Den 31 Dekemvri

Page 1

СТАВРИЌ: ШТРАЈКОТ НА ЛЕКАРИТЕ НЕИЗВЕСЕН

1 5 денари

www.den.mk

ИНТЕРВЈУ

10o Понеделник-среда, 31 декември 2012 - 2 јануари 2013, година 1, број 225

Големи попусти, малку можности

14-15

4-5

СРЕЌНА НОВА 2013 ГОДИНА

8-9

Година на опасно живеење


2

ВЕСТИ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Крајот (не)делото го краси КОМЕНТАР

Стојан СИНАДИНОВ Ци ни ци те тврдат де ка би деј ќи Ма кедо ни ја е ма ла зем ја и неј зи ни от поли тич ки Бер муд ски три а гол ник е мал. Но, не е безо па сен. Опози ци јата тој три а гол ник, по ве ќе од симболич но, го ло ци ра ше во про сто рот ме ѓу седи штето на вла де јач ката парти ја ВМРО-ДПМНЕ, Ми ни стерс твото за фи нан сии и иско па ната дуп ка нас проти нив, ка ко голе ма ин ве сти ци ја од ко ја ќе ник не не ко ја кат на га ра жа, мо же би во ба ро кен стил. Има уште симболи ка: цели от тој про стор е за гра ден со ли ме ни огра ди. Ни што од транс па рент но ста. Во са ботата опо зи ци јата проте сти рај ќи ре ши да влезе во тој Бер муд ски три а гол ник. Ка ква ќе излезе по Но ва годи на? Пос лед ни ве де сет ти на годи ни пред но во годиш ни те де но ви, освен по потро шу вач ката еу фо ри ја и по уба ви те жел би, се ка ра кте ри стич ни и по по ста ву ва ната ди ле мата да ли и пра вос лав ни те хри сти ја ни треба да ги прос ла ву ва ат праз ни ци те Бад ник и Божик спо ред Гре го ри јан ски от ка лен дар, ка ко што тоа го пра ват ро ман ската, бу гар ската и грч ката цр ква. Да бе ше та ка, со бра ни ски от

скан дал од ми нати от по недел ник ќе пад не ше ток му на Бад ник, а на ста ни те кои следеа, спо ред тој ка лен дар, спа ѓа ат во т.н. не кр сте ни де но ви, кои тра ат до Води ци, од нос но до Свети Јо ван Кр сти тел. Ка ко ќе би дат „кр сте ни“ на ста ни те из ми натата недела и, уште по важ но, кој ќе би де ме си јата што ќе ја спа си зем јата, не ретко на ре ку ва на и библи ска? Опози ци ски от фронт се из јас ни, скок ну вај ќи во „студе на вода“: за неа не ма вра ќа ње во Со бра ни ето од ка де што се исфрла ат прате ни ци. Ко га сме ве ќе кај водата, ете уште ед на згод на мета фо ра. „На сво ја вол ја, ри зик јак, ду ша ми ла, и да по ги неш, кол ку можеш ќе се спа сиш!“, гла се ше реп ли ката од по пулар ната ви де ос ним ка „Иде Ду нав“ пред не ко ја годи на. Но, из ми ната ва годи на не бе ше ду ри ни ту тра ги ко мич на. Во годи ната чиј крај (не)делото го укра си, дури и ме ѓует нич ки те и ме ѓу вер ски те суди ри беа „ше га“ во од нос на слу ча јот кај Смиљ ков ско Езе ро. Поли тич ки от „Ду нав“, се чи ни, е ве ќе одам на трг нат. Да ли и ка ко ќе по ги не ме за да се спа си ме?

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Комерцијална банка, жиро-сметка 300000003481075 Стопанска банка, жиро-сметка 200002486378003 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

ХАРАДИНАЈ БАРА БЕЛГРАД ДА СЕ ОДНЕСУВА ЕВРОПСКИ Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека во случајот со спорниот споменик на ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановец официјален Белград треба да се однесува „европски“. - Мојата молба е Белград да се однесува европски и за овој случај и да ги употреби европските критериуми - изјави Харадинај по средбата со политичките претставници на Албанците од југот на Србија. Ваквото однесување е потребно, вели Харадинај, затоа што Косово и Србија се стремат кон членство во ЕУ, каде се почитуваат европските стандарди и критериуми.

ВЕРСКА ОМРАЗА, ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО ЊУЈОРШКОТО МЕТРО

Јавното обвинителство во Њујорк соопшти дека причина за морничавиот случај во четвртокот, кога жена усмрти човек туркајќи го на шините на метро-станица во населбата Квинс во момент кога доаѓал воз, била верска омраза. Обвинителот Ричард Браун изјави дека полицијата ја уапсила извршителката, која признала дека го направила делото. Ерика Менендез изјавила дека нападот го извршила мотивирана од омраза кон муслиманите и кон хиндусите. Убиениот, Сунандо Сен, бил хиндус. Очевидци велат дека Менендез го следела Сен. Во момен-

РУСИЈА: АВИОН УДРИ ВО АВТОПАТ На фотографијата се гледа авионот кој удрил во автопат во близина на Москва. Во чудната авионска несреќа загинаа четири лица, а исто толку се тешко повредени. Руските медиуми соопштија дека до несреќата дошло поради грешка на пилотот.

тот кога возот пристигнувал на станицата, таа го турнала на шините, така што тој немал можност да го избегне. Менендез веднаш побегнала од станицата, но била пријавена од минувачи кои ја препознале преку објавениот фоторобот, по што сведоци на убиството го потврдиле идентитетот. Менендез во полиција рекла дека ги мрази муслиманите и хиндусите од нападите во Њујорк во 2001 година. Убиството на Сен е втор ваков напад во текот на месецот. На почетокот на декември, бездомник го уби 58-годишниот Ки-Сук Хан, на идентичен начин.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ОХРИД Е ПОДГОТВЕН ЗА НОВАТА ГОДИНА Охрид, најголемиот туристички центар во земјава, подготвено ја дочекува Новата 2013 година. Сместувачките капацитети речиси целосно се исполнети со домашни и странски гости, поради што градоначалникот Александар Петрески до граѓаните, надлежните институции и до угостителско-туристички работници апелира да направат сè за да има весела и безбедна атмосфера. - Треба да се грижиме за заштита на украсите кои го прават Охрид најубаво накитен град во Македонија зошто ќе ни бидат потребни и за идните години. Воедно, апелираме да се заштитат и другите објекти и да се преземат меки против прекршителите, особено против насилниците кои ја искршија плочата во Паркот на пријателството - велат од локалната самоуправа. Оттаму додаваат дека од полицијата очекуваат, поради големиот број домашни и странски туристи, да се преземат потребните превентивни и активни мерки за деновите од Новата година. Од локалната самоуправа бараат посебно внимание да се посвети на спречувањето на употреба на пиротехнички

ВЕСТИ

3

КУМАНОВО: ВНИМАВАЈТЕ НА КРАЖБИ, СООБРАЌАЈКИ И НА КОРИСТЕЊЕ АЛКОХОЛ

средства. Дочекот на Новата 2013 година е најавено на градскиот плоштад, со забава и дружење до раните утрински часови, забава за сите оние кои си посакуваат здравје, љубов, среќа и желби за бериќетна и просперитетна година. По традиција, грчките туристи и оваа година се најбројни во Охрид за божикните и новогодишните празници. Неколку групи гости од соседна Грција веќе неколку дена се во градот, каде го минуваат времето во разгледување на Охрид и неговите бројни културно-историски споменици. Охрид и годинава очекува голем број странски туристи, пред сè, од Србија, покрај домашните.

Од СВР Куманово апелираат за новогодишните и за божикните празници граѓаните да бидат претпазливи за безбедноста и да не се загрозува јавниот ред и мир. На големите собири и при пазарувања, како што велат од полицијата, да се внимава на кражби и на измами со платежни картички. Граѓаните треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не возат под дејство на алкохол. Се апелира и да се внимава на имотот, особено кога се излегува од дома, но и да не се користат огнено оружје и пиротехнички средства. Угостителите, како што велат од СВР Куманово, треба да ја почитуваат забраната за точење алкохол за малолетници.

БИТОЛА: НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ ПОЧНАА СО МЛАДИТЕ Општина Битола новогодишната програма ја почна со претстави за деца и за млади на плоштадот Магнолија и на Широк сокак. Беа изведени детските претстави „Самовилата од напуштениот замок“ и „Изгубената снегулка“, а се одржа пригоден и посебен детско-тинејџерски музички блок. За средношколците и за студентите на новогодишната сцена настапија стендап-комичарот Марјан Ѓеоргиевски, групите „Калабалак“, „3Г бенд“ и „Фан хаус“. Се одржи манифестацијата „Дедо Мраз во битолската Зоолошка градина“ на која освен забава со Дедо Мраз и бесплатно фотографирање, имаше забава со кловнот Заги и награден квиз „Кој знае добива“, во кој доминираа прашања за жителите во зоолошката градина.

ЗА ШТИПЈАНИ ЕДНА ОД ПОТЕШКИТЕ ГОДИНИ Штипјани 2012 година ќе ја паметат по рецесијата, кризата, малите плати и по невработеноста. Политиката влезе во домовите на граѓаните, па новогодишното расположение се сведува на новогодишните украси и на желбата за подобра 2013 година. Како и да е, најочекуваната ноќ во годината за миг ги ослободува штипјани од она што преку цела година се зборува и се слуша, а се нарекува – криза. Сепак, граѓаните се оптимисти, си посакуваат здравје, љубов и повеќе пари во Новата 2013 година.


4

АКТУЕЛНО

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ГРАЃАНИТЕ КУПУВААТ ЗА НОВА ГОДИНА, НО НЕ КАКО ПОРАНО

Пари има за основни подароците станаа л П

Ирена ЧАЧКОВА

реполни супермаркети и долги редици на касите во продавниците во предновогодишните денови. На прв поглед изгледа дека граѓаните не ја чувствуваат кризата, но кога ќе ги прашате, ќе ви кажат дека ги купуваат само основните производи. Тие велат дека економската криза си го направила своето и секоја година сè помалку ја чувствуваат новогодишната еуфорија и помалку купуваат. - Нова година е, мора да се купи нешто. Цените се тие, но за основните производи ќе се најдат пари - изјави за „Ден“ Милица Стојанова. Покрај полиците за храна во супермаркетите може да се забележи најголема навалица. Граѓаните ги полнат количките со храна за да ја подготват новогодишната трпеза. Голем дел од нив празниците ќе ги дочекаат и дома. - Скапо е, но секој ќе излезе да го купи најосновното. За новогодишните празници ќе останам дома со пријателите и со семејството. Веќе со години не одиме по ре сторани да славиме Нова година како порано - рече Драгана Јовановска. Имаше и такви кои излегле

Милица Стојанова

со список на производи кои треба да ги купат, но кога ги прашавме дали е скапо, ни одговорија дека не ги гледаат многу цените и тоа што треба да го купат - ќе го купат. Сепак, за Нова година ќе останат дома со семејството и со пријателите.

- Што да се прави. Од дома ми дадоа цел список производи што треба да ги купам и ќе ги купам. Цените се тие, Нова година е, мора нешто да се подготви и да се стави на маса. Празниците ќе ги поминам со своите најблиски, како и секоја

Драгана Јовановска

Раде Петровски

година - рече Раде Петровски. Низ центарот на градот раздвижено ста на граѓаните е многу помала во споредба со минатите години, кога луѓето можеа повеќе да си дозволат, да излезат, да шетаат и да купуваат. Излозите на продавниците се излепени со попусти од 50 проценти, 70 проценти, но и покрај попустите - луѓе нема. Повеќе луѓе се задржуваат на тезгињата по ставени на плоштадот. Родители со деца излегле да се прошетаат, да ги сликаат со Дедо Мраз, да ги повозат со вовчето на плоштадот, да им купат балонче или некоја скромна играчка. Подароците за граѓаните станаа луксуз. Тие велат дека повеќе не е како порано и ако им


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

ите производи, луксуз останат пари, можат да купат некој скромен подарок за најблиските. Граѓаните влегуваат, но трговците се жалат дека луѓето само ги гледаат производите, ретко кој одлучува да купи нешто. Трговците велат дека драстично е намалена продажбата во споредба со минатите години. - Минатата година побарувачката беше многу поголема. Работевме по тројца во смена, а сега сме две и пак сме многу. Луѓето влегуваат, ги гледаат цените и излегуваат. Скапо им е, немаат пари за луксуз и за да трошат на подароци. Секој гледа парите со кои располага да ги потроши за храна. И во другите продавници може да се забележи дека интере сот на граѓаните е помал, работа има многу помалку во споредба со минатите години. Порано на касите во супермаркетие и во другите продавници чекав и по 30 минути за да платам. Годинава многу слабо. Нема ниту новогодишна еуфорија - ни рече Поп-Манчевска Дијана, која работи во продавница за новогодишни подароци. Во ре стораните и во кафули-

њата веќе се направени сите подготовки за дочек на Новата година. Во дел од нив се задоволни од тоа каков е интере сот годинава, но некои велат дека имале и многу подобри времиња. Цените во ре стораните се движат од 1.700 до 2.400 денари, во кафулињата, пак, од 800 до 1.400 денари. Најголем е интересот за оние

ме ста каде во цената има вклучено неограничено јадење и пиење, а многу помалку за оние понуди во кои со цената има само неколку пијалаци, коментираат од уго стителските објекти. Годинава и дел од туристичките агенции се пожалија дека и покрај намалувањето на цените на аранжманите, тие тешко се продаваат.

5

„Балкан енерџи груп“ ќе го преземе парното греење

Првите стотина договори на вработените во „Топлификација“ за префрлање во „Балкан енерџи груп“ се веќе потпишани. Руската компанија почна да ги презема вработените во „Топлификација“ и да потпишува петгодишни договори со нив. Ова значи дека Регулаторната комисија за енергетика реши трите лиценци, производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија да му ги додели на „Балкан енерџи груп“. Претходниве денови „Топлификација“ и „Балкан енерџи груп“ забрзано го подготвуваа примопредавањето на работата. Сите вработени од „Топлификација“ преминуваат во „Балкан енерџи груп“, освен дел од менаџерите кои во иднина ќе располагаат со дел од киријата која „Балкан енерџи груп“ ќе ја плаќа за закуп на објектите. „Балкан енерџи груп“ е фирма ќерка на ТЕ-ТО - руска компанија „Синтез“ од Скопје. Руската компанија „Синтез груп“ на полето на енергијата (гас, нафта и електрична енергија) работи веќе 25 години, свои инвестиции има во Европа, Азија и во Африка, каде работат повеќе од 10.000 вработени. Сопственик на „Синтез груп“ е Леонид Лебедев, член на рускиот парламент.


6

АКТУЕЛНО

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ГОДИНА НА ОПАСН Љубиша НИКОЛОВСКИ

Размислувајќи наназад за настаните што ја одбележаа годината што изминува, се чини дека целата беше во знакот на граѓански конфликти. И тоа во сите изданија. Меѓурелигиски, меѓуетнички и, на крајот, меѓупартиски

Календарски годината почнува со зима. Зиме се Водици, на Водици е Вевчанскиот карневал. Од играчка за малку ќе станеше плачка. Муслиманите се најдоа погодени од една карневалска шега. За среќа, работата заврши само со остри реакции.

Масло на огнот долеа одбележувањето на годишнината од конфликтот во 2001 година. Министерот за одбрана, Фатмир Бе сими, во придружба на офицери на АРМ облечени во униформи, се поклони на споменикот на УЧК во Слупчане.

Македонска сага на годината стана и штрајкот на лекарите. Со недели белите мантили протестираа незадоволни од проектот „Плата според сработеното“ на министерот за здравство. Никола Тодоров остана слеп при очи. Тој штрајк - не виде.

За несреќа, два инцидента подоцна имаа трагични последици и го одмотаа клопчето на меѓуетничка нетрпеливост. Убиството на двајца Албанци од поранешен полицаец во Гостивар и масакрот врз петмина рибари, од кои четири момчиња од Радишани, кај Смиљковското Езеро. Тие на ѕверски начин беа убиени од засега непознати причини.

Премиерот Груевски, лут на министерот, веднаш обзнани дека Собранието мора да го усвои законот за бранители, во кој нема ме сто за борците на Али Ахмети.

Сепак, кулминацијата на политичката криза допрва следеше. Донесувањето на буџетот ја расцепи Македонија по политички и по безбедносни рабови. Надвор, пред зградата на Собранието, - протести. Народот поделен до крајни граници. Едните Македонци со опозицијата, другите Македонци со власта. Омраза и кај едните и кај другите и подготвеност за пресметка. Македонија, првпат по 2001 година, беше, ако сè уште не е, на работ на граѓанска војна.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

7

О ЖИВЕЕЊЕ Министерката Јанкуловска, притисната од јавноста, побрза да ги обвини муслиманските радикални структури во земјава како извршители, што предизвика бура од протести кај албанското население по улиците на Скопје, кое се почувствува прозвано. Реагираа и македонските младинци. Беше тоа почеток на серија меѓуетнички конфликти. Делумно, тие се одвиваа вонинституционално: по улиците, стадионите и во автобусите, но сериозно ја нагризаа и владината коалиција.

Одлуката на локалната власт во општина Чаир да ги смени имињата и таблите на училиштата со имиња на албански просветители и борци на ОНА, ја отвори Пандорината кутија на она што подоцна ќе резултира со сериозна институционална и политичка криза во земјата.

ДУИ одлучно рече: таков закон нема да помине во парламентот. Во прилог на тоа, интегративците поднесоа 15.000 амандмани и ја блокираа работата на парламентот. Позната личност оттогаш стана пратеникот Талат Џафери, кој со денови молчеше на седниците на Комисијата за труд и социјална политика. Власта со прст не мрдна да ја надмине ситуацијата.

Одење по линија на меѓуетничката провалија беше и одбележувањето на албанското знаме. Со провокативна иконографија, но и со изјави кои експлицитно значат менување на постојните граници во корист на голема Албанија, среде Скопје се собра албанската политичка елита од целиот регион. На возвратната посета на Албанија, пак, нашиот премиер за добредојде беше дочекан со јајца и со пластични чаши.

Внатре, во парламентот, - диктатура. Насилно избркани новинарите за да не бидат сведоци на насилното отстранување на пратениците од опозицијата од собраниската сала. Зошто? За да може власта да си го доне се буџетот на раат.

Опозицијата оттогаш е на улица, а власта и на малите деца им раскажува за придобивките од буџетот.


