Click-Software

Page 1

34 36 38 40 44 46 48 52 53 54 54 56 57 57 58 60

CorelDRAW Graphics Suite X4 Internet Explorer 8 против Firefox 3 Интервју со Rabotilnica.com.mk 35 бесплатни онлајн сервиси Подкасти Linux 802.11n чукнува на вратата Screen Share софтвер Service Pack 3 за Windows XP Spyware Doctor 5.5 Mediacoder Photoshop Express Jungo internet radio Exposure alien skin 2 Photoshop совети и упатства Xbox 360 Arcade – играчка конзола

ПОБЕДНИК

ЕКСКЛУЗИВНО

ПРЕПОРАЧУВА

ОЦЕНИ

click/софтвер

lllll lllll lllll lllll lllll

ОДЛИЧНО МНОГУ ДОБРО ДОБРО ЗАДОВОЛУВА СЛАБО

CorelDRAW Graphics Suite X4 Да се биде или не

Г

Последното од Corel 34 click мај 2008

рафичката индустрија во поглед на корисници на софтвер се дели на 2 групи: Corel и Adobe. Најжешки и најпристрасни расправии и полемики се водат токму меѓу симпатизерите на едната или другата компанија. Со секоја нова верзија на некој од продуктите на Corel или Adobe, дискусиите започнуваат од почеток. По пример на Corel, кој освен својот главен адут – CorelDRAW, во пакетот додава и мноштво останати апликации, така и Adobe почна да ги здружува апликациите во пакетот Creative Suite или CS. На ваков потег од Adobe се одлучуваат првенствено поради фактот што CorelDRAW е апликација која конкурира на дури 3 од нивните водечки продукти. Иако CorelDRAW како апликација, по многу карактеристики заостанува пооделно од секоја апликација на Adobe во тој сегмент, сепак има свои силни страни. Photoshop е многу помоќен за обработка на слики, Illustrator е многу помоќен за обработка на векторска графика и InDesign е многу по моќен за десктоп издаваштво, но CorelDRAW

сето тоа го инкорпорира во една апликација и тоа сосема успешно. Најголем сегмент од графичките корисници кои го користат CorelDRAW се компании и лица кои се занимаваат со изработка на вектори за сечење на муфлони, претежно визит карти и други помали проекти. Ваквата ситуација се должи на времето потребно да се “научи” да се користи некоја апликација. Имено, за почетник е многу полесно да се снајде во CorelDRAW отколку во некоја од апликациите на Adobe. За длабоко да се навлезе во било која од апликациите е потребна обука или целосно читање на упатствата за работа, па затоа најчесто понапредните корисници се определуваат за Adobe. Апликациите од Adobe често се сметаат и за постабилни во однос на рушења и замрзнувања при работата. CorelDRAW е главен носител на пакетот графички апликации CorelDRAW Graphics Suite X4, па затоа најголемиот фокус ќе го посветиме на него. Ако досега сте го користеле CorelDRAW, ќе се чувствувате “како дома” уште


34 36 38 40 44 46 48 52 53 54 54 56 57 57 58 60

CorelDRAW Graphics Suite X4 Internet Explorer 8 против Firefox 3 Интервју со Rabotilnica.com.mk 35 бесплатни онлајн сервиси Подкасти Linux 802.11n чукнува на вратата Screen Share софтвер Service Pack 3 за Windows XP Spyware Doctor 5.5 Mediacoder Photoshop Express Jungo internet radio Exposure alien skin 2 Photoshop совети и упатства Xbox 360 Arcade – играчка конзола

ПОБЕДНИК

ЕКСКЛУЗИВНО

ПРЕПОРАЧУВА

ОЦЕНИ

click/софтвер

lllll lllll lllll lllll lllll

ОДЛИЧНО МНОГУ ДОБРО ДОБРО ЗАДОВОЛУВА СЛАБО

CorelDRAW Graphics Suite X4 Да се биде или не

Г

Последното од Corel 34 click мај 2008

рафичката индустрија во поглед на корисници на софтвер се дели на 2 групи: Corel и Adobe. Најжешки и најпристрасни расправии и полемики се водат токму меѓу симпатизерите на едната или другата компанија. Со секоја нова верзија на некој од продуктите на Corel или Adobe, дискусиите започнуваат од почеток. По пример на Corel, кој освен својот главен адут – CorelDRAW, во пакетот додава и мноштво останати апликации, така и Adobe почна да ги здружува апликациите во пакетот Creative Suite или CS. На ваков потег од Adobe се одлучуваат првенствено поради фактот што CorelDRAW е апликација која конкурира на дури 3 од нивните водечки продукти. Иако CorelDRAW како апликација, по многу карактеристики заостанува пооделно од секоја апликација на Adobe во тој сегмент, сепак има свои силни страни. Photoshop е многу помоќен за обработка на слики, Illustrator е многу помоќен за обработка на векторска графика и InDesign е многу по моќен за десктоп издаваштво, но CorelDRAW

сето тоа го инкорпорира во една апликација и тоа сосема успешно. Најголем сегмент од графичките корисници кои го користат CorelDRAW се компании и лица кои се занимаваат со изработка на вектори за сечење на муфлони, претежно визит карти и други помали проекти. Ваквата ситуација се должи на времето потребно да се “научи” да се користи некоја апликација. Имено, за почетник е многу полесно да се снајде во CorelDRAW отколку во некоја од апликациите на Adobe. За длабоко да се навлезе во било која од апликациите е потребна обука или целосно читање на упатствата за работа, па затоа најчесто понапредните корисници се определуваат за Adobe. Апликациите од Adobe често се сметаат и за постабилни во однос на рушења и замрзнувања при работата. CorelDRAW е главен носител на пакетот графички апликации CorelDRAW Graphics Suite X4, па затоа најголемиот фокус ќе го посветиме на него. Ако досега сте го користеле CorelDRAW, ќе се чувствувате “како дома” уште


click/софтвер/corel_x4 од самиот старт. Сите елементи на работната површина се на истите места и би требало да ви изгледаат познато со додаден изглед на Windows Vista. Една многу згодна новина е вклучувањето на дел што се нарекува „Што е ново“ во менито за помош. Имено, станува збор за олеснување доколку сакате да прочитате токму што е ново со тоа што може да се одбере верзијата од која се префрлате на новиот CorelDRAW. Како уште една позитивна новина е можноста за адаптација на работната околина според потребите на секој корисник. Дури е можно да се направи менијата и алатките да изгледаат како кај Illustrator. Сите

ИНФО

• НАСЛОВ: CorelDRAW Graphics Suite X4 • ИЗДАВАЧ: Corel Corporation • ЛИЦЕНЦА: 16.800 денари • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.corel.com

кој дизајн. Најчестите проблеми настануваат во одредувањето на кој фонт е тој што е употребен во некоја слика или лого. Доколку досега не сте го употребувале сервисот на компанијата Bitstream WhatTheFont кој се користи преку нивниот веб сајт, сега може да се користи директно преку CorelDRAW. Многу корисна алатка која ја изведува операцијата на многу елегантен начин. Од останатите новини,

Изненадува фактот што компанијата почнува да ги слуша корисниците и искусните графички дизајнери за промените и новите опции кои треба да се имплементираат подесувања можат да се зачувуваат како засебни датотеки што исто така е новина кај Corel. Ваквиот развој на апликациите се должи на фактот што Corel почнува да соработува со корисниците и ги слуша нивните потреби и забелешки при развивањето на апликациите, што не беше случај во минатото. Премногу новини не се додадени во новата верзија, посебно ако се надградувате од претходникот X3. Битни да се споменат се подобрениот PowerTrace за конвертирање на слики во вектори. Новиот метод Centerline покажува импресивни резултати посебно при векторизација на цртежи и комплицирани слики кои всушност се и најпроблематични при изведување на ваква операција. При користењето и изработката на било каква графика, фонтовите се многу значаен дел од било

вредно е да се споменат и интерактивните табели. Секој што работел во CorelDRAW знае дека работата со нив е вистински кошмар. Сега е додадена алатка за изработка на табели. Интерактивниот дел од алатката е можеби пренагласен затоа што алатката изгледа како од wysiwig html едитор. Алатката е секако подобрување во начинот на досегашното креирање на табели, но ќе треба уште развој пред да биде во можност без проблеми да ги исполнува сите потреби за таква намена. Независните слоеви на страна се уште една новина во CorelDRAW. Иако слоевите се многу малку користени во апликацијата, новина е можноста секоја страна да има сопствени леери. Оваа новина доаѓа до израз кога ќе имате малку поголем број на леери, да речеме над 30 во некој документ. Ме-

нување на текст во живо е опција на која и Adobe и Corel и посветуваат многу внимание во секоја нова верзија. Подобрувањето на CorelDRAW се однесува на можноста во лет да го видите фонтот не само во менито за избор, туку и на целиот текст кој е одбран од содржината на документот. Исто така, има новини и во подржаните формати. Adobe CS3, Publisher, Word 2007, PDF коментари, Painter X се само дел од новите кои се додадени на базата на CorelDRAW. Новините кои се презентирани во новата Х4 верзија (односно 14-та верзија) на CorelDRAW не се спектакуларни, но изненадува фактот што компанијата почнува да ги слуша корисниците и искусните графички дизајнери за промените и новите опции кои треба да се имплементираат. Чувствата за новата верзија Х4 се поделени. Новините не се доволни за преминување од претходната верзија Х3, но надградување од некоја

постара верзија како 11 или 12 е секако препорачливо. Она што корисниците му го забележуваат на Corel е големината на апликацијата и сите додатни апликации кои се инсталираат без можност за нивно избирање при инсталацијата. Проблемот е што и Adobe ја “утнаа” работата на ова поле во новата верзија на Creative Suite 3. За пофалба е стабилноста при работа и опциите за повраток на изгубените, се уште не снимени промени кај документите. Кога се ќе се земе предвид, станува збор за добра алтернатива која може да замени три апликации од конкурентскиот пакет на Adobe. Доколку во предвид се земе и цената која е помалку од половина од таа на CS 3, CorelDRAW е секако примарниот избор на графичките студија, како и индивидуалните корисници. l

ЗА И ПРОТИВ

 Познат интерфејс  Солидна алтернатива  Нови промени според сугестиите на корисниците  Цена  Не постои опција за пооделна инсталација  Се уште заостанува зад пакетот на Adobe

ЗАКЛУЧОК

lllll

Добра алтернатива која може да замени три апликации од конкурентскиот пакет на Adobe

click мај 2008 35


click/софтвер/explorer8_vs_firefox3

Internet Explorer 8 Веб клиенти - Втора светска војна Internet Explorer 8

ИНФО

• НАСЛОВ: Internet Explorer 8.0 Beta 1 • ИЗДАВАЧ: Microsoft • ЛИЦЕНЦА: Freeware • ПЛАТФОРМА: Windows (сите) • ГОЛЕМИНА: 14.43 MB • URL: www.microsoft.com/ windows/products/winfamily/ ie/ie8/ ЗА И ПРОТИВ

 Стриктно придржување до стандардите  Комуникација со веб сервиси  Подобра поддршка за AJAX  Зголемена сигурност  Некомпатибилност на веб страниците

ЗАКЛУЧОК

lllll

Квалитетен, но се уште чекор зад конкуренцијата

36 click мај 2008

Првата новина за Internet Explorer 8 e стриктното придржување кон веб стандардите пропишани од W3C (World Wide Web Consortium). Иницијално беше утврдено дека ќе работи според свои стандарди, но ова подоцна беше променето. Во пракса, дел од страниците кои уредно се прикажувале со некоја постара верзија на IE сега нема да изгледаат така сè додека веб дизајнерите не ги средат истите да бидат компатибилни и за IE8. Како привремено решение за овој проблем е можноста во рамки на IE8 да се емулира IE7. Кај конкуренцијата на IE, разни додатоци на веб клиентот овозможуваат комуникација со одреден веб сервис на свој начин. Новата технологија која на корисникот му нуди таква можност кај IE8 е наречена WebSlices. Информацијата преземена со WebSlices постојано се освежува без акција на корисникот. Покраj Facebook и eBay, свои „парчиња“ информација на почетокот иницијално нудат и Live Maps и Me.dium. За помасовно искористување на можностите на оваа функција, програмерите на разни веб сервиси би требало да напишат и ваков додаток за IE. Слично на ова, новата функција Activities овозможува контекстуален пристап до разни веб сервиси. На пример, одреден текст од една веб страница може да се селектира, а потоа за истиот од менито да се избере сервис на кој таа информација ќе се испрати со цел истата да се сними таму (ако е во прашање веб дневник (blog) или некој community сервис) или пак да се добие назад повратна информација, како што е на пример мапа на одредена локација која потоа ќе се прикаже во мало прозорче. Веќе видено, но пријателски за корисникот и е за поздравување. Помеѓу останатите новини, присутни се и автоматското опоравување, подобрената сигурност кога се во прашање таканаречените „рибарски“ страници кои сакаат да „уловат“ информација од корисникот, debugging алатки за програмерите и одредени новини за администраторите на мрежи во имплементацијата на групните сигурносни полиси.

