Page 1

МОЗАИК

СКАНДАЛОЗНА ФОТОГРАФИЈА НА ДАЈАНА НА АУКЦИЈА ВО САД

26

„СИТИ МОЛ“ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД „ДЕН“ 11

1 5 денари

www.den.mk

Закана без основа 7o

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013, година 1, број 228

ЗА МНОГУ ГОДИНИ БОЖИК Опозицијата цврсто решена да ги бојкотира изборите 4-5

ДУИ и го враќа врелиот ЕУ-костен на ВМРО-ДПМНЕ 6-7


2

ВЕСТИ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

Политичкопсихичко вознемирување

ХАГ: ОСТАНАА ЗЛОСТОРСТВАТА И СТРАДАЊАТА НА ЖРТВИТЕ

КОМЕНТАР

Христо МАРКОВСКИ

Она што се случува деновиве на сцената наречена властопозиција, особено пред и по Нова година, може да се сфати само како класично политичко-психичко вознемирување. И не само сега, ова се случува веќе дваесетина години. Злоупотреба на работата, дали како дел од функција, политички лидери или граѓани. Го носиме епитетот општество во кое нема ниту лично ниту заедничко почитување. Транзицијата остава длабока трага. Пратениците од опозицијата останаа без третина од платата затоа што излегоа од пратеничките клупи. И веднаш се јавува дилема, законски е или не. За едните тоа е нормално, како и во сите институции, па така и во највисокиот Законодавен дом. За другите, тоа е само демократска реакција, да се дејствува кога некој не ги слуша. Ако психичкото вознемирување го третираме како негативна појава, тогаш последиците може да бидат големи, особено за обичниот граѓанин. Најтешко е да се докаже. Тој нема само негативни последици врз жртвите ако во случајов се знае кои се тие, туку негативно се одразува на целокупното функционирање на државата. А,

бидејќи психичкото вознемирување е сложена појава и во нашата наводна демократска атмосфера е исто. Се кршат основните права, се зголемува стресот, се зборува сè и сешто, се праќаат закани и, освен психички, се користат и физички средства. Злоупотребата на приватноста, исто така, е дел од амбиентот. Сите се повикуваат на почитувањето на Уставот и на институциите. Но, токму последните бавно и тешко се справуваат со проблемите. И бидејќи психичкото вознемирување тешко се докажува, особено политичкото, се прашуваме до кога ќе трае. Во отсуство на наше решение со дијалог, речиси секогаш во вакви ситуации друг ни ги решава несогласувањата. Тоа е Европската Унија за која се стремиме со децении. Брисел праќа претставници кои ќе ни објаснат како се решава политичкиот притисок. Европската дама сака ниво на дијалог особено на оние што се декларираат како врв во општеството. И место за дваесет години да отидевме напред, ние за толку се враќаме назад и сè од почеток. Велат и да направиш сто добри работи, се памти само негативната.

Главниот хашки обвинител Среж Брамерц изјави дека доказите сместени во 1.300 страници биле доволни за едногласно да се осудат хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, но дека мора да се прифати и фактот оти тројца од петте судии тоа го виделе поинаку. - Немаше да ме изненади доколку доказите што беа изведени во текот на двегодишниот процес и без собрани на над илјада страници од првостепената пресуда, беа доволни едногласно да се потврди првостепената осудувачка пре-

суда. Меѓутоа, мораме да прифатиме дека тројца од петте судии тоа го видоа на друг начин - рече Брамерц во интервју за „Новости“. Тој наведе дека ги разбира емотивните реакции во Србија, особено бидејќи нема сомнение дека злосторствата се сторени во текот на настаните на кои се однесува пресудата. На прашањето зошто се огласи со реакција, иако вообичаено не ги коментира пресудите, главниот обвинител на трибуналот изјави дека прво сакал да ги уважи страдањата на жртвите.

„ЕКОНОМИСТ“ СО КАРИКАТУРА НА ОБАМА КАКО ФРАНЦУЗИН

ИЗДАВАЧ: НОВА ПРЕС 2012, Водњанска 7-1 - 1000 Скопје, ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ Скопје, ул. „Лисец“ бб (во кругот на „Еуромилк“), ДИСТРИБУЦИЈА: „Фокус прес“

redakcija@den.mk, 02/3162 666

ДЕПОНЕНТИ: Комерцијална банка, жиро-сметка 300000003481075 Стопанска банка, жиро-сметка 200002486378003 ДАНОЧЕН БРОЈ: МК4080012526243, ISSN 1857-8012

Основач - Живко Серафимовски Управител- Јован Јовчески Главен и одговорен уредник - Бране Стефановски Заменик на главниот уредник - Љубиша Николовски Помошник на главниот уредник - Александар Сидоровски Уредници: Анета Стојковска, Никола Ѓуровски, Александра Бубевска, Игор Стојановски Лектори: Тања Стевановска, Лилјана П. Кочовска Технички уредници: Зоран Инадески, Теодора Циклевска, Ивана Николовска, Дејан Јовески Уредник на фотографија: Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ Систем-администратор: Огнен Митев marketing@den.mk

pretplata@den.mk

Маркетинг: 02/3211 - 551

Британскиот неделник „Економист“ во своето последно издание написот „Америка станува европска“ го илустрира со американскиот претседател Барак Обама облечен како Французин. Обама на главата носи баскиска беретка, морнарска блуза од Бретања и баскиска шамија околу вратот и има традиционален француски леб, багет, во рацете. Оваа најнова насловна страница

на „Економист“ доаѓа по договорот постигнат во САД за буџетот, со кој се отвораат многу трнливи прашања. Ироничните насловни страници на „Економист“, во кои тој се потсмева со Франција, станаа редовна појава. Минатата пролет весникот двапати го критикуваше сегашниот француски претседател Франсоа Оланд за време на претседателската кампања.


ВЕСТИ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

3

БОЖИКНО ПОСЛАНИЕ НА Г.Г. СТЕФАН И НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД НА МПЦ Православните верници на 7 јануари го слават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. По тој повод, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна цркваОхридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упати божикно послание во кое им посакува мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав - Христос се роди! И годинава Бог нè удостои да му се поклониме и да му пееме, славејќи го Спасителот наш Исус Христос. Црквата нè поканува и ние да им се придружиме на ангелите, нè поттикнува, барем за миг, да заборавиме на грижите од овој свет, нè повикува да се свртиме кон новиот живот што ни го нуди Синот Божји и кој ни го открива Црквата, стои во посланието. Бог кога го создаде човекот, го создаде по свој лик и образ. Секој човек, како лик Божји, без оглед на

својата раса и нација, е скапоценост во очите Господови, па дури и оној најгрешниот. Притоа, Бог го дарува секој човек со многу дарови и со неограничени можности. Човекот беше создаден чист, свет, непорочен и безгрешен. Слободата и слободната волја се дарови, со кои тој се разликува од останатите Божји созданија. Затоа, Бог од нас не бара ропска покорност, туку слободно понудена синовска послушност и љубов. Денес многу се зборува за слобода од секаков вид.

ГРАЃАНИТЕ СО ПРЕДЛОЗИ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

Педесет и два предлога се пристигнати од 18 ноември минатата година до 3 јануари годинава, која е изработена во рамките на проектот „Инцијатива за децентрализација низ одговор на граѓаните“. Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации во Скопје (УНДП) го подготвија проектот, кој беше оценет со највисоки оценки и го освои првото место на конкурсот на УНДП во конкуренција на проекти од сите земји во југоисточна Европа и воедно веднаш беше одобрен за финансирање. Во рамките на проектот е воведен систем со бесплатен отворен телефон за граѓаните да известат за определени

проблеми со носењето одлуки на општинските совети, а надлежните институции да се фокусираат кон нивно решавање во согласност со надлежности. Како резултат на тоа: заклучно со 3 јануари на вебстраницата се пристигнати 52 предлога, од кои само четири се во надлежност на Државниот инспекторат за локална самоуправа. Останатите 48 предлози генерално се проблеми од урбанистички, инфраструктурен, комунален и културен аспект и не се работи за донесени одлуки од страна на советите во општините, туку за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во самите општини. Надлежноста за постапување по овие предлози е во самите општини.

Која и да е од овие слободи, ако не се раководи од основните начела на Божјиот закон, односно од љубовта кон Бога и кон ближниот, не е вистинска слобода. - Очигледен е падот на моралот во нашево живеење - вели г.г. Стефан во божикната порака. Да го прославиме Божик, денот на Христовото Рождество, радосно и достоинствено, овде во татковината, а и секаде каде што нè има по светот, со љубов и со побожност, онака како што Богомладенецот

беше прославен од Дева Марија, од пастирите, од ангелите и од мудреците, во онаа величествена витлеемска ноќ, пред повеќе од две илјади години. Бог на мирот, љубовта и проштевањето нека биде постојано со сите нас! Честито и благословено Новото лето Господово, Христос се роди! – Навистина се роди!, се наведува во божикното послание на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ.

НОВ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР

Директорот на Државниот студентски центар Скопје, Крешимир Павиќ, поднесе оставка на функцијата што ја извршуваше од февруари 2007 година. На негово место е именуван нов в.д. директор, Даниела Темелкова. Како што соопшти Министерството за образование и наука, Даниела Темелкова е дипломиран педагог на Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Ме-

тодиј“ во Скопје. Во моментов на овој факултет Темелкова го изработува магистерскиот труд во областа на „Менаџирање во образованието“. Професионалното искуство Темелкова го стекнува преку работата како педагог во основно училиште и воспитувач во детската градинка „Буба Мара“, општина Аеродром, каде што од август 2010 година ја врши функцијата директор.


4

АКТУЕЛНО

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

СДСМ ПОД МЕДИУМСКИ ПРИТИСОК ЗА

Апел од ЕУ за смирување на страстите „Ние во Европската Унија со загриженост ги набљудувавме политичките судири во и околу собраниската зграда и ги повикуваме сите страни веднаш да запрат сите агре сивни и провокативни акции“. Ова дене ска во Брисел го изјавил портпаролот на Европската комисија, Себастијан Брабант, додавајќи: „Унијата ги повикува лидерите на сите политички партии во Македо-

нија и нивните поддржувачи да стават крај на овие конфронтации, без одлагање. Ги повикуваме да се одне суваат на начин кој е во согласност со Уставот и законите, но и да дејствуваат низ расправа во Собранието, што е во најдобар интерес на граѓаните кои ги избрале за да ги претставуваат нивните интере си во парламентот, се вели во реакцијата од ЕУ.

ДПА ќе учествува на локалните избори Претседателот на партијата, Мендух Тачи, по средбата со британскиот амбасадор Кристофер Ивон, изјави дека се подготвуваат за истакнување кандидати во сите општини каде што има Албанци, освен во Кичево, каде што досега не добивале ниту еден глас. Според него, многу работи треба да се поправат до март, но партијата не размислува да ги бојкотира изборите. Што се одне сува до парламентарните избори, Тачи смета дека треба да се одржат во редовниот

термин и дека Владата има легитимитет да го истера целиот мандат. - Ние не сме за предвремени парламентарни избори или за некоја друга влада. Не оспоруваме оти ДУИ го има легитимитетот и дека победи на изборите во 2011 година. Подготвени сме да ги чекаме до редовните избори, под услов тие да ги преземат одговорно стите и тие ветувања што ги дадоа пред Албанците да ги исполнат - изјави лидерот на ДПА.

ОПОЗИЦИЈ ВО ОДЛУКА

СДСМ не би се коцкала со одлука за бојкот на изборите доколку претходно во партијата не бил постигнат цврст договор за тоа, велат аналитичарите Тони АНГЕЛОВСКИ

О

длуката на опозицијата да ги бојкотира локалните избори е логичен резултат по инцидентите на 24 декември и таа не би требало да предизвика внатрешни проблеми во нејзините редови, велат аналитичарите. Дел од медиумите објавија информации за несогласувања во опозициската СДСМ во врска со одлуката да се бојкотираат локалните избори и тоа, пред сè, од страна на оние кандидати за градоначалници кои имаат големи шанси да победат на изборите, но тоа веднаш беше демантирано токму од оние кои беа посочени како колебливи. Градоначалниците на Струмица и на Охрид, Зоран Заев и Александар Петрески, веднаш демантираа дека има каква било двојба околу почитувањето на одлуката на партијата. Стевчо Јакимовски од Карпош и Зоран Дамјановски од Куманово вчера не беа достапни за изјава, но имајќи го предвид нивниот ангажман во протестите на опо-

зицијата, тешко дека би можело да се очекува непочитување на партиската одлука. Иако се знае дека двајца од најсигурните кандидати на СДСМ во минатото имаа конфликти со партиското раководство, барем засега нема никаков сигнал дека некој би можел да отстапи од партискиот став. Аналитичарите што ги консултиравме се согласни дека СДСМ не би се коцкала со одлука за бојкот на изборите доколку претходно во партијата не бил постигнат цврст договор за тоа. - Не верувам дека ќе имаат проблем со градоначалниците затоа што тие и јавно кажаа дека стојат зад партиската одлука. Верувам дека тоа прашање го затвориле пред да се одлучат за бојкот затоа што, во спротивно, би било несериозно. Па, сигурно дека и доколку се водат чисто од лични интереси, тие се свесни дека, колку и да се во предност на анкетите, сериозно е прашањето колку оваа власт може да организира фер избори. Не може сите да се правиме слепи при очи и кога власта мо-

ЕМИЛИЈАН СТАНКОВИЌ: НА ИЗБОРИ САМО СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА

- Освен базичните предуслови за прочистен избирачки список и изборна регулатива со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР, сега логично се поставува прашањето кој ќе ги организира изборите. Ако овој режим покажа дека можат да тепаат за буџет, да тепаат буквално за пари, тогаш зошто би се воздржала да користи сили и на избори. Продлабочувањето на политичката криза може да се избегне со формирање друг вид влада. Без разлика како таа би се нарекла техничка, експертска, концентрациона, во која СДСМ воопшто не е заинтересиран да учествува, чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и демократски избори - вели Емилијан Станковиќ од СДСМ во интервју за Радио Слободна Европа.


АКТУЕЛНО

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ВРАЌАЊЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ

ЈАТА ЦВРСТА КАТА ЗА БОЈКОТ же со пендраци да тепа пратеници да очекуваме опозицијата да оди на избори туку-така. Ако ги тепаат пратениците во Собрание, тогаш што ги спречува да ги корумпираат гласачите на изборите - вели аналитичарот Петар Арсовски. Според него, опозицијата секако ќе се соочи со проблемот на ресурсите доколку се реши да ги бојкотира изборите, но по настаните на 24 декември таа нема друг избор. - Секако дека кога си надвор од власта проблем се ресурсите. Битката станува маратон, а не спринт. Но, прашање е дали може подолго опозицијата без ресурси или власта во неприродни услови. Точно е дека и во 1994 година имаше бојкот, ама тогаш ВМРО-ДПМНЕ бојкотираше откако ги загуби изборите во првиот круг. Сега е друга ситуацијата. Ако опозицијата не

Алберт Муслиу

излезе на избори, Владата ќе има голем проблем да претстави дека сè e во ред. Затоа е и оваа хистерија од провладините медиуми - вели Арсовски. И аналитичарот Алберт Муслиу вели дека не очекува неединство во опозицијата околу бојкотот на локалните избори, но сепак, според него, меѓународната заедница е единствениот фактор кој може да го спречи таквиот расплет. - Од она што го кажуваат во јавноста, ставовите на градоначалниците се цврсти и ниту еден од нив не кажал дека е против бојкотот. Но, сепак, има уште два и пол месеци до изборите и тој период може да се искористи за приближување на страните, но тоа може да се случи само со вклучување на меѓународната заедница. Сигурен сум дека меѓународната заедница ќе се вклучи

Петар Арсовски

и ќе притисне врз двете страни за да се надмине кризата затоа што сите се свесни дека неучеството на СДСМ на изборите би било катастрофално. Не е ова 1994 година кога на меѓународниот фактор му беше важно само да има мир кај нас. Ние сега сме кандидат за членство во ЕУ - вели Муслиу. Сепак, за него најреално сценарио за излез од кризата е распишување нови парламентарни избори затоа што pарламентот не може да функционира нормално без 42 пратеника. - Ако пред две години се одеше на избори баш поради блокада на парламентот, сега работата е поекстремна и најлесно се решава со нови избори. Но, прашањето е дали има подготвеност за компромис или ќе се оди до истребување - вели Муслиу.

5

НДП: Подивува националистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ Македонија има потреба од меѓународна асистенција во решавање на внатрешно-политичките спорови имајќи го предвид и фактот дека таа претставува мултиетничка, мултиконфесионална и мултикултурна средина со проблеми од разна природа. Во врска со последните настани во македонското Собрание, НДП стои зад изјавата на пратеникот Изет Зеќири, дека првиот парламентарец Трајко Велјаноски, пред да донесе одлука за кратење на платите на пратениците кои ги бојкотираат седниците на Собранието, првин треба да одговори на прашањето кој е виновен за влечењето пратеници и новинари на седницата на која се донесуваше буџетот - потенцираат од партијата на Руфи Османи. ВМРО-ДПМНЕ, предводена од актуелниот премиер Никола Груевски, со досега невидена толеранција и сервилност на нивниот коалиционен партнер ДУИ, како што наближуваат изборите сè повеќе ја подивува националистичката политика за обезбедување победа со гласовите на фанатиците кои самата таа ги произведе, се вели во писмената реакција од Националната демократска преродба. Во врска со претстојните локални избори, иако Националната демократска преродба донесе изречен став дека нема да ги бојкотира нив, тоа не значи дека НДП се согласува со индиферентноста на власта кон најавата на македонската опозиција за бојкот на изборите.


6

АКТУЕЛНО

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ПОСРЕДНИКОТ ВО ПОСЕТА НА АТИНА И СКОПЈЕ

Нимиц ја враќа во игра „Северна“ Посредникот Метју Нимиц за време на претстојните по сети на Атина и на Скопје, најверојатно, на маса ќе ја стави најстарата идеја за решавање на прашањето за името, а тоа е „Република Северна Македонија“. Грчкиот информативен портал „Капитал“ нагласува дека Нимиц, наме сто да предлага стара идеја, ќе се обиде да го „оживее“ проце сот на разговори што веќе беше постигнато до некоја мера за време на неговите последни со станоци со претставниците на двете страни. Грчките медиуми коментираат дека фактот што посетата на Нимиц се совпаѓа со планираниот пат на премиерот Андонис Самарас во Берлин е знак за „ограничениот интерес“ на грчкиот премиер за проце сот. Како што стојат

работите, Нимиц во Атина на девети јануари ќе се сретне единствено со шефот на дипломатијата Димитрис Аврамопулос и со преговарачот Адамантиос Василакис. По разговорите со грчките власти, Нимиц ќе допатува во Скопје на средби со државниот врв по што ќе излезе со официјален став од по сетата на регионот. Извори во двете страни информираат дека Нимиц овој пат многу поголемо внимание ќе по свети на т.н. идентитетски прашања за кои македонските власти постојано напоменуваат дека не се подготвени ни на најмали отстапки. Се очекува пакетот на Нимиц во делот на државјанствата на граѓаните да носи назив државјанства на „Северна Република Македонија“, а, пак,

јазикот да биде наречен официјален јазик на „Северна Република Македонија“. Исто така, Нимиц ќе предложи уставното име на земјата да се користи за внатрешна употреба, како и во билатералните одно си со државите кои нè имаат признато под уставното име. Пред два ме сеци, шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос, на својот македонски колега Никола Попоски му понуди двете земји да потпишат меморандум за разбирање кој требаше да биде добра основа за решавање на билатералниот спор. Во не го, глав но то ба ра ње бе ше Ма ке до ни ја да се согла си но во то име за кое ќе се до го во рат Скоп је и Ати на да би де за се вкуп на употре ба. И.Ч.