8

АКТУЕЛНО

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ДОМАШНИТЕ СЛУЧУВАЊА ЌЕ СЕ ОДРАЗАТ И НА ДИПЛОМАТСКИ ПЛАН

Нимиц ќе го дочекаме раскарани и без стратегија

П

Игор ЧАВЕСКИ

о сетата на по средникот Метју Нимиц и почетокот на трите ме сеци што Европската Унија ни ги даде за оценување на напредокот за добивање датум за преговори, се првите предизвици со кои Македонија ќе се соочи на дипломатски план во 2013 година. Напредокот во разговорите со Грција се првиот предуслов Унијата да доне се одлука за преговори и затоа доаѓањето на по средникот за Македонија се случува во најлош момент, ако се имаат предвид последните политички случувања кои кулминираа со напуштањето на опозицијата од Собранието. Вакви се размислувањата на политичките ана литичари за она што нè очекува во следниот период. Тие се согласни дека оваа пролет ќе биде одлучувачка за Македонија во многу работи и дека случувањата од крајот на годината никому не одат во прилог. Универзитетскиот профе сор Стево Пендаровски, пак, смета дека кризата ќе влијае и врз преговорите за името, кои се водат со по средство на Метју Нимиц. - Ние не можеме да имаме добра почетна позиција за името ако претходно не по стои семакедонски консензус. Случувањата од законодавниот дом таквиот консензус го исклучуваат - нагласува Пендаровски. По средникот ќе го по сети регионот на почетокот од годината. Најпрвин, на осми јануари ќе замине на средби во Атина, а неколку дена подоцна ќе биде на средби со македонското раководство. Очекувањата од по сетата не се големи и во двете земји, но сепак грчките медиуми упорно објавуваат дека Нимиц ќе доне се предлог, кој

Нередите во Собранието ќе се одразат на извештајот што ЕУ, во кој, покрај на спорот за името, лесно можеме да паднеме и на поглавјето за политичкиот дијалог, кој сега и не постои

нема да биде нов, но ќе биде многу поконкретен, со што ќе остави поголем про стор за размислување. Се споменува дека тој во игра ќе го врати предлогот „Северна Република Македонија“, кој во основа е прифатлив за грчката страна, но само доколку географската одредница биде пред зборот „Македонија“. Копјата, по сè изгледа, ќе се кршат за т.н. идентитетски прашања, односно за именувањето на јазикот и за името на нацијата, за кои македонските власти не се подготвени за разговор. Според поранешниот амба-

садор Огнен Мале ски, тешко е да се очекува какво било помрднување по јануарските средби на Нимиц со властите во двете земји, иако како што истакнува тој, можно е работите да се сменат преку ноќ. - Освен реторика, не гледам конкретни наве стувања ниту во Скопје ниту во Атина дека се има желба да се поме стат работите. Мислам дека во оваа ситуација ќе имаат и добар изговор Грците да кажат дека сега не е вистинско време, видете што се случува кај со седот, да почекаме малку да се стабилизираат работите. Маневарскиот про -

стор на јужниот со сед е поголем - изјави Малевски за „Макфакс“. Очекувањата на експертите се дека кризата во наредниот период само ќе се продлабочува и ќе бидеме сведоци на улична демократија од страна на опозицијата, како одговор на политиките на власта. Тоа, пак, речиси сигурно ќе се одрази на извештајот што Европската Унија веќе почна да го пишува и на кој, покрај на спорот за името, лесно можеме да паднеме и на поглавјето за политичкиот дија лог, кој сега и не по стои.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

9

ОПОЗИЦИЈАТА НА УЛИЦА И ПО НОВА ГОДИНА

СДСМ паузира за празниците, ДПА ѕирка накај Илинденска?

П

Тони АНГЕЛОВСКИ

о саботниот протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, обединетата опозиција ќе мирува за празниците и повторно од среда ќе излезе на улиците за да протестира против, како што велат од Сојузот за иднината, диктаторскиот режим. Во меѓувреме продолжуваат апелите за враќање на опозицијата во парламентот, а се шпекулира и со различни сценарија како да се излезе од политичката криза. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако неговите пратеници го одмолчаа и само го гледаа тепањето на пратениците на опозицијата, сега се нуди да по средува за враќање на истите тие исфрлени пратеници во парламентот, а лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пак, вели дека не го напушта Собранието затоа што му се смееле кога тоа тој го направи пред две години. Но, во собраниските кулоари се шпекулира со можно ста ДПА да стане дел од владата во наредниот период иако општ е впечатокот дека поте зите на Тачи ретко кој може да ги предвиди. Лидерот на СДСМ, Бранко

Сојузот за иднината продолжува со протестите в среда, Ахмети се нуди да посредува за враќање на опозицијата во парламентот, а ДПА останува единствената опозициска партија во законодавниот дом Црвенковски, во својата новогодишна че ститка, вчера порача дека, како што вели тој, лудилото во кое денес живеат граѓаните на Македонија нема да запре ниту, пак, некој од надвор лесно ќе ги реши нивните проблеми. - Само ние самите, како народ, треба да покажеме капацитет и потенцијал и да покажеме дека се заложуваме за слободна и демократска држава. Само во

таква држава во која точно ќе се знае за што се троши секој ваш народен денар има шанси и економијата да напредува, успешно да се бориме против сиромаштијата, инве стициите да се зголемуваат, да се отвораат нови работни ме ста. СДСМ и здружената опозиција „Сојуз на иднината“ веќе го направија изборот. За нас запирање и враќање назад повеќе нема. Одиме до крај - вели Црвенковски, кој

по сакува во Новата година храбро ста да биде по силна од стравот, разумот да го победи лудилото, волјата на народот да биде поцврста од диктатурата на власта. По Нова година, в среда, продолжуваат проте стите и т.н. народни парламенти на опозицијата. Во периодот од 18 до 19 часот ќе бидат блокирани улиците во Скопје и во другите градови во внатрешно ста.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ГИ ТЕПАЛО ПРАТЕНИЦИТЕ ЗАШТО СКРШИЛЕ ЧАША И ПРСКАЛЕ СО ЈОГУРТ

Вчера од Собранието на Република Македонија испратија уште едно појаснување за инцидентите од минатиот понеделник. Според соопштението од законодавниот дом, исфрлањето на пратениците насила било поради тоа што претходно бил нападнат претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и поради тоа што ја уништувале опремата во собраниската сала. „Покрај физичкиот обид за онеспо-

собување на претседателот за рака, глава и најпосле за негово дофаќање од зад грб, по кој обезбедувањето проценило дека треба да го евакуира од местото на претседавање со Собранието, во овој насилен инцидент практично се онеспособени сите технички уреди. Системот за говорење и гласање, местото (процепот) каде се става електронската картичка, единицата за гласање се наполне-

ти со хартии, спојувалки и со јогурт. Сите акти за водење на седницата насилно се одземени и уништени, а за жал, Уставот на Република Македонија и деловникот на Собранието се фрлани на земја. Голема кристална чаша е тресната од масата и скршена, а со уред кој се користи за превод е фрлано и кон галеријата“, пишува во соопштението потпишано од Собранието на Република Македонија.


10

АКТУЕЛНО

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ЕВТИНО ПРОДАВАЊЕ НА НЕРЕАЛНОСТА

З

Бране СТЕФАНОВСКИ

аминува уште една за која, кога се роди, верувавме, сакавме и се надевавме дека ќе биде подобра. И таа се излити, не толку во својата минливост, туку во својата бесцелност и јаловина. Како и секоја наша „идна“, ја имавме за света крава од која сакавме да се надоиме. Наме сто млеко и ситост, горчина и глад. Пастирот не најде плодно пасиште за нашата света крава. Млекото, тенко, како да се молзе од нашите странски инве стиции. Амалгамот од фалбите за реформските успеси не го чувствуваме врз нашите душевни рани,

врз нашето скршено до стоинство, уште помалку врз нашите физички болки што се последица на психо соматските заболувања. Обидот евтино да се продаде нереално ста е прочитан. Тој запира на купот од бронза истурен на средсело, мртов, грамада што не буди емоции, ниту уметнички фасцинации. Приказна што не поминува, што нема да стане легенда, ниту некого ќе го направи легендарен. Митовите паѓаат на реално ста, се разбира. Кога ќе ги отвориме очите, се сочуваме со нашиот лик, но не таков каков што сакаме да го видиме самите, туку таков каков што ни го покажува огледалото: најголема сиромаштија и најнизок стандард во Европа, историски најголем и најдолготраен пад на производството, неверојатен пад на прометот во трговијата, по стојано намалување на вработените, од-

носно вештачко намалување на невработено ста, влошување на трговската размена со странство, 30 насто од целата струја увезена, 40 насто намалено производството од хидропотенцијалот, цената на струјата и на парното нè истера од домовите и од умот, страв од огромното задолжување во странство и дома (само последните неколку дена нови 500 милиони евра,130 милиони евра записи, 300 милиони кредити однадвор и нови 50-60 милиони за исплата на декемвриската плата и пензија.) Една од нереалните приказни е дека во нашава земја отворањето фирма е најевтино, кај нас 70 евра – Данска и Словенија нула трошоци, а во група земји од Европа тоа чини 25 евра. Со кој бизнис-амбиент се фалиме? И најевтино продаваната нереалност на нашиот домашен пазар е приказната дека сме тре-

та најниско задолжена земја во Европа. Во април 2012 сме дури на 10. место по Норвешка, Финска, Шведска, Бугарија, Естонија, Швајцарија, Данска, Полска..., а до денес сигурно сме паднати уште неколку скалила. Ако редиме уште и ако сме реални, ќе видиме дека ниеден параметар не е позитивен. Реална е само бронзата во нашите жили, за светот и така сме вејка на ветрот. Тогаш, што е (не)реалноста? Реално ста е успехот, а не оптимизмот. Оптимизмот е опиум за народните маси, ако нема барем една здрава штица поставена во минатата година на која ќе застанеме при влезот во идната. Таква штица ние немаме, не изделкавме, не излакиравме. Затоа 2013 ќе биде уште полоша, капиталот бега и ќе бега од земја во која се тепаат пратеници и новинари.

САД во потрага по решение за „фискалната бездна“ Американски конгресмени во последен час се обидуваат да донесат решение за да се спречи зголемувањето даноци за поголемиот дел од Американците откако Обама предупреди дека непостигнувањето компромис во Сенатот и во Претставничкиот дом го загрозува економското закрепнување на државата, односно ќе ги доведе САД до „фискалната бездна“.

„Фискалната бездна“ претставува зголемување на даноците и треба да стапи на 1 јануари, а намалувањето на државната потрошувачка в среда на 2 јануари, со што ќе дојде до автоматско престанување на важењето на поволните даночни стапки утврдени за време на претседателот Џорџ Буш. Вкупната вредност на тие мерки е 600 милијарди долари, со што

би било загрозено економското закрепнување, а економистите стравуваат од рецесија во САД и од последици за светската економија. Сенаторите разгледуваат и начини да ги сочуваат повластиците за невработените, како што се спречување на намалувањето на платите на лекарите во федералниот систем на здравствена заштита и други мерки.

Демократите се залагаат за зголемување на оданочувањето кај домаќинствата со приходи поголеми од 250.000 долари годишно, додека републиканците сметаат дека минимумот за оданочување треба да биде 400.000 долари. Иако Обама најави можност да се прифати предлогот на републиканците, сè уште нема навестувања за договор на високо ниво.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

„Сити мол“ не се потресува за побарувањата на фирмите што го градеа

Охрабрени од саботната информација во „Ден“, во која наведовме дека 150 фирми што го градеа „Сити мол“ се пожалија дека нивните побарувања со месеци не се исплаќаат и дека со тоа се доведува во прашање нивниот опстанок, вчера уште неколкумина менаџери на такви компании се јавија во нашата редакција и тврдеа дека со неплаќањето за извршените работи фирмата што го градеше „Сити мол“ ги турка во амбис. Тие велат дека бројката

што ја објави „Ден“ дека се во прашање 150 фирми е многу поголема и надминува 200 и дека ќе се организираат и наскоро во „Ден“ ќе достават список на фирмите со точни износи на побарувањата. Менаџерите на фирмите-градители се сомневаат дека со парите што требало да им бидат исплатени за градбата на објектот на „Сити мол“ се гради новата станбено-деловна зграда зад трговскиот центар и дека сета работа им мириса на една голема

Франција по богатство во 2013 година зад Велика Британија Франција по богатство во 2013 година ќе се најде зад Велика Британија. Оваа процена е направена во Центарот за економски и пазарни истражувања, кој секоја година објавува ранг-листа на држави во светот по висина на БДП. Со проекција на БДП од 2.540 милијарди долари, Франција ќе „падне“ едно место на економската сцена во 2013 година и ќе биде на 6. место зад Велика Британија, за која предвидувањата се БДП од 2.578 милијарди долари, објави „Фигаро“. Според весникот, тоа се случува првпат. Во најновата класификација потврдена е позицијата на три држави - САД, Кина и Јапонија кои се најбогати и ќе бидат најбогати во следната деценија. Франција до 2022 година ќе падне на 9. место. На четврто место е Германија со 3.345 милијарди долари и ќе загуби две места до 2022 година.

измама што ја споредуваат со пирамидата на ТАТ. Овие луѓе нагласуваат дека главните во „Сити мол“ на дрзок начин ги негирале своите обврски и дури не сакале да разговараат со тие што ги прашувале кога ќе им бидат исплатени парите што им доцнат со месеци и поради што не можат да ја завршат фискалната година и да им исплатат плати на своите вработени, односно дека им се заканува затворање на фирмите.

11

Турција го гради најдолгиот тунел во Европа За Турција 2012 беше многу успешна бидејќи се реализирани проекти кои земјата ја ставија во редот на земји што ги почитува и цени целиот свет, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган во годишното обраќање до нацијата. Тој покрај изградбата на 60 училишта во земјата, наведе дека почната е изградбата и на најголемиот тунел во Европа. - Градиме модерен тунел со должина од 14.700 метри, кој ќе ја поврзе Турција со средна Азија. Ова ќе биде третиот најголем тунел во светот... Турција гради и еден од најголемите гасоводи во Европа, со кој ќе се обезбеди протек на гас од Азербејџан - истакна Ердоган. Турскиот премиер посочи и дека Турција годинава го произвела тенкот „алтај“, што дополнително ги зајакнало воените капацитети на земјата. - Годинава го произведовме и сателитот „Гоктурк-2“, кој беше успешно лансиран, додека минатата година го лансиравме сателитот „Расат“. Така Турција стана една од 25 држави кои произведуваат сопствени сателити – додаде Ердоган.

Хрватска: 50.000 куни за изградба на базен Хрватската влада одлучи во 2013 година да даде финансиска помош од 50.000 куни (6615 евра) секому што ќе реши да изгради базен, објави „Јурањи лист“. Тоа е предвидено во програмата на министерството за туризам и треба да почне на почетокот на годината. Сумата што е потребна за градење базен во Хрватска е околу 130.000 куни. Владата смета дека „базенизацијата“ на земјата ќе ја продолжи туристичката сезона и ќе ги зголеми приходите од туризам. Програмата е за мали и средни хотели и приватни лица. Владата проценува дека во 2013 година ќе се изградат околу 200 базени. Претходната влада гледаше спас за хрватскиот туризам во изградба на игралишта за голф, наведува весникот „Јутарњи лист“.


12

СКОПЈЕ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

БАВНО ОДИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА БЕСПРАВНО ГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

Повеќето дивоградби без тапија и во новата година

П

Анета СТОЈКОВСКА

о речиси една и пол година од завршувањето на рокот за доставување на барања за легализација на дивоградбите, во Скопје се решени многу малку предмети, па и во новата година најголемиот дел од нив ќе бидат без официјална тапија за сопственост. Граѓаните се незадоволни што проце сот оди толку бавно, особено оние што навреме ги до ставиле сите потребни документи, но од општините велат дека активно работат на решавање на предметите. Во некои општини не е одговорено ниту на пет проценти од доставените барања, иако законски остануваат уште три и пол години да се заврши процесот на легализација на бесправно изградените објекти. - Уште во март 2011 подне совме барање за легализација на куќата до Општина Ѓорче Петров, а по неколку недели го доставивме и потребниот елаборат и оттогаш ништо. Ниту е дојдена комисија од Општината, ниту сме добиле некакво известување до каде е по стапката или дали има некаков проблем, ништо. Неодамна се јавивме да прашаме што се случува и ни беше одговорено „Има време, има уште три години, не брзајте!“ Има навистина, ама еве речиси две поминаа, па ништо не се случи – вели револтирано граѓанин од Ѓорче Петров. Токму во таа општина, спо-

ред портпаролот Момо Николовски, од 14.000 барања досега се проце суирани повеќе од 2.000. Вели дека најголем проблем што се јавува во постапката се нерегулираните имотно-правни односи. Општината е задоволна од до сега сработеното, а зачудува фактот што задоволството е присутно кај сите општинари иако кога тоа ќе се презентира со бројки, се чини нема голема причина за задоволство. Така, на пример, во Гази Баба, од 16.000 барања за легализација, до сега се издадени само околу 700 решенија. Во Општина Центар се ре-

шени околу 15 проценти од поднесените барања, односно околу 700 предмети од вкупно 4.800, а во Аеродром повеќе од 700 од околу 9.000 подне сени, значи помалку од 10 проценти. Општина Карпош има 9.200 предмети за легализација, од кои 1.420 се комплетно завршени, а останатите се во процедура во институциите или со заклучок за прекин. - Предметите ќе одеа многу побргу ако навреме беа донесени измените на законот и правилникот за по стапување по бесправно изградени објекти, кои беа ветени пред половина

година, а се доне соа на 17 декември - велат од Карпош. Во Илинден за подне сени 6.200 барања се издадени околу 2.000 решенија и согласности за легализација. Во Општина Кисела Вода се до ставени 11.870 барања за легализација на бесправно изградени објекти, а досега, како што информираат, правно се прегледани 5.700 предмети, а за 2.083 предмети комисијата излегла на терен да ја утврди фактичката состојба. Издадени се 1.254 решенија за легализација, а моментално во обработка се вкупно 829 предмети.

Јакимовски подели хуманитарни пакети

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, подели 70 хуманитарни пакети на своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Пакетите содржат прехранбени производи, пијалоци и средства за хигиена.

