Page 1

1


Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | | Меѓународна соработка | Центарски скверови | | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓуна| Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност родна соработка | во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот |

Зелен центар

Реконструирани улици

Безбедност во сообраќајот

Младите во Центар

Развој на културата

Грижа за возрасните

Современи детски игралишта

Реконструирани улици

Развој на културата

Енергетски-ефикасни фасади

Реконструирани улици

Центарски скверови

Хумана општина

Чисти јавни површини


Издавач: Општина Центар За издавачот: Градоначалник Андреј Жерновски Фотографија: Томислав Георгиев Фотографија на корица: градинка „Кочо Рацин“ Лектор: Силвана Блажева Дизaјн: КОМА


Општина Центар Скопје, 2017


СОДРЖИНА: 6

ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

9

МОДЕРНИ УСЛОВИ ЗА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ

45

ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

75

СОВРЕМЕНИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА

81

РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ

103 ЦЕНТАРСКИ СКВЕРОВИ 111 ЕНЕРГЕТСКИ-ЕФИКАСНИ ФАСАДИ 121 БЕСПЛАТНО И ЕФИКАСНО ПАРКИРАЊЕ 127 БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ 131 ЧИСТИ ЈАВНИ ПОВРШИНИ 137 ПОДДРШКА ЗА СПОРТОТ


МЛАДИТЕ ВО ЦЕНТАР 153 ГРИЖА ЗА ВОЗРАСНИТЕ 161 ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ 167 ХУМАНА ОПШТИНА 173 МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 179 РАЗВОЈ НА КУЛТУРАТА 189 ДРУГИ ПРОЕКТИ 221 СЕРТИФИКАТ ЗА КВАЛИТЕТ ИСО 9001-2008 233 СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР 234 ЛЕГАЛИЗИРАНИ ГРАДБИ 235 РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ 2014 236


Почитувани сограѓани, драги пријатели Изминатите четири години беа најтешките и најубавите во мојот живот. Во ниеден момент не можев да заборавам на моите сограѓани кои три круга, со целиот ризик, излегуваа да гласат за мене и за нас. Во овој мандат, кој по ништо не беше вообичаен, направивме добри работи. Со сите опструкции, блокади, сопки и со нула денари поддршка од централната власт, успеавме да се издигнеме над ситуацијата, да останеме чесни, храбри, да работиме со љубов и со посветеност. Работејќи со и за граѓаните, сфатив колку малку знаеме едни за други и ги научив крајностите во нашето општество, неговите најубави и најгрди страни. Тешко е во поларизирани средини да се остане еднакво добар за сите, но мојата благодарност е насочена кон сите граѓани: како кон оние што ме поддржуваа, така и кон оние што имаа забелешки за моето работење. Центар не беше како секоја друга општина, таа го носи товарот на проектот „Скопје 2014“ и практиката граѓаните да не бидат прашувани за ништо. Така, шансата да ја водам Општината стана моја одговорност да ја променам оваа практика и да го вратам долгот кон сите што ми ја дадоа довербата. Работевме на проекти создадени да одговорат на заедничките потреби, вложувавме во сите сегменти што се важни за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, на подобрување на инфраструктурата и на

животната средина. Нашите планови и програми за креирање Општина на сите граѓани не беа кабинетски производ, туку резултат на нашата постојана комуникација и средби со граѓаните. Само така можеше да им се застане на патот на агресивната дехуманизација и комерцијализација на Центар, а да се вратат одмереноста и пристојноста во заедничкиот простор за живеење. Агресивната централна власт не сакаше да сфати и да прифати дека нејзините бизнис- интереси нема веќе да добијат „бланко-потпис“ за натамошно обезличување на Центар. На 25 април 2013 година, нè пречекаа запуштени зелени површини, руинирана инфраструктура, запоставено образование, општина на споменици и празна каса. Наредните месеци главни гости ни беа инспекторите праќани од центарот на моќта, кои беа уверени дека со замки и казни ќе нè сопрат во намерата да работиме напорно, одговорно и посветено. Иако само во првиот месец имавме трипати повеќе инспекции отколку што мојот претходник имаше за целиот негов мандат, иако бевме постојано изложени на хајка во режимските медиуми, успеавме да изградиме нова градинка по 42 години, и да го градиме најсовременото училиште во државата по цели 47 години. Реконструиравме 78.000 м2 зелена површина, ги наградивме заслужните, вложивме во спортот, им подадовме рака на сите на кои им беше неопходна, на социјално загрозените и на возрасните лица. Како што ветивме, веднаш побарав ревизија на проектот „Скопје 2014“ и таа покажа многубројни прекршувања на законот и безмилосно трошење на парите на граѓаните. Нападот на Општината, за кој сè уште никој не е казнет и кој само по игра на случај и со присуството на дипломатите не заврши со жртви, не нè спречи да инвестираме


во иднината наместо во минатото. Наместо да градиме општинска зграда, ја изградивме најубавата градинка во Македонија. Наместо барокна катна гаража, го градиме најголемото и најмодерното училиште во државата. И тоа не е сè. Допрва се загреваме, бидејќи сме решени не само да правиме општина по мерка на граѓаните, туку центар на сите случувања и најубава општина во Македонија. Наредните страници, преку вашите и нашите фотографии, ќе потврдат дека бевме заедно во намерата да направиме социјално одговорна Општина со квалитетен живот, во која архитектурата и урбанизмот се простори за културно помнење и за ново читање на

нашиот простор за живеење. Обврзани сме да продолжиме и да ги завршиме започнатите проекти, но и да осмислиме нови програми за поттикнување забрзан развој на Општината. Работевме со многу љубов и искреност, а тоа може да го потврдам и за секој член од нашиот тим. Хуманоста, добронамерноста, љубовта и посветеноста секогаш ќе ги победат алчноста, лагите и опструкциите. Со цело срце верувам во тоа. Со таа мисла одам и гледам напред заедно со секој жител на нашата Општина. Успеавме затоа што огнот што гореше во нас беше посилен од огнот што гореше околу нас.

Ви благодарам! Андреј Жерновски

6|7


Модерни услови

ЗА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Најголем симбол на иднината се децата, а најдобар начин таа иднина да биде сигурна и плодна е образованието. Затоа Општината постојано инвестира во најдобри услови за образование. Потврда за приоритетот што Центар му го дава на образованието е фактот дека средствата за нова општинска зграда ги пренасочивме за изградба на новата градинка „Кочо Рацин“. Во нашиот мандат првпат воведовме награди и стипендии за најдобрите наставници и ученици. Изградбата на ново основно училиште, прво по 47 години во Центар, ги потврдува нашите заложби децата да учат во услови што одговараат на времето во кое живееме.

ff НОВА ГРАДИНКА – ПРВПАТ ПО 42 ГОДИНА ff НОВО УЧИЛИШТЕ – ПРВПАТ ПО 47 ГОДИНИ


„КОЧО РАЦИН“

Градинка убава како дома! ПРВА ГРАДИНКА ОБНОВЕНА ОД ТЕМЕЛ ТРИПАТИ ПОГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ ОД СТАРИОТ ОБЈЕКТ

2.800 м2

КАПАЦИТЕТ: 250 ДЕЦА „Кочо Рацин“ претставува комбинирана детска установа, чија големина и услови овозможуваат комфорно сместување и грижа за околу 250 деца, сместени во осум групи и три јасли. Во неа децата добиваат максимално безбеден и забавен простор. Се потрудивме материјалите што се вградени во објектот, преку изборот на нивните карактеристики, структура и соодветни бои, да создадат здрава средина и пријатна атмосфера. Распоредот на просториите е направен со цел да биде максимално искористен. Поделени се по возрасни групи, простории за заеднички активности, простории за комуникација, за стручен кадар, административни простории и економско-технички простор.


ТОПЛО КАКО ДОМА Прва градинка со топловодно подно греење со сензори и одлична топлотна изолација, што овозможува децата постојано да уживаат во идеална температура МАКСИМАЛНА БЕЗБЕДНОСТ Со цел да им се овозможи максимална сигурност на децата, градинката ги задоволува сите стандарди за безбедност и има гарантирана противпожарност од 180 минути. ПОСТОЈАН ПРИСТАП ДО МЕДИЦИНСКА НЕГА Во градинката има и стручно медицинско лице што е постојано присутно, со цел на најмладите да им се овозможат соодветна нега и заштита во текот на целиот престој. ВРВНА ХИГИЕНА Ѕидовите и подовите во градинката се обложени со антибактериски и антиалерген материјал што дава чиста и хигиенска средина за престој на децата. БЕЗГРИЖНА ИГРА НА ОТВОРЕНО Градинката има надворешни занимални што се заштитени со натстрешници и топол гумен под, каде што децата може безгрижно да играат на отворено и да уживаат во зеленилото. ЈА НЕГУВАМЕ ПРИРОДАТА Целиот објект е енергетски ефикасен, а големиот двор е преполн со бујно зеленило каде што децата имаат еколошка околина и истовремено се учат на љубов кон природата. СОВРЕМЕНА КУЈНА Кујната е направена според најсовремени европски стандарди. Целата опрема, фритези, мијалници, фрижидери, е изработена од инокс, со екохауба каква што нема во ниедна градинка во Македонија и со капацитет од 550 оброци дневно.

10|11


ГРАДБА СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ Конструкцијата е комбиниран систем од челик и бетон, а сите вградени градежни материјали и инсталации се со врвен квалитет и овозможуваат: ff ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ НА ОБЈЕКТОТ, ff ДОЛГОТРАЈНОСТ И МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ, ff ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ПРОТИВПОЖАРНА БЕЗБЕДНОСТ, ff ТОПЛОТНА И ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА, ff ЗАШТИТА ОД ВЛАГА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ff ПОКРИВ СО ГАРАНТИРАНА ПРОТИВПОЖАРНОСТ ОД 180 МИНУТИ, ff ТРОЈНА ИЗОЛАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ ШТО ОВОЗМОЖУВА ОДРЖУВАЊЕ НА ИДЕАЛНА ТЕМПЕРАТУРА БЕЗ КЛИМА УРЕДИ. Во сите занимални и тоалети во објектот има топловодно подно греење, автоматски регулирано со сензори, што обезбедува константна и разновидна температура за пријатен престој на децата.

ПОРАНЕШНИОТ МАТИЧЕН ОБЈЕКТ НА ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ Поранешниот објект на градинката „Кочо Рацин“ се наоѓаше на површина од 800 м2, опколен со руиниран двор, неодржуван и без зеленило, а од детски реквизити имаше само еден рѓосан брод. Со еден збор, тоа никако не смеело да биде објект во кој престојуваат нашите деца.

Условите во градинката беа очајни, стари подови од паркет, на повеќе места пропаднат и откорнат, ѕидови полни со влага. Кујната беше во многу лоша хигиенска состојба, а воопшто не стануваше збор за примена на стандардите ХАСАП: стари шпорети без екоаспиратор и стари машински инсталации. Занималните беа полни со влага, а целатаградинка беше изградена од азбест-цементни ѕидови, радиоактивни и исклучително штетни по здравјето на децата и на вработените. Покривот беше во лоша состојба и на повеќе места прокиснуваше. Сто и триесет деца со години користеле застарена опрема и сите активности ги извршувале на искршен и дотраен мебел. Санитариите беа во лоша состој-ба, тоалетите без основни услови, не беа задоволени ни основните стандарди. Градинката не беше реновирана од 1964 година. Стариот објект е целосно отстранет и тогашните 800 квадратни метри станаа 2.800 м2 искористена површина за новата градинка.

СТАРИОТ ОБЈЕКТ ЗАСЕКОГАШ ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА И ОТСТАПИ МЕСТО НА НАЈГОЛЕМАТА И НАЈСОВРЕМЕНАТА ГРАДИНКА ВО НАШАТА ЗЕМЈА.

Френк Лојд Рајт

рекол:

Она што е денес најмногу потребно во архитектурата е истото што е потребно и во животот, а тоа е интегритетот. Подеднакво како во човекот, интегритетот, е најголемиот квалитет во архитектурата. Ако успееме во тоа, ќе направиме голема работа за нашата морална природа - за психата на нашето демократско општество. Заземајте се за интегритетот на вашата градба, и со тоа, се заземате и за животниот интегритет на оние што граделе пред вас, бидејќи заемниот однос е неизбежен во општеството.


12|13


ГРАДИНКАТА „КОЧО РАЦИН“ (КЛОН „ПАНОРАМА“) ЦЕЛОСНО ОБНОВЕНА ПО 28 ГОДИНИ КАПАЦИТЕТ: ИНВЕСТИЦИЈА:

130 ДЕЦА 13.500.000 ДЕНАРИ

ff НОВА ВОДОВОДНА ИНСТАЛАЦИЈА ff НОВА ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА ff РЕКОНСТРУИРАНИ САНИТАРНИ ЈАЗЛИ ff ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА ff НОВА СТОЛАРИЈА По 28 години градинката „Кочо Рацин“ (клон „Панорама“) и целосно обновена, чиста и светла, со насликани ѕидови, со нов мебел, ги отвори вратите за своите 130 жители-децата. Сега е соодветна за правилен раст и развој, со оглед на тоа дека тука децата минуваат поголем дел од денот. Од стариот објект на градинката останаа само темелите. Градинката постои од 1985 година и сè до есента 2014 година во неа не беше ништо сменето. Пред комплетната реконструкција од страна на Општината, покривот во градинката прокиснуваше, мебелот беше стар и искршен, условите во кујната катастрофални и ризични по здравјето на децата, а слична беше состојбата и со дворот, подовите и со фасадата.


Несоодветното греење ги смрзнуваше децата в зима, а налето внатре им беше толку топло како да се изложени на сончевите зраци во дворот. Од градинката останаа само ѕидовите пред да почнеме со реновирањето. За да го добие сегашниот изглед беа вложени 13.500.000 денари со кои се заменети водоводната, машинската и електричната инсталација, реконструирани се санитарните јазли, а градинката доби енергетски ефикасна фасада, нова столарија, ѕидови обоени во боите на виножитото. Новата, чиста и модерна градинка, приспособена на потребите на децата, доби и дополнителна убавина со муралите на ѕидовите што ги нацртаа неколкумина уметници. Сега децата имаат здрава средина за раст и развој, чисти и убави тоалети, кујна што ги задоволува сите светски стандарди и во која може да се приготват здрави оброци, подовите се направени од антиалергени материјали, а дворот е полн со зеленило. На денот на отворањето децата изведоа своја програма и учтиво се заблагодарија за прекрасниот подарок - ново престојувалиште. На сите деца им посакавме секој ден да им биде весел и убав, како што беше овој.

Барбара Џонс

рекла:

За да бидете во сеќавањето на вашето дете утре, мора да бидете во неговиот живот денес. И по повеќе години сè уште имаме исти мисли. Нема ништо поважно од среќни деца. А нашите деца го заслужуваат најдоброто.

18|19


ГРАДИНКА „13 НОЕМВРИ“ Комплетна реконструкција на градинката за нејзиниот 65. роденден! Од стариот објект останаа само темелите.

ВКУПНА ПОВРШИНА ПОДРУМСКИ ПРОСТОРИИ ПРИЗЕМЈЕ КАТ

2.362 м2 300 м2 1.530 м2 470 м2

КАПАЦИТЕТ: 350 ДЕЦА ИЗВЕДБА ДЕМОНТАЖА: Направена е демонтажа на подот од ламинат поставен врз паркет, на вратите и прозорците, на облогите од иверка на ѕидовите, на маските на радијаторите, на таваните и на санитариите. Изработена е бетонска подна плоча армирана со мрежа, поставена е еластична хидроизолација на цементна основа и акрилатни полимери, како заштита од земна влага. Ставена е термоизолација, изработена е цементна кошулка, поставени се маса за израмнување и нов паркет. Ставени се керамички плочки, нови врати и нови прозорци од ПВЦ-профили, спуштен е таванот, изработени и обложени се преградни ѕидови, монтирани се маски на радијаторите и направена е енергетски ефикасна фасада. Бидејќи во некои занимални имаше влага, ѕидовите беа заштитени и премачкани со хидроизолација на цементна основа. Изработен е нов тротоар од бехатон плочи во слој


од песок, со пад кон тревникот во дворот на градинката. Во приземјето на градинката демонтирани се подните и ѕидните плочки во кујната и санитарните јазли, урнати се ѕидовите од керамички блокови во санитарните простории, извадени се прозорците, вратите, маските на радијаторите и таваните. Изграден е ѕид од керамички блок во цементен малтер во санитарниот дел и извршени се сите ѕидарски работи. Поставена е еластична хидроизолација на цементна основа и акрилни полимери, како заштита од земната влага. Поставени се ѕидни и подни керамички плочи, нови врати и прозорци, спуштен е таванот, а ѕидовите се измазнети и обоени. Употребени се бои што се отпорни на сите климатски услови. Поставени се надворешни окапници на парапети со пластифициран лим. На катот се демонтирани се подните и ѕидните плочки во санитарните јазли заедно со санитарните елементи, вратите и прозорците и поставени се нови. Реконструкцијата на овие два дела од градинката е извршена на ист начин како во приземјето.

Поважни факти ffЧЕЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА ОД АРМИРАН БЕТОН ffПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД АЛУМИНИУМСКИ ПВЦ-ПРОФИЛИ ВРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ПО НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ ffТОПЛОТНА И ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА За потребите на градинката поставен е лифт за храна според важечките стандарди за производство и пласман на храна за опслужување на чајната кујна што се наоѓа на катот. Надворешниот лифт се наоѓа

20|21


во приземјето и поради еркерот на катот излегува во чајната кујна. Направена е челична конструкција од армиран бетонски темелен ѕид до ниво на терен што е обработен, како и другиот дел од објектот. Лифтот е на хидрауличен погон, па во подрумскиот дел за него е предвидена машинска соба. Новите прозорци и врати се направени од алуминиумски и ПВЦ-профили, а на прозорците се поставени заштитни челични решетки. Алуминиумските прозорци и врати се од делови со висококорозивна трајност на алуминиумската легура, а ПВЦ-вратите од висококвалитетни ПВЦ- петкоморни профили и дихтунг гуми за термозаштита со коефициент на максимално дозволена спроводливост. Целата градинка е застаклена со термички изолирано вакумизирано стакло. Тоа е транспарентно, безбојно и со максимално дозволена термичка спроводливост. Целосно руинираниот подрумски дел е комплетно реновиран, отстранети се непотребните разводни цевки од водоводот и од канализацијата, непотребниот инвентар, а просториите се обработени со керамички подни плочки. Дел од просторот е искористен за просторија со тоалет што го користи лицето што го одржува објектот. Сите материјали што се вградени во објектот ги имаат предвидените технички карактеристики во поглед на квалитетот, заштитните својства и естетските вредности и тие се во согласност со Законот за заштита на човековата околина.


Реконструкцијата на градинката подразбираше целосно чистење на теренот од исушени дрвја и друга вегетација, објекти и други пречки, груба површина и отпад, диви огради, кои се наоѓаа на просторот на кој требаше да биде лоциран објектот. Ѕидањето беше направено со симетриски врски, составите беа покриени со малтер, линиите се хоризонтални, а малтерот не е подебел од 1 см. Вградените делови се вертикални, како и рабовите и сите видливи површини на ѕидот, а сите користени материјали се во согласност со прописите, со еколошките и со други високи стандарди за градежни материјали и градење. Малтерисувањето во два слоја е извршено во соодветни временски услови, знаејќи дека на ниски температури малтерот замрзнува и паѓа, а на превисоки се суши. Ставени се изолација за заштита од влага со три облоги и термичка изолација, термални изолации на подот и на покривот, според следниве стандарди: висококвалитетна термичка и акустична изолација со ниска волуменска дебелина, ниска специфична топлина, несогорливост, отпорност на стареење, влажност, киселини и спречување развој на микроорганизми. Во објектот се реконструирани занималните, тријажот, санитариите и кујната, административниот дел, поставени се нова водоводна, електрична и топлотна инсталација, плочки и паркет, направено е партерно уредување, средени се дворот, зелената површина и патеките, а подрумските простории се преуредени во сушилница, пералница и машински простории.

22|23


26|27

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „КАПИШТЕЦ“ ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛАТА

10.600 м2

ВКУПНА ПОВРШИНА НА ОБЈЕКТОТ

12.000 м2

КАПАЦИТЕТ 500 УЧЕНИЦИ ПРВО УЧИЛИШТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ПО ЦЕЛИ 47 ГОДИНИ! Ј.Х. Песталоци“ е последното училиште што било изградено во нашата општина, во 1969 година, како донација нашвајцарската Влада по катастрофалниот земјотрес. Иако со своите 12.000 жители е најголемата населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште. Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата. За да стигнат до најблиските училишта децата мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност. Со изградбата на новото основно училиште, конечно, Капиштец доби своја модерна образовна установа за 500 ученици.


МОДЕРНО УЧИЛИШТЕ ЗА МОДЕРНИ ВРЕМИЊА При проектирањето водевме сметка училиштето да биде приспособено на новата образовна програма, во согласност со Законот за изградба на ваков тип образовни објекти. За секој ученик е планиран минимум простор од 5 м2, а во секоја паралелка да има од 25 до 28 ученици, со што ги исполнуваме меѓународните стандарди. ОБЈЕКТ ЗА ДЕВЕТ РАЗЛИЧНИ ГЕНЕРАЦИИ При планирањето на просторот имавме предвид дека во училиштето ќе учат деца на возраст од шест до 15 години. Поради разликата во возраст од девет години, значително се менуваат потребите и интересите на учениците. Со идејното решение е обезбеден објект што ќе им овозможи пријатно школување на девет генерации. ИЗВЕДБА И МАТЕРИЈАЛИ Целиот објект ќе биде изведен во армирано бетонски систем со кој се обезбедува исклучително високо ниво на сеизмичка заштита и максимална безбедност на учениците. Во објектот ќе бидат вградени природни материјали што обезбедуваат здрава и сигурна средина за престој и за учење. Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремени наставни помагала, интерактивни табли и таблет-компјутери. Винилните подови се со антибактериски и антиалергени особини, погодни за поедноставно одржување и поголема хигиена. Во целиот објект ќе има топловодно подно греење со кое ќе се постигнуваат идеални температури во секоја просторија. Енергетски ефикасната фасада ги спречува сончевите и другите негативни атмосферски влијанија, а флот-стаклата претставуваат посебна заштита, кои истовремено обезбедуваат природна светлина во поголем дел од денот.


УЧИЛНИЦИ

20

8

КАБИНЕТИ САЛА ЗА ГИМНАСТИКА

СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ЗА ФУДБАЛ

РАСПОРЕД И БРОЈ НА ПРОСТОРИИ

СПОРТСКА САЛА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ЗА ОДБОЈКА КУЈНА СО ТРПЕЗАРИЈА

Лифт за кујна Лифт ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

28|29


32|33

ГРАДОНАЧАЛНИКот НА ОПШТИНА ЦЕНТАР АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ ЗА КАПИТАЛНИОТ ОБЈЕКТ КОЈ ГО ВЕТИ ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА „Во 70-тите години од 20 век како во еден здив се реализира густа структура за домување на просторот до ОУ „Ј. Х. Песталоци“ до ОУ „Кочо Рацин“, која останува без тежишна точка што ќе држи рамнотежа. Во меѓувреме, голем број генерации основци остануваа без свој мемориски училиштен код. Сето тоа беше предизвик за мене кога се кандидирав за градоначалник на нашата Општина. А кога на предизвикот ќе одговорите соодветно, тогаш сè доаѓа на свое место. Кога се согласувате да го земете ракописот на оваа сегашност во раце и да го прочитате, во тој миг ја земате обврската тоа да го пренесете и на нашата иднина.“

КОНКУРС СО 21 ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ На конкурсот од Општината за изградба на основно училиште пристигнаа рекордни 21 идејно решение. За големиот интерес на архитектите зборува еден споредбенподаток: на конкурсот за надградба на Собранието на РМ пристигнале само шест идејни решенија. За поголема транспарентност на целиот процес на изборот на победникот во Музејот на Град Скопје беа изложени сите идејни решенија, а истовремено беа презентирани во соодветен каталог. Комисијата составена од архитекти и претставници од стручните општински служби го изгласа победникот: првата награда за идејно решение ја доби архитектот Бесиан Мехмети, со соработниците Стефан Атанасовски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебити. Втората награда им беше доделена на архитектите Бранислав Ѓорѓевиќ, Елена Пазарџиева, Биљана Смилевска, Марија Димитриевска и Стефан Тодоровски. Откупени се три идејни решенија.


Високото зеленило е доминантно на границите од парцелата каде што ќе се гради објектот, додека ниското зеленило е предвидено како природно опкружување за наставата во природа. Посветено работиме и за заштита на природната средина. За таа цел, пред да биде започната изградбата, беа обележени позициите на карактеристичните дрвја, со цел да се зачуваат што е можно повеќе и да се вклучат во новиот проект. Поради сето тоа, во состав на градежната парцела го поместивме објектот на училиштето за 2.7 метри. Со ова се сочувани од сечење 18 дрвја, кои се наоѓаат на самата парцела. Од парцелата беа отстранети само старите и заболени дрвја, оние кои претставуваа реална опасност поради својата висина и оштетеност на крошната. Во дворот ќе бидат посадени и 40 високошколувани дрвја, со што бројот на дрвја се зголемува на 58. Во рамките на училишниот двор ќе има и ботаничка градина, со површина од 286 м2. Ова ќе биде прво училиште во Македонија со ботаничка градина, со повеќе видови растенија. Сакавме да го оправдаме името под кое одеше конкурсот за идејно решение „Школо – парк“. Така, идејното решение на објектот дозволува природата да стане дел од внатрешноста за учениците, наставниците и посетителите да имаат постојан поглед на бујното зеленило при движењето низ училишните скалила и коридори.


