Click-Hardware

Page 1

8 10 15 17 18 20 21 21 22 24 25 26 26 27 29 30 32 33 33

Водич за купување на веб камери Аpple Macbook Air HD Телевизори МSI Megabook ER710X HP Pavilion tx2000z Sony Alpha A300 & A350 Olympus E420 Motorola MOTO Z10 Sony Mylo Persolnal communicator Nokia E90 HP Officejet H470 Microsoft Laser Deskset 7000 Samsung LCD 2332GW Alienware Area 51 ALX Crossfire Модерни USB стапчиња Портабилни фото принтери Acer Aspire 7520-5115 Звучници Razor ATI Radeon HD 3870 x2

ПОБЕДНИК

ЕКСКЛУЗИВНО

ПРЕПОРАЧУВА

ОЦЕНИ

click/хардвер

Стилот и технологијата одат заедно Водич за купување веб камери

Б

идејќи станува секојдневие сè поголем дел од комуникациите кои претходно ги обавувавме преку телефон, сега да се одвиваат исклучиво преку интернет, време е да се почне со искористување и на другите погодности што ги нуди овој начин на комуникација. Со поголемата распространетост на широко-појасен интернет пристап, станува достапна и можноста освен звук, вашата комуникација да вклучува и слика. За ова, нормално, потребно е да имате и веб камера. Цените на веб камерите можат да бидат од 600, па сè до 7000 денари, но најголемиот број на модели се движат помеѓу 800 и 1800 денари. Карактеристиките по кои се разликуваат се бројот на слики кои можат да ги снимат во секунда, резолуцијата и квалитетот на сликата, како и додатоците кои ги вклучуваат. Прв фактор кој треба да се земе во предвид, а често занемаруван, е компјутерот (и мониторот) на кој сакате да ја користите камерата. Осигурајте се дека вашиот компјутер ги

click мај 2008

има потребните спецификации за да ја подржи камерата (доволно моќен процесор, USB порта), особено доколку се работи за постар компјутер. Втората работа е површината на која би стоела камерата. Повеќето нови веб камери имаат специјална подлога која одговара на речиси сите LCD монитори, но доколку имате CRT монитор, осигурајте се дека има соодветно место на него каде што ќе може да се постави камерата и побарајте камера со рамно подножје. Доколку, пак, користите лаптоп, има и модели специјално дизајнирани за нив кои се помали и полесни од стандардните. Што се однесува до бројот на слики во секунда, камерите обично се достапни или со 15 или со 30 fps (frames per second). Кај поскапите веб камери кои можат да снимаат 30 слики во секунда, движењата изгледаат по „течни“, има помало треперење на сликата и целата комуникација изгледа поприродно. Важно е да се напомене дека некои од поефтините

Logitech QuickCam Messenger

lllll lllll lllll lllll lllll

ОДЛИЧНО МНОГУ ДОБРО ДОБРО ЗАДОВОЛУВА СЛАБО


8 10 15 17 18 20 21 21 22 24 25 26 26 27 29 30 32 33 33

Водич за купување на веб камери Аpple Macbook Air HD Телевизори МSI Megabook ER710X HP Pavilion tx2000z Sony Alpha A300 & A350 Olympus E420 Motorola MOTO Z10 Sony Mylo Persolnal communicator Nokia E90 HP Officejet H470 Microsoft Laser Deskset 7000 Samsung LCD 2332GW Alienware Area 51 ALX Crossfire Модерни USB стапчиња Портабилни фото принтери Acer Aspire 7520-5115 Звучници Razor ATI Radeon HD 3870 x2

ПОБЕДНИК

ЕКСКЛУЗИВНО

ПРЕПОРАЧУВА

ОЦЕНИ

click/хардвер

Стилот и технологијата одат заедно Водич за купување веб камери

Б

идејќи станува секојдневие сè поголем дел од комуникациите кои претходно ги обавувавме преку телефон, сега да се одвиваат исклучиво преку интернет, време е да се почне со искористување и на другите погодности што ги нуди овој начин на комуникација. Со поголемата распространетост на широко-појасен интернет пристап, станува достапна и можноста освен звук, вашата комуникација да вклучува и слика. За ова, нормално, потребно е да имате и веб камера. Цените на веб камерите можат да бидат од 600, па сè до 7000 денари, но најголемиот број на модели се движат помеѓу 800 и 1800 денари. Карактеристиките по кои се разликуваат се бројот на слики кои можат да ги снимат во секунда, резолуцијата и квалитетот на сликата, како и додатоците кои ги вклучуваат. Прв фактор кој треба да се земе во предвид, а често занемаруван, е компјутерот (и мониторот) на кој сакате да ја користите камерата. Осигурајте се дека вашиот компјутер ги

click мај 2008

има потребните спецификации за да ја подржи камерата (доволно моќен процесор, USB порта), особено доколку се работи за постар компјутер. Втората работа е површината на која би стоела камерата. Повеќето нови веб камери имаат специјална подлога која одговара на речиси сите LCD монитори, но доколку имате CRT монитор, осигурајте се дека има соодветно место на него каде што ќе може да се постави камерата и побарајте камера со рамно подножје. Доколку, пак, користите лаптоп, има и модели специјално дизајнирани за нив кои се помали и полесни од стандардните. Што се однесува до бројот на слики во секунда, камерите обично се достапни или со 15 или со 30 fps (frames per second). Кај поскапите веб камери кои можат да снимаат 30 слики во секунда, движењата изгледаат по „течни“, има помало треперење на сликата и целата комуникација изгледа поприродно. Важно е да се напомене дека некои од поефтините

Logitech QuickCam Messenger

lllll lllll lllll lllll lllll

ОДЛИЧНО МНОГУ ДОБРО ДОБРО ЗАДОВОЛУВА СЛАБО


click/хардвер/водич_за_купување_веб_камери модели иако наведуваат во спецификациите дека поддржуваат до 30 fps, не го потенцираат фактот дека ова е точно само доколку се користат екстремно ниски резолуции со лош квалитет на сликата. Значи доколку веќе се одлучите за поскап модел, осигурајте се дека навистина може да извади 30 слики во секунда на резолуција од 640 х 480. Тоа нè доведува до втората важна карактеристика, односно резолуцијата на веб камерата. Најчесто се сретнуваат камери со

сакаат да „подметнат“ веб камери со 0.3 мегапиксели кои преку софтверска емулација наводно достигнуваат 1.3 мегапиксели, но квалитетот на сликата кај овие модели е далеку од тоа што ветуваат дека треба да биде. Уште една карактеристика која влијае на квалитетот на сликата во помала мерка е леќата на камерата која може да биде направена од пластика или од стакло (која е поквалитетна). Фокусирањето на овие веб камери може да биде автоматско или

Microsoft LifeCam VX3000

Марката и брендот во овој случај, иако се знак за квалиетна поддршка и додатоци, не се секогаш и знак за квалитетот на сликата која може да ја продуцира камерата 0.3 мегапиксели (обично означени со 350К) и 1.3 мегапиксели. Стандардната резолуција која се користи за видео разговори преку сервисите како Skype и Windows Live (MSN) Messenger е 320 х 240, што значи дека и камерите со 0.3 мегапиксели би требало да бидат сосема доволни, но камерите со 1.3 мегапиксели даваат многукратно подобрување на квалитетот на сликата. Исто така и овде е важно да се напомене дека некои производители

мануелно, што кај некои модели е поедноставно отколку кај други. Доколку имате можност, одберете камера со автоматско фокусирање за да не се малтретирате без потреба, а и повеќето нови модели ја имаат оваа опција. Веб камерите може да имаат и вграден микрофон или, пак, вклучени слушалки со микрофон во пакетот. Слушалките обично се со послаб квалитет, но секогаш можете да купите подобори доколку ви е битен квалитетот на

звукот. Останатите додатоци по кои се разликуваат веб камерите меѓу себе се софтвер за уредување на слики, за креирање на видео, за видео надзор, за автоматско следење на лицето на корисникот и сл. Сепак, поголемиот број од додатоците можеби

никогаш нема да ги употребите повеќе од двапати, па затоа фокусирајте се на квалитетот на самата веб камера. Марката и брендот во овој случај, иако се знак за квалиетна подршка и додатоци, не се секогаш и знак за квалитетот на сликата која може да ја продуцира камерата,

А4 Tech PK-130MG Warrior LiveCam

Logitech QuickCam Messenger

Microsoft LifeCam VX3000

Trust HiRes Webcam Live WB-3320X

• Цена: 1.450 денари • 1.3 мегапискели • 30 fps на 640 х 480 • Вграден микрофон • Face-tracking технологија

• Цена: 1.740 денари • 0.3 мегапискели • 30 fps на 320 х 240 • Вграден микрофон со RightSound технологија

• Цена: 1.800 денари • 1.3 мегапиксели • 30 fps на 640 х 480 • Вграден микрофон • Посебно копче за Windows Live Messenger

• Цена: 1.350 денари • 1.3 мегапиксели • 30 fps на 640 х 480 • Вграден микрофон • Face-tracking технологија

па затоа не ги рангирајте единствено според цената и брендот. Многу ќе ви помогне доколку имате можност камерата да ја пробате во самото продажно место и да одлучите која цена/перформасни ви одговараат најмногу за вашите потреби и вкус. l

GMB USB Cam 67U • Цена: 690 денари • 0.3 мегапиксели • Вграден микрофон • Мануелен фокус

click мај 2008


click/хардвер/macbook_air

Лаптоп во плико Ултра-тенкиот лаптоп кој го собира во поштенско плико

Портите се поставени во дел кој е затворен. Има само една USB порта

В

о светот на компјутерите постојат многу различни модели на таканаречени sub-notebooks, лаптопи чија главна карактеристика е малата тежина од околу 1-1,5 kg. За да се достигне оваа перо-лесна категорија, потребни се компромиси. Компромисите до сега беа мал екран (околу 10 инчи), мала тастатура, бавен 10 click мај 2008

процесор, минимален рам (најчесто 256-512 MB) и батерија која ретко издржува повеќе од 1 час. Да бидеме искрени, ваквите слаби карактеристики ги ограничуваа овие компјутери на нешто повеќе од играчка, лаптоп со мала употребливост кој го користиш само кога е нужно, заради неговата леснотија и портабилност.

