Отчет 365 дела

Page 1

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

365/ДЕЛА

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски во првите 365 дена од мандатот


СТРАНА 2

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

Почитувани граѓани, драги пријатели Во изминатите месеци покажавме дека за нас програмата не е обично парче хартија, за нас програмата е наш завет и суштина на нашето постоење. Периодот што следуваше, по добивањето на мојот мандат и официјално започнавме со рализација на новата програма која во следните три години ќе придонесе за развој на локалната самоуправа според Вашите приоритети кои се наша обврска. Резултатите постигнати во изминатиов период претставуваат задоволство, но и одговорност. Три работи беа мојот врвен приоритет во првите месеци: континуитет на сите замислени проектни идеи; приоритетна динамика на почеток на реализација на планираните проекти со новата програма и остварување на ветените дела. Реализирани се многу проекти за првите месеци од мојот мандат, но реализирани се и проекти кои произлегоа како предлог од граѓаните и проекти кои се укажаа како можност од разни владини фондови. Токму затоа, продолжуваме со нашиот континуитет кој подразбира изработка на нови проекти секој ден и неуморно, со голема посветеност работиме на реализацијата на сите зацртани проекти кои ќе овозможат напредок во сите свери на нашето живеење. Огромно е задоволството, кога на терен Вашата искреност го потврдува нашиот успех. Нашите ветувања подразбираат резултати, а тие се насочени кон реализација на проекти за економски развој на нашата општина и подобри инфраструктурни услови. Мојата заложба во првите месеци беше, отворање на нови работни места, намалување на невработеноста, се градеа нови патишта, атмосферски и канализациони линии, инвестиравме во младите и образованието, во културата, во спортот, животната средина и во урбаното живеење на граѓаните. Имаме уште многу проекти и многу работа. Благодарение на Вашата доверба продолжуваме заеднички да ја градиме нашата и иднината на новите генерации. Во духот на нашите заложби за транспарентност и отчетност, пред Вас, со гордо крената глава излегувам со овој Отчет, во кој точно се наведени проектите кои се започнати и реализирани во првите месеци од добивањето на мојот мандат. Градоначалник на општина Пехчево Игор Поповски

www.pehcevo.gov.mk


Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

СТРАНА 3

ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ ВО С. ЧИФЛИК ( I ФАЗА ) Завршија градежните работи за изградба на колекторски систем во с.Чифлик – Пехчево. Инвестицијата е вредна околу 5.882.143 денари, а се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој 5 милиони денари, додека општината Пехчево учествува со 15 % од вкупната вредност односно со 882.143 денари. Целокупниот проект го имплементира Центарот за развој на Источниот плански регион, а изведувач е СД Транс – Делчево.

Наредната година ќе биде завршена целосната изградба на колекторскиот систем.


СТРАНА 4

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

ЌЕ СЕ ИЗВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДОИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ ВО С. УМЛЕНА И С. РОБОВО

Проектот „Реконструкција на канализацискиот систем во с. Умлена и доизградба на канализацискиот систем во с. Робово“, доби најголема поддршка од граѓаните на општината кои учествуваа на ФОРУМОТ ЗА ВОДИ, во рамки на повикот за мали инфраструктурни проекти за управување со речниот слив на р. Брегалница. Проектот за управување со речниот слив на Брегалница е финансиски поддржан од страна на Државниот секретаријат за економски работи (SECO) на Швајцарската конфедерација и има за цел изработка на одржлив и опширен план за водените ресурси на втората по големина река во Македонија. Швајцарската влада во имплементација на малите инфраструктурни проекти ќе учествува со максимум 50.000 швајцарски франци или 83,2 %, додека општината Пехчево треба да учествува со минимум 16,7 % од вредноста на инвестицијата. Имплементацијата на овој проект ќе започне во текот на вториот квартал на 2014 година.