Изјави: АРХИТЕКТОТ БЕСИАН МЕХМЕТИ ЗА ИДЕЈАТА ЗА ПРОЕКТОТ ПО КОЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ УЧИЛИШТЕТО „Зададениот габарит е подреден на три основни ленти - тракти, од кои средишниот е за заеднички активности, додека страничните се за учење. Преку овој проект и со самиот проектантски пристап, организацијата на одредени простори, интеграцијата со природата, создавањето на едукативни тематски катчиња, простор за социјализација, игра и одмор, дадовме продонес кон подигнување и унапредување на воспитно – образовниот процес, создавање на идни генрации во рамките кои ги овозможува нашиот домен, архитектурата.“

„Долго време го чекавме овој момент. Јас, откако знам за себе слушам за тој проект ново училиште во Капиштец. Еден градоначалник дојде - си замина, друг дојде замина, сите дојдоа си заминаа, па си заминаа и некои луѓе од Капиштец. Школо не добивме. Сега зборувам од името на луѓето кои живеат во Капиштец и она што е моја лична перцепција. Ова училиште ни е потребно и го чекаме долго време. Со негова изградба ќе се реши еден голем проблем. Можам само да го поздравам овој проект, се надевам ќе биде многу брзо готов и наскоро ќе ги преселиме тука нашите деца. Секоја чест и само напред. Ова училиште нека ни донесе нови, попаметни генерации.“ - Петар Младеновски од групата „Суперхикс“ на свеченото отворање на училиштето.

И така, конечно, ја имаме тежишната точка со форма, содржина и име. Меѓу двете училишта никна трето. Тоа е училиштето „Капиштец“.


34|35


РЕКОНСТРУКЦИИ ВО УЧИЛИШТАТА ПО 55 ГОДИНИ ФИСКУЛТУРНА САЛА ВО ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Ова училиште првпат откако постои доби фискултурна сала што е почната да се гради во време на претходното општинско раководство. Откако беа отстранети пропустите во градежниот зафат, салата беше завршена до првиот ден на новата учебна 2013/2014 година.

По повод пуштањето во употреба на салата, градоначалникот Андреј Жерновски, и самиот некогашен ученик во ова училиште, рече: „По 55 години училиштето во кое учев јас, а сега учат моите деца, доби фискултурна сала. Ова е за сите нас голем ден, зашто спортска сала сонувавме и ние, и генерациите пред нас. Конечно, салата за сегашната генерација ученици, стана стварност.“ Тој истакна дека на овој ден зборува како градоначалник, но многу повеќе како ученик кој учеше во ова училиште, и пресреќен е што децата добија убава модерна сала, која е направена по светски стандарди за училишни фискултурни сали.

36|37


РЕКОНСТРУИРАН ПОД ВО ФИСКУЛТУРНАТА САЛА ВО ОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ ВКУПНА РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА:

ПО 40 ГОДИНИ НОВ ПОД ВО ФИСКУЛТУРНАТА САЛА НА ОУ „Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ“

300 м2

На 300 м2 се сменети подлогата и паркетот, подот е направен од плочи од иверка и финиширан е со најквалитетен дабов паркет. За Општината е многу важно реновирањето на фискултурните сали за да може кај децата од мали нозе да се поттикне и да се негува интересот за спорт, како и да се одвиваат нормални физички активности на часовите по физичко воспитување.

На празникот на градот 13 Ноември на учениците од ОУ „Ј. Х. Песталоци“ им беше предадена на користење обновената фискултурна сала. Подот не беше обновен 40 години, а сега е направен според светските стандарди за ваков вид подови. Дабовиот паркет со кој е обложен подот е траен, функционален и квалитетен, а неговите предности први ги тестираа кошаркарите од училишната екипа. Своите мајстории ги покажаа и кошаркарите на КК „Работнички“.

36|37


38|39

ПОД ШАХ ТАБЛА ВО АУЛАТА НА ОУ „Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ“ Едно од најубавите училишта во Центар доби реконструирана аула. Аулата во „Ј.Х. Песталоци“, во чиј состав има и бина на која се одржани голем број училишни приредби и натпревари, доби нов изглед и двојна функција: освен што ќе биде поле за натпревари од културата, тука ќе може да се одржуваат и шаховски натпревари меѓу талентираните шахисти што ќе ги одмеруваат силите во оваа игра на меморијата. Сега подот е големо шаховско поле на кое по потреба се поставуваат шаховски фигури. Првиот потег го повлече градоначалникот Андреј Жерновски со третоодделенката Михаела Зармановска, првак на Македонија во шах до осумгодишна возраст. Ова е уште една можност за седумдесетте учесници во „Лига во шах“ на Центар, кои ќе се натпреваруваат во текот на училишната година, да си ги испробаат силите во играта на меморија.


РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ОПШТИНСКИТЕ УЧИЛИШТА Во основните училишта „Ј.Х. Песталоци“, „Коле Неделковски“, „Димитар Миладинов“ и „11 Октомври“ се преземени реконструкциски зафати на јакострујните инсталации, со замена на напојните кабли, како и реконструкција на електричните инсталации за осветлување со монтажа на светлосни арматури, а во однос на слабострујните инсталации извршена е монтажа на елементи за автоматска дојава и алармирање за пожар.

БАЗЕНОТ ВО ОУ „ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“ ВРАТЕН ВО УПОТРЕБА Реконструкција според највисоки стандарди Базенот во ова училиште беше во лоша состојба, неупотреблив и во просторија полна со влага. Сега тоа е минато и повеќе од една година се користи како место за рекреативно пливање. Санирана е покривната конструкција, бојосани се ѕидовите на ходниците, влезот и соблекувалните. Поставени се пумпна станица, филтри и цевковод, а секоја недела Заводот за бактериолошка исправност на водата го контролира нејзиниот квалитет. Целосно се променети електричната инсталација и вентилацијата, санирано е коритото, изградени се нови соблекувални и тоалети. Просторот каде што е базенот се грее цел ден, а за поголема безбедност на децата поставен е видеонадзор. Сијалиците се заменети со ЛЕД-диоди. Сите ученици без надоместок го користат базенот и во сабота од 10 до 14 часот. И во летниот период беа овозможени услови базенот да го користат децата што ќе го поминат распустот во Скопје.

ПО 58 ГОДИНИ НОВИ ПОДОВИ ВО ОУ „ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“ ВКУПНА РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА:

1.245 м2

Уште во јули 2013 година започна замената на подовите во ОУ „Димитар Миладинов“. Беа обновени подовите во 21 училница и кабинети, стари точно 58 години. Со оваа градежна интервенција се смени атмосферата во училниците во кои престојуваат 700 ученици од ова училиште. Санацијата на подовите беше направена со голема помош на УСАИД. Во ОУ „Димитар Миладинов“ е уредена и поплочена пристапна патека за лица со посебни потреби во дворот на училиштето. Поставени се држачи за велосипеди во дворовите на сите основни училишта, урбани заедници и на јавни површини во близина на објекти каде што се најпотребни.


НАГРАДИ И СТИПЕНДИИ Ги наградуваме најдобрите! Од учебната 2013/2014 година во Општина Центар за првпат се воведени награди за учениците и наставниците. Образованието е мост меѓу семејството и општеството. Напредно образование значи напрeдно општество. Поради тоа, од учебната 2013/2014 година Општина Центар воведе награди и пофалници за најдобрите осмоодделенци и за нивните одделенски и предметни наставници во сите седум општински училишта.    Критериумите за наградување ги востановија наставниците. Се сметаше дека тие најдобро се познаваат меѓу себе и знаат кои се најдобри меѓу нив. Секое училиште посебно ги формираше критериумите за наградување. Наградувањето продолжи и во наредните две учебни години. Крајот од учебната година беше резервиран да се награди работата на најдобрите. Нивната работа треба да бидат поттик за соучениците и за колегите.

ВОВЕДОВМЕ И НАГРАДИ ЗА НЕГУВАТЕЛКИ И ВОСПИТУВАЧКИ Истовремено, покрај наградите во основните училишта, воведовме награди и за најдобрите негуватели во градинките. Најдобрите негувателки и воспитувачки во

општинските градинки секоја година добиваат награда за својата посветеност, одговорност, оригиналност и грижа за децата. Годишно доделуваме 22 награди. На сугестија на готвачката од една од градинките, од оваа година своја награда ќе добијат и најдобрите во кујната. Градоначалникот веднаш ја прифати оваа сугестија и од 2017 година ќе знаеме кој во градинките готви најубави оброци за децата. Секое доделување на наградите беше празник. Училиштата организираа приредби, настапуваа најталентираните музичари, актери, поети меѓу учениците од сите основни училишта.

Општина Центар ги презема трошоците на родителите На почетокот на учебната 2015/2016 година пристигна добра вест за семејствата на децата од градинките и од основните училишта. Првпат трошоците за обезбедување на училиштата нема да бидат на товар на родителите. Првпат трошоците за организирање на еднодневната екскурзија во училиштата нема да бидат на товар на родителите. Исто така, првпат трошоците за организирање на часовите по физичко воспитување и по англиски јазик во сите детски градинки нема да бидат на товар на родителите. Од оваа година Општината ќе ги плаќа и средствата за хигиена. Благодарејќи на ова значително ќе се намалат трошоците на родителите што имаат деца во нашите основни училишта и градинки.

40|41


Стипендии за талентираните ученици Секоја година се грижиме за талентираните ученици од општинските основни училишта и ги наградува. Стипендии добиваат редовните ученици во осмо и во деветто одделение, што во текот на учебната година имаат континуиран успех 5.0. Во критериумите за вреднување на ученикот влегуваат и освоените награди од областа на науката и културата, уметноста и техниката од шесто до деветто одделение. Се доделуваат стипендии од 2000 и 2500 денари во текот на целата учебна година.

Награди за најубавите занимални Крајот на годината беше наменет и за уште една убава акција: уредување на занималните во градинките, според замислата на децата и нивните негувателки. Резултатот беше еден шарен свет од различни идеи, сцени од бајките, вселенски брод, џунгла. Секој ја уреди својата просторија така како што му е најубаво, а фантазијата немаше граници. Вредните раце на вработените во градинките, на кои им асистираа децата, ги претворија занималните во свет од бајките. Креаторите на најубавите и најкреативни занимални беа наградени. Секогаш ја поддржуваме психолошко падагошката воспитувачка и воспитно образовна мисија на градинките. Детето е кај нас на пиедестал, и секој ден се трудиме да му покажеме колку ни е важно.


42|43


Зелен ЦЕНТАР Во Општината ни недостасуваше зеленило. За оптимални животни услови неопходен е баланс меѓу урбаните елементи и природата. Обновивме 70.000 м2 зелени површини. Меѓу 13-те кули во Капиштец направивме нов парк. Градски ѕид е повторно убав и зелен. Кино Карпош е прв парк во Дебар Маало, разубавен со јапонски цреши. Засадивме нови 283 дрвја.


ГРАДСКИ ЅИД БЛОК 9 НА БУЛЕВАР „КОЧО РАЦИН“

4.800 м2

ГРАДСКИ ЅИД ОД „ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ“ ДО „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

7.000 м2

ГРАДСКИ ЅИД, ГОЛЕМ РИНГ ЗАПАД, ИНДИЈАНСКО МААЛО

4.700 м2

ГРАДСКИ ЅИД, ОД БУЛЕВАР „11 ОКТОМВРИ“ ДО УЛИЦА „МАКЕДОНИЈА“

8.000 м2

ЗЕЛЕНИЛО И ЖАРДИНИЕРИ „АГРОМЕХАНИКА“

1.072 м2

„КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

659 м2

Вкупно: 2 78.000 м


20.000 м2

ПАРК КАПИШТЕЦ

520 м2

ПАРК КИНО КАРПОШ

615 м2

УЛИЦА „ПИТУ ГУЛИ“, ВОДНО

580 м2

„ЕЛИСИЕ ПОПОВСКИ“

640 м2

KTK - УЛИЦА „ЗАГРЕБСКА“

650 м2

УЛИЦА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“, ОКОЛУ ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ:


ВО ПАРКОТ ЦВЕТЕН ПАЗАР ЗАСАДЕНИ 364 САДНИЦИ И 1.500 СЕЗОНСКИ ЦВЕТЕН РАСАД

1.350 м2

ЗЕЛЕНИЛО НА УЛ. „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“, „АГРОМЕХАНИКА“ КОН „ДАМЕ ГРУЕВ“

5.820 M2

ЗЕЛЕНИЛО ПРЕД НЕКОГАШНА „САВА КРАЊ“

2.032 м2

МЕЃУ БЛОКОВИТЕ ЗАД „ЗЕЛЕН ПАЗАР“

8.000 м2

СПРОТИ „РАМСТОР“КАЈ „САВА КРАЊ“

1.700 м2

ПОРТА ЦЕНТАР

1.800 м2

ПАРК ПРОЛЕТ

6.700 м2

УЛ. „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

800 м2

ПАРК „КАЈ КОШОТ“

800 м2


ЗАСАДЕНИ СЕ 283 НОВИ ВИСОКОШКОЛУВАНИ ДРВЈА 10

ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ СЕ ЗАСАДЕНИ НА УЛИЦА „МАКСИМ ГОРКИ“

22 18 71 40 28

ЈАВОРА НА УЛИЦА „ДАМЕ ГРУЕВ“

15

ДРВЈА - ДОПОЛНЕНИЕ НА ДРВОРЕДОТ ОД ЛИРИОДЕНДРОНИ НА УЛИЦА „МАКЕДОНИЈА“

3

ЈАВОРИ НА УЛИЦА „ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ“ ЈАВОР НА УЛИЦА „КИРО КРСТЕВСКИ ПЛАТНИК“ ЈАВОРИ НА УЛИЦА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ЈАВОРИ КАЈ КИНО КАРПОШ

ДРВЈА ЛИРИОДЕНДРОНИ НА СКВЕРОТ КАЈ ИТАЛИЈАНСКАТА АМБАСАДА

10

ДРВЈА НА УЛИЦА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“, од видот ЛИКВИДАМБЕР

20

ЈАВОРИ НА УЛИЦА „ЃОРЃИ ПЕШКОВ“ (БОЕМСКА)

18

КОСТЕНИ НА УЛИЦА „ЖИВКО ЧИНГО“ (БОЕМСКА 2)

16

ЛИСТОПАДНИ ДРВЈА ГАБЕР „АДОЛФ ЦИБОРОВСКИ“

12

ПЛАТАНИ НА БУЛ. „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

САДЕВМЕ ВИСОКОШКОЛУВАНИ ДРВЈА СО СТАРОСТ ОД 15 ДО 20 ГОДИНИ, СО 40 см ОБЕМ НА СТЕБЛО И СО ФОРМИРАНА КРОШНА

48|49


По направените теренски истражувања беше неопходно на секој начин да се надомести сечата на цели дрвореди што беше извршена во Општината во претходните десетина години. За таа цел се засадени дрвореди во Дебар Маало кај Средното уметничко училиште, кај Кино Карпош, на улицата „Платник“, дополнет е дрворедот на улица „Македонија“ со 18 ликвидамбери, на улицата „Максим Горки“, кај Полициската станица Центар и на улицата „Орце Николов“. За да им се обезбедат оптимални услови за развој, инсталиран е систем за полевање. Избрани се дрвја што се идеални за нашето поднебје со дефинирана крошна за да може да се садат во близина на станбени објекти, издржливи на загаден воздух и на високи и ниски температури.

ПРИКАЗНАТА ЗА ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШИ Ова декоративно дрво го посадивме на неколку локации, каде што доминира со својата убавина. Зошто токму јапонска цреша? Едно од најубавите декоративни дрвја на светот има свое симболично значење. Цвета само 15 дена на крајот на април. Ова цветно дрво во Јапонија и во Кина е исклучително ценето заради обилното цветање и спектакуларните формации на цветови што ги создава во форма на цветни облаци. Убавината на цветот и на дрвото заедно со филозофијата на будизмот ги инспирирало Јапонците на многу песни и уметнички дела посветени на цветот на црешата што станал национален симбол на Јапонија. Станува збор за дрво што расте од осум до 12 метри. Многу е отпорно и долготрајно. Има повеќе од стотина различни варијации. Се користи само како украсно дрво. Бара сонце, простор и плодна земја, што ние ги имаме во изобилие, а благодарејќи на ова дрво имаме и улица на црешите. Тоа е улицата „Максим Горки“. Со формирање на паркот Кино Карпош имаме и парк на црешите. Тоа е инспирација за многу фотографии во албумот на Центар.


УРБАНА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ГРАДСКИ ЅИД Првпат по 40 години е реконструирано зеленилото во Градски ѕид

РЕКОНСТРУИРАНИ

20.000 м2 ЗЕЛЕНИЛО

Ги уредивме сите парковски делови во Градски ѕид што беа занемарувани 40 години. Со поставувањето на системот за полевање трајно е решен проблемот со одржување на зеленилото во секое годишно време, а со изборот на садници добивме колоритна вегетација во сeкој дел од годината.

50|51


РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО БЛОК 4 ГРАДСКИ ЅИД Од булевар „Димитрие Чуповски“ до булевар „Св. Кирил и Методиј“.

ПОВРШИНА

7.000 м2

КОМБИНАЦИЈА ОД НИСКО И ВИСОКО ЗЕЛЕНИЛО

140 4.000 3

ЛИСТОПАДНИ И ЗИМЗЕЛЕНИ ДРВЈА САДНИЦИ НОВИ СОВРЕМЕНИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА

По поставувањето на системот за полевање е оформено и зеленилото. Посадени се нови дрвја: индиски јоргован, црвен костен, топчест јавор, липа, јасен, формирани се алпинетуми, засадени се јапонски црвен јавор, златен кипарис, мини-борчиња, мали сребрени елки и покривачи јуниперуси во повеќе бои.

52|53


ИНДИЈАНСКО МААЛО СО НОВ ЛИК ПОВРШИНА

4.700 м2

КОМБИНАЦИЈА ОД НИСКО И ВИСОКО ЗЕЛЕНИЛО

5.000

ЗИМЗЕЛЕНИ ГРМУШКИ, ЛИСТОПАДНИ И ЗИМЗЕЛЕНИ ДРВЈА, ТРЕВЕН БУСЕН

Уредувањето на зеленилото меѓу кулите и блоковите на Градски ѕид беше наша цел и обврска. Една од локациите што беше хортикултурно уредена е просторот во Градски ѕид (Голем Ринг Запад, Индијанско Маало), од булеварот „Димитрие Чуповски“ кај Дом на градежници до булеварот „Партизански одреди“. На површина од 4.700 м2 направено е пејзажно дизајнирање на просторот, реализирана е визијата да се направи структура од идеи за зонирање и урбано заживување на оваа локација. Тоа подразбираше естетско моделирање на зеленилото и посебен дел со урбана опрема за активен и пасивен одмор. На поголем дел од површината е поставен тревен бусен, а остатокот е затревена површина, дополнета со листопадни и зимзелени дрвја и околу 5.000 зимзелени високи и ниски грмушки. Засадените растенија се приспособени на просторот и на климатските услови, лесни се за одржување и имаат природна, а не строго обликувана форма. Меѓу нив се застапени и најубавите украсни дрвја, магнолијата и кедарот. Парковското зеленило гравитира околу три блокови згради, пет кули и неколку помали згради. Зеленилото во овој дел од Центар се запоставувало долги години, но сега неговото одржување е трајно решено со поставување систем за полевање со автоматски прскалки и систем капка по капка.

Посебен дел од овој парк, кој претставува двор за сите наведени објекти, е детското игралиште што е направено по европски стандарди, при што се исполнети сите критериуми, од естетски до обезбедување сигурност и заштита на децата, поставено на гумен под и далеку од сообраќајниците.


54|55

ПАРК „КАЈ КОШОТ“ ПОВРШИНА

650 м2

Просторот на булеварот „Св. Климент Охридски“ познат по името „Кај кошот“, доби нов лик. Сега тоа е парк составен од три правоаголни парцели со различни содржини. Парцелите се слеваат една во друга и создаваат целина со површина од 650 м2. Еден дел од паркот со поглед на булеварот е геометриски определена зелена површина со 12 платани, 2 индиски јорговани, тревен бусен и неколку стотини различни видови грмушки. Поплочените патеки нè водат во секој дел од парцелата, каде што можеме да се одмориме под високите платани со крошна во форма на чадор, поставена на квадратна основа. Урбаниот дел го чини и мал парк со клупи и уредени тревници, патеки покрај кои се засадени фонтани со црвени листови, кои ќе овозможат различен пејзаж во секој дел од годината. Игралиштето со кошот, заградено со висока мрежеста ограда, се наоѓа меѓу двете парцели за одмор, и нуди слободен поглед на сите содржини. Сега покрај кошот нема веќе да се игра само кошарка, туку луѓето ќе имаат можност тука да се дружат , да прочитаат книга или само да уживаат во зеленилото. Сите генерации можат да најдат простор за одмор и игра, а истовремено да бидат заедно.


ЗЕЛЕНА ОБНОВА НА БУЛЕВАРОТ „КОЧО РАЦИН“

4.800 м2

ПОВРШИНА

1.800

ГРМУШКИ

3.000

ЦВЕЌИЊА

По 40 години жителите од зградите во Градски ѕид на булеварот „Кочо Рацин“ добија уредена зелена површина што како голем двор гравитира околу кулите. Со поставувањето на системот за полевање трајно се решава озеленувањето и во овој дел од Градски ѕид. Површината од 4.800 м2 веќе располагаше со голем број дрвја чии крошни требаше да се обликуваат, а беше потребно и дополнување на вегетацијата. Со интервенцијата во зеленилото добивме уреден парк со дрвја со убаво обликувани крошни и ново зеленило што се вклопи во постојното. Шесте високородни листопадни садници се стопија со повеќегодишните дрвја, а тревната површина доби убав изглед. Со внимателно избраните зелени грмушки, декоративна ниска вегетација и цветен расад формиран е компактен убав парк. Беше неопходно да се извади еден слој земја и да се додаде нов слој земја и хумус. На тој начин добивме зелена површина во секој период од годината, со ново амбиентално осветлување и растенија селектирани во алпинетуми. Сезонски се менуваат околу 1.800 зимзелени и листопадни грмушки и 3.000 цвеќиња. Околу тревникот се поставени и декоративни заштитни ѕидови. Избрана е вегетација што ќе ги менува боите во зависност од сезоната.


УРЕДЕНО И ЗЕЛЕНИЛО НА „ПЛОЧНИК“

1.070 м2

ПОВРШИНА

6.500

РАСТЕНИЈА

На површина од 1.070 м2 е уреден уште еден значаен простор во Градски ѕид, на популарно наречениот „Плочник“. Најпрво тука направивме модерно детско игралиште за деца од три до 11 години. Зеленилото е засадено во големите жардиниери и во неколку помали што се наоѓаат на платото среде станбениот комплекс. Во рамките на проeктот е направено модерно, разиграно, необично хортикултурно уредување на просторот. Високите декоративни садници се скулптурални, а перените и граминеите околу нив ќе внесуваат боја во пејзажот во секое годишно време. Околу групациите од 6.500 растенија, кои се подигнати на различни нивоа, поставен е тревен бусен. Малите жардиниери се засадени со зимзелени грмушки и листопадни ползавци. Одржување на зеленилото и повитален раст и развој на растенијата гарантира системот за полевање што го поставивме на целата површина. Сликата на запуштен тревник обраснат со диви грмушки е заменета со нова уредена урбана површина.

56|57


РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ СПРОТИ „РАМСТОР“, КАЈ „САВА КРАЊ“ ПОВРШИНА

1.700 м2

Го реконструиравме зеленилото околу зградата во која некогаш се наоѓаше продавницата на „Сава Крањ“ и во дворовите на околните блокови и кули од Градски ѕид. На површина од 1.700 м2 посадивме повеќе видови дрвја и грмушки, во согласност и прилагодени на теренот и типот на паркот. Задржани се два постоечки алпинеуми, а класичниот тип на паркот диктираше уредување на теренот со 19 видови растенија, од кои се разликуваат и три видови високи декоративни дрвја. Се определивме за магнолија, хибискус и вистерија, затоа што просторот веќе изобилуваше со високи дрвја за сенки, како што се јасени и јавори. За да добиеме компактност и бои на паркот, посадивме 473 грмушки, 398 мини грмушки меѓу кои се лаванда, рузмарин и хортензии, надополнети со 567 мини треви, 96 луковици со листови во боја и 48 покривачи што успеваат во сенка. Тревниот бусен е поставен на целата површина, опремена и со систем за полевање кој треба да обезбеди трајност и одржлив развој.


58|59


НОВА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА НАМЕСТО ЗАПУШТЕНО ИГРАЛИШТЕ

659 м2

ПОВРШИНА

12

НОВИ платани И ТРЕВЕН БУСЕН

На местото на старото детско игралиште на булеварот „Климент Охридски“, спроти бензинската на „Макпетрол“ конструиравме зелена површина на 659 м2. Игралиштето е дислоцирано на „Плочник“, каде што децата се посигурни и далеку од сообраќајниот метеж. Новата зелена површина е послана со тревен бусен и засадена се 12 јавори.

ПАРК МЕЃУ БЛОКОВИТЕ ЗАД ЗЕЛЕН ПАЗАР

8.000 м2

ПОВРШИНА

2.300

САДНИЦИ

Целосно е реконструирана со години запуштената јавна површина што гравитира околу кулите и блоковитe кај Зелен пазар. На 8.000 м2, според карактерот на земјиштето и локацијата, поставен е тревен бусен, а зеленилото e групирано во неколку алпинетуми. Станува збор за специфичен простoр каде што дневно циркулира огромен број граѓани, а жителите од околните станбени комплекси имаат потреба од модерно уреден простор за одмор и дружење. Ова беше единствен дел од Градски ѕид каде што немаше детско игралиште, а граѓаните со децении бараа вакво катче за најмладите. Направивме современо игралиште со сигурни и еколошки реквизити на гумена подлога.