Ж

ивееме во време кога прикажувањето на текстуални, графички, аудио и видео содржини сè почесто се случува на веб отколку во класичните медиуими - телевизијата, радиото и весниците. Секако дека треба да поминат уште многу години додека Големата мрежа не ја проголта во целост инфраструктурата на класичните медиуми, но факт е дека широката публика наместо со прелистување на страници

дуваа со две апликации за таа намена – Internet Explorer на Microsoft и Netscape Navigator. Монополот на Microsoft Windows како оперативен систем и имплементацијата на Internet Explorer како негов составен дел од една страна, но и неспособноста на Netscape да му парира на својот конкурент во развојот на нови можности кај веб пребарувачот од друга страна, придонесоа новиот век да го почнеме со

Microsoft сè уште води на пазарот, но неговите 55 проценти учество постојано се топат за сметка на Mozilla Firefox и притискање на копчиња на далечинскиот управувач, сè повеќе се занимава со употреба на софтверските апликации кои овозможуваат конзумирање на содржините објавени на веб. Во средината на деведесеттите години од минатиот век, веб содржините најчесто се прегле-

уште еден монопол на Microsoft, овојпат на пазарот на веб клиентите. Статистиката вели дека пред само четири години, дури 85 проценти од корисниците ги конзумирале веб содржините со Internet Explorer. На стара слава не се живее. Недостатокот на конкуренција


click/софтвер/explorer8_vs_firefox3

против Firefox 3 Mozilla Firefox 3

секако дека не е добра работа за еден производ на пазарот, па така и Internet Explorer многу брзо почна да губи од својата доминација. Времето си покажа дека производот на Microsoft иако е добар и брз во прикажувањето на саканите содржини, кога се во прашање несаканите содржини, истиот личи на швајцарско сирење. Ако на тоа се додаде и непридржувањето кон веб стандардите, јасно беше дека има доволно простор каде што може да се „напаѓа“ големиот монопол. Програмерите кои се залагаат за отворен код, организирани од непрофитната фондација Mozilla, полека но сигурно во последните четири години го освојуваат пазарот со веб прелистувачот Firefox, кој се покажа и како посигурен и како попријателски за корисникот. Во моментот, ако се гледа учеството на пазарот, Microsoft сè уште води, но неговите 55 проценти учество на пазарот постојано се топат на сметка на Mozilla Firefox, кој во моментот е присутен кај речиси 40 процен-

ти од Интернет популацијата. Останатите 5 проценти отпаѓаат на Safari на Apple, норвешката Opera и други помали учесници. Како ќе се одвиваат настаните понатаму останува да видиме. Според она што можеше да се забележи кај Internet Explorer 8 Beta 1 и Mozilla Firefox 3 во верзија Beta 4, сосема е веројатно дека трендот на преземање на пазарот од страна на Firefox ќе продолжи со исто темпо и наскоро Internet Explorer ќе го загуби приматот на најпопуларен веб клиент. l

Третата верзија на Firefox е поставена на нови темели. Добри две ипол години програмерите работеа на развој на платформата Gecko верзија 1.9 менувајќи отприлика 2 милиони линии код со подобрување на 11.000 места. Фокусот беше ставен пред сè на подобрување на перформансите, што секако беше рана на Firefox, најзабележителна кај конзумацијата на мемориски ресурси. Интересно е да се спомнат компаративните резултати од еден автоматизиран стрес тест со кој последователно се отворени 29 страници во 11 циклуси по ред (или вкупно 319 повици на страници). Штом се постигнат 30 отворени прозорци, се затвора најстариот и цело време се следи конзумацијата на меморија. Со текот на времето, Firefox 3 се држи на помалку од 100 MB, за разлика од Firefox 2 кој останува на преку 200 MB потрошувачка на меморија. На истиот тест, Internet Explorer 7 троши и до 500 MB. Други тестови покажуваат колку брзо се извршува JavaScript кај различни веб клиенти. Нормално, и тука Firefox 3 е ненадминлив. Перформансите се најзначајната, но секако не и единствената промена кај Firefox 3. Втора забележителна промена е употребата на адресната линија. Додека пишувате на неа, во позадина се случува пребарување низ целата историја и низ омилените страници и резултатите се веднаш достапни во менито кое сега е редизајнирано и попристапно Подобрувања се направени и на сигурносен план. Со кликнување на favicon иконата, за страницата која е вчитана може да се добијат повеќе информации за веб локацијата, прво околу SSL сертификатот и неговата верификација, а потоа и за приватноста и за корисничките поставки во врска со таа веб локација. Firefox 3 комуницира и со вашата антивирусна програма и ја известува за преземањето на датотеки од Интернет. Доколку не сакате да ја чекате финалната верзија, нема никакви проблеми со стабилноста и кај верзијата beta 4.

ИНФО

• НАСЛОВ: Firefox 3.0 beta 4 • ИЗДАВАЧ: Mozilla Organization • ЛИЦЕНЦА: Open Source • ПЛАТФОРМА: Windows (сите), Mac OS, Linux • ГОЛЕМИНА: 6.97 MB • URL: www.mozilla.com/ firefox/ ЗА И ПРОТИВ

 Брзина  Подобрени кориснички поставки  Зголемена сигурност  Некомпатибилност на додатоците

ЗАКЛУЧОК

lllll

Брз, сигурен и пријателски за корисникот

click мај 2008 37


click/софтвер/интервју_работилница

ИНФО

• URL: http://dryicons.com/ free-graphics/preview/floralheadphones/ • File Size: 122.01 kB • File Format: EPS

ИНФО

• URL: http://dryicons.com/freegraphics/preview/good-morningearth/ • File Size: 93.14 kB • File Format: EPS

ИНФО

• URL: http://dryicons.com/ free-graphics/preview/urbanlandscape/ • File Size: 2.01 MB • File Format: EPS

Максимален квалитет, нови концепти и креативност Интервју со Rabotilnica.com.mk ИНФО

• www.smashingmagazine. com/2008/03/29/desktopwallpaper-calendar-april-2008 • www.kosturanov.com • www.adobe.com/devnet/ fireworks/articles/creating_ icon.html • www.dryicons.com

38 click мај 2008

Т

ој ден ја следевме патеката од линкот поставен на кајмак.от (www.kajmakot.softver. org.mk), преку www. smashingmagazine.com, за на крај да стигнеме на dryicons.com. Главната улога во движењето ја имаше ликот Ване Костуранов. Дел од четиричлената екипа на Работилница, мала современа дружина која

веќе некое време делува во дигиталниот свет. Работилница е составена од четворица многу добри пријатели, Крум Ѓоргиев (програмер), Ване Костуранов (дизајнер), Ванчо Стојков (програмер) и Мери Доневска Костуранова (дизајнерка). Секој од нив има неколкугодишно работно искуство во сферата на веб и графички дизајн и развој

на апликативен софтвер. Но, тие во Работилница се обидуваат да ги отстранат сите ограничувања што се јавуваат при воспоставувањето на “класичен” работен однос, со цел да добијат неогрничена можност за изразување на својата креативност. П Со која идеја ја создадовте Работилница?

О Работилница е основана во обид да ја избегнеме класичната ИТ приказна со предизвик да најдеме некаков баланс помеѓу неопходната заработувачка и задоволувањето на сопствените амбиции и креативни пориви. Интересите на членовите на Работилница се навистина со широк опсег, нè интересира сè од апликативни ин-


click/софтвер/интервју_работилница клучни прашања од кои би можело да се извлече заклучок за можниот развој: „Дали навистина има потецијал и од што се состои тој?“, „Која е моменталната конкуренција?“, „Дали постоечките услови би дозволиле задоволувачка егзистенција?“. Најосновните критериуми секогаш се квалитетот и цената. Ако навистина сакате да се пробиете, треба да сте свесни за квалитетот и цената што ги нудите во однос на останатите.

терфејси, социјални мрежи, нови форми на маркетинг и промоција, фотографија, уметност, па до вештачка интелигенција и сл. П Излеговте да работите на глобалниот пазар. Кој е предизвикот кој со себе го носи овој пазар? О Денешната дефиниција за “глобален пазар” е различна од тоа што беше пред неколку години или воопшто не постои во одредена смисла. Поимот “глобален” навистина го губи своето класично значење и светот станува еден единствен пазар, кој од една страна отвора нови можности за луѓето како нас, но од друга страна ја зголемува конкуренција-

та. И двете придобивки се крајно позитивни. Потребата за воведување и имплементирање на нешто ново во секоја смисла е неопходно. Кога зборуваме за глобалниот пазар и зборуваме за навистина недефинирано подрачје со постојани промени. Предизвикот е токму тоа, самото учество во масата која постојано еволуира и обидот да се остави своевиден печат во истата...

П Во моментов најактивни сте на dry Icons. За што станува збор? О Еден од нашите први проекти е Dry Icons (www. dryicons.com). Нашите дизајнери месечно изработуваат два или три сета веб иконки кои може бесплатно да се симнуваат, а секојдневно изработуваме и споделуваме вектори во форма на едноставни дизајнерски решенија. Освен бесплатните, имаме и сервис за изработка на веб иконки по порачка. Целта на овој сајт е да комуницираме со голем број веб програмери и дизајнери, а и промовираме квалитетот на она што го работиме. Оваа форма на промоција се покажа многу успешна, посебно поради фактот што на овој начин се генерираат голем број посети, што пак од друга страна остава отворени можности за други форми на заработка. П Со Dry Icons стигнавте и до Adobe. Бајка или логичен редослед на настаните? Колку е голема соработката со Adobe?