Сé додека Apple не реши да се врати во оваа класа. Храбриот иноватор од Калифорнија, кој прв се реши уште во `98 да користи само USB за периферии, кој прв го отфрли флопи дискот како нешто што никогаш не ни требало да постои и помисли дека е добра идеја да се направи mp3 плеер кој ќе ги содржи сите ваши албуми,

а нема да ви е потребна количка за да го тегнете зад вас, во јануари настапи со ново чудо создадено во нивните лаборатории. Apple одлучи дека во денешно време, 10-инчен екран и мала тастатура по која може да типкаш само со стапче се крајно непрактични. Денешниов сметач главно се користи за онлајн животот кој, како

што се развива и расте, бара сé помоќна машина. Секако тука е и мултимедијата, поточно видеата со висока дефиниција кои бараат повеќе „коњски сили“ под хаубата. Заради сите овие причини, во Купертино смело се одлучија да не прават компромиси таму каде што е најважно. Macbook Air-от има стандардно голем


click/хардвер/macbook_air

СПЕЦИФИКАЦИИ

Големиот тракпад поддржува движење со повеќе прсти

• ДИМЕНЗИИ: 22х32.4х0,41,94 cm • ПРОЦЕСОР: Core 2 Duo 1,6 GHz стандард, 1,8GHz опција • МЕМОРИЈА: 2GB • EКРАН: 13.3-inch glossy LED-backlit TFT LCD widescreen display, 1280×800 резолуција • ТЕЖИНА: 1,3 кг • CD/DVD: нема, опционален Superdrive • БАТЕРИЈА: 37Wh Lithiumion polymer, до 4-5 часа, неможе да се замени • ИЗЛЕЗИ: 1 USB 2.0, 1 MicroDVI video port (со адаптери за VGA и DVI до 1920×1200 резолуција • ГРАФИКА: Intel GMA X3100 со 144 MB DDR2 SDRAM shared • ПОВРЗУВАЊЕ: Bluetooth 2.1+EDR, WiFi 801.11n, опционален LAN 10/100 • ХАРД ДИСК: 80GB или опција SSD 64 GB • ДРУГИ КАРАКТЕРИСТИКИ: Multitouch trackpad, iSight камера и микрофон, осветлена тастатура ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apple Computers Inc. www.apple.com • ЗАСТАПНИК: Дуна компјутери, ГТЦ 2. кат, 023123456 www.dunacomputers.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Одличен дизајн  Лесен, неверојатно тенок, портабилен  Времетраење на батеријата  Нормални екран и тастатура  Нема оптичка единица  Премалку излези  Вградени батерија и рам

Комплетна тастатура со позадинско осветлување Доколку побарате батерија, нема да ја најдете бидејќи е прицврстена и не може да се замени

ЦЕНА

13,3 инчен дисплеј со LED backlight, резолуција од 1280x800, стандардно голема лаптоп тастатура која содржи backlight со сензор за светлина, великодушни 2 гигабајти рам и процесори кои Intel специјално ги изработи за оваа машина, Intel Core 2 Duo 1,6 и 1,8 GHz стандард со 800 MHz FSB. Не се залажувајте со „малите“ бројки кај

гигахерците. Новата архитектура на Intel со двојни јадра ги посрамува старите Pentium 4 со 4.0 GHz. Ова е навистина моќна машина. Изненадувањето дојде кога Стив Џобс со сета негова вродена драматичност го извади лаптопот од обично жолто канцелариско плико. Кога ќе го видите овој компјутер во живо, нема да ви се верува

дека такво нешто воопшто содржи целосен компјутер. Оваа витка машинерија има димензии од само 1,9 cm на својот најдебел дел и полека се спушта до неверојатни 0,4cm. „Тежината“ му е само 1,36kg. Ова е толку неверојатно што во Америка веќе се појавија анегдоти поврзани со неговите минискулни димензии. На аеродромите

не им се верувало дека тоа навистина е лаптоп и мислеле дека во него е скриен пластичен експлозив. Познатиот амерички технички новинар Стивен Ливи, случајно го покрил со весник и неговата жена незнаејќи дека весникот содржи и скапоцен лаптоп го рециклирала заедно со стариот Њузвик. Но, секогаш постои едно

• 1799 долари • 3000 долари за SSD и 1,8 GHz процесор

ЗАКЛУЧОК

lllll

Ова е брилијантно и прекрасно парче хардвер кое изгледа како да е украдено од вонземјанско НЛО, со многу иновации, но не е за секого

click мај 2008 11


click/хардвер/macbook_air големо „Но“. За да се направи вакво нешто, сепак се потребни компромиси. Главниот недостаток кај овој компјутер е тоа што колку и да барате, нема да најдете CD/DVD драјв. Овој неортодоксен потег е објаснет исто како што беше објаснето и исчезнувањето на флопито пред околу 10 години. Нема веќе реална потреба за него. Филмовите повеќето од нас ги добиваме преку интернет, на овој или оној начин, во DivX или некој друг формат, а и музиката веќе одамна ни е во MP3 формат. За жал, дисковите се уште имаат една многу важна употреба, а тоа е инсталација на програмите. Инженерите на Apple

на Air-от крие само три: Micro DVI порт, само еден 0,76 USB порт и аудио излез. Во кутијата ќе најдете два адаптери за стандардни VGA i DVI излези, а ако ви овој лаптоп. е потребно повеќе од 1 Толку за лошите страни. USB порт во исто време, Аir-от во себе крие и друго можете да си купите ефтин ново парче на иноватимини USB hub. вен хардвер. Од неговиот Втората работа е што помал брат iPhone-от е доаѓа само со 80 GB 1,8 преземена технологијата инчен хард диск земен на Multitouch. Тrackpad-от од iPod-oт, а ако сте од кој е поширок од што и да побогатите, има и верзија било на денешниве лапсо флеш драјв од 64 GB за топи, препознава допир екстра 800$. Можеби ви со повеќе прсти. Ова е се чини како многу мал демонстрирано при прекапацитет, но сепак тоа гледување на фотографии, е доволно ако го користите за неговата главна употреба како компјутер за интернет, работа со документи и гледање

12,8 инчи

нивно манипулирање, зголемување и намалување (таканаречен пинчинг), но оваа технологија има потенцијал и целосно да го замени глувчето како главна алатка за навигација и донекаде си има веќе докажано кај самиот iPhone. Стандардно како и сите Mac лаптопи, Air-от е опремен со iChat камера со 640x480 резолуција и јасна

слика и микрофон. Далеку најголемата предност е неговиот оперативен систем. Сите нови компјутери од Apple доаѓаат со Mac OS X Leopard, брилијантен оперативен систем кој е светлосни години над Windows-от, а посебно над новата Vista. Ако ви фали некое Windows програмче, секогаш може да го употребувате во виртуелна машина или, пак,

лика се луѓето кои многу патуваат и за кои носење тежок лаптоп со себе цело време е тешка задача. Тука се и оние што едноставно мора да го имаат ова пожелно машинче и оние кои сакаат да изгледаат кул со такво нешто в скут. Овој компјутер не e препорачан за примарен, туку

како помошен сателит на вашиот домашен компјутер. За сите останати на кои им е важна поголема флексибилност, поголема моќ, вградена оптичка единица, а се уште сакаат Mac, подобро е да си го купат далеку поефтиниот Macbook. l

Изненадувањето дојде кога Стив Џобс го извади лаптопот од обично жолто канцелариско плико го решија и тој проблем. Системскиот диск на Air доаѓа со мало програмче кое се вика Remote Disk и ви овозможува да го употребувате оптичкиот драјв на кој било Windows или Маc компјутер во вашата мрежа. Мора да се забележи дека преку Wi-Fi мрежа ова знае да биде доста бавен процес, така да ако ова го правите преку мрежа би препорачал да го направите преку LAN. За тие што мислат дека никако не би можеле да живеат без оптичка единица, Apple подготви надворешен usb оптички драјв направен специјално за овој лаптоп, кој чини дополнителни 100$. Кога сме веќе кај мрежата, Аir-от e опремен со најмодерен Wi-Fi 801.11n и Bluetooth 2.1+EDR. За жал, нема LAN порта. Таму каде што има добар Wi-Fi, нема ни да забележите дека ви фали. Сепак не е лошо да си го докупите USB LAN клучот кој додава 30$ на вашата сметка. Уште една негова голема маана се периферните излези. Малата вратичка 12 click мај 2008

на понекое филмче кога сте на пат. Предноста на флеш драјвот е што е многу побрз при читање и компјутерот се стартува речиси инстантно. Не е толку осетлив на удари, паѓања и други потреси како што е хард-дискот. Но сепак, освен ако не планирате да го користите овој скапоцен лаптоп како оружје против досадните муви, цената не е оправдана. Оваа технологија е нова и само ќе поевтинува со тек на времето, исто како што и ќе се зголемува капацитетот. Последната маана е што батеријата е вградена и не може лесно да се промени. Сепак, батеријата трае солидни 4 до 5 часа и кога батеријата ќе стане неупотреблива за неколку години, Apple бесплатно ќе ви ја замени кога ќе купите нова. Уште една вградена компонента е и рамот кој е залемен за матичната плоча и нема шанси за негово доградување. Сепак, два гигабајти рам е доволно за следните 3, 4 години за повеќето работи кои можат да се прават на

да инсталирате Windows паралелно со OS X. Со Boot Camp, оваа задача е тривијална. За заклучок, ова е брилијантно и прекрасно парче хардвер кое изгледа како да е украдено од вонземјанско НЛО, со многу иновации, но не е за секого. Неговата целна пуб-


РЕКЛАМА

click мај 2008 13


click/хардвер/висока_дефиниција

14 click мај 2008


click/хардвер/висока_дефиниција

Видео поверно и од оригиналот

Борбата за превласт на дневната соба помеѓу LCD и Plasma телевисорите

Д

али во скоро време сте влегле во продавница за бела техника? Без разлика дали е голема, специјализирана, силно рекламирана и со традиција, или, пак, малечка „маалска“ продавница, најголемиот дел од просторот го заземаат телевизорите. И тоа не било какви, туку тие модерните - тенките, што би рекле тетките. Во секоја продавница редовно се среќаваат комплет семејства појдени во потрага по нов „центар на внимание во дневната“, неговото Величество - телевизорот. Покрај секое семејство задолжително има по еден услужлив вработен, кој по којзнае кој пат ги презентира истите бројки и карактеристики. Ако се заслушате внимателно, ретко кога ќе забележите некоја голема разлика во кажаното, небитно за кој телевизор во моментот се зборува. Самите вработени поделбата ја имаат направено интуитивно, според големината на самиот телевизор, односно дијагоналата, а во класата на дијагонали, телевизорите ги имаат групирано во ценовни категории. И толку. Прво, да дефинираме што значи „Видео со висок квалитет-дефиниција“, преведено од “High Definition Video”. Wikipedia го дефинира тоа како „Видео со висока дефиниција (HD), а генерално се однесува на било кој систем со повисока резолуција од видеото со стандардна дефиниција (SD), најчесто

со резолуција од 1280×720 (720p) или 1920×1080 (1080i или 1080p)“. За да биде работата покомплицирана, постојат неколку резолуции кои се користат за HD видео (табела1). Логично, колку е резолуцијата поголема, толку квалитетот на сликата е подобар. Но, дали купувањето на телевизорот со најголема резолуција ќе ни гарантира најквалитетна слика? Во нашите продавници најголемиот дел на телевизори имаат налепница “HD Ready”, а со ситни ситни букви е допишано дека имаат полна подршка за 720p и 1080i. Ако на предната маска има цел куп налепници кои ги рекламираат „напредните

пример LG XD, или Sony BRAVIA системите за дигитална обработка на сликата). Единствено кога изворот на видео сигналот е во состојба да даде слика со 1080i/1080p и кога телевизорот е со нативна резолуција за 1080i/1080p приказ, сликата која ќе ја добиеме на телевизорот ќе биде во сооднос еден со еден пиксел од снимениот материјал. Иако постојат неколку стандарди, изборот е релативно лесен, и доколку финансиите не ни се проблем, ќе одбереме видео плеер со можност за репродуцирање на 1080p видео, а логично, ќе одбереме и телевизор со нативна подршка за 1080p

Вистинската резолуција на телевизорот, често е скриена во упатството помеѓу куп други техничи информации и вонсериски“ функции на дадениот телевизор, вистинската резолуција може да ја дознате единствено од упатството и гарантирано ќе биде добро сокриена во купот небитни технички податоци. За оваа ценовна група, резолуцијата скоро секогаш е 1366 × 768 пиксели, што од старт збунува затоа што не е ни 720p, ни 1080i. Ова е поради остварување на што поголем профит односно минимизирање на неисправни панели. Секој телевизор поседува чип кој врши обработка на сигналот и компензација на резолуцијата (како на

