Филмски циклус: НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ПОЛСКИ ФИЛМ

Page 1

Филмски циклус:

НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН

ПОЛСКИ

ФИЛМ


2


ПОТРАГА ПО НОВАТА ОПШТЕСТВЕНА СЕНЗИТИВНОСТ: НАЈДОБРОТО ОД ПОЛСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ

Еколошки тероризам обвиткан со мистеријата на трилер-жанрот, вое­ната состојба во Полска во почетокот на осумдесеттите години на мина­тиот век и бруталниот однос кон неистомислениците на тогашната комунистичка власт, потрагата по Бога на алтернативен начин, пре­дра­ судите на црквата, бракот и семејството, сето тоа – со љубовта некаде помеѓу... Вака набројани, темите на шесте наслови од НЕДЕЛАТА НА ПОЛСКИ ФИЛМ на кинотечната програма ветуваат дека ќе допрат до интересите и вкусовите на секој филмофил. Кога, пак, ќе се набројат авторите на филмовите – Агњешка Холанд (Agnieszka Holland), Јан Матушински (Jan P. Matuszynski), Јан Комаса (Jan Komasa), Малгоржата Шумовска (Malgorzata Szumowska), Марија Садовска (Maria Sadowska) и Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski) и ако се земе предвид периодот во кој се продуцирани нивните филмови – последниве пет години – тогаш претставувањето на со­времената полска кинематографија, во овој случај, е повеќе од ре­ пре­зентативно. Списокот на наградите кои ги имаат добиено овие на­ сло­ви на филмските фестивали во светот (изразени во троцифрени бројки) нормално дека ќе предизвика едно „аууу“ кај гледачите. И, што може да се додаде...? Веројатно тоа – дека фактот што три од филмските автори во оваа репрезентативна селекција се жени – не е дел од денес сеприсутната стратегија за родова рамноправност. Напротив: на Холанд, Шумовска и Садовска тоа воопшто не им е потребно. Бидејќи нивните филмови го докажуваат тоа. Кога имате екранизација на роман на Олга Токарчук (Olga Tokarczuk) – добитничка на Нобеловата и „Букеровата“ награда во 2018 година, ме­ ѓу останатите бројни признанија – со суптилниот визуелен ракопис на Агњешка Холанд, кој воопшто не е лишен од политичкиот критицизам и активизам (туку напротив!), тогаш филмот со наслов ТРАГИ (Spoor/Pokot, наслов кој што се преведува и како ТРАГИ ОД ДИВЕЧ, што ја прецизира тематиката) воопшто не може да ве остави рамнодушни…

НеДела на современ полски филм

3


Како што Токарчук со нејзината литература не е „само“ полска писа­ телка, така и Агњешка Холанд (1948, Варшава, Полска), е само формално полска режисерка. Студентката на познатата прашка академија ФАМУ, во бурниот период на крајот од шеесеттите години на минатиот век и бун­тот против советската власт, со кариера започната како асистентка на Кшиштоф Зануси и Анджеј Вајда, на почетокот на осумдесеттите го­ дини, пред воведувањето на воената состојба во Полска, емигрира во Франција, и освен во европската кинематографија, бележи успеси и во Холивуд, како режисер на високопрофилирани ТВ-серии (The Wire и House of Cards, меѓу останатите). Во оваа актуелна филмска „репрезентација“ на полската кинематографија во Кинотеката – Холанд е најмаркантното име, веројатно едно од ретките што може да му парира на најпознатиот полски авторски трилинг на преминот на двата века – Анджеј Вајда (Andrzej Wajda), Роман Полански (Roman Polanski) и Кшиштоф Кешловски (Krzysztof Kieślowski), кои имале бележит интернационален формат на ни­вните филмографии. „Сребрената мечка“ на Берлинале за нејзиниот ТРАГИ во 2017 само ја потврдува нејзината репутација. Насловот на филмот на Јан Матушински НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ (Zeby nie bylo sladów / Leave No Traces) можеби асоцира на филмот на ве­те­ ранката Холанд, но само на прв поглед. Ако Холанд е позната по нејзи­ ната политичка ангажираност – во филмовите и во општеството – еве еден автор со политичка тема par excellence, инспирирана од настаните кои веќе се случиле пред тој да биде роден во 1984 година. Матушински по неколку успешни кратки играни филмови и телевизиски серии со НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ практично е дебитант во играниот долг метар. И тоа на каков начин! Годинава беше дел од фестивалската компетиција во Венеција, победи на фестивалот во Котбус (Германија) и на националниот полски филмски фестивал, дел од конкуренцијата на фестивалите во Хаифа (Израел) и Лисабон (Португалија). Јан Комаса (роден 1981 година), авторот на ТЕЛО ХРИСТОВО (Boze Cialo / Corpus Christi), е дел од генерацискиот нов бран во полската ки­ не­­матографија. Неговиот филм „прокнижи“ педесетина награди на свет­­­ските фестивали, номинации за наградите на Европската филмска ака­­­демија „Феликс“ и Американската филмска академија „Оскар“: во ка­ те­горијата за најдобар странски филм ТЕЛОТО ХРИСТОВО беше во кон­ куренција со МЕДЕНА ЗЕМЈА на Љубомир Стефанов и Тамата Котевска, и јужнокорејскиот ПАРАЗИТ на Бонг Џун Хо, кој беше севкупен победник на Оскарите. Филмот на Комаса сè уште има шанси и за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент. Овој филм беше кино-хит во Полска со речиси 1,5 милион гледачи. Со три играни филма во неговата досегашна кариера, Комаса веќе ја надмина магичната бројка од 100 награди и номинации. Но, можеби повеќе фасцинира бројката од речиси 1,5 милиони гледачи во полските кино-сали. 4