О Adobe е една од најиновативните компании која придонесува многу за развојот на модерната технологија. Улогата на таквите големи компании во последните 2-3 години драстично се промени. Од единствено високо-профитабилни компании со мал или просечен придонес во развојот на технологиите, прераснаа во високо-профитабилни компании кои на големо придонесуваат и учествуват во развојот на технологиите. Ако Adobe не звучи доволно познато, оваа елита ги вбројува и Google и Yahoo. Условите станаа такви што мора да се придонесе (донесе) нешто ново од кое подоцна ќе се профитира на најразлични начини. Токму во една таква

објави на веб страната на Adobe (www.adobe.com/ devnet/fireworks/articles/ creating_icon.html). Веднаш потоа добивме понуда за комплетна изработка на Assets-ите за новата веризја на Adobe Fireworks CS4, која пак се очекува да излезе во наредниот период. Во склоп на новата верзија се очекува да биде испорачуван и сетот Ruby Multimedia од Dry Icons, како бесплатен примерок. Патем, сите членови на Работилница станаа дел од тимот за тестирање на новиот Fireworks CS4, кој моментално е во бета фаза. Во таа смисла, соработката со Adobe е мошне интересна и важна, a предизвикот да се учествува во развојот на нешто ново.

Работилница е обид да ја избегнеме класичната ИТ приказна со предизвик да се најде баланс помеѓу заработувачка и задоволување на креативни пориви рамка успеавме и ние да се вклопиме во соработка со Adobe. Сосема случајно се вклучивме во интеракцијата на официјалниот форум на Adobe Fireworks на тема веб иконки и по некое време уредникот на форумот нè контактираше и имаше многу пофални зборови за нашиот Dry Icons проект, особено за квалитетот на нашите веб иконки. Нè замоли да напишеме упатство (туторијал) во кое го споделивме нашето искуство за изработка и развој на веб иконки во Fireworks. Ова упатство се

П Дали е ова почеток или максимумот кој може да го достигне една мала македонска екипа? О Единствено нешто за кое ние максимално се заложуваме е квалитетот на нашата работа, развивањето нови концепти и идеи и негувањето на креативноста. Другото го оставаме да се случува само по себе, како што беше и инцидентната соработка со Adobe. Тоа всушност е потврда и награда за нашата максимална посветеност на работата и вербата во она што го правиме. l

П Кои чекори се потребни за старт на тој пазар? О Она што сигурно треба да се направи пред да се започне е добра анализа на потенцијалните можности. Таа анализа би требало да даде одговор на некои click мај 2008 39


click/софтвер/35_бесплатни_онлајн_сервиси

35 бесплатни онлајн сервиси За комплетно интернет искуство

Д

а се живее денес на интернет и да се сподели линк е сосем нормална работа. Честопати сите се воодушевуваме од некој сервис кој посакуваме да сме го откриле порано, но едноствно не ни се појавил пред очи. Личната препорака за интернет сервис е еднакво важна колку и онаа за добра книга или филм. Токму затоа во продолжение препорачуваме 35 сервиси групирани во 7 категории неопходни за секој интернет жител.

Блог платформи Blogger.com – Една од најупотребуваните и секако најпознатите блог платформи. Ја поседува Google, па оттаму услугите кои ги нуди се врвни. Можност за креирање на сопсвен или колаборативен блог кој можете да го направите јавно достапен или да го зачувате само за одбрана група на ваши пријатели. Менувањето на изглед и опции е премногу едноставно, па оттаму пристојниот и професионален изглед на вашиот блог е предизвик кој се решава за неколку минути. Wordpress.com – Најупотребуваниот блог софтвер во полна сила, без стартни трошоци може да се испроба тука. Огромна поддршка, голем број изгледи, додатоци и дополнителни можности. Секако, за да уживате целосно во комплетната моќност на WordPress, ќе треба да потрошите неколку долари од вашата картичка. Blog.com.mk – Најголемиот локален блог сервис. Во сопственост на Он.нет и базиран на слободниот Drupal. Доколку сакате да бидете дел од локалната блог задница, blog.com.mk е решението. Администраторски дел е комплетно на македонски јазик заедно со подршката и огромна заедница на корисници кои секогаш се тука да помогнат. Bloger.com.mk – Уште еден локален блог сервис со прилично богата понуда на опции и готови изгледи. Функционира паралелно на две адрси bloger.com. mk и macedoniablog.com. Овозможува креирање на подкаст и блогирање преку мобилен. LiveJournal.com – Ако сакате да бидете дел од голема интернационална заедница на млади кои со задоволство ги споделуваат своите искуства и ставови, LiveJournal.com е вистинското место.

40 click мај 2008


click/софтвер/35_бесплатни_онлајн_сервиси

Стартни/почетни страни Netvibes.com – Можеби најдобриот пример на сервис кој нуди сè на само една страна. Од таму може да проверите e-mail, да ја проверите временската прогноза, да ги прочитате последните вести од вашите омилени извори, да комуницирате преку најпопуларните IM клиенти (gTalk, MSN, ICQ) со вашите пријатели, дури и да ги следите случувањата на омилените социјални мрежи (facebook, myspace). PageFlakes.com – Веројатно најголемиот конкурент на netvibes.com. Вклучувајќи можност за споделување на содржина со останатите корисници, а од таму може и да испратите e-mail преку вашиот gmail акaунт. iGoogle.com - Најголемиот пребарувач на светот има и своја стартна страница. Веројатно поголемиот дел од вас и ја користат без многу да размислуваат за тоа. Обезбедува поддршка за голем број додатоци, а се разбира, одлично соработува со останатите услуги од богатата палета на производи на Google. MyYahoo.com – Бројот на корисници на YahooMail е голем и во Македонија, оттаму логично е добар дел од нив да го користат и овој дополнителен сервис на Yahoo бидејќи едноставно ги задоволува основните потреби. Можеби не е на нивото на некои од останатите, но сепак ако веќе сте таму, зошто би се префрлале на сосем друго место. Protopage.com – Еден од првите и комплетно базиран на Ajax, што значи граници - нема. Можете да поставите колку сакате модули, да им ја менувате бојата, гоелмината и положбата. Токму заради тоа најчесто кон него се реферира како најубавиот во друштвото.

Online Photo Editors Adobe Photoshop Express – Достапен на адресата photoshop.com/express се наоѓа онлајн алатката на неприкосновените Adobe. Иако името асоцира на нивниот недопирлив и комплексен десктоп програм, сепак , интернет веризјата не се труди да го копира. Лесна и разбирлива работна околина и нормално, опции достојни за кралот на фото едитирањето. Да не заборавиме и дека на располагање ви стоjат 2 GB простор за вашата фото-галерија. Сервисот е нов и се уште е во бета верзија, па оттаму во иднина може да се очекува само подобрување. Splashup.com - Кај овој сервис ќе најдете сличности во изгелдот со Adobe Photoshop што секако може да биде од корист доколку сте навиканти на него. Предност кај овој сервис е можноста директно да преземате и менувате слики од вашите акаунти на Flickr, Facebook или Picasa.

основни интервенци на фотографиите. Preloadr.com – Создаден да работи директно со Flickr акаунт, па дури и изгледот е скоро идентичен со оној на Flickr. Едноставен за ракување, со опции за впишување на текст и вметнување повеќе слики во една, како и различни слоеви (леери).

Pixenate.com – Поедноставен и со помалку функции, Pixer.us – Брзо и едноставно. Без потреба од акаунно со една корисна можност. Со овој сервис можете да ти, без оставање e-mail адреси. Избирате фотографија, поставите фото едитор на вашиот сајт и да им овозмо- интервенирте и тоа е тоа. Нема многу финкции, но жите на вашите корисници или посетители да нарават затоа е брз и лесен за ракување.

click мај 2008 41


click/софтвер/35_бесплатни_онлајн_сервиси

RSS – сервиси Bloglines.com и Google Reader – Најкористените онлајн rss читачи. Секој со свои предности, но сепак многу слични, Google со својата препознатлива комплексност, но едноставен интерфејс, а Bloglines со подолгото искуство и стабилноста. Кој и да го одберете, нема да погрешите. Денес е важна секоја секунда, а rss читач ќе ви заштеди повеќе од една. Omea reader (www.jetbrains.com/omea/reader) - Најдобрата десктоп апликација за следење на динамични содржини. Претплата преку вашиот интернет прелистувач, напредни опции за организирање на фидовите, можност за пребарување, компатибилен и за подкасти. Доколку работите исклучиво од еден компјутер, Omea нека биде вашиот следен експеримент. Feeds2.com – Уште еден онлајн читач, но овој се труди да биде „попаметен“ од другите. Feeds 2.0 учи од вестите кои ги читате и потоа се обидува да ве погоди со некоја релевантна вест. Сервисот се уште е во приватна бета верзија, па сепак ќе треба да се почека за да се испроба. MobiSpine.com –Ако сте постојано во движење или не сакате да го носите компјутерот со вас, решението е rss читач за вашиот мобилен. MobiSpine е базиран на java и работи на голем број мобилни телефони. Сервисот исто така нуди опција за додавање на нови фидови во базата на MobiSpine, прелистување на истата и коментирање.

објавување директно на блог или од десктоп и уште многу други. Picasa (Picasa.google.com) – Одговорот на Google кога се во прашање фотографиите. Оригинално објавен како десктоп апликација, сега комплетно интегриран со онлајн галериите, но и со сите фотографии кои ги објавувате со истиот акаунт на Blogger.com. Flickr.com – Најголемиот и најпознат сервис од овој вид. Во сопственост на Yahoo и огромна заедница на корисници зад себе. И покрај многуте опции, доколку ви е потребно нешто дополнително, тука се секогаш бројните независни додатоци и сервиси кои ќе ги преземат вашите фотографии и ќе ги организираат по мерка.

42 click мај 2008

Фото заедници

Foto.idividi.com.mk – Моментално содржи повеќе од 29 илјади фотографии, обајвени од посетители кои ги поседуваат авторските права на истите. Фотографиите можат да се преземаат, бодуваат и коментираат. Идивиди Фото претставува најголемата локална заедница на фотографии.

23hq.com – 23 е можеби најверната копија на Flickr со една предност: има полесно мени во кое може полесно да се снајдете. Нуди неограничен простор за вашите фотографии со напомена дека по првите 300 ќе бидете ограничени на 30 во текот на еден месец. На располагање стојат опциите за неограничен број на албуми,

DigitalRailroad.net – Сервис доминантно насочен кон професионалци кои имаат за цел да се промовираат и да добијат по некоја нова работа. Сервисот на некој начин посредува и се обидува да ги спои оние на кои им требаат комерцијални фотографии и оние кои секако, нудат такви на овој сервис.


click/софтвер/35_бесплатни_онлајн_сервиси

Онлајн Видео YouTube.com - Би било едноставно нелогично доколку не се започне оваа мини листа со кралот на интернет видео сервисите. И повторно, во споственост на Google, можеби не е со најмногу можности, но секако е најстабилен и има најголема заедница околу себе. Почнувајќи од домашни видео клипови, преку реклами, музички спотови, па се до промотивни клипови на политички кандидати ширум светот. На YouTube има за секого по нешто. Revver.com – Revver претставува првиот видео сајт кој на своите корисници им нуди директна можност за заработка. Полн со фидови и поделба по категории, тагови, корисници итн. Fora.tv - Можеби не е сервис на кој веднаш може да објавувате свои видео клипови, но Fora.tv и не се фокусира на тоа. Тие се мрежа на идеи, фокусирана на пренесување на дебатите, дискурсите и дискусиите кои се одвиваат секојдневно ширум светот. Одличен извор на многу квалитетни видео записи од конференции, трибини и дебати. Се разбира доколку имате можност, може да станете дел од оваа мрежа. Godtube.com – Едноставно, христијанска верзија на Youtube. DailyMotion.com – Европскиот лидер во видео содржина креирана од страна на корисниците. Со потекло од Франција, па оттаму и франкофонските групи и корисници доминираат. Сепак, доколку некое видео не успеете да го пронајдете на Youtube, побарајте го тука бидејќи овде филтрите работат полабаво.

