Issuu on Google+

програма п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

јануар

и 20

17


п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7


9 јануари (понеделник) 12:00 ч. 10 јануари (вторник) 12:00 ч. ЗМЕЈСКА ТОПКА 2 (Doragon bôru Z: Fukkatsu no ‘F) Анимиран, Јапонија 2015 г., 93 мин., колор, ХД Режија: Тaдaјоши Јамамуро (Tadayoshi Yamamuro) Сценарио: Акира Торијама (Akira Toriyama) Гласови: Масако Нозава, Риу Хорикава, Хироми Цуру (Masako Nozawa, Ryô Horikawa, Hiromi Tsuru) Во недостаток на водач, остатоците од војниците на Фриз сега се под команда на вонземјанинот Соруба, кој решава да го оживее Фриз. Тие

11 јануари (среда) 12:00 ч. 12 јануари (четврток) 12:00 ч. МАКС СТИЛ (Max Steel) Игран филм, ВБ, САД 2016 г., 92 мин., колор, ХД Режија: Стјуарт Хендлер (Stewart Hendler) Сценарио: Кристофер Јост (Christopher Yost)

Улоги: Бен Винчел, Џош Бренер, Мариjа Бело (Ben Winchell, Josh Brener, Maria Bello) Макс Стил е приказна за тинејџерот Максвел Мекграт и неговиот пријател вонземјанин Стил, кои со спојување на нивната специјално турбо-енергетска моќ можат да го креираат сетилниот суперхерој Макс Стил. Приказната се концентрира кон тоа децата да го претстават позитивниот и хуман херој, нагласувајќи тимска работа, смеа и пријателство. Кога тинејџерот Макс МекГрет ќе открие дека неговото тело може да генерира енергија, ќе треба да ја соедини силата со мистериозниот технолошкооргански вонземјанин Стил. Обединети, двајцата го создаваат суперхеројот Макс Стил, кој треба да се соочи со заканата од вонземјаните и да ги открие тајните на нивното минато. Трета категорија, 12+

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

НОВО КИНОУТРО

доаѓаат на Земјата, каде што ги собираат неговите делови, со намера да го состават. Кога ќе успеат во тоа, Фриз почнува со тренинзите, се враќа на Земјата и започнува епска борба. Трета категорија, 12+


п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7 13 јануари (петок) 12:00 ч. 14 јануари (сабота) 12:00 ч. ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ЗОРАТА НА ВОИНОТ (Dragon Nest: Warriors’ Dawn) Анимиран филм, Н.Р. Кина Синхронизиран на македонски 2014 г., 94 мин., колор, блуреј Режија: Јуефенг Сонг (Yuefeng Song) Сценарио: Бил Борден, Тери Иѕуми, Јуефенг Сунг, Жан Џуо (Bill Borden, Terry Izumi, Yuefeng Song, Ran Zhuo) Улоги: Ѓао Сју, Гуанлин Ѓи, Јинг Хуанг, Давеи Шен, Сјанглунг Менг (Jiao Xu, Guanlin Ji, Ying Huang, Dawei Shen, Xianglong Meng) Филмот ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ЗОРАТА НА

ВОИНОТ (првобитно насловен како ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ПОДЕМОТ НА ЦРНИОТ ЗМЕЈ) е адаптација на популарната „онлајн“ игра Змејско гнездо од „Шанда” во соработка со „Мили пикчрс”. Филмот го режира Бил Борден, режисер на ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ РОБИНСОНОВИ, серијата СРЕДНОШКОЛСКИ МЈУЗИКЛ, и КУНГ ФУ ФРКА. Втора категорија, родителски надзор

16 јануари (понеделник) 12:00 ч. 17 јануари (вторник) 12:00 ч. МАЛИТЕ ВИЛЕНИЦИ ПИКСИ (Pixies) Анимиран филм, Канада Синхронизиран на македонски 2015 г., 78 мин., колор, ХД Режија: Шон Патрик О’Рили (Sean Patrick O’Reilly) Сценарио: Шон Патрик О’Рили (Sean Patrick O’Reilly) Џој Бек ја губи љубовта на својот живот поради „Клетвата на Пикси“ која му е фрлена откако ненамерно го уништува селото на малите виленици и го повредува принцот Вилијам. Сега е присилен да побара начин да си ја врати девојката и да се искупи за штетата која им ја нанел. Втора категорија, родителски надзор


Филмот ги претставува настаните што го одбележале културниот и спортскиот живот на Кичево, вклучувајќи ги и најзначајните активности кои оставиле трага врз животот на жителите на градот низ годините. Во филмот своето место го имаат пронајдено и неколку иконографските белези, специфични