Тревниците се комплетно реконструирани и наместо со железна ограда сега се оградени со бордури од зимзелени садници. На целата површина е поставен систем за полевање што сите 2.300 зимзелени, листопадни садници и покривачи, како и сезонските цвеќиња групирано во алпинетуми ќе ги одржува и развива соодветно на временските услови. И во овој дел од Градски ѕид пејзажот никогаш нема да биде пуст и здодевен, а за децата конечно е обезбеден простор за игра, далеку од сообраќајниот метеж и заштитен со уредено зеленило.


ТРИ НОВИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ ГО КРАСАТ ВОДНО

60|61

1. Зеленило на улицата „Питу Гули“ ПОВРШИНА

6

ЛИСТОПАДНИ ДРВЈА, ЗИМЗЕЛЕНА МАГНОЛИЈА

200

ДЕКОРАТИВНИ ГРМУШКИ

615 м2

Запоставената падина на значајната сообраќајница „Питу Гули“ е облагородена со зеленило. На 600 м2 се засадени шест листопадни албиција јулибрисин, кои раскошно цветаат налето, а дополнети се со зимзелена магнолија и со 200 декоративни зимзелени и листопадни грмушки за стабилизирање на земјиштето. Изборот на садници со различна структура и колорит внесува динамика во паркчето во секој период од годината, а со текот на времето развојот на садниците ќе направи компактен и згуснат пејзаж. Доминантна грмушка што му дава специфичен изглед на паркот е евонимус албатус компактус, целосно црвена наесен, а зелено-црвена во другите годишни времиња. До вчера запуштената падина на Водно се одржува жива и обоена со системот за полевање. Урбана целина се постигнува со реконструираните тротоари, што му даваат уреден изглед на целиот простор.


2. Нов парк кај поранешниот КТК ПОВРШИНА

400

600 м2

ЗИМЗЕЛЕНИ И ЛИСТОПАДНИ САДНИЦИ И ГРМУШКИ

Кај поранешниот објект на КТК, на местото на запуштениот паркинг, ја обликувавме втората зелена површина на Водно, со површина од 600 м2. Во подножјето на планината, во населбата Капиштец, запуштената јавна површина обрасната со дрвја и грмушки ја направивме парк со 400 зимзелени и листопадни садници и грмушки, од кои 15 се листопадни дрвја. Избрани се растенијата што цветаат во различни периоди од годината и ги менуваат боите во секоја сезона, со што паркот никогаш нема да биде празен и здодевен и во секое годишно време ќе има колоритен пејзаж. Растенијата се наредени скалесто и поставен е систем за полевање, со што ќе се обезбеди нивна долготрајност и континуирано одржување на зеленилото во секое годишно време.

3. Од див паркинг до зелена оаза на улица „Елисие Поповски“ ПОВРШИНА

200

580 м2

ЗИМЗЕЛЕНИ САДНИЦИ

Третата зелена површина во Капиштец се протега на 580 м2. На некогаш калливата земјена површина во подножјето на Водно, која на улицата „Елисие Поповски“ беше претворена во див паркинг, засадивме 200 зимзелени садници покривки. Падината е дополнета со два типа зимзелени и цветни листопадни грмушки. Со автоматскиот систем за полевање се овозможуваат долготрајност и убавина на садниците и на тој начин новото парковско зеленило се одржува континуирано во текот на годината.

62|63


ПОРТА ЦЕНТАР: ПРВ ПАРК ВО КАПИШТЕЦ ПО 32 ГОДИНИ

НОВ ПАРК КАПИШТЕЦ

ТРЕВЕН БУСЕН

1.800 м

РАЗНИ ВИДОВИ ГРМУШКИ

1.800 1.500 м2

ПОВРШИНА НА ПАТЕКИТЕ

2

Зеленилото околу кулите на улица „Френклин Рузвелт“ беше запоставено 32 години, ниту се обновувало ниту се одржувало. Ги реконструиравме патеките, поставивме нова урбана опрема и го обновивме зеленилото. Така настана паркот Порта Центар, на влезот во Капиштец, украсен со топијари - зелени скулптури, осветлен со амбиентални светилки во зелена боја, засадени се 1.800 грмушки и на 1.800 м2 е послан тревен бусен. Поставен е систем за наводнување, како и штедливи светилки, а на новите поплочени патеки има соодветна урбана опрема, од клупи до паркинг за велосипеди. Овој дел од Капиштец, каде што има неколку ресторани што се многу популарни меѓу скопјани, може повторно да биде интересна локација. Прекрасно место за одмор и за средби.

ПОВРШИНА

18 6 6 1.100 184 4.010 900 1.500

20.000 м2

ЗИМЗЕЛЕНИ ДРВЈА ЛИСТОПАДНИ ДРВЈА МИНИДРВЈА ДЕКОРАТИВНИ ГРМУШКИ ПОКРИВАЧИ ПЕРЕНИ УКРАСНИ ТРЕВИ ЦВЕТЕН РАСАД

Да се насади парк значи да се верува во иднината затоа што паркот што живее и се развива со соодветна грижа секоја година добива дополнителна убавина и станува компактен пејзаж. Капиштец е населба со повеќе од 12.000 жители. Овој централен парк меѓу 12 згради стана парк за сите што сакаат тука да се одморат, да се забавуваат, да организираат настан, каде што децата ќе играат слободно и безбедно, нешто што е многу значајно за родителите затоа што ќе можат постојано да бидат во нивна близина. Како и секој класичен парк, така и овој е поставен скалесто, на катови. Постојната листопадна и еднолична вегетација од високи дрвја е дополнета со средни листопадни и зимзелени дрвја на понизок кат. На крајот на повеќе нивоа има различни видови грмушки. Двете конфигурации на теренот се направени за да се разигра големата рамна површина, а растенијата внимателно се избрани за да се постигне добра балансираност на


листопадни и зимзелени дрвја. Садењето е направено во длабочина, со цел да не се затвора визурата на паркот и да се обезбеди слободен поглед. Секој граѓанин што ќе излезе во паркот да има чувство како да се наоѓа во сопствениот двор, каде што има интимен агол да чита или да се одмора.

Парк стар 40 години Зеленилото беше одраз на трендовите за уредување на зелените површини во 70-тите години од 20 век. Зеленилото било садено во различни периоди, постоело повеќе од 40 години, од времето кога се градени зградите. Секое ново додавање на содржини во текот на годините се правело без да се решава целината. Ги унифициравме патеките што беа направени од различен материјал, а старата и делумно неупотреблива урбана опрема ја обновивме и ја дополнивме со нова. Паркот не беше професионално одржуван, 80 отсто од високо израснатите дрвја беа листопадни и за да дојдат до светлина при растењето се искривувале или беа исушени.

Ново во старото Спроведовме геодетско снимање и беа позиционирани сите дрвја, зеленилото и урбаната опрема. Го расчистивме и го обликувавме постојното зеленило и го дополнивме со ново, за да се оформи целосна пејзажна слика. Ги пресековме гранките на стеблата до 4 м височина. Ги групиравме ниските и средните грмушки за да се добијат интензитет и различни бои. Засадивме зимзелени украсни дрвја што не растат високо и напролет даваат црвени цветови, а дополнети се со цветни грмушки што цветаат во различен период од годината. Перените и украсните треви на местата што се темни му дадоа на паркот облик и целина. На неколку места се посадени високи украсни треви што придонесуваат за неговиот современ лик.


Сега паркот има предвидлива трајност и компактност. Патеките се уредени така што се отстранети старите слоеви од поплочувањето, ставен е слој чакал, подлога од кварцен песок и плочи од вештачки гранит. На детското игралиште, каде што имаше песок што беше нехигиенски и опасен за децата, ставена е подлога од гумени плочи со дебелина од 5 сантиметри за поголема безбедност. Отстранети се старите клупи и поставени се нови со дрвен дел направен од сушен материјал, завршниот дел обработен и заштитен со три слоја лак за поголема трајност и убав изглед. Поради зголемената фреквенција на луѓе останаа тротоарите, но и ги проширивме патеките. Поради близината на зградите поставивме два вида осветление: основно високо со канделабри и парковско или амбиентално. Парковската целина е дополнета со клупи, канти за отпад, држачи за велосипеди, а пешачките патеки се поплочени со вештачки гранит во две димензии и во три бои. На двете игралишта, кои се наменети за деца од различни возрасти, поставени се гумена подлога и реквизити што ги задоволуваат светските стандарди за ваков тип игралишта. Одржлив урбан парк со траен изглед беше обезбеден со поставување чешми за вода, автоматски систем за полевање, пумпи за фонтаните, ископани се бунари од кои се зема техничка вода за наводнување, проектирана е површина за наводнување од 11.400 м2, во која со вода се снабдуваат чешмите и фонтаните. За наводнување на зеленилото во пар-

64|65


кот се користи системот на поп-ап прскалки. Површината за наводнување е поделена на 23 зони, работата на системот е автоматизирана, а при проектирањето на инсталациите за наводнување прво беа проучени климатските услови за да се дефинира потребната количина вода, посебно за топла и сува клима.

Патеките во правец исток-запад се проширени и означена е зона за движење на велосипедите. Сега тие се унифицирана целина, поплочена со ист материјал.

Триесет видови растенија секој месец со нов изглед Засаденото зеленило е распоредено на тој начин за да се добие поинаков изглед на паркот во секое годишно време. Со цветањето на жолтите форзиции се најавува пролетта. Едно по едно се будат цвеќињата, дрвјата и грмушките, лалињата и нарцисите ја бојат пролетта, а хортензиите и азалеите цветаат наесен. Паркот Капиштец е парк за секое годишно време, за сите вкусови, за целото семејство, за децата и за возрасните, вистинска мала ботаничка градина.

„ТОЈ ШТО ЗАСАДУВА ПАРК, САДИ ЉУБОВ.“ – кинеска поговорка

66|67


ВЕЧНА ПРОЛЕТ ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ ПОВРШИНА

14

НОВ ПАРК КАЈ ЦВЕТЕН ПАЗАР

6.700 м2

ЈАВОРИ И РАЗЛИЧНИ ГРМУШКИ

НОВА ХИДРАНТСКА МРЕЖА СО ТЕХНИЧКА ВОДА ОД БУНАРИ Запуштено зеленило, плевел и гола земја беше сликата со која се соочивме во населбата Пролет. Првата повоена населба во Скопје проектирана како отворен блок и планирана од Луде Кубеш како озарен град во зеленило, конечно, го оправда своето име. Реконструирано е зеленилото меѓу повеќе блокови згради, на улиците „Цицо Поповиќ“ и „Мирче Ацев“, со што е дефиниран внатрешен парк со уредена трева и зеленило. На површина од 6.700 м2 зеленилото е формирано во неколку алпинетуми со различни видови грмушки. Со новата хидрантска мрежа ќе се одржуваат неговиот интензитет и развојот. Засадените грмушки прават заштитна бариера кон улицата, а со новите 14 јавори е дополнето густото високо зеленило. Грмушките се така поставени за да бидат и визуелната заштита од бетонот и од гаражите што се граничат со зелената површина. За бариери е употребен пирамидалниот кипарис. Во паркот се поставени десет клупи за одмор.

70|71

ПОВРШИНА

2000 м2

Првиот новоформиран парк во Центар е направен кај Цветен пазар, на местото каде што имаше дива депонија. Така започна обележувањето на зелената територија во Центар што треба да ги претставува новите бели дробови на градот. Паркот е засаден на 2.000 м2, а од нив 1.350 м2 во зеленило. Ниското зеленило е застапено во два алпинетума, а природна ограда на паркот се дваесетина дрвја. Поплочени се патеки и поставена е урбана опрема. Парк среде бетонот и асфалтот беше неопходен и добредојден за жителите на Капиштец и за посетителите на Цветен пазар. Паркот се наводнува со современ автоматски систем за полевање, составен од 45 подземни прскалки. Паркот Цветен пазар е од типот отворени паркови што служат за одмор на сите што живеат во околината или минуваат оттука.


ПРВИОТ ПАРК ВО ДЕБАР МААЛО – КИНО КАРПОШ ПОВРШИНА

15 200

520 м2

ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ ГРМУШКИ

Паркот Кино Карпош се наоѓа на аголот на улиците „Радњанска“ и „Дане Крапчев“. На површина од 520 м2 е направен целосно нов парк што идеално се вклопува со зградата изградена во модерен архитектонски стил и бавчата на кафетеријата со која се граничи. Од див земјен паркинг полн со отпад добивме мала зелена оаза. Пристапот кон озеленувањето е чист и геометриски, усогласен со урбаната средина и со соседната зграда. Во тревникот плански се распоредени и засадени 15 јапонски цреши што ќе цветаат напролет и ќе создаваат прекрасен пејзаж. Под нив се засадени зимзелени колоритни грмушки за да се добие весел пејзаж во зима. Сто и шеесет жолто-зелени грмушки и нандина грмушки ја менуваат бојата од зелена напролет и налето, преку шарена наесен, до црвена во зима. Пред потпорниот ѕид што граничи со еден дел од паркот во еден ред се засадени 40 кониферни грмушки. Ритамот е разбиен со седум повисоки зимзелени растенија фотинија во форма на топка што напролет пуштаат црвени листови. На средишниот дел од патеката се насадени жолти полиферни покривачи. За одржување на зеленилото во секое годишно време поставен е автоматски систем за полевање. Меѓу зеленилото се наоѓа поплочена патека, а на средина поставивме две клупи со оригинален дизајн, обоени во боите на виножитото.

Поплочениот дел околу паркот на кој се ставени клупи го формира амбиентот што е важен за урбаниот изглед на овој дел од Центар.


Современи

ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА

Во 2013 година во Центар немаше ниедно современо детско игралиште. Во ова време на брз технолошки развој и интернет дури и најмладите сè повеќе времето го минуваат пред компјутер. Имајќи предвид дека играта и физичката активност се неопходни за здрав развој, Општина Центар инвестираше во изградба и во реновирање на повеќе детски игралишта. Новите игралишта се опремени со естетски реквизити направени според еколошки европски стандарди. Ни претставуваше особено задоволство да придонесеме за безгрижното и безбедно растење на нашите најмали и најмили.


УБАВИ И МОДЕРНИ КАТЧИЊА ЗА БЕЗГРИЖНА ИГРА Изградивме нови и ги обновивме постојните детски игралишта во секоја населба во Општината!

10

НОВИ ИГРАЛИШТА СО ВРВНИ МАТЕРИЈАЛИ И СОВРЕМЕНИ РЕКВИЗИТИ

САНАЦИЈА И ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА 47 ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ЛОКАЦИИ: ff 6 ВО ГРАДСКИ ЅИД ff КАПИШТЕЦ ЗАД ПАРКОТ ПОРТА ЦЕНТАР ff ЗАД УНИВЕРЗАЛНА САЛА ff УЛИЦА „ПАРТЕНИЈ ЗОГРАФСКИ“ ff ПАРКОТ НА НОВИНАРИ ff НАСЕЛБА ПРОЛЕТ ff ПАРК КАПИШТЕЦ ff УЛИЦА „БЛАГОЈ ДАВКОВ“ ff УЧИЛИШТЕ „КОЧО РАЦИН“ ff ЗАД БИЛНА АПТЕКА ff УЧИЛИШТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Во рамките на проектот на Општината за поставување нови детски игралишта одредени се естетски и други критериуми за нивна изработка, поставување и користење. Сите нови игралишта се комбинирани, со напомена за која возраст на деца се наменети, изработени се од дрвени елементи, составени од куќарки, платформа, столбови за


качување со јаже, двојни нишалки и лизгачи со различни висини, а има и реквизити со амортизери за деца до три години. За поголема безбедност на децата на сите игралишта е ставена подлога од гумени плочи со дебелина од 5 сантиметри. Првото ново современо детско игралиште беше направено во Капиштец уште во 2013 година и се наоѓа зад паркот Порта Центар. На целата територија на Општината беа санирани детските игралишта: зад Универзална сала, на улицата „Партениј Зографски“ на Кале, кај Паркот на новинари и во населбата Пролет. Две нови детски игралишта, направени според сите европски стандарди, на гумен под и со современи реквизити, без поставени во реконструираниот новоформиран парк Капиштец. Двете игралишта се приспособени за деца од две различни возрасти. Новото игралиште на улицата „Благој Давков“, сместено меѓу повеќе станбени згради, стана собиралиште на децата од цело Дебар Маало.

76|77


78|79

Со поставувањето на современо детско игралиште во Градски ѕид кај Зелен пазар го заокруживме проектот за реконструкција и поставување на детски игралишта во шесте сегменти на Градски ѕид. Првпат децата од овој дел на Градски ѕид имаат убаво, современо и безбедно место за играње и забава. Реквизитите се изработени од еколошки материјали, обоени во живи бои и поставени на гумен под што лесно се чисти и ги задоволува сите критериуми за безбедност и хигиена. Играта е многу важна компонента во развојот на децата. Условите кои ги нудат игралиштата им овозможуваат на децата да создаваат и да растат заедно со просторот што го развиваат. Новите детски игралишта се далеку од сообраќајниците, среде зеленило и изработени од безбедни материјали. Санирано е детското игралиште кај училиштето „Кочо Рацин“, а реконструирано е едно игралиште зад Билна аптека, во рамките на реконструкцијата на паркингот со патеките. Во близина на училиштето „Гоце Делчев“ е отворено и оспособено за користење игралиштето што долго време не можеше да се користи. Ни беше особено важно во секој парк и во секоја населба да има барем едно детско игралиште, нешто што очигледно недостигаше. Повеќето од игралиштата се поставени според сугестиите и во договор со жителите на Центар. Заеднички интерес за сите е децата да имаат убави и современи места за игра.


Реконструирани УЛИЦИ

Улиците го претставуваат „крвотокот“ на секој градски простор и имаат исклучителна важност во урбаната комуникација и за безбедноста. Општина Центар посветено работеше на подобрувањето на инфраструктурата. Реализиравме темелна реконструкција на голем број улици и тротоари, односно нивно асфалтирање, проширување, опремување со атмосферска канализација и водовод. Горди сме што во овие четри и пол години реконструиравме над 30 улици. Продолжуваме понатаму!


52.000 м

2

реконструирана површина

Реконструирани улици:

УЛИЦА „ПИТУ ГУЛИ“ - ВОДНО - Прва фаза

2.160 м2

КОЛОВОЗ И РАБНИЦИ, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ

1.340 м2 359 м 346 м 109 м

ОБНОВА НА ТРОТОАРИТЕ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВОДОВОДНА МРЕЖА

УЛИЦА „ПИТУ ГУЛИ“ - ВОДНО - Втора фаза

600 м

ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА

ПОСТАВУВАЊЕ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЈНАТА УЛИЧНА МРЕЖА АСФАЛТИРАЊЕ НА КОЛОВОЗ НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА ПОСТАВЕНИ ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ НА ТРОТОАРИТЕ


УЛИЦИ „РОСА ПЛАВЕВА“ И „8 МАРТ“

570 м2 125 м 177 м

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НОВА НИСКОНАПОНСКА МРЕЖА

НОВА ЛИНИЈА ЛЕД-СВЕТИЛКИ

УЛИЦА „БЛАГОЈ СТРАЧКОВ“ - ДЕБАР МААЛО

375 м 130 м

АСФАЛТИРАН КОЛОВОЗ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

УЛИЦА „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ - ДЕБАР МААЛО

1.363 м2 1.776 м2 550 м

КОЛОВОЗ ТРОТОАРИ РАБНИЦИ

УЛИЦА „БЛАГОЈ ДАВКОВ“

570 м2

ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА

УЛИЦА „8. УДАРНА БРИГАДА“

1.150 м

2

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА ПОПЛОЧУВАЊЕ СО ВЕШТАЧКИ ГРАНИТ, КАЛДРМА И БЕХАТОН ПЛОЧИ

УЛИЦА „АПОСТОЛ ГУСЛАРОТ“

1.150 м2

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА ПОПЛОЧУВАЊЕ СО БЕХАТОН ПЛОЧКИ

82|83


84|85

УЛИЦА „ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ“

1.800 м2

ЦЕЛОСНА ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНИОТ АСФАЛТ

УЛИЦА „НИКОЛА ТРИМПАРЕ“

1.240 м2

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ И ТРОТОАРИ

УЛИЦА „ПАРТИЗАНСКА“

450 м2 200 м

САНАЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

ЖАРДИНИЕРИ СО ЗЕЛЕНИЛО

УЛИЦА „29 НОЕМВРИ“ („КОСТУРСКИ ХЕРОИ“)

2.500 м2 310 м

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА ЗАМЕНА НА АСФАЛТ

ЦЕЛОСНА ВОДОВОДНА И ФЕКАЛНА МРЕЖА НОВИ БЕХАТОН ПЛОЧКИ

УЛИЦА „НОВОПРОЕКТИРАНА 4“

1.000 м2

ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА

НОВИ ТРОТОАРИ НОВА КАНАЛИЗАЦИЈА НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ

295 м

ИЗГРАДБА НА КОЛОВОЗ


УЛИЦА „ЛЕРМОНТОВА“

600 м

2

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА ПОПЛОЧУВАЊЕ СО ВЕШТАЧКИ ГРАНИТ, КАЛДРМА И БЕХАТОН ПЛОЧИ

УЛИЦА „ПАРТЕНИЕ ЗОГРАФСКИ“ - ВОДНО

4.200 м2

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА ПРОМЕНА НА АСФАЛТ

ПОПЛОЧУВАЊЕ СО БЕХАТОН ПЛОЧИ ПРИСТАПНИ ПАТЕКИ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

УЛИЦА „ЃОРЃИ СКРИЖЕВСКИ“ - ВОДНО

2.900 м2

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА

ЗАМЕНА НА АСФАЛТ ЗАМЕНА НА ШАХТИ СЛИВНИЦИ ЗА АТМОСФЕРСКАТА ВОДА

УЛИЦА „ЛЕНИНОВА“ („Аминта Трети“)

4.000 м2 160 м

ЗАМЕНА НА АСФАЛТ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

УЛИЦА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ - ДЕБАР МААЛО

3.600 м2

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА


УЛИЦА „ХРИСТО ЧЕРНОПЕЕВ“

350 м 1.776 м2 550 м2

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ ТРОТОАРИ РАБНИЦИ

ПОСТАВУВАЊЕ НА ФЕКАЛНА И НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗАМЕНА НА ВОДОВОДНА ЦЕВКА

УЛИЦА „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ - КАЛЕ

950 м2 180 м2

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ

190 м

ПЈАЦЕТА СО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ И УРБАНА ОПРЕМА

1.300 м2

ТРОТОАРИ

ПОВРШИНА

УЛИЦА „487“ - ДЕБАР МААЛО

910 м2

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА

ПОСТАВУВАЊЕ НОВ АСФАЛТ

УЛИЦА „СТЕФАН ЈАКИМОВ-ДЕДОВ“

200 м

НОВ ВОДОВОД

ПЕ 100 ПОЛИЕТИЛЕНСКИ ЦЕВКИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „171“ - КРЊЕВО

130 м НОВ АСФАЛТ

НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА


УЛИЦА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“- Прва фаза

2.000 м2

РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА

ПОПЛОЧУВАЊЕ СО ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ И ПРИРОДЕН ГРАНИТ

100 м 100 м

РЕКОНСТРУИРАН ВОДОВОД НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

ТОРЗИОНА КЛУПА

10

КАНДЕЛАБРИ

УЛИЦА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“- Втора фаза

1.087 м2

РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА

ОД БУЛЕВАР „ИЛИНДЕН“ ДО КАФЕ БАР „КРУГ“

УЛИЦА „АДОЛФ ЦИБОРОВСКИ“

1.650 м2

ВКУПНА РЕКОНСТРУИРАНА ПОВРШИНА

НОВО ЛЕД-ОСВЕТЛУВАЊЕ СПУШТАЊЕ НА КАБЛИТЕ ПОД ЗЕМЈА СЛИВНИЦИ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

16

НОВИ ДРВЈА

86|87


88|89

УЛИЦА „ПАЈАК“ - ДЕБАР МААЛО

1.055 м2 135 м 177 м 6

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ И НА ТРОТОАРИТЕ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НОВА НИСКОНАПОНСКА МРЕЖА КАНДЕЛАБРИ

УЛИЦА „ЗАГРЕБСКА“ РЕКОНСТРУИРАН Е ПОТЕГОТ ОД ЦРКВАТА „СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ“ ДО ВЛЕЗОТ НА МАЛО КУРИЛО ВО ДОЛЖИНА ОД 300 м.

УЛИЦА „КОСТА ВЕСЕЛИНОВ“

420 м2 175 м2

НОВ АСФАЛТ ТРОТОАРИ

ИНФРАСТРУКТУРНО УРЕДУВАЊЕ ЗАД БИЛНА АПТЕКА

1.500 м2

ПОПЛОЧЕН ПАРКИНГ

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

12

НОВИ КАНДЕЛАБРИ

УЛИЦА „РИСТО ШИШКОВ“

2.150 м2

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ

СПУШТАЊЕ НА КАБЛИТЕ ПОД ЗЕМЈА

18

СТОЛБОВИ СО ЛЕД-СВЕТИЛКИ И ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СПОРЕДНИ УЛИЦИ


УЛИЦИ

ПОСВЕТЕНИ НА СКОПСКИТЕ БОЕМИ

Ако седнете со некој вистински боем, тој веднаш ќе ве праша: - Ќе се напиеш нешто? - Не, фала, му велиш ти. - Ај, сега прашај ме ти мене, вели тој. Петре м. Андреевски

Нашата идеја е овие улици да им бидат посветени на сите скопски боеми. По војната скопските боеми имале повеќе места каде што се одвивал боемскиот живот: кафеаните „Кермес“, „Мал одмор“, „Починка“, „Мала станица“, хотелот „Македонија“, „Бристол“ „Арапска куќа“, „Букет“, „Победа“, „Драмски“… Во својот текст „Скопска боемија“ Петре М. Андреевски напишал: „Иако сè се гледа, тешко е да се влезе во темниот вилает на една уметничка душа и да се запише неговата боемска биографија. Дури ни како апокрифна литература. А тешко е зашто таму сите центри се


заменети и никогаш не можеш да дознаеш кога реалноста е само привидение, а јавето само компилација на сонот. А можеби сето тоа се должи на претпоставката дека сите боеми спијат кратко и многу набрзина. Боемите, вистинските боеми, не сакаат ништо да одложат. Оттаму се мисли дека се нивни сите оние многу познати сентенции: само еднаш се живее, арен маж на зборот не си стои, јас пијам ти се пијаниш, тој што вечера ракија вода поручува, кој пие вересија двапати се опива. Да не терам уште подалеку…“. СРЦЕТО НА КАФЕАНСКАТА КУЛТУРА Улицата „Живко Чинго“ (Боемска II) има своја „порта“ што ја прават два славни ресторана - од левата страна „Идадија“ и од десната „Кај Перо“. Понатаму улицата вдомува уште осум кафеани. Овие ресторани и гостилници, се познати и по нивните домаќини. Новоотворените ресторани се приспособуваат, па во своето мени секогаш ставаат компир приготвен во фурна и печено месо, свинско или јагнешко во зависност од сезоната. Боемската улица ги обединува живата музика, заедничките теми за разговор и гостите. Каде и да се оди на скара, на крајот повторно се доаѓа во Дебар Маало. Тука е срцето на кафеанската култура . Цените не се одредени според пазарните услови, туку според џебот на постојаните гости. Тука сите се пријатели, без разлика што едните продаваат, а другите купуваат.

