Отчет 100 дена pdf

Page 1

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

ОТЧЕТ 100 - ДЕНА ОД РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Игор Поповски


Страна 2

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Почитувани граѓани, Периодот што следуваше, по добивањето на мојот мандат, вредно и неуморно работев на исполнување на дадените ветувања, нејзиното исполнување беше мојата основна водилка. Реализирани се многу проекти за првите 100 дена од мојот мандат, но реализирани се и проекти кои произлегоа како предлог од граѓаните и проекти кои се укажаа како можност од разни владини фондови. Мојата заложба во првите 100 дена беше, отворање на нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на патната инфраструктура, со изградба, реконструкција и рехабилитација на локални улици и патишта, изградба на фекална канализација со пречистителни станици, вложување во образованието, промоцијата на спортот и инвестирање во обезбедувањето услови за спорт и рекреација се проектите кои се започнати или завршини во овој период. Цврсто верувам дека со овој нов начин на работа успеав и постигнав видливи резултати. Верувам дека и во периодот што е пред нас заедно ќе делиме уште многу животни искуства, радувајќи се заедно на успесите на нашата општина, но и убеден сум дека поддршката на Владата и премиерот Никола Груевски и од страна на граѓаните на Пехчево во вистинските моменти нема да изостане. Ветувам дека, Пехчево ќе стане современ град и со својот економски и севкупен развој ќе биде вистински репрезент на погранична општина,која ќе ја шири соработката со соседите. Заминувањето на печалба ќе го сопрам со осовременување на постоечките индустриски зони и изградба и отварање на нова технолошко развојна индустриска зона, каде своја перспектива ќе најдат нашите и странските бизнисмени Пред вас, со гордо крената глава излегувам со овој Отчет, во кој точно се наведени проектите кои се започнати и реализирани во првите 100 дена од добивањето на мојот мандат.


ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Страна 3

Изградена нова пешачка патека до улицата Мирче Ацев

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура, општина Пехчево започна да ја подобрува состојбата на патиштата во општината.Со таа цел заврши уредувањето на пешачката патека која води до улицата ,, Мирче Ацев ’’, во должина од 60 метри, а ширина 6 метри, додека сретствата се издвоени од Буџетот на Општината.

Изградбата на локалниот пат Пехчево - Негрево

Во должина од 1594 m и ширина од 3,5 m, завршена е целосната реконструкција на локалниот пат на потегот од регионалниот пат R 523 Пехчево - Делчево, кон селото Негрево. Извршено е проширување и поставена е нова асфалтна лента, која според проектираните параметри станува збор за поставување на асфалтен слој БНС 16-А во должина од 1594 метри, со ширина од 3,5 метри, изградба на банкини од двете страни на коловозот и канавки за прифаќање на атмосферските води. Вредноста на целокупниот проект изнесува 4.128.302 денари, а овие средства од страна на општина Пехчево се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во рамките на Проектот за рехабилитација и подобрување на локалните патишта.


Страна 4

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Изградба на пешачка патека

Завршени се градежните работи на пешачката улица која ги поврзува булеварот Борис Кидриќ и ул. Киро Медарски. Улицата е во должина од 40 метри и ширина од 3 метри, уредена е со бехатон плочки, додека средствата за изградба се обезбедени од буџетот на општината предвидени со годишната програма за оддржување на патната мрежа во градот.

Изградба на пешачка улица

Градежните работи се завршени на пешачката улица која ги поврзува булеварот Борис Кидриќ и ул. Киро Медарски. Улицата е во должина од 55 метри и ширина од 3,5 метри, уредена е со бехатон плочки, додека средствата за изградба се обезбедени од буџетот на општината предвидени со годишната програма за оддржување на патната мрежа во градот.


ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Страна 5

Санација на ударните дупки низ улиците во Пехчево

Се санираат најоштетените дупки низ улиците во Пехчево. Сите улици се санираат благодарение на залагањето на градоначалникот на општина Пехчево. Активностите на терен ги спроведува екипа ангажирана од локалната самоуправа.

