Брошура П.С.Д ,, Кадиица ’’ Пехчево

Page 1

ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКО ДРУШТВО ,, КАДИИЦА “ - ПЕХЧЕВО


Планинарско друштво ,, Кадиица “ - Пехчево е формирано во далечната 1948 година од група интелектуалци, ентузијасти и љубители на природата, а за прв претседател е избран грнчарот Јован Гугушевски. Друштвото во почетокот било доста активно со голем број на челенови и учествувало на скоро сите планинарски, меморијални и традиционални маршеви, слетови и акции, како во Р.Македонија, така и во Југославија и на целиот Балкански полуостров. Имало поериоди кога друштвото од одредени причини не било активно. Друштвото името го добило по највисокиот врв во Малешевијата Кадиица 1932 м.н.в. на планината Влаина. Така група ентузијасти, планинари и љубители на природата, на Велигден 2005 година повторно го активираа друштвото како Планинарско друштво ,, Кадиица “ Пехчево, а за претседател беше избран Марјан Митриновски, а во 2012 година друштвото е преименувано од Планинарско Друштво ,, Кадиица “ - Пехчево во Планинарско спортско друштво ,, Кадиица “ - Пехчево. Од 2005 година па наваму друштвото го организира планинарскиот марш ,, Јован Гугушевски Кадиица “.


Планинарското друштво работи интензивно за афирмација на општина Пехчево и нејзината околина, да ја претстави пред туристите и планинарите од цел свет, а се со намера да привлече што поголем број планинари, туристи и љубители на природата и да им ја претстави убавината и реткостите со кој располага истата. Друштвото брои десет активни членови. Активности на друштвото се: * Членовите на Планинарско спортско друштво ,, Кадиица “ - Пехчево редовно учествуваат на скоро сите Планинарски, Традиционални и Меморијални маршеви, како во Р.Македонија, така и во Р.Србија и Р.Бугарија, а земаат учество и на Меморијалниот планинарски маратон ,, Борис Трајковски “ со релација Струмица Скопје. Во Македонија се искачени скоро сите врвови. Неколку пати е искачен највисокиот врв на Балканскиот полуостров - Врвот Мусала 2925 м.н.в. на планината Рила, исто така неколку пати е искачен врвот Вихрен 2914 м.н.в. на Пирин планина, додека по еднаш се искачени и врвовите Митикас 2918м.н.в. на планината Олимп и врвот Триглав 2864 м.н.в. на Алпите во Словенија.


П.С.Д ,, Кадиица “ редовно учествува на планинарските маршеви во Р.Македонија и тоа: • • • •

• • •

• • • •

Планинарски марш ,, Костаке Спасов Цоцо “ - Плачковица. Планинарски марш ,, Перо Илиевски “ - село Ума - Конско на планината Кожуф. Планинарски марш ,, Томе Сутов - Кротки “ врв Двете уши на планината Кожуф. Меѓународно искачување ,, Балкан без граници “ на врв Тумба на планината Беласица. Планинарски марш ,, Пирамида и шест манастири “ - Куманово. Меѓународни планинарски средби ,, Руен “ - Осогово. Ноемвриски планинарски марш ,, По падините на Плавуш “ по повод ослободувањето на Валандово. Февруарски поход ,, Плетвар “ - Прилеп. Планинарски марш ,, Ванчо Атанасов “ - Беласица. Планинарски маратон ,, Борис Трајковски “ од Струмица до Скопје. Планинарски марш ,, Кочулиски водопади “ - Валандово.


Планинарски марш ,, Димитар Кангов - Кангата “ врв Чичикаја и врв Зелен брег Кожуф планина. • Планинарски меморијал ,, Делчо Кузмановски “ врв Караѓоз планина Серта Неготино. • Планинарски марш ,, Зрзе - Стровија “ Прилеп. • Планинарски марш ,, По патеката на Монасите “ - Пробиштип. • Планинарски марш ,, По патеката на рударите “ - Пробиштип. • Планинарски марш ,, Антонио Змајшек - Тони “ Кавадарци Кожуф планина. • Планинарски марш ,, Разловечко востание “ - Делчево • Планинарски марш ,, Испосничка патека “ - Крива Паланка • Осоговски маратон ,, Царев врв “ • Планинарски марш ,, Мариово “ - Битола • Планинарски марш ,, По патеките на Мис Стон “ - Струмица и многу други планинарски тури кои ги реализираме локално во нашата околина и тоа зимско и летно искачување на врвовите Кадиица, Ченгино кале, Требомир, Орловец, Иљов врв и Бајас тепе. •


Друштвото редовно учествува и на меѓународни акции, и тоа: • Традиционално искачување на врв ,, Островица “ во Прешево - Р.Србија. • Меѓународно искачување на ,, Врв Бесна кобила “ - Врање - Р.Србија • Меѓународно искачување на ,, Врв Чемерник “ - Сурдулица, Власинско езеро Р.Србија • Меѓународен планинарски марш ,, Власотинце “ - Р.Србија Редовно се искачуваме на врвот Мусала на планината Рила, врвот Вихрен на планината Пирин и на Црни врв на планината Витоша, во Р.Бугарија.