ПАРТИЈАТА НА АХМ

ДУИ г косте

Во ВМРО-ДПМНЕ не би имале ништо против евроинтеграциите да се најдат под нивно владение. Како најсериозни кандидати се споменуваат Сашо Клековски, Жидас Даскаловски и Владимир Божиновски.

Д

Игор ЧАВЕСКИ

УИ сериозно размислува Секторот за евроинтеграции да го препушти на својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ. Како што дознава „Ден“ од партиски извори, во партијата на Ахмети веќе подолго време се правела анализа што добиле, а што загубиле што нивен кадар е вицепремиер за европски прашања. Заклучокот бил дека не успеале во тоа што била првична цел, Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство и покрај позитивниот извештај. Во таква ситуација е најдобро жешкиот костен да се префрли

Владимир Божиновски


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

7

ЕТИ СЕ ОТКАЖУВА ОД СЕКТОРОТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

го фрла европскиот ен кај ВМРО-ДПМНЕ кај коалицискиот партнер, а за возврат да се добие министерство во кое резултатите што ќе ги направат ќе бидат повидливи. Оваа трампа ќе биде многу веројатна доколку сегашната вицепремиерка Теута Арифи се кандидира за градоначалник на Тетово. Партиските тела сè уште не донеле конечна одлука за изборот на градоначалници. За прв човек на Тетово, покрај Арифи, сериозен кандидат е и поранешниот градоначалник Хазби Лика. Се очекува следната недела лидерот Али Ахмети да ги соопшти дефинитивните имиња за локалните избори. Во ДУИ веќе подолго време постои отворен конфликт меѓу Арифи и Ермира Мехмети токму за прашањата поврзани со евроинтеграцијата на земјата. Тоа најдобро се виде за време на последниот состанок на Европскиот совет, кој повторно не донесе одлука за почеток на преговорите за членство. Мехмети недобивањето датум го оцени како фијаско и дека дел од одговорноста лежи кај ДУИ бидејќи нејзини претставници раководат со процесот. Арифи, пак, ја поздрави одлуката на Советот оценувајќи ја како голем успех, кој најмногу ја приближил земјата до ЕУ и дека тоа е резултат на сите институ-

Жидас Даскаловски

ции и на граѓаните кои безусловно го поддржуваат процесот на евроинтеграција. Дознаваме дека доколку дојде до договор меѓу коалициските партнери за препуштање на вицепремиерското место, ДУИ сака да го преземе Министерството за транспорт и врски, но кај ВМРО-ДПМНЕ нема расположение за такво нешто бидејќи во партијата се задоволни од работата на министерот Миле Јанакиевски. До тоа може да дој де са мо доколку Јанакиевски се согласи да биде испратен за амбасадор во не ко ја од клуч ни те европски земји. Во ВМРО-ДПМНЕ не би имале ништо против евроинтеграциите да се најдат под нивно владение. Партиските анализи покажале дека и Ивица Боцевски и Васко Наумовски со сема коректно си ја вршеле работата и дека за нивниот успех доволно говорат неколкуте препораки за почеток на преговорите за членство. Во куло а ри те ве ќе поч наа да се вртат неколку имиња кои би можеле да ја наследат Арифи. Како најсериозни кандидати за нов ви це пре ми ер се споменуваат Сашо Клековски , Жи дас Да ска ловски и Вла ди мир Божиновски.

Сашо Клековски


8

АКТУЕЛНО

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Минчо Јорданов најбогат во земјава, Механџиски последен на листата

Д

иректори на најголемите фирми во Македонија се деветтемина најбогати бизнисмени во земјава. Како што обелодени Европската компанија за истражување на богат ство „Велт Х“, во Македонија има 35 мултимилионери, а вкупното богат ство е проценето на 4 милијарди долари. Според истражувањата, најбогатиот Македонец е првиот човек на „Макстил“, Минчо Јорданов, Кочо Анѓушев, сопственик на „Брако“, но и на уште неколку компании, а е дел и од ЕФТ Македонија, Штерјо Наков од „Фершпед“, Живко Мукаетов од „Алкалоид“, Шефки Идризи, газдата на „Ренова“, Сашо Давитковски, првиот човек на „Скопски пазар“, Душко Туџаров од групацијата „Реплек“, се-

КУРСНА ЛИСТА

ЕВРО

мејството Тодоровиќ, сопственици на „Тинекс“ и новиот синџир дрогерии „Космо“, и Благој Механџиски, сопственик на веледрогеријата „Зегин“. Минчо Јорданов, кој воедно е и најбогатиот човек во земјава, својата кариера ја почнал во 1992 година кога бил ангажиран во компанијата „Дуферко“, а две години подоцна станал член на Бордот на директори и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз. Три години подоцна е по ставен за претседател на Управниот одбор на „Макстил“ и член на бордот на директори на „Дуферко“. Тој неодамна ја отвори и винарницата „Стоби“, во која има инвестирано 20 милиони евра. Втор најбогат бизнисмен е Штерјо Наков, сопственик на шпедиторска компанија, бро-

ФУНТА

ФРАНК

ДОЛАР

4 ЈАНУАРИ 2013 ГОДИНА

НБРМ

61,5

75,8

50.8

46,9

продажен

61,6

76,5

51,5

47,6

куповен

61,3

74,8

50,0

46,1

Менувачници

керска куќа, на повеќе хотели и винарска визба, а поседува и капитал во уште најмалку десетина компании. Трет на листата се најде Кочо Ангушев, основач на „Брако“ од Велес. Пред де сетина години тој го основа друштвото за вработување инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт – Велес. Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“ и добива лиценца за трговија со електрична енергија. Живко Мукаетов е четврт на листата на најбогати бизнис-

мени во Македонија. Тој е главен менаџер на „Алкалоид“ и по седува околу седум проценти од вкупните акции во компанијата, а сумата на која се проценети акциите што ги по седува Мукаетов изне сува 6,7 милиони евра. Сашо Давитковски, првиот човек на „Скопски пазар“, е ше сти на листата, а веднаш зад него е Душко Туџаров дел од групацијата „Реплек“ АД Скопје. Неговите акции во компанијата се проценети на 4 милиони евра. Генералниот директор на синџирите „Тинекс“ и дрогериите „Космос“, Кристина Тодоровиќ, е осма на листата, а последен е Благоја Механџиски, основач на „Зегин“ - компанија за продажба на лекови, која е регистрирана во 1989 година.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС

ВРЕДНОСТ

ПРОМЕНА

МБИ10

1.762,70

7,89

0,45%

МБИД

1.743,37

12,25

0,71

118,57

0,01

0,01%

ОМБ

ПРОМЕНА ВО %


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

ЦАРИНАТА ЛАНИ ПРИБРА ПОВЕЌЕ ОД ПЛАНИРАНОТО

Обиди за шверц од дрога до накит и уметнички дела

Царинската управа минатата година од приходи што ги собира во буџетот има слеано 48 милијарди денари. Зголемување, како што информира директорот Ванчо Каргов, има и над планираното и во однос на 2011 година. - Заклучно со 31 декември 2012 година се наплатени 49.963 милиони денари буџетски приходи од увоз, што е за три проценти повеќе во однос на овој период во 2011 година при што од царина и други царински давачки се наплатени 4.094 милиони денари, што е за 7 отсто повеќе во однос на 2011 година и е 1,65 проценти повеќе во однос на проектираните - рече Каргов. Тој додаде дека по основа на акциза од увоз и внатрешен промет наплатен е износ од 16.595

милиони денари, што е за 3,78 отсто повеќе од проектираните. Најголемиот дел се од нафтените деривати, потоа автомобилите, алкохолот и цигарите. Царината, како што рече, има наплатено и 2.232 милиони денари од надоместоци што ги прибира по основа на екологија, здравство и слично. Донесени се и 1.329 извршни управни решенија за дополнителна наплата на царински долг во износ од 515 милиони денари од кои наплатени се 1.150 решенија со износ од 198 милиони денари. Говорејќи за сработеното во 2012 година, Каргов потенцира дека Царината има поднесено 91 кривична пријава против 141 правни и физички лица со кои се избегнати давачки околу 300 ми-

лиони денари. Посочи на запленети 57 килограми дрога, 710.000 евра во различни валути, 306.000 парчиња цигари, како и 650.000 парчиња разновидна стока, меѓу кои текстил, благородни метали, накит и модни додатоци, уметнички дела, медикаменти и медицинска опрема, техничка стока, козметички производи, живи животни, книги и слично. Минатата година се спречени повеќе обиди за нелегален влез на 13 странски државјани на територијата на Република Македонија. Соработката со бизнис секторот ја оцени како одлична. Потенцира дека е овозможено 24-часовно извозно царинење на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Кампања за енергетска ефикасност во Гевгелија, Богданци и во Валандово Во општина Гевгелија почна кампањата „Штедам енергија“ како дел од проектот „Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка“, кој се спороведува и во општините Богданци и Валандово. Целта на кампањата е подигање на све ста и зголемување на знаењето за енергетската ефикас-

ност кај средношколците преку едукација и презентација на придобивките од неа. Како главна целна група во кампањата ќе бидат вклучени и професорите, родителите, граѓаните, општинските администрации и локалните невладини организации. Во наредните два ме сеца ќе бидат организирани низа

активно сти и натпревари за избор на најдобри фотографии и цртежи од областа на енергетската ефикасност. Кампањата ја спроведува Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија од Гевгелија со финансиска подршка од УНДП и општина Гевгелија.

9

Угостителските услуги од лани повисоки за 0,4 насто

Цените на угостителските услуги во декември 2012 година во однос на овој месец претходната година бележат зголемување за 0,4 отсто, а во однос на претходниот месец нема промена. Според податоците на Државниот завод за статистика, кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - декември 2012 година, во однос на овој период од претходната година, остана на исто ниво, додека во однос на декември 2011 година е зголемен за 0,3 проценти.

Казна за шест глобални електронски компании

Кинеските власти донесоа одлука да казнат шест глобални електронски компании поради наметнување монопол на цените на производите. Канцеларијата за контрола на цените на Кина ги казни шестте комапнии, меѓу кои се „Самсунг“, Ел-џи“, „Чи меи“, „Шунгва“ и АУО поради монопол на цените на ЛЦД екраните. Наведените компании се казнети со 353 милиони јуани (околу 44 милиони евра). Овие компании од 2001 година до 2006 година наметнале монопол на ЛЦД екраните и на тој начин одредиле преголема цена за наведениот производ. Шестте компании меѓу 2001 и 2006 година од продажба на 5,16 милиони ЛЦД екрани на незаконски начин заработиле 208 милиони јуани (околу 26 милиони евра).

Se prodavaat stanovi: SORAVIA RESORT zgrada ROMA stan br.38 so pogled na Skopje 100.4 m²+17.4 m² 2 stana vo gradba, rok: 03.2013 vo DEBAR MAALO, ul. 29 ti Noemvri 50.46 m², 1 kat i 52.61 m² , potkrovje stan ul. Ivan Agovski,11 Karpo{ I, 86 m²+ 5 m²tarasa 070/250-459; 070/221-001


10

АКТУЕЛНО

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

Поголеми ученичките стипендии Стипендиите за учениците запишани во средните училишта во Република Македонија за учебната 2012-2013 година ќе се зголемат за 25 проценти, одлучи Владата. Месечните износи за сите категории ученички стипендии, како што информираше портпаролот Александар Ѓорѓиев, линеарно се зголемуваат за 500 денари за сите пет вида стипендии кои активно ќе се доделуваат оваа година. Покрај износот, тој посочи дека за 10 проценти се зголемува и бројот на лицата кои добиваат стипендии. - Стипендијата за талентирани ученици – спортисти која ја добиваат 120 корисници и чиј месечен износ изнесуваше 2.200 денари се зголемува на 2.700 денари. Месечниот износ на сти-

пендијата за талентирани ученици од средното образование од 2.200 денари сега ќе изнесува 2.700 денари. Владата реши да го зголеми бројот на корисниците на оваа стипендија и од претходните 50, сега ќе ја добиваат 100 корисници - рече Ѓорѓиев. Месечниот износ на стипендија за ученици со посебни потреби, која ја добиваат 50 корисници и изнесуваше 2.000 денари, сега ќе изне сува 2.500 денари, додека стипендијата за социјална поддршка што ја добиваат 400 корисници од по 1.500 денари се зголемува на 2.000. За 500 денари, рече Ѓорѓиев, се зголемува и месечниот износ на стипендијата за ученици – деца без родители од 2.000 на 2.500 денари, а ја добиваат 60 корисници.

Владина поддршка од 90 милиони денари за рибарство и аквакултура Рибарството и аквакултурата годинава ќе добијат финансиска поддршка од 90 милиони денари. Ова е највисока финансиска годишна поддршка во оваа област. - Со ова упатуваме јасна порака за нашата доследност во делот на земјоделството, но истовремено и порака за сите инволвирани страни во рибарството и аквакултурата дека оваа област ќе продолжиме да ја поддржуваме со уште посилно темпо - рече заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, дене ска во Демир Хисар, каде што оствари средба со претставници на групацијата на рибопроизводители при Стопанската

комора на Македонија и Здружението на рибопроизводители „Аквафортис“. На денешната средба со новинарите беше истакнато дека во 2006 година не биле издвојувани средства за поддршка на рибарството и аквакултурата, во 2009 година државата вложила 43 милиони денари, во 2010 и 2011 година финансиските средства за развој на рибарството и аквакултурата изне суваа околу 64 милиони денари, а во 2012 година 75 милиони денари. - Ако во 2006 година биле евидентирани околу 400 тони произведена риба, сега се евидентирани повеќе од 1.600 тони произведена риба во Република Македонија - рече Коњановски.


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

АКТУЕЛНО

11

„СИТИ МОЛ“ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ И НАЈАВУВА ТУЖБА ЗА „ДЕН“

Закана без основа

В

о нашата редакција стигна писмо од сопственикот на „Сити мол“ (новиот трговски центар во Карпош), Балфин МК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, во кое бара извинување и се заканува со тужба поради написите во „Ден“ под наслов: „Поплаки до Ден од градежни фирми“ - „Сити мол турка 150 фирми в дол“; „Сити мол не плаќа - 150 фирми се жа лат дека се пред банкрот“ и „Сити мол не се потре сува од побарувањата на фирмите што го градеа“, во кои „Ден“ ги наведува поплаките на менаџерите на фирмите кои до нашиот весник до ставија докази оти имаат побарувања од оваа фирма по основа на градењето на зградата на трговскиот центар.

Менаџерите во тие текстови тврдат дека опстанокот на над 150 фирми е доведен во прашање поради неисплата на долговите на сопственикот на „Сити мол“ и дека сопственикот ги игнорирал нивните тврдења и барања. Во последниот пасус од написот од 29-30 декември 2012 година наведуваме дека нашиот весник се обиде да стапи во контакт преку теле фонскиот број што ни го дадоа менаџерите со надлежниот за исплата Сашо Данаиловски, но никој не ни се јави на бројот ниту ни одговори на СМС. Напоменуваме дека весникот „Ден“ нема намера да му наштети некому или на некој бизнис. Весникот е отворен за различни мислења и докази. „Ден“ не зазема а приори ни-

една страна. Нашето јавување на потпишаниот директор Сашо Данаиловски значеше покана да ја каже и својата вистина/страна на обвинувањата на фирмите кои се прет ставија како побарувачи по основа на извршени работи во трговскиот центар „Сити мол“, но веројатно Данаиловски не ја сфати намерата на поканата. Во писмото што го добивме вчера од „Балфин МК“ нема негирање на обврските, туку

само закана со тужба и барање за извинување. Сепак, ако такви аргументи бидат до ставени до нашата редакција, ќе бидат во целост објавени, со што ќе бидат негирани тврдењата на фирмите што се претставуваат како доверители. Се разбира дека „Сити мол“ како капитална инве стиција привлекува внимание од јавно ста, но и од медиумите, па затоа овие приказни мора да имаат кристално јасни две страни.


12

СКОПЈЕ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ИТАЛИЈАНЦИ ЌЕ ГО МОДЕРНИЗИРААТ ПРЕТПРИЈАТИЕТО

„Дрисла“ ќе стане еко-депонија

Г

рад Скопје и ита лијанската фирма „FCL Аmbiente“ заеднички ќе вложуваат за модернизација на депонијата „Дрисла“. За таа цел градоначалникот Коце Трајановски и управителот на конзорциумот, Масимилијано Ферацоли, потпишаа договор за заедничко вложување со цел за вршење конце сиска дејност. Трајановски објасни дека оваа по стапка почнала во 2011 година, по претходно изготвена студија. На објавениот тендер во првата фаза се пријавиле шест компании, во втората фаза три, а Комисијата се одлучила за „FCL Аmbiente“ кои понудиле најдобри услови на тендерот. - Вкупната инве стиција на „FCL Аmbiente“ е 73 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за запечатување на сегашната депонија и изградба на ќелиски систем на запечатената депонија во согласност со европските стандарди. Изградба на фабрика за селекција на отпад и изработка на RDF (Refuse Derived Fuel) фракција, кое е енергетско гориво и понатаму може да се продава на пазарот - рече Трајановски. Со договорот, како што рече, „FCL Аmbiente“ се обврзани да изградат фабрика за спалување на отпадот од каде потоа може да се добијат топлинска и електрична енергија. Предвидена е

фабрика за ба лирање на отпадот, фабрика за преработка на градежниот отпад, нова пречистителна станица за отпадните води, фабрика за преработка индустриски отпад, изградба на компо стара за зелен отпад. Конце сијата ќе биде дадена на 35 години. Периодот на реализација на оваа инве стиција е од четири до пет години. - Во зависност од динамиката која ќе биде одобрена од страна на Град Скопје, дел од овие објекти ќе почнат годинава да се градат. Еден од првите објекти кои ќе се градат ќе би-

де фабриката за ба лирање на отпадот и за селекција на отпадот - рече Трајановски. Во идната компанија Град Скопје ќе има учество од 20 отсто и соодветно на тоа ќе добиваат 20 отсто од профитот. - По стројките што ќе бидат направени во „Дрисла“, не само што ќе бидат врз основа и почитувајќи ги сите последни директиви на ЕУ, туку ќе се но сат со најмодерните веќе по стојни во Европа. Нашата мисија за „Дрисла“ е да се трансформира депонијата во индустриска по стројка за повторно обновување

на материја лите и добивање други производи од нив и производство на електрична енергија. За таа цел имаме намера 70 отсто од ѓубрето да го искористуваме - рече Ферацоли и додаде оти овој проект со задоволство бил прифатен и од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој истакна Ферацоли. „FCL Аmbiente“ ќе го задржи истиот број на вработени, по стојниот кадар, раководството и администрација во „Дрисла“, кои ќе бидат потпомогнати од меѓународен менаџмент.