Аудио сервиси Last.fm – Најголемата и најразвиена социјална мрежа базирана на музика. Со многу различни понуди: персонализирано радио, rss поддршка и безброј нивоа на поврзување со останатите членови на оваа аудио заедница Musicovery.com – Интуитивен интерфејс кој ќе ве натера да ја разграните мрежата во која се испреплетени солиден број на аудио клипови. Можете да изберете по жанр и по момнетално расположение. Доколку едноставно сакате со еден клик да слушате музика според ваша мерка musicovery е решение кое ќе може да ве задоволи некое време. Splicemusic.com – Не ви е доволна сета музика која ја има на интернет? Направете свои верзии. Без софтвер. Директно на интернет. Направете микс и споделете го со останатите. kSolo.com – Доколку идол и вашите 5 минути не ве исполнуваат, снимете своја верзија од омилените песни директно на kSolo. Оценувајте ги изведбите на другите и дозволете да ја оценуваат вашата. kSoloе е караоке интернет сервис со доста сериозни корисници. Базата на песни е доволно голема за да ги пронајдете песните чиј текст и не мора да го читате од екранот. PodsafeAudio.com – Сервис кој нуди музика за која нема да има потреба да се плашите дали е украдена или илегална. Се што се наоѓа таму е слободно за користење. Тука можете и да споделите свој личен труд за кој мислите дека му е потребно дополнително подобрување, па на тој начин да добиете повратни информации пред финалното објавување.

click мај 2008 43


click/софтвер/подкасти

Вашите пет минути на интернет Подкасти

И

мето е кованица од iPod и broadcast, поточно аудио или видео датотека спарена со RSS фид. Подкастoт е Вашите пет минути, поточно Вашите половина час до час и половина. Ако некогаш сте сонувале да имате своја радио или ТВ емисија, но стравувате дека радиото или телевизијата се недостапни за вас, моментот никогаш не бил попогоден. Во светов, додека ја читате оваа статија, се продуцираат и слушаат милиони подкасти. Секој кој поседува компјутер, микрофон, идеја, инспирација и желба да го каже тоа што му лежи на душа, создава некој вид подкаст. Бабичката во Венецуела на која и здосадиле шпанските серии и сака да ги дискутира маалските случувања, таксистот во Хрватска на кој му дошле преку глава муштериите и умира од желба да го искаже својот афинитет кон Фенг Шуи, пазарџијата од Струмица на кој преку глава му е од лубеници и има тајна желба да стане политички

е програмата iTunes од Аpple. Може да користите и други програми како Winamp, Windows Media Player, Јuice и цела низа други кои се наброени на www.podcastingnews.com/ topics/Podcast_Software. html. Сепак, iTunes е препорачлив како наједноставен и најпримерен. Во самиот iTunes Store постои секција за подкасти на англиски јазик на сите можни теми. На главната страна ви се поставени категории, избрани подкасти (како избрани постови на насловната на блогерај), топ листи на најслушани подкасти и слично. Сé што вие треба да направите откако ќе го изберете подкастот што би сакале да го слушате е да притиснете на копчето subscribe и следните емисии магично ќе ви пристигаат како што се објавуваат. Ако сакате да ги добиете претходните епизоди, кликнувате на копчето Get Episode. Ако повеќе не сакате да го добивате подкастот, кликнувате на Unsubscribe. Едноставно.

Подкастот е есенцијално блог-пост во аудио или видео форма. Како што секој блог може да има која било тема, така може да има и вашиот подкаст аналитичар, сите овие луѓе се потенцијално успешни подкастери. Но, на сите кои нешто творат им треба публика, инаку сето тоа би било залудно. Затоа, да почнеме од почеток. Како се слуша и претплатува на подкаст? Најдобриот софтвер за оваа намена, кој го започна целиот овој феномен 44 click мај 2008

Препорачливо е да ја проверите и iTunes U секцијата која содржи снимени предавања од најразлични области на професори на престижните Американски универзитети. Сето ова е бесплатно. Просечната големина на една аудио подкаст дадотека е од 30-50 мегабајти, зависно од должината

и квалитетот. Далеку попрактична опција за слушање на подкасти е вашиот MP3 плеер. Доколку имате iPod, работата е тривијална и подкастите сами ви се синхронизираат. Ако имате некој друг MP3 плеер, можете со десен клик на самата епизода да изберете show in windows explorer и датотеките да си ги префрлите сами. Тоа се обични .mp3 или .aac фајлови кои ги чита секој модерен MP3 плеер. Но, што со македонски подкасти или други кои радо би ги добивале, но не се на iTunes? Ништо полесно. Подетално објаснување имате на grozdanoviot podcast.sunsblog. net/?page_id=25, кај нашиот прв а можеби и единствен македонски подкастер за сега, Гроздан. Откако ќе ислушате неколку емисии, некои од вас сигурно ќе добијат желба да направат своја. Затоа следува објаснување за наједноставниот и бесплатен начин на објавување: Како прво, потребен ви е софтвер за снимање и релативно добар микрофон. Ако сте почетник, доволен ви е и микрофонот што го имате, но ако сте малку посериозни, ќе треба да си

купите некој USB микрофон, колку

поквалитетен - толку подобро. За снимање имате на располагање најразлични програми. Ако сте Mac корисник, OS X веќе доаѓа со GarageBand. За Windows или GNU/Linux, препорачлив е бесплатниот Audacity (audacity.sourceforge.net). Нормално, ако во подкастот учествува повеќе од еден човек, потребни ви се повеќе аудио влезови.

Најскапата варијанта е професионална миксета со дигитален излез, поефтина е додавање на уште по некој USB микрофон, а најефтината е вашиот копрезентер да користи Skype или некоја слична програма и да го снимате неговиот/не-


click/софтвер/подкасти

ПОДКАСТИ КОИ ГИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ

кој е бесплатен, содржи лесен и опширен FAQ, нешто

јзиниот глас на друг

канал. Откако ќе го спремите вашиот материјал, пожелно во стандарден .mp3 или .aac формат, потребни ви се хостинг и дистрибуција. Сајт кој би можеле да го користите за оваа намена е mypodcast.com,

како Blogspot или Блогерај за блогирање. Алтернативи за хостинг/дистрибуција може да најдете ако едноставно изгуглате „free podcast hosting“. Не е лошо да си направите feed и преку feedburner.com. Содржината на вашиот подкаст е ограничена само од вашата имагинација. Можете да изберете било која тема, подкастот е

есенцијално блог-пост во аудио или видео форма. Како што секој блог може да има која било тема, така може да има и вашиот подкаст. Кога веќе сте завршиле работа, ви останува промовирање на вашиот материјал. Имате повеќе можности. Промовирајте го на вашиот блог, известете ги пријателите, колегите, комшиите. Не е лошо на вашата страница да напишете и ЧПП за вашите слушатели. Не се грижите, ако вашата емисија е квалитетна и интересна, ќе исплива од морето на безбројни подкасти. Доколку станете популарни, можете да си најдете и спонзори кои ќе ви овозможуваат добра заработка или пак можете ова да го правите од чист ентузијазам. Секако вашите нови подкасти можете да ни ги препорачате и нам, на адресата info@click.net. mk, а ние ќе ги препорачаме тие кои сметаме дека тоа го заслужуваат. Затоа, ослободете го вашиот внатрешен новинар, спортски коментатор, политички аналитичар, колумнист, хуморист и општо мрчало и создавајте! Вашата прилика да се искажете е сега. Со нетрпение ги очекуваме вашите нови подкасти. l

http://twit.tv • This week in tech • Macbreak Weekly • The Tech Guy

http://revision3.com

Најпопуларни • Diggnation • Techzilla • Internet Superstar Teхнологија • David Pogue • Walt Mossberg Хумор • Smodcast (Kevin Smith & Scott Mossier) • Ask a Ninja • The Onion Radio News

click мај 2008 45


click/софтвер/linux

Linux

Моќта на пингвинот

Д

али вашиот следен компјутер ќе биде Mac или PC? Чекајте, кој вели дека тоа се единствените опции. Иако Windows и Apple го контролираат најголeмиот дел од пазарот на оперативни ситеми, тие не се единствените. Доколку сте спремни да ризикувате и малку да запливате во непознати територии, вашиот компјутер може да одговори на сите ваши потреби а притоа да ве чини многу помалку од досега. Добредојдовте во светот на Linux. Исто како Windows или Mac OS, Linux е оперативен систем за организирање датотеки, работа со програми, со други зборови посредник меѓу вас и компјутерот. Најпопуларен е кај серверите бидејќи е стабилен,

Што СÈ можам да направам на Linux? На кратко, се што можете и на останатите оперативни системи. Можете да сурфате на интернет, да читате email, да ги организирате и едитирате своите фотографии, видео или аудио записи. Може да играте игри, да пишувате роман, или да подготвите презентација. Единствено сте ограничени од вашите сопствени потреби и софтверот кој ви е достапен за да ги реалзирате. 46 click мај 2008

не бара снажни конфигурации и многу одржување, а во последно време станува се пополураен и кај персоналните компјутери. Иако и овој оперативен систем ги нуди стандардните работи како сите останати, она што го одвојува од другите е неговата целосна посветеност на отворениот код и слободниот софтвер, две работи кои можат да ви заштедат многу пари, како на крaток така и на долг рок. Може да превземете голем број различни верзии на Linux и да ги инсталирате на колку сакате компјутери, а сепак да не платите ниту денар. Ова го прави привлечна алтернатива на комерцијалните оперативни системи кои знаат да чинат многу.

Отворен код е секоја компјутерска програма се состои од илјадници или милиони линии на технички инструкции (или код) кои утврдуваат како хардверот и софтверот работат заедно. За компаниите кои произведуваат софтвер, најдобро решение е да го чуваат кодот во тајност – доколку некој програмер успее да дојде до него и да го ископира, врз основа на него ќе може да создаде или да надогради друг програм, притоа без да плати на компанија која го направила. Отворениот код функционира тотално спротивно. Кодот на секоја апликација е слободен за сите. На тој начин секој може да ја употребува и адаптира на своите потреби, а се разбира, сето тоа е легално.