и ќе ја имаме добитната комбинација. Но тука почнуваат проблемите. Ако за избор на плеерот ни е релативно лесно (Blu-Ray ја доби војната против HDDVD форматот), нема толку брзо и лесно да се решиме за телевизор. Освен широката лепеза на модели од секој производител, изборот дополнително го усложнува дилемата дали да одбереме ЛЦД или плазма телевизор. Зошто никој не го спомна ова на почетокот? Затоа што одбирањето помеѓу двата типа може да биде една од најтешките одлуки при купување на нов телевизор. click мај 2008 15


click/хардвер/висока_дефиниција Генерално, и двата типа на телевизори си имаат свои фанови кои се колнат во предностите на едната технологија врз другата. Најважно е дека двете технологии се разликуваат во начинот на кој ја генерираат сликата. ЛЦД телевизорите се слични со компјутерските монитори, така што сите мани што ги измачуваат мониторите, се присутни во помала или поголема мерка и кај телевизорите. Како работат ЛЦД телевизорите? ЛЦД е кратенка за Liquid Crystal Display - „екран со течен кристал“. Мрежа од стотици илјади малечки ЛЦД пиксели се наоѓаат на ТВ екранот. Зад овие пиксели се наоѓа флуеросцентно

поунифицирана слика. Но затоа имаат помал агол на гледање, кај постарите модели се забележува „замачкување на сликата при движење“ и послаб контраст отколку кај плазма телевизорите. Плазма телевизорите даваат вибрантна слика полна со разиграни бои, имаат голем агол на гледање и одличен контраст. Како најголема мана на плазма телевизорите им се припишува проблемот на “burn in”, потоа им се замерува за генерирање на топлина при работата и поголемата потрошувачка. Мора да се обрне внимание и на големата тежина, т.е. да се обезбеди солидно фиксирање и

Во моментов пазарот е преплавен со квалитетни, а ефтини HD уреди. Никогаш не било полесно да се направи домашно кино кое ќе репродуцира HD видео со врвен квалитет (неонско) бело осветлување. Кога светлината ќе падне на пикселите, електричниот напон одредува која боја ќе се појави на екранот и милиони малечки варијации на светлото ја формираат сликата која ја гледаме на телевизорот. Како работат плазма телевизорите? Плазма екраните се направени од две парчиња стакло, помеѓу кои плазмата (ксенон и неон гас) исполнува стотици илјади малечки ќелии. Зад секоја ќелија се наоѓаат серии на црвен, син и зелен фосфор. Кога електричниот напон ќе ја побуди плазма ќелијата, таа емитува невидлива ултравиолетова светлина, која потоа побудува еден од фосфорите. Тоа создава видлива слика на екранот. И двете технологии имаат свои предности и свои мани. ЛЦД телевизорите се полесни и потенки од плазма телевизорите, трошат помалку електрична енергија и даваат 16 click мај 2008

основа. Стандардно, екранот на ЛЦД телевизорите е мат (поради заштитниот филм) а кај плазма телевизорите е сјаен (поради заштитното стакло). Изборот е субјективен и секој одбира според своите преференци. Но, мора да се потенцира дека заштитното стакло кај плазма телевизорите е значително поотпорно од тенката пластика кај ЛЦД телевизорите и секој што има деца по дома би требал уште еднаш да ги земе во предвид сите за и против во квалитетот на сликата спрема механичката цврстина. Во секој случај, што и да се одбере нема да се погреши затоа што самите уреди се убави сами по себе и секој што барем малку се интересира за технички уреди ќе изреагира на тенок телевизор во вашата дневна, дури и да е исклучен. А самото гледање филмови на таков телевизор е

СПЕЦИФИКАЦИИ пиксели

Сооднос (Aspect ratio)

Видео формат

Каде се користи

1024×768

786,432

16:9 (неквадратни пиксели)

720p/XGA

PDP HDTV дисплеи со неквадратни пиксели

1280×720

921,600

16:9

720p/WXGA

Дигитална телевизија, DLP, LCD и LCOS HDTV дисплеи

1366×768

1,049,088

16:9

720p/WXGA HDTV формат

LCD/PDP HDTV дисплеи (HD Ready, HD Ready 720p,1080i)

1024×1080

1,105,920

16:9 (неквадратни пиксели)

1080p

PDP HDTV дисплеи (Full HD, HD Ready 1080p)

1280×1080

1,382,400

16:9 (неквадратни пиксели)

1080p

PDP HDTV дисплеи (Full HD, HD Ready 1080p)

1920×1080

2,073,600

16:9

1080p HDTV формат

сите типови на HDTV технологии (Full HD, HD Ready 1080p)

4096×2160

8,847,360

16:9

2160p DCI Cinnema 4k формат

Quad HDTV, (нема HD Ready 2160p Quad HDTV формат)

Резолуција

вистинско уживање затоа што филмовите за кино се снимени во “letterbox” формат, а овие телевизори со формат на сликата 16:9 без проблем го прикажуваат филмот блиску до изворниот формат. Немојте да се изненадите доколку филм кој веќе сте го гледале на обичен телевизор, сега да го доживеете како сосема нов на телевизор со висока резолуција. Ако ги прашате продавачите дали е вистинско време за купување на HD видео сет, тие ќе ви одговорат дека е. Иако од нивна гледна точка, секое време е вистинско, овој пат навистина ќе бидат во право. Стандардите се тука, технологијата е веќе проверена, ефтина и достапна, а цените се прифатливи дури и за нашиве простори. Совет за препорака на уред за репродукција на HD видео е „појдете и купете тоа што ќе ви се допадне на прв поглед“ и нема да погрешите. Сите уреди во својата класа се слични. Единствено малку се разликуваат во сликата што ја генерираат. Во тој случај, одберете со метод на споредба. Побарајте да ви ги пуштат еден до друг уредите што ви се допаѓаат и одберете со одокативна метода. l

SAMSUNG LE-32M86

SONY KDL-32D3000K

ЦЕНА: 44,999.00 ден. • 32”LCD DISPLAY • HD READY 720P/1080I • РЕЗОЛУЦИЈА 1366X768 • КОНТРАСТ 8000:1 • ОСВЕТЛЕНОСТ 550CD/KVM • MOVIE PLUS • 100 HZ LCD • 3HDMI/PC ВЛЕЗ,КОМПОНЕНТ,2XSCART • ВРЕМЕ НА РЕАКЦИЈА НА МАТРИЦАТА 8 MS • PIP(ПРЕКУ PC ВЛЕЗ ИЛИ HDMI ВЛЕЗ) • SRS TRUSURROUND ЗВУК • МОЖНОСТ ЗА РОТИРАЊЕ ОКОЛУ ПОСТОЉЕТО ЗА 20 СТЕПЕНИ

ЦЕНА: 69,999.00 ден. • 32” LCD ТЕЛЕВИЗОР BRAVIA ENGINE • 100 HZ MOTIONFLOW СИСТЕМ • ФОРМАТ 16:9 • РЕЗОЛУЦИЈА 1366X768 • РЕЗОЛУЦИЈА PC 1360X768 • КОНТРАСТ 8000:1 • ВРЕМЕ НА РЕАКЦИЈА НА МАТРИЦАТА 8M/S • 24P TRUE CINEMA • ADVANCE CONTRAST ENHANCER • S-FORCE FRONT SURROUND • ДИГИТАЛЕН ТЈУНЕР (DVB-T) • 10 БИТЕН ПАНЕЛ • LIVE COLOUR CREATION СИСТЕМ

PHILIPS 32PF3320

SAMSUNG PS• 42C62H

ЦЕНА: 39,999.00 ден. • 32”TFT LCD ДИСПЛЕЈ • HD READY • РЕЗОЛУЦИЈА 1366 Х 768 • 500 CD/M2 • КОНТРАСТ: 600:1 • ВРЕМЕ ЗА РЕАКЦИЈА: 18 MS • АГОЛ НА ГЛЕДАЊЕ: 176 X 176 H/V • ТЕЛЕТЕКСТ • VIRTUAL DOLBY SURROUND • АКТИВНА МАТРИЦА • DIGITAL CRYSTAL CLEAR • DVI /S-VIDEO/2 СКАРТ

ЦЕНА: 47,999.00 ден. • 42” (107 CM.) ПЛАЗМА ДИСПЛЕЈ • HD READY 720P / 1080I • РЕЗОЛУЦИЈА 1024 X 768 • КОНТРАСТ 10000 : 1 • ОСВЕТЛЕНОСТ 1300 CD/M2 • HDMI, COMPONENT • ГРАДАЦИЈА НА СИВА 262 144 • DNIE ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СЛИКАТА • SRS TRUSURROUND XT ЗВУЧЕН СИСТЕМ • ТЕЛЕТЕКСТ


click/хардвер/msi_megabook_er710x

MSI Megabook ER710X Комплетна десктоп замена за секојдневни потреби

С

о драстичното паѓање на цените на лаптоп компјутерите и нивното појавување во излозите и на полиците на продавниците кои и не мора да се специјализирани само за компјутерска техника, не може човек да не се запраша „дали можеби е време да земам лаптоп?“. Иако има стотина различни модели со цени почнувајки веќе од 18.000 денари, сепак изборот не е толку лесен за долгогодишните корисници на десктоп компјутери кои се навикнати на голем екран, комплетна тастатура со нумерички типки, а во исто време, освен програмот за пишување и интернет прелистувачот, знаат да пуштат и по некоја игра. MSI со својот Megabook ER710X се обидува да ги задоволи сите потреби и нешто повеќе, а сепак да биде по прифатлива цена. Станува збор за 17-инчната комплетна десктоп замена со процесор AMD Athlon 64 x2 ТК55 на 1.8 GHz, ATI RS690+SB600 чипсет и 2GB DDR2 рам на 667 MHz кој се дели со ATI Radeon x1270 графичкиот подсистем. Ова е пријатно изненадување за фановите на AMD, бидејќи ретко се наоѓа лаптоп со ваков комплетен асортиман од нивните производи. Добар потег е поставувањето и на VGA и на новиот HDMI излез, доколку имате потреба да поврзете уште еден монитор или телевизор. Иако во името стои „Megabook“, оваа е еден од најлесните 17-инчни widescreen лаптопи со тежина од 3.3 килограми вклучувајќи ја батеријата. Нативната резолуција му е 1440 х 900, а квалитетот на сликата е на завидно ниво, благодарејќи на

Amazing Crystal Vision (ACV) технологијата. Што се однесува до звукот, HD Audio звучната, вградениот микрофон и двата звучника од 1.5W се доволно добри кога ќе се земе во предвид дека се работи за лаптоп. За сите аудиофили, тука е аудио излезот за екстерни звучници, како и посебниот аудио влез и приклучоток за екстерен микрофон. ER710X доаѓа без инсталиран оперативен систем, но немаше никаков проблем при инсталацијата на Windows XP (како некои понови лаптопи

ИНФО

Портабилниот десктоп - MSI Megabook ER710X

ЗА И ПРОТИВ

    

Моќна конфигурација Вградени додатоци Траење на батеријата Цена Големина и тежина

ЦЕНА

лаптопот. Што се однесува до игрите, без никаков проблем ќе ги пушти речиси сите стратегии и онлајн

MSI со својот Megabook ER710X се обидува да ги задоволи сите потреби и нешто повеќе, а сепак да биде по прифатлива цена кои ве приморуваат да ставите Vista поради SATA контролерот). Всушност, без проблеми ќе најдете дури и 64-битни драјвери за сите компоненти на

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Micro-Star International www.msi.com.tw • ЗАСТАПНИК: Риверсофт Компјутери www.riversoft.com.mk

игри од типот на World Of Warcraft. Сосема игриво (над 30 фрејма) ги пушта и DOOM 3 и F.E.A.R., но само на ниски до средни подесувања. За повеќе,

ќе треба да се вратите на компјутерот со 8800 GTS графичка или конзолата (но лаптопот има и слободен PCI-Express слот, доколку веќе тргнете по тој пат). Со траење на батеријата од 2 ипол часа со нормални секојдневни потреби и повремено играње, ER710X е повеќе од доволен и може целосно да ја замени вашата декстоп машина, а доколку го поврзете и со HD телевизор, ќе добиете комплетна замена и за вашето домашно кино. l

• 44.000 денари

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

44,000 денари

ГАРАНЦИЈА

2 години

ЕКРАН

17-инчен WXGA ACV(Amazing Crystal Vision) со резолуција 1440 х 900 и вградена веб-камера од 1.3 MP

CPU

AMD Athlon 64 x2 TK55 на 1.8GHz

GPU

ATI Radeon™ x1270 со „позајмен“ рам до 256 MB

ЧИПСЕТ

ATI RS690+SB600

МЕМОРИЈА

2GB DDR2 на 667 MHz

MЕДИА

16x Multi-DVD режач

КАПАЦИТЕТ

160 GB Western Digital хард-диск со 5200 вртежи во минута.

КОНЕКЦИЈА

3 × USB 2.0 порти, мини FireWire прота, VGA и HDMI излез, 56к модем, гигабитен LAN, Bluetooth 2.0, WiFi 802.11b / g WLAN, 4-во1 читач на мемориски картички, PCMCIA 2.1, Type II и PCI Express Card слотови

ТЕЖИНА

3.3 КГ (со батеријата)

ДИМЕНЗИИ

395 х 278 х 26.5-34.9 мм

ЗАКЛУЧОК

lllll

Еден од најдобрите замени за декстоп машини со одлична цена

click мај 2008 17


click/хардвер/hp_pavilion_tx2000z

HP Pavilion tx2000z И лаптоп и таблет ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Hewlett-Packard www.hp.com • ЗАСТАПНИК: Рема Компјутери www.rema.com.mk ЗА И ПРОТИВ

   

Цена Екран осетлив на допир Солидна конфигурација Ротирачки екран

ЦЕНА

• 1.299 долари

ЗАКЛУЧОК

lllll

Мобилност и квалитет со поприфатлива цена.