АДАПТАЦИЈА НА ФИЛТЕР СТАНИЦАТА ВО ПЕХЧЕВО Преку проектот Општински стратегии за климатски промени – проект на УСАИД, кој го имплементира Милиеуконтакт Македонија, а којшто се спроведува во општината Пехчево од страна на Центарот за лековити билки и шумски плодови Амброзија, обезбедени се средства од 20.000 долари за докомплетирање односно адаптација на филтерстаницата од последиците на климатските промени што вклучува опремување на лабораторија и монтирање на регулаторни вентили. Со тоа Пехчево го реши проблемот со чиста вода за пиење.

www.pehcevo.gov.mk


Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

СТРАНА 5

ФИНИШИРААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ПЕХЧЕВО Во завршна фаза е изградбата на градскиот плоштад во Пехчево. Проектот „Изградба на плоштад и уредување на околниот простор“ во Пехчево доби најголема поддршка од граѓаните кои учествуваа на Форумот во заедницата што за прв пат се организира во општината Пехчево. Граѓаните гласаа за 4 предложени проекти, од кои најмногу гласови доби проектот „Изградба на плоштад и уредување на околниот простор“. Проектниот фонд на Форумот во заедницата изнесува 4.8 милиони денари, а се обезбедени со подеднакво учество на донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка и општината Пехчево, а по иницијатина на градоначалникот на општината Пехчево, од буџетот на општината се издвоени и плус 3 милиони денари за уредување на фасадите во дел од централното градско подрачје и за изградба на нов паркинг-простор, во близина на градскиот плоштад.


СТРАНА 6

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ПЕХЧЕВО - НЕГРЕВО Во должина од 1594 m и ширина од 3,5 m, завршена е целосната реконструкција на локалниот пат на потегот од регионалниот пат R 523 Пехчево - Делчево, кон селото Негрево. Извршено е проширување и поставена е нова асфалтна лента, што опфаќа поставување на асфалтен слој БНС 16-А во должина од 1594 метри, со ширина од 3,5 метри, изградба на банкини од двете страни на коловозот и канавки за прифаќање на атмосферските води. Вредноста на целокупниот проект изнесува 4.128.302 денари, а овие средства од страна на општината Пехчево се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во рамките на Проектот за рехабилитација и подобрување на локалните патишта.

www.pehcevo.gov.mk


Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

СТРАНА 7

ИЗГРАДБА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КОН СЕЛО РОБОВО Проектот е финансиран со средства од Европската банка од околу 4 милиони денари. Направено е проширување и поставување на нова асфалтна лента на потегот од регионалниот пат Р - 1304 (R 523) Пехчево - Берово - Виница, кон селото Робово, во должина од 1500 метри, со ширина од 3,5 метри. Извршено е проширување и рехабилитација и поставена е нова асфалтна лента.


СТРАНА 8

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ДО УЛИЦАТА МИРЧЕ АЦЕВ

Согласно со Програмата за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура, општината Пехчево започна да ја подобрува состојбата на патиштата во општината. Во насока на остварување на таа цел, завршено е уредувањето на пешачката патека која води до улицата „Мирче Ацев“ во должина од 60 метри и ширина 6 метри, додека средствата се издвоени од буџетот на општината.

ИЗГРАДБА НА ПЕШАЧКА УЛИЦА Градежните работи се завршени на пешачката улица која ги поврзува булеварот „Борис Кидрич“ и ул. „Киро Медарски“. Улицата е во должина од 55 метри и ширина од 3,5 метри, уредена е со бекатон-плочки, додека средствата за изградба се обезбедени од буџетот на општината предвидени со годишната програма за одржување на патната мрежа во градот.

www.pehcevo.gov.mk


Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

СТРАНА 9

САНАЦИЈА НА УДАРНИТЕ ДУПКИ НИЗ УЛИЦИТЕ ВО ПЕХЧЕВО

Се санираа најоштетените дупки низ улиците во Пехчево. Сите улици се санираат благодарение на залагањето на градоначалникот на општината Пехчево. Активностите на терен ги спроведува екипа ангажирана од локалната самоуправа.

САНАЦИЈА НА УДАРНИТЕ ДУПКИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р - 523 ПЕХЧЕВО - ДЕЛЧЕВО Регионалната патна инфраструктура во општината Пехчево почна да се подобрува со асфалтирањето на ударните дупки на регионалните патни правци. Како дел од редовните работни задачи и обврски, Јавното претпријатие „Македонија пат“ започна со подобрување на регионалната патна инфраструктура во општината Пехчево. Се санираат ударните дупки на регионалнот патен правец Пехчево - Делчево.

