне уште во самиот влезен претпростор, од каде што чистата геометриска перспектива на станот и аглите што се нудат, веќе доволно ќе ве испровоцираат да откриете што се случува понатаму. Перспективното стеснување на инката што ја диктира основата на станот и чистата геометрија поткрепена со интимно осветлување, веќе инстантно ве внесува во јадрото на топлината на овој дом, односно во дневниот и трпезариски престој со отворен видик кон терасата и езерскaтa шир. Она што навистина е интересно за овој стан е неговата отворена концепција. Дури и спалната, иако е потисната во длабочината, е оставена отворена кон езерската слика. Идејата е да не се испушти видикот во ниеден момент, па дури и кога се


eнтериер

станува или легнува. Ни функцијата во кујната не е подредена во овој простор. Таа нуди комплетнo отворени погледи низ шанкот кон езерото и рутинската работа во неа се претвора во задоволство. Просторот едноставно тече и го вовлекува набљудувачот во глетката што смирува. Доминантниот фокус на сите линии, движења и драматичност во овој ентериер претставува токму езерото. Како што објасни архитект Љајиќ, токму затоа сите ѕидни и тавански површини се оставени чисти и бели, без дополнителна обработка и непотребно нагласување. Само подот е изведен од еукалиптус, темно австралиско дрво, за да се добие топол, попријатен и поплеменит тон во просторот и да се избегне чувството на бела стерилност. Дури и ентериерната опрема во целиот стан е ненаметлива, изработена од бел сјаен медијапан на чии површини се огледуваат

рефлексиите на целата драма во ентериерот: езерото, луѓето, геометриските испреплетувања и светлото. Но, езерото не се јавува како единствен фокус во станот. Како и да се заврти, човек ќе пронајде интересен перспективен агол, кој ќе ја разбуди неговата љубопитност за просторот. Комплетната слика е надополнета со прекрасно амбиентално светло, испроектирано со огромен сензибилитет за играта на светлината во ентериерното доживување. Овој стан е така мирен и релаксирачки, но никогаш монотон. Едно прекрасно и необично решение, кое покажува слобода во креативната мисла и доказ дека од така сложена форма, долга, тесна и испрекршена, може да се создаде максимално искористен и функционален простор за кој уживањето, комфорот и релаксацијата се вистински атрибути. 19 октомври 2012 ПОРТА

3

43


технологии

Шанса за укотвување во бизнисот на Autodesk

Трајче сТоЈАНов дипл.инж.арх. utocad е Windows во АИГ индустријата (aрхитектура, инженеринг, градежништво). Во фелата скоро и да не постои компјутер кој не го содржи. За повеќето, Autocad е основна алатка без која не може да се замисли нашето работно секојдневие. За Autodesk, компанијата што го поседува, Autocad е златната кокошка. Но сепак, да погледнеме пошироко од дијагоналата на мониторот. Да ја погледнеме големата слика. Да, Autocad е најдобро продаван CAD (Computer Aided Design) софтвер на сите времиња. Во светот постојат милиони верни корисници. Но, постојат и уште други десетици илјади вработени во компании означени како thirdparty Autodesk парнери кои „лебот го вадат“ со создавање на апликации базирани на Autocad платформата. Уште од дамнина (постарите колеги ќе се сетат), особено популарно беше да се креираат рутини (софтверски додатоци) со сопствени сили. Рутините овозможуваа извршување на систем на наредби со цел оптимизација на работењето во програмата, добивање на брзина, квалитет, автоматизација и слично. Autocad не беше ни пола од она што е денес, па имаше простор за секакви оптимизации, автоматизации и

A

44

ПОРТА

3

19 октомври 2012

приспособувања. Практично, софтверот ја потенцираше индивидуалната црта на корисниците. Секоја таква оптимизација, рутина значеше конкурентска предност: умешните владееја со проектите, но и со проектантските бироа. Многу возбуда. Autocad мајсторите, одлично се снаоѓаа низ програмерските предизвици. Тоа беше време на корисничко приспособување на Autocad од секој аспект. Најкористена опција беше Autolisp, дијалект на Lisp програмскиот јазик, создаден во 1985 година специјално за употреба со Autocad и неговите деривати ( AutoCAD Map 3D, AutoCAD Architecture и AutoCAD Mechanical).


технологии

Во светот постојат милиони верни корисници на Autocad . Но, постојат и уште други десетици илјади вработени во компании означени како third-party Autodesk парнери кои „лебот го вадат“ со создавање на апликации базирани на Autocad платформата. Можеби во иднина, македонска компанија ќе се прослави со некое Autodesk базирано решение, наменето за АИГ професионалците. Некаде по 1995 година Autodesk започна со промовирање на некои попопуларни програмски интерфејси како VBA, .NET и ObjectARX. Подобрената верзија на AutoLisp, наречена VisualLISP настапува на сцена околу 1997 година. Овие развојни програмерски платформи, како и популарноста на Autocad, создадоа можност за голем број претприемачи, кои создадоа апликации кои работат партнерски или како додаток на Autocad. Тие видоа шанса својот бизнис да го укотват за софтверскиот гигант Autodesk, кој денес има над седум милиони корисници во над 160 земји во светот. Ова партнерство денес нуди над 800 апликации за Autocad, 225 апликации за Autocad Architecture, 220 апликации за Autodesk Цивил 3д, скоро 200 за Ревит Architecture итн. Сите спомнати се комерцијално достапни апликации, но ако пребарате на Интернет, ќе наидете на мноштво веб страници кои нудат бесплатни апликации, додатоци, рутини, туториали, совети и слично. Тука е и Autodesk Exchange (http://apps.exchange.autodesk.com), веб страница хостирана од страна на Autodesk каде корисниците можат да ги оставаат своите производи на продажба или да ги понудат за бесплатно преземање. Дефинитивно одлична идеја. Се на сè, Autodesk доста вложува во својата партнерска програма. Се нудат мноштво курсеви, помошни алатки се со цел да се охрабрат

дури и оние што немаат врска со програмирањето, но имаат идеја и желба да влезат во партнерство како „трети развивачи на софт��ер“ за Autodesk. Некои среќници успеваат да стигнат далеку. Нивните уникатни и квалитетни решенија стануваат успешни комерцијални апликации, но многу други завршуваат во Autodesk преку платена богато откупна цена. А такви има и од Балканот. Развивањето на апликации кои се базираат на некоја платформа станува доста популарни и кај нас. Такви се трендовите за развој на апликации наменети за мобилните уреди, а базирани на Android или iOS оперативните системи. Иако шансите за успех на тоа поле се релативно мали поради големата конкуренција, која досега продуцирала милиони такви апликации, филозофијата на таквите бизнис почетоци е широко прифатена како легитимна шанса за успех (особено на старт-ап бизнисите). Можноста да се заработи од водечките софтверски платформи за АИГ индустријата, важи и за другите производители како Bentley Systems, Nemetschek итн. Microsoft тоа одлично го прави, а одлично функционира и неговата соработка со малите ИТ бизниси кои развиваат апликации базирани на Microsoft платформите. Користа е обострана. Можеби во иднина, македонска компанија ќе се прослави со некое Autodesk базирано решение, наменето за АИГ професионалците. n

19 октомври 2012 ПОРТА

3

45


експерт

Дaли упокоените и ожалостените ќе ги отплаќаат банкарските долгови? д-р владимир Б. лАдиНски, дипл.инж.арх. (велика Британија) овопредложените мерки на британската влада за привремено олеснување на урбанистичките прописи до 2015 година, заради подобрување на постојните станбени и деловни објекти, претставени во претходното издание на „Порта3“, се чини дека не го побудуваат очекуваниот ентузијазам кај пошироката јавност. Според владата, со временото олеснување на прописите ќе се стимулираат заинтересираните физички и правни лица во временски ограничен период да ги реализираат посакуваните подобрувања на своите објекти, со што ќе се отворат можности за зголемени градежни активности, преку кои би се придвижило и целото стопанство во земјата. Од друга страна, за големите градежни компании, привременото олеснување на прописите не е најпосакуваната вест, бидејќи тие стравуваат дека клиентите наместо да купуваат новоизградени објекти ќе ги подобруваат постојните, со што ќе се намали нивниот обем на работа. Исто така, постои и стравување дека со привременото олеснување на прописите, веројатно ќе се зголеми бројот на идните судски спорови, до кои може да дојде како резултат на легалните, но можеби прекумерни доградби на објектите, кои во отсуство на потреба за урбанистичка согласност не земале предвид како доградбата ќе влијае на соседите.