Општина Карпош во рамките на хуманитарната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“, која се одржа минатиот викенд, со несебичната помош на своите сограѓани кои пазареа во поголемите супермаркети во 14 урбани и месни заедници во општината, собра

значително количество разновидни производи. Со овој чин, локалната самоуправа покажа дека се грижи и за посиромашните граѓани да ги дочекаат новогодишни и божикни празници, во топла, семејна атмосфера и со трпеза како што доликува за секое семејство.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Празничен информатор АМБУЛАНТИ Во текот на празниците деноноќно ќе работат поликлиниките Ѓорче Петров, Битпазар, Јане Сандански, Драчево, Ченто, Чаир и Шуто Оризари. Итната помош ќе работи редовно со 13 дежурни екипи.

АПТЕКИ На новогодишната ноќ аптеките на „Зегин“ ќе работат со редовното работно време, а дежурни аптеки кои работат секој ден 24 часа се во подземното паркиралиште кај МОБ и на булевар Партизански одреди кај Буњаковец.

АВТОБУСИ Јавното сообраќајно претпријатие ќе работи со редуциран празничен возен ред.

Сите информации за распоредот на тргнување автобусите граѓаните можат да ги добијат во диспечерскиот центар 3 173 224 и на интернет-страницата на ЈСП. На први јануари ќе работи и жичарницата, но со почеток од 11 часот.

БАНКИ Скопјани кои имаат да завршат некакви обврски во банка, тоа треба да го сторат денеска најдоцна до 13 часот. Банките повторно ќе работат на 2 јануари.

АМСМ За сите информации поврзани со патиштата или за помош на пат, граѓаните можат да се јават впо Авто-мото сојузот на Македонија на инфолинијата 3 181 181, односно

за помош на пат на 196 и за состојба на патишта 15 555.

СТРУЈА, ВОДА, ГРЕЕЊЕ „ЕВН Македонија“ ќе има дежурни екипи достапни на повик. Инфо-бројот е 0890/12345, на којшто може да се пријави и дефект. Дежурни екипи ќе има и ЈП „Водовод и канализација“, а граѓаните ќе можат да пријават евентуален дефект на бројот 0800 22 555. Од „Топлификација“ АД информираат дека во новогодишната ноќ нивните корисници ќе имаат греење цела ноќ.

ПРОДАВНИЦИ Сите големи супермаркети ќе работат за време на празниците.

СКОПЈЕ

13

Празничен оброк за 350 сиромашни граѓани Денеска, во пресрет на Новата година, народните кујни во Скопје и во Велес на социјално незгрижените граѓани ќе им понудат топол оброк дониран од „Македонски телеком“ и од „Т-мобиле“. Обезбедени се прехранбени продукти за шест народни кујни во Кисела Вода и во Ѓорче Петров во Скопје, како и во Велес со кои ќе биде овозможен оброк за 350 сиромашни луѓе. Храната ќе се доставува зависно од потребите и посетеноста во секоја народна кујна одделно. „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“, како општествено одговорни компании, секоја година, а особено за новогодишните празници организираат различни хуманитарни акции за празничната атмосфера да ја доживеат сите граѓани.


14

ИНТЕРВЈУ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р ДЕЈАН СТАВРИЌ

Штрајкот на лекарите Менче АТАНАСОВА ТОЧИ

Де финитивно, штрајкот на лекарите специја листи е настан што ја одбележа 2012 година. Како ќе го опишете овој момент, кој, верувам, ќе остане запаметен во историјата на македонското здрав ство? - Штрајкот на лекарите беше настан кој не беше очекуван, но кога се случи, никој, па ниту јас, не очекуваше да трае толку многу. Но, де финитивно е најконструктивен настан во 2012 година, а во доменот на штрајковите е единствен ре а лен штрајк во последната декада, дури повеќе и затоа на некој начин е феномен. Она што мене ме изненади позитивно е реалната кохезија која се случи меѓу лекарите затоа што во нормални услови сите боледуваат од некој тип на суета, кај лекарите тоа е многу изразено во една епидемска форма и многу е тешко да обединете трие сетина лекари, а тука настана обединување на повеќе од 1.500 лекари специја листи од цела земја, со комплетна солидарност од лекарите од други специјално сти. Она што ме изненади позитивно е поддршката на целокупната јавност, која преку штрајкот разбра дека сè што се пласира како реформа не е вистинска реформа и не мора да е позитивна за нив. Нашиот штрајк беше и против влошувањето на здравствените услуги, ние како профе сионалци не сакавме да го прифатиме тоа, така што граѓаните го разбраа тоа и затоа во добар дел беа на наша страна. Она што позитивно изненадува е и поддршката и профе сионалното информирање од некои медиуми и покрај притисоците на кои беа изложени, на кои ја користам можно ста да им се заблагодарам и да изразам жалење што некои медиуми се претставуваат како телевизиски куќи, а не заслужуваат да го но сат тој епитет бидејќи медиумите и нови-

Многу отстапивме од своите барања, пред сè, поради општата ситуација во земјата и за што побргу да се вратиме на работа, но се појавија некои нови моменти со кои не се согласуваме и затоа не го потпишавме анексот на договорот, вели првиот човек на синдикатот, кој цели 42 дена ја брануваше македонската јавност

нарите имаат висока општествена и морална одговорност чија основна функција е информирање на јавно ста. Оние што тоа го заборавиле се по ставија во функција на партиски мегафони. Вие ги издржавте притисоците, имаше ли нешто посериозно, очекувавте ли откази, дури апсења? - Притисоци имаше цело време додека траеше штрајкот, дури и во неговата подготовка. Како што знаете, она што се случи за време на штрајкот се неколку системски пре седани кои со себе но сат опасност за демократијата. Во првиот обид имаше судска забрана за време на штрајк, која е скандалозна и која крши едно уставно, индивидуално и колективно право. Сама по себе таа сканда лозна судска одлука но си опасност да стане и судска практика и со тек на време да можат што било да ни забранат, дури и да дишеме (се смее). Заврши првата транша на преговорите, се најдовте некаде на средина, со многу от стапки, но работите не излегоа така како што очекувавте со потпишувањето на анекс на договорот. Што, всушност, се случи? - На почеток наидовме на комплетно игнорирање на штрајкот од министерот за здравство, кој не можеше да види повеќе од 1.000 лекари специјалисти, па дојдовме до една фаза кога премиерот Груевски направи пре сврт во ситуацијата и нè врати на преговарачка маса. За цело време се инсистираше од страна на Министерството за здравство

на присуство на нерелевантни субјекти во преговорите, па наме сто да се преговара со синдикатот што штрајкува, се преговараше со синдикат кој не само што не штрајкуваше, туку не е ниту солидарен, што беше смешно во меѓународни димензии. Имаше реакции од меѓународни организации кои беа шокирани не само од синдикатот за здравство, туку, генерално, од одно сот на синдикатите во Македонија, кои не само што не покажаа солидарност, туку се занимаваа со задкулисна контраштрајкувачка активност. Што е со анексот, ќе го потпишете ли? - Требаше да го потпишеме во петокот, пред Нова година, но ние не сме задоволни со договорот, се појавија некои нови моменти со кои не се согласуваме. Се работи за детали во однос на платите и на моделот „Плаќање според успешност“. Ние со Министерството не се најдовме на средина, туку некаде во долната половина, многу от стапивме од своите барања, пред сè, поради ситуација во земјава и за побргу да се вратиме на работа бидејќи се зголемија листите на чекање на пациентите. На последниот со станок условите требаше да бидат де финирани во писмена форма, таа форма не одговара на нашите барање и затоа не го потпишавме анексот на договорот. Се надевам дека ќе се испеглаат тие работи и дека за некој ден ќе имаме решение. Но, и да нема решение, преговорите ќе продолжат и во текот на јануари. Рековте дека е спорен и самиот анекс на договорот би-

дејќи Министерство го потпишува со гранковиот синдикат, а не со вашиот, синдикатот кој штрајкуваше. Министерот Тодоров тоа го образложи како единствено можна законска опција. Се согласувате ли со ова? - Синдикатот на клиничкиот центар отсекогаш потпишувал колективен договор со министерот за здравство, последниот таков договор е потпишан 2009 година со ексминистерот Бујар Османи. Ние сме легитимен, не зависен синдикат, не сме гранков, туку сме грански синдикат. Значи, во класификацијата на синдикатите по стојат три категории, гранков, грански и не зависен синдикат, базирано на со ставот, на бројно ста на членовите и на репре зентативно ста, која ја одредува Министерството за труд и социјална работа. Ова министерство пред пет години ја има определено репре зентативно ста во здравството, а ние веќе три години бараме одредување на репре зентативност. Не е точно тврдењето на министерот Тодоров дека треба да потпише само со гранковиот синдикат бидејќи според закон треба да потпише и со нас, говориме не за колективен договор, туку за анекс на колективен договор. Доколку не го потпишете анексот на договорот, лекарите нема да ги земат декемвриските плати. Што е она што е најспорно, што ве налути толку? - Во делот за платите се согласивме далеку под нашите барања, а тоа е зголемување под 20 проценти во текот на 14 ме сеци. Се договоривме за продолжување на разговорите во


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ИНТЕРВЈУ

15

е неизвесен ме сец мај, не само за лекарите, туку за целиот персонал и тоа од буџетот од 2014 година. Главното не согласување е во еден дел од моделот, а се одне сува на казните за лекарите. Не сакам да изне сувам конкретни детали затоа што е многу непријатно. На последниот со станок настана една многу непријатна атмо сфера во преговарањето и тоа поради нивно от стапување од договореното. Се надевам дека ќе се расчистат работите, во спротивно ќе нема договор, декемвриската плата ќе биде осакатена, ќе има тужби како за ноемвриските плати и ќе се прошири дијапазонот на кривични тужби кои ќе следуваат. Во кој дел од моделот ги испеглавте работите? - Да, се дојде до квартално решение во форма прифатлива за лекарите, и тоа треба да влезе во колективниот договор. Но, тој дел треба да добие нормативи и компоненти кои ќе бидат соодветни за лекарот да пружи добра здравствена заштита и сето тоа да биде контролирано и евалуирано адекватно. Да се тргне субјективизмот и обидот за притисок и манипулација и да се воведе објективна контрола. Можно ли е штрајкот повторно да се активира? - Можно е повторно да се активира штрајкот, но не во овој момент и не во следниот период со оглед на изборите кои следуваат. Затоа и се бр завме бидејќи по изборите немаме право на колективно договарање. Следното преговарање е договорено во мај, по изборите. Какви беа реакциите од лекарите, тие очекуваа многу повеќе ? - Нашите членови не беа радосни со ова, но она со што се соочивме подоцна воопшто не одговараше како документ. Имавме уште еден со станок, не најдовме решение, продолжуваме понатаму, јас сум оптимист бидејќи мора да се дојде до решение иако не знам зошто треба да се мачиме со некои

неетички моменти. Кога нешто ќе се договориме, тоа треба да се почитува. Атмо сферата не е празнична, нема расположение бидејќи се согласивме далеку под нашето основно барање, но главната причина за нерасположението е одно сот на здравствените власти. Одне сувањето со кое не сакаат да ги средат работите, во основа, ќе доведе до масовно заминување на лекарскиот кадар од јавното здравство. Ние знаеме колку чиниме во приватниот сектор, со она што јас го работам, со мојот обем на оператива јас можам да произведам 30.000-40.000 евра ме сечно, толку произведувам и во јавниот сектор, а добивам плата како што добивам. Значи, мора да се најде некој модус за да се плати трудот и знаењето. Колку лекари досега го имаат напуштено јавното здравство? - До сега повеќе од 600-700 лекари имаат заминато, а најголемата загуба за земјата е заминувањето на специја листите. Тоа е кадар што тешко се создава, најмалку де сет години се потребни за создавање на еден

специјалист, во одредени гранки, како што се хируршките, за создавање на еден оператор потребни се двае сетина години, така што загубите се катастрофални. Кога тоа би се измерило во пари, тоа се стотици милиони евра.. Ќе останете запаметен по Вашите шеговити изјави, дури и до ниво на сарказам во однос на здрав ствените власти. Имаше ли некои реакции за тоа? - Не отворени, по средно ги

слушам, но сепак имаше, иако не соодветно е да коментирам. Што ќе им порачате на Вашите колеги? - Ќе им че ститам на тие што истрајаа за цело време на штрајкот, а на сите други ќе им порачам да продолжиме да се бориме понатаму за нашите права, им по сакувам среќа на оние што остануваат во својата профе сија, до стоинствено да се но сат со својот бел мантил и своите пациенти. Останатите не би ги коментирал.


16

ДОСИЕ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Момче рането во пукотница пред дискотека во Тетово

В

о тепачка и пукотница пред тетовската дискотека „Скорпиос“ бил ранет 21-годишниот С.Ј. кој живеел во Дизелдорф, Германија, а деновиве дошол кај роднини за празниците. Според СВР Тетово, на пукањето му претходела тепачка со 32-годишниот М.Ѓ. од Тетово додека биле во дискотеката. Тепачката продолжила и во дворот на дискотеката, а кога С.Ј. успе ал да се оттргне и почнал да бега, М.Ѓ.

извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон него, ранувајќи го во раката. Ранет, тој успе ал да стигне до дворот на тетовскиот монопол, каде бил засолнет од вработен од обезбедувањето на објектот. Веднаш потоа бил прене сен во тетовската болница, а по укажаната помош е пуштен дома. При увидот полицијата пронашла пиштол кој М.Ѓ. го по седувал без дозвола. По расчитување на случајот, СВР Тетово ќе подне се соодветни пријави.

Грабеж на златен накит

Во златарскиот дуќан „МСГолд“, лоциран на улицата ЈНА во Кавадарци, неколку маскирани лица, од кои две вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво над сопственикот С.К.(47), при што му одзеле околу 80 златни прстени и 12 златни синџирчиња, со што, според пријавата на оштетениот, му причиниле материјална штета од околу 16.000 евра. Имено, двајца од сторителите, откако влегле во златарскиот дуќан, му пришле на С.К. и почнале да го удирааат, а третиот влегол зад шанкот за да го земе накитот. Во еден

момент С.К. успеал да им ги извади маските и при тоа препознал еден од нив, по што бил удрен со пиштол во пределот на главата, а биле истрелани два куршуми во непознат правец. Откако го одзеле златниот накит, сторителите се упатиле кон возило и пред да го стартуваат, С.К. со дрвен стол им го скршил предното лево стакло, по што двајца од сторителите, трчајќи, побегнале, а останатите двајца успеале да побегнат со возилото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Албански имигранти шверцувале марихуана Во акција на полициската станица Го стивар, откриени и одземени се неколку пакувања марихуана од околу еден килограм. По акцијата, како што информира СВР Тетово, приведени биле шест лица. Дрогата била најдена во подрумски про стории на објект во изградба на крстосницата на улиците Мара Угринова и Гоце Делчев. Пет од приведените биле државјани на Албанија, а го користеле про сторот како привремено живе а лиште. По извршениот

разговор е утврдено дека Л.К. (22), Љ.Ш. (21) и Л.С. (23) немаат регулиран пре стој и се задржани, а Ф.Е. (25) и М.В. (19) се пуштени. Приведен бил и сопственикот на објектот 49-годишниот С.З. Дрогата во Македонија ја внел Л.К. и допрва ќе се утврдува за кого била намената. Сите петмина албански државјани биле дојдени во Го стиварско како економски имигранти. По целосното расчистување на случајот, ќе следуваат и соодветни пријави.

Во Тетово и во Гостивар одземени повеќе од 12.000 петарди Во акции на полицијата во Тетово и во Гостивар, од улични продавачи биле одземени 12.470 парчиња петарди и друг пиротехнички материјал. СВР Тетово информира дека на повеќе локации низ Гостивар од лицата И.Р. (36), Г.П. (29), Е.Е. (17) и А.А. (24) одземени

се 5.470 парчиња пиротехнички материјали, а два часа подоцна од тетовските препродавачи уште 7.000 парчиња. Во изминативе неколку денови на ова подрачје се одземени повеќе од 32.000 парчиња петарди.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

МАКЕДОНИЈА

17

НЕГОТИНО

ПИСМА НА НАШИ ЧИТАТЕЛИ

За Нова година - дома или на градски плоштад

ЃУБРЕТО Е ЗЛАТО

Поголем број неготинци поради економската криза, високите цени и скапите туристички аранжмани, решија новогодишните празници да ги прослават дома или на градскиот плоштад. Велат, понудите во кафеаните се пре скапи за еден домашен буџет. Затоа до полноќ ќе бидат дома со најблиските, а потоа на плоштадот каде се организиран дочек. - Немам многу средства, а на градскиот плоштад во Неготино има убава културна програма и така си ја пречекуваме Новата го-

дина - вели граѓанин на Неготино. Младите неготинци како по обичај слават во кафулињата и во дискотеките во градот. Политичарите, пак, решија новогодишните празници да ги искористат за да поминат повеќе време со своите семејства во домашен амбиент и на полноќ да бидат со граѓаните на градскиот плоштадот. - Ние пензионерите, се знае како, со внуците - дома. Младите одат некаде, ние во домашна атмо сфера - вели друг жител на Неготино.

СТРУГА

Младите во кафе-барови, возрасните пред телевизор Стружани ги прават последните подготовки за дочекот на Новата година. Вообичаено, новогодишната еуфорија најмногу се чувствува кај младите, за кои кафе- баровите во Струга имаат атрактивни понуди. Тие имаат слични забави, а цените им се движат од 500 до 700 денари во што се пресметани по два пијалака. - Цената на билетите изнесува 600 денари и во неа се вклучени два пијалака и богата лотарија, во која можат да се добијат вредни награди. Имаме ваучер од 300 денари од „Техномаркет“, кој е спонзор на забавата, има награди од „Оне“, од „Јегер“ и од други спонзори. Диџеј ќе биде прочуениот Аце, кој има големо искуство во вакви забави. Ќе ги пласира сите хитови кои беа актуелни годинава, а по полноќ ќе има и музи-

ка од балканските простори. Оваа година поевтини цени за најеуфоричните празнични денови понудија и струшките хотелиери. Во „Дрим“ веќе пристигнаа гостите од Грција, од Бугарија и од Албанија. За два полупансиона таму се плаќа по 89 евра, цена во која е пресметана и свечената вечера на 31 декември и традиционалниот ручек на лебедите на 1 јануари. Аранжманите за три дена таму чинат 119, а за четири - 139 евра. Стружани немаат традиција новогодишната ноќ да ја прославуваат на градскиот плоштад. И градоначалникот Рамиз Мерко информира дека таква прослава нема бидејќи нема интерес од граѓаните. Граѓаните беа едногласни дека на градот повеќе му треба градска хигиена отколку новогодишна прослава.

