3 декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.
Учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка реализираа активности на тема “Сите сме еднакви без разлика на нашата различност”. Изработиjа многу цртежи со пораки, творби, текстови, цртаа постери и разговараа, дебатираа со наставниците на оваа тема.