Каква конфигурација е потребна? Една од работите кои го прават Linux толку атрактивен е скромноста кога станува збор за хардверот потребен за да работи глатко. Нема да ви бидат потребни големи хард-дискови, огромни количини RAM меморија или брз процесор за да уживате во најголемиот број од различните дистрибуции. За последната верзија на Ubuntu, потребни се скромни 384MB меморија, помал-


click/софтвер/linux

Ќе работат ли Windows програмите на Linux? Тука може да се јават проблеми. За жал, програмите и драјверите кои се направени за Windows најчесто нема да работат на Linux, па затоа ќе мора да симнете соодветни верзии од интернет. За некои попрофесионални работи како обработка на аудио или подготовка за печат ќе треба да се помачите, но за останатите секојдневно употребувани алатки, нема да има проблем. Како резервна опција, тука е Wine – бесплатна апликација која овозможува работа со Windows програми под Linux. За жал, таа е суште во равој, па може да се јават некои грешки и некомпатибилност со одредени програми. Како и да е, доколку сакате да ја искористите постоечката колекција на програми, оваа опција ви стои на располагање. Повеќе детали на www.winehq.org

31 Вкус Бидејќи Linux е со отворен код, многу компании и групи ја превземаат истата основа и врз неа градат различни оперативни системи. Овие различни верзии се наречени дистрибуции и секоја е прилагодена за различна група корисници. Во продолжение следат дел од нив, а повеќето се секако бесплатни. Fedora (www.fedoraproject.org) Стилски одлично средена и лесна за користење - Fedora има опции и функци креирани за да можат корисниците на Windows да се чувствуваат како дома. Gentoo (www.gentoo.org) Gentoo се истакнува со големата приспособливост и перформанси, проследено со голема заедница на корисници и програмери посветени на развој на нов софтвер и дистрибуции Knoppix (www.knoppix.net) Со автоматското препознавање на хардверските копоненти и широката подршка на графички картички, live-cd базираниот Knoppix е одлична солуција доколку сакате да испробате Linux без да ја жртвувате вашата постоечка Windows инсталација Linspire (www.linspire.com) Претставувајќи се себе си како најлесниот Linux оперативен систем, Linspire има огромна автоматска подршка на мултимедијални и мрежни компоненти како и солидна листа на соодветен софтвер. Иако оваа дистрибуција не е бесплатна, ни од далеку не е скапа како останатите ситеми и може да се набави за помалку од 50 долари. Ubuntu (www.ubuntu.com) Една од најпопуларните дистрибуции, Ubuntu е развиена од широка заедница и се појавува со нова верзија секои шест месеци, на тој начин обезбедувајќи најнови, најбезбедни и најстабилни верзии за своите корисници. Пакетот доаѓа со e-mail клиент, интернет пребарувач, календар у уште многу други апликации.

ку од половина од минимумот за Windows Vista. Имајќи го ова во предвид, со Linux можете да му го продолжите животот на вашиот постар компјутер кој може да се претвори во одлична машина за секојдневните Word, e-mail и интернет уживања.

Кој е најлесниот начин да испробате Linux? Бидејќи Linux оперативниот систем по многу нешта се разликува од другите, веројатно нема да може секој да го сфати од самиот почеток. Без грижи. Добар дел од дистрибуциите нудат т.н. „Live CD” со кое ќе можете да го испробате оперативниот систем без ризик. Само вметнете го ова CD во оптичкиот уред, погрижете се да се подигне системот од него и ќе можете да работите на Linux без воопшто да го инсталирате на вашиот хард-диск. Ова е одлична можност да го пронајдете вистинскиот ситем без да го загрозите вашиот живот кој е сместен во Windows-от на вашето PC. click мај 2008 47


click/софтвер/802.11n

802.11n чукнува на вратата Дали сме подготвени да го пуштиме?

48 click мај 2008


click/софтвер/802.11n

П

остојат два начина за компјутер да се поврзе во мрежа, без разлика дали локална или глобална (интернет): Со кабел и бежично. При спојувањето со кабел, работата е релативно едноставна. Изборот се сведува на 100 Mbps или 1 Gbps мрежни уреди и мрежна инфраструктура. И толку. Секој уред споен со секој друг уред функционира, без разлика од кој производител е и од кој ценовен ранг. Дали е исто така просто при бежичното вмрежување? До скоро да. Оние кои сакаа да поминат релативно ефтино и не им беа потребни големи брзини, пазареа 802.11b уреди, а оние кои беа подготвени за поголема инвестиција и имаа поголеми побарувања од бежичната инфраструктура, користеа 802.11a/g мрежна опрема. Сите проблеми кои настануваа, се прифаќаа како неминовност на несовршената технологија. Корисниците упатуваа барања до производителите за уреди со поголем домет, со поголема пропусност, со поголема сигурност, а производителите измислуваа „топла вода“ за да ги задоволат барањата на корисницте. Под „топла вода“ спаѓаат технологии како “enhanced G” , “Turbo B” , “4x speed” и сите други подобрувања кои производителите на бежични мрежни уреди ги развиваа и имплементираа во своите уреди. Како логичен тек на нештата, 802.11n стандардот беше поставен во јануари 2004, а нацртот донесен во јануари 2006 од страна на регулаторното тело IEEE (Institute of Electrical and Electronics Engineers, New York, www.ieee.org). Главна цел на 802.11n стандардот е зголемување на пропусноста и зголемување на дометот, и тоа повеќекратно. За да се постигне тоа, кај 802.11n стандардот, за разлика

ИНФО

• http://www.rfdesignline.com/ howto/199601356;jsessionid= TDL0JT1JZUDT0QSNDLPSKHS CJUNN2JVN?pgno=1 • http://www.cisco.com/en/US/ prod/collateral/wireless/ ps5678/ps6973/ps8382/prod_ white_paper0900aecd806b8ce7 _ns767_Networking_ Solutions_White_Paper.html • http://en.wikipedia.org/wiki/ IEEE_802.11#802.11n • http://en.wikipedia.org/wiki/ Multiple-input_multiple-output

ЗАКЛУЧОК

lllll

Кој има потреба од сигурна, брза безжична мрежа која може лесно да се надоградува и подобрува, нема да погреши ако инвестира во уреди по 802.11n стандардот, колку и да изгледа недоречен истиот во моментов

click мај 2008 49


click/софтвер/802.11n

од постоечките 802.11a/ b/g стандарди кај кои се користи една антена, овде се користат повеќе антени и со нив се постигнува MIMO (Multiple-Input Multiple-Output) поврзување. Во основа, најбитно кај овој начин на поврзување е што се употребуваат повеќе од еден предаватал и приемник, повеќе од една антена, така што постојат повеќе од еден канал за пренос на податоци што овозможува инстантно зголемување на брзината. Со зголемувањето на пропусноста од 20MHz по канал на 40MHz по канал, се постигнува максимум теоретска физичка пропусност до 500Mbps . Но како се постигнува толкава добивка во пропусноста? Самото додавање на антени, предаватели и приемници не е доволно. Потребно е и да функционираат на начин кој ќе ја искористи дадената конфигурација. Ако во случај на поврзување преку радио бранови се користи само по една антена на двете страни (и кај предавателот и кај приемникот, ако земеме дека во еден момент може да имаме само еден предавател и само еден приемник односно само еден може да емитува и само еден да слуша), радио брановите пристигаат по најкратката т.е. директна

(LOS Line of Sight) патека од предавателот до приемникот. Но во реалниот свет, при секојдневната употреба на бежичната опрема, се случува радио брановите да наидуваат на различни пречки. Некои од пречките ги стопираат и ослабуваат, а некои ги рефлектираат и засилуваат. На крај, во приемникот освен корисниот сигнал со податоците, пристигаат рефлектираните сигнали кои само му попречуваат на приемникот. Сете-

Linksys WRT-350n пристапна точка

Поголема пропусност и моќ на покривање во однос на било кој друг бежичен стандард те се на времето пред кабловските телевизии кога знаеше да се појави двојна слика на телевизорот (или како ние што ја викавме „слика со духови“) и единствен лек беше ротација на антената. Со ротацијата се избегнуваа рефлектираните сигнали кои поради рефлексијата пристигаа со мало задоцнување до антенатаприемник и доведуваа до појава на двојна слика. Ако кај телевизијата тоа беше ситуација која се трудевме да ја избегнеме, кај 802.11n тоа е ситуација која ја искористуваме во своја корист. Доколку заедно со главниот тек на податоци постојат и

Фиока

Пристапна точка Метална порта

50 click мај 2008

рефлектирани, кои имаат своја патека и се фазно/временски поместени поради доцнењето, кај 802.11n постои посебен предавател/приемник и посебен пар антени кои се физички поместени за да не си пречат меѓусебно и ја користат патеката на рефлектираните сигнали за да отворат нов податочен канал и значително да ја зголемат брзината на комуникација. Затоа и 802.11n уредите изгледаат како да се испаднати од “Star Wars”, со куп чудни антени на себе, кои гледаат секоја во свој правец. Сите овие факти делуваат прекрасно на хартија, но кога ќе се одлучиме да купиме нешто од новите

чуда, се среќаваме со налепниците од типот “pre n” , “802.11n draft 2.0” или било кој друг натпис кој опоменува дека тоа што сакаме да го купиме е далеку од финализиран производ. А дали некој од нас е подготвен да инвестира во нешто кое е сеуште во експериментална фаза? Дали придобивките со поголеми од ризиците? Во основа, би требало да е така. Индустриската организација “Wi-Fi Alliance“, која се грижи за уредите од различни производители да функционираат меѓу себе, во јуни 2007 година започна со сертифицирање на уредите. Издавањето на сертификати се води по 802.11n нацртот 2.0, така што се сведува на тоа хардверот да е стандардизиран и теоретски секоја нова надоградба на стандардот и до-финализирање на Клиент истиот би се сведувало на освежување на firmwareот на уредот. Во старт секој уред е компатибилен со старите стандарди, така што во најлош случај, доколку имаме проблеми

со актеуалната верзија на firmware на уредот, може да се користи и во друг модус кој ќе функционира (802.11a/b/g). Сепак, постојат неколку случаи кога 802.11n е сигурен победник во однос на било кој друг стандард: кога треба да се направи бежична мрежа во услови на „загаден етер“, 802.11n

е одличен избор поради својот начин на работа; кога треба да се покрие голем простор со многу „мртви зони“, 802.11n успева само со еден уред да покрие многу поголем простор; кога е потребна што поголема пропусност, 802.11n е победник, затоа што е најбрз од сите други бежични стандарди. l

СПЕЦИФИКАЦИИ Стандард

Over-the-Air (OTA)

Media Access Control Layer, Service Access Point (MAC SAP)

11 Mbps

11 Mbps

5 Mbps

54 Mbps

54 Mbps

25 Mbps (без.11b)

54 Mbps

54 Mbps

25 Mbps

200+ Mbps

200+ Mbps

100 Mbps


click мај 2008 51


click/софтвер/screen_share

Screen Share софтвер Поделете го вашиот десктоп ИНФО

• НАСЛОВ: Acrobat Conect • ИЗДАВАЧ: Adobe • ЛИЦЕНЦА: 1.700 денари месечно • ПЛАТФОРМА: Интернет прелистувач со Flash поддршка • URL: www.adobe.com/ products/acrobatconnect/

ИНФО

• НАСЛОВ: Glance • ИЗДАВАЧ: Glance Networks, Inc • ЛИЦЕНЦА: 2.100 денари месечно • ПЛАТФОРМА: Интернет прелистувач со Flash поддршка • URL: www.glance.net

52 click мај 2008

К

лиентите и пријателите можат да го видат вашиот екран директно од својот компјутер, без потреба од објаснувањата кои траат со часови преку телефон за наједноставни промени или подесувања. Звучи одлично во теорија, но сите тие рутери, антивируси, огнени ѕидови и платформи ќе го направат покомплицирано отколку самото објаснувањето по телефон. Не е веќе така, новите подобрувања во технологијата ве олеснуваат од сите грижи и компатибилности со интернет прелистувачи Adobe Acrobat Connect Идејата за ваков тип на софтвер, секако доаѓа од графичката индустрија за полесно обавување на промените во дизајните или дискутирање на истите со клиентите во реално време. Adobe, како водечка компанија во оваа област, го нуди можеби најдоброто решение за таа намена. Иако името звучи познато, Adobe Acrobat Connect нема никаква поврзаност со Acrobat. Connect е лесен за употреба и целата функција се изведува преку интернет прелистувач. Како неопходна компо-

нента за користење на Connect се поставува само поседувањето на Flash додаток, но тој критериум го поседува речиси секој компјутер кој се поврзува на Интернет. Во конференциската соба (како што се нарекува сесијата за делење на екранот) може да се одберат многу опции, подесувања и оптимизации, како за брзината на поврзувањето на Интернет, така и за која апликација сакате да ја споделите со соговорниците. Како дополнителна и многу корисна опција е можноста за споделување на веб камерата за да можат соговорниците да ве гледаат на своите екрани додека трае конференцијата. Регистрацијата за користење на Acrobat Connect се изведува многу брзо и едноставно, а поканата на соговорници уште полесно. Се што треба да направите е да им ја испратите адресата на конференциската соба (на пр. http://connect. acrobat.com/ivanmancevski) и тие да ја внесат во својот Интернет прелистувач.