Рекламните пропагандни кампањи на Владата, како „Направи го првиот чекор“ и други слични, со кои се пропагира претприемаштвото и иницијативата за почнување свој личен бизнис, не постигнаа кој знае какви резултати. Но, тие ги разбудија претприемачките способности и мегаломански апетити на некои високи партиски локални моќници. Замислете, тие почнаа да инвестираат и во градските депонии. Токму таму ја најдоа идејата „од жичка до спојка“. Одредени градоначалници од редовите на власта во источниот регион, за западниот регион не ми е познато, ги зедоа градските депонии во свои раце. Доста доходовен бизнис. Не директно со познатата финта од времето на бившиот премиер Георгиевски и случајот со Американецот заталкан во Бучим, туку со истата финта само со наши македонски актери во други верзии. Заспаните новинари, нормално, спијат, не сакаат да го истражат овој феномен на богатење, па ние обичните граѓани ќе откриваме топла вода. Еве како оди целата работа околу бизнисот со отпадот. Преку прекуграничната соработка, или регионална соработка на општините од Македонија и соседните земји, поточно преку збратимените општини-градови, се најдува погодна фирма, човек-фирма, и преку таа странска фирма се зема на користење депонија за ѓубре во градовите во Македонија, во кои се поставени градоначалници од власта. На кормилото на сите овие шеми стојат, секако, градските татковци, кои имаат логистичка поддршка од свои партиски ментори, т.е. свои луѓе од доверба. Тоа е веќе вториот чекор од оваа т.н. операција, кога преку фиктивни мали фирмички се управува, стопанисува, со отпадот кој се вади, се собира, од земените под концесија депонии. Поддршка несебична има секако и од локалните комунални претпријатија, пред сè за превозот на отпадот или собирањето со булдожер, а овие операции им се препуштени само на проверени и докажани партиски војници, вработени во дотичните комерцијални претпријатија. Па има случаи, одредени лица да земаат две плати од две места за устата да ја држат затворена и да бидат лојални. За директни собирачи на отпадот се бираат луѓе кои гравитират околу власта. За да бидат безобразно манипулирани и честопати да не бидат редовно исплатени. Понекогаш се вклучени и припадници од ромското малцинство. Фирмите задолжени за преработка и продажба на еко-отпадот (тврда и мека пластика, плех, алуминиум итн.) работат буквално на диво, без соодветни простории, без ХТЗ-заштита, без одредено работно време, натпис на фирма, плаќање во кеш, вработените работат по договор кој се продолжува секој месец, неосигурани, се работи и недели без греење и многу други нерегуларности. Сето тоа се толерира од локалната власт, инспекциите и добиваат несебична поддршка и заштита од самите партиски локални моќници. И тоа така оди како подмачкано со години. Треба да се спомене тоа што односните фирмички имаат овластувања и своевиден привилегиран однос, да собираат стара хартија и друг отпад и од образовните установи, болници, општински згради во повеќе општини. И за тоа секако се платени. Со еден збор држат монопол во оваа бранша. Партиски луѓе поддржани 100 проценти од локалната власт, остваруваат солидна заработка преку експлоатирање на депониите. Овие луѓе од власта се доста инвентивни и креативни кога се во прашање бизнисот, парите и начините за заработка и за богатење. Секоја чест. Никола Ѓорговски


18

СВЕТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

СВЕТОТ ВО 2012 ГОД НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА

Рускиот претседател Владимир Путин заплака по победата на претседателските избори што се одржаа во март.

Верверичка се заглавила во шахта во Исенхаген во Германија, па полицијата мораше да ја ослободува со помош на маслиново масло.

Тибетанецот Џампа Јеши се запали во Њу Делхи и почна да трча врескајќи од болка за време на посетата на кинескиот претседател Ху Џинтао на Индија. Тој почина на 28 март, а се запали во знак на протест против кинеската политика кон Тибет.

Мечка упадна на универзитетскиот кампус во Колорадо, па полицијата мораше да ја успие. Бидејќи беше качена на дрво, полицијата мораше да постави душек на тлото за безбеден пад на мечката, која, за среќа, никого не повреди.

Врховниот командант на Севернокорејскат а народна армија, Ким Јонг Ун, на голем екран за време на концерт на 80-годишнината од основањето на вооружените сили на Северна Кореја.

Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, го дави шпанскиот министер за економија Луис де Гуиндос за време на состанокот во Брисел. Туристи се сончаат во близина на превртениот брод „Коста Конкордија“ на брегот на Италија. Луксузниот брод на кој имаше 4.000 луѓе заринка и се преврти поради невнимание на капетанот, при што загинаа 32 лица.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ДИНА А АП Кинескиот уметник Ли Веивеи создава илузија на лебдење во воздух над фонтана во Париз.

Луѓе бегаат од експлозија во фабрика за пиротехнички средства во Индија.

СВЕТ

19


20

СВЕТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Политички настани кои ст Г

одината што измина ја обележаа серија бурни политички настани, но како најважни може да се издвојат изборите на нови лидери во двете веле сили, САД и Кина. Реизборот на Барак Обама за прв човек во САД во некои елементи е поважен од неговиот избор во 2008 година бидејќи Американците и светот можеа да доне сат одлука врз основа на ре зултатите, но и очекувањата во наредниот мандат. Обама влегува во својот втор мандат во кој сигурно ќе се насочи кон решавање на важни прашања кои не успеал да ги реши во првиот мандат. Со оглед на доктрината за надворешна политика и дејствување во која преовладуваат дипломатски напори, од него може да се очекуваат нови поте зи на меѓународно поле, но, пред сè, обид да се решат проблемите во економијата, која доколку земе замав и изле зе од летаргијата може значајно да се почувствува напредок и на глобален план. Друг настан кој ја обележи светската политика во 2012 година се изборите на претседатели во три по стојани држави членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. Иако водачот на кине ската комунистичка партија Си Џинпинг сè уште не е формално

Кина и Франција избраа нови лидери, Обама остана во Белата куќа, Путин се врати во Кремљ, а земјите кои ги зафати арапската пролет не ги добија очекуваните промени

нов претседател на Кина, веќе може да се заклучи дека тој е еден од најмоќните луѓе во светот кој од оваа година ќе ја диктира свет ската политика. Заедно со него треба да се истакне и изборот на Владимир Путин чие враќање во Кремљ разбесни дел од Русите, и новиот претседател на Франција,

СО САНКЦИИ ПО ИРАН

Поттикната од САД, ЕУ првпат зазеде јасна позиција кон Иран за зајакнување и оддржување на економските и финансиските санкции за кои се верува дека ќе доведат до ослабување на Техеран, а со тоа и поттик и согласност да пристапи кон разговори за ограничување или целосно запирање на нуклеарната програма. Со овој потег САД и ЕУ ќе направат чекор напред во заедничките настојувања на демократски начин да го решат прашањето за иранската нуклеарна програма која ќе ја намали можноста за воени решенија за кои заговара Израел. За Обама тоа би било важно прашање бидејќи самото тоа што тој избегна да донесува драстични одлуки за прашањето за Иран го потврдува фактот.

НЕЗАСЛУЖЕН НОБЕЛ ЗА ЕУ

Доделувањето на Нобеловата награда за мир по многу нешта е во контраст со самата ЕУ бидејќи многу земји на ЕУ се далеку од мир. Нема ни стопанска ни социјална стабилност, пред сè во Грција или Шпанија. Одлуката на комитетот во Осло наиде на серија критики, а некои од аналитичарите велат дека оваа награда на ЕУ или задоцни 25 години или прерано дојде.

Франсоа Оланд, кој работи со сема спротивно од сè што до сега правеше Никола Саркози. Аналитичарите сметаат дека изборот на Путин за претседател означува продолжување на стратегијата за засилување на државната, регионалната и глобалната моќ на Русија. Во тој контекст, Русија сè повеќе ќе ја користи сегашната структура за меѓународно управување за да ги по стигне своите цели за ограничувања на интере сите на западните држави, пред сè САД, и ширење на своето влијание на оние про стори кои долгорочно може да придоне сат за утврдување на руската моќ. Интересно е тоа што подрачјата на кои се шири Русија се интересни и за САД, па може да очекуваме продолжение на ривалството меѓу овие две земји и во 2013 година. Не треба да се заборават и победите на Франсоа Оланд во Франција и на Мохамед Морси во Египет. Промената во Франција доведе до креирање на нова политика која влијае и на внатрешните одно си во Европ-

ската Унија, а изборот на претседател во Египет е голем настан за земјата и за регионот. Наспроти големите очекувања и успехот во организирањето на демократски избори, се покажа дека новата политичка елита во Египет сепак не е спо собна да се справи со комплицираната држава, а тоа беше особено видливо кога при крајот на годината новодоне сените декрети повторно ги мотивираа Египќаните да изле зат на улица. Доколку не се променат неколку


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

СВЕТ

21

тавија печат на годината важни компоненти во владејачката политика во Египет, демократ ските проце си може да бидат запрени, а тоа ќе доведе до по силна ерозија на политичката и економската структура. Немирите на Блискиот Исток кој е најголемо кризно подрачје во последната декада не смеат да се изо стават од листата за најзначајни настани. Тука е сириската криза која сè уште нема крај, новата кратка војна меѓу Израелците и Хамас во појасот Газа, па до новиот бран на проте сти во Египет за кои изгледа дека нема да има решение наскоро време кое би овозможило стабилизација на регионот. Немирите во Сирија ја обележаа цела 2012 година и покажаа неколку работи: прво, по стои нагласено не согласување меѓу големите сили околу конечното решение за Сирија. Од една страна се наоѓаат западните сили на чело на САД кои заговараат промена на режимот и на владејачката структура. Од друга страна, Русија и Кина сметаат дека не треба да се допушти целосна промена на режимот и тие промени да се резултат на договори внатре во Сирија, без големи надворешни по средувања. Целта е да се спречи засилување на улогата на западните сили во внатрешните промени во Сирија бидејќи со тоа ќе се здобијат со значајна стратешка улога во тој дел од светот. Друго, западните сили се ускладени со своите ставови со важни регионални и арапски држави кои сакаат рас-

пад на сегашниот режим кој во овој момент е многу близок до Иран, а тоа арапските лидери сакаат да го променат и да создадат чувство преку сунит скиот мнозински фактор во Сирија. Трето, немирите имаат голем потенцијал за ширење во околните држави, со што би можело да дојде до зголемување на не стабилно ста во тој дел од светот. Иако немирите се почнати минатата година, тие ја обележаа целата година, т.е. ги покажаа своите потенција ли и влијание на меѓународните регионални проце си. Со оглед на тоа, тешко е да се очекува да се доне се функционално решение до крајот на 2012, па сириските немири сигурно ќе ја обележат и 2013 година. Последните случувања во две држави во кои се случи арапска пролет предупредуваат дека нема место за преголем оптимизам за промени на политиката и со стојбите во тие држави. Либискиот инцидент во кој е убиен амбасадорот на САД покажа нова тактика на терористичките организации кои е инфилтрираат во арапските општества и кои настојуваат да заземат што поголем про стор за политичка и општествена моќ, што претставува голем предизвик за новите политички елити, каков што е случајот со Либија, Јемен и веројатно наскоро во Сирија. Во Египет ситуацијата е малку поинаква со тоа што се верува дека сегашната политичка елита направи мали промени, но и не ги оствари очекувањата

и ветувањата од првата револуција. По себно се огорчени на обидите за лесна „исламизација“ на политиката и општеството, што, според мислењето на сегашните предводници против режимот на претседателот Морси, сигурно не води кон развој, ниту, пак, кон економска и политичка стабилизација на државата. Можеме да заклучиме дека овие настани најавуваат продолжение на не стабилно ста во арапските општества и мож-

ЧЕКОР НАПРЕД ЗА ПАЛЕСТИНА

Одлуката на Советот на ОН за признавањето на Палестина како набљудувач во ЕУ е важен настан кој го покажа расположението на светската јавност во корист на палестинските интереси. Но, тоа не значи дека сега ќе тече мед и млеко во подрачјето во кое се населуваат Палестинците, а нема ништо значајно да се промени ни во ставовите на Израел. Сепак, ова е важен настан за кој може а се искористи за продолжување на

мировните процеси со претпоставка да се исполнат некои важни предуслови кои се очекуваат од двете страни. Обновата на немирите покажа всушност колку е голема напнатоста и како двете страни сè уште сметаат дека силата е најдобро средство за решение и остварување на целите и интересите. Сепак, треба да се каже дека двете страни, но и меѓународните актери, се свесни дека стратешката ситуација во окружување-

ност за некои нови „револуции“.Што се одне сува до Балканот како позначајни настани може да се издвојат судењето на хрватскиот премиер Иво Санадер и новата влада во Србија. Изборот на Јанез Јанша за премиер на Словенија ги уназади хрватско-словенечките одно си, додека напредњакот Томислав Николиќ на Србија à ја врати реториката и политиката од 1990-тите, не со воена агре сија, туку со вербална агре сија. то на израелско-палестинските немири е променета, односно дека секаква радикализација може да направи голема штета и несогледиви последици. Претстојните избори во Израел веројатно многу бргу ќе ја потврдат сегашната владејачка коалиција за уште еден мандат, што и не е најдобра вест за Палестинците, но ни за оние кои се надеваат на разумни идеи кои би се претвориле во одржливи решенија на тие немири.


22

СВЕТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ТРОЈЦА УГЛЕДНИ ЕКОНОМИСТИ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЕВРОПА

ЕУ пред балканизација Кризата ќе се врати. Ако не пред претстојните избори во Германија, тогаш по нив, вели аналитичарот Ајхенгрин

Должничката криза во еврозоната не се заканува само со распад на еврозоната, туку и со пропаст на Европската Унија. Иако притисокот врз финансиските пазари засега малку е олабавен, долгорочно решение за кризата и натаму останува егзистенцијален приоритет за ЕУ. Па, во ваква ситуација, се поставува прашањето далу ЕУ ќе преживее? Одговорот на ова прашање лежи во тоа што се подразбира под Европска Унија. Доколку се мисли само на нејзините политички органи – Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд за правда, институции кои се стари половина век, тогаш одговорот е „да“. Но, што е со заедничкиот пазар? Во таква ситуација повторно би се вовеле граници, банкарскиот и финансиски систем би се балканизирале, а работниците веќе не би можеле слободно да се движат, сметаат тројцата стручњаци Жан Клод Пирис, поранешен директор во правната служба во Советот на ОН, Бери Ајхенгрин, професор на економија и

политикологија на „Беркли“, и Нуриел Рубини, економистот кој ја предвиде глобалната криза. - Кризата ќе се врати. Ако не пред престојните избори во Германија, тогаш по нив. Јужна Европа не стори доволно за да ја зголеми својата конкурентност, додека Северна Европа не вложи доволно напори да го протурка ова барање. Должничкото бреме и натаму е присутно, а европската економија не успева да направи раст. На дел од европскиот континент се продлабочуваат политичките поделби. Токму поради овие причини опасноста од колапс на еврозоната не е помината. Ако пропадне некоја од членките на еврозоната, ќе предизвика економски хаос и гнев на соседните земји. За да се заштитат, владите ќе ги затворат своите граници за да спречат излив на својот капитал – вели Ајхенгрин. Тој тврди и дека тоа ќе доведе до ефект повторно секоја земја да постои сама за себе. - Европа може да тргне напред, во подлабока интеграција или на-

зад кон националната сувереност. Нејзините челници и нејзините луѓе во овој момент треба да одлучат. Иднината на Европската Унија и иднината на еврото зависи само од нивната одлука – заклучува Ајхенгрин. Неговиот колега Рубини вели дека ризиците со кои се соочуваше еврозоната се малку ублажени по летото, но економските услови на периферијата на еврозоната и натаму се нестабилни. - Периферијата покажува мали знаци на закрепнување. Исто така рецесијата од периферијата почна да се шири и по јадрото на еврозоната. Се намалува францускиот извоз, па дури и германската економија забави бидејќи двата главни германски извозни пазари или опаѓаат (остатокот од ЕУ) или забавуваат( Кина и остатокот од Азија) - вели „Доктор пропаст“.Тој додава дека воедно во Европа се продолжува со балканизација на економските активности и банкарски состави, а странските инвеститори бегаат од периферијата и бараат засолни-

ште во јадрото. Паралелно со тоа приватниот и јавниот долг растат до неиздржливост. Тој смета дека основната криза во еврозоната сè уште не е решена и Европа ја чека уште една година во која ќе мора да се носи со сите потенцијални ризици кои во 2014 година може да земат уште полош облик. Рубини заклучува дека, за жал, кризата во еврозоната ќе остане со нас уште неколку години, придружена со реконструирање на долговите и со напуштање на еврозоната од некои нејзини членки. - Денес, во време на висококонкурентна глобална економија, европските земји со релативно мала величина, со население кое старее и со преголем долг, во комбинација со недостаток на енергетски ресурси, го доведуваат во опаснсот високиот животен стандард и великодушната социјална политика. Европа со две брзини е најдобро решение за иднината на Европската Унија – вели Пирис.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ДЕН И НОЌ

23

МРТ ГИ ОДБРА ЕВРОВИЗИСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА 2013 ГОДИНА

Влатко и Есма ќе нè претставуваат во Малме Ирина ДАСКАЛОВСКА

К

онечно, обелоденета веста за нашите претставници на 58. избор за песна на „Евровизија“ за 2013 година кој ќе се одржи од 14 до 18 мај, во Малме, Шведска. По многуте шпекулации и размислување, одлуката ја донесе дирекцијата на „Македонската радио-телевизија“ како полноправна членка на Европската радиодифузна унија. Носители на овој проект за 2013 година ќе бидат кралицата на ромската музика Есма Реџепова и младиот и талентиран поп-пејач Влатко Лозановски. Вокали кои според организаторите се вистинскиот избор и за кои веруваат дека ќе ја постигнат единствената посакувана цел, односно, достојно претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност. - Есма зад себе има богата повеќедецениска уметничка биографија, позната и призната низ целиот свет. Нејзиниот уникатно виртуозен вокал стана синоним за чисто, јасно и прецизно пеење, а потврда за тоа се бројните солистички носачи на звук и концерти пред повеќе стотици илјади публи-

ка. Нејзиниот божествен глас е употребен и за повеќе наменски мултимедијални цели и проекти. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка сцена. Жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и на добрината, а за тоа е номинирана и за Нобелова награда за мир. Лозано, пак, е присутен на македонската музичка сцена нецели пет години. Но, за тоа кратко време, со својот раскошен глас, како и со неверојат-

ниот музички талент, успеа да го сврти вниманието на целокупната македонска музичка јавност кон себе. Миленик е пред сè на помладата генерација слушатели, не само во Македонија и на Балканот. Со својот ангелски глас, го освои и просторот на големата поранешна руска држава. Критиката му предвидува блескава кариера и мошне брзо стекнување титула на препознатливо македонско име во светот - велат организаторите. Претставниците изјавија дека

ова им претставува навистина огромна чест и дека ќе дадат сè од себе за Македонија да ја претстават во вистинско светло. Есма смета дека МТВ го направиле вистинскиот избор и дека одлично ќе се вклопат нејзиниот и вокалот на Влатко, на што додава дека е интересен спој на младоста и на искуството. Лозановски, пак, вели дека бил изненаден кога му се јавиле да му ја кажат веста и дека со голема чест, но и одговорност ја прифатил понудата. На тоа додава дека му е задоволство што ќе настапува со Есма, која зад себе има големо искуство и се надева дека ќе се одбере добра песна со која ќе успеат да добијат добар пласман на „Евровизија 2013“. „Македонската радио-телевизија“ смета дека овој тандем, во комбинација со совршената композиција која ќе се добие по пат на нарачка од неколкумина етаблирани македонски композитори, како и интерниот избор на една од нив, ќе се добие комплетен производ за кој веруваат дека ќе даде плод. Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Малме ќе биде кон крајот на февруари 2013 во студиото 3 на Македонската телевизија.