за самиот град, како на пример: возот „Ќирчо“, киното „Партизан“, авто-мото трките во касарната, низата манифестации при детските средби „Курирче“ и извидниците. Дел од документарецот е посветен и на ноќниот живот на градот, почнувајќи од оформувањето на фреквентното корзо низ центарот на градот, па сè до отворањето на првите кафулиња и ноќни клубови, кои го збогатиле ноќниот живот на градот од осумдесеттите години на минатиот век сѐ досега. Во ПРИКАСКА ЗА КИЧЕВО ќе може да ги погледнете успесите на кичевските фудбалски, ракометни и кошаркарски клубови, како и другите учесници во групните и индивидуалните спортски дисциплини. Во културниот живот на градот се застапени две значајни музички сцени кои се развивале низ годините, едната е музичката сцена за електронската музика, односно оформувањето на градската клупска сцена со најразличните техно-забави на градските артисти и рокенролсцената, иницирана од формирањето на првите рокенрол-групи од шеесеттите години на минатиот век и нивните концертни настапи организирани во градот до ден денес.

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

17 јануари (вторник) 20:00 ч. ПРИКАСКА ЗА КИЧЕВО Документарен филм, Македонија 2016 г., 128 мин., колор, ХД Режија: Бранко Стојаноски, Виктор Гаврилоски Сценарио: Бранко Стојаноски, Виктор Гаврилоски


п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

18 јануари (среда) 12:00 ч. 20 јануари (петок) 12:00 ч. КУКА (Hook) Игран филм, САД

1991 г., 142 мин., колор, 35 мм Режија: Стивен Спилберг (Steven Spielberg) Сценарио: Џ. М. Бари, Џејмс Харт (J.M. Barrie, James V. Hart) Улоги: Дастин Хофман, Робин Вилијамс, Џулија Робертс (Dustin Hoffman, Robin Williams, Julia Roberts) Петар Пан пораснал и станал безочен адвокат. Оженет е со внуката на Венди. Капетанот Кука ги киднапира неговите деца и Петар се враќа во Недојдија заедно со Ѕвонченце. Со помош на Изгубените момчиња, Петар мора да се потсети како повторно да биде Петар Пан за да може да ги спаси своите деца во повторната борба со капетанот Кука.


Филмот КАКО ЛОШ СОН ни прикажува неколку судбини на обични луѓе фрустрирани од нивната околина, оптоварени со трауми од војните, кои доаѓаат во големиот град во обид да го избришат делот од нивниот живот кој наликува на лош сон. Повремено, ликовите комуницираат меѓусебно, суптилно преплетувајќи се, но без можност да влијаат еден на друг. Главен лик е Шејтан, кого судбината го фрлила во виорот на последните балкански војни. Неговата

љубов кон Иконија е прекрасен сон. Болката на индивидуата е метафора за распаднатиот свет. Друг лик во филмот е Иван, момче на дваесетина години, кој доаѓа во големиот град по добивањето стипендија. Тој успева да ги избегне војните на Балканот. Полн со самодоверба и задоволство, присуствува на предавањата кај неговиот професор. Во домот на професорот, под влијание на дрога и алкохол, Иван ја губи контролата и е силуван. Будењето е болно. Единствено што сака да стори е да се врати дома, во Македонија, кај жената во која е вљубен. Филмот е снимен според драмата „ММЕ кој прв почна“ на Дејан Дуковски.

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

20 јануари (петок) 20:00 ч. КАКО ЛОШ СОН Игран филм, Македонија 2003 г., 96 мин., колор, 35 мм Режија: Антонио Митриќески Сценарио: Антонио Митриќески , Дејан Дуковски Улоги: Предраг - Мики Манојловиќ, Ертан Шабан, Феми Груби, Искра Ветерова, Верица Недеска


ФИЛМСКА ПРОГРАМА ЈАНУАРИ, 2017

9 јануари (понеделник) 12:00 ч.

16 јануари (понеделник) 12:00 ч.

ЗМЕЈСКА ТОПКА 2 10 јануари (вторник) 12:00 ч.

МАЛИТЕ ВИЛЕНИЦИ ПИКСИ

ЗМЕЈСКА ТОПКА 2

17 јануари (вторник) 12:00 ч. МАЛИТЕ ВИЛЕНИЦИ ПИКСИ

11 јануари (среда) 12:00 ч.

17 јануари (вторник) 20:00 ч.