18 click мај 2008

И

ако серијата Pavilion се уште не е достапна на нашиот пазар, поради својата атрактивност вреди да се претстави. Моделот Pavilion tx2000z е наследник на успешниот tx1000z, но овој модел поседува и активен дигитајзер како и екран осетлив на допир, па така во комбинација со ротирачкиот екран може да се користи и како таблет. Pavilion tx2000z поседува екран со димензии од 12,1 инчи (31cm) и тежина од 2,1Kg со што влегува во категоријата на ултра-преносни компјутери. Една од главните карактеристики на овие ултра-преносни компјутери е високата цена, но таа кај овој модел започнува од 1.299 долари. За разлика од останатите ултра-преносници со ултра-висока цена, Pavilion tx2000z нема да котира високо на bench тестовите, но сосема солидно ќе ги одработи канцелариските и мултимедијалните задачи. Акцентот кај Pavilion tx2000z е ставен на опцијата за користење како таблет, па затоа на делот со екранот, покрај веб камерата и микрофонот, се наоѓа и читачот на отисоци од прстите, како и мултимедијалните копчиња. Вака поставените копчиња ви се подостапни без разлика дали преносникот го користите како лаптоп или како таблет. Најголемата новина кај Pavilion tx2000z, во однос на претходникот tx1000z е вградувањето на дигитајзерот, додека стариот модел доаѓа само со екран осетлив на допир. Разликата помеѓу овие две работи е во тоа што кога се работи само за екран осетлив на допир, внесувањето на информации се извршува преку стајлусот (или

Двојната улога на Pavilion

со прст) и кога пишувате текст не треба да го одвојувате стајлусот од екранот. Ваквото пишување може да биде фрустрирачко би-

дури и кога стајлусот лебди над екранот. Освен при пишувањето, оваа опција е корисна и кога стајлусот го користите и како

Вградениот дигитајзер му овозможува да ги разбере командите од корисникот дури и кога стајлусот лебди над екранот дејќи и најмалото одвојување од екранот може да биде погрешно протолкувано. Кај екраните кои поседуваат и дигитајзери, системот може да отчитува

глувче, имено, доколку се позиционирате над одредено мени, истото ќе се селектира, додека ако го кликнете тоа ќе се активира.

Според перформансите, Pavilion tx2000z претставува сосема солиден лаптоп кој со процесорот AMD Turion 64 X2 на 2,3GHz и 2GB RAM меморија успева да собере околу 3700 поени во PCMark 05, како и 593 поени во Cinebench 9.5. Играњето со Pavilion tx2000z нема да ви биде баш најпријатно со оглед на ограничениот графички подсистем - nVidia GeForce Go 6150, но сепак ќе може да стартувате по некоја игра со помали побарувања. l

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

54.600 денари

ГАРАНЦИЈА

1 година

ПРОЦЕСОР

AMD Turion 64 X2 Dual Core процесор TL-66 на 2.3GHz

МЕМОРИЈА

2GB DDR2 RAM (максимум 4 GB)

ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ

nVidia GeForce Go 6150

ХАРД-ДИСК

160GB, (постојат модели и со 120GB или 250GB)

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

12.1-инчен WXGA осетлив на допир (1280x800)

ОПТИЧКИ УРЕД

LightScribe Super Multi 8X DVD+/-R/RW

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows Vista Home, Business или Ultimate

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/n со Bluetooth, DialUp Модем, 2 х IrDA, Notebook Expansion порта, 3 x USB, VGA-15 pin, S-video и TV-Out

ТЕЖИНА

2.1 КГ

ДИМЕНЗИЈА

224 x 306 x 31 мм


click мај 2008 19


click/хардвер/sony_a300_a350

Sony Alpha A300 & A350 Близнаци, доволно еднакви, но сепак различни СПЕЦИФИКАЦИИ

• ТЕЖИНА: 380гр. • КАРАКТЕРИСТИКИ: 10 Мегапиксели, On Screen Autofocus, Face Detection Technology, Shadow Adjustment Technology, Perfect Shot Preview, Wireless Flash Capability • МЕМОРИЈА: Слот за CompactFlash Тип I и II, Microdrives, и xD Picture Card ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Sony www.sony.com • ЗАСТАПНИК: Sony - Македонија www.sony.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен дизајн  Многу технолошки иновации  Времетраење на батеријата (700 фотографии со едно полнење)  Квалитет на фотографии  Послабо работење со други леќи

ЗАКЛУЧОК

lllll

Мобилност и квалитет со поприфатлива цена.

20 click мај 2008

Е

динствената разлика помеѓу овие два нови модели на Sony е јачината на CCD сензорот или, како што повеќето луге би забележале, разликата е во мегапикселите. Sony A300 има CCD сензор со јачина од 10 мегапиксели, додека A350 има CCD сензор со јачина од 14.2 мегапиксели. Сите други новитети и спецификации се еднакви и со оглед на тоа, во понатамошниот текст описот ќе важи за двата модели. Најголемиот новитет кој се промовира со оваа серија на дигитални камери е Quick AutoFocus Live View технологијата. Единствен за Sony, овој систем овозможува преглед во живо, пред да се фати фотогра-

ми фотографијата. Блицот е скриен и излегува по потреба (pop up flash). Двата модели се „наоружани“ со последната итерација на BIONZ имиџ процесорот на Sony, кој ги оптимизира перформансите на високо резолуцискиот CCD сензор. Подобрената детекција на сцените со позадинско светло овозможува одлични резултати дури и со проблематичните субјекти кои стојат во ист правец со изворот на светлина. Осетливоста е зголемена до максимум (ISO 3200), овозможувајќи успешно снимање во моменти со ниско ниво на осветленост и без блиц. Новитетот наречен Super SteadyShot овозможува

Новата слика на Sony

Α300 и А350 се едноставни за користење, а сепак резултираат со навистина професионална фотографија фијата. За прв пат оваа технологија ги надминува техничките ограничувања кои постоеја во брзото окинување и прегледот во живо. Тука е и новиот сензор за автоматско фокусирање составен од 9 точки кој обезбедува побрзо и попрецизно фокусирање, како во живиот, така и во оптичкиот преглед на фотографиите во било кој од однапред дефинираните модели на сликање. Зголемената флексибилност на фотографиите се должи и на фактот што 2.7-инчниот LCD екран е подвижен, односно оди 130 степени нагоре и околу 40 степени надолу. Ефектите на променливата експозиција и балансот на белината може да се прегледуваат во живо уште пред да се кликне до крај и да се сни-

подобрена контрола против тресење на камерата кога се слика со било која од alpha леќите. Новиот алгоритам за контрола ја подобрува корекцијата помеѓу 2.5 и 3.5 чекори, споредбено со 2.0-3.5 опсег кој постои кај α100. Како медиум за снимање на фотографиите се користи Compact Flash картичката, а тука е и USB приклучокот кој е видлив во моментот кога се отвора вратичката позади која се крие и слотот за CF картичката. Α300 и А350 се едноставни за користење, а сепак резултираат со навистина професионална фотографија. Едноставниот дизајн и подобрените перформанси заедно со технолошките иновации даваат одличен пакет кој секако ќе најде свое место на пазарот. l

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

21.100 – 29.400 денари

РЕЗОЛУЦИЈА

CCD сензор со 10.2 Мегапиксели за A300 и 14.2 Мегапиксели за A350

КАРАКТЕРИСТИКИ

2.7-инчен LCD екран со поместување, висока осетливост до ISO 3200, напредно автоматско фокусирање и BIONZ image процесор.

МЕМОРИЈА

Compact Flash и USB

ТЕЖИНА

582 гр.

ДИМЕНЗИИ

130.8 х 98.5 х 74.7 мм


click/хардвер/olympus_e-420__

Olympus E-420

Добрите работи доаѓаат во мали пакувања

А

ко сакате моќ и перформанси кои се рамни на било кој D-SLR (Digital Single Lens Reflex) апарат, но во исто време и леснотија на користење која е рамна на било која едноставна (речиси point and click) дигитална камера, тогаш Е-420 е идеален избор за вас. Со Е-420, и обичен аматер може да “извади“ професионална фотографија. Лесната Е-420 камера (тежи само 380 грами) со 10 мегапиксели нуди перформанси и технологија на камера од висока категорија, а 2.7-инчниот LCD екран направен според HyperCrystal II технологијата дава двојно подобар контраст и подобар преглед во

екстремно светли услови. Е-420 доаѓа со еден куп иновации, а овде ќе наброиме неколку од нив: On Screen Autofocus, Face Detection, Shadow Adjustment, Perfect Shot Preview и Wireless Flash опцијата која ќе ви овозможи да додадете дополнително осветлување, а Е-420 е компатибилна и со Olympus FL-50R и FL-36R бежичните електронски блицови кои се дизајнирани ексклузивно за дигиталната фотографија. Кога овие блицови се користат во комбинација со Е-420, бежична мулти-блиц фотографија е можна. Е-420 може да контролира до три независни групи на блицеви, со по неколку

Апаратот со безжичен блиц

СПЕЦИФИКАЦИИ

• ДИМЕНЗИИ: 129.5 x 91.0 x 53.0 мм • ТЕЖИНА: 380гр. • КАРАКТЕРИСТИКИ: On Screen Autofocus, Face Detection, Shadow Adjustment, Perfect Shot Preview и Wireless Flash Capability • ПОВРЗУВАЊЕ: Bluetooth 2.0, WiFi, GPRS+, USB • РЕЗОЛУЦИЈА: 10 MP ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Olympus www.olympus-europa.com

блиц уреди по група. Olympus E-420 Digital SLR ќе биде достапна во Европа од Мај 2008-ма, а кај нас можеби нешто подоцна. Во пакет доаѓа E-420 телото (куќиштето), USB кабел, видео кабел,

Li-Ion батерија со полнач, држач (лента) за рамо, софтвер на CD, упатство и гаранциска картичка. l

ЗА И ПРОТИВ

 Големина и тежина  Иновативни технологии  Можност за поставување на голем број различни типови на леќи  Квалитет на фотографии  Цена

Motorola MOTO Z10 Светлa, Камера, Акција!