Нова трафостаница во Илинден

Коледарски оган и во Карпош

За да се подобрат квалитетот, по стојано ста и стабилно ста на протокот на електрична енергија, во близина на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, е по ставена нова трафо станица. Наме сто до сегашната трафо станица, која располагаше со моќност од 630 киловати, новата е со јачина од 1.000 киловати, со што значител-

Вечерва, во 19.30 часот, на спорт ско-ре кре атив ни от цен тар „Влае 2“, по повод големите хри сти јан ски праз ни ци Бад ник и Божик, Оп шти на Карпош организира па лење на тра ди ци о нал ни от коледар ски оган. Во согласност со православните обичаи, ќе биде поделе на и по гачата со па рич ка, а ќе се служи при год на пос на хра на и топ ли пи ја ла ци. На овој голем верски празник меѓу насобраните граѓани ќе при-

но се подобрува стабилно ста на преносната електроенергет ска мрежа. - Со новата инве стиција во електро енергет скиот систем се задоволуваат потребите на граѓаните во овој дел од општината од квалитетно електроснабдување, но и потребите на новоотворениот Дом на култура „Илинден“ во населба Илинден - велат од Општината.

сус тву ва и гра до начал ни кот Стевчо Јакимовски. И годи на ва Оп шти на Кар пош, ка ко и оп шти ни те Ае родром, Ки се ла Вода, Цен тар и Ѓорче Петров, обезбедија бесплат но др ва за бад ни кар ски те ог но ви, најм но гу Ае родром 200 кубици, Кисела Вода околу 100, а Карпош 45 кубици дрва. Општините Бутел и Гази Баба ре ши ја др ва да им поде лат на си ромаш ни се мејс тва на ме сто да донираат за огнови.


СКОПЈЕ-

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

13

Потпишан договор за изградба на СРЦ „Јане Сандански“ Комплетно нов спортски центар „Јане Сандански“ , со капацитет за 5.000 гледачи, ќе се гради на ме стото на сегашната истоимена са ла во општина Аеродром. Договорот за изградба вчера го потпиша градоначалникот Ивица Коневски со фирмата „Јане Сандански“, која на тендер е избрана како партнер-инве ститор. Според про ектот, во центарот ќе има главна, повеќенаменска сала, каде што ќе може да се вежба кошарка, ракомет, мал фудбал и одбојка, а според проектот ќе се гради и помошна са ла со капацитет за околу 1.000 гледачи. - Со изградбата на спортскиот центар нашите спортисти ќе добијат поттик и достојни услови за вежбање, а општина Аеродром, пак, заедно со Градот Скопје, ќе има нов симбол и уште еден репрезентативен спортски објект, на кој ќе можат да се одржуваат домашни и меѓународни натпревари - изјави градоначалникот Коневски. Пред ви де ната бру то-по вр ши на за градење е околу 11.000 квадратни метри, а максималната височина ќе биде 34 метри. Са лата, пак, ќе биде висока 21 метар. Спорт ски от цен тар „Ја не Сан дан ски“ е пред ви де но да се гра ди спо ред си те стан дарди на ФИ БА и на

ЕХФ со над 500 паркинг-ме ста. Проектот опфаќа и изградба на хотел со ре сторан за го стинските тимови, кој ќе биде поврзан со салата и други содржини како локали, продавници, сала за со стано-

ци, ВИП-зони, блок за медиуми, административен дел, амбуланта за спортисти и гледачи, сите неопходни про стории за судии и за натпреварувачи, билетарница, гардероби и тоалети.


14

МАКЕДОНИЈА

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ПРИЛЕП

Прилепчани во знакот на традицијата Прилепчани утре вечер традиционално ќе го прослават Бадник. Славењето на овој голем ден е во знак на радост од Христовото раѓање, а со овој празник завршуваат и божикните пости. Вообичаено, во Прилеп семејството се собира на Бадник на вечера. Се подготвува богата трпеза исклучително од посна храна: сарма, компири, грав, зелник, овошје... - На Бадник во секој куќа, покрај посната трпеза, се меси кравајче во кое се става паричка. Вечерта кога сите ќе седнат на трпезата, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште по еден дел за Бога и за куќата. Сите присутни од нашето семејство ја бараат паричката која е поставена во кравајчето, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќен во годината што претстои - вели Стојанка Илиеска, домаќинка.

ОХРИД

Во чест

Богатите обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на дрвото наречено бадник или бадникојца. Иако исполнети со радост по повод божикните празници, прилепчани се незадоволни од цените на земјоделските производи кои на зелениот пазар за секој верски празник се многу високи. Цената на костените се движи од 140 до160 денари, смоквите од 40 до 60 денари, овошјето од 40 до 80 денари и друго. - Празнувањето на овој прекрасен и значаен ден на Христовото раѓање е убаво, но пазарџиите сакаат да заработат и ги држат производите со висока цена, а денот мора да го одбележиме некако - вели Менде Трајкоски, пензионер. Коледарските огнови, гозбите и пиењето се остатоци од паганските обичаи на нашите простори кои се задржале и по навлегувањето на христијанството. Р.Аризанкоски

ТЕТОВО

Протести на акционерите од „Тетово табак“ Три е се ти на ак ци о не ри од прет при јати е то за пре ра ботка на ту тун „Те то во та бак“ го иска жаа ре вол тот по ра ди одол говле ку ва ње то на по стап ката за ли кви да ци ја на нив ната фирма, ко ја трае 10 годи ни, сè со цел таа да се обез вред ни и да се прода де по мно гу ни ска це на. По ве ќе од сто ак ци о не ри кои по седу ва ат над 10 про цен ти од ак ци и те на фирмата ба раат да се обештетат со парите од продаж бата на фирмата отка ко прет ход но ќе се напра ви ре ал на про це на на вред но ста на се вкуп ни от имот. Вра бо те ни те од „Те то во Та бак“ сме та ат де ка не функ -

ци о ни ра ње то на фир мата по ве ќе од ед на де це ни ја при до не ло да за мре ту ту но про из водс тво то во По ло шко и во ре ги о нот ка де што би ло ос нов на зем јодел ска деј ност во ми на то то. Еден од ли кви да то ри те на прет при ја ти е то, Да ни ца Ми ло шев ска, ве ли де ка про це на на фир мата е на пра ве на пред две годи ни и неј зи ната вкуп на вред ност из не су ва ед вај 12 ми ли о ни евра затоа што об је кти те би ле праз ни, си те ма ши ни би ле укра де ни и из не се ни за вре ме на во е ни от конфликт. - Цел та не е да се обез вред ни фирмата, таа сè уште е во ли кви да ци ја затоа што до се га сме не ма ле ви стин ска по нуда за продажба на фирмата од ко ја тре ба да се исп латат до ве ри те ли те и си те по ра неш ни ра бот ни ци кои по седу ва ат ак ции во „Те то во та бак“ - ни из -


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

на Свети Наум

О

хридските бродови „Александрија 1“ и „Александрија 2“ денеска испловија до манастирскиот комплекс „Свети Наум“ по повод 5 јануари, големиот христијански празник „Свети Наум - Чудотворец“. Утрово во манастирот што го носи името на светецот се служеше света архијерејска златоустова литургија. Свети Наум Охридски - Чудотворец се памети како средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач е на манастирот на „Светите Архангели“, денешен „Свети Наум“. За светецот се тврди дека чинел чуда во текот на животот, но и по смртта, а на неговите мошти и ден-денес им се припишуваат чудотворни моќи, особено лекување од тешки болести.

МАКЕДОНИЈА

Буџетот поголем за 15 проценти

Општинската каса на Велес оваа година ќе тежи 15 проценти повеќе од лани. Општинарите ќе имаат на располагање 815 милиони денари. Најголем дел од средствата се трансфери од Владата и ќе се потрошат за исплата на платите на вработените во државната администрација. Од парите кои Општината ги собира по различни основи, над 200 милиони денари ќе се потрошат во програмата за уредување градежно земјиште. - Ќе се финансира изградба на нови паркинг-плацови, реконструкција и изградба на нови улици, а исто така ќе се инвестира во изградба и доопремување на индустриските зони - изјави Славчо Чадиев, претседател на Советот на општина Велес. Граѓаните, пак, се недоволно информирани како Општината го троши народниот денар. Еве ги одговорите на неколкумина анке-

15

тирани жители на Велес: „Ние секогаш сакаме повеќе, а дали е тоа реално не знам, бидејќи не знам колкави се приходите“. „Не знам дали баш работат за доброто на велешани“. „Не сум запознат, воопшто не сум“. За познавачите на локалната економија зголемениот буџет за 15 проценти во споредба со оној за 2012 година е одраз на тековното работење на локалната самоуправа и започнатите проекти кои треба да се реализираат во текот на оваа година.


16

ДОСИЕ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

Тинејџерка паднала од прозорец за време на забава

С

Скопјанец пронајден мртов во својот дом Шеесет и деветгодишниот И.П. бил пронајден мртов во својот дом на улицата Ресенска во Скопје Север, каде што живеел сам. Откако неколку дена не го виделе, соседите пријавиле кај семејството, а загрижените роднини ја информирале полицијата. Полициските службеници пристигнале пред домот на скопјанецот и насилно влегле во куќата, каде што Попов бил пронајден мртов. Според МВР, на телото на починатиот не биле најдени траги на насилство, па се претпоставува дека скопјанецот починал од природна смрт. Телото е предадено на обдукција.

е дум на е се тго диш но девојче паднало од височина од околу 5 метри во куќа во која била на забава во Штип. Девојката со сериозни повреди е префрлена на скопските клиники. Инцидентот се случил во куќа на улицата Крушевска републи-

ка. Според кажувањата на останатите го сти на забавата, девојката околу полноќ сама влегла во тоалетот, а по неколку минути слушнале тап удар однадвор. Кога излегле, го виделе паднатото девојче кое имало повреди на главата. Веднаш е повикана итна помош од штипската бол-

Ограбена банка во „Буњаковец“

Малолетници вршеле разбојништво СВР Куманово поднесе кривична пријава за тројца малолетници М.Д.(15), М.М.(15) и М.Д.(16), сите од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело разбојништво. На трети овој месец околу 16 часот, на локалниот пат Куманово - село Речица во близина на спортскиот аеродром

ница, а лекарите ја изве стиле и полицијата. Девојчето со сериозни повреди на главата веднаш било префрлено на скопските клиники. Полицијата изврши увид и зема изјави од останатите го сти за да се утврди причината за не среќата.

„Аџитепе“, Х.А.(20) од Пакистан, кој имал намера да посети пријател во село Лојане, бил пресретнат од пријавените кои физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото, барајќи му пари и мобилен телефон. Во тој момент наишле полициски службеници од Полициската станица за

граничен надзор при што пријавените откако ги забележале почнале да бегаат, но еден од нив веднаш бил фатен и приведен во СВР Куманово. Набрзо по преземени мерки и останатите двајца сторители се пронајдени и приведени, а Х.А. е сместен во Прифатниот центар во Скопје.

Ограбен златен накит вреден 100.000 евра Две непознати маскирани лица завчера околу 20 часот влегле во На трети јануари околу 10 часот, во Скопје на булеварот Партизански одреди во трговскиот центар „Буњаковец“ две непознати маскирани лица од кои едното вооружено со пиштол влегле во експозитура на Стопанска банка и со закана извршиле разбојништво над четворица вработени, одземајќи 450.000 денари и 120 евра. МВР презема мерки за откривање на сторителите.

златарницата „Голд“ во Старата чаршија во Охрид и заканувајќи à

се со пиштол на вработената В.П.(60) од главниот и страничниот изложбен пулт на продавницата украле златен накит. Веднаш потоа разбојниците побегнале во непознат правец, а за инцидентот е информирана полицијата која изврши увид на самото место и презема активности за откривање на сторителите. Вредноста на украденото злато се проценува на 100.000 евра. Златарницата „Голд“ се наоѓа во охридската чаршија, во приземните простории на објектот на некогашната стоковна куќа кај Стариот чинар.


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

КОЛУМНА

17

Кога срамот црвенее пред медиокритетите проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

,,Срамот е како и сè друго ако со него живеете долго, тој станува дел од вашиот домашен мебел“. Хм, убава мисла, ќе се согласите. Некако по автоматизам се наметнува и синтагмата на познатиот филозоф Сенека: ,,Она што не може да го одбрани законот, може да го одбрани срамот“. Доколку по стои, се разбира. Доволна провокација за подлабока ана лиза, мистична интелектуална авантура во откривање на присуството на срамот во филозофската матрица на нашиот политички корпус. Како вовед ќе се послужам со неколку цитати и изводи од психоаналитички текстови за срамот. За психоаналитичарите срамот е чувство на мачна нелагодност, болна емоција која произведува силно чувство на вина. Облиците на срам како и моралните правила варираат од епоха до епоха и од цивилизација до цивилизација. Така, на пример, во некои племиња во Африка за некого да се каже дека е “бе срамен” е најтешка осуда која се казнува со негово отстранување од заедницата. Овој чин на прогон во науката е наречен остракизам, што во слободен превод би значело дека таквата личност е недо стојна и неспо собна да живее во заедницата и на него воопшто не треба да се смета. Срамот Дневниот весник „Ден“ е отворен за различни мислења, но се оградува од ставовите на колумнистите

се одне сува на чувството на безвредност, низок степен на самопочитување, гадење и бес насочен кон самиот себе. Да се потсетиме само на приказната за Едип кој сам си ги ископал очите кога открил дека спиел со својата мајка. Класичен пример на рефлексија на вина и срам. Сето ова наведува на заклучок дека во минатото срамот бил доживуван како доминантна емоција, че сто нарекувана ,,рак на душата”. Универ за лен афект со биолошка основа. Така беше доживуван срамот во минатото. Денес... Велат дека непишаните правила најче сто се појаки од пишаните. Според едно од тие непишани правила, зборот ,,срам” во поновата историја е исфрлен од употреба во секојдневниот живот. Овој збор е от странет како “вишок” од јавната и општествената комуникација и добива пре фикс на заборавен, на забранет номус. Повикувањето на срам и доживувањето на ова чувство денес стана рамно на лов на вештерки... Дојде време кога на секого му е дозволено се, време на бришење на моралните обзири, време без било каква одговорност, време кога лагите, навредите, клеветите и гадо стите од сите видови стануваат современа етика, доминантен начин на одне сување. Влеговме во ерата кога “бе са но сталгичарите”, оние кои се срамат поради своите или туѓите лоши по стапки, добија епитет сомнителни, абнормални, глупави лично сти на кои “не им се пишува добро”, бледи ликови кои го реметат ,,утврдениот ред на работите” и кои како такви се опасен, субвер зивен елемент зрел за остракизам. Зрели за ,,лечење” Иако звучи дрско, претера-

но и исфорсирано, горекажаното за чувството на срам е блиску до суровата ре алност. Сте слушнале ли во последно време некој функционер или друга јавна личност да го спомене зборот ,,срам”:! Пробајте, сетете се. Во ред, има исклучоци, како оној со оставката, прва и единствена во само стојна Македонија, на тогашниот Министер за транспорт и врски Антонио Пешев. Ама сепак тоа беше во минатиот милениум... Тука секако дека нема ме сто за изнасилената од јавно ста и неприфатена од премиерот оставка на Министерот со прилепски дија лект на привремена работа во Скопје. А и да се сетите на слични примери сепак ќе морате да ги споредите со армијата политиканти на кои зборот ,,срам” им е имагинарен. Овие вториве се во огромна предност. Огледа ло на бе срам но ста се де неш ни те меди уми, нас лов ни те и внатреш ни те стра ни ци на печате ни те меди уми или пак во бројните ток шоуа или друг тип на еми сии на електронските медиуми. Колку и да се трудите нема да успе е те да се се ти те де ка не кој политичар се засрамил за нешто што цврсто го ветувал на из бо ри те, на при мер, а потоа не са мо што не го ис пол нил, туку се обидува да ги убедува лу ѓе то де ка тоа ни ко гаш “не го ре кол”!? Кол куми на по цр венеле од срам што за кратко вре ме стек на ле огром ни бо гат ства, а не по сред но до нив по ве ќе од два ми ли о на лу ѓе живе ат на границата на сирома шти јата? Кол куми на се за сра ми ле што “’ус пе а ле” во животот премолчувајќи ја вистината, што лажните вредно сти ги промо ви ра ат ка ко вистински, што прават петпарач ки, ад хок би о гра фии по ради лична и деловна кариера

со единствена цел – да се изживуваат на послабите од себе? Кол ку поли ти ча ри се по годе ни од стре лата на сра мот доде ка ги по пол ну ва ат првите редови на Собранието без при тоа да има ат еле мен тарни познавања од животот? Кол куми на се за сра ми ле што ви стин ски от ква ли тет е трг нат на стра на за сме тка на лажната етика на лигавците и полтроните, оние со никаков или сомнителен квалитет како би можело полесно да се протурка безвредно ста или про сечно ста? Колкумина се засрамиле, барем во обид, што замижале пред насилството и неправдата и дозволиле агре сивно ста да добие јурисдикција? На ниво на невербалната, телесна комуникација, порано срамот го препознававме преку наведнатата глава или наведнатиот поглед, црвенеењето на образите, преку телесната вознемиреност, избегнување на погледот, правдање и др. На нивото на афектност беше препознаван преку чувството на беспомошност, осаменост, тага, инфериорност, збунетост, анксиозност, паника и др. Срамот од когнитивен аспект беше манифе стиран преку изразување мислење за самиот себе си не адекватен сум, сакам да се повлечам, да ме снема, мене никој не ме разбира, не сум доволно добар и др. Сите овие манифе стации на срамот во минатото, денес ги нема. А таму каде не по стои срамот владеат бајато ста, безобѕирно ста, егоизмот... Орото го водат невоспитано ста и примитивно ста. Времето кога луѓето од срам тонеа в земја е минато свршено време. Некои нови момци обединети од бе срамно ста почнуваат да се почитуваат меѓусебно, да општат, па дури и да се наградуваат. До амбиентот ќе е...


