Центар 2013 - 2017

Page 126

Хуманитарни забави ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со повеќе локали во Скопје веќе неколку години организира многу успешни хуманитарни забави за оние на кои им е најпотребно. На забавите присуствуваа голем број хумани граѓани и донираа со цел да придонесат заедно да подариме насмевки на многу лица. Големо е задоволството на ЈП ПОЦ што преку организирање на вакви акции придонесе во подигање на јавната свест за поголема хуманост, бидејќи голем број на здруженија, институции и поединци секојдневно се вклучуваат да помогнат и преку разни хуманитарни акции да собираат средства за помош на социјално загрозени семејства и за лекување на многу дечиња. ЈП Паркинзи на Општина Центар, исто така, е поддржувач и учесник во многу крводарителски акции организирани од различни организации, хуманитарни турнири и слични настани кои имаат за цел да помогнат да се спаси нечиј живот. Хуманата мисија на ЈП ПОЦ ќе продолжи и понатаму.

Хуманитарна акција за помош на поплавените Поради сериозноста на последиците од невремето коешто го зафати скопскиот регион, а заради учество во превенција и справување со кризи, ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар-Скопје на 08.08.2016 година закажа вонредна седница на органите на управување на којашто беше донесена соодветна Одлука за доделување на парична и нематеријална помош за оние на кои им беше најмногу потребна- жртвите од природната непогода.

124|125

Воедно, дел од деловните простории беа ставени во функција на сместувачки капацитети за згрижување на луѓето од кризните региони. Во согласност со својата надлежност, ЈП Паркинзи на Општина Центар-Скопје одбезбеди и соодветни капацитети за користење на паркинг места во Катната гаража „Судска палата“ за чување на автомобилите во сопственост на граѓаните од кризните региони, со цел спречување на дополнителни материјални штети. Дополнително, тие неколку дена претпријатието испрати и свои екипи за помош на терен во најзагрозените подрачја. ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори и пункт за донации за настраданите во поплавите од загрозените подрачја во скопскиот регион, каде граѓаните имаа можност да донираат храна, средства за лична хигиена, вода, лекови и сличен вид на соодветна помош кои беа транспортирани до оние на кои најмногу им беше потребна помош.

Поддршка за КК Работнички ЈП ПОЦ од 2013 година до денес го помага Кошаркарскиот Клуб Работнички, како еден од најтрофејните клубови во Македонија. Исто така, со помош на спонзори-пријатели, опремени се салата на КК Работнички, купена е најнова спортска опрема за кошаркарите, набавени се помошни реквизити и слично.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.