Н

ДаНОК Како и секогаш, владата ќе се стекне со придобивки од зголемената градежна активност и раздвижувањето на економијата преку даноците што ги собира. Гледано од овој аспект, определбата да се стимулира подобрувањето на постојните објекти може да се објасни со желбата повеќе да се собере данок на додадена вредност, кој во изминатите години од 17,5 проценти падна на 15 проценти, за да се врати на 17,5 проценти, за потоа да се покачи на сегашните 20 проценти, а кој се плаќа, на 46

ПОРТА

3

19 октомври 2012

Според познавачите на локалните прилики, 2015 година е избрана како година до кога би се применувале времените олеснувања на урбанистичките прописи за подобрување на постојните објекти, бидејќи истата година истекува мандатот на сегашната политичка гарнитура и треба да се спроведат наредните парламентарни избори пример, за адаптациите и доградбите на постојните станбени објкети, но не и за новоизградените станбени објекти. Се разбира, со подобрувањето на постојните објекти се зголемува и нивната вредност, а со тоа се зголемува и даночната основа врз која се пресметува данокот на имот за физичките и правните лица. Исто така, се зголемува и основицата врз која се пресметува и вредноста за осигурување на недвижниот имот. Со оглед на тоа што данокот на додадена вредност на осигурителните полиси е релативно нов данок, фактот што истиот неодамна беше покачен на шест проценти во комбинација со

континуираниот тренд на зголемување на цените на осигурителните премии, позитивно ќе влијае на надополнувањето на националниот буџет, а на сметка на осигурените лица.

ИЗБОРИ Познавачите на локалните прилики веројатно можат да го согледаат и значењето зошто токму 2015 година е избрана како година до кога би се применувале времените олеснувања на урбанистичките прописи за подобрување на постојните објекти. Едно можно објаснување на ваквиот избор е тоа што во 2015 година истекува мандатот на сегашниот парламент и треба да се


архитектура спроведат наредните парламентарни избори. Минатото искуство укажува на тренд, според кој владите на почетокот на својот мандат го „стегаат коланот“ и го фоксуираат своето внимание на акумулирање на финансиски средства во буџетот, за потоа пред новите избори да го трошат собраното за да ги привлечат гласачите. Од аспект на една ваква практика, релативно лесно може да се согледа сценарио, според кое со воведување на привремено олеснување на прописите, заинтересираните странки се силно поттикнати подобрувањето на своите објекти да го реализираат во текот на следната и во 2014 година за да не ја испуштат можноста, при што ќе треба да платат 20 проценти данок на додадена вредност. Од друга страна, пред парламентарните избори во 2015 година, од владата се очекува да најави низа државни инвестиции и даночни олеснувања за да ги привлече гласачите. Една од новите мерки може да биде и намалување на данокот на додадена вредност, со оглед на тоа што во одредени кругови се смета дека сегашниот данок од 20 проценти негативно влијае врз нивото на потрошувачката во земјата.

НаСЛЕДСТВО Настрана од вообичаените политички предизборни подготовки и калкулации, предложеното времено олеснување на урбанистичките прописи за подобрување на постојните објекти можеби со себе носи и една друга многу посериозна димензија. Во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, од плаќањето на данок на наследство ослободени се само брачните

другари. Значи, по смртта на едниот брачен другар, другиот наследува сè без да плати данок, додека за сите други наследници, вклучително и децата, важат други правила според кои за оставнините со вредност до 325 илјади фунти (околу 406 илјади евра) не се плаќа данок на наследство. Доколку вредноста на оставнината го надминува овој износ, тогаш на разликата мора да се плати 40 проценти данок на наследство, пред да може оставнината да се пренесе на наследниците. Така, доколку вредноста на оставнината е 425 илјади фунти, разликата ќе биде 100 илјади фунти, и пред наследниците да се стекнат со имотот тие ќе треба да платат 40 илјади фунти на име на данок на наследство, сума која е приближно еквивалентна на околу 2,3 просечни нето годишни плати. Затоа наследниците најчесто се приморани да земат кредит, или да продадат дел од недвижниот или движниот имот, за да можат да го платат данокот пред да се здобијат со наследеното. При ова, данокот за наследство треба да се плати во рок од шест месеци од месецот во кој лицето починало, а по истекот на овој период се плаќа затезна камата на оргиналниот износ на данокот. Се разбира, нивото на оставнина до која не се плаќа данок на наследство можеби се чини енормна за македонските прилики, но гледано од британскиот контекст, таа не е толку голема доколку се земе предвид дека просечната вредност на индивидуална куќа во земјата, според националната катастерска служба за периодот од април до јуни оваа година изнесува 327.646 фунти, додека просечната цена на сите станбени објекти за истиот период е 238.638 фунти. Исто така, вредноста на оставнината се

определува врз основа на проценка од овластен проценител, при што во оставнината влегува сиот недвижен и движен имот, заштеди, инвестиции, па дури и вредноста на одредени подароци, кои упокоениот ги има подарено во периодот од седум години пред неговата смрт.

ПРОЦЕНКИ Вообичаено проценките за оставнина се со најниски вредности, и ако предметот или имотот треба да се продадат, тоа најчесто треба да се направи во кус временски рок, кој не овозможува продажбата да се спроведе во услови кога предметот или имотот ќе можат да ја реализираат својата максимална пазарна цена. Во овој контекст, британските медиуми јавуваат дека даночната служба сè почесто не се согласува со проценетата вредност на оставнината, и на тој начин преку нејзино зголемување собира дополнителни даноци. Како ќе се гледа на оваа практика, веројатно е прашање на личен став, но она што загрижува е дека според извештаите, не само што даночната служба сака при проценката да ја земе предвид сопствената проценка на вредноста базирана на постојната состојба на објектот, туку и додадената вредност која може да се пресмета на потенцијалот за доградба и адаптација на објектот или пак за изградба на дополнителен објект на парцелата. Со други зборови, доколку постојната вредност на објектот е 300 илјади фунти и тој никогаш не бил доградуван, тие може да земат предвид дека при проценката со евентуалната модернизација, доградба, пренамена на таванскиот и подрумскиот простор во станбен дека вредноста на објектот би се зголемила на 425 илјади фунти. Врз основа на една ваква проценка на даночната служба, наследникот ќе треба да плати 40 илјади фунти данок за наследство, а доколку се реши да го продаде објектот и да ја реализира целата процената постојна вредност на објектот од 300 илјади фунти, наместо со 300 илјади фунти ќе остане само со 260 илјади фунти во џеб, со оглед на тоа што требало да плати 40 илјади фунти данок за наследство базиран на некоја имагинарна идна состојба на објектот. Замислете само какви можности ќе отвори привременото олеснување на урбанистичките прописи за подобрување на постојните објекти во погорниот контекст, со оглед на тоа што ќе биде дозволено да се направат двојно подлабоки доградби од оние дозволени според сегашните прописи, и прашајте се дали преку еден ваков пристап упокоените и ожалостените ќе ги отплаќаат банкарските долгови во Британија? На Вас, читателите, оставам да решите во колкава мера може да се оправда еден ваков пристап, само затоа што упокоениот со сигурност нема да може да гласа на следните избори!!! 19 октомври 2012 ПОРТА

3

47


дизајн

Девојката од бронза на „Мизар“ стана обетка ГЛИГОР КУЗМаНОВСКИ, ИЗРаБОТУВач На НаКИТ

„Има многу музика во мојот накит, без музика не би можел да функционирам, затоа многу наслови на песни се теми на парчињата што ги изработувам. Ќе споменам некои од подрагите дела, како алката „Sea and Sand“ инспирирана од истоимената песна на Nicola Conte, алката „Autumn Leaves“ , „Winter Sun“, „Blue Moon“, „Pale Blue Eyes“ и многу други. Не би можел ниту без добар филм вклопен во накитот“.