18

СВЕТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ИСЧЕЗНАЛЕ 12 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ГРЧКАТА ТУРИСТИЧКА ЗАЕ

Новата кражба мо да ја урне грчката

Т

уристичката заедница во Грција ја тресе нов скандал откако во јавноста беше откриено дека од нејзината сметка исчезнале 12 милиони евра, а бидејќи во овој скандал е можно да се вплеткани луѓе од двете партии од владејачката коалиција, може да падне и Владата, пренесува грчкиот печат. - Ако ова прерасне во голем скандал, ќе има сешто. Нема сомнеж дека тоа може да предизвика и пад на Владата. Јавноста бара крв и затоа има право. Затоа ни Владата не може да си допушти да не стори ништо. Подобро à е нешто да преземе бидејќи, во спротивно, може да падне – изјави аналитичарот Танос Веремис за „Волстрит журнал“. Новиот скандал покажува дека, и покрај повеќегодишниот надзор на меѓународната заедница и обидите државната потрошувачка да се стави под контрола, Грција сè уште има големи проблеми со корупцијата, која во голем дел придонесе Грција денес да се најде во оваа состојба. Аналитичарите тврдат дека токму овој случај може да покаже колку се сериозни намерите на владејачките Нова демократија и социјалистичкиот ПАСОК да се стави крај на грабежот на државни пари. Дупката во книгите на Туристичката заедница (ОЕТ) е откриена кон крајот на декември. Иако истрагата која треба да ги објасни „книговодствените неправилности“ се очекува да заврши по еден месец, во јавноста протече дека ревизорите откриле серија сомнителни трансакции во последните десет години,

Ако ова прерасне во голем скандал, ќе има сешто. Нема сомнеж дека тоа може да предизвика и пад на владата. Јавноста бара крв и затоа има право. Затоа ни Владата не може да си допушти да не стори ништо. Подобро и е да преземе нешто бидејќи, во спротивно, може да падне, изјави аналитичарот Танос Веремис вклучувајќи непостојни престои во хотелите и нарачки за медиумски туристички кампањи кои биле плаќани по многу

повисоки цени од вообичаените. Туристичката заедница изгледа била идеална мета за проневери, со оглед на тоа де-

ка туризмот во Грција е еден до ретките сектори во економијата кој во време на длабока рецесија заработува пари, вра-


СВЕТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

19

ЕДНИЦА

оже влада ботува 18 проценти од вработените и сочинува една шестина од БДП. Но, само една недела откако главниот претставник на ОЕТ, Никос Карахаилос, угледен член на Нова демократија, ја извести јавноста за дупките во книгите, се случи нов скандал. Неговиот специјален советник е уапсен заедно со уште четири луѓе поради обид да претвори во пари лажен чек од 147.600 евра на Туристичката заедница на име на еден хотел во островот Сирос, за услуги кои никогаш не се извршени. Преварата требало да се изврши пред Божик кога неколку луѓе пред крајот на работното време влегла во грчката централна банка и се обидела да го претвори во пари чекот. Но, банкарскиот

службеник се јавил во туристичката заедница за да ја провери трансакцијата, па му било кажано веднаш да ја стопира. На чекот стоел потписот на Карахаилос. Тој се бранеше дека неговиот потпис е фалсификуван и дека некој се обидува да му смести минус од 12 милиони евра, но следниот ден сепак поднесе оставка. Министерката за туризам, Олга Кафалогиани, од Нова демократија случајот веднаш го проследи до јавното обвинителство, а државниот уред за ревизија се обидува да открие зошто кај поранешниот советник на Костас Василакис, кој воопшто не бил со постојано вработување во Туристичката агенција, се нашле две книшки со чекови од оваа организација.

ЛИСТАТА НА ЛЕГАРД Грците го вежбаат трпението кон политичарите со уште една корупциска афера, со таканаречената листа на Легард, наречена по шефицата на ММФ, Кристин Легард, која им ја предаде листата на грчките власти. Станува збор за список на кој се наоѓаат илјадници Грци со сметки во банката ХСБЦ во Швајцарија на кои има околу две милијарди долари, а за кои не е платен данок. На неа се наоѓаат имиња на поранешни и сегашни политичари, бизнисмени и нивни роднини. Легард оваа листа à ја предаде на Атина уште во 2010 година, но во следниве две години à се загуби трагата. Во еден момент лани беше објавена во медиумите, а еден новинар затоа заврши и на суд. Потоа Франција уште еднаш à испрати оригинална верзија на Атина, а обвинителството почна проверка да се утврди дали некои имиња од првиот список се избришани. Беше откриено дека од листата се избришани имиња на роднини на поранешниот министер за финансии од ПАСОК, Јоргос Папаконстантину. Тој се брани дека не сторил ништо нелегално и дека имињата ги избришале други луѓе, но затоа е исфрлен од партијата. Грчкиот премиер Андонис Самарас е пред нови главоболки бидејќи вчера во четири очи владејачките партии се договараат како да одговорат на барањето на најсилната опозициска партија СИРИЗА, која бара истрага за лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, и неговиот претходник како министер за финансии Папаконстантину.

Од канџите на педофили спасени 123 деца Во меѓународна полициска операција во изминатите пет недели се уапсени 245 лица за педофилија, главно од САД и од уште шест земји, изјави Џон Мортон, директорот на Американската агенција за емиграција и царина. Меѓу уапсените во операцијата „Сончоглед“, која траела од 1 ноември до 7 декември 2012 година, 222 лица била уапсени во САД, а 23 лица во други шест земји, чии имиња не се објавуваат поради многу чувствителни оперативни причини. Операцијата, која имала цел да

ги идентификува лицата што поседуваат, објавуваат или произведуваат педофилски фотографии на интернет, овозможила спасување на 123 деца, од кои 110 во САД, прецизирал Мортон. Меѓу жртвите, пет имале помалку од три години, девет меѓу 4 и 6 години, 21 меѓу 7 и 9 години и 11 жртви меѓу 10 и 12 години. Имало 70 девојчиња, 53 момчиња, а 23 се сега возрасни луѓе. Во 2012 година биле уапсени „рекордни“ 1.655 педофили, а 292 жртви биле идентификувани и спасени.

Лобирање од 10 милиони долари Потпретседателот на косовската влада, Беџет Пацоли, минатата година од сопствениот џеб потрошил 10 милиони евра за лобирање за признавање на Косово. Пацоли, кој е еден од најбогатите Албанци во светот, изјави дека 2012 година била успешна кога станува збор за лобирањето. Тој нагласи дека лани само во африканските земји бил 16 пати со што успеал да придонесе дел од нив да ја признаат државноста на Косово. Дел од членовите на косовската влада, исто така, искажале задоволство од лобирачката мисија и признавањето, иако не е постигнат бројот од 100 држави кои го признале Косово, како што најави премиерот Хашим Тачи. Од февруари 2008 година кога Косово прогласи

независност до Србија, таа беше признаена од 97 светски земји, а последен тоа го направи Пакистан.


20

СВЕТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ФИНАНСИСКИОТ КОЛАПС И НАТАМУ ВИСИ НАД ЕВРОЗ

Четирите голем градилишта на

Спротивните погледи меѓу Северот и Југот ќе доминираат и во новите преговори за повеќегодишниот буџет на ЕУ, кои пропаднаа на крајот од 2012 година

Путин навлијателен на светот Рускиот претседател Владимир Путин е на врвот на листата највлијателни личности во светот, објавена од американското списание „Форин полиси“. Всушност, Путин го зазема второто место на листата, но првото не е доделено никому. Авторите на листата го објаснуваат тоа со фактот дека сите сè уште очекуваат некој да е подготвен да ја преземе на својот грб одговорноста за најсложените и опасни предизвици пред кои се наоѓа современиот свет. Трет во рангот е директорот на Федералните резерви на САД, Бен Бернанки, следен од германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама. Понатаму на листата застануваат претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, генералниот секретар на кинеската Комунистичка партија, Си Џингпин, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард. Последен меѓу 10-те највлијателни луѓе е кралот на Саудиска Арабија, Абдула ибн Абдул Азиз ал Сауд.

Е

вропската Унија за 2013 година си постави многу цели, меѓу останатото и јакнење на монетарната унија за да биде потпорна на кризи. Годината зад нас во ЕУ донесе горчливо сознание - колку и да е голема одобрената помош за должничките земји, како Грција, сè уште не е решен темелниот проблем на монетарната унија, пренесува „Дојче веле“. Имено, членките на еврозоната во економски поглед сè повеќе одат во различни насоки, па затоа и се поставува прашањето дали еврото, тој голем престижен проект на европската интеграција, е можеби со грешка? Всушност, и самиот Марио Драги, претседателот на Европската централна банка, го призна тоа. Драги укажува дека е потребно да се преземат дополнителни чекори за да се одржи монетарната унија. - При конфигурацијата на монетарната унија, која сега ја имаме веќе десет години и која главно важеше за одржлива, сега се покажа дека нема да биде одржлива доколку не се преземат следни чекори - оцени Драги. Германија во целиот тој процес на спас на еврото е земја која е во центарот на вниманието. И канцеларката Ангела Меркел призна дека еврото има свои маани и тоа, пред сè, кога е во прашање ускладувањето на економската моќ на новите членки во еврозоната со стари-

те. Меркел истакна дека постои заедничка волја за опстанок на еврото како заедничка европска валута и за негово зајакнување. - Исто така, сметам дека земјите-членки, но и целата ЕУ, се подготвени на темелни реформи - додаде Меркел. Европа во моментов работи истовремено на четири големи градилишта – регулирање на финансиските пазари, надзор над банките со цел создавање банкарска унија, фискална дисциплина и економско-политичка координација. Кога е во прашање регулирање на финансискиот пазар, ЕУ напредува со мали чекори бидејќи Британците се плашат дека може да се загрози улогата на Лондон како финансиско средиште, а со тоа и британската пазарна конкуренција. Надзорот над банките би требало да се реализира до март 2014 година. Посебно тешка тема е фискалната дисциплина. Притоа е сомнително дали новиот фискален пакт ќе успее да внесе дисциплина и во европските редови. На пример, Франција, која за многумина важи како новиот „болен член во Европа“, настојува под водство на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд да ги ублажи критериумите. Од голема важност е дали Франција и Италија оваа година ќе успеат да дојдат под границата од три проценти на буџетски дефицит. Додека Оланд се залага за зајакнување

на Европа преку поголема солидарност, Меркел зборува за тоа дека и натаму претстојат тешки времиња. Спротивните погледи меѓу Северот и Југот ќе доминираат и во новите преговори за повеќегодишниот буџет на ЕУ, кои пропаднаа на крајот од 2012 година. Посебно тешки и можеби и најважни ќе бидат преговорите околу четвртото градилиште – до самитот во јуни ЕУ сака да разјасни како да се намалат големите економско-политички разлики. Меркел смета дека тоа


СВЕТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

21

Рекорден број жени во Конгресот на САД

ЗОНАТА

ми а ЕУ

Новиот 113. состав на американскиот Конгрес завчера го одржа првото заседавање откако претходниот состав го усвои долгорасправаниот закон за буџет и со тоа ја спаси земјата од фискална бездна. Републиканецот Џон Бојнер доби втор двегодишен мандат како претседател на Претставничкиот дом на САД. Бојнер ја победи лидерката на демократите Нанси Пелоси со 220 наспроти 192 гласа на првиот ден од седницата на новиот состав на Долниот дом на Конгресот, во кој републиканците

имаат мнозинство. Овој Конгрес во својот состав има рекорден број жени. Со 101 место од вкупно 535 во двата дома на Конгресот, или 19 проценти, жените се за седум повеќе во однос на претходниот состав на законодавниот орган на САД. Сенатот има 20 жени од вкупно 100 претставници, меѓу кои 16 се од Демократската партија. Демократите имаа мнозинство во Горниот дом на Конгресот со 55 места од вкупно 100. Во Претставничкиот дом жените се 81 од вкупно 435 претставници.

Чавез има проблеми со дишењето

долгорочно нема да функционира, без да се промени европскиот договор. Канцеларката смета дека земјите-членки би требало во иднина уште повеќе надлежности да предадат во рацете на Европската комисија, за таа да може да се развие во вистинска влада на ЕУ. Но, Меркел призна дека внатре во европското семејство таа и натаму е прилично осамена со таквото мислење. Но, дури и да дојде до тоа, тоа би било во некоја далечна иднина. Претседателот на Европски-

от совет, Херман ван Ромпуј, е уверен дека во 2013 година Европа ќе доживее успех и ќе соработува поблиску. - Што ќе се случи ако не успееме? Никогаш не одговарам на хипотетички прашања бидејќи ќе успееме. На крајот од процесот ќе имаме повеќе Европа, а не помалку Европа. А, кризата ќе ја надминеме чекор по чекор - рече Ромпуј. Тој истото тоа го кажа и минатиот јуни кога кризата го достигна врвот. Но, затоа тоа сега го повторува со задоволство.

Владата на Венецуела, по многубројните шпекулации за здравствената состојба на претседателот Хуго Чавез, соопшти дека претседателот има проблеми со дишењето. - Претседателот има проблеми со дишењето поради компликации кои се појавиле по четвртата операција - соопшти венецуелскиот министер за информации Ернесто Вилегас. Проблемите со дишењето настанале поради тешко воспаление на белите дробови. Чавез беше опериран во Хавана, на 11 декември. Владата на Венецуела потврди дека има доверба во кубанскиот тим лекари кој се грижи за Чавез.

Вилегас го предупреди населението во земјата дека опозицијата води „психолошка војна“ со гласините околу здравствената состојба на претседателот. Во изминатите недели шпекулациите за состојбата на Чавез стануваа сè побројни. Весниците пишуваат дека тој е во кома и дека се одржува во живот само со помош на машини. Состојбата на претседателот е политички контроверзна поради тоа што тој беше неодамна реизбран на функцијата. Според Уставот, Чавез треба да положи заклетва на 10 јануари или, во спротивно, Венецуела е соочена со нови избори.


22

СВЕТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ИТАЛИЈАНСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО БЛОКИРА ЕЛЕКТРОНСКОТО ПЛАЌАЊЕ

Во Ватикан само со кеш Т

уристите во Ватикан од оваа година влезниците за музеи, сувенири и слично мора да ги плаќаат само во готовина бидејќи италијанската централна банка одлучи да го блокира електронското плаќање во оваа држава. Според италијанскиот печат, блокадата е воведена бидејќи Светата столица сè уште не ги исполнила сите безбедносни мерки кои ги пропишува Европската Унија за спречување перење пари. Италијанската централна банка соопшти дека Ватикан, како суверена држава, може да го има кој било електронски платежен систем, но нивното функционирање не може да се обезбеди преку италијанските кредитни

Блокадата е воведена бидејќи Светата столица сè уште не ги исполнила сите безбедносни мерки кои ги пропишува Европската Унија за спречување перење пари

институции. Засега банка-провајдер за електронското плаќање на територијата на Ватикан е „Дојче банк Италија“, која целосно е под надлежност на Италија во финансиската сфера. Сепак, банката обезбедува електронски услуги во Ватикан, кој не е дел од Европската Унија, без издадена соодветна дозвола од централната банка. Со тоа биле нарушени важечките прописи во Италија и во ЕУ за борба против перењето пари. Сега плаќањата во Ватикан може да се вршат само во гото-

ви пари и банкарски чекови, како и банкарски картички на ватиканската банка „Институт за религиозни дела” (Иор), чии услуги се достапни само на мал број поданици на градот-држава. Сè уште е непознато на колкав период се суспендирани сите електронски плаќања во Ватикан. Раководителот на службата на Светата столица за односи со јавноста, монсињор Федерико Ломбарди, изјави дека надлежните служби на Ватикан во моментов се ангажирани во преговори со различни дава-

тели на услуги во електронското банкарство и изрази надеж дека наскоро овие системи повторно ќе профункционираат. На официјалниот веб-сајт на Ватикански музеи е поставено известување дека „поради околности што се надвор од надлежностите на дирекцијата“ од 1 јануари 2013 година влезниците веќе не може да се купат со електронско плаќање. И претходно Ватикан и Италија имаа проблем со примената на прописите за спречување на перењето пари.


ДЕН И НОЌ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

23

ШТО РАБОТЕЛЕ ГЛАВНИТЕ ЈУНАЦИ ПРЕД „СУЛЕЈМАН ВЕЛИЧЕНСТВЕНИОТ“

Танчери, манекенки, психолог, пејач и археолог во турските серии

А

ктерите што се прославија со улогите во турската хит-серија „Сулејман Величенствениот“ во својата младост се занимавале со разни профе сии, а меѓу нив најмногу има поранешни актери и манекенки, но и ѕвезди на еротски филмови, танчери во ноќни клубови, еден археолог и психолог.Актерката Небахат Џехре (67), која ја игра улогата на мајката на султанот Сулејман, на почетокот на кариерата снимала еротски филмови, на 15 години била избрана за убавица на Турција и кратко време работела како манекенка, а на филмското платно дебитирала во 1962 година. На почетокот од кариерата снимила 15 еротски филмови.Популарниот Халит Ергенч (42), кој се прослави со ликот на Сулејман Величенствениот, бил не суден

инженер за бродоградба. По првата година ги откажал студиите и се запишал на актерство на Универ зитетот „Мимар Синан“. Додека бил студент, работел разни работи, бил оператор, придружен вокал, а најмногу пари заработил како танчер во ноќни клубови.Убавата Нур Ајшан (32), која ја толкува улогата на султанката Махиде-

вран, пред да стане актерка, работела како ТВ-водителка на емисија за економија.Селма Ергенч (34), која ја толкуваше улогата на се страта на Сулејман, е чудо-жена. Таа во Германија дипломирала психологија, филозофија и учествувала на избори за убавици. Работела како манекенка, а течно зборува германски, англиски, турски и француски.Младата Џансу Дере, која играше робинка и шпионка од Персија, дипломирала археологија и била поранешна убавица на Турција.Актерот Мехмет Гансур, кој го игра принцот Мустафа, откако завршил средно италијанско училиште во Истанбул, работел како бармен, потоа бил манекен, а првиот филм го снимил во 1997 година.Најшармантниот лик од серијата, пак, актерот Бурак Озџивит, кој го играше ликот на Бали-бег, на 17 години почнал да се занимава со манекенство, а во 2003 е прогласен за најдобар турски модел.


24

ДЕН И НОЌ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ВЕВЧАНИ ПОДГОТВЕНО ЗА ГОДИНEШНИОВ КАРНЕВАЛ

„Дивље јагоде“ гости на „Вевчански карневал 2013“ Традиционалниот карневал во Вевчани, кој го слави дочекот на Стара Нова година се одржува на 13 и на 14 јануари, а маските се држат во тајност сè до почетокот на карневалот

ДНК се одјавуваат до април Момците од групата „ДНК“, Панчо и Андреј, писмено ги изве стија медиумите дека до крајот на април ќе се повлечат од јавноста, поточно додека не биде готов нивниот нов албум, кој се очекува да излезе во април оваа година. Оваа одлука е доне сена со цел да имаат повеќе време за да му се посветат на новиот материјал. - Ви по сакуваме успешна,

среќна и полна со насмевки 2013 година и истовремено ве известуваме дека сè до издавањето на нашиот нов албум (кој треба да излезе кон крајот на април) ќе се повлечеме од секакво појавување во медиумите со цел максимално да се по светиме на изработката на новите песни од албумот - велат Панчо и Андреј во изве стувањето. И.Д.