90|91


БОЕМСКА УЛИЦА I 2.700 м2

ВКУПНА ПОВРШИНА НА ПРОЕКТОТ:

СО ПРОЕКТОТ СЕ ОПФАТЕНИ: ff УЛИЦАТА „ЃОРЃИ ПЕШКОВ“ ff ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МИРОСЛАВ КРЛЕЖА“ ff СПОЈ НА УЛИЦАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ СО УЛИЦАТА „МИХАИЛ ЦОКОВ“ ff ЦЕЛИОТ ТРОТОАР НА УЛИЦА „МИХАИЛ ЦОКОВ“ СПРОТИ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ff НОВО ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПАРКОТ ЈАС И ТИ ПРЕД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ff ПОСТАВЕНА Е АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ff ЗАСАДЕНИ СЕ 20 ВИСОКОШКОЛУВАНИ ПЛАТАНИ ff ИНСТАЛИРАН Е СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ


Новото решение на улицата „Ѓорѓи Пешков“ претставува трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти - куќи со дворови и гостилници што од двете страни ја оформуваат вертикалната граница исток-запад. Од јужната страна се приклучува на главната улица „Орце Николов“, а северниот дел завршува до паркинг-просторот, денивелиран во однос на улицата. Во опфатот на проектот е и тротоарот на спојот на улиците „Орце Николов“ и „Михаил Цоков“, како и дел од малиот крак на улицата „Мирослав Крлежа“. Целиот потег со вкупна површина од 2.700 м2 е нивелиран на едно ниво за непречено движење на пешаците, лицата со посебни потреби и на велосипедистите. На дел од улицата „Ѓорѓи Пешков“ е направен мал плоштад со уникатна клупа во вид на просторна инсталација. Улицата е пешачка зона. Просторот покрај терасите на гостилниците е поплочен со природни гранитни плочи широки од 40 до 80 сантиметри и со дебелина од 5 сантиметри. Во средишната зона лачно се наредени гранитни коцки со дебелина од 10 сантиметри. На улицата е изведена целосно нова атмосферска канализација што во горниот дел се појавува во вид на линиски слот решетки за да се прифаќаат површинските води. Олуците на објектите непосредно се поврзани со подземниот канал, со што се избегнува поплавување на подрумите.

92|93


Во рамките на проектот „Боемска улица“ беа засадени 20 високошколувани платани со висина до 6 метри и обем на стебло до 40 сантиметри. Со текот на годините овој вид дрвја развиваат голема крошна. За да бидат редовно и правилно наводнувани по целата улица е поставен автоматски систем за полевање.

94|95

Заедно со стариот дрворед сега на улицата има 24 дрвја што се наводнуваат со системот капка по капка. Улицата е осветлена со декоративни фенери изработени од гус и поставени се по рабовите на пешачките патеки. Клупата е просторна инсталација со двојна функција, декоративна и практична.


ЗДРАВИЦА И МУЗИКА На отворањето на Боемска улица свој музички придонес дадоа музичарите од „Баклава“, бендот на Бени, стари македонски шлагери пееја Моротови, а кафеанските музичари забавуваа неколку стотини гости што останаа на улицата до доцните часови. Кон небото беа пуштени педесет светлечки лантерни, а првата, за среќа, ја пушти моделот Маја Сашек. Чаша вино за здравица подигна градоначалникот Андреј Жерновски. Со чаша вино наздравија и сите посетители на улицата, преплавена со бели и црвени рози. Имаше многу јавни личности, жители на Центар и на цело Скопје.


БОЕМСКА УЛИЦА II 4.000 м2

ВКУПНА ПОВРШИНА

ПОПЛОЧУВАЊЕ СО ПРИРОДНИ МАТЕРИЈАЛИ И ГРАНИТНА КОЦКА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА СПУШТАЊЕ НА КАБЛИТЕ ПОД ЗЕМЈА НОВА УРБАНА ОПРЕМА НОВО ЗЕЛЕНИЛО КАНДЕЛАБРИ


Општина Центар го реализираше и вториот дел од Боемска улица. Вториот дел од Боемска улица има должина од 270 метри и површина од 4.000 м2, а се протега од улицата „Орце Николов“ до зад Градежниот факултет. Во текот на нејзината изградба старите и дотраени бекатон коцки и улични рабници се заменети со природни материјали и гранитна коцка. Наедно е поставена и нова атмосферска канализација, а површинските води и водата од олуците ќе се слеваат преку поцинкувани канали. Сега под земја се ставени каблите на кабловските оператори и на ЕВН и повеќе ја нема грдата слика што ја создаваа. И оваа Боемска улица ја краси ново зеленило, односно нов дрворед од 18 садници (костени), a зимзелени садници се засадени во жардиниерата кај ОУ „Коле Неделковски“ и цветен расад во жардиниерите и по улицата. Освен тоа, улицата е разубавена со нова урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и држачи за велосипеди. Дополнително постојното улично осветлување е збогатено со висококвалитетни канделабри. За да биде престојот попријатен за улицата е воспоставен посебен режим на сообраќај, исто како и на првата Боемска улица. Имено, граѓаните можат да уживаат во тишината и во пријатната музика во кафеаните бидејќи улицата е колско-пешачка.

96|97


100|101

ЗВОНКО БОГДАН СЕЌАВАЊЕ НА УБАВИТЕ ВРЕМИЊА Во денешно време кога луѓето и обичаите се менуваат со голема брзина, се потсетивме на времето во кое сказалките на часовникот поспоро се движеа, луѓето повеќе се дружеа, сè беше потивко и поинтимно. Ни недостасуваат добри песни што нè враќаат во тие времиња. Сите убави тонови од минатото никој не може да ги долови подобро од единствениот Звонко Богдан, врвен пејач, композитор, текстописец, мајстор на унгарските романси, староградски песни и босански севдалинки, вљубеник во Војводина, чувар на традицијата на своите предци. Во оваа волшебна вечер на Боемска улица, музиката нè однесе во Сомбор во педесет и некоја, а новиот албум на Богдан „Оваа песна рефрен нема“, ни потврди дека добрата песна е вечна. Легендата на тамбурашката музика со себе ги донесе седумте најдобри тамбураши и покажа дека е најголемиот промотор на староградски песни и тамбурашка музика во нејзиниот изворен, речиси архаичен облик. Тоа не го потврдува само музиката што ја изведува, туку и кратките приказни со кои нè воведува во секоја песна, нè потсетува на антологиските мелодии и стихови. Своите песни ги пишувал во особено време, за особени луѓе и особени настани. Во двочасовниот концерт испеаа триесетина песни од старите, но и шлагери со понов датум, потврдувајќи дека неговиот глас е музички инструмент, а неговата песна вонвременска.


Нино Величковски и неговите тамбураши ја облагородија и ја загреаја атмосферата со својот настап, а поинаква содржина ѝ даде Зафир Хаџиманов, стар скопјанец, боем, пејач на најубавите македонски песни, харизматичен шармер. Сите заедно, како да не ги допреле годините, својата позитивна енергија и добра мисла му ги пренесоа на секој од неколкуте стотици луѓе што присуствуваа на настанот. Боемска беше полна со посетители од почетокот до крајот. Во еден глас од неа ечеа добро познатите староградски песни. Звуците одекнуваа уште долго во ноќта, додека последните луѓе ја напуштаа улицата тивко газејќи по сјајната калдрма. Многумина посакаа оваа вечер да се повторува секоја вечер и тоа токму тука. Среде Дебар Маало, на Боемска.


Центарски

СКВЕРОВИ

Зборот square се објаснува како четириаголник меѓу група или блок згради или мал јавен парк, најчесто во густо населени делови од градот. Изградивме четири нови сквера, на местата на диви паркинзи и депонии. Ги поплочивме со квалитетни материјали, ги опремивме со практична опрема, клупи, држачи за велосипеди, ги разубавивме со соодветно осветлување и зеленило. Денес Центар е побогат со уникатни катчиња за автентично урбано искуство и релаксирана дружба. Нови места со идентитет на мапата на Центар.


ИЗГРАДИВМЕ 4 НОВИ СКВЕРА ВО ЗАПУШТЕНИТЕ ЦЕНТАРСКИ АГЛИ ЛОКАЦИИ: ff „БУЊАКОВЕЦ“ ff „ПИРИНСКА“ ff „Н. Н. БОРЧЕ“ ff „8. УДАРНА БРИГАДА“

СКВЕР „БУЊАКОВЕЦ“ ПОВРШИНА:

1.100 м2

ПОПЛОЧЕН СО ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ НОВА УРБАНА ОПРЕМА ОСВЕТЛЕНИЕ СО ЛЕД-СВЕТИЛКИ ЗЕЛЕНИЛО: ДРВЈА, ГРМУШКИ И ЖАРДИНИЕРИ Површина од 1.100 м2 е поплочена со павер елементи, поставени се кружни клупи, држачи за велосипеди, високо осветление со ЛЕД-светилки и ниско амбиентално осветлување сместено во зеленилото во две групации. За поубав изглед на жардиниерите се посадени 8 џуџести украсни јавори и под нив три типа зимзелени грмушки: фотинија, ред робин и прунус. Контурите на скверот се определени со десетина дрвја од типот црвен див костен што напролет цвета со богат розов цвет. Уредена е и околината, поставени се жардиниери со зеленило и клупи што прават целина со просторот околу автобуската станица. На некој начин секој сквер е маркиран со столпчиња и со нови рабници за да се спречи ново узурпирање на просторот. На барање на граѓаните што тука се одмораат и поминуваат, на секој сквер, па и на овој, е поставена чешма. Скверот е изграден на место на запуштен простор кој се користеше како див паркинг.

104|105


СКВЕР НА УЛИЦА „Н. Н. БОРЧЕ“ ПОВРШИНА:

100 м2

ПОПЛОЧУВАЊЕ СО ПРИРОДЕН ГРАНИТ ТОРзИОНА КЛУПА НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗЕЛЕНИЛО: јавори и ГРМУшести зимзелени растенија Реконструираниот дел од улицата „Н. Н. Борче“, од улицата „Ленинова“ до булеварот „Партизански одреди“, завршува со сквер. Површината од околу 100 м2 е поплочена со природен гранит, поставени се осветлување и уникатен урбан елемент - торзиона клупа што е дизајнирана така за да може на неа да се одмораат повеќе луѓе, а истовремено да имаат интимен простор само за себе.


СКВЕР „ПИРИНСКА“ ПОВРШИНА:

290 м2

ПОПЛОЧУВАЊЕ СО ПРИРОДЕН ГРАНИТ И ТРАВЕРТИН НОВА УРБАНА ОПРЕМА ЗЕЛЕНИЛО: ДРВЈА И ЖАРДИНИЕРИ КАНДЕЛАБРА И АМБИЕНТАЛНИ СВЕТИЛКИ Скверот „Пиринска“ гледа на булеварот „Климент Охридски“ и на некој начин е двор за зградата чија фасада ја реконструиравме една година претходно. На површина од 290 м2, поплочена со комбинација од природен гранит и травертин, поставен е мултифункционален урбан елемент - клупа, со држачи за велосипеди во бетонскиот дел. Две дрвја платани со посебни карактеристики: широка крошна и правилно распореден ѕвездест лист, засадени се во меѓупросторот за да бидат природна сенка налето. Сликата на скверот е дополнета со пет жардиниери во кои е засадено густо зеленило што се одржува со систем за полевање на принципот капка по капка. Скверот е осветлен со една канделабра и со 17 амбиентални светилки вградени во клупата - уникатен урбан елемент што нема да се повторува во ниеден друг парк или сквер. Секој сквер има свој карактеристичен урбан елемент по кој е препознатлив.

106|107


СКВЕР НА УЛИЦАТА „8. УДАРНА БРИГАДА“ ПОВРШИНА:

120 м2

УНИКАТНА УРБАНА ОПРЕМА ТРИ ЈАВОРИ ЧЕШМА Улицата „8. Ударна бригада“, каде што се наоѓа познатиот објект Шкаперда, завршува со сквер уреден по добро познатиот принцип: уникатна урбана опрема и ламба со варијабилна висина од 3 до 3,5 м и опсег на ротација од 180 степени, изработена од алуминиумска конструкција, алуминиумско ѕвоно и челични врзувачки елементи. Конструкцијата се држи на основа во форма на кружна клупа со дијаметар од три метри, изведена е од челична потконструкција, обложена со масивни дрвени елементи. Лампата е обоена е во мастило сина електростатска и акрилна боја и има метал халогенска светилка. Целата површина на скверот од 120 м2 е искористена за да се формира целина со три кружни клупи, границата кон улицата ја чинат неколку еднододруго поставени држачи за велосипеди, три јавори и чешма, со што целиот простор во овој важен дел од Центар добива автентичен лик.


108|109


ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ

фасади

Од Буџетот на Општината издвоивме средства за 13 нови фасади и за менување на олуците и на окапниците. Овие нови фасади се енергетски ефикасни, односно придонесуваат за поеколошка животна средина и наедно ја заштитуваат зградата од надворешни влијанија и им овозможуваат на станарите да плаќаат до 30% пониски сметки за електрична енергија. Во процесот на изградба и реконструкција на фасадите, успеавме да го задржиме автентичниот изглед на градбите и да го збогатиме со соодветен колорит и архитектонски елементи. На тој начин го спречивме бришењето на цели архитектонски стилови од мапата на градот и оддадовме почит на традицијата.


АВТЕНТИЧНИ, ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ ff 13 НОВИ ФАСАДИ НА ЗНАЧАЈНИ СООБРАЌАЈНИЦИ И ВО НАСЕЛБИ ff ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ ШТО ЈА ОПФАЌААТ ЦЕЛА ЗГРАДА ff ЗАШТИТА ОД НАДВОРЕШНИ ВЛИЈАНИЈА ff ДО 30% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНАЕНЕРГИЈА ff МЕНУВАЊЕ НА ОЛУЦИТЕ И НА ОКАПНИЦИТЕ ff ЗАДРЖУВАЊЕ НА АРХИТЕКТУРАТА НА ОБЈЕКТОТ И СТИЛОТ ВО КОЈ Е ГРАДЕН ff КОЛОРИТОТ НА ФАСАДИТЕ ВО ДОГОВОР СО СТАНАРИТЕ ff СРЕДСТВАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СЕ ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА Една градба не е цел сама за себе, таа урамува, спојува, организира, дава значење, создава однос, раздвојува, помага, забранува... Изворното доживување на архитектурата се состои од тоа да се приближиме до зградата и да застанеме наспроти неа, а не вкочането да ја гледаме фасадата, од тоа да влеземе, а не од обликот на вратата, од тоа да погледнеме низ прозорецот, а не од самите прозорци, вели финскиот архитект Јухани Паласма. Со активностите што ги преземавме за да извршиме консолидација на фасадите, направивме интервенции што во сите случаи резултираа со квалитетен однос кон природата на историскиот објект. Сакавме соодветен колористички сооднос на обоените површини за да се стекне правилна претстава за поранешниот изглед на објектот.

ЗГРАДАТА „ПАПАГАЛ“ Нештата се менуваат спротивставувајќи му се на секојдневието. За да се промени нешто, најпрво треба да се создаде нов модел поради кој постојниот ќе биде застарен. Од оваа идеја се водевме во работењето на Општината, таа мораше да ја менува практиката и кога се работи за реконструкција на фасадите и да отстапи од дотогашната практика на старото раководство: фасадата да се реконструира во нов стил и само од предната страна, со што од историјата на градот се избришани повеќе архитектонски стилови. Кога ја реконструиравме првата фасада, популарно наречена „Папагал“ на булеварот „Климент Охридски“, веднаш беше јасна основната тенденција: да биде со весел колорит и да го задржи стилот во кој е градена. Впрочем, Корбизје одамна постави нови правила за изгледот на објектот што треба да привлекува не само да го гледаш, туку и да влезеш и да живееш во него. Авторката на реконструкцијата, архитектката Искра Ефремова, зградата од шеесеттите години на минатиот век со сива боја и балкони во пет темни бои, ја замисли во поживи бои на балконите, што се покажа како вистински погодок. Сега се обоени во жолта, тиркизна, зелена и црвена боја, во духот на модерното време.


НОВИ ФАСАДИ НА БУЛЕВАРОТ „ИЛИНДЕН“ БРОЈ 83, 85 И 87 Трите згради со многу оштетени фасади, кои се наоѓаат на булеварот „Илинден“, добија нови енергетски ефикасни фасади, сите приспособени на архитектурата на зградата и на стилот во кој се градени. Перспективниот план е исполнет, а тоа значи дека секоја фасада од шесте идентични згради да се разликува во еден гест, во некоја пермутација на бои. Боите на фасадите ги избраа самите станари. Овие згради се дел од композиција од шест згради што прават извесен ѕид, граница на населбата со Градски парк.

112|113


ЗГРАДАТА НА „ПИРИНСКА“ Зградата на улица „Пиринска“ е посебна приказна. Таа била сериозно оштетена во скопскиот земјотрес. Фотографиите од тој период го покажуваат начинот на кој била спасувана од уривање, како и голем број други објекти за колективно домување што биле зачувани по секоја цена за да се вдомат колку што е можно повеќе луѓе. Ја зачувавме нејзината архитектура и ја обоивме во колорит близок до претходниот. Со реконструкцијата се зачувани и балконите, со детаљ што ја разликува од секој друг станбен објект за колективно домување во Општината.

114|115


ЗГРАДАТА НАД „САВА КРАЊ“ СО НОВ ЛИК Зградата што се наоѓа на булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ број 30 беше во многу лоша состојба. Новата фасада, поставена на површина од 4.200 м2, е дел од проектот за изработка на термички фасади со енергетска ефикасност на станбените објекти на територијата на Центар. Зградата доби ново лице со мали, но спектакуларни промени во боите на балконите, освежени со жолта и тиркизно-сина боја. Основата на фасадата е слична на старата, обоена во нијанса на бела, а колоритот беше определен во договор со станарите на зградата. Богатото колоритно решение не го измени автентичниот изглед на уште една значајна зграда што го преживеала и била санирана по земјотресот.


НОВИ ФАСАДИ НА БУЛЕВАРОТ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“13 И 13А Познатата Поштенска зграда неопходно требаше да добие нова фасада, но со која, сепак, ќе го задржи стариот лик. Фасадата е контактна, изведена со стиропор од 5 сантиметри и со завршен слој од пластичен малтер, а заменети се олуците и окапниците. По завршувањето со работите руинираната посивена и излупена зграда се исправи во сета своја убавина на целата површина од 1.470 м2, со нова фасада во пастелни бои. Задржан е автентичниот изглед на зградата, која е изградена во педесеттите години од минатиот век по нацртот на дубровчанецот Михо Чакеља, по чиј проект се градени и зградите во населбата Пролет и зградата Ибни Пајко.

116|117


ФАСАДА НА КУЛАТА НА БУЛЕВАР „11 ОКТОМВРИ“ Тоа е една од четирите кули чиј автор е архитектот Александар Серафимовски, а изградена е во 1959 година. Негова специјалност е архитектурата за домување, а целиот негов архитектонски опус опфаќа висококатници и згради за колективно домување, меѓу кои и петте кули на Вардар што се дел од ГТЦ. На оваа кула имаше видливи оштетувања, повеќепати се случило да паднат делови од фасадната обвивка, а причина за тоа било необновувањето на фасадата. Пред да се почне со реконструкција, станарите избраа колорит сличен на оној што зградата го имала претходно. Зградата доби енергетски ефикасна фасада, отпорна на атмосферски влијанија, но притоа не ѝ е сменет ликот. Остана така како што ја замислил нејзиниот автор.


Фасада на зградата на улица „Рајко Жинзифов“ 49 ПОВРШИНА:

840 м2

Зградата чија фасада беше во многу лоша состојба и со избледени бои, во договор со станарите, доби нов лик. Фасадата беше реконструирана, при што се почитуваше постојниот архитектонски облик, без да биде нарушена хармонијата на колоритот со околните згради. Ова е четврта зграда што доби нова фасада. Над постојната фасада беше вграден термоизолациски материјал, а надворешниот изглед беше освежен со нови бои.

Фасада на зградата на улица „Владимир Полежановски“ 19 ПОВРШИНА:

1.574 м2

Нова фасада доби зградата изградена во педесеттите години од минатиот век, еден од првите објекти за колективно домување во Буњаковец, меѓу дотогаш доминантните приватни куќи со дворови. Задржан е нејзиниот автентичен изглед, а боите се избрани во договор со станарите. Станува збор за контактна фасада, изведена со стиропор од 5 см дебелина и завршен слој од пластичен малтер. Заменети се и олуците и окапниците, со што зградата доби поубав и свеж лик.

118|119


Фасада на зградата на улица „Франклин Рузвелт“ 46 ПОВРШИНА:

1315 м2

Станарите од зградата на улица „Франклин Рузвелт“ 46 добија обновена фасада. Тие се определија за фасада со основа во светли бои и комбинација од темноцрвена и жолта боја за балконите. Во неа живеат архитекти и дизајнери, а тие заедно со соседите решија каков ќе биде новиот изглед на фасадата. Ставена е изолација од 5 см за подобро резистирање на временските услови, со што значително се намалуваат сметките за електрична енергија што ги плаќаат станарите на оваа зграда.

ФАСАДА НА УЛИЦАТА „ЦИЦО ПОПОВИЌ“ БР.7 ВО НАСЕЛБА ПРОЛЕТ ПОВРШИНА:

1500 м2

Реконструирана е фасада со површина од 1.500 м2 на една од тринаесетте згради што ја формира населбата Пролет, прва урбанизирана населба во Скопје изградена веднаш по Втората светска војна. Комплетно е задржана автентичноста на зградата, а колоритот е близок до оној што го имала при изградбата, со цел целосно да се задржи авторската замисла. Она што ние во Центар не го заборавивме е дека секоја зграда има потпис на својот градител. Овој важен дел од Центар е направен по планот на Полјакот Луде Кубеш, кој градот го замислува како „озарен“, град во зеленило.


БЕСПЛАТНО И ЕФИКАСНО

паркирање

Општина Центар презема неколку важни чекори за поефективно справување со прашањето за паркинг-просторот. За стручно и посветено менаџирање со овој простор се грижи Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Овозможивме бесплатен паркинг за сите жители на Општина Центар. Изградивме монтажна катна гаража во Буњаковец, при што ја поништивме одлуката на претходната власт на ова место да се изгради осумкатна гаража висока 29 метри и ја почитувавме одлуката на жителите што стравуваа дека со тоа ќе се спречи нормалното струење на воздухот.


БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНАТА ff НЕПРЕЧЕНО И ВРЕМЕНСКИ НЕОГРАНИЧЕНО ПАРКИРАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ff ПОВЛАСТЕНА ГОСТИНСКА КАРТА ЗА ГОСТИТЕ ff ПОДЕМОКРАТСКО ПАРКИРАЊЕ ЗА СИТЕ

Од 1 јули 2013 година стапија во сила измените во паркинг-политиката на Општината, со што на граѓаните на Центар им е овозможено неограничено и бесплатно зонско паркирање. Со ова целосно е исполнето едно од основните изборни ветувања за обезбедување бесплатно паркирање на сите отворени паркиралишта на Општината, без разлика на местото на живеење во Центар. ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар веднаш почна да ја спроведува одлуката за бесплатно паркирање на жителите на Центар, со што тие можеа непречено и без временско ограничување да паркираат на општинските паркинзи. Во согласност со одлуката, Јавното претпријатие изготви нови паркинг-налепници, со што ги категоризира повластените паркинг-билети. Воведена е повластена гостинска карта со пакет од 30 часа паркирање за гости на жителите на Општината, како и олеснувања ако од една адреса се бара паркинг-место за повеќе возила. Главна цел на Општината низ која флуктуираат најмногу возила беше паркирањето да се направи подемократско. Привилегиите се направени за жителите на Центар, но не ги заборавивме и потстанарите. За мал месечен надоместок тие може да добијат место за својот автомобил пред привременото живеалиште. Налепницата за бесплатен паркинг се добива само со лична карта и сообраќајна дозвола.

122|123


Услуги ШТО ги нуди јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“

издадено за физичкото лице потписник на договорот за користење на ППК – ПКЕХ.

Бесплатен паркинг за сите жители на Општина Центар

Корисниците на ППК – ПКЕХ имаат право на бесплатно паркирање единствено на отворените јавни паркир­алишта во паркинг секторот каде што се поставени постројки за напојување на возилата, како и катната гаража Судска палата.