Видеоспотот на „Ај Кју“ меѓу најдобрите на „Ем-Ти-Ви Адрија“ Македонскиот состав „Ај Кју“ со видеоспотот за песната „Иста патека“ е единствениот македонски претставник што се најде на листата за избор на 100 најдобри видеозаписи за 2012 година. Конкуренција на познатиот македонски состав му се 150 светски реномирани изведувачи со свои познати хитови, како и изведувачи од Балканот со музички видеоспотови кои ја заокружија годината која изминува. Гласањето трае до денес, 31 декември, поточно до 16 часот. Во меѓувреме на „Ем-Ти-Ви Адрија“ ќе се емитува и одбројувањето на одбраните композиции, сè до посакуваното прво место. - Дефинитивно еден многу убав крај на 2012 година. „Иста патека“ помина предобро локално, а уште поголемо признание е да зна-

еме дека поминала добро и надвор од Македонија. Убаво заокружување на настаните минатава година, пред да го промовираме новиот видеоспот и песна следниот месец - ве-

ли Леа за „Ден“. Најважно од сè е тоа што оваа група е единствена од Македонија што оваа година успеа да се најде во ваква конкуренција. Она што нашиот народ треба да направи е да ги поддржи „Ај Кју“ за да влезат во листата на 100 најдобри музички видеоспотови за 2012 година во светот. „Иста патека“ е авторско дело на групата, во која членуваат Леана Таќи Леа, Иво Митковски и Бојан Трајковски, снимена е и продуцирана во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски, а промовирана е ова лето. Видеозаписот е во режија и камера на Огнен Шапковски, камера на Кристијан Теодоров и со сценографија на Влатко Чачоровски – Чоле. И.Д.


ДЕН И НОЌ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ДЕН И НОЌ

25

НЕСЕКОЈДНЕВНИ ПРАЗНИЧНИ И И Ц И Д А ТР 1. СОНЦЕ, МОРЕ И ДЕДО МРАЗ ВО СИДНЕЈ

Другарување на плажата Бонди е соодветен начин за да се помине Божик во Австралија.

Ново ните годишни моме празниц те и бож со ва нт да по и не се са иким пошите на минете в мо прет делите пјблиски и реме говор ставуваа одароци да ладна за да се т и голе . Тие те со вода, да искапет м изсекој седите и ги запла е во дневн ш и однза слични иесува н ња е-

2. СТРОУ ДЕВИЛС

Баварците во алпскиот регион во Германија имаат обичај кој датира од пагански времиња, а во кој се користат ѓаволски маски и сено. Ова се користи за да се помине низ селото Бисшовсвисен и да се застрашуваат жителите.

3. КАРНЕВАЛ ВО КУБА

Секој Бадник, Ремедиос во Куба се претвора во нова страница на „Парандас“, верски карневал со тапани, огномет и слично. Овој традиционален карневал почнал пред 200 години.

5. ЧАС НА ВЕШТЕРКИТЕ

„Бефана“, грда вештерка со метла, парадира на улиците во Урбанија, Италија, носејќи подароци за децата на време на фестивалот кој се одржува на Водици. Популарното верување вели дека нејзиното име произлегува од овој фестивал, но има и докази дека таа потекнува од Сабин, римска божица која се викала Стрина.

Локалните жители на Кјото, Јапонија, учествуваат во „Маратонот на Дедо Мраз“ кој се случува секоја година пред Божик.

Традиционалното горење на десетици масивни огнови за божиќната вечер, поради верување дека на локалните деца Дедо Мраз ќе им ја осветли реката Папа Ноел во Јужна Луизијана, така што ќе можат да си ги најдат нивните домови.

7. ЌЕ ЗАЖАЛИТЕ

Езерото во Лондон е дестинација за пливање на „Серпентина“ за денот на Божик. Основан во 1864 година, „Серп“, како што повеќето го викаат, е еден од најстарите пливачки клубови во Велика Британија и секоја година го организира овој настан на кој повикува храбри конкуренти за традиционалниот натпревар.

9. ЧИСТА И ПРИСУТНА ОПАСНОСТ 4. ДЕДО МРАЗ НЕ ПОСТОИ

6. ЗАВЕАН ПЛАМЕН

Дедо Мраз на „Годишниот божикен скок од 40 стапки“ во Сандикав, Даблин. Најчесто по ова традиционално „капење“ неизбежно е наздравувањето со некоја чашка коњак.

8. БАВАРСКА ЕКСПЛОЗИЈА

Баварците, во нивната традиционална гардероба, исфрлаат оган со рачни минофрлачи во селото Шонау во јужна Германија, за да ги отпоздрават божикните празници.

10. СПРОТИ БРАНОВИТЕ

Пркосејќи му на зимскиот студ само со капата на Дедо Мраз како заштита, на морскиот брег во Брајтон, Англија се одржува традиционалното божикно „брцкање“!

Подготви: Ирина ДАСКАЛОВСКА

24


26

ДЕН И НОЌ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

И животните ви посакуваат среќна Нова година срет на Во пре ите праздишн нового мо човекот, ту а д с о е ници, н отните се дел сув те ку и жи расположени а ги д о т н с ч о празни Имате можн тни о в . а и в ж т штес атките л јс а и н р от видите и како најдоб н е ч обле светот дедо на раз. М - Дедо

НОВОГОДИШНА САТИРА Ќе го предложам Дедо Мраз за пратеник. Го бива човекот за лажење! *** Предлагам Новата година да се помести на први април. Така желбите и можностите на луѓето ќе се совпаднат. *** Ако Новата година не ни одговара, и неа ќе ја исфрлиме. Барем за тоа не бива. *** Поголемиот број Македонци Новата година ќе ја дочекаат како муслимани! Свинско месо нема ниту да помирисаат. *** Бидејќи на министрите им зина газот за власт, народот може да насети што може да очекува од нив во 2013! *** Дедо Мраз ќе ја бара Македонија на гробишта! Грците му рекоа дека Македонија веќе е со едната нога в гроб!! *** Со одлука на нашите државни ор-

гани, оваа година Дедо Мраз ќе ни падне од небо! Како и сите останати работи во оваа земја. *** Да не се децата, Дедо Мраз лесно би ги задоволил Балканците! Би им донел полна торба со вибратори. *** Новогодишна треска ги тресе и стопанствениците. По празниците следуваат завршните сметки. *** Некои наши граѓани Новата година ќе ја дочекаат како спомениците во Скопје! Нема да мрднат од место. *** Дедо Мраз некаде ќе патува со ирваси, а некаде со овци. Во зависност од тоа со каков народ ќе се сретне. *** Во 2013, во Македонија нема да има поплави. Предвидено е да стане пустина. *** Македонија ни е мајка.

Татковци имаме повеќе. *** Собранието има шанси да стане туристичка атракција. Како место на распад на нашата цивилизација. *** Постигнавме рамнотежа. Пола народ пасе, а другата половина јаде како стока. *** Во Македонија има и слобода на зборување и слобода на мислење. Само не смеете да го зборувате тоа што го мислите! *** Последниот римски крал имаше македонско потекло. Со тоа е објаснет распадот на нашата цивилизација. *** Тие што летаат заборавија на земјата. *** Државна препорака е да се купуваат македонски производи. Но, тоа не значи дека не може да се купат пратеници од другите националности!

*** Во народните кујни може и министар да јаде. Доволно е само да е во опозиција. *** Секој народ си ја добива власта што ја заслужува. Затоа нашиот народ мора да сфати дека и тој не е идеален. *** Една проститутка реши да се кандидира на изборите. Тврди дека ниту денешниве не се ништо подобри од неа. *** Македонска современа препорака: Не сери ако немаш некаков газ зад себе! *** Во нашата земја нема масовни гробници. Освен ако не ја сметате нашата земја! *** Прв знак дека сте потонале е ако сите околу вас молчат како риби! Васил ТОЛЕВСКИ


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

КУЛТУРА

27

ПО ШТО ЌЕ ЈА ПАМЕТАТ УМЕТНИЦИТЕ 2012 ГОДИНА

Година полна со настани и со амплитуди Невена ПОПОВСКА

И

зминува уште една година што ја одбележаа многу настани од културниот, политичкиот и општествениот живот. Еве како македонските уметници гледаат на годината што заминува и што ним им оставило најголем впечаток. За писателот Александар Прокопиев 2012 беше година полна со

промовираше во Њујорк. Станува збор за многу интересен филм чии автори се млади луѓе, полни со идеи, нивната тимска работа, дружење и соработка, ме врати во некои времиња кои многу си ги сакав. Што се однесува до политичката ситуација мислам дека не сум само јас на ова мислење, но од сите сфери на јавниот и културниот живот и општествен живот, политиката ни е најслаба точка. За жал, не успеа да се формира група

Александар Прокопиев

настани и со амплитуди од највисоко до најниско. - Што се однесува до културата, имав големо задоволство да бидам рецензент на три одлични романи на Ермис Лафазановски, Томислав Османли и на Дејан Трајковски. Тие три книги ми претставуваа големо задоволство и да ги читам и да се соживеам со нив и кои излегоа и сведочат дека македонската литература, барем во формата на романот, дава навистина возбудливи остварувања. Во областа на кинематографијата, секако, омажот на Трајче Попов, монографијата што ја направија во Кинотека на Македонија. Мислам дека е тоа прва таква монографија. Една многу топла, од една страна, од друга страна една воздржана монографија со многу автори посветена на автор кој многу значи и кој е дел на нашата културна традиција. Во областа на личното творештво, освен преводите, кои се тековни, би кажал дека учествував во правење анимиран филм, кој се

на политичари кои навистина се зналци на својот занает и во кои на крајот на краиштата ќе веруваме и ќе гласаме. Значи, во политиката се случија неколку настани кои наликуваат на сцени од „К-15“ до „Монти пајтон“ и тоа се ситуации кои се смешки, не се политички ситуации. Некои од моите пријатели велат: „Добро Сашо, тоа се случува низ целиот свет“. Меѓутоа, сепак ова сега се случува овде кај нас, засегнати сме со тоа, засегнати сме со нашите секојдневни животи кои течат на некоја база на

Сергеј Андреевски

преживување. За академскиот сликар Сергеј Андреевски ова беше прилично активна година. - Моето самостојно претставување во Берлин, жестокиот перформанс во „Словакиа икруна на годината“ повторно ја возбудив американската публика и во време на избори тамошните медиуми отстапија простор за моите слики. Ова се убавите спомени за годинава што измина. Во неа ми се случија и две огромни загуби - луѓе со кои што соработував, креирав и сонував: мајка ми и Владо Цветановски, без кои мислам, дека не само јас туку светската култура ќе биде посиромашна - вели Андреевски. Драматургот Братислав Димитров ги истакнува премиерите во 2012 година. - Во 2012 година имав две прекрасни премиери. Во јуни, Охридскиот театар ја изведе мојата пиеса за деца „Свадбата на Итар Пејо“ во која учествуваа и најстарите гледачи, а во декември велешкиот театар „Јордан ХаџиКонсантинов-Џинот“ ја изведе праизведбата на мојот текст „Ноќите во бел сатен“ - урнебесна комедија за која се бараше билет повеќе на сите следни изведби. Им изразувам почит и голема благодарност и на двете екипи за нивната врва професионалност и креативност и бидејќи никој не може да ме сопре во мојата „скромност“, еве го текстчето што го напишав за велешката премиера: „Да се пишува за сопствената

Братислав Димитров

работа, во најмала рака е безобразно и невоспитано. И бидејќи одговараме на описот, еве неколку забелешки на вечната тема: Што сакал писателот да каже?“ Тоа што некогаш било скандал, денес е незабележливо. Тоа што денес е незабележливо, можеби еден ден ќе биде врвна вредност. Уметноста е естетска игра и упад во непознатото. Тоа подразбира преземање ризик во естетска, етичка и секоја друга смисла. Нема „мали“ и „големи“ теми. Кога славниот Енди Ворхол во еден музеј во Њујорк покрај другите експонати изложи и шише од „кока-кола“, публиката комплетно го сменила односот кон тоа обично парче стакло со темна течност. Во природата нема ништо лошо или добро, само нашата социјална употреба ги прави нештата добри или лоши. Се обидов да направам пиеса во која ликовите ќе говорат свој текст, а не мој. Да отворам дијалог и полемика со нашиот индивидуален и колективен балкански мачоизам. Се обидов да ги испитам границите на слободата на говорот, содржината и формата, а истовремено да не бидам насилен. Ваквата сизифовска амбиција обично во практика е невозможна, но ние треба постојано да се обидуваме!“


28

КУЛТУРА

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

МЕЦОСОПРАНОТ ИРЕНА КАВКАЛЕВСКА

Премиерно изведена „Хамлетмашина“ од Хајнер Милер во битолскиот театар НУ Народен театар-Битола вечерва во културниот про стор „Нова сцена“ премиерно ќе ја изведе претставата „Хамлетмашина“ од Хајнер Милер во режија на го стинот со унгарско потекло од Суботица, Урбан Андраш. Во претставата освен текстот на Милер, кој за потребите на претставата на

македонски јазик го преведе Наташа Аврамовска, користени се текстови од Алберт Ками, Вилијам Шекспир, но и од Владимир Илич-Ленин, Карл Маркс, Мао Це Тунг, како и од Дамјан Груев, Кочо Рацин, Никола Јонков Вапцаров, потоа авторски текстови на актерите и драматургот на претставата Билјана Крајчевска. Н.П.

Фестивал на чајот и на читањето во „Феникс“ Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија пре зент“ на 3 јануари го организираат традиционалниот фе стивал на чајот и на читањето. Манифе стацијата ќе се одржува во книжарницата на „Феникс“ и ќе трае до 3 март. Во рамките на фе стивалот ќе биде објавено и промовирано свет ски познатото и веќе култно книжевно издание „Книга за чајот“ од јапонскиот писател, истражувач и културолог Какузо Окакура.

- Фестивалот ќе заврши со соопштување на добитниците на наградата „Прозни мајстори“ за најдобри прозни дела од македонски автори објавени во 2012 година, но и со почнување на школата за креативно пишување. По повод и во тек на Фестивалот на чајот и читањето во книжарницата „Феникс“ ќе почне со работа и Клубот на читатели каде ќе се одржуваат средби со писатели, трибини и други камерни приредби и книжевни настани, соопштуваат од „Феникс“. Н.П.

ВИСТИНС ДА СУМ К Невена ПОПОВСКА

Д

али оваа последната Кармен што ја слушнавме мината недела е онаа истата од пред 10 години, дали улогата на Кармен созреваше и растеше заедно со Вас? - Апсолутно, бидејќи за разлика од минатите изведби низ годините, се чувствувам доволно сигурно за да експериментирам, да пробувам нови нешта и, во крајна линија, да не мислам само на техничкиот дел на изведбата, туку вистински да уживам во креацијата. Во оваа зрела фаза на Вашата уметност, кога со Вашиот глас и совладан занает може да постигнете најмногу, кои се предизвиците, што би сакале да испеете? - Мора да признаам дека како водечки мецосопран во МОБ добивав најразлични улоги и низ годините создадов голем репертоар кој се движи од висококолоратурниот и лирски репертоар (како Росиниевите опери на пример) до т.н. хозен-ролји (како Орфеј, Јулије Цезар, Ванја), па сè до драмските улоги во вердијанскиот репертоар (како на пример Амнерис во „Аида“), меѓутоа најмногу за мојот глас во литературата пишувале француските композитори-следствено на тоа би ми бил предизвик

да пеам таков тип на репертоар како Терез, Шарлот во Вертер, Еродијада, па дури и Далила... Да се надеваме дека некогаш ќе ги видиме на нашиот репертоар во македонската опера... За разлика од порано, сè повеќе македонски музичари се пробиваат надвор од границите на Македонија, меѓу нив и оперски уметници, со оглед на Вашето искуство од работењето во Грац и во Загреб, што мислите што е потребно еден оперски пејач да се пробие на светската сцена? - Па, првенствено среќа, голема упорност и самодоверба, ментална стабилност и се разбира добри менаџери кои ќе видат во вас добар производ кој можат добро да го продадат, ако тоа значи дека ќе работите сè што ќе ви се понуди да работите за да преживеете и тоа да трае и неколку години, за цело тоа време да одите на часови и аудиции со мноштвото Руси и Кореанци, на вистинскиот пат сте да го остварите вашиот сон. Вашиот професионален ангажман е врзан со Вашата матична куќа – МОБ, како ја оценувате репертоарската политика? - Сметам дека немаме доволно претстави, а ни пари работите да се реализираат до крај на повисоко ниво. Ние сме како спортистите

„Магор“ прослави 20 години Во петокот, во кафе-книжарницата „Магор“ се одржа голема прослава по повод 20 години постоење на оваа издавачка куќа. Во сво ето 20-годишно по сто ење „Магор“ се издигна како една од најква литетните издавачки куќи во републикава, специфична по многуте едиции

белетристика, фило софија, есеистика, историја, уметност, економија, право, медицина, дет ска литература, но и по тоа што активно поддржува квалитетни македонски автори и истите ги промовира во и надвор од Македонија. - „Магор“ својата репутација


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

КУЛТУРА

29

ГОВОРИ ЗА СВОИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

СКИ УЖИВАМ АРМЕН

- ако не вежбаме секојдневно на сцената преку претставите, не можеме да го дадеме нашиот максимален потенцијал. Кога немате доволно претстави не можете да ги

постоење ја стекна не само како резултат на добриот избор на дела што ги издава, во кој значаен удел имаат самите автори на „Магор“, но и како резултат на секогаш внимателниот избор на преведувачи, лектори, уредници, стручни редактори - велат Павлина, Горјан и Маја Лазаревски. Н.П.