„Бернајс пропаганда“ најавува албум со „Погрешно знаме“

Ирина ДАСКАЛОВСКА

В Македонската постпанкгрупа „Бернајс пропаганда“ со најава за нов музички албум. „Со погрешно знаме ја сокри тагата. Изгори го симболот, сонцето погледни го. Овде… сонце не свети во сиромашти-

ја“, се стихови од најновата песна насловена како „Погрешно знаме“. „Бернајс пропаганда“ го најави својот трет албум насловен „Забранета планета“, кој е закажано да излезе на 26 февруари оваа година. И.Д.

евчанскиот карневал, манифестација која традиционално се одржува секоја година, настан кој се одвојува поради својата архаичност, традиционалност, таинственост, импровизација и, секако, уникатни маски и годинава ќе го слави дочекот на Стара Нова година. Карневалот досега има повеќе од 1.400 изданија и претставува интересен спој меѓу паганското и современото, збогатен со културна и историска вредност, а од година во година го посетуваат сè повеќе луѓе, како од Македонија така и надвор од неа. - Ве покануваме да ни бидете гости на годинешниов Вевчански карневал, кој постои колку што е старо и Вевчани. Посакуваме да има повеќе гости, народот да види како се развива и штити нашата

традиција. Горди сме на она што го имаме и сè додека чукаат тапаните, оваа традиција ќе продолжи вели градоначалникот на општина Вевчани, Перо Илиески. На вчерашната прес-конференција, која се одржа по повод Вевчанскиот карневал, покрај градоначалникот Илиевски, беше присутен и заменик-министерот за култура, Драган Неделковиќ, кој изјави дека за оваа манифестација Министерството одвоило еден милион денари за поддршка на карневалот. Организаторите велат дека главните улоги на фестивалот им припаѓаат на василичарите, кои ги бркаат злите духови, но најавија и богата програма. - Официјално, карневалот почнува на 13 јануари со попладневно дефиле на маски, а продолжува со музичка програма со фолк-музика, меѓу кои легендарниот „Чаки Панкеро“, односно

Зоран Даскаловски со неговиот музички состав, потоа „Дијана бенд“, Нино Величковски и Благица Павловска. Предкарневалските случувања почнуваат на 10 јануари со театарска претстава, на 11 е најавен свечен новогодишен концерт, на 12 е закажана музичка програма со „Скандал састав“, Верица Ристевска, „Стрингс - Пламенка Трајковска трио“, „Пука козметика“ и „Дивље јагоде“, па сè до официјалното затворање на 14 јануари, со традиционалното вевчанско оро и палење на маските, заедно со традиционалниот оган во центарот на Вевчани, соопштија организаторите.

ДЕН И НОЌ

25

Климентина Наумоска со титула се враќа од интернационалниот „Мис туризам“

Климентина Наумоска од Охрид ја доби награда на интернационалниот избор „Мис туризам“, што се одржа на новогодишната ноќ во Малезија. Преку народна носија од охридскиот крај и тоалета од колекцијата на креаторката Емили Пишева, охриѓанката Климентина Наумоска ја освои титулата „Miss georgeus beverly willshiree“ на интернационалниот избор за „Мис туризам“. Со освоени 1.500 гласа по пат на интернет, Наумоска се закити со признанието во конкуренција на уште 65 девојки од целиот свет. Климентина е студентка на Правниот факултет во Скопје и е член на модната агенција „Пантер моделс“. На интернационал-

ниот натпревар ја претстави Македонија во народна носија од охридскиот крај, а македонскиот туризам го претстави со сувенири од нашето поднебје, што ќе завршат во рацете на децата без родители, која е и примарната цел на овој избор. Наскоро Климентина заминува за Индија, каде што има неколку месечен ангажман во една модна агенција во Мумбај. Деветнаесетгодишната Kлиментина во конкуренција од 65 девојки убедливо победи на интернет-гласањето пред претставничките од Бугарија, Унгарија и Боливија и беше единствена наградена учесничка од Европа на „Мис туризам интернешнал“ во Kуала Лумпур.

И како што велат, таинственоста им е предизвик, така што ниедна маска нема да се знае сè до почетокот на карневалот, но, сепак, ќе преовладуваат маски инспирирани од настаните и случувањата кои ја одбележаа изминатата година, како што се возбудливите мили и немили настани, политичките гафови, политичарите и, секако, нема да се избегнат традиционалните маски на „Зетот“ и „Невестата“, „Музичари“, „Глупи Август“ и „Ѓаволи“. Маскираните лица како и секогаш ја имаат сета слобода на изразување, импровизација и критика сè со цел да го изразат својот креативен дух.

статус:

ДЕЈАН ЛИЛИЌ

Дојдовме во ситуација сè потешко да се разбираме еден со друг, да збориме за иста тема, а да не се слушаме.


26

ДЕН И НОЌ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

Скандалозна фотографија на принцезата Дајана ќе се продава на аукција во САД

Д

о сега необјавена црнобела фотографија од 80-тите години, од починатата Дајана, за која британски таблоид сметал дека е премногу интимна за да се најде на страниците на печатот, кон крајот на ме сецов ќе се продава на аукција во САД. Сликата ја прикажува Дајана во едно поинакво светло, а најверојатно во моментот кога е фотографирана принце зата се наоѓа ла во планинска колиба. На фотографијата таа се смее кон објективот, удобно потпрена на скутот на непознат маж кој чита книга. Покрај прозорецот се наоѓа шише виски, а она што е мошне интересно се зборовите „не објавувајте“, кои се испишани преку фотографијата со мрсно моливче кое во тоа време го користеле уредници на фотографии. На задниот дел на фотографијата стои датум 26.02.1981 година – два дена откако Бекингемската палата ја објавила свршувачката на принцот Чарлс и

Дајана Спенсер. Боби Ливингстон од аукциската куќа „ПР“ од Њу Хемп-

САТИРИЧНО ЌОШЕ Ако се докаже дека е Александар Македонски закопан во Македонија, тогаш тој и јас сме во иста гробница закопани! *** Повеќе ја сакам владата отколку жената. Владата поредовно ме секса! *** Кај нас нема невработени. Сите работат едни против други! *** Нашиот водач само пред огледало може да види кој е државен непријател број еден. *** Македонија има голем потенцијал. Има преку два милиони бегалци. *** Порано се радувавме на туѓите несреќи. Сега немаме време од нашите. *** Крадци - индивидуалци има сé помалку. Тоа се одметници од системот. *** Нам не ни треба еутанузија. Си имаме реформи!

шир изјавил дека фотографијата би можела да биде продадена за околу 1.100 долари, но

поради тоа што на нее е напишано „не објавувајте“, се очекува и поголема цена.

Музика за глуви Само што извикав “Смрт на фашизмот-слобода на народот” – ме затворија! Не знаев дека оваа парола e секогаш актуелна! *** Затворите се градат за сите луѓе во земјата. Значи, ни министрите не се дискриминирани!

Полицијата мораше да ги растури демонстрантите. Носеше оружје кое не и одговара на власта – глава на рамена! *** За да дознаат што има во главата на своите граѓани, Американците користат ласер. Ние сме многу поевтини – нам ни треба само десет ќебапчиња и шише пиво! *** Македонија некогаш имаше море. Сега има само давеници! *** Во Македонија има сé повеќе деца од мешовити бракови – едниот родител во ВМРО а другиот во СДСМ! *** Попот материјалиста, наместо во црква се моли во кладилница. *** Секогаш кога во мојата куќа ќе засвири радио, заигрува мечка. Што да правам кога имам многу музикална жена?! ВАСИЛ ТОЛЕВСКИ


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

КУЛТУРА

27

БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ НА „СКОПСКИТЕ СОЛИСТИ“

П

Невена ПОПОВСКА

родолжувајќи ја традицијата последниве неколку години Центарот за организирање приредби „Уноверзална сала“ и годинава организира гламурозен Божиќен концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“ и нивните реномирани гости од странство. Концертот ќе се одржи на 8 јануари во Универзална сала. - Покрај домашните, камерниот орке стар „Скопски солисти“, на сцената на Универзална сала ќе се претстават уште неколку реномирани имиња, меѓу кои познатиот наш тенор Благој Нацо ски, кој веќе де сет години ги освојува најпре стижните оперски сцени. Заедно со Нацоски, посетителите на божикниот концерт ќе можат да ги слушнат и изведбите на еден од најдобрите светски сопрани од поновата генерација, Италијанката Марчела Орсати Таламанка, која во последнава деценија, буквално, царува на најпознатите оперски сцени во Италија, Франција, Швајцарија, Германија, соопштија организаторите на вчерашната среба со новинарите. Диригентската палка на концертот му е доверена на Але сандро Даго стини од Ита лија,

кој, покрај оперските продукции, диригира и многубројни симфониски концерти со бројни оркестри ширум Европа, а на македонската јавност и е познат и како редовен гостин на сцената на Македонската опера и балет каде досега диригирал неколку познати оперски дела, како: Тоска, Турандот, Аида, Севилскиот берберин и други. На концертот ќе бидат изведени одбрани дела на најголемите светски композитори, како Бизе, Респиги, Георг Фриедрич Хендел, Штраус помладиот, Моцарт, Шуберт и други.

Живко А. Поповски ќе подари слики на новороденчињата за Божик Во духот на божикните празници, сликарот Живко А.Поповски на сите деца кои ќе се родат во деновите на божикните празници ќе им подари своја слика со по света. Овој долгогодишен борец за мир во светот, познат по своите „Цвеќиња на мирот“, уште еднаш се покажа како голем хуманитарец. Поповски досега подарил 194 слики на сите шефови на држави и до Бан Ки Мун, генералниот секретар на ООН.

- На светот му се потребни мир, храна, солидарност, љубов. Поракава ви ја прене сувам заедно со едно од моите оригинални уметнички творби „Цвеќиња на мирот“ создавани со многу љубов во Скопје – градот на светската солидарност вели Поповски во пораката која ги придружува неговите слики. Шеесет и седум „Цве ќи ња на ми рот“ го кра сат Нај ма ли от ет но ло шки му зеј во све тот. Н.П.


28

КУЛТУРА

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

„МЛАДИНСКА КНИГА“ ОБЈАВИ РАЧНО

Библијата ни најголематап Невена ПОПОВСКА

Три бесплатни претстави во МНТ Македонскиот народен те атар по повод новогодишните и божикните празници вчера вечер бесплатно ја изведе прет ставата „Парите се отепувачка“ по текст и режија на Бојан Трифуновски. Во неа играат Николина Кујача, Славиша Кајевски, Гораст Цветковски и Софија Насевска. Сценограф и ко стимограф е Мери Георгиевска, музиката е на Кантон 6. Поради големиот интерес, МНТ соопшти дека „Парите се отепувачка“ со слободен

влез за публиката ќе биде изведена и во вторник, 8 јануари, со почеток во 20 часот. Истиот ден, со почеток во 18 часот, бесплатно ќе биде изведена и „Сребрена свадба“ по текст на Маркес и режија на Звезда Ангеловска, во која игра Катина Иванова. Сценографијата е на Теодора Стојановска, а ко стимографијата на Ѓурѓица Спасовска. Подигнувањето на влезниците за прет ставите е од билетарницата на МНТ без резервации.

Големиот хит на Ријана „We found love“ - најнов проект на „Ту челос“

Најновиот про ект на двајцата фантастични хрват ски виолончелисти Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер е големиот хит на Ријана - „We found love“. Оваа обработка е од новиот албум на „Ту челос“, наречен „In2ition“. Мла ди те и енергични музичари зад себе имаат многу одлични обработки на големи свет ски хитови како: „Welcome to the Jungle”,

„Time of Your Life”, „Californiacation”, „Book of Love”, „With or Without You”, „Human Nature”, „Smooth Criminal”, „Purple Haze” и многу други. Македонската публика имаше можност да ужива во нивната музика во рамките на фе стивалот „Охридско лето“. Тие настапија на охридскиот Антички театар на 2 август.

И

здавачот „Младинска книга“од Скопје објави ново ексклузивно издание. Станува збор за еден ексклузивитет во издавачкиот свет - „Илустрираната Библија“ на хрватски на словенечки јазик. Ова е рачно изработено ремек-дело, во тираж од само 1.500 примероци на хрватски јазик и само 1.000 примероци на словенечки јазик. Книгата има двојна кожена подврска и е во целост рачно изработена во дури три работилници во Германија. Подврската е златна, а има и гравура со уникатен орнамент. Книгата има повеќе од 300 позлатени илустрации. На саемската манифе стација пред неколку години ова единствено издание беше претставено само за промотивни цели, а се продаваше за околу 2.250 евра. Во „Младинска книга“ - Скопје нè информираа дека до сега во Македонија се продадени два примерока од илустрираната Библија. Сопствениците на овој ексклузивитет ги држат во тајност по нивна желба, а издавачот се надева дека во иднина ќе има поголем интерес. Има интерес, велат издавачите, но сè уште е мал бројот на купувачите на раритетната книга, која може да се прене сува од колено на колено, која се чува на потпирач, а се прелистува со специјални ракавици. Библијата ни ја раскажува најголемата приказна кога било раскажана и ни пружа единствен приказ за одно сот меѓу Богот и човекот. Оваа раскошно илустрирана книга мошне концизно ни ја раскажува возвишената приказна, нудејќи ни нови начини на разбирање на Библијата. Изданието со стандарден превод на Светото писмо е украсена со 300 репродукции

на илустрациите кои се рачно сликани од Библијата и кои потекнуваат од периодот од 1000 до 1610 година. Буквите на Библијата се печатени со златна боја, златна подврска и гравура. Во поглед на илустрацијата на книгата треба да се истакне податокот дека средновековните мајстори по нарачка на највисокото племство и кра лот рачно ги сликале ракописите на Светото писмо, кои подоцна станаа скапоцени бисери на кралските библиотеки. Дене ска, Австриската народна библиотека на Дунав ги по седува овие скапоцени изданија, кои од Хабсбуршката династија ја наследи една од најбогатите збирки на книги за Светото писмо. За ова издание се избрани 300 најубави слики од целокупната колекција, чии репродукции до крајна граница го следат оригина лот. Книгата е изработена во склад со највисоките стандарди на печатење. Печатена е на најмодерни машини кои овозможуваат изработка на врвни изданија. Поради прав и разни бактерии кои можат да à наштетат, во


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

КУЛТУРА

29

ИЗРАБОТЕНА ИЛУСТРИРАНА БИБЛИЈА

ја раскажува риказна

„Поезија-небо“, нова книга од Кристина Николовска

комплетот со илустрираната Библија сопствениците добиваат и пар специјални ракавици со кои може да се допираат листовите. Во книгата е приложена и мапа со 8 репродуцирани илустрации кои се украсени со златна фолија. Тоа à дава особен белег на раскош на лик на рачно сликаната Библија. Библијата е света книга на христијаните. Зборот „библија“ е земен од грчкиот јазик и значи „книга“ бидејќи Библијата се со стои од многу различни книги. Тие книги на различни ме ста, во временски период од 1000 години ги напиша ле различни луѓе водени и инспирирани од љубовта кон Бога. Книгите од Стариот завет изворно се напишани на хебрејски јазик, а книгите од Новиот завет на грчки јазик. Биб-

лијата, почнувајќи од создавањето на светот, раскажува за текот на историските настани, па сè до судбината на народот. Според неа, историјата се одвива според Божји план. Во тој план, животот на по единецот (човекот) има свое цврсто ме сто и своја смисла.

Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна ја објави книгата на Кристина Николовска „Поезија – небо“, која е есеистичко-аналитичен труд посветен на поезијата на Славе Ѓорго Димоски. Поточно, книгата се јавува како резултат на долгогодишното проучување и следење на Николовска на поезијата на овој македонски автор. Како што најавува авторката во воведната белешка, книгата „е дом на разговори со поетот, но и: студии, поетизирани есеи, критики, рецензии и анализи, воскренати од творечкото поетско небо“, односно дека „целата книга е можен разговор со поезијата“. Книгата на Кристина Николовска содржи пет „нивоа“, насловени како „Разговорница“ (разговор со поетот, каде тој раскошно се отвора за најсуптилните поетички прашања), „Поезијанебо“, „Осветлувања“, „Растолкувања“ и „Песни-океани“. Вака заокружена книгата „Поезија небо“ на Николовска, не претставува

само есеистичка книга, туку своевиден монографски портрет на еден македонски автор, што претставува ново творечко искуство кај нас. Систематската долгогодишна научна посветеност на Кристина Николовска на поезијата на Славе Ѓорго Димоски веќе резултира со авторски опус инспириран од неговото творештво. Покрај „заднинскиот“ научен однос кон неговата поезија, дискурсот на Николовска е поетизиран, до степен на дијалогичност со поезијата која ја анализира, но од друга страна е високо комуникативен со пошироката публика, поради откривање на поетовите „рецепти“ за создавање на дело, за откривање на неговите аксиолошки и филозофски системи, особено во интервјуата-есеи. Затоа делото им припаѓа на две области: во литературната есеистика, но и на културологијата, бидејќи е комуникативно со пошироката публика пред која се отворени поетските размисли за поезијата и уметноста и се откриваат тајните за создавањето и текот на творечките процеси. Н.П.

Изјава на денот „Заминувам бидејќи вие сметате дека успехот, креацијата и талентот, кои не прават поразлични од другите, треба да бидат казнети. Немам што повеќе овде да барам, ви го враќам пасошот“. Жерар Депардје


30

КУЛТУРА

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

БОГАТА ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ И НА ЧИТАЊЕТО ВО „ФЕНИКС“

Промоции, трибини и школо за креативно пишување

П

што следниот четврток (10 јануари) ќе биде промовирано изданието „Книга за чајот“ од Какузо Окакура, една недела подоцна под наслов Македонска поетска авангарда ќе настапат повеќе автори, а на 24 и 31 јануари ќе бидат промовирани книгите „Живот под ѕвездите“ од Елена Пренџова и „Ние децата од станицата Зо“. Програмата за февруари ќе почне на 7 напладне со промоција на романот „Твоите мои

Невена ПОПОВСКА

о свеченото отворање, на кое воедно беа врачени и наградите „Прозни мајстори“ на Роберт Алаѓозовски, Васил Тоциновски и Игор Крајчев, Фе стива лот на чајот и читањето, кој се одржува во организација на „Феникс“, продолжува со богата и интересна програма. Настаните ќе се одржуваат секој четврток напладне, така

очи“ од Христо Петре ски, а следните три недели секој четврток ќе се одржат трибини посветени на претставувањето на македонските книжевни списанија, „Што и колку (не) читаме?“ и „Каде одли литературата за деца и млади?“ Во март програмата ќе почне на 7 напладне со трибина по светена на македонското женско писмо, а на 14 март напладне ќе биде отворена школата за креативно пишување.