М-карта - за најава на гости; ff ДО 2013 ЗА 300 ДЕНАРИ СЕ ДОБИВАЛЕ 30 ЧАСА ЗА НАЈАВА НА ГОСТИ. ff ОД 2013 ЗА 300 ДЕНАРИ СЕ ДОБИВААТ 90 ЧАСА Новинарска Мобилна Карта -  за членови на ЗНМ и ССНМ Бизнис карти за вработени - Право на користење на МОБИЛНА БИЗНИС ПАРКИНГ КАРТА го остварува секој деловен субјект на територија на Општина Центар кој може да им овозможат бесплатно паркирање на 5 возила на надворешни странки на тој деловен субјект.

Нова повластена паркинг карта за хибридни возила Советот на Општина Центар донесе Одлука за измени во Правилникот за начинот и постапката за издавање на повластена паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата на јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар. Имено, во Правилникот за начинот и постапката за издавање на повластена паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата со кои управува ЈП ПОЦ се воведува нов вид на повластена паркинг карта за сопственици на електрични и хибридни возила (ПКЕХ). Според член 37 од Правилникот, потребни документи кои се доставуваат на увид при склучување на договор со физичко лице сопственик на електрично или хибридно возило се: лична карта и сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган, додека за склучување на договор со правно лице сопственик на електрично или хибридно возило потребните документи кои се доставуваат на увид се: тековна состојба, сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган и овластување од овластеното лице на правното лице

ЈП ПОЦ воведе зонско паркирање во Градскиот парк Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар во декември 2016 година почна да стопанисува со новото јавно паркиралиште Градскиот парк - Зона 01. Паркиралиштето работи секој работен ден од 08 до 22 часот и во сабота од 08 до 15 часот. Во неделите и државните празници паркиралиштата се бесплатни за сите граѓани.

Нова ПОЦ апликација за вашиот мобилен телефон! ЈП Паркинзи на Општина Центар наскоро ќе ја пушти во употреба новата ПОЦ апликација за мобилен телефон за корисниците на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието. Мобилната апликација ќе овозможува брзо и едноставно добивање на сите потребни информации во врска со паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, преглед на корисничките договори, плаќање на паркинг преку СМС, купување на Припејд дневна карта и плаќање на Дневна паркинг карта преку дебитна или кредитна картичка, најава на гости, известувања и новитети. Апликацијата ќе биде достапна за Android и iOS .


Хуманитарни забави ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со повеќе локали во Скопје веќе неколку години организира многу успешни хуманитарни забави за оние на кои им е најпотребно. На забавите присуствуваа голем број хумани граѓани и донираа со цел да придонесат заедно да подариме насмевки на многу лица. Големо е задоволството на ЈП ПОЦ што преку организирање на вакви акции придонесе во подигање на јавната свест за поголема хуманост, бидејќи голем број на здруженија, институции и поединци секојдневно се вклучуваат да помогнат и преку разни хуманитарни акции да собираат средства за помош на социјално загрозени семејства и за лекување на многу дечиња. ЈП Паркинзи на Општина Центар, исто така, е поддржувач и учесник во многу крводарителски акции организирани од различни организации, хуманитарни турнири и слични настани кои имаат за цел да помогнат да се спаси нечиј живот. Хуманата мисија на ЈП ПОЦ ќе продолжи и понатаму.

Хуманитарна акција за помош на поплавените Поради сериозноста на последиците од невремето коешто го зафати скопскиот регион, а заради учество во превенција и справување со кризи, ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар-Скопје на 08.08.2016 година закажа вонредна седница на органите на управување на којашто беше донесена соодветна Одлука за доделување на парична и нематеријална помош за оние на кои им беше најмногу потребна- жртвите од природната непогода.

124|125

Воедно, дел од деловните простории беа ставени во функција на сместувачки капацитети за згрижување на луѓето од кризните региони. Во согласност со својата надлежност, ЈП Паркинзи на Општина Центар-Скопје одбезбеди и соодветни капацитети за користење на паркинг места во Катната гаража „Судска палата“ за чување на автомобилите во сопственост на граѓаните од кризните региони, со цел спречување на дополнителни материјални штети. Дополнително, тие неколку дена претпријатието испрати и свои екипи за помош на терен во најзагрозените подрачја. ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори и пункт за донации за настраданите во поплавите од загрозените подрачја во скопскиот регион, каде граѓаните имаа можност да донираат храна, средства за лична хигиена, вода, лекови и сличен вид на соодветна помош кои беа транспортирани до оние на кои најмногу им беше потребна помош.

Поддршка за КК Работнички ЈП ПОЦ од 2013 година до денес го помага Кошаркарскиот Клуб Работнички, како еден од најтрофејните клубови во Македонија. Исто така, со помош на спонзори-пријатели, опремени се салата на КК Работнички, купена е најнова спортска опрема за кошаркарите, набавени се помошни реквизити и слично.


Монтажна катна гаража во Буњаковец ПОВРШИНА: ПАРКИНГ-МЕСТА:

1.850 м2 104

БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ЗАЧУВАНО ЛОКАЛНОТО ЗЕЛЕНИЛО Во октомври 2016 година ја пуштивме во употрeба монтажната катна гаража во Буњаковец, лоцирана зад трговскиот центар. Со неа се решава прашањето за паркирањето на жителите и на посетителите на населбата и на Општината. Монтажниот јавен паркинг располага со 104 паркинг- места на површина од 1.850 м2. Катната гаража е изградена од еколошки материјали, од челична поцинкувана конструкција составена од модули, со скали поставени за непречено и безбедно движење на пешаците. Со изградбата на катната гаража ја поништивме одлуката на претходното раководство на ова место да се изгради осумкатна гаража висока 29 метри и ја почитувавме одлуката на жителите што стравуваа дека со тоа ќе се спречи нормалното струење на воздухот. Им излеговме во пресрет и на станарите на соседните згради улицата „Владимир Полежановски“ да ја направиме еднонасочна, со што тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се решат со отстранување на автомобилите од улицата. При изградбата се грижевме и за животната средина. Ги зачувавме дрвјата меѓу паркингот и зградата. Паркирањето во монтажната гаража е бесплатно за жителите на Центар.


Безбедност во СООБРАЌАЈОТ

Безбедноста на граѓаните претставува наш врвен приоритет. Постојано се трудиме да понудиме ефективни решенија што ќе ја зголемат безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Како плод на оваа наша заложба го реализиравме проектот „Зона 30“ . Со овој проект Општина Центар првпат во Македонија воведе зона во која е ограничена брзината на движење на возилата. Покрај овој проект, постојано инсистираме и да се дополни хоризонталната сигнализација со нови пешачки премини, како и да се спроведат одредбите од правилникот за велосипедски сообраќај секаде каде што е возможно. Меѓу брзината и животот, ние во Општина Центар се определуваме за животот.


ПРОЕКТ „ЗОНА 30“ – ЗА БЕЗБЕДЕН ЦЕНТАР ff ПРВА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА СО ЗОНА НА СМИРЕН СООБРАЌАЈ ff ПОСТАВЕНИ 25 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА 6 РАСКРСНИЦИ ВО ДЕБАР МААЛО Со цел да го подигнеме нивото на безбедност во сообраќајот на еден од најфреквентните делови во Центар, од 16 ноември 2015 година во Дебар Маало 1 и 2 е воведена „Зона 30“, зона на смирен сообраќај. Општина Центар е прва општина во Македонија што го спроведе проектот „Зона 30“, почитувајќи ги препораките на Европската комисија. Ограничувањето на брзината на 30 километри е со цел да ги спречиме сообраќајните незгоди што сè почесто се случуваат во Центар и да ги направиме рамноправни сите учесници во сообраќајот. Со 30 километри на час ќе се вози во сите сервисни и станбени улици што се во надлежност на Општината, ограничени со булеварите „Климент Охридски“, „Илинден“, „Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“. Проектот добива на значење по црниот биланс од сообраќајните незгоди и големиот број жртви поради несовесни возачи. Главна причина за незгодите е неприспособената брзина. Од сите општини очекуваме да ја прифатат иницијативата, а ние ќе ја воведеме и во други делови на Центар. На влезните и на излезните улици што спаѓаат во „Зона 30“ поставени се сообраќајни знаци.


ШТО ЗНАЧИ „ЗОНА 30“? ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ЗА СИТЕ НА НАЈФРЕКВЕНТНИТЕ РАСКРСНИЦИ Изработено е сообраќајно решение со кое се подигнува нивото на безбедност на сообраќајот, со ограничена брзина на движење на возилата. Овие населби се наменети за домување во станбени згради и куќи, а уличната мрежа е составена од секундарна категорија улици, пред сè, станбени. Уличната мрежа во населбите целосно е изведена според планските и просторните можности. На неа се одвива интензивен моторен сообраќај, а најчести учесници се станарите што живеат во населбите. Овие сообраќајници се користат и за пристап до државните институции што се наоѓаат на ова подрачје. Уличната мрежа интензивно се користи и за пешачко движење кон Градскиот парк и стадионот.

ЕЛЕМЕНТИ НА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА Режимот на сообраќајот за зоната во која е дефиниран е означен со вертикална сообраќајна сигнализација. Поставени се 13 сообраќајни знаци што означуваат зона во која брзината е ограничена на 30, како и 12 сообраќајни знаци со кои се означува каде завршува зоната во која е ограничена брзината. Меѓу брзината и животот, ние во Општина Центар се определуваме за животот. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Нашите деца безбедно да дојдат до училиштата и до градинките, вработени до работните места, а велосипедистите и пешаците до својата цел. Покрај тоа, инсистираме да се дополни хоризонталната сигнализација со нови пешачки премини и да се спроведат одредбите од правилникот за велосипедски сообраќај секаде каде што е возможно.

Зоната на населбите Дебар Маало 1 и 2 е дефинирана со шест раскрсници, преку кои се влегува и се излегува: раскрсницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ленинова“, раскрсницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Костурски херои“, раскрсницата на улицата „Френклин Рузвелт“ со улицата „Орце Николов“, раскрсницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Н. Н. Борче“, раскрсницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Ленинова“ и раскрсницата на булеварот „Климент Охридски“ со улицата „Орце Николов“. На сите улици се предвидени тротоари со различна ширина, а коловозот на улиците е широк од 5,5 до 7 метри. Режимот на движење низ населбите е утврден како еднонасочен и двонасочен сообраќај, а некаде е предвидено и паркирање на улиците. Во вакви услови беше неопходно да се воведе „Зона 30“ во Дебар Маало. 128|129


Чисти

ЈАВНИ ПОВРШИНИ

За да може жителите и посетителите на Центар да уживаат во чисти и уредни јавни површини потребна е постојана активност. Поради тоа, решивме уште повеќе да ги зголемиме тимовите задолжени за одржување на хигиената на јавните површини и потребната опрема. Од тоа произлезе успешниот проект „Еко бригада“. Во рамките на овој проект граѓаните може во кое било време и на кое било место да ги повикаат тимовите на „Еко бригада“ и со новата наменска механизација тие ги чистат сите површини каде што има потреба. Обрнуваме внимание на секој агол, за чист Центар 365 дена во годината!


„ЕКО БРИГАДА“ - ЗА ЧИСТ ЦЕНТАР 7 МАШИНИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ: ЦИСТЕРНА ОД 8 м3 ЗГЛОБНИ ЦИСТЕРНИ ОД 1 М3 МАШИНА – МЕТАЧКА СЕЗОНСКА МАШИНА ЗА ДУВАЊЕ ЛИСЈА И ЗА ЧИСТЕЊЕ СНЕГ


За првата „Еко бригада“ во Општина Центар набавени се повеќе различни машини и цистерна за одржување на хигиената на секој агол и на секоја улица, на пешачките и на велосипедските патеки, како и на зелените површини. За почист Центар на располагање се седум машини за собирање смет што беа ангажирани редовно, но и на повик на граѓаните: една цистерна од 8 м3 за миење на улиците, зглобни цистерни од 1 м3 за миење на улиците и на велосипедските патеки, машина - метачка за вшмукување на правта и за метење со четки на улиците и на тротоарите, како и сеозонска машина за дување лисја и за чистење на патеките од снег. Нашата „Еко бригада“ ја исполни својата задача. Таа интервенираше на повик од граѓаните во секое време и на секое место, во текот на неделата и во викенд. Извршени се повеќе големи чистења на делови што ги посочија граѓаните или на други места каде што е потребно секојдневно одржување на хигиената. Истовремено, во секоја сезона се организираа чистења на делови од Центар и одржување на целата територија на Општината.

132|133


Исчистен каналот во Мало Курило Мало Курило е населба на Водно, каде што беа поплавени повеќе куќи во невремето што го зафати Скопје во летото 2016 година. Општинските служби брзо реагираа и ја испумпаа водата. Во оваа пригода треба да се нагласи дека штетата ќе беше многу поголема ако претходно не беше исчистен каналот што 40 години беше заборавен и запуштен, полн со шут и со ѓубре. Ако не го исчистевме каналот, поплавите ќе предизвикаа многу голема штета во населбите Капиштец и Козле, каде што водата се излеваше и при многу помали дождови. Во акцијата на општинските служби и со механизацијата од овој канал беа извадени 30 тони шут и ѓубре.

За еден месец исчистени 32 диви депонии Уште во текот на летото 2013 година Општината почна со голема акција за расчистување на сите диви депонии и на ѓубрето од јавните површини на територијата на целата Општина, во сите урбани заедници. Врз основа на претходно направеното снимање беа идентификувани 32 локации на кои им беше потребно чистење и уредување. Чистење на депониите и на гаражите во Градски ѕид се спроведуваше и во наредните години, многу често и на повик од граѓаните. 134|135


ЧИСТЕЊЕ СНЕГ Секоја сезона бараше поинаква грижа, уредување и чистење на површините во нашата Општина. Уште во првата недела во јануари 2017 година имаше обилни врнежи од снег поради што беше потребна брза интервенција на нашите служби за чистење на снегот. Општина Центар донесе одлука според која се работеше деноноќно за да не се дозволат поголеми наноси од снег и подмрзнување на улиците во текот на ноќните и во раните утрински часови. Екипите на Општина Центар работеа со целата расположлива механизација сè додека траеше непогодата во текот на јануари. Се интервенираше и со фрлање сол на улиците. Уште првите денови беа фрлени околу 60 тони сол. Прво се чистеше на најкритичните точки на Водно, а потоа се продолжи во сите делови на Општината. Граѓаните можеа без тешкотии и ризик да излегуваат од домовите, а сообраќајот по сите улици се одвиваше непречено. Општинските мобилни екипи беа подготвени за интервенција на повик од граѓаните. Ако во одредени пристапни улици имаше потреба од дополнителна интервенција, граѓаните можеа да се јават на телефонскиот број што беше достапен 24 часа. Чистењето на снегот се вршеше во три смени. Многумина граѓани пишуваа дека во одредени делови на Водно првпат по 25 години се исчистени мразот и снегот во „слепите“ улички и им се заблагодарија на екипите за пожртвуваноста. Во овие зимски денови на улиците работеа четири специјални возила-камиони, соларки со нож и соларка за чистење снег. На приоритетните места се вклучуваше и специјална машина за рачно чистење на голомразни површини.

Работата ја завршивме успешно, на задоволство на сите, и не дозволивме снегот ниту да нè изненади ниту да ги блокира работењето и животот во Општината.


Поддршка

ЗА СПОРТОТ

Горди сме што во текот на овие четири години придонесовме за развојот на спортскиот дух, тимската култура и за физичката подготвеност на граѓаните. Го воведовме и четири години го спроведуваме проектот „Цел Центар на точак“, со што им овозможивме на центарци да се подноват со 4.000 нови велосипеди. Ги реновиравме фискултурните сали и спортските терени, игралиштата во училишните дворови и познатото кошаркарско игралиште на Водно. Им помогнавме на одбојкарките на „Работнички“ на патот кон успехот, а на КК „Работнички“ да го врати стариот сјај.


ЦЕЛ ЦЕНТАР НА ТОЧАК 138|139

4.000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ ВО ЦЕНТАР СУБВЕНЦИИ ДО 3.000 ДЕНАРИ Во рамките на проектот субвенциониравме 30 отсто од вредноста (до 3.000 денари) на секој нов велосипед што ќе го купат жителите на Центар. Цел на акцијата е да се намали загадувањето во Општината и да се следат европските трендови според кои велосипедот сè почесто станува алтернативно превозно средство. Истражувањето покажа дека 96 отсто од велосипедистите во Скопје поминуваат низ Центар, па тоа нè поттикна, во соработка со Архитектонскиот факултет, да ги лоцираме критичните точки и опасности на велосипедските патеки и соодветно да интервенираме. Општина Центар субвенционира купување на 1.111 нови велосипеди и во 2017 година. Веќе четврта година го спроведуваме проектот „Цел Центар на точак“ што изминативе три години се покажа како успешен и стана популарен меѓу нашите граѓани.


По четири години успешна реализација на проектот ја достигнуваме поставената цел од 4.000 нови велосипеди за кои обезбедивме субвенција. Општината, по старото правило, и оваа година субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Ова значи дека 4.000 наши жители што купиле велосипед придонесуваат за поздрав живот во Општината и за помал сообраќаен метеж.


ПРОЕКТ ЗА СООБРАЌАЈНО ОПИСМЕНУВАЊЕ ВО СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ ВО ОПШТИНАТА СЕ ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 6 ДО 9 ОДДЕЛЕНИЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЦЕЛ ЦЕНТАР НА ТОЧАК“ НАТПРЕВАР ВО ВЕШТИНИ НА ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД Работилниците ги одржаа претставници од здружението „НА ТОЧАК“ што активно работи на промоција за користење велосипеди. Тие учествуваа и во комисијата за оценување на натпреварувачите. Основна цел на проектот беше да се зголеми вештината на децата како активни учесници во сообраќајот и да се посочат позитивните страни на возењето велосипед. На победниците во натпреварот, во кој учествуваа околу 50 ученици, им беа доделени награди, а сите добија маички со логото на проектот. Очекуваните резултати се: поголема безбедност во сообраќајот, запознавање со сообраќајните правила и развивање на натпреварувачкиот дух кај децата. Општината им подари три велосипеди на три наши училишта што беа извлечени на лотарија.

140|141


КК „РАБОТНИЧКИ“

Еднашсекогаш шампион, шампион! ДЕВЕТТИОТ ПЕХАР ВО РАЦЕТЕ НА КОШАРКАРИТЕ НА РАБОТНИЧКИ На 23 февруари 2015 „Работнички“ имаше причина да слави: го освои деветтиот куп трофеј во својата историја. Шампионот се врати на сцената! Најтрофејниот клуб го освои Купот на Македонија откако кошаркарите прославија победа во финалето против Кожуф. Кошаркарите заслужено стигнаа до пехарот откако во големото финале изиграа една фуриозна четвртина од мечот. Гечевски и Чековски беа најдобри кога беше најпотребно.

Ѓорѓи Чековски беше избран за МВП играч и по тој повод изјави: „Мислам дека долго време не сме имале вакви услови на еден завршен турнир од Купот на Македонија и сакам да ги пофалам сите во организацијата. Знаевме дека ќе биде тешко на теренот, дека не смееме да им дозволиме да ја зголемат разликата. Во ¾ погодивме доста лесни шутеви со што го трасиравме патот до пехарот. Честитки и за Кожуф за квалитетната игра, но сметам дека пресуди нашето искуство, добро се познаваме и знаеме кој кога треба да ја заврши својата задача. Ова е трофеј за сите оние кои предвреме ги отпишаа „старците“. “ Екипата на „Работнички“ беше победник на 23 издание од кошаркарскиот Куп на Македонија. Купот на Македонија се врати во витрините на Градски парк по 4 години пауза, со што Работнички во своето тринаесетто финале го освои рекордниот деветти трофеј.


70 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ НА КК „РАБОТНИЧКИ“ Во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб КК „Работнички“ беше одржан ревијален натпревар со шампионот на Турција и вицешампионот на Европа - кошаркарскиот гигант „Фенербахче“. За љубителите на спортот и на кошарката 30 септември 2016 година беше вистински празник. Тимот од Турција, предводен од најтрофејниот тренер Жељко Обрадовиќ, играше во најсилниот состав. Маке-

142|143

донската публика уживаше во играта на Богдан Богдановиќ и Никола Калиниќ, носители на сребрениот медал од Олимпијдата во Рио, поранешниот НБА-играч Екое Удо, Јан Весели, Луиџи Датоме, Костас Слукас и другите ѕвезди на „Фенербахче“. Нашиот Перо Антиќ, кој сега игра за турскиот тим, имаше голема заслуга за реализирањето на овој натпревар. Без него немаше да успееме да го донесеме шампионот. Дел од прославата беа и фан-клубовите на тимот што ја направија уште поспектакуларна атмосферата во салата „Борис Трајковски“.


ПОДДРШКА ЗА ОДБОЈКАРКИТЕ ОД КК „РАБОТНИЧКИ“ Општина Центар му даде поддршка и на одбојкарскиот клуб „Работнички“ што се докажа како уште еден успешен центарски спортски клуб. Одбојкарките од „Работнички“ се закитија со две титули. Тие го освоија трофејот во Купот на Македонија во домашното првенство, а во решавачкиот натпревар од финалната плејоф-серија за титулата славеа со 3:0 против „Јанта Волеј“.

144|145


УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЛИГА ЦЕНТАР“ Во ноември 2015 година Општината започна со организирање на училишните спортски игри „Лига Центар“. На 5 ноември, токму на Денот на Општината во салата Градски парк беа отворени игрите „Лига Центар“ со пријателски кошаркарски натпревар меѓу екипите на две центарски училишта: „11 Октомври“ и „Коле Неделковски“. Празникот не можеше подобро да биде прославен. Натпреварот го следеа околу 600 ученици, а во публиката имаше и многу наставници и други гости. Младите кошаркарски надежи играа под будното око на своите идоли, кошаркарите на КК „Работнички“. Градоначалникот Андреј Жерновски им се заблагодари на учениците и на присутните и им подели подароци на победниците во натпреварот. Игрите станаа практика и во наредните две години. Во рамките на „Лига Центар“, кои се одржуваат секоја учебна година, се натпреваруваа околу 400 ученици од нашите седум основни училишта во кошарка, фудбал, ракомет, одбојка за девојчиња и во шах. На стартот на игрите на најталентираните ученици им се доделуваат стипендии, а на крајот од игрите градоначалникот Андреј Жерновски им додели награди на најуспешните спортисти меѓу нив. Со овие училишни спортски игри го поттикнуваме талентот и го наградуваме трудот на учениците. 146|147


Меѓународен шаховски турнир На 21 февруари 2015 година беше организиран долгоочекуваниот меѓународен шаховски турнир „Центар 2015“.

Прв атлетски крос „Центар 2016“ Точно 280 ученици од 6 до 9 одделение од сите седум основни училишта учествуваа во атлетскиот крос „Центар 2016“. Општина Центар првпат го организира овој крос за девојчињата и за момчињата што си ги измерија силите во трчање еден убав сончев октомвриски ден на кејот на Вардар. Се натпреваруваа на осум делници, а на најдобрите им беа доделени пехари за прво, второ и трето место, во сите категории.

Во турнирот учествуваа 98 шахисти од Албанија, Бугарија, Косово, Србија и од Македонија. Се играа девет кола, по швајцарски систем. Прво место освои Мирослав Миљковиќ од Србија пред Петар Дрнчев од Бугарија и Филип Пaнчевски од Македонија. Прославениот велемајстор Кирил Георгиев овој пат мораше да се задоволи со седмо место. Беа доделени вкупно 12 редовни и девет специјални награди. Турнирот помина во фер атмосфера и борбен дух. Во играта на меморијата победија најдобрите и најупорните.


СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА Основно училиште „Ј.Х.Песталоци“: асфалтирано и оградено игралиште за ракомет во дворот на училиштето. Основно училиште „Коле Неделковски“: фудбалско игралиште со нови стативи и озеленување на околината во училишниот двор. На сите игралишта за мал фудбал се заменети заштитните огради. Во населбата Крњево е ограден и асфалтиран терен што може да се користи за мал фудбал и за кошарка. Комплетно е реновиран и ограден кошаркарскиот терен во паркот Капиштец.


ИГРАЛИШТЕ ЗА БАСКЕТ НА ВОДНО Го реновиравме прочуеното игралиште за баскет на улицата „Питу Гули“. Собиралиштето на многу генерации за играње попладневен баскет сега има нов изглед и приспособена и урбанизирана околина. Целосно е реконструирана подлогата, оформен е пристапот до игралиштето што сега го опкружува висока заштитна ограда изработена од жичена мрежа. Кошот е поставен на табла од плексиглас според сите модерни стандарди, а опкружувањето е уредено со зеленило и со урбана опрема за одмор. Прочуеното водњанско баскет игралиште го реновиравме за да одговориме на многубројните барања од граѓаните и сега неговиот изглед соодветствува на славата што му се припишува. Повторно е омилено собиралиште за рекреативна кошарка на нашите жители од Водно и од Капиштец.

150|151


Младите

ВО ЦЕНТАР

Канцеларијата за млади и Советот на млади на Општина Центар ги поврзуваат младите, го зајакнуваат нивното учество во локалната самоуправа и им помагаат во реализацијата на нивните идеи. Се ангажираат за подобрување на животот на младите и овозможуваат простор во кој се организираат дебати, работилници, семинари, обуки и културни настани. Нивните главни задачи се креирање и спроведување на младинските политики на Општината, овозможувајќи еднакви можности на младите во образованието и пазарот на труд, како и охрабрување на младите луѓе да бидат активни членови во општеството.


154|155

Канцеларија за млади на Општина Центар Во септември 2015 година беше отворена Канцеларијата за млади што во наредните години во секоја смисла го оправда своето постоење. Канцеларијата за млади е замислена како посебна организациона единица во состав на администрацијата на Општината и функционира по модел што веќе е проверен во повеќе европски земји. Нејзината главна задача е остварена. Таа ги креира и ги спроведува младинските политики на Општината, овозможувајќи им еднакви можности на младите во образованието и на пазарот на труд, како и охрабрување да бидат активни членови во општеството. Во приоритетните активности на Канцеларијата за млади спаѓаат: вклучување на младите во работата на локалната самоуправа преку организирање дебати каде што се поканети претставници на подмладоците на сите политички партии, невладиниот сектор и на вработените во Општината. Откако е отворена, Канцеларијата никогаш не остана празна. Беа организирани работилници, дебати, обуки, младите се дружеа, споделуваа искуства и идеи. Канцеларијата за млади работеше секој ден, сите 16 месеци. Нејзините врати беа и ќе останат отворени за сите млади и за оние што така се чувствуваат.


AКТИВНОСТИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА: ОВОЗМОЖУВАЊЕ ПОДДРШКА ЗА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР. СОЗДАВАЊЕ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС ШТО ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА СИТЕ МЛАДИ ЛИЦА ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА СЕ АКТИВИРААТ КАКО ВОЛОНТЕРИ И ОПРЕДЕЛЕН ПЕРИОД ДА СТАЖИРААТ ВО РАМКИТЕ НА ОПШТИНАТА, ВО ДЕЛОВНИОТ СЕКТОР И ВО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР. ОРГАНИЗИРАЊЕ БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА „МОДЕРНИ ЗАНАЕТИ“ ОД ТИПОТ НА ВЕБ-ДИЗАЈН, ФОТОШОП, НОВИ МЕДИУМИ. ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ПРЕКУ ОРГАНИЗИРАЊЕ ДЕБАТИ НА КОИ ЌЕ БИДАТ ПОКАНЕТИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОДМЛАДОЦИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР И НА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА. ОРГАНИЗИРАЊЕ АМАТЕРСКИ СПОРТСКИ ТУРНИРИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛА ГОДИНА ВО РАЗЛИЧНИ СПОРТСКИ ДИСЦИПЛИНИ. ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА НА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СО НЕВЛАДИНИОТ И СО ДЕЛОВНИОТ СЕКТОР. КРЕИРАЊЕ КАМПАЊА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ, ТАКА ШТО СРЕДСТВАТА БИ ИМ СЕ ДЕЛЕЛЕ НА ПРОЕКТИТЕ ШТО ИМААТ НАЈДОБАР БИЗНИС-ПЛАН И КОИ СЕ САМООДРЖЛИВИ. ОРГАНИЗИРАЊЕ КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ ЗА МЛАДИТЕ. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА МЛАДИ ОД РЕГИОНОТ И ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА. ИЗРАБОТКА НА МАПА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР


ПРИНЦИП НА РАБОТА Канцеларијата за млади на Општина Центар работи според следниве принципи: ДОСТАПНОСТ И ОТВОРЕНОСТ ЗА СИТЕ МЛАДИ; ПОЧИТУВАЊЕ И ТОЛЕРАНЦИЈА НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ; ПРОМОЦИЈА НА ИНТЕРЕСИТЕ НА МЛАДИТЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРАВА; ПЛУРАЛИЗАМ; ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МЛАДИ.

Канцеларијата може да ја посетат сите граѓани и млади за да се информираат за прашањата за младите и за работата на Локалниот младински совет на Општина Центар. Може да ја користат формални и неформални организации и индивидуи.

КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА МЛАДИ Е ДОСТАПНА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ: СЕМИНАРИ, ОБУКИ И ПРЕДАВАЊА; ЈАВНИ ДЕБАТИ И НАСТАНИ; ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И КУЛТУРНИ НАСТАНИ; СОСТАНОЦИ НА ФОРМАЛНИ И НА НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ; ИНДИВИДУАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА РЕСУРСИТЕ.

156|157


158|159


Совет на млади на Општина Центар Повикот за членови на младински иницијативни одбори за 12 општини, меѓу кои и Општина Центар, во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество, беше објавен на 12 септември 2014 година. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки. Членови на иницијативните одбори можат да бидат млади номинирани од младински организации или друг тип младински структури од општините кои се дел од проектот. Иницијативните одбори, со поддршка на локални младински јадра во секоја општина, ќе го водат основањето на локалните младински совети, ќе работат на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

Активностите предвидени за членовите на инИцијативните одбори вклучуваат: ff Активно учество во креирањето на локалните младински совети; ff Учество на циклус тренинзи во периодот септември – октомври 2014; ff Учество во унапредување на локалните младински политики преку организирање младински настани и акции;

ff Соработка со општините за воспоставување на Локален младински совет; ff Соработка со сите форми на младинско здружување на локално ниво; ff Активно учество при спроведување на обуките и останите активности предвидени со проектот; ff Активно учество при младински документи.

изработка

на

локални

Улогата на Локалниот младински совет во рамкиТЕ на Канцеларијата на млади е: Организирање на отворени денови за млади и граѓани во соработка со членовите на ЛМС Отвореност за предлози, критики и идеи од областа на младите Поддршка на младински иницијативи Поттикнување на поголема вклученост на младите во процесите на одлучување Стимулирање на младински активизам Запознавање на младите со програмата на ЛМС Учество на младите во креирање на годишната програма на ЛМС

ПРОЕКТ „ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМАШТВОТО“ Во Канцеларијата за млади беа организирани три обуки за младите претприемачи за изготвување бизнис-планови. По обуките беше распишан конкурс и беа наградени најдобрите проекти на младите претприемачи. 158|159


Грижа за

ВОЗРАСНИТЕ

Општина Центар им овозможува постојана поддршка на младите, но не ги заборава ниту возрасните. Во текот на својот живот тие се грижеле за другите, па затоа сега и ние се грижиме за нив. Отворивме четири пензионерски клубови на територијата на Општината во кои пензионерите имаат можности за рекреација, дружење и за квалитетна социјална интеракција. Со тоа станавме и прва Општина што на возрасните им овозможува содржини и помош од ваков вид. Исто така, стартувавме и со тримесечен пилот-проект „Центар се грижи за возрасните“ со кој Општината понуди бесплатни пакети за грижа на лица над 64 години од лиценциран негувател. Ќе продолжиме со вакви проекти за да им овозможиме поквалитетен живот на нашите граѓани од сите возрасни групи.


ПОДОБРИ УСЛОВИ И ЗА ВОЗРАСНИТЕ! 4 ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБОВИ БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ГРИЖА СЕРВИС ЗА НЕГА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА


Општина Центар отвори четири пензионерски клубови и сервис за нега на возрасни лица. Со отворањето на четирите пензионерски клубови на територијата на Општината покажавме грижа за старите лица што немаа свој простор за дружење. Клубовите се места за дружење, да се одигра партија шах и да се прочита весник. Со формирањето на Сервисот за стари лица Општината стана прва во Македонија што на своите повозрасни жители им понуди ваков вид помош и грижа за нив. Жителите на Центар што се постари од 64 години може да се јават на бесплатниот телефонски број за да добијат помош од професионални и обучени негуватели што ќе даваат медицинска помош во домашни услови. Освен тоа, предвидено е да се дава помош и за одржување на домот, за извршување на секојдневните активности и психосоцијална поддршка. На возрасните лица што се неактивни поради болест им нудиме конкретна помош со професионални лица што ќе им помогнат повторно да осамостојат и да продолжат со социјалниот живот. Услугите се наменети за лица над 64 години, без разлика во каква здравствена и социјална состојба се наоѓаат. Во зависност од потребите, заедно ги договараме работното време и периодот на користење на услугите.      

162|163


ЦЕНТАР СЕ ГРИЖИ ЗА ВОЗРАСНИТЕ 164|165

Еден од најважните проекти од социјалната сфера е „Центар се грижи за возрасните“. Во рамките на реализирањето на проектот 88 наши сограѓани добија професионална нега во нивните домови, при што немаат потреба од институционално сместување. Од 3 април секој корисник добива нега трипати неделно, по два часа. За возрасните се грижат 15 професионални негуватели што ги поседуваат потребните сертификати. Активностите ги координира социјален работник што подготвува досие за секој корисник, со детална анализа и план за работа. На овој начин секој корисник добива индивидуализирана грижа според неговите лични потреби. Во пакетот се предвидени следниве услуги:

ff помош во извршувањето на секојдневните активности (пазарење, подготвување храна, одржување на домаќинството, лична хигиена, за изнемоштените стари лица ќе се врши и утринска и делумна тоалета) ff обезбедување основна помош во мобилност, лесни масажи, физички вежби, раздвижување ff задачи од медицински аспект (носење на здравствени прегледи, контрола на крвниот притисок, набавка на лекови и водење грижа за навремено земање терапија) ff психосоцијална поддршка (помош во исполнувањето на социјални, културно-забавни и други потреби, одржување на социјални контакти и соодветни активности во локалната заедница). Општина Центар е прва општина што понуди ваква помош за своите повозрасни граѓани. Ако во текот на реализирањето на проектот утврдиме дека е добро прифатен и имаме позитивни резултати, овој тип услуги ќе прерасне во редовна активност на Општината.


Заедно со

ГРАЃАНИТЕ

Сите реализирани проекти ги конципиравме така за да бидат ефикасен одговор на прашањето „Што ќе го направи поквалитетен животот во Општината?“ Најсигурен начин да создадеме и да реализираме проекти по мерка на граѓаните е да ги реализираме заедно со нив. Toa го остваруваме преку постојана комуникација со граѓаните преку редовните отворени средби, преку Центарот на заедниците, со користење на социјалните мрежи. Оваа година го искористивме и интернетот како средство за непречена комуникација и ја лансиравме платформата „Идеи за Центар“, како уште еден канал преку кој граѓаните може да ги споделат своите идеи и потреби за подобрување на животот во Општината. Спроведовме референдум, како автентична форма на директна демократија. Организиравме референдум за ГТЦ. Бевме и ќе бидеме со вас и меѓу вас!


ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР На 17 ноември 2013 година беше отворен Центарот на заедницата на Општина Центар како дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“, партнерство на Фондацијата отворено општество – Македонија со општините Центар, Струмица и Струга. Идејата се темели на уверението дека децентрализираната и силна локална самоуправа е значајна за демократијата. Локалната власт треба да биде најблиска до граѓаните. Центарот на заедницата се наоѓа во просториите на Општината. Неговото работење резултираше со присуство на граѓаните на седниците на Советот, административна помош за тоа како да ги остварат своите права, реализација на иницијативите на граѓаните за подобрување на животот во Општината, обучување на администрацијата како да ги користи средствата од ИПА-фондовите. Во рамките на работата на Центарот се одржани обуки и јавни расправи за локалните нацрт- стратегии за образование, култура, млади, соработка со граѓански организации и социјална заштита. По повеќемесечна работа во работни групи овој процес на партиципативно учество на граѓаните заинтересирани за одделни области од општинскиот живот влезе во завршна фаза и во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ беа објавени брошури со стратегии за сите наведени области. Исто така, беа објавени брошурите: „Прирачник за услугите и процедурите на Општина Центар“, „Граѓански буџет 168|169 на општина Центар“ и „Социјална карта на Општината“.

ОТВОРЕН ДЕН СО ГРАЃАНИТЕ На 29 мај 2013 година беше востановена практика секоја последна среда во месецот да биде отворен ден за граѓаните. На овие средби со градоначалникот и со претставниците на општинските служби граѓаните можеа да поставуваат прашања и да ги споделуваат своите проблеми, да се информираат за актуелните проекти во Општината, комуналните работи, легализацијата на објектите и деталните урбанистички планови. На првите три одржани средби учествуваа 190 граѓани. Веќе во 2016 година за отворениот ден немаше пријавени граѓани.


НОВА ИНТЕРНЕТПЛАТФОРМА „ИДЕИ ЗА ЦЕНТАР“! Креирај ја својата Општина, предложи, поддржи, коментирај! На новата интернет-платформа жителите на Центар може да споделат идеја за тоа како Општината да стане поубаво место за живеење. Секој предлог може да се најде меѓу идеите што ќе бидат избрани и реализирани како проекти.

Како функционира интернет-страницата „Идеи за Центар“? Секој може да ја сподели својата идеја, да гласа за повеќе постојни идеи или, пак, да дискутира за нив. Освен размена на идеи и мислења, оваа платформа има уште еден значаен сегмент. Најдобрите идеи што ги избираат посетителите ќе бидат реализирани како проекти на Општината. На тој начин граѓаните, првпат во Македонија, имаат можност најдиректно да учествуваат во креирањето на Општината. Веќе неколку месеци граѓаните со оптимизам ги споделуваат своите идеи и гласаат, а првите резултати од нашата нова соработка ќе ги видиме уште оваа пролет.

Новата интернет-страница е место на кое секој граѓанин може да ги сподели своите идеи и директно да учествува во создавањето на поубав Центар. Граѓанската партиципација е важен дел од демократијата, а ние во Општината се трудиме да бидеме во директен контакт со граѓаните, со цел да ја развиваме Општината според реалните потреби на жителите. Со желба ваквата комуникација дополнително да ја олесниме и да ја направиме уште потранспарентна, ја развивме оваа веб-платформа за да може локалната самоуправа да се доближи до граѓаните.

168|169


170|171

Референдум: ИЗЛЕЗИ ЗА ГТЦ!

ВО НОВАТА ГОДИНА СО СТАРИОТ ДОБАР ГТЦ!

ВО ОДБРАНА НА ГТЦ На 26 април 2015 година Општина Центар одржа референдум на кој граѓаните на Општината можеа да одговорат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ“. Право да се изјаснат на овој референдум имаа сите жители на Центар со право на глас. Гласањето беше изведено на гласачките места во Општината. НЕКОЛКУ ФАКТИ ГТЦ е граден во време кога градоначалник бил Трајко Стојков, ентузијаст, доволно мудар да послуша, доволно храбар да пресмета позитивен ризик и доволно образован да почитува. Затоа бил распишан меѓународен конкурс за централното градско подрачје. Меѓународно жири, водено од Ернест Вајсман, како претставник на ОН, ги вреднувало трудовите. Идејниот проект за ГТЦ на архитектот Живко Поповски е избран меѓу 23 пристигнати решенија. ИЗГРАДБАТА Е ПОЧНАТА НА 1 МАЈ 1969 ГОДИНА.

НОВОГОДИШНО ТОПЛЕЊЕ НА ГТЦ!

28.12 ВЛЕЗО .2014 Т ОД ПЛ ВО ГТЦ ОШТА ДОТ 19-22 :00Ч

ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ НАСТАПИ НА МУЗИЧКИ ЅВЕЗДИ ЖИВ ЅИД ОКОЛУ ГТЦ

ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ Е ЗАВРШЕН НА 29 НОЕМВРИ 1972 ГОДИНА. СВЕЧЕНО Е ОТВОРЕН ВО 1973 ГОДИНА.

170|171

За споредба, во 2016 година петчлена комисија на чело со директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, му пресуди на ГТЦ да се огради со барокна фасада. Без да биде вклучена јавноста и на увид да бидат ставени идејните решенија за фасадата, повторно зад затворена врата, избрано е идејното решение за барокна фасада на Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, кои ја „облекоа“ и зградата на Владата.

ЗОШТО РЕФЕРЕНДУМ? Референдумот е најавтентична форма на директна демократија. Им овозможува на граѓаните директно да се вклучат во донесувањето на политичките одлуки и јавно да се изјаснат за одредено прашање. Преку него граѓаните го остваруваат својот суверенитет. Референдумот ги обединува граѓаните што се поделени по партиска, етничка или по верска линија и ги насочува кон заеднички позитивен интерес.


Преку референдумот власта се враќа во рацете на граѓаните. Мораше да се организира референдум затоа што историјата на ГТЦ е неразделно поврзана со Центар. Овој објект не само што географски му припаѓа во Центар туку претставува и централен елемент на сите градски приказни на граѓаните. Се чува во живот срцето што го создава уникатниот скопски ритам. Референдумот за ГТЦ значеше давање глас за културна вредност, глас за архитектонски уникат, со излегувањето на овој прв локален референдум граѓаните имаа можност сами да ја донесат конечната одлука. ГТЦ е важен за нас, тој е повеќе од зграда, модерен градски предел, пејзаж низ кој минува градот. ГТЦ е слобода. 16.836 ГРАЃАНИ ГЛАСАА ДА СЕ ЗАЧУВА АВТЕНТИЧНОСТА За ГТЦ да го задржи автентичниот изглед на фасадата гласаа 16.836 граѓани на Центар, од 17.655 жители штоизлегоа на референдумот. Ова се повеќе гласови од што било која политичка партија некогаш има добиено на избори во Центар. Иако не беше задоволен условот на референдумот да излезат повеќе од половина од запишаните во избирачкиот список за Центар, ГТЦ сепак не се преслече во барок. Уставниот Суд ја укина одлуката на Владата со која го пренамени ГТЦ како „објект од посебен интерес“. Под превезот на ваквите одлуки, владата ги менуваше фасадите на сите објекти во барок. ГТЦ остана автентичен, и тоа е голема победа за референдумот и граѓаните на Центар.


Хумана

ОПШТИНА

Наша желба, но и обврска, пред сè, како луѓе, а потоа како институција, е да им дадеме поддршка на сите жители што имаат потреба од помош. Водени од хуманоста како човечки императив реализиравме голем број проекти со кои директно им помогнавме на ранливите групи граѓани. Им ги разубавиваме празниците на децата од социјално загрозените семејства, а им овозможивме и стипендии. Секоја година делевме социјални пакети и им понудивме заштита од студот на бездомниците и на кучињата. Подадовме и ќе подаваме рака таму каде што е најпотребна затоа што Центар е хуманa Општина.


ЗГРИЖУВАЊЕ НА БЕЗДОМНИ ЛИЦА Новата 2017 година почна со силен студ и снег. Општината реагираше за да се одржи функционалноста на улиците и во нивното чистење, но и за други прашања поврзани со хуманиот однос кон луѓето. Сите имаат право на покрив над главата. Центар е прва Општина што почна да ги згрижува бездомните лица. Од 10 јануари во просториите на ПОЦ почна да функционира ноќевалиште за лицата што немаат свој дом за да им се помогне да не ги минуваат деновите и ноќите надвор, на екстремно ниски температури. Ова беше проект на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Од првиот ден во прифатилиштето беше 76-годишниот чичко Благоја кој, како што кажа, на топло и со торта тука го прослави својот роденден. Во просториите на ПОЦ засолниште од студот најдоа повеќе бездомни лица. Освен ноќевалиште, беа обезбедени и пакети со храна, топли напивки, ќебиња, тоалети и медицинска нега. Исто така, помош побараа дваесетина самохрани мајки на кои им беа дадени облека, храна, ќебиња, постелни работи. ПОЦ се погрижи и за животните и на здружението за заштита на животни „Анима мунди“ му беа дадени материјали за куќарки. Многумина наши граѓани и трговски претпријатија и супермаркети несебично донираа храна. Сите граѓани и правни лица можеа да донираат средства на телефонските броеви, специјално отворени за оваа намена.


СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА Од 2016 година седум ученици, по еден од секое центарско основно училиште, секој месец добиваат по 3.000 денари стипендија. Станува збор за наши ученици што досега покажале солиден успех во учењето и се истакнуваат по одредени предмети, а доаѓаат од социјално загрозени семејства. Учениците беа избрани од специјална комисија што ги оценуваше резултатите во учењето и условите во кои живеат децата. И во иднина ќе продолжиме да доделуваме вакви стипендии, со цел да се наградат посветената работа на учениците и нивниот талент и да им се помогне финансиски на семејствата што не можат да обезбедат услови за живот, какви што вообичаено имаат нивните врсници.

174|175


ЦЕНТАР ПОДАВА РАКА Зимската сезона е време на споделување топлина, насмевки и дарување. За жал, има голем број наши сограѓани што не се во можност да уживаат во овие благодати поради бремето на сиромаштијата. Општина Центар реши токму ним да им подаде рака и ги повика и граѓаните да се вклучат во овој хуман подвиг. Сакавме да им подадеме рака на стотина дечиња што живеат во нашата Општина, а кои се социјално загрозени и не можат да ги задоволат основните животни потреби или имаат потреба од лекување. Во договор со артистите што настапуваа за пречекот на Нова година на скверот „Јадран“, како и со пултовите за донации собравме околу 11.000 евра и средствата ги пренаменивме за помош на нашите најмлади сограѓани. Градоначалникот Андреј Жерновски ја донираше својата декемвриска плата, исто така, и дел од вработените во Општината донираа финансиски средства и пакети. СЕКОЈА ГОДИНА ОПШТИНАТА ДОДЕЛУВА СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА 130 СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА НА НЕЈЗИНАТА ТЕРИТОРИЈА.


ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВАТА Советот на Општина Центар на 9 август 2016 година, на предлог на градоначалникот, донесе одлука за доделување парична помош од 1 милион денари за настраданите од поплавите во Скопје. Покрај тоа, сите ресурси на Општина Центар и целокупната механизација беа на терен за да помогнат во расчистувањето на штетите. Во акцијата беше вклучена и Еко бригадата со своите цистерни и со други возила. Советниците од коалицијата предводена од СДСМ се откажаа од дел од советничкиот паушал што им беше доделен на настраданите семејства. Вработените во Општината собираа донации во облека, храна, вода и средства за хигиена, а беа формирани и екипи што се вклучија во расчистувањето на последиците од поплавата.

176|177


Меѓународна

СОРАБОТКА

Процесите на глобализација и на европска интеграција дефинираа нов модел на функционирање на локалната самоуправа во која општините имаат значајна улога во подобрувањето на животниот стандард на своите жители, при што активно соработуваат со меѓународните партнери заради меѓусебна размена на искуства, учење и примена на најдобрите практики во давањето услуги на граѓаните. Во изминатите години градоначалникот Андреј Жерновски оствари низа средби со високи претставници од Европската Унија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и со свои колеги градоначалници од повеќе странски општини.


180|181

Висока делегација на Министерството за надворешни работи на земјите од Бенелукс; европратеникот од групата АЛДЕ - Јоханес Ханс ван Баален; европарламентарецот и известувачот за напредокот на РМ во Европскиот парламент - Ричард Ховит; работна средба со првиот човек на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија - г-ѓа Александра Кас Гранж; првиот човек на Стејт департментот за Централна и Источна Европа - Томас Јаздгерди; директорот за Балкан во Министерството за надворешни работи на Република Франција - Гијом Русон; пратеникот и претседател на Комисијата за француско-македонска соработка  во француското Национално собрание - Филип Диром. Во овие четири години повеќепати се сретна со: амбасадорите на Европската Унија во РМ - Аиво Орав и Самуел Жбогар; поранешниот амбасадор на САД во РМ - Пол Волерс, како и со актуелниот амбасадор на САД - Џес Бејли; амбасадорката на Сојузна Република Германија - Кристине Д. Алтхаузер; поранешниот амбасадор на Швајцарија во РМ - Стефано Лаѕарото; поранешната амбасадорка на Република Франција во РМ - Лоренс Оер, како и со актуелниот амбасадор на Република Франција во РМ - Кристијан Тимоние; поранешната амбасадорка на Кралството Холандија во РМ Мариет Шурман; амбасадорот на Република Чешка во РМ - Мирослав Рамеж; поранешниот амбасадор на Велика Британија во РМ - Кристофер Ивон; поранешниот амбасадор на Република Хрватска во РМ - Златко Крамариќ; поранешната амбасадорка на Кралството Белгија - Аник ван Калстер; поранешниот амбасадор на Република Словенија во РМ - Бранко Раковец; поранешниот амбасадор на НР Кина во РМ - Вен Женшун; амбасадорката на Република Србија во РМ - Душанка Дивјак-Томиќ; амбасадорот на Кралството Шведска во РМ


- Матс Стафансон; поранешниот амбасадор на Кралството Норвешка во Белград - Нилс Рагнар Камсваг; амбасадорот на Република Италија во РМ - Карло Ромео; амбасадорот на Унгарија во РМ - Јожеф Бенце. Оствари средби со амбасадорката на ОБСЕ и шеф на Мисијата на ОБСЕ во РМ - Н.Е. Нина Суомалаинен; шефот на политичкиот и на економскиот сектор на Амбасадата на САД во РМ - Дејвид Стивенсон, раководителот на Отсекот за политички прашања и известување на ОБСЕ Џејмс де Вит, претставниците на УСАИД. За подобра размена на искуства градоначалникот Андреј Жерновски се сретна со градоначалникот на Солун - Јанис Бутарис; заменик-градоначалникот на Општина Брисел - Ахмед Ел Ктиби; заменик-градоначалникот на Париз - Кристоф Најдовски; градоначалникот на Стари Град Дејан Ковачевиќ. Општина Центар ја посети висока делегација на Општина Чанкаја, предводена од градоначалникот Алпер Ташделен, а беше потпишан и договор за соработка со градоначалникот на Областа Шиченг од Пекинг, НР Кина, Ванг Шаопенг, на иницијатива на амбасадорот на НР Кина во Република Македонија.


ЗБРАТИМУВАЊЕ СО ОБЛАСТА ШИЧЕНГ ОД ПЕКИНГ Во рамките на повеќегодишната соработка што Општина Центар ја има со Амбасадата на НР Кина во Македонија произлезе иницијативата за воспоставување соработка и збратимување со Областа Шиченг од Пекинг. Членови на делегацијата на Шиченг, предводени од градоначалникот Ванг Шаофенг, беа гости на Општината во април 2016 година. Потпишан е договор за подобрување на односите и за пријателска размена меѓу Областа Шиченг и Општина Центар, а во нивна чест беше организирана и изложба на која беа презентирани архитектурата, обичаите и економскиот развој на Шиченг. Областа Шиченг е централна општина во главниот град на Кина, административен, културен и политички центар на Пекинг. Општината е центар на централната влада, како и седиште на сите институции од областа на финансиите, економијата, културата, образованието, здравството, спортот и туризмот во кои им се испорачуваат услуги на граѓаните и се применуваат највисоки стандарди. Областа има развиена соработка со 19 градови во различни делови од светот. Во Договорот што беше потпишан од градоначалникот на Шиченг, Ванг Шаофенг, и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, е предвидена соработка во проекти што се однесуваат на размена на знаења од сите области што ќе значат просперитет и напредок за општините.