Glance Доколку не сте приврзаник на софтверски решенија од големи компании, тогаш за намената на делење на компјутерскиот екран ќе ви препорачаме некои од останатите решенија кои се достапни за

преку нивниот Интернет прелистувач ќе можат да го гледаат екранот исто како и вие. Важно е да се напомене дека соговорниците не треба да инсталираат никакви додатоци, ниту пак да прават било какви регистрации за да можат да

Доволно за избегнување на голем дел од објаснувањата е “другата страна” да може да го види вашиот екран и заедно да може да дискутирате за дејствијата кои се одвиваат користење. Glance е едно од најпопуларните меѓу нив. Со карактеристики и квалитет на услуга на ниво на Acrobat Connect, Glance се поставува како сериозен конкурент во оваа област. Корисникот кој сака да го дели екранот, треба да инсталира додаток за Glance кој седи во системскиот дел. На соговорниците единствено треба да им ја испратите адресата за поврзување (на пр. ivan. mancevski.glance.net) и соодветната шифра за конференцијата и тие

го гледаат вашиот екран. Технологиите што започнуваат како идеја за некоја намена, не значи дека не можат да се употребуваат за останати потреби. По навикнувањето на употреба на софтвер за делење на екранот, можностите каде сè може да се искористи се безгранични. Презентации за продажба, објаснување кои опции да се постават за печатење, групни состаноци додека сте на пат и учење на раздалечени места се секако само дел од мноштвото намени. l


click/софтвер/service_pack_3

Service Pack 3 Последната доградба за Windows XP

W

indows XP Service Pack 3 (SP3) кој треба да излезе деновиве, според Microsoft, ќе биде последниот сервисен пакет за XP. Крајно време беше да се појави, бидејќи од претходникот - Service Pack 2, поминаа повеќе од три години. Тоа што во меѓувреме се појавија стотици пачови за опертивниот систем, знатно им ја отежни работата на системските администратори при инсталирањето на истиот, филувано со неопходноста од повеќекратно рестартирање на системите. Целта на XP SP3 е да ги обедини сите овие апдејти и пачови во еден единствен пакет кој ќе може лесно да се аплицира при самата инсталација. Освен зголемената сигурност и наводното зголемување на брзината од речиси 10%, ќе вклучува и новости кои првпат се појавија во „наследникот“ на XP, односно Windows Vista. Верзиите на Windows на кои ќе може да се аплицира SP3 се: Windows XP Home Edition, Professional Edition, Tablet PC Edition

СПЕЦИФИКАЦИИ

•НАСЛОВ: Service Pack 3 for Windows XP • ИЗДАВАЧ: Microsoft • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Windows XP • URL: www.microsoft.com ЗА И ПРОТИВ

 Зголемена сигурност и брзина  Сите досегашни пачови и апдејти во еден пакет  Продолжување на животниот век на Windows XP  Бесплатна надградба

менети за Windows Server 2003. Последниот Windows 2003 сервисен пакет е SP2 (кој нема никаква врска со SP2 за XP и е знатно понов од него). Иако Windows XP Service Pack 3 нема да соджри монументални нови опции, ќе вклучува 4 мали подобрувања: Network Access Protection

Целта на XP SP3 е да ги обедини досегашните апдејти и пачови во еден единствен пакет кој ќе може лесно да се аплицира при самата инсталација (сите верзии) и Media Center Edition (сите верзии). Битно е да се напомене дека SP3 не е дизајниран за 64-битната верзија на Windows XP. Напротив, тој оперативен систем е различен од 32-битната верзија на XP и неговите апдејти ги добива преку сервисните пакувања на-

копатибилност. Најавена пред неколку години, оваа опција им овозможува на машините со Windows XP да ја користат NAP опцијата во Windows Server 2008. Оваа функционалност е исто така вградена и во Windows Vista.

Инсталација без Product Key. Како во Windows Vista, новиот XP со SP3 ќе може да ја продолжи инсталацијата без потреба од внесување на серискиот број (сепак, сеуште ќе мора да се внесе подоцна). Kernel Mode Cryptographics Module. Нов модул кој според Microsoft „енкапсулира неколку различни криптографски алгоритми”.

повеќе на промовирање на Service Pack 1 за Windows Vista, кој не беше баш најсјајно прифатен од конзументите и пробува што побрзо да се „ослободи“ од Windows XP кој се докажува како најголем конкурент на Vista. l

ЗАКЛУЧОК

lllll

Моментално нема причина зашто да не се направи надоградба во овој сервисен пакет

“Black hole” router detection algorithm. Со оваа опција, XP ја добива способноста да ги игнорира мрежните рутери кои некоректно пропуштаат одредени видови на пакети. Оваа опција е исто така вклучена во Windows Vista. И тоа е претежно сè. Нема ништо драматично, исто како и што беше најавено. Microsoft моментално се фокусира click мај 2008 53


click/софтвер/spyware_doctor_5.5:mediacoder

Spyware Doctor 5.5 Кога спрајверот ќе нападне... СПЕЦИФИКАЦИИ

•НАСЛОВ: Spyware Doctor 5.5 • ИЗДАВАЧ: PCTools • ЛИЦЕНЦА: 1.300 денари • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.pctools.com/ spyware-doctor ЗА И ПРОТИВ

 Интуитивен интерфејс  Одлична техничка подршка  Користи многу ресури  Некои фајлови кои не се спајвер ги означува како такви  Остава траги по одинсталацијата  Цена

ЗАКЛУЧОК

lllll

Бавен, прескап и не многу ефективен

П

остојат неколку компании кои си имаат земено за цел да прават програми што ветуваат дека можат да нè заштитат од досадните и честопати излечиви-само-со-формат спајвери. Една од тие компании е PCTools со нејзината долга традиција на Spyware Doctor и неговата 5.5 реинкарнација. Најпрво, PCTools наплаќаат 1.300 денари по лиценца за користење на Spyware Doctor. Иако бесплатно може да се симне демо верзија, набрзо по инсталацијата ќе дознаете дека мора прво да платите за да биде од било каква корист (бидејќи само ги пронаоѓа, но не ги чисти спајверите). Згора на тоа, кога ќе ја одинсталирате,

некои работи и регистри се уште остануваат на вашиот компјутер. Што се однесува до интерфејсот, тој е интуитивен и лесно можете да се снајдете во него. Освен стандардната опција за скенирање, постои и заштита која работи во реално време и роковник во кој можете да закажете термин кое време да се вклучува автоматското скенирање. Во тестирањето на способностите за откривање и чистење на спајвер, Spyware Doctor од спајверите со опцијата која скенира во реално време, откри 70%, додека со мануелно скенирање откри 75%. Сепак, иако процентот на откриени спајвери е релативно добар, успеа

само 30% од нив да ги исчисти целосно, што битно ја намалува неговата корисност. Воглавно земено, верзијата 5.5 на Spyware Doctor не е најдоброто од PCTools. Големите побарувања на компјутерски ресурси ја надминуваат неговата корисност.

Иронична е особината што, иако главна намена му е всушност да се бори против спајвер, самиот тој остава траги откако ќе го одинсталирате. Енда причина поради која може да ви го препорачаме Spyware Doctor е неговата одлична техничка подршка. l

3ivx, RealVideo, RealMedia, Quicktime, OGM, CD, VCD, DVD, CUE Sheet. Како додатни опции, може да рипува аудио директно од CD или DVD, да променува компатибилни формати без потреба од полно ре-енкодирање (пр. XviD .AVI во .MP4), да работи низа на задачи и да енкодира видео директно

од не-енкриптирано DVD. Доколку сето ова не е доволно, има и можност за симнување на бројни plugin-и кои дополнително ја зголемуваат неговата функционалност. Mediacoder е еден програм кој може да ви ги задоволи сите конвертирачки потреби, а згора на тоа е и бесплатен. l

Mediacoder

Програм кој конвертира од сè во сè СПЕЦИФИКАЦИИ

• НАСЛОВ: Mediacoder • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: mediacoder. sourceforge.net ЗА И ПРОТИВ

 Вградени кодеци  Подршка на голем број формати  Високо оптимизиран код  Бесплатен  Неинтуитивен интерфејс

ЗАКЛУЧОК

lllll

Најдобрата инвестиција која можете да ја направите кога ви е потребно конвертирање на аудио и видео

54 click мај 2008

С

о нови аудио и видео формати кои изгледа како да излегуваат секој ден, станува сè потешко да се биде во чекор, а притоа да не се користат мал милион програми. Едно решение може да се најде со бројните кодек-пакети кои во една инсталација ги содржат повеќето кодеци, но веќе знаеме дека тие може да прават повеќе штета отколку корист со честите некопматибилности и конфликти. Другото решение е Mediacoder. Бесплатен програм кој може да конвертира аудио и видео записи од речиси секој формат во било кој друг формат. Најдобрата работа е што сите потребни кодеци се

вградени во него, така што нема никакви дополнителни инсталации, a неможат да прават ни проблеми со вашиот оперативен систем. Од аудио, Mediacoder подржува конвертирање од и во MP3, Ogg Vorbis, AAC, AAC+, AAC+V2, MusePack, WMA, RealAudio, FLAC, WavPack, Monkey’s Audio, OptimFrog, AAC Lossless, WMA Lossless и WAV/PCM, додека неговото видео портфолио ги вклучува H.264, Xvid, DivX, MPEG 1/2/4, H.263, Flash Video (FLV), Windows Media, AVI, MPEG/VOB, Matroska, ASF/WMV, и MP4. Поради лиценцни прашања, постојат некои исклучоци. Имено, Mediacoder може да конвертира од, но не и во


click мај 2008 55


click/софтвер/photoshop_express

Photoshop Express Photoshop на интернет ИНФО

• НАСЛОВ: Photoshop Express Beta • ИЗДАВАЧ: Adobe • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Веб клиент со Flash поддршка • URL: www.photoshop.com/ express/

ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен и интуитивен за работа  Уредна и пријатна корисничка околина  Интеграција со постоечки сервиси како Facebook, Picasa и Photobucket  Квалитет на обработка како десктоп верзијата на Photoshop  Проблем со перформансите одвреме-навреме

ЗАКЛУЧОК

lllll

Убав и мил, но понекогаш бавен

56 click мај 2008

П

онудата на кориснички услуги според моделот Software as a Service (SaaS) зема сè поголем замав. Во прво време, ваквиот модел им беше интересен на помалите играчи на пазарот – како на производителите кои не можат да инвестираат многу средства во развојот, така и на купувачите кои не можат да си дозволат да издвојат поголеми суми за лиценци однапред. Големите играчи кои продаваат спакуван софтвер сигурно не се многу среќни со фактот што сè повеќе корисници софтверот би го изнајмувале и употребувале на Интернет, но возот мора да се фати за да не избега. Пред две-три години, Microsoft ги промовираше своите Live сервиси, а деновиве сме сведоци на промоцијата на online верзија на големиот ѕвер во обработката на графика – Adobe Photoshop. Она што ја интересира широката публика, секако е каква музика се добива за колку пари. Комплетната десктоп верзија на Photoshop за 649 долари нуди изобилство од можности. Верзијата Elements чини 89 долари и соодветно на тоа, нуди многу помалку. Online верзијата е бесплатна, овозможува елементарна обработка на битмап графика наменета