Томаш Василевски, роден 1980 година, со ОБЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА (Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love), трет дол­ го­метражен игран наслов во неговата филмографија, продолжува со истра­ж увањето на човековата интима. Во претходните наслови интри­ гираше со портретирањето на машката хомосексуалност (ПЛОВЕЧКИ ОБЛАКОДЕРИ / Plynace wiezowce / Floating Skyscrapers, 2013) и женската средовечна криза (ВО СПАЛНАТА СОБА / W sypialni / In a Bedroom). И Марија Садовска (родена 1976 година) сигурно е дел од таа но­ ва генерација полски автор(к)и. Авторскиот интерес за вистинската при­казна за Михалина Вислоцка (1921-2005), најпознатиот и најпризнат гинеколог и сексолог во Полска во комунистичката ера, не е случаен. Тоа „женско писмо“ – без да го користиме овој термин како „олеснителна околност“ при евентуален неуспех – Садовска го користи уште пред 10 години, во нејзиниот дебитански филм ДЕН НА ЖЕНАТА (Dzien kobiet / Women’s Day): нејзиниот портрет на една самохрана мајка во се­кој­ дневните животни и работни премрежиња, од критиката беше оценет како „полска верзија на Ерин Брокович“. Малгоржата Шумовска со ЛИЦЕ (Twarz / Mug) со „Сребрената мечка“ на Берлиналето во 2018, меѓу останатите награди – ја потврди неј­зината репутација на водечки автор/ка во денешната полска ки­ не­матографија, претходно валидирана со филмот ТЕЛО (Cialo / Body), добитник на истата престижна награда во Берлин 2015 година. Шумовска во ЛИЦЕ се занимава со двата неформални национални ре­ корди, откривањето на највисоката статуа на Исус Христос во светот, конструирана во Швибоџин, западна Полска, 2010 година и извр­шу­ вањето на првата трансплантација на лице во земјата во 2013 година. Шумовска знае со многу осет да чекори по таа тенка линија што ги спо­ јува или дели моралот и општеството, а која само мајсторите на тра­ги­ комедијата можат да ја исцртаат. Тоа се тие траги на современите дилеми што овие автори ги те­ ма­тизираат во нивните филмови. И, уште повеќе, нивните филмови се трагите кои ја одбележуваат современата полска и европска кинематографија. Стојан Синадинов

НеДела на современ полски филм

5


6


Филмови и соДржини- НеДела на современ полски филм 17-24 Декември 2021

НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ (Zeby nie bylo sladów / Leave No Traces) Игран филм, Полска / Чешка / Франција 2021, 160 мин., колор, ДЦП Режија: Јан Матушински (Jan P. Matuszynski) Сценарио: Каја Кравчек-Внук, Цезаре Лазаревич (Kaja Krawczyk-Wnuk, Cezary Lazarewicz) Улоги: Томаш Жетек, Сандра Коржењак, Јацек Брачак (Tomasz Zietek, Sandra Korzeniak, Jacek Braciak)

Полска во 1983 година, во ерата воената состојба која ја воведуваат ко­му­­нистичките власти за да ја сузбијат активноста на движењето Солидарност. На 12 мај, студентот Гжегож Пжемик, син на опозициската поет­еса Барбара Садовска, е уапсен и брутално претепан од полициска патрола. Пжемик умира по два дена агонија. Единствен сведок на смртоносното тепање е еден од колегите на Гжегож, Јурек Попиел, кој решава да се бори за правда и да сведочи про­­тив полицијата. Првично, државниот апарат и полицијата го мини­ ми­зира случајот. Меѓутоа, кога над 20 илјади луѓе ќе маршираат низ улиците на Варшава зад ковчегот на Пжемик, властите одлучуваат да употребат секакви алатки против сведокот и мајката на починатиот за да ги дискредитираат и да го спречат Јурек да сведочи на суд. Филмот на Матушински беше во конкуренција на престижното Биенале во Венеција 2021, победи на фестивалот во Котбус (Германија), доми­ нираше на националниот полски филмски фестивал и беше дел од кон­куренцијата на фестивалите во Хаифа (Израел) и Лисабон (Португалија). НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ е полски кандидат за наградата Оскар 2022 година. Возрасна категорија: 14 години