182|183


СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ТУРСКАТА ОПШТИНА ЧАНКАЈА Во рамките на соработката на Општина Центар со збратимени општини и со цел да се разменат искуства нè посетија претставници на централната општина на Анкара. Градоначалникот Андреј Жерновски имаше средба со градоначалникот на турската Општина Алпер Ташделен, од која произлезе договор за интензивирање на соработката меѓу двете централни општини. Во високата делегација од Општина Чанкаја, освен градоначалникот, кој доаѓа од Републиканската народна пар-

184|185

тија што е во опозиција, имаше и пратеници, бизнисмени, еден член на судски совет и новинари. По повод 8 Септември и одбележувањето на 25 години од независноста на Македонија во Чанкаја ќе биде отворен градски парк на турско-македонското пријателство. Од средбата и од разговорите произлезе дека двете општини имаат речиси идентични проекти и цели: реновирање на училиштата и на градинките, подобрување на инфраструктурата, зголемување на зелените површини и подобрување на социјалната грижа за населението.


СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВИЕНА

СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛИНЦ

На крајот на март 2017 година во Виена градоначалникот Андреј Жерновски се сретна со градоначалникот на главниот град на Австрија, Миахел Хаупл.

Во австрискиот индустриски центар Линц градоначалникот Андреј Жерновски имаше средба со водечките луѓе во локалната самоуправа што имаат многу нешта да нè научат за тоа како да се справиме со загадувањето на воздухот. Од тие причини планирана е нивна посета на Скопје.

Миахел Хаупл е икона на политичката сцена и градоначалник на Виена од 1994 година. Под негово раководство во 2011 година Виена го доби признанието за „Smart city“, а веќе осум години агенцијата „Меркур“ ја избира за најдобар град за живеење. Двајцата градоначалници договорија соработка и разговараа за можноста добрите практики и проекти од Виена да се воведат во Центар. Виена има највисоки стандарди за екологија и за зачувување на ресурсите, проекти за рамноправно вклучување на граѓаните, како и проекти за образование и технолошки иновации. Центар се соочува со големи предизвици токму во овие области од животот и искуствата и поддршката од Виена ќе бидат многу значајни.

Освен тоа, тој разговараше и со челниците на австриската Економска комора за продлабочување на соработката и за нови потенцијални инвестиции што би биле од значење и за Општината и за државата. По средбите, како резиме на посетата, нашиот градоначалник даде интервју за престижниот австриски весник „Die Presse“.


Развој на

КУЛТУРАТА

Културата е исклучително важен сегмент од животот. Таа облагородува и додава вредност, душа на секојдневното живеење. Наш стремеж е на жителите и на посетителите на Центар да им понудиме повеќе културни локации и содржини, а на културните работници и на сите креативци да им овозможиме поддршка и простор за искажување. Повторно го отворивме киното „Култура“ што беше под клуч цела една деценија. Овој културен споменик беше реконструиран, при што се задржа неговиот автентичен изглед. Отворивме две читална преку кои го зачувуваме вредниот пишан збор. Во соработка со Амбасада на САД, го отворивме Американското катче. Културата е целина што ги вклучува знаењето, верувањата, уметноста, моралот, законите, обичаите и секоја друга способност и навика стекнати од човекот како член на општеството. Културата е начин на живеење.


ПО ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОТВОРЕНО КИНОТО „КУЛТУРА“ Овој значаен културен споменик беше под клуч повеќе од 10 години. Објектот беше напуштен и руиниран - искршени седишта, оштетни ѕидови и подови и скршени стакла на рекламните паноа од последниот прикажан филм „Кинг Конг“. Општина Центар, во соработка со основачите, Театарот на навигаторот Цветко и Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, реши да им го врати на граѓаните овој значаен културен и урбан печат на градот. Тие, заедно со други партнери и организации, планираат во иднина да воспостават нова современа организациска структура, урбан простор за современи изведувачи. Направена е реконструкција, фоајето е уредено во духот на модерното време, сцената е приспособена на новиот концепт и обезбедени се 180 седишта за публиката. Просторот се менува во согласност со потребите на настаните: концерт, театар, современ танц или кинопроекција. Во киното има посебна просторија за проби. Сега во овој простор сцената е на исто ниво со публиката. Киното „Култура“ почна да работи со нов концепт, со тим отворен кон независната културна сцена, со посебен акцент на современите изведувачки уметности. Кино „Култура“ е мултифункционален простор за изведба на различни перформанси, театарски претстави, концерти, современ танц, работилници и кинопроекции. Обновениот простор годинава претставуваше место за промовирање книги, ѕидовите на киното беа галериски


простор, се одржаа голем број премиери, се претставија многумина млади автори, беа поставени многу претстави на веќе етаблирани автори. Прва премиера во киното „Култура“ беше „Ајнштајновите соништа“, во режија на Слободан Унковски, која ги испитува разните аспекти на времето и нивното влијание врз судбините на луѓето. Во претставата, како и во новелата на Лајтман, развиена е возбудлива структура, поткрепена со оригиналната музика на Ориѓански и со децентните костими на Трајчевска, што нè води во недофатливиот свет на времето. Градоначалникот Андреј Жерновски за киното „Култура“ напиша: Тргнав во познатиот правец, на неколку минути од дома. Иако патеката за движење е стеснета како кулиси, тоа е мое маало, мои спомени. Го кревам погледот нагоре, кон добро познатите букви; пишува кино „Култура“. Зградата е во лоша состојба, но гледај чудо, контурите и ликот си ги зачувала. Газам по стакла од искршените рекламни паноа на киното и влегувам во полутемна просторија што мириса само на спомени. Ме полазуваат морници и се обидувам да се сетам на минатото и на кадифените седишта со карактеристичен звук на спуштање пред да се седне во нив. Се обидувам да се сетам на последниот филм што сум го гледал тука, длабоко спуштен во седиштето, очекувајќи ја музиката за најава од славното долби стерео. Таванот во фоајето само што не паднал, недостигаат парчиња од огледлото во холот во

190|191


кое некогаш си го проверувавме изгледот пред да влеземе во салата. Овој простор, сепак, не се предал. Запуштен, оставен, заборавен, му покажа заби на забот на времето и дочека подобри времиња. За неколку дена ликот ќе му се промени. На оригиналот му правиме успешен римејк. Не го враќаме времето, туку продолжуваме таму каде што застанало. Во 2005 година со „Кинг Конг“, последниот филм прикажан на ова платно од кое сега ѕиркаат тули. Кино „Култура“ повторно живее. Ѝ велиме добар ден на иднината, приспособена на новото време. Се враќаме во „Култура“ да урамиме нови плакати со нова песна во главата. Во тој ритам чекорам. Кон новиот пристап кон културата во кино „Култура“.


192|193


ОТВОРИВМЕ ДВЕ ЧИТАЛНИ Ги негуваме најтивките и најпостојаните пријатели – книгите!

ПРВАТА МААЛСКА ЧИТАЛНА – „СЛАВКО ЈАНЕВСКИ“ На улицата „Димитрија Чуповски“, веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“, ја отворивме првата општинска читална што го носи името на Славко Јаневски, творецот на првиот роман на македонски јазик „Село зад седумте јасени“. Денес читалната располага со околу 5.000 книги. Фондот на книги постојано се дополнуваше, а со текот на време се зголемуваше и бројот на членови. Во неа беа организирани многу настани, изложби, промоции на книги. На еден значаен датум, 95 години од раѓањето на Славко Јаневски, академикот Томе Серафимовски ѝ подари на Општината седум скулптури во бронза што се изложени во читалната. Меѓу нив се портретот на поетот во бронза и „Рака со книга“. Во читалната го чуваме делото на Славко Јаневски, со што ја надминуваме фрустрацијата, како што рече градоначалникот Андреј Жерновски, дека неговите собрани дела ги поседува само Националната библиотека во Вашингтон. На ѕидот меѓу скулптурите и книгите стои урамена „Мера“, една од најубавите песни на Јаневски. По овој повод градоначалникот Андреј Жерновски рече дека сакаме да го зачуваме тоа што се губи кај нас, македонското книжевното творештво, и дека кога ја отворивме читалната имавме одвај дваесетина книги од Славко Јаневски, а по една година бројката се зголеми на 200 различни изданија.


194|195


И КАПИШТЕЦ СТАНА ПОБОГАТ СО ЧИТАЛНА Втората читална ја отворивме една година подоцна. Со фонд од околу 3.000 книги таа си најде место во Капиштец, во опкружување во кое е единствена според концептот. Го носи името на уште еден наш голем писател, Ацо Шопов. Академикот Томе Серафимовски ѝ подари на оваа читална три скулптури, меѓу кои портретот на Ацо Шопов и 101 книга. На излогот на читалната привлекува внимание текстот на „Тишина“, една од најубавите песни на Ацо Шопов. Во текот на овие две години многумина наши граѓани донираа книги во двете читалници, со што се формира дел со книги, каде што може да се најдат ретки изданија. На отворањето на читалната „Ацо Шопов“ зборуваше градоначалникот Андреј Жерновски: На нашите читални гледам како на чувари на делата со голема литературна вредност што ќе им бидат на располагање на нашите жители. Не случајно нашата прва читална го носи името на Славко Јаневски, како што втората читална го носи името на Ацо Шопов. Тоа се писателите што спаѓаат во нашето национално богатство. Ако Јаневски го напиша првиот роман на македонски јазик, книгата поезија на Ацо Шопов е првата книга објавена на македонски јазик во 1944 година, во слободна Македонија. Една од првите повоени збирки песни е заедничка од двајцата автори. Двете читални ги носат имињата на основоположниците на македонската книжевност, основоположници на МАНУ, меѓу првите нејзини академици, писатели, преведувачи, уредници, светски луѓе.


Благодарејќи на нив, македонскиот литературен збор дошол дури до Америка, каде што во вашингтонската Национална библиотека се чуваат нивните собрани дела. Македонија живее време што не ги слави вистинските литературни вредности, време што се заканува да турне во заборав значајни литературни дела. Општина Центар вложува напор во своите читални да го запре процесот на исчезнување на вредните македонски литературни дела. Кога беше отворена првата читална, во неа имаше едвај десетина книги од Славко Јаневски, а сега имаме околу двесте разни изданија на неговите дела, собрани со сестрана поддршка на нашите граѓани и неговото семејство. За време на подготвувањето на втората читална во книжарниците затекнавме слична ситуација и со делата на Ацо Шопов. Никаде ново издание, дури ни од неговите најславни песни. Собирањето го почнавме со една негова збирка поезија, од тринаесетте што ги напишал. Во читалните ги собираме и ги чуваме делата на македонските книжевни колоси, заедно со делата на младите автори и популарните книги и класиците и на други јазици што ќе бидат мост, а не бариера кон откривањето нови книжевни дела. Во една своја песна Шопов прашува: „Кој тоа невидлив во мене седи и пали таен оган“. Тоа е љубовта кон докажаната вредност, кон луѓето, кон литературата, кон вистината. Пишаниот збор е неизбришлив. И тука и сега ќе го чуваме и ќе го зачуваме.

196|197


отворено „Американско катче“ во Центар Амбасадорот на САД, Н.Е. Џес Бејли и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, го отворија „Американското катче“. Ова е нов простор и почеток на ново партнерство меѓу САД и општината. Бенефитот што ќе го имаат граѓаните од ова катче е голем. Катчето располага со богат бесплатен библиотечен фонд со современа литература од области, како економија, менаџмент, бизнис, култура, книжевност, право и политика. Младите и студентите тука ќе може да се информираат за студентски размени и стипендии за студирање во САД. Покрај ова, ќе се одржуваат и бесплатни обуки, предавања на експерти од САД и консултации, но и културни настани. Ова ќе биде нов простор за учење, информирање и вмрежување на младите.


Се надевам дека ова ќе биде ваше место. Досега, од 17.000 до 20.000 посетители секоја година ги посетуваа Американските катчиња. „Очекуваме и повеќе“, рече амбасадорот Бејли. Тој ги посочи и другите актвиностите во програмата, како што се англиски за правници, програма за таленитрани средношколци, која посебно ја поддржува, а нуди можност средношколците од Македонија да студираат со стипендија во САД. Бејли им се заблагодари на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и на вработените што, како што рече, ќе го направат интересен и жив овој простор. Градоначалникот Жерновски, поздравувајќи ги амбасадорот и присутните, рече дека денешниот настан и отворањето на Американското катче на територијата на Општина Центар го покажува партнерскиот однос меѓу САД и Македонија. „Од овој момент ова ќе биде простор на граѓаните што добиваат низа бенефиции, како што е пристап до богат библиотечен фонд. Очекувам најмногу да биде посетена од младите, кои сакаат да научат за образовниот процес во САД и да се запознаат со можностите за добивање стипендии во САД“, рече Андреј Жерновски. Градоначалникот најави и вети дека партнерскиот однос ќе се гради и натаму. Младите, но и сите граѓани ќе имаат можност за учење на американската историја и култура. Американското катче ќе нуди практична помош за младите кои сакаат да студираат во САД. Ова е можност, нова генерација млади луѓе да се запознаат и да го шират пријателството меѓу двете држави.

198|199


ДЕЦАТА ВО ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕТО 200|201

Во текот на април, мај и јуни на територијата на Општина Центар и во општински училишта и читални, Буден театар го реализираше проектот „Децата во Центар (на вниманието)“. Дел од активностите, насловени „ИнспирИгра“, вклучуваа детски креативни работилници со Буден театар. За време на „Инсприграм“, заедно со децата откривавме, игравме, создававме и ја осознававме моќта на сопстевната имагинација. Ги интегриравме идеите, мислите и желбите, видливото и невидливото, и чудото што заедно го создадовме го нарековме „ИнспирИгра“. Секоја „ИнспирИгра“ беше униката и неповторлива. Се радувавме на секое ново другарство, и наоѓавме нови начини да им го разубавиме детството на нашите најмили. Работевме во ритам, со музика, со вредни рачиња, но и со целото тело, со сите сетила разбудени, и со сè што нè опкружува. Во рамки на проектот Децата во центар (на вниманието), Буден театар имаше редовни културно забавни активности, односно: креативни детски работилници - секоја прва и трета сабота; Инспиригра - двапати месечно; 14 изведби на претставата „Писмо некому“ . На сите настани учествуваа деца од училиштата во Општина Центар. Во рамки на проектот е и четвртото издание на фестивалот за детски театар „Фенер“.

ИТАМ ДА ЧИТАМ Зад името „Итам да читам“ се кријат серија настани преку кои Буден театар сакаше да ги поттикне децата да читаат, а воедно да испрати порака до издавачите поинтензивно да издаваат квалитетна детска литература. Исценираните читања, одржани на територијата на општината, имаат исто така за цел да ги постават децата во центарот на општественото внимание. Тие ги поттикнуваат квалитетните културни активности, истовремено стимулирајќи го детскиот интелектуален развој.


Издавачката куќа „Арс либрис“ им подари дел од своите детски едиции на читалните на Општина Центар. Екипата на Буден театар, по тој повод, ги покани младите читатели на инспиративно читачко дружење со приказните од книгата „Кога светот беше млад“ на Јург Шубигер. Читањата беа организирани во општинската читална „Славко Јаневски“.


ДУХОТ НА ГРАФИТИТЕ Животот на графитите има смисла кога ќе се вдомат на јавна ѕидна површина, од каде што лесно ќе влезат во окото на минувачот, ќе го насмеат или ќе го замислат. Се појавуваат таму каде што е забрането, но во Општина Центар се вдомија. Една група од триесетина млади луѓе, кои стојат зад проектот „Уметност и дизајн на застапување на Фондацијата за дебата и едукација Идеа Источна Европа – Скопје“, цртаа графити на празни површини што им ги отстапи Општината. На ѕидот на фискултурната сала на

202|203

ОУ „Ј.Х. Песталоци“ напишаа: „Кога ќе пораснам, сакам да останам во Македонија“. Ако го пребојадисате ѕидот на кој имало графит, може да ви се случи наредното утро да осамне со нов графит: „Пренесете му на дечкото дека џабе го пребојува ѕидот“. Пркосот што се крие во секој графит покажува дека уличната уметност не треба да се искоренува, напротив, треба да ѝ се дадат празните ѕидови за да се искаже. Им дозволивме на бунтовниците со причина да ја напишат својата порака на јавно место. Нивно „легитимно“ пано станаа и ѕидовите на двете центарски убани заедници.


ДАШ БЕРЛИН НА УЛИЦА „МАКЕДОНИЈА“! Една јунска вечер во 2014 година трансураганот Даш Берлин го исполни со музика просторот на улица „Македонија“ сè до Музејот на Град Скопје. Наш гостин под ведро небо среде Центар беше еден од десетте најпознати диџеи на светот. Реакцијата на публиката на неговиот спектакуларен музички настап покажа колку граѓаните се гладни за забава и музика. Долго по полноќ човекот што управува со моќна музичка електронска машинерија го претвори настанот во спектакл со визуелните ефекти проектирани и на околните згради. Целиот простор го претвори во магичен, научнофантастичен круг во кој сите раце се кренати, а сите тела танцуваат во ист ритам. Околу полноќ публиката танцуваше во такт на познатата „Till the Sky Falls Down“. Така, улица „Македонија“ стана дел од светскиот фестивалски тренд „Тумороуленд“. И во еден момент Даш Берлин високо крена плакат со натпис WE ARE MACEDONIA! Оваа вечер Центар беше обоен во црвено-бела боја и во сите бои на Даш Берлин.


УРБАН ФЕСТ Во последниот викенд од април 2017 година Центар првпат доби привилегија да наликува на големите светски центри: на сквер Јадран беа поставени триесетинаживи статуи кои сме ги гледале најмногу во Барселона, а секојдневна атракција се и во многу други европски градови. Освен што беше украсен со оригиналните скулптури, сивите бехатон плочи од скверот доби боја преку 3Д графити со големи димензии што излегоа од рацете на младите сараевски уметници „Бетонци“, веќе докажани во овој вид на уметност. Терминот „жива статуа“ се однесува на пантомимичарпреправен како статуа со помош на шминка. Не е само шминката она што ги прави атрактивни овие уметници. Стоејќи во иста позиција и по неколку часа, ги изненаду-

ваат набљудувачите со некое нагло движење, насмевка, гримаса без да изговорат ниту збор. Уличните изведувачи што позираат како статуи и претставуваат некој лик, предизвикаа насмевки, интерес и воодушевување кај публиката од сите возрасти. Но да се биде скулптура не е лесно, кажуваат податоците. Покрај креативноста, потребна е голема физичка иментална сила. Живите статуи имаат долга историја зад себе, посебно во европската традиција на уличен театар. Повеќе од тоа да стојат само неподвижно, тие изведуваат точки според сопствено сценарио. Повеќемина од нив сами ги дизајнираат своите костими што одзема многу време и претставува едновремено креативна, прекрасна, но и макотрпна работа. Да се биде жива статуа од уметниците бара и физичка и ментална сила, издржливост на сите временски услови.


Според кажувањето на уличните изведувачи, многу е тешко да се остане неподвижен долго време борејќи се со нагонот за движење. Антонио Сантос - Статикмен има Гинисов рекорд во стоење неподвижен 15 часа 2 минути и 22 секунди во 1988 година, а во 2003 го надминал сопствениот рекорд: останал неподвижен 20 часа. На „Урбан фест“ свое учество земаа артист живи статуи од повеќе европски државиГерманија, Португалија, Холандија, Бугарија, Србија, Босна, како и наши, домашни артисти. Меѓу сите учесници тројца од нив се и светски шамиони за живи статуи: Џон Еик од Германија, Хелена Реис од Португалија и Афке Вестдиијк од Холандија. Секако „Урбан фест“ имаше и музичка програма на која настапија домашни мзичка артисти како што се; Летечки Пекинезери, Фолтин, Бугимен и Шурбе. Идејата е „Урбан фест“ да стане традиоцинален фестивал кој ќе се одржува во главни од град на нашата татковина и истиот од година во година се’ повеќе да расте и да се проширува. „Урбан фест“ оваа година имаше и хуманитарен карактер, за помош на самохраната мајка Наташа Николовска. Во шапките на артистите, кои без двоумење се согласија да бидат дел од хуманитарната акција се собраа над 20 000 денари,помош за Наташа. Доколку „Урбан фест“ стане традиоционален, со сигурност ќе продолжи со својата хуманитарност.

204|205


206|207

СЛАВЕЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА Европскиот хепенинг, со кој традиционално се одбележува 9 мај - Денот на Европа, Општината го организира во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Секогаш на различна локација, со различна програма, во забавата се вклучени децата од општинските основни училишта што на определена тема ги покажуваат своите таленти - од цртање, преку пишување, до игра и глума. Најуспешните точки беа наградени. Од 2015 година беше востановена и награда за краток расказ на тема „Ден на Европа“, а традиционално беше наградувана најуспешната точка изведена во состав на програмата. Цел на одбележувањето на овој ден е европската култура да се доближи до нашите граѓани од сите возрасти, пред сè, до децата. Манифестацијата секогаш е богата со интересни содржини и активности што ги промовираат европските вредности и ја негуваат традицијата на европскиот дух кај младите. Поради тоа, главни носители на манифестацијата се учениците од нашите седум основни училишта. „Посакувам за сите држави во Европа едно знаме, една граница, еден народ, едно големо семејство. Може ли виножитото без своите различни бои и нијанси? Можат ли птиците преселници да одат на југ, ако им постават граници? Во Европа сите сме различни. Но разликите го чинат светот што без нив не би бил тоа што е. Па, зошто да нè делат граници? Рај без граници. Доволно голем за секој да го почувствува својот спокој.“ – цитат од есејот на Надја Вуканова, 6 одделение.


„ЖОЛТА СЦЕНА“ ВО „ЕЗЕРЦЕ“ „Жолта сцена“ е дел од проектот „Рециклиран град“ во состав на 18. Биенале на македонската архитектура. Овој проект претставува мрежа од мали архитектонски артистички интервенции на разни локации во Скопје, дело на осуммина повикани архитекти и архитектонски бироа. Делото „Жолта сцена“ на „Радиус архитекти“, под покровителство на Општина Центар, е архитектонска интервенција на локацијата на поранешниот ресторан „Езерце“ во Градски парк. Малата сцена со трибина за 40 лица е отворена за граѓаните и за идеи за нејзино користење.

БАЗАР НА СОВРЕМЕНИ РАКОТВОРБИ Со цел да се промовираат трудот на уметниците, нивната фантазија и умешност, Општината организираше „Артисан“, базар на ракотворби. Една од целите беше да се презентираат современиот начин и техники на изразување на творечките способности и вештини на поединци-уметници и здруженија, на уметници ракотворци што изработуваат дела со современ израз и дизајн. Овој настан претставуваше несекојдневна можност и начин за промоција на современиот уметнички израз, пресликан во ракотворбите и применетата уметност, како и запознавање на посетителите со творечките модерни техники и начини на изработка на делата. На базарот се претставија осумнаесет уметници и ателјеа.


„ДЕБАР МААЛО ТАЈМС“ Паралелно со промовирањето на Боемска улица во Дебар Маало се делеше и „Дебар Маало Тајмс“, црно-бел весник на 24 страници. Ако некој во последно време добро го опишал дебармаалскиот живот, тогаш тоа беа творците на овие страници. Тие велат: „Кога се отвораат весници, независно дали се дневни, неделни, месечни, шестмесечни, обично, се наведува причината, па ако сакате, и оправданоста на нивното покренување. Значи, зошто „Дебар Маало Тајмс“? За дебармаалци прашањето е реторичко, ќе ви одговорат веднаш, низ стихот на нашиот славен дебармаалски рокер ’Дебармаала не е шала‘. Но Дебар Маало одамна излезе од маалската географија, па затоа еве уште една причина на која нè потсети легендарната белградска Скадарлија. Всушност, оттаму ни пристигна следната порака. Ги имате најавтентичните скопски природни убавини, односно кафеаните, го имате срцето на градот, неговата душа, шарм, сте го заштитиле урбаното, боемијата, веселоста и шегата, негувате свето пријателство и другарство, кај вас се населиле почитта, честа и достоинството. Ги чувате спомените на едно одвеано убаво време. Затоа, на скадарлиската калдрма, меѓу патоказите кои ги означуваат насоките кон Париз, Брисел, Москва, Атина, Виена... високо застанал и еден, на кој ќе прочитате: кон Дебар Маало - Скопје. Што се однесува до весникот, кој ние финансииски го подржуваме, тој ќе биде своевиден водич и патоказ за подобро снаоѓање во дебармаалската галаксија.

210|211


212|213

НОВА ГОДИНА ВО ЦЕНТАР Подготовките за Нова година во Центар почнуваат секогаш во исто време, во последната недела во ноември. Украсувањето на улиците и на парковите завршува во првата недела во декември. Ја воведовме практиката светилките и украсите да бидат во црвена и во бела боја, во боите на Општината. Истовремено тие ги симболизираат и боите на Нова година. Беа украсени повеќе локации, со намера ниедна населба или дел од Центар да не остане без новогодишна атмосфера, од Цветен пазар и паркот во Капиштец до паркот во Пролет и улиците низ Дебар Маало. Секоја година во исто време се набавуваа 550 новогодишни пакетчиња за децата од нашата Општина. На пакетчињата им се радуваа 200 деца од социјално загрозени семејства, педесетина деца со посебни потреби што ни беа домаќини на новогодишната приредба, децата од Клиниката за детски болести, децата на нашите вработени. Традиционална беше и посетата на старите лица за да не се чувствуваат осамени и заборавени во овие празнични денови. Секаде каде што можевме го пополнувавме просторот под новогодишната елка. Сакавме да придонесеме празниците да бидат еднакво убави за сите. Во втората половина на декември веќе беа завршени и подготовките за нашата манифестација „Град во градот“, со која традиционално ги прославуваме последните денови од старата година и ја дочекувавме новата година. Секогаш на скверот „Јадран“ и секогаш со многу музика и убава атмосфера.