за приказ на веб и како таква е сосема во ред. Услугите што ги има на Photoshop Express се веќе видени и кај други сервиси: upload и уредување на слики, нивно хостирање и организирање во албуми и галерии, понатамошно

Америка, нема проблем со регистрацијата. Adobe ќе ве почести со простор од 2GB на адреса http://korisnik.photoshop. com, каде што веднаш можете да ги префрлите своите графички содржини. Сега-засега поддржан

Online верзијата на Photoshop е бесплатна, овозможува елементарна обработка на битмап графика наменета за приказ на веб и како таква е сосема во ред препраќање и споделување преку електронска пошта и други сервиси. Интересниот момент тука е што сите сервиси се на едно место и позади нив стои големо име во графичката индустрија. Секоја чест на Picasa, Flickr и останатите. Постапката на користење на Photoshop како сервис започнува со зачленување на веб страницата http://www. photoshop.com/express/ Моментално е дозволено само за корисници од САД, но ако се „претставите“ дека сте од

е само форматот JPEG, а големината на една слика е ограничена на 10MB. Работната околина е изработена во Flash 9 и изгледа благопријатно и пријателски настроена кон корисникот. Софтверските услуги се извршуваат на страната на серверот. Креирањето на галерии и албуми, ротирањето на сликите и нивното препраќање и споделување со други сервиси веројатно е рутинска и лесна задача за секој Интернет корисник. Кога се работи за Photoshop, битната работа е кои алатки од го-

лемиот графички арсенал се достапни на Интернет. Поделени се во три групи: Во групата Basics се поставени Crop & Rotate, Auto Correct, Exposure, RedEye Removal, Touchup и Saturation. Под Tuning се присутни White Balance, Highlight, Fill Light, Sharpen и Soft Focus, додека алатки со кои се прават ефекти се Pop Color, Hue, Black & White, Tint, Sketch и Distort Единствената голема замерка се однесува на брзината на промена на алатките. Јасно е дека побрза Интернет врска со серверот на Photoshop е подобра за работа, а вистина е дека „заглавувањето“ се случува повремено, не за целото време на работата. Сепак, не зборуваме за доцнење од 1-2 секунди туку за многу повеќе. Останува да се надеваме дека во конечната верзија на Adobe Photoshop Express ќе бидат „испеглани“ овие работи. l


click/софтвер/jango:alien_skin_exposure_2

Jango интернет радио Успешен брак помеѓу интернет радио и социјална мрежа

А

ко ви е здосадено од цело време слушање на истата музика, пробајте да ги размрдате работите со Jango. Слично на сајтовите како Pandora и Last.fm, Jango стримува костумизирани интернет радио станици базирани на вашите омилени изведувачи. Но, оди и чекор понатаму од обичен DJ со интегрирањето на социјален аспект кој го прави забавно откривањето на нова музика и спојувањето со слушатели кои имаат сличен вкус. Кога ќе го внесете името на изведувачот, сајтот креира радио станица центрирана околу тој изведувач (но за разлика од Pandora, не ви дозволува да впишете

име на песна). Jango, исто така, додава и други песни кои мисли дека ќе ви се допаднат, базирани на различни критериуми. На пример, сервисот зема во предвид што слушаат другите корисници кои го сакаат истиот изведувач и, аналогно на тоа, бара стилови од слични жанрови и временски периоди. Jango може да зачува неограничен број на станици во вашиот профил и ви дозволува да ги костумизирате на повеќе начини. Можете да додатете повеќе изведувачи на една станица (Jango ви дава предлози, но можете и сами да си одберете), да банирате одредени музичари или пак да одберете дали сакате да пушта

СПЕЦИФИКАЦИИ

•НАСЛОВ: Jango Social Internet Radio • ИЗДАВАЧ: Jango • ЛИЦЕНЦА: Бесплатно • ПЛАТФОРМА: Веб клиент • URL: http://www.jango.com/ ЗА И ПРОТИВ

само популарна музика, поретка музика или нешто помеѓу двете. Исто така, можете да ги оценувате песните за подоцна сајтот да знае со кои песни да ви „досадува“. Вистинското фортè на Jango лежи во неговата интерграција на социјална мрежа која, октако ќе креирате профил,

ви овозможува да се запознаете со луѓе кои го имаат сличен вкус како и вие. Така што, доколку ви се допаѓа концептот на социјална мрежа и сакате да видите како би можела да го прошири вашиот музички универзум, тогаш вреди да го пробате Jango. l

 Стримување на вашите омилени изведувачи  Интегрирана социјална мрежа  Способност да погоди што ви се допаѓа  Бесплатно користење  Ограничен избор на песни

ЗАКЛУЧОК

lllll

Итернет радио по ваш вкус

Alien Skin Exposure 2 Plug-in кој овозможува висински „филмски“ изглед

A

lien Skin Exposure е plug-in дизаниран за прецизно симулирање на изглед на филм во вашите дигитални фотографии. Exposure доаѓа со бројни однапред дефинирани изгледи кои овозможуваат симулирање на Velvia, Kodacrhome, Ektacrhome, GAF 500, TRI-X, Ilford и многу други типови на филм. Исто така, нуди контроли за тунирање на боите, тонот, фокусот и зрнастиот изглед на фотографиите. Преку овие подесувања, можете да оформите ваш сопствен препознатлив стил кој ќе ги репродуцира традиционалните ефекти на темна соба. Бидејќи се работи за plugin, може да функционира со повеќе програми, како

што е Photoshop, Photoshop Elements, Paint Shop Pro или Fireworks. Целната публика му се професионалните фотографери кои се навикнати на употребата на филм со години, а сега веќе се префрлуваат на дигитално фотографирање. Подесувањата за бои можат да се менуваат посебно за црвените, зелените и плавите канали, додека пак тонирањето може да се манипулира посебно за контраст, сенка, среден тон и хајлајт. Со Exposure, можете да правите напредни црно-бели конверзии, дигитално тонирање, филтрирање на боите, како и напредно изострување и омекнување.

СПЕЦИФИКАЦИИ

• НАСЛОВ: Exposure 2 • ИЗДАВАЧ: Alien Skin • ЛИЦЕНЦА: 10.500 денари • ПЛАТФОРМА: Photoshop • URL: http://www.alienskin. com/exposure/ ЗА И ПРОТИВ

Exposure 2 донесува подобрувања во корисничкиот интерфејс и многу нови симулации на филмови, вклучувајќи го и многу бараниот Fuji Velvia 50. Други нови филмови во оваа верзија се Kodak Ultra Color 100UC, Fuji Superia Reala, Polaroid, и сега веќе непостоечките Agfa Scala и Polaroid Polapan.

Без разлика дали сте „олд-скул“ фотографер, носталгични за изглед како на филм или пак некој на кого му се познати единствено дигиталните фотографии, Exposure може да ви донесе уникатен квалитет и нова разноликост на вашето дигитално фотограферство. l

 Симулирање на популарни филмови и на тие што повеќе не се достапни  Висок реализам во симулирањето на зрнест филм  Хибридно CD за Windows и Mac со упатство од 50 страници  Развиен онлајн форум за подршка  Цена

ЗАКЛУЧОК

lllll

Солиден plug-in, но прескап

click мај 2008 57


click/софтвер/photoshop_совети_и_упатства

Photoshop совети и упатства Креирање на повеќе мали сликички од една голема на „старомоден“ начин ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ

Доколку го следите водичот успешно, би требало да добиете резултат како на фотографијата. Овој туторијал е направен за Adobe Photoshop CS3, но би можел да работи и на други верзии

58 click мај 2008

Д

околку ви се наоѓа малку слободно време, креативност и една слика со која саката да направите нешто интересно, тогаш овој чекор-по-чекор водич е создаден за вас. Тоа што ќе ви овозможи да направите е една голема фотографија да ја „исецкате” на 10-тина малечки фотографии кои ќе изгледаат како да се

разфрлани на вашиот декстоп, а сепак сите заедно ќе ја сочинуваат повторно главната слика. Начинот на кој ќе го изведеме ова е најпрвин со дефинирање на еден леер кој ќе ни служи како основа за малите сликички. Потоа ќе направиме повеќе леери (кои всушност ќе бидат малите сликички) копирајќи делови од големата фото-

графија по терк на леерот кој го земавме за основа. Бидејќи сакаме сликите да изгледаат „расфрлани”, секоја леер копија ќе ја изротираме различно. За да добијат изглед на автентични сликични, ќе треба на секој леер да додадеме бела рамка, а ефектот на длабочина ќе го добиеме со додавање на сенка кој ќе направи да изгледаат дека како

да се една врз друга. За крај, ќе искористиме една опција на Photoshop за да ја направиме дрвената позадина, без потреба од користење на надворешна слика. Можеби на прв поглед ова излгеда комплицирано, но во суштина е лесно кога ќе биде прикажано во стилот „една слика вреди илјада зборови”:


click/софтвер/photoshop_совети_и_упатства Сега кликнете со десниот клик на „Background copy“ и одберете „Create Clipping Mask“, а потоа кликнете на „Osnova“ и вратете го „Opacity“ да биде на 100% (во горниот десен агол на менито за леери). Откако ќе го направите тоа, додека сеуште е селектиран леерот „Osnova“, држете го копчето CTRL и кликнете на „Background Copy“. Потоа, со десен клик одберете ја опцијата „Duplicate Layers“. На новите леери повторно кликнете со десен клик и одберете ја истата опција. Оваа процедура треба да ја повторите 10-тина пати за да се креираат сите мали сликички.

3

Отворете ја сликата која сакате да ја обработите. Креирајте нов леер (Shift+Ctrl+N) со Opacity на 50% и именувајте го „Osnova“ бидејќи ќе го користиме како основа за сите мали слики. Повлечете мала коцка која ќе го опфаќа окото и дел од носот на личноста. Кликнете на „Edit“, па на „Fill“ и оберете бела боја за исполнувањето.

Сега кликнете на окцето кое се наоѓа лево до леерот „Background“ за да се тргне позадината. Потоа кликнете на „Osnova copy“ и одберете ја алатката за поместување „Move“ (со кратенката V). Поместете ја сликата и ротирајте ја малку (за начинот на ротирање, видете го чекорот број 2). Откако ќе завшрите со „Osnova copy“, кликнете на „Osnova copy 2“ и повторете ја истата процедура, со тоа што оваа слика ќе ја поместите на друга позиција и може малку различно да ја изротирате. Повторете ја постапката со сите 10 „Osnova

4

Кликнете на „Show Transform Controls“ горе во менито и поставете го курсорот на еден од аглите на белата коцка за да можете да ја ротирате. Изротирајте ја и кликнете на иконата во вид на штиклиран знак која се наоѓа горе во опциите за да потврдите. Во менито со леери од десната страна, кликнете со десен клик на леерот „Background“, одберете „Duplicate Layer“ и кликнете OK. Ова ќе креира нов леер кој ќе треба со кликнување и влечење да го преместите да биде над леерот „Osnova“ за редоследот од горе надолу да биде „Background Copy“, „Osnova“ и најдолу „Background“.