Т

ешко може да се дефинира каков вид на уред е Moto Z10 бидејќи Motorola уште од пред неколку години почна да го става акцентот врз музиката и видеото кај своите модели на мобилни телефони. Во случајот на Z10, акценотот паѓа врз видеото и неговиот висок квалитет, брзината и квалитетот на “снимање“ на видеото од 30 фрејмови во секунда. Тука е и опцијата за едитирање на истото видео, додавање на разни ефекти (вклучувајќи и аудио) и сето тоа од иститот мобилен уред. Камерата е 3.2 MPixel-и, со одлично автоматско фокусирање и екстремно брз стартер кој може да снима по една слика во секунда. Интели-

гентниот софтвер исто така брзо и логично ги зачувува фотографиите во меморијата на телефонот. Можностите за споделување на содржината кај MOTO Z10 се навистина посебни: Директно можете да ги испраќате вашите видео клипови на YouTube, Google, Yahoo и Shozy. Нема потреба да го врзете Z10 со компјутер за да превземете нешто од интернет - со сервисите кои ги има превземањето оди многу лесно. Во моментов, Z10 подржува 8GB екстерна меморија (тоа е најголемата microSD картичка на пазарот), но се декларира дека во моментот кога ќе се појави на пазарот, Z10 ќе може да подржи 32 GB. l

СПЕЦИФИКАЦИИ

• РАБОТЕН ОПСЕГ: Dual mode UMTS 2100, HSDPA 3.6Mbps Quadband GSM/GPRS/EDGE Class 12 • ЕКРАН: 2.2 инчи, 15 M бои • КАМЕРА: 3.2MP autofocus и видео со 30 fps • ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ: Symbian OS • КАПАЦИТЕТ: microSD 8GB, подршка за идните мемориски картички до 32 GB • КОНЕКЦИЈА: Bluetooth и USB кабел • ТЕЖИНА: 115 гр. • ДИМЕНЗИЈА: 109 x 15.5 x 16.5 мм ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Motorola www.motorola.com

Бизнис телефон на кој во моментов му нема рамен

ЦЕНА

• 43.400 денари

click мај 2008 21


click/хардвер/sony_mylo

Sony Mylo

Wi-Fi Mylo - живот на интернет ИНФО

•ПРОИЗВОДИТЕЛ: Sony www.sony.com •ЗАСТАПНИК: Sony - Македонија www.sony.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Атрактивен дизајн  Одличен интернет пребарувач  Достапност на интернет  Уред само за забава  Големина и тежина  Засега достапен само во САД

ЦЕНА

• 300 долари

ЗАКЛУЧОК

lllll

Мобилност и квалитет со поприфатлива цена

22 click мај 2008

К

онцепт кој можеби тешко може да се замисли кај нас, но дефинитивно зема голем замав во технички поразвиените земји. Таму каде што интернетот е евтин, лесно достапен и претставува незаменливо сретство за комуникација, Mylo ја наоѓа својата намена. За овој уред да работи во свое полно светло, потребна му е само Wi-Fi пристапна точка и забавата може да започне. Јавете им се на вашите пријатели преку Skype или пратете им порака преку Google Talk или Yahoo Messenger. Можете да сурфате по интернет, да сликате и да ги споделувате сликите. Mylo има и 3.5-инчен LCD екран кој е осетлив на допир и со тоа знатно ја олеснува работата, а уредот е релативно мал што дури може да застане буквално секаде. Може да се каже дека Mylo ги има карактеристиките на персонален компјутер кој го собира во џеб. Сурфајањето е доведено до перфекција. Користејќи го екранот осетлив на допир, можете многу лесно да сурфате по вашите омилени интернет страници. Со Mylo, сурфањето во многу нешта потсеќа на сурфање преку компјутер или лаптоп. Со Adobe Flash Lite поддршката имате пристап кон интернет страниците како што е YouTube, а исто така можете да се забавувате со играње на многуте Flash базирани игри. Можностите на Mylo за преземање (download) и споделување (upload) ви дозволува користење на страниците од типот на Facebook или Myspace. Mylo поседува вградена

камера со јачина од 1.3 Мегапиксели со која можете да сликате и веднаш да ги испратите фотографиите. Постои и софтвер за средување на истите, па доколку имате потреба за „брзо шминкање“, и тоа е овозможено. Инстантно пренесување на пораки, каде и кога сакате, е една од карактеристиките на Mylo со кој секогаш сте во контакт преку сервисите на AOL, Yahoo, Google и Skype кои ви стојат на располагање. Испраќајте и примајте електронска пошта преку сервисите AOL Mail, Google Gmail и Yahoo Mail. Покрај инстантните пораки, Skype ви овозможува бесплатна интернет телефонија достапна секаде во светот, а исто така можете да бирате фиксни и мобилни телефонски броеви со кредитите кои

Забава во дланка

Mylo ги “чита“ повеќето најраспространети аудио и видео формати (MP3, ATRAC, WMA и AAC).

Сурфајте по интернет, слушајте музика, гледајте видео и правете телефонски разговори преку интернет (VoIP) со Sony Mylo - личниот комуникатор може да се купат од Skype. Тастатурата која има позадинско осветлување ќе ви помогне буквално секаде и во секое време да сте достапни.

Слушајте ја музиката која сте ја преземале од интернет, додека сурфате или праќате пораки, бидејќи multi tasking можностите на Mylo се навистина

одлични. Видео плеерот ги подржува и MPEG 4 и подобрениот MPEG4 AVC. Се на се, овој уред кој за наши прилики е малку чуден и несекојдневен, претставува интересна алатка која повеќе би била на страната на забавата отколку на озбилната или бизнис употреба. Сепак, интересно е вакво нешто да имате во џеб, се разбира доколку сте во можност да си го приуштите и доколку некој реши да го “донесе“ во Македонија. l

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

12.600 денари

РЕЗОЛУЦИЈА

Камера од 1.3 Мегапиксели со Macro мод

КАРАКТЕРИСТИКИ

3.5-инчен екран (осетлив на допир), Интернет пребарувач: Access NetFront со Adobe Flash Lite, WEP безбедност

МЕМОРИЈА

1 GB интерна меморија, слот за Memory Stick Duo/PRO Duo до 8 GB

КОНЕКЦИЈА

Wireless Lan 802.11 b/g

ТЕЖИНА

193 гр.

ДИМЕНЗИИ

130.8 х 20.7 х 64.6 мм


click/хардвер/logitech_mx_air

Logitech MX Air Mouse Глувче кое „лета“

В

о секојдневните иновации кои се случуваат во компјутерскиот свет има една константа која последниве 20-тина години не се изменила драстично. Тоа е интерфејсот преку кој комуницираме со нашиот компјутер т.е. маусот. Logitech си зема за цел да ја измени оваа ситуација со нивниот нов „летачки“ маус кој нема потреба од подлога за него. Имено, функционира во воздух. Истите движења кои би ги правеле со обичен маус на неговата подлога, сега ги правите со Logitech MX Air, но во воздух. Иако по самиот дизајн се препознава неговата висока класа и без проблем може да се вклопи во било кое домашно кино, можеби на прв поглед не се разликува многу од било кој друг модел. Тоа во што се разликува е неговата внатрешност. Користејќи жироскоп и акцелерометри, маусот може да го регистрира секое ваше движење кое го правите со него. Доколку некогаш сте користеле Nintendo Wii remote, ќе знаете од прилика за што станува збор, но во овој случај нема потреба од користење на надворешни инфра-црвени сензори. Управувањето се врши со држење на маусот исто како да држите далечински управувач и го придвижувате во насоката во која сакате да се помести курсорот на екранот. Logitech MX Air користи напредни алгоритми кои дејствуваат како стабилизатори и овозможуваат и доколку ви се тресе раката да предвиди најчесто каде сакате да се движи маусот. Ако, пак, го поставите на подлога, тој ќе се префли во мод каде што ќе функционира како обичен маус

СПЕЦИФИКАЦИИ

• ТЕЖИНА: 92 гр. вклучувајќи ги и батериите • КОПЧИЊА: 8 (лев и десен клик, Page Up, Page Down и 4 програмабилни копчиња) • РЕЗОЛУЦИЈА: 800 dpi • КОНЕКЦИЈА: Бежичен USB приемник со домет од 10 метри • ГАРАНЦИЈА: 3 години ИНФО

Маус - воздухоплов

благодарение на вградениот 848-нанометарскиот ласер. Кога ќе го отворите пакувањето, во него ќе го најдете Logitech MX Air маусот, бежичниот USB приемник со стандардна големина (3-4 см), упатството, крпче специјално

маус, но во овој случај тоа го правите од удобноста на вашата фотеља која може да биде оддалечена и до 10 метри од компјутерот. Убав детал е тркалцето за скролање кое овде всушност не постои, а заменето e со сензор осетлив на допир (нешто слично како

Исто толкава контрола како да користите обичен маус, но од удобноста на вашата фотеља оддалечена и до 10 метри од компјутерот за бришење на маусот и базата заедно со полначот на батеријата. Неговата примена првенствено ја наоѓа во домашните кина и медијските центри, а целта му е да ви овозможи исто толкава контрола како да користите обичен

touchpad на лаптоп), со тоа што краевите служат како Page Up и Page Down. Освен „тркалцето“, на него има и 4 програмабилни копчиња меѓу кои Back, Select, Play/Pause и Volume. Сите копчиња се осветлени, а на долни-

от дел од маусот има и мерач за состојбата на батеријата. Сепак, нешто што ќе им недостига на почестите сурфери е тоа што нема среден клик. Веројатно не го планирале за честа интернет употреба и фактот дека ќе сакаме да отвориме нов таб без многу малтретирање. Доколку планирате да го земете Logitech MX Air исклучиво за гејмерски потреби, тогаш може да не ве задоволи, а и неговата резолуција од 800 dpi е просечна. Тое не е неговата цел и за таа намена можете да најдете многу попрецизни и поефтини мауси. Но, доколку го користите за домашното кино или за презентации, моментално нема ништо подобро на пазарот. l

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Logitech www.logitech.com

ЗА И ПРОТИВ

Иновација Одличен дизајн Двојна функција и домет Долго траење на батеријата и брзо полнење  Нема среден клик  Цена    

ЦЕНА

• 149 долари

ЗАКЛУЧОК

lllll

Одличен и иновативен начин за контрола на домашното кино

click мај 2008 23


click/хардвер/nokia_e90

NOKIA N90

Ако мислите бизнис, мислите на Nokia E90 ИНФО

•ПРОИЗВОДИТЕЛ: Nokia Group Finland europe.nokia.com

ЗА И ПРОТИВ

 Бизнис дизајн  Добар квалитет на екраните и тастатурата  GPS приемник и однаоред  инсталирани мапи  Квалитет на фотографии и видео  Времетраење на батеријата  Големина и тежина

ЦЕНА

• 700 евра

ЗАКЛУЧОК

lllll

Бизнис телефон на кој во моментов му нема рамен

24 click мај 2008

Едицијата Communicator постои веќе 10 години, а при крајот на 2007 е крунисана со својата најнова перјаница - Е90. Како директен наследник на последниот communicator Nokia 9500, Е90 донесе подобрувања на сите полиња, односно ја внесе N серијата во поголемо пакување. Според изгледот, кога е затворен, Е90 наликува на повеќето модели на Nokia, со таа разлика што квалитетот се гледа кај сите делови на апаратот. Двата екрани се со скоро идентичен квалитет, имаат иста длабочина на бои, а се разликуваат по големината и по тоа што внатрешниот екран има нешто подобра острина. Е90 има 80 MB меморија за работа на