НеДела на современ полски филм

7


8


УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА: ПРИКАЗНА ЗА МИХАЛИНА ВИСЛОЦКА (Sztuka kochania: Historia Michaliny Wislockiej / The Art of Loving: Story of Michalina Wislocka) Игран филм, Полска 2017, 121 мин., колор, ДЦП Режија: Марија Садовска (Maria Sadowska) Сценарио: Кшиштоф Бернас, Блажеј Џиковски, Доминика Хилшчанска(Krzysztof Bernas, Blazej Dzikowski, Dominika Hilszczanska) Улоги: Магдалена Бочарска, Томаш Кот, Пјотр Адамчек, Kаролина Грушка (Magdalena Boczarska, Tomasz Kot, Piotr Adamczyk, Karolina Gruszka) Биографска сторија за Михалина Вислоцка (1921-2005), најпознатиот и нај­признат гинеколог и сексолог во Полска во комунистичката ера по Втората светска војна, која се бори за правото да ја објави својата книга, која засе­когаш ќе го промени сексуалниот живот на Полјаците. Вислоцка ја напишала книгата „Уметност на љубовта“ („Sztuka kochania“ на пол­ски, „A Practical Guide to Marital Bliss“ на англиски) и станала мегапопуларна, со 7 милиони продадени примероци, и веројатно уште неколку пати повеќе пиратски копии. Нејзината книга се смета за прв водич за сексуалниот живот во една комунистичка земја. Во книгата, Вислоцка ги елаборира методите на контрацепција, дава список на сексуални пози и игри, приложува исто­ри­ски текстови за љубовен дијалог, како и за методи на задоволување на сек­суалните потреби кај осамените луѓе. Авторката зборува и за љубовта и по­требата да се разбере друго човечко суштество. Во филмот ја следиме Михалина (ја толкува Магдалена Бочарска) и неј­зи­ ната борба да ја објавикнигата и покрај обидите на полската влада да ја цен­зурира и замолчи. Ја нарекуваат луда, но сите притисоци само ја тераат да се труди повеќе. Таа е виор кога ги отвора вратите и ги соочува луѓето со сопствената тупавост што ги шокира до срж. Одбива да го жртвува својот интегритет, бидејќи има децениско искуство и ги видела последиците од ло­шото сексуално образование – жени кои умираат од неуспешни, нелегални абортуси, бракови растргнати од неверство и незадоволство и земја полна со мизерни луѓе кои се чини дека не можат да најдат начин да зборуваат за нешто што сите го прават.Филмот го портретира и распаѓањето на нејзиниот сопствен брак и семејство, но Михалина е издржлива: таа опстојува и про­должува да работи, бидејќи се грижи за жените и сака да им помогне... Филмот на Садовска освои десетина номинации и награди на фестивали во Полска и САД. Возрасна категорија: 14 години

НеДела на современ полски филм

9


10


ЛИЦЕ (Twarz / Mug) Игран филм, Полска 2018, 91 мин., колор, ДЦП Режија: Малгоржата Шумовска (Malgorzata Szumowska) Сценарио: Михал Енглерт, Малгоржата Шумовска (Michal Englert, Malgorzata Szumowska) Улоги: Матеуш Кошчукевич, Агњешка Подшадлик, Малгоржата Горол (Mateusz Kosciukiewicz, Agnieszka Podsiadlik, Malgorzata Gorol)

Дејството во филмот, делумно работен според вистинска приказна, е сместено во мал град во Полска. На 6 ноември 2010 година, во Швибоџин, западна Полска, е откриена највисоката статуа на Христос во светот, висока 36 метри без постаментот. А во 2013 година, пак, 33-годишен маж– жртва на несреќа на работното место, е подложен на првата трансплантација на лице извршена во Полска...Филмот ЛИЦЕ ги спојува овие два неформални факти во една приказна:главниот лик во трагикомедијата од полската режисерка Шумовска е Јацек, кој слуша хеви-метал музика ија сака својата девојка и кучето. За неговото семејство, како и за повеќето сограѓани, Јацек е „чуден“. Тој работи на конструкција која треба да стане најголемата статуа на Исус во светот. Кога во една тешка несреќа потполно ќе му биде уништено лицето, Јацек е подложен на првата трансплатација на лице во земјата. Сторијата за човекот кој се соочува со предрасудите на околината по трансплантацијата на лицето,ја освои „Сребрената мечка“ на Берлиналето 2018 година, и имаше забележително учество на десетина филмски фестивали во светот. Возрасна категорија: 14 години

