Карпош Урбан бр.13

Page 8

Карпошово востание, каде што беше извршена реконструкција на топловодот од страна на АД „Топ­ лификација“, па ни остана тој да го ре­ кон­ струираме. Исто така, е потебна рекон­ст­рук­ција на улицата Манапо, таа е улица која ги по­вр­зува двата булевари Партизански одреди и Илин­ ден. Таа е градска улица, но бидејќи тука се наоѓа го­лемиот трговски центар „Скопје сити мол“ кој сè уште е во градба има голем промет на тешки то­вар­ни возила и во интерес на граѓаните, ние мораме са­мите да интервенираме и да ја реконструираме и таа улица. ул. „Бриселска“

УЗ „Карпош 4“

- Во УЗ „Карпош 4“ минатата година се на­пра­ве­ ни на­вистина многу зафати, останаа само улиците Во­­ден­ска и дел од Разловечко востание. Овие улици ќе ги реконструираме оваа година и со завршување на двата паркинга на улицата Вич, во тој дел од Карпош 4 ќе бидат завршени сите ра­ бо­ти. Отворени сме за барањата на граѓаните за од­ дел­ни патеки, ако постои можност за проширување на дел од тротоарите, но мислам дека Карпош 4 е ре­конструирана темелно и нема да има потреба од не­кои капитални зафати.

УЗ „Тафталиџе 2“

ул. „Његошева“

- Во УЗ „Тафталиџе 2“ лани рекон­стру­и­рав­ме доста улици. За оваа година ни останаа само два крака од улицата Његошева, реконструкција и ас­ фалтирање на улиците Бриселска, Будим­пеш­тан­ска и Осло. Меѓутоа, претходно, на улиците Бу­ димпештанска и Осло треба да се изгради ат­мо­ сферска канализација. За таа цел се изготвени про­ ек­ти, со тоа што овие канализации ќе бидат повр­за­ ни со атмосферската канализација која ќе биде изве­ дена долж улицата Московска до основното учи­лиште „Братство“. Со овие неколку интер­вен­ ции, населбата Тафталиџе 2 годинава планираме це­лосно да ја завршиме.

УЗ „Тафталиџе 1“

ул. „Будимпештанска“

ул. „Осло“

8

Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош

- Во УЗ „Тафталиџе 1“ оваа година ќе ги рекон­ стру­ираме и ќе ги асфалтираме улиците Прашка и Па­риска. Во УЗ „Владо Тасевски“ за годинава ни ос­ та­на асфалтирање на улицата Каирска. Тоа можевме да го сториме и лани, но на барање на граѓаните, кои чекаат промена на водоводните цевки кои се кан­церогени со нови, еколошки, ќе чекаме потоа да ја завршиме започнатата реконструкција, по ком­ пле­тирање на подземната инфраструктура. Ќе се ас­фалтира и Багдадска, дел од Алжирска, Каирска, како и пробивање на улицата Борка Талески. За улицата Борка Талески се изготвени проекти за атмосферска, фекална и водоводна мрежа, како и за ново улично осветлување.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.