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

ХИПЕРРЕАЛИСТИЧНА ПАРОДИЈА Кон филмот „Панкот не е мртов“ Христо ПЕТРЕСКИ

Панкот е мртов. Да живее панкот. Не, панкот не е мртов. Панкот е жив. Панкот не е само начин на живот, не е само стил. Панкот е и општествен (вредносен, егзистенцијален и културолошки) систем. Во случајот на филмот „Панкот не е мртов“ - тој е Југославија, поранешна и веќе непостојна држава, премин кон новото време, супкултура. Сега се тука најразличните мисии и мисионери, бројни невладини организации, мултиетнички и мултиклултурни асоцијации и здруженија. Дебар е метафора, но и реално место за соживот и настап на мешовитиот панк-состав. Налик на филмовите „Кој тоа таму пее“ и „Посебен третман“, старото возило поминува низ калливи и правливи патишта, откривајќи ги и поврзувајќи ги поранешните, а сега раселени и веќе средновечни музичари. Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски,

Кирил Поп Христов, Јовица Михајловски, Владимир Тулиев, Флора Достовска, Ратка Радмановиќ, Џевдет Јашари и други тоа е актерската екипа, која под режисерската палка на Владимир Блажевски (еден од двајцата годинешни главни лауреати на филмскиот фестивал „Астерфест“ во Струмица) остваруваат повеќеслоен, привлечен и провокативен филм. Ова филмско остварување е храбро, актуелно и поучно дело не само за она што било, туку и за она што денес се случува, но и за она што допрва претстои. Со решителни филмски потези и засеци, режисерот Блажевски прави вивисекција на не така далечното минато, преку хронологија на другарството и заедништвото и визионерски ја скицира иднината. Колку и да е таа бесперспективна, црна, илузорна, сепак како да постои мал зрак во тунелот кој ги раздвојува, но и спојува различните култури, етникуми, реалитети и соништа. „Панкот не е мртов“ е извонредна хиперреалистична паро-

дија во која се огледуваат социјалните милјеа, изгубените генерации и претпоставените идеализации. Една, во основа топла и потресна човечка приказна, која никого не остава рамнодушен. Без вистинска можност за бегство и спас, со врзан жабји скок, протагонисти-

те на трагикомичната сторија како да присуствуваат на парастос на еден исчезнат простор и на едно измислено време, па прегласната свирка и жестоката песна најпрвин ги заглушува нивните уши и не стигнува подалеку од нивниот безизлез, осама и измама.


Подготвија: Анета Стојковска и Марија Петковска

БОЖИК 5.1.2013

Божик - ден на Христовото раѓање

Х

ристос се роди, вистина се роди! Со овој поздрав сите православни христијани на 7 јануари ќе си го честитаат Божик славејќи го денот на Христовото раѓање. Божик е ден на семејна топлина и блискост, и претставува најрадосен христијански празник. Тоа е ден кога семејството се собира заедно и во топла и пријатна атмосфера го поминува целиот ден. Со Божик е поврзана и поговорката - пред Божик, зад Божиќ кај и да си, дома да си, што значи дека за време на големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем. Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде што ноќевале пастирите и токму таму се родил Господ Исус Христос. Светлината и гласот на ангелите биле првите вести кои ги слушна-

ле и виделе пастирите „Не бојте се! Денеска се роди Спасителот Христос Господ“. Во црквата овој ден почнува да се празнува при крајот на третиот век затоа што дотогаш црквата не му придавала големо значење на телесното раѓање бидејќи за поважно се сметало духовното раѓање, односно крштението, па затоа овој празник се славел заедно со крштевање-

то на Господ Исус Христос. Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик. Тоа е денот кога завршува 40дневното постење. Бадник е последниот ден од постите. Рано наутро на Бадник децата одат по куќи и пеат песни, а домаќините ги даруваат. Децата ги симболизираат ангелите, а со пеењето по куќите насекаде ја шират веста за Христовото раѓање. Постои уште

една симболика: децата се Господ Исус Христос и затоа добиваат дарови, а домаќините се симбол на мудреците кои ги принеле даровите пред младенецот. На крајот од денот верниците вечераат во своите домови каде задолжително се крши лепче со паричка. Постои верување дека оној на кој ќе му падне паричката, ќе има среќа цела година. На Божик рано утрото почнува богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓусебно на гости. Семејството се собира на богат празничен ручек и го слави Христовото раѓање. Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, вампири, вештерки... Затоа од Божик до Водици луѓето со себе носеле најразлични амајлии - со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.


32 БОЖИК

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

Коледарски огнови за плодност и за бериќет Божикните празници се богати со обичаи кои ги практикува нашиот народ. Денот пред Христовото раѓање е поделен на два дела - периодот од полноќ до пладне на шести јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник. Обичаите за Коледе почнуваат во ноќта пред Бадник кога луѓето се собираат и палат коледарски огнови, околу кои пеат обредни песни, меѓу кои и песни со еротска содржина. Со изведувањето на овој обичај се асоцира на култот кон плодноста бидејќи во овој период од годината се преминува од една во друга сезона и се посакува поголема плодност, бериќет на полето, стоката и на луѓето. Според некои стари народни верувања, се сметало дека преку палењето на бадниковиот оган ќе изгорат сите

лоши и штетни работи и дека ќе бидат истерани лошите демони и вештерки. Пред изгрејсонце коледарите одат по куќите и пеат коледарски песни. Тие се дарувани од домаќинките со колачиња, кои се прават специјално за оваа пригода, но и со јаболка, ореви, бадеми, костени, суви смокви.. Се смета дека оној што нема да им отвори врата на коледарите ќе го следи несреќа во текот на годината. Според народните верувања, најубаво било првиот коледар да е машко дете или да е Ром оти се верува дека Ромите се среќлии по природа, па така и на семејството ќе им донесат среќа. Обично, најголеми подароци добива првиот коледар што ќе тропне на врата бидејќи тој прв го најавил раѓањето на Исус Христос.

БАДНИК - НАЈ П рославата на Бадник почнува со обредно сечење на бадниковото дрво, кое најчесто е од даб, но може да биде и од круша, слива, а некаде се зема и дрво од смрека. Бадниковото дрво се сече на ритуален начин - со еден отсек. Бадникот го носи домаќинот, кој овој чин треба да го изврши во ритуален молк за да не се омаѓоса ритуалното дрво, кое треба да гори цела вечер. Дрвото се внесува во куќата на свечен начин - домаќинката го пречекува домаќинот, кој и вели: „Еве ти носам Бадник, дојде Бадник“, со што го навестува Христовото раѓање. Порано Бадник се поставувал на огништето и дрвото горело до сабајлето. Особено било значајно да се види прегорувањето на бадникот, односно прекршувањето на средината на дрвото. На оној што ќе го видел тоа, најчесто му било таксувано јагне или друго животно што ќе се роди напролет. Се настојувало тој чин први да го забележат децата. Порано за Бадник било важно целото семејство да остане будно околу бадниковото дрво. Според истражувачите на обичаите и истражувачите на историјата на религијата, името Бадник доаѓа од овој обичај - бдеење над ритуално дрво. Вечерта на Бадник, освен бадниковото дрво, во домот се внесуваат и други обредни елементи - слама, рало и житни култури. Сламата се ставала на земја и со неа се правел крст. Врз сламата се постилало крпа-цедилка и на неа се поставува вечерата. Некаде, пак, врз сламата се ставала софра. Денеска во некои краеви кога се вечера на

маса, под неа се става слама. Сламата се поврзува и со раѓањето на богомладенецот Исус во пештерата во Витлеем, каде што имало и јасли со слама за стоката. Освен слама, во некои краеви се внесува и ралото, односно плугот, што е симбол за плодна година. На Бадник пред да се почне со вечера се поставувало и јаже во круг во кој се ставало жито и се носеле кокошки да го колват житото за да живината остане во кругот на семејството. Се правел и обичај со жар - на неколку жарчиња се ста-

За Божик мрсна трпеза На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Порано, а во некои региони и денес, се омрсувале со печено или пржено врапче за да им биде годината лесна како врапче и за да можат лесно да ги пребродуваат проблемите и тешкотиите. По омрсување со врапче прославата на Божик продолжува со богат ручек. Се подготвува богата софра, на која речиси задолжително било свинското месо. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик. Во некои краеви на овие празници луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Свети Стефан.


БОЖИК 33

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ЈБОГАТ СО ОБИЧАИ

Баклава со афионово семе

Потребни состојки: - 1 кг кори за баклава - 250 мл кисела вода - 250 мл масло - 250 г шеќер - 2 пакетчиња прашок за печиво - 1 пакување мак (150 г ) ЗА ШЕРБЕТ: 1,2 кг шеќер - еден литар вода и 1 лимон ПРИГОТВУВАЊЕ вале пченица, овес, јачмен, ’рж и се гатало. Се сметало дека на она жито што ќе остане цело и неизгорено годината ќе му биде наклонета. Затоа од него се саделе поголеми количества. За бадниковата вечера се прави обредното лепче со пара. Се смета дека оној на кого ќе му се падне паричката при кршењето на лепчето ќе биде најсреќен во претстојната година. Парата се чувала во чаша со вино неколку дена, а потоа со неа се купувало сол, со која се закрмувала стока-

та. Значи се настојува магиската моќ на парата да се пренесе на стоката за да биде поплодна и да дава повеќе млеко. Некаде парата ја чувале до наредната година - до наредниот Бадник, и повторно ја ставале во кравајчето. Сите јадења што се приготвуваат на бадниковата вечера треба да бидат посни бидејќи тоа е последниот ден од божикниот пост. Пред да се почне со вечерата домаќинот излегува со зелникот или со погачата, односно обредниот леб надвор во дворот, на гумното

или на прагот од куќата и го кани дедо Господ да вечера со нив. Тој вели: „Дојди Боже, да вечераме“. Со ова се кани оној што управува со нашите животи да дојде, да биде нагостен и да биде дел од таа обредна вечера бидејќи кога ќе се навечера, ќе биде задоволен и ќе пружи благодат и бериќет. Кога се крши кравајчето во некои краеви, првото скршено парче му се дава на Господ, следното е за куќата, а некаде за стоката. Потоа им се дава и на членовите од семејството, според староста.

Во длабок сад се мешаат киселата вода, зејтинот, шеќерот и печивото. Корите се редат во правоаголна тава и секоја се прска со оваа смеса. Врз секоја трета кора се става афионово семе и така сè додека потрошат корите и сета течност за прскање. На крај се сече баклавата на коцки и пак се попрскува со малку зејтин. Се остава да отстои малку, потоа се пече на 180-200 степени околу 45 минути додека не добие убава жолтеникава боја. Печената и изладена баклава се попарува со врел шербет, подготвен од шеќер, вода и лимонов сок.


34

НОВ СВЕТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

Во 2013 година ќе нè обиколат две комети и два астероида

Следната недела на безбедна оддалеченост покрај Земјата ќе помине астероидот Апофис, а покрај овој астероид во 2013 година покрај нашата планета ќе поминат уште еден помал астероид и две комети. На 10 јануари астероидот Апофис, кој го добил своето име по египетскиот бог на темнината, ќе помине покрај нашата планета, но на релативно голема раздалеченост, 15 милиони километри, а астрономите ќе се обидат да го проучат неговото движење за да предвидат

дали во иднина може да биде закана за планетата Земја. Астероидот широк 300 метри повторно ќе помине покрај земјата за 16 години и ќе се најде на раздалеченост помала од онаа на која се наоѓаат комуникациските сателити, но се претпоставува дека нема да претставува никаква закана. На почетокот на март оваа година покрај Земјата ќе помине и кометата Пан-Старс, која би требало да биде видлива со голо око од северната хемисфера, а експертите предвидуваат дека зад себе ќе остави импре-

сивна опашка. Друга комета наречена Исон, која веќе ја најавивме како потенцијално најсветла комета, ќе пропатува во ноември на околу два милиони километри од Сонцето, па се очекува ледот од кометата да се топи и да биде видлива блескава трага во текот на целиот ден. Во текот на 2013 година ќе се случи и едно прстене сто и едно целосно затемнување на Сонцето. Прстене стото ќе се случи во мај кога Ме сечината ќе се најде точно меѓу Земјата и Сонцето, но нема да го по-

крие целото Сонце, туку само неговиот централен дел. Сонцето ќе се затемни целосно на трети ноември кога Ме сечината целосно ќе го покрие. Во февруари комитетот на Обединетите нации ќе ги даде своите предлози за одбрана од закани од космо сот, а Европската вселенска агенција планира во април да лансира три сателита кои ќе го сочинуваат таканаречениот „Рој“, кои би требало да извршат најнови истражувања за магнетното поле на Земјата. К.И.

Во портокалова чаша топлото чоколадо е Научници од Политехничкиот универ зитет во Валенсија и Универзитетот „Оксфорд“ пронајдоа докази дека начинот на кој се сервираат храната и пија лаците игра значителна улога во перцепцијата на вкусот. Истражувачката екипа спроведе експеримент врз 57 волонтери, на кои им беше наложено да се напијат топло чоколадо од четири чаши различни по боја, и тоа бела, кремаста, црвена и портока лова со бела

внатрешност. Топлото чоколадо во сите чашибило исто, но сепак волонтерите пријавиле дека она од портокаловата било највкусно. Научниците веруваат дека одредена боја на пакување или сервирање на храната и пија лаците може да подобри некои нивни атрибути, како што се вкусот или аромата. Претходни слични истражувања покажуваат дека жолтото пакување ја зајакнува перцепцијата за вкус на лимон во соковите;


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

НОВ СВЕТ

35

Хеликоптер управуван со мисли

Компанијата „Пазлбокс“ создаде хеликоптер играчка наречен „Орбит“, кој сопствениците ќе можат да го управуваат преку своите мисли. Тоа е можно благодарение на електро енце фалографот, кој се но си на глава во форма на компјутерски слушалки и ја чита мозочната активност. - Кога го фокусирате мозокот на нешто, без разлика дали е тоа математичка равенка или текст

од песна, вашиот мозок произведува електрични сигнали. Слушалките ги примаат овие сигнали и ги конвертираат во команди за летање“ - појаснува директорот и коосновач на „Пазлбокс”, Стив Кастелоти. „Орбит“, по малку разочарувачки, не е спо собен за извршување повеќе команди одеднаш, па ќе мора да се задоволите само со лебдење во воздухот или со летање во права

линија. Тоа е така бидејќи системот на кој работи не ги толкува буквално вашите мисли, туку забележува зголемена мозочна активност кога се концентрирате, со што всушност се активира единствената претходно утврдена команда. Така, на пример, доколку хеликоптерот е програмиран да лебди во воздухот, тој ќе го прави тоа сè додека сте силно фокусирани, а кога ќе ви падне концентрацијата, тој ќе се приземји. Од компанијата велат дека, освен како играчка, „Орбит“ може да се користи и за подобрување на концентрацијата, а се нудат и да ја откријат технологијата на која функционира, за самите корисници (кои имаат доволно знаење) да можат да го доразвијат и програмираат онака како што самите сакаат. М.Н.

највкусно пијалаците со ладни бои, како сината, изгледаат дека подобро би ја угаснале жедта од оние пијалаци со топли бои, како црвената; а доколку некој пија лак е розов, тој се перцепира како позашеќерен. Доколку овие тврдења навистина се покажат како точни, тие би можеле да имаат голема улога во производството, пакувањето и служењето на прехранбените продукти, но и да ја објаснат до сегашната (не)успешност и (не)популарност на одредени производи. М.Н.

Туш кој тушира, а воедно и пере облека

Под името „Вошит“ се крие нов необичен туш, кој се очекува наскоро да се појави на пазарот и покрај неговата основна намена, за туширање, ќе може да се користи и за перење облека. „Вошит“ за перење користи две водени пумпи и три филтери, карбонски, органски и хемиски. Додека се тушираме „сивата“ вода, која се собира на дното на кабината се префрла во контеинер за вода и потоа минува низ филтри за да се прочисти, па на крај може да се искористи за перење облека. Дизајнерот на кабината од Турција, Ахмет Бурак Актас, смета дека овој единствен систем на туширање и перење облека може да заштеди значителна количина вода,

а благодарение на филтрите, процесот е сосема хигиенски. Според некои проценки, при туширање од 15 минути се трошат околу 150 литри вода, додека за еден круг на перење облека во машина се користат околу 38 литри, што значи дека новата туш-кабина значително ќе штеди употеба на вода. Туш-кабината е достпна во два облика, за домашна и за јавна употреба. Според Актас, „Вошит“ е произвид кој сигурно ќе го измени нашето секојдневие, со тоа што перењето куп алишта ќе остане во минатото. Секогаш кога ќе посакаме да се истушираме, тоа ќе биде можност и да ја испереме носената гардероба без да користиме дополнителна количина вода. К.И.


36

СПОРТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

РАКОМЕТАРИТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ ИГРААТ СО СРБИЈА ВО ПОСЛЕДНАТА ПРОВЕРКА ПРЕ

Нишка контрола пр шпанскиот мундија Л

Билјана Б. ПЕТРУШЕВА

ани во јануари на македонските ракометари им се по среќи во Ниш во настапот на ЕП во Србија. Една година подоцна, ракометарите повторно се на паркетот во салата „Чаир“, но овој пат таму ги одигруваат последните контролни натпревари пред настапот на Свет ското првенство во Шпанија (11-27 јануари). Синоќа избраниците на селекторот Звонко Шундовски играа против селекцијата на Египет, а дене ска е генералната проверка против репрезентацијата на Србија. - Овие завршни контролни натпревари ќе ни послужат да видиме до каде сме и да испробаме и да надополниме некои нови сегменти во играта. Иновации секогаш се потребни за да се одржи континуитетот. Се надевам дека ќе успееме во тоа – вели капитенот Кире Лазаров. Кон трол ни сред би во Ниш ќе бидат и последниот филтер по кој се ле кто рот Шун довски тре ба да го одреди со ста вот што ќе настапи на СП во Шпани ја. Спо ред нај а ви те, во Се вил ја тре ба да от пату ва ат 17 ракометари, еден како ре зерва, а трој ца од со ста вот што ги одра боти под гото вки те, ќе оста нат во Скоп је. Иа ко сè

Синоќешниот меч против Египет и денешниот со Србија ќе бидат последен филтер по кој ќе биде одреден составот од 17 играчи што ќе патуваат за Шпанија

Чартер-летот неизвесен, до Севилја по зао На ме сто со чартер-лет од Скоп је до Се вил ја, ма кедон ски те ра коме та ри, нај ве ро јат но, во Шпанија ќе патуваат со редовна линија, но по заобиколен пат, нај ве ро јат но, од Со фи ја до Ма дрид и потоа од

Мадрид до Севилја. Иако до вчера немаше офици јал на потврда, има нај а ви дека туристичкиот чартер-лет со кој требаше да отпатуваат и ракометарите, најверојатно, ќе би де отка жан би деј ќи не ма ло

доволно интерес за осумдневниот аранжман од 699 евра со плус 90 евра за ае родром ски такси. - Ко га ќе се врати ме од Ниш, ќе видиме како ќе се оди за Се вил ја. Ако не ма чартер-

лет, ќе ба ра ме дру го ре ше ние – изјави вчера генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски. Ма кедон ски те ра коме та ри че сто има ат ва кви ави он ски пате шес тви ја за пода леч ни те


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

СПОРТ

37

ЕД НАСТАПОТ НА СП

ред ал

уште не ма ко неч на од лу ка, мно гу ве ро јат но е де ка ќе от паднат еден голман и едно десно крило, позиции на кои сега има по тројца играчи и, најверојатно, еден од бековите. - Ге не рал но сум за до волен од она што го одра ботеа си те ре пре зен татив ци на под гото вките. Задоволство ми е поради тоа, но и те шко ми е да решам кои 16, односно 17 играчи ќе патуваат на СП во Шпани ја. Сли ката ќе би де мно гу по јас на по оди гру ва ње то на последните контролни натпревари, а конечната одлука ќе биде до не се на на последните тренинзи пред заминувањето за Севилја – истакна селекторот Звонко Шундовски. По враќањето од Ниш, ракометарите ќе имаат слободен ден за Божик, а потоа ќе ги одработат завршните тренинзи во Скопје пред заминувањето за Севилја. Првиот натпревар на СП во Шпанија, македонската репрезентација го игра на 12 јануари против Чиле. Следниот ден, на 13 јануари, е дуелот со Катар, а потоа следуваат трите натпревари со европските противници во групата – Исланд, Русија и Данска. Настапот во елиминаторната осминафинална фаза на СП го продолжуваат пр ви те че ти ри се лек ции од групата.