апликациите и процесорот од фамилијата dual core ARM11 кој работи на 332MHz. Основата на самиот Е90 е Symbian OS (9.2) и серијата 60, односно нејзиното 3-то издание со додатен пакет 1. За преглед на документите (MS Office и други), тука е апликацијата QuickOffice. Личните податоци, листите

за потсетување и алармите, идеално се вклопуваат во персоналниот менаџер PIM, кој исто така одлично комуницира со MS Outlook, Active Notes и Mac апликациите. Тука е и одличниот музички плеер, но прав бисер е видео плеерот кој во комбинација со TV излезот го прави Е90 одлична мултимедијална

алатка која може во секое време да изненади. Камерата е 3.15 Mpixel-и со одлично автоматско фокусирање и прекрасни вивидни бои, но доколку поинтензивно работите со Е90, ќе забележите дека многу брзо ја троши својата батерија, што донекаде е и разбирливо со сиот тој хардвер спакуван внатре. l


click/хардвер/hp_officejet_h470

HP Officejet H470 Печатница во мобилно издание

H

P продолжува со својата серија на мобилни принтери и со нивната последна поднова - Officejet H470 ја освојува титулата за најбрз мобилен принтер кој во моментот е достапен на пазарот. Принтерот е измислен за „канцеларијата која е секогаш во движење“ и овозможува бежично конектирање со компјутер, лаптоп, мобилен телефон, камера или друг мобилен уред и директо печатење од нив. Со опционалната батерија, не е потребно дури ни напојување за следните 450 страни. Принтерот е прекрасно дизајниран и успева да го избегне застарениот изглед на кутија за чување леб. Напротив, достојно си

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Hewlett-Packard www.hp.com • ЗАСТАПНИК: Рема Компјутери www.rema.com.mk ЗА И ПРОТИВ

Мобилна печатница

(WiFi и Bluetooth), како и батеријата, не се вклучени. За да се постигне комплетната бежична

Сите карактеристики на стандарден принтер, но кој можете да го понесете со себе каде и да одите го пронаоѓа местото до кој било лаптоп и ја надоградува професионалноста на мобилната канцеларија. Уште една силна страна е и неговата брзина на печатење. Со стандардната исполнетост од 5 проценти по страна, може да испечати до 22 црно-бели страни во минута или, пак, до 18 страни во минута, доколку печати во боја. Наменет е претежно за деловно работење на луѓе кои имаат потреба од печатење на документи на лице место, каде и да се наоѓаат, а цената изнесува 169 евра. Во пакетот со принтерот доаѓа кабел за струја со адаптер, USB кабел, HP 98 кертриџ со црна боја, HP 95 кертриџ со три бои, CD со драјвери и упатството. Битно е да се напомене дека адаптерите за бежично поврзување

функционалност, треба да се докупи WiFi адаптерот кој чини 3300 денари и литиумската батерија која чини исто така 3300 денари

без полначот или, пак, 5900 денари заедно со се полначот. Цената за кертриџот со црна боја изнесува 840 денари, кертриџот со три бои - 1050 денари, а доколку се купат сите комплет - 1680 денари. Како дополнителна опрема може да се докупи адаптерот за напојување во кола чија цена е 3300 денари. Единствена негативна работа која може да се издвои за HP Officejet H470

е цената на додатоците кои би требало да бидат вклучени во самиот пакет. Сепак, со оглед на целната група за која е наменет, ова можеби е една од најдобрите инвестиции во „мобилната канцеларија“. Генерално, овој притнер ги постигнува сите цели кои му се поставени и достојно ја продолжува серијата на високо-квалитетни HP мобилни принтери. l

 Најбрзиот мобилен принтер  Бежична конективност  Мобилни димензии и професионален изглед  Напојување преку литиумска батерија  Бежичните адаптери и батеријата се купуваат накнадно  Цената на неопходните додатоци ЦЕНА

• 169 евра

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

10.500 денари

ГАРАНЦИЈА

1 година

ЦРНО-БЕЛО ПЕЧАТЕЊЕ

До 22 страни во минута

ПЕЧАТЕЊЕ ВО БОЈА

До 18 страни во минута

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ЦРНО-БЕЛО

До 1200 x 1200 rendered dpi

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ВО БОЈА

До 4800 optimized dpi color и 1200 input dpi

БЕЗ-ГРАНИЧНО ПЕЧАТЕЊЕ

Да, до 102 х 152 мм

ПРЕПОРАЧАН МЕСЕЧЕН ВОЛУМЕН

До 500 страни

ДРЖАЧ ЗА ХАРТИЈА

До 50 листови

КОНЕКЦИЈА

2 х USB, 1 PictBridge, 1 Secure Digital/Multimedia Card

БЕЖИЧНА КОНЕКЦИЈА

Опционалнен HP 802.11 b/g Wireless адаптер и HP bt500 Wireless адаптер со Bluetooth

ТЕЖИНА

2 КГ

ДИМЕНЗИЈА

340 x 164 x 82 мм

ЗАКЛУЧОК

lllll

Ефикасност и професионалност во мобилно пакување.

click мај 2008 25


click/хардвер/microsoft_wireless_laser_dedktop_7000:samsung_2232bw

Laser Desktop 7000

Microsoft Wireless тастатура и маус по терк на Windows Vista СПЕЦИФИКАЦИИ

•КАРАКТЕРИСТИКИ: Инспирирана според Windows Aero темата, 2.4GHz бежична технологија, базна станица за полнење на батариите на маусот, Flip 3D копче и 3 програмабилни копчиња осетливи на допир, „лупа“ копче на маусот и 4-страно скрол тркалце •ДИМЕНЗИИ: 486 х 227 мм за тастатурата, 81.9 х 121мм за маусот ИНФО

•ПРОИЗВОДИТЕЛ: Microsoft www.microsoft.com •ЗАСТАПНИК: Логин Системи www.loginsys.com.mk

ЗАКЛУЧОК

lllll

Интересен дизајн, но прескапа цена

С

поред изгледот и можностите, уште на прв поглед може да се заклучи дека овој комплет е наменет за корисниците на Windows Vista. Самиот дизајн на комплетот наликува на Windows Aero темата. Дизајнот на тастатурата потсетува на познатата ергономична (искривена) тастатура на Microsoft која на крајот на деведесеттите и почетокот на овој век беше продадена во повеќе од 3,5 милиони примероци. Единствена разлика кај овој модел е што се работи за ултра-тенка тастатура и тоа што е бежична. Покрај стандардните копчиња кои се исто така ултра-тенки и исклучително тивки, Wireless Laser Desktop 7000 содржи и голем број

на функциски копчиња кои дополнително можат да се репрограмираат по желба на корисникот. Новост е што ова е првата тастатура која соджри специјално Flip 3D копче за Windows Vista, а постојат и 3 “My Favorites” осетливи-на-допир копчиња кои можат да се прилагодуваат спрема вашите потреби. Во пакет со тастатурата доаѓа и Wireless Laser Mouse 7000, кој се поврзува со базата за полнење на батериите. Иако освен стилизираниот изглед, можеби нема некоја друга голема разлика со останатите бежични глувчиња, интересен е додатокот копчето „лупа“ кое го зголемува делот од екранот каде што моментално се

Дизајн и корисност

наоѓа курсорот, тркалцето кое може да скрола во 4 правци и индикаторот за статусот на батеријата. Има сличен индикатор за состојбата на батериите како и кај тастатурата, но за разлика од неа каде што служи единствено да ви каже кога е време да ги замените, овде ви кажува кога е време да го полните. Бидејќи и двете функционираат на

2.4GHz, ги наследуваат карактеристиките на оваа технологија како долга трајност на батериите и работна оддалеченост и до 10 метри. Wireless Laser Desktop 7000 е сет кој чини околу 6.300 денари, а според дизајнот може да претставува и украс во вашата дневна соба кој во исто време ќе го управува и вашиот медиски центар. l

Samsung 2232BW

22-инчен widescreen LCD монитор дизајниран за квалитет СПЕЦИФИКАЦИИ

• ЦЕНА: 15.900 денари • ГАРАНЦИЈА: 3 години • ЕКРАН: 22-инчен со резолуција 1680 х 1050 • ЗАКАСНУВАЊЕ: 2 милисек. • ДИНАМИЧЕН КОНТРАСТ: 3000:1 • ОСВЕТЛЕНОСТ: 300 cd/m2 • ОДНОС: 16:10 • КОНЕКЦИЈА: DVI и VGA • ТЕЖИНА: 4.9 КГ • ДИМЕНЗИЈА: 518 x 419 x 210 мм ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Samsung www.samsung.com • ЗАСТАПНИК: Рема Компјутери www.rema.com.mk ЗАКЛУЧОК

lllll

Најдобриот 22-инчен монитор/HDTV што може да се купи кај нас

26 click мај 2008

Б

идејќи полека, но сигурно, времето посветено „за гледање на телевизија“ сè повеќе се претопува во време „поминато пред компјутер“, очигледно големите компании го согледуваат тоа и почнуваат на пазарот да се појавуваат хибридни монитори кои можат да играат улога и на монитор за компјутер и на телевизор (или можеби средство за гледање на интерактивно видео би бил посоодветен термин). Samsung со својот нов 22-инчен LCD монитор со широк екран успешно ги комбинира овие две улоги. Уште на прв поглед може да се забележи дека Samsung 2232BW е дизајниран за ентертејмент

со неговиот црн полиран изглед (во стил на пијано), неговите заоблени ќошеви и пријателското-за-игри заканување од само 2 милисекунди. Овие дизајнерски потези ја нагласуваат неговата улога како HDTV. Од конекции, вклучува и VGA и DVI порта која подржува и HDCP, доколку имате потреба да гледате некои од оние „заштитени“ холивудски филмови во полна резолуција до 1080p. Нативната резолуција му е 1680 х 1050, што значи дека филмовите од 1900 х 1080 нема да можат да бидат прикажани во полна резолуција. Сепак, ова е сосема доволно за проекцијата да изгледа фантастично и е

Дефиниција со стил

добар компромис помеѓу гледање филмови и играње игри. Перформансите кои ги покажа на тестовите се едни од највисоките досега со 89 композитни поени на DisplayMate. Екранот е исклучително светол, но

контрастот кој се води како 3000:1 е релано поблиску до 869:1 (што е солидно во рангот на динамични контрасти). Сè на сè, ова е одличен производ кој не прави компромиси помеѓу двете негови улоги, туку успешно ги испорачува. l


click/хардвер/alienware_area_51_alx

Alienware Area51 ALX Crossfire Премногу пари - ограничена музика Компанијата Alienware која е позната по своите феноменално дизајнирани и „набилдани“ десктоп и лаптоп системи, на американскиот пазар неодамна ја претстави новата Area 51 ALX серија. Серијата Area 51 ALX содржи повеќе модели чија цена се движи од околу 5.000 па се до 8.200 долари. Во пакет со самиот компјутер доаѓаат и разноразни ситници како што се безбол капче, привезок за клучеви, подлога за глувче (сите со Alienware мотиви) и сл. Исто така, со овој компјутер се испорачуваат и Logitech G15 Gaming тастатура и G5 Gaming глувче. Од хардверот кој вреди да се спомене во овој напис е процесорот Intel Core 2 Extreme QX9650 (наскоро се очекува верзија и со четири-јадрен процесор). Процесорот фабрички е деклариран со брзина од 3GHz, но во овој случај истиот е подигнат на завидни 4GHz. Alienware гарантира за безбедноста и стабилноста на системот иако работната брзина на процесорот е подигната за 33%. Овој процесор е базиран на новата 45nm High-k Metal gate Silicon технологија која овозможува одлични термални и оверклокерски можности кај малите процесори. Исто така, кај овој процесор се вклучени и подобрувања во микро-архитектурата кои овозможуваат значителни подобрувања, а за изврушувањето на мултимедијалните задачи се грижат новите 50-тина инструкции од Intel-овиот SSE4. Покрај процесорот вреди да се напомене дека системот доаѓа со 4GB DDR 3 работна меморија, како и две ATi Radeon HD 3870 (со по 512MB RAM)