НеДела на современ полски филм

11


12


СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА (Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love) Игран филм, Полска / Шведска 2016, 106 мин., колор, ДЦП Режија: Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski) Сценарио: Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski) Улоги: Јулија Кијовска, Нагдалена Челецка, Дорота Колак, Марта Нерадкиевич (Julia Kijowska, Magdalena Cielecka, Dorota Kolak, Marta Nieradkiewicz)

Во еуфоричната атмосфера на посткомунистичка Полска од раните 1990-ти, кратко време по падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот Сојуз, четири жени доживуваат сосема поинаква реалност. Тие тонат во сè подлабок очај. Агата, млада мажена мајка, се наоѓа себеси обземена од несреќниот брак и со опсесивен занес за недостижен маж. Иза е директорка на училиште и е вљубена во таткото на нејзин ученик, но отфрлена од него. Сестрата на Иза, Марзена, некогашна победничка на изборот за убавина во 1986 година и актуелна инструкторка по аеробик, страда од долгото отсуство на нејзиниот сопруг кој работи во Германија. Слично на тоа, Рената, повлечена средовечна професорка, наоѓа утеха во нејзините распеани птици и тивок копнеж по недостижниот предмет на нејзината желба: нејзиниот сосед од соседството. За жал, додека квартетот жени е во потрага по чиста и интензивна страст на сите можни погрешни места, продорната тага на невозвратената љубов и непрекинатата болка на горчливита опсесии, линеарно ги поврзуваат. Дали болката постои во Соединетите Држави на Љубовта? СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА на Василевски забележа десеттина номинации за награди на светските фестивали, а ја освои „Сребрената мечка“ на Берлинале 2016 за најдобро сценарио и освои најмногу награди на националниот Полски филмски фестивал. Возрасна категорија: 14 години

НеДела на современ полски филм

13


14


ТЕЛО ХРИСТОВО (Boze Cialo / Corpus Christi) Игран филм, Полска / Франција 2019, 115мин., колор, ДЦП Режија: Јан Комаса (Jan Komasa) Сценарио: Матеуш Пацевич (Mateusz Pacewicz) Улоги: Бартош Беленија, Елиза Рицембел, Александра Коњечна, Томаш Жетек (Bartosz Bielenia, Eliza Rycembel, Aleksandra Konieczna, Tomasz Ziętek)

Сторијата на ТЕЛО ХРИСТОВО ја носи главниот јунак Даниел (Беленија), 20 годишно момче кое доживува духовна трансформација додека престојува во поправен дом. Злосторството кое го сторил го спречува да пристапи кон формалното, институционално изучување на христијанството во богословското училиште и да стане свештеник, но Даниел не се откажува од својот сон. Тој заминува во едно мало гратче, каде што работи во пиланата и се обидува да стане парохиски поп, без разлика што приватно ужива во техно-музика, секс и по малку дрога. Всушност, Даниел ги лаже мештаните дека тој е новиот свештеник, а бидејќи нема богословско образование, проповедите ги подготвува пребарувајќи по интернет. Но, кога ги открива мрачните тајни на мештаните поврзани со една трагедија, ситуацијата во селото станува напната. Емотивната приказна на ТЕЛО ХРИСТОВО е базирана на вистинска случка, која ја тестира позицијата на црквата и религијата во современото полско и европско општество. ТЕЛО ХРИСТОВО освои педесеттина награди на светските фестивали, беше номиниран за наградите на Европската филмска академија „Феликс“ и Американската филмска академија, „Оскар“ 2020 година во категоријата за најдобар странски филм. ТЕЛОТО ХРИСТОВО беше во конкуренција со МЕДЕНА ЗЕМЈА на Љубомир Стефанов и Тамата Котевска, и јужнокорејскиот ПАРАЗИТ на Бонг Џун Хо, кој беше севкупен победник на Оскарите.Годинава е еден од трите кандидати за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент. Филмот на Беленија беше кино-хит во Полска, со речиси 1,5 милион гледачи. Возрасна категорија: 14 години

НеДела на современ полски филм

15


16


ТРАГИ (Spoor / Pokot) Игран филм, Полска, Чешка, Германија, Шведска, Словачка 2017, 128 мин., колор, ДЦП Режија: Агњешка Холанд (Agnieszka Holland) Сценарио: Олга Токарчук, Агњешка Холанд (Olga Tokarczuk, Agnieszka Holland) Улоги: Агњешка Мандат, Виктор Жборовски, Јакуб Гершал (Agnieszka Mandat, Wiktor Zborowski, Jakub Gierszal)