кате АНТевскА историчар на уметност

ко сакате да ги носите Пит Мондријан и Марк Ротко како моден додаток или можеби да ставите брош кој шеговито го претставува цртаниот лик „Сунгерот Боб“, тогаш треба да ги погледнете колекциите на накит на Глигор Кузмановски. Историчар на уметност, кој дрвото го обликува во накит, кој умее да ви раскаже приказна, не само лична, туку музичка и филмска. Како учесник на „Недела на дизајнот“, тој беше претставник на младите македонски креативци. Да слушнеме нешто повеќе за неговата работа. Да се работи накит од дрво значи ли да се има вештина во рацете каква што може да поседува само скулптор? Лесно ли се припитомува едно парче дрво? n Јас така и почнав, изработувајќи неколку скулптури. Всушност, сè уште немам престанато да го работам тоа, само ги приспособувам скулптурите во една минијатурна форма за секојдневна употреба, надвор од затворените простори. Тоа што работев скулптури само ми помогна во изработка на накитот, меѓутоа мислам дека може да се каже и спротивното, добар изработувач на накит може да биде и добар скулптор. И за едното и за другото треба да ти се вклопат „елементите“. Се започнува од едно добро парче дрво, добра идеја, неколку ситни алатки и многу галење (шмирглање). Најчесто употребувам цреша, ја користам нејзината природна црвеникава боја,

А

48

ПОРТА

3

19 октомври 2012

- обетки„Секое ново видување, те чувствувам се поблиску и поблиску“

фотографија од Александар Танчевски, модел Ивана Гелева


дизајн обетки „Девојка од бронза“

ланче од колекцијата „Шума“

алка „Autumn leaves“

обетки „Лак и стрела“

смоквата ја користам кога ми треба жолтеникава боја, а со оревот ги добивам нијансите на кафената. Kога сакам да добијам појак интензитет употребувам и акрилни бои. Како историчар на уметност и археолог познати ви се уметничките дела од далечното и поблиско минато. Колку сликите на големите мајстори извршија влијание во вашите дела? n Тоа и беа моите први парчиња накит - платната од Мондријан, Ротко, Њуман. Сакајќи да ги доближам уметниците до пошироката публика, ги пренесов нивните слики на првите обетки, а подоцна инспириран од истите си поигрував во различни варијации. Човекот твори откако постои, никогаш не престанал, а нема ни понатаму. Тоа е за восхит. Уметноста и археологијата секогаш ќе имаат значајно влијание врз мојата работа. На многу духовит начин внесувате уметност во вашиот накит. Девојката од бронза на „Мизар“ и „Сината месечина“ на Били Холидеј станаа обетки, а подеднакво инспиративни ви се и делата од „Баухаус“. Раскажете за музиката, архитектурата и филмот во вашите дела? n Има многу музика во мојот накит, без музика не би можел да функционирам, затоа

многу наслови на песни се теми на парчињата што ги изработувам. Ќе споменам некои од подрагите дела, како алката ”Sea and Sand“ инспирирана од истоимената песна на Nicola Conte, алката ”Autumn Leaves“ , ”Winter Sun“, ”Blue Moon“,”Pale Blue Eyes“ и многу други. Не би можел ниту без добар филм вклопен во накитот. Дури и цртаните филмови ме инспирираат, таков е „Сунгерот Боб“. Голем дел од својата инспирација ја должам на уметноста во секој свој облик, природата и природните случувања, кои се уметност сами по себе. Интимните случувања и приказните од секојневниот живот исто така се читливи во брошевите, ланчињата и обетките. Меѓу нив се и обетките со наслов „Секое ново видување, те чувствувам се поблиску и поблиску“. Раскажете ни нешто за ова? n Многу емоции, многу сеќавања, многу приказни, многу испреплетени лични доживувања. „Секое ново видување, те чувствувам се поблиску и поблиску“ се однесува на една љубов на далечина на мои многу драги пријатели, кои живеат во две различни држави. Се сретнуваат неколку пати во годината. Јас гледајќи ги од страна, гледајќи ја жарта обетки „Сунгерот кај двајцата пред секоја Боб“ нивна наредна средба, ме

обетки „Мит по Андријана“ по платно од Пит Мондријан

натера да направам обетки за девојката. Работите самостојно, но понекогаш и соработувате со модни дизајнери. Колекцијата „Шума“, која е производ на оваа соработка, се чини стана омилена меѓу младите. Што најмногу се бара како моден додаток? n Да, работам самостојно, меѓутоа два пати реализирав соработка со модната дизајнерка Росица Мршиќ. Го изработив накитот за колекцијата „Шума“ и за колекцијата „Африка“ со која се претставивме на Скопска модна недела 2012. Добро поминаа и двете, имаше убави реакции меѓу луѓето. Не би можел да кажам што е најбарано, но во последно време повеќе внимание посветувам на брошовите, ми даваат голема слобода во изразувањето. И прстените, кои ми се нов предизвик, се возбудливи и се предизвик да се работат. Бевте еден од македонските дизајнери на „Недела на дизајнот“ и се претставивте со колекцијата „Вулкани“. Колку можат да бидат продуктивни изложувањата од овој вид? n Оваа година за прв пат учествував на „Недела на дизајнот“ и сега, откако сето тоа е зад нас, можам да кажам дека се помина во најдобар ред, остварив контакти со уметници од нашата земја и од странство. Се чини дека ваквите случувања се продуктивни во поглед на размена на идеи, а се корисни и дека можеш да се претставиш пред пошироката публика. 19 октомври 2012 ПОРТА

3

49


убави градови, музеи, галерии...

„ТРЕТЈАКОВК А“ - СТАТУС НА ПРЕСТОЛНИНАТА осква е град во кој има огромен број на музеи. Музеи од сите видови. Меѓу најпознатите и најпосетените, секако, се Третјаковската галерија, Пушкиновиот музеј на убави уметности, Политехничкиот музеј... Во Третјаковската галерија се наоѓа апсолутно сè што е создадено во руското сликарство, почнувајќи од руските икони и завршувајќи со руската авангарда. Музејските експонати опфаќаат долг временски период, од 10 до 20 век. Приказната за формирањето на оваа галерија, која се наоѓа јужно од московскиот Кремљ, во Лаврушинската уличка бр. 10, почнала во половината на 19 век. Поточно на 28 мај 1856 година, на денот кога богатиот московски трговец и текстилен фабрикант Третјаков ја купил првата слика на В.Г. Худјаков „Судир со финските контрабандисти“. Павел Михајлович Третјаков (1832 - 1898) бил голем љубител на уметноста, ги поддржувал руските уметници, ги споделувал нивните погледи и принципи. Им помагал морално и материјално. Името на галеријата и местото на кое се наоѓа се поврзани со него. Тој

М

50

ПОРТА

3

19 октомври 2012

Љупка дуковскА дипл. инж. арх.