биколница

де сти на ции и во ква ли фи ка циските натпревари. Бидејќи од Скопје нема директна авионска линија за Шпанија, ракометарите и пред мундијалот ќе се „шетаат“ по европските аеродроми.

Игор Вори потпиша за ПСЖ Капитенот на хрватската ракометна репрезентација, Игор Вори, од ХСВ Хамбург се сели во францускиот ПСЖ. Со богатиот париски клуб, Вори потпиша двегодишен договор. Заедно со хрватскиот репрезентативец во

ПСЖ доаѓа и Црногорецот Фахрудин Мелиќ. - ПСЖ со задоволство објавува дека потпиша договори со двајца нови играчи за следната сезона. Се работи за хрватскиот пикер Игор Вори (32) и за црногорското

десно крило, Фахрудин Мелиќ (28) – објави парискиот тим на „Фејсбук“. Во водечкиот француски клуб настапува и десниот бек на хрватската репрезентација, Марко Копљар.

Микел Хансен во Шпанија ќе игра со циста во коленото Најдобриот ракометар на Данска, Микел Хансен, тренира со намален интензитет поради проблемите во коленото, но не е доведен во прашање неговиот настап на

Светското првенство во Шпанија. Бекот на ПСЖ има циста на задниот дел од коленото. Данските лекари уште во октомври препорачале повредата да биде сани-

рана со оперативен зафат, но од ПСЖ оцениле дека Хансен им е потребен во борбата за шампионската титула и поради тоа била одложена санацијата на повредата. - Хансен сега изгледа многу подобро, но мора да бидеме свесни дека тој има проблем со коленото и мора да бидеме многу внимателни да не дојде до влошување на состојбата со преголемо оптоварување – изјави селекторот Улрик Вибер за данските медиуми. Микел Хансен е главната ударна сила во репрезентацијата на Данска. Резултатите на актуелниот европски шампион во многу зависат од головите на нивниот лев бек. На СП во Шпанија, репрезентацијата на Данска е во иста група со Македонија. Дуелот со првиот фаворит во групата македонските ракометари го играат на 18 јануари, во последното коло од групната фаза.


38

СПОРТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

МЗТ СКОПЈЕ ПРОТИ

ФОТО ВЕСТ

Нека

„Металците“ се надеваат дека ќе продолжат со серијата одлични игри и резултати, со која ја одбележаа минатата 2012 година ПОЖАР ВО САЛАТА НА РАБОТНИЧКИ

Помал пожар вчера попладне изби во канцелариските простории во салата во Градски парк. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан поради дефект во електричната мре-

жа. Иако нема поголемо оштетување во салата, овој пожар го отвора прашањето колку е сигурен овој спортски објект во кој своите натпревари ги играат кошаркарите на Работнички.

Каха лаборал го освои Тел Авив

Каха лаборал е најпријатното изненадување по првите две кола од Топ 16 фазата во Евролигата, откако шпанскиот состав по триумфот над Олимпијакос, славеше и на гостувањето во Тел Авив против екипата на Макаби со минимални 70-71. Шпанскиот тим игра одлично по доаѓањето на новиот тренер Жан Табак, што резултираше со нов голем триумф над еден од најквалитетните тимови во Европа оваа сезона. Гостите имаа контрола над мечот во текот на првото полувреме, но Макаби со фантастичната трета четвртина (24-6) направи целосен пресврт. Израелскиот гигант имаше и предност од осум поени во последниот период, но Бјелица со неколку тројки го одведе мечот во неизвесен финиш. Улогата на херој на Каха ја имаше Сан Еметерио, кој што ги постигна поените за победа на неполни девет секунди до крајот. Немања Бјелица со 17 поени беше најпрецизен во таборот на Каха, додека Олесон го заврши натпреварот со десет поени. Химки неочекувано лесно го скрши отпорот на Барселона, славејќи со убедливи 78-65 над каталонскиот гигант. Рускиот состав максимално

го искористи отсуството на Наваро од таборот на Барса, па со фуриозна игра во третата четвртина стигна до солидна предност што знаеше како да ја задржи, па дури и зголеми во последните десет минути. Планиниќ беше најзаслужен за новата победа на домашен терен на Химки со 16 поени и 6 асистенции, додека на спротивната страна Анте Томиќ повторно беше во преден план кај Каталонците, реализирајќи 16 поени и 5 скокови. Анадолу Ефес рутински ја одработи задачата и забележа триумф

над Панатинаикос (78-64), успевајќи да го диктира темпото во отсуство на главниот организатор на играта на ПАО, Димитрис Дијамантидис. Лесна победа забележа и Реал Мадрид, со убедливи 67-82 на гостувањето во Германија против Брозе баскет. „Кралевите“ имаа контрола над играта и резултатот во текот на сите 40 минути и на крајот заслужено стигнаа до победата, најмногу благодарение на Миротиќ и неговите 19 поени и 8 скокови.

К

ошаркарите на МЗТ Скопје максимално подготвени го дочекуваат почетокот на оваа 2013 година и првиот предизвик што ги очекува во рамките од АБА-лигата, дуелот на домашен терен против Будуќност. „Металците“ имаа фантастични резултати во 2012 година, во која се закитија со првата двојна круна во клупската историја, а згора на тоа остварија и фантастични девет победи во своите први петнае сет натпревари од регионалното натпреварување. Затоа, сега сите се надеваат дека предводени од одличниот стратег Алеш Пипан, кошаркарите на МЗТ ќе продолжат во ист стил и во оваа 2013 година, почнувајќи веќе од денешниот дуел со Будуќност (17 часот, СЦ „Борис Трајковски“). - Секој нов натпревар за нас е нов предизвик. АБА-лигата е фантастично натпреварување што ти овозможува да напредуваш како играч бидејќи секогаш против себе имаш квалитетни ривали што се репрезентативци во своите земји. Ние мораме да бидеме задоволни од начинот на кој што игравме досега, но и да дадеме се од себе за да продолжиме во ист стил во новата година – изјави Дамјан Стојановски, еден од најдобрите кошаркари на МЗТ Скопје сезонава. Дуелот со Будуќност воедно ќе биде извонредна шанса за македонскиот првак да му се одмазди на црногорскиот со став за поразот претрпен во рамките од третото коло од


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

СПОРТ

39

ИВ БУДУЌНОСТ ГО ИГРА СВОЈОТ ПРВ МЕЧ ВО 2013 ГОДИНА

биде исто како лани

АБА-лигата, што беше прв неуспех за „металците“ во ова регионално натпреварување. Тогаш предводени од Александар Тодоров, кошаркарите на МЗТ загубија со 71-61, но мора да се напомене дека македонскиот првак беше сериозно ослабен на дуелот во Подгорица поради неиграњето на Тодор Гечевски. Овојпат ситуацијата ќе биде поинаква, МЗТ ќе биде комплетен и со сите сили ќе атакува на својата десетта победа во АБА-лигата. - По кратката пауза за новогодишните празници повторно сме во сала и максимално концетрирани за следниот натпревар. Анализирани се играчите и играта на Будуќност и можам да кажам дека се работи за квали-

тетна екипа, одлично покриена на секоја позиција која секако се бори за висок пласман, па да се добие натпреварот во сабота нема воопшто да биде лесна задача. Ние ќе се обидеме да го спроведеме на терен она што цела недела го тренираме и договараме на тренинзите и се надевам на успешно продолжу-

вање на серијата, изјави помошниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Јончевски. Од натпревар во натпревар се позначајна улога во таборот на „металците“ има и Урош Николиќ, кој што им е од огром на помош на искус ни те Гечевски и Че ковски во би тката под обрачите со ви со ки те против -

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Како што веќе беше обелоденето, раководството на МЗТ Скопје донесе одлука влезот за денешниот натпревар да биде бесплатен, како своевиден подарок на управата на македонскиот првак до сите искрени љубители на спортот во главниот град. Дополнително, „металците“ успеаја да се изборат натпреварот наместо во првичниот термин во 21 часот, да почне во 17 часот, се со цел да биде избегнат периодот на собирањето на граѓаните поради „бадникарските огнови“ и салата во СЦ „Борис Трајковски“ да биде што повеќе исполнета.

нич ки ко шар ка ри. - Свес ни сме де ка ова е голем нат пре вар за нас, ни до а ѓа од лич ни от со став на Будуќ ност кој по ка жа де ка може да по бе ди се ко го во оваа ли га. Игра ат ка ко прав тим, не ма ат не кои по един ци кои се истак ну ва ат и мис лам де ка во тоа е нивниот најголем ква литет. Во Под го ри ца дожи ве авме по раз, но зна е ме точ но ка де гре шевме на тој натпревар и сега треба да ги ис пра ви ме тие грешки. Во изминатиов период ра бо тев ме на пор но и под го тве ни го оче ку ва ме овој ду ел во кој што са ка ме да ја за др жи ме по бед нич ката се ри ја, истак на Ни ко лиќ во пре срет на прес ме тката со цр но гор ски от шам пи он.


40

СПОРТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ОБЕЛОДЕНЕТА ПРИЧИНАТА ЗА РАЗВОДОТ

Ван дер Варт „шарал“ со другарката на Силви Р

афаел ван дер Варт е првиот познат фудбалер чија брак се распадна во 2013 година. Неговата прекрасна сопруга Силви одлучи да го напушти, а тоа предизвика големо внимание во Германија, каде што Рафаел игра за бундеслигашот Хамбургер, но и во Холандија, неговата родна земја. Медиумите веќе ја открија и причината за разделбата. Имено, Рафа имал сексафера со една од најдобрите пријателки на Силви, заводливата ТВ-водителка Ники Пле сен. Тоа ја шокирало Силви ван дер Варт, со оглед дека пред некое време биле заедно на одмор во Дубаи. Според холандските медиуми, бракот меѓу Рафаел и Силви веќе подолг период не функционира токму поради неверството на фудбалерот на Хамбургер, а нова бурна расправија која завршила и со физички напад се случила за време на новогодиш-

ната ноќ. По ова Силви ван дер Варт и де финитивно одлучила да се разведе од својот до сегашен сопруг. Рафаел ван дер Варт деновиве се наоѓа на подготовки со својот клуб Хамбур-

гер, а Силви веќе му ги подготви куферите за заминување. Во холандските медиуми, ТВ водителката Ники Пле сен демантираше било каква поврзаност со Рафаел ван дер Варт,

но, сепак, веќе има шпекулации дека по стојат и „сочни“ фотографии направени од агенти кои биле ангажирани од Силви ван дер Варт за да го разоткријат неверството на нејзиниот сопруг.

КПР во битка за Весли Снајдер Весли Снајдер е една од ѕвездите на овој зимски преоден рок, а за него се интересираат дел од најголемите клубови во Премиер – лигата, како Манчестер јунајтед, Арсенал, Ливерпул. Сепак, голема пречка при реализацијата на договорот е неговата годишна плата од 6 милиони евра, поради која и Интер одлучи да го стави на трансфер – листа. Но, изненадувачка е понудата на Квинс Парк Ренџерс, клубот што се наоѓа на последното место во англиското елитно друштво, за услугите на Холанѓанецот. Раководството на КПР е подготвено да издвои 200.000 фунти не-

делно за да го доведе Вескли Снајдер во овој клуб до крајот на сезоната, за да го засили тимот во битката за опстанок во Премиер лигата. Снајдер ќе има и клаузула во својот договор дека ќе може да си замине доколку КПР го загуби премиерлигашкиот статус во Англија. Останува да се види одговорот на холандскиот интернационалец, кој што покрај од Англија доби интересни понуди и од далечната Русија, каде што газдите на неколку клубови се подготвени да му платат огромни пари за да го убедат да ја избере токму нивната понуда.


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

СПОРТ

41

ДАЛИ НОВАТА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ КОБНА ЗА ПОЗНАТИТЕ ФУДБАЛЕРИ?!

И Агуеро се разведе на почетокот на 2013 А ргентинскиот фудбалски репре зентативец Серхио Агуеро, кој настапува за англискиот шампион Манче стер сити, по четири години брак со Џанина, ќерката на Диего Армандо Марадона, одлучи да се разведе. Ова е втора разделба на познат фудбалер на почетокот од 2013 година, која веќе опасно се наметнува како „кобна“ година за познатите светски фудбалери. „Имаше многу промени во нашиот однос и решивме да се разделиме. Јас и Бенјамин ќе живееме во Мадрид“, напишала Џанина на својот профил на „Твитер“. Веднаш почнаа и шпекулациите дека аргентинскиот напаѓач сакал да води бурен ноќен живот и дека многу че сто бил гледан со девојки во баровите на островот. Тоа довело до не согласувања меѓу

Серхио Агуеро и Џанина, по што ќерката на Марадона одлучила да си замине во Мадрид, во куќата каде што живееја претходно, додека Агуеро беше член на Атлетико Мадрид. Серхио Агуеро засега се уште молчи за проблемите во својот приватен живот, иако англиските медиуми нема да го остават на мир. „Дејли мејл“ веќе ја отвори приказната, а сега и другите медиуми ќе се обидат да дознаат дали некоја евентуална љубовна афера е причината за разделбата. Ниту Диего Марадона не се огласува со свој став. Агуеро и Марадона двајца имаа одлични одно си во текот на изминатите четири години, тој дури и му даваше совети за текот на кариерата на младиот Аргентинец. Сепак, повеќе од очигледно е дека веќе Серхио нема да му биде зет на Марадона.


42

СПОРТ

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

1 Х 2 Стапица за

НА ФУДБАЛСКИТЕ ТЕРЕНИ НИЗ ЕВРОПА ГОЛЕМ БРОЈ МЕЧЕВИ

СЕРИЈА ПОБЕДИ Гл. ренџерс Барселона Бенфика Понферадина Порто Белененсес

11 10 8 6 6 6

СЕРИЈА ПОРАЗИ Маритимо Б Колчестер Трофенсе Калјари Норвич Сиена

9 7 7 5 4 4

СЕРИЈА РЕМИ Фросиноне Бордо Арлес Саутемптон Кауденбит

5 5 4 3 3

СЕРИЈА 3+ Барселона Рокдејл Њупорт Фиорентина Питерборо Ливерпул

12 11 9 8 7 6

СЕРИЈА 0-2 Елче Керкира Брага Б Селта Сент Етјен Гингамп

10 10 7 6 6 6

„волчицата“

Рома игра подобро во изминатиот период, но тешко е да се поверува дека составот на Зденек Земан ќе се спаси од пораз на гостувањето против Наполи

П

рвото дерби во Серија А во новата 2013 година ќе се игра во Не апол, каде што екипата на Наполи ќе го пречека со ставот на Рома. „Римската волчица“ во последно време игра сè подобро, освои 12 од можни 15 бода во последните пет кола, но тешко е да се поверува дека избраниците на Зденек Земан ќе успе ат да останат непоразени на ова тешко го стување. Кавани се наоѓа во одлична форма, истото важи и за Марек Хамшик, а се уште е неизвесно да ли Горан Пандев ќе добие шанса во првиот тим на Наполи, или повторно ќе му биде резерва на младиот Лоренцо Инсиње. Фиорентина е најпријатно изненадување во Серија А оваа сезона, откако Винченцо Монтела успеа да со стави одличен тим со новодојдените Аквилано и Борха во средниот ред, како и со не запирливиот Јоветиќ во нападот. Сите линии од тимот на „виолетовите“ функционираат беспрекорно, па Фиорентина не би требало да има никакви проблеми на мечот со Пе скара, убедливо најслабиот со став во италијанската фудбалска елита.

ТИКЕТ ЗА САБОТА Фулам – Блекпул Вест хем – Манчестер ј Лацио – Калјари Севилја – Осасуна

1 2 1 1

Реал Мадрид се наоѓа во голема криза, но Жозе Мурињо сигурно ќе инсистира новата 2013 година да биде стартувана со стил. Игуаин се враќа меѓу првите единаесетмина за мечот со Реал Сосиедад, што е гаранција за многу возбудувања и погодоци на „Сантијаго Бернабеу“. Ефикасно се очекува да биде и на последниот меч од 3. коло од англискиот ФА куп, во кој што Ливерпул ќе му гостува на нисколигашот Мансфилд. Дури и доколку „црвените“ одморат дел од стандардните првотимци, офанзивниот стил на игра што го практикува Брендан Роџерс е гаранција за многу погодоци на оваа средба. Што се одне сува до дуелите што се на програмата дене ска, Манчестер јунајтед нема да ја пропушти можно ста да слави над Вест хем во рамките од третото коло од ФА купот на Англија. Истото е случај и со Фулам, кој што во Лондон го пречекува со ставот на Блекпул. Стратегот Мартин Јол ќе одмори дел од стандардните фудбалери, но Фулам и на клупата има

доволно квалитет за да совлада еден просечен второлигашки тим. Калјари се наоѓа во низа од пет порази во Калчо-лигата, непријатна серија што многу тешко ќе биде прекината во Рим на гостувањето против Лацио. Римјаните делуваат моќно предводени од Мирослав Клосе и ќе настојуваат со три бода да ја стартуваат оваа 2013 година, се со цел да се одржат во трката за едно од првите три места на табелата, кое носи во ЛШ следната сезона. Севилја е без триумф во последните пет кола од Примера дивизион, но оваа „црна серија“ мора да биде прекината на дуелот со Осасуна, тим што и самиот се нема радувано на триумф во последните четири кола.

ТИКЕТ ЗА НЕДЕЛА Наполи – Рома Фиорентина – Пескара Реал М. - Р. Сосиедад Мансфилд – Ливерпул

1 1 4+ 4+


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ПОСАКУВАМ ДА СИ ТУКА

Франсеск Миралјес

Животот на Даниел, успешен архитект, е исполнет со низа успеси пред да го прослави својот триесетти роденден кога неговата свршеница ненадејно го напушта и кога темелите на неговиот совршен свет одеднаш се разнишуваат. Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го има подарено единствената пријателка што ќе ја задржи во текот на кариерата. Цедето е на пејачката Ева Винтер и насловната песна од албумот, „Wish You Were Here“, чудно одекнува во него. На негово изненадување, песните како да ја раскажуваат неговата лична биографија. Во една од нив, „Цвеќе во магла“, главниот лик е млад архитект кој, откако ќе претрпи љубовна траума, ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена, која на крајот излегува дека е истата пејачка. Инспириран од тоа, Даниел донесува необична одлука: без да најави никому заминува во Париз, каде што живее и работи Ева Винтер, личноста со која се чини дека споделува многу заеднички работи. Додека го открива својот вистински идентитет – и патем љубовта на неговиот живот – на површината ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè...