Душејко, ексцентрична пензионирана градежна инженерка, астролог и вегетаријанка, живее во мало планинско село на чешко-полската граница. Еден ден нејзините сакани кучиња исчезнуваат и Душејко не може никаде да ги најде. Неколку месеци подоцна, во една снежна ноќ, интровертниот сосед на Душејко налетува на мртвото тело на ловокрадец што живее во близина. Неговата смрт е мистериозна. Единствените траги околу телото се оние од копитата на елените… Како што одминува времето, се откриваат сèпострашни убиства. Жртвите припаѓале на локалната елита и биле страсни ловци. Душејко се обидува да ги убеди локалните полициски сили дека биле убиени од диви животни. Пронајдено е уште едно тело, а Душејко е главна осомничена, бидејќи таа последна ја видела жртвата. Кога локалната парохија ќе ја зафати пламен, а свештеникот и капеланот на локалното ловечко друштво загинуваат во пожарот, полицијата е речиси сигурна кој го сторил тоа… ТРАГИ освои десеттина награди и номинации на светските фестивали, меѓу кои и „Сребрената мечка“ на Берлинале, наградата на асоцијацијата на американските критичари и полската национална филмска награда за Холанд, наградата најдобра актерка на фестивалот во Ваљадолид (Шпанија) за Агњешка Мандат, послаката национална награда за најдобар актер за Јакуб Гершал... Кинематограферката Јоланта Дилевска (Jolanta Dylewska) со ТРАГИ беше во конкуренција за награда на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Возрасна категорија: 14 години

НеДела на современ полски филм

17


РаспореД на проекции- НеДела на современ полски филм 17-24 Декември 2021

СКОПЈЕ – киносала на Кинотека на Северна Македонија 17.12.2021 (ПЕТОК), 20:00 ч. НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ (Zeby nie bylo sladów / Leave No Traces) 18.12.2021 (САБОТА), 17:00 ч. НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ (Zeby nie bylo sladów / Leave No Traces) 18.12.2021 (САБОТА), 20:00 ч. УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА: ПРИКАЗНА ЗА МИХАЛИНА ВИСЛОЦКА (Sztuka kochania: Historia Michaliny Wislockiej / The Art of Loving: Story of Michalina Wislocka) 19.12.2021 (НЕДЕЛА), 18:00 ч. УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА: ПРИКАЗНА ЗА МИХАЛИНА ВИСЛОЦКА (Sztuka kochania: Historia Michaliny Wislockiej / The Art of Loving: Story of Michalina Wislocka) 19.12.2021 (НЕДЕЛА), 20:00 ч. ЛИЦЕ (Twarz / Mug) 20.12.2021 (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч. ЛИЦЕ (Twarz / Mug) 20.12.2021 (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч. СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА (Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love)

18


22.12.2021 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч. СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА (Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love) 22.12.2021 (СРЕДА), 20:00 ч. ТЕЛО ХРИСТОВО (Boze Cialo / Corpus Christi) 23.12.2021 (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч. ТЕЛО ХРИСТОВО (Boze Cialo / Corpus Christi) 23.12.2021 (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. ТРАГИ (Spoor / Pokot) 24.12.2021 (ПЕТОК), 18:00 ч. ТРАГИ (Spoor / Pokot)

БИТОЛА – мала сала на Центар за култура 22.12.2021 (СРЕДА), 19:30 ч. ТРАГИ (Spoor / Pokot) 23.12.2021 (ЧЕТВРТОК), 19:30 ч. ЛИЦЕ (Twarz / Mug) 24.12.2021 (ПЕТОК), 19:30 ч. СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА (Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love) НеДела на современ полски филм