СПЕЦИФИКАЦИИ

• CPU: Intel® Core 2™ Extreme Processor (45nm Penryn) подигнат на 4.0GHz со течно ладење (3.0GHz, 1333MHz FSB, 12MB L2 Cache) • GPU: 2 х ATI® Radeon™ HD 3870 со Crossfire™ технологија, 2x 512MB GDDR4, DirectX® 10.1 и OpenGL® 2.0 компатибилност • МЕМОРИЈА: Enhanced Latency 4GB Dual Channel DDR3 SDRAM at 1333MHz • МЕДИА: 4x Blu-ray™ Disc (BD-ROM) режач • КАПАЦИТЕТ: До 4 Хард-дискови од по 1TB со 10,000rpm врзани во RAID • КОНЕКЦИЈА: 8 × USB 2.0 (6 позади / 2 напред), 2 х FireWire 400 (предни) проти, 2 х External SATA 1.5Gb порти, 28-во-1 читач на мемориски картички, 2 x Gigabit Ethernet, 2 x Wireless / Access Point antenna • ГАРАНЦИЈА: 1 - 4 години ИНФО

Компанијата Alienware која е позната по своите феноменално дизајнирани и „набилдани“ десктоп и лаптоп системи

кои работат во Crossfire мод. Покрај ова, вреди да се напомене дека Alienware Area 51 ALX е опремен со хард-диск со капацитет од еден терабајт (1TB), потоа тука е четири-брзинскиот двослоен Blue-ray режач со кој може да се снимаат речиси сите медиуми кои се наоѓаат на пазарот. Звучниот систем е опремен со картичката Sound Blaster X-Fi ExtremeGamer која нуди високо-квалитетен 8-канален звук. Иако се работи за еден

Иако е најскап, заостанува во однос на перформанси од многу поефтината конкуренција од најскапите играчки системи на пазарот, не значи и дека станува збор за најбрзата играчка машина. Имено, при споредбен тест со десетина слично опремени играчки машини (во ценовна рамка

од 1.900 до 4.900 долари), Alienware Area 51 ALX се покажа дека заостанува во однос на конкуренцијата и освен во PCMark 05, каде забележа резултат од 12.616 поени, во останатите тестови имаше послаби резултати. Единствениот дел од тестовите каде овој систем е немилосрден со конкуренцијата се бизнис тестовите, но да бидеме реални, ретко кој би се осудил да користи ваков систем за канцелариско/ бизнис работење. l

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Alienware Corporation www.alienware.com

ЗА И ПРОТИВ

    

Одличен дизајн Дополнителна подршка Додатна опрема Цена Перформанси во однос на конкуренцијата

ЦЕНА

• 5.000 - 8.200 долари

ЗАКЛУЧОК

lllll

Неприлагоден однос цена/перформанси

click мај 2008 27


28 click мај 2008


click/хардвер/модерни_usb_стапчиња

Модерни USB стапчиња Стилот и технологијата одат заедно

С

ите ги користиме но не им обрнуваме многу внимание. Големото опаѓање на цените на меморијата создадоа простор USB стапчињата да бидат достапни за секого. И добро е што е така. Во последно време сè поретко се сретнуваат компјутери со застарените дискетни единици (ако и воопшто некој ги користи). Но, како и кај сите останати технолошки додатоци, така и кај USB стапчињата, повеќе не се гледа само на големината на меморија, туку и на дизајнот или другите способности на USB стапчето. Во продолжение ќе направиме преглед на неколку модели на модерни стапчиња со кои би можеле да се вклопат во вашиот секојдневен животен стил: Swiss Memory USB е џебно ноже со додаток на USB меморија, технолошки напредно и секако потребно. Легендарната компанија за производство на квалитетните ножиња на Швајцарската армија почна да произведува модели кои во себе вклучуваат USB стапче како алатка, додавајќи го на стандардните 4-5 алатки кои спаѓаат во неопходните додатоци за во секој џеб (пенкалото, црвениот ласер, ножот, ножиците и штрафцигерот). USB стапчето е дизајнирано за лесно да може да се откачи од останатите алатки. Тоа е направено за да може да се отстрани при поминување на детектори и аеродромски контроли, бидејќи сепак станува збор за воена алатка. Swarovski Heart USB Memory Key со кристал од Сваровски е секогаш слаба точка за понежниот пол. Во склоп на лепезата

на производи од познатата колекција на Сваровски накит може да се најде и ова кристално срце кое во себе крие USB приклучот со соодветна меморија. USB срцето доаѓа во неколку варијанти со розев кристал, проѕирен кристал, како и со мали кристални камчиња. Останатите технолошки карактеристики како USB 2.0 интерфејс и 1 GB меморија не се ни битни во овој случај. Неопходна потреба за секоја модерна девојка или жена.

мирани компании, како и компании од средна класа. Во секој случај, карактеристиката на современ бизнисмен ќе биде непропустно забележана. USB нараквици и привезоци за клучеви. USB мемориите можат да се употребат во скоро секој детал од облеката, накитот и останатите предмети кои ги носиме секојдневно. Малите димензии и добрата отпорност на надворешни услови го овозможуваат тоа. Доколку сакате мо-

Swarovski - најдобриот пријател на вашите податоци

Повеќе не се гледа само на големината на меморија, туку и на дизајнот и на другите способности на USB стапчињата USB стапче/пенкало е корисена направа за во бизнис опкружувањата каде секој детал и технолошки додаток остава сопствен впечаток. Најнов тренд е интеграција на двете најкористени бизнис алатки односно USB меморијата и пенкалото. Наместо носење на два разчни апарати, компаниите за производство на канцелариска опрема ги спојуваат во еден уред. Постојат модели од познати и рено-

Swarovski Heart Beat USB Memory Key Чувајте ги најсензитивните фајлови блиску до вашето срце со Heart Beat USB Memory Key од Swarovski по цена од 7500 денари.

дерен изглед, а сте сепак технолошки зависник, можете да го покажете тоа со носење на нараквица со модерен изглед која во себе вклучува USB меморија. За да ја употребите USB меморијата, се што треба да направите е да ја извадите нараквицата од својата рака. Многу практична USB меморија која е секогаш „при рака”. Исто таков модерен пример за вметнување на USB меморија во секојдневните

Swiss Memory USB Перфектниот брак помеѓу технологијата и практичноста. Доаѓа во три варијации: Обичен со 1GB меморија по цена од 2900 денари, обичен со 2GB со цена од 4200 денари и алуминиумски со 1GB од 2900 денари.

предмети е и привезокот за клучеви. Меморија од 1 или 2 GB сместена во метален привезок за клучеви. Достапни се во различни бои, а и цената не им е висока.

USB Laser Pointer Pen (128 MB) Мазна stainless метална опаковка која содржи пенкало за пишување и ласерче. Понесете ги вашите податоци со себе било каде, без емаил или потреба од тешки лаптопи. Цена 600 денари.

Се надеваме дека помогнавме со неколку идеи за избор на модерно USB стапче или USB меморија која ќе се вклопува со некој друг предмет од секојдневниот живот. l

Wristband USB Disk 8GB USB дискот е соджран во пласичната нараквица која го прави портабилен и неприметлив. Достапен е во љиљакова, жолта и зелена боја. Цената е 1500 денари.

click мај 2008 29


click/хардвер/портабилни_фото_принтери

Портабилни фото принтери Принтери кои можете да ги понесете со себе

Б

рзиот начин на живот и брзиот развој на технологијата придонесуваат за воведување на многу интересни помагала во секојдневното работење.

На некои апарати цените им се намалуваат до степен кога стануваат лесно достапни за сите корисници, а не само за професионалците. Таков е случајот

со преносните фото принтери на кои цената драстично им се намалува во последните неколку години. Водечките компании во сферата на инкџет

Epson PictureMate Zoom

E

pson како лидер во инкџет технологијата, секогаш се обидува да понуди повеќе опции во своите уреди од останатите компании. Таков е и случајот со водечкиот мини преносен фото принтер - PictureMate Zoom. Во најновата верзија, додадени се поголем LCD екран, CD снимач и побрза електроника за печатење. Она што му недостасува е можност за печатење слики од 18 х 13 см како останатите конкурентски модели. Можноста за додавање на дополнителна батерија која може да испечати до 140 слики е секако добредојдена. Квалитетот на отпечатените слики е одличен и соодветствува со останатите инкџет модели на Epson. Брзината на печатење во однос на претходните модели е зголемена и моментално изнесува 40-тина секунди за една фотографија, но мора да се замери на брзината на вклучување која изнесува 20тина секунди. 30 click мај 2008

Зголемениот LCD екран со големина од 9,2 см овозможува лесна навигација низ добро огранизираните менија со опции. Вклучени се основни опции за менување, позиционирање и сечење на сликите како и опција за отстранување на црвените очи. Како дополнение на можноста за запишување на CD и CDRW медиуми, вклучена е и можност за читање на DVD медиуми. PictureMate има и два слота за мемориски картички во кои е можно да се вметнат скоро сите популарни формати. За задоволување на потребите на сите корисници, како дополнение на USB портата, има и можност за вградување на дополнителен Bluetooth адаптер. Преку него може безжично да се печатат слики од мобилни телефони и PDA уреди. Со своите карактеристики, Epson PictureMate Zoom 350 се уште останува на врвот на преносните фото принтери. l

принтери водат борба за превласт на тронот, но тоа е добро затоа што на тој начин цените се намалуваат и се имплементираат сè повеќе “професио-

нални” опции во самите уреди. Epson, HP и Canon се веќе препознатливи по своите уреди, но во игра се вклучува и Sony со свои модели.

Canon Pixma Mini320

П

алетата на солидни канцелариски и персонални инкџет печатачи, Canon ја надополнува и со модели во сегментот на портабилни фото печатачи. Имено, во поглед на Epson кој нема сопствени фотоапарати, Canon на тоа поле има многу силни адути во својот џеб. Неретко корисниците на производ на една компанија се носталгични и купуваат повторно производ од истиот производител. Со одличните дигитални фото апарати, Canon секако прави многу добар пат за корисниците да им дадат шанса и на нивните фото печатачи. Canon Pixma Mini320 е одличен пример за таквата поврзаност. Станува збор за преносен фото печатач кој навистина одлично ја извршува задачата со печатење на перфектни фотографии. Како бонус опција во однос на PictureMate моделот може да се земе во предвид печатењето на 18 х 13 см фотографии. Печатачот е со вграден 6,4 см. LCD екран за кој е

премногу мал со оглед на фактот дека при работа со фотографии „поголемо е подобро”. Вистинското подвижно печатење е овозможено со дополнителната батерија на полнење. Покрај стандардните мемориски картички и USB портата, вклучена е и InfraRed-IR порта, а можно вградување на Bluetooth адаптер за печатење од мобилни телефони и персонални помагала. Времето на вклучување на печатачот е навистина брзо и изнесува околу 5 секунди, додека брзината на печатењето зависи од големината на сликата и квалитетот. 10 х 15 фотографија се печати во најдобар квалитет за 60-тина секунди, додека во стандарден квалитет за околу 35. Квалитетот на сликите е одличен во максималната резолуција од 9600 х 2400 точки по инч. Заклучокот е дека станува збор за одличен преносен принтер на кој освен малиот екран немаме други забелешки. l


click/хардвер/портабилни_фото_принтери

HP Photosmart A826

Sony DPP-FP90 Picture Station

П

окрај стандардните “играчи” на полето на портабилни фото печатачи се вклучува и Sony. Како и секогаш, Sony се обидува да биде поинаков и да понуди нешто различно од конкуренцијата, без разлика дали се работи за пратење на трендовите или не. За разлика од претходните модели од овој текст, DPP-FP90 не ја користи инкџет технологијата туку користи сублимациски бои. Оваа технологија има предност со печатење на понежни премини на бои од инкџет технологијата. Но кај DPP-FD90 оваа предност е изгубена и квалитетот на печатење од само 300 х 300 точки по инч не е задоволувачки. Боите неретко

П

овеќето преносни фото принтери се трудат да овозможат самостојна работа без приклучување на компјутер. Но многу често тоа не е така заради малите екрани и оскудните опции за прилагодување на сликите. Промената на имиџот на преносните фото принтери ја започнува HP со моделот Photosmart A826. Со вселенскиот надворешен изглед и огромниот 17,8 см екран, А826 ќе ги освои срцата на многу корисници. Отварањето на капакот го открива делот за пристапување до портите за вметнување на мемориски картички и USB портата. Екранот осетлив на допир е одлично дизајниран и соодветствува со добро осмислените менија и опции. Вистинската забава започнува кога ќе пристапите во делот Get Creative каде можат да се додаваат разни елементи и рамки на сликите пред печатење.