ПРОБИВАЊЕ НА ПРИСТАПНИ ПАТИШТА ВО СЕЛСКИТЕ НАСЕЛБИ

Станува збор за пробивање на патишта кои се од огромно значење на месното население, во целата општина. Иницијативата е на жителите од сите месни заедници, а реализацијата и средствата се обезбедени од буџетот на општината.


СТРАНА 10

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

НОВО МУЛТИНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ПЕХЧЕВО Заврши изградбата на новото мултинаменско игралиште, како дел од програмата на Агенцијата за млади и спорт „Изградба на 100 игралишта“. Игралиштето е наменето за фудбал, ракомет и за кошарка. Игралиштето е асфалтирано, оградено и осветлено. Инвеститор на целиот проект е Агенцијата за млади и спорт, а изведувач е ПСТ-холдинг.

ОСВЕТЛЕНО И ОГРАДЕНО ИГРАЛИШТЕТО ВО СЕЛО ПАНЧАРЕВО Станува збор за осветлување и оградување со жица на локација која опфаќа фудбалско мини-игралиште и кошаркарско игралиште во селото Панчарево. Овој проект е по иницијатива на месното население, а средствата се обезбедени од локалната самоуправа.

www.pehcevo.gov.mk


Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

СТРАНА 11

НОВ ИЗГЛЕД НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ’’ Заврши уредувањето на фасадата на Домот на културата ,,Јане Сандански’’, како дел од централното градско подрачје, околу градскиот плоштад. Овој проект опфаќа обновување и ново боење на фасадите. Во оваа фаза исто така е изведено крпење на отпаднати делови од фасадите, со што истите се поправени, по што следеше поставување на нов слој боја.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ПОГРАНИЧНИОТ РЕГИОН МЕЃУ ОПШТИНИТЕ ПЕХЧЕВО И СИМИТЛИ

Општината Пехчево успешно го реализираше проектот „Заеднички истражувања со цел апликативна примена во зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли’’. Општините Пехчево и Симитли ќе ги превенираат природните катастрофи на територијата на двете општини во прекуграничниот регион со површина од 800 км2 , со користење на високотехнолошки информациски технологии, ГИС, ГПС и сателитски податоци, како и со зајакнување на капацитетите на засегнатите страни. Исто така, двете општини ќе работат на зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина. Вкупниот буџет на проектот е 99.250 евра, а финансиран е преку ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Бугарија.


СТРАНА 12

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

ВО РАМКИ НА ОЈУДГ “7-МИ СЕПТЕМВРИ” ПЕХЧЕВО ЗАПОЧНА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ДЕТСКИ ЈАСЛИ

Како резултат на успешно завршениот процес за избор на општината Пехчево за учество во Програмата за општинско корисна работа и спроведување на Јавниот оглас за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата за општинскокорисна работа, соодветно на претходно потпишаниот Договор за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општината Пехчево, во рамки на ОЈУДГ „7-ми Септември“ Пехчево започна функционирањето на детски јасли. Започнувајќи од 01.11.2013 година како резултат на почетокот на имплементацијата на Програмата за општинско корисна работа во општината Пехчево во рамки на проектот Промовирање на одржливи вработувања II и поддршка на Владата на РМ во спроведувањето на Оперативниот план за активни мерки на пазарот на труд за 2013 година, во општината Пехчево започна да се спроведува проектот „Детски јасли - нови социјални услуги во општината Пехчево“. Проектот претставува материјализација на евидентираната повеќегодишна потреба за воведување на услуга-детски јасли при ОЈУДГ “7-ми Септември” Пехчево. Почетокот на проектот беше одбележан со отворање на реновираните простории на детските јасли во детската градинка во Пехчево од страна на градоначалникот на општината Пехчево, Игор Поповски, и директорката на ОЈУДГ „7-ми Септември“ Пехчево, Гордана Вазлиска, во присуство на родителите и децата запишани во детските јасли, претставници на МТСП и АВРМ, како и вработените и ангажираните лица во детската градинка во Пехчево. Проектот „Детски јасли - нови социјални услуги во општината Пехчево” е дел од Стратегијата за социјално вклучување, социјална заштита и намалување на сиромаштијата во општината Пехчево 2011-2015, во насока на пошироките заложби на општината за континуирано унапредување на квалитетот на живот, а со тоа и на социјалните услуги во општината Пехчево.