19


ПОЛСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА - УСПЕШНАТА ФИЛМСКА ПРИКАЗНА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАРАЦИИ Кинематографија дури и на најмалите и најмладите земји и нации има­­ат свои моменти на светската филмска сцена, знаат да одбележат одре­дени периоди, можат да наметнат одредена естетика. Феноменот на по­пуларноста на полскиот филм е континуирано присутен и кај пу­ бли­­ката и кај критиката. На меѓународната филмска сцена филмовите на полските режисери, сценаристи, кинематографери, композитори на фил­мска музика се наградувани со највисоките филмски награди и признанија. Публиката која е сериозен почитувач наa полскиот филм се­како нема да ги одмине филмовите: ЧОВЕК ОД МЕРМЕР, ДИРИГЕНТ, ЧОВЕК ОД ЖЕЛЕЗО, КАТИНСКАТА ШУМА (А. Вајда), УБИСТВО ВО СУШТИНА (Ј. Сколимовски), ИМПЕРАТИВ И ФАКТОРОТ НА КОНСТАНТАТА (К. Зануси), трилогијата ТРИ БОИ и КРАТОК ФИЛМ ЗА УБИВАЊЕТО (К. Кешловски), ТРАГА и ВО ТЕМНИНАТА (А. Холанд), БЕБЕТО НА РОЗМАРИ и ПИЈАНИСТ (Р. Полански), ИДА и СТУДЕНАТА ВОЈНА (П. Павликовски), МЕЛНИЦАТА И КРСТОТ ( Л. Мајевски) СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА (Т. Василевски), ТЕЛО и ЛИЦЕ (М. Шумовска), магијата на мајсторите на филм­ската фотографија, оскаровецот Јануш Камински, добитниците на европската награда за нај­добра камера Ричард Ленчевски и Лукаш Жал, филмовите зад кои стои неуморната и прецизна кинематограферка Јоланда Дилевска со ко­ ја познати режисерски имиња од целиот свет соработуваат, актерските ос­тварувања на Даниел Обрицки, Кристина Јанда, Јиржи Радзивилович, Тадеуш Ломницки, Кристина Захватович, Изабела Скорупко, Анджеј Се­ вер­ник, Барабара Брилска, Јоана Кулиг, Јержи Стур, Пјотр Сивкиевич, Јадвига Баранска, Барбара Грабовска, Давид Огродник, Агата Кулежа, Агњешка Мандат-Грабска, Патриција Волни, Томаж Кот, Адам Шишковски... Актерската енергија и моќните стории ги прават овие филмови не­ за­боравни, врежани еднаш засекогаш и одново и повторно би ги гледале би откривале нови детали за нив, нови емоции кај себе.

ПЕПЕЛ И ДИЈАМАНТИ, 1958, Анджеј Вајда


Голема заслуга за популарноста на полскиот филм, имаат некои ин­те­­­ле­к­туалци, филмски режисери, сценаристи, писатели, кои делувале во пе­риодот од 1956 до 1963 година, собрани околу неформалната гру­па позната како полска филмска школа, која се угледувала на сен­зи­­­би­ли­ тетот на италијанските неореалисти. Тие во своите филмови ин­­­си­­сти­ рале на темите за повторна ревизија на улогата на нивната ар­мија во времето на нацизмот и концентрационите логори, но и о­т­сли­­кување на идеолошките промени по паѓањето на нацизмот. Најпроминентни пре­ тставници на оваа школа се Анджеј Вајда, Анджеј Мунк и Јиржи Кава­ле­ рович, но и многумина познати писатели, фило­софи, композитори, ли­ ков­ни и театарски уметници. И покрај скромните буџети кои можеле да се добијат за филмски продукции во времето на советската доминација и комунизмот, овие автори во своите филмови суптилно кокетираат со власта, но сеедно, го добиваат посакуваниот ре­зултат, а тоа е да се при­ ка­­же поединецот во железните прегратки на државниот етатизам, не­го­ ви­те желби, страдања, недоумици. Ставањето на обичниот граѓанин како централна фигура која колку што из­гледа дека самостојно одлучува, толку и ја поткопува својата ин­­ди­­видуалност, го ставаат полскиот филм високо по својата идео­ лош­ка и социјална матрица пред другите земји на источниот блок и ја истакнуваат политичката релевантност и уметничката креативност кај овие филмски автори како своевидно филмско движење, и покрај силно воспоставената државна цензура. Скоро во сите филмови ре­а­лизирани во овој период доминира иронијата, хуморот и рас­прс­нувањето и руше­ њето на националните митови, а се наѕираат ав­тор­ските врисоци, да го согледаме малото малку видливото, како зна­чај­но. Целата оваа нивна филмска битка завршува со рушењето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, кога уметничкиот источноевропски џин, не само што се разбуди, туку мол­скавично се придвижи кон вр­вот во европската филмска продукција, а продолжува и денес. По вле­гувањето на Полска во Европската унија во 2006 година, голем дел од филмските автори почнуваат да творат вон нејзините граници, низ Европа, но и во САД, но остануваат верни на полскиот неореализам, на традицијата, на стамената полска душа. Секако дека споменатата кон­троверзна естетика на филмски минимализам со кој се одликува полската филмска школа, се огледува и во филмовите на современите филмаџии во Полска во сите филмски жанрови. Секако дека мислам на режисерите Анджеј Вајда, Јиржи Кавалерович, Анджеј Жу­лавски, Роман Полански, Јиржи Сколимовски, Анджеј Мунк но, и на Агњешка Холанд, Јануш Камински, Јан Комаса, Кшиштоф Кешловски, Кшиш­тоф Зануси, Лех Мајевски, Павел Павликовски, Јулиус Мачулски, Ма­рек Котерски, Криштоф Краузе, Малгоржата Шумовска, Томислав Васи­левски, Војчех Смарзовски и мнозина кои допрва ќе нè допрат со своите филмски естетики и концепти. Кај некои режисери дискретен, а кај некои отворен, шармот во ре­ кон­­струкција на контроверзните теми во полскиот филм секогаш импре­ сионира како ја допира суштината. Смелоста да се задржи уметничката независност, склони кон успеси, а многубројните највисоки филмски награди го потврдуваат тоа. Почесниот Оскар на Анджеј Вајда, Оскарот НеДела на современ полски филм