развивате улогите на вистинскиот начин бидејќи нема кога тие да легнат и да се почувствуваат, почнувате да добивате трема и несигурност кои многу одмагаат

бидејќи улогите поинаку созреваат на сцената, а поинаку в соба... Ова се случува и се провлекува со децении наназад, не е сегашен проблем, да се надеваме дека ќе се реши... Каков е Вашиот однос кон критиката и кон публиката? - Работам јавна профе сија и со самото тоа мора да се помирам со сè што доаѓа со тоа - и позитивните и негативните критики ги поднесувам бидејќи тоа е дел од работата, во време кога односите со јавноста и маркетингот се најбитни од сè ,мислам дека успевам да се држам доволно настрана и да давам интервјуа и изјави само кога работам на некој проект... Публиката е онаа за која што ја работам оваа работа и целата енергија и љубов која што à ја давам, таа ми ја враќа во големи количини и таа убава енергија секогаш ме враќа назад на сцената. Кои се Вашите следни проекти? - Ме очекува традиционалниот Василичарски концерт каде што ќе ја изведам аријата на Еболи од Дон Карлос, а потоа следуваат подготовките за отворањето на Мајските вечери со Хофмановите приказни и улогата на Никлаус, една интересна помалку неочекувана улога која што со задоволство овие денови почнувам да ја изучувам.

Струмички театар ја заврши сезоната со премиера на „Волшебникот од Оз“ Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица со премиерата на детската претстава „Волшебникот од Оз“ ја заврши годинашната сезона. Претставата во режија на Димо Димов од Бугарија беше изведена синоќа на големата сцена во Центарот за култура во Струмица. - Задоволни и среќни сме што видовме насмеани и ведри детски лица. Со моите другари Николај Николов, сценарист, и Иван Стојанов, кој се погрижи за богатата музичка подлошка, во Струмица сме третпат - изјави режисерот на претставата Димо Димов. Н.П.

Во Битола промовирана книгата „Театарот е фабрика за соништа“ од Зоран Пејковски Во присуство на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во Битола беше промовирана книгата „Театарот е фабрика за соништа“ од новинарот и театарски критичар Зоран Пејковски, кој оваа публикација ја посвети на неодамна починатиот македонски режисер Владо Цветановски. Станува збор за книга во која се поместени театарски критики за претставите кои Цветановски ги режирал во НУ Народен театар-Битола, како и интервјуа со Цветановски кои ги реализирал авторот Пејковски. Н.П.


30

КУЛТУРА

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

РЕТРОПРИКАЗНИ

ТОА БЕА ДЕНОВИ... Михаил Мице БОШКОВСКИ

... На англиски „Those were the days“, е наслов кој во 1968 година беше еден од најпопуларните хитови во светски размери. Песната ја испеа младата 18-годишна фолк-пејачка Мери Хопкин (1950), која претходно победи на едно ТВ-шоу за млади та ленти. Во тоа време, култната англиска манекенка Твиги му ја препорача на Пол Макартни и тој се заинтере сира за неа и ја прифати во штотуку формираната дискографска куќа на „Битлс“ - „Епл рекордс“. Мери Хопкин е првата пејачка што издаде плоча за оваа дискографска куќа. Песната „Тоа беа денови“ набргу стана хит. Ги симна „Битлс“ со „Еј Џуд“ од првото ме сто и таму остана 6 недели. Како потписници на песната беа запишани Џин Раскин (1909 – 2004), автор и Пол Макартни (1942) продуцент. Но, да ли беше така? Подоцна се откри дека Џин Раскин не е автор на песната и дека, всушност, се работи за стара руска романса компонирана од Борис Фомин (1900 – 1948) на текст од Константин Подревски, околу 1918 година. А Џин Раскин, сепак имаше удел во авторството на плочата, бидејќи само текстот на англиски јазик беше негов. Тој ја чул песната од неговата мајка, по потекло Русинка, го напишал англискиот текст и повремено ја изведувал со својата сопруга Франче ска по локалните клубови. На плоча први ја снимиле „Лајмлајтерс“ во 1962 година, фолк-трио кое е познато по повеќе хитови, но не и по „Тоа беа денови“. Сè се измени по интерпретацијата на Мери Хопкин, која, патем речено, и не направи некој друг позначаен хит освен учеството на „Евровизија“ во 1970 година со песната „Knock, knock, who’s there“ со пласман на вто-

рото ме сто. Инаку, Мери Хопкин, песната „Тоа беа денови“ ја сними и на шпански, италијански, француски и на германски, а потоа се изредија и други изведувачи: Сенди Шо, Далида, Чиљола Чинквети, Вики Ле андрос, Енгелберт Хампердинк, Иван Ребров, Доли Партон и други полски, чешки, романски, унгарски, хрватски, словенски и уште многу други од речиси сите континенти. На руски јазик со оригиналниот текст „Дорогой длинною“(„Долг пат“), ја сними извонредната Грузијка Нани Брегвад зе (1938), која имаше успешна интернационална кариера. Но, ни таа не ја засени славата на Мери Хопкин. Кај нас, набргу по Мери Хопкин, за продукцијата на Радио Скопје на македонски јазик ја сними Љупка Димитровска, во периодот кога сè уште не беше замината во Загреб. Тоа е вториот дел од приказната за оваа песна на која, помалку или повеќе, повозрасните читатели секако се сеќаваат. Но, за вистинските

почетоци на оваа бесмртна тема, има помалку веродо стојни информации и многу контрадикторно сти. Најре ална е претпо ставката дека таа е компонирана во екот на Октомвриската револуција за пејачката Елизабета Белогорски, а снимена некаде во 1924 година од Тамара Церетели (1900 – 1968). Оваа Грузијка пеела во опера, но и популарни песни. Таа е една од најзаслужните што не се спроведувала стриктно забраната од 1929 година за пеење на руски и ромски романси, која траела до 1950 година. Тогашните власти ги оква лификува ле како „буржоаски“ и „контрареволуционерни“, па ги фаворизирале само песните во кои се пеело за партијата, за победата, за револуцијата. Но, Тамара Церетели имала добри одно си со властите во Кремљ бидејќи че сто настапува ла пред борците на кои, покрај од „подобните“, им пеела и по некоја „неподобна“ песна. Инаку, таа се смета за една од најдобрите пејачки во сво ето

време. За популарно ста на песната „Долг пат“ исто така големи заслуги има и Александар Вертински (1889 – 1957), се стран уметник: пејач, композитор, поет, актер, кој од средината на 20-тите години ја напушта Русија и со странски пасош пре стојувал во Турција, Полска, Германија, Франција, САД, па стигнал и до Кина. По повеќе обиди да се врати во татковината, конечно за време на Втората светска војна добива дозвола од руските власти. И судбината на авторот Борис Фомин, кој бил образован, та лентиран и еден од најдобрите композитори на романски, ни малку не била розова. Тој останал во Русија, но тешко се вклопувал во системот, па дури бил лажно обвинет и одлежал една година во затвор. Се претпо ставува дека бил поштеден затоа што лично Ста лин имал слабост кон неговите песни. „Превоспитан“ повторно станал интере сен за власта кога за време на Втората светска војна по нарачка почнал да компонира „подобни“ песни користени во пропагандни цели. По војната умрел од туберколоза во 1948 година. Од песната „Долг пат“, разни пејачи, инструмента листи, продуценти, текстописци, менаџери, дискографски куќи и др., заработиле големи пари. А тој и авторот на оригиналниот текст Константин Подревски – ништо, или само посмртна слава. Иако од создавањето на песната се поминати повеќе од 90 години, таа сè уште побудува интерес и вреди да се потрудите да ја најдете и чуете интерпретацијата на словенечката оперска пејачка Манца Измајлова. Ја пее на руски јазик во придружба на Државниот симфониски орке стар на Русија снимена на албумот „Словенска душа“, издаден пред неколку години.


ДОМ

Новогодишно украсување на домот

Вметнете ги црвените и зелените нијанси во вашиот дом за време на претстојните празници и почувствувајте го божикното и новогодишно расположение. Додајте зеленило низ целата куќа, без разлика дали тоа е некоја минијатурна елка или, пак, венец направен од зеленило. На тој начин домот добива зимска атмосфера која можете да ја затоплите со многу црвени додатоци. Во стаклен сад ставете црвени бонбони и поставете го садот на видно место. Додадете црвени

перници и прекривки во дневната и во спалната соба. Свеќите се уште една задолжителна декорација. Во која било боја и форма да ги одберете – нема да погрешите. Кујната подновете ја со црвени или зелени чинии и божикно украсени шолји. Бидете креативни и не заборавајте дека постојат уште многу оригинални божикни декорации кои можете самите да ги направите. За ма ла инс пи ра ци ја поглед нете не кол ку од лич но де ко ри ра ни до мо ви со праз нич на ат мо сфе ра.


32 ДОМ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година, 2 јануари 2013 година

Креативни идеи за новогодишна елка

Сами направете новогодишни украси Нова година се ближи и сигурно сте почнале со украсувањето дома! Се надевам дека следниве неколку идеи ќе ви се допаднат и ќе ви бидат убава креативна новогодишна декорација во домот. Истите можете да ги модифицирате по свој вкус и дизајн. Бидете креативни!

Кој вели дека новогодишната елка треба да биде зелена и едноставна?! Ако сакате нови идеи и уникатен дизајн, погледнете ги овие новогодишни елки. Овие дизајни покажуваат дека елката може да биде изработена од секакви материјали и предмети, дури и од оние предмети за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да имаат декоративна намена. Откако ви ја претставивме елката направена од чоколадо, на ред сè уште неколку интересни дизајни направени од уште поинтересни материјали. Тука се елката составена од светилки, екоелките изработени од иверка, елката изработена од шишиња. На вљубените во книгата, сигурно ќе им се допадне елката составена од книги. Новогодишна елка може да се направи дури и од колачиња, хартија или дрво. Елките што ви ги претставуваме сигурно ќе ви дадат одлични идеи за празнично украсување и можеби ќе ве инспирираат да направите нешто уникатно и креативно!


prilog@den.mk

33

Празнично украсен подарок Се приближува периодот на празници, а со тоа и подарувањето, како еден од најубавите моменти. Токму затоа Ви нудиме начин за изработка на еленот Рудолф и Дедо Мраз, но ако вие имате некоја друга идеја, слободно можете да ја реализирате. За изработка на овие подароци потребни ви се: дебела хартија, картонски туби од тоалетна хартија, ножици, лепило за хартија, дрво и

ткаенина, обложена жица во избрани бои, памук, копчиња, бонбони, печатени шаблони за изработка. Најпрвин ги печатиме шаблоните, а потоа ги сечеме. Подгответе го материјалот: за еленот Рудолф изберете кафеава и бела боја, а за Дедо Мраз црвена и бела боја. На тубите од картон завиткајте самолеплива хартија или материјал што се лепи. Едниот отвор на туба-

та залепете го и почекајте добро да се исуши. Така направените туби изгледаат како фишеци, па наполнете ги со бонбони, ореви, лешници и слично. Како да го направите еленот Рудолф? Од жицата со кафеава обвивка направете рогови за еленот. Ставете на отворот на тубата бел памук и залепете го. Потоа ставете на тубата две копчиња со форми на очи и едно црвено копче направено од

ткаенина. Рудолф е готов и полн со бонбони! Постапката за изработка на Дедо Мраз почнува со печатење на шаблонот. За овој проект шаблонот обложете го со црвениот материјал и украсете го со памук, како што гледате од фотографиите. Потоа, ставете му брада и можете да залепите копчиња, па да му го формирате лицето. Сега Дедо Мраз му прави друштво на Рудолф.


34

НОВ СВЕТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Неуспешна мисијата да се д езерото Елсворт под Антарк

На почетокот од ме сецов пишувавме за британски тим научници кои отпатуваа на Јужниот Пол, каде што се надеваа дека ќе успеат да стигнат до едно од 380 езера заробени под дебелиот мраз на Антарктикот. Сега, за неполн ме сец, тие ја прогласија мисијата за неуспешна. Планот на Британците беше со специјална дупчалка,

која дупчи со помош на топол млаз вода, да направат дупка во мразот дебел три километри за да го испитаат езерото Елсворт. Таму тие се надеваа дека ќе пронајдат бактерии и микроорганизми, кои биле заробени под мразот илјадници години, но сега овие надежи буквално пропаднаа во (замрзнатата) вода. Мисијата на научниците

Отклучете го автомобило Веќе никогаш нема да морате да ги барате клучевите од автомобилот бидејќи „Хјундаи“ прет стави нови паметни теле фони кои ќе можат да ги отклучуваат и заклучуваат бравите на автомобилите. Наме сто со користење технологија „блутут“, „Хјундаи“ се одлучи за технологија на комуникација на блиски полиња, која ќе ни овозможи да го отклучиме и заклучиме нашето во-

зило со помош на мобилен телефон. Сè што возачот треба да направи е да помине со својот мобилен телефон покрај по себна на лепница која се наоѓа на прозорецот на возилото. Кога ќе влезе во возилото, возачот ќе го сме сти својот паметен теле фон на по себен држач повр зан со централната конзола во возилото. Теле фонот, потоа, ќе се синхронизира со мултимедијалниот со став на автомобилот,


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

НОВ СВЕТ

35

остигне Вселенска ракета за по ве ќе крат на упо тре ба тикот почна според планот, но набргу сфатија дека е осудена на пропаст. Сè почна со дупчење дупка длабока 300 метри, која требаше да биде искористена како ре зервоар, чија вода би се користела за да се снабди големата потреба за вода на дупчалката. Паралелно со оваа дупка-резервоар, на растојание од два метра, беше издупчена втора дупка, која требаше најпрво да се поврзе со првата дупка, а потоа да продолжи да се длаби сè до подземното езеро. Проблемот за Британците настана при обидот да се повр зат двете дупки. Во 40-часовните неуспешни обиди да ги повр зат дупките, тие потрошија толку многу од горивото на кое работи дупчалката, што не им остана доволно за да стигнат до нивната де стинација – езерото Елсворт. Сфаќајќи го ова, екипата беше принудена да го прифати поразот, да ја запре работата и целата мисија да ја прогласи за неуспех. Сега, тие велат дека ќе се концентрираат на анализирање и на пронаоѓање на грешките, а прогнозите за повторно враќање на Антарктикот и за продолжување на мисијата ги одредуваат за четири-пет години. М.Н.

Доколку не сте знаеле, ракетите што сега се користат за вселенски патувања се користат само еднаш, и тоа главно поради фактот што не можат безбедно да слетаат на земјата. Кога се враќаат на Земјата, ракетите најпрво го забавуваат својот пад со помош на падобран, а потоа слетуваат во океан, од каде се извлекуваат со бродови, но не се користат никогаш повторно. Сепак, оваа практика во иднина би можела да се промени, благодарение на иноваторот Елон Маск, кој ја дизајнираше ракетата „Спејс икс грасхопер“. Оваа ракета има спо собност како што ќе полета, така и да слета, односно тоа да го прави вертикално на подножјето. Таа сè уште е во фаза на изработка, но во до сегашната фаза на

т со мобилниот телефон а сите податоци ќе се прикажуваат на седуминчен екран кој работи на допир. Истата технологија е задолжена за многу нагодувања во автомобилот, како што се претходно наме стени радио станици, положба на седиштата и нагодувања на ретровизорите. На тој начин се овозможува да има повеќе различни профили за различните вкусови на возачите. Ко-

рејскиот произведувач најави дека оваа нова технологија ќе почнат сериски да ја вградуваат во нивните нови возила од 2015 година. Исто така, се најавува дека компанијата работи и на технологија за подобрување на камерите за возење наназад и на со ставот на предупредувања кога возачот ја напушта лентата во која е движи и преоѓа на другата страна на патот. К.И.

те стирање, до стигна лет во висина од 40 метри, кој траеше 29 секунди, по што успешно се приземји. „Спејс икс грасхопер“ е висока 32 метри, од кои осум метри им припаѓаат на четирите железни ногарки, кои ја формираат основата за полетување и за слетување. Она што следува се уште цела низа тест-летови со сè поголема височина и тоа по следниов редослед: 366, 762, 1.524 и 2.286 метри, по што ќе се до стигне кулминацијата од 3.505 метри. Ра ке тата сè уште е да ле ку од ви стин ска упо тре ба во вселенска мисија, но нејзи ни от кре атор Елон Маск се на де ва де ка во ид ни на си те все лен ски ле та ла ќе ја ко ри стат тех но ло ги јата на не го вата „Спејс икс грасхо пер“. М.Н.


36

СПОРТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Најдоброт спорт за 20 ОЛИВЕРА НАКОВСКА-БИКОВА

Македонија се позлати со медал од Параолимписките игри во Лондон благодарение на стрелачката Оливера Наковска-Бикова. Златната битолчанка го освои златниот медал на Параолимписките игри во Лондон во дисциплината воздушен пиштол 10 метри, откако претходно во квалификациите во истата дисциплина постави нов светски рекорд со 381 круг. На Оливера Наковска-Бикова ова à беше трет настап на Параолимписките игри, по Атина и Пекинг и нејзин најголем успех во кариерата. Воедно, ова е второ параолимписко злато за Македонија, освоено десет години по триумфот на Бранимир Јовановски на Параолимписките игри во Барселона во 1992 година.

РК МЕТАЛУРГ ТОДОР ГЕЧЕВСКИ

Кошаркарот кој со години е душата на македонската репрезентација, го препороди МЗТ Скопје и по цели 20 години му ја донесе првата шампионска титула. Тодор Гечевски апсолутно заслужено годинава е прогласен за најдобар кошаркар во Македонија. По речиси десетгодишна интернационална кариера, високиот кавадарчанец заигра во дресот на МЗТ Скопје. Под негово водство, МЗТ Скопје го оствари долгогодишниот сон, стана шампион на Македонија. Тројката со која му донесе победа на македонскиот шампион во последниот дуел во АБА-лигата против Широки бријег уште еднаш покажа колку вреди неговото искуство. Во медиумите од регионот оваа победа на МЗТ Скопје беше проследена со наслов „НБА Гечевски“ што најдобро говори дека ветеранот на паркетот сè уште не го кажал последниот збор.