МАКС СТИЛ

ПРИКАСКА ЗА КИЧЕВО

12 јануари (четврток) 12:00 ч. МАКС СТИЛ 13 јануари (петок) 12:00 ч. ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ЗОРАТА НА ВОИНОТ 14 јануари (сабота) 12:00 ч. ЗМЕЈСКО ГНЕЗДО: ЗОРАТА НА ВОИНОТ

18 јануари (среда) 12:00 ч. КУКА 20 јануари (петок) 12:00 ч. КУКА 20 јануари (петок) 20:00 ч. КАКО ЛОШ СОН 21 јануари (сабота) 20:00 ч. ДЕЦА НА СОНЦЕТО

23 јануари (понеделник) 19:00 ч. ФРАНЦ 24 јануари (вторник) 20:00 ч. ДЕЛО 2015/1913 ПЕЈО ЈАВОРОВ 25 јануари (среда) 20:00 ч. ДЕЛО 2015/1913 ПЕЈО ЈАВОРОВ 26 јануари (четврток) 20:00 ч. МОЈАТА МАЈКА 27 јануари (петок) 20:00 ч. МОЈАТА МАЈКА 28 јануари (сабота) 20:00 ч. ЕНКЛАВА


6 февруари (понеделник) 20:00 ч. БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

30 јануари (понеделник) 20:00 ч. ЕНКЛАВА 31 јануари (вторник) 20:00 ч. ПУСТИНА 1 февруари (среда) 20:00 ч. ПУСТИНА 2 февруари (четврток) 20:00 ч. БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА


п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7 21 јануари (сабота) 20:00 ч. ДЕЦА НА СОНЦЕТО Игран филм, Македонија 2014 г., 87 мин., колор, ДСП Режија: Антонио Митриќески Сценарио: Гордан Михиќ Улоги: Ивана Пливковиќ, Кире Џотевски, Мето Јованоски, Емир Хаџихафизбеговиќ ДЕЦА НА СОНЦЕТО е филм, базиран врз еден модерен неореализам. Суптилна социјална драма со лесни апсурдни ситуации. Едно семејство преживува од кафеаната што ја има

на езерскиот брег. Кафеаната е запалена од страна на мафијаши и семејството се крие на еден езерски остров каде сонува за среќа и богатство. Еден од главните ликови е Aнгела, млада девојка која барајќи го својот пат, бегајќи од својата фамилија, влегува во мафијата, за на крај повторно да ѝ се врати. А пак Mарко, нејзината љубoв, не може да излезе од мафијата. Нивната љубов завршува несреќно.

23 јануари (понеделник) 19:00 ч. ФРАНЦ (Frantz) Игран филм, Германија, Франција 2016г., 113 мин., црно-бел, колор, ХД Режија: Франсоа Озон (François Ozon) Сценарио: Франсоа Озон, Филип Пјацо (François Ozon, Philippe Piazzo) Улоги: Пјер Нине, Пола Бир, Ернст Штоцнер (Pierre Niney, Paula Beer, Ernst Stötzner) ФРАНЦ е драма режирана од Франсоа Озон. Филмот беше селектиран во


24 јануари (вторник) 20:00 ч. 25 јануари (среда) 20:00 ч. ДЕЛО 2015/1913 ПЕЈО ЈАВОРОВ (Дело 205/1913 П. К. Яворов) Игран филм, Бугарија 1984 г., 157 мин., колор, ДВД Режија: Киран Коларов Сценарио: Иван Дечев Улоги: Јавор Милушев, Катја Иванова, Пламен Сираков (Явор Милушев, Катя Иванова) Лора Каравелова, жената на големиот бугарски поет и револуционер Пејо

Јаворов се самоубива на 30 ноември 1913 г. ��актите за самоубиството се неразјаснети до ден денеска. И по еден век, нивната љубов сѐ уште привлекува интерес. Нивниот брак траел кратко, но бил бурен. Ова е филм кој во вид на реминисценции ја опишува љубовта помеѓу Пејо и Лора. По самоубиството, Пејо исто така се обидува да се самоубие со истрел во слепоочницата, но преживува, а куршумот трајно го оштетува видот на Јаворов. Додека трае истрагата, неговото слепило започнува да се меша со минатото поминато со Лора, со нејзината љубомора, со неговата поетска и револуционерна посебност...

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

натпреварувачка селекција во борба за Златниот лав на 73-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција. На него ја освои наградата Марчело Мастројани. Во паузата при Првата светска војна, млад Германец што е во жал поради смртта на својата свршеница во Франција, сретнува мистериозен Французин што го посетува гробот на неговата свршеница и остава цвеќиња. Оваа филмска приказна во триесетите години од минатиот век е снимена и од страна на Ернест Лубич.


п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

економските кризи и затворањето фабрики, МОЈАТА МАЈКА прави фантастичен контраст помеѓу светот на филмот и секојдневните проблеми со кои се соочува едно семејство.