21


КАНАЛ, 1957, Анджеј Вајда

за краткиот анимиран филм ТАНГО на Збигњев Рибѕински, двата Оскара на Роман Полански за ТЕСА и ПИЈАНИСТ, Оскар за Кшиштоф Кешловски за ТРИ БОИ - ЦРВЕНА и Оскарот за најдобар филм од неанглиско го­ вор­­но подрачје за филмот на Павел Павликовски ИДА. Секако треба да се споменат и двата Оскара за најдобра камера на Јануш Камински за ШИНДЛЕРОВАТА ЛИСТА и СПАСУВАЈЌИ ГО ВОЈНИКОТ РАЈАН, Оскарот за Адам Старски, но и највисоките Европски филмски награди и на­гра­ дите на фестивалите во Венеција, Кан, Берлин, Сан Себастијан, Торонто. Во Полска се одржуваат голем број на филмски фестивали, државата посветува особено внимание во промоцијата на својата и меѓународната филмска уметност и индустрија, но најпознати се оние во Варшава (Меѓународен филмски фестивал), Гдини (Фестивал на евро­пскиот филм), Познан (Меѓународен фестивал на краток филм Short wave”), Турин (Camerimage), Краков (Меѓународен филмски фестивал).. Да потсетиме, дека полската кинематографија се развивала не­ ра­м­­но­мер­но и пионерите на оваа уметност поминале трнлив пат во осво­­ју­вањето на милоста кај власта, дозволите за снимање, контакт со пу­бликата. Од оваа дистанца, можеме само да им благодариме за сите напори во промоцијата на европското кино и нивниот долгогодишен поход на Холивуд, што сè уште е актуелен. Првата кино сала во Полска е отворена во Лоѓ во 1899 година, во време на Руската Империја. Во Лоѓ е основана и една од најстарите школи за филмски уметности во Европа во 1947 година. За прв филмски автор во Полска се смета Казимиерж Прошински, кој што, како што вели историјата на полскиот филм, бил инструктор на првата направа што можела да снима, а ја на­рекол Плеограф и ја патентирал пред браќата Лимиер да го патен­ ти­раат својот познат кинематограферски изум. Прошински бил по­ све­­тен пронаоѓач и работел на подобрување на перформансите на про­екторот, а пред својата смрт, пред Втората светска војна, ја кон­ 22


стру­­ирал и патентирал познатата „аероскоп“ камера, првата камера од рамо. Тој снимал кратки документарни филмови низ Варшава, а се смета за автор на најстариот сочуван документарен филм во Полска ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО КРАЛСКАТА БАЊА во 1902 година, но и автор на првите кратки наративни филмови. Првиот филмски автор од Полска пак, кој што работи за компанијата на браќата Лимиер се смета Болеслав Матушевски, тој бил и официјален кинематографер на Рускиот цар во 1987 година. Инаку годината 1908 кога почнуваат во редовна кино про­ грама почнуваат да се прикажуваат филмовите на Антони Фертнер и Владислав Старевич, се смета за година на зачетокот на полската филмска индустрија. Веќе бил прикажан и првиот анимиран филм и фил­маџиите се запознале со познатиот стоп кадар за таа намена. Но, експанзијата на полската кинематографија започнува токму за време на Првата светска војна кога бројни познати прозни полски дела биле екранизирани. Секако дека преовладувале нарациите со епски јунаци и фантазмагорични херои кои ја спасуваат Полска, претставувана че­ сто како посакувана убавица на Европа. За време и по Првата светска војна, умешноста на филмските мајстори од Полска била забележана од германската културна јавност, така што полските филмови почнале да се прикажуваат со германски титли и пред берлинската публика, а Барбара Аполонија Чалуипек, алијас занесната Пола Негри, станува позната филмска ѕвезда на немиот филм во Европа. Би било интересно да се напомене дека за време на Втората светска војна во 1943 година, во Велика Британија бил снимен првиот анти-наци филм во боја од полските филмски автори. Се работи за филмот ГОСПОДИНОТ СМИТ (Calling Mr. Smith). Со првите проекции на овој филм биле откриени ѕвер­ствата на нацистичкиот режим низ Европа, а со тоа и лагите на на­­цистичката пропагандата. Светот се згрозил од прикажаните снимки, се верува дека по овој филм граѓанството, почнува громогласно да ре­ а­гира, особено интелектуалната провениенција. Во историјата на фил­ мот, овој филм се смета за првиот авангарден, а во исто време и до­ кументарен филм во Европа.