Од маалски тим, Металург за неколку години прерасна во тим за кој се зборува во Европа. Актуелниот македонски ракометен првак, минатата сезона стигна до осминафиналето во Лигата на шампионите, а годинава повторно обезбеди место во Топ 16 во најелитното европско натпреварување. Металург е едно од најпријатните изненадувања во годинашната сезона во ЛШ. Тимот предводен од хрватскиот тренер Лино Червар во кој настапуваат поголемиот дел од македонските репрезентативци, засилени со неколку странци, во првите четири натпревари од групната фаза во ЛШ имаше максимални четири победи и се нареди рамо до рамо со великаните од калибарот на Барселона и на Веспрем. Првиот дел од сезоната во ЛШ и календарската 2012 година, тимот од Автокоманда ја заврши со пет победи и два порази, со најдобра одбрана и најмалку примени голови (160) од сите 24 екипи во најсилното европско клупско натпреварување. Металург е сензација во ЛШ и ракометен хит во Македонија.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

СПОРТ

37

то од македонскиот 012 година

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ

Македонската фудбалска легенда, Чедомир Јаневски, во август годинава го презеде кормилото на македонската репрезентација. Тоа беше трета среќа за Јаневски кој претходно двапати беше во комбинација за селекторското место, но во првите два случаи предност добија прво Мирсад Јонуз, а потоа Џон Тошак. Конечно, Јаневски седна на клупата и веднаш се покажа дека неговиот ангажман е вистинскиот потег. Под негово водство, Македонија успешно стартуваше во јубилејниот десети квалификациски циклус, овој пат за Мундијалот во Бразил во 2014 година. Јаневски има знаење и искуство и што е најважно ужива голем респект и кај фудбалерите, но и кај новинарите. Наш, а светски – тоа е најдобриот опис за македонскиот фудбалски селектор, Чедомир Јаневски, еден од оние што позитивно ја одбележаа 2012 година.

КИРЕ ЛАЗАРОВ

За капитенот на македонската ракометна репрезентација, 2012 дефинитивно е година за паметење. Кире Лазаров е првиот и единствен ракометар во светот што успеал да ги обедини титулите најдобар стрелец во историјата на светските и на европските ракометни првенства. Најдобриот македонски ракометар постигна рекордни 92 гола на СП 2009 во Хрватска, а приматот во светскиот ракометен врв го потврди во јануари на ЕП 2012 во Србија. Лазаров ја предводеше Македонија во извонредниот настап и петтото место и беше прв стрелец на шампионатот со

европски рекорд од 61 гол. На почетокот од новиот циклус квалификации за ЕП 2014, на мечот против Португалија, Лазаров ја мина границата од 1000 гола во дресот на македонската репрезентација и влезе во друштвото на петте најдобри голгетери во светскиот ракомет со вакво репрезентативно достигнување. На репрезентативните успеси, во 2012 година, Кире Лазаров го додаде и своето прво финале во Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид и титулата светски клупски шампион освоена со шпанскиот тим на годинашниот „Супер глоб“ во Катар.


38

СПОРТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

ИЗЈАВИТЕ ШТО ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2012 ГОДИНА

Рекоа и не одрекоа

Изминува 2012 година, но некои „бисери“, изјави на македонските спортисти, сепак, уште долго ќе останат запаметени. Така, кога ќе загубат, на дел од селекторите „виновни“ им се искривениот кош или, пак, новинарите, а други ја чуваат тактиката за наредните натпревари на кои губат со уште поголема разлика од споменатиот меч. Има и спортисти кои влегоа во вртлогот на политиката, па потоа не знаеја како да се извлечат, како што е Перо Антиќ. ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ

Донесе одлука со која што си додели плата како претседател на ФФМ, а никогаш не даде официјална изјава за тоа. Од тренерската клупа скокна во претседателската фотелја на Фудбалската федерација на Македонија. Илчо Ѓорѓиоски за многумина неочекувано, но за останатите многу добро испланирано, ја напушти тренерската функција во македонскиот првак Вардар за да седне на претседателското место во ФФМ. Го замени долговечниот Харалампие Хаџи-Ристески, кој цела деценија беше на чело на македонскиот фудбал, но кој, како и неговите

претходници, оваа функција ја извршуваше волонтерски. Но, тоа се смени со доаѓањето на Илчо Ѓорѓиоски. На една од првите седници на УО на ФФМ под раководство на Ѓорѓиоски, беше донесена одлука, за првпат во историјата на македонскиот фудбал, за претседателското место во ФФМ да се добива „солена“ менаџерска плата. Бидна што бидна, но Илчо Ѓорѓиоски никогаш јавно не ја оправда оваа одлука ниту, пак, à ја соопшти на јавноста.

МАРЈАН ЛАЗОВСКИ

„Имавме проблеми и со левиот кош. Конструкцијата беше навалена, имаше реакции од сите репрезентации, вклучувајќи ја и нашата, но одговорот од организаторот беше „тоа е тоа“, секоја репрезентација мора да одигра по едно полувреме на тој кош“. Марјан Лазовски, селекторот што ја предводеше македонската кошаркарска репрезентација на предолимпискиот турнир во Каракас, Венецуела, го кажа можеби најголемиот „бисер“ во годината што изминува. По поразите што Македонија ги доживеа на ова натпреварување, Лазовски направи неверојатна анализа и соопшти на прес-конференција, пред целата јавност, дека, всушност, голем дел од вината има

и левиот кош во салата во Каракас. Конструкцијата била навалена, па македонските кошаркари, демек, не можеле да погодат низ обрачот. Оваа негова изјава уште долго ќе се памети во македонскиот спортски свет. По овој неуспех, Марјан Лазовски веќе не е селектор на кошаркарскиот национален тим, а раководството на МКФ бара ново име што ќе ја предводи Македонија на Евробаскет 2013 во Словенија.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година „Сега можам да им кажам на сите што ме плукаа што кажав ФИРОМ дека бев принуден. Ова е за цела Македонија, а сите што зборуваа погрешно нека умрат“.

39

ГИНО СТРЕЗОВСКИ

ПЕРО АНТИЌ

„Ние не сме некоја силна репрезентација, па да можеме премногу да криеме. Сепак, на овој меч се обидовме да сокриеме дел од нашата тактика во ситуации со играч помалку или повеќе. Морам да кажам дека победата на Франција е заслужена. Ние имавме проблем во нападот, каде не шутиравме, туку им додававме на противничките ракометарки. Имаме два дена да се подобриме за дуелот со Шведска“.

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ во 2012 година го направи најголемиот успех во својата кариера, освојувајќи го трофејот во Евролигата со тимот на Олимпијакос. Но, и покрај тоа, беше дочекан на „нож“ во Македонија, затоа што при претставувањето пред почетокот на финалниот турнир, во снимена изјава истакна дека доаѓа од ФИРОМ. Имаше многу коментари околу изјавата на кошаркарот што тогаш беше капитен на македонската репрезентација, голем дел од нив и погрдни за Перо Антиќ. Но, потоа Антиќ направи уште поголема грешка. Во изјава за српскиот ТВ-канал „Спорт клуб“, откако го освои пехарот во Евролигата со тимот на Олимпијакос, тој „одмазднички“ истакна дека бил принуден да каже дека доаѓа од ФИРОМ (затоа што со оваа референца и МКФ е примена во ФИБА), а сите кои го критикувале за тоа – да умрат!

ЗВОНКО ШУНДОВСКИ

СПОРТ

„Самото учество на квалификацискиот турнир претставува најголем дострел на македонскиот ракомет на сите времиња, за некои и најголемиот успех во кариерата. Начинот на кој тоа беше прикажано од новинарите и од јавноста, тенденциозно и малициозно, да се дискредитира и да се омаловажат одредени субјекти од репрезентацијата, не е во интерес на македонскиот ракомет, тимскиот дух, чувството за заедништво“. Селекторот на машката ракометна репрезентација, Звонко Шундовски, не успеа да ги одведе Кире Лазаров и соиграчите на Олимписките игри, откако доживеа резултатско фијаско на предолимпискиот турнир во Гетеборг. Како што и најчесто бидува по поразите и неуспесите во македонскиот спорт, вината секогаш се префрла на друга страна, а популарниот Шундо, без да земе „тајм-аут“, во стручниот извештај што го испрати до Управниот одбор на РФМ наведе дека новинарите се виновни за неуспехот. Кажа Шундо и остана „жив“, а сега ја подготвува ракометната репрезентација за ново големо искушение, настап на Светското првенство во Шпанија, што ќе се одржи од 11 до 27 јануари.

Уште еден селектор и уште еден „бисер“. Женската ракометна репрезентација замина на Европското првенство во Србија, на првиот натпревар го одмери силите со силната селекција Франција, а по убедливиот пораз, Гино Стрезовски се осмели да каже дека дел од тактичките варијанти биле сочувани за следните натпревари, кои се многу поважни и во кои можеме да оствариме триумф. Но, потоа дојдоа и дуелите со Шведска и со Данска, а Македонија и на тие натпревари не покажа ништо посебно. „Криенката“ на селекторот остана само фарса, а македонските ракометарки на крајот го освоија последното место на Европското првенство. И како што секогаш се наоѓа утеха во македонскиот спорт, нели, најважно беше што сепак сме учествувале на собирот на најдобрите европски репрезентации.


40

СПОРТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

НАЈГОЛЕМИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СПОРТ ЗА 2012 ГОДИ

Бројките говорат з

Оваа година слободно може да се опише како една од најинтересните, не само поради фактот дека стануваше збор за олимписка година, туку и поради интересните расплети во голем број различни натпреварувања

91 - Лео Меси Аргентинецот освои само еден единствен трофеј со Барселона (во Купот на Шпанија), но затоа повторно освои низа индивидуални признанија. Сосема логично, ако се земе во предвид неговата фантастична голгетерска година во која што постигна дури 91 погодок, уривајќи ги на тој начин рекордите што пред многу години ги поставија Пеле и Герд Милер.

1 – Челси

По долги години чекање, Челси конечно стигна до својата прва титула европски првак. Воедно,

„сините“ се првиот клуб од Лондон што успеал да триумфира во ЛШ, откако во големото финале дури по изведување на пенали беа подобри од Баерн Минхен.

9 - Леброн Џејмс 6 - Усеин Болт

Бројот на златни олимписки медали што најбрзиот човек на денешницата ги има освоено во текот на својата фантастична кариера. Многумина прогнозираа дека Јохан Блејк би можел да го урне Болт барем на една од двете најбрзи трки (100 или 200 метри), но актуелниот светски рекорд покажа дека се уште е недостижен за ривалите. На 100 метри триумфираше со олимписки рекорд од 9,63 секунди, на двојно подолгата делница беше најбрз со време од 19,32 секунди, за на крајот да биде дел од штафетата на Јамајка 4х100 метри, со која што постави нов светски рекорд од 36,84 секунди.

Девет години Леброн Џејмс сонуваше еден ден да стане шампион во НБА-лигата. Тој сон стана реалност токму во 2012 година, кога во својата втора сезона како член на Мајами хит успеа да се закити со толку посакуваниот шампионски прстен. Леброн апсолутно го заслужи трофејот откако беше предводник на Мајами во плејофот со фантастичен просек од 28,6 поени, 10,2 скокови и 7,4 асистенции по натпревар.

76 - Енди Мареј

Цели 76 години британските тениски обожаватели чекаа да се најде херој што ќе освои гранслем-титула за „големото кралство“, откако тоа го стори Фред Пери на Отвореното првенство на САД во далечната 1936 година. Мареј успеа да триумфира на последниот гранслем-меч за оваа година, Отвореното првенство на САД, во финалето совладувајќи го Новак Ѓоковиќ. Тој ја комплетираше фантастичната година со освоениот златен медал на Олимписките Игри во Лондон.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

СПОРТ

41

НА

за врвните успеси 4 - Црвената фурија

3 - Себастијан Фетел

Возачот на Ред бул беше одличен во вториот дел од сезоната, го мина Шпанецот, па на крајот се радуваше на својата трета шампионска титула во кариерата. Воедно, Фетел стана само третиот возач во историјата на Формула 1 што три сезони по ред успевал да се закити со големиот трофеј, по Хуан Мануел Фанџо и Михаел Шумахер. Шпанија стигна до најубедливата победа во историјата на финалните натпревари од европските шампионати, демолирајќи ја Италија со 4-0. Откако првиот меч

меѓу двете селекции, во фазата по групи заврши со 1-1, Шпанците целосно ја демонстрираа својата надмоќ на теренот, декласирајќи го големиот ривал.

Давид Силва ја отвори серијата голови на финалето што се одигра во Киев, а нешто подоцна во листата на стрелци се запишаа и Алба, Торес и Мата.

22 - Мајкл Фелпс 302 - Роже Федерер

Американскиот пливач се пензионираше на 27-годишна возраст, откако уште еднаш блесна на најголемата светска спортска сцена – Олимписките игри. Извонредната серија од Атина и од Пекинг продолжи и на ОИ во Лондон, каде што Фелпс

освои четири златни и два сребрени медали и уште еднаш ја демонстрираше својата надмоќ во базените. Му кажа збогум на пливањето на неговите 22 олимписки медали (од кои што дури 18 златни) уште долго ќе претставуваат апсолутен рекорд.

Бројот на седмици што Роже Федерер ги мина на врвот на АТПлистата. Швајцарецот подолго време изјавуваше дека му е желба да го достигне рекордот на Пит Сампрас од 286 недели на чело на АТП-листата, а сонот му се оствари со триумфот на Вимблдон, со што го мина Новак Ѓоковиќ на првото место. Тој не само што го достигна, туку и експресно го мина Сампрас, па сега е апсолутен рекордер и во оваа категорија со дури 302 седмици како прворангиран светски тенисер.


42

СПОРТ

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

УСПЕШНА КОНТРОЛА НА ПОДГОТОВКИТЕ ВО ПОРЕЧ

Ракометарите подобри од Саудиска Арабија Ракометната репрезентација на Македонија славеше со убедливи 28-21 над Саудиска Арабија во својот прв контролен натпревар во пре срет на Свет ското првенство што ќе се одржи во Шпанија во јануари. Селекторот Звонко Шундовски им дал шанса на сите ракометари што се наоѓаа на подготовките во Пореч да ги покажат своите квалитети, а во најдобро светло се прикажал голманот Митревски, кој имал де сетина одлични интервенции во отсуство на првиот чувар на мрежата, Борко Ристовски. Нашиот национален тим целосно го контролирал темпото на игра и резултатот во текот на сите 60 минути, а триумфот на „црвено-жолтите“ во ниту еден момент не бил доведен во прашање. Дејан Манасков со шест погодоци бил најпрецизен во македонскиот национален тим, пред капитенот Кире Лазаров со четири и Ангеловски и Јоновски со по три по стигнати гола. Убедливата победа е доказ за ква литетно спроведените

подготовки во Пореч, од каде што најдобрите македонски ракометари веќе се вратија во татковината. Веднаш по празниците тие продолжуваат со интензивни тренинзи, а по-

тоа следи и го стувањето во Ниш, каде што на 4 и на 5 јануари ќе имаат две силни контролни средби против селекциите на Србија и на Египет.

Тоа во едно ќе бидат и последните „контроли“ пред заминувањето за Шпанија, каде што Македонија својот прв меч ќе го игра на 12 јануари против селекцијата на Чиле.

Мојсов се сели во Левски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Мојсов ќе ја продолжи својата професионална кариера во тимот на Левски. Актуелниот договор на Мојсов со екипата на Војводина истекува токму денеска, па искусниот дефанзивец како слободен играч привлече огромно внимание на „големите клубови“ од регионот. Иако за услугите на Мојсов се интересираа и српските гиганти Партизан и Црвена звезда, тој на крајот сепак реши да го напушти српскиот фудбал и постигна договор со еден од најквалитетните бугарски клубови. Според информациите што доаѓаат од

нашиот источен сосед, Мојсов постигнал договор за двегодишна соработка со Левски за плата од 15.000 евра месечно. Покрај тоа, македонскиот интернационалец ќе добие и 50.000 евра при самиот потпис на договорот со бугарскиот прволигаш. Договорот и официјално ќе биде потпишан на самиот почеток од 2013 година, по што Мојсов ќе почне да тренира со останатиот дел од тимот веќе од првата прозивка што ќе биде извршена во јануари. Левски по првиот дел од сезоната во бугарскиот шампионат се наоѓа на втората позиција со вкупно 37 бода, само еден помалку од лидерот Лудогорец.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

„ГЛАДНИОТ ПАТ“ БЕН ОКРИ Тој веднаш си дојде при себе. Кога ја виде големината на својот јавен резил, вресна од шок и летна кон шумата, со гаќите утоп мокри со срамот на изветреаното вино. Никогаш повеќе очи не му видовме. Толпата беше толку воодушевена од изведбата на жената, што сите се џареа во неа со подотворени усти. Жената се прибра во крчмата и фати да ги раскрева масите како ништо да не се случило. Тогаш, додека гледавме, ја скрши таблата за дама на половина и ја џитна надвор. Кога го подигна погледот и сфати дека толпата хипнотизирано зјапа во неа во тишина, зачекори кон нас. Со рацете на колковите, гласно ни рече: „Ќе пиете или ќе зјапате?“ Разбудена од магијата, толпата се распрска на илјада гласови. Едни влегуваа во крчмата за да се напијат во нејзина чест. Други се разотидоа, и со себе ги понесоа преувеличените приказни за најсензационалната драма каква што долго не виделе со свои очи. Таа вечер беше почеток на нејзината слава. Сите си шушкаа за неа под мустаќ. Нејзината легенда, од која произлегоа илјадници халуцинации, се роди во нашиот крај - родена од приказни и гласишта коишто со време станаа едни од најекстравагантните реалности во нашиот живот. Кога се разделивме од толпата што бргу ја создаваше нејзината легенда, тато ме одведе по козјите патеки длабоко во шумата. Одев зад него во пијана магла. Поминавме покрај едно дрво на

кое долните гранки му беа покриени со жолти фустани. На неколку чекори нè следеше црна мачка. Беше темно додека не излеговме на една чистинка. Среде чистинката имаше една прачка зариена во земјата. Прачката процветала. По нејзината должина изникнале пупчиња, а неколку од нив потерале во фиданки. Тато рече: „Треба ваков да бидеш. Да пркнеш каде и да те однесе животот.“ Се загледав во расцветаната прачка. Потоа, тато нежно ми ја допре главата и ми рече да го почекам тука. Замина и му ги слушав стапките како исчезнуваат во шумата. Жолт ветар ги заниша лисјата. Гранките крцкаа. Одекна животински крик. Црната мачка со блескави очи протрча покрај мене по стапките на тато. Се сврте еднаш и ме погледна. Чекав. Во шумата се насобираа звуци. Над главата ми прелета був и ме набљудуваше од една гранка. Слушнав како наближуваат стапки и ќе се заколнев дека се на некој крупен човек, но кога се свртев видов антилопа. Ми се доближи, застана покрај прачката и ме гледаше. Потоа ми се доближи уште повеќе и ми ги лижна стапалата. Кога крцна една гранка од дрвјата, таа се сепна и избега. Чекав без да се помрднам. Заврна ситен дожд. Водата се слеваше по невидливите патишта на шумата и се насобираше околу моите стапала. Пак слушав стапки што ми се доближуваа од сите страни. То-

ФЕЉТОН

43

18

гаш видов како нешто мрда. Воздухот се разбранува. Од едно дрво излезе жена и куцајќи ми се доближуваше. Главата à висеше на вратот. Се џареше во мене со безобличното лице и накривуваше со телото додека одеше. Беше деформирана на неодреден начин. Носеше бела мантија. Очите à беа темни и ситни. Кога ми се доближи, застана и прсна во смеа. Не мрднав. Ветрот ги размрда гранките. Се сепнав од водата што ми се насобрала околу нозете. Жената што налудничаво се смееше направи круг околу мене. Лицето à беше изобличено, а очите à сјаеја на придушената светлина. Кога повторно излезе пред мене, полека ги подаде рацете кон мојот врат. Во тој миг, бувот го испушти својот ноќен крик, се вивна од гранката и прелета двапати околу нас. Заука уште еднаш и летна нагоре. Одекна пукот како да се расцепи дрво, и го видов бувот како паѓа, небаре го застрелале во воздух среде сон. Се спушти на земја и се опираше, крилјата немоќно му мавтаа. Потоа се претвори во баричка жолта течност и испари во воздухот. Жената престана да се смее. Место да посегне по мојот врат со грубите раце, ја зграпчи расцутената прачка и фати да ја корне од земја, со ѓаволски израз на лицето. Ја откорна прачката, но мораше уште да трга зашто пуштила силни корења. Кога успешно ја откорна сосе длабоките корења, се сврте и ја влечеше зад себе.

ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА Нараторот во „Гладниот пат“, наречен Азаро по библискиот Лазар, е абику, или дете-дух, кое според традицијата на нигериското племе Јоруба е растргнато помеѓу светот на живите и царството на неговите другари - духови. Приказната за неговиот живот е исполнета со глад, болести, жртвени обреди, несреќа и со тага, но, за чудо, тој се раѓа со насмевка на лицето. Неговото секојдневие изобилува со мошне необични ликови: дебелата газдарица на локалната крчма, мадам Кото, локалниот фотограф што ги изложува своите слики во стаклена витрина, слепиот старец што може да гледа со туѓи очи, боксерот со прекар Зелениот леопард кој се враќа од светот на мртвите, политичарите и изобличените просјаци, стварни колку и гротескните сеништа и духови што постојано го искушуваат Азаро да се врати во духовниот свет. Овој незаборавен и волшебен роман ве води по гладниот пат на африканското секојдневие проткаено со надреалните доживувања на Азаро, за кого преживувањето е постојана битка. „Блескаво достигнување за кој било писател на кој било јазик.“ Њујорк тајмс „Бен Окри со нежна решителност ни наметнува една стварност каква што не се видело досега на Западот... Ако постојат ремек-дела, ова е едно од нив.“ Бостон глоуб


44

ИНФОРМАТОР

Полиција 192 Брза помош 194 Противпожарна бригада 193 КОМУНАЛНИ УСЛУГИ Топлификација 3076-200 Електро – Скопје – дежурен диспечер 3161-454 Служба за наплата 3116-099 Улично осветлување 2622-789 Водовод и канализација – дежурна служба 3073-010 Водовод 3163-240 Оџачарски услуги 2440-293 Пламен 2650-230 Организација на потрошувачите 3212-440 Комунална хигиена 3216-644

ХОРОСКОП

ЗДРАВСТВЕНИ ОБЈЕКТИ Клиничка болница 3147-147 3283-000 Воена болница Градска општа болница 3087-400 Гинекологија и акушерство – Чаир 2611-033 Поликилиника Букурешт 3064-088 Поликлиника Јане Сандански 2469622 Неуролошка клиника 3147-342 Институт за белодрбни заболувања 3035-822 Институт за трансфузиона медицина 3226-923 Ремедика 2603-100

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

Систина 3099-500 Свети Лазар – гинеколошка болница 5112-016 Неуромедика 2042-323 Авицена – лабараторија 3179-001 Адриалаб 3296-925 Фармахем – биохемиска лабараторија 2031-905 Мак Медикус 3224-445 Неуропсихијатриски центар Др. Павлов 3236-667 Рендген дијагностика 3110-003 Центар за стерилитет 3213-697 Центар за сколиозии 3212-353 Национална СОС линија 15700 СОС телефон за помош од дрога 0800 11 444 СОС телефон за деца и младинци 0800 12222 СОС превенција од трговија со луѓе 2777070 Прва детска амбасада 0800 12222 СОС превенција од ХИВ 0800 33 444 СОС Национална линија 070/141700 Сакам да знам – центар за сексуално здравје 3176950 Шелтер центар 070/520639 Кризен центар – Надеж – жртви од насилство 3173-424 Институт отворено општество 3136-400 Ветеринарна амбуланта Пет- Вет 3178-656

21.03 19.04

Овен - Промената на работното место ви предизвика стрес, но не очајувајте. Иако досега колегите не ве прифатија, набргу сè ќе биде во ред. Совет: извршувајте ги своите задачи, а сè друго ќе си дојде само по себе.

20.04 20.05

Бик - Се обидувате да оставите добар впечаток, но тоа не ви оди лесно. Можеби причината е во вашата расеаност. Совет: избегнувајте непотребни стресни ситуации.

21.05 20.06

Близнаци - Колегите ве озборуваат, ви завидуваат и ви ставаат препреки на патот. Тоа добро го знаете и ви пречи, па размислете дали треба нешто да смените однесувањето. Совет: почнете со вежби за опуштање.

21.06 22.07

Рак - Премногу слободно се однесувате кон колегите, па некои сметаат дека им се додворувате. Сменете го однесувањето за да не си создадете проблеми. Совет: јадете здрава храна.

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

ПТТ СООБРАЌАЈ Будење 180 Информации 188 Меѓународна ценетрала 182 Меѓуградска централа 901 Повик на сметка 1833 Точно време 185 Телеграми 186 Пријава на ПТТ дефекти177 Федекс – брза пошта 3111-116 ЕМС услуги - Од врата до врата 15000

Денеска е Св. Себастијан Се роди во Италија. Се воспитуваше во Милано и уште како младо момче стапи во воената служба. Се истакна многу во службата на императорот Диоклецијан кој го постави за началник на царската гарда. Инаку, Себастијан беше таен христијанин. Кога беше откриен дека е христијанин и одби да се откаже од Исус Христос, го врзаа и војниците го стрелаа со стрели, а најпосле го убија со стапови. Овој славен војник, уште повеќе се прослави како христов војник и пострада во 287 година.

СООБРАЌАЈ Меѓуградска автобуска станица 2466-011 Железничка станица 3164-255 Аеродром Александар Велики - Скопје 3148-333 Аеродром Свети Павле - Охрид 046 252842 Чех Ерлајнс 3290-572 Инех 3216-120 Делфина травел 3111-214 Кроација ерлајнс 3115-858 ЈАТ 3229-078 Регионален центар за управување со кризи 195 АМСМ – Помош на патишта 196 АМСМ – Инфо центар 15555 Воена полиција 3282-361 Матична служба 3117-766 Сала за венчавање 3118-250 Храм Свети Климент 3237-218 Храм Свети Димитрија 3162-919 Храм Света Петка 3238-066 Храм Пресвета Богородица 3227-165

23.07 22.08

Лав - Еден бик флертува со вас, но нема причина да си играте со неговите емоции. Или прифатете ја неговата игра или отворено кажете му дека не ви се допаѓа. Совет: пијте витамини.

23.08 21.09

Девица - Имате одлична тактика на заведување, ако тоа ви причинува задоволство, продолжете така. Совет: во последно време не посветувате внимание на својот изглед.

22.09 23.10

Вага - Партнерот има забелешки за вашите чести излегувања. Ако нешто не ви се допаѓа, бидете поодлучни и отворено спротивставете се и борете се. Совет: внимавајте што зборувате.

24.10 21.11

Скорпија - Заслуживте да се одморите, премногу се вложивте во работата, па затоа сега уживајте со семејството. Совет: иако вие сте „зависни“ од работа, сепак пробајте да се опуштите целосно.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Силвестер, папа Уште како млад, на римскиот Капитол, свети Силвестер можел да го чита едиктот против христијаните, кој би издаден од страна на царот Аурелиј и со тоа започнал прогонот на христијаните. Тој го доживеал последното и најкрваво прогонство на царот Диоклецијан, но и големиот пресврт со Миланскиот едикт /313/, со кој царот Константин Велики им дал слобода на христијаните и со тоа го означил крајот на крвавите прогонства. Потоа, бил избран за папа, како 34 наследник на свети Петар. Со помош на царот Константин Велики, во 325 година, го повикал првиот Ничејски собор, на кој е осудено кривоверството на Ариевците, кои го негирале божеството на Исус Христос. Свети Силвестер умрел во 335 година.

22.11 21.12

Стрелец - На семејните проблеми им нема крај, а тоа ве оптоварува и ви создава грижи. Не заморувајте ги другите луѓе со вашите проблеми. Совет: користете некоја од техниките за опуштање.

22.12 19.01

Јарец - Непотребно се заморувате со тоа што луѓето зборуваат за вас. Најважно е дека сте опкружени со луѓе кои ви се вистинска потпора во животот. Совет: лошо сте расположени, но не го прикривајте тоа.

20.01 18.02

Водолија - Не жалете за можностите што ги пропуштивте, тие се сега зад вас. Гледајте пооптимистички на иднината, доаѓаат подобри денови. Совет: не оптоварувајте се со лоши мисли.

19.02 20.03

Риби - Деновиве сте многу расположени и имате енергија и желба да ги реализирате сите обврски. Вашето расположение позитивно влијае на сите. Совет: продолжете така.


Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

WWW.ELANCER.MK

Најдете работа и сè што ви треба

45


46

ИНФОРМАТОР

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Животот на Пи“ Жанр: авантура, драма Режија: Анг Ли Улоги: Сурај Шарма, Ирфан Кан „Мадагаскар“ Жанр: анимиран, комедија Режија: Ерик Дарнел, Том Мекграт, Конрад Вернон Почеток: 15 часот „Трето полувреме“ Жанр: драма Режија: Дарко Митревски Улоги: Сашко Коцев, Катарина Ивановска и Раде Шербеџија Почеток: 17.30 и 20 часот „Откровение“ Жанр: хорор, трилер Режија: Мишел Басет Улоги: Аделаида Клеменс и Кит Харингтон Почеток: 22 часот КИНО „РАМСТОР“ „Кунг-фу панда“ Жанр: анимиран Режија: Крис Милер Почеток: 11 и 13 часот „Збогум, моја кралице“ Режија: Бенот Џекот Улоги: Дајан Кругер и Леа Седокс Почеток: 15.30 и 18 часот „Капетан Америка“

Почеток: 19.20 и 21.30 часот Сала 1 „Целосен отповик“ Жанр: акција, научна фантастика Режија: Лин Висман Сала 2 Глумци: Колин Фарел, „Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма Џесика Бил Главни улоги: Лили Колинс, Почеток: 18.45 часот Џулија Робертс, Арми Хамер Режија: Тарсем Синг Сала 3 Почеток: 10.30, 12.30, 15 и „Замка“ 17.30 часот Жанр: драма, криминалистички Режија: Стефан Рузовитцки „Што да очекувате кога Глумци: Ерика Бана, Оливија очекувате“ Вајлд Жанр: комедија, романса Почеток: 19.15 часот Улоги: Камерон Дијаз, Метју МНТ Морисон, Елизабет Бенкс „ Малиот Тимоти“ Почеток: 20 и 22 часот Режија: Снежана Коневска-Руси Почеток: 20 часот „Каубои и вонземјани“ Жанр: драма ДРАМСКИ ТЕАТАР Режија: Џон Фарвеј „За секого има по една“ Улоги: Харисон Форд Автор: Венко Андоновски Почеток: 10.30 и 13 часот Режија: Владлен Александров Почеток: 20 часот „СИНПЛЕКС“ Сала 1 „Паранормална активност 4“ ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА Жанр: хорор БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ Режија: Хенри Џост И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ Улоги: Бради Ален, Кети ФеНА ВМРО И МУЗЕЈ НА терстон ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИПочеток. 21 и 22.50 часот СТИЧКИОТ РЕЖИМ Сала 9 Меѓународна колекција „Татин син“ Отворен од вторник до Жанр: комедија недела од 10 до 18 часот Режија: Шон Андерс Глумци: Адам Сандлер, МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Ванила Ајс Постојана поставка Режија: Џо Џонсон Улоги: Крис Еванс, Том Ли Џонс, Себастијан Стан Почеток: 15 и 17.15 часот

l

9

l

Тетово

Куманово

l

10

8

l Кичево

l Дебар

7

l Штип

Велес l

8

l Делчево

10

10

l Берово

9

l Радовиш

l Неготино

9

12

l Струмица

l Кавадарци

10 l Струга

7

7

l Прилеп

Полнети компири

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 г путер 600 г компир 50 г кашкавал 1 лажиче црн пипер 1 јајце сол ПРИГОТВУВАЊЕ: Компирите убаво се мијат, се варат, потоа се сечат на половина и со лажиче се вади внатрешноста, но малку да остане од страните. Кашкавалот се ренда, се додава јајцето, варениот компир, малку путер и зачини. Наполнете ги компирите, спојте ги двете половинки, измачкајте ги со путер и ставете ги да се печат.

13 l Гевгелија

Времето денеска ќе биде стабилно и сончево. Во Скопје минималната температура ќе биде минус 4 Целзиусови степени, а максималната 10 степена. Влажноста на воздухот ќе биде 74 процента. Биометеото е поволно.

Битола

l Охрид

5 l Ресен

l

8 -9 10 ВТОРНИК

15

Барселона

4

Букурешт

6

Будимпешта

3

Загреб

8

Софија

16

Атина

2

Приштина

3

Сараево

5

Белград

7

l Кочани

10

Гостивар

11

Крива Паланка

9

Рецепт на денот

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, кој ќе се движи со брзина од 4 километри на час.

8

l

Скопје l

8

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година

-7 10 СРЕДА

-5 9

ЧЕТВРТОК


ЗРНЦА НА МУДРОСТА Немој да им се смееш на соновите на другите луѓе! Мигел де Сервантес Јас сум најголемиот, го реков тоа уште пред да знам дека сум!

UNI[TUVA^, ISTREBUVA^

Ä

NA SITE ^ITATELI NA "DEN#...

I

S

[EFUVAWE VRHOVEN BOG KAJ SLOVENITE

R

Ä

P

Поранешниот пријател е полош од непријател! Руска поговорка Ако ќотекот може некого да научи на памет, тогаш биковите би биле најпаметни! Хофер Ерик

PEJA^OT KING KOL

N

M

A

Љубовта - таа е сè, и тоа е сè што знаеме за неа!

Емили Дикинсон Краткиот ум има долг јазик. Аристофан

SORTA KOWI (MN.)

O

MLE^NA @LEZDA KAJ KRAVA

V

ANRI BARBIS

A

DINAMO MA[INA (MN.)

G

K

O

SAD ZA PEREWE I KAPEWE (MN.)

D

Ä

EKS GERM. FUDBALER VOLFGANG REKA VO SIBIR

Ê

O

É

B

@ITEL NA BAWANI TRICIFREN BROJ

MESTO KAJ BILE]A (BiH) REKA VO HRVATSKA PEJA^KATA MALINKOVA STOJAN TARAPUZA TAVANSKA SVETILKA LINIJA NA PORAMNUVAWE CANE ILIEVSKI NATURA SEVER HEMISKO SOEDINENIE (STIROL)

POND VID EKSPLOZIV

N

KISLOROD

Æ

ENA VEKO

PRISTANI[TE VO ITALIJA IZVIK PRI SKOK

ARTISTKA GARDNER STARO IME ZA [PANCI GRAD VO JAPONIJA NA HON[U VID PAPAGAL VID MINERAL (CEMENT) GRAD VO DALMACIJA

SLEDEN, NAREDEN URANIUM

I

N

A

1 9 9 7 8 3 3 8 6 1 7 5 3 4 5 2 4 8 2 8 7 3 5 6

KOWANICI NAORU@ANI SO KOPJA

3

2

1 5 8 7 2 9 7 4 1 3 2 5 8 7 4 6 2 4 6 9 2 7 3 6 8 4 1 5 3

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: ISKORENUVA^, RAKOVODEWE, PERUN, NARAT, ]ILIPI, ANI, NET, LUSTER, MARINIST, CI, NAZIVI, P, S, P, AVA, TRST, VIME, ORITO, AB, LAPORIT, GENERATORI, KORITA, IDEN, ULANI; SUDOKU: 1) 514 392 876, 697 845 321, 328 176 594; 283 964 157, 179 583 642, 465 721 983; 756 239 418, 942 618 735, 831 457 269; 2) 754 329 681, 361 548 297, 829 617 543; 946 153 872, 538 972 416, 217 486 359; 495 261 738, 673 894 125, 182 735 964

Најголемиот човек секогаш останува дете! Гете

RONALD NAGALENO

]

SLEDBENIK NA MARINIZMOT IMIWA

Мохамед Али

VERUVAWE VO NATPRIRODNI SILI

E

AERODROM KAJ DUBROVNIK

Æ

NAPREDUVAWE VO SLU@BATA

47

РАЗОНОДА

Понеделник-среда, 31 декември 2012 година - 2 јануари 2013 година



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.