26 јануари (четврток) 20:00 ч. 27 јануари (петок) 20:00 ч. МОЈАТА МАЈКА (Mia madre) Игран филм, Италија 2015 г, 106 мин., колор, блуреј Режија: Нани Морети (Nanni Moretti) Сценарио: Нани Морети (Nanni Moretti) Улоги: Маргерита Бу, Џон Тортуро, Џулија Лазарини, Нани Морети (Margherita Buy, John Turturro, Giulia Lazzarini, Nanni Moretti)

Маргерита е режисерка што снима филм со познатиот американски актер, Бери Хагинс, кој ѝ создава многу главоболки за време на снимањето. Настрана од снимањето, Маргерита се обидува да остане смирена, и покрај болеста на мајка ѝ и справувањето со пубертетот на ќерка ѝ. Фокусирајќи се на напорите на Маргерита да го заврши нејзиниот социјално-реалистичен филм со високи морални принципи за останувањето без работа,

28 јануари (сабота) 20:00 ч. 30 јануари (понеделник) 20:00 ч. ЕНКЛАВА Игран филм, Србија 2015 г., 99 мин., колор, ХД Режија: Горан Радовановиќ (Горан Радовановић) Сценарио: Горан Радовановиќ (Горан Радовановић)


Главна тема на филмот Енклава е животот на Србите во малите изолирани заедници – енклави во Косово и Метохија. Овие заедници се единствени од овој тип во Европа, а припадниците на полицијата на Обединетите нации и Европската Унија се неопходни за да се зачуваат тие територии.

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

Улоги: Филип Шубариќ, Денис Муриќ, Небојша Глоговац, Аница Добра, Миодраг Кривокапиќ (Филип Шубарић, Денис Мурић, Миодраг Кривокапић)

31 јануари (вторник) 20:00 ч. 1 февруари (среда) 20:00 ч. ПУСТИНА (Desierto) Игран филм, Мексико, Франција 2015 г., 94 мин., колор, ХД Режија: Хонас Куарон (Jonás Cuarón) Сценарио: Хонас Куарон, Матео

Гарсија (Jonás Cuarón, Mateo Garcia) Улоги: Гаел Гарсија Бернал, Џефри Дин Морган, Алондра Хидалго (Gael García Bernal, Jeffrey Dean Morgan, Alondra Hidalgo) Она што изгледаше како ветувачко патување за подобар живот станува мачна борба за опстанок, кога


п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

пореметен, вооружен одмаздник започнува да ја „лови“ групата невооружени мажи и жени, мигранти. Се наоѓаат на границата помеѓу САД и Мексико, каде што суровата и немилосрдна пустина станува главен непријател во борбата за опстанок. Шансите за спасување се сѐ помали, кога полека откриваат дека немаат каде да се сокријат од немилосрдниот, упорниот и суров убиец...

2 февруари (четврток) 20:00 ч. 6 февруари (понеделник) 20:00 ч. БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА (The Beatles: Eight Days A Week - The Touring Years) Документарен, ВБ, САД 2016 г., 105 мин., колор, ХД Режија: Рон Хауард (Ron Howard) Сценарио: Марк Монро, П. Г. Морган (Mark Monroe, P.G. Morgan) Улоги: Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон, Џорџ Харисон (Paul McCartney, Ringo Starr, John Lennon, George Harrison)

Рон Хауард, познат режисер и добитник на Оскар, го истражува неверојатното патување на познатиот бенд, во периодот од 1963-1966 година, познат како Битлманија. На свој уникатен начин, Хауард одговара на прашањата како Битлси успеале и како се носеле со славата и притисокот? Низ оригинални интервјуа, архивски снимки, неверојатни настапи во живо и во интимниот карактер на студиото, нѐ доведува во центарот на случувањата, давајќи одговор што сите сакаме да го слушнеме: како било да бидеш таму?


За издавачот: Бошко Грујовски Филмската програма ја уреди: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Дамјана Ивановска Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Виолета Петрушевска М-р Игор Старделов Александар Трајковски Зоран Трендафиловиќ Соња Неделковска

Програмата е реализирана во соработка со: Француски институт Амбасада на Германија Бугарски културен центар Проектот го помогна: Министерство за култура на Република Македонија

Лектура: Снежана Петрова-Џамбазова Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Бранко Гапо ДООЕЛ – Скопје Телефон за информации: + 389 2 307 1814 Телефон за резервации: + 389 2 3065 968 Резервираните билети се подигаат најдоцна 30 минути пред претставата.

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7

Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814 + 389 2 3065 968 факс: + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: www.maccinema.com


www.maccinema.com

п р ог р ам а ј а нуари 2 0 1 7


Програма јануари 2017/Program January 2017