Санација на ударните дупки на регионалниот пат Р - 523 Пехчево - Делчево

Регионалната патна инфраструктура во општина Пехчево почна да се подобрува со асфалтирањето на ударните дупки на регионалните патни правци. Како дел од редовните работни задачи и обврски, Јавното претпријатие „Македонија Пат“ започна со подобрување на регионалната патна инфраструктура во општина Пехчево. Се санираат ударните дупки на регионалнот патен правец Пехчево - Делчево.


Страна 6

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Започна изградбата на градски плоштад

Главна цел на овој проект е современ изглед на централното градско подрачје и придонес кон поквалитетен живот на граѓаните од целата општина. Проектот ,, Изградба на плоштад и уредување на околниот простор ’’ - Пехчево, доби најголема поддршка од граѓаните кои учествуваа на Форумот во заедницата . Проектниот фонд на форумот во заедницата изнесува 5.3 милиони денари, а се обезбедени со подеднакво учество на донаторот Швајцарската агенција за развој и Општина Пехчево. Целокупната реализација со градежните работи треба да финишираат до почетокот на Септември.

Пробивање на пристапни патишта во селските населби

Станува збор за пробивање на патишта кои се од огромно значење на месното население, во целата општина. Иницијативата е на жителите од сите месни заедници, а реализацијата и средствата обезбедени се од Буџетот на општината.


ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Страна 7

Нов изглед на домот на културата ,, Јане Сандански ’’

На иницијатива на градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, започна уредувањето на фасадата на домот на културата ,, Јане Сандански ’’, како дел од централното градско подрачје, околу градскиот плоштад. Овој проект опфаќа обновувањето и ново боење на фасадите, Во оваа фаза исто така ќе биде изведено крпење на отпаднати делови од фасадите, со што истите ќе се поправат, по што ќе следи поставување нов слој на боја.

Уредување на јавните површини низ општината

Со работна акција на екипа ангажирана од локалната самоуправа, спроведена е акции за чистење на диви депонии, кастрење на гранките на дрвјата, миење на улиците, косење на тревата, интервенции во насока на подобрување на водоснабдувањето, чистење на коритото на рекакта Писа, бојадисување на канделабрите, чистење на водопадите на туристичката населба Равна река и слично. Оваа акција беше реализирана по иницијатива на градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.


Страна 8

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Продолжи со изградбана мултинаменско игралиште

Продолжи изградбата на новото мултинаменско игралиште, како дел од програмата на Агенцијата за млади и спорт ,, Изградба на 100 игралишта ’’. Игралиштето ќе биде наменето за фудбал, ракомет и за кошарка. До крајот на месец јули, игралиштето ќе биде асфалтирано, оградено и осветлено. Инвеститор на целиот проект е Агенцијата за млади и спорт, а изведувач е ПСТ холдинг.

Осветлено и оградено игралиштето во село Панчарево

Станува збор за осветлување и оградување со жица на локација која опфаќа минифудбалско игралиште и кошаркарско игралиште во село Панчарево. Овој проект е по иницијатива на месното население, а средствата се обезбедени од локалната самоуправа.


ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Страна 9

Чистење на коритата на реките во селата Умлена и Робово

Се чистеа рачно и машински коритата на реките во селата Умлена и Робово. Ги чистеа екипи ангажирани од страна на локалната самоуправа и екипа од јавното комунално претпријатие Комуналец - Пехчево. Исчистени се наноси на земја, комунален отпад и градежен шут. Искастрена е и исечена е нискостеблестата и високостеблестата вегетација низ коритата и во негова непосредна близина.

Поставени контињери во сите селски населби во општината

Поставени се над 20 контињери во сите селски населби во општината. Контињерите се обезбедени од страна на општината и поставени се на соодветни места .


ОПШТИНА ПЕХЧЕВО У Л . Б ОРИС К ИДРИЧ БР .8 2326 П ЕХЧЕВО Т ЕЛ .033/441-321 E - MAIL : OPSTINA _ PEHCEVO @ T - HOME . MK WWW . PEHCEVO . G OV . MK


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.