почнал да формира колекција на слики во својот дом, на имотот во уличката Лаврушинска. Собирал дела на неговите современици, на староруските мајстори и древни икони. Создал колекција во која ја претставил историјата на руската ликовна школа. Збирката станала прочуена и ценета уште во неговото време. Постепено прераснала во музеј, кој бил отворен и бесплатен за секој што сакал да го посети. Во 1892 година, Третјаков ги подарил колекцијата и имотот на градот Москва. Но до крајот на животот останал да живее во дел од својот дом. Продолжил да собира ремек-дела на руското сликарство и графика. Умрел во 1898 година. „Третјаковка“ станала најпосетен музеј во Русија уште пред револуцијата.

СТаТУС После револуцијата, сите национализирани дела биле донесени овде. „Третјаковка“ добила стаус на главен музеј на престолнината. Единствен недостаток бил недостатокот на изложбен поростор. Доградувањата на постојните објектите биле правени повеќе пати, во 1873, 1882, 1885, 1892, 1902 – 1904 година, кога е направена познатата фасада, по проектот на В.М. Васнецов,


убави градови, музеи, галерии...

ГаЛЕРИЈа „ПаВЕЛ ТРЕТЈаКОВ“, МОСКВа

Третјаковска галерија, најголема ризница на руската уметност во светот. Објект со познатата, стара Васнецова фасада. Фасада во руски стил, која ве носи во светот на прекрасните руски бајки, во амбиент одамна исчезнат, во руското минато... Фасада која станала нејзин симбол во руски стил, која и денес е симбол на Третјаковската галерија. Во 1936 година бил изграден нов двокатен корпус од северната страна на основниот објект. За време на Втората светска војна објектот настрадал од бомбардирањата. Обновувањето почнало уште во 1944 година, а евакуираните експонати биле вратени. Во 1956 година, кога се одбележувала 100-годишнина на Третјаковската галерија, било донесено решение за изградба на нова Државна галерија на Кримски вал. Било одбрано место за градба, во близина на Кремљ и на домот во кој во 1832 година се родил П.М. Третјаков. Изградбата на овој објект во кој учествувале архитектите Ј.В.Шевердјаев, Н.П.Сукојан и други, продолжила до крајот на 1970 година. Во 1985 година Државната галерија на Кримски вал била обединета со Третјаковската галерија во единствен музејски комплекс. При обединувањето бил сочувуван историскиот назив Државна Третјаковска галерија. Новиот објект на Кримски вал, кој содржи гигантски изложбен простор (повеќе од 12 илјади квадратни метри), дава интересни експозициони можности. Од неговите огромни прозорци се отвораат прекрасни визури кон Кремљ, кон реката Москва и паркот. Во галеријата на Кримски вал се наоѓа голем фонд на дела на уметници од 20 век, создадени после 1917 година, после руската револуција. Во 1986 година кон Третјаковската галерија биле присоединети и повеќе московски меморијални музеи како Доммузеј П.Д. Корин, Дом-музеј В.М.Васнецов и други. Новиот назив бил - Серуско музејско обединување Државна Третјаковска галерија.

РЕКОНСТРУКЦИЈа Најголемото проширување и реконструкција во Лаврушинската уличка била реализирана од 1985 до 1995 година. Усвоената идеја, да се сочува историскиот облик на објектот, била реализирана од архитектите И.М. Виноградски, Г.В. Асрафеев, Б.А. Климов и други. Реконструкцијата вклучувала преуредување на стариот објект, со сочувување на неговиот историски создаден надворешен облик, создавање на нов, поголем изложбен простор, создавање на место за чување на делата, конференциски сали... Во 1989 година, од јужната страна на основниот објект, бил изграден нов корпус. Тој содржи изложбени сали, конференциски сали, информационен центар,

детски студија... Во него се сместени голем дел од инженерските системи и служби, поради тоа и го добил називот Инженерски корпус. Принципиелна посебност на проектот е вклучувањето на храмот на Светителот Николај во Толмачи, споменик на архитектурата од 17 век, во музејскиот ансамбл. Камениот храм бил изграден во 1697 година. Во 1929 година, како и другите храмови во Русија, бил затворен, а во 1932 година бил предаден во владение на Третјаковската галерија. Обновувањето на храмот е завршено во 1997 година, на јубилејот по повод 300годишнината од неговата изградба. Била повторно изградена камбанаријата и три иконостаса. Денес, тој изгледа како храммузеј при Третјаковка. Богослужбата во храмот била возобновена во 1993 година. На 8 септември 1996 година, бил осветен од московскиот Патриарх Алексеј II. Во 1999 година тука е донесена иконата на „Владимирската Богородица“ од 12 век, која е руска светост и гордост на збирката на икони на Галеријата. Таа се наоѓа постојано во храмот и се чува во специјални витрини. Овде може да се видат и други руски светости, како „Севета Троица“ од Преподобниот Андреј Рубљов, која се носи во храмот за празникот на Света Троица. Во април 1995 година, основниот објект на „Лаврушинскиот переулок“ е отворен за посетителите. Изложбениот простор е зголемен за еден и пол пати. Добиени се десет нови сали. Изложени се дела на древно руската уметност, минијатури, икони... Но и покрај зголемувањето на просторот, тој сè уште недостасувал. Поради тоа во обновениот музеј се изложени дела создадени до почетокот на 20 век. А во објектот на Кримски вал се изложени делата создадени во 20 век, од авангардата до денес. На 16 декември 1998 година, на 100годишнината од смрта на П.М. Третјаков, во просториите на објектот на Кримски вал, е отворена првата изложбена поставка „Уметноста на 20 век“. Порано прегледот на историјата на руската уметност се завршувал со „Црниот квадрат“ на Казимир Малевич. Сега новата постојана експозиција „Уметноста на 20 век“ со ова дело се отвора.

ДЕНЕС Колекцијата на еден од најголемите музеи во светот, на Третјаковска галерија во Москва, брои повеќе од 170 илјади дела. Денес во неа се одвиваат многу активности. Постојано 

Цртеж за фасада на Галеријата во "руски стил" од В.М. Васнецов (изработена во период од 19021904)

19 октомври 2012 ПОРТА

3

51


убави градови, музеи, галерии...

52

ПОРТА

3

се организираат интересни изложби. Така, од 6 септември е поставена изложба која ќе трае до 25 ноември, со наслов „...ние ќе бидеме тројца“ посветена на Казимир Малевич, Николај Суетин и Иља Чашник. Претставени се делата на основачот на супрематизмот и на неговите ученици. Насловот на изложбата е извадок од писмото што Малевич (1879 – 1935) му го напишал на Суетин. Николај Суетин (1897 – 1954) и Иља Чашник (1902 -1929) биле негови ученици и соборци. Малевич во Париз во 1912 година, го открил Кубизмот, се вратил во Русија и го предводел руското кубистичко движење. Го создал уметничкиот правец Супрематизам, кој во 1913 година предизвикал сензација со сликата „Црн квадрат на бела заднина“. Експериментот го развивал и понатаму и во 1919 година ја создал сликата „Бел квадрат на бела заднина“. Неговото влијание врз западната уметност и дизајн било големо. Како продолжение на супрематизмот во сликарството, кај него се појавил интересот за супрематизмот во архитектурата. Малевич сметал дека е негова задача формирање на ново архитектонско мислење. Во средината на 20-тите години на минатиот век, Суетин и Чашник создале многу проекти, развивајќи ја архитектонската концепција на нивниот учител. На изложбата е претставен уникатен експонат, „Супрематистички архитектонски модел. Крст и круг“ од Чашник, изработен во 1926 година од плексиглас. 19 октомври 2012


Многу од делата на овие уметници за прв пат преку оваа изложба се претставуваат во Русија и се непознати за пошироката јавност. Во Третјаковска галерија се одвиваат и други компатибилни дејности. Се одвива печатена продукција, се издаваат книги, албуми и др. Во галеријата работи детско студио. Се организираат музички вечери, научни конференции... Да се видат уметнички дела создавани 10 века, на едно место во една земја е навистина импресивно. Минатото на човечкиот род, погледнато од овој аспект е големо. Креацијата и чувството за убавина се силата што го води човештвото напред. А во овие прекрасни објекти, со фасади кои ги отсликуваат периодите во кои се градени, се чуваат неговите траги и докази.