2

За да додадеме длабочина на сликите, што ќе помогне да игледаат како да се наредени една врз сруга, ќе ја користиме опцијата за сенка. Кликнете со десениот клик на маусот на „Osnova“ и одберете „Blending Options“. Штиклирајте го „Drop Shadow“ и кликнете на OK за потврда. Потоа, кликнете повторно со десен клик на „Osnova“ и одберете „Copy Layer Style“. Овој дел е за да не се малтретирате да ја повторувате поединечно целата процедура за додавање на сенка на соја слика. Кликнете на „Osnova copy“ со десен клик и одберете „Paste Layer Style. Ова ќе му ја додаде истата сенка на леерот. Повторете го истото со сите „Osnova copy“ леери.

6

1

Останува само уште да додадеме позадина. Селектирајте го леерот „Background“ и кликнете на окцето лево од него за да стане видлив. Потоа, одберете ја алатката „Paint Bucket“ (истото ова можете да го направите и со кратенката G). Горе во опциите, наместо „Foreground“ одберете „Pattern“, а од листата која се наоѓа десно од него, одберете „Wood“. За „Tolerance“ впишете 255 и кликнете било каде на во позадина на сликата за целата таа површина магично да се претвори во дрвена маса. Секако, доколку имате некоја друга слика која мислите дека повеќе би одговарала, можете да ја вметнете како позадина наместо да ја користите оваа опција.

7

Откако ќе завршите со позиционирањето на сликичките, кликнете со десен клик во менито за леери на „Osnova“ и одберете „Merge Clipping Mask“. Направете го истото на сите „Osnova copy“ леери. Потоа, за да ги направиме белите рамки за сликите, кликнете повторно на „Osnova“ и од менито „Edit“ одберете „Stroke“. Впишете 10 px, одберете бела боја и под „Location“, селектирајте „Inside“. Повторете ја и оваа постапка за сите „Osnova copy“ леери.

5

click мај 2008 59


click/игри/xbox360_arcade

Xbox 360 Arcade Дали е време да се купи кознола? ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Microsoft www.microsoft.com ЗА И ПРОТИВ

 Достапна цена  Ексклузивна палета на игри  Нова 65-нанометарска технологија  Не вклучува хард-диск и HDMI кабел  Членарина за Xbox Live Gold ЦЕНА

• 199 евра

ЗАКЛУЧОК

lllll

Вистински погодок во однос цена/перформанси

60 click мај 2008

С

о оглед на тоа што во последно време се повеќе игри излегуваат само за играчки конзоли, можеби е време сериозно да се разгледа опцијата за преминување во конзолскиот гејминг свет. Адутите на конзолите, кои се специјално создадени за игри, стануваат се поочигледни секој ден. Еве четири очигледни причини: 1. Со играње започнувате веднаш по вклучување; 2. Не е потребна инсталација на драјвери, (нема проблеми со компатибилност, DRM); 3. секогаш можете да играте со сите подесувања на максимум; 4. Може мирно да спиете во следните 5 години бидејќи сите игри ќе ви се пуштаат без проблем. Нов момент е последното намалување на цените од 14 март. Сега поефтино чини да купите цел Xbox 360 Arcade систем отколку некоја квалитетна графичка картичка за компјутер. Новата цена е 199 евра за Xbox 360 Arcade верзијата. Оваа конзола е направена како замена за основната верзија - Xbox 360 Core. Разликата помеѓу новата Xbox 360 Arcade и Xbox 360 Premium е во тоа што не вклучува слушалки и хард-диск кои, не се неопходни за играње, а секако може да се набават и дополнително. Новитет е и чипсетот изработен во 65-нанометарска технологија кој помага во решавање на проблемите со загревањето кои ги имаше Premium верзијата и познатиот Red Ring of Death. Како резултат на тоа, конзолата е многу е потивка, а вклучува и HDMI 1.2 излез кој ќе ги израдува сопствениците

на HD телевизор. Сите игри за Xbox 360 Arcade се дизајнирани од

листа брои 453 игри, не вклучувајќи ги оние мали аркадни игри (Xbox Live

По најновите снижувања на цените, поефтино е да се купи комплет Xbox 360 Arcade конзола отколку нова графичка картица за PC самиот почеток за HD резолуција, а моменталната

Arcade games) кои можат да се симнат преку Xbox

Live онлајн сервисот. Со конзолата доаѓаат 5 аркадни игри: UNO, PacMan Championship Edition, Feeding Frenzy, Luxor 2 и Boom Boom Rocket, кои иако се забавни, ни одалеку не ја покажуваат нејзината моќност. Вклучена е и бесплатна членарина за Xbox Live Silver, кој овозможува онлајн статистики за игрите, интеграција со

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

12.400 денари

ГАРАНЦИЈА

1 година (3 години за RROD)

РЕЗОЛУЦИЈА

1280 х 720, 1920 x 1080

CPU

3.2 GHz PowerPC Tri-Core Xenon

GPU

500 MHz ATI Xenos

MЕДИА

DVD, DVD-DL, CD, (додаток, исклучен од продажба - HD DVD)

КАПАЦИТЕТ

256 MB мемориска картица (опционално 20 или 120 GB хард диск)

КОНТРОЛЕРИ

1 бежичен гејмпад (до 4 максимум, жичани или бежични)

КОНЕКЦИЈА

3 × USB 2.0, IR порта, 100Mbit Ethernet

ТЕЖИНА

3,5 КГ

ДИМЕНЗИЈА

309 x 83 x 258


click/игри/xbox360_arcade

Windows Live Messenger и Voice Chat. За мултиплеер играње и за Video Chat, мора да се има Xbox Live Gold за кој во пакетот е вклучена членарина само за еден месец, а после тоа се доплаќа претерани 3600 денари годишно. DVD драјвот кој го користи е BENQ и може да се флешува со iXtreeme v1.41 Firmware-от за да се овозможи читање и на Back-Up дискови. Ова, бидејќи се смета како неофицијален мод, не подлежи под гаранцијата. Уште една причина повеќе која оди во полза на Xbox 360 е тоа што играта GTA IV (Grand Theft Auto) ќе излезе на 29 април 2008 исклучиво за конзоли и ќе и бидат достапни додатни модови и бонус опции кои нема да се појават за PlayStation 3. Значи доколку се мислите за надоградба на вашиот компјутер чисто поради играње на игри, можеби е време да се рамисли и на оваа

XBOX 360 Arcade Комплетен ентертејмент систем

опција. Ќе имате пристап до игрите многу порано пред да излезат за PC (ако воопшто и излезат),

нема да губите многу време на инсталации, драјвери и сл., можете да играте од удобноста

Halo 3

Gears of War

е пукачка игра во прво лице, произведена од Bungie Studios ексклузивно за Xbox 360. Ова е третиот наслов во Halo серијалот кој ја завршува приказната започната во Halo: Combat Evolved и која продолжуваше низ Halo 2. Има продадено над 8.1 милиони копии.

е тактична пукачка игра во трето лице, произведена од Epic Games и издадена од страна на Microsoft Game Studios. Првите 12 месеци по излагањето беше ексклузивен наслов само за Xbox 360. Играта се одвива околку војниците на Делта сквадронот додека се борат за да го спасат човековото население на фикционалната планета Сера од немолосната Локуст орда. Продадена е во 4.5 милиони примероци.

на вашата фотеља со бежичен контролер, а во исто време компјутерот да ви биде слободен за други

Call of Duty 4: Modern Warfare е пукачка игра во прво лице, произведена од Infinity Ward и издадена од Activision за Xbox 360, PlayStation 3 и Windows. Приказната се одвива во фикционална блиска иднина каде во војна се САД, Европа и Руските лојалисти против Ултранационалистите и бунтовниците од Блискиот исток. Оружјата и возилата кои се користат се од денешно време. Овој наслов има продадено над 3.1 милиони копии.

активности или членови од семејството. l

Forza Motorsport 2 е тркачка игра произведена од Turn 10 Studios и е продолжение на оргиналната Forza Motorsport за Xbox 360 играчката конзола. Во играта се вклучени 300 различни видови на автомобили и 14 различни стази. Продадена е во 2.2 милиони примероци.

click мај 2008 61


click/прашања Интернет брзина

DVD на iPhone

Зашто мојот интернет провајдер нуди брзини до 4 мегабита, но јас никогаш немам видено брзината да оди повеќе од 300-400 килобајти во секунда?

Како да сместам DVD филм во iPhone?

Елена Петровска Интернет провајдерите обично (поради маркетинг цели) ја искажуваат брзината во мегабити или килобити во секунда, што е различно од стандардните магабајти и килобајти во секунда. Еден мегабајт всушност е еднаков на 8 мегабити. Ова е наследено од фактот што секоја информација на компјутерот е запишана користејќи само 1 и 0. На пример, буквата „А“ (која се смета ако еден бајт) е всушност „01000001“ (значи составена е од 8 бита). Така да, постигнатите 400 килобајти во секудна е одлична брзина на интернет конекција од 4 мегабита. l

Борче Кузмановски Има повеќе начини, но дефинитивно најлесниот е со бесплатниот програм Handbrake кој работи и на Mac и на PC (достапен е од http://handbrake.fr/). Овој програм има кустомизирани подесувања спестина солидно. Просечен филм од час и половина ќе зафаќа околу 1 гигабајт простор, а битно е да се напомене дека (во зависност од моќноста на машината на која се конвертира филмот) процедурата може да трае околу еден час. l

зија), не е достапна оваа опција. Се најавува дека во наредната верзија 9.0 или Windows Live Messenger 2009, ќе биде овозможено да се воспоставува гласовна конференциска врска помеѓу повеќе корисници. Сега за сега, таа опција е достапна преку Skype. Постапката за иницијализирање на гласовната конференција е иста како за воспоставувае на обичен повик, со тоа што откако ќе се воспостави конекцијата со првиот соговорник, дополнително ги вклучувате и останатите пријатели со кои сакате да разговарате. l

MSN конференција Како може да се воспостави гласовна конференција на MSN (Windows Live Messenger) помеѓу повеќе корисници? Лазе Лазаров На верзијата 8.5 од Windows Live Messenger (која е последна официјална вер-

Два монитори на лаптоп Во зависност од самиот лаптоп, ова може да биде лесна задача или нешто покомплицирана, но и во двата случаи одговорот е да. Доколку лаптопот има два излези (на пример и VGA и DVI), тогаш е лесно. Едниот монитор oде на едниот, другиот на другиот излез и останува само да се подесат сетинзите во драјверите. Доколку пак лаптопот нема два видео излези, може за него да постои Docking Station која се купува дополнително и на која обично има уште еден дополнителен видео излез. Постои и трета алтернатива која се нарекува USB видео адаптер и изгледа како сликата десно. Сепак, сите модели се ограничени со резолуцијата. Ако и лаптопот и мониторот имаат слична резолуција (пример 1280 х 1024), нема да има никаков проблем, но ако мониторот е поголем и бара поголема резолуција (од 1600 х 1200 па нагоре), тогаш квалитетот на сликата ќе биде лош. l

62 click мај 2008

Security Center Како да го тргнам икночето од таксбарот кое на секое вклучување на компјутерот ме потсеќа дека ненам инсталирано антивирус, треба да наоравам апдејт на Windows итн.? Влатко Зарлинов Од Control Panel, се избира Security Center. Во главниот прозорец од левата страна има ставка со име “Change the way Security Center alerts me”. Со притискање на таа ставка се отвора ново подпрозорче во кое има 3 точки кои се однесуваат на известување за антивирусна програма, firewall и windows update. Со отштиклирање на полињата се постигнува посакуваниот ефект за соодветната точка. l




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.