„ГРАД ВО ГРАДОТ“ Со „Град во градот“ пречекот на Нова година во Центар стана традицонална манифестација на скверот „Јадран“. Фотографиите останаа како доказ дека на нашите граѓани им недостигаше ваков вид забава што ќе ги обедини и здружи, што ќе ги потсети на старите добри музички времиња.

„ГРАД ВО ГРАДОТ“ 1 Првата година „Град во градот“ ги угости сите посетители од 28 до 31 декември. Го отвори ретромузиката на легендата Драган Б. Костиќ. Четири дена од утро до вечер, скверот беше исполнет со музика на диџеите Боби и Бабура, на „Деј Оф“ и групите „Нокаут“, „Нон стоп“, на Игор Џамбазов и бендот, на секциите од диџеј Дела. Таа 2013 година ја испративме со „Суперхикс“, а новата ја дочекавме со „Прљаво казалиште“ и нивниот „Црно бел свет“. Настојувавме изборот на музиката да одговара на сите вкусови, а во новогодишното славење со своја програма да учествуваат и децата од нашите градинки. Со специјално подготвените новогодишни точки и облечени во согласност со празниците, под будното око на своите негувателки, тие беа најубавиот новогодишен украс. Многу шарени новогодишни сликовници и чоколади дојдоа во рацете на нашите деца за достојно испраќање на една година и пречекување на друга.

„ГРАД ВО ГРАДОТ“ 2 Последните два дена од 2014 година не забавуваа „Ареа“, Игор Џамбазов со Тамара, а Новата година ја дочекавме и испративме со „ДНК“, „САРС“ и „Ван Гог“. Од шанкот се ширеше мирисот на греено вино со цимет, додека музичарите од бината им посакуваа среќна Нова година на нашите граѓани.


На приредбата што ни ја приредија децата од градинките беа поделени многу подароци и новогодишни пакетчиња. Подеднакво се забавуваа и возрасните и децата.

„ГРАД ВО ГРАДОТ“ 3 Две вечери скверот „Јадран“ им пружи гостопримство на шест бенда и музичари. Првата вечер гостуваа „Тhe sounds messengers“ и Dj Erik fox &Simona Poposka, „Day off“  и „Суперхикс“.  Новата година ја дочекавме со „Дубиоза колектив“ и Кирил Џајковски интегрирани на бината во урнебесна свирка. Вистинска светска журка! Визуелните ефекти беа дел од музичките перформанси, а светската музика стана дел од Центар, момент претворен во вечност, забележан во нашите мемории и на нашите фотографии.

„ГРАД ВО ГРАДОТ“ 4 Последнава 2017 година повторно ја дочекавме на скверот „Јадран“, при што забавата ја претворивме во хуманитарна акција „Центар подава рака“ за сите што немаат доволно средства на своите семејства и на своите деца да им обезбедат празници какви што имаат нивните врсници. Ова беше малку поинаква Нова година, односно решивме дел од средствата да бидат распределени таму каде што се најпотребни. Наши гости во новогодишната ноќ беа „САФ“, Јура Стубљиќ и „Филм“ и „Забрането пушење“. Топлината на музиката го стопи студот и нашите најверни граѓани останаа на забавата до раните утрински часови, кога ги направија своите фотографиии во виножитото бои и конфети од бината.

216|217


Други

ПРОЕКТИ


7.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ ВО ЦЕНТАР Еднократната помош што Општината му ја доделува за секое новородено дете во Центар изнесува 7.000 денари. Тоа е најголема сума што некоја единица на локалната самоуправа во Македонија ја издвојува за оваа намена. Од доаѓањето на новото раководство еднократна парична помош добија 1.200 новородени деца.

ЦЕНТАР ПРВ СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ НА САМОХРАНИ МАЈКИ Општина Центар потпиша меморандум за соработка со Бизнис конфедерацијата на Македонија, Институтот за менаџмент и поддршка и Здружението на бизнис жени на Македонија, во рамките на проектот ‘Програма за самовработување на самохрани мајки‘. Проектот е поддржан од Европска унија и се спроведува 12 месеци. Обраќајќи им се на присутните, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски рече: „Велат, човек се мери по тоа како се однесува кон оној кој има потреба од помош. Да се помогне не е само морален чин, тоа е сржта на човечноста. Мајчинството, пак, е една од најтешките „професии“. Бара целосна посветеност, 24 часовна ангажираност и користење на сите физички и емотивни ресурси. Да се расте дете, значи да се негува живот, иднина, надеж. Да се помогне на жена-мајка, значи да се помогне и на идинината на целото наше општество.“ По повод потпишувањето на Референдумот за соработка, градоначалникот им се заблагодари на организациите и нивните соработници кои учествуваа во изработка на овој обемен проект, прв од ваков тип, и ја искажа увереноста во неговото успешно реализирање. Обраќајќи им се на жените, на крајот истакна дека пожртвуваноста на самохраните мајки е мотивација за секој од нас, со надеж дека нивната успешна приказна ќе биде светол пример за сите кои се соочуваат со слични проблеми. На чинот на потпишување на Меморандумот на присутните им се обратија Миле Бошков, претседател на Бизнис кон-


федерацијата на Македонија, Никола Бартолини, раководителот за соработка на Делегацијата на Европска унија, како и претседателките на Институтот за менаџмент и поддршка и Здружението на бизнис жени, Исидора Сидоровска и Валентина Дисовска. Основна цел на програмата е развивање на модел за поддршка на самохраните мајки, жртви на семејно насилство, во процесот на нивно вработување и самовработување. Едукативната програма се состои од 5 обуки, со цел кај учесничките да се развијат професионални и претприемачки вештини за професионална комуникација, менаџмент, тимска работа и управување со луѓе, задачи и време. Во едукативната програма спаѓа обука за вештини за вработување, анализа на пазарот за започнување на бизнис, вокационен тренинг, менторство и психосоцијална поддршка од искусни социјални работници и психолози.

НЕ ОСТАВАЈТЕ ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ ВО ВАШИТЕ ВОЗИЛА Кампањата што ја спроведоа Општината и Министерството за внатрешни работи имаше цел да се превенираат кражби во возилата и да се постигне поголема сигурност за возилата на градските паркинзи.

АНКЕТА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЦЕНТАР Анкетата беше спроведена во октомври 2016 година од општинското Одделение за локален економски развој. Основна цел на истражувањето што се реализира со онлајн-анкета беше да се слушне мислењето на претставниците на бизнис-заедницата за проблемите со кои се соочуваат при тековното работење. Исто така, тие можеа да кажат што е потребно да направат локалните власти за да ги поттикнат претприемаштвото и растот на малите и на средните претпријатија во Општината. На крајот на прашалникот беше додадено отворено прашање на кое претставниците на МСП можеа да предложат идеи за дополнителни мерки или активности. На прашалникот одговорија 398 респонденти, со што значително е надминат минималниот број од 200 испитаници за овој тип истражувања. Резултатите покажаа дека 56,71 од испитаниците со сигурност ќе продолжат да го водат бизнисот во Општината во наредните пет години. Општината ги зема предвид сите заклучоци од анкетата заради подобрување на комуникацијата меѓу локалната власт и претставниците на малите и на средните претпријатија.

222|223


Општина Центар го отвори „Паркот за миленичиња“ Општина Центар го отвори првиот “Парк за миленичиња“ кој се наоѓа спроти објектот на НИП “Нова Македонија“ во Паркот на новинарите. Сопствениците со нивните миленичиња ќе можат слободно да се шетаат во паркот чија површина, на барањето на граѓаните до градоначалникот Жерновски, е двојно зголемена од првобитниот план и изнесува 900 м2.

224|225

Просторот е затворен од три страни со ограда висока 2 метри, а четвртата страна допира до оградата на последната парцела. Во средишниот дел е изработена површина која е исполнета со ризла. Во паркот е поставена урбана опрема - три клупи и шест канти за собирање на изметот од милениците. Исто така, поставени се и дополнителни канделабри. На влезот на паркот се наоѓа информативна табла со правила за користење на паркот.


ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХРАНАТА Децата од три општински градинки цртаа и приготвуваа здрави оброци во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на храната. Од Општината добија пакети со здрава храна со упатство за употреба. Цел е децата да се информираат и да се здобијат со знаење и со правилни навики за здрава исхрана, од мали нозе да знаат што треба да јадат и како тоа ќе влијае врз нивното здравје. Познатиот готвач Марк де Јонг им асистираше на децатa во готвењето.

„ДЕНОВИ НА МЕДОТ“ Секоја година Општината ја поддржува манифестацијата „Денови на медот“, односно недела во која најпознатите производители на мед во Македонија се трудат да ги доближат своите производи до граѓаните. Манифестацијата традиционално се одржува на улица „Македонија“ и секогаш почнува со приредба на децата од градинките, маскирани како пчели, цветови, бубамари.


ДЕН НА СМЕАТА И ШЕГАТА Во киното „Фросина“ во МКЦ беше организиран Денот на смеата и шегата, во кој учествуваа децата од општинските градинки. Преку повеќе точки тие ја покажаа својата способност за актерство, духовитост, а истовремено ги ставија на располагање на публиката сите свои таленти, искреност, природниот хумор и спонтаноста. Нивната умешност на бината сите од срце ја наградија со громогласни аплаузи.

226|227


ГОДИШНА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР – „ФЕНИКС“ Општината традиционално ја доделува годишната награда „Феникс“, како признание за особени постигнувања во стопанството, уметноста, воспитувањето, образованието и спортот. Ова ни е еден од најдрагите и најбитните проекти, сакаме да ги наградиме најдобрите, оние чии достигнувања се од значење за развојот на Општината. Крајот на годината е вистинско време за сумирање на резултатите и за наградување на најдобрите, вообичаено во ноември, на Денот на Општината.

ПРОЕКТ „ЕДУЦИРАНИ РОДИТЕЛИ - ЗДРАВИ ДЕЦА“ Во рамките на овој проект во текот на октомври и на ноември 2016 година Општината организираше шест тематски предавања што опфатија повеќе теми за бременоста и родителството. Едукацијата на идните родители беше бесплатна, се одржуваше шест дена и траеше вкупно 16 часа. Предавањата ги одржуваа стручни лица на следниве теми: Заштита од несакана бременост; Важност на планирањето на семејството; Потреба од редовна медицинска грижа за здравјето на трудницата; Совети за правилен тек на бременоста и породувањето; и Совети за правилна исхрана на трудницата.

ВО БОРБА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ По континуирано лошата состојба со квалитетот на воздухот и алармантните податоци за загадување, градоначалникиот Андреј Жерновски реши да преземе конкретни мерки. Остварена е средба со еко-активистите од „Скопје смог аларам“ на која се разговараше за преземање конкретни мерки на краток и на долг рок, што би резултирале со намалено загадување на воздухот. Првата конкретна мерка е набавка на мобилна мерна станица од Општината

што ќе овозможи прецизен увид во тоа кои три фактори најмногу придонесуваат за загадувањето и тоа на повеќе 226|227 локации во Центар. Во втората фаза ќе се користат статистиките добиени од мерењето за да се преземат мерки што се соодветни за секоја локација. Овие мерки се дел од четиригодишната стратегија на Општина Центар за намалување на последиците од загадувањето. И покрај ограничените ингеренции, сакаме активно да придонесеме за намалување на загадувањето на воздухот што стана ризично за здравјето на луѓето. Од година во година состојбата станува сè поалармантна и беше неопходно да се преземат драстични чекори. Во текот на последниве години Општината спроведе голем број проекти чија цел беше зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест. Реконструиравме голема зелена површина, засадивме нови дрвореди, воведовме субвениција за купување нов велосипед за нашите жители, први воведовме Зона на смирен сообраќај, поставивме голем број енерегетски ефикасни фасади, го зголемивме зеленилото во градинките и дислоциравме детски игралишта, воведовме еколошки материјали во објектите што ги градиме. Со нови мерки и во соработка со еколошките друштва ќе продолжиме да работиме на подобрувањето на животната средина на целата територија на Општината.

САНИРАНА КАТНАТА ГАРАЖА „СУДСКА ПАЛАТА“ Катната гаража „Судска палата“ мораше да биде комплетно санирана поради влагата и руинираните ѕидови како последица на лошата изведба на покривот. По санирањето добивме површина од околу 20.000 м2, од кои 15 отсто се деловен простор и паркинг-места. Во еден дел сега се наоѓаат новите простории на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, а свое место тука има и Центарот за јавно информирање и активности, на иницијатива на Амбасадата на САД и Канцеларијата за односи со јавност.


Општина на светлината

228|229

Столбови со ЛЕД-светилки веќе се поставени на:

Модернизирање на системот за јавно осветление

УЛИЦА „ПАЈАК“

Сo поставување на ЛЕД-светилки на целата територија на Општината добиваме:

УЛИЦА „ВЛАДИМИР ПОЛЕЖАНОВСКИ“

1

ГОДИШНА ЗАШТЕДА ОД 250.000 ЕВРА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

2

ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ Целосна осветленост на јавните објекти, училиштата и на градинките; осветлување на местата и на улиците што досега беа темни; подобро осветлување за заштита од оштетувања на материјалните добра и напади врз граѓаните од насилници; зголемена видливост на улиците и безбедност во сообраќајот.

3 4

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

5 6

НАМАЛУВАЊЕ НА СВЕТЛОСНОТО ЗАГАДУВАЊЕ

7 8

УПРАВУВАЊЕ СО ИНТЕНЗИТЕТОТ НА СВЕТЛИНА

ЕКОНОМИЧНОСТ Од 60% до 80% помали трошоци за електрична енергија и за одржување. АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА РЕГУЛАЦИЈА И ДЕТЕКЦИЈА НА ДЕФЕКТИ

ИНТЕЛИГЕНТЕН СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКИ НАДЗОР И УПРАВУВАЊЕ

9 10

ПОУБАВ АМБИЕНТ

11

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОПАСНОСТА ОД НЕЛЕГАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ

12

НАСОЧЕНА СВЕТЛИНА ШТО НЕМА ДА ИМ ПРЕЧИ НА СТАНАРИТЕ ОД ПОНИСКИТЕ КАТОВИ ВО ЗГРАДИТЕ.

ПОДОБАР ЕСЕТЕТСКИ ИЗГЛЕД НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНАТА

УЛИЦА „КУКУШКА“ (ОД УЛИЦАТА „РИСТО ШИШКОВ“ ДО БУЛЕВАРОТ „ИЛИНДЕН“) УЛИЦА „РИСТО ШИШКОВ“ (ЗАЕДНО СО КРАЦИТЕ НА УЛИЦАТА „8 МАРТ“ УЛИЦА „ХРИСТО БАЈИЌ“ УЛИЦА „РОСА ПЛАВЕВА“, КАДЕ ШТО СЕ ПОСТАВЕНИ 30 НОВИ СТОЛБОВИ СО ЛЕД-СВЕТИЛКИ.


ОСВЕТЛЕНИ УЧИЛИШНИ ДВОРОВИ Во текот на март 2017 година беше направена комплетна санација на надворешното осветлување во седумте основни училишта на територијата на Центар. Првата интервенција на светилките беше извршена во дворот на ОУ „Ј. Х. Песталоци“. Постојните улични светилки се заменети со 12 штедливи светилки во дворното место и четири светилки во задниот дел од дворот што не беа во функција. На влезот на училиштето се поставени две светилки со соодветна јачина заради поголема безбедност на учениците. Беше неопходно постојните светилки да се заменат со појаки и во дворот на училиштата. Општината изврши санација на целото осветление во дворовите на сите училишта заради поголема видливост и безбедност на учениците.

228|229


230|231

„ГО ЧУВАМЕ НАШИОТ ЦЕНТАР“ По барање на граѓаните го реализиравме проектот „Го чуваме нашиот Центар“. Наша должност беше да ги заштитиме реконструираното зеленило и урбаната опрема, како и новите паркови. За таа цел беа поставени стражарски куќички и беше воспоставена стражарска служба на повеќе локации во Центар. Нашите чувари им се на располагање на граѓаните од 20.00 до 04.00 часот, со задолжение да ги заштитат урбаната опрема и инвентарот и да се грижат за безбедноста на граѓаните.


НОВА ИНСТИТУЦИЈА НА ЈАВНО ЦИВИЛНО ПАРТНЕРСТВО Новиот модел на институција е од значење за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и новите облици на создавање социо-културни заедници. Ваквиот вид на установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото користење, неговото програмирање и промовираат нов модел на управување, кој подразбира соработка, заедништво, јавна одговорност кон демократски управувачки модел. Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа, составена од организации, поединци и неформални групи. Со ваквиот модел настанува суштинска децентарлизација на моќта и обезмоќување на досегашните практики на партиски влијанија. Тоа е единствениот пат кон создавање на организациска и програмска автономија на дејствување во сферата на културата во рамки на граѓанскиот сектор и пошироко. Реализирана е потребата од место, фокус каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социо културни практики, простор кој ќе создава автономни само организирани содржини што ќе го артикулираат нашиот урбан интелектуален, критички и творечки капитал. Институцијата треба да покаже стабилна автономна константа на развиток. Овој културно општествен центар нужно се потпре на јавно цивилното партнерство што кај нас се до сега не беше

232|233

спроведен, ниту во сфарата на културата ниту во други општетсвени сфери и дејности. Токму затоа беше предложен од ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена создавањето на хибридна институција што ќе придонесе кон потврда на современите културни практики од регионот и од Европа, со кој се промовираат принципите на демократизација во социо - културен контекст. Станува збор за простори на заедницата кои произведуваат општествено добро низ директна демократија. Доколку сакаме да излеземе од вообичаената реторика, ќе си дозволиме да кажеме дека ваквите хибридни институции на јавно цивилно партнерство се куќи на културата, кои имаат длабоко општествено и политичко влијание во демократските процеси. Со ваквиот модел на институција се прави суштински исчекор во културниот и политичкиот систем, се спречува јавниот сектор да запаѓа во тромавост и затворена преспектива за следење на новите практики во управување и програмирање, и да не биде под контрола на еден основач – власта. Оттаму, инсистиравме и добивме партнерство помеѓу локалната самоуправа и ЈАДРО, односно организациите и поединците на граѓанскиот сектор. Новата институција преставува јавно цивилно партнерство со што се обединети локалните и националните иницијативи, сервис на организациите од независната културна сцена со што се поддржува нивната продукциска и репрезентативна дејност со приоритетни дејности за дејствување: современа култура и уметност, социо културни активности, работа со заедниците, поттикнување критичка култура.


Главната аспирација на институцијата е да вмрежува и спојува, па затоа беа предвидени простори како книжарница, библиотека, канцеларии за мобилно користење по потреба, кафетерија. Институцијата презентира современа уметност и култура од локални и регионални копродукции, па затоа, најголем дел од просторот е отстапен на сцена за современите форми и дисциплини на изведувачки и визуелни уметности. Мисијата на оваа установа е да се обезбеди автономен сервис за продукција афирмација и презентација на независните современи културно уметнички практики и активно учество на граѓанскиот сектор во креирање на социо културниот простор во урбаниот контекст. Установата почива на принципите на партнерство, соработка, инклузија, транспарентност и флексибилност во програмирањето, модел кој овозможува долготрајна издржливост, резултат на избалансиран однос помеѓу јавното финансирање и надзорот од една страна и независното содржинско програмирање и партиципативното носење одлуки од друга страна. Општината има контрола над употребата на општинската сопственост и ја мониторира работата на установата. Установата има управен одбор, директор, орган за внатрешна контрола и други органи утврдени со закон и статут на установата.

Сертификат за квалитет ИСО 9001-2008 Општина центар повторно се стекна со Сертификатот за квалитет ИСО 9001-2008 Општина Центар го обнови Сертификатот за меѓународниот стандард за управување со квалитет ИСО 9001:2008. Проверката ja спроведе оценувачкиот тим од МКД Сертификат при АМ ЦЕРТ. Овој сертификат е признание дека Општината работи според најдобрите светски стандарди и ги применува најдобрите светски практики во давањето услуги за своите граѓани. Уште еднаш Општината го оправда стекнувањето на Меѓународниот сертификат за имплементација на системот за управување со квалитет во делот на давање услуги во надлежност на локалната самоуправа ИСО 9001:2009. Надзорот покажа дека системот функционира и успешно се применува, а посветеноста на раководството и на општинската администрација придонесува континуирано да се унапредува управувањето со услугите што им ги дава Општината на граѓаните. Раководството и администрацијата на Општина Центар и во иднина со максимална посветеност ќе работат на континуираното подобрување на квалитетот на услугите што им ги даваат на своите граѓани и на сите заинтересирани субјекти.


Совет на Општина Центар Советот на Општина Центар е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат 23 претставници избрани на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање. Конститутивната седница на Советот на Општина Центар со доаѓањето на новото раководство е одржана на 24 април 2013 година. Од тој ден, заклучно со јануари 2017 година, се одржани 73 седници, на кои се донесени околу 900 различни акти. Од 2013 до 2016 година донесени се просечно по 100 одлуки годишно.

234|235

ОДРЖАНИ СЕДНИЦИ

БРОЈ НА АКТИ

2013

14

199

2014

13 редовни+2 вонредни

192

2015

18 редовни+1 вонредна

225

2016

17 редовни+3 вонредни

250

ВКУПНО

68

866


ЛЕГАЛИЗИРАНИ 2.376 ОБЈЕКТИ Еден од најголемите проблеми на граѓаните во Општината беа нивните нелегализирани објекти. Во мандатот на претходното раководство биле легализирани само 744 објекти, а до јануари 2017 година ова раководство легализираше 2.367 објекти на жителите од Центар. Истовремено, во овој мандат сите училишни згради се запишани во Агенцијата за катастар на недвижности како сопственост на Општината. Претходно беа во сопственост на државата.


РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“ Со посебна одлука на градоначалникот Андреј Жерновски на 18 мај 2013 година е формирана Комисијата за утврдување на фактичката состојба за законитоста при донесувањето на одлуките за реализација на објектите од проектот „Скопје 2014“, финансирани од Буџетот на Општина Центар. Во рок од 90 дена оваа Комисија ги соопшти прелиминарните резултати од својата работа, а по шест месеци беше завршен извештајот. Членови на Комисијата беа еминентни експерти: универзитетскиот професор Слаѓана Тасева, поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција, и адвокатот Драган Малиновски. Со својот дотогашен професионален ангажман тие беа гаранција за фер и непристрасен извештај за законитоста на одвивањето на овој контроверзен проект. Непристрасната ревизија на трошењето за „Скопје 2014“ беше едно од централните изборни ветувања на локалните избори. На званична прес-конференција беа презентирани податоците за голем број прекршувања на законите при реализацијата на проектот „Скопје 2014“ и им станаа достапни на јавноста и на граѓаните и преку брошурата што беше отпечатена по тој повод.


Заклучоци: 1. Постапката за изработка на спомениците и на скулптурите од проектот „Скопје 2014“, а кои се реализирани преку Општина Центар, е спроведена со сериозно прекршување на Законот за јавни набавки; 2. Непосредното преговарање за склучување договори со авторите, чии идејни решенија биле прифатени, било спроведено на начин што не овозможува никаква проверка на договорената цена. Поголем дел од прифатените предмер-пресметки на авторите се паушални, без јасна спецификација на предјавените трошоци и како такви не се подобни за евалуација. На тој начин на авторите им се исплатени огромни парични средства, без можност да се согледа нивната оправданост; 3. Во Општина Центар немало адекватна контрола за тоа дали авторите ги изработиле и ги испорачале моделите, според вид и количини што биле договорени и платени од Општината. Тоа резултирало со неосновни исплати на високи парични средства кон авторите и кон фирмите што ги изработувале (лиеле) елементите; 4. Голем дел од постапките за избор на фирми за лиење и изработка во мермер на спомениците и релјефите биле спроведени без да се обезбеди ниту елементарна конкуренција. Општина Центар во повеќе наврати донела проблематични одлуки со кои ги елиминирала конкурентите на фирмите на Фердинандо Маринели од Италија. Од друга страна, пак, на економските оператори Fonderia Ferdinando Marinelli и Pietro Bazzanti & F. Општина Центар незаконски им овозможила предност и привилегирана позиција за добивање на тендерите; 5. Посочените незаконитости во постапките за јавни набавки резултираат со штета по Буџетот на Општина Центар во износ од околу 8.000.000,00 евра, само по основа на изработка на спомениците (со лиење и во мермер).

236|237


Што затекнавме Што направивме ЗЕЛЕНИЛО

пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа


пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа


КИНО КУЛТУРА

пред

потоа

пред

потоа

ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

пред

потоа


пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа


СКВЕРОВИ

пред

потоа

пред

потоа

УРБАНА ОПРЕМА

пред

потоа


УЛИЦИ

пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа


ФАСАДИ

пред

потоа

пред

потоа

пред

потоа

ТОДОРОВИЌ

ЖЕРНОВСКИ

744

2.376

ЛЕГАЛИЗАЦИИ

ЛЕГАЛИЗАЦИИ


Сè ова со

0

денари

владина поддршка!


Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | | Меѓународна соработка | Центарски скверови | | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓуна| Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност родна соработка | во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | | Поддршка за спортот | Младите во Центар | Модерни услови за врвно образование | Грижа за возрасните | Зелен центар | Заедно со граѓаните | Современи детски игралишта | Хумана општина | Реконструирани улици | Меѓународна соработка | Центарски скверови | Развој на културата | Енергетски-ефикасни фасади | Бесплатно и ефикасно паркирање | Безбедност во сообраќајот | Чисти јавни површини | Поддршка за спортот |

Зелен центар

Реконструирани улици

Безбедност во сообраќајот

Младите во Центар

Развој на културата

Грижа за возрасните

Современи детски игралишта

Реконструирани улици

Развој на културата

Енергетски-ефикасни фасади

Реконструирани улици

Центарски скверови

Хумана општина

Чисти јавни површини


2

Центар 2013 - 2017  

Овие страници сведочат за активностите и проектите кои ги реализиравме последните четири години. И сѐ тоа со 0 денари владина поддршка!

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you