ВИРТУЕЛНОСТ Денес, новиот свет е виртуелен. Ние сме негови современици. Во него свое место најде и Третјаковска галерија. Таа е меѓу 17 најубави музеи од светот, опфатени со интернет-проектот на „Гугл“. Благодарение на овој проект, секој човек може да ги посети овие музеи и да се запознае со најубавите, најпознатите ремек-дела во светот. Да се запознае со нивната историја, нивните автори и секако со убавите ентериери на салите во кои се изложени. n

19 октомври 2012 ПОРТА

3

53


еко инфо КаНБЕРа

австралија ја призна негрижата за Големиот корален гребен Австралија призна дека била неодговорна во грижата за зачувување на Големиот корален гребен. Имено, во последните 27 години Големиот корален гребен изгубил повеќе од половината од своите корали поради повеќе причини: метеоролошки, климатски (глобално загревање), индустриски (нитрати кои се користат во земјоделството) и сл. Состојбата и понатаму ќе се влошува со иста мера до 2022 година, доколку веднаш не бидат преземени конкретни мерки. Големиот корален гребен е под заштита на UNESCO од 1981 година, и се протега на површина од 345.000 квадратни километри долж австралискиот брег. (HRT)

МОСКВа

„Газпром“ се шири во азија

БЕЛГРаД

Србија вложува 1,1 милијарда евра во ТЕ Никола Тесла Во проектите за модернизирање на термоелектраните Никола Тесла во Обреновац, во наредните 5 години ќе се вложат вкупно 1,1 милијарда евра, од кои 500 милиони евра во ревитализација на термоенергетските блокови, а 600 милиони евра во еколошки проекти. По овој инвестициски циклус, потрошувачката на јаглен ќе се намали за 500.000 тони годишно. Со инсталирана моќност од 3.288 MW, и учество од над една третина во вкупното производство на електрична енергија во Србија, ТЕ Никола Тесла е стожерот на српскиот електроенергетски систем. (Бета) 54

ПОРТА

3

19 октомври 2012

Најголемата индиска компанија за гас GAIL потпиша договор за купување на течен природен гас од Русија, од компанијата „Газпром“. Времетраењето на договорот е 20 години, а првата испорака ќе биде во 2018 година. Договорено е цената на испорачаниот природен гас да се формира согласно движењата на цените на нафтата. Истовремено, челниците на кинеската компанија CNPC водат интензивни разговори со „Газпром“ за изградба на гасоводот Алтај со кој би се транспортирал природен гас од западен Сибир до 2.700 km оддал��чениот северен дел на Кина. (Oil and Gas Eurasia)


еко инфо ВаШИНГТОН

Стимулирање на производството на енергија од бранови во СаД Според американското министерство за енергетика (USDoE), технолошкиот напредок во производството на енергија од брановите може наскоро да придонесе овој сегмент од производството да стане атрактивен. Иако сегашните трошоци за искористување на енергијата од овој извор се исклучително високи, новите проекти од оваа област се приближуваат кон комерцијалната експлоатација. Во август 2012, во Орегон се пуштени повеќе турбини со вкупна можност од 1,5 MW кои ја користат плимата и осеката за производство на електрична енергија. Заговорниците на оваа технологија тврдат дека нејзината најголема предност е во тоа што плимата и осеката се извесни и предвидливи, за разлика од енергијата на сонцето или ветерот. (energetika-net)

ЛОНДОН

На Велика Британија и се заканува енергетска криза? Со затворањето на старите електрани на јаглен поради строгите еколошки прописи на Европската Унија, Велика Британија може да се соочи со сериозна енергетска криза, предупредува британската Канцеларија за пазар на гас и електрична енергија (Ofgem). Најголемиот ризик се очекува во 2015-2016 година, при што и цените на електричната енергија би се зголемиле за 14-25%. Ofgem предупредува и на тешкотиите во пронаоѓање на стратешки инвеститори за нови енергетски проекти, поради економската криза. Оваа анализа на Ofgem е објавена во истата недела кога потенцијалните кинески и француски инвеститори ја повлекоа својата понуда за изградба на нуклеарна електрана во Велс. (UPI)

СОФИЈа

Nabucco West доби политичка поддршка

подготви: даниела млАдеНовскА

Политичкиот одбор на акционери во проектот на гасоводот Nabucco, ја даде својата поддршка. Конзорциумот Nabucco ја поздрави таквата одлука како чекор напред во реализацијата на проектот што досега се соочуваше со бројни потешкотии, па поради проценетите високи трошоци е доведен во прашање. Затоа е предложена негова скратена верзија Nabucco West која наиде на одобрување кај потенцијалните инвеститори. Но, до 2013 година британската нафтена компанија BP и нејзините партнери ќе донесат конечна одлука дали ќе го поддржат Nabucco West или конкурентскиот Трансјадрански гасовод (TAP). Истовремено бугарскиот премиер Бојко Борисов ја обнови понудата на бугарската Влада за изградба на интерконекција помеѓу Бугарија и Турција во склоп на проектот Nabucco. Доколку понудата не биде прифатена, Бугарија сама ќе ја финансира оваа делница, но во тој случај ќе ја користи согласно своите потреби, бидејќи се стреми кон диверзификација на снабдувањето со енергенти. (Новините) 19 октомври 2012 ПОРТА

3

55


екологија

Можеме ли да ја повратиме дивината?

Во римско доба, делови на Сахара, кои сега се пустина биле познати како житница на империјата. Садењето дрвја можеби нема да ја обнови пустината со долини од предисторијата, но може да го сопре и да го сврти текот на она што доскоро се сметаше за неповратен процес во ширењето на пустината. Затоа, идејата за повторно зазеленување на Африка се шири брзо како шумски оган. преземено од „гардијан“, лондон ште кога Алдо Леополд предупреди дека светот неповратно исчезнува поради човековиот апетит, конзервативците повикаа на „дејствување веднаш, пред да биде доцна“. Но што ако крајот на природата не е еднаш засекогаш дефиниран заклучок? Замислете да можеме да ги повратиме изгубените реки, пасиштата, дури и прашумите... До пред само неколку години, ова беше само посакувана мисла. Но науката за реставрација на екологијата брзо оди напред. Низ целиот свет, од Аралското Море до дините на Сахел, амбициозните програми за оживување и повторно оживување на деградираните екосистеми, го предизвикуваат заклучокот дека кога природата еднаш е уништена, засекогаш е изгубена. Тие се засилени од растечкото остварување на