КАТИН, 2007, Анджеј Вајда

НеДела на современ полски филм

23


ДЕКАЛОГ, 1989, Кшиштоф Кешловски

Голема улога за подемот и угледната репутација на филмот во Полска и негово доближување до граѓанството му припаѓа на Алек­ сандар Форд, којшто по Втората светска војна е назначен за рако­во­­ ди­тел на првата организирана институција за филмска продукција и дистрибуција во Полска, Film Polski (1945-1952). Само тринаесет играни филмови се сочувани во Полскиот филмски архив од филмското бо­гатство од овој период. Првиот филм продуциран во Полска е ЗАБРАНЕТИ ПЕСНИ (1946) на режисерот Леонард Бушковски. Оваа филм­­ска музичка драма е работена по текст и сценарио на Лудвиг Старски, татко на познатиот оскаровец Алан Старски кој што одржа не­заборавен мастер клас во Битола на ИФФК Браќа Манаки во 2017 година, сценограф на Спилберговиот филм ШИНДЛЕРОВАТА ЛИСТА и долгогодишен соработник на Анджеј Вајда). Филмот бил виден од близу 11 милиони гледачи. Во раните филмски трудови на поствоена Полска би ги споменале и филмовите ПОСЛЕДНИОТ СТРОЈ (1947) на Ванда Јакубовска, играна драма за личните премрежија на режисерката по преживувањето на наци-логорите на смртта, но исто така значаен е и филмот ГРАНИЧНА УЛИЦА (1948) на Александар Форд кој сместува пет фамилии од варшавското гето, сите различни по своето, социјално, идеолошко, политичко и етничко потекло и конфликтот што се појавува меѓу нив по протестите во ова познато еврејско гето. Филмот доби Гранд при на фестивалот во Венеција истата година. Филмот намерно нема среќен крај, бидејќи гледачите треба да сфатат дека проблемот со фашизмот и расната опресија сè уште се случува и не е завршена, изјавил Александар Форд на прес-конференцијата на Венецискиот филмски фестивал. Ова ни е многу познато и актуелно дури и денес по сите демократски напори на светските лидери. 24


Потребата од користењето на страдања на Евреите од Европа во на­цистичките логори низ Полска за време на Втората светска војна, се теми се уште присутни во филмовите и на современите филмски автори. Темите со кои решаваат да се судрат во своите филмови, и да ја потсетат јавноста, публиката и критиката на особеностите на времето во кое живееме, ги издигнува полските филмски автори и нивната инте­лек­ туална и професионална зрелост во ова апокалиптично современие. Тие ни ги предочуваат прекршувањата на човековите права, правата на животните кои го обновуваат кругот на животот, борбата за правата на малцинствата, правата на ЛГБТИ заедницата, рушењето на еко системите, сочувување и заштита на околината, заштита на децата и за­штита на нивните права, правото на вероисповед, сите овие те­ми спакувани со познатата меланхолија и отворената исповед за при­пад­ ност, тол­ку препознатлива за полскиот филм. Но исто така полската кине­ма­то­графија обилува со деривати од уметничкиот перформанс, ликовната и театарската вештина, музиката како концепт, но и телото ка­ко експе­римент и објект. Полската кинематографија наликува на никогаш за­тво­рена Аладинова ламба за публиката и критиката, сè уште полна изне­надувања и одземање на здив, што значи дека не е се во буџетот, нешто ќе да е и во идејата и филмската сторија, а не­ што ќе да е и во знаењето и умешноста, во мајсторството. А големи филмски мајстори не недостигаат во Полска, нивната реконструкција на големите нарации, чувствувам, ќе продолжи. м-р Гена Теодосиевска, филмски критичар

ДЕКАЛОГ, 1989, Кшиштоф Кешловски

НеДела на современ полски филм

25


Филмски циклус: НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ПОЛСКИ ФИЛМ

Издавач: Кинотека на Република Северна Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п. фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814 + 389 2 3065 968 + 389 2 307 1813 e-mail: kinoteka@ukim.edu.mk web.: kinoteka.mk За издавачот: Владимир Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Тихомир Кашмицовски Дамјана Ивановска-Патчева Миле Миленковски Емил Костовски Виолета Петрушевска Бојан Станишиќ Александра Младеновиќ Стојан Синадинов м-р Игор Старделов Александар Трајковски Соња Неделковска Александар Василевски Лектура: Крстевски Ѓорѓи Дизајн: Игор Сековски Печати: Арт принт студио

Програмата е реализирана во соработка со: Амбасадата на Република Полска во Скопје




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.