Click-Hardware

Page 9

click/хардвер/висока_дефиниција

Видео поверно и од оригиналот

Борбата за превласт на дневната соба помеѓу LCD и Plasma телевисорите

Д

али во скоро време сте влегле во продавница за бела техника? Без разлика дали е голема, специјализирана, силно рекламирана и со традиција, или, пак, малечка „маалска“ продавница, најголемиот дел од просторот го заземаат телевизорите. И тоа не било какви, туку тие модерните - тенките, што би рекле тетките. Во секоја продавница редовно се среќаваат комплет семејства појдени во потрага по нов „центар на внимание во дневната“, неговото Величество - телевизорот. Покрај секое семејство задолжително има по еден услужлив вработен, кој по којзнае кој пат ги презентира истите бројки и карактеристики. Ако се заслушате внимателно, ретко кога ќе забележите некоја голема разлика во кажаното, небитно за кој телевизор во моментот се зборува. Самите вработени поделбата ја имаат направено интуитивно, според големината на самиот телевизор, односно дијагоналата, а во класата на дијагонали, телевизорите ги имаат групирано во ценовни категории. И толку. Прво, да дефинираме што значи „Видео со висок квалитет-дефиниција“, преведено од “High Definition Video”. Wikipedia го дефинира тоа како „Видео со висока дефиниција (HD), а генерално се однесува на било кој систем со повисока резолуција од видеото со стандардна дефиниција (SD), најчесто

со резолуција од 1280×720 (720p) или 1920×1080 (1080i или 1080p)“. За да биде работата покомплицирана, постојат неколку резолуции кои се користат за HD видео (табела1). Логично, колку е резолуцијата поголема, толку квалитетот на сликата е подобар. Но, дали купувањето на телевизорот со најголема резолуција ќе ни гарантира најквалитетна слика? Во нашите продавници најголемиот дел на телевизори имаат налепница “HD Ready”, а со ситни ситни букви е допишано дека имаат полна подршка за 720p и 1080i. Ако на предната маска има цел куп налепници кои ги рекламираат „напредните

пример LG XD, или Sony BRAVIA системите за дигитална обработка на сликата). Единствено кога изворот на видео сигналот е во состојба да даде слика со 1080i/1080p и кога телевизорот е со нативна резолуција за 1080i/1080p приказ, сликата која ќе ја добиеме на телевизорот ќе биде во сооднос еден со еден пиксел од снимениот материјал. Иако постојат неколку стандарди, изборот е релативно лесен, и доколку финансиите не ни се проблем, ќе одбереме видео плеер со можност за репродуцирање на 1080p видео, а логично, ќе одбереме и телевизор со нативна подршка за 1080p

Вистинската резолуција на телевизорот, често е скриена во упатството помеѓу куп други техничи информации и вонсериски“ функции на дадениот телевизор, вистинската резолуција може да ја дознате единствено од упатството и гарантирано ќе биде добро сокриена во купот небитни технички податоци. За оваа ценовна група, резолуцијата скоро секогаш е 1366 × 768 пиксели, што од старт збунува затоа што не е ни 720p, ни 1080i. Ова е поради остварување на што поголем профит односно минимизирање на неисправни панели. Секој телевизор поседува чип кој врши обработка на сигналот и компензација на резолуцијата (како на

и ќе ја имаме добитната комбинација. Но тука почнуваат проблемите. Ако за избор на плеерот ни е релативно лесно (Blu-Ray ја доби војната против HDDVD форматот), нема толку брзо и лесно да се решиме за телевизор. Освен широката лепеза на модели од секој производител, изборот дополнително го усложнува дилемата дали да одбереме ЛЦД или плазма телевизор. Зошто никој не го спомна ова на почетокот? Затоа што одбирањето помеѓу двата типа може да биде една од најтешките одлуки при купување на нов телевизор. click мај 2008 15


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.