У

56

ПОРТА

3

19 октомври 2012

вредностите на „услугите на екосистемот“ корисни и некорисни добра создадени од природата, кои придонесуваат кон 72 трилиони долари од користа кон светската економија секоја година. Тоа е заклучокот на економистот Паван Сукдев, кој предводи серија значајни истражувања за ОН за „економиите на екосистемите и биодиверзитетот“, или накратко ТЕЕБ. Анализите на Сукдев упатуваат дека повратокот на екосистемите може да донесе корист во однос 75 спрема 1. Факторот на нивните „невидливи компоненти, како што се придонесот кон човековото здравје и добро чувство, и користа од реставрациите, може дури и да го зголемат овој однос“, вели тој. Како што вели Дакс Лоувгроув, шеф за бизнис и индустриски односи во Светскиот фонд за дивината (ВВФ-Велика Британија), „се руди бавна зора во признавањето дека заштитата на

природниот капитал служи за идно подобрување во економијата“. Ако сакате да знаете како тоа изгледа во практика, одете во централна Азија. Со децении, Аралското Море го носеше сомнителниот прекар дека е меѓу најдеградираните водни површини на планетата. Годините на агресивна земјоделска експанзија за да се подигне извозот на памук во Советскиот Сојуз, го намали нивото на она што некогаш беше четврто во светот по големина езеро со слатка вода, и го претвори во бескорисна пустина. Сликите од рибарски бротчиња насукани во песокот, и луки оддалечени со километри од досегот на водата, станаа клише за деструкцијата на природната средина. Сепак, во текот на минатата деценија, плимата се врати. Со иницијативата покрената во 2001 год. од владата на Казахстан и од Светската банка, се ревитализира северен Арал. Водите во големи


екологија

количини се вратија во езерската постела, а локалните рибарски флоти повторно работат. Како што рече претседателот на Светска банка, Роберт Зелиг во 2009 година „Враќањето на северното Аралското Море покажува дека катастрофите направени од човекот можат барем делумно да бидат повратени“. Додека расте аралската плима, и зелениот бран започна да се шири низ Африка - не од вода, туку од дрвја. Целта е да се намали Сахара со садење „голем зелен бран“, од Џибути на исток до Дакар на запад. Со скоро две милијарди долари од фондовите од Механизмот за глобалната околина на Светската банка, со оваа иницијатива десега успешно се насадија преку 20.200 хектари дрвја во Сенегал.

САХАРА Потиснувањата на Сахара може да изгледа како залуден обид. Но денес огромната пустина е најновиот феномен. Во предисториско време, Сахара била релативно мала. Дури и во римско доба, делови кои сега се пустина биле познати како житница на империјата. Садењето дрвја можеби нема да ја обнови пустината со преубавите долини од предисторијата, но може да го сопре и да го сврти текот на она што доскоро се сметаше за неповратен процес на пустинизација. Па затоа не е за изненадување дека, како што вели специјалистот на управување со земјиштето, Крис Реј, „Идејата за повторно зазеленување на Африка се шири брзо како шумски оган“. Тој го споредува сегашниот

ентузијазам со 70-тите години на минатиот век, кога „условите беа толку слаби, што беше невозможно да се замисли што може да се постигне“.

ПОШУМУВАЊЕ Реј работи со иницијативата за зазеленување на Африка, која ги поддржува малите фармери, главно во западен Сахел, за да ги заштитат и управуваат со дрвјата, кои растат таму и околу нивните полиња, ефикасно трансформирајќи ја целата околина во „агрошумски парк“. Сателитските снимки на американското Гелошко друштво, наведуваат дека ова резултирало со пет милиони хектари засадени нови дрвја само во Нигер. Очигледниот доказ за ова се растечките повисоки приноси во новонасадените области, додека зеленилото помага во превенција на ерозија на земјиштето и во зашита на водите. Идејата за пошумување на пустината може не е толку недостижна како што звучи од прва. Од 1982 година, Кина засади повеќе од 40 милијарди дрвја долж јужните граници со пустината Гоби, и планира да насади дополнителни 40,5 милиони хектари до 2020 година. Ова нема само одеднаш да создаде нови пошумени области со големина на Германија, туку ќе придонесе и за раст на виталноста на платото Лоес, кое лежи на југ. Таму живеат повеќе од 50 милиони луѓе, и ова еден од најсиромашните региони во Кина по векови непропорционално фармерство што ја претвори областа во „најеродирано место на планетата“. Но, проектот започнат во 1995

година од Светска банка и кинеското државно шумарство, бавно го трансформира регионот во околина со терасести шумски појаси и нови плодни полиња. Како резултат на ова, велат од банката, просечните приходи по домаќинство таму се удвоиле. Во меѓувреме, прашумите (дождовните шуми) одамна се сметаат за неповратно загубени кога еднаш ќе исчезнат. Но новиот подем на осиромашените почви нудат докази во спротивното. Во Костарика, започна проект од сега починатиот психолог за растенија Карл Леополд (правнук на Алдо Леполд), кој успешно создаде прашума на уништените пасишта за стока. На Борнео, микробиологот Вил Смитс исто така повторно создаде прашума врз унишетата почва. Мотивирани од желбата за да се создадат животни средини за орангутани кои се под закана од уништувањето нашумите, Смитс откри дека еколошката рехабилитација нема само да им биде од корист на беспомошните мајмуни, туку исто така ќе ја подобри и човековата животна околина. Работејќи со локалната заедница, Смитс донесе повеќе од 760 видови дрвја на 2.000 хектари од напуштената земја, и создаде ефикасен нов екосистем: прашума направена од човек. Новите растенија придонесоа за поголема облачност и повеќе дождови за 30 проценти.

РЕСТАВРАЦИЈА Но, не сите средини се еднакво поправени, и растата сомнежите во врска со од човек направените верзии дека можат воопшто да го заменат вистинското. Екологот Дејвид Морено Матеос од Универзитетот Станфорд предупредува дека реставрацијата често создава нецелосно обновување. „Секој екосистем е различен, и кога еднаш ќе биде унишетн потребни се векови за целосно обновување“. вели тој. „Треба да се мине долг пат пред да разбереме како успешно да изведеме обновување“. Постигнувањето „успех“ не е само предизвик за научниците, вели Хју Ноулс од Форумот за иднината. Лавгроув се согласува: културните, социјалните и економските фактори „го комплицираат она како ја мериме вредноста на еколошките загуби или еколошка добивка“. Тоа не сопира некои да имаат големи соништа. Меѓу нив е и екологот Џош Донлан, директор на Напредни конзервационистички стратегии. Тој смета дека реставрацијата е, по дефиниција, вежба низ историјата и најважното, определување што значи „оригинално“. „Не се работи само за стопирање на уништувањето“, вели тој. „Можеме да погледнеме назад низ времето да ја обновиме природата“. Во она што тој го нарекува „враќање на дивината од плеистоценот“, Донлан предлага повотрно доведување на видови „кои се отсутни од екоистемот веќе илјадници години“. Големите цицачи, како лавовите и камилите, биле витален 19 октомври 2012 ПОРТА

3

57


екологија дел од природната средина во Северна Америка, пред луѓето да дојдат пред околу 10.000 години. „Знаеме дека големите суштества треба да бидат многу важни за долгорочно обезбедување на биодиверзитетот“, вели Донлан, кој верува дека таквите иницијативи можат да придонесат за економска корист во форма на долари од туризмот и работа во управувањето со земјиштето. „Погледнете ги само имињата на нашите спортски тимови и автомобили: ги сакаме големите животни“. Додека шемите на Донлан изгледаат малку забегани, во тек се помалку грандиозни варијанти. Диви коњи и ауроси (претци на домашните говеда) слободно пасат низ Холандија. Сивиот волк, кој некогаш се ловеше до работа на истребување, сега повторно завива низ паркот Јелоустоун. Денес еден нов конзорциум, меѓу кои се и ВВФ-Холандија и Арк нејчр, започнаа пилот проект со цел да се поврзат еколошките реставрации и економското опоравување. Барајќи напуштени земјишта, Ривајлдинг Јуроп работи со локалните влади и разни групи во заедниците, за да ги обноват уништените екосистеми и за воведување на бизнис активности поврзани со „дивината“, како што се екотуризмот и индустријата за природни производи. Тие разгледуваат изградба на „Јелоустоун“ на Карпатите, а во западна Иберија „европски Серенгети“, полн со слободни диви