www.pehcevo.gov.mk


Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

СТРАНА 13

10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД АФПЗР ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија на општината Пехчево оваа година за реализација на три проекти и додели 10 милиони денари, со кои ќе се подобрува инфраструктурата во дел од населените места во општината. Со средства од програмата за развој на руралните средини, во општината Пехчево ќе се градат улици во селата Умлена, Чифлик и Негрево, во должина од 1 км, ќе се гради резервоар во селото Панчарево и ќе се уредува паркот Езерце во градот. Градоначалникот на општината Пехчево, Игор Поповски, ги потпиша договорите со Агенцијата за финансиска подршка на РМ, а веќе идната година овие проекти ќе се реализираат на територијата на општината, додека за реализација на овие проекти, општината, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, доби средства од 10 милиони денари или околу 160 илјади евра, што за нас како општина во развој, се средства кои се од големо значење за развојот.

БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ КЛУБ Бесплатен Интернет-клуб – целосно е опремен новиот бесплатен Интернетклуб, кој деновиве ќе биде пуштен во употреба. Клубот е дел од проектот на Владата за отворање на бесплатни Интернет-клубови низ републиката.


СТРАНА 14

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

ФЕТСИВАЛ НА ДУВАЧКИ ОРКЕСТРИ ПЕХЧЕВО 2013

Во чест на празникот Павловден, општина Пехчево традиционално го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Оваа година Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013, се одржa во Пехчево, од 10 до 13 јули 2013 година. Фестивалот се организира како дел од активностите за прославување на празникот на градот – Павловден и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација. Како дел од активностите за прославување на Павловден, на 13.07.2013 година се одржa и традиционалниот Етно саем – Пехчевски Павловден на кој ќе се претстават произодители на традиционална храна и ракотворби. Организирањето на ,, Пехчевски Павловден ,, ќе овозможи промоција и презентација на традиционална храна, домашни ракотворби и занаети, не само од Пехчевскиот крај туку од цела Македонија. Оваа манифестација се организира во Пехчево веќе по четврти пат и секоја година има се повеќе заинтересирани учесници. Конечно фестивалот прерасна во голема традиционална манифестација со која можеме да се пофалиме со посетеноста, учесниците и медиумите.

www.pehcevo.gov.mk


Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

СТРАНА 15


СТРАНА 16

Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево во првите 365 дена од мандатот

Ɉɩɲɬɢɧɚ ɉɟɯɱɟɜɨ Oпштина Пехчево ул. Борис ɭɥ. Ȼɨɪɢɫ ɄɢɞɪɢʅКидриќ ɛɪ.8 бр.8 тел. 033/441-321 ɬɟɥ. 033/441-321 факс.033/441-321 ɮɚɤɫ.033/441-321 е-mail.opstina_pehcevo@t-home.mk e-mail. opstina_pehcevo@t-home.mk e-mail.gradonacalnik_pehcevo@yahoo.com е-mail.gradonacalnik_pehcevo@yahoo.com www.pehcevo.gov.mk www.pehcevo.gov.mk

ТРИ УЛИЦИ ВО ДОЛЖИНА ОД 3 КИЛОМЕТРИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО ПЕХЧЕВО Три улици во должина од 3 километри ќе се градат во Пехчево преку проектот на Владата и Светската банка. Станува збор за две улици во с. Панчарево и една во с. Робово. Mинистерот за финасии Зоран Ставревски и градоначалникот Игор Поповски го потпишаа договорот, а висината на проектот за изградба на улиците е 7,7 милиони денари. Рокот на отплатата е 13 години со тригодишен грејс период.

www.pehcevo.gov.mk

ɈɉɒɌɂɇȺ ɉȿɏɑȿȼɈ www.pehcevo.gov.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.