СПЕЦИФИКАЦИИ

се избледени и квалитетот може да се окарактеризира како подпросечен. Од можностите за поврзување се вклучени сите мемориски картички, но не се понудени дополнителни опции за батерија и Bluetooth адаптер. Екранот за прегледување и менување на сликите е зголемен од претходниот модел до големина од 9,2 см. Стартувањето е навистина брзо и се изведува за 7 секунди, додека печатењето на најголемата фотографија 10 х 15 см изнесува околу 50-тина секунди. Иако не сме сигурни за квалитетот и опциите кои Sony DPP-FP90 ги нуди, сигурни сме дека приврзаниците на оваа компанија ќе му дадат шанса на овој портабилен фотопечатач. l

Квалитетот на печатење е солиден, земајки го во предвид фактот дека станува збор за печатач со 3 бои (технологија на HP). Како замерка може да се земе и брзината на печатење на фотографиите, односно 1 минута и 30 секунди за 10 х 15 см фотографија и околу 2 минути за 13 х 18 см фотографија. Карактеристиките потврдуваат дека сепак станува збор за преносен принтер кој првенствено е наменет за фамилијарна употреба. На ова се надополнува и фактот дека може да се користи како рамка која менува дигитални слики додека печатачот не се користи за печатење. Иако професионалните корисници првенствено би ги одбрале конкурентските модели, А826 е одличен за домашна употреба, а посебно децата ќе му се радуваат на опциите и извонредниот дизајн. l

Canon Pixma Mini320

Epson Picturemate Zoom

HP Photosmart A826

Sony DPP FP90 Picture Station

тип

Инкџет

инкџет

инкџет

сублимациски

Максимална резолуција

9600 х 2400

5760 х 1440

4800 х 1200

300 х 300

Големина на слики во см.

10х15, 13х18

10х15

10х15, 13х18

10х15

Брзина на печатење

40-тина сек.

40-тина сек.

40-тина сек.

50-тина сек.

Приближна цена, без додатоци

7.500 денари

8.400 денари

10.500 денари

8.400 денари

click мај 2008 31


click/хардвер/acer_aspire_7520-5115

Acer Aspire 7520-5115 Повеќе од просечена машина за пониска цена ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Acer Incorporated www.acer.com • ЗАСТАПНИК: Паком Компани, Ул.15-ти Корпус бр.3, Тел. 02 3202-800 www.pakom.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Светол екран со добар агол на гледање  Бежични опции  Прифатлива цена  Дизајн  Квалитет на татстатура и touchpad ЦЕНА

• 949 долари

ЗАКЛУЧОК

lllll

Добра замена на Desktop компјутер со прифатлива цена.

32 click мај 2008

Ф

ирмата Acer на пазарот на преносни компјутери е синоним за ниска цена и среден кавалитет, но во последно време, производите од оваа компанија го подобрија квалитетот и со тоа станаа вториот најголем производител на преносни компјутери во светот. Последниот проект на оваа компанија е Desktop Replacement моделот со 17-инчен екран кој ќе се продава за цена помала од 1000 долари (барем во САД). Со тежина од 3,35Kg, Acer Aspire 75205115 спаѓа во групата на полесни преносни компјутери. Дизајнот на овој модел е сличен со останатата палета на Acer од поновите серии. Поклопецот е црн, додека внатрешноста и тастатурата се сиви, а постојат и црни и сини делови со кои би требало да наликува на кожниот ентериер на BMW. Со оглед дека станува збор за модел со екран од 17 инчи, делот со тастатурата е покомфорен, па затоа кај овој (и кај сличните модели) е поставена и нумеричка тастатура. Квалитетот на тастатурата и на touchpadот се потпросечни, па затоа се слуша неприроден звук при притискањето на копчињата, а курсорот често знае да изрипа на позиција каде што не треба да се наоѓа. За разлика од нив, квалитетот на екранот е задоволителен, сликата е чиста и јасна, а гледањето филм на овој модел претставува вистинско задоволство кое може да го расипе единствено слабиот звук кој доаѓа од вградените звучници. Можностите на Acer

Повеќе за помалку

Aspire 7520-5115 се големи. Имено, овој модел е опремен со 4 USB порти, Firewire порта, VGA, SPDIF, S-Video, како и IrDA.

картички. Покрај овие конектори и порти, на врвот на екранот е сместена и 1.3 мегапикселна камера која снима слики и видео

Солидна замена за Desktop компјутер која може да ги извршува повеќето негови функции (не вклучувајќи играње компјутерски игри) Исто така, тука се стандардните конектори за мрежа, модем, слушалки и микрофон, како и 5-во1 читач на мемориски

со просечен квалитет. Моделот којшто треба да се продава по цена од 949 долари доаѓа со AMD Turion TL-52 процесор на

1,6GHz и 2GB RAM меморија. На синтетичките тестови ги покажува очекуваните резултати: во PCMark освои 2.112 поени, што во однос сличните Desktop Replacement системи (кои имаат значително повисоки цени) заостанува за 20-тина проценти. Играчите нема да бидат задоволни од графичкиот подсистем (GeForce 7000M), кој во 3DMark 03 освои потпросечни 2.987 поени. l

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

39.900 денари

ГАРАНЦИЈА

2 години

ПРОЦЕСОР

AMD Turion 64 x2 TL-52 1.6GHz

МЕМОРИЈА

2GB DDR2 RAM (максимум 4 GB)

ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ

nVidia GeForce 7000M

ХАРД-ДИСК

160 GB

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

17-инчен (1440 х 900)

ОПТИЧКИ УРЕД

Super Multi 8x DVD+/-R/RW

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows Vista Home Premium

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100 Mbps, WiFi, Dial-Up Модем, IrDA, 4 x USB, VGA-15 pin, S-video и TV-Out

ТЕЖИНА

3.35 КГ

ДИМЕНЗИЈА

224 x 306 x 31 мм


click/хардвер/razer_mako_2.1_thx

Razer Mako 2.1 THX Виртуелен surround од сет звучници 2.1

Н

ајголема маана на секој систем за surround со 5.1 звучници е мрежата од кабли кои мора да се провлечат низ собата кога ќе се позиционираат правилно сите звучници кај системот. Иако налкуваат на печурки без дршка на прв поглед, Razor Mako 2.1 обезбедуваат полн surround звук само со два сателит звучника и еден бас звучник. Би-амплифицирани и со THX Ground Plane и Slot Speaker технологијата, прават звукот да нè прелажува дека излегува од 5.1 звучници. За да фукционираат овие технологии, сателит звучниците мора да бидат поставени на маса и не смеат да бидат затскриени или покриени за да може

да функционираат. Од самиот начин на поставување, јасно е дека ова не е звучнички систем предвиден да го замени системот од домашното кино во дневната соба. Но затоа одлично ќе се снајде со звукот од игрите (небитно дали од компјутер или од конзола), супер ќе послужи за опуштено слушање музика и повремено гледање на видео материјал на компјутерскиот монитор. Единствена замерка им е дека на малото далечинско (жичано) може да се подеси само нивото на гласност и нивото на бас звучникот. Исто така, добро би дошол уште еден влез, по можност на самото далечинско, да не мора да се завлекуваме под маса

СПЕЦИФИКАЦИИ

• КАРАКТЕРИСТИКИ: THX-сертифициран квалитет и перформанси, ClassHD™ технологија за дигитален засилувач и со DSP контрола, THX® Ground Plane и THX Slot Speaker™ технологии, 3.5mm minijack влез и 3.5mm minijack излез за слушалки, Опсег на фрекфенција:2520,000Hz (+/-2.5dB 4018,000Hz), Вкупна моќност: 300W RMS

5.1 постигнат со 2.1

секој пат кога сакаме да го споиме iPod плејерот. Инаку, присутни се стерео 3.5 мм и стандардни cynch влезови. Со цена од околу 16.800 денари, Razer Mako 2.1 чинат колку било кој друг добар 5.1 систем (Creative Labs GigaWorks ProGamer

G500 или Logitech Z-5500 Digital) и звучат исто толку добро. За секој аудиофил кој внимава на естетиката, ова е добра инвестиција во секој поглед. Сепак, мора да внимаваме да не ги затрупаме на работната маса и во тој случај да се изгубат и визуелно и звучно. l

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Razer www.rezerone.com

ЦЕНА

• 16.800 денари

ATI Radeon HD3870 x2 Дупли мотор на една картица

К

ај денешните компјутери е докажано дека упарувањето значи синергија, сила која е поголема од простиот збир на упарените сили. Сите поважни компоненти се вградуваат во пар: по две парчиња меморија за да се постигне “dual channel” модус на комуникација со меморијата, две јадра на процесорот за да се постигне симултано обработување на податоците, два хард диска врзани во “stripping RAID” за да се добијат што подобри перформанси, две графички картички кои работат со здружени сили (кај nVidia во SLI начин на поврзување, а кај ATI во Crossfire). Од старт завреднува внимание кога

производителот сам ќе даде интегрирано решение со два графички чипа на една картичка, иако ова не е ново (сетете се на 3Dfx). R680-ката, или попозната како Radeon HD 3870 X2 се всушност два цели RV670 графички процесори ставени на една плочка. Одлуката на ATI да ги спои двата процесори, резултираше со 26.7 сантиметарско чудовиште од картица. Со големина слична на 8800GTX, поседува масивна турбина за ладење наместо вентилатор и има 1GB GDDR3 меморија која работи на 1800Mhz. Се очекува да се покрие цел дијапазон на брзини на јадрото, од 777Mhz па до 825Mhz и нагоре.

СПЕЦИФИКАЦИИ

• ЦЕНА: 16.800 денари • ТАКТ НА GPU: 852 MHz • ТАКТ НА SHADER-И: 852 MHz • МЕМОРИСКИ ТАКТ: 900 MHz • MEMОРИЈА: 2 х 512 MB • МЕМ. ПРОТОК: 115.2 GB/s • PIXEL/VERTEX ЦЕВКИ: 160 • ТРАНЗИСТОРИ: 1.334 мил. • ГОЛЕМИНА НА ЈАДРО: 2 х 196мм² ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: AMD www.amd.com

Без сомнение, ATI HD3870 X2 е одлична картичка, но нејзините квалитети можат да дојдат во преден план само со подршката на драјверите. Сите игри, небитно дали постари или понови, доколку немаат подршка

за Crossfire, нема да имаат значителна придобивка од оваа картичка. Мора да се признае, инжинерските тимови на ATI се имаат потрудено. Во случај да цената не е пречка, оваа картичка е добитен избор. l

ЦЕНА

• 16.800 денари

ЗАКЛУЧОК

lllll

Тешко може да се надмине овој однос на цена/ перформанси

click мај 2008 33


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.