видови животни и со растечки сектор на екотуризам. Нил Бирни, директор на оваа бизнис група, вели: „Постои општо погрешно гледање дека повторното враќање на дивината е обид да се отстранат луѓето од природната средина. Тоа воопшо не е точно“. Наместо тоа, тој смета дека враќањето на дивината ќе послужи за хармонизирање на човековите активности, за економскиот раст и природата. И до каде може ова да оди? Некои сметаат дека една од причините за тоа што не гледаме докази за интелигентен живот насекаде во галаксијата, е дека ниту една премногу напредна

цивилизација не може да биде одвоена од својата екологија. За разлика од земјата која се гледа од далеку, не можеме да видиме брзи промени во биосферата или знаци на деградирани екосистеми. Ноулс предлага дека можеби имаме причина да се вратиме на мислата на атомскиот научник Роберт Опенхајмер: „Стануваме како боговите, реставратори на светот“. Но, тој и додава: „Мораме да запомниме дека имаме работа со неверојатно комплексни екосистеми, кои штотуку почнуваме да ги разбираме. Затоа мораме да бидеме многу внимателни, понизни богови“. n


аРЕНа БаНКОK ФУТСаЛ - БаНКОК, ТаЈЛаНД

спортски храмови

Тајланд изгради футсал арена со 5 ѕвезди сашо кузмАНовски рвата специјализирана арена за футсал (мал фудбал) се очекува деновиве и официјално да ја има својата промоција. Главниот град на Тајланд, Банкок, се подготвува и за последната ФИФА инспекција по која ќе може да ја предаде во употреба арената со 5 ѕвезди, специјално градена за организирање на футсал натпревари, спорт кој на азискиот континент е еден од водечките на листата на популарноста. 7. Светско првенство во футсал од 2 ноември треба да стартува во оваа земја, а арената Банкок футсал ќе биде централниот спортски објект каде ќе се играат главните натпревари. Со капацитет од 12.000 места, оваа спортска убавица ќе им пркоси на сите спортски објекти кои веќе се изградени во овој дел на планетата. Распослана на 8-хектарска парцела во комплексот Bangkok Metropolitan Administration, во местото Нонг Чок, новата арена е долга 132 метри, а широка 116 метри. За екологистите е значајна бидејќи ќе биде првиот „енегетски свесен“ спортски објект изграден во Тајланд. Зад потписот на дизајнот стојат архитектите од Универзитетот за технолошки науки „Кинг Монгкут“ од Тонбјури. Височината на трибинскиот простор ќе биде цели 25 метри, но системот на градба ќе дозволува максимален преглед на секоја позиција на игралиштето од сите делови на трибините. На покривот ќе бидат поставени соларни панели, кои

П

ќе обезбедуваат 75% од потребите за осветлување во арената, со што значително ќе биде обезбедена заштеда на енергија. Целиот објект ќе доминира во природното опкружување, а за да се задржи текстурата на природата, покривот и столчињата на трибините ќе бидат во боите и дизајнот на специфичната зелена салата, која ја има во овој дел од светот и е специфична за областа Нонг Чок. Арената ќе има специфичен систем и на природна вентилација, без користење на механички систем. Таа ќе има проток на надворешен воздух во внатрешноста на објектот како резултат на промена на притисокот или разликата во температурата. Системот како таков е идеален за Тајланд.

ФаКТИ За аРЕНа БаНКОК ФУТСаЛ Банкок, Тајланд Капацитет: 12.000 места Период на изградба: 2010 - 2012 Должина: 132 м Широчина: 116 м Височина на покрив: 34 м Дизајн: King Mongkut University of Tehnology Инвеститор: Sports Autority of Thailand

19 октомври 2012 ПОРТА

3

59


хортикултура

Боите на пејзажот Добро искомпонирани бои и контрасти создаваат прекрасни композиции Филип Филипоски дипл. шум. инж

остои огромна палета на бои и нивни нијанси кои може да се сретнат во природата. Како што е познато основни бои се црвената, жолтата и сината, а со нивно мешање се добиваат т.н. изведени бои (пр. жолта и сина - зелена; црвена и жолта портокалова итн). Покрај трите основни и шесте изведени бои постојат и две неутрални бои кои најчесто користат за нијансирање, белата и црната. Во зависност од тоа каков ефект сакаме да постигнеме со пејзажот, внимателно ги одбираме и боите што ќе го сочинуваат. Така, ако сакаме одреден момент визуелно да го доближиме, се користат светли бои на темен фон и обратно. Најчесто, основниот фон во парковите и во градините го создаваат тревниците. Неверојатен е ефектот што може да го постигне тревникот со својата зелена боја, која претставува дел од ладните бои со што се создава ефект на пространство. Покрај зелената во ладни бои спаѓаат сината и виолетовата, додека топли бои се жолтата, црвената и портокаловата, заедно со сите нивни нијанси. Со употреба на растенија со топли бои се создава одличен контраст на тревната површина. Добро искомпонирани бои и контрасти создаваат прекрасни композиции. Така, при формирањето на цветни леи и бордури ако употребиме само една боја се создава ефект на монотонија, но доколку се искомбинираат повеќе бои тогаш се создава прекрасна слика. Во зависност од комбинацијата на боите може да се создадат хармонични контрасти (кога се комбнираат бои поставени преку 2 полиња на кругот на боите), чисти хармонии (кога се користи една боја со сите нејзини нијанси). Дисонансите претставуваат најлоша колоритна комбинација. Тие настануваат како последица на комбинирање на соседни бои од кругот на боите. Патеките и другите придружни објекти најдобро е да бидат во неутрални бои како бела, сива, црна и нивни нијанси. Топли бои се користат само во случај ако сакаме да означиме некоја патека или објект од посебно значење, во спротивно доколку поголемиот број објекти се во силни бои, настанува дисхармонија на пејзажот. Календарски есента на северната хемисфера започнува во втората половина на месец септември и трае три месеци. Тоа е периодот кога активноста на растенијата се сведува до минимум, силните топли бои на цветовите исчезнуваат, кај листо-

П

60

ПОРТА

3

19 октомври 2012

Топли бои визуелно го доближуваат пејсажот


Есен во парк

Комбинација од природен камен и цвеќе

падните видови листовите ја менуваат зелената боја во жолта, кафена, портокалова и голем број на нивни нијанси. Најчест случај во природата, што не значи дека секогаш е така, е кога во есен ладните бои преоѓаат во топли и обратно. Исклучок тука се поголемиот број зимзелени видови кои постојано имаат зелена боја, со можност да дојде до мала промена во нијансите. Сепак, тоа не е присутно кај сите зимзелени видови. На пример кај фотинијата, која претставува широколисен зимзелен вид, на есен младите ливчиња поцрвенуваат, додека ловорвишната, која исто така претставува зимзелен широколисен вид, не претрпува промена на бојата на листовите. Махонијата, исто така, доживува интересна преобразба на боите во текот на есента, така што од жолтите цветови се формираат ситни виолетови бобици, а ливчињата од темнозелени почнуваат да добиваат виолетова боја. Листопадните видови, како Fraxinus excelsior на кој листовите преку есента му добиваат силна жолта боја, се актрактивни само при јака светлина, додека во случај на магла и зачаденост нивната декоративност не доаѓа до полн израз. Од оваа причина при креирање на една композиција треба да се посвети внимание на позиционирањето на овие видови и креирање на патеки од сите страни во нивна непосредна близина, од кои би се доловиле прекрасни слики во секој дел од денот, бидејќи наутро сонцето најсилно свети кон запад, напладне кон југ, а попладне на исток. n