ФЕЉТОН

Со тебе во игло

Тоа ми се допадна. Не толку коментарот сам по себе, колку самоувереноста со која се изразуваше. - А, кои зборови ти би ги исфрлила? - се осмелив да прашам. - Направено е истражување меѓу средношколците, и кандидати за исфрлување се формите од типот „лидер“, „реторта“ или „неизмерлив“. Како и црвосаните зборови како „симс“ или „сребренина“. - Впиши го во тој список и зборот „каламбур“ – додадов забавувајќи се и пречкртнувајќи го тој збор од сопствените белешки – како и „фагоцитоза“ и „судење“. - Така е. По ѓаволите со нив – возврати Соња ставајќи цигара во устата. – Сакаш ли да ми правиш друштво надвор додека пушам? Така започна првата вистинска катастрофална романса во мојот живот. Бев воодушевен од фактот дека една девојка со карактер, иако не се вклопуваше во естетскиот канон за убавина, ме забележа токму мене, бедникот. На мојата мечта не à требаше премногу да ја постави на пиедестал. А, тоа беше токму моментот кога таа се умори од мене. Одеднаш почна да ме одбегнува, а јас не разбирав зошто. Колку што мојата љубезност кон неа беше поголема, толку изгледаше дека сè повеќе ме отфрла. А мојата љубов од тоа се надувуваше како балон, подигнувајќи се на дотогаш незамисливите точки на болката. Целосно неутешен, успеав да поттикнам сожалување од фраерите кои дотогаш се потсмеваа со мене. - Заборави ја таа вреќа компири – ме посоветува еден од нив. – Зарем не гледаш дека само си игра со тебе? Зафркни ја со некоја што изгледа како бомба. - Не сум во состојба да го направам тоа – одговорив, болно заљубен. – Освен тоа, како ќе ме погледне некоја што изгледа како бомба, кога вреќата компири ме понижува? - Е, тука се лажеш. Бидејќи грдите девојки по дефиниција не можат да излегуваат со многу типови, тие се ужасно пребирливи конзерви кога треба да изберат. Затоа, девојките што изгледаат како бомби уживаат во својот успех и не се грижат ако се фатат со некој идиот каков што си ти. По цел ден се како на сафари, гледаат што ќе уловат.

За мене сето тоа беше неразбирливо, но сепак останав верно заљубен во Соња целата таа школска година. Кон мене се однесуваше уништувачки рамнодушно и дозволуваше да ја заведат најголемите тепачи од одделението. А мене и натаму ништо не ми беше јасно. Третата девојка беше мојата прва другарка, макар што ми требаа десет години тоа да го сфатам. Наполнив седумнаесет години и изградив извесна репутација на помагач на мрзливците и празноглавите. Додека се приближуваа деновите за уписи на факултетите, јас слободното време го поминував бистрејќи им ги физичките и математичките поими на истите оние што две години пред тоа ми се смееја. - Даниел е лудница тип#, велеа, но мојата личност не го будеше тој тип восхитување и солидарност меѓу девојчињата, кои и натаму ме третираа како да сум предмет. А, тогаш стаса Елена. Беше сестра на еден од „заштитените“, кој беше изгубен случај што се бореше да го заврши средното, затоа што татко му му вети мотор од девет илјади евра ако успее. Ја запознав еден ден кога отидов кај нив дома да му ги однесам моите тетратки што тој, без волја, ги копираше на скенерот во својата соба.

43 2

Кога н¢ запозна, таа два пати силно ме бакна во образ, толку блиску до аглите на усните, што речиси ми се оствари сонот да бакнам девојка пред да наполнам осумнаесет. Потоа се насмевна. Веднаш почувствував дека се наближуваат проблеми. Елена поседуваше единствена убавина што ме разоружуваше. Не се шминкаше како останатите девојки, а косата à беше природно костенлива. Не беше ни долга ни куса, ама го врамуваше нејзиното нежно, поспано лице. Како и нејзиниот брат, и таа не сакаше да учи. Иако беше две години постара од мене, набргу во бесплатните часови ја вклучив и неа. Беше прва година на психологија и никако не можеше да излезе на крај со предметот Статистика. За да ја импресионирам, од ден во ден ги учев напамет тие апсурдни лекции. Само за да можам да бидам со неа. Тапчо и во тој поглед, нејзиниот брат изгледаше како ништо да не забележува. Кога ќе го завршев приватниот час со неа, не добивав повеќе два бакнежа во образ – нив ми ги даваше на доаѓање, но сега подалеку од моите усни – туку на трудот ми се заблагодаруваше со ставање на раката на градите. Потоа велеше нешто како: Ти благодарам од сè срце.


44

ИНФОРМАТОР

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

ПИСМА НА НАШИ ЧИТАТЕЛИ

ВО СЛУЖБА НА СЛУЖБИТЕ

ХОРОСКОП

Веќе подолго време стана тренд да се пишува по разни веб-портали, да се има страница, група на „Фејсбук“. Па, така изникнаа се родија некои нови имиња кои сакаат да се нарекуваат новинари. Квалитетот на пишаното, на колумните се промени на полошо. Го допре дното. Одделни веб-портали и одделни новинари, или кој знае што се, секојдневно не трујат со своите сензационални откритија. Тие пишуваат за разно-разни теми, но преовладуваат дневно политичките „дешавки”. Се родија веб-потртали кои без усул, без морално-етичко чувство објавуваат разни работи, плукаат, омаловажуваат, денунцираат, безобразно вулгарно, тек стовите се примитивни, често пати простачки. Деновиве објавија фотографии од приватни профили на „Фејсбук“. Има сè, буквално, сè може да се прочита во некои сомнителни портали. Уредувачите на порталите располагаат и ни сервираат скокотливи сензационални информации од секаков калибар. Најбарани и најчитани се оние политичките, дневното политикантство, политичкото-криминално подземје. Изобилуваат со омраза, презир, злоба, суета. Што е најчудно од каде ги добиваат информациите? Кој им ги сервира? Манипулираат со имиња, сквернават покојници, настани, уриваат кариери, углед, семејства. Без доволни докази само нафрлаат податоци, чаршиски муабети, непроверени информации, нивни тези. Сето тоа напишано на дијалекти, сленгови, вулгаризми. Плус можноста да коментираат тие што го читаат. Па во

коментарите преовладуваат пцости, примитивизми, низок вокабулар на изрази. Своевидна виртуелна забава за широките народни маси. Цели романи, фермани, од информации, генералии, излегуваат на ваквите портали. Останува да лебди прашањето кој, како, за колку, одработува за одредени јавни-тајни политичко-полициски структури, служ би. Каде исчезнаа достоинството, честа, вербата, верата, професионализмот. Што се не се прави за сјајот на странските валути во поданички раце. Се линчува, жигосува, уништува. Во 80-90 години се правеа афери, сплетки. Сега е ептен едноставно. Се создава веб-портал и таму по задача се линчува, уценува, пласира се што се сака. Слобода на изразот. Се родија нови софистицирани модерни МАЈСТОРИ НА МРАКОТ. Тие беснеат, креираат, пустошат со еден збор координираат и управуваат со сите, па и со одредени млади надежни новинари кои ете залутале во овие води. Тие само ревносно ги извршуваат зададените задачи, команди, наредби. Дали тоа го прават самоиницијативно или се приморани, еден Бог знае. Додека се во игра, се однесуваат надмено, кочоперно небаре се носители на споменица. Им нема рамен во пишувањето, анализите. Сега во поново време се категоризираа две групиновинари. Едни што се под партиски притисок влијание, а други инакви кои директно се во контакт или со службите или со полициското подземје. Рекетот е неминовност. Дополнително хоби. Се е во служ ба и интерес на зголемениот тираж, гледаност, афирмирање. И секако полнење на џебовите. Се менуваат времињата, луѓето, професиите. Она што до вчера беше срам, грев, сега е доблест, благодат. Што да се прави.? Владо Јосифовски

21.03 19.04

Овен- Вешто ги користите своите способности за да дојдете до она што го посакувате. Продолжете така. Совет: физичката кондиција ви е во одлична состојба.

20.04 20.05

Бик - Сакате повеќе од тоа што партнерот може да ви го даде во овој момент, затоа мора да имате повеќе разбирање. Совет: не заморувајте се премногу, домашните обврски можат да почекаат.

21.05 20.06

Близнаци - Непријатните случувања во изминатата недела ве поттикнаа повеќе да размислувате пред да кажете нешто пред колегите. Совет: пијте повеќе течности.

21.06 22.07

Рак - Ако сакате партнерот да ви посвети поголемо внимание и вие треба да бидете потолерантни во комуникацијата. Совет: финансиската ситуација не ви е во најдобар ред.

23.07 22.08

Лав - Уште еден чекор и ќе успеете да реализирате сè. Продолжете така. Партнерот е загрижен за вашето однесување, бидете внимателни. Совет: направете баланс помеѓу можностите и желбите.

23.08 21.09

Девица - Ако сакате да ја задржите работата, потребни ви се брзи и конкретни чекори. Бидете повнимателни. Совет: слободното време искористете го за прошетка во природа.

22.09 23.10

Вага - Немате амбиција и желба за ништо, мора да најдете начин да го подобрите расположението. Совет: ако сакате да заведете еден бик, мора да бидете поактивни и поромантични.

24.10 21.11

Скорпија - Се ко гаш имате план ка ко да ги ре а ли зи рате сво и те пла но ви, продолжете така, добрата организација е клуч за успех. Совет: прошетка во природа.

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот. Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Герлах Бил роден околу 1120 година во Холандија, како син на богати родители. Ги сакал витешките игри и се оженил со некоја племиња. Додека бил на еден турнир, му пристигнала вест дека жена му умрела. Оттогаш започнал да живее пустински живот. Многу грешници, кога гледале како Герлах го живее покајничкиот живот, се преобратувале и се покајувале. Животот на овој светец, покажува како Господовата милост знае да биде огромна, а стрпливоста бескрајна.

22.11 21.12

Стрелец - На партнерот не му оставате простор да ги покаже емоциите, тоа создава тензична атмосфера. Совет: не одложувајте го разговорот со еден член на вашето семејство.

22.12 19.01

Јарец - Доброто расположение кое го имате неколку дена ве поттикнува да ги завршите сите работи кои подолг период ги одложувате. Совет: уживајте во добро друштво.

20.01 18.02

Водолија - Поминувате низ тежок период, но вие херојски ги издржувате сите удари. Продолжете така. Совет: бидете умерени во консумирањето алкохол.

19.02 20.03

Риби - Односот со колегите мора да го смените, непријатната атмосфера се рефлектира врз работата. Совет: ослободете се од непотребните грижи, бидете поотпуштени.


Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

WWW.ELANCER.MK

Најдете работа и сè што ви треба

45


46

ИНФОРМАТОР

КИНО „МИЛЕНИУМ“ „Животот на Пи“ Жанр: авантура, драма Режија: Анг Ли Улоги: Сурај Шарма, Ирфан Кан „Мадагаскар“ Жанр: анимиран, комедија Режија: Ерик Дарнел, Том Мекграт, Конрад Вернон Почеток: 15 часот „Трето полувреме“ Жанр: драма Режија: Дарко Митревски Улоги: Сашко Коцев, Катарина Ивановска и Раде Шербеџија Почеток: 17.30 и 20 часот „Откровение“ Жанр: хорор, трилер Режија: Мишел Басет Улоги: Аделаида Клеменс и Кит Харингтон Почеток: 22 часот КИНО „РАМСТОР“ „Кунг-фу панда“ Жанр: анимиран Режија: Крис Милер Почеток: 11 и 13 часот „Збогум, моја кралице“ Режија: Бенот Џекот Улоги: Дајан Кругер и Леа Седокс Почеток: 15.30 и 18 часот „Капетан Америка“

Почеток: 19.20 и 21.30 часот Сала 1 „Целосен отповик“ Жанр: акција, научна фантастика Режија: Лин Висман Сала 2 Глумци: Колин Фарел, „Огледалце, огледалце“ Жанр: авантура, комедија, драма Џесика Бил Главни улоги: Лили Колинс, Почеток: 18.45 часот Џулија Робертс, Арми Хамер Режија: Тарсем Синг Сала 3 Почеток: 10.30, 12.30, 15 и „Замка“ 17.30 часот Жанр: драма, криминалистички Режија: Стефан Рузовитцки „Што да очекувате кога Глумци: Ерика Бана, Оливија очекувате“ Вајлд Жанр: комедија, романса Почеток: 19.15 часот Улоги: Камерон Дијаз, Метју МНТ Морисон, Елизабет Бенкс „ Малиот Тимоти“ Почеток: 20 и 22 часот Режија: Снежана Коневска-Руси Почеток: 20 часот „Каубои и вонземјани“ Жанр: драма ДРАМСКИ ТЕАТАР Режија: Џон Фарвеј „За секого има по една“ Улоги: Харисон Форд Автор: Венко Андоновски Почеток: 10.30 и 13 часот Режија: Владлен Александров Почеток: 20 часот „СИНПЛЕКС“ Сала 1 „Паранормална активност 4“ ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА Жанр: хорор БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ Режија: Хенри Џост И САМОСТОЈНОСТ, МУЗЕЈ Улоги: Бради Ален, Кети ФеНА ВМРО И МУЗЕЈ НА терстон ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИПочеток. 21 и 22.50 часот СТИЧКИОТ РЕЖИМ Сала 9 Меѓународна колекција „Татин син“ Отворен од вторник до Жанр: комедија недела од 10 до 18 часот Режија: Шон Андерс Глумци: Адам Сандлер, МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Ванила Ајс Постојана поставка Режија: Џо Џонсон Улоги: Крис Еванс, Том Ли Џонс, Себастијан Стан Почеток: 15 и 17.15 часот

l

10

l

Тетово

Куманово

l

6

7

l Кичево

l Дебар

4

l Штип

Велес l

8

l Делчево

8

7

l Берово

9

l Радовиш

l Неготино

8

10

l Струмица

l Кавадарци

10 l Струга

4

7

l Прилеп

Пита со зелка и ореви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г ореви 100 мл масло за јадење 500 г кори за пита 700 г зелка црн пипер сол ПРИГОТВУВАЊЕ: Зелката се пржи со маслото за јадење, со постојано мешање. Потоа се остава да олади. Се додаваат сечканите ореви и зачините. Во тава намачкана со масло се редат три кори, секоја се мачка со масло, потоа се става од зелката, сè така додека не се потрошат и корите и филот. Горната кора се мачка и со масло и со вода. Се пече на 200 Целзиусови степени околу 30 минути.

11 l Гевгелија

Времето денеска ќе биде стабилно и облачно, во Скопје минималната температура ќе биде 1 Целзиусови степени, а максималната 6 степена. Влажноста на воздухот ќе биде 67 процента. Биометеото е поволно.

Битола

l Охрид

6 l Ресен

l

6 -2 НЕДЕЛА 7

15

Барселона

5

Букурешт

5

Будимпешта

5

Загреб

8

Софија

15

Атина

2

Приштина

3

Сараево

6

Белград

4

l Кочани

7

Гостивар

7

Крива Паланка

6

Рецепт на денот

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, кој ќе се движи со брзина од 4 километри на час.

4

l

Скопје l

9

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

-5 ПОНЕДЕЛНИК 8

0 6

ВТОРНИК


ЗРНЦА НА МУДРОСТА

"DEN#

"VETENA ZEMJA# DEL OD [PORET

BO@IKEN POZDRAV

Ê

GOLEM HRISTIJANSKI PRAZNIK, RO@DESTVO HRISTOVO

K

ITALIJANSKA RADIOTELEVIZIJA

OREGON

SULFUR

RABOTA, NAPOR

Зборот утре е измислен за неодлучните луѓе и за децата!

M

FRANCUSKI BORBENI AVIONI @ENA NA SIN (MN.)

NEZASPAN, RASONET VLAST NA EMIR NIKEL PODRA^JA SO ISTA FLORA I FAUNA "^ITA^# NA TU\I MISLI

KISLOROD

PLANINSKI VENEC VO ITALIJA

NEDOSTATOK ISCELITELI NA POVREDI

KALIUM DOVERLIVA NAREDBA OBI^AJ SVOJSTVEN ZA BO@IK

ANTIKVARI

Мудар човек не е оној што чита, туку оној што извлекува полза од читањето! Аристип Во ништо не се верува така цврсто како во тоа што не се знае!

EMILIO NATALE KARERAS JUG

ODDELEN DEL VO RESTORAN GRUPA PTICI VO LET REKA VO KAMERUN

PEJA^KATA GEORGIEVA

GRAD VO FRANCIJA POKRAINA VO LIBAN

ARTISTKATA ULMANSKI

Æ

PLIVA^KIOT MARATONEC SAVIN EHO

D

KONTAKT @ENSKO IME

PEKOL AVSTRIJA

FILM NA STIVEN SPILBERG

Монтескје Го ценам тој што живее за да учи! Ниче

7 2

Z

ISTORISKO MESTO VO BiH BRANKO NAGALENO

BRODCISTERNA ZA NAFTA (MN.)

Тургењев

Ê

TE[KA BOLEST, KANCER URNATINA

FRANCUSKI SLIKAR OGIST

Æ

ZBIRKA ZAKONI

AMPER GLAVEN GRAD NA JEMEN

JUNA[TVO, SMELOST

И од непријателите може да се учи мудрост! Аристофан

47

РАЗОНОДА

Сабота-вторник, 5-8 јануари 2013 година

3 8 9 5 1 8 7 1

VID BORE^KA VE[TINA

5 8

4 8 9

1 4 8

8

1 7 4 2

4 3 1 5

9 7

8

9

7 5

7 3 2 8 1 4 1 2 1 4 3 2 2 6 1 9 6 3 5 2 4 5 7 5 2 8 9 5 8 7 3

RE[ENIJA - SKANDINAVKA: HRABROST, A, RENOAR, RAK, MIRA@I, RUDO, SNAI, BUDEN, TANKERI, NI, O, MANA, K, STARIONARI, SEPARE, ENK, ELENA, JATO, RENATA, LIL, DOPIR, KLIME, DANIELA, AD, I TI, KARATE; SUDOKU: 1) 438 517 269, 129 346 587, 657 892 314; 541 638 972, 382 179 645, 976 425 831; 813 954 726, 765 281 493, 294 763 158; 2) 821 394 756, 573 268 941, 964 715 238; 189 457 362, 235 681 479, 647 923 185; 392 846 517, 716 532 894, 458 179 623


Den 05 Januari  

Dneven Vesnik Den

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you