Планинарско спортско друштво ,, Кадиица “ - Пехчево, соработува со повеќе друштва од Македонија и тоа: П.Д. ,, Јане Сандански “ Прилеп, П.А.Е.К ,, Маратон “ Струмица, П.С.Д ,, Голак “ Делчево, П.Д. ,, Врв Плавица “ Пробиштип, П.Д. ,, Озрен “ Пробиштип, С.Р.К. ,, Поп “ Делчево, П.С.Д. ,, Кожуф “ Гевгелија,


П.Д. ,, Југ “ Валандово, П.С.Д. ,, Осогово “ Кочани, Д.П.С. ,, Лисец “ Штип, П.С.Д. ,, Кораб “ Скопје, З.П.К. ,, Серта “ Неготино, П.С.Д. ,, Китка “ Скопје, П.С.Д. ,, Бистра “ Скопје, П.С.Д. ,, Орле “ Кавадарци, П.С.Д. ,, Руен “ Крива Паланка, П.Д. ,, Куманово “ Куманово, П.А.О.К ,, Ентузијаст “ Струмица, П.С.Д. ,, Козјак “ Прилеп, П.С.Д. ,, Козјак 2013 “ Куманово, П.С.Д. ,, Солунска глава “ Велес, П.С.Д. ,, Голачка Срна “ Делчево, П.Д. ,, Плачковица “ Виница, П.С.Д. ,, Медикус “ Битола, Еколошко друштво ,, Здравец “ Македонска Каменица, ,, Вацек клуб “ Скопје и други друштва и организации. Исто така имаме успешна соработка и со друштвата од Р.Србија и тоа: П.С.Д. ,, Островица “ Прешево, П.С.Д. ,, Предејане “ Предејане, П.С.Д. ,, Мосор “ Ниш, П.Д. ,, Морич “ Власотинце, П.К. ,, Железничар 2006 “ Врање, С.П.К. ,, Власина “ Сурдулица, П.С.Д ,, Брџанка “ Алексинац, П.К. ,, Оштра чука “ Соко Бања, П.Д. ,, Тимочки дивљаци “ Зајачар, П.К. ,, Раднички “ Белград, П.К. ,, Железничар “ Алексинац и П.Д. ,, Хаџи Бедрин Исаја “ Призрен - Косово.


Успешна соработка имаме и со друштвата од Р.Бугарија и тоа: Т.Д. ,, Осогово “ Ќустендил, Т.Д. ,, Рилски турист “ Софија, Т.Д. ,, Кремиковци “ Софија, Т.Д. ,, Калабак “ Петрич, Т.Д. ,, Мургаш “ Софија и Т.Д. ,, Баир будала “ Софија.

Освен искачувањата на врвовите во моментот П.С.Д ,, Кадиица “ е во фаза на изработка и бележење на две маркирани планинарски патеки и тоа со следната маршута: Првав патека: Пехчево - Симин рид - Маџилите - Вртена скала - Јудови ливади Копана вода - Кадан бунар - Врв Кадиица 1932 м.н.в - Мандрата - Репетитор - Врв Орловец 1750 м.н.в. - Еленско блато - Рудниците - Симин рид - Пехчево во должина од 25 километри. Втора патека: Пехчево - Бараки - Равна река - Пехчевски водопади - Караула Млечна - Врв Ченгино кале 1745 м.н.в. - Клепало во должина од 25 километри.


Трета патека : Пехчево - Симин рид - Туристички локалитет Рудници каде се наоѓа Инсектојадното растение Округлолиста муволовка ,, Drosera rotundifolija “ кој е ендемичен вид и се среќава само на овој локалитет на Балканскиот полуостров. И двете планинарски патеки до крајот на мај 2015 ќе бидат уредени, видно одбележани со патокази, маркирани и ќе бидат вметнати во Европската карта на планинарски патеки. Во моментот исто така тече обука за локални туристички водачи во Општина Пехчево каде нашето друштво учествува со еден член претседателот на П.С.Д ,, Кадиица “, Марјан Митриновски, кој по завршената обука ќе се стекне со Сертификат за локален туристички водич.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.