совети

440

Во нашата дневна соба со приближно квадратна основа од 20 м2 сакаме покрај седечка гарнитура и комода да сместиме и трпезариска маса. Не можеме да најдеме решение па ве молиме да ни помогнете. Семејство Владичевски, Скопје

440

Трпезарија и дневна соба во ист простор риоритет при уредувањето на просторот е во него да се обезбеди непречено движење и пријатна атмосфера. Ваквата концепција ја следи опремување на собата со модерен мебел кој му одговара на модерниот животен стил. Понекогаш, ако просторот е мал, се бара специфичен мебел. Во вашата дневна соба која воедно е и трпезарија, со поставувањето на голема трпезариска маса и шест стола покрај седечката гарнитура, на собата ќе и дадете изглед на магацин за мебел. Најдобро е, на ѕидот десно од влезната врата да поставите маса која ќе биде расклопна. Со преклопување на плотната на половина и вовлекување на двете ногарки, масата ќе личи на комода покрај ѕидот, а собата ќе изгледа комотно. Големиот прозорец, што е многу важно, ќе обезбеди влегување на доволно сончева светлина преку денот, 460 а со поставување на неколку ламби со ненаметлива светлина ќе му дадете посебен изглед на секој агол и ќе внесете енергија во животниот простор. Откажете се од спуштената таваница во средината. Таваницата спуштете ја над троседот и тоа во иста бела боја каква што е и постоечката таваница. Во неа може да се вградат низа од светилки. Просторот ќе биде комфорен, а воедно ќе ги задоволува и двете барани функции. Билјана стевковска сАвиќ

П

460

“A”

“A”

дипл. инж. арх.

bsavic@porta3.com.mk

62

ПОРТА

3

19 октомври 2012

“A”


најчудни градби

Центар за жртви од трговија со луѓе драган рисТов ожеби некој очекува градбите што се занимаваат со специфични работи да бидат изградени во посебен стил, препознатлив или пак конзервативен, оставајќи мал простор за емоции и креативен дизајн. Сетете се на затворите или т.н „шелтери“, или засолништа за социјални случаи и бездомници. Во вакви случаи, многу повеќе се размислувало за содржината отколку за формата бидејќи, ќе се сложите, многу е поважно колку е калорична храната за бездомниците отколку кујната во која ќе јадат. Но, денес е модерно време, па сè почесто на содржината се додава и формата. Таков е примерот со објектот за жртвите од трговија со луѓе во Холандија. Објектот е познат како „Велиге весте“ што во превод значи „сигурна тврдина“, и го гради холандската фирма „КАВ“. Објектот со три ката се гради во градот Ливорден до областа Фрисленд. Тој обезбедува надзор и заштита за 48 девојки, кои се жртви на трговија со луѓе и најчесто биле дел од синџир за

М “A”

проституција и злоупотреба. Овој објект во 70-тите години од минатиот век бил конструиран како полициска станица, заради што зградата има два слоја односно два дела. Едниот дел е основата на старата полициска станица

која е реновирана, додека горниот дел или катовите претрпеле комплетно реновирање, односно имаат одлично решение. Фасадата е брановидна и нелинеарна, но во глобала кога ќе се погледне како целина има свој дизајн и подреденост. Беатрис Монтесано од фирмата „КАВ“ вели дека фасадата е своевидна реплика на дијамант со оглед на различните форми и прекршувања. Под екстерниот бел дел има големи дрвени површини и прозорци кои се затемнуваат, со што целата надворешност е во интеркација со животната средина. Она што е револуционерно за „Велиге весте“ е тоа што ова е прва зграда или канцелариски блок во Холандија, кој е реновиран согласно стандардите на пасивни куќи. Суштината на овој објект е што има надворешен дел (дијамантски обликувана фасада) под кој се наоѓа старата структура. Просторот помеѓу нив дејствува како еден вид на изолатор, или тунел кој ја регулира температурата и заштедува енергија.

19 октомври 2012 ПОРТА

3

63


излог 1

2

1 Дрвен ѕиден часовник, составен од три дела - часовник, огледало и дел за чување на фотографии и забелешки, од италијанскиот бренд Villa. 2 Функционална закачалка направена од дрво, а дизајнирана од Amitrani. 3 Белгиското студио Krizalid ги претставува овие клуб-масички направени од обоен алуминиум. 4 Компанијата Lago секогаш позната по несекојдневните решенија на полици и комоди, овој пат претстави комода со платно кое има функција на вратички. Изработката е од бел медијапан во полусјај. 5 Фотелја со дебелина од само неколку милиметри дизајнирана од британецот Jules Sturgess

сандра доНчевА ТеохАровА, дипл. инж. арх.

64

ПОРТА

3

19 октомври 2012


излог

3

4

5

19 октомври 2012 ПОРТА

3

65


jaвни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 122/2012 НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ВОДИ (2012-2042) СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 123/2012

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС “КОМПОСТАРА“ КО КОЧАНИ

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА “ТУРИСТИЧКИ КОМПЛЕКС“, КО БЕРОВО – ВОН Г.Р, ОПШТИНА БЕРОВО ОДЛУКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕ-

РАЛНА СУРОВИНА-РУДИ НА ЖЕЛЕЗО НА ЛОКАЛИТЕТОТ “ТАЈМИШТЕ“, ОПШТИНА ЗАЈАС ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 37/2012 Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. ПРЕДМЕТ: Изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи за конзолно проширување и партерно уредување. Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска. Јавно отворање на понудите на ден 16.11.2012 год. СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 124/2012

ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА СЕМЕЈНИ КУЌИ И ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, СТОВАРИШТА И СЕРВИСИ (ОТКУПНО ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР) И КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ – МАЛИ И КОМЕРЦИЈАЛНИ ДЕЈНОСТИ, ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ОБЈАВА БРОЈ 82 (03.10.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО

ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Број на огласот за кој се однесува известувањето: 42/2012

БРОЈ: 07-38/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Рехабилитација и реконструкција на државните патишта Р1104 и Р2133, делница с. Липково – с. Арачиново до спој со автопатот за влез во Скопје. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска. Јавно отворање на понудите на ден 16.11.2012 год.

БРОЈ: 0506-1219/2012 Назив на договорниот орган: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија. – ЗЕЛС, ул. “Женевска“ бб – Скопје, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Набавка на софтверско решение за електронско издавање на одоберние за градење. Контакт тел/факс: 3099-033, 02 3061-994, лице за контакт: Наташа Вртеска. Јавно отворање на понудите на ден 30.10.2012 год.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 8/2012 Назив на договорниот орган: Општина Струга, ул. “Маршал Тито“ бб, 6330, Струга. ПРЕДМЕТ: Изработка на просторни и урбанистички планови. Контакт тел/факс: 046 782-015, 046 781-434, лице за контакт: Стојанчо Шопоски. Јавно отворање на понудите на ден 30.10.2012 год. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 125/2012 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01-173/2012 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Ангажирање на изведувач за реконструкција и опремување на дел од хотел Попова Шапка на ски центар Попова Шапка по принципот “Клуч на рака“. Контакт тел/факс: 02 3149-171, 02 3111-309, лице за контакт: Катерина Буцевска. Јавно отворање на понудите на ден 29.10.2012